Print Page | Close Window

Гозо и Малта

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Патеписи
Forum Discription: Патеписи од Македонија и светот
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3463
Printed Date: 28-Mar-2024 at 14:43


Topic: Гозо и Малта
Posted By: daci92
Subject: Гозо и Малта
Date Posted: 07-Oct-2017 at 15:10
Повели @Џоле



Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Oct-2017 at 16:21
Ти благодарам, Даци, навистина ме фрустрира тоа што не можам веќе долго време да отворам нови теми на форумов.
___________________

Накратко, мојот престој беше претежно на островот Гозо (еден од островите на архипелагот), а еден ден посветив и на шетање низ Ла Валета, престолнината на Малта.

Првиот впечаток од Малта, од авион:







Аеродромот во Малта















Покрај аеродромот



ПРОДОЛЖУВА...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Oct-2017 at 13:08
Островот Гозо. Патувањето со ферибот трае околу дваесетина минути. Интересно е тоа што не плаќате карта одејќи натаму туку на враќање (4,65 евра), зашто и онака нема каде да одите откако ќе се истоварите на Гозо



Ова е пристаништето од страна на Малта





Повторно Гозо



Островчето Комини што се наоѓа помеѓу Малта и Гозо, ретко населено, главно има хотелски коимплекси



Вакви одбранбени кули се среќаваат по стратешките точки на сите острови, служеле за извидување на непријателски бродови и слично





Превозот на патници, возила и стоки меѓу островите се врши со овие фериботи



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Oct-2017 at 13:16
Мгар, пристаништето на Гозо. Малтешкиот јазик спаѓа во групата на семитски јазици и е мошне сличен на арапскиот, со таа разлика што користат латинична азбука. Англиски знаат речиси сите, неофицијално тоа е втор јазик на островите.



Јавниот превоз главно се врши со овие автобуси. Се купува неделна карта за 21 евро што важи на сите острови (не важи за ферибот). Секоја линија има автобус на отприлика 40 минути, зафркнато е што доколку возачите проценат дека веќе нема место во автобусот имаат право да не ви застанат, што може да доведе до непријатни ситуации и чекање. Исто така, ако чекате автобус на постојка морате да му мавнете со рака на возачот, инаку нема да ви застане.



Први впечатоци од Мгар (на Гозо има десетици села/населби што се меѓусебно поврзани со пат по кој возат автобусите од јавниот превоз, како главна станица е гратчето Викторија што се наоѓа централно на островот)





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Oct-2017 at 13:19


Цркви и катедрали има насекаде, наводно разбрав дека Малтежаните се многу религиозни луѓе (католици). На сликата долу можете да видите како изгледа една автобуска постојка, со табла со распоред на автобусите што поминуваат. Се разбира, имаат и постојки со натстрешници.





И кај нив ги сакаат кружните текови







ПРОДОЛЖУВА...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Влатко
Date Posted: 09-Oct-2017 at 06:59
одлична репортажа Џоле, едвај чекам да го видам продолжението.


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Oct-2017 at 08:36

Фала.
___________

Интересен податок за зградите/куќите на Малта е тоа што најголем дел од нив се градат во некој нивен традиционален стил, со блокови/тули од жолт варовник. Овој градежен материјал е подложен на брзо абење поради временски влијанија, па некои куќи/згради по само десетици години од изградбата се здобиваат со одредена „патина“ и личат како да се стотици години стари. Во градовите/селата/населбите преовладува жолтата боја на зданијата.

Ова е веќе Ајнсилем (малтешките топоними се тешки за транскрипција, можеби не е точно напишано тука)









-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Oct-2017 at 08:38
Катедралата во Ајнсилем. За време на мојот престој забележав дека многу катедрали беа во процес на реконструкција.













