Print Page | Close Window

Депонии и комунална механизација

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Инфраструктура
Forum Discription: Транспорт, телекомуникации, водостопанство...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=361
Printed Date: 18-Apr-2024 at 04:23


Topic: Депонии и комунална механизација
Posted By: pbanks
Subject: Депонии и комунална механизација
Date Posted: 05-Mar-2008 at 08:00
Нишка за депониите и комуналната механизација за чистење и собирање на отпадот.


Сродни нишки:

Јавна чистота
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=209&PN=1 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=209&PN=1

Рециклирање
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=327 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=327



Replies:
Posted By: ProMKD
Date Posted: 06-Mar-2008 at 20:43

„Комунална хигиена“ ќе купи 12 возила

Возилата во вредност од околу 1 милион евра ќе бидат земени на лизинг

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ до крајот на годинава ќе се поднови со 12 нови возила. Проширувањето на возниот парк веќе е договорено на Управен одбор, а претпријатието за дваесетина дена ќе распише тендер за набавка на возилата. Во план е да се купат шест камиони за подигање на контејнерите, три моторни метлачки, како и по еден булдожер, компактор и цистерна за потребите на депонијата „Дрисла“. Од претпријатието процениле дека за подновување на возниот парк ќе треба да се потрошат околу еден милион евра. Според Златко Димовски, директор на „Комунална хигиена“, со новите возила значително ќе се подобрат условите за работа, при што автоматски се очекува за 60 отсто зголемување на бројот на подигнатите контејнери.

„И со постојниот возен парк, кој во изминатите две години релативно е освежен благодарение на честите репарирања на возилата, успевавме редовно да ги завршуваме обврските. Но, сега со новите возила ќе бидеме сигурни дека и при интервентни дополнителни ситуации надвор од тековните обврски, програмата за работа ќе биде изреализирана“, вели Димовски и посочува дека со проширувањето на возниот парк ЈП ќе ги исполни стандардите за услови за работа на терен.

Оттаму пресметале дека исплаќањето на возилата нема да претставува товар за буџетот со оглед на тоа дека „Комунална хигиена“ се раздолжила со сите кредити и заостанати сметки за некои искористени услуги. Надлежните пресметале дека месечната рата за исплата на новите возила ќе изнесува околу еден милион денари. „Одлуката за намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто, пак, дополнително ни излезе во пресрет, бидејќи сега ќе има значително помалку обврски за тековно исплаќање кон УЈП“, дополни Димовски. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BB7DDA7D98AEBA4A9E3C5B46FC17D20A



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 22:15
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7A05208DCF740349962D35F8BEDC2E6A - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7A05208DCF740349962D35F8BEDC2E6A

Италијанци ќе прават струја од ѓубрето во Дрисла

Италијанскафирма е заинтересирана за производство на електрична енергија од сметот од депонијата Дрисла, велат во „Комунална хигиена“.Според Златко Димовски, директор на јавното градско претпријатие, како енергенс за создавање електрична енергија ќе се користи метанот што се создава при скапување на ѓубрето. Италијанците треба да изработат студија за економска оправданост и исплатливост на проектот.Проектот ќе се оствари преку јавно-приватно партнерство. Потпишан е меморандум на ниво на држави за таква соработка. Објавен е тендер во Торино, на кој е избрана фирмата која сака да ја користи Дрисла за производство на електрична енергија - вели Димовски.„Комунална хигиена“ ќе се согласи да се даде депонијата под концесија ако се задоволат еколошките стандарди за заштита на околината

- Жителите од околината на Дрисла треба да добијат бесплатна струја. На фирмата да и' се даде „зелена“ цена на електрична енергија, односно да биде поевтина и покрај високите трошоци за производство. Потребно е државата да го стимулира ова производство за да биде конкурентно на пазарот со електрична енергија - вели Димовски.До крајот на годината ќе се направат промени во работењето на Дрисла за да се задоволат најстрогите еколошки стандарди за депонија. Распишан е тендер за санација на Дрисла, со хоризонтални цевки за исцедокот на ѓубрето, но и вертикалните цевки низ кои ќе се спроведува гасот.Во Дрисла дневно се носат 450 тони комунален смет, а просторот за депонирање смет е со површина од 30 хектари.Во „Комунална хигиена“ најавуваат проект за селектирање на пластичната амбалажа од сметот. Се предвидува дека ќе се собираат по четири тони пластика дневно. Имаме 12 вработени што го селектираат отпадот. Пластичната амбалажа ќе се складира во боксови под натстрешница, а потоа ќе се балира - вели Димовски.

(А.П.)





http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=62E635B1A66BFB40A91CCD9FB32BEDA1 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=62E635B1A66BFB40A91CCD9FB32BEDA1

Италијанци заинтересирани да произведуваат струја од гасот во „Дрисла“

„Комунална хигиена“ од потенцијалниот партнер ќе побара да инвестира во депонијата

„Комунална хигиена“ ќе соработува со италијанска фирма која е заинтересирана да произведува електрична енергија од гасот на депонијата „Дрисла“. Во моментов во јавното претпријатие очекуваат во Италија да биде избрана фирма која ќе изработи физибилити студија за оправданоста на инвестицијата во „Дрисла“, по што може да се очекува создавање на приватно-јавно партнерство. „Комунална“ од потенцијалниот партнер ќе побара да инвестира во депонијата во контролирање на исцедокот од сметот, во премостување на изворот на чиста вода која сега се меша со отпадот и во најважниот дел, искористување на гасот што се создава од распаѓањето на комуналниот отпад.

Како што информира директорот на „Комунална хигиена“, Златко Димовски, во „Дрисла“ може да се произведува електрична енергија која ќе ги задоволува потребите на околните населени места и која би требало да има посебна, пониска, т.н. „зелена“ цена. Заради еколошкиот ефект кој ќе се добие со искористувањето на гасот од „Дрисла“, но и со регулирањето на исцедокот, приватниот партнер треба да добие и стимулации од државата и од Градот.

„По пропаѓањето на преговорите со јапонската фирма ’Шимицу’, веднаш започнавме разговори со друга фирма од Италија, која е заинтересирана за истиот проект. Потпишан е и меморандум за соработка и очекуваме, кога ќе им заврши тендерот да дојдат и да им ги кажеме нашите услови. Мислам дека ова е доста профитабилен бизнис во други држави, а ќе има и позитивен бенефит и за ’Дрисла’ која ќе добие модерен лик“, вели директорот Димовски. (С.Н.)




Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 11:02
Сателитско следење на камионите на „Комунална хигиена“

Целта на воведувањето информатички технологии не е да го подобриме имиџот на претпријатието,туку граѓа ните да бидат задоволни, вели Златко Димовски, директор на претпријатието

Граѓаните од идната година ќе може преку компјутер да проверат дали им се платени сметките за подигање смет или колку квадратни метри станбена и дворна површина им се евидентирани за плаќање ѓубретарина, велат во Јавното претпријатие „Комуниална хигиена“. Корисниците на услугите на „Комунална хигиена“ ќе може по интернет да поднесат барање ако сакаат да им се премерат станбената и дворната површина. Претпријатието ќе воведе ГПС - глобален позиционирачки систем, преку кој сателитски ќе се следи движењето на камионите за подигање смет. На тој начин ќе можеме во секој момент да следиме каде и како нашите камиони го собираат сметот. Конкретно, ние ќе имаме запис во ГПС ако некој граѓанин се јави дека во неговата населба не се испразнети контејнерите. Преку ГПС ќе имаме преглед на контејнерите во сите населби и постојано ќе ја имаме на увид состојбата со собирањето на сметот- вели Димовски.Во комуналното претпријатие очекуваат дека на овој начин ќе обезбедат подигањето на сметот од сите контејнери да биде исполнето 98 отсто. Со тоа, ќе има заштеда во трошоците за претпријатието, ќе им се обезбедат постојани и квалитетни услуги за граѓаните.Ова се овозможува со проектот за комплетно автоматизирано работење на јавното претпријатие. Воведувањето на информатичката технологија се наметна по воведувањето на ИСО-стандардот за работа - вели Златко Димовски, директор на „Комунална хигиена“.Според него, само со комплетно воведување на ИСО-стандардот кој бара многу новини во начинот на работата и функционирањето на претпријатието ќе може да се оствари визијата „чисто Скопје- задоволни граѓани“.Во завршна фаза е спроведувањето на втората група за полагање испит за интерни контролори, кои ќе ги контролираат процедурите на работење во претпријатието. Испитот го спроведуваат надворешни експерти. Податоците и постапките за работа ќе бидат транспарентни и истите ќе бидат документирани за да може да се усовршуваат.

ИСО-стандардот налага да се воведе кодексот на однесување на вработените во претпријатието.Воведување на ИСО-стандардот обезбедува континуирано квалитетни услуги за граѓаните. Тој е вистинско решение што ќе не' доведе во позиција да ја преземеме одговорноста ако не сме одговориле како што треба на обврските. Целта на воведувањето на ИСО-стандардот не е да го подобриме имиџот на претпријатието, туку граѓаните да бидат задоволни - вели Димовски.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=178A8DEAB3152D429C8C32CFF7BE9D6E - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=178A8DEAB3152D429C8C32CFF7BE9D6E


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 11:24

Комунална ќе набави 12 нови камиони за смет

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ до крајот на оваа година ќе набави 12 нови камиони за собирање смет со капацитет од 16 кубни метри.Директорот на „Комунална хигиена“, Златко Димовски, вели дека веќе бил распишан тендер за набавка на шест камиони, но поради жалби и приговори тој бил пролонгиран. При повторните процени решено е наместо за шест, набавката да се однесува за 12 камиони, бидејќи просечната старост на постојните е 25 години. Објавивме тендер за шест камиони, но поради жалби и приговори, тој се одолжи. Веруваме дека до крајот на годината тој ќе заврши, со тоа што бројот ќе се зголеми на 12 камиони. Имаме можности да ги набавиме на лизинг. Решени сме да се откажеме од други возила само за да ги набавиме овие камиони, бидејќи постојните се стари и протекуваат - вели Димовски.„Комунална хигиена“ располага со вкупно 29 камиони за собирање смет, но во функција се само 17.

- Три од вкупно 29 камиони треба да се отпишат, а останатите се на поправка - објаснува Димовски.„Комунална хигиена“ бара од градските власти да се набават нови 2.000 контејнери. Според директорот Димовски, на Скопје му се потребни минимум 7.000 контејнери со зафатнина од 1,1 кубен метар за да се задоволат потребите на граѓаните. Во моментов низ градот се поставени околу 4.000 контејнери. Во Европа во просек на десет домаќинства има еден контејнер. Кај нас еден контејнер користат 28 домаќинства. За да ја подобриме ситуацијата, набавивме 100 контејнери, а Градот купи уште 500, по цена од 250 евра - вели Димовски.Тој вели дека претпријатието очекува помош од градските власти бидејќи во сите западноевропски земји контејнерите ги купува општината, а метењето го финансира општината и Градот.Тоа е законитост во комуналната хигиена. Ако не се обезбедени тие услови, комуналните претпријатија не можат да функционираат. Јавната хигиена мора да се подобри - констатира Димовски.


http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=06F1FE47A54F5A46BD3C38F71A108FD3&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=06F1FE47A54F5A46BD3C38F71A108FD3&arc=1


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Aug-2008 at 18:05
мислам дека се малку 600 контејнери за популација од 600-700 илјади, поправете ме ако грешам
и мислам дека треба да набават машини за чистење на улиците
и мислам деке не е толку потребен поголем број на камиони колку што е потребно почесто да се празнат контејнерите, кога веќе ги има помалце
и можеби некои од старите контејнери да бидат заменети со нови
можда сето ова е малце премногу за нивниот буџет, ама не би ни шкодело


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2008 at 18:20
Originally posted by zabegan

мислам дека се малку 600 контејнери за популација од 600-700 илјади, поправете ме ако грешам


Таа бројка се однесува на новонабавените контињери, а не на вкупната, која исто така е спомната во текстот.


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Aug-2008 at 18:36
добро знам, ама спомнав и дека старите можат да бидат заменети со нови
а и кога добро ќе размислам не се баш малце


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2008 at 18:44
Originally posted by zabegan

добро знам, ама спомнав и дека старите можат да бидат заменети со нови


Па мислам дека ова во услови кога немаме ни доволно вкупно контењери е само сон. Плус тоа не гледам зошто би се заменувале функционални постари контењери со нови. Ако се оштетени ОК, ама ако не се, мислам дека нема ни да им падне на памет да ги мењаат, што е сосема логично.
Плус тоа и за контињерите има одржување (репарирање, замена на делови), така да може и дополнително да им се продолжи рокот.


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Aug-2008 at 19:05
добро, мислев на оштетените, но ако веќе ги одржуваат, миове коментари немаат смисла

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2008 at 19:10
Далеку од тоа дека немаат смисла твоите коментари...

Него сигурен сум дека си имаат они математика што е за оправање, а што е за старо железо...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2008 at 21:31
Изгледа новите ќе бидат пластични со капак на педаља.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2008 at 21:52
Какви се тие на педаља? За контињери викаш Question


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2008 at 22:13
Контињерот е цело време затворен и на капакот нема рачка. Има федер кој го држи капакот затворен и мачки неможат да разнесуваат ѓубрето. Има на него педаљаи кога сака некој да фрли ѓубре ја стиска педаљата и капакот се отвора, лизгачки е капакот како на овие сега. Кога ќе ја пуштиш педаљата контињерот сам си се затвара поради федерот.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2008 at 22:26
Еве како изгледаат тие контињери што ги зборам. Ги има со лизгачки капак и со ваков обичен.



Инаку имаат една маана, а тоа е што ако се запали ѓурбето, ќе се стопи и контињерот, дупла бења дупла смрдеа. А кај нас тоа нема да биде реткост, него ќе го гледаме (мирисаме) секој ден. Така да мислам дека треба да се иде со железни контињери.


Posted By: vardar
Date Posted: 19-Aug-2008 at 11:29
Originally posted by lslcrew


Инаку имаат една маана, а тоа е што ако се запали ѓурбето, ќе се стопи и контињерот, дупла бења дупла смрдеа. А кај нас тоа нема да биде реткост, него ќе го гледаме (мирисаме) секој ден. Така да мислам дека треба да се иде со железни контињери.
 
 
LOL 
 
Не само тоа него колку време ќе издржи педаљата....


Posted By: vardar
Date Posted: 19-Aug-2008 at 11:55
Иначе има доста детални информации на http://www.khigiena.com.mk - www.khigiena.com.mk
Слики, јавни набавки, возен парк итн.
 
