Print Page | Close Window

Универзална сала

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=356
Printed Date: 29-Mar-2024 at 10:34


Topic: Универзална сала
Posted By: Cloverstack
Subject: Универзална сала
Date Posted: 31-Oct-2007 at 01:12
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2533E0A09AA6814A891AFF3E1ED4DCF2 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2533E0A09AA6814A891AFF3E1ED4DCF2


Универзална сала прво да се реновира, а потоа да се прекрсти во „Тоше Проески“


Недостоинствено е руиниран објект да го носи името на Тоше, смета советникот Коле Манев

Советниците ќе ја достават иницијативата до Координативното тело

Универзална сала да го добие името Тоше Проески, но претходно да се реновира за да може достојно да го носи името на прерано загинатиот уметник, се согласија советниците на Советот на Скопје. Одлуката ќе биде упатена до Координативното тело за зачувување на ликот и делото на Тоше Проески, кое треба да даде согласност. По добивањето на согласноста, Советот уште еднаш ќе одлучува, овој пат за конечно преименување на Универзална сала. На вчерашната седница со едногласна одлука советниците од сите политички групи ја поддржаа Нацрт-одлуката за преименување на Универзалната сала, но нагласија дека во периодот додека се чека одговор на иницијативата од Координативното тело, да се направат напори Градот Скопје и Владата да вложат во реконструкција на објектот. Според зборовите на советникот Коле Манев, не е в ред името на балканската поп-икона да го носи објект кој е руиниран и е во тажна состојба.

„Заложбата за преименување е в ред, но прашањето е на каков објект му го даваме името на Тоше. Треба да се запрашаме дали на тој начин му правиме чест на Тоше. Сметам дека додека трае постапката за преименување, треба да се преземат активности за реновирање на салата, бидејќи на тој начин уште еднаш ќе му оддадеме почит на Тоше“, истакна советникот Манев.

Од друга страна, пак, советниците се едногласни дека единствената концертна сала во државата во која и Тоше, како и многу други наши уметници, ги направил своите почетоци во музичката кариера, е вистинскиот објект кој треба да го носи неговото име. Советниците се едногласни и во ставот дека по именувањето на Универзална сала, името на Тоше не треба да се употребува во нови предлози за именување улици, мостови или, пак, други објекти. (С.Н.)






Replies:
Posted By: vardar
Date Posted: 31-Jul-2008 at 09:09
Gunz  
 
 
Него дали вреди да се инвестира 3 милиони евра во концертна сала со капацитет од 1500(+200 со реконструкција)...... Борис Трајковски може и 10.000 да собере за концерти, саем негде 5-6000 а тука се МНТ и новиот театарот и филхармонија со негде 700-1000.....
 

Универзална сала се распаѓа, проектот за реновирање во фиока

За 3 милиони евра Скопје може да добие модерна концертна и конгресна сала

Сања Наумовска

Проектот за реконструкција и доградување на Униврзалната сала се' уште стои во фиока, иако нашата единствена концертна сала се распаѓа. По најавата во 2005 година дека салата ќе се реновира во две фази, во кои покрај застаклена галерија на два ката и дополнителни простории ќе добие и нова помала сала и паркинг, до денес ништо не е реализирано.

„Во Универзална и понатаму се одржуваат концерти и други настани и доаѓаат познати уметници, но ние се срамиме кога треба да влезат во гардеробата или во тоалетот“, вели директорот Душко Поповски. Тој објаснува дека озвучувањето и осветлувањето се застарени, климатизација нема, а вентилацијата функционира само во половина сала бидејќи преостанатиот дел нема мајстор што може да го поправи. Загревањето на салата зиме зависи од "Топлификација", а таа, како и кај сите други корисници, го исклучува во 22 часот.

„Кога има некој настан навечер, сите седиме во капути бидејќи десет минути по запирањето на греењето салата е ледена зашто нема никаква изолација. Сите вградени метеријали се направени да ги задоволат потребите на овој привремен објект за 10 години, но таа и по 42 години и понатаму ни служи и е единствената концертна сала во државата“, вели Поповски, потенцирајќи дека е најстрашно кога се одржуваат детски фестивал пред кои сите вработени детално проверуваат се' во салата, а особено покривот, од каде што поради долгогодишното прокиснување висат картони и се појавуваат други опасности кои можат на децата да им паднат врз глава. Проверка на челичната конструкција на објектот била направена првпат пред неколку години, иако тоа е обврска што мора да се реализира на секои пет години.

Според проектот за доградување, што директорот во минатите години го претставил на Град Скопје и пред Владата, Универзална треба да се претвори во модерен културен и конгресен центар кој ќе има 200 седишта повеќе, поголем влезен дел и фоаје, гардероби за публиката, надворешна застаклена галерија во две нивоа околу целиот објект со угостителски простор, дел за одмор и продажба на музички материјал и комерцијални содржини кои ќе и' помогнат на салата да се издржува со самофинансирање. На првото ниво на галеријата се планираат угостителски дуќани, кафулиња и ресторани свртени кон екстериерот, а второто ниво, покрај фоаје и делови за публиката, ќе биде поврзано и со противпожарни скали и со два излеза за брзо празнење на салата во случај на потреба од евакуација. Проширени ќе бидат и гардеробите на настапувачите, кои во мементов не ги исполнуваат ниту најосновните услови. Во втората фаза за реализација на проектот предвидена беше и изградба на помошна помала сала со 300 седишта, која ќе ја користи истата сцена, но од задната страна. Во зафатот ќе бидат поместени депоата и задсценскиот простор на левата и на десната страна на сцената.

Процените велат дека реновирањето и доградувањето на Универзална ќе чинат околу два милиона евра. За набавка на ново озвучување, осветлување и кино-опрема со солиден квалитет кој ќе ги задоволи барањата и на познати уметници од светот ќе треба да се одвојат уште 1 милион евра. Директорот Поповски вели дека е свесен дека Градот Скопје нема финансиска моќ да го финансира овој капитален проект, иако тој секоја година бара проектот да влезе во градската програма за реализација на буџетот. Проектот бил презентиран и пред Владата, од каде што се' уште очекува повратен одговор.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DF2A92B9CC6F5C44AA8A47EBC13CC045 - Utrinski


Posted By: dejan
Date Posted: 31-Jul-2008 at 09:13
Нека изградат нов одма до Борис Трајковски


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jul-2008 at 11:36
Originally posted by vardar

Gunz  
 
 
Него дали вреди да се инвестира 3 милиони евра во концертна сала со капацитет од 1500(+200 со реконструкција)...... Борис Трајковски може и 10.000 да собере за концерти, саем негде 5-6000 а тука се МНТ и новиот театарот и филхармонија со негде 700-1000.....
Да, прашање е дали вреди и од каде би требало да дојдат парите (во зависност од тоа кој (ќе) стопанисува и каде (ќе) оди профитот од салата). Ако е на градот, тогаш зошто да не проба да ја даде под концесија, од каде би дошла и инвестицијата? Со толку средства потребни за инфраструктура, би било вон памет градот да инвестира свои пари во ваков проект.

Во секој случај добра лекција за многу помпезно најавувани работи во МК, без разлика дали се сали, музеи, автопати, споменици... Постојните ни се распаѓаат, ама се силиме дека ќе сме изграделе цел куп нови. Roll%20eyes


Posted By: vardar
Date Posted: 31-Jul-2008 at 12:56
Пак ми го префрли.....
Ти изгледа не го сфати ова "Gunz"     Bash  Poke
 
 
Ја ти го пребацив пошто нишката реставрација/реконструкција е наменета за објекти од културното наследство, а од досегашна пракса вакви и слични чланци идат тука.
 
Па универзална е дел од културното наследство Shifty Big%20smile


Posted By: vardar
Date Posted: 31-Jul-2008 at 12:58
Иначе ако се најде инвеститор нека ја дадат на концесија дури може и да ја шитнат, но да не ја "пренамени" после инвеститорот во трговски или станови Roll%20eyes


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jul-2008 at 13:03
Шиткање на ваков тип на објекти не ми се свиѓа... Според мене концесија е многу подобро решение.


Posted By: vardar
Date Posted: 31-Jul-2008 at 13:25

До негде се сложувам иако приватизација на една концертна сала е абсолутно ништо во споредба со енергетските капацитети/банки/телекоми што ги шитнавме (и на кого Ohno  ) За жал ми се чини дека целата "стратегија" за универзална се состои од молење за 3 милиони евра.... де кај градоначалникот де кај премиерот,  ако изборот е меѓу уште 5 години молење и шиткање на приватњак (со многу строги и јасни услови) тогаш нека ја шитнат Dunno (се разбира концесионер е најдобра варијанта)


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Aug-2008 at 13:51
зашто да ја шитнат бре, не гледам зашто не вреди да се реновира целосно, а и со концесија се согласувам

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: vardar
Date Posted: 01-Aug-2008 at 15:04
Па концесија е најдобро, зборот ми беше подобро да ја шитнат на некој приватњак кој ќе ја реновира него да фрлаат 3 милиончиња градот или државата. И со реконструкција се работи за сала со капацитет негде 1.700 што не е многу, тука се саем и новата сала за поголеми концерти, а покрај постоечките театри се градат и стариот театар и филхармонија кои можат да се користат за помали работи.
 
Сеа и ја нејкам да се приватизира али мислам дека во овој момент 3 милиони можат многу попаметно да се потрошат, како на пример за дабл декери Bash 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2008 at 03:52

И универзална сала ќе се обновува со владини пари

Директорот Поповски вели дека министерката за култура ветила финансирање на проектот за реконструкција и доградување на салата

Деспина Трајковска



По тригодишни најави за реконструкција и доградување на Универзална сала, се чини, проектот, конечно, ќе се реализира. Во изминатите десетина дена директорот на салата Душко Поповски и министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска одржале две средби на кои било разговарано за обнова на единствената концертна сала во Скопје. Иако објектот е под надлежност на градските власти, Министерството односно Владата пројавила интерес за санација на Универзална, која на Скопје му е повеќе од потребна.

„Добивме гаранции дека Министерството ќе го реализира проектот, а одлуката ќе биде усвоена на некоја од наредните владини седници“, ни изјави Поповски, потенцирајќи дека на двете одржани средби со министерката биле дефинирани речиси сите детали за планираната обнова на салата. Министерството прифатило да се реализира постојниот проект за Универзална сала кој надлежните уште од 2005 година го презентирале пред Град Скопје и Владата, но поради недостиг од средства тој останал нереализиран. Постојниот проект, кој всушност засега се наоѓа во фаза на идејно решение, предвидува реконструкцијата и доградувањето на салата да се изврши во две фази и таа да се претвори во модерен културен и конгресен центар. Предвидено е салата да добие поголем влезен дел и фоаје и два странични т.н. прстена слично на постојната купола на салата. Во двата нови странични дела, кои ќе претставуваат еден вид надворешна застаклена галерија на две нивоа, планирано е да се наоѓаат угостителски содржини, музички студија, дел за одмор... Проектот предвидува и проширување на гардеробите, поместување на затсценскиот простор, а можно е и зголемување на постојниот капацитет на салата.

„Начелно, тоа се основите на проектот кој сега се наоѓа во фаза на идејно решение. Во зависност од изработувачите и условите на теренот, тоа може да претрпи минимални корекции до неговата изведба во основен проект“, вели Поповски, кој информира дека салата нема да се прошири во габарит, бидејќи тоа го условува челичната конструкција. Покрај доградување на салата, ќе се изврши и комплетна замена на постојниот материјал. Иако засега е неблагодарно да се зборува колку ќе чини реализацијата на проектот, предвидено е дека за него ќе бидат потребни 3 милиони евра. Можно е тој да чини и поскапо доколку се одлучи вградување најсовремено осветление и озвучување во салата.

Директорот на Универзална вели дека не може да посочи кога би почнала евентуалната реконструкција, бидејќи, пред се', тоа зависи од конечната одлука на Владата. Оттаму, односно од Министерството за култура засега не даваат никакви информации.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=14A4B91931B6C94FBCA9F7FB34EA5EA5


Posted By: maestro
Date Posted: 09-Sep-2008 at 04:48

Јес, јес, јес!
Е, ова треба да се направи пред да се прекрсти салата во „Тоше Проески“, бидејќи на таква гадна сала не му доликува такво име!

Уште еднаш браво и ај конечно да го дочекаме ова!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2008 at 12:00
Нема што да се прекрстува. Ај ако не па сега да се прекрстиме у Република Тоше Проески. Едноставно глупа е тенденцијата се да се вика тоше проески. Доволно е неколку објекти, а не све.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Sep-2008 at 12:10

За салава мислам е прикладно да се вика по Тоше

Инаку идејното решение (колку што можам да видам од таа мала сличка) иако не опфаќа некој баш радикален зафат, влева надеж дека салава може квалитативно сосема да се трансформира и да добиеме прилично симпатичен објект, наместо моменталната грдосија.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2008 at 12:32
Универзална сала е подарок од Бугарија после земјотресот. Требало да служи како времен објект до изградба на нова сала. Ама ете служи скоро 50 години, како и многу други објекти во градов. Тој објект е барака и сум против било каква санација, односно против џабе фрлање пари. Едноставно објектот заслужува да биде бутнат и да се изгради нова сала на тоа место, со исто или можеби малку повеќе капацитет.


Posted By: maestro
Date Posted: 09-Sep-2008 at 13:13
И ако имате приметено, баш поради ваквата состојба на Универзалната сала, се повеќе манифестации не се оддржуваат тука!
Тоа е веќе прва последица од тоа што скапува со години


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Sep-2008 at 20:41
Originally posted by lslcrew

Универзална сала е подарок од Бугарија после земјотресот. Требало да служи како времен објект до изградба на нова сала. Ама ете служи скоро 50 години, како и многу други објекти во градов. Тој објект е барака и сум против било каква санација, односно против џабе фрлање пари. Едноставно објектот заслужува да биде бутнат и да се изгради нова сала на тоа место, со исто или можеби малку повеќе капацитет.
и јас се двоумев меѓу рушење и реновирање, и сеуште се двоумам, може да се сруши и да се изгради нова, нешто у стил на филхармонијата, но ако има ист капацитет не ја гледам смислата во тоа, па би одел чисто со реновирање
но ме плаши и вакви крпеници кога се прават, скоро секогаш е ризично со нив и некогаш се непотребни
навистина сум неодлучен
но, што се случи со паркингот што требаше да го средат?



