Print Page | Close Window

Автопат Скопје - Блаце

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3508
Printed Date: 15-Oct-2019 at 00:20


Topic: Автопат Скопје - Блаце
Posted By: Џоле
Subject: Автопат Скопје - Блаце
Date Posted: 05-Mar-2018 at 20:17
Завршен проектот за изградба на автопатот Скопје – Блаце

Проектот за изградба на автопатот Скопје – Блаце во должина од 13 километри е завршен и во моментов е на ревизија, информираше вицепремиерот Кочо Анѓушев. Според него, оваа делница која што ги поврзува Македонија и Косово ќе биде главен приоритет во наредниот период и ќе работат на обезбедување на финансиска конструкција за да почне изградбата.

„63 милиони евра е неговата вредност и тоа е една од инфраструктурните и приоритетни проекти на Владата, бидејќи со Косово, Македонија има значителна трговска размена и срамота е во 21 век дистанца од 90 километри да ја возите два часа. На косовска страна знаеме дека властите и институциите се при крај со автопатот. Македонија ќе биде посветена да таа делница од 13 километри да се направи што побрзо. Немаше техничка документација. Техничката документација е веќе завршена. Ревизијата е во тек и парите ќе бидат одредени и детерминирани како приоритет“, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер на Владата.

http://www.alsat-m.tv/mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF/ - http://www.alsat-m.tv/mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF/

-------------
За сè има вторпат



Replies:
Posted By: Влатко
Date Posted: 06-Mar-2018 at 13:22
Дали изградбата на автопатот ќе биде синхронизирана со спојката со експресниот пат и клучката која е предвидена кај касарната Илинден?


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 06-Mar-2018 at 14:59
13km е од обиколница до граница. Треба паралелно да се работи и на некое решение до Момин поток, во спротивно мал ќе биде ефектот.


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Mar-2018 at 17:58


Апсолутно се согласувам, моментално улицата „Јадранска магистрала“ е жив срам за Скопје, а сега, по снегот, има многу новоотворени дупки и возењето по неа е небезбедно.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: BOJAN
Date Posted: 06-Mar-2018 at 18:16
Лесно е да се каже да се најде солуција за делот од обиколницата до хотелот Александар Палас, но тоа во моментов е речиси неизводливо. И од лева и од десна страна се дозволи да се изгради индустриската зона Визбегово. Некаде ќе треба да се рушат паркинзи, ѕидови на објекти, па дури и сами објекти на приватни сопственици за да изгради ваквата траса. Можеби треба да се размислува за обнова на асфалтот на оваа траса, со евентуално уште една лента плус за излез од Скопје кон Блаце. На влезот во Скопје, возачите ќе ја имаат обиколницата како избор за да стигнат до било кој дел на градот.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 06-Mar-2018 at 21:45

Веројатно ќе треба доста експропријација, нешто слично како со Првомајска, но мислам дека има доволно простор да се изведе барем некое 2х2 решение со минимални тротоари, без зеленило на целиот потег.


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Mar-2018 at 09:59
Нема потреба од зеленило, а тротоар може и само од едната страна + велосипедска патека (тука често возат велосипеди по коловозот, а тоа е навистина опасно). И осветлување да се стави, навечер е темно и непрегледно.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 07-Mar-2018 at 12:45
Мислам дека има простор за 2+2 ленти, мал тротоар од едната и тротоар со велосипедска патека од другата страна. Ваквото решение на бул. Борис Трајковски е широко околу 21.2 метри, додека најтесниот дел на Качанички пат е широк околу 13 метри, а има простор за проширување и од двете страни. Всушност, http://www.alsat-m.tv/mk/%D0%B1%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%83%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%BE%D0%BD%D0%B0-%D0%B2/ - и самите бизнисмени го бараат ова : „Бизнисмените од индустриската зона Визбегово старите проблеми ги кажаа и на новата власт. Побараа Владата да разграничи во чија надлежност е овој дел од градот, со што би се олесниле процедурите околу трошоците кои овие инвеститори ги имаат при градење на нови објекти. Бараат булеварско решение за главниот пат кои минува низ оваа индустриска зона како и поврзување со автопатот кон Косово.“

Би било добро тука да се изгради и IKEA.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Влатко
Date Posted: 07-Mar-2018 at 13:00
По мое мислење во 90 отсто од трасата не би требало да има никаков проблем со проширувањето. Во 10 тина отсто можеби ќе се јави потреба од експропријација и евентуално рушење на некоја ограда. Во спротивно што ќе ни е автопат од Блаце до обиколница кога мал процент на возила ќе ја користат обиколницата. Сепак, најголемиот дел од возилата кои доаѓаат од правец на Блаце продолжуваат право кон Визбегово/Јадранска Магистрала а чинам дека и надвозникот кој е предвиден кај касарната Илинден затоа е и наменет, тој експресен пат од обиколница до касарна Илинден да не е попречен туку возилата слободно да продолжуваат кон пластичарска.

