Print Page | Close Window

Одморишта на патните правци

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=349
Printed Date: 28-Mar-2024 at 18:54


Topic: Одморишта на патните правци
Posted By: pbanks
Subject: Одморишта на патните правци
Date Posted: 10-Aug-2008 at 12:55
Можеби не спаѓаат баш во инфраструктура но се сепак составен дел од патните правци така да дефинитивно припаѓаат тука. Македонија страшно лошо стои на овој план. На најпрометниот коридор има бензински пумпи кои може да се избројат на прсти. Ниедна од нив не нуди простор и содржини да прими поголем број луѓе кои транзитираат низ Македонија и да им земе дел од парите. Постои само еден мотел веднаш кај Куманово (му го заборавив името но до скоро го држеше Макпетрол, сега е изгледа на некој локалец). Мотел Македонија кај Велес конечно се реновира но незнам дали работите таму се готови. Тоа ќе биде веројатно единствената светла точка на целата траса од некои ~200км.

На другите правци не е воопшто подобро. Ако земеме дека Стража е можеби најпознатото одмориште во Македонија а се наоѓа во катастрофална состојба (доволна е прљавштината други работи и не треба да споменувам) тогаш ситуацијата е јасна...



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2008 at 12:56
Македонските делници без инфраструктура за одмор или кафе паузи

Ова е првата слика за македонскиот туризам со која се соочуваат оние кои се во посета или транзитираат низ земјава. По влез во Македонија на преминот Табановце на кој велат дека годинава воопшто не чекаат ниту за влез, ниту за излез, првото место за одмор е блискиот паркинг со две кафеанчиња и продавница. Ова е првата станица и за печалбарското семејството Шаиновски кое враќајќи се во родното Лабуништа починка зема овде. Како гурбетчии по светот направија споредба со европските гранични премини.

 
- На Запад е поинаку бидејќи веднаш штом ќе поминеш граница имаш ресторани, одморалишта, бензински- вели Фарук Шаиновски.

Автопатот од Табановце кон Гевгелија е најфреквентниот пат во земјава – но долж овие двесте километри речиси и да нема тоалет или поатрактивно место за краток одмор, пијалак или оброк, а не пак автомеханичарска работилница. Како е во европските земји?

 
- Патот во Италија е многу добар. По 200-300 километри ќе почувствуваме замор, ќе застанеме на кафе, сокче и ќе продолжиме - вели Шеки Шаиновски.

На дополнителната инфраструктура околу македонските патиштата се жалат и камионџии:

 
- Нашите патишта во однос на германските се нула. Таму има кај да седнеш, да се одмориш, ако сакаш и да спиеш. Овде нема ни ве-це.

Иако Македонија е главно транзитна земја, многу од патниците кои минуваат велат дека ретко застануваат патем, ретко има каде да се одморат:

 
-  Можам да кажам дека има и нема, половично, во овој дел кон Србија постои, во оној кон Грција многу малку места постојат каде што може да се застане и да се испие кафе и да се одмори.

За европските земји транзит туризмот значи и прилив на средства во буџетот, кај нас пак како воопшто да не постои.



http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=36526&mid=1500&tabId=1&tabindex=0


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Aug-2008 at 12:56
Со мекици и јогурт на превојот Стража до солидна заработувачка

На мекица, сирење и јогурт стотици патници секојдневно застануваат на превојот Стража. Се наоѓа на половина пат од Скопје до Охрид и тоа е единствено место за одмор. Во екот на туристичката сезона тука дневно застануваат и до 1.000 возила. Да одморат од долгиот пат или да пробаат од вкусната храна. Патниците велат дека вакви места недостасуваат на нашите патишта:

 
- Одмораме тука бидејќи е на пола пат меѓу Скопје и Охрид или Струга.

Превојот Стража е на надморска височина од 1210 метри. Има три угостителски објекти, а со отворањето на бензинската пумпа на Лук Оил местото доби на динамичност. Сопствениците на локалите велат дека околу 30 семејства обезбедуваат егзистенција од тука. На сите превои во државава може да се отворат вакви места за починка, би се вработиле стотици луѓе и исто толку фамилии би се прехраниле вели сопственикот на локалот Европа. Тој веќе 20 години успешно работи тука.

 
- Кога е сезона. 40 дена се најсилните. Застануваат до 1500 луѓе во денот - вели Живко Николовски.

Но и покрај тоа што е единствено место за одмор сепак Стража не блеска со сета убавина. Луѓето кои застануваат тука се жалат на расфрланиот смет. Сопствениците велат дека се соочуваат со низа инфраструктурни проблеми. Струја имаат само дел од локалите, а вода обезбедуваат од резервоар. Апелираат државата да обезбеди минимум  инфраструктура како би можеле уште подобро да работат.



http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=36523&mid=1500&tabId=1&tabindex=0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Aug-2008 at 13:16
Она кафанчето кај удово нуди пријатна сенка, ама кога ќе седнеш околу тебе има 1000 муви. За тоалет муабет да не праиме. Нешто импровизирано со чучавец , па некоја дупка према вардар, Пола вц виси у воздух према вардар, катастрофа!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Aug-2008 at 09:57
Ohno

ЕДИНСТВЕНОТО МЕСТО ЗА ПОПАТЕН ОДМОР НА ПАТОТ МАВРОВО - ОХРИД ЗАТРУПАНО ВО СМЕТ И ИЗМЕТ
Стража си го чува ѓубрето
Стража смрди на измет и мочка, а за над 1.000 патници кои тука дневно застануваат нема ниту тоалет ниту канти за отпадоци

