Print Page | Close Window

Стар Аеродром

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3493
Printed Date: 10-Aug-2020 at 16:12


Topic: Стар Аеродром
Posted By: Cloverstack
Subject: Стар Аеродром
Date Posted: 23-Dec-2011 at 22:07
„Дабар“ гради осумкатница во „Стар Аеродром“, на улица Коста Новаковиќ:

41°59'10.06"N  21°27'25.69"E




Replies:
Posted By: N23
Date Posted: 01-Jun-2012 at 14:58
Аеродром, спроти црквата Св. Илија




-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 01-Jun-2012 at 15:01
  Ова е на местото на бараките? Што и најверојатно е... Со оглед на ова... може да очекуваме вакви објекти со овој габарит и висина во цела таа околина...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: N23
Date Posted: 02-Jun-2012 at 20:23
Таму е. Само далеку подобро ќе беше ако веднаш ги срушеа сите бараки во тој дел, а не вака, таман една ќе се изгради, друга ќе почне.

-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Block
Date Posted: 02-Jun-2012 at 22:23
Колку стана добија сопствениците на бараките?

Тој дел со бараките е најотпуштениот дел на Аеродром,сега со зградиве мислам дека безвезе ќе исипадне...


Posted By: gjoko
Date Posted: 02-Jun-2012 at 22:50
имам слушнато дека сопствениците на земјиштето во Скопје добиваат вкупно 25% од вкупната станбена површина


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 02-Jun-2012 at 23:50
Еден мој другар живее во тие бараки и причината зошто прво се гради таа зграда прва а другите бараки не се рушат е бидејќи за инвеститорот беше поевтино (а и за остатокот на жителите на тие бараки башка полесно) привремено да го плати сместувањето на луѓето на таа барака која беше срушена за градењето на оваа зграда во која ќе бидат сместени сите од баракаите за да може да ги сруши другите бараки за да ги изгради останатите планирани згради. Другар ми имаше среќа да не е во таа прва барака па од бараката ќе се преселува директно во зградата. Ќе го препрашам каков договор имаат со инвеститорот.


Posted By: N23
Date Posted: 03-Jun-2012 at 00:23
Originally posted by Block

Колку стана добија сопствениците на бараките?

Тој дел со бараките е најотпуштениот дел на Аеродром,сега со зградиве мислам дека безвезе ќе исипадне...


Безвезе е да се натрупуваат згради, тоа е точно, ама во овој дел беа потребни или згради, или некој парк, трговски или нешто слично. Ја за моите 20 и кусур години дали 10 пати се на се сум поминал од кај овие бараки и тие до нив. Ептен несредено, прљаво, калливо, немаат асфалт, темница, тесни пролази, голема веројатност некое животно да ти срипа од таму, а и имаше случаи коа се појавија змии кај бараките. Да беа подобро средени, со еден збор урбанизирани, ќе беше тоа убав дел, ама вакви какви што се, добро е што се рушат.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 04-Jun-2012 at 13:43
Прашав зградите во аеродром што треба да ги заменат бараките. Станарите од бараките каде првата зграда што е веќе во полуизградена состојба имаат направно договор да добијат три спрема едне во квадратура што имале претходно. додека другите имаат договор за два спрема еден квадратура од претходно, само изградбата на другите згради како и вообичаено кај нас малку се одолговлекува од страна по еден станар од бараките кои се прават „паметни“  и поставуваат дополнителни услови бидејќи не ги засега да добијат поголем простор за сметка на другите фамилии на кои ќе има се олесни животот кога би ја добиле таа дополнителна квадратура. Инаку дали таа квадратура што ќе ја добијат претходните станари во новата зграда ќе биде во форма на поголем стан или на два помали е нивне избор.


Posted By: Block
Date Posted: 05-Jun-2012 at 16:43
Originally posted by N23


Originally posted by Block

Колку стана добија сопствениците на бараките?

Тој дел со бараките е најотпуштениот дел на Аеродром,сега со зградиве мислам дека безвезе ќе исипадне...
Безвезе е да се натрупуваат згради, тоа е точно, ама во овој дел беа потребни или згради, или некој парк, трговски или нешто слично. Ја за моите 20 и кусур години дали 10 пати се на се сум поминал од кај овие бараки и тие до нив. Ептен несредено, прљаво, калливо, немаат асфалт, темница, тесни пролази, голема веројатност некое животно да ти срипа од таму, а и имаше случаи коа се појавија змии кај бараките. Да беа подобро средени, со еден збор урбанизирани, ќе беше тоа убав дел, ама вакви какви што се, добро е што се рушат.


