Print Page | Close Window

Локалитет Велешко езеро

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбанистички целини
Forum Discription: Урбанистички планови и градски микролокации
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=351
Printed Date: 13-Jul-2025 at 10:23


Topic: Локалитет Велешко езеро
Posted By: pbanks
Subject: Локалитет Велешко езеро
Date Posted: 01-Dec-2007 at 08:00
Нишка за сите градежни активности и вести кои се случуваат околу Велешкото езеро Cheers



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Dec-2007 at 11:16

Интересен развој околу Велешкото езеро. Прво Прокредит банка академијата а сега и оваа вест. Таму може да се направат многу убави населби а поради близината до Скопје може да бидат интересни и за Скопјани и тоа за домување а не само за викендици. Само да го направат тоа со вкус, да не бидат некои глупави зградетини. Таму прилегаат градби максимум до 2 ката. Можеби и тоа е премногу. Да се надеваме дека Словенците ќе донесат нешто модерно.

 

Словенци купија атрактивно земјиште во Велешко

Словенечки фирми за трипати повисока цена од почетната ги купија најатрактивните парцели во велешката населба Езеро Младост.

Претставниците на фирмите по 1.200 денари за квадратен метар купија три парцели што се наоѓаат спроти Регионалната академија на Прокредит банка. На јавното наддавање во Министерството за транспорт беа понудени 32 парцели, а се продадоа осум. Пет беа купени од велешки и скопски бизнисмени по цена малку поголема од почетните 400 денари.

Од продажбата на ова државно градежно земјиште, наменето за изградба на објекти за домување, во државниот буџет ќе се соберат 5,6 милиони денари. Новите сопственици се обврзани предвидениот објект да го изградат во рок од две години, а во спротивно договорот ќе се раскине.

(П.П.)

 
Извор: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=18930D6B5270364E84DA61865B18644B - Дневник


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Mar-2008 at 22:52
Прокредит академија на Велешко езеро. Овој проект треба да е при крај со градба Yes
Мене ми е сосема на место Thumbs%20Up






Posted By: ProMKD
Date Posted: 18-Mar-2008 at 23:37
Ми се допаѓа ова на Прокредит на Велешко езеро (не објектот којзнае колку - ама фактот дека се гради таму такво нешто), регионален тренинг центар. Само напред! 


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Mar-2008 at 23:45
Еве уште едно рендерче од Про Кредит Академијата



Еве и две слики од терен

1

2


Еве и веќе постоечка содржина на езерото Младост, Хотел Romantique, постар адаптиран објект. Сликиве не се мои но сум бил тука прилично пријатно место, одлично ресторанче покрај езерото




Posted By: mitatos
Date Posted: 23-Mar-2008 at 23:51
kaj se naoga ova ?

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Mar-2008 at 23:53
Originally posted by mitatos

kaj se naoga ova ?


Велешко езеро


Posted By: mitatos
Date Posted: 23-Mar-2008 at 23:54
ooo ke go razubavi prostorot tamu bogami
ne sum bil vo velesko ezero ali go znam od sliki , ubavo mestence samo bese pusto i prazno, so objektov se nadevam ke niknat use nekoi drugi pa ke ima poseben smek


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jul-2008 at 10:04
Распишан втор тендер за 14 плацеви на Велешко Езеро
 
Министерството за транспорт и врски по втор пат оваа година ги става на продажба плацовите за изградба на угостителско- трговски објекти на Велешко езеро. Министерството на потенцијалните инвеститори им продавна државна земја на површина од 40.000 квадратни метри за изградба на објекти за развој на туризам. Се продаваат вкупно 14 плацови по цена од 1.100 до 3.000 денари за квадретен метар на кои треба да се изградат шест мотели, два хотела, четири автокампови и два мали комерцијално- деловни објекти. Сите плацеви се ставени јавно надавање кое ќе се одржи на 22 август. Од вчера сите заинтересирани инвеститори можат да конкурираат за купување на парцелите и да уплатат 10% од почетната цена на парцелата за која се заинтересирани.


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11820&mid=303&tabId=1&tabindex=0 - http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11820&mid=303&tabId=1&tabindex=0


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 11:42

Колектор за заштита на езерото Младост од загадување

ВЕЛЕС - Колекторскиот систем за отпад на канализациските води на езерото Младост се поврзува на селото Сујаклари. Со изградбата на системот ќе се заштити езерото од загадување со фекални води. Сега отпадните води непрочистени се испуштаат во рекреативниот центар.