Јас, сепак како жител на Визбегово, освен подобриот проток на сообраќај, во целава работа најбитно ми е да се направат тротоари и вело-патека. Следејќи ги активностите на Општина Бутел и скорешното расчистување на околината околу аквадуктот и најавата дека ќе направат пешачка и вело-патека на кејот на река Серава т.е. ќе ја доуредат регулацијата на реката и вело-патеката ќе се поврзе со онаа на Вардар од левата страна во непосредна близина на планираниот надвозник кај касарната, го гледам како најсветла точка бидејќи за да стигнам со велосипед или со пешачење до градскиот парк е еднакво на самоубиство. Доколку и просторот кај аквадуктот се уреди како парк, тука ќе никне едно многу добро катче за Скопје коешто сега практично е зона на самрак.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Mar-2018 at 13:21
Не гледам зошто не би се заобиколила цела индустриска зона од западна страна, а сегашниот пат да биде сервисен. Има место западно од зоната да се гради автопатот, и ниви се, ваљда нема да оди многу на експропријација.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Влатко
Date Posted: 07-Mar-2018 at 13:29
Originally posted by FoSsiL

Не гледам зошто не би се заобиколила цела индустриска зона од западна страна, а сегашниот пат да биде сервисен. Има место западно од зоната да се гради автопатот, и ниви се, ваљда нема да оди многу на експропријација.


Колку што знам, нели треба Словенечка да продолжи во тој западен правец како булевар Црна Гора или слично така што пак ќе дојде до некој пресек иако како опција би било одлично доколку има можност да излезе директно кај раскрсницата кај Хубо маркет.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Mar-2018 at 13:49
Не не, Словенија ќе си продолжи накај Бардовци и после Ѓорче ќе се поврзе со Црна Гора.... Јас зборувам за паралелен автопат на Јадранска магистрала, западно од индустриската зона, едноставно да ја заобиколи.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Влатко
Date Posted: 07-Mar-2018 at 14:29
Originally posted by FoSsiL

Не не, Словенија ќе си продолжи накај Бардовци и после Ѓорче ќе се поврзе со Црна Гора.... Јас зборувам за паралелен автопат на Јадранска магистрала, западно од индустриската зона, едноставно да ја заобиколи.


Точно тоа ти велам........дека пак ќе се пресекуваат двата правци - Словенечка кон Ѓорче и евентуалниов твој пример. Но колку што знам, во потегот југо-западно од индустриската зона Делта (Визбегово) кон локалитетот Скупи се планира некоја станбена населба така што повторно експресен пат не би дошол во предвид.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 08-Mar-2018 at 06:45
Тука на ум мора да се стави и највениот нов мост преку Вардар према зајчев рид и како тоа добро би се поврзало со пат во близина на бардовци а западно од јадранската магистрала.


Posted By: Dukac
Date Posted: 08-Mar-2018 at 11:49
Здраво форумци, јас ја имам трасата во dwg формат и би сакал некако да ја постирам овде, но не знам како. Долго сум на форумот но ретко постирам и коментирам, па молам за инструкции или начин како да го сторам истото.


Posted By: Влатко
Date Posted: 08-Mar-2018 at 13:29
Originally posted by Dukac

Здраво форумци, јас ја имам трасата во dwg формат и би сакал некако да ја постирам овде, но не знам како. Долго сум на форумот но ретко постирам и коментирам, па молам за инструкции или начин како да го сторам истото.


дали можеш да ја конвертираш како пдф документ или пак јпг слика?


Posted By: Dukac
Date Posted: 08-Mar-2018 at 13:31
Направив printscreen-ови во jpg формат, само не знам како да ги закачам.


Posted By: Влатко
Date Posted: 08-Mar-2018 at 13:41
Испрати ми ги на vlatkotrajan@gmail.com


Posted By: Влатко
Date Posted: 09-Mar-2018 at 12:51
Скриншотови од @Dukac, доколку имаш нешто за појаснување околу нив, пиши

http://s553.photobucket.com/user/vlatko_baba/media/Screenshot_1_zpsscbso2i3.jpg.html">

http://s553.photobucket.com/user/vlatko_baba/media/Screenshot_2_zpskpsetgca.jpg.html">

http://s553.photobucket.com/user/vlatko_baba/media/Screenshot_3_zpstlymkqk5.jpg.html">


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Mar-2018 at 16:14




Сега сум уште повеќе збунет Big%20smile

Гледам нов автопат западно од индустриската зона Визбегово, без клучка со обиколницата. И гледам автопат или булевар по сегашната траса низ индустриската зона, којшто кон север преминува во обичен пат со еден коловоз и таков се спојува со новиот автопат кон Косово.

Се прашувам и како новиов автопат точно се поврзува со постојната градска сообрќајна мрежа. 

@ Dukac
За друг пат упатство за постирање слики:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=181 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=181

Thumbs%20Up




Posted By: alexsend
Date Posted: 09-Mar-2018 at 17:03
Личи како автопатот да е на нова трада која оди паралелно со индустриската зона на качанички што е одлично!
А ќе се спои со новиот дел од бул Словенија некаде над новиот клинички центар.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Mar-2018 at 17:14
Originally posted by alexsend


А ќе се спои со новиот дел од бул Словенија некаде над новиот клинички центар.


Неспорно.

Но ваљда треба да продолжи и надолу накај Момин поток, таму некако убаво да се слее со градската мрежа. Ако автопатот завршува со спојка со бул. Словенија ќе биде катастрофа. Доста ни се такви пресечени коридори низ Скопје, како Партизанска кај Тифани, а во случајов би било уште полошо затоа што се работи за автопат.




Posted By: alexsend
Date Posted: 09-Mar-2018 at 18:05
Најубаво да оди на новиот сообраќаен мост кај Сити Мол, така косоварите би добиле директна врска со двете за нив нај нај локации во Скопје: Сити Мол и Систина + нов клинички.

А на автопатот ќе може да се пристапи од многу страни и тоа дост аедноставно.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Mar-2018 at 13:21

Еве гледам на гугл мапс и добивам нагон да ги задавам сите копуци што работеле планирање, урбанизам и слично, во општина бутел, во град скопје, во министерство за транспорт...