Да,незнам зошто не се вложуваше во урбанизација на околината на бараките,сигурно сите овие години мислеле дека ќе бидат џабе фрлени пари ако после се руши

Има ли интерес за рушење и градба на сите бараки?мислам дали се планира после оваа да почне работа и на останатите?
сепак станува збор за доста бараки,голема површина,целиот тој дел скоро од Мичурин до поликлиниката е со бараки...ако се започне ова можеби да биде и поголем проект на станбено сместување и од оној со реонски центар...незнам колку Аеродром а и Скопје имаат потреба од уште еден таков капацитет.


Posted By: N23
Date Posted: 05-Apr-2013 at 13:58
Аеродром




-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Apr-2013 at 19:31


Имаш добар поглед на стар Аеродром, до каде се турците од Акчелик со подготовката на градилиштето и дали се активираше некое друго градилиште?


Posted By: N23
Date Posted: 07-Apr-2013 at 01:09
Originally posted by Cloverstack



Имаш добар поглед на стар Аеродром, до каде се турците од Акчелик со подготовката на градилиштето и дали се активираше некое друго градилиште?


Со оглед дека балконот не ми гледа на страната на која што Акчелик треба да гради, не сум во можност да видам дали има интензивни активности. Пред 10-тина дена кога од таму поминав немаше нешто посебно за забележување.
Од друга страна се спрема терен за ново градилиште, а истото можеш да го видиш во последната слика која ја објавив во нишката за запрежни коли. Се рушат две бараки.
Иначе при крај е една од зградите кај поранешната продавница на Охис, во близина на објектот на Јеховините сведоци, додека сосема солидно тераат и зградите кои се градат на земјиштето од поранешната касарна.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: daci92
Date Posted: 07-Apr-2013 at 10:49
Пред некој ден поминав до базенот бисер и видов дека никнала огромна зграда одма до базенот ,односно во дел од дворот на поранешната касарна, штета не сликав ,но бев во брзање


Posted By: NG
Date Posted: 08-Apr-2013 at 14:08
Акчелик тргнаа да рушат да го подготвуваат теренот, срушија, ги однесоа станарите под кирија бидејќи очекуваа дека за некој ден ке го добијат одобрението од општината што го чекаат веќе 2 години, и пак стопираа ради чекањето, веќе месец и пол се чека, наводно за 2-3 недели треба да продолжи пак за да почнат да копаат.

Инаку веднаш до куливе (тоа би било во обратна насока од сликава горе) веќе почнаа да се рушат други две бараки еднокатни, со поглед кон лесковачата, одма на Руди Чајевац, некој инфо ако има нека постира


Posted By: alexandra
Date Posted: 11-Apr-2013 at 16:00
Да не знае некој што ќе градат на Теодосије Гологанов, пред црвените ниски зградички, до Зипинг зградите? Во моментов копаат одма до терасите а на ДУП-от не можам да најдам што е планирано.


Posted By: 46&2
Date Posted: 19-Apr-2013 at 20:53

НОВИ ОБЈЕКТИ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

http://www.adora.com.mk/adora-vesti.html - Назад на вести

Нови два елитни станбено-деловни објекти „Адора Инженеринг“ ќе започне да гради на атрактивна локација во срцето на модерната општина Аеродром, Скопје, на просторот кај старите воени бараки. Локацијата е во близина на Железничката и Автобуска станица во Скопје, булеварите Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански, кај црквата Свети Илија, близу до здравствената поликлиника Јане Сандански, Основното училиште Блаже Конески, детска градинка, трговски центри, банки и други институции. Во двата објекти, кои ќе бидат на девет ката, ќе има по 100 елитни станови со површина од 32 до 83 м2, деловни простории на приземјето и модерни паркиралишта на три нивоа, од кои две ќе бидат подземни.