 
Еве неколку фотки
 
Дрисла
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 19-Aug-2008 at 14:04
Последнава фотка е феноменална!!! Applause



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2008 at 14:23
Комунална хигиена има по информативен сајт од најголемиот број државни институции...

Инаку „флотата“ им е премногу шарена, ваљда имаат план за поголема унификација во иднина.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Aug-2008 at 12:15
Cheers

„КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ГО ЗГОЛЕМУВА ВОЗНИОТ ПАРК
Нови камиони за смет „Комунална хигиена“ повторно ќе го објави јавниот повик за набавка на нови камиони за собирање на сметот откако првиот помина неуспешно, информираа од Јавното претпријатие. Оттаму велат дека со вториот тендер, наместо планираните шест, ќе набават 12 возила. - Тендерот ќе се обнови поради приговорите кои ги поднесе второрангираниот учесник. Сега проценивме дека имаме поголема потреба од нови камиони за комунален отпад бидејќи возилата кои во моментот ги користиме се многу стари и поради тоа имаме проблеми со течното ѓубре, кое истекува по улиците. Решивме да се откажеме од набавката на машини за депонијата Дрисла и од цистерните за да го зголемиме бројот на овие возила - вели Златко Димовски, директор на претпријатието. На првиот тендер се пријавиле четири фирми. „Комунална хигиена“ ќе ги набавува возилата со самофинансирање, преку лизинг. Во главниот град, со повеќе од половина милион жители, ѓубрето се чисти само со 17 камиони. Расипаните камиони на „Комунална хигиена“, од кои истекува течен отпад, подолго време им создаваат проблеми на жителите од скопските населби. Од Јавното претпријатие потврдуваат дека пет години не набавиле нови возила, а просечната старост на сегашните е 25 години. Поради потребата од повеќе камиони, „Комунална хигиена“ неодамна најави дека до крајот на годинава ќе набави 12 нови возила за собирање ѓубре, со капацитет од 16 кубни метри, со кои планира да го подобри возниот парк. Во моментот претпријатието располага со 29 камиони, но во функција се само 17 камиони.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1489&ArticleID=97689


Posted By: mitatos
Date Posted: 09-Sep-2008 at 15:58
ОТКАКО ПРВИОТ ТЕНДЕР ПРОПАДНА
Нови камиони за ѓубре в година
До крајот не месецов ќе биде распишан новиот тендер со кој е предвидено да се набават 12 нови камиони

Набавката на нови камиони за собирање на ѓубрето низ Скопје ќе доцни. До крајот на годинава отпадот од домаќинството ќе се собира со старите машини, кои постојано се расипуваат и од кои исцедокот од ѓубрето се истура низ улиците. Од ЈП "Комунална хигиена" велат дека набавката ќе доцни, бидејќи со одлука на второстепената комисија тендерот е поништен.
"До крајот не месецов ќе го распишеме новиот тендер", вели Златко Димовски, директор на ЈП "Комунална хигиена". "Иако со првиот тендер беше предвидено да набавиме шест камиони за собирање на ѓубрето, сега ќе купиме 12. Мораме да го обновиме возниот парк, оти со престариве камиони не можеме нормално да работиме. Постојано се расипуваат, трошат многу гориво и што е најлошо, исцедокот од ѓубрето го оставаат на улиците", објаснува Димовски.
ЈП "Комунална хигиена" ќе ги купува новите камиони на лизинг. Бидејќи немаат доволно пари за оваа инвестиција, лизинг-компанијата што ќе им даде пари ќе ја има правната сопственост на возилата, а претпријатието ќе ги користи.
На првиот тендер за нови возила се пријавија пет компании, но второстепената комисија реши да го поништи, поради жалбите на некои од нив. (А.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156687&idg=8&idb=2469&rubrika=Skopje


Ги урочивме хехехе



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Sep-2008 at 21:20
супер, само и да имаат унификација треба
прво нека ги набават па ке збориме за тоа


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2008 at 22:41

КОМУНАЛЦИТЕ ПОЧНАА СО АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНА РЕПАРАЦИЈА НА ИСКРШЕНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ


Од стари се прават нови


За замена на оштетените тркалца, за фарбање и дезинфекција секоја година се трошат најмалку по 40 илјади евра


Расклатени, без капаци и тркалца, искршени. Такви се речиси сите контејнери во градов, секогаш преполни со ѓубре. Од ЈП Комунална хигиена информираат дека оштетените садови ги сервисираат по потреба, а еднаш годишно прават генерална проверка и комплетно ги репарираат. За оваа активност, јавното претпријатите троши илјадници евра.

- Минатата година потрошивме околу 40 илјади евра само за замена на оштетените тркалца, за фарбање и дезинфекција. Една поправка чини 5.850 денари. Наместо тие пари да ги вложуваме во купување на дополнителен број контејнери кои ни се неопходни, ние мораме да ги санираме штетите што ги направиле несовесните граѓани. И не само тоа, препродавачите на старо железо неретко крадат и цели контејнери, ги сечат па ги препродаваат. Тоа е дополнителен проблем за нас, бидејќи во Скопје моментно има 4000 садови, а реалните потреби се најмалку 7000 - информира генералниот директор на ЈП Комунална хигиена, Златко Димовски. Тој најави дека акцијата за генерална репарација на контејнерите е во полн ек и комуналците досега поправиле 370 контејнери.

- До крајот на неделава ќе бидат поправени сите садови во општина Аеродром. Во Општина Гази Баба од вкупно 250 поправени се 150, а потоа ќе ја опфатиме територијата на Кисела Вода. Работевме и во Старата чаршија каде репариравме 20 контејнери, а во блок Серава уште 15 - потенцираше Димовски. Тој се пожали дека нема ден без пријава за оштетен контејнер, најчесто од Топанско Поле, Шуто Оризари, Чаир.

Жителите на Аеродром ги забележале промените и задоволни се од акцијата, но бараат поголем број на контејнери.
-Сиромавиот знае само да крпи и понекогаш од старото може да се направи ново. Но, за нашиот блок потребно е да се постават уште на најмалку две локации - вели жителка од зградите кај Тобако 2.
Директорот Димовски вели дека решавањето на овој проблем им е еден од приоритетите, но поради финансиска немоќ наеднаш да ги купат потребните 3.000 контејнери со крајни напори се обидуваат да ја ублажат состојбата. Вели, со сопствени средства ќе набават 500, а неодамна добра вест им испратија и советниците од Градското собрание кои им одобрија средства за купување на уште 500 контејнери.

http://vecer.com.mk/?ItemID=92EFDE159DE514479EDB4AE35BB8DFC5


Posted By: mitatos
Date Posted: 16-Sep-2008 at 01:07
КОМУНАЛНА ХИГИЕНА" ЌЕ ЈА ПОДИГНУВА СВЕСТА НА СКОПЈАНИ
Екопораки на камионите за собирање ѓубре
Плакатите ќе бидат залепени на камионите и на метлачките со кои се чисти градот

ЈП "Комунален хигиена" ќе ги разубавува старите камиони за собирање ѓубре со пораки за чисто Скопје. Надлежните од претпријатието велат дека во моментов ги подготвуваат плакатите, кои од наредниот месец ќе бидат залепени на камионите и на метлачките со кои се чисти градот. Со тоа не само што возилата ќе изгледаат поубаво туку и ќе се упатуваат пораки до граѓаните правилно да го третираат отпадот.
"Една од пораките што ќе ги има на камионите ќе биде канта за ѓубре претставена како машина за перење. Со тоа сакаме да им потенцираме на граѓаните дека ние го чистиме градот, но дека и тие треба да дадат свој придонес за да имаме чист град", вели Златко Димовски, директор на ЈП "Комунална хигиена".
Покрај налепниците со екопораки, во моментов се подготвува и новото лого на претпријатието, со што наскоро тоа ќе биде познато под скратеницата КХС, односно "Комунална хигиена-Скопје". (А.А.)


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156952&idg=8&idb=2474&rubrika=Skopje




-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Sep-2008 at 14:05
ете една добра идеј, го поздравувам тој на кого му текнала
знам дека сум запнал да бидат унифицирани, а и тоа е битно


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Oct-2008 at 11:31
Градот ќе купи 500 нови контејнери

Градските власти ќе купат 500 нови контејнери за собирање на ѓубрето од домаќинствата. Парите за набавка на контејнерите ќе бидат обезбедени од буџетот на Градот доколку советниците во Градското собрание ја одобрат набавката на седницата в среда.
"Поради тоа што во последниве години беа изградени голем број нови станбено-деловни објекти, се зголеми бројот на жителите, а постојните камиони се наоѓаат во лоша состојба, итно е потребна набавка на нови контејнери", се вели во образложението на градските власти за потребата од набавка на нови контејнери.
За набавка на 500-те контејнери, ќе бидат потребни четири милиони денари. (А.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157864&idg=8&idb=2491&rubrika=Skopje

Ич не ми текнува каде го праевме муабетот за контињерите!



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 06-Oct-2008 at 12:13
Originally posted by lslcrew

Градот ќе купи 500 нови контејнери

Градските власти ќе купат 500 нови контејнери за собирање на ѓубрето од домаќинствата. Парите за набавка на контејнерите ќе бидат обезбедени од буџетот на Градот доколку советниците во Градското собрание ја одобрат набавката на седницата в среда.
"Поради тоа што во последниве години беа изградени голем број нови станбено-деловни објекти, се зголеми бројот на жителите, а постојните камиони се наоѓаат во лоша состојба, итно е потребна набавка на нови контејнери", се вели во образложението на градските власти за потребата од набавка на нови контејнери.
За набавка на 500-те контејнери, ќе бидат потребни четири милиони денари. (А.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157864&idg=8&idb=2491&rubrika=Skopje

Ич не ми текнува каде го праевме муабетот за контињерите!



Хммм....ова значи еден контеинер чини 8000 денари. Roll%20eyes Не сум баш убеден во нивниот квалитет, само се надевам нема да бидат стандардниве метални контеинери.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Oct-2008 at 12:45
Аб кај нас често гледаме по улица како гори некој контејнер. Да е пластичен ќе се стопи. Во тоа е предноста на металните.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 06-Oct-2008 at 12:53
Originally posted by lslcrew

Аб кај нас често гледаме по улица како гори некој контејнер. Да е пластичен ќе се стопи. Во тоа е предноста на металните.


Епа во склоп на казните, треба да има драконска казна за палење на континер, бидејќи освен што е тоа вандализам, се прави и загадување на воздухот и човековата околина, а за тоа треба и кривично да се одговара. Тоа е решението на проблемот, не метални контејнери.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Oct-2008 at 22:20
Скопското ѓубре ќе се гледа од сателит


Преку ГПС ќе се следи и динамиката на подигање на ѓубрето и работата на комуналците


Ѓубреџиите кои со камиони го подигаат ѓубрето, повеќе нема да можат да ескивираат. Нивната работа, веќе десетина дена се следи сателитски, преку специјално инсталирани ГПС - уреди кои покажуват на која локација се наоѓаат, каде поминале и во кој правец се движат. На промоцијата на проектот, генералниот директор на ЈП "Комунална хигиена" Златко Димовски истакна дека оваа новина е една од системските реформи во работата на претпријатието со која очекуваат значително да се подобри ефикасноста на работата на оперативците, да се заштеди до 30 отсто гориво и на крајот да се воспостави комунален ред.
- Преку глобалното позиционирање и ние, но и граѓаните ќе имаме можност во секое време на компјутер да провериме дали камионот дошол на одредена локација да го подигне сметот, кога поминал, во колку часот, дали негативните реакции се резултат на наша слабост или не. И тука веќе нема лажење или дипломатски одговори - вели Димовски.

Во моментов во системот се вклучени 25 камиони, во тек е поврзувањето на уште 20, а до крајот на годинава целиот возен парк ќе биде под ГПС надзор.

Новото софтверско решение ќе ја чини Комунална хигиена 524.000 денари или околу 8500 евра годишно за 50 камиони. Вложените средства, вели Димовски, многу брзо ќе се исплатат.
Ѓубреџиите не се израдуваа на оваа новина. Визуелното следење на нивната работа ја сметаат за психолошки притисок од страна на претпоставените.
- Ајде работи, де, ако знаеш дека некој постојано те гледа. Јас никогаш не сум го злоупотребил ни камионот, ниту сум трошел повеќе бензин, не сум забушавал. Ама кому да се пожалиш, одма ќе ти речат: ако ти чини, ако не има кој сака да работи - вели еден возач во Комуналец.

Божидар Стојанов, одговорен во Секторот за механизација вели дека ваквите реакции се очекувани, но досега никој официјално не се пожалил. Сепак, во следните денови очекува бројот на барањата за промена на работно место значително да се зголеми.
- Самиот систем сега ќе покаже кој ефикасно ја врши работата, а сите манипулации што ќе се констатираат, ќе се санкционираат во зависност од тежината. Со намалување на платата, со принуден одмор, па дури и со отпуштање од работа-информира Стојанов.
Поголемиот број од граѓаните не слушнале за оваа новина, но се задоволни од зачестените напори на институциите за одржување на хигиената во градов.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E11B59126A4B994DB7382E913F56CEF8

Едноставно непотребно!


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Oct-2008 at 22:39
како пари да пренесуваат, не ѓубре
сепак ова не е лошо, но не е толку потребно
добро бе, колку креативни наслови пишуваат по веснициве, тоа е нешто невидено


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: vardar
Date Posted: 08-Oct-2008 at 02:09
Во утрински пише дека веќе на веб страната може да се следат камионите али неможев да го најдам Dunno 
 

„Комунална“ почна со автоматско следење на возилата за собирање ѓубре

Со системот ГП на веб-страницата може да се види дали камионот поминал да собере ѓубре

Снежана Калабакова

Веќе една седмица ЈП „Комунална хигиена“ работи со нов и современ начин на менаџирање, воведувајќи ГП-систем за автоматско следење на возилата за собирање комунален отпад. Ова значи дека на http://www.khigiena.com.mk/ - http://www.khigiena.com.mk/ - веб-страницата на претпријатието веќе може да се види движењето на нивните возила на одреден дел од градот, потоа може да се знае во кое време и на која улица тие поминале или се наоѓаат и точно во кој час го собрале комуналниот отпад на набљудуваната локација.

