Print Page | Close Window

Garden Inn Residence и Allure-Саник - Ѓорче Петров

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3552
Printed Date: 05-Dec-2020 at 18:45


Topic: Garden Inn Residence и Allure-Саник - Ѓорче Петров
Posted By: stef4o
Subject: Garden Inn Residence и Allure-Саник - Ѓорче Петров
Date Posted: 29-Sep-2018 at 13:46
Станува збор за нов станбено-деловен комплекс кој се наоѓа во непосредна близина на Еко населбата Александрија.

Рендери во продолжение












Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Sep-2018 at 13:47
Уште нешто околу инвестицијава...


Нова градежна инвестиција на бизнисменот Имер Селмани

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на настан посветен на отпочнување со изградба на нов модерен станбено деловен објект Гарден Ресиденс Ин. Станува збор за домашна инвестиција од 10 милиони евра, објект кој ќе се простира на површина од 22.000 м2 и кој ќе понуди нови современи услови за домување.

Премиерот Заев во своето обраќање ја поздрави оваа храбра одлука за инвестиција во капитален проект којшто ќе го краси Скопје и ќе донесе трајни придобивки за граѓаните.

„Мене ми е многу драго што општественици луѓе, инвеститори го доловиле моментот дека претстои убава иднина на нашата Македонија, а тоа секако нашите граѓани ќе го верификуваат на претстојниот референдум“, рече премиерот Заев.

Зборувајќи за амбиентот за инвестирање којшто се создава по поканата за членство во НАТО и започнатиот процес за преговори со ЕУ премиерот Заев ја нагласи позицијата којашто Македонија ја добива како стабилна и пријатна дестинација за многу нови инвестиции и домашни и странски.

„Државата преку капиталните инвестиции ќе помогне во изградбата на улиците, топловодните мрежи, водоводните и канализационите мрежи и до оваа локација и за Скопје и за цела Македонија. Ние ќе продолжиме по тој пат да бидеме ваша поддршка. Почетокот на овој проект е доказ на добра соработка во полза на инвеститорите, помеѓу Владата, помеѓу општина Ѓорче Петров и градот Скопје. Ние сме тука да ви служиме и да бидеме ваш сервис бидејќи придобивките остануваат за граѓаните на Република Македонија“, потенцираше премиерот Заев во своето обраќање на настанот посветен на изградба на станбено деловниот комплекс Гарден Ресиденс Ин.

По повод започнувањето со изградба на овој капитален објект свои обраќања на настанот имаа градоначалниците на општина Ѓорче Петров и град Скопје, Александар Наумовски и Петре Шилегов кои порачаа дека општините ги поддржуваат приватните инвестиции преку квалитетни услуги и дека со реализацијата на овој проект започнува исполнувањето на една нова визија за Скопје.

Инвеститорот и сопственик на БисОил, Имер Селмани во своето обраќање рече дека оваа капитална инвестиција преку квалитетна градба, ќе понуди еден нов концепт на урбано и модерно домувањеоплеменет со зелени површини што ќе претставува нов стил на живеење за нашите граѓани според нови модерни европски стандарди.

„Ова е наш мал придонес како инвеститори да ја донесеме Европа овде кај нас, од вас очекуваме да не понесете во Европската Унија, во големото семејство на вредности и ваквите проекти да гледаме во секој дел од нашата преубава Република Македонија“, порача инвеститорот Селмани.

%20 - http://24info.mk/нова-градежна-инвестиција-на-бизнисм/


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Oct-2018 at 07:11
Еве уште неколку фотки,патем ако може некој нека постави кранче





Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Oct-2018 at 18:53
Од фб,во позадина на втората фотка Еко населбата Александрија








Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Nov-2018 at 18:45
Од фб







Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Nov-2018 at 19:45
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Nov-2018 at 14:27
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Dec-2018 at 19:16
Од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Dec-2018 at 09:00
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Dec-2018 at 13:52
од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Dec-2018 at 08:16
Од фб







Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Jan-2019 at 15:32
Од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Jan-2019 at 11:51
Од фб







Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Feb-2019 at 19:55
Од фб





Posted By: TENDO
Date Posted: 17-Feb-2019 at 21:15
Не ми е јасно. Нели цел овој комплекс беше на Фабрика Карпош?
Целата локација е од старата фабрика Карпош?