Локацијата во Општина Аеродром-Скопје каде Адора ќе ги гради новите објекти


Старите воени бараки, на чие место ќе се градат новите станбени објекти

Извршените стручни геомеханички испитувања со длабинско дупчење на тлото, покажаа дека теренот е изразено стабилен, што за идните станари е гаранција дека градбата ќе биде асеизмичка, безбедна и црвста. По подготвување и организација на просторот за градба, наскоро треба да започне изградбата на објектите. Двете елитни нови станбено-деловни згради, „Адора Инженеринг“ ќе ги изгради според најновите светски стандарди, тие ќе бидат сигурни, со темелна плоча од 120 см, со стабилна и цврста армирано бетонска конструкција, висококвалитетни енергетски ефикасни материјали и висок степен на хидро и термоизолација, со вградување на 10 цм стиропор во надорешната фасада. Овие енергетски ефикасни станбени објекти на станарите ќе им озовможат квалитетно домување, со долгорочна заштеда на енергија и пари. Новите елитни објекти ќе бидат со интересна архитектура и функционални решенија на станбените единици, со уредена и хортикултурно оплеменета околина за модерно урбано живеење и релаксација на станарите.

Се подготвува теренот за изградба на два нови објекти на Адора во Општина Аеродром


Старите воени бараки во Општина Аеродром-Скопје, локација за новите објекти


Просторот за изградба на новите станбени објекти на Адора Инженеринг во Аеродром-Скопје


http://www.adora.com.mk/vest-15.html - http://www.adora.com.mk/vest-15.html


-------------
I use public toilets and I piss on the seat.


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Nov-2013 at 20:13
Еве понова слика



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Nov-2013 at 16:15






-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Nov-2013 at 16:16




-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Nov-2013 at 16:16
зградата на Адора, спроти црквата Свети Илија во Аеродром



-------------
За сè има вторпат


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Nov-2013 at 17:22
Значи секој месец по некоја барака снемува... Јас се чудам и прашувам што ќе биде кога на сите овие локации ќе се изградат згради... Тоа е цела нова населба... Ќе биде предизвик за инфраструктурата и сообраќајот но и за целокупниот живот во општината... минимум 10 000 жители нови ако не и повеќе...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Dexter26
Date Posted: 14-Nov-2013 at 19:25
Originally posted by FoSsiL

Значи секој месец по некоја барака снемува... Јас се чудам и прашувам што ќе биде кога на сите овие локации ќе се изградат згради... Тоа е цела нова населба... Ќе биде предизвик за инфраструктурата и сообраќајот но и за целокупниот живот во општината... минимум 10 000 жители нови ако не и повеќе...

 
Е де, не мораш толку многу да се секираш, најголемите градежни зафати во општина Аеродром не се случуваат во населба Аеродром.
 
Твојот мил и сакан Аеродром ќе остане најубавата и најмодерната населба во Македонија. Big%20smile


Posted By: daci92
Date Posted: 14-Nov-2013 at 19:42
Токму спротивното Декстер, поголемите зафати се случуваат во Реонски Центар Аеродром ,Станбена Населба Лисиче, Стар Аеродром и населба Аеродром ,а он живее во Јане Сандански, а во моментов таму не се случува скоро ништо освен Спортските сали, Хотелот Дабл Трее и Капитол Мол.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 14-Nov-2013 at 20:38
Previous
 
Благодарам Даци, или Дац, сега многу работи ми станаа јасни околу огромната љубов на Фосилот кон неговата населба.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Nov-2013 at 21:23
Значи... Кога мислам на Аеродром мислам на о. Аеродром... А тоа што луѓе не се разбираат во поделеноста и именувањето на населбите во Аеродром, тоа е друга работа... Најчесто Јане Сандански го поистуветуваат со Аеродром, и со причина... дека е срцето на Аеродром... но всушност тоа не е Аеродром... Аеродром е делот кај Бисер и Облакодерите... а Стар Аеродром пак е ова кај бараките, Кулите и црвените згради...

Just to make things clear...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Nov-2013 at 00:00

Овој проект на „Голден Арт“ можеме да го следиме и на фејсбук:

https://www.facebook.com/GoldenArtMKD - https://www.facebook.com/GoldenArtMKD


Originally posted by Џоле




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Apr-2014 at 00:08

Уште една нова зграда почна да се гради кај бараките во Стар Аеродром.