Стража, единственото место за попатен одмор на патот Маврово - Охрид, смрди на измет и мочка. Целосно е затрупано со ѓубре. Лименки, шишиња, ќесиња и хартии се расфрлани и на двете страни од патот. Најстрашно е за викендите кога бројот на патници кои запираат на ова место е речиси двојно поголем, а никој не го чисти ѓубрето што тие го фрлаат.
Над 1.000 патници кои дневно застануваат да одморат на Стража, нема каде да вршат нужда и да фрлат отпадоци. Во ниту еден од рестораните на паркиралиштето кај зимскиот пункт на ЈП "Македонија пат" нема тоалети и канти за ѓубре, а без употреблив санитарен јазол е и бензинската станица на "Лукоил". Таму има тоалети, но вработените не ги пуштаат патниците да влезат во нив, оти нема вода.
Единственото веце кое е во функција е кабина на "тојфор" поставена веднаш над рестораните. Но и кабината не е секогаш отклучена. Работи повремено, а кога е отворена се чекаат редици за да се влезе внатре.
"Немаме многу голем избор. Или ќе се стискаме до Охрид, или ќе се скриеме зад грмушките како што прават поголемиот број патници. На друго место нема каде да се застане. Срамно е да не можат да направат еден тоалет и да се постават контејнери, кога знаат дека толку многу луѓе, меѓу кои и странци, секојдневно ја минуваат оваа делница", ни рекоа едни скопјани кои преку Стража минуваа одејќи на викенд во Охрид.
Идриз Цека, генерален директор на ЈП "Македонија пат", вели дека иако зимскиот пункт е на јавното претпријатие, тие немаат никаква обврска да ја одржуваат хигиената на Стража.
"Ние само ги одржуваме патиштата. Чистењето и изградбата на санитарните јазли е во надлежност на општините Маврово, Ростуше и Зајас, кои граничат токму на оваа точка", вели Цека.
Од општините Маврово, Ростуше и Зајас објаснуваат дека освен бензинската пумпа на "Лукоил", останатите објекти се од привремен карактер и не плаќаат никакви комуналии, па затоа комуналните претпријатија не се надлежни да го одржуваат овој дел од патот.
Руфат Хусаини, градоначалник на Зајас, вели дека е во тек подготовка на урбанистичкиот план за Стража со кој на местото на сегашните објекти ќе биде предвидена градба на угостителски објект со други придружни содржини.
"Имаме обезбедено и пари од холандската организација СНВ која финансира проекти за туризам. Се надевам дека многу наскоро ќе го решиме овој проблем и Стража ќе ги добие сите потребни услови за кратка починка на патниците кои таму запираат", вели Хусаини.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156107&idg=8&idb=2458&rubrika=Makedonija


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Aug-2008 at 13:54


Во продолжение

ВЕСТ АЛАРМИРА: СТРАЖА Е ЛЕГЛО НА ЗАРАЗИ, А СИТЕ СЕ ПРАВАТ НЕНАДЛЕЖНИ
Министри, и вие јадете лајна!
Сите државни органи, инспекции и ресорни министри до кои се обративме вчера, затвораат очи пред ужасниот факт дека на Стража покрај тоните ѓубре, измет и смрдеа од мочка се продава храна, а нема ниту вода, ниту санитарен јазол. Дали треба некој да у

Патниците кои попатно одмораат на Стража, таму јадат мекици, кифли и пити од рестораните кои се залепени до ѓубрето и во кои се шири смрдеа од измет и мочка. Околу сите ресторанчиња кои се наоѓаат на единственото место за одмор на патот Маврово-Охрид, не само што се создадени депонии од ѓубре, туку и во кујните каде што се подготвува храната смрди на измет и мочка. Бидејќи во рестораните нема тоалети, а на Стража нема ниту еден санитарен јазол, патниците вршат нужда и фрлаат ѓубре зад рестораните.
Овие ресторани и покрај тоа што не ги исполнуваат основните хигиенски и санитарни услови за добивање дозвола за работа, на големо на патниците им продаваат пирошки, мекици, кифли и пити. Иако е голема веројатноста оние кои јадат во овие ресторани да добијат труење од храната, надлежните никаде ги нема да ги санкционираат и да ги затворат.
Санитарната инспекција, Дирекцијата за храна и министерствата за здравство и за екологија им дозволуваат на овие ресторани нормално да работат.
Уште пофрапантен е фактот дека покрај леглото на зараза на Стража само изминатиов месец барем десетина пати на пат за Охрид поминале безмалку сите министри, вклучувајќи го и премиерот. А, никој ниту ја забележал, ниту пак се ангажирал да се расчисти депонијата.
Ниту ЈП "Македонија пат" ниту општините Маврово, Ростуше и Зајас не сакаат овде да чистат и велат дека не биле надлежни за тоа.
Од Санитарната инспекција вчера ни рекоа дека од 1 јануари 2005 година тие не се надлежни да вршат контроли дали рестораните ги исполнуваат потребните санитарни и хигиенски услови, туку тоа е обврска на Дирекцијата за храна.
"Ние реагираме само ако има случај на труење од храна. Тогаш, откако Министерството за здравство ќе направи записник, ние излегуваме на терен да испитаме која е причината за труењето", вели Вера Менкова од Санитарната инспекција.
Во Дирекцијата за храна пак не гледаат никаков проблем во условите во кои работат рестораните на Стража. Дирекцијата се уште нема директор, а во соопштението што ни го прати преку кабинетот на министерот за здравство Бујар Османи, вели дека рестораните редовно се контролирани и имаат дозвола за работа.
"Објектите лоцирани на Стража, кои што се во надлежност за Дирекцијата за храна, редовно се контролирани од Инспекторите за храна. Истите се евидентирани во Дирекцијата за храна и за нивното работење е издадено одобрение. По налог на инспекторите за храна во објектите е воведена струја и вода, а за угостителските објекти наложено е да се инсталираат подвижни санитарни јазли. Во неколку наврати, санитарните јазли се дислоцирани од локалната управа, но повторно се поставени. Постои објективен проблем со хигиената во околината на Стража, но тоа не се должи на нехигиенското работење на угостителските и трговските објекти, туку се должи на големата фреквенција" велат од Дирекцијата за храна и од кабинетот на министерот Османи.
Зошто дозволуваат Стража постојано да биде затрупана со ѓубре и да смрди на мочка и измет побаравме и во Министерството за екологија. Од таму ни рекоа дека министерот Неџати Јакупи бил на службен пат, па затоа прашањето писмено да им го испратиме и најскоро што може ќе добиеме одговор. Но, до затворањето на весникот одговор не добивме.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156168&idg=8&idb=2459&rubrika=Makedonija


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Sep-2008 at 18:34

Отворен нов мотел во Велес

Нов мотел вчеравечер беше отворен во Велес. Мотелот „Монтенегро ривиера“, сопственост на Зоран Тодоровски, има девет дво и трокреветни соби и два апартмана, со 22 легла, ресторан за 100 гости, летна тераса и конференциска сала и опфаќа корисна површина од 450 квадратни метри. Мотелот се наоѓа на влезот во градот, непосредно до автопатот Скопје - Гевгелија, кај клучката кај Башино Село и е наменет за одмор и на транзитните туристи.