Зошто би отстапиле локација на конкуренти на своја градежна локација?

Ако има некој поупатен во случајов, би замолил да напише нешто подетално.



П.С. Имам и една подобра слика, која сега ја тргнале од веб сајтот.


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Feb-2019 at 10:09


Гарден Ин Резиденс се гради во делот што на горната слика е прикажан лево од бензиската станица на Лукоил (со правоаголен облик). И не се сеќавам дека некаде беше нагласено оти сите парцели на горната слика се на фабрика Карпош.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Feb-2019 at 13:17
Од фејсубк





Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Mar-2019 at 19:59
Од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Mar-2019 at 17:19
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Mar-2019 at 19:11
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Mar-2019 at 14:49
Од фб







Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Apr-2019 at 19:03
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Apr-2019 at 18:23
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Apr-2019 at 18:34
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Apr-2019 at 16:50
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Apr-2019 at 13:02
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Apr-2019 at 12:26
Од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Apr-2019 at 12:38
Од фб











Posted By: stef4o
Date Posted: 08-May-2019 at 20:02
Од фб







Posted By: stef4o
Date Posted: 16-May-2019 at 07:29
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 22-May-2019 at 07:30
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 25-May-2019 at 16:48
Од фб





Posted By: ehrlich
Date Posted: 26-May-2019 at 18:46
Сигурен сум дека никој не размислил, но ќе биде баш интересно да се гледа каде овие идни станари и нивните деца ќе се школуваат, бидејќи најблиското основно училиште во Општина Ѓорче Петров е ОУ „Мирче Ацев“, оддалечено па добри 3 километри од тука ОУ „Дими Хаџи Димов“ е во Влае и со тоа припаѓа на Општина Карпош, па поради тоа нема да смеат да учат таму.


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Jun-2019 at 12:40
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jun-2019 at 16:48
Од фб



Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Jun-2019 at 17:43
Која глупост што не се на иста висина со зградите од населба Александрија, баш ќе стрчат.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Jul-2019 at 07:11
Од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Jul-2019 at 17:17
Од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jul-2019 at 12:08
Од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Aug-2019 at 15:37
Од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Aug-2019 at 15:49
Конечниот изглед на оваа зграда во Влае на ул.Ацо шопов(од фб)





Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Aug-2019 at 16:56
Вторава верзија ми е подобра од првата.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Aug-2019 at 07:10
Од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Nov-2019 at 16:48
GARDEN INN RESIDENCE е современ станбено-деловен комплекс со атрактивни и функционални станови од 26 m² до 108 m² со практично внатрешно уредување и атрактивен екстериер инспириран од потребите на современото урбано домување.

Беспрекорниот квалитет на материјалите искористени во сите фази на изградба на објектот гарантираат стабилност и сигурност според највисоките стандарди.

Инспириран од современите трендови за зелена и урбана средина, објектот ги исполнува највисоките еколошки стандарди и норми за енергетска ефикасност. Сите станбени единици се опремени со најсовремен ефикасен и економичен систем за греење и ладење од светско реномираната марка BOSCH.

Со површина од 3.000 m² зелен кров , даваме допринес за Скопје Зелен Град и воедно поставуваме нови стандарди во урбаното живеење.

GARDEN INN RESIDENCE располага со 11.500 m² вкупна површина на станбени единици, поделено во три ламели: Ламела А – 86 станови, Ламела Б – 86 станови; Ламела Ц – 24 станови.

За потребите на станарите како и на жителите на квартот, во приземјето на објектот се наоѓаат деловни простории со вкупна површина од 2.500 распоредени во неколку комерцијални единици кои со своите понуди ке ги задоволат и најпребирливите потрошувачи.

Објектот располага со најсовремен подземен паркинг простор со вкупно 135 паркинг единици, како и 57 паркинг места на ниво на терен.