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2008 at 22:10
Зашто смислата ја гледаш во капацитетот. Салата до некаде ги задоволува потребите. Причина поради која треба наново да се изгради е тоа што од ден на ден скапува и еден ден ќе се сруши на некого врз глава, а не поради капацитетот. Токму од овие причини треба нова сала, а секако добредојдено е доколку би била со поголем капацитет пошто Скопје од пред 50 години значително му е зголемена популацијата.


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Sep-2008 at 22:16
па претпоставувам дека ако ја реновираат ќе ги решат проблемите со скапувањето
но како што гледам дечките сакаат само да доградуваат, ја имаат објаснето доградбата, но не и реконструкцијата
ова ми личи како да прекриваат ’рѓа со боја без претходно да ја исчистат рѓата, ако ме разбирате
па би се согласил со лсл

како мал се плашев тоа „лустерите“ дека ќе паднат врз мене иако тогаш беа во добра состојбаBig%20smile


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: mitatos
Date Posted: 09-Sep-2008 at 22:21
И јас се сложувам со некои од вас да го рушат од темел , но ми се допага формата и не би било лошо да ја модернизираат малку , и да ја прошират за да личи на нешто и да собере повеке народ , за да не се мрзнеме низ зимава на некои други под-отворени сали или стадиони на отворено хехе

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Sep-2008 at 22:22
Originally posted by mitatos

И јас се сложувам со некои од вас да го рушат од темел , но ми се допага формата и не би било лошо да ја модернизираат малку , и да ја прошират за да личи на нешто и да собере повеке народ , за да не се мрзнеме низ зимава на некои други под-отворени сали или стадиони на отворено хехе
ете ова ме двоумеше но не знаев како да се изразам


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2008 at 22:35
Па добро бе! Најлесна работа за формата. Језда не е некоја форма којзнае каква, ама ете може со малце видозименета форма од сегашна, да се направи нова сала. Иако би идел на нешто многу помодернистичко од ова сега.

А што се однесува до прикривање на рѓа со боја, би рекол дека е ссамо фрлање еден најлон врз салата и дека воопшто нема ни боја.


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Sep-2008 at 23:12
Originally posted by lslcrew

Па добро бе! Најлесна работа за формата. Језда не е некоја форма којзнае каква, ама ете може со малце видозименета форма од сегашна, да се направи нова сала. Иако би идел на нешто многу помодернистичко од ова сега.

А што се однесува до прикривање на рѓа со боја, би рекол дека е ссамо фрлање еден најлон врз салата и дека воопшто нема ни боја.
па да, и да се изгради нова сала може да се зачува обликот, а сепак да биде нормална модерна сала
можда малце офтопик, но мислам дека кога е во прашање формата, не знам зашто но во градов воопшто не се експериментира со неа, се е со стандардни геометриски форми, особено со формата може да се експериментира баш кај салите и културните центри
или пак тоа е бидејќи секогаш ги одбираат најефтините варијанти за изградба Ohno


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Sep-2008 at 15:15
Eве го рендерот во подобро издание



На денешната презентација имало доста материјали



Еве и повеќе информации околу предвидените активности. Кампањата за локални избори продолжува Roll%20eyes

Владата со три милиони евра ќе ја реконструира Униварзална сала
 
Владата ќе инвестира во реконструкција и доградба на Универзалната сала во Скопје, најави денеска премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на презентацијата на идејниот проект.
Меѓународниот тендер ќе биде објавен в петок и по завршувањето на тендерската процедура најдоцна во јануари ќе почне реконструкцијата на салата која како привремен објект е изградена пред повеќе од 40 години. За обновата се предвидени три милиони евра, но конечната финансиска конструкција ќе зависи од финалните детали и од ревизијата на проектот кој е стар четири години. Работите ќе течат во 2009 година, но салата нема да биде целосно затворена за посетителите.
“Проектот во целост ќе го финансира Владата на Република Македонија и со тоа сакаме да придонесеме за градот и за објектите што тој ги поседува, за градот да добие подобар изглед, а граѓаните да имаат подобри услови за престој во салата, од секој аспект”, изјави премиерот Груевски.
Директорот на Универзалната сала Душко Поповски рече дека е задоволен што ги добиле долго очекуваните средства за реконструкција и доградба на салата.
Архитектката Ленка Маневска го презентираше проектот со кој е предвидено салата да има нов модерен изглед и функционалност по современи стандарди. Ќе се интервенира во ентериерното уредување, проширување на фоајето и негово ослободување од гардеробите, доградба и приспособување на нови простори и содржини, замена на сите дотраени материјали, вградување противпожарни скали, реконструкција на таванот, катовите, галериите, санитарните јазли, квалитетна опрема за озвучување, вентилација и инфраструктура, обнова на фонтаната пред салата. Ќе бидат додадени уште два реда нови седишта, а старите околу 1.500 целосно ќе бидат заменети и со повеќе простор за поголем комфор на посетителите.


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=12267&mid=303&tabId=1&tabindex=0



Posted By: maestro
Date Posted: 10-Sep-2008 at 16:38

Ова веќе личи на нешто!
И супер што ќе ги промеат столчињата пошто пред некоја година кога седев, на јакната ми се залепи мастика што некој деген ја залепил пред тоа


Posted By: kire85
Date Posted: 10-Sep-2008 at 17:50
Previous

renderov ne e los....povekje bi bil za kompletno nov objekt, no sepak toa e daleku poskapa varijanta...edinstveno nesto sto mi izgleda neprikladno za koncertna sala e pokrivot koj povekje me potsekja na religiozen objekt...


Posted By: shyes
Date Posted: 10-Sep-2008 at 18:57
Мене баш покривот ми се свиѓа. Добро што ќе ја реновираат, и идејата да се смени името не сум против. Убо ѓе звучи и ако се вика Универзална - Тоше Проески сала или во таква насока.


Posted By: maestro
Date Posted: 10-Sep-2008 at 21:08
и, уште поубаво ако го изменат (подобрат) и ентериерот!
тоа внатре скапува веќе со години, па повеќе од потребно е освежување!


Posted By: 46&2
Date Posted: 10-Sep-2008 at 21:11
Најлоша е позади сцената каде што се излегува од спореден излез (на исток што гледа)


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Sep-2008 at 22:56
мене сеуште ми изгледа како само да го маскираат, но сепак, во целост не е лошо, само не ми се допаѓа влезот, мислам дека е подобро без решетката напред

кире85, можеби ќе беше поатрактивно ако го застаклеа покривот, но тогаш па ќе личеше како диско топка Stern%20Smile

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cibi
Date Posted: 11-Sep-2008 at 10:15
Универзалната сала според кампањата на локалните избори требаше да ја реновира градот,но бидејќи тоа што градот беше во големи долгови а и лошо работи,сепак салата ќе се реновира од владини пари.Во секој случај ова е одличен проект.


Posted By: BlacK
Date Posted: 11-Sep-2008 at 14:37
Zdravo na svite.Podolg period go pratev forumov i eve konacno i ja da se aktiviram.
Univerzalna.Po moe mislenje treba da se demontira,posto celata e montazna i fino lepo da se izvede dostoinstven objekt so inovativen dizajn.
Neznam dali celiot prostor so parkingot pozadi i pripagja na univerzalna ama ako e taka toa e ogromen prostor i moze da se izvede koncertna sala so mnogu,mnogu pogolem kapacitet.


Posted By: maestro
Date Posted: 11-Sep-2008 at 15:14

ај добродојде


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Sep-2008 at 17:00
Добредојде Блек Smile

Доколку би се одело на изградба на нова сала, мислам дека најдобро би било да се оди и на нова подобра локација. Во Скопје има многу поатрактивни и поприкладни локации за објект од тој тип кои зјаат празни, а воедно им е неопходно пополнување затоа што вака реално го нагрдуваат градот.

Но јас лично сепак сум на мислење дека вакво поопсежно реновирање е многу попаметна работа во моментов, затоа што имаме малку пари, а многу ургентни инфраструктурни проекти. Во такви услови е вистинско расипништво да се гради нова голема концертна сала... (исто така не е за занемарување фактот што периодов Скопје се здоби/ва со неколку објекти кои ќе се алтернатива за универзална).

А на просторот позади универзална ако добро памтам е планирана катна гаража...


Posted By: BlacK
Date Posted: 11-Sep-2008 at 17:14
Pa da ima logika deka za gradenje od novo bi mozelo da se najde posoodvetna lokacija.


Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Sep-2008 at 19:16
се согласувам со кловер веќе ја имаат филхармонијата на грб, уште една концертна сала би била голем а не толку потребен терет

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Plugger
Date Posted: 20-Sep-2008 at 09:37
Super ke bide salata, dali nekoj znae kolkav kapacitet ke ima?

Sega momentalno e 2000 mislam, bi trebalo barem 5000 da ima sigurno so novata.


Posted By: maestro
Date Posted: 20-Sep-2008 at 11:26
Originally posted by Plugger

Super ke bide salata, dali nekoj znae kolkav kapacitet ke ima? Sega momentalno e 2000 mislam, bi trebalo barem 5000 da ima sigurno so novata.


мислам дека капацитет е 1500 седишта, а не верувам дека ќе бидат со реновирање 5000. се надевам дека и да се зголеми капацитетот за 500 ќе биде таман.
оти сепак, универзална е... универзална!

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Sep-2008 at 13:09
Originally posted by Plugger

Super ke bide salata, dali nekoj znae kolkav kapacitet ke ima?

Sega momentalno e 2000 mislam, bi trebalo barem 5000 da ima sigurno so novata.


Не знам колкав е капацитетот сега, ама очигледно од рендерот дека ќе биде можно само негово минимално зголемување, затоа што салата останува скоро иста, во суштина се работи само за темелно реновирање. Не знам на што го базираш овој оптимизам за толкаво зголемување на капацитетот...


Posted By: se_manda
Date Posted: 20-Sep-2008 at 17:51
luge a so e toa pozadi univerzalna???toa staklenoto.da ne e katna garaza nekoja?!?!?


Posted By: Plugger
Date Posted: 21-Sep-2008 at 19:13
Treba da bide barem 5000, ima golemi koncerti,konferencii sto se pravat tamu namesto da gi lupaat cenite po 1000 denari karta vaka poveke luge po eftina karta ke bide dobro za site gragjani. Kolku pati se desavalo da dojdat stranski bendovi/pejaci pa da pravat po 2 koncerta vo univerzalna sala ili pa da otidat na saem vaka barem pak po solidna brojka ke bide.


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Sep-2008 at 21:25
абе треба, ама не може Tongue
плус поголем број, не значи поевтини карти


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Sep-2008 at 21:52
@ plugger

Што треба е едно, а што може е друго... Плус не гледам некоја голема трагедија од организирање два концерти наместо еден, а помала сала има предност во тоа што е „поинтимна“.


Posted By: Cibi
Date Posted: 22-Sep-2008 at 22:07
Универзална сала ќе биде проширена за уште два реда,тоа ќе биде затоа што толку дозволува просторот што значи ќе има уште за околи + 200 посетители. За нешто поголемо ќе треба да биде поголем зафатот со реновирање а тоа не е исплатливо на постара сала.Ова реновирање за Универзална сала ќе биде на еден начин кажано поголемо "шминкање". Ако сакаме поголем капацитет за една концертна сала тогаш ќе треба да си изградиме една потполно нова концертна сала.


Posted By: Plugger
Date Posted: 22-Sep-2008 at 22:28

Ako se sekavas vo 2006 godina Tose Proeski napravi koncert vo belgradska arena kade sto go gledaa 20,000 luge. Da znaes deka 5000 kapacitet e mnogu mal vo sporedba so drugite mesta, treba da imame edna golema sala za koncerti,konferencii i taka natamu. Denesi nekoj kvalitetni bendovi ke vidis kako nema da dojdat 5000 dushi. Po eftina ke bide cenata zatoa sto ke ima pogolem kapacitet i po lesno ke se prodavaat kartite.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Sep-2008 at 22:31
Па београдска арена не е концертна сала, него е сала исто спортска како Борис Трајковски!


Posted By: vardar
Date Posted: 23-Sep-2008 at 12:35
Кога станува збор за капацитетот ќе се повторам.....
 
Originally posted by vardar

Него дали вреди да се инвестира 3 милиони евра во концертна сала со капацитет од 1500(+200 со реконструкција)...... Борис Трајковски може и 10.000 да собере за концерти, саем негде 5-6000 а тука се МНТ и новиот театарот и филхармонија со негде 700-1000.....
 
 
Би додал дека реновацијава изгледа ќе биде 3 милиони + , а да не заборавиме дека ќе добиеме и 3 нови театри (се разбира не можат во секое време да се користат али сепак).


Posted By: Plugger
Date Posted: 23-Sep-2008 at 17:04

Vardar, 3 novi teatri znachi prviot e stariot teatar pa turskiot teatar koj e tretiot?? Makedonski Opera i Balet?? Ne znam toj dali ke se renovira.

A i tuka si vo pravo, za 1500 dushi ne ni treba da se zamara taa brojka e premnogu mala a ke ima i poveke sali. Edino za nekoja predstava ali pak ako taka gledame pa i vo dom na ARM go pravat toa.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Sep-2008 at 18:23
Originally posted by Plugger


Vardar, 3 novi teatri znachi prviot e stariot teatar pa turskiot teatar koj e tretiot?? Makedonski Opera i Balet?? Ne znam toj dali ke se renovira.