Точна локација:
41°59'9.60"N  21°27'22.74"E



1


2



Posted By: Џоле
Date Posted: 28-May-2014 at 17:54
https://flic.kr/p/nLSvSN"> https://flic.kr/p/nLSvSN - DSC03786 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/nur6oX"> https://flic.kr/p/nur6oX - DSC03787 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/nLK3dG"> https://flic.kr/p/nLK3dG - DSC03790 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/nLSvzd"> https://flic.kr/p/nLSvzd - DSC03789 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/nuqwWy"> https://flic.kr/p/nuqwWy - DSC03791 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: N23
Date Posted: 29-Jun-2014 at 16:42
Полека почнаа да рушат уште две бараки, така да се на се останати се уште десетина се на се од овој дел. Колку и да сум за рушење на баракиве, ипак се дозволи преголема висина на зградите.






-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Dexter26
Date Posted: 29-Jun-2014 at 17:32
Previous
 
Освен ако грешам, ова е на улица Владимир Комаров.
 
А сигурен сум дека не грешам, често имам поминувано таму.
 
Сака некој уште сега да почнеме да типуваме колку од ова зеленилово ќе остане откако на оваа локација ќе изникнат станбени објекти ?


Posted By: pfc
Date Posted: 29-Jun-2014 at 17:43
Ова е точно позади Тобако 2 населба стар Аеродром не сум баш најсигурен дека се водат на Владимир Комаров


Posted By: Roops
Date Posted: 29-Jun-2014 at 17:48
Абе види,нема ништо лошо во тоа да ги тргнат бараките,и гаражите низ цело СК не само во Аеродром,само проблем е ако ги исечат дрвјава за да градат уште згради.


Posted By: N23
Date Posted: 29-Jun-2014 at 19:33
Улицата е Руди Чајавец. Иначе дел од дрвата кај другите бараки ги преживеаа зградите, не е проблем да се рушат истите пошто не беа средени и делуваа као фавели у однос на другиот дел од Аеродром. Најголем проблем е катноста на објектите, овде не смееше да се дозволи п+5+п, освен ете таа зграда што сакаат порта да биде. Да не бидам као постарине, сеа дека ќе ми го заградат видикот према цело Скопје, али реално претерано големи објекти за овој дел од Аеродром. За 2-3 години ќе мора да размислуваат за проширување на улицата.

-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Dexter26
Date Posted: 29-Jun-2014 at 19:38
Originally posted by pfc

Ова е точно позади Тобако 2 населба стар Аеродром не сум баш најсигурен дека се водат на Владимир Комаров

 
Па да, кон нив само се пристапува од Владимир Комаров, па затоа спомнав дека се на улица Владимир Комаров бидејќи од таму имам поминувано кон тие бараки.
 
Сигурно се водат на друга улица.
 
Инаку, станува збор за оваа конкретна локација.
 
41.987282, 21.454893


Posted By: daci92
Date Posted: 30-Jun-2014 at 00:23
Dexter26  Владимир Комаров е 400-500 метри подоле од оваа локација, пристапот на оваа локација е од Фрањо Круз (на втората слика) и Коста Новаковиќ (на првата) , Коста Новаковиќ може да се пристапи преку Владимир Комаров, Трета Македонска бригада и Руди Чајавец.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Aug-2014 at 18:51
Десно се гледа објектот што го гради Офис Ком близу поликлиниката Јане Сандански:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=52&PID=171377#171377 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=52&PID=171377#171377


Лево е еден од оние безброј еднолични клонови кои ги гради Адора, и кои ги обединува идентичен изглед и идентично помпезно име „Елитен станбен комплекс“, кое можам да го сфатам само како добар хумор.




Posted By: stratus
Date Posted: 15-Aug-2014 at 19:37
Не гледам воопшто ништо лошо во едноличност на објектите на Адора. Сто пати е подобро сите да се исти на ниво на кварт, да делуваат како комплекс отколку шаренило, на кој како му текнало. Луѓе што купиле стан во зграда на Адора се задоволни од квалитетот, пополека оваа фирма станува вистински бренд.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Aug-2014 at 21:33


