Print Page | Close Window

Што кога сте незадоволни од изведувачот?

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Изградба и ентериери
Forum Discription: Совети, искуства, едукација, проекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3540
Printed Date: 13-May-2024 at 20:18

Topic: Што кога сте незадоволни од изведувачот?
Posted By: renovirame
Subject: Што кога сте незадоволни од изведувачот?
Date Posted: 22-Jul-2018 at 00:12
Здраво на сите,

Во мојата конкретна ситуација, склучив договор со фирма изведувач на градежни работи да се реновира комплетно стан кој ќе биде пренаменет во деловен простор. Името на фирмата сеуште нема да го спомнам бидејќи работите сеуште при крај, односно останати се уште неколку ситници да се доработат.

Краток опис за целата ситуација:

Склучивме договор, искрено на брзање затоа што тврдеше дека гипс картонот ќе поскапел па што побрзо за да го купел по старата пониска цена, што секако се испостави после тоа дека е лага. Му дадовме комплетна документација од проектот и насоки како да се изведува. Побаравме да се заштити веќе постоечкиот паркет, тоа не се испочитува. Побаравме да се направат ќошевите и споевите меѓу две бои да биде без прелевање од едната боја на другата, и тоа не беше испочитувано. Му обајснивме дека кога ќе се прават ќошеви при молерисување да се користи лента, но не беше испочитувано.

Изведувачот касни со предавање на проектот веќе два месеца.

Би ве замолил за Ваше искуство или совети како да се справам легално со Ваквите непрофесионалци?

Однапред благодарам на одвоеното време и советот.

Replies:
Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 22-Jul-2018 at 11:12

мајсторо ќе да бил фрактално расположен, но не е тој крив што немаме навика на вакви форуми јавно да ги фалиме и кудиме, до душа доколку имаше тука подфорум Декоратери засебен за молерај и гипскартон може ќе се појавеа и соодветни нишки за пофалби и поплаки за секоја фирма засебно, а зошто не и за индивидуалци, а тоа да е прегледно и корисно ...

фирма ко фирма, нормално ксметот ќе ви биде ако мајсторот е газда, а не десетти ешалон на наплата, иако кај фирма можете да имате гаранција и јасно основа за полесна извршна тужба, но што не се исплати за ентериери освен ако не е збор за мермернни ѕидои ...

~ машински можеби полесно ќе беше сами ако си кречевте, но никогаш нема да ви текне на овој период од животот дека бидејќи сте немале волја сами да засукате ракави, сте ошле со фирма и пак сега морате да сукате ракаи ако не екстра зборои ...

но во секој зијан аир, та ви се отворил простор за фрактално думање и за вас, а како би интерениирале околу грешките, дали ѕидовите да ги изесапите фрактално повесело [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=187056#187056 - 1 ] или паркетот подесапите фрактално пофино [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=872&PID=60328#60328 - - 2 ] а таквата фракталност можете да ја прошетате и по намештајот [ https://ctfinefurniture.com/ - 3 ] ако имате со што да импровизирате ...

Posted By: renovirame
Date Posted: 23-Jul-2018 at 11:16
Originally posted by Zelenikovo

Зелениково, благодарам на одговорот. Пред се, овде се обратив за совет, а не критика дали сме требале сами да си засукаме ракави или не. Бидејќи постојано патувам и повеќе сум надвор од Македонија отколку внатре, токму и затоа се решив за изведувач кој да патем е и газдата на фирмата. Фирмата е иначе да кажеме позната, не е екстра голема но ја знаат луѓе. Името ќе го објавам кога ќе дојде време и да ќе го критикувам и јавно.

Токму затоа и служат фирми изведувачи, на кои поштено плаќаш и треба поштено да ја добиес услугата и квалитетот. Затоа и не сакам да засукам ракави, затоа што работам на друго и се концентрирам на друго. Тоа што јас не сум во можност (не дека не би научил, би научил и подобро би го сработил од него) да го сработам, затоа и најмувам некого, не сме сите професионалци за се.
Гаранцијата важи за нешто што е веќе сработено, а не за квалитетот на финалната изведба односно дали е изведено нешто според очекувањата.

Така да, би бил благодарен кога би добил конкретни совети, пример и искуства, а не што би било кога би било.

Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 23-Jul-2018 at 14:15

конкретно совет за што, каде ли да се жалиш, претпоставувам пазарен инспекторат можеш да рекламираш услугата ако не ти чини а мајсторот не сака да корегира за иста цена ... а доколку инспекторите не можат да ви излезат во пресрет, тогај секогаш има суд ... моето професионално искуство во однос кречење е дека ко работник да не дојдеше газдата да ме корегира ќе ја завршев работа со по некоја грешка при подлогата, иако емулзијата имаше само на едно две места по некоја вишок капка и тоа на таван во индустриска хала, но едно е кога по европски цени работиш сосем друго по балкански и пак треба повторно надзор ...

инаку невелам дека требало сами да си сработите, туку дека ако сте оделе машински сами може ќе било полесно, што немора да значи, а нормално секогаш нешто ќе има луфта, во случајов работлукот на мајсторот ...

премиса како, за поштено платено поштено услужено, нема ни на сон да видиш, особено е склет вакво нешто во градежништво, затоа и постојат ревизии и корекции, можеби не му бил денот на мајсторот колку и да е вичен и фален, можеби материјалот склет, но можеби проблем е и непостоење тарифник за овие дејности та кога се пазари Чоек да не нагаѓа дали платил убо или не за услугата, што пак кога би било случај и мајсторите ќе гледаат да не забушаваат, чекајќи да им се доплати за корекции или за екстра потрошено време итн.

во секој случај причекајте до финиширање на услугата, а потем нормално реагирајте дополнително ако се' не е ко што треба ...

Print Page | Close Window