За трите театри читај тука:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=15107#15107 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=15107#15107

Турскиот театар е плус.
Исто така филхармонијата не е исто што и постоечкиот објект на операта и балетот. За филхарммонијата читај тука:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=130 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=130

Кога на ова ќе ги придодадеме и салата Борис Трајковски, рановираната прва хала на саемот ( http://www.skopjefair.com.mk/ostanato/metropolis.htm - Метрополис Арена ) и други помали објекти како АРМ кој го спомна, мислам дека во Скопје нема да има недостаток од простори за културни случувања од најразличен вид. Така да можеби една концертна хала со поголем капацитет не би била на одмет, ама воопшто не е приоритет. Јас таква работа би оставил за некои многу подобри времиња. Сега имаме потреба од многу поургентни и посуштински проекти во инфраструктурата.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Oct-2008 at 20:39
До крајот на годинава: Обнова на Универзална сала

Image
Единствената концертна сала во Скопје наскоро ќе се реконструира и догради со помош на Владата. Ова го најавија премиерот Никола Груевски и директорот на Универзална сала Душко Поповски. Веќе е распишан меѓународниот тендер за изведувач на градежните активности кои, пак, се очекува да започнат околу Нова година.

“Предвидено е салата да има нов модерен изглед и функционалност според современи стандарди. Ќе се интервенира во ентериерното уредување, проширување на фоајето и негово ослободување од гардеробите, доградба и приспособување на нови простори и содржини, замена на сите дотраени материјали, вградување противпожарни скали, реконструкција на таванот, катовите, галериите, санитарните јазли, квалитетна опрема за озвучување, вентилација и инфраструктура, обнова на фонтаната пред салата. Ќе бидат додадени уште два реда нови седиш та, а старите околу 1.500, целосно ќе бидат заменети и со повеќе простор за поголем комфор на посетителите”, објасни архитектката Ленка Маневска, една од тројцата автори на проектот. За негова реализација ќе бидат потребни околу три милиони евра, но сепак, конечната финансиска конструкција ќе зависи од финалните детали и од ревизијата на проектот кој е стар четири години. За време на градежните зафати, салата ќе биде функционална, а по потреба делови од неа ќе бидат затворани во различни фази од реконструкцијата.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1028&Itemid=54




Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Oct-2008 at 01:15

До Нова година ќе се знае изведувачот на реконструкцијата на Универзална

Во тек е процедурата за вадење имотен лист, со што ќе се создадат услови за целосно легална градба

Сања Наумовска

Тендерот за претквалификација на фирми-изведувачи на реконструкцијата и доградбата на Универзална сала, завршува в понеделник. Од пријавените фирми, до крајот на годината ќе се избере една која ќе го реализира проектот вреден над три милиони евра. Парите ќе ги обезбеди Владата преку Министерството за култура. Во текот на неделава ќе биде потпишан и договорот со авторите на идејното решение изработено уште во 2004 година, за финиширање на изведбен проект за реконструкцијата, кој ќе биде пратен на квалификуваните фирми за да достават своја финансиска понуда.

Одговорните во Универзална сала се надеваат дека административните работи ќе завршат до Нова година, по што веднаш ќе започнат градежните работи. Во моментов, информира директорот Душко Поповски, во тек е процедурата за вадење имотен лист за објектот, со што ќе се создадат услови за целосно легална градба со градежна дозвола.

Реконструкцијата и доградбата на Универзална сала веројатно ќе трае две години, период во кој објектот нема да престане со работа. Според идејниот проект, предвидено е Универзална да се претвори во модерен културен и конгресен центар кој ќе има 200 седишта повеќе, поголем влезен дел и фоаје, гардероби за публиката, надворешна застаклена галерија во две нивоа околу целиот објект со угостителски простор, дел за одмор и за продажба на музички материјал и комерцијални содржини кои ќе и' помогнат на салата да се издржува со самофинансирање.

Во првото ниво на галеријата е планирано да има угостителски дуќани, кафулиња и ресторани свртени кон екстериерот, а второто ниво, покрај фоаје и делови за публиката, ќе биде поврзано и со противпожарни скали и два излеза за брзо празнење на салата во случај на потреба од евакуација. Проширени ќе бидат и гардеробите на настапувачите, кои во моментов не ги исполнуваат ниту најосновните услови.

Во втората фаза од проектот е предвидена и изградба на помошна помала сала со 300 седишта, која ќе ја користи истата сцена, но од задната страна. Сепак, вели директорот Поповски, засега се соочуваат со имотни проблеми поради тоа што овој дел од проектот ќе почека нивно разрешување.

Во проектот не се влезени ниту сценските технологии, осветлението, озвучувањето, киноопрема и други, затоа што кај нас нема фирми кои би можеле да ги проектираат, ниту пак да ги изведат. Затоа, за нив ќе се распише посебен тендер и ќе се обезбедат дополнителни средства“, вели Поповски. 

http://utrinski.com.mk/?ItemID=504815C98A6E484098237F65C0FA1212

Овој последниот параграф темелно ме вади од кожа. Објаснувањето не соодветствува со вистината. Очигледно е параван да се сокрие некоја слабост на надлежните.



Posted By: staxx
Date Posted: 01-Nov-2008 at 11:08

Ludje!!! Ne gledajte na rabotive megalomanski. Proektov e izvonreden vo odnos na toa sto bi pruzil. Ce vi dadam eden primer: KUD Orce Nikolov saka da organizira godisen koncert od folkloren karakter. Ne moze sea, koncertot da se odrzi na SAEM ili vo Boris Trajkovski, najprvin zatoa sto treba da se sedi, a vtora rabota e sto se ocekuvaat okolu 1000-1500 posetiteli. Sto znaci i vo aktuelnava univerzalna tretina od sedistata ce zjaat i toa, Orce vazi za naaj naaaj KU drustvo vo MKD. A kaj se ovie ostanative sto ne mozat ni Dramski da go napolnat.

Ako bese muabetot za kapacitet, trebase vo Boris Trajkovski da smestat ludje i zad golovite i da napraveja uste edna platforma kako vo Atina ili San Antonio pa da se dobijat max 15000 sedista, a salata da se prilagodi i za kapacitet so pomali potrebi so pregraden zid.

TOP Proekt.



Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Nov-2008 at 17:45


Пост на место. Универзална е тоа што е и нема потреба од проширување освен ако не се добие нешто со поинтелегентна организација на внатрешниот простор.


Posted By: 46&2
Date Posted: 01-Nov-2008 at 20:47
Мислам дека најбитно е да се реши влезот на поубав начин и да се прошири а капациетот е доволен може само некои плус 200 седишта.


Posted By: La Linea
Date Posted: 01-Nov-2008 at 21:00
Originally posted by staxx

Ludje!!! Ne gledajte na rabotive megalomanski. Proektov e izvonreden vo odnos na toa sto bi pruzil. Ce vi dadam eden primer: KUD Orce Nikolov saka da organizira godisen koncert od folkloren karakter. Ne moze sea, koncertot da se odrzi na SAEM ili vo Boris Trajkovski, najprvin zatoa sto treba da se sedi, a vtora rabota e sto se ocekuvaat okolu 1000-1500 posetiteli. Sto znaci i vo aktuelnava univerzalna tretina od sedistata ce zjaat i toa, Orce vazi za naaj naaaj KU drustvo vo MKD. A kaj se ovie ostanative sto ne mozat ni Dramski da go napolnat.

Ako bese muabetot za kapacitet, trebase vo Boris Trajkovski da smestat ludje i zad golovite i da napraveja uste edna platforma kako vo Atina ili San Antonio pa da se dobijat max 15000 sedista, a salata da se prilagodi i za kapacitet so pomali potrebi so pregraden zid.

TOP Proekt.



Изгледа после толку архитектонски разочарувања што се случуваат во градов рефлексно почнуваме да мразиме и решенија достојни за поздравување. Одличен пост

BTW Добредојде Cheers


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Nov-2008 at 00:22

Девет фирми заинтересирани за реконструкција на Универзална сала

Фирмите што ќе ја поминат претквалификацијата ќе можат да достават финансиска понуда

Девет фирми од Македонија и од странство се заинтересирани да ја реконструираат и доградуваат Универзална сала. Фирмите, меѓу кои има компании од Италија и од Грција, веднаш штом ќе биде готов основниот проект, ќе бидат претквалификувани и оние кои ќе влезат во втората фаза ќе го добијат проектот и ќе можат да достават финансиска понуда.

Во моментов, Комисијата за јавни набавки во Универзалната сала ги чува затворени понудите од деветте фирми. Се чека да се потпише договор со проектантите кои ќе го направат основниот проект, бидејќи без него не може да се оформи цената на реконструкцијата. Во Универзална веруваат дека сите процедури ќе завршат до Нова година, кога ќе се знае изведувачот на реконструкцијата. Во меѓувреме, избрана е и фирмата „Неимар МГ“, која ќе направи ревизија на проектната документација.

Според постојното идејно решение изработено во 2004 година, Универзална сала треба да има 200 седишта повеќе, поголем влезен дел и фоаје, гардероби за публиката, надворешна застаклена галерија во две нивоа околу целиот објект со угостителски простор. Во првото ниво на галеријата е планирано да има угостителски дуќани, кафулиња и ресторани, а во второто ниво - фоаје и делови за публиката. Проширени ќе бидат и гардеробите на настапувачите. Во проектот не се влезени сценските технологии, осветление, озвучување, киноопрема и друго, за кои ќе се распише посебен тендер и ќе се обезбедат дополнителни средства.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=684F7DBA5C9CBA4088F45398EC43054A



Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Nov-2008 at 15:48
мене сеуште ми смета тоа решетката на влезот, ако толку сакале решетка да направат, барем да имаше некои интересни форми


Posted By: BlacK
Date Posted: 17-Nov-2008 at 17:14
Toa resetkata moze da e so namena za pustanje na platna so reklama za najava za nastanot sto sledi (kao po muzeite so ima).Ne znam samo pretpostavljam, ama mene na takvo nesto mi lici ako ima druga funkcija osven estetikata.


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 17-Nov-2008 at 19:31
Сепак добро е што ке се реновира универзална


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Nov-2008 at 20:57
Уште и акустиката ако е средат која стварно е очајна

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: dejan
Date Posted: 18-Nov-2008 at 09:25
Можат седиштата во земја да ги стават, мислам може да се прошири салата во земја и да биде малку како под земен...така би можеле да се има по голем капацитет.


Posted By: dimme.von.macedonia
Date Posted: 12-Jan-2009 at 15:00
Originally posted by zabegan

па претпоставувам дека ако ја реновираат ќе ги решат проблемите со скапувањето
но како што гледам дечките сакаат само да доградуваат, ја имаат објаснето доградбата, но не и реконструкцијата
ова ми личи како да прекриваат ’рѓа со боја без претходно да ја исчистат рѓата, ако ме разбирате
па би се согласил со лсл

како мал се плашев тоа „лустерите“ дека ќе паднат врз мене иако тогаш беа во добра состојбаBig%20smile
 
Ovoa zadnoto LOLPrevious LOL! Go znam čuvstvoto Misleeh deka sum edin po toa prašanje P.s. se izvinuvam poradi latiničnoto pismo, sepak pišuvam od hrvatska, za žal ne uspeav da instaliram kirilca  
Inaku, se slagam deka bi bilo mnogu poubavo da se urne i da se sogradi nova sala na toa mesto. Mestopoložbata e ubava, samo bi trebalo da se sogradi nov objekt po moe mislenje. Po Hrv. toa e praksa. Ako objektot nema sentimentalna vrska ( osven onie malcina što gi pomnime lusterite  Big%20smile  se zamenuva so nov moderen proekt. Inaku, pozdrav do site vas! Mi nedostasuvate site ( makedonci vo globala .. Hug)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jan-2009 at 00:57
Се испитува стабилноста на теренот околу Универзална сала

Најверојатно, изградбата ќе започне напролет и ќе заврши во 2010 година

Фирмата „Геоинг“ вчера ги започна геомеханичките испитувања на теренот околу Универзална сала каде што ќе треба да се изведува доградбата на објектот. Во меѓувреме, со минимални измени е потврден и идејниот проект за реконструкција, кој постои уште од 2004 година, и врз чија основа ќе започне постапката за барање одобренија за градба. Истовремено, како што информираат од Универзална сала, привршува и постапката за вадење имотен лист за објектот. Сопственик на салата ќе биде Градот Скопје.

Како што вели директорот на Универзална сала, Душко Поповски, изградбата ќе започне, најверојатно, напролет, а планирано е да заврши во 2010 година. За тоа е предвидено да бидат потрошени 184 милиони денари, кои ќе ги инвестира Владата. Засега се потрошени близу два милиона денари за изработка на проектот, ревизијата и јавните набавки. Во Универзална во овој период ги очекуваат и првите пари за започнување на градежните работи.

„Засега немаме никакви проблеми околу подготовките за реконструкција и доградба на салата. Полека, но сигурно ги завршуваме сите предвидени чекори, а нема проблеми ни околу префрлувањето на потребните средства“, вели Поповски.

Тој информира дека во тек е и изборот на фирмата која ќе го реализира проектот. На дел од пријавените девет фирми, меѓу кои има и компании од Италија и Грција, им била побарана дополнителна документација, врз основа на која посебна комисија деновиве ќе направи селекција кои фирми ќе се квалификуваат и ќе влезат во втората фаза во која ќе можат да достават и финансиска понуда.