Го делам твоето мислење дека во рамките на еден однапред испланиран станбен кварт не е убаво да гради кој како ќе му текне. Мене друга ми беше поентата... Кога реков дека градат само клонови, зборував за фактот дека Адора секаде ја гради такаречи истава зграда: на бројни локации во Скопје, а и во Охрид и во Струмица теркот им беше овој истиов... Досега ја клонираа зградава веројатно над 30 пати, а никаде не е цел униформен станбен кварт на Адора. И којзне уште колку пати планираат да ја клонираат. На ваквата монотоност каква што демонстрира Адора може да им позавиди и СССР од 1950-тите. Адора е доволно голема фирма, со завидни профити за македонски услови, за да може со своите проекти да остави далеку подобар впечаток и да придонесе градовите да ни бидат поубави. Велиш Адора стануваат вистински бренд... се согласувам дека градат бренд, ама воопшто не сум убеден дека е позитивен.

Што се однесува до квалитетот на градбите на Адора, за нив слушам различни мислења, сепак далеку повеќе негативни отколку позитивни (негативните повеќе се однесуваат на квалитетот на изведбата отколку на квалитетот на материјалите). Но повторно не сме се разбрале - кога коментирав за „Елитен станбен комплекс“ не ми беше поентата да навлегувам во квалитетот на градбата, бидејќи јас лично немам доволно релевантни информации за да дадам точна и одговорна оценка, туку поентата ми беше дека е смешно што тоа име генерички им го даваат на сите нивни згради. Што е тоа толку „елитно“ во оваа зграда? Мене ваквата помпезност и арогантнција која доаѓа од Адора ми делува прилично невкусно и нивните рекламни кампањи и промоции кај мене предизвикуваат контра-ефект. Ама тоа сум јас, а различни луѓе различно реагираат... Ако некој, водејќи се од желбата да живее во елитен станбен комплекс, навистина купи стан во зградава, и притоа се убеди себеси дека таквиот епитет е точен и вистинит, нека му е со среќа


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Nov-2014 at 15:04
Од мојата денешна тура низ Аеродром...

https://flic.kr/p/q1XrJ9"> https://flic.kr/p/q1XrJ9 - DSC06308 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/q1XuHW"> https://flic.kr/p/q1XuHW - DSC06309 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/pLFT2R"> https://flic.kr/p/pLFT2R - DSC06310 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/pLFSYp"> https://flic.kr/p/pLFSYp - DSC06311 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/q43RUk"> https://flic.kr/p/q43RUk - DSC06317 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/pLEApA"> https://flic.kr/p/pLEApA - DSC06318 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/p7gtuU"> https://flic.kr/p/p7gtuU - DSC06315 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Nov-2014 at 15:07
https://flic.kr/p/pLHzBj"> https://flic.kr/p/pLHzBj - DSC06337 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/pLFRct"> https://flic.kr/p/pLFRct - DSC06341 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/q4bTW7"> https://flic.kr/p/q4bTW7 - DSC06339 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr



-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 28-Nov-2014 at 01:19




Свечено отворен новоизградениот објект на „Голден Арт“ во Аеродром

Со свечен коктел и огномет, вчера вечер беше отворен новиот станбено – деловен објект на градежната компанија „Голден Арт“ во скопската населба Стар Аеродром [»мапа]. На десет надземни нивоа и пет подземни полунивоа со бруто површина од 10.500 метри квадратни, распоредени се 117 станови, три деловни простори и подземен гаражен простор. Проектот претставува прва сопствена инвестиција на оваа компанија во македонскиот сектор на недвижности и истата беше целосно комплетирана во временски период од една година. Зданието ги исполни мерките за енергетска ефикасност и се здоби со високата класа „А“ за заштеда на топлинска енергија (под 25 kWh за загревање на метар квадратен на годишно ниво), со која станарите ќе плаќаат од 5 до 6 пати помали сметки за греење во споредба со постарите згради во Скопје.

Покрај овој реализиран проект, компанијата „Голден Арт“ со сопствени средства во моментов гради уште една станбена зграда во општина Аеродром. Од нејзиното формирање во 2005 година до денес, „Голден Арт“ била вклучена во изведбата на десетици објекти, лоцирани во Македонија и во земјите од соседството.

http://www.build.mk/?p=41186 - http://www.build.mk/?p=41186


Posted By: jyvation
Date Posted: 28-Nov-2014 at 01:24

Добар поглед нудат






goldenart.mk


Posted By: fichot
Date Posted: 28-Nov-2014 at 02:02
А бараките од двете страни (или трите, ако ги сметаме и тие преку улица) нема ли истотака да прераснат во вакви згради? Слабо поглед сетне, но добро, локацијата е фина.


