Print Page | Close Window

Residence 106 - Карпош

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3584
Printed Date: 28-Sep-2020 at 00:59


Topic: Residence 106 - Карпош
Posted By: stef4o
Subject: Residence 106 - Карпош
Date Posted: 14-Dec-2018 at 13:51
Од фб,станува збор за нова зграда негде во Карпош на Гологанов незнам каде попрецизно




Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Dec-2018 at 18:32

Незнам дали е ова локацијата,фотката е од фб



Posted By: kiriOK
Date Posted: 17-Dec-2018 at 07:58
Кај Веро кај Педагошка





Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Dec-2018 at 14:10
Кај Верото во Тафталиџе на Гологанов(од фб)





Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Feb-2019 at 18:05
На Бул.Митрополит Теодосиј Гологанов близу Веро маркетот(од фб)

Residence 106



Еве малку подетално




Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Feb-2019 at 18:34


Си ме претркал, само што сакав да објавам за зградава. Фино изгледа на рендеров, се надевам така и ќе испадне.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Feb-2019 at 08:36
Станува збор за нов станбено-деловен објект кој треба да се издигне поред бул.Митрополит Теодосиј Гологанов во Карпош близу Веро маркетот.

Еве во продолжение рендер и неколку слики(од фб)







Ова е ситуација од терен декември 2018





Ова е ситуација од пред десетина дена,од бетонирањето на темелната плоча





Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 19-Feb-2019 at 10:45
Добар проект ама многу е блиску до булеварот. Не знам како луѓево можат да купуваат вакви станови, отвараш прозор и на веднаш на улица си. А и од задниот дел иста работа, нека врзат едно јаже од зграда до зграда па можат и алишта да сушат во лето.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Feb-2019 at 11:11
Фин објект, силувана локација. 


Posted By: Théoden
Date Posted: 19-Feb-2019 at 14:27
Уште една нарушена линија. Thumbs%20Up





Posted By: alexsend
Date Posted: 19-Feb-2019 at 17:23



Ете убаво може да се види ситуацијаа која ќе се потрудам да ја упростам за секој да може да разбере, примеров копи паст за преку стотина згради во Скопје важи:

Белата зграда е како се градело пред 20 години
Парцелата на која сега се гради е тоа што требало да биде нормален зелен појас, мини парк меѓу зградата и булеварот, било вцртано како такво И НИШТО ПОВЕЌЕ.

АМА
.
...
......

Некој на диво се населил таму, како и на уште 100 места низ Скопје и си рекол "Ова е мое, ќе го заградам и никој да не влегол!"
Општината мрдала со раменици како и сите други не рушела од жал и после години поминати во сива зона бившата власт решава да ги легализира и сега сите тие си имаат имотни листови кои вредат станови...

Инвеститорот е најмалку крив, капитализам е и прават пари. Но некој кога веќе им ги легализира требал и да ги ограничил на ништо повеќе од П+2+П. Им легализираш за да имаат за живот, а не да прават пари на грб на тие кои во страт граделе легално. А не вака да профитираат сите на штета на 500.000 жители.

Помножи го тоа со 1000 и ќе го добиеш хаосот во Скопје.




Инаку да, објектот е убав

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: fichot
Date Posted: 20-Feb-2019 at 23:00

Тие куќарки чинам се заобиколени од урбанизацијата од време СФРЈ (од тогаш е и зградата позади). Денес, со корумпираниве градоначалници (јачи од судбине) и дупоносци, ни се удира од глава.


Posted By: xnx
Date Posted: 21-Feb-2019 at 07:26
Све си кажа точно.

Originally posted by alexsend



Ете убаво може да се види ситуацијаа која ќе се потрудам да ја упростам за секој да може да разбере, примеров копи паст за преку стотина згради во Скопје важи:

Белата зграда е како се градело пред 20 години
Парцелата на која сега се гради е тоа што требало да биде нормален зелен појас, мини парк меѓу зградата и булеварот, било вцртано како такво И НИШТО ПОВЕЌЕ.

АМА
.
...
......