Не е никаква мистерија кое би било оптималното решение. Требало да си биде автопат низ индустриската зона Визбегово (сегашната траса на патот кон Блаце) со паралелни сообраќајници во функција на колекторски и сервисни улици и една клучка во самата индустриска зона. Впрочем контури на тоа како можело да биде се наѕираат во реонот на бензинската пумпа на Макпетрол, веројатно како остаток од некое планирано решение кое некогаш почнало да се реализира, ама после дошла неписмена бандитска стока и се посрала на тоа, и на било какво друго добро решение:





Зошто мора од секоја нива да се направи цела градежна парцела, без разлика на локацијата, големината и формата  Bash  Зошто мора на све живо да се посереме и секаде да направиме хаос и нови Топаани, дури и таму кадешто имало бришан простор и чиста ситуација  Bash


Originally posted by alexsend

Најубаво да оди на новиот сообраќаен мост кај Сити Мол, така косоварите би добиле директна врска со двете за нив нај нај локации во Скопје: Сити Мол и Систина + нов клинички.

Оваа опција (врзување со Илинденска и со Љубљанска, претходно вкрстување со улица Скупи) е интересна, особено што после вкрстувањето со словенечка автопатот може да се трансформира во булевар кој би бил многу логичен и корисен за планираните населби на Зајчев рид. Сепак имам резерви за оваа опција:

- Археолошкиот локалитет Скупи се наоѓа точно на најлогичната траса, што би значело дека сообраќајницата ќе треба да се гради преку ридот и да се изведува скапо решение за спуштање од Зајчев рид кон јужната страна, бидејќи таму теренот веќе е прилично стрмен.

- Автопатот од Блаце сепак е најоптимално да се поврзе со булеварот Никола Карев, бидејќи тој булевар е сообраќајница од највисок ранг и треба да биде урбан автопат, за разлика од улицата Љубљанска кај Skopje City Mall. Инаку за косоварите SCM е важна дестинација, но утре можеби нема да биде, така да за планирање на нашата примрна сообраќајна мрежа не би било мудро да се водиме според нивните моментални шопинг навики. 



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Mar-2018 at 14:41


Во секој случај џабе е сега е да жалиме за идеалната можност делницата од Момин Поток до Стенковец да поминува по веќе воспоставента траса кон Косово. Во сегашни околности изборот се сведува на:

1. Автопат по таа траса, но со многу сообраќајни и имотно-правни проблеми во индустриската зона Визбегово (зборам за поширокото сообраќајно решение таму и за сообраќајните поврзувања кои би биле неопходни да се изведат, а не само за трасата на автопатот).

2. Изградба на автопат по нова траса западно од зоната Визбегово, а со оглед на screenshot-овите од Dukac, очигледно е избрана оваа опција. На овој начин се избегнува хаосот и проблемите во индустриската зона, но еден поглед на изградената и планираната ообраќајна мрежа на Скопје говори дека ни ова не е оптимално, туку е повеќе изнудено решение.

Не би давал конечна оценка за квалитетот на решението додека не го видиме терминлното поврзување на автопатот, бидејќи тоа е еден од најважните фактори. Можеби смислиле некое елегантно и ефикасно решение, што донекаде ќе ја намали претходно направената штета од нашето планирање и градење по примерот на Калкута & Бангладеш.

Од она што јас можам да го видам, директно поврзување кај Момин Поток иако пожелно, сепак е тешко изводливо, затоа што има премногу веќе изградени објекти, исто така теренот не е најповолен, а и геометријата на постоечките сообраќајници таму не дава многу слобода.

Има еден неизграден простор малку посеверно (околу 600-700 метри), кадешто гледам можност за добро поврзување, еве склопив една варијанта за решение таму. И ова има фалинки од сообраќаен аспект, но јас не можам да видам ништо подобро. Добрата страна е што нема ништо за рушење, или евентуално нешто минимлно, а иако се работи за сообраќај од пет правци, со една скромна клучка во ваква ситуација, во комбинција со крстосницата меѓу Словенечка и Никола Карев, обезбедени се сите потрбни врски. Нормално, ова решение подразбира и проширување на Никола Карев и изградба на веќе планираната клучка кај Момин Поток.




Posted By: alexsend
Date Posted: 10-Mar-2018 at 16:40
Како и да е мора да има паралелен пат на качанички.
За жал како што кажа таму е каша попара и не смее да се занемари моменталната ситуација.
Поврзувањето на сликата погоре е идеално.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Влатко
Date Posted: 13-Mar-2018 at 08:57
По она што го следам, патот кој поминува низ индустриската зона ќе го претворат во експресен пат (веројатно направиле некоја студија), со цел да продолжува кон касарната Илинден и пластичарската улица па Автокоманда и кон источниот излез на Скопје кон Велес и Куманово. Кај семафорите Момин поток во план е да се изгради надвозник (петља) за да не го попречува сообраќајот од правец на Косово надолу и обратно. Што се од ова ќе се изведе - не знам.


Posted By: alexsend
Date Posted: 13-Mar-2018 at 18:12
Да не дојдеме само на ситуацијата од бул Борис Трајковски во делот на индустриската зона (Цементара-Пинтија) каде што и не е баш нај безбедно решение. Секоја ден има сериозни сообраќајки и неколку жртви изминатите месеци. Луѓето од сите тие стотици фирми на самата улица нема како да свртат кон центар па сакале или не мора преку 4 ленти и две полни...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: FiLo
Date Posted: 28-Mar-2018 at 21:45
Ако отворите гугл мапс, пробајте самите да видите до каде се 13 км (пошто само толку се спомнуваат дека ќе се градат).
13 км се од граничен премин Блаце до обиколница.
17 км се од граничен премин Блаце до раскрсницата со булевар Словенија.