Новата Универзална сала треба да има поголем влезен дел и фоаје, гардероби за публиката, надворешна застаклена галерија во две нивоа околу целиот објект со угостителски простор. На првото ниво на галеријата е планирано да има угостителски дуќани, кафулиња и ресторани, а на второто фоаје и делови за публиката. Проширени ќе бидат и гардеробите на настапувачите

http://utrinski.com.mk/?ItemID=A0888E54ED7BD34C9928BA2040C713C9


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jan-2009 at 14:14
ОД МАРТ
Универзална сала ќе стане градилиште
Предвидено е да се обнови стариот објект и да бидат доградени два прстена околу салата во кои ќе бидат сместени деловни простории, музички продавници и други содржини

Обновувањето на Универзалната сала, место во јануари, како што беше најавено, ќе почне до средината на март. Лани во септември при промоцијата на идејниот проект за обновување и доградба на Универзалната сала, директорот на Универзалната сала Душко Поповски и премиерот Никола Груевски најавија дека градежните работи ќе почнат годинава во јануари. Поповски сега вели дека најоптимистичниот рок за почеток на градежните работи е средината на март.
"Основниот проект за реконструкција и доградба на Универзалната сала се прави според идејното решение од 2005 година, со мали технички измени што го направија самите автори. Наскоро треба да го добиеме проектот, а потоа ќе избереме и фирма изведувач", вели Поповски.
Тој објасни дека со проектот е предвидено целосно да биде обновена Универзалната сала и да бидат доградени два надворешни прстени, каде што ќе бидат сместени деловни простории, музички продавници и други содржини.
"Старите градежни материјали ќе бидат заменети со нови, ќе бидат реконструирани санитарниот јазол и електричната мрежа, ќе бидат проширени влезниот дел и фоајето и ќе бидат поставени столчиња според европските стандарди. Целосно ќе бидат обновени гардеробите и ќе бидат изградени противпожарни скали. Со реконструкцијата, Универзалната сала ќе стане културен и конгресен центар", вели Поповски.

Министерството за култура ги обезбеди средствата за обнова на Универзалната сала во висина од три милиони евра, а градежните работи треба да завршат до крајот на оваа година. Според Поповски, внатрешното уредување ќе остане за 2010 година, кога планираат да биде уреден и дворот на салата.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162575&idg=9&idb=2582&rubrika=Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Feb-2009 at 00:00

Обновата на Универзална сала одложена за три месеца

Реконструкцијата на Универзална сала, која требаше да почне во средината на март годинава, е одложена за три месеци, информираше директорот на оваа институција Душко Поповски. Одлагање побарала фирмата која треба да ги изработи проектите. Владина комисија треба да го одобри или отфрли барањето. Ако го отфрли, ќе следува нова тендерска постапка за изработка на проекти.

Обновата на салата, која е пивремен објект, стар 40 години, ќе се реализира со три милиони евра, пари од Владата. Надворешниот изглед ќе остане ист - од алуминиум и од стакло. Ќе се прошири фоајето, а ќе следува доградба и приспособување на нови простори и содржини, замена на сите дотраени материјали, вградување противпожарни скали, реконструкција на таванот, катовите, галериите и санитарните јазли. Ќе се вгради и квалитетна опрема за озвучување, вентилација и инфраструктура.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7CF63A6C2F60A340AE3AA458A091615C


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Apr-2009 at 11:16

Универзална сала останува скапана

При приспособувањето на проектот на реалната состојба се покажало дека Универзлна сала е во многу полоша состојба отколку што се очекувало, па треба време за да се изработи соодветен проект за обновата

Најавената реконструкција на Универзална сала е одложена на неодредено време, бидејќи ситуацијата на терен била многу полоша отколку што се очекувало, па поради тоа не може да се изработи проектната документација. Лошата состојба на Универзална сала и подземните проблеми биле причина фирмата "Архангел бојс" која треба да го изведе приспособувањето на проектот на реалната ситуација на објектот, да побара дополнително време за завршување на работата. Поради појавени порблеми во моментов ангажирани се експерти од повеќе релевантни институции, кои треба да ја оценат сиуацијата и да најдат решение. Бидејќи ситуацијата била лоша ќе треба одредени делови од Универзална да се санираат, односно ќе се врши зголемување на столбовите и проблематичните ѕидови. Откако објектот ќе се обезбеди, дури тогаш ќе се распише тендер за избор на фирма која ќе ја врши реконструкцијата.
"Сложената состојба на терен и голем број непредвидени проблеми го одложија реконстуирањето на салата. Парите не се воопшто проблем овој пат. Проектната документација не може да се изготви сe додека не се направат дополнителни испитувања на објектот од страна на стручни лица, а за тоа ќе треба време. Не можам ниту приближно да ви кажам кога сето ова ќе заврши", вели Душко Поповски, директор на Универзална сала.
Реконстукцијата на Универзална сала требаше да почне во март. Според проектот, во првата фаза комплетно ќе се реконструира фоајето, гардеробите, галериите, санитарните јазли, катовите и просторот во салата. Предвидено е да се додадат уште неколку редови во салата, која ќе биде опремена со најмодерна опрема и озвучување. Во втората фаза ќе се врши проширување на Универзална сала, односно надворешно ќе се градат книжарници и простории за презентации со кои би стопанисувала Универзална сала и би оставрувале профит. Средствата за реновирање на најголемата концертна сала во главниот град во висина од 3 милиони евра ќе ги обезбеди Владата.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=B41255BE817B6C4A9574AAE2F7AFE2CA


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 03-Apr-2009 at 13:35
Позади салата се оградено и нешто се работи !!??

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Apr-2009 at 13:40

Да не мислиш на ова:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=589 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=589

Question


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-May-2009 at 23:27

Во јуни тендер за Универзална сала

Планирано е реконструкцијата да заврши до 2011 година, а дотогаш објектот непречено да работи

Сања Наумовска

Тендерот за избор на изведувач на реконструкцијата на Универзална сала ќе се распише во јуни, откако ќе биде завршена проектната документација. Од неа се изземени проектите за ентериерот, акустиката и сценските технологии, бидејќи е потребно многу време тие да се изработат. Се работи само на архитектурата и на инсталациите, кои се неопходни за добивање градежна дозвола и за распишување тендер.

Реконструкцијата, се надеваат во Универзална сала, ќе започне уште годинава, но динамиката на градежните работи ќе ја одредува изведувачот. Според директорот на Универзална сала, Душко Поповски, планирано е целиот проект да заврши до 2011 година, а дотогаш објектот непречено да работи.

Обновувањето на Универзална сала ќе чини 3 милиони евра, пари кои следните години ќе се одделуваат од државниот буџет. Засега не е планирано од нив ништо да се скусува, со оглед на тоа дека е еден од поевтините владини проекти. Засега, на сметката на Универзална сала легнале средства за изработка на проектот, за распишување на тендер, како и за експертиза на челичната и на бетонската конструкција на објектот.

„Што се однесува до проектите за ентериер, акустика и сценски технологии, тие ќе се работат дополнително, бидејќи за последните два нема домашни фирми кои имаат капацитет да ги реализираат. За да не чека реконструкцијата одлучено е тие да не бидат во пакет со архитектонскиот проект“, вели Поповски.

Според планот, Универзална сала треба да се претвори во модерен културен и конгресен центар, кој ќе има 200 седишта повеќе, поголем влезен дел и фоаје, гардероби за публиката, надворешна застаклена галерија во две нивоа околу целиот објект со угостителски простор, дел за одмор и за продажба на музички материјали и комерцијални содржини, кои ќе и' помогнат на салата да се издржува со самофинансирање. Планирано е во првото ниво на галеријата да има кафулиња и ресторани свртени кон екстериерот, а второто ниво, покрај фоаје и делови за публиката, ќе биде поврзано и со противпожарни скали и со два излеза за брзо празнење на салата во случај на потреба од евакуација. Ќе бидат проширени и гардеробите за настапувачите.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C068161B9DCA5D46931B8C5CC8562DF5


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Sep-2009 at 21:47

Обновата на Универзална заглави кај паркирањето

Универзална сала не може да добие согласност од Градот за сообраќајниот проект, бидејќи нема доволно паркинг-места, а не може ни да ги предвиди поради катната гаража која се гради веднаш до салата

Реконструкцијата на Универзална сала доцни околу девет месеци, бидејќи надлежните не можат да добијат дозвола за сообраќајниот проект. Душко Поповски, директор на Универзална сала, вели дека без оваа дозвола не можат да добијат ниту градежна дозвола ниту локациски услови.
"Точно е оти најавивме дека реконструкцијата ќе почне во јануари годинава, но се соочивме со проблем што не располагавме со комплетна проектна документација. За да добиеме градежна дозвола, требаше да обезбедиме имотен лист за Универзална сала, која сe досега не постоеше, бидејќи се водеше како времен објект. Универзална, конечно, се води како имот на Град Скопје, успеавме да извадиме имотен лист, но ни се појавија нови проблеми кога почна изградбата на катната гаража веднаш до салата", објаснува Поповски.
Тој вели дека за изградба на катната гаража им одзеле дел од парцелата. Општина Центар, за да му издаде дозвола на приватниот инвеститор, со деталниот урбанистички план "Буњаковец 2" го обврзала да обезбеди 100 паркинг-места за потребите на Универзална. Но сега, за да може Универзална да добие одобрение на сообраќајниот проект, треба да обезбеди паркирање на сопствената парцела.
"Потребни се 160 паркинг-места, а сега имаме само четириесетина места. Немаме можност да предвидиме дополнителни поради одземениот дел од парцелата", вели Поповски.
Тој објаснува дека во моментов од Општина Центар чекаат извадок од ДУП "Буњаковец 2", во кој се вели дека паркинг-места за Универзална сала ќе бидат обезбедени во новата катна гаража, за да можат да добијат согласност од Градот.
Од Општина Центар не кажаа зошто сe уште не одговориле на барањето на Универзална сала. Портпаролот на Општината Јовица Ацковски кусо изјави дека Општината очекува во најкусо време да се комплетира проектот за паркирање.
Градските власти, пак, велат дека штом Универзална сала ја донесе потребната документација, ќе обезбедат доволен број паркинг места, ќе дадат согласност за сообраќајниот проект.

http://vest.com.mk/?ItemID=1F9235B0CBF64F48A081CF3B0F5AA85B


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Sep-2009 at 14:33

ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УНИВЕРЗАЛНА

Владиниот капитален проект предвидува Универзална сала после реконструкцијата и санацијата да биде самоодржлива независна институција

Пишува: Наташа Црвенковска

mailto:n.crvenkovska@globusmagazin.com.mk - n.crvenkovska@globusmagazin.com.mk

Метрополитен опера, Миланска скала, Опера хаус, Бољшој театар... Тоа се имињата на најголемите и најпознатите концертни сали во светот и тие претставуваат синоним за врвни музички изведби. Овие концертни сали и оперски куќи се заштитен знак на своите градови.

Ние ја имаме Универзална сала. Неа сме ја добиле 1963 година како подарок при обновувањето на разурнатото Скопје по катастрофалниот земјотрес.

Низ своето повеќе од четиридецениското постоење Универзална сала беше место за фестивали, мајски оперски вечери, драмски претстави, партиски конгреси „историски одлуки“, па дури служеше и како амфитеатар за студентските предавања на бруцошите од Правен факултет во далечната 1968 година, а во неа се полагаа приемни испити за Медицински факултет. Овие случувања беа најверојатно и најздодевните манифестации во овој објект па студентите броеа колку јајца можат да застанат во таблите кои беа залепени на нејзиниот плафон.

Денес таа е стара, грда градба со застарена инфраструктура, со слаба акустика, небезбедна, неатрактивна за големите ѕвезди, прегазена од времето и полека но сигурно - пропаѓа. А на градот ваков простор му е повеќе од потребен.

„Обновувањето на Универзална сала е капитална инвестиција на оваа влада“, изјави неодамна премиерот Никола Груевски. За таа намена од буџетот на државата во прва фаза ќе бидат издвоени 3 милиони евра. Направен е проект, одбран е тимот и останува само да заврши тендерот и да се одбере градежна фирма која оваа работа ќе ја заврши бргу и квалитетно. Почеток на градежните работи се предвидува за јануари идната година. Ќе се работи дел по дел така што Универзала и за време на реконструкција ќе си ја извршува својата функција. Како ќе изгледа старо новата Универзална сала?

Во тимот на кој му е доверена оваа работа се архитектите Ленка Маневска која е носител на идејниот проект, архитект Весна Кондева и архитект Ангел Ситновски. Тие се согласни во едно - оваа работа конечно мора да се направи и дека ќе вложат максимални напори Универзалната сала да добие нов лик, да биде функционална и да биде максимално безбедна и за публиката и за изведувачите. Тука пред се' се мисли на противпожарната заштита, на брзата и функционална комуникација до салата. Тоа значи дека Универзална ќе добие неколку нови влеза и нема повеќе да се туркаме сите на еден влез.

„Во првата фаза е предвидена реконструкција и комплетна реставрација на архитектонскиот дел на Универзалната сала“, вели архитект Ленка Маневска.

Предвидено е салата да има нов модерен изглед и функционалност според најсовремени стандарди. Нејзиниот ентериер конплетно ќе биде сменет, фоајето ќе биде проширено, гардеробите се селат од досегашниот просторот на фоајето и добиваат сосема нов простор со доградба на некои делови од фасадата така што и самиот надворешен лик на универзална малку ќе биде сменет. Ќе се доградат неколку потполно нови простории, ќе бидат вградени противпожарни скали, ќе се реконструира таванот, катовите, галериите, санитарните јазли и целата инфраструктура. Ќе се подобри вентилацијата и комплетната термика. Нема повеќе да ни се случува во лето посетителите да умираат од жештина а во зима да се смрзнуваат од студ.

„Универзалната сала е монтажен објект со челична конструкција и на градежниот дел не ќе може многу да се интервенира. Затоа нашата концентрација ќе биде на ентериерот и делумно на надворешна фасада а најмногу на гардеробите и просторот каде се подготвуваат изведувачите. Потоа на внатрешноста на салата и на подобрување на нејзината вкупна функционалност “ вели архитект Ангел Ситновски.

Тоа подразбира дека ќе се отворат неколку нови влеза, дека ќе биде детално проверена и санирана статиката на објектот. Онаму каде што има попуштања ќе бидат санирани. Втората фаза која веднаш ќе се реализира заедно со првата е уредување на ентериерот.

Практично се руши се', се вадат старите материјали кои се вградени пред 40 години и се заменуваат со потполно нови, модерни, многу побезбедни и пофункционални. Се вади комплетно стаклената волна, разни шпер плочи и на нивно место се вградуваат современи матерјали. Во прва фаза ќе се направи комплетна експертиза на сите конструкци и матерјали. Ќе се подобри термиката, акустиката, комуникацијата. Делови од фасадата исто така ќе бидат променети. Се прави нов приод до седиштата. Делумно се спушта плафонот и се зголемува акустиката. Се вградуваат потполно нови седишта.