Менаџерскиот тим на претпријатието смета дека со овој систем најнапред ќе заштедат 30 отсто гориво, кое многу често било трошено во „приватни рути“ на вработените. Исто така, сметаат дека ќе се подобри квалитетот во нивната работа, а истовремено ќе се обезбеди и транспарентна информација за граѓаните кои најчесто се жалеле дека камионите на „Комунална“ не поминале во нивната населба да го соберат ѓубрето. Овој систем сега им дава можност и самите да го проверат тоа. Со ГП-уреди веќе се опремени 25 камиони кои една седмица кружат низ градот, а неделава ќе бидат опремени вкупно четириесетина возила.

До крајот на годинава ќе бидат опремени уште педесетина камиони за чие воведување на системот претпријатието ќе инвестира 523.900 илјади денари.

„Мотив за поставувањето на ГПС ни беше намалувањето на оперативните трошоци, кои најчесто беа и неоправдани. Сега со ГПС ќе може да се следи дури и брзината на возилата со која се движат на одредена сообраќајница, а ќе бидеме и транспарентни за граѓаните, кои постојано ќе можат да ја имаат бараната информација. Месечниот трошокот за следење на едно возило изнесува 750 до 800 денари, но многу брзо, речиси за една година, инвестицијата ќе се исплати“, рече на вчерашното презентирање на системот Божидар Стојанов, директорот на „Дрисла“.

„Комунална хигиена“ има 87 специјални возила за собирање комунален отпад. Од претпријатието велат дека не ретко граѓаните им се жалеле дека нивните возила не ја извршиле услугата пред нивниот објект, односно не поминале да го соберат комуналниот отпад. Но, велат одговорните, вакво нешто особено се случувало на локациите каде што најчесто се наоѓаат локалите кои работат навечер. Ова особено кога станува збор за дискотеки и разни клубови каде што најчесто во близина на контејнерите се паркираат автомобили. Токму поради тоа и поради габаритноста на возилата и не по нивна вина ѓубрето останувало неподигнато. Сега со новиот систем ќе можат да видат дека возилото било до нивниот објект и самите ќе бараат начин да се ослободат од непрописно паркираните, а од претпријатието не ќе мора да им се оправдуваат.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0C7C392AC0612D42B1D7E6869F54B32D - utrinski


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 08-Oct-2008 at 14:59
Previous
Кому му е сево ова потребно? Демек исчистен е цел град, ѓубрето сите ние дома го чуваме и пратиме по интернет кога стигнал ѓубреџискиот камиот кај нас на улица.
 Дали некој знае на кој начин може да се заштеди ако во еден камион за собирање смет се вгради ГПС? Мене не ми текнува логично објаснување. Во такси превозници, обични камиони кои се обраќаат на долги релации очигледно, ама во градски комунални камиони за смет?


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 08-Oct-2008 at 15:04
Originally posted by UrbanFreak

Previous
Кому му е сево ова потребно? Демек исчистен е цел град, ѓубрето сите ние дома го чуваме и пратиме по интернет кога стигнал ѓубреџискиот камиот кај нас на улица.
 Дали некој знае на кој начин може да се заштеди ако во еден камион за собирање смет се вгради ГПС? Мене не ми текнува логично објаснување. Во такси превозници, обични камиони кои се обраќаат на долги релации очигледно, ама во градски комунални камиони за смет?

Bash Ова ми промакнало....

Менаџерскиот тим на претпријатието смета дека со овој систем најнапред ќе заштедат 30 отсто гориво, кое многу често било трошено во „приватни рути“ на вработените. Исто така, сметаат дека ќе се подобри квалитетот во нивната работа, а истовремено ќе се обезбеди и транспарентна информација за граѓаните кои најчесто се жалеле дека камионите на „Комунална“ не поминале во нивната населба да го соберат ѓубрето. Овој систем сега им дава можност и самите да го проверат тоа. Со ГП-уреди веќе се опремени 25 камиони кои една седмица кружат низ градот, а неделава ќе бидат опремени вкупно четириесетина возила.


Bash


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Oct-2008 at 15:40
не ми текнуваше каде да го сместам ова мислам дека имаше нишка за обновливи извори на енергија ама не ја најдов

Италијанска фирма сака македонски отпад

Италијанската компанија „Космо груп“ е заинтересирана да инвестира во рециклирање отпад во Македонија. Градоначалници од повеќе македонски градови од југозападниот дел, меѓу нив и градоначалникот на Дебар - Аргетим Фида, при престојот во Италија потпишале писмо за намери со италијанската фирма.

- Во првата фаза се предвидува рециклирање на 50 проценти од урбаниот отпад од пластика, хартија, стакло и метал, а во втората целосно рециклирање на сиот отпад, кој ќе се користи за производство на електрична енергија. За таа намена би се изградиле три мали термоелектрани од по 4 до 6 мегавати. Една термоелектрана би требало да биде во Скопје, една во источниот и една во западниот дел на Македонија - изјави Фида. Се проценува инвестицијата за двете фази да биде од 250 до 300 милиони евра.

- За Дебар, но и за цела Македонија ова значи чиста околина, но и нови вработувања - вели Фида. За првата фаза преговорите ќе ги водат општините, а за втората фаза Владата, која била запозната со иницијативата.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=61E2DB1B43F61E4AB0E74DE5160CC7D5 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=61E2DB1B43F61E4AB0E74DE5160CC7D5

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Oct-2008 at 00:41

Скопјани ќе го плаќаат миењето на улиците

Градоначалникот и Советот на Градот бараат одлагање на овој дополнителен товар за граѓаните додека не зајакнат економски


Давачката за миење и метење улици нема да биде скромна, велат од Градот

Нова давачка, за миење и за метење на улиците, ќе мора да плаќаат скопјани по донесувањето на новиот Закон за јавната чистота. Досега одр жувањето на улиците беше обврска на градската власт и се плаќаше со пари од градската каса. Сметките за ѓубрарина и натаму остануваат.Градоначалникот Трифун Костовски и вработени во градската администрација не' информираа завчера дека оваа нова давачка за одржување на јавните површини ќе претставува приход кој ќе се влева го градскиот буџет.

- Таа давачка, сигурен сум, дека нема да биде скромна, бидејќи трошоците за оваа намена се многу големи - изјави Бранко Трајчевски од Градскиот правен сектор. Градоначалникот Костовски не изрази воодушевување од новопредвидениот надомест. Тој апелираше до Советот на Град Скопје да ја одложи примената.

- Исто како и во светот, и нашето општество ќе го погоди економската криза. Мислам дека новата давачка ќе биде вистински удар за домашниот буџет на граѓаните. Апелирам воведувањето да се одложи се' додека не зајакне економската моќ на граѓаните - рече Костовски.

И претседателот на Советот, Ирена Мишева, како и голем број членови на Советот, се согласија со скопскиот градоначалник дека сметките за одржување улици ќе бидат големо оптоварување за буџетите на граѓаните.

- Треба да си ставиме прст на чело и убаво да се замислиме - изјави советникот Тони Ѓуровски. Костовски и членовите на Советот на завчерашната средба донесоа заклучок да побараат од Министерството за транспорт и врски да се формира стручна екипа, која би го разгледала социјалниот аспект на Законот за јавната чистота, кој се однесува на оваа проблематика. Исто така, ќе побараат од стручната екипа да ја одреди и единицата мерка по која би се одредувала цената што би ја плаќало секое домаќинство. Советот наскоро ќе излезе со меморандум како заклучок по ова прашање.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=51756980C7FB33409124FD89358D6ACE




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Oct-2008 at 01:24
Се ближат локалните избори, па ете кај сите се разбуди грижата за граѓаните. И Трифун и разноразни советници од разноразни партии решиле „да си стават прст на чело“... Одлично! Вака сложни не биле никогаш по ниедно прашање.
Најсмешно од се е тоа што демек ако доаѓало од градската каса испаѓа дека е некаков си поклон за граѓаните.
Roll%20eyes



Posted By: evolutionary
Date Posted: 26-Oct-2008 at 01:50
Istovremeno gradot gi zadolzuva graganite da go plakaat odrzuvanjeto na ulicite, a drzavata im zabranuva da gi valkaat.

-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Oct-2008 at 02:56
Како демант на три поста погоре стига оваа вест од МТЦ.

Почитувани,

 

Министерството за транспорт и врски ги демантира коментарите на градоначелникот на Град Скопје и дел од советниците во Советот на град Скопје дека „со Законот за јавна чистота се воведува нов надоместок кој ќе претставува дополнителен трошoк за граѓаните“, притоа Ве информираме дека целта на носењето на овој Закон воопшто не е дополнително оптоварување на буџетот на граѓаните и со него не се предвидува плаќање

на нов надоместок за јавна чистота, туку напротив, со Законот за јавна чистота се предвидува порационално искористување на средствата кои граѓаните и до сега ги плаќаа на сметките за комунални услуги. Имено, според Одлуката на Советот на Град Скопје од 1993 година е предвидено 22% од приходите кои се остваруваат со наплата на сметките за

користење на водоснабдувањето да се одвојуваат за одржување, подигнување и чистење на јавните зелени површини, а по покачувањето на цената во февруари 2008 година, во месец април годинава е потпишан Протокол помеѓу ЈП „Водовод и канализација“, ЈП „Паркови и зеленило“ и Град Скопје за регулирање на одвојување 17,5% од приходите кои се остваруваат преку наплата на сметките за користење на водоснабдувањето и канализацијата. Овој Протокол е усвоен од страна на Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ во месец мај 2008 година. Истовремено, ЈП „Комунална хигиена“ уште од 1993 година за чистењето на јавните површини и подигнувањето на смет врши посебна наплата за услугите кои ги извршува, согласно со Ценовникот усвоен од Советот на Град Скопје.

Ве информираме дека Законот за јавна чистота е донесен со цел да се регулира хаосот кој владееше во сферата на комуналните работи и јавната хигиена и во него се содржани решенија преку кои јасно се поделени надлежностите меѓу институциите и субјектите кои се задолжени за одржувањето на јавната чистота како на јавните површини, отворените површини на јавните објекти, така и меѓу субјектите кои ќе вршат контрола во поглед на спроведувањето на одредбите од Законот.

Министерството за транспорт и врски во процесот на изготвување на Законот за јавна чистота беше водено од позитивните искуства на високо развиените земји кои применуваат ваква законска регулатива, а во тој процес беа консултирани и претставници на локалната самоуправа. Процесот на имплементација на Законот за јавна чистота исто така подразбира соработка со општините и токму затоа Министерството за транспорт и врски упатува покана до градоначалникот на Град Скопје, г-дин Трифун Костовски, како и до претставниците на Советот на Град Скопје за соработка во процесот на имплементирање на Законот и остварување на единствената цел на овој Закон – подобрување на

јавната чистота во Република Македонија.

Со почит,

Министерство за транспорт и врски




Posted By: beTon
Date Posted: 26-Oct-2008 at 15:25

демант LOL колку само е интересен политичкиот пристап кон секоја работа кај нас, место прво да побара некој мислење од советот на СК како би направил споредба со размислувањата на скопскиот очув и да направи анализа зошто држи муабетот на советот или на очувот, добиваме постојано само парцијални информации од текстовите, а за да се информираме поконкретно треба да сме навлечени на вести па преку една недела да ги собереме различните информации, за дури после тоа да разбереме кој што и зошто треба или нетреба нешто да преземе, иако во доста случаи повиканите заради свои добро познати причини не сметаат дека треба да се произнесат за чекорите и дилемите околу истите. абе фудбалските селектори имаат почист пристап од безгрижните политичари во МКД кои најверојатно бидејќи немаат сите ПР служби неможат ни да разберат дека остануваат доста прашања отворени или недообјаснети, а да биде уште позамрсено новинарите истражуваат само преку телефон па доколку наидат на ендек воопшто не се трудат да се растрчаат наоколу и да прочепкаат, можеби имаат попаметна работа од истражување како “седење во деск“ и чекање телефонот сам се да им објасни.

колку би било добредојдено ова со мандатните казни и чистењето, јас мислам дека се отвора простор да се мобилизираат на тој начин многу екипи спремни за доброволни акции кои се можеби единствено решение за да се светне СК, а за оние што не сакаат да чистат нормално паричната казна да си ја платат, но истата да оди во буџетот на градот а не на државата како што е сега, па ќе работат и доста хонорарци за дневница, на овој начин може да се обезбеди работа за доста бездомници т.е. потешки социјални случаи. останува спорно само дали чистењето подразбира светнување или зачистување на површините, мене се повеќе ми се чини дека чистењето на градот кај нас е сведено на брзопотезно поминување на службите преку површините...



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2008 at 23:38

Здравствените установи несоодветно постапуваат со медицинскиот отпад

Речиси половина од регистрираните ординации не ја користат услугата на „Комунална“ за горење на отпадот

Речиси половина од приватните здравствени установи не ја користат услугата на ЈП „Комунална хигиена“ за соодветно третирање на медицинскиот отпад. Според податоците на претпријатието, од 547 ординации дури 260 воопшто не побарале интервенција, што практично значи дека искористениот санитетски материјал го исфрлаат несоодветно, и тоа најчесто во обичните контејнери. Состојбата е речиси алармантна имајќи предвид дека несоодветното постапување со искористениот санитетски материјал може да предизвика разни епидемии, загадувања на животната средина.

Дека медицинскиот отпад не се третира правилно, доказ се и последните испитувања што ги направила „Комунална“ за да го утврди составот на собраниот смет. Притоа, биле регистрирани искористени шприцеви, стари лекови, завои, фластери...

„Од регистрираните приватни здравствени установи, 30 воопшто не постојат. Планираме да извршиме целосна анализа на теренот и за актуелната состојба да им укажеме на државните инспекциски органи како би ги санкционирале несовесните сопственици на ординациите“, велат од комуналното претпријатие.

Постојат ординации кои пред повеќе години имаат склучено договор со „Комунална“, но досега само неколку пати побарале санитетскиот искористен материјал да им биде подигнат и соодветно третиран. „Договорите им служат единствено само за да бидат ’чисти‘ пред инспекторите“, додаваат комуналците.

Инаку, „Комунална“ е единствен субјект кој нуди можност за легално третирање на отпадот. Само за 385 денари претпријатието организирано го собира, а во таа цена е вклучена и безбедносната кутија што им се дава на ординациите во која може да се складира отпад до пет килограми, кој потоа се гори во инсцелераторот на „Дрисла“. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=00EC507865851240AADB7C071912044F


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2008 at 23:38

Депонијата Дрисла под видеонадзор

Седум покриени камери се поставени во депонијата Дрисла. Со нив се набљудуваат вработените, но и камионите што влегуваат со стока со изминат рок.