Надворешниот дел е осмислен како заеднички, функционален простор кој е целосно дизајниран и прилагоден да обезбеди максимална практичност со племенито уредување со зеленило и одлично осветлување.

http://gardeninnresidence.com.mk


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Nov-2019 at 20:48
Леле, леле, поезија.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: kiriOK
Date Posted: 11-Nov-2019 at 13:13
Вакви текстови се појава во последно време по повеќе медиуми за неколку нови проекти што се во изградба...секако постнати како независни новинарски публикации, пошто ние сме идиоти па не капираме...


Posted By: Théoden
Date Posted: 11-Nov-2019 at 13:24
Давале дОпРиНеС... Roll%20eyes


Posted By: Џоле
Date Posted: 13-Nov-2019 at 10:43
Од фејсбук...



-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Dec-2019 at 19:14
Состојба од крајот на ноември(од фб)





https://www.facebook.com/sarajlimar


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Jan-2020 at 13:11


https://www.facebook.com/SmartStudioMa/


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Feb-2020 at 17:43
Од активностите на фасадата,некои делови се речиси завршени...







od fb euro fasada es


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Feb-2020 at 08:36
Дел од фасадата(од фб)



Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Feb-2020 at 07:54


https://www.facebook.com/EuroFasadaES/


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Mar-2020 at 16:48




https://www.facebook.com/sarajlimar/


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Mar-2020 at 17:39


https://www.facebook.com/EuroFasadaES


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Mar-2020 at 13:52


https://www.facebook.com/uniplann.ing.7


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Apr-2020 at 16:10
Поглед од дрон кон комплексов(од фб)



крајно десно



Posted By: stef4o
Date Posted: 15-May-2020 at 11:28




https://www.facebook.com/EuroFasadaES


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-May-2020 at 09:12
Уф, многу грдо.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-May-2020 at 16:04


https://reklama5.mk/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-May-2020 at 12:19




https://www.facebook.com/Edona-bb-Ceramic


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jun-2020 at 11:35
Фасадата е завршена







https://www.facebook.com/EuroFasadaES/


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Jun-2020 at 12:06


https://www.facebook.com/EuroFasadaES


Posted By: Џоле
Date Posted: 15-Jul-2020 at 20:25










+



-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Aug-2020 at 11:10
Десно на фотката се гледа комплексов



https://mia.mk/skop-e-urbano/


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Oct-2020 at 15:15


На покривот има ниско зеленило, украсни елки, борови или како и да се викаат тие иглолисни растенија.





Ќе ја вклучам и оваа зграда на Саник, зашто е близу комплексот:









-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Oct-2020 at 17:43
Штом и зградава на Саник ја сместивме во оваа нишка тогаш еве го и нејзиниот рендер а и патем направив мала модификација на името на нишката за да не дојде до забуна.

-------------------------------------------

Станбениот комплекс Allure Apartmens се одликува со уникатно внатрешно уредување, поинаква визија и одлична функционалност,лоциран во една од најатрактивните населби во македонската метропола, на улица Ацо Шопов, Влае.Современиот ентериер и префинетиот екстериер на станбениот комплекс се дизајнирани со цел да овозможат беспрекорен комфор и функционалност.Употребата на различни материјали и бои го прави објектот динамичен, а архитектонскиот израз едноставен и чист, кој претставува совршена рамнотежа помеѓу мирниот и модерниот стил на живеење.
Објектот се наоѓа во зона на високо развиена инфраструктура и ви нуди урбан стил на живеење.Уживајте во сите придобивки што ви ги овозможува Allure Apartments со одлични услови за квалитетно и економично домување.
Станбениот комплекс, односно вашиот нов дом ќе ви создаде чувство на сигурност, среќа и моќ.



https://sanik.com.mk/zgrada-vlae/


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Oct-2020 at 17:05
Уште неколку фотки од фб од зградата Allure на Саник









Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Oct-2020 at 07:23
Garden Inn Residence









https://www.facebook.com/Termo-Dinamik


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Oct-2020 at 12:09
Комплексов е скоро готов,еве неколку извадоци од видеото



















https://www.facebook.com/gardeninnresidence/videos/3347230005393663/


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Oct-2020 at 18:20
Првичниот рендер за комплексот Гарден Инн



https://www.facebook.com/Uni-Plan-Ing-



Print Page | Close Window