Print Page | Close Window

Совет за Оџак

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Изградба и ентериери
Forum Discription: Совети, искуства, едукација, проекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3518
Printed Date: 16-May-2024 at 18:46


Topic: Совет за Оџак
Posted By: Flatter
Subject: Совет за Оџак
Date Posted: 03-May-2018 at 12:15
Здраво,

Би сакал да слушнам мислење и совет од поискусни луѓе за бутање оџак на први спрат(приземје) во зграда.

Значи оџакот е поставен на многу незгодна позиција веднаш при влезот на вратата во дневната соба. Започнав со припреми да го избутам а на самиот врв(таванот) да поставам розетна за влез на ќумците од каминот.

Зградата е стара долу има подруми и таму слегува со отвор за чистење. Поради тоа што зградата е стара многу ретко е чистен и никој не обрнува внимание(еднаш во 5 години дали и се чисте...) Внатрешниот дел на оџакот е од тие старите со од прилика димензија 30/35cm дебелина\ширина.

Во зградата има 2 оџака и поради тоа што е релативна стара едниот оџак е веќе и распаднат како што дознав. Зградата е на 5 ката, од тие 5 ката само еден и јас вклучувајќи сме на дрва.

Па пред да започнам со самиот процес би сакал да слушнам мислење од поискусни луѓе.

Фала ви однапред,
Поздрав.



Replies:
Posted By: beTon
Date Posted: 06-Feb-2024 at 08:09
ова е интересна тема, та ќе речам незнам дали законски такво нешто е дозволиво!, ако има некој абер нека сподели ... колку што ми е познато порано во титославија не било возможно кој како сака да си преуредува ѕидои подома!, но кога парното бидна норма за мнозина и то ефтина уште крајот на '80-ти и почетокот на '90-ти та и сигурно гледале на оџаците како вишок а така и на своја рака имам чуено пр. Ново Лисиче имало такви случаи (заради икс причини најчесто добивање простор пр. некои спални на бул.АСНОМ) што пак може да се каже и технички ништо страшно просто оџако во тие нови згради не бил дел некако од самата конструкција ко што пр. во Синѓелиќ кај гранитските било случај каде е дел од средишните бетонски платна, што никој нормален не би се осмелил да руши!, нормално градежен инжињер би требало да може да даде лесно мислење доколку изврши увид на лице место каде што проаѓа и дали е дозволиво како преуредување на ѕидови!



Print Page | Close Window