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, информира дека при крај е изградбата на цевковод во должина од 589 метри, кој е финансиран од општинскиот буџет. Со колекторскиот систем треба да се реши проблемот со отпадните води на селата Отовица, Сујаклари, Кумарино и Иванковци. Инвестицијата изнесува 500.000 евра, а најголем дел од парите се обезбедени од Светска банка. (МИА)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D4C999E3CB773145902FDCD7F7BBFD24 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D4C999E3CB773145902FDCD7F7BBFD24


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Aug-2008 at 09:49

ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО МЛАДОСТ


Колекторот ќе биде готов по три месеци


Градежните работи на колекторот за отпадни води кај езерото Младост се во завршна фаза. Во моментов екипи на ЕВН-Македонија вршат приклучок на струјата, а за десетина дена надлежните служби ќе почнат со тестирање на колекторот. Тој пробно ќе работи три месеци, по што ќе биде предаден во употреба заедно со цевководот во должина од 8,5 километри.
Со изградбата на колекторот ќе се реши не само проблемот за прифаќање на отпадните води од објектите на езерото Младост, туку и од селата Сујаклари, Отовица, Комарино и Мамутчево кои гравитираат кон велешкото езеро. Во колекторскиот систем ќе бидат приклучени отпадните води од двата мотела и новиот хотел на Прокредит банка, чија што изградба е при крај.
Колекторскиот систем кај езерото Младост и околните населени места, се гради неколку години. Проблеми за неговата изградба правеа жителите од селото Новачани кои бараа цевководот од Колекторот да биде стотина метри под селото. По прифаќањето на барањето на жителите, работите непречено се изведуваат. Овој објект, кој трајно го решава проблемот со отпадните води и со фекалиите од повеќе населени места и угостителските објекти е изграден со пари од општината Велес. Инвестицијата изнесува 500.000 евра, а локалната самоуправа најголемиот дел од парите ги обезбеди од Светска банка.

mailto:jasm.r@hotmail.com -


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6BFF339B463BB149AAF41655871C30D2


Posted By: vardar
Date Posted: 17-Oct-2008 at 14:03

Прв отворен ден на Академијата на Прокредит

Прокредит банка на езерото Младост официјално ја презентираше новата зграда на својата Регионална академија, инвестиција вредна 3,5 милиони евра. Наставата во новата зграда веќе ја следат неколку групи слушатели на Прокредит банка од јули годинава, а претходно една година привремено Регионалната академија беше сместена во Скопје. Се очекува годишно да ја посетуваат околу 300 претставници на Прокредит од Украина, Ерменија, Романија, Молдавија, Србија, Грузија, Косово, Бугарија, Албанија, БиХ и од Македонија. Целта на основањето на Академијата е да обезбеди обука на вработените од средниот менаџмент во Прокредит банките лоцирани во земјите од Источна Европа. „Специфичноста на Академијата е што разработува теми од банкарството, културата на транспарентност и вредности во финансиското работење“, рече првиот директор на Академијата Фридер Ворман. (А.П.)

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3A6AAA9D94091E4F86C505D01CF07C02 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3A6AAA9D94091E4F86C505D01CF07C02


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Dec-2008 at 05:20

ЗЕМЈИШТЕ ПОКРАЈ ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО


Хотели, мотели и автокампови


Државата продава градежно земјиште за изградба на хотели, мотели и автокампови покрај Велешко Езеро, Кочани и Чешиново - Облешево.
Земјиштето што е предмет на продажба покрај Велешко Езеро е наменето за изградба на два хотела, шест мотела и четири автокампа. Парцелите за изградба на хотели се со површина од 10.659 и 4.492 квадратни метри, а почетната цена е 3.000 денари за квадрат. Пријавите може да се доставуваат до 9 јануари, а наддавањето ќе се одржи на 15 јануари следната година.