Некој на диво се населил таму, како и на уште 100 места низ Скопје и си рекол "Ова е мое, ќе го заградам и никој да не влегол!"
Општината мрдала со раменици како и сите други не рушела од жал и после години поминати во сива зона бившата власт решава да ги легализира и сега сите тие си имаат имотни листови кои вредат станови...

Инвеститорот е најмалку крив, капитализам е и прават пари. Но некој кога веќе им ги легализира требал и да ги ограничил на ништо повеќе од П+2+П. Им легализираш за да имаат за живот, а не да прават пари на грб на тие кои во страт граделе легално. А не вака да профитираат сите на штета на 500.000 жители.

Помножи го тоа со 1000 и ќе го добиеш хаосот во Скопје.




Инаку да, објектот е убав


Posted By: kiriOK
Date Posted: 21-Feb-2019 at 12:01
Кога ќе прочитам ''објектот е убав'' ми се сере.
Исто како коа ќе прочитам Струмица е убав град,Пловдив е убав град,...незнам какви ви се на вас вкусовите но за мене убав град е Грац...ова другово може да се каже исто,убава е зградата споредена со тоа што се гради во Стар Аероро на пример...и тоа единсвтена разлика е тоа што има стаклени и поголеми балкони,ама ајде ипак нека иде,дај шта даш.

А тоа што се гради вакво нешто на парцела која природно требала да остане зелен појас и што е на главен булевар во центар нарад е уште една трагедија,но веќе после толку трагедии и катастрофи,отрпевме,не не ни удара веќе.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 21-Feb-2019 at 12:32
А уште поинтересно е што до зградата има и автобуска постојка, па уште повеќе го намалува растојанието меѓу зградата и булеварот.


Posted By: alexsend
Date Posted: 21-Feb-2019 at 16:19
Originally posted by kiriOK

Кога ќе прочитам ''објектот е убав'' ми се сере.
Исто како коа ќе прочитам Струмица е убав град,Пловдив е убав град,...незнам какви ви се на вас вкусовите но за мене убав град е Грац...ова другово може да се каже исто,убава е зградата споредена со тоа што се гради во Стар Аероро на пример...и тоа единсвтена разлика е тоа што има стаклени и поголеми балкони,ама ајде ипак нека иде,дај шта даш.

А тоа што се гради вакво нешто на парцела која природно требала да остане зелен појас и што е на главен булевар во центар нарад е уште една трагедија,но веќе после толку трагедии и катастрофи,отрпевме,не не ни удара веќе.



Пред да почнеш да збориш за вкусови треба да знаеш дека не е вкусно да напишеш "ми се се**" и се што ќе кажеш после тоа за вкусови некако нема тежина. Задржи ниво, немој и ти да тонеш како што кажа дека потонала и архитектурата кај нас.

За тебе убав град е Грац, за мене е Ротердам. Но ова не е ни Австрија ни Холандија. Збориме за Скопје.

А доколку следиш што се гради во градов и колку е ниско и очајно нивото на градба би бил свесен дека ова е и повеќе од убаво од оние очајни воени касарски згради на Настел и Адора. Треба да дојде некој од Тетово и Гостивар за да разбие монотонија и да крене ниво. Тоа е нашето ниво. И е трагично.

А за урабан криминал кажав што имам во последниот пост.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: xnx
Date Posted: 23-Feb-2019 at 09:34


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Mar-2019 at 20:07
Од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Apr-2019 at 14:57
Од Instagram





Posted By: kiriOK
Date Posted: 08-Apr-2019 at 08:05
Тие од другата зграда ќе знаат колку зрна грашок имаш у тањир.


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Apr-2019 at 09:04
Вечно ќе ги остават во мрак,слично како што беше и во Тафталиџе со зградата на Адора кај студентскиот дом Гоце Делчев.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 08-Apr-2019 at 10:54
Е ова е класично узурпирање на простор на кој воопшто не треба да има зграда.
Додека во Скопје има стотици разни места кадешто може да се градат станбени згради еве што се случува... Ама важно цел мост искривија за една куќа.
Страшно. Не е ова држава.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 08-Apr-2019 at 13:01
Се надевам дека нема подземен паркинг и дека лево и десно од зградава ќе насадат голубарници. Во 3/4 од зградата да биде вечен мрак, а во приземјето од страната на улицата да се отворат курс за тапани и клуб на моторџии. Колите на улица, во становите темница, во ушите бука. Може и ќе им текне дека соработниците на окупаторот не завршуваат славно.