-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Oct-2017 at 10:31
Околу катедралата







Иако на прва едноличноста (сличноста) на зградите се чини интересна, по некое време ви здосадува тоа зашто буквално сите се претопуваат една во друга, сите личат исто и понекогаш е тешко за ориентирање. Но ми се допаѓа компактноста, униформираноста на фасадите, се гледа дека се придржуваат до одредени правила при градењето нови згради/куќи. Ова е повеќе изразено на Гозо, додека на Малта видов и помодерни зданија, како и кичести градби.






-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Oct-2017 at 10:33
Низ Ајнселем











-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Oct-2017 at 10:37
Ова е Двејра, популарно место поради една карпа што се урнала во март годинава, а ја викале „Азурен прозорец“ зашто имала таков облик (Azure Window). Има и мала плажа, карпеста. Исто така, поради карпите, островите на Малта се популарни меѓу нуркачите.





Повторно гледаме една стражарска кула/утврдување







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Oct-2017 at 10:40
Уште малку од Двејра



Зградата најлево е црква. Пријатно бев изненаден од фактот што насекаде има јавни тоалети што се одржувани и чисти. Од друга страна, јавната чистота на моменти беше како кај нас, посебно во Валета и другите градови и села, додека во природата беше релативно чисто.









ПРОДОЛЖУВА...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Oct-2017 at 13:35
Паркот во гратчето Викторија











-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Oct-2017 at 13:38
Неколку фотки од Викторија









ПРОДОЛЖУВА...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Oct-2017 at 11:19
Во Викторија има тврдина со стара, барокна црква и уште неколку згради во кои се сместени судот и уште нешто. Одозгора се пружа убав поглед кон околината. Влезот во тврдината е бесплатен.











-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Oct-2017 at 11:21
















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Oct-2017 at 11:23
Поглед кон Викторија и околните населби од тврдината













-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Oct-2017 at 15:39
Друже, кај е Марија на фоткиве хахаха? Шала на страна, добро си се потрудил


Posted By: Џоле
Date Posted: 13-Oct-2017 at 13:41
Благодариме

Островот Комино, каде има само хотелски комплекси



И две фотки од селото Кала





Сега сме повторно кај селото/населба Ајнселем







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 13-Oct-2017 at 13:43














-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Oct-2017 at 08:26
Неколку фотографии од Флориана, гратче/населба што е споена со Ла Валета, главниот град на Малта













-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Oct-2017 at 08:28






Веќе сме во Ла Валета



Оваа зграда беше некое министерство, ако не се лажам



Плоштадот покрај министерството



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Oct-2017 at 08:29








Зградата на парламентот



ПРОДОЛЖУВА...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Влатко
Date Posted: 16-Oct-2017 at 08:52
Прекрасно...


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Oct-2017 at 08:18


Благодарам

--------------------

За Ла Валета, освен архитектурата и жолтата боја, карактеристични се и тесните и стрмни улички.



Поглед кон соседните населби (ова е сликано од врвот на ѕидините на Ла Валета)













-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Oct-2017 at 08:21


Овие украси се поставени бидејќи тој ден гостуваше некоја висока државничка делегација од странска држава













-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Oct-2017 at 08:27
Го посетив и археолошкиот музеј. Влезницата чини 5 евра, има што да се види, опфатени се неолитот, бронзеното доба и феникискиот период. Музејот се наоѓа во една релативно неугледна зграда, тешко може да го најдете ако не се распрашате или ако немате мапа.

Посебно се горди на оваа фигуринка, стара околу 4-5000 години (Заспаната дама)



Феникиско писмо



Феникиски саркофаг



-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 17-Oct-2017 at 10:21
Малку оффтопик, но ме интересира како помина на Малта со влез во земјата и со тамошните жители кога кажа дека си од Македонија? Многу луѓе беа од моја околина и ми кажаа дека оние што работат таму имаат оставено исклучително лош впечаток кај локалното население. Точно ли е ова?