Сигурни сте дека автопатот ќе продолжи од обиколницата према Скопје ?

Ја не верувам. Мое мислење е дека би го направиле до обиколница па понатаму во иднина 'како втора фаза' би наоѓале солуција како да се направи тој автопат да се поврзи со до раскрсницата со булевар Словенија или таа подоле со булевар 8 септември. Дај боже да грешам...


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 28-Mar-2018 at 21:51
А која е логиката и потребата автопатот да продолжува и по обиколницата? Зошто не направат нешто како булевар Александар Македонски?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Мартин
Date Posted: 19-May-2018 at 10:47
Изместување на трасата заради индустриска зона и гробишта, како и додавање две нови клучки, кај Стенковец и кај Блаце, треба да се вметнат во ревидираниот проект за автопатот Скопје-Блаце. Проектната документација од 2002 година е некомплетна и не е во согласност со актуелните стандарди во градежништвото, утврдила ревизијата на консултантот МОП „Мекдоналдс ЛТД“.
Македонија лани доби 1,3 милиони евра од ИПА инструментот, „Инвестициската рамка за Западен Балкан“, за репроектирање на оваа делница, која е клучна за интензивирање на економските врски со Косово. Консултантите утврдиле дека на трасата се потребни дополнителни топографски и геотехнички истражувања, со оглед на тоа дека во изминатите 16 години се промениле демографските и сообраќајните услови на теренот. Од новиот проект, кој би требало да биде готов до крајот на годинава или на почетокот на следната, ќе зависи и финансиската конструкција, како и проценката за времетраењето на градежните работи.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека репроектирањето на делницата е веќе започнато. Покрај двете клучки, кои воопшто не биле предвидени во стариот проект, ќе се направи и измена на трасата бидејќи во изминатиот период тука се изградила индустриска зона, а има и гробишта.

„Практично се работи за целосно нов проект кој, покрај тоа што ќе треба да предвиди нови објекти, ќе треба да се изработи и според стандардите на модерното градежништво. На пример, проектот за тунелите од 2002 година не ги исполнува сегашните прописи за вентилација, пожар и евакуација, а мостовите не се проектирани според актуелните стандарди. Ова беше утврдено во 2015 година кога се направи ревизија“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Проектот за автопатско поврзување со Косово се актуелизираше во последните години, откако претходно, повеќе од една деценија беше ставен во мирување. Во меѓувреме, Косово активно работеше на својот дел од автопатот од граничниот премин кон Приштина, во должина од 55 километри. Со изградбата на автопатот патувањето од Скопје до Приштина ќе се намали од над два часа, на помалку од еден час.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, неодамна го потенцираше значењето на овој проект во насока на регионално поврзување на Македонија, што претставува еден од носечките столбови на евроинтегративниот процес на земјите од Западниот Балкан. Османи додаде дека во рамките на приоритетите на Владата за автопатско поврзување со соседните главни градови, изградбата на патниот правец Скопје – Блаце е еден од најзначајните проекти, и поради фактот што Косово е еден од најзначајните економски и трговски партнери на Македонија. Минатата година на граничниот премин Блаце поминале 2,7 милиони возила во двата правци, при што Македонија во Косово извезла стока во вкупна вредност од 190 милиони евра, а увезла стока од 40 милиони евра.

Тоа зборува за значителен суфицит во наша полза. Ако на овие бројки ги додадеме 30-те милиони евра проценети трошоци на косовските државјани на годишно ниво во Македонија за здравствени услуги, тоа исто така зборува за влијанието на овој автопат за економијата на Македонија, истакна Османи. Тој укажа дека извозот од Македонија во Косово, кој во 2011 година изнесувал 420 милиони евра, сега е двојно намален поради изградбата на автопатот Приштина – Тирана.

Поради стратешката важност на проектот и неговата комплексност, Владата формираше министерска работна група во која, покрај Османи како претседавач, членуваат и вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов и директорот на Јавното претпријатие „Македонија пат“, Гајур Кадриу. Покрај министерската, формирана е и техничка работна група, во која членуваат технички лица и експерти од соодветните ресори задолжени за реализација на проектот Скопје – Блаце.
https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/05/54672/


Posted By: Joralemon
Date Posted: 02-Jul-2018 at 19:24
Ова е дел од автопатот Приштина-Скопје, 4-5 км од граничниот премин Блаце.

https://flic.kr/p/27aXpje"> https://flic.kr/p/27aXpje - 1 by https://www.flickr.com/photos/161700589@N03/ - Joralemon A. , on Flickr
https://flic.kr/p/28FesHw"> https://flic.kr/p/28FesHw - 2 by https://www.flickr.com/photos/161700589@N03/ - Joralemon A. , on Flickr
https://flic.kr/p/27nJSSV"> https://flic.kr/p/27nJSSV - 3 by https://www.flickr.com/photos/161700589@N03/ - Joralemon A. , on Flickr


Posted By: ehrlich
Date Posted: 02-Jul-2018 at 19:41

Сигурно одбрана најскапата варијанта, па дури нашана карпеста клисура Демир Капија-Смоквица беше добро решена, ова дури ни за пејзаж не делува добро, а верувам дека и финансиски чини најскапо што може.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jul-2018 at 21:39

@ Joralemon
Импресивно изгледаат овие вијадукти низ качаничката клисура.