 
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=602F738B88500945BBDCD16BBC0AF176 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=602F738B88500945BBDCD16BBC0AF176


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Dec-2008 at 23:05
Продажба на плацови на Велешко Езеро


Министерството за транспорт распиша нов оглас за продажба на државно земјиште на брегот на езерото Младост кај Велес. Ова е четврт тендер за продажба на плацеви за изградба на угостителски објекти на Велешко Езеро. Иако во претходните обиди да се продадат парцелите немаше заинтересирани купувачи, Министерството за транспорт и овојпат одлучи цената по која се продава квадратен метар да остане иста како претходниот пат. Како и на последниот оглас ќе се продаваат парцели за два хотели, шест мотели и четири автокампови. Почетната цена за метар квадратен се движи од 1.000 до 3.000 денари. На последните два тендера не се јави ниту еден заинтересиран купувач. Познавачите на состојбите велат дека заинтересираност кај бизнисмените за вложување во угостителството има, но цената по која се продаваат плацевите за нив била превисока.

На брегот на Велешкото Езеро треба да никне модерна туристичка населба. Таму досега е продаден само еден плац, за кој едена скопска фирма плати 270.000 евра. Изградбата на објектот по речиси цела година не е почната.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=5115C9F97D791C41879D352433C2E253


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Jan-2009 at 20:03
Пуштена во употреба пречистителната станица кај Езерото Младост.

Пречистителната станица кај селото Навачани е готова и деновиве започна да работи. Со овој потег конечно се стави крај на проектот, изградба на пречистителна станица и колекторки систем околу Езерото Младост.

Целта на проектот е трајно да се реши проблемот со отпадите води на сите населени места оклолу езерото, Отовица, Сујаклари, Кумарино и Иванковци. Со колекторскиот систем опфатени се мотелите и центарот за обука на Прокредит банка.

Во изградбата на пречистителната станица и колекторскиот систем вложени се 600 илјади евра. 500 илјади се обезбедени од Европската Унија додека 100 илјади се буџетски средства од општина Велес.

Цефководот за колекторот околу езерото се градеше повеќе од две години. Долг е над 8,5 колометри.

Од локалната самоуправа најавија дека свечено пуштање во употреба на објектот нема да има, за тоа да не се протолкува како политички маркетинг.

Пречистителната станица е лоцирана под селото Новачано откако жителите од тоа населено место своевремено протестираа за локацијата, која беше предвидено да биде над селото ипостоеше можност да им ја загади водата за пиење.



Ова е веројатно за оваа нишка, инаку преземено од: http://www.lisica.mk/?statija=2551 - http://www.lisica.mk/?statija=2551


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: vardar
Date Posted: 20-Jan-2009 at 03:13

КАЈ ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ


Пуштена пречистителна станица


Во близина на велешкото езеро Младост кај селото Новачани почна со работа пречистителната станица. Со овој потег, конечно се заврши проектот за изградба на пречистителна станица и колекторки систем околу езерото Младост. Со пуштањето во работа трајно е решен проблемот со отпадите води не само на мотелите и другите објекти на брегот на езерото, туку и на населените места Отовица, Мамутчево, Сујаклари, Кумарино и Иванковци.

Колекторскиот систем и пречистителната станица, се градеа две години, а во нив се вложени 600.000 евра. Европската унија обезбеди 500.000 евра, додека 100.000 евра се буџетски средства од општина Велес.

Цевководот, со колекторот, околу езерото и населените места, е долг над 8,5 километри. Со неговата изградба не само мотелите, викендичките и другите објекти на Велешкото Езеро туку трајно проблемот со канализацијата го решија над две илјади жители од петте населени места во близина на езерото, потоа наплатната станица на автопатот Велес-Скопје и жителите од педесетината викендички изградени недалеку од населбата Отовица

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1E798761DCFCFE48929E2970B48D94B6 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1E798761DCFCFE48929E2970B48D94B6


Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2009 at 16:47
Расте велешката сателитска населба



Повеќето од сопствениците на 32 парцели за двокатни куќи се велешки и скопски бизнисмени, а има и тројца Словенци кои ги купија најскапите плацови

Изѕидани се првите куќи од елитниот станбен комплекс во близина на велешкото езеро Младост. Сопственици на неколку од плацовите, од предвидената сателитска населба на Велес, објектите ги изградиле до карабина. Станбениот комплекс, кој е предвиден за модерна населба со двокатни куќи, се простира на 2,5 хектара, има 32 парцели кои веќе се распродадени...

- Ова е прекрасно место за живеење. Имаме поглед на езерото, а градот ни е на дваесетина минути возење со автомобил. Воопшто не згрешивме што купивме место за градба на куќа за живеење. Мирно е и тивко, далеку од градската врева, а блиску до Велес. Поврзани сме со пат до градот, само што треба да се поднови асфалтот. И што е најважно овој реон е еколошки чист - вели Милан Димов, еден од идните станари на населбата.