- Имало случаи кога камионот влегува полн за да ја поништи стоката што ја носи, но и излегува полн, со цел да препродава, образложи Златко Димовски, директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, во чија надлежност е депонијата.Во Дрисла доаѓаат во просек 83 камиони дневно, од кои 68 се на „Комунална хигиена“, а дневно се носи вкупно 495 тони смет.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8BAC34C9D9E28543B623C84AE49071A8


Posted By: vardar
Date Posted: 01-Dec-2008 at 11:50
Извини овој_стариов али ми тргна со Прилеп денес LOL
 
Иначе пред некое време ги зборевме овие контејнери на педаља, еве како изгледаат (колку време само ли ќе траат)
 
 
http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=412&Itemid=316 - Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“ за оваа година поставија 200 нови контејнери
12.11.2008 Општина Прилеп
 

Годинава Локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“ во градов инсталираа 100 нови контејнери од 1 метар кубен за мешан отпад и 18 контејнери од 5 метри кубни, така наречени подигачи. Со проектот Пет инсталирани се 90 контејнери за пет амбалажа или само годинава во градов се поставени над 200 нови контејнери, со што во целост е инсталирана комунална инфраструктура.

 
 


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 01-Dec-2008 at 15:07
Ромите ќе бидат одушевени ако се наменети само за PET, а како и се друго ќе му најдат крај, прво самите „хигиеничари“ а потоа и рајата.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2008 at 01:17

„Комунална“ напролет ќе се поднови со шест камиони

Напролет возниот парк на „Комунална хигиена“ конечно ќе биде проширен со нови камиони за подигање контејнери. Станува збор за шест возила кои претпријатието ќе ги набави на лизинг. Директорот Златко Димовски најави дека на 15 овој месец ќе се отворат доставените понуди за набавка на возилата.

„Доколку никој не поднесе жалба, според сите утврдените рокови, најдоцна до април новите камиони ќе бидат ставени во функција. Сметаме дека со нивното вклучување во возниот парк значително ќе се зголеми квантитетот и квалитетот на подигање на сметот од контејнерите“, вели директорот на комуналното претпријатие, кој потенцира дека набавката на возилата нема да претставува финансиски товар на претпријатието. Подновата на возниот парк ќе чини околу еден милион евра.

Инаку, ова е втор обид на „Комунална хигиена“ да купи нови возила. Во првиот, на кој биле пријавени пет заинтересирани фирми, тендерот беше поништен откако една од фирмите-учеснички поднесе жалба која беше прифатена од надлежната комисија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D23C349B8940694CAD848F9FD6BA8969



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-Dec-2008 at 23:04

Комунална хигиена нема нафта

Комунална хигиена од утре нема да го собира ѓубрето во Скопје – градското јавно претпријатие не може да набави дизел гориво за возилата. Ќе се интервенира само во болниците, градинките, училиштата.

„Имаме резерви само за денеска од утре недела и понеделник нема да подигаме смет бидејќи немаме нафта за да ја извршуваме оперативната програма. “, рече Златко Димовски, директор на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје.

Пред два дена Макпетрол ги известил надлежните од комунална хигиена дека не е во можност да ги снабдува со потребното гориво. Од јавното претпријатие преку градот веќе побарале интервенција од државните стокови резерви.

„Апелираме до Владата, ако трае кризата со нафта да бидеме на листата на приоритети на бирото за стокови резерви за прераспределба на гориво.“

Директорката на бирото за стокови резерви Гордана Ивановиќ ни рече дека е во странство и дека не е запознаена со случајот – ако Владата побарала, тие ќе интервенирале.

Додека не се реши проблемот со снабдување со нафта од комунална хигиена апелираат до граѓаните да се воздржат во одлагањето на сметот и да се придржуваат до комуналниот ред.

Инаку, проблемот со дизел горивото е поширок – веќе неколку дена на најголем дел од пумпите на Макпетрол не се точи дизел – така е и денеска. Поради хаваријата која пред извесно време се случи во ОКТА, рафинеријата ја редуцираше испораката на дизел – нема прецизен рок во кој може да се очекува нормализирање на производството и на испораката. Макпетрол преку увоз на дизел се обидува да го реши проблемот, но поради долгите транспортни процедури, снабдувањето со дизел е нередовно и недоволно да ги задоволи сите потреби.

Автор: Бранка Чочковска http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=42283&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=42283&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

И ова го дочекавме


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 07-Dec-2008 at 00:34
e uste ova trebaseBig%20smile i onaka ne go sobiraat dzubreto na vreme a sea ima da se udavimeLOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2008 at 00:20
Англичани ќе инвестираат во регионална депонија

Реализацијата е неизвесна поради страв од загадување на животната средина

ШТИП - Англиската групација „Вирвољ“ е подготвена да инвестира 30 милиони евра во изградба на најсовремена регионална депонија во источниот дел на земјава. Во оваа современа фабрика отпадоците би се претворале во топлинска енергија која може да се користи за греење станови. Сепак, реализацијата е неизвесна поради страв од загадување на животната средина. Ниту една општина од Брегалничкиот регион не сака депонија на свое подрачје, па затоа и не е избрана локација.

Идејата за проектот „Регионална депонија“ кај локалните власти на Штип, пред новогодишните празници ја образложи директорот на англиската групација, Крис Прат. Тој појасни дека ја имале предвид студијата која за регионалната депонија, која своевремено ја подготвиле општините од истокот.

„Ние сме конгломерат од повеќе фирми кои го здружија капиталот и знаењето во рециклажа на отпадот. Слични инвестиции реализиравме во Англија, Франција, Шпанија. Наша цел е да ја елиминираме концентрацијата на секаков вид отпад и, секако, од тоа да правиме профит. Тука го гледаме двостраниот интерес - општините да се ослободат од отпадот, а ние да произведуваме чиста енергија од отпад“, изјави Крис Прат.

Првиот човек на „Вирвољ“ потенцира дека депонијата е, всушност, најсовремена фабрика за трансформација на сите видови отпадоци во топлинска енергија. Услов за да се гради таков капацитет е регионот да има отпадок од 150.000 тони на годишно ниво. Брегалничкиот регион го исполнува тој услов. Прат вели дека топлинската енергија ќе може да се употребува за затоплување станбени и деловни објекти.

„Подготвени сме проектот да го реализираме како јавно-приватно партнерство. Наша обврска ќе биде целосно да го финансираме проектот, а општините да обезбедат услови за собирање и транспортирање на отпадот", потенцира Прат.

Според него, депонијата ништо и никого не загадува, а просторот околу неа ќе личел на цветна градина. "Вирвољ" имала готов проект и во оваа работа сакала да инвестира 30 милиони евра.

„Станува збор за успешно менаџирање со отпадот, нешто што во светот во кој свеста еколошки се' повеќе се развива е од поголемо значење. Во таа смисла ние сме подготвени да работиме со регионот и Општина Штип како негов центар", вели Крис Прат.

Сепак, тука има еден голем проблем. Имено, општините од регионот цели пет години не можат да се договорат каде да биде депонијата. Имаше повеќе локации, последната во Општина Карбинци, но таму се побуни населението. Всушност, регионалната депонија никој не ја сака во својот атар. И тоа се' поради фактот што населението нема информации за каков вид депонија станува збор, а смета дека тоа е извор на големо загадување.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=53E4CFB5E9CB954D883006E7B636CEEA

Уффффффф...................... Ај да ми легне материјалов, па ќе дадам мислење у некој од наредниве денови.....


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 29-Dec-2008 at 10:28
Всушност, регионалната депонија никој не ја сака во својот атар. И тоа се' поради фактот што населението нема информации за каков вид депонија станува збор, а смета дека тоа е извор на големо загадување.


pa neka zemat neka objasnat na naselenieto za sto stanuva zbor,neka se angaziraat malce,neka izvadat nekoe proektce kako bi izgledalo seto toa,vaka samo koga ke se kaze ke se gradi deponija i ja bi bil protiv zasto nie znaeme za nashive deponii kako izgledaat i deka se zagaduva na veliko a da ti bide deponija pod nos i ne e mala rabota.a ako bide cvetna gradina Laugh kako sto pisuva togash vo red e,spored ova sto go pisuva mislam deka e super i ne bi trebalo da se ispusti vakva prilika....Thumbs%20Up


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2009 at 01:38
Градот со милион евра ќе ја извлекува „Комунална“ од криза

Советот на Скопје на седница в среда треба да даде зелено светло за субвенцијата

„Комунална хигиена“ ќе добие 1 милион евра субвенции од Градот Скопје. Парите ќе бидат наменети за покривање на дел од долговите на јавното претпријатие, но и за подновување на возниот пар.

Одлуката за субвенционирање на „Комунална хигиена“ ќе се најде на дневен ред на првата седница на Советот на Скопје. Пред два месеца, градските советници не се согласија да ја зголемат цената на ѓубрарината и покрај барањата од комуналците и од градоначалникот Трифун Костовски. Тоа, според одговорните во јавното претпријатие, дополнително ја отежнува и онака лошата состојба во која се наоѓа, особено поради големите долгови по основа на ДДВ.

Доколку ја добие субвенцијата од Градот, „Комунална“ ќе се ослободи од дел од долгот и ќе набави нови возила за собирање смет.

„Во случај одлуката за субвенционирање да помине на седницата на Советот в среда, средствата ќе треба да ги искористиме исклучиво наменски, за набавка на нови возила и отплата на дел од долгот по основа на ДДВ. Засега не можам да кажам за колку и за какви возила и колкав долг би отплатиле, тие калкулации ќе се прават доколку Советот даде зелено светло за предлогот“, вели директорот на „Комунална хигиена“, Златко Димовски, нагласувајќи дека ова ќе биде прв пат Градот да даде субвенции за ова јавно претпријатие.

Димовски се надева дека меѓу советниците има расположение да гласаат за предлогот, бидејќи се свесни за состојбите во кои се наоѓа јавното претпријатие, особено откако не дозволија покачување на цената на ѓубрарината. Субвенционирањето, смета Димовски, сепак, претставува една можност да и' се помогне на „Комунална хигиена“ да се извлече од тешката ситуација.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0AF3B30DE65F914DB5C0A968524CCE2A


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Apr-2009 at 08:52

6 нови камиони за собирање на ѓубрето

Деновиве е потпишан договор со фирмата "Ресор Ниш", која најдоцна за два месеца треба да ги испорача возилата на претпријатието

Летово возниот парк на ЈП"Комунална хигиена" ќе се обнови со шест нови камиони за собирање на ѓубрето од контејнерите. Деновиве е потпишан договор со фирмата "Ресор Ниш", која најдоцна за два месеца треба да ги испорача возилата. Станува збор за камиони од марката "ивеко", кои претпријатието ќе ги плаќа на лизинг на пет години.
"Месечната рата е 500 000 денари. Камионите се најнова технологија и во голема мера со нив ќе се подобри собирањето на ѓубрето низ градот. И на овие камиони ќе биде вграден ГПС систем, односно ќе можеме компјутерски да го следиме нивното движење и да имаме преглед во колку часот и на која локација одреден камион го собира ѓубрето", вели Златко Димовски, директор на ЈП"Комунална хигиена".
Последен пат нови возила биле набавени пред седум години. Камионите со кои сега се собира ѓубрето низ улиците се со просечна старост од 25 години. Поради тоа камионите постојано се расипуваат и се случува сред собирање ѓубре да престанат да работат.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=7E0B7770CB884641B369B57BDCEB47AD


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jul-2009 at 20:20
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ СО ПРЕДЛОГ ДО СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ
„Дрисла“ повторно ќе стане јавно претпријатие

Роза Петкова

Депонијата „Дрисла“ повторно ќе стане посебно јавно претпријатие кое самостојно ќе ја врши дејноста што досега ја спроведуваше како дел од „Комунална хигиена“. Ова се предвидува во предлог-одлуката која до Советот на град Скопје ја достави градоначалникот Коце Трајановски, а трансформацијата на „Дрисла“ во посебен правен субјект е еден од проектите зацртани во неговата програма за работа. Претпријатието ќе се формира со почетен капитал од 2.500 евра, издвоени од градскиот буџет, и во него ќе се префрлат целиот имот и средствата од постојната депонија. ЈП „Дрисла“ ќе биде во сопственост на Градот и во него ќе преминат дел од работниците на „Комунална хигиена“, кои и досега беа ангажирани за работи поврзани со депонирање на отпадот. Ќе се финансира од парите собрани преку цената за извршената услуга, од буџетот на Скопје и од други средства. Според градските власти, претпријатието ќе се основа со цел ѓубрето да се депонира организирано и потоа квалитетно да се обработи, а сето тоа да го прави единствен економски и технолошки систем. - На ваков начин трајно, уредно и квалитетно ќе се задоволат потребите на корисниците на услугите, ќе добиеме поголема организација и ефикасност во работата, поголема искористеност на работната сила, стручниот потенцијал и механизација и повеќе можности за настап на пазарот и за кредити “ се вели во одлуката на градоначалникот. Претпријатието ќе има свој директор, управен одбор и одбор за контрола на материјално-финансиското работење. Додека да се донесе статутот за работа и да се именуваат органите на управување, со него ќе раководи Бранко Николовски, вршител на должноста директор. Депонијата се простира на површина од 76 хектари, од кои на 55 хектари е сместен целиот депониски простор со капацитет од 26 милиони кубни метри. Во рамките на „Дрисла“ се наоѓа и инсенератор, специјалната печка за согорување медицински отпад, во која годишно се согорува речиси 400.000 килограми опасен материјал. На овој простор е предвидена изградба и на таканаречената гробница за животни. Всушност, станува збор за јама во која ќе се фрлаат мршите од еутаназираните или умрени улични кучиња. Депонијата до 2003 година функционираше како посебно претпријатие, а потоа стана дел од „Комунална хигиена“.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1749&ArticleID=117152


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jul-2009 at 23:31
Мислам дека стопанисувањето со отпадот е уште една точка од градот каде што градот гледа некаков евентуален профит, а всушност не воочуваат дека не се моќни ништо да направат. Нешто слично како езеро Треска, како Луна Парк и слично, односно очајно барање извори на средства. Сметам дека треба што побрзо да се даде можност на приватни фирми да градат рецилажни комбинати во близина на депонијава, а градот да добива некој процент од произведената суровина, односно некое приватно-јавно партнерство каде што градот ја снабдува сурвината, а приватна фирма произвдува рециклирна суровина што може понатака да се вклучи одново во производство.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-Jul-2009 at 23:35
Една вест која ми ја повери еден кој се бави многу години со рециклирање на PET амбалажа.

Вели со денешнава цена на нафтата не се исплати да се рециклира пластиката, поефтина е да се увезе !!??