Originally posted by ehrlich

 
Сигурно одбрана најскапата варијанта

Навистина чудно делува што целиот автопат тука е подигнат на мостовска конструкција. Но можеби има добра причина зошто е така испроектирано, на пример можеби некакви геолошки фактори биле пречка за проектирање на поконвенционална траса која воглавно ќе се движи по околните ридови...




Posted By: alexsend
Date Posted: 03-Jul-2018 at 19:15
Неќеш да возиш над 120 на таа висина

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Théoden
Date Posted: 04-Jul-2018 at 18:46
Разгледувана ли е некогаш некоја ваква опција за Момин поток?

Бидејќи е јасно дека е скоро невозможно постојниот Качанички пат некогаш да прерасне во градски автопат со две коловозни ленти и како таков да минува низ индустриската зона Визбегово и ќе мора до обиколницата да се стигне по некоја нова траса западно од индустриската зона, зошто нејзиното разгранување од постојниот правец да не биде на самата клучка Момин поток? Мислам дека постои простор за некое вакво решение со натпатник и минимално рушење постоечки објекти. Притоа сегашен Качанички пат би се третирал како продолжение на 8-ми Септември. За поголема проточност на сообраќајот, рампите би се вкрстувале во кружни текови, наместо крстосници како на останатите клучки на Никола Карев/Александар Македонски.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jul-2018 at 19:39


Убаво решение Théoden

Гледам простор за подобрување со тоа што јужниот кружен тек би се поместил кон југозапад и така би можело значително да се скрати и поефтини неопходното премостувњето што треба да го направи автопатот.




Posted By: Влатко
Date Posted: 10-Jul-2018 at 08:15
Дали има некоја најава за скоро започнување на овој проект? Секој ден гледам екипи што вршат мерење колку автомобили поминуваат.


Posted By: koska
Date Posted: 10-Jul-2018 at 10:09
Najrano dogodina septemvri!


Posted By: Влатко
Date Posted: 12-Jul-2018 at 09:10
Би било одлично да се направат и велосипедски патеки (бидејќи ме засега мене ), во моментов е ужасно движењето со велосипед.


Posted By: elnino
Date Posted: 12-Jul-2018 at 20:54
на автопат е забрането движење со велозипед и со мотори под 50кубика


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Jul-2018 at 21:25
Мисли на делот од раскрсницата со бул. Словенија до раскрсницата со бул. Никола Карев и бул. 8-ми септември, дел што го користат многу жители на Визбегово (би рекол и на Шуто Оризари, Бутел, Чаир, Скопје Север итн.) како најбрза врска со Центар, Карпош и Ѓ. Петров.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Влатко
Date Posted: 13-Jul-2018 at 09:32
Originally posted by elnino

на автопат е забрането движење со велозипед и со мотори под 50кубика


Да, точно Џоле е во право. Не напоменав дека се работи за делот од Словенечка до раскрсницата на Никола Карев кон Александар Палас. А колку што следам од обиколница каде што би завршил автопатот, надолу треба да се преадаптира во екпресен пат...тука мислев на вело патека а зошто да не и пешачка.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 14-Jul-2018 at 17:55

Минатиот месец поминав четири дена во Будимпешта и токму возевме по ваква велосипедска патека, која цело време следеше експресен пат од Будимпешта до Вишеград (целосно налик нашиот Тетово-Гостивар).

Значи се работи за целосно одвоена велосипедска патека, веднаш до самиот експресен пат, нешто што треба да се практикува целосно.


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Jul-2018 at 18:33
Пред некоја година забележав и дека Војводина е полна со вакви патеки меѓу поголемите градови и села, кои се речиси напоредно со патот по кој возат возила.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 14-Jul-2018 at 19:39
Не можев да ја најдам патеката во Унгарија, па еве слични примери од светот. Мислам дека и кај нас би требало да изградат вакви патеки на Скопје-Штип, Скопје-Куманово (можеби преку Арачиново), Тетово-Гостивар, Велес-Штип-Кочани и Прилеп-Битола.

Перт, Австралија

https://bicycledutch.wordpress.com/2017/07/04/perth-cycling-infrastructure-innovation-and-upgrades/ - извор

Холандија

http://bicyclecanberra.blogspot.com/2011/03/canberras-big-ride.html - извор

Ајндховен, Холандија

https://bicycledutch.wordpress.com/2014/03/06/eindhoven-nominee-for-best-cycling-city/ - извор

Перт, Австралија

https://www.cyclinguk.org/blog/roger-geffen/cycling-walking-investment-strategy-woefully-little-investment - извор

Германија

http://bicyclegermany.com/path_conditions.html - извор

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: ironm
Date Posted: 16-Jul-2018 at 09:46
Кај нас ваква велосипедска инфраструктура ќе се изгради во 2153.


Posted By: Влатко
Date Posted: 16-Jul-2018 at 10:50
Сега ја имаат шансата да докажат што можат во 2018. Лично сметам дека вело патека не е некој бог знае каков издаток за буџетот.


Posted By: Denko
Date Posted: 16-Jul-2018 at 12:27
Nesto slicno ima na delnicata Strumica-Radovis. Sporedniot pat e namenet za traktori, zaprezni koli i velosipedi.


Posted By: Joralemon
Date Posted: 08-Aug-2018 at 15:22


Качаничка клисура, вијадуктот е долг 5.7 км.