Повеќето од сопствениците се велешки и скопски бизнисмени, а има и странци. Тројца Словенци се сопственици на најскапиот простор, трите парцели што се во соседство на зградата на Академијата на Прокредит банка. Тие не штедеа пари при лицитацијата за плацовите. Платија трипати повеќе од почетните 400 денари за квадратен метар, додека другите ги купија плацовите за малку повисока цена од почетната, за 450 денари квадрат. Некои од нив купуваа и по пет-шест парцели, а негираа дека подоцна ќе ги препродаваат по повисока цена, туку дека биле голема фамилија, па се купувало за секого по еден плац. Локалната власт на Велес вложи 70.000 евра за обезбедување инфраструктура на целиот простор од 10 хектари заедно со Академијата. Изградена е водоводна и канализациска мрежа, донесена е електрична енергија, а деновиве ќе почне и асфалтирање на патот до населбата.

Сателитската населба се наоѓа над двата мотела кај езерото, на стариот пат Велес-Скопје, во близина на Академијата од Прокредит банка, каде што секоја година се школуваат по стотина лица - банкари од 12 држави од средна и источна Европа.

Академијата, германска инвестиција вредна пет милиони евра, беше мамка што ги привлече новите сопственици на комплексот „Езеро Младост“.

Тие се задолжени новите куќи, кои може да бидат најмногу двокатни, да ги изградат најдоцна за две години по добивањето на градежната дозвола.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=ADED68567B55224E8E7011DA593FA9B3&arc=1 - Дневник - Петар Печков - 24.09.2009


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Mar-2010 at 01:14
Неколку слики од Прокредит Академијата на кои налетав неодамна. Сликите се од 2008 година

1

2

3

4

5



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Mar-2010 at 01:25
Објект без душа, со лош покушај на вметнување на македонска архитектура, штета.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 18-Mar-2010 at 02:01

Да се сложувам, сум ја видел академијава, сум поминал од таму - не ми се свиѓа.. еве и овде фотки: http://www.procreditbank.com.mk/WBStorage/Files/Brochure_R_PCA_EE_141209_smal.pdf - http://www.procreditbank.com.mk/WBStorage/Files/Brochure_R_PCA_EE_141209_smal.pdf  ме мрзи да ги вадам, ми се спие Sleepy

Него ме чуди како никој не го споменал бродов во Велешко езеро, сепак не е нешто секојдневно..
 
 
 
 
 
 
 
Има уште..


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 18-Mar-2010 at 02:11

 
 
 
 
 
Инаку летото/есента дали заради високи температури или заради наводнување на околни земјоделски насади, се забележува колку е водата повлечена и како тоа се одразува на објектов и окружувањето.


Posted By: La Linea
Date Posted: 18-Mar-2010 at 02:42
Previous Спомнат е бродов, ама некаде назад или во друга нишка, мислам дека во Туризам во МК или во Вести. Инаку , ако добро сум разбрал, бродов не е наменет за пловење ниту има мотори. Стварно не ми е јасна поентата, ама и не ми е битна, битно ми се допаѓа како изгледа Big%20smile

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 18-Mar-2010 at 03:30

Да да, можда е во туризам, пред малку ги открив и тие теми на форумов и заглавив уште саат време "на кратко" разгледувајќи..NutsLOL Од утре планирам да седнам све да исчитам..  ако се вишок фоткиве, може да се скинат...



Posted By: ZZZZ
Date Posted: 18-Mar-2010 at 18:57
Ovoj  objekt ne e brod vo prava smisla (vo prethodniot post se spomnuvaat motori, plovenje)
samo fasadata e napravena da lici na brod inaku e postaven na dnoto od ezeroto so profili i e potpolno nepodvizen.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 18-Mar-2010 at 21:27

Па не е е за пловење нормално.. веројатно едвај еден круг би свртел во Велешко, кога би имал мотор, сакам да кажам, мало е езерово, незнам што се фативте за моторот Smile

мене и внатрешно и надворешно ми личи на брод кој патем е хотел/ресторан Big%20smile без разлика дали има мотор


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Nov-2012 at 17:05
1


2




Print Page | Close Window