http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=EF03714819F5884AA83B69887D2A2BBB - http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=EF03714819F5884AA83B69887D2A2BBB


Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Sep-2008 at 19:05
Еден исчекор е направен, но тоа е само почеток! На две работи се чудам, најпрво зошто земјава не ги поддржува овие стопанственици, бидејќи тие се битни и за безбедноста на патиштата. Процентот на сообраќајни несреќи се зголемува доколку луѓето немаат каде да се одморат по пат. Посебно ризична група се турците од Германија кои одат во Турција преку лето и туристите од средноевропските земји кои минуваат по Коридорот 10. За критика се и стопанствениците бидејќи не дошле на идеја да отворат бензински пумпи, мотели и одморалишта по патиштата. Големи пари стојат во ваквата идеја.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Oct-2008 at 03:32
Слушнав нешто дека МакОил ќе правеле некој хотел со ресторан на нивната бензинска онаа кај велес. Кај и да е ќе почне да се гради.


Сликава ја сликав летоска онака узпат ми беше, па ете денеска се најде.


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Oct-2008 at 22:33


lsl мотелот и ресторанот за кои зборуваш ги имаш на сликата, тоа е бивши Мотел Македонија кој Макоил го купи и ја изгради бензинскава пумпа покрај него. Имам постирано за ова има и слики од лани ова време само ти промакнало.

еве неколку слики и од денеска ама контра сонце Ohno

1

2

3



Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Oct-2008 at 15:05
Статијава може да се квалификува во повеќе нишки но мислам дека најсоодветно место е овдека

Велешкото Езеро мека за транзитни туристи


Велешкото езеро Младост и ова лето беше мека за туристите. За прв пат после десетина па и повеќе години, со изградбата на хотелот Романтик, реновирањето на мотелот на некогашниот агрокомбинат Лозар и уредувањето на дел од плажите, покрај големиот број на домашни туристи на бреговите на ова езеро се одмараа и поголем број странски гости. Патувајќи кон соседна Грција, транзитните туристи не го одминуваа ни Велешкото Езеро изградено во далечната 1963 година и кое е единствено пријатно катче за одмор по автопатот од Куманово до Гевгелија. И додека транзитните туристи отседнуваа во новоизградениот хотел Романтик, кој за добрата услуга и квалитетна храна и годинава, како и лани, освои златен медал на меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, Србија, велешани, скопјани и туристи од други градови на Македонија престојуваа во другите угостителски објекти и на бреговите од езерото под прекрасната борова шума. Според некои анализи, ова лето Велешкото Езеро го посетиле неколку илјади домашни и странски туристи.

Ако пристапниот пат од езерото до автопатот Скопје-Велес, кај клучката кај Новачани, беше целосно асфалтиран и ако беше поврзан со пат со автопатот Велес-Скопје, бројот на туристите, според хотелиерите, ќе беше значително поголем. Ветувањата на општината Велес дека целосно ќе го уреди просторот за кампирање, ќе донесе вода и ќе изгради санитарни објекти и ова лето не се оствари. Токму поради тоа и бројот на камперите беше мал.

Со ангажирањето на Министерството за транспорт и врски за продажба на државно земјиште на кое ќе бидат изградени шест хотели, десетина мотели и поголем број помали угостителски објекти и спортски терени се верува дека езерото Младост ќе прерасне во вистински туристички центар.
Пуштањето во работа на Академијата на Прокредит банка е само еден чекор напред за привлекувањето на поголем број инвеститори за изградба на угостителски објекти на бреговите на езерото. Во општината Велес, а посебно во Министерството за транспорт и врски веруваат дека покрај хотелот Романтик, на бреговите на езерото Младост во најскоро време ќе никнат уште десетина нови угостителски објекти, кои ќе го привлечат вниманието на домашните и на странските туристи.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=03BA701E4D48574BB2B2FF320DDB42E3


Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Nov-2008 at 12:40
Стража - нашето најпознато одмориште. Во иста катастрофална состојба како што ја памтам последниот пат кога бев...

1.


2.


3.



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Mar-2009 at 13:11
Еве го уште еднаш мотелот кај бензинската на Макоил јужно од Велес






Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-May-2009 at 10:00
Она едно кафанче покрај Е-75 во близина на селото Удово пред Гевгелија приметив дека е реновирано комплетно. Мислам дека било срушено старото па сега е подигнато ново со истите димензии и не е веќе обична импровизирана трафика.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jul-2009 at 03:19
Еве она што го зборев во предходниот пост во врска со реновирањето на ресторанот "113-ка".

01.


02.


03.


04.


05.


06.




Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:52
Бензинска пумпа на патот Скопје-Велес (на Макоил):





Бензинската пумпа Петрол Копмани на автопатот Скопје-Тетово



Бензинска пумпа во стушко...ЊУ СТРУГА!





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:55
Последнава ми е фаворитка  Crazy


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:56
@Andrej

Си ги утнал. Првата е на Макоил кој го има земено целиот комплекс на бивши Мотел Македонија.

Втората е Петрол Компани пред Тетово. 7 Браќа е многу погломазен објект веднаш после патарината кај Скопје.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:57
Во право си! Таа кај Велес стварно не бев сигурен затоа што ретко го минувам тој пат. А за Петрол Компани, можев барем сликата да ја видам има табла... 7 браќа како да беше разнесена во војната ама незнам дали ја обновија.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Aug-2009 at 17:58
Originally posted by pbanks

Првата е на Макоил кој го има земено целиот комплекс на бивши Мотел Македонија.

Функционира ли комплексот или само пумпата?


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Aug-2009 at 18:08
Originally posted by Andrej_LJ

Во право си! Таа кај Велес стварно не бев сигурен затоа што ретко го минувам тој пат. А за Петрол Компани, можев барем сликата да ја видам има табла... 7 браќа како да беше разнесена во војната ама незнам дали ја обновија.


7 Браќа беше разнесена не само за војната туку и пред/после нејзе (не ми текнува точно) неколку пати. Си имаа луѓето проблеми со локални моќници. Објектот вечно се гради и незнам дали е воопшто довршен. На таа бензинска имам точено бензин само еднашка и имам впечаток дека и ден денеска воопшто не е разработена за разлика од на пример Петрол Компани или Бунар Петрол кај Гостивар каде често сум застанувал и секогаш имало гужва.