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Oct-2017 at 12:04
На аеродром неколку пати ме прашаа дали ќе се вратам во Македонија, онака, сериозно, божем сум дошол да им останам Мислам дека поголемиот дел од луѓето таму не знаат ни дека постои Македонија како држава, познавањето на географија им досега до Грција и Италија. Остатокот од источна Европа за нив е само едем куп држави што се извор на евтина работна сила. Инаку, има многу нашинци таму, работат сешто, има и од другите балкански држави, најмногу од Србија и Бугарија. А и мештаните не се нешто посебно, да бидам искрен, освен што имаат подобра сообраќајна култура, по менталитетот не се ништо поразлични од, на пример, Грците. Со еден збор - медитеранци.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Oct-2017 at 17:54
Ла Валета













-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Oct-2017 at 17:55














-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Oct-2017 at 17:56




Толку од главниот град на Малта, следуваат фотографии уште од две-три интересни местенца на островот Гозо.

ПРОДОЛЖУВА...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Oct-2017 at 09:12
Маршалфорн











-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Oct-2017 at 09:13










-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Oct-2017 at 07:56
Стара кула што се наоѓа помеѓу селата Ајнселем и Шевкија







Во далечината се гледа катедрала од блиското село/населба





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Oct-2017 at 07:58
Шленди, населба/село на источниот дел на островот Гозо











-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Oct-2017 at 08:00










КРАЈ



Се надевам дека уживавте. Ако имате прашања, ви стојам на располагање. Поздрав.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Oct-2017 at 10:02
Супер репортажа. А и добри бранови во последниот дел Cheers


Posted By: Kid_A
Date Posted: 04-Nov-2017 at 08:35
Originally posted by BOJAN

Малку оффтопик, но ме интересира како помина на Малта со влез во земјата и со тамошните жители кога кажа дека си од Македонија? Многу луѓе беа од моја околина и ми кажаа дека оние што работат таму имаат оставено исклучително лош впечаток кај локалното население. Точно ли е ова?


Не е точно генерално. Имам многу пријатели што се таму. Можеби не се нај дисциплинирани на работа, но ретко кој од нив се занимава со нелегални работи или да прават некои проблеми од типот тепачки, кражби, вознемирување на јавен ред. Претежно за тие работи се одговорни Србите.

@Џоле Ако си женет или имаш девојка направи се дека не си го прочитал прашањево

Како ти се допаѓа женскиот свет таму? Од пријатели имам сознанија дека локалните жени воопшто не се убави, но женски свет што доаѓа како туристи или да работат таму се

Генерално италијанска медитеранска архитектура. На око изгледа многу убаво. Се гледа дека внимаваат да го задржат шмекот на историјата.


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Nov-2017 at 14:07
Originally posted by Kid_A



@Џоле Ако си женет или имаш девојка направи се дека не си го прочитал прашањево

Како ти се допаѓа женскиот свет таму? Од пријатели имам сознанија дека локалните жени воопшто не се убави, но женски свет што доаѓа како туристи или да работат таму се


Малтежан(к)ите не се ништо посебно, со одредени исклучоци. Ниски се и (претежно) дебели, освен тоа има некоја мода таму сите да се тетовирани, што мене не ми се допаѓа.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dragan
Date Posted: 04-Nov-2017 at 23:38
Previous Јас имам слушнато како финотип дека Малтажаните воглавно не се убави како народ поради што во минатото многу се размножувале преку инцес ..... колку е ова вистина не сум сигурен ...


Posted By: kiriOK
Date Posted: 10-Nov-2017 at 19:32
Прилично вистина,пред се поради нивното делумно тунижанско потекло.
Малтежаните зборат на јазик кој е микс од тунижански и италијански,по потекло и како народ се настанати и како микс од горенаведените.
За разлика од тунижанците во Тунис кои станале муслимани,овие се католици.


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Nov-2017 at 10:14
Originally posted by Џоле

Зградата на парламентот




Штотуку дознав дека оваа зграда е дело на познатиот архитект Ренцо Пијано и е изградена 2015 година, па си велам, да ја споделам таа информација. Навистина импресивна зграда и ненаметлива во исто време, совршено се вклопува во околната архитектура на Ла Валета.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Sep-2019 at 10:34
По две години, повторно ја посетив Малта и престојував една недела, но овој пат бев сместен на главниот остров, во гратчето Сен Пол (San Pawl il-Baħar на малтешки или St. Paul's Bay на англиски), 16 км северозападно од Валета.