Изгледа затоа се полни нашите контејнери со пластични шишиња


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jul-2009 at 23:39
За некоја деценија ќе биде далеку поефтино да се рециклира одколку да се рафинира од нафта, па тогаш и ќе ги откопуваме старите шишиња што сме ги фрлале со децении уназад.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jul-2009 at 12:29
 

Нова преса во рециклажниот двор на „Комунална хигиена“

Пресата ќе придонесе за поефикасна и побрза работа на пластичниот отпад, истакна Катерина Лаова, портпаролката на јавното претпријатие „Комунална хигиена“

%20
Новата хидраулична преса, која ја набавија градските власти и јавното претпријатие „Комунална хигиена“, ќе придонесе за подобра ефикасност на селекцијата на отпадот, со која ќе се врши балирање на собраната пластика.

Катерина Лаова, портпаролката на ЈП „Комунална хигиена“, вели дека обуката на вработените завршила и веќе било почнато со работа со машината.

- Со старата преса се правеа бали од 30 килограми. Таа беше од многу постара технологија. Новата е половна, но многу пофункционална. Пластиката побрзо ќе се балира и обработената пластика нема да зафаќа голем простор - истакна Лаова.

Современата преса е набавена од компанијата „Грин тек“ и е со поголем капацитет и пософистицирана технологија од сегашната. Со неа ќе се прават бали од 50 килограми, што ќе придонесе за скратување на времето за изработка на една бала, а ќе се зголеми и количеството на предадената пластика за понатамошна обработка. Со тоа ќе се зголеми и количеството на собраната ПЕТ-амбалажа од жичените контејнери и домаќинствата.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7991040494&id=14&prilog=0&setIzdanie=21733


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 09-Jul-2009 at 14:11
Previous  Можеше да биде и оваков наслов

Нови технологии во Македонија


Новата хидраулична преса, која ја набавија градските власти и јавното претпријатие „Комунална хигиена“, ќе придонесе за подобра ефикасност на селекцијата на отпадот, со која ќе се врши балирање на собраната пластика.

Како може преса да ја подобри селекцијата ??
Катерина Лаова, портпаролката на ЈП „Комунална хигиена“, вели дека обуката на вработените завршила и веќе било почнато со работа со машината.

Замислете вест - во МК има обучени оператори на преса за балирање
- Со старата преса се правеа бали од 30 килограми. Таа беше од многу постара технологија. Новата е половна, но многу пофункционална. Пластиката побрзо ќе се балира и обработената пластика нема да зафаќа голем простор - истакна Лаова.

Незнам дека има брза и спора хидраулика, со таква разлика ?
Современата преса е набавена од компанијата „Грин тек“ и е со поголем капацитет и пософистицирана технологија од сегашната. Со неа ќе се прават бали од 50 килограми, што ќе придонесе за скратување на времето за изработка на една бала, а ќе се зголеми и количеството на предадената пластика за понатамошна обработка. Со тоа ќе се зголеми и количеството на собраната ПЕТ-амбалажа од жичените контејнери и домаќинствата.

Софистицирана технологија - Преса ??


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jul-2009 at 04:10

Канадски инвеститори го сакаат метанот од Дрисла

Странски инвеститори од Канада и од други земји се заинтересирани за вложување во депонијата Дрисла за искористување на гасот метан, информира градоначалникот Коце Трајановски. Но, претходно, рече тој, „Дрисла“ мора да се оддели од „Комунална хигиена“ и да функционира како самостојно претпријатие, како што беше и до пред шест години.

Точката за осамостојување на депонијата „Дрисла“ на последната седница на Советот беше тргната од дневен ред поради дополнителни анализи. Градоначалникот Трајановски рече дека примарна работа на комуналците е да собираат ѓубре и притоа да не размислуваат за технолошки вложувања во депонијата и во неа не гледаат вносен бизнис.

- Цевките за метан сега во депонијата се затнати, а нема ни селекција на отпадот. Мора да се вложува во депонијата - изјави градоначалникот.

Дрисла е единствената санитарна депонија за комунален отпад во Македонија. Се очекува со осамостојувањето таа да работи поквалитетно, односно подобро да се организираат собирањето, обработката и депонирањето на цврстиот комунален отпад.

Со претпријатието ќе раководи Градот, а за него за почеток од градската каса се одвоени 2.500 евра во денарска противвредност. Директор на Дрисла ќе биде Бранко Николовски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1EB6720ECAAD244ABF3027523A49BD7A



Posted By: Dragan
Date Posted: 15-Aug-2009 at 13:10

SRAMOTA ZA OPSTINA TETOVO ODMA NEKA NAPRAVAT Suicide

Во Тетово се виши планина од смет

Министерот Неџати Јакупи вели дека единствен начин да се реши проблемот е да се склучи договор меѓу полошките општини и регионалната депонија да се издаде под концесија, како што направиле повеќе општини од државава

Тетовските комуналци се закануваат дека ќе го блокираат автопатот кон Гостивар или ќе го депонираат собраниот смет покрај наплатните рампи или во реката Вардар ако во најкус можен рок не се реши проблемот со регионалната депонија во Русино. Кризата ескалира по одлуката на гостиварската локална самоуправа да ја затвори регионалната депонија Русино бидејќи, како што тврдат од таму, била нелегална и не ги задоволувала потребните стандарди. Министерството за животна средина и просторно планирање го осуди ваквиот чин и најави казни за ваквата одлука на општина Гостивар.

Од тетовското комунално претпријатие велат дека немаат избор. Секојдневно, веќе неколку месеци, во близина на автобуската и железничката станица во Тетово, депонираат повеќе од 100 тони смет. Планината од отпад, која секој ден расте, му се заканува на градот со 80 илјади жители. Жителите на Месната заедница „Борис Кидрич“, кои живеаат во близина на железничката станица, стравуваат од ширење на заразни болести. Мачки, кучиња, птици и глодачи што секојдневно се хранат во депонијата се можни преносители на заразни болести.Тетовските комуналци велат дека немаат друга алтернативе освен да го фрлаат сметот кај претоварната станица бидејќи немаат пари да го носат сметот во Дрисла во Скопје, која од Тетово е оддалечена 70 километри.

- Ќе треба да ставиме клуч на претпријатието и да ги пратиме работниците дома. Немаме толку пари за да го носиме сметот во Дрисла. Го известивме министерот Неџати Јакупи дека ни е попречено користењето на регионалната привремена депонија во Русино, но се' уште нема реакција од негова страна. Испративме известување до сите релевантни институции, но нема реакција. Депонијата во Русино може да ја затвори само Министерството, а не локалната самоуправа како што направија гостиварци - вели директорот на ЈКП Тетово, Нуредин Фетаи.Министерот за животна средина Јакупи, вели дека единствен начин да се реши проблемот е да се склучи меѓуопштински меморандум и регионалната депонија да се издаде под концесија како што направиле повеќе општини од државава.

- По заклучок на Комитетот за отпад, со кој раководи премиерот Никола Груевски, им предлагаме и им сугерираме на општините регионалните депонии да се издадат под концесии, а општините, односно јавните комунални претпријатија да основаат меѓуопштинско јавно комунално претпријатие, кое во понатамошна постапка со концесионерот ќе склучи јавно приватно партнерство, со кое ќе овозможиме инвестирање во регионалните депонии и трајно решавање на проблемот со собирањето, селектирањето и депонирањето на отпадот - рече Јакупи. Тој овој модел им го сугерира и на општините од Полог. Предлага општините да склучат меморандум по што Министерството и владата би ги почнале активностите за концесионирање.

- Во сите други региони имаме одлична соработка. Имаме склучено неколку меморандуми за концесионирање. Апелирам до општините во Полог да се вклучат во оваа постапка. Ова е единствен начин да се реши проблемот со сметот. Концесионерот што ќе ја земе депонијата ќе има должност да ги расчисти сите диви депонии - рече Јакупи. Додека градоначланиците од Полог да се договорат и да седнат на заедничка маса, Тетово е принудено да го депонира сметот во своето предградие.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=66574BFC554DD149A8DE643107C9913D



Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Aug-2009 at 04:59

На „Комунална“ и' се расипаа камионите

Во неколку скопски населби дури десетина дена контејнерите се преполни со ѓубре, бидејќи ова јавно претпријатие остана само со дваесетина возила за собирање смет

Во неколку скопски населби дури десетина дена контејнерите се преполни со ѓубре бидејќи Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ остана само со дваесетина возила за собирање смет. Некои ѓорчепетровци залудно апелирале до претпријатието да се собере ѓубрето. Во Општината Ѓорче Петров велат дека не им е познато зошто ЈП „Комунална хигиена“, кое е задолжено за подигање на сметот на нивна територија, цела недела воопшто не поминало во населбата Ѓорче 2.

- Поради големата акција на сите наши екипи и служби, кои вообичаено работат на контрола на излетничките места, тие беа ангажирани за чистење смет по населбите. Не знаеме од кои причини претпријатието цела недела воопшто не го чистело ѓубрето. На овие температури, со толку смет лесно може да се рашират зарази. Населбата смрдеше, а ние изнесовме околу седум камиони ѓубре, вели Момо Николовски, портпарол на Општината.

Од „Комунална хигиена“ велат дека имаат сериозен проблем со камионите за собирање ѓубре зашто се стари и по триесетина години.  За дел од камионите, со замена на деловите се' уште има надеж, но тие што се во функција секако дека не се доволни за да ги задоволат потребите на градот. На терен одат вкупно 23 возила, заедно со камионетите наменети за собирање смет од зелените 120-литарски канти, велат од „Комунална хигиена“.

Градот неодамна одобри набавка на шест нови возила кои треба да се купат на лизинг. Тие треба да се набават од фирмата „Ресор“ од Ниш, која треба да ја изврши и надградбата. Зошто е застаната набавката која досега требаше да се случи, не знаеја да објаснат ниту во претпријатието, ниту во Градот.

- Во април заврши тендерот и во рок од два месеца требаше да пристигнат возилата, но не знам од кои причини се' уште не се тука. Сега знам дека се собираат документите што се потребни за возилата да се купат на лизинг, изјави Катерина Лаова, портпаролка во „Комунална хигиена“.

И граѓаните од населбата Ченто негодуваат зашто кантите и контејнерите десетина дена биле преплавени со ѓубре. Тие велат дека ова лето не е првпат „Комунална“ да го остава ѓубрето несобрано и повеќе од десет дена. Тие неколкупати со претставки реагирале до Општината Гази Баба, незадоволни од ненавремената интервенција на „Комунална хигиена“.

- Имаше реакција на жителите од улицата Коце Металец, во населбата Железарница, каде што сметот се собира во канти. Тие се жалеа за тоа дека камионите на „Комунална хигиена“ не поминуваат според утврдениот термин. Ние како општина помагаме во рамките на нашите можности. Ги исчистивме дивите депонии на улицата Јужноморавски бригади во Камник заедно со „Комунална хигиена“ и ќе асфалтираме џебови на неколку локации на оваа улица, каде што ќе бидат поставени контејнери, изјави Тони Трајковски, градоначалник на Општината Гази Баба. Тој објасни дека и нему од „Комунална хигиена“ му рекле дека немаат доволно камиони и дека тие се постојано во дефект.

- Сметам дека претпријатието требало долгорочно да планира обновување на возниот парк, така што набавката на нови возила би одела постепено, секоја година по неколку. Факт е дека ова претпријатие долг период не набавило нови возила, истакна Трајковски. Иста е состојбата и на територијата на општината Кисела Вода. Општинските власти не се задоволни од работата на „Комунална хигиена“ и од начинот на одржување на хигиената.

- Повеќе жители со претставки се обратија до Општината за тоа дека нивните контејнери и канти се преполни и бараа да се преземат мерки, бидејќи тие не се во состојба повеќе да ја трпат смрдеата од натрупаното ѓубре. Токму од тие причини Општината реши да помогне со самостојно собирање, со тоа што на јавен оглас ја избравме фирмата „Камацо“, која се вклучи во расчистување на дивите депонии во општината, изјави Марјан Спасески, портпарол во Општината Кисела Вода.

Портпаролката во „Комунална хигиена“, Лаова, вели дека со камионите што се во исправна состојба, веќе почнале да го собираат сметот по улицата Социјалистичка зора во Ѓорче Петров, а неделава ќе се чисти на улиците Виа Егнација и Црвени брегови.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F6C3B6A0A921BA428D5E986513342DA5



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Sep-2009 at 17:47

Нема договор за локација на идната регионална депонија во југо-источниот дел на Македонија

Нема договор за локација на идната регионална депонија која ќе опслужува 11 општини во источниот дел од земјава. Секој со своите аргументи, градоначалниците и директорите на комуналните претпријатија на денешната работна средба во Штип не попуштија во меѓусебните убедувања за местото на депонијата.

За други како на пример општина Пехчево, прашањето е решено. Било каде само не во нивната општина. ќе се нарушел природниот амбиент кок е магнет за оние кои го сакаат селскиот туризам.

Како советодаватели, странците потсетија на строгите европски критериуми за работа на депонија од регионален тип.

Не е важно каде би била депонијата, но многу е важно крајно внимателно да се менаџира со отпадот, за како не би се почувствувале негативните еко-последици во природата истакна Елизабет Понсое од Француска Агенција за енергетика и екологија.

Лани истите општини изнаоѓаа аргументи за неможноста од лоцирање на регионална депонија кај нив, но кога европејците им ги предочија економските придобивки мислењата веднаш се сменија. Профитот од менаџирање со смет проектирано со можни шест нули е повеќе од примамливо за секој градоначалник.
15.09.2009, 18:03


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=53317


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Sep-2009 at 15:25

„Комунална“ ќе се поднови со 6 камиони

Градот Скопје и „Комунална хигиена“ ќе набават шест нови возила за собирање смет. За таа намена, Градот веќе има одвоени дваесетина милиони денари, а дел ќе плати и „Комунална хигиена“. Новите камиони би требало да стигнат до крајот на годината и да им се

приклучат на 12-те возила кои веќе ги поседува претпријатието. (С.Н.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A36E1C9045693943A1C1F86BC7F73BFA


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Sep-2009 at 20:33

„Дрисла“ ќе биде посебно јавно претпријатие

Депонијата „Дрисла“ ќе се оддели од „Комунална хигиена“ во посебно јавно претпријатие. За идејата на градоначалникот Коце Трајановски, на следната седница на Советот на Скопје, ќе одлучуваат и градските советници. Доколку дадат зелено светло ќе се отвори пат за нови инвестиции во депонијата, сметаат во Градот.