Posted By: N23
Date Posted: 28-Nov-2014 at 03:33
Овде добар поглед веќе никој не нуди, нарочито не оваа зграда која и од напред ќе биде покриена со друга зграда, у дуп-от стои да се направи зграда у форма на П, да биде као некоја порта. Веќе ни од високите згради одма до оваа нема никаков поглед. Бев за да се срушат бараките, али се претера со габаритот на зградиве и нивната катност. Поише од п+6+п не требаше да се дозволи.

-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Dec-2014 at 10:35
Голден Арт, Стар Аеродром

Имаме постирано фотки од зградава во повеќе наврати, ама досега мислам беа само од надвор.

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11



Posted By: alexsend
Date Posted: 22-Dec-2014 at 16:13
Интересен објект. Знае некој цена за квадрат како и дали се купува паркинг или е бесплатен?


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Feb-2015 at 15:28
Една од зградите на Настел кај Воен базен...

https://flic.kr/p/qbkNL9"> https://flic.kr/p/qbkNL9 - DSC07099 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kiriOK
Date Posted: 10-Feb-2015 at 15:57
Гето,вистинска бетонска џунгла.
Во целиов овој дел на Аеродром не требаше да се дозволува повеќе од 6 ката.
На страна што нема никаков меѓупростор помеѓу зградите.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Feb-2015 at 22:50
Originally posted by kiriOK

Гето,вистинска бетонска џунгла.
Во целиов овој дел на Аеродром не требаше да се дозволува повеќе од од 6 ката.
На страна што нема никаков меѓупростор помеѓу зградите.

Се согласувам, со тоа што според мене вистинскиот проблем е второто (растојанието помеѓу зградите).


Posted By: Џоле
Date Posted: 31-Mar-2015 at 17:27
Аеродром, двете згради на Голден Арт



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 31-Mar-2015 at 17:28
И оваа е од Аеродром, во близина на црквата Свети Илија.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: gjoko
Date Posted: 31-Mar-2015 at 17:45
Овие не се згради туку ПАЛАНКИ-прилепска,кратовска,штипска.....


Posted By: N23
Date Posted: 13-Apr-2015 at 15:56
Ред се редат згради...




-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Svarog
Date Posted: 13-Apr-2015 at 17:03
Каде е ова? Аеродром!?


Posted By: kiriOK
Date Posted: 13-Apr-2015 at 17:57
Ги жалам тие што ќе купат стан од страна на другата зграда.


Posted By: daci92
Date Posted: 13-Apr-2015 at 18:19
Да Сварог во Аеродром ,позади зградата на Голден Арт. Инаку Адора ги поседува веќе сите овие бараки и кај сите има план да гради ,а и пред зградата на Голден Арт ќе никне зграда на Адора, тие го имаат откупено земјиштето.


Posted By: Svarog
Date Posted: 13-Apr-2015 at 21:37
Добро, а има нешто што Адора не поседува во Аеродром?


Posted By: gjoko
Date Posted: 13-Apr-2015 at 23:43
Да,градоначалникот неможат да го купат за ниедни пари.Нема чоекот точка на топење


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Apr-2015 at 17:17
Во Адорадром











-------------
За сè има вторпат


Posted By: fichot
Date Posted: 28-Apr-2015 at 20:02
Колку се грди и еднолични зградиве низ Аеродром то чудо едно. Па оние од комунизмот се ремек-дела во споредба со овие новиве.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Apr-2015 at 20:07
Ах какви кокошарници. Ај средната класа сака стан „оти недвижнини ти е сигурна инвестиција“, ама луѓе кои имаат купишта пари и сепак купуваат стан во вакво место?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Apr-2015 at 00:38
Originally posted by fichot

Колку се грди и еднолични зградиве низ Аеродром то чудо едно. Па оние од комунизмот се ремек-дела во споредба со овие новиве.
ова го сметам за особено иронично коа збориме за „комуњарско Скопје“ и жалосно е што плитките умови на денешницава не го сфаќаат тоа
насекаде се градат безлични кокошарници и мизерни деловни „дилајла“ лименки во огромни броеви, на најкобни локации, меѓу кои и самото централно подрачје, ама битно совеста на некои луѓе ќе биде чиста откако ќе се смени фасадата на секој објект во мал ринг, и секое најмало чисто ќоше ќе се пополни со масивен објект кој личи дека ќе се струполи врз околината, под исговор дека тоа е враќање кон некогашно европско барокно Скопје на кое му е нанесена голема неправда, и дека сега ќе биде уште поевропско...