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Oct-2018 at 08:47
Тевдовски: Автопатот Скопје-Блаце е приоритет, ребалансот нема да влијае на изградбата

Автопатот Скопје-Блаце ќе се прави преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и реабалансот на Буџетот воопшто нема да влијае врз динамиката на изградба, бидејќи ЈПДП од 2013 година не е буџетски корисник, рече министерот за финасии Драган Тевдовски во одговор на прашање на прес-конференцијата во Владата за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2018 година.

– Автопатот Скопје-Блаце е еден од приоритетите кои настојуваме да ги реализираме како Влада. Во моментов се изработува техничката документација, а побаравме и финасирање на автопатот од страна на Европската банка за обнова и развој со што ги преземаме сите активност за да се реализира – посочи Тевдовски.

https://plusinfo.mk/%D1%82%D0%B5%D0%B2%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B5-%D0%B5-%D0%BF%D1%80/ - https://plusinfo.mk/%D1%82%D0%B5%D0%B2%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B5-%D0%B5-%D0%BF%D1%80/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Влатко
Date Posted: 15-Oct-2018 at 09:05
Премногу зборување за некои 15км автопат. Нек земат кредит и нек го направат веќе.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 15-Oct-2018 at 09:07
Originally posted by Влатко

Премногу зборување за некои 15км автопат. Нек земат кредит и нек го направат веќе.

Зборување кое трае повеќе од една година. Ако го споредиме ваквото темпо со она на Косоварите, тогаш автопатот кон Блаце веќе ќе беше почнат со градење.


Posted By: Влатко
Date Posted: 16-Oct-2018 at 13:53
Плус бонус информација, Косоварите си го градат од свој буџет, немаат земено ни евро кредит. Информацијата е од еден професор на градежниот факултет во Приштина. Дополнителна информација (не навлегувам во точноста) е дека 1км ги чини 10 милиони евра.


Posted By: Glava
Date Posted: 23-Oct-2018 at 06:42
Проектот чини 600 мил. ЕУР и за тоа Косово користи кредит од америчката фирма што го гради проектот. И точно 1 км чини 10 мил. ЕУР. Сличен мислам дека беше и трошокот по километар што Косово го плати за автопатот кон Албанија.

http://www.worldhighways.com/categories/auctions-equipment-supply-servicing-finance/news/bechtel-and-enka-win-highway-contract-for-kosovo/

https://en.wikipedia.org/wiki/R_6_Motorway_(Kosovo)

The R 6 Motorway (or Autostrada Arbën Xhaferi [1]) is a motorway located in Kosovo. It is 60 km long and it is being constructed with a budget of € 600 million. Forming part of the E65, it is the second motorway in Kosovo and it links the capital Pristina with the Macedonian border at Han i Elezit, which is about 20 km (12 mi) from Skopje. Construction of the motorway started in July 2014. On 31st of December 2016, the first 23 kilometers from Pristina to Babush i Muhaxherëve was opened for traffic. On 22nd of December 2017, a further 11 kilometers from Babush i Muhaxherëve to Ferizaj was opened for traffic. In June 2018, another section was opened for traffic from Ferizaj to Kacanik. The Ministry of Infrastructure of Kosovo announced that the motorway is set to be completed in 28th December 2018.


Posted By: xnx
Date Posted: 24-Oct-2018 at 09:39
toa sto se gradi vo kosovo e cudo od avtopat, koj pominal znae. ke ostanete so podzinata usta. ne veruvam deka kosovo moze da si go dozvoli od svoj budget


Posted By: BOJAN
Date Posted: 24-Oct-2018 at 11:00
Originally posted by xnx

toa sto se gradi vo kosovo e cudo od avtopat, koj pominal znae. ke ostanete so podzinata usta. ne veruvam deka kosovo moze da si go dozvoli od svoj budget


Бев на одмор минатата недела во Црна Гора со автобус. Пред 11 години кога одев натаму со автобуска линија се патуваше 12 часа. Денес со новиот автопат преку Косово и Албанија се патува до Подгорица околу 7 саати, говорам за со автобус. До Бока Которска си за 9 часа вкупно, што е прифатливо. Сакам да кажам, автопатот низ Косово е феноменално направен, особено она што е направено помеѓу Приштина и Скопје. Ќе биде огромна, фатална грешка доколку нашата влада не се насочи кон итна изградба на делот од Блаце кон Скопје.


Posted By: Влатко
Date Posted: 25-Oct-2018 at 08:59
Дека мора да се направи - мора, сепак само 15-16 км се во прашање што и не е така многу во однос на тоа колку пари се фрлаат во ветер последниве 15 години.


Posted By: Joralemon
Date Posted: 13-Dec-2018 at 22:02
[TUBE]56tHTGe_oNc[/TUBE]


Posted By: Vasilij
Date Posted: 19-Dec-2018 at 12:34

https://a1on.mk/archives/991217 - Сугарески: Наскоро почнува изградбата на првиот дел од автопатот Скопје-Блаце


Проектирањето на првите 1,9 километри од автопатот Скопје-Блаце ќе биде завршено во текот на следниот месец, веднаш потоа ќе се распише тендер, а се очекува во следните неколку месеци да почне и изградбата на тој дел од делницата, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Тој автопат е приоритетен и веднаш по завршувањето на автопатската делница од Миладиновци до Штип очекуваме да почне изградбата на првиот дел од автопатот Скопје-Блаце. Проектирањето за престанатите 10,5 километри ќе се работи во текот на следната година по што ќе почне изградбата на тој дел од автопатот, изјави Сугарески пред почетокот на конференцијата на тема „Македонија мегалополис” во МАНУ.

Најави дека во текот на следната градежна сезона ќе се интензивира изградбата на автопатот од Кичево до Охрид.