Во „Дрисла“ треба да влезе нова технологија со која по светски стандарди ќе се обработува сметот и ќе се произведуваат енергија и горива. Оваа идеја во Градот Скопје постои одамна, но досега не беше пронајден сериозен партнер. Сепак, со одделувањето од „Комунална“, смета Трајановски, „Дрисла“ ќе стане поатрактивна и привлечна за приватен партнер, чие барање ќе биде приоритет за градоначалникот во наредниот период.

За Градот, јавното-приватно партнерство е единствена можност во депонијата да бидат имплементирани светските технологии. Во меѓувреме, најавуваат градските власти, во „Дрисла“ ќе се реализираат неколку проекти за покривање на целата депонија, како и за одведување на отпадните води.

Истовремено, планирано е и проширување на активностите за примарна и секундарна селекција на отпадот. Моментно само во дел од Скопје се применува примарна селекција на ПЕТ пластика и хартија. Поради продолжување на животниот век на депонијата во иднина ќе се селектираат и лимени предмети, а во „Дрисла“ ќе се одложува само комунален смет. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F7C1F10BFA6EEB4FBBA34E985FF9C60C


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Sep-2009 at 23:21

Идејата за депонија ги подели пелагониските општини

Локалните власти на Новаци и на Могила се заинтересирани за депонија на своја територија

БИТОЛА - Може ли плодната пелагониска рамница да биде локацијата каде што ќе се гради регионална депонија за девет општини. Пред ваков предизвик се локалните самоуправи од Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево и Ресен. Сите заедно веќе неколку месеци ја разгледуваат можноста за управување на цврстиот отпад во Пелагонискиот плански регион. Студијата за регионална депонија според европски стандарди ја изработуваат странски експерти. Ако се' тече според плановите, депонијата во Пелагонија треба да се изгради за четири-пет години.

Но, идејата за регионална депонија среде Пелагонија отвори повеќе дилеми: колку ќе ја загади почвата, реките, подземните води... Еколошките здруженија со реакција дека јавноста малку е информирана за целиот проект.

Иницијативата за изградба на депонија потекна од Регионалната развојна агенција на Пелагонија „Преда“ и Министерството за животна средина со цел да се искористат парите од ИПА-фондовите за регионален развој.

„Општините ја прифатија иницијативата и потпишаа меморандум за соработка за управување со цврстиот отпад. Затоа што сите имаат проблем што сакаат да го решат во иднина“, изјави Марјана Милевска, извршна директорка на „Преда“.

Сепак, идејата за изградба на регионална депонија ги подели

пелагониските општини. Додека едни ја прифаќаат, други не го сакаат ѓубриштето од соседите во сопствениот двор.

„На дел од општините во интерес им е депонијата да се гради на нивна територија, а некои не го сакаат тоа. На следниот состанок треба да доставиме предлози. Тоа е долга процедура. Не може за кусо време да се реши, бидејќи е потребна согласност на општинските совети“, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Локалните власти на Новаци и Могила не кријат дека се заинтересирани за депонија на своја територија. Токму во управувањето со таков објект гледаат напредок за своите општини. Од можност за отворање нови работни места, преку подобрување на инфраструктурата и можеби социјални погодности за локалното население со средства од другите општини. Згора на се', овие две општини имаат најпогодна местоположба. Тоа го исполнува критериумот за економската исплатливост во транспорт на сметот.

„Можеби е храбар потег што се залагам за депонија на наша територија, но тука гледам други предности“, вели градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски. Тој објаснува дека се работи за депонија според европски стандарди.

За првиот човек на Општина Могила бенефициите од лоцирањето на депонијата на нивно подрачје е исто како изградба на фабрика.

„Во таа фабрика ќе се преработува цврст отпад. Ова го кажувам за да се намали отпорот кај локалното население. Могила пред неколку години беше предложена како погодно место за депонија. Во прашање е просторот меѓу селата Вашарејца и Ивањевци. Ако ги исполниме критериумите, заинтересирани сме за депонија“, нагласува Славко Велевски, градоначалник на Могила.

Еколошките здруженија од Битола го следат секој чекор од плановите за изградба регионална депонија во Пелагонија. Ако изградбата се придржува до европските стандарди, нема да претставува проблем за животната средина, ниту, пак, за луѓето, сметаат екологистите. Сепак, го потенцираат проблемот околу дистанцирањето на јавноста од плановите за депонија.

„Одлуките се носат во одредени министерства, а не се прашуваат обичните граѓани кои ќе бидат засегнати од изградба на депонијата. Пристапот треба да биде поинаков. Тоа значи да се објаснат ефектите, придобивките или животот во близина на депонијата, се' она што ќе донесе изградбата на депонијата“, дециден е Нешат Аземовски од „Биосфера“. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=70F6F010FD6FA04DB0B1FD6BC4AE90FD





-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Sep-2009 at 23:32
Ај што депонииве се така сатанизирани па уште државата на централно ниво не одередува локации за таква намена. Сметам дека најдобар начин за вакво нешто е доколку по закон губрето што ќе се складира во една депонија да биде сопственост на општината во која се наоќа депонијата, па така општините да можат да нудат и локации за рецилажни фабрики и концесионери за метан па на тоа да остваруваат профити, пошто вака нема ни една депонија да видиме и ќе се удавиме во ѓубре.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Oct-2009 at 15:54

Депонијата „Дрисла“ се одвои од „Комунална хигиена“

Целта е да се привлече инвеститор кој ќе воведе нова технологија

„Дрисла“ се одвојува од „Комунална хигиена“ како ново јавно претпријатие, одлучи вчера Советот на Скопје. Во следните два месеца новото градско претпријатие треба да добие статут и систематизација. Целта на одвојувањето, според образложението на градоначалникот Коце Трајановски е привлекување инвеститор кој ќе воведе нова технологија и начини на третман и депонирање на отпадот.

На одвојувањето на „Комунална хигиена“ и „Дрисла“ се спротивставија опозициските партии во Советот, кои особено забележаа на штурото образложение за потребата од создавање ново јавно претпријатие. Меѓу другото, се поставија прашања за распределбата на долгот од околу 240 милиони денари за ДДВ, што моментно го должи „Комунална“, за новите вработувања кои ќе следуваат во новото јавно претпријатие, како и за висината на надоместокот кој ќе треба „Комунална“ во иднина да го плаќа за да го депонира отпадот во „Дрисла“.

„Нема сеопфатна анализа за оправданоста на одвојувањето, кое се предлага да се направи само неколку години откако се споија двете претпријатија за да се спаси ’Комунална хигиена‘“, истакна советникот Никола Велковски од СДСМ.

Неговата колешка Софија Куновска истакна дека од Советот се бара да одлучи за важно прашање врз основа на впечатоци, а Александар Наумовски спореше околу можноста новото јавно претпријатие да депонира опасен отпад за што ќе мора да има дозвола од централната власт.

„На ’Комунална хигиена‘ приоритет секогаш и' е собирањето на сметот, додека во последните години депонирањето и вистинскиот третман беа во подредена состојба. Постојат заинтересирани партнери кои сакаат да инвестираат во овој сегмент, со што депонијата ќе работи по европски и еколошки стандарди“, се бранеше градоначалникот Трајановски.

Според локалните власти „Дрисла“ постои дваесетина години и полна е две третини. Со соодветен третман на отпадот во иднина, кој ќе вклучи селекција и рециклирање, векот на депонијата ќе биде продолжен. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F29F0D90024EA042987D1234195BA951



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Oct-2009 at 20:02

200 илјади евра за повторно отворање на депонијата „Русино“

Зоран Јованоски http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114968#komentari - Коментари (0)    
14.10.2009 17:05
 

 

Инвестиција од 200 илјади евра го дели Полог од еколошката катастрофа што ми се заканува. Според претставници од општина Гостивар толку средства се потребни за да се направат неопходните минимални зафати, за регионалната депонија „Русино“ повторно да се отвори.

„Ќе треба се ископаат две јами каде што треба да се депонира сметот. Тие би биле со димензии од пет илјади квадрати. Тие две јами ќе треба се поврзат со канал за отпадната вода и активирање на бетонската јама за отпадни води, да се активираат атмосферските канали за атмосферската вода, да се направи водовод со вода за пиење и техничка вода за гасење на пожар и да се направи еден резервоар за дезинфекција на возилата“, изјави Рустем Иљази - ЈКП „Комуналец“ - Гостивар.

Во депонијата се создало езеро од отпадни води. Тоа е директна опасност поради можноста од загадување на водата за пиење, а со тоа и опасност по здравјето на граѓаните, велат од општината.

„Градоначалникот на Гостивар д-р Руфи Османи има обврска кон сите граѓани кои го гласале него да се грижи за нивното здравје“, вели Шпент Капроли - Општина Гостивар.

Половина година „Русино“ е затворена. Толку време во Полог се собира отпад, а никаде не се изнесува. Најзагрозени досега се граѓаните на Тетово.

Дива депонија со над 13 илјади тони отпад е само на неколку минути од нивните домови.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114968


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Oct-2009 at 15:57
Четири нови камиони за собирање ѓубре

http://netpress.com.mk/vestiimages/63525/kamioni%20%20JP.JPG">

Скопска “Комунална хигиена“ доби четири нови специјализирани возила за собирање смет.

Возилата имаат зафатнина од 16 кубни метри, со вграден механизам за подигање и празнење на стандардни контејнери со зафатнина од 1,1 кубик и типски канти од 120 и 240 литри.

“Новите возила значително ќе ја подобрат работата на ЈП „Комунална хигиена“. Подготвуваме и тендер за набавка на уште 12 камиони со кои се надеваме дека ова јавно претпријатие целосно ќе биде опремено. Со новите камиони ќе се намалат сегашните трошоци на јавното претпријатие кои се вложуваат во постојани поправки на возилата.  Со ова праќаме јасна порака дека наша намера е ЈП „Комунална хигиена“ успешно да функционира и оти хигиената во градот е наш приорите“, рекол  скопскиот градоначалник Коце Трајановски на промоцијата на новите камиони.

Цената на едно комунално возило без ДДВ е околу пет милиони денари, а цената на сите шест возила без ДДВ е околу 32 милиони денари. До крајот на година треба да бидат набавени  уште две возила кои се дел од истата нарачка.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=63525&kategorija=1


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Oct-2009 at 15:36

Поопширно

Купени четири камиони за празнење на контејнерите

Идниот месец ќе пристигнат уште две возила, а Градот в година ќе купи уште 12 камиони

Контејнерите за ѓубре од денеска ќе се празнат со четири нови возила, кои ќе се користат и за подигнување на сметот од кантите од домаќинствата со зафатнина од 120 и 240 литри. Подновувањето на возниот парк на ЈП „Комунална хигиена“ вчера го промовираа директорот Златко Димовски и градоначалникот Коце Трајановски. И двајцата не го криеја задоволството од набавката на новите возила, бидејќи со нив, претпријатието автоматски го зајакнува својот капацитет за работа. Камионите се од марката „ивеко“ со мотор еуро 4 дизел, поседуваат ГПС-систем, а имаат и помошен систем преку кој исцедокот од сметот ќе се излева директно преку вентил, што не е случај со старите возила. Освен пуштените во употреба четири возила, до крајот на ноември се очекува по улиците да почнат да возат уште два идентични камиона.

Оваа набавка чини околу 520.000 евра, од кои помалку од половина ги обезбеди Градот Скопје, а остатокот ќе го отплатува претпријатието на лизинг.

„Со камионите не само што ќе се зајакне капацитетот на претпријатието, туку набавката за нас има и економична страна, бидејќи за досега користените возила имавме големи трошоци за одржување и поправка, со оглед на тоа дека нивната старост во просек е околу 20 години“, истакна градоначалникот Трајановски, кој најави дека во текот на идната година Градот планира да распише тендер за набавка на уште 12 камиони за смет за „Комунална“ конечно да има соодветен возен парк за извршување на активностите.

Последен пат возила за потребите на претпријатието се набавени во 2002 година, кога беа купени пет камиони. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E6A97F0CA04BC44DA8DE7FF26A3EFE98


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2009 at 07:20

Почна производството на компост

Почна компостирањето на сувите лисја од зелените површини во градот.

Град Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ вчера го промовираа пилот-проектот за компостирање на лисјата од кои ќе се произведува ѓубриво.

Во дворот на „Паркови и зеленило“ е ископана дупка со димензии 30 на 30 метри и длабочина од 1,5 метар, во која ќе се истураат лисја кои ќе бидат исчистени од другото ѓубре што се собира од зеленилото, како гранки, хартија и пластика. Собраните лисја по природен пат ќе скапуваат и ќе се претвораат во квалитетен компост кој ќе се користи за потребите на претпријатието. Се очекува првите количини на органското ѓубриво да се добијат за една година.

- Собраните лисја од зелените површини во градот јавното претпријатие досега ги депонираше на депонијата Дрисла. Од зелените површини годишно се собираат по околу 150 тони лисна маса - рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Тој додаде дека со транспортот на лисјата на Дрисла претходно се создавале големи трошоци, а со пилот-проектот за компостирање ќе се произведува квалитетно природно ѓубриво кое ќе се користи за садниците, цвеќињата, дрворедите...

- Со тоа, годишно, „Паркови и зеленило“ ќе заштеди околу два милиона денари - рече Трајановски.

Тој најави дека проектот за компостирање понатаму ќе се надградува, а ќе се покрене и иницијатива за поттикнување на граѓаните што живеат во куќи да го компостираат зелениот отпад од нивните дворови.

Компостирањето претставува контролирано биолошко разградување на органските материи во присуство на кислород и под дејство на микроорганизми, при што се добива компост - висококвалитетно органско ѓубриво.

Досега проекти за компостирање во домаќинствата спроведоа општините Илинден, Гази Баба и Ѓорче Петров. Компостирањето е значаен вид преработка на отпад, со кој се избегнува мешање на органскиот и на неорганскиот отпад на депониите. Според „Комунална хигиена“, дури 60 отсто од отпадот на Дрисла е од органско потекло, што значи дека може да се преработи во ѓубриво, а остатокот е комунален смет.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EC4ED4908FFB644FB2A9A663FA30E55E



Posted By: Supervisor
Date Posted: 05-Nov-2009 at 16:27
Браво потребни се вакви проекти во делот на екологијата и рационално распределување и реобнова на ѓубрето.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Nov-2009 at 01:23

Нови 12 камиони за собирање смет

Градот Скопје ќе купи нови 12 специјални возила за собирање комунален отпад. Одлуката ја донесе Советот на вчерашната седница.