Ќе се обидеме малку да го зголемиме просторот меѓу седиштата за да се олесни комуникацијата на публиката. Во рамките на овој проект предвидена е и замена на комплетниот машински парк, греење, струја, вода, со еден збор, целата инфраструктура на Универзалана сала“ вели Весна Кондева.


Архитектите Ленка Маневска, Весна Кондева и Ангел Ситновски кои учествуваа во изработка на идејното решение се согласни во едно - реконструкција на Универзална сала конечно мора да се направи и тие ќе вложат максимални напори салата да добие нов лик, да биде функционална и максимално безбедна и за публиката и за изведувачите

Она што останува старо е бројот на седишта. „Тука не можеме да смениме ништо. Самата сала има капацитет од 1.570 седишта и тој број ќе остане и по реконструкцијата. Оваа бројка е сосема доволна да ги задоволи потребите на нашата публика и на најголемиот број изведувачи кои и до сега биле задоволни од бројот на посетители. Диспозицијата на седењето не може да се менува затоа што новите прописи за противпожарна заштита налагаат одредени подобрувања во делот за публиката и тука ќе има доста нови сигурносни мерки. Трибините каде се распоредени седиштата се бетонирани и тука не можеме апсолутно ништо да интервенираме“, вели Ангел Ситновски. 

КОМОЦИЈА ВО ГАРДЕРОБЕРИТЕ Со реконструкција и санација на Универзалната сала најмногу ќе добијат изведувачите.

„Па тоа е една од најважните задачи“, вели Кондева, „целата оваа работа се прави за пеачите, глумците, музичарите за а се чувствуваат попријатно. Изведувачите добиваат потполно нови гардероби. Нема повеке туркање и гужвање во загушливи простории. Овој дел ќе биде уреден според најсовремените архитектонски решенија“.

„Во овие рамки е предвидена и изградба на еден ВИП салон каде ќе можат да се одржуваат прес конференции, да се организираат интервјуа со најпознатите личности од светот на естрадата. ВИП салонот, ќе има посебен пристап од надвор, со посебни скали и директен пристап до гардеробите за солисти. ВИП салонот ќе има сопствен шанк, посебен влез и кујна. Сето тоа ќе биде во функција на поквалитетно и побезбедно одржување на претставите и концертите“, додава Кондевска.

Според идејниот проект на оваа група архитекти, во рамките на Универзална предвидена е изградбада на една мала сала за камерни концерти и претстави, за алтернативни театри која ќе има стотина седишта.

Со реконструкцијата, администрацијата е комплетно отстранета од сегашните простории и ќе биде преселена во новиот дел којшто ќе се догради на задната страна од објектот. Просторот кој до сега го користела администрацијата, ќе биде искористен како гардероба во која ќе може да се пресоблекуваат и шминкаат поголеми група на настапувачи како што се поголеми ансамбли, хорови и оркестри. Оваа гардероба ќе биде опремена со модерни современи купатила, кабини за туширање, шминкерници....

„Ќе има и две помали гардеробери за солисти и ексклузивни гости каде ќе се подготвуваат за настапот“ вели Кондова.

Концептот врз кој се реконструира Универзална сала е така конципиран што овозможува внесување на содржини кои ќе и овозможат сама да стопанисува со просторот и да обезбеди финансиска самоодржливост, без да има потреба од финансиски сретства од локалната самоуправа. За да се оствари сето ова предвидено е да се доградат три комерцијални простории, наменети за галериски простор, а ќе бидат во служба на одржување на Универзална сала. Универзална треба да стане финансиски независна установа и да не зависи од градот.

Во третата фаза за која овој тим не е задолжен, а ниту парите не се обезбедени, е реконструкција на сцената. За реконструкција и реновирање на сцената ќе се прави потполно нов проект кој подразбира изработка на нова сцена, ново озвучување, осветлување, механизми за сцена. 

Посматрано од градежен аспект, Универзалната сала е во релативно добра состојба иако е градена пред 40 години. „Спроведена е експертиза на челичната и металната конструкција и се работи за проект за санација, откривме дека треба да се санира носечкиот систем. Утврдивме дека во носечките ѕидови нема никава пукнатина освен на сценската плоча каде има оштетување само на едно место. Материјалите од кои е правена зградата се стари повеќе од 40 години и веќе не влегуваат во прописите за современа градба . Тука пред се' мислам на термоизолацијата која е направена од стаклена волна оттаму има големи губитоци на енергија, поради што ќе биде неопходно да ја отвориме се' до челичната конструкција и одново да ја изолираме со посовремени матерјали“, вели Ленка Маневска.

Куполата ќе биде затворена со термичка и звучна изолација, од внатрешната страна ќе биде поставен огноотпорен гипс, картон а за обездимувањето ќе бидат поставени специјални решетки. Машински инжињери ќе решаваат како ќе биде поставено греењето и ладењето. Директор на Универзална сала Душко Поповски е задоволен од целиот проект бидејќи со обновување и реконструкција на Универзлна сала се предвидени некои нови содржини, кои ќе овозможат самофинасирање на оваа институција така што таа повеќе нема да биде на товар на градот Скопје.

„Мораме да обезбедиме некаква самоодржливост“, изјавил Поповски, „бидејќи минатата година во Универзална се одржани 56 манифестации од кои дел биле без никаков надомест, односно на трошок на салата“.

За време на градежните работи салата ќе биде во функција, а по потреба ќе се затвараат само одредени нејзини делови. 

Последно реновирање

Универзална сала последен пат е реновирана далечната 1978 година за одржување на конгрес на комунистичката партија на Македонија на кој требало да присуствува и Јосип Броз Тито. Тогаш се бетонирани трибините, а за да се провери издржливоста на централната ложа биле донесени 200 војници да седнат во неа. Конструкцијата на трибините и галериите е толку добро направена што сега е невозможно да се направат било какви промени во внатрешниот изглед на Универзална сала.

Проценки

Спроведувањето на овој проект ќе се одвива во три фази. Првата фаза е завршена, предаден е основниот проект заедно се целата архитектура, статика, машинска и електро инсталација, термичка и звучна изолација а во тек се припремите за реализација на втората фаза којашто според проценките би требало да започне некаде во мај идната година, за да биде завршена до крајот на летото доколку се се одвива според планот на работа и се обезбедат сретства од страна на Владата.

Чиј е паркингот

Во 2004 година кога е работен идејниот проект за реконструкција на Универзална сала паркинг просторот беше во нејзина сопственост поради што е изработен и проект за катна гаража. Во меѓувреме работите се променети и на истото тоа место е поставена маркица и предвидено е приватник да гради катна гаража. Очигледно во целата работа околу реновирање на Универзална сала има многу приватни интереси. Затоа што е нелогично на паркинг плац кој е сопственост на јавен објект да се додаде маркица на приватен субјект. Можеби е ова подготовка Универзалана сала да се обнови со државни пари па потоа да се приватизира.

Koлку чини новата Универзална?

Идејатата за реконструкција и обнова на Универзалната сала е стара неколку децении. Прв кој сериозно размислувал за нејзината санација бил скопскиот градоначалник Ристо Пенов. Според неговите калкулации за обнова на Универзалната сала во тоа време биле потребни 400 илјади евра.

По неколку години новиот Совет на град Скопје истото го испланирал за 800.000 евра. Последниот „донатор“ Владата, решила да не штеди и за почеток да потроши за оваа намена ни помалку ни повеќе туку 3 милиони евра. Овие средства ќе бидат наменети само за градежните работи и ентериерот, без обнова на сцената, светла, озвучување, сценска техника... И тоа во време на криза. Што би рекол нашиот народ „ Играм пеам лесно ми е, никој не знае како ми е“.

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=DA6020DAF0F55F4D8F328C1B7C46FEBB



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2009 at 00:18

Универзална доби градежна дозвола


Трајановски вчера потврди дека проектот е приспособен, добиени се сите дозволи и рече дека веќе не постојат пречки за пролонгирање на почетокот на градежните работи


Реконструкцијата на Универзална сала ќе почне во ноември, најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Тој вчера потврди дека проектот е приспособен, добиени се сите дозволи и рече дека веќе не постојат пречки за пролонгирање на почетокот на градежните работи.
- Сега веќе располагавме со комплетна проектна документација и почнуваме во ноември, најави Трајановски.

Реконструкцијата на Универзална сала доцни веќе една година, бидејќи надлежните не можеа да добијат дозвола за сообраќајниот проект, документ без кој не можеше да се добие ниту градежна дозвола, ниту локациски услови. Нови, дополнителни проблеми се појавија и пред неколку месеци кога почна изградбата на катната гаража веднаш до салата, кога се стесни парцелата наменета за изградба на Универзална сала.

Веќе пишувавме дека службите од Општина Центар при издавање на дозвола за градба на инвеститорот на катната гаража го обврзала да обезбеди 100 паркинг-места за потребите на Универзална. Но, за да се потпише одобрение за сообраќаен проект, секој објект треба да обезбеди паркирање на сопствената парцела. Трајановски не прецизираше дали се извршени коренити измени на планските документации, но потврди проектот е модифициран и усогласен со новонастанатата ситуација и дека ја потпишал согласноста за сообраќајниот проект.
Со процесот на децентрализација, Универзалната сала потпадна под ингеренции на Град Скопје, но за реновирање ќе помогне и Министерството за култура.

Проектот предвидува салата да добие нов модерен изглед и функционалност според современи стандарди. Планирано е да се интервенира во ентериерното уредување, проширување на фоајето и негово ослободување од гардеробите, доградба и приспособување на нови простори и содржини, а ќе се изврши реконструкција на таванот, катовите, галериите, санитарните јазли, а планирано е да се инсталира квалитетна опрема за озвучување, вентилација и инфраструктура.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E2A6829C8AA69B4883365E7EA51B57A0 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E2A6829C8AA69B4883365E7EA51B57A0


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Feb-2010 at 11:08
ЕДНА ГОДИНА ДОЦНИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА
„Универзална сала“ заглави во подготовки и ревизии

Роза Петкова

Обновата на „Универзална сала“ најавена пред повеќе од една година се оддолжува, поради ревизија на изведбените проекти. Во Министерството за култура, кое треба да ја реализира реконструкцијата на салата, велат дека засега се готови податоците за имотно-правниот статус на локацијата, која е чиста и завршен е тендерот за испитување на земјиштето, а се чекаат проектите за подземното паркирање. - Во тек е ревизијата на изведбените проекти за реконструкција и за доградба на објектот. Склучен е договор со проектантот на подземното гаражирање. Рокот за изработка на основните проекти е 45 дена од склучувањето на договорот и 15 дена за изведбените проекти, по добивањето на позитивна ревизија на основните проекти. Тече и евалуацијата на тендерот за стручен надзор. По добивањето позитивна ревизија на изведбените проекти ќе се распише тендер за избор на градежна фирма - објаснуваат од одделението за односи со јавност во Министерството. Според Вера Бошковска, в. д. директорка на салата, најрано што може да почнат работите на терен е налето, но и тоа не е сигурно. - На лето најверојатно, но не можам точно да ви кажам кога ќе почне реконструкцијата. Се уште се подготвува техничката документација, се работи на проекти, на дозволи. За десетина дена ќе имам поконкретни информации - вели Бошковска. Во меѓувреме, Советот на Град Скопје на последната седница ја ослободи „Универзална сала“ од плаќањето комуналии за градежно земјиште. Согласно усвоената одлука, инвеститорот, односно Владата, преку Министерството ќе треба на сопствен трошок да го уреди земјиштето и да ја изгради потребната инфраструктура. Салата треба да се реконструира според идејно решение, старо пет години. Со него е предвидено таа да се догради и да се обнови во две фази и да прерасне во модерен културен и конгресен центар. Ќе се подобри внатрешниот изглед, фоајето ќе се прошири и ќе се ослободи од гардеробите, а ќе се изградат и два странични прстени, слично на постојната купола на салата. Во овие делови ќе се сместат угостителски содржини, музички студија, а дел ќе биде и за одмор. Ќе се заменат и сите дотраени материјали, ќе се вградат противпожарни скали и ќе се реконструираат таванот, катовите, галериите, санитарните јазли. Предвидена е и нова квалитетна опрема за озвучување, вентилација и инфраструктура и обнова на фонтаната пред салата. Ќе бидат додадени уште два реда седишта, а старите целосно ќе се заменат и ќе има повеќе простор за поголема удобност на посетителите. За обновата првично беа предвидени три милиони евра, но конечната финансиска пресметка ќе зависи од ревизијата на проектот. Инаку салата е изградена по скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година, со пари од 35 земји од светот, по што го добила своето име. Проектот е на бугарски архитекти, а била изградена како времен објект со челична конструкција.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1934&ArticleID=133041


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 28-Mar-2010 at 23:29
Кај една, таму и две Big%20smile
 

Реконструкцијата на Универзална одложена за две години

Обновувањето на објектот ќе почека да се направат проектите за акустика, ентериер и за сценски технологии

Сања Наумовска



Реконструкцијата на Универзална сала е одложена за две години, а причина за тоа се незавршените проекти. Освен градежниот проект и подземното паркирање, што се готови, пред почетокот на реконструкцијата мора да бидат подготвени и проектите за акустика, за ентериер и за сценски технологии. За нив се' уште не е објавен ниту тендер, а веројатно планери ќе се бараат надвор од државава, заради специфичноста на техниките.

Иако долго време се најавуваше дека реконструкцијата на Универзална сала мора да почне итно и тоа заради лошата состојба во која се наоѓа објектот, сепак, надлежните го сменија мислењето. За годинава не се предвидени финансии за Универзална, а прашање е дали ќе има пари и догодина. Надлежните во оваа културна институција велат дека реконструкцијата е одложена до крајот на 2011 година, а дотогаш очекуваат да завршат сите тендери. А, според првичните планови, таа година требаше комплетно да завршат реконструкцијата и доградбата на објектот.