-Ќе има и сериозно интензивирање и на работите на автопатот Кичево-Охрид, бидејќи со анексот три се надмина проблемот во делот на средствата, но и сите останат четири-пет крупни проблеми кои ги имаше на тој автопат, рече Сугарески.



https://a1on.mk/archives/991217


Posted By: alexsend
Date Posted: 19-Dec-2018 at 18:09
Браво. Прв дел од автопат со 12км. Колку дела ќе има, 6?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: ironm
Date Posted: 19-Dec-2018 at 20:54
LOLLOLLOL


Posted By: Denko
Date Posted: 20-Dec-2018 at 14:47
Originally posted by alexsend

Браво. Прв дел од автопат со 12км. Колку дела ќе има, 6?
Strpi se malce, ke bide... 2 po 2 ke stignat do 12km   


Posted By: AmyntA
Date Posted: 20-Dec-2018 at 18:09
Повеќе лотови - повисока цена по лот. Повисока цена-поголема аванта. Што е нејасно?


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 21-Dec-2018 at 01:56
Дали тие први 1.9 км автопат се оние од над Хубо до обиколница?


Posted By: alexsend
Date Posted: 21-Dec-2018 at 08:36
Од Хубо до обиколница има 5км

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Влатко
Date Posted: 24-Dec-2018 at 10:15
Од хубо до обиколница никогаш ќе нема автопат.


Posted By: Vasilij
Date Posted: 24-Dec-2018 at 10:36
Првите 2 километри се кај Блаце, од границата со Косово према Скопје. Останатите 14 ќе бидат од таму до Обиколницата кај што ќе биде изградена голема клучка. За делот од Обиколницата према центарот на Скопје мислам дека ќе има проширување или некое булеварско решение, но мислам дека тоа е под надлежност на Град Скопје и евентуално општина Бутел.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 24-Dec-2018 at 12:39
Originally posted by Vasilij

Првите 2 километри се кај Блаце, од границата со Косово према Скопје. Останатите 14 ќе бидат од таму до Обиколницата кај што ќе биде изградена голема клучка. За делот од Обиколницата према центарот на Скопје мислам дека ќе има проширување или некое булеварско решение, но мислам дека тоа е под надлежност на Град Скопје и евентуално општина Бутел.



За делот од обиколницата до Момин Поток ќе се гради/продолжува булеварот „Никола Карев“, по се изгледа, по нова траса различна од постојната траса на Јадранската магистрала. Дел од проектната документација е веќе изработена годинава од Град Скопје.


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Dec-2018 at 19:58
Градбата на автопатот Скопје – Блаце стартува во јануари

Проектот за автопатот Скопје – Блаце, вреден 110 милиони евра, ќе се спроведува во два дела. Како што информираше вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба со новинарите, соглсно со одлуката на Владата, првиот дел од граничниот премин до првата спојка кај селото Блаце во должина од 1,9 километри ќе се гради со државни пари од Јавното претпријатие за државни патишта, а останатиот дел со средства од ЕУ.

– Очекуваме проектот да биде завршен на почетокот на јануари, а тендерот ЈПДП да го објави кон крајот на јануари. Остантиот дел од 10 км ќе биде граден со кредит од ЕБРД, но аплициравме и за 27 милиони од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан од ЕУ. Нашето учество во тие два километра ќе се смета за кофинансирање во целата финансиска конструкција која се очекува да биде над 110 милиони евра, согласно физибилити-студијата – рече вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба со новинарите.

https://plusinfo.mk/%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B5-%D1%81%D1%82/ - https://plusinfo.mk/%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B5-%D1%81%D1%82/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Joralemon
Date Posted: 24-Dec-2018 at 21:47
2 години требаше да се пројектираат 2 км, колку ќе треба да се пројектираат другите 10 км🤔


Posted By: alexsend
Date Posted: 24-Dec-2018 at 21:57
8,5 милиони по км?
Колку беше Кичево-Охрид

Автопат од 13км да го делиш во фази и да не ти е срам да излезеш пред камера...треба искуство, браво.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Влатко
Date Posted: 25-Dec-2018 at 10:05
До сега што следам (пошироката раководна власт) 'се се сведува на идејни проекти, работилници, конференции, хепенинзи, ивенти.............во пракса многу малку или пак ич. Ако грешам поправете ме.


Posted By: koska
Date Posted: 25-Dec-2018 at 15:06
Originally posted by Влатко

До сега што следам (пошироката раководна власт) 'се се сведува на идејни проекти, работилници, конференции, хепенинзи, ивенти.............во пракса многу малку или пак ич. Ако грешам поправете ме.





Posted By: ironm
Date Posted: 11-Jan-2019 at 13:36
Почнува реализацијата на автопатот Скопје – Блаце

По десетици години ветување, почнува реализацијата на автопатот Скопје Блаце. Откако следниот месец ќе биде објавен тендер,ќе почнат градежните работи за првата делница долга 2 км. Изградбата на вторатата делница ќе почнат во 2020 и ќе траат околу 36 месеци.