Среќа па градењето не е иреверзибилна работа, а Скопје секогаш успевало да се ослободи од непријателот. Тука повторно ќе има дрвја. А до тогаш, пожелни би биле бучни протести секоја недела и среда од 23:00 до 01:00, бојкот на дуќаните и луѓето кои живеат тука и масовна кампања против оваа зграда.

И трагедијата наречена транзиција ќе заврши, а со тоа и нејзините производи. Скопје повторно ќе биде слободен град на луѓето, а не роб на мафијата.



-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 09-Apr-2019 at 01:39
Се прашувам колку сопствениците на тие станови на јужната страна на постоечката зграда, кои дефакто нема никогаш и да добијат директна сончева светлина од новата зграда, можат да ја тужат општината за непроценливо девалвирање на вредноста на нивниот имот и за зголемените трошоци за греење на нивните станови во зима поради ложо урбанистичко планирање.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 09-Apr-2019 at 05:44
Се надевам во Скопје ќе дојде период кога пазарот за станови ќе функционира на принципот каде ќе се гледа дали има сончева енергија,дали е лепенка,дали има тротоар,дали има паркинг во близина,дали има зеленило,дали се употребувани квалитетни материјали,дали булевар поминува пред влез...

Ова сега функционира по принципот важно во Центар,Карпош и Аеродром да живеам.


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Apr-2019 at 14:26




https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/poslednive-shest-godini-vo-karposh-sekoj-tret-den-se-izdavala-po-edna-dozvola-za


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Apr-2019 at 16:19
Од фб





Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Apr-2019 at 11:35
Во текстот се зборува и за оваа зграда...

Последниве шест години во Карпош секој трет ден се издавала по една дозвола за градба

Шест години по ред во општина Карпош се случува градежна експанзија. На терен се забележува изградба на нови објекти за домување, надградување на постојни објекти, бараки што стануваат неколкукатни згради, деловни објекти. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од јануари 2013 година до декември 2018 година издадени се вкупно 717 одобренија за изградба во Карпош на секаков вид објекти од високоградба, нискоградба и реконструкција. Тоа значи дека во анализираниот период на секои три дена се издавало по едно одобрение за изградба. За овие шест години во градбите за домување предвидено е да се изградат 4.058 стана.

Активистите за заштита на животната средина и карпошани многупати преку протести и иницијативи до институциите бараа да запре неконтролираната урбанизација на општината, да се заштитат зелените површини и да се создадат нови. Новото раководство на општината, пак, вети плански и одговорен развој на Карпош.



И во моментов се активни неколку градилишта во Карпош. Еден од поновите објекти е зградата на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на пожарната станица. Дозволата за градба е издадена во ноември минатата година, а на терен градбата веќе напредува.

„Одобрение за градба од 19 ноември минатата година, на инвеститорите Друштво за трговија ‘СМС ШОПС’ Дооел Скопје и Наџи Шабан од Скопје, за градење на објект А2: Домување во станбени згради со деловен простор од II категорија“, стои на таблата до градилиштето.



Според геодетскиот елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште, сосопственици на земјиштето се Друштво за трговија ‘СМС ШОПС’ Дооел Скопје, Наџи Шабан од Скопје и Георге Пасков од Мокрино“, велат од општина Карпош.

Маркицата за овој објект е впишана во Деталниот урбанистички план донесен на 3 март 2017 година, од претходното раководство на општината на чие чело беше Стевче Јакимовски. Во него се предвидува:

Број на парцела: 20.3
Површина на градежна парцела: 1.461 м2
Површина под парцела: 888 м2
Вкупно изградена површина: 7.104 м2
Максимална висина на градба: 22,20
Број на катови: П+6+Пк

Станарите од старата зграда во близина на овој објект, повеќе нема да го имаат истиот поглед на Водно или пак истото осончување во текот на денот, но од општината велат дека се разговарало со нив и дека се свесни за причината на проблемот, односно дека тој настанал претходно кога се подготвувал конкретниот ДУП.