Кога сме кај одморишта, летово поминувајќи кај Стража ја видов стандардната свињарија. Одмориштето се има доста разработено од кога Охрид е повторно интересен за туристи од регионот но нема никакви капацитети за паркинг (колите се натрупани во неколку реда покрај патот често навлегувајќи во него), луѓе претрчуваат, небезбедно е, неосветлено е ноќе (освен во делот кај Лукоил), рестораните или што и да се (освен Лукоил) се сеуште запустени, прљаво е, полно со кучиња скитници...........

@Klover

За Макоил незнам не сум поминал натака одавна.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Aug-2009 at 18:33
за стража воопшто има урбанистички или некаков план за вон населено место или па неккаков план од страна на миснистерството пошто се работи за заштитен појас на магистрален пат?! Или се тоа само времени објекти натрупани, па и не баш времени, туку има и доста цврста градба! А за паркингот може да нагаѓаме зашто и во голем дел зависи од конституција на теренот.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Nov-2009 at 16:47

Туристите ни бегаат со полн гас


И варењето ракија може да биде атракција за странските туристи

Годишно низ Македонија транзитираат од 3 до 5 милиони луѓе, а се случува некогаш дневно да минат и по 500 автобуси кои воопшто не застануваат на патот од 200 километри од северната до јужната граница

Странските туристи ја претрчуваат Македонија сакајќи што побрзо да ја поминат. Некогаш дневно поминуваат и по 500 автобуси кои воопшто не застануваат на патот од 200 километри од северната до јужната граница. Ова беше истакнато на еден неодамнешен форум за винските патишта. Како главна причина за таквото нешто беше посочено немањето прописен тоалет покрај автопатот од Куманово до Гевгелија.

- Знаете ли дека Турците кога одат по нашите патишта ги паркираат возилата во ниви за да спијат. Тоа се оние кои ја пропатуваат Македонија патувајќи за Турција. Ако би се изградиле попатни објекти, паркинзи, ресторани, чешми, тоалети, сервиси за коли.., би било поинаку - истакна сопственик на туристичка агенција од Кавадарци.

Само за илустрација, беше кажано дека во бивша СФРЈ во еден наврат само за осум часа во хотелот „Парк“ кај Неготино биле услужени туристи од 35 автобуси. Тогаш во Тиквешко имало само две винарници, а сега има педесетина.

НЕМА НИ ТОАЛЕТИ

Туристичките агенции од Србија истакнаа сериозни забелешки.

- Транзитниот туризам ви е катастрофално лош. Можеби сте земја која во Европа најлошо го користи транзитниот туризам - констатираа гостите на форумот.

Владата, беше речено, не може да ги менаџира сите проблеми.

- Може да се интервенира, по забелешките дека нема тоалети. Но, не може Владата да ги држи тие тоалети, да поставува вработен кој ќе седи и ќе ги чисти. Тие би се дале под концесија - рече Зоран Николовски од Министерството за економија.

Владата е свесна дека грешиме со транзитниот туризам.

- Годишно 3 до 5 милиони луѓе поминуваат низ Македонија. Порано имаше милионски суми од транзитниот туризам. Државата е тука да направи инфраструктура и да помогне во маркетингот, но локалната самоуправа треба да помогне, а да се ангажира и приватниот сектор - потенцира претставникот на Министерството за економија.

Надлежните размислуваат како да се менаџираат работите со транзитниот туризам. Владата в година ќе дава паркинзи на концесија, а можеби и локации за сервиси. Потребен бил и маркетинг, зашто на нашиот Коридор 10 освен две табли за Стоби не постои ништо друго. Затоа сега се поставувале знаци за винските патишта.

На форумот, на кој учествуваа претставници на централната и на локалната власт, домашни туристички агенции, винарници и угостителски објекти, беше потенцирано дека странците што доаѓаат се жалат дека не можат да купат сувенири и разгледници од регионот на виното. Посебна приказна бил проблемот што луѓето што ги имаат клучевите од некој верски објект, кој сакаат да го посетат туристи, понекогаш морале да ги бараат по нивите.

- Имаме многу работи кои не знаеме да ги искористиме, за разлика од нашиот јужен сосед кој од секој камен прави легенда и пари - беше кажано.

РОСОМАН ЧЕКА ДАНЦИ

Општина Росоман имала што да им понуди на туристите, но жителите на општината немале чувство за туризам, се пожали градоначалникот Стојанче Лазов. Росоманскиот крај бил омилена дестинација, особено за туристи од Турција чии предци се родени тука.

- Имаме неколку винарници и можеме да организираме дегустации на вино. Од старата џамија правиме музеј. Дански туристи се заинтересирани да доаѓаат напролет за да го гледаат цутењето на праските, како атракција во регионот со најмногу праски во Македонија. Но, немаме доволно сместувачки капацитети за туристите. Фали интерес кај росоманци да го курдисаат овој бизнис. Најверојатно луѓето многу работат земјоделство, па немаат време да се бават со туризам. А некои од туристите сакаат да преспијат токму во локални автентични куќи - рече градоначалникот Лазов.

Тој смета дека Росоман има предуслови за развој на туризам. Но, како што рече, земјоделците треба да сфатат дека во тоа има пари. Засега повеќе сакале да работат по нивите одошто да пречекуваат туристи.

- Не знаат дека кога ќе ги спојат земјоделството и туризмот ќе им биде подобро и ќе имаат поголема добивка - рече Лазов.

Тој потсети дека туризмот може да биде многу доходна гранка, но во внатрешноста многу малку и' се посветува внимание.

- Во светот цели села живеат од туризам. Зошто да не може и Росоман -праша тој.

ФОНТАНА СО ВИНО

На форумот беше предложено на алтернативните туристи да им се понуди да видат како се калемат или кројат и изнесуваат лозови прачки, како се сади лозје и се бере грозје. Туристите да може, ако посакаат, сами да пробаат да варат ракија или да прават вино.

- Не смејте се. Ако некој оди во Тунис, на пример, за да се слика на камила за едно евро, зошто кај нас не би можел да се слика во лозјето - беше коментарот на некои од присутните на дебатата.