Шест возила ќе бидат со зафатнина од 20 кубни метри, а шест со зафатнина од 8 кубици. Тие ќе му бидат доделени на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Потребата од нови специјални камиони Градот ја објаснува со тоа што на претпријатието му недостигаат возила, машини и опрема, со што се доведува во прашање неговото функционирање.

- Со набавката на 12 специјални комунални возила ќе се придонесе за подобрување на условите за работа на „Комунална хигиена“ и за значително подобрување на хигиената во главниот град - сметаат градските власти.

Дванаесетте камиони ќе чинат вкупно 70 милиони денари, (околу 1,14 милион евра), за што се обезбедени пари од градскиот буџет за 2009 и за 2010 година.

За набавка на возилата ќе биде распишан јавен повик во согласност со Законот за јавните набавки.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E27AAEC32563F84C9AD913D424CAA23C


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Dec-2009 at 21:57

Депонијата Русино се дотерува за отпадот од Тетово





 

Градежните работи околу уредување на депонијата Русино се интензивираа, меѓутоа отпадот од Тетово складиран кај железничката станица ќе може да се премести таму дури за еден месец

 
 
%20  
Работниците на тетовското комунално претпријатие почнаа да копаат јами и канали за да се овозможи одвод на насобрана вода во депонијата, по што ќе може да се складира отпадот.

- Ископан е одводен канал од една јама, а се работи на изградба на уште една. Отпадот од дивата депонија во Тетово би можел да се транспортира за 20-30 дена, во зависност и од временските услови - вели директорот на ЈКП-Тетово, Асан Љума.

Тој најави дека е можно отпадот да почне да се преместува и додека трае уредувањето на депонијата, ако тоа го дозволат Министерството и општина Гостивар. Директорот апелира до граѓаните на Тетово да се стрпат уште малку.

- Граѓаните да сфатат дека дивата депонија кај железничката станица во Тетово е резултат и на политички случувања, но таа ќе биде отстранета - вели Љума.

Освен за функционалноста на Русино, треба да се работи и на пристапниот пат. За инвестирање во оваа депонија, советот на општината Тетово одвои речиси 5 милиони денари од општинскиот буџет.
 
   
Автор: А.С.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12291028226&id=10&prilog=0&setIzdanie=21852


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Dec-2009 at 01:26
Ете уште еднаш се потврдува дека на Македонија и фали средната алка во организација на децентрализацијата, односно регионите (како што во Грција се оние префектурите Νομαρχειο). Кај нас онаа инфраструктура што би требало да биде менаџирана од регионални институции сега е пола-пола , нешто е под општини, нешто под држава. На пример депонијава е на Гостивар, а региналните патишта ги менаџира државата. Некогаш тука постоеле такви типови децентрализација со окрузи. Сепак у Македонија вакво прашање во ова време е будење стари сенила и отварање пандорина кутија, па и да постоеа такви региони повеќе ќе беа злоупотребени политички одколку што ќе ни завршеа работа. Но во секој случај кога еќе ги немаме регионите би трело и оваа инфраструктура што е по општини да стане државна како не би имало идни ситуации да еден град плаќа на друг за складирање отпад и слично.


Posted By: Dragan
Date Posted: 03-Dec-2009 at 02:03
Isl.и тоа е  више државна инсфракструктура, општините кај нас се уште се во симбиоза со владата тоа значи дека сметките им се блокирани немаат буџет тогаш со кој пари тие ќе градат депонии ако министерството за животна средина заедно со министерството за транспорт и врски не им изграда депонии тогаш нормално е да очекуваме граѓаните да прават дивии депонии, ова што се случува во Тетово е стварно безобразно од општината,Тетово со број на жители речиси 70.000 или цела околина околку 110.000 жители да нема споствена депониа,ако ги земеме и бројот на жители во Гостивар заедно со околината околу 80.000 тоа се вкупно 190.000 жители да се служат со една депониа, тука мене ми мириса на некој криминал сакаат да привлечат пари од владата а притоа дел од тие пари околку (40%) да направат некоја импровизирана депонија што ќе нема да постои,а дел од парите да ги земат за себе, зашто во моментов Тетово нема ни скршен денар.

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Dec-2009 at 00:03

„Паркови“ доби возило за сечење високи гранки

Високите гранки на дрворедите отсега ќе им бидат подостапни за сечење и кроење на екипите на „Паркови и зеленило“. Градот Скопје на претпријатието му додели ново возило со платформа, која може да се подигне на височина од 16 метри.

За возилото од марката „нисан“ Градот потроши 3,7 милиони денари, односно околу 120.000 евра.

- Досега екипите од групата за дрвореди во „Паркови и зеленило“ работеа со само едно возило за поткастрување високи гранки, старо повеќе од 25 години. Тие не успеваа навреме да ги извршат сите решенија за сечење и кастрење на дрвјата. Со оваа донација значително ќе се скрати времето за кастрење на дрвјата - велат во Градот.

Оттаму додаваат дека наредниов период ќе набават уште три камиони за потребите на „Паркови и зеленило“, за што во буџетот за следната година се одвоени 15 милиони денари.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=607647F60995114EA457A3119A3B5A18
НОВА ПЛАТФОРМА ЗА ПОТКАСТРУВАЊЕ ВИСОКИ ГРАНКИ
Градот Скопје на ЈП „Паркови и зеленило“ му додели ново возило – платформа за сечење и поткастрување високи гранки, која значително ќе ја олесни работата на јавното претпријатие.
 
Платформата е од марката Nisan Cup Star и може да се поткрева до 16 метри. За набавка на новото возило Градот Скопје потроши 3,7 милиони денари.
 
Досега, екипите од групата за дрвореди во ЈП „Паркови и зеленило“ работеа со само едно возило за поткастрување високи гранки, старо повеќе од 25 години, и не успеваа навреме да ги извршат сите решенија за сечење и кастрење дрвја издадени од Секторот за комунални работи на Град Скопје. Со оваа донација значително ќе се скрати времето на чекање за сечење на старите, суви, искривени и заболени дрвја во градот, како и за ослободување на семафорите и сообраќајните знаци од гранките во функција на зголемување на безбедноста во сообраќајот.
 
Градот Скопје во наредниов период ќе набави уште три камиони за потребите на ЈП „Паркови и зеленило“. Во Буџетот на Град Скопје за 2010 година за набавка на нови машини за ЈП „Паркови и зеленило“ се одвоени 15 милиони денари.







www.skopje.gov.mk



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Dec-2009 at 20:56
Еве бидна и ова, сега останува да видиме дали ќе вроди со плод преку приватни инвестиции за третирење на отпадот.

„Дрисла“ се одвои од „Комунална“

За депонирање на ѓубрето во депонијата „Комунална“ ќе плаќа по 680 денари за тон

Сања Наумовска


„Комунална хигиена“ во иднина ќе плаќа за депонирање на ѓубрето во „Дрисла“. Јавното претпријатие и депонијата дефинитивно се одвоија на последната седница на градскиот Совет. Сега, претстојат формирањето на раководни тела на новото јавно претпријатие и систематизацијата од која ќе зависи колку вработени ќе има и дали ќе има нови вработувања.

Двете претпријатија и претходно функционираа одвоено, но се споија во 2003 година токму поради причината „Комунална хигиена“ да ја избегне обврската да плаќа за депонирање на сметот. Сега „Комунална хигиена“ ќе се занимава исклучително со собирање и со транспорт на комунален смет, како и со примарно селектираниот отпад. За депонирање на еден тон ѓубре, од просечно дневно подигнати од 400 до 500 тони, ќе се плаќа по 680 денари.

„Дрисла“, пак, како самостојно јавно претпријатие ќе се обиде да привлече инвестиции заради модернизирање на технолошкиот процес, како и за воведување новини како што е производството на енергија од отпадот, секундарна селекција и друго. Ќе се бараат приватни фирми што ќе бидат заинтересирани да се формира приватно јавно партнерство.

Засега „Дрисла“ ќе функционира со 116 работници и со 19 возила што ќе се преземат од „Комунална хигиена“. Депонијата ќе ја добие и земјата на која се одложува отпадот, како и поголемиот дел од подвижни и од неподвижни работи што се наоѓаат таму.

„Вработените што ќе продолжат со работа во ’Дрисла’ веќе се ангажирани на депонијата, иако еден дел од нив ќе замине и од ’Комунална хигиена’. Ќе им отстапиме и 19 возила, меѓу нив камиони, автобуси, комбиња, патнички автомобили, но и градежни машини и цистерни. Сметаме дека ’Комунална’ ќе продолжи нормално да функционира и понатаму“, вели директорот на „Комунална хигиена“, Ракип Дочи.

Тој објаснува дека претпријатието во иднина ќе има зголемени давачки заради надоместокот за депониран смет, но дел од нив ќе се компензираат со тоа што „Комунална хигиена“ ќе биде ослободена од обврската да се грижи за одржувањето на депонијата, на возилата, како и за платите на работниците што ќе преминат во новото јавно претпријатие.

Иако трошоците ќе се зголемат, сепак, нема да се зголемува таксата за ѓубрарина што ја плаќаат граѓаните, вели Дочи. Но, од „Комунална“ најавуваат дека се подготвува нова методологија за пресметка, со која ќе се напушти моделот за наплатување по квадратен метар. Ќе се разгледаат странски искуства, веројатно од Виена и од други австриски градови. За раководството на „Комунална хигиена“ една од најприфатливите методологии е наплатата по волумен на исфрлен смет.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5158048003558743A9AAFC4F9FEC3112


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2009 at 17:55

Дивите депонии ќе исчезнат по две години

Проблемот со комуналниот отпад во Македонија ќе се решава преку изградба на пет регионални депонии според европски стандарди. Општините од југоисточниот плански регион шансата за регионална депонија ја гледаат во моделот на јавно и приватно партнерство.

- Нашиот регион е во најнапредна фаза во споредба со другите. Сета потребна документација е подготвена и преку моделот на јавно и приватно партнерство сметам дека наскоро ќе почнеме со нејзината изградба - изјави Николчо Чурлинов, градоначалник на Валандово и претседател на координативното тело за Југоисточниот регион.

Од министерството за животна средина најавуваат дека за две години ќе исчезнат дивите депонии.

- По две години нема да имаме неорганизирано собирање на комуналниот отпад и нема да има диви депонии низ целата држава. Со инвестирањето во изградбата на новите пет депонии ќе се решат проблемите со собирањето и складирањето на комуналниот отпад - рече министерот за животна средина, Неџати Јакупи.

Регионалната депонија за десет општини од југоисточна Македонија е во најнапредна фаза. Треба да биде лоцирана на местото на сегашната, кај село Добрашиници, во близина на Струмица. Нејзината изградба ќе чини околу 20 милиони евра. (Р.Т.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=039FFF0A4EBF72469F9CD45088C43A00


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jan-2010 at 17:46

Вардарскиот регион бара место за депонија

Ќе се бара локација каде да се смести регионалната депонија, која ќе го прибира отпадот од осум општини од Вардарскиот регион. За оваа цел ќе се подготвува физибилити-студија, која е финансирана од австриска ОЕК банка. Таа за оваа цел обезбеди 125.000 евра, откако претходно позитивно одговориле на апликацијата со овој проект.

- Оваа студија, која е регионална, ќе треба да ги посочи можните локации за регионална депонија, како и моделот на управување со неа и со отпадот. Проектот ќе се реализира во првата половина од годинава, во соработка со АСА, реномирана австриска компанија, која работи со управување отпад и со големо искуство во оваа област - изјави Александар Бузалков, директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, кој со општина Велес конкурира за овој проект и е прифатен од ОЕК банка.

На овој начин треба да се најде локација каде да се смести отпадот од осум општини и 120.000 жители, кои ги опфаќа овој регион.

- Бидејќи во државата се' уште нема интегрална студија, која би ги одредила потенцијалните локации во Македонија, потребно е ние како локална власт да го решиме овој проблем. Затоа е неопходно стручно мислење, кое ние го обезбедивме преку странска донација за да ја дознаеме можната оптимална локација на оваа регионална депонија за отпад - вели Горан Петров, градоначалник на Велес. (П.П.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EF19D417D7227F43B31411B4BB101FAB


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jan-2010 at 21:42

Арбиново против изградба на депонија

ОХРИД - Населението на селото Арбиново категорично се противи на плановите на градоначалниците од Југозападниот плански регион за изградба на регионална депонија во атарот на тоа село што се наоѓа во рамки на општината Дебарца. Жителите на Арбиново поведоа петиција преку Интернет против депонија, бидејќи сметаат дека ќе ја загрози животната средина и негативно ќе влијае врз тој еколошко чист регион.

Истовремено, жителите апелираа до градоначалниците на Дебарца и на Охрид да ги поддржат и да застанат против изградбата на регионалната депонија на таа локација.

Според најавите од Министерството за животна средина и просторно планирање, предвидено е во текот на овој месец или наредниот да биде распишан меѓународен тендер за изградба на депонија за Југозападниот плански регион, со што би се решил проблемот со сметот за 13 општини. Изградбата на депонијата, што ќе функционира по принцип на јавно приватно партнерство, ќе чини околу 30 милиони евра. На состанокот на градоначалниците на општините од Југозападниот плански регион одржан на крајот на минатиот месец во Струга, покрај Арбиново, како други можни локации за депонијата беа посочени уште атарите на селата Мали Влај, Малесија, Делогожда и Мешеишта. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=32589BBFD2BED641AEE6425FFA198646


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jan-2010 at 20:50

Се чисти ѓубрето од Тетово

ТЕТОВО - Ѓубрето од дивата депонија кај железничката станица во Тетово веќе четврти ден, од 21 часот до 6 часот, интензивно се пренесува во „Русино“ кај Гостивар. За тоа се ангажирани транспортерите од општината, јавното комунално претпријатие „Тетово“ и неколку приватни фирми. Хасан Љума, директор на ЈКП „Тетово“, вели дека се' се одвива според планот.

„Недоразбирањата се надминати. Жителите на Долна и на Горна Бањица и на Сушица се согласија пренесувањето на отпадот да се одвива ноќе, а паралелно да се работи на депонијата ‘Русино‘. Доколку временските услови бидат поволни како сега, за десетина дена дивата депонија во Тетово ќе биде исчистена од сметот“, ветува Хасан Љума.

Договор за изнесување на ѓубрето од Тетово постигнаа градоначалниците на Тетово и на Гостивар - Сади Беџети и Руфи Османи и министерот за екологија Неџати Јакупи.