Извори од фирмата што се јавува како инвеститор на објектот за МКД.мк велат дека парцелата ја купиле со маркицата што веќе била впишана во Деталниот урбанистички план. Истите извори наведуваат дека ќе ги почитуваат сите услови за хумано живеење и на новите станари и на станарите од околните објекти.

Советникот за урбанизам и просторно планирање на градоначалникот на општината Карпош, Владимир Кироски, вели дека ДУП-от З 09, во кој е предвидена маркицата за овој објект, како и за други, е важечки во моментот, а согласно со него и во рамките на предвидените законски процедури се одвива процесот на издавање дозволи за градба.

„Во случајот со конкретната парцела за која прашувате, ‘штетата’ е направена претходно, кога бил носен предметниот ДУП. Дури и во ситуации кога се отвора можност за измени и дополни во одредени ДУПови (или одредени блокови во рамките на истите), ние сме ограничени во можностите за позначителни промени на урбанистичките парцели, кои се во приватна сопственост“, вели Кироски.



Но и покрај ваквите ограничувачки фактори, ние вложуваме напори одредени урбанистички парцели кои се планирани со одредена намена (на пример „А“ - домување) на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, да бидат пренаменети во зелени површини (парковско зеленило), појаснува Кироски.

„Ваквиот процес веќе се случува во рамките на постапките за изработка на нови регулациски планови за четврт од страна на град Скопје (за плановите укинати од Уставниот Суд), каде и општината во координација со градот ги дава своите предлози и сугестии за намалување на површините за градба и воедно зголемување на зелените површини во Карпош“, вели Кироски.

Тој додава дека и во ваквите ситуации се обидуваат колку што е можно да се поправи дел од направената „штета“.



„Во конкретниот случај, во непосредна близина (на постојниот паркинг кај Веро) согласно со ДУП-от постои маркичка за голем деловен објект, а со измена и дополна само на овој блок (ДУП З 09 Блок 18) и во консултација со сопствениците, истиот објект целосно се отстранува од планот“, вели Кироски.

Професорката по урбанизам од Архитектонскиот факултет, Дивна Пенчиќ, неодамна на конференцијата „Шанса за Скопје - Во каков град сакаме да живееме“ што ја организираа граѓанската иницијатива Здравје пред профит и Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ истакна дека треба да се вршат контроли на тоа што планерите ставаат во ДУПовите бидејќи честопати се случува и кога има забелешки за делови од планот да напишат дека постапиле по забелешките, а всушност не постапиле.

„Не би кажала дека сите планери имаат нечесни побуди. Едноставно и тие немаат време. На еден планер во една фирма им се дадени десет плана за Центар. Па тој не знам што и да е, па уште 50 плана прави за цела Македонија. Ни требаат многу фирми и многу млади луѓе“, изјави Пенчиќ.

Кироски ја констатира и фактичката состојба со надминување на параметрите предвидени во ГУП-от на Град Скопје, во многу од претходно носените ДУП-ови, што е контрадикторно само по себе. Ова особено се однесува на централните урбани делови како во општината Карпош, така и во останатите урбани општини во градот. Но оваа состојба мора да се надмине и во соодветен разумен рок постепено да се менува во правец на запазување пред се на јавниот и заедничкиот интерес на граѓаните и подигнување на квалитативното ниво на урбаното живеење.



Повторно ќе се носат ДУПовите укинати од Уставниот суд, но изменети

Во период кога сè уште е актуелна одлуката на Уставниот суд со која привремено се укина мораториумот за градење на општина Центар, во Карпош се подготвуваат измени на четирите ДУПови за оваа општина, кои уставните судии лани ги укинаа.

Кироски вели дека ДУПовите Тафталиџе 1, Влае 2, Карпош 4 и Карпош 3 се разгледуваат по блокови со цел подобро да се исконтролираат евентуалните неправилности кои ги содржеле претходните планови и да не се провлечат и во новите.