Падна и предлог за тиквешкиот гроздобер и за свети Трифун да се направи фонтана од која ќе тече вино, а посетителите да може бесплатно да пијат. Беше дадена и идеја за отворање мини-пазар до хотелот во Неготино, како оној во Росоман, со цел да се привлечат туристите да застанат и да купат земјоделски производи. Присутните се согласија дека треба да ги здружат силите за да можат да ја продадат македонската винска приказна.

Во таа приказна, беше речено, многу успешно би можеле да се вклопат и ски-центарот „Кожуф“, Тиквешкото Езеро со Полошкиот манастир, до кој се стигнува по воден пат, необичните фигури создадени од природата во Конопиште, Музејот на виното и многубројни други убавини кои се испреплетуваат со винските патишта во Македонија.

- Во светот за пет евра ти продаваат камен, но имаат приказна за него. Некои земји дваесет проценти од буџетите ги полнат од туризмот. Бог ни дарил богатство, кое ние само треба да му го покажеме на светот - беше заклучено на дебатата што ја организира фондацијата „Тиквешки вински пат“.

Светлана Дарудова


Царински арач

Не можеме да влеземе во Македонија и да излеземе ако не платиме рекет, се пожалија српски туристички агенции. Според нивните тврдења, 5 евра од автобус ги чинел влезот во Македонија, а 15 излезот.

- Полицијата, исто така им наплатува рекет од 10 до 20 евра на српските автобуси. А така не можете да развивате транзитен туризам - рекоа гостите од Србија.

Претставникот од Владата рече дека слушнал „прикаски оти се земал рекет“.

- Ако е некаква утеха, сто души вработени на границата се во „ќорка“ во моментов - рече Николовски.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2C169A4AFCE6FF4B8FDE21C15A00B236


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Mar-2010 at 23:37
ПОКРАЈ НАЈАВАТА НА ВЛАДАТА ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ ТРАНЗИТНИ ТУРИСТИ
Нема пари за градење хотели и ресторани

Елена Костовска


Изградба на угостителски објекти и туристички атракции покрај патиштата во земјава ќе го поттикне транспортниот туризам, но тоа нема да може да се случи набргу зашто стопанството нема пари за вложување. Ова е реакцијата на туристичкиот сектор на антикризната мерка на Владата за изградба на повеќе придружни крајпатни објекти на коридорите 8 и 10 и за вцртување маркички за изградба на комерцијални објекти, со што би се овозможило транзитните патници да придонесат за развој на националната економија. Од Министерството за економија велат дека изградбата на објектите ќе почне во мај откако ќе завршат процедурите за потребните дозволи. Ќе градат и државата и приватните инвеститори кои ќе купат или ќе станат концесионери на државно земјиште или ќе ги земат на стопанисување, одржување или за изградба постојните паркинзи или објекти. - Нормално е дека ако имаме попатна инфраструктура ќе имаме можност да заработиме, но тоа нема да биде брзо. Што ако се добијат маркичките, со кои пари ќе се гради кога нема можности за поволни кредити субвенционирани од Владата? Годинава се очекува поголема навала на туристи кои по копнен пат ќе патуваат кон Грција, но за да преспијат или да застанат во земјава, тоа треба да им биде планирано, па треба да се направи и добра промоција. Не верувам дека летово ќе се направи нешто, освен можеби да се постават пристојни тоалети и можеби изградба на некои објекти во рамки на бензинските станици - вели Роза Сирачева од Туристичката комора. Таа додава дека ако има поволни можности за финансирање на инвеститорите, сигурно ќе има заинтересирани зашто се работи за многу исплатлив бизнис. Во Министерството за економија очекуваат новата понуда да го зголеми престојот на попатните туристи. - Ќе се градат ресторани, мотели, бензински пумпи, на неколку паркинзи ќе има културни манифестации и штандови за продажба на сувенири или локални производи, а ќе биде поставена и туристичка сигнализација со кафеави табли. Бидејќи низ земјава транзитираат околу два милиона патници, сметаме дека треба да го задржиме нивното внимание и да одвојат барем еден ден или неколку часа за одмор, од кои секој би имал позитивен ефект - вели Селвет Барути, портпарол на Министерството.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1968&ArticleID=136315


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2010 at 01:04
Незнам каде точно се нуделе локации, но мора како сериозен параметар да се земе ПГДС-от на локациите, и уште подитно да се земе проектиран ПГДС после израмнувањето на бројот на возила по глава на жител во иднина кога просек за нормална држава со димензии на Македонија е одприлика нешто помалку од милион возила, како и проекција за ПГДС-от после изградба на коридорите и другите планирани дополнително автопатишта и регионална мрежа. Долгорочно најатрактивна делница е делницата од Куманово до Миладиновци каде што всушност оваа делница е дел од два меѓународни коридора, близина на аеродромот и излез на главен град. А исто така од тука некаде треба да биде и автопатот према Штип, па да речеме и евентуален аеродром во Штип.

Така да, ова може ќе треба да го пишам во друга нишка, меќутоа сега еве ми се наметн аи прашањето дека можеби во иднина оваа делница и ќе треба да ја прошириме по една лента за двата правца.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 16-Mar-2010 at 02:01

Па, освен што во изминативе 20 години се констатираше дека имаме потенцијал за транзитен, а покрај него и алтернативен туризам, (што и не е тешка филозофија да се утврди) - ништо друго не е направено. Па дури ни прашањето со тоалети не е решено!Bash Сите нешто се туфкаат.. едвај ја направија онаа национална стратегија и се Dump

Па ние ни асален информативен туристички центар/и немаме, знаци земаа да ставаат и тие ги утнаа, а за тоалети ич да не збориме.. Хотелине не сакаат да чујат за подигнување на квалитет на услуга, си вработуваат кого сакаат, без никаков осет за услужен менаџмент, а тешко дека има и некои професионални обуки. 
 
Битно спотови на CNN имаме и лупнавме тешки милиони за нив. Гладна кокошка - просо сонува. Ние уште производ не сме креирале и немаме абер да го направиме, а се удривме на промоција.
Имаме ние 2.000.000 потенцијални туристи и без промоција - поентата е како да ги задржиме, што да им понудиме и на кој начин ќе го направиме тоа - односно дали ќе бидат задоволни, за да дојдат пак или никад више. 
За квалитетни и безбедни автопати и да не почнуваме.
 