За градежниот дел потребни се околу три милиони евра што ќе бидат обезбедени од државниот буџет. За ентериерот, акустиката и сценските технологии се потребни уште толку. Особено проблематично е нивното проектирање, со оглед на тоа што за последните два сегмента не постојат домашни фирми што имаат капацитет да ги изведат. И изработката трае долго, што дополнително ги доведува во прашање роковите кога ќе стартува реконструкцијата на објектот.

„Реконструкцијата на Универзална сала е одложена за крајот на следната година, а причина се незавршените проекти. Градежните работи ќе може да почнат кога ќе се комплетираат сите проекти, а се очекува реконструкцијата да трае една година. Дотогаш планираме Универзална сала да функционира вообичаено, со сите закажани настани“, вели директорката Вера Бошковска.

Според планот, Универзална треба да се претвори во модерен културен и конгресен центар, со 200 седишта повеќе, поголем влезен дел и фоаје, гардероби за публиката, надворешна застаклена галерија на две нивоа околу целиот објект, со угостителски простор, дел за одмор и продажба на музички материјал, како и комерцијални содржини што ќе помогнат да се издржува со самофинансирање. Во првото ниво на галеријата е планирано да има угостителски дуќани, кафулиња и ресторани свртени кон екстериерот, а второто ниво, покрај фоаје и делови за публиката, ќе биде поврзано и со противпожарни скали и со два излеза за брзо празнење на салата во случај на потреба од евакуација. Проширени ќе бидат и гардеробите за настапувачите.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AAF6BF9FA223394CB1461D3F432DD4D7 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AAF6BF9FA223394CB1461D3F432DD4D7


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Mar-2010 at 04:32
Originally posted by SkyBoy

Кај една, таму и две Big%20smile
Всушност четири 
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=356&PID=15963#15963 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=356&PID=15963#15963


Posted By: Baze
Date Posted: 13-Aug-2010 at 11:17

РЕНОВИРАЊЕТО НА УНИВЕРЗАЛНА НИКАКО ДА ПОЧНЕ

На концерти во крш сала

Речиси две години откако Владата го промовираше проектот за реновирање на Универзалната сала, таа стои нечепната, а надлежните немаат поим кога ќе стартуваат градежните работи

Универзалната сала и оваа година ќе остане скапана и руинирана. Надлежните, Град Скопје и Министерството за култура никако да почнат со реновирањето, иако веќе година и пол се најавува стартот на градежните работи. Во март лани работите беа стопирани поради проблеми со подземните столбови, кои не беа стабилни за да ја издржат надградбата на салата. Во октомври проблемот беше решен, па тогаш градоначалникот Коце Трајановски најави дека во ноември реновирањето на Универзалната сала, конечно, ќе почне. Градоначалникот тогаш рече дека финансиите не се проблем, оти Владата вети дека ќе даде три милиони евра за реновирањето. Но од ноември поминаа речиси девет месеци, а Универзална стои нечепната и надлежните немаат поим кога ќе се почне со реновирањето.
"Во моментов нема никакви активност за реновирање на салата. Не можам да ви кажам кога ќе стартуваат градежните активности, тоа не зависи од нас", ни рече кратко директорката на Универзалната сала Вера Бошковска.
Од Град Скопје, иако пред девет месеци градоначалникот Трајановски даваше информации до каде е проектот за реновирање на концертната сала, сега велат дека инвеститор на проектот е Министерството за култура и дека за сите потребни информации треба да се обратиме таму.
Од ресорното министерство објаснуваат дека во моментов се испитува состојбата на теренот, но не прецизираат кога ќе почне реновирањето.
"Пред да се стартува со градежните работи, треба да се направи експертиза на армиранобетонската и челичната конструкција на објектот и да се изготват проектите за санација. Во тек е ревизија на изведбените проекти за подземното гаражирање и партерното паркирање. Наскоро треба да бидат готови програмите за изготвување проект за ентериерно внатрешно уредување и за сценски технологии за овој објект, по што ќе следува распишување на јавен оглас за избор на фирма за изготвување на проектите", велат од Министерството за култура.
(А.А.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=EDC9BEF3E7700A409FA8703F41075C63 - http://www.vest.com.mk/?ItemID=EDC9BEF3E7700A409FA8703F41075C63


Posted By: Tuvok
Date Posted: 01-Sep-2010 at 16:13
Во нормален све знаат да му кажат фала, добро не служеше на објектот и да го срамната оо земја и да изградат нов. Или пак нека реновираат колку толку и нека направат скорс нова концертна сала.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Oct-2010 at 14:59
НИШТО ОД НАЈАВЕНАТА РЕКОНСТРУКЦИЈА
Универзалната сала се распаѓа Роза Петкова

Место да се реконструира, „Универзалната сала“ е еден од најстарите концертни објекти, скапува среде центарот на градот. Директорката Вера Бошковска алармира дека во салата веќе нема ни најосновни услови за работа, а се поголема закана се ‘рѓосаните цевки на инсталацијата. Иако уште пред две години Владата најави целосна реконструкција на објектот, а се промовираше и новиот изглед на салата, оттогаш ништо не се промени. - Се подготвувавме долго за реконструкција на салата, се правеше и проект, а сега не сме ни во буџетот влезени. Не знам дали салата ќе може да преживее уште една година во ваква состојба. Се е дотраено и гнило, а и безбедноста е ставена под прашалник. Цевките од водоводната и од топлификациската мрежа се кородирани и во секој момент можат да пукнат. И какви пари и да побараме, нема да бидат доволни, освен целосната сума за комплетна реконструкција - рече Бошковска, на работната средба на Советот на Град Скопје, одржана во Охрид, на која се договараа проекти за следниот градски буџет. Директорката се пожали и дека лошите услови во кои се наоѓа оваа јавна градска установа влијаат на работата, која се помалку ја има затоа што конкуренција им се понови и поопремени сали, кои се закупуваат за одржување настани и концерти. - Програмскиот дел ни е многу сиромашен, салава е само за изнајмување, а носиме назив - центар за организирање приредби. Немаме минимални средства за работа, ни санитарни услови. Ланската година сме имале само 40 работни дена, кога салата била изнајмувана - вели Бошковска. Таа објаснува дека салата има 16 вработени, а недостигаат уште најмалку осум или половина од персоналот. Две од нив се хигиеничарки што е премалку за да се одржува сала со површина од 3.000 квадратни метри. На прашањето зошто реконструкцијата на „Универзална сала“ не е влезена во буџетот на Градот за 2011 година, оттаму ни одговорија дека тие не го водат проектот, туку Министерството за култура и раководството на салата. Во Култура го кажаа истото што го велат со месеци, а тоа е дека се уште се работи на техничката документација која била посложена. „Универзална сала“ со години е во очајна состојба. Однадвор фасадата и прозорците се скапани, дрвото на рамките од прозорците е излупено, а китот од страните почнал да паѓа. Внатре целиот ентериер е застарен, столчињата за седење, покрај тоа што се претесни и премали, се уште со обложени со истиот материјал. Според проектот за целосна реконструкција, фоајето треба да се прошири и да се изградат два странични прстена, слично на постојната купола на салата, во кои ќе се сместат угостителски содржини, музички студија, а дел ќе биде за одмор. Предвидено е да се заменат сите дотраени материјали, да се вградат противпожарни скали и да се реконструираат таванот, катовите, галериите, санитарните јазли. Ќе бидат додадени уште два реда седишта, а старите целосно ќе се заменат и ќе има повеќе простор за поголема удобност на посетителите. Првичните најави беа дека сето ова би чинело три милиони евра. Салата е изградена по скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година, со пари од 35 земји од светот, по што го добила своето име. Проектот е на бугарски архитекти, а е изведена како привремен објект со челична конструкција.


Есма се нуди за помош на салата

Есма Реџепова-Теодосиевска, советник во Градското собрание, од коалицијата на владејачката ВМРО – ДПМНЕ, се понуди преку концерти да собере пари за обнова на салата.
- Сум пеела кога се градеше салата, иако ни плочка не е ставена како благодарност, спремна сум да пеам и сега. Направете десет концерти, понудете ги по работни организации, јас ќе пеам бесплатно - порача Реџепова на состанокот во Охрид.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2140&ArticleID=149796


Posted By: fichot
Date Posted: 08-Oct-2010 at 17:15
Ме мрзи да ги читам сите текстови/постови, ама ако нешто треба да се среди во УС тоа се седиштата и редовите. Премногу е тесно човече... ко за деца да е праена салава. Нормални луѓе тешко се снаоѓаат, камоли покрупни/повисоки ко мене. 

-------------


Posted By: Plugger
Date Posted: 26-Oct-2010 at 04:26

ОДЛАГАЊЕ НА ОБНОВАТА НА ОБЈЕКТОТ ОД ПРИВРЕМЕН КАРАКТЕР


Универзална сала ќе ја чека 2012


Градот Скопје не планира да издвои средства за таа намена со буџетот за идната година, а од државниот буџет ќе се издвојат шест милиони денари за довршување на подготвителните проекти


Универзална сала, каква и да е, ќе не служи уште некоја година. Долгонајавуваната реконструкција и доградба на дотраениот објект ќе чека подобри времиња, бидејќи Градот Скопје не планира да издвои средства за таа намена со буџетот за идната година, а под знак прашање е дали тоа ќе се случи и во 2012 година. Ова го потврди и скопскиот градоначалник Коце Трајановски на вчерашната седница на Советот наменета за советнички прашања.
- Реконструкцијата на Универзална сала е крупен проект којшто Град Скопје ќе го реализира со подршка од Владата. Треба да се координираме и да видиме со колку средства ќе треба да учествува Град Скопје, рече градоначалникот Трајановски.

Дека проектот за обнова на Универзална сала времено ќе се одложи, потврдија и надлежните од Министерството за култура.
- Во буџетот за идната година се издвоени шест милиони денари кои ќе бидат наменети за довршување на подготвителните проекти, а почетокот на изградбата се надеваме дека ќе почне во 2012 година, велат од ресорното Министерство.

Советникот Перо Арсовски потенцираше дека остојбата во којашто се наоѓа Универзална сала е далеку под нивото на кое треба да стои една културна институција, каде што се одржуваат светски настани, каков што е Скопскиот џез-фестивал, на пример.
- Треба ли да чекаме да се случи несреќа за да се побрза со реализација на овој проект, којшто е далку побитен од лавовите или Градската плажа, рече Арсовски.

Идејниот проект за Универзална сала е готов уште од пред неколку години. Го изработи тим од реномирани македонски архитекти, а предвидува комплетна трансформација на објектот изграден пред 45 години во мултимедијален објект од траен карaктер.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=076872B8E7D47F43A917327CC69E7735 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=076872B8E7D47F43A917327CC69E7735


Posted By: Plugger
Date Posted: 26-Oct-2010 at 14:07
Нова Универзална сала за 2012 година

Ѕвездите од „Скопскиот џез - фестивал“ дојдоа видоа и си отидоа со бедни впечатоци. Санитарните јазли се катастрофа и само се надевавме дека на Патриша Барбер нема да и се приоди во клозет, се жалат скопјани

 
 
%20  
Единствената концертна сала во земјава од нејзината изградба по земјотресот во 1963 година не е воопшто реконструирана.

На вчерашната седница на градскиот совет посветена на советнички прашања се зачна токму ова прашање, па така актерот Петар Арсовски го праша градоначалникот Коце Трајановски дали воопшто планира да го реализира овој проект.

- Во 2009 година градоначалникот вети дека целосно ќе се реконструира Универзалната сала. Тоа е место каде што гостуваат врвни звучни имиња од целиот свет, а е градба пред распаѓање. Многу е важно да се побрза со нејзина реконструкција. Тоа е далеку побитно од лавовите и другите споменици. Од ветувањето до сега поминаа две години. Кога мислите да го реализирате овој проект - праша Арсовски, советник од редовите на СДСМ.

Трајановски, пак, вели дека тоа е сериозен проект за кој се потребни многу пари, како и тоа дека не зависи сé од градот, затоа што станува збор за заеднички проект со Владата.

- Ако почне реализацијата на овој проект, ќе треба целосно и да заврши, а не само дел по дел да се реконструира. За него требаат многу пари. Ниту во буџетот за 2011 година не е предвидена реконструкцијата, ама затоа се надевам дека во 2012 година ќе има пари и за неа - истакна градоначалникот.

Револтирани се и скопјани кои велат дека се срамат од фактот што единствената концертна сала е стара, со неудобни седишта, никаква инфраструктура, слаба акустика, без клозет и дека врвни имиња ќе ја имаат „честа“ да ја видат нашата беда.

- Само што заврши „Скопскиот џез-фестивал“, кој е култен настан затоа што редовно носи светски имиња. Ѕвездите дојдоа, видоа и си отидоа, а какви впечатоци понесоа, тоа е веќе друго прашање. Срам ми е што мораа да ја видат ваквата беда. Па санитарните јазли на Универзална се како од среден век. Само се надевав дека на Патриша Барбер нема да и се приоди во клозет, зашто доколку и се одеше верувам дека ќе пропаднев во земја - вели Катерина З., редовна посетителка на „Скопскиот џез-фестивал“.

Проектот за реновирање на Универзалната сала се влечка уште од 2004 година кога градоначалник беше Ристо Пенов. Оттогаш поминаа шест години, а листата се прошири и со ветувањата на Трифун Костовски. Минатата година дури и премиерот Никола Груевски најави дека градежните работи ќе почнат во јануари, ама оттогаш поминаа девет месеци, а од проектот ниту абер, ниту глас.

Идејниот проект е дело на архитектите Ленка Маневска, Весна Кондева и Ангел Ситновски. Според нивната замисла, Универзална треба да има модерен изглед и функционалност по современи стандарди. Особено внимание е посветено на ентериерното уредување, на проширувањето на фоајето, доградба и приспособување на нови простори, замена на сите дотраени материјали, вградување на противпожарни скали, реконструкција на таванот, катовите, галериите, санитарните јазли, квалитетна опрема за озвучување, вентилација и инфраструктура, обнова на фонтаната пред салата, како и додавањето на два нови реда седишта.