За сега, донесен е само еден ДУП за градска четврт ССИ 03, блок 4, поточно делот на Касарната „Илинден“ што е под Општина Карпош. И во него се предвидува изградба на станбени згради од приземје, пет ката и поткровје, ново училиште, како и објекти за потребите на Министерството за одбрана. Но при носењето на ДУПот градоначалникот Богоев истакна дека со овој план се реализира идејата за ширење на Карпош кон периферијата.

Но, од граѓанската иницијатива О2, која ги оспори ДУПовите на Уставен, велат дека се запазува законската форма на носењето на нови - се објавуваат анкети, јавни расправи, но суштинско вклучување на граѓаните нема, смета Невена Георгиевска од О2.

„ДУПовите треба да се во интерес првенствено на жителите и нивните желби и потреби, треба да бидат во центарот на целиот процес, заради тоа сметам дека вклучувањето на граѓаните не треба да остане само на ниво на законските рамки туку тоа треба да се направи да биде што е можно посеопфатно. Кога се објавуваат јавните повици, анкетите, па и објаснувањето околу процедурите треба да бидат многу позастапени и повидливи. Кога општината има одредени акции со кои сака да го истакне своето работење, тоа е видливо и по социјалните мрежи и во локалниот гласник, но информации за ДУП, постапки, најави што се предвидува и кога и како граѓаните можат да се вклучат, нема“, вели Георгиевска.

Зголемена бучавост, зголемено загадување дури и во летниот период, прашина од локалните градилишта, тоа е сликата на Карпош последниве години, додава Георгиевска. Затоа најлогично решение за сето она што ни се случува е запирање со неконтролираната изградба на нови станбени единици и на сметка на тоа, секој слободен простор треба да се пренамени во зеленило и паркови и во планирањето и уредувањето да се вклучат стручни лица кои ќе ги почитуваат желбите на граѓаните, а не на профитот, појаснува Георгиевска како може да се реши урбанистичкиот хаос.

Иницијативата О2 уште при оспорувањето на ДУПовите бараше и мораториум за уште 29 други плана и нивна целосна ревизија, барање што беше одбиено од сите институции со образложение дека не постои правна основа за такво нешто.

Сепак, советникот во Советот на Општина Карпош од редовите на Левица, Бранко Ристов, и понатаму смета дека треба да се изврши ревизија на сите спорни планови. Големи проблеми, каков што е непланското градење, бараат непопуларни решенија, вели Ристов.

„Сè што е внесено во ДУП, доколку постои силна волја, може да биде променето. Јас и понатаму апелирам дека е потребно преиспитување на сите ДУПови и на сите издадени дозволи за градба“, вели Ристов.

Иницијативата за повторно разгледување на ДУПовите и мораториум опфаќала планови од 29.9.2011 година, до планот кој го споменавме од март 2017 година. За сите планови се бара преиспитување бидејќи општината иако имала обврска за ниту еден од ДУПовите јавно не објавила стратегиска оценка за влијанието врз животната средина и врз здравјето на луѓето што е законска обврска.

Кога четирите ревидирани ДУПови повторно ќе се најдат пред советниците Ристов вели дека не е запознаен затоа што материјалите се доставуваат неколку недели пред одржувањето на седницата.

Зајакнување на критериумите за урбанистичкото планирање

Процесот на прекумерна урбанизација, вели Кироски, за жал е последица на тоа што локалните самоуправи сè уште се приморани најголемиот дел од средствата во својот буџет да ги обезбедат преку наплатување на комуналната градежна такса (комуналии).

Соочено со фактичката ситуација, новото раководство на општина Карпош, предводено од градоначалникот Стефан Богоев, бара излез, подготвувајќи среднорочна и долгорочна стратегија, која подразбира планска урбанизација на локалната самоуправа, вон нејзините „централни урбани јадра“.