Знам дека сум офф, ама освен ваков коментар што друго да се искоментира на ваква очајна состојба. Доволно е само Србија да ја земеме за пример каде OMV има на секој чекор. Да не излезе дека се е црно - се прави по нешто ваму-таму, ама премногу бавно и несериозно.


Posted By: ko4ani
Date Posted: 16-May-2010 at 12:44
На бензинските на Црна Река може добро да одмориш среден двор, со паркинг за коли и камиони,кафе-бар,мини маркет и бензинска јас мислам дека тоа е доволно да го има на бензинските во Македонија а на наекои може и да мал мотел со 10-15 соби и тоа би било доволно но нема кој да го направи тоа.. а имаме потенцијали.. Bash


Posted By: axel
Date Posted: 26-Aug-2011 at 05:45

По осумгодишна пауза

Втор живот за мотелот „Македонија“



Мотелот близу до Градско беше и остана речиси единствениот сместувачки објект крај автопатот од Куманово кон Гевгелија

Мотелот „Македонија“, на автопатот меѓу Велес и Градско, пет години откако е продаден и осум како не работи, наскоро повторно ќе ги отвори вратите за многубројните туристи што се на пропатување низ Македонија. Мотелот беше и остана речиси единствениот сместувачки објект крај автопатот од Куманово кон Гевгелија и обратно и место каде што можат да здивнат намерниците. Со ова се отвора повторно можноста дел од милионите странци што се на минување низ Македонија, барем за час да се задржат. Мотелот ќе биде отворен за десетина дена, а моментално се екипира со персонал.
- Со мотелот сакаме да ја пополниме празнината на туристичката понуда крај автопатот. Се потрудивме да го направиме европски, модерен објект со македонски цени на услугите. Малку се одолжи неговото отворање, но сепак станува збор за значајна инвестиција - вели Мите Јовановски, сопственик на мотелот „Македонија“ и на синџирот бензински пумпи „Макоил“.
Мотелот има 35 соби со вкупно 75 легла, повеќе летни тераси за 400 гости и ресторан за 500 посетители. На гостите им е достапен и автокамп со комплетна инфраструктура, кој има 80 парцели. Од нив, како и од целиот објект, кој е во стар македонски стил со чардаци, тераси, се отвора прекрасен поглед кон реката Вардар и целиот крај, кој е засаден со лозја.
Објектот беше урнат до под во 2007 година, по што беше повторно изграден. Сопственикот го купи на јавно наддавање на кое беше единствен учесник. За објектот плати 65 милиони денари. Јовановски не открива колку пари вложил за обновување на мотелот, но вели дека е неколкупати повеќе од цената по која го купил. Во дворот на мотелот е изградена и бензинска пумпа, која работи три години.
За запознавање на странците со овој мотел и неговата понуда, од влезот во Македонија кај Куманово, на секои десет километри има рекламно пано со кое тие се информираат за услугите што ги нуди. За почеток, во мотелот ќе бидат вработени 30 лица, келнери, шанкери, готвачи, рецепционери, хигеничарки, собарки, за кои се бара да бидат вешти во знаењето. Поранешните вработени во мотелот „Македонија“ сметаат дека со неговото неработење од осум години се изгубени околу четири милиони евра, кои се собирале од странците кои тука се одморале.

Туристите минуваат

Автопатот Куманово - Гевгелија е во должина од 180 километри и овој мотел е единствената понуда по целата негова должина за престој на туристите. Процените се дека по автопатот лани поминале 3,5 милиони туристи, кои немаат избор каде попатно да одморат. Посебно е прометно лете, кога има илјадници туристи - Срби, Чеси, Словаци, Унгарци, Полјаци, кои се на пат или се враќаат од одмор на Егејот, но и Турци кои се на пропатување за дома или кон Германија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4F932A49DBCB4043B5DC220DB91D6387


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Sep-2011 at 22:28

Мотелот „Македонија“ повторно проработе

Мотелот „Македонија“ во близина на Велес, покрај автопатот Табановци - Гевгелија, по осум години пауза   повторно е отворен, овој пат од новиот сопственик Мите Јовановски, газдата на ланецот бензински пумпи Макоил.

Мотелот беше и остана најголем и единствен сместувачки објект покрај автопатот во должина од 180 км, место каде можат да здивнат патниците. Со отворањето, по долги години е симнат еден од проблемите, како барем за час да се задржат дел од милионите странци кои се само на минување низ Македонија.

Мотелот свечено го отвори Архиепископот г.г. Стефан, кој посака успешна работа и многу гости.

- Со овој мотел сакаме да ја пополниме празнината на туристичката понуда, во должина на автопатот. Се потрудивме да го направиме европски, модерен објект со македонски цени на услугите. Тој ќе биде достапен за секој што минува по автопатот да се одмори, да се освежи, јаде. Малку се оддолжи неговото отворање, но сепак тоа беше значајна инвестиција – вели  Мите Јовановски.

Мотелот има 36 луксузно опремени соби со 75 легла во едно, две и трикреветни соби, повеќе летни тераси за 400 гости и ресторан за 500 посетители. На гостите им е достапен и авто-камп со комплетна инфраструктура, кој има 80 парцели. Во него се вработени 30 лица.

Од нив, како и од целиот објект, кој е во стар македонски стил со чардаци, тераси, се пружа прекрасен поглед кон реката Вардар и целиот крај, кој е засаден со лозја.

Сопственикот не открива колку вложил во неговото реновирање, но вели дека е многу повеќе отколку што го купил. Заради целината на услугите, тој во дворот на мотелот изгради и бензинска пумпа, а најавува отворање на винотека и сувенирница. (П.П.)

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=999164C4A1DD5D49B9FB41C3BB7B1179


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Sep-2019 at 16:49
Незнам дали има некоја посебна нишка за одморишта,но еве тука ги ставам фоткиве од ново одмориште кое се гради на патниот правец Катланово-Велес неколку км по наплатната станица Петровец





Posted By: daci92
Date Posted: 29-Sep-2019 at 11:46
Конечно ова место ќе стане место за одмор, со години стоеше така запустено, а причината никогаш не беше откриена.
Дали знаеме кој го гради ?