 
   
Автор: Биљана Стојановска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102610103939&id=14&setIzdanie=22116 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102610103939&id=14&setIzdanie=22116


-------------


Posted By: Dexter26
Date Posted: 21-Nov-2010 at 19:24
А бе, како се одвиваат работите во оваа држава, за да се изгради било што, тоа што ќе се гради мора да биде од основна потреба на градот, односно на државата.
Што им е гајле на пратениците во Парламент, на нив им е убаво во пратеничките фотељи, истото важи и за министрите во Владата, нивните заменици, советници, вицепремиерите, градоначалниците, општинските советници итн.
Универзалната Сала никогаш не била предвидена како траен објект, уште од кога е изградена е предвидена како привремен објект, кој мора да се замени со друг траен објект.
И покрај тоа што државата го доградува градскиот стадион, го гради староновиот театар, и покрај тоа што веќе одамна ја имаме салата Борис Трајковски, сепак, да се изгради нов траен објект за изведувачи, не само за изведувачи од Македонија, туку и од странство, би била само капка во буџетот на државата, кој секоја година расте.
Тоа би била еднократна инвестиција од која сите ви профитирале, ама очигледно потребно е прво со сила да се сруши Универзалната Сала, за да нашиве тупани од лидери одлучат да изградат нов траен објект.
 
Спортската сала Борис Трајковски експресно ја изградија, затоа што Македонија беше домаќин на европското првенство во ракомет.
 
А во 2004, откако загина Борис Трајковски, скопските улици експресно беа асфалтирани, бидејќи низ нив за последен пат ќе поминувал покојниот претседател.
 
 
 
Жал ми е и нека ми прости Бог за се што изнапишав, но во оваа држава очигледно добрите работи само со сила можат да се реализираат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2010 at 19:46
Што бадијала ги замеша пратениците и министрите. Него ај нема врска, батали.

Универзална јас би очекувал сама да си падне вредноста како објект, барем во формава која е и кога б бла реконструирана. Не може од таа барака да се извади многу долорочно. Татарот освен што е театар може да биде и сала за конвенции како што многу пати се користел и моб. За изведби тука е и филхармонијата, а за посекојдневни изведувачи за концерти од по забавните стилови е метрополис и борис трајковски сега се покажала како одличен ојект. Така да на некој среден рок потребата ќе се пополни.

Малку погрешно го замеша загинувањето на поранешниот претседател, но за такви потреби има предвидено посебен процент од буџет кои во одредена ситуација тие средства се активираат, така да не е дека некој намерно нешто направил, туку се си е како што треба да биде во врска со тоа. А и не беа некои којзнае какви активности туку фарбање ограда во средишното зеленило што ја имаше и некои замачкувања што моѓе да се направат за еден ден.


Posted By: axel
Date Posted: 14-Feb-2011 at 14:55

ЧЕКАЈЌИ ГО РЕНОВИРАЊЕТО

Универзална сала се распаѓа

Огромни дупки зјаат на ѕидовите, покривот прокапува, елементите во санитарните јазли се искршени, огледалата нигде ги нема, но за да не троши пари, бидејќи за неколку месеци ќе почнело реновирањето, раководството не планира ништо да преземе

Универзалната сала се распаѓа. Огромни дупки зјаат на ѕидовите, покривот прокапува, елементите во санитарните јазли се искршени, огледалата нигде ги нема. Единствената концертна сала во градот, коментираат посетителите, личи како да ја погодило торнадо.
"Пред некој ден, по подолго време, бев на концерт и се вчудовидив кога ги видов огромните дупки што зјаат по ѕидовите. Од нив дува студен воздух, па оние што седат во последните редови - мрзнат. Наместо да ги затвори дупките, раководството на салата само залепило црни кеси и мисли дека го решило проблемот со тоа. Срамота", раскажува скопјанка по својата последна посета на Универзалната сала.
Но иако во моментов салата се наоѓа во најлоша состојба, за да не троши пари, бидејќи за неколку месеци ќе почнело реновирањето, раководството не планира да прави ниту најосновни поправки.
"Знаеме за сите овие проблеми, ама нема потреба сега да трошиме пари, кога за неколку месеци салата комплетно ќе биде реновирана. Според планот, досега требаше да почнеме со реновирањето, но на терен се појавуваат непредвидени ситуации, кои ги одложуваат работите. Првин имавме проблем со подземните столбови кои не беа стабилни за да ја издржат надградбата на салата. Потоа зад салата беше дигната катна гаража и со тоа ни беше одземен просторот за паркирање, па моравме да правиме нов проект за подземно паркирање. Но сега работите се прикрај и пролетва ќе почнеме со градежните работи. Апелирам до граѓаните да се стрпат уште малку", вели Вера Бошковска, директорка на Универзалната сала.
Најавите за почеток на реновирањето на концертната сала траат веќе две години, но никако да се почне со работа. Според проектот, комплетно ќе бидат реконструирани фоајето, гардеробите, галериите, санитарните јазли, катовите и просторот во салата. Предвидено е да се додадат уште неколку редови во салата, која ќе биде опремена со најмодерни опрема и озвучување. Во втората фаза ќе се врши проширување на Универзалната сала, односно надворешно ќе се градат книжарници и простории за презентации, со кои би стопанисувала Универзалната сала и би остварувале профит. Средствата за реновирање на најголемата концертна сала во главниот град во висина од три милиони евра ги обезбеди Владата.

http://vest.com.mk/?ItemID=AFB720C431F130458FB83CE0AF77EFBF


Posted By: OCB
Date Posted: 25-Oct-2011 at 00:20
Уште една http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A2AFA4A56956E645B1E0E221AEB88E22 - статија за заборавот на овој објект. Во истата, директорката изјавува дека не добила информации од Министерството за култура за тоа кога ќе бидат обезбедени средства за реконструкцијата. Сепак, во Програмата за работа на владата за периодот 2011-2015 се предвидуваат две опции - 1) реконструкција 2) изградба на нов објект по пат на јавно-приватно партнерство. Реализацијата на една од овие две идеи е предвидена за 2014.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Oct-2011 at 00:27
Јавно-приватно партнерство требаше и два театри да градат па не демонстрирал некој до сега заинтересираност воопшто да се влезе во процедура. Или ќе биде тоа трговкси со некаква сала во подрум или нема да биде ништо од тоа. Нека не го направат истото за што му се лутеа на нивниот конкурент со школото во Карпош ли Влае каде и да беше. Нека не фрлаат пари за реконструкција на барака, нека планираат градот да си изгради сопствена градска сала, сега имаме театар на крај на реализација и филхармонија за скоро време кои доволно ќе го пополнат просторот за настани и капацитет на такви сали. Универзална некака турка додека трпи, после нека се бара друго решение, дури и немора локацијата таа да е кајшто е.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 31-Oct-2011 at 15:19
Previous
 
Освен спортскиот центар Борис Трајковски, во Скопје има и други спортски сали кои имаат доволен капацитет за било какви настани чиешто одржување првично би било планирано за во Универзалната Сала, како што се спортскиот центар Кале и спортската сала во Автокоманда, а во меѓувреме би се вршела обновата на Универзалната Сала.
 
Градот нема никакви проблеми околу тоа да се задолжува кај домашните банки за да гради катни гаражи, значи градење од темел, од 0 (НУЛА), а не може да се задолжи за да ја обнови, не за да ја сруши и гради повторно од темел, туку за да ја обнови Универзалната Сала, а сето тоа говори доволно за тоа колку градот е заинтересиран за обновување на Универзалната Сала.
 
Рускиот театар Бољшој во Москва го обновуваа речиси 7 години, а неговата обнова чинеше речиси 700 милиони долари, а тоа е околу 500 милиони евра.
 
Универзалната Сала не е историски објект стар речиси 200 години, нејзината обнова не би траела толку долго, а дефинитивно и не би била толку скапа, па дури и ако се открие дека градбата е ептен нестабилна, кога почна обновата на Бољшој театарот во 2005, беше откриено дека градбата е дури 75% нестабилна, а објектот не само што беше обновен, туку беше и проширен, поради што неговата обнова и неговото проширување траеја предолго и беа прескапи.
 
Градот Скопје се задолжува за да гради катни гаражи, Владата на Република Македонија се задолжува за изградба на објектите од проектот Скопје 2014, а направија каша попара со неговата реализација, ја влечкаат изградбата на староновиот театар за да ги пренасочат средствата наменети за неговата изградба кон изградбата на новото седиште на Министерството за Надворешни Работи, исто ја влечкаат и изградбата на новото седиште на Македонската Филхармонија, а за Универзалната Сала кој знае дали воопшто дискутирале од почетокот на 2011 година, освен можеби за време на изборната кампања при вонредните парламентарни избори 2011.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 10-Dec-2011 at 15:10
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5674EBF16D511D408C0EFF5AFC4AA151 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5674EBF16D511D408C0EFF5AFC4AA151
 
ВЕЧЕР ОТКРИВА ДОКУМЕНТИ 45 ГОДИНИ СКРИЕНИ ВО АРХИВСКО ДЕПО
 
Универзална сала не е донација, купена е за $630 000!
 
 
 
Купопродажниот договор кој ексклузивно ви го презентираме, е склучен во Нови Сад на 11 јули 1964 година, меѓу Технометал - Нови Сад и ДСП Техноекспорт - Строј од Софија
 
Универзалната сала не е донација на Скопје добиена по катастрофалниот земјотрес од 1963 година, туку објект за кој се платени 630 илјади долари! Договорот кој Вечер ексклузивно ви го презентира, со децении стоел во архивското депо на Универзалната сала, а е склучен во Нови Сад на 11 јули 1964 година, меѓу Технометал - Нови Сад и ДСП Техноекспорт - Строј од Софија.
 
- Документите кои ги откривме, пребарувајќи по архивите по повод 45-годишнината од постоењето на Универзалната сала, ни покажуваат дека таа не е донација за Скопје од Бугарија, туку дека легално е нарачан од бугарска фирма, која ја изградила за 630 илјади долари. Морам да признаам дека и мене ова навистина ме изненади - вели директорката на единствената концертна сала во државава, Вера Бошковска.
 
Отстранетата прашина од купопропродажниот документ ја откри вистината дека Универзалната сала всушност, преку застапникот Технометал - Нови Сад е купена со пари од тогашната Дирекција за станбена и комунална изградба на Град Скопје. Предмет на договорот е изградба на универзална театарска сала, слична на салата на софискиот циркус со 1800 места за гледачи за фиксно договорената цена од 630 илјади долари. Интересно е тоа што во членот 3 е прецизирано дека изведбата ќе се врши согласно бугарските прописи и стандарди! Интересно е и тоа дека никаде во договорот не стои дека се работи за објект од времен карактер, како што сите ние досега знаевме, туку до детали е прецизиран начинот на изградбата. Од добивање на дозвола за градба и избор на локација, преку градежните материјали кои во најголем дел ќе се набават од Бугарија, фирмите-изведувачи, авансите, роковите, се до предавањето на клучот на рака и гаранцијата на изведувачот, како и за пеналите и казните кои се предвидени доколку не се испочитува некој член.
 
Универзалната сала се градела две години. Извонредните сценски и капацитетни услови, заедно со сите придружни функции на објектот во амфитеатрална поставеност на гледалиштето и извонредната акустика долги години овозможуваа оптимални услови публиката да ја следи реализацијата на разни видови концерти, манифестации, претстави. Во изминативе 45 децении во Универзална се одржани преку 5.000 настани од различни жанрови, а на сцената продефилирале повеќе од 50 илјади домашни и странски уметници, голем број врвни светски имиња. Ја посетиле повеќе од седум милиони гледачи.
 
За жал таа денеска се распаѓа и функционира само поради ентузијазмот на раководната екипа која се уште работи на своите проекти како и со помош на Град Скопје. Последен пат била реновирана во далечната 1978 година, заради одржување на Конгрес на Комунистичката партија на Македонија. Пред неколку години беше презентиран проект за изградба на комплетно нов објект, но досега тоа останува само идеја.
 



Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Dec-2011 at 19:30
Јака информација откриле, ова барем мене од скоро ми беше познато, туку низ нишката барав ама најдов само дека е градена со пари од цел свет и затоа се викала универзална. Која е улогата на Новосадсково претпријае незнам, освен според тогашниот систем да било задолжено од Федералниот извршен совет да го води овој проект. Кај нас може и да е настаната забуна меѓу тогашната голема градежна експанзија од толку донатори и градежни компании, па да настанала некоја замена на теза измеѓу и бугарската фирма која градела да се помешала со донатор. Само ова не е вест која се прикажува како којзнае какво откритие да е документов, како да Бугарија не држале во некоја којзнае каква заблуда и сега новинариве како да расветлиле којзнае каков случај. Само говори за ефтина приказна тесно мотивирана од политички причини, што треба сега нешто потсвесно да ни каже. Јаката дилема Македонија меѓу Србија и Бигарија, Lame! А цената доколку се преведе во денешни долари со засметана инфлација е некаде околу 5,460,000$, што воопшто и не е некоја голема цена за сала.


Posted By: tomi_z
Date Posted: 11-Dec-2011 at 16:06
Вечер ко Вечер... место да инфромира пробува цела приказна да направи. Инаку за мене е нова информацијава дека Универзална не е донација... Дури пред неколку години на прослава организирана од Амбасадата на Бугарија, дел од говорот на амбасадорот беше и дека донирале во Скопје по земјотресот и изрично ја спомна Универзална сала како донација...

Можеби и Бугарите не се информирани за ова.

А инкау, lslcrew, таква сала, се гради за 5,5 мил. $ без проблем,  и плус ќе останат пари за внатрешно уредување. Малку изгубивме осет за милиониве со трошењево за Скопје 2014, како да се ситна работа 5 милиони...