На почетокот жителите од околните села го блокираа патот. „Нема да го блокираме транспортот во наредните денови додека не се испразни депонијата во Тетово. Ние истовремено бараме да се создадат услови за нормално функционирање на регионалната депонија“, вели Насир Хасипи, претседател на Месната заедница во Долна Бањица.

За денеска во Гостивар е предвидена нова средба на министерот, двајцата градоначалници и на претставници на советите на месните заедници од трите најблиски села во Русино, заради детализирање на обврските. (Г.Е.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=13CBE3BB8189A4448B5EB260A68CD278


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jan-2010 at 18:52

Депонија во близина на Охридско Езеро

Јован Митревски, Охрид

Охриѓани се загрижени и прават заложби да ја заштитат околината на Охрид и Охридското Езеро од намерата да се гради депонија во близина на реката Сатеска. Станува збор за исклучиво еколошка средина 30 км северно од Охрид, во близина на селото Арбиново, на патот што води до Охрид.

На површина од само 400 на 400 метри до патот, до новата црква, се планира изградба на депонија за 13 околни општини, вклучувајќи ги Струга и Охрид, за што средства ќе обезбеди Владата на РМ, локалните власти, а најмногу ЕУ преку своите фондови во висина од 30 милиони евра. Имајќи го предвид фактот дека секоја депонија од овој тип, која ќ опфати област од околу 300 илјади жители, е проследена со истекување отпад до 30 литри на ден, кој лесно би можел да дојде во реката Сатеска, која ќе биде на само 100 метри од депонијата, натаму лесно ќе го загадува и Охридското Езеро. Езерото, кое е заштитено од УНЕСКО, сега ќе се загадува со истекување отпад од 13 општини. Навистина не би сакал овој регион и езерото да го снајде случајот со депонијата од Тетово. Апелираме да не се донесе ваква одлука од страна на локалната власт, која патем нетранспарентно се носи без јавна расправа при крајот на јануари 2009 година.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DACE6402F672E44CB4FE4CE8E176D937


Тетовското ѓубре се носи, а депонијата „Русино“ не се уредува

Незадоволните жители од околните села се закануваат со нови блокади

Киро Кипроски


Гостивар - Ѓубрето од тетовската дива депонија од 14 јануари секоја вечер од 18 до 6 часот наутро наредниот ден, според договорот постигнат меѓу гостиварскиот и тетовскиот градоначалник, се депонира во регионалната депонија „Русино”, што се наоѓа во непосредна близина на Гостивар. За овој период околу 10.000 тони без пречка беа донесени во „Русино“. Меѓутоа, како што реагираат жителите, градоначалникот на Општина Тетово, Сади Беџети, не ги исполнил обврските што ги презеде дека за десет дена ќе ја уреди депонијата и ќе создаде минимални услови за складирање на ѓубрето. Овие услови се уште од јуни мината година, кога жителите на околните села Долна и Горна Бањица и на гостиварските приградски населби Фазанерија и Грудајица, го блокираа патот и не дозволија да се носи ѓубрето.

„Општина Тетово не го испочитува договорот за создавање минимални услови на депонијата ’Русино‘ за да може да се користи“, ни изјави Наџи Исмаили, претставник на Општина Гостивар во заедничката комисија за следење на изградбата на депонијата, и додава: „За овој период се поставени само неколку бетонски столбови на оградата на депонијата и беа покриени со чакал неколку ударни дупки на пристапниот пат“.

„Попуштивме, се откажавме од блокадите и дозволивме да се носи тетовскиот отпад во ’Русино‘. Меѓутоа, не отстапуваме од барањата во депонијата да се создадат неопходните технички услови за санитарна депонија и отпадните води да се прочистат или, пак, да се пренасочат подалеку од нивите“, категоричен е Насир Хасипи, претседател на МЗ Долна Бањица.

Претседателот на МЗ на Горна Бањица, Хусеин Абдулхади, се надоврзува и вели дека шест години жителите на десеттина села што се наоѓаат во непосредна близина на депонијата, како и приградските населби Фазанерија и Грудајица, во кои живеат околу 10.000 жители, не по нивна вина биле принудени да дишат загаден воздух, а плодното Бањичко Поле да се загадува со отровните отпади води, поради што биле намалени и приносите.

Бањичани ја очекуваат средбата што деновиве треба да ја одржат гостиварскиот и тетовскиот градоначалник, која ќе биде посветена на (не)исполнувањето на преземените обврски. „По состанокот ќе донесеме одлука кои активности ќе ги преземеме“, категорични се Хасипи и Абдулхади.

На депонијата „Русино“, пак, иако беше пладне, работниците на тетовското комунално претпријатие не работеа и го очекуваа превозот. Поради ниските температури што се спуштаат и до минус 10 Целзиусови степени и поради калливата почва, како што ни рекоа тие, се принудени да ги прекинат работите. Во ноември минатата година, кога започна уредувањето на депонијата (поставување на ограда, копање на две јами и одводни канали), од неразбирливи причини работите беа прекинати, за да продолжат во мошне тешки услови за работа. Затоа, велат жителите, ако тетовскиот градоначалник ги согледаше реалностите со депонирањето на отпадот во депонијата „Русино“, минималните технички услови можеше со помалку средства и поквалитетно да ги извршеше, веднаш по одлуката за забрана за користење на „Русино“, што ја донесе Советот на Општина Гостивар во јуни мината година.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5520C696021EDB41BAB2A8CF3101DA31


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Feb-2010 at 20:58

Локална кавга за регионалното ѓубре

Битолската општина почна со активности за изградба на регионална депонија во Пелагонискиот регион, каде што собраниот отпад од девет општини ќе се третира според европски стандарди. Општинскиот Совет го направи првиот чекор носејќи одлука за покренување постапка за доделување концесија околу управување со цврстиот отпадот. Ова предизвика бурни реакции кај советниците од опозицијата. Тие обвинија дека процедурата почнува со половична документација, која содржела недоречености и контрадикторности, а дозволува комплетниот бизнис со регионалните депонии да се приватизира.

- Концесионерот на депонијата ќе биде приватник, а се предвидува и приватизација на меѓуопштинското претпријатие, кое ќе управува со депонијата, а во почетокот ќе има мешана сопственост на државата и на локалните самоуправи. Ако целта беше ова претпријатие да го контролира приватникот, тогаш што ќе се случи ако се приватизира, кој кого тука ќе контролира. Комплетниот бизнис со отпадот во Македонија буквално ќе биде во рацете на приватни субјекти. Будно ќе ја следиме целата постапка и ќе реагираме на сите евентуални неправилности - вели Златко Ќурчиев, советник од СДСМ.

Според него, истиот делокруг на работа е предвиден и за концесионерот и за меѓуопштинското претпријатие што ќе се формира.

- Стои дека концесионерот ќе ги управува и ќе ги одржува објектите на депонијата и ќе извршува јавни услуги. Со други зборови, ќе ја управува депонијата. Додека претпријатието би требало да ја преземе одговорноста за регионално интегрирано управување со комуналниот отпад или со други зборови управување со јавната депонија. Ако ова не е дуализам и контрадикција, тогаш не знам што е - додава Ќурчиев.

Советниците изразија сомневање дека новата депонија може да му ја одземе работата на веќе постоечкото Јавно претпријатие „Комуналец“, кое сега го собира отпадот во Битолско.

- Концесионерот ќе го собира отпадот од руралните средини. Ќе одземе дел од дејноста на „Комуналец“, па тоа ќе се сведе на минорно јавно претпријатие. Дека ова не е во ред потврди и директорот на „Комуналец“, кој на состанокот на комисијата на комунална дејност не' убедуваше дека претпријатието може самото да го собира отпадот од руралните средини, а не тоа да го врши приватен концесионер кој таа услуга дебело ќе им ја наплаќа на граѓаните - изјавија советниците.

Претседателот на Советот на Општината, Лилјана Кузмановска, вели дека постапуваат според законите.

- Дискусиите на оваа тема се преуранети зашто ова е само една од фазите што ќе следуваат понатаму, дури и во 2011 година. Согласно Законот за локалната самоуправа се стапи во една нова фаза, во која имаме концесионерство, партнерство и не може да се враќаме назад во времето пред неговото донесување. Елаборатот е на Министерство за животна средина, се однесува на сите општини и ќе имаме многу подобри резултати - изјави Кузмановска.

Депонија во југозападна Македонија се проценува дека ќе чини од 10 до 20 милиони евра, а парите најверојатно ќе се обезбедат од европските фондови.

Жанета Здравковска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5C829E16C3335049BC11B88DEB8323A8


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Feb-2010 at 21:44

За успешно функционирање на „Дрисла“ 90 милиони денари






 

Јавното претпријатие веќе ја има осмислено програмата од каде да ги набави потребните пари

 
 
%20  
Четири нови возила, односно два булдожери, еден утоварувач и еден камион-кипер со носивост од 15 тони ќе се набават за потребите на новоформираното јавно претпријатие „Дрисла“, реши градскиот совет на последната седница. Советот ја усвои и инвестиционата програма на новото претпријатие, во која е наведено дека со инвестиција од 90.144.000 денари тоа ќе може беспрекорно да функционира. Со реализацијата на оваа програма, претпријатието ќе биде во можност да ги прифати сите количества комунален, како и медицински отпад што се собира во градот, за подобро и правилно негово складирање.

Според пресметките, од потребните 90 милиони денари, предвидено е 36,8 милиони денари да се потрошат за нови градежно-занаетчиски работи, 35 милиони за купување на потребните градежни машини, 5,2 милиони за дополнителни возила, 10,1 милиони за канцелариска опрема и алат, како и 3,1 милиони денари за информатичка опрема.

На седницата се усвоени и Програмата за работа на градската управа за 2010, одлуката за изменување и дополнување на одлуката за организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на градската управа, како и Програмата за изработување урбанистички планови за 2010 година.




 Начин на финансирање на ЈП „Дрисла“  во милиони денари
   
 Субвенции од Градската управа  20.000.000
 Сопствени средства  24.294.000
 Дополнителни субвенции од Градската управа  20.000.000
 Градска управа  17.600.000
 Сопствена амортизација  8.250.000
 
 
   
Автор: Б.С.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=219101054436&id=14&prilog=0&setIzdanie=21914


Posted By: leonid23
Date Posted: 24-Feb-2010 at 02:29

КСТВ сака да произведува енергија од отпад во Македонијa

Канадската компанија Quantum Solutions Technology Ventures е подготвена брзо да реши проблемот со тетовската депонија, а долгорочно да инвестира 200 милиони долари во производството електрична енергија од отпад во земјава.

Инвеститорите кои се интересираа за Македонија на минатогодишниот бизнис форум во Канада, вчера и денес се во обиколка на институциите и ја претставуваат својата идеја во Владата, кај регулаторите за енергетика и претседателот Иванов.

 
Велат дека ја имаат потребната технологија и пари за да стартуваат веднаш. Владата само треба да рече “да”.
Компанијата работи со патентирана технологија за претворање на секаков вид отпад во електрична енергија во над 30 земји.
 
Со цел да ги исполни еколошките стандарди барани од ЕУ, Македонија нуди бенефицирани откупни цени за производителите на зелена енергија.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/kstv-saka-da-proizveduva-energija-od-otpad-vo-makedonija


Posted By: nenad
Date Posted: 24-Feb-2010 at 08:24

Moj predlog e deponiite da se dadat na koristenje na vakvi firmi koi gi ima dosta vo evropa. Tie ja imaat potrebnata tehnologija so koja se proizveduva struja, kompost a i otpadot efikasno se odstranuva. Mnogu galama se kreva vo svetot i za gorenjeto na otpadot, iako jas sum i za taa solucija (postojat filteri koi gi sprečuvaat otrovnite gasovi da dojdat vo atmosfera-se razbira skapi se). Ovaa metoda kaoja se koristi vo Drisla i drugite deponii kaj nas so talozenje najmalku mi se dopaga od site.

Da se vratam na koncesiite: drzavata treba da napravi hrabar poteg i da go dade sobiranjeto i skladiranjeto na otpadot mnogu eftino, duri i dzabe, neka go zemat strancite profitot, no gradovite ke bidat cisti. Mozebi skopje ne proizveduva golemi kolicini otpad da bide profitabilno, no blize e Tetovo, Kumanov, Veles, Kosovo....



Posted By: nenad
Date Posted: 24-Feb-2010 at 08:28
Samo da dodadam: pvpk sistem deponijata da bide javno pretprijatie na nekomu odlicno mu odgovara, nekoj vadi profit, a i se vrabotuvaat luge po partiski kluc


Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Mar-2010 at 00:37

Тетовската депонија, конечно, испразнета

Просторот се мие со вода, а комуналците рачно ги собираат малите количества отпад што механизација не успеала сосема да ги исчисти

ТЕТОВО - Жителите на Тетово можат да здивнат. Дивата депонија кај Железничката станица во центарот на градот конечно е испразнета. Илјадници тони смет што се акумулира цели 10 месеци се пренесени во депонијата „Русино“ кај Гостивар. Наместо смрдеа и чад што се ширеа од огромното ѓубриште, тетовци дишат чист воздух.

Акцијата за празнење на депонијата во која беа вклучени транспортери на ЈКП „Тетово“, но и на неколку приватни компании траеше речиси три месеци. Снегот повремено ја попречуваше работата.

„Успеавме да се справиме со сметот. Навистина беше тешко и деликатно, но целото ѓубре е пренесено. Просторот го миеме со вода. Нашите работници истовремено рачно ги собираат и оние мали количини отпад што механизација не успеала сосема да ги исчисти“, изјави вчера Хасан Љума, директор на ЈКП „Тетово“. Тој додава дека големите количини ѓубре влијаеле и врз исправноста на атмосферската канализација што минувала на тој простор, а особено на шахтите што биле затрупани со ѓубре.

Во ЈКП „Тетово“ велат дека по препорака на стручни лица, а, пред се', на лекари, по миењето на просторот кај депонијата ќе се изврши дезинфекција и дератизација.

Ѓубрето што во мали камиончиња секој ден се собира од улиците на Тетово се истовара на мал дел од дивата депонија, а по 18 часот претоварено во големи транспортни средства се пренесува за „Русино“. Директорот Љума тврди дека овој дел натаму ќе биде само претоварна станица и ништо повеќе. (Г.Е.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1E3E0D60F6EACA42937C3E5682F81453



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Mar-2010 at 17:05

Парк ќе никне на дивата депонија

По расчистувањето на најголемата дива депонија во Македонија, која беше сред Тетово, просторот ќе биде дезинфициран, а потоа ќе биде раззеленет со трева и садници

Дрвца и трева ќе бидат засадени на најголемата дива депонија во Македонија, која повеќе од