...битно се гради...

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Kid_A
Date Posted: 29-Apr-2015 at 02:58
Колку е интелегентен народот толку ќе се интелегентни и политичарите, а и квалитетот на државата. Тука нема голема филозофија. Се е во интелегенцијата и генетиката на еден народ. Врз тоа се темели квалитетот на едно општество и заедница.

Овие нови згради за 30-тина години ќе изгледаат исто како што изгледаат комунистичките згради денес.


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Apr-2015 at 08:33
Originally posted by Kid_A

Колку е интелегентен народот толку ќе се интелегентни и политичарите, а и квалитетот на државата. Тука нема голема филозофија. Се е во интелегенцијата и генетиката на еден народ. Врз тоа се темели квалитетот на едно општество и заедница.

Овие нови згради за 30-тина години ќе изгледаат исто како што изгледаат комунистичките згради денес.


Не им давам ни 10 години. Само временските услови за тој период ќе ги упропастат, а да не зборуваме за сите заградувања на балконите, доградби, надградби и останати човечки интервенции.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: N23
Date Posted: 29-Apr-2015 at 14:21
Ааа Џоле ексклузивитетот ми го зема за зградиве кај мене у маало


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: fichot
Date Posted: 17-May-2015 at 10:18


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Aug-2015 at 09:22
Адорадром







фото: adora.com.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kiriOK
Date Posted: 17-Aug-2015 at 19:55
На местото на бараките во Стар Аеродром
Инаку улицава има планови да ја прошируваат и слично?









Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Aug-2015 at 23:07
Ќе ја прошируваат, имаше вест за тоа од пред некој месец.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Aug-2015 at 07:53
Голден Арт, нас. Аеродром



-------------
За сè има вторпат


Posted By: fichot
Date Posted: 20-Aug-2015 at 09:06
Симпатично изгледа (земен просекот в предвид). Уште да им текне решетките горе да ги облагородат со лоза или некој друг пузавец (па нека се шири и по кровот).


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 03-Oct-2015 at 10:22
Стар Аеродром. Колку што разбрав од форумиве, новиве згради имаат, односно немаат никаква изолација.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Petar Skopje
Date Posted: 03-Oct-2015 at 10:37
Не сум воопшто изненаден.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 03-Oct-2015 at 16:58
Ова се знаеше уште пред да се изградат...
Македонски приватни инвеститори се пандан на македонскиот капиталистички модел,се поминува во име на поголема заработувачка.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 03-Oct-2015 at 17:24
Затоа и зјаат празни. Ако продолжи вака, урбанистичкиве катастрофи ќе бидат раселени и се надевам срушени.
А, каква е статиката на овие згради? Пропорционално со неквалитетна изолација, претпоставувам дека и се' останато е неквалитетно?


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Oct-2015 at 17:38
Истава компанија гради и две други згради, во близина на гореспоменатата.Едната е речиси завршена (фотографијава е постара, а другата ѕирка зад неа)...



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Nov-2015 at 17:25
Елена Лука Хоум, нас. Аеродром



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Feb-2016 at 22:22
Во Аеродром



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 28-Feb-2016 at 22:53
И Аеродром го уништија

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: kiriOK
Date Posted: 29-Feb-2016 at 01:34
Originally posted by Staro Skopje

И Аеродром го уништија


Стар Аеродром,да.
Во Нов Аеродром ако исклучиме Реонски Центар и станбениот дел на Лисиче,мислам дека нема да можат да спроведат нешто слично.