-------------


Posted By: Dexter26
Date Posted: 07-Mar-2012 at 22:23
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/univerzalna-sala-ke-se-renovira-centar-i-gi-prosti-komunaliite - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/univerzalna-sala-ke-se-renovira-centar-i-gi-prosti-komunaliite
 

Универзална сала ќе се реновира, центар и ги прости комуналиите

 
Општина Центар ја ослободи Универзална сала од плаќање комуналии. Со 12 гласови за и 10 воздржани советниците одлучија оваа културна институција да не го плати надоместокот за уредување градежно земјиште кој изнесува 103 илјади евра.
 
...
 

Салата 50 години претставува привремен објект изграден од стакло и лим. Откако е пуштена во употреба во 1966 до ден денешен не е реконструирана.

 

Според директорката Бошковска сеуште неможе да се прецизира кога ќе почне реконструкцијата но според првичните информации ќе трае помалку од 2 години.

 

Значи не треба да се молиме и да се надеваме дека обновата на Универзалната Сала ќе заврши што е можно поскоро, туку треба да се молиме и да се надеваме дека обновата на Универзалната сала ќе започне што е можно поскоро, затоа што македонскиот менталитет не ни дозволува ни веќе изградените објекти да ги обновиме за само неколку месеци, туку за помалку од 2 години.

 

А јас па мислев дека навистина на 27 март 2012, на Светскиот ден на театарот, ќе дочекавме да биде пуштен во употреба староновиот скопски театар, чијашто изградба се одолговлекува со месеци, на сметка на забрзувањето на изградбата на останатите објекти од проектот Скопје 2014, а ние ни еден веќе изграден објект не можеме да го обновиме за 6 или максимум 12 месеци, туку ќе го обновуваме помалку од 2 години.

 

Понекогаш сум ептен наивен верувајќи дека работите ќе мрднат од мртва точка, бидејќи заборавам на непроменливиот македонски менталитет, за жал. Bash



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Mar-2012 at 21:45
До мене допре информација, мада неофицијална, дека за 10-тина дена конечно ќе почне реновирање на објектов. Па да видиме...


Posted By: OCB
Date Posted: 31-Mar-2012 at 19:47
Нов лик на Универзална сала за три години

Универзалната сала за три години ќе добие целосно нов лик



Реновирање по 46 години

По повеќегодишна стагнација и најави за реновирање работите се придвижија напред откако градот и општината Центар ја ослободија оваа институција од плаќање комуналии во висина од 100 илјади евра за уредување на градежното земјиште.

Од Универзална сала велат дека почетокот на реновирањето сепак зависи од Владата и од Министерството за култура, бидејќи тие се финансиери на проектот.

- За една година би требало да почнат градежните работи, додека реконструкцијата би траела околу две години. Салата ќе си го задржи истиот облик и бројот на столчиња нема да се зголемува, туку ќе остане на 1.500 места. Ќе се менуваат екстериерот и ентериерот на салата, со проектот предвидена е и конференциска сала, како и подземен паркинг – вели Вера Бошковска, директорка на Универзална сала.

Колку ќе изнесува целото реновирање сé уште не може точно да се каже, бидејќи во документација недостига проектот за акустика на салата и ентериерот, а потребна е и ревизија на сегашниот проект, кој е стар две години, за да се утврдат сегашните цени на услугите. Во проектот е предвидена и изградба на подземен паркинг-простор со 150 места, кој ќе се наоѓа под плато помеѓу Универзална сала и булеварот Партизански одреди. Граѓаните одамана реагираат на лошата состојба во која се наоѓа овој препознатлив објект во градот.

- Викендов бев на концерт таму и 15 минути ги баравме редот и седиштата, бидејќи не се ни видливо означени. За такви имиња што доаѓаат кај нас срамота е да ги сместуваме во сала што е стара околу 50 години - вели Магда П. од Скопје.

Во однос на привремено менување на столчињата и разубавување на салата до конечното реновирање, од Универзална велат дека е подобро кога целата сала ќе добие нов лик, наместо сега да се дотеруваат само некои делови. Откако е пуштен во употреба во 1966 година објектот ниту еднаш не е реновиран. Изградена е како привремен објект од лим и стакло со донација од странство, иако најновите архивски документи откриваат дека во тоа време за објектот биле платени 630.000 долари.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=330121740286&id=14&setIzdanie=22545


Posted By: OCB
Date Posted: 20-Aug-2012 at 12:21
Владата ќе ја реновира Универзална сала

Владата одлучила комплетно да ја реконструира и да ја догради Универзалната сала во Скопје, а за таа намена одвоила 400 милиони денари, пари од буџетото на државата, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
- Новиот објект ќе ги задоволи модерните стандарди за работење и престој на вработените, изведувачите и посетителите. Објектот генерално ќе го задржи надворешниот изглед заради зачувување на автентичноста. Ќе се изведе реконструкција и засилување на постојната челична и бетонска конструкција, а ќе биде изграден од најсовремени енергетско ефикасни материјали - тврди Ѓорѓиев.

Владата планирала да се обноват сите инсталации и ќе се изградат нови системи за климатизација и греење.

- Целосно ќе биде реновиран комплетниот ентериер. Ќе се обезбеди нова и најсовремена аудио и видео опрема која ќе овозможува одржување на секаков вид настани. Проектот опфаќа и изградба на повеќенаменска сала со капацитет од 1.500 места, и изградба на нова помала сала со капацитет од 100 места, како и нов простор за техника. Ќе биде изграден и подземен паркинг на две нивоа на потегот под платото кое води кон булеварот - тврди владиниот гласноговорник.

Предвидувањата се дека новиот објект на Универзалната сала ќе биде изграден во период не подолг од 18 месеци од почетокот на градба, која веројатно би започнала кон крајот на оваа или почетокот на следната година, односно по завршувањето на постапката за избор на изведувач.

http://www.plusinfo.mk/vest/53955/Vladata-kje-ja-renovira-Univerzalna-sala


Posted By: Dexter26
Date Posted: 20-Aug-2012 at 15:30
Се додека не се започне на терен со конкретни градежни работи поврзани со било какво надградување и/или обновување на Универзалната сала во Скопје, сите опции остануваат во игра, вклучувајќи ја и опцијата било какво надградување и/или обновување на Универзалната сала никогаш да не стане реалност.
 
Ако властите се држат до македонските навики и до македонскиот менталитет, па во повеќе наврати ја поништат и ја вратат на почеток постапката за избор на изведувач на градежните работи поврзани со било какво надградување и/или обновување на Универзалната сала во Скопје и ако во меѓувреме се случи да дојде до промена на општинската и градската власт на наредните редовни локални избори во 2013 година, било какво надградување и/или обновување на Универзалната сала може и воопшто да не се реализира.
 
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/gjorgjiev-kompletna-rekonstrukcija-i-dogradba-na-univerzalnata-sala - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/gjorgjiev-kompletna-rekonstrukcija-i-dogradba-na-univerzalnata-sala
 

Ѓорѓиев: Комплетна реконструкција и доградба на Универзалната сала

 
20.08.2012 - 13:34
 
Универзална сала конечно ќе заличи на модерна установа. Лошата вентилација, слабото греење, дотраената опрема ќе станат минато.
 

 
Освен што објектот генерално ќе го задржи надворешниот изглед, се останато ќе биде променето. Нов ентериер, нова опрема, изградба на повеќенаменска сала со капацитет од 1500 места и изградба на додатна сала со 100 места плус ќе ја красат реновираната сала.
 
- Ентериерот ќе биде модерен, ќе се воведе посебен проект за акустика со што значително ќе се подобрат можностите на објектот, но и условите за изведувачите. Ќе бидат вградени и најсовремени системи за сценски технологии. Или вкупно комплетно ќе бидат реконструирани и реновирани 2700 метри квадратни основен, и 1150 метри квадратни помошен простор, и ќе бидат доградени 1600 метри квадратни простор и 4500 метри квадратни паркинг, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Влада
 
Посетителите повеќе нема да лутаат додека да се паркираат. Ќе биде изграден и  поздемен паркинг простор на две нивоа.
 
Реконструкцијата ќе започне откако ќе биде избран изведувачот. За овој проект Владата обезбеди 400 милиони денари а се очекува да биде завршен за период не подолг од 18 месеци.
 
Елена Бошковска

 
http://kajgana.com/kje-startuva-rekonstrukcijata-na-univerzalna-sala - http://kajgana.com/kje-startuva-rekonstrukcijata-na-univerzalna-sala
 

Ќе стартува реконструкцијата на Универзална сала

 
Текст: Kајгана/Макфакс
 
20 август 2012
 
Владата донесе одлука да започне реализацијата на проектот за целосна реконструкција и доградување на скопската Универзална сала, која е еден од заштитните белези на главниот град, за што од буџетот ќе бидат издвоени 400 милиони денари.
 

 
Како што појасни владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, средствата за реконструкцијата на објектот стар половина век ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија, и тоа во повеќе буџетски години.
 
Новиот објект треба да ги задоволи модерните стандарди за работење и престој на вработените, изведувачите и посетителите. Објектот генерално ќе го задржи надворешниот изглед поради зачувување на автентичноста. Проектот предвидува реконструкција и засилување на постојната челична и бетонска конструкција, а ќе биде изграден од најсовремени енергетско ефикасни материјали. Комплетно ќе бидат обновени сите инсталации, а ќе бидат изградени и сосема нови системи за климатизација и греење.
 
Исто така целосно ќе биде реновиран и ентериерот.
 
Планот за осовременување на Универзалната сала во Скопје предвидува и обезбедување нова и најсовремена аудио и видео опрема која ќе овозможува одржување секаков вид настани.
 
Проектот опфаќа и изградба на повеќенаменска сала со капацитет од 1.500 места, и изградба на нова помала сала со капацитет од 100 места, како и нов простор за техника.
 
„Ќе биде изграден и подземен паркинг на две нивоа на потегот под платото кое води кон булеварот. Ентериерот ќе биде модерен, ќе се воведе посебен проект за акустика со што значително ќе се подобрат можностите на објектот, но и условите за изведувачите. Ќе бидат вградени и најсовремени системи за сценски технологии. Или вкупно комплетно ќе бидат реконструирани и реновирани 2.700 метри квадратни основен, и 1.150 метри квадратни помошен простор, и ќе бидат доградени 1.600 метри квадратни простор и 4.500 метри квадратни паркинг", прецизираше Ѓорѓиев.
 
Владиниот портпарол изјави дека веќе се обезбедени и изработени идеен, основен и изведбен проект за реконструкција и изградба на објектот со сите фази, за подземно гаражирање и партерот, и за зајакнување на одредени елементи од армирано бетонска и челична конструкција. Проектната документација е обезбедена со учество и на Градежниот факултет при скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј".
 
Предвидувањата се дека новиот објект на Универзалната сала ќе биде изграден во период не подолг од 18 месеци од почетокот на градба, која веројатно би започнала кон крајот на оваа или почетокот на следната година, односно по завршувањето на постапката за избор на изведувач.



Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 03-Jan-2013 at 14:45
МАКЕДОНИЈА | 3. JANUARY 2013 - 12:23

Ќе се реконструира Универзалната сала во Скопје

Владата на Република Македонија обезбеди 6,5 милиони евра за реновирање на Универзалната сала во Скопје



Ова го потврди и секретарот на градот Гордана Клинчарова.

„Дневник“ потсетува дека уште во август лани владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев извести дека избраниот проект предвидува обнова од корен. Сите материјали од кои е направена Универзалната сала ќе се заменат со нови, и ќе се овозможи термичка и звучна изолација. Предвидена е и доградба на помала конференциска сала.

Весникот додава и дека објектот ќе го задржи истиот обем со капацитет за околу 2.000 места. Паркирањето ќе биде решено со подземен паркинг на две нивоа, под сегашното плато и ќе има капацитет за 150 возила.


http://sitel.com.mk/kje-se-rekonstruira-univerzalnata-sala-vo-skopje - http://sitel.com.mk/kje-se-rekonstruira-univerzalnata-sala-vo-skopje


Posted By: daci92
Date Posted: 03-Jan-2013 at 14:52
Ова помпезно најавување на изградба и реконструкција на објекти,патишта и пруги е постојано но јас никаде не гледам датуми за почеток и завршување , никаде конкретен проект или рендер ,значи универзална ќе се реконструира за едно 5-6 години со оглед дека ќе им треба 1--2 години за да најдат некој да направи идеален проект и потоа уште 1-2 да најдат некој да го гради па уште 1-2 за да се заврши.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 03-Jan-2013 at 17:13
Previous
 
Засега знаеме дека веќе е избран проект, а од денеска се издвоени и финансиски средства за надградба и обнова на Универзалната Сала, но допрва треба да се избере изведувач на истата таа надградба и обнова.
 
Изведувачот можеби ќе го изберат дури на 31 декември 2013, ако не и догодина, а можеби и подоцна.
 
А како капак на се, дури и откако ќе го изберат изведувачот, истиот може да каже дека надградбата и обновата такви какви што се предвидени согласно со избраниот проект самиот изведувач не може да ги реализира, поради што ќе се бара или нов проект или нов изведувач.
 
Ова може најкомотно да се влечка со години.


Posted By: daci92
Date Posted: 03-Jan-2013 at 18:15
Originally posted by Dexter26

Previous
 
Засега знаеме дека веќе е избран проект, а од денеска се издвоени и финансиски средства за надградба и обнова на Универзалната Сала, но допрва треба да се избере изведувач на истата таа надградба и обнова.
 
Изведувачот можеби ќе го изберат дури на 31 декември 2013, ако не и догодина, а можеби и подоцна.
 
А како капак на се, дури и откако ќе го изберат изведувачот, истиот може да каже дека надградбата и обновата такви какви што се предвидени согласно со избраниот проект самиот изведувач не може да ги реализира, поради што ќе се бара или нов проект или нов изведувач.
 
Ова може најкомотно да се влечка со години.

И сигурно ќе се влечка тоа не е ништо чудно а и ново во Македонија.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 06-Jan-2013 at 02:15

Луѓе.... како ви звучи... Универзална сала... и... ‘‘Скопје 2014‘‘ стил...



-------------
Македонија - Земја на чудата!



Print Page | Close Window