„Се разбира, тоа е генералниот урбанистички пристап, што не значи дека во другите делови на Општината целосно ќе запрат градежните активности. Во секој случај ќе треба внимателно да се земат предвид сите аспекти кои ќе ги задоволат строгите критериуми на урбанистичкото и просторно планирање и само во тие рамки да се воспостави балансот помеѓу процесот на урбанизација и идниот одржлив развој на општината “, вели Кироски.

https://okno.mk/node/77936 - https://okno.mk/node/77936

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Apr-2019 at 12:39
Од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Jun-2019 at 13:20
Од Инстаграм





Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Jun-2019 at 07:22
Еве еден рендер



Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jun-2019 at 16:23
Од Инстаграм









Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Aug-2019 at 12:09
Од Инстаграм





Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 10-Sep-2019 at 15:05
Од Твитер.

https://s817.photobucket.com/user/_Jovan__2010/media/123.jpg.jpeg.html">

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Sep-2019 at 17:55




-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Oct-2019 at 16:38
Денешни,се извинувам за квалитетот на некои правени се при возење

















Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Oct-2019 at 17:53
Оваа и зградата на ЗСФ КОМ кај Мајчин Дом се тешка катастрофа - премасивни, преблизу до булеварите, ги покриваат со сенка зградите до себе, тие што ја издале дозволата треба да се обесат.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Nov-2019 at 07:42
од фб





https://www.facebook.com/eurogips.ks


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Nov-2019 at 13:25
Od instagram



Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jan-2020 at 16:10
Карабината ја завршиле...



https://www.facebook.com/A-F-Company



Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Jan-2020 at 13:16
Od Instagram





Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Feb-2020 at 08:52
03.02.2020



https://www.facebook.com/eurogips.ks


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Feb-2020 at 16:10
Направив неколку извадоци од видео на Еуро Гипс кои работат на фасадата на објектот







и еден поглед од поткровјето чисто колку да се долови колку е зградава до самиот булевар и тротоар...



https://www.facebook.com/eurogips.ks


Posted By: ironm
Date Posted: 25-Feb-2020 at 16:40
Идеално за фрлање кесиња со вода Crazy


Posted By: kiriOK
Date Posted: 26-Feb-2020 at 08:38
Престојував 2 недели во зграда до истиов булевар,станот беше оделен некои си 45 метри со парк и паркинг од булеварот...а буквално со еден отворен прозор се добиваше впечаток дека булеварот ти е во дневна...

Кој нормален ги купува овие станови до самиот булевар?
Не ли изтражуваат луѓево при таква голема инвестиција...


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 26-Feb-2020 at 13:36
Да можеле ќе го изграделе зградјево на сред булевар..ненормална работа

-------------
ಠ_ಠ


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Mar-2020 at 15:13
Од SSC форумот(Srdjan Adamovic)





Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Mar-2020 at 17:08
Извадоци од едно видео од нивниот фб профил...









https://www.facebook.com/smsconstructionmk/


Posted By: kiriOK
Date Posted: 13-May-2020 at 01:10
Какви локации какво срање добија
Мада и ја што зборам, една вертикала станови буљаат во друга зграда, друга вертикала око нема да склопат од булеварон...





Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Jun-2020 at 13:10
Некако многу долго работат на фасадата...а во рекламите најмногу се вадат и акцент ставаат на зеленилото отспротива



https://www.facebook.com/smsconstructionmk/


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Jun-2020 at 12:58
Од Инстаграм



Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jun-2020 at 15:32


https://www.facebook.com/smsconstructionmk/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Jun-2020 at 17:11
Некој треба да лежи затвор за оваа маркица.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 10-Jun-2020 at 17:12
Одлично место за монтажен паркинг.
Кој ќе купи стан тука?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jun-2020 at 18:16
Очигледно продаваат,уште при самиот почеток на градба има голем дел продадени или резервирани станови,тоа што ќе остане го фураат преку разни промоции и огласи со надеж да се продаде. Незнам како стои зградава со подземни паркинзи се надевам има доволно.


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Jun-2020 at 14:18


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Jun-2020 at 11:44




https://www.facebook.com/eurogips.ks/


Posted By: team17
Date Posted: 28-Jun-2020 at 12:03
Што е финтава со дограмава?


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Jul-2020 at 11:02


https://www.facebook.com/smsconstructionmk/


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jul-2020 at 11:28
Чинам овој рендер сме го немале до сега постирано



https://blok.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Sep-2020 at 13:10
По речиси три месеца финиширан е задниот дел од фасадата



https://www.facebook.com/eurogips.ks



Print Page | Close Window