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Sep-2019 at 13:31

Nemam info koj go gradi pocnaa pred 4-5 meseca i togas mislam deka bese postavena nekakva tabla no za zal ne bev vo moznost da zastsnuvam i da slikam.Kako i da e vazno e da se sredi mestovo i da ponudi pristojni uslovi za odmor. Za zal na nasite patista nema mnogu odmorista,kolku sto znam stojat prazni i parcelite na avtopatot D.Kapija-Smokvica koi se predvideni za vakva namena. Ima i uste edno odmoriste vo izgradba pred naplatnata stanica kaj Veles no tamu rabotite nekako se odvivaat mnogu bavno prvicno izveduvac bese Zikol pa posle nekoe vreme nemase aktivnosti pa sega gledam povtorno ima nekakva aktivnost no sega mislam izveduvac e Rapid Bild.


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Nov-2019 at 16:33
Originally posted by stef4o

Незнам дали има некоја посебна нишка за одморишта,но еве тука ги ставам фоткиве од ново одмориште кое се гради на патниот правец Катланово-Велес неколку км по наплатната станица Петровец





Сеуште не е отворено но добило име Drive Cafe,делува пристојно барем однадвор






Posted By: WolfLeader
Date Posted: 25-Nov-2019 at 12:03
Definitivno koridor 10 zasluzuva vakvo mesto za odmor , poinakvo od zastanuvanje po benzinski stanici , mislam deka lokacijata e odlicna i deka kako sto izgleda e odlicno i moderno sredeno , kako sto nalikuva na edno mesto za pauza , sekoja evropska zemja ima vakvi mesta na svoite glavni patista


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Jan-2020 at 18:35

Делува одлично средено,веќе е пуштено во употреба,одамна му требаше вакво нешто на коридор 10 се надевам ќе изградат барем уште едно на делницата Демир Капија-Смоквица каде има предвиден простор за такво нешто...







Posted By: carver91
Date Posted: 24-Jul-2020 at 17:07
нешто ново на автопатот Миладиновци-Штип?


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Aug-2020 at 11:34
На неколку км по патарината Петровец,делува пристојно средено но штета сезонава и не е баш многу искористено



....
неколку км пред наплатната станица кај Велес,со години стои во горе-долу иста состојба



Posted By: WolfLeader
Date Posted: 12-Aug-2020 at 06:37
Prviot objekt e ubavo i pristojno mesto za pauza , samo so ne im se pogodi so koronata i gi nema stranskte turisti , ako izdrzat do slednata sezona ke imaat veruvam dosta rabota , bidejki lokacijata e odlicna , i samoto mesto e uredeno da opsluzuva bas kako sto nalikuva na popatna pauza.


Posted By: Bakica
Date Posted: 12-Aug-2020 at 08:41
Jas patuvav pred nekoj den i zastanav da jadam. Imaat mnogu dobra hrana. Se nadevam kje drzat do kvalitetot


Posted By: carver91
Date Posted: 13-Nov-2020 at 18:00
Nekoi novosti za novi benzinski stanici,odmorista vo MK?


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Nov-2020 at 18:07
Што се однесува до Коридор 10 од Скопје до Гевгелија рута која релативно често ја минувам нема некои поголеми промени ниту најави за изградба на нови бензински или одморишта.Тие бензински кои се градеа прилично долго време веќе се во употреба(Dadi Kompani,Gulf,Detoil) а на патот Демир Капија Смоквица предвидените места за Rest Area сеуште стојат празни и мислам дека поради ситуацијата со вирусот драстично им е паднат прометот на повеќето бензински особено на оваа релација и незнам колку има економска оправданост и логика за новоизградените бензински кои буквално се празни барем тоа е мој впечаток кога минувам.


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 01-May-2022 at 19:32
Имам еден интересен предлог, ќе напишам подолу. Чиста win - win ситуација за секого.

Гледајки по другите држави како се развиени со одмаралиштата по патните правци, ние сме дефинитивно доста назад. Една Србија е далеку подобра... значи до кое дно сме паднале не ми се верува.

Сега како што короната "стивнува" и пополека одиме према ендемија (барем така не убедуваат научниците), мислам дека е време власта и надлежните да созреат малце и веќе еднаш да се обидеме "на големо" да привлечеме туристи и да ја зголемиме безбедноста на патните правци.

Еве што предлагам:

Да се изградат големи одмаралишта на поважните патни правци, различен микс, со модерен дизајн, зелена површина, повеќе паркинг места за автомобили и камиони.
Дополнително освен тоа може да се додадат и продавници, шопинг центри, ресторани за брза храна, паркови, јавни тоалети, клупи, маси, инфо центри па може и нешто туристичко, како на пр. продавница за сувенири или нешто од историско значење. Промоција на туризам е исто така добра опција, да има и турист - инфо бордови, луѓе кои што ќе помагаат и даваат информации на туристи. По потреба може да има и мотели, па и хотели да се изградат ако има навистина голема потреба од такво нешто.

Подолу имам објавено неколку слики, примери од различни видови на одмаралишта низ светот.

https://ibb.co/ch4QyPG">
https://ibb.co/VMJH3sH">
https://ibb.co/yRnBwps">
https://ibb.co/GpR7kyh">
https://ibb.co/V2wBF2p">
https://ibb.co/Lp3X49P">
https://ibb.co/yQg5yhW">
https://imgbb.com/ - free upload photo

Сега разбирам дека овие примери се едноставно премногу за нас. Не мора толку огромни одморалишта да се направат, може и нешто по едноставно. Пратив погоре чисто за пример. Како што гледате има и одморалишта и ресторани во вид на надвозници кои што одат низ самите патишта. Такви има доста во Италија, Шведска а мислам имам видено и во Бугарија и Турција ако не се грешам. Интересен е и тој начин на одмаралишта. Вреди да се експериментира и да се направи нешто интересно.

Еве ви уште еден навистина интересен и чуден пример од Франција:
https://maps.app.goo.gl/B7FDDS4aE99cY3898

Ова е навистина интересен дизајн на оваа бензинска станица и одмаралиште. Ми се допаѓа како експериментирале, и само ги смениле насоките на патните правци од овој автопат, па наместо од десен дел на автопатот, се вклучуваш на бензинска од лева страна. Овде бенефит има и тоа што може да се направи и кружно вртење, па да се врати назад во другиот смер на автопатот. Ова би било доста од корист, на пр. ако некој ја згреши клучката каде што сака да излезе од автопатот, или за итни случаеви. Но секако ова зафаќа далеку повеќе простор исто така, бидејки се преусмерува автопатот од една на друга страна.