локација на мапата (претежно покрај брегот, тука е означена веројатно целата општина)



Сен Пол е дом на бројна македонска емиграција во моментов, луѓе кои дошле да работат и да живеат на Малта. Тука има и многу Срби, Бугари и други балкански народи.

Поглед од моето сместување:



И две street level фотки:





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Sep-2019 at 10:40
Една од најпознатите и најдобрите плажи - Мелиха:





















ПРОДОЛЖУВА...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Sep-2019 at 10:21
Гратчето Сен Пол (всушност, испаѓа дека е најголемиот град на Малта со своите околу 25.000 жители кои летно време прераснуваат на околу 60.000 поради туристите).











Едно убаво шеталиште што се протега 5-6 км вдолж брегот и води до аквариумот









-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Sep-2019 at 10:24
















-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Sep-2019 at 10:26
















ПРОДОЛЖУВА...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Влатко
Date Posted: 30-Sep-2019 at 07:55
Џоле, секогаш ми е задоволство да ги разгледам твоите фоторепортажи. А наскоро очекувам и во живо да ми раскажеш за патешествието на Малта


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Oct-2019 at 18:01
Благодарам, Влатко. Голден Беј (Golden Bay), доста извикана плажа, но јас не видов ништо посебно во неа. Помала е од плажата Мелиха, слушнав дека преку летото се правеле журки навечер. Инаку, на секоја плажа имаше по четири различни канти за сортирање на отпадот (метал, пластика, хартија и мешан отпад). Тие четири канти беа поставени на секои десетина-петнаесет метри и навистина луѓето внимаваа при фрлање на своето ѓубре.



Времето беше променливо и облачно (но секогаш топло, со температура меѓу 28 и 34 степени), па некои од фотките се катастрофални, ама нема врска.









ПРОДОЛЖУВА...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: ironm
Date Posted: 02-Oct-2019 at 10:48
Прекрасно Џоле, ептен ми се допаѓа овој медитерански стил, премногу потсеќа на јужна Италија Cheers Дали имаш информација што е тој објектот во форма на замок со данско знаме на него?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-Oct-2019 at 11:13
Originally posted by ironm

Прекрасно Џоле, ептен ми се допаѓа овој медитерански стил, премногу потсеќа на јужна Италија Cheers Дали имаш информација што е тој објектот во форма на замок со данско знаме на него?


Не е данското знаме.

https://en.wikipedia.org/wiki/Sovereign_Military_Order_of_Malta - https://en.wikipedia.org/wiki/Sovereign_Military_Order_of_Malta

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ironm
Date Posted: 02-Oct-2019 at 16:13
Хммм занимливо, фала за инфото не го знаев ова. Дека е развеано знамето не забележав дека крстот е всушност насредина.


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Oct-2019 at 18:20
Originally posted by ironm

Дали имаш информација што е тој објектот во форма на замок со данско знаме на него?


Малта е преполна со вакви утврдувања/тврдини/стражарски кули, поставени на стратешки места. Претпоставувам дека порано се користеле да се забележи доаѓање на непријателски бродови. Буквално по целиот остров се расфрлани вакви утврдувања.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Oct-2019 at 09:02
Слима (Sliema), гратче што е сместено спроти Ла Валета (ги дели залив). Тука го посетив трговскиот центар The Point, ама некако не бев одушевен многу од него (понудата беше горе-долу речиси иста како кај нас, со мали исклучоци).





трговскиот центар The Point





околу трговскиот







-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Oct-2019 at 09:14
Во близина на трговскиот центар има еден мост со видиковец од каде се гледа остатокот од Слима, но и Ла Валета отспротива.



Ла Валета







Слиема







Е па, толку беше засега:



-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window