Автопатот е долг 12,5 км и неговата  проценета вредност е 110 милиони евра. Со овој пат, патувањето од Скопје до Приштина ќе се скрати од 2 часа на 45 минути.

https://telma.com.mk/pochnuva-realizatsijata-na-avtopatot-skopje-blatse/ - https://telma.com.mk/pochnuva-realizatsijata-na-avtopatot-skopje-blatse/


Posted By: Влатко
Date Posted: 11-Jan-2019 at 14:17
Originally posted by ironm

Почнува реализацијата на автопатот Скопје – Блаце
По десетици години ветување, почнува реализацијата на автопатот Скопје Блаце. Откако следниот месец ќе биде објавен тендер,ќе почнат градежните работи за првата делница долга 2 км. Изградбата на вторатата делница ќе почнат во 2020 и ќе траат околу 36 месеци.Автопатот е долг 12,5 км и неговата  проценета вредност е 110 милиони евра. Со овој пат, патувањето од Скопје до Приштина ќе се скрати од 2 часа на 45 минути. https://telma.com.mk/pochnuva-realizatsijata-na-avtopatot-skopje-blatse/ - https://telma.com.mk/pochnuva-realizatsijata-na-avtopatot-skopje-blatse/


Јас би умрел од срам да излезам на прес-конференција со ваква визуелизација. Моите деца имаат подобар осет за перспектива да го нацртаат коловозот од некој шо го спремал ова. Б Р У К И !!!

http://s553.photobucket.com/user/vlatko_baba/media/12_zpsfssywkca.jpg.html">



Posted By: alexsend
Date Posted: 12-Jan-2019 at 09:44
3 години за 12км


-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: AmyntA
Date Posted: 14-Jan-2019 at 10:17
moronism imbecilism at its best!


Posted By: Denko
Date Posted: 14-Jan-2019 at 15:24
Originally posted by alexsend

3 години за 12км
Sto se cudis, tolku se gradese i Kumanovo-Tabanovce.


Posted By: koska
Date Posted: 15-Jan-2019 at 10:16
Ne se 3godini za 12 km, 3 godini se za izgradba 10 km. Ako se zeme deka proektiranjeto(na prvite 2 km) e zapocnato vo 2018 a planot da se zavrsat site 12km e 2023 + minimum 1 godina kasnenje .....
2025 odnosno 7 god za realizacija na 12km avtopat.


Posted By: Joralemon
Date Posted: 12-May-2019 at 00:10
Качаничка клисура






Posted By: Влатко
Date Posted: 13-May-2019 at 08:34
Дали некој знае што точно се изведува на Јадранска Магистрала (продолжение на бул. Никола Карев) од семафорите до бул. Словенечка? Она што секојдневно го гледам е дека ги извадија спојките на мостот над Серава и го изгребаа АБ слојот. Некое инфо за каква реконструкција станува збор, дали ќе се шири улицата и слично?


Posted By: Joralemon
Date Posted: 18-May-2019 at 23:36
Првите километри од автопатот Скопје-Блаце, на есен

Наместо оваа пролет, како што беше најавено, најновата најава е дека првите два километри од автопатот Скопје – Блаце ќе почнат да се градат дури наесен. Тендерот за избор на изведувач за изградба на оваа приоритетна делница долга 12,5 километри требаше да биде објавен во февруари годинава, но од Министерството за транспорт и врски сега велат дека постапката ќе почне следниот месец. Причина за тоа се пречките на терен со економската зона Визбегово и гробиштата лоцирани во делот на трасата. Од министерството велат дека во секој момент чекаат ревидираниот проект да стигне во Јавното претпријатие за државни патишта, по што најдоцна до почетокот на следниот месец ќе почне тендерската постапка.
„Роковите се поголеми на меѓународните тендери во делот на автопатишта, мислам дека се меѓу 45 дена и 60, така да, до месец септември, ако сите постапки се завршени како што треба во делот на тендерирањето, ќе треба да биде отпочнат“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Останатите 10 и пол километри од автопатот кој што ќе треба да не поврзе со Косово пак, ако се заврши проектот до крајот на годинава, ќе почне да се гради следната градежна сезона.

„Не би сакал да шпекулирам со термини, нашите очекувања се некаде во октомври – ноември да заврши проектот, така да после тоа веднаш би се одело на тендерирање“, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Вицепремиерот Бујар Османи минатото лето вети дека оваа пролет ќе почне изградбата на автопатот Скопје – Блаце, што е децениско барање на бизнис заедницата. Според најавите од Владата планот е изграбата на оваа делница да се одвива во две фази. Првата од граничниот премин „Блаце“ до клучката Блаце во должина од околу два километра и треба да се изгради за 18 месеци. Вториот дел, до Скопје е долг 10,5 километри и треба да почне со градба следната година и да трае околу 36 месеци. Очекувањата се дека овој автопат ќе биде пуштен во употреба во 2023 година. Автопатот, кој ќе има четири тунели и осум моста чини околу 110 милиони евра, кредит од ЕБРД. Инаку, Косово ја заврши изградбата на автопатот од Приштина до македонската граница долг 55 километри за помалку од пет години. Вредноста на проектот изнесува 600 милиони евра. Автопатот ќе биде пуштен во употреба за 10 дена, а на настанот ќе присуствува и премиерот Зоран Заев.

https://www.alsat-m.tv/mk/првите-километри-од-автопатот-скопје/ - https://www.alsat-m.tv/mk/првите-километри-од-автопатот-скопје/


Posted By: koska
Date Posted: 05-Jul-2019 at 13:33
https://www.alsat-m.tv/mk/%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b7%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b4%d0%b5%d0%bb-%d0%be%d0%b4-%d0%b0%d0%b2%d1%82/


И нормално 2 години каснење, точно како што предвидев!


Posted By: Влатко
Date Posted: 25-Jul-2019 at 12:48
https://plusinfo.mk/%d0%be%d0%b4-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5-%d0%b4%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%ba%d1%83-%d0%be%d0%b4-%d0%b5%d0%b4%d0%b5/

Дали и веќе има поента од ставање на вакви линкови?



Print Page | Close Window