Е сега друго што може да се направи е да се изградат полициски станици на самите патни правци. Ваков пример имам видено во Романија:
https://maps.app.goo.gl/WCR249N3GjK583sS7

Како што гледате, Романците си имаат посебен оддел од полицијата за патрола низ автопатиштата и за оддржување на безбедноста.
Вакво нешто би помогнало и би било многу од корист кај нас, секако ако од МВР се нафатат да инвестираат на такво нешто. Има пристап од двете страни на автопатот, може да се пристапи во секој момент. Со ова самата полиција би се интегрирала уште подобро со важните патни правци во државата.

https://ibb.co/0Mgn5rG">
Претходно на форумов имаме доста дискутирано за лошата практика на полицијата да се паркира на страна од автопат, каде што возила одат над 100 км/ч и со тоа да стопира на многу лош и опасен начин (како што е прикажано на сликата погоре). Па затоа јас предлагам наместо таква практика, да се создаде еден посебен оддел во полицијата, да се земат посебни автомобили во цивилка (како што прават на пр. во Србија, Хрватска, по Германија), и така да се патролира по патиштата. Тие полицајци би се нарекле возачи пресретнувачи. Би тргувале од такви полициски станици / центри кои што би се изградиле покрај главните патни правци, и би патролирале, т.е. во цивилка би возеле како секој нормален, чекајки да уловат и санкционираат брзи возачи, возачи кои што возат непрописно, кои што не ги почитуваат правилата. После тоа, се пуштаат светла и текст од задниот дел кој што индицира на тој возач кој што не возел како што треба да застане на следниот паркинг или одмаралиште. Така функционира полицијата во развиени земји, така треба и кај нас да биде. Со тоа ќе се зголеми безбедноста, нема да има полиција која што ќе стои на страна од брзи патишта, и најважно нема да има полиција која што ќе запира возачи без причина. На сево ова дополнително, може да се вметнат и пожарникарите, авто мото сојузот, Македонија Пат, и многу други институции за брза реакција на патишта по потреба.

Овде заедно може да никнат и нови центри за мониторинг и безбедност на патишта, секако со камери, мерачи на брзина, мерачи за колку сообраќај поминува на таа одредена делница, сензори и други работи кои што добро би легнале со ваква инвестиција.

За сево ова гледам само бенефит.

    Ќе се зголемат одмориштата на патните правци.

    Ќе се намалат гужвите по бензинските станици, бидејки ќе има повеќе бензински и притоа поголем избор.

    Ќе се добијат повеќе места за паркирање, особено за камиони.

    Ќе се намали сметот (ѓубре) кое што секојдневно се фрла по патните правци низ државата што активно и штети на природата и околината, бидејки ќе има повеќе места на самите патни правци каде што ќе може правилно да се одстрани тој смет (контејнери, корпи, сл.).

    Ќе се зголеми безбедноста на патните правци. Со тоа што полицијата, пожарната, брзата помош ќе може да интервенираат побрзо.

    Во зимските периоди снегот ќе може да се чисти побрзо и поефикасно, ако се интегрираат центри од ЈП Државни Патишта и Македонија Пат, кои што ќе имаат камиони за чистење на снег на готовс.

    Ќе се зголеми туризмот во државата, особено транзитниот туризам, бидејки Македонија не е мала транзитна земја.

    Ќе се оствари голем профит, ем и за самите компании кои што ќе ги водат и оддржуваат истите тие одмаралишта, ем и за власта и институциите.

    Ќе се прикаже една сосема друга, и пријателска слика за Македонија, каде што секој е добредојден.


И најважно од се, возачите ќе имаат повеќе места каде што ќе можат да се одморат. Со повеќе одморени возачи, значително ќе се зголеми безбедноста, и ќе се намалат сообраќајките предизвикани од премореност.

И исто така ќе имаат и МВР со што да се изнапофалат колку ефективни си се во својата работа.

Win - Win ситуација за секого.

Инвестиција испод 100 милиони евра, насекаде низ Македонија на важните патни правци. Па тогаш ќе видите каква разлика ќе има.

Секако не мора многу вакви одморалишта, нит па многу големи. За почеток може да се почне со нешто по - едноставно, па во иднина како ќе се развива овој план да се оди на поголемо.

Што викате за овој мој интересен предлог? Сакам да чујам мислења, ајде дискусија

EDIT:

Ми текна и за уште една идеја. Аква Паркови по патиштата. Ова го имам видено на неколку места во Србија, баш покрај автопатот А1 имаат на неколку места такви аква паркови, со кафичи, со ресторани, посебни клучки до самите вакви места. И вакво нешто би било корисно за Македонија, зо што ќе се зголеми интересот за посетеноста на вакви места и ќе ни ги направи и патиштата по - атрактивни.


Posted By: FiLo
Date Posted: 01-May-2022 at 21:07
2 км автопат не можат да направат (а треба 12) од Блаце до Скопје, косини на Миладиновци-Штип не средија и одрон 6 месеци не можат да исчистат, ивестиции од 100 милиони евра ќе направеле во одморалишта.

Помирете се со реалноста дека со патната инфраструктура ќе бидеме сеуште во Римско време.


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-May-2022 at 21:21
Убави примери и идеи но тешко дека би се реализирале вакви дури и поедноставни комбинации.
Има две места предвидени за одморишта на делницата Д.Капија-Смоквица кои веќе со години стојат празни,нешто почнаа и после Велес ама го забаталија.
Има доста нови бензински на Коридор 10 кои имаат доста големи паркинзи но без настрешници или било какви други погодности.
Инаку освен странски туристи кои претежно се транзит кон Грција во летните месеци другите делови од годината овој патен правец е со ептен слаба динамика(освен шлепери) се случува и по 10км да се пројдат без да наиде друго возило. Така да не верувам дека некој би се впуштил во таква инвестиција за градење комплекси како одморишта.
А исто така треба да се подобри и квалитетот на патиштата,Е 75 буквално се распаѓа целиот е дупки и крпеници.
По патиштата низ земјите што ги наведе едноставно има премногу возила и динамика(економија) во споредба со состојбата кај нас и сосем е оправдано да експериментираат со разни типови на одморишта кои се солидно посетени континуирано низ текот на целата година.

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window