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Feb-2016 at 04:23
Originally posted by kiriOK

Originally posted by Staro Skopje

И Аеродром го уништија


Стар Аеродром,да.
Во Нов Аеродром ако исклучиме Реонски Центар и станбениот дел на Лисиче,мислам дека нема да можат да спроведат нешто слично.
не ги предизвикувај ќе те молам

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Apr-2016 at 09:38
Адора во нас. Аеродром



Голден Арт



фотографиите се преземени од нивните интернет страници

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Apr-2016 at 18:26
Mnogu preteraa so zgradive i so broj na zgradi i so katnosta,naokolu so meseci e raskopano,sea gleam pravat zgrada vednas do onaa Elena luka sto neodamna bese gotova. I mnogu e loso toa sto zgradive se dosta blisku edna do druga. Ubavo ke bese dabar da ne gradi nisto pred onaa zgrada na golden art posto mnogu i go skratuva pogledot. Neznam kolkav e interesot i kako odi prodazbata na stanovi ama ako prodolzat vaka cela provincija ke ja donesat vo Skopje.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 17-Apr-2016 at 19:27
Некогаш плански и опуштени населби со атмосфера,сега веќе хаотични гета.

Добар дел од Карпош 2



Добар дел од Карпош 1



Мичурин



Стар Аеродром





Следни на листата: Острово,значаен дел на Карпош 4...

Драго ми е што уште не се намерачиле на населби како Карпош 3.
А Тавталиџе,Козле,Влае,Црниче,Капиштец и добар дел од Водно не им даваат простор на штетниците дури и да сакаат.


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Apr-2016 at 19:37
Micurin ima se pogolem problem so parkiranje i ako napraat uste nekoja zgrada haosot ke dozivee maksimum,osobeno ul. Simeon kavrakirov.
Neznam sto ke se prai??


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Apr-2016 at 01:55
на листата може да се додадат и Расадник, Реонски, Лисиче, а мора да не ги забораваме и Чаир и Бутел, каде се градат монструми, во споредба со кои зградичкиве на Адора и компанија се гола вода

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Jun-2016 at 12:26
Еве фотки од новите згради во Стар Аеродром,поголем дел од улицата е конечно асфалтиран и на оваа улица има уште три-четири згради кои не се довршени,меѓутоа има наоколу уште бараки кои верувам дека наскоро ќе бидат срушени.



Posted By: N23
Date Posted: 08-Sep-2016 at 20:11
од масакрирањето на дром






-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: kultuzin
Date Posted: 08-Sep-2016 at 20:12
Стварно коректно направено за разлика од оние конзервите на Андора и Настел.


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Sep-2016 at 01:39
Originally posted by kultuzin

Стварно коректно направено за разлика од оние конзервите на Андора и Настел.
повеќе од пола од зградиве се на Адора, дури го имаш и логото на првата слика на еден од објектите

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Kid_A
Date Posted: 09-Sep-2016 at 21:34
Што повеќе конзерви во Скопје тоа значи се поголемо демографско празнење на остатокот на Македонија. Плус, гетоизирање на Македонците во 4-5 населби низ Скопје, а отворање и на голема можност Македонците од доминантно албанско/турските населби низ Скопје да се преселат во новите македонски гета, затоа што новоизградените згради им го овозможуваат тоа. Ете тоа е демографска политика на Македонија. Катастрофа! Прашајте кој млад брачен пар од македонска националност купил куќа/стан во Чаир или Гази Баба последните 10 години, па ќе ви биде јасно што зборувам.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 09-Sep-2016 at 22:14
Originally posted by zabegan

Originally posted by kultuzin

Стварно коректно направено за разлика од оние конзервите на Андора и Настел.
повеќе од пола од зградиве се на Адора, дури го имаш и логото на првата слика на еден од објектите


Zboruvam za zgradata vo Momin Potok a ne kokosarnicite pod nea.


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Oct-2016 at 16:00
Во Мичурин.Претпоставувам дека е нешто станбено.Ќе гледам ако можам деновиве од поблиску да сликнам.


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Oct-2016 at 16:30
Ми се чини дека зградава е во Аеродром, кај Тобако:



-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Dec-2016 at 16:09
Фасадата е веќе целосно завршена.


Posted By: N23
Date Posted: 14-Dec-2016 at 18:45
Аеродром




-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Jan-2017 at 23:02
Аеродром - безлично, неинвентивно, грозно... фотките се преземени од нивната фејсбук страница.





-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Feb-2017 at 15:32
Во Аеродром


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Feb-2017 at 14:37
Аеродром




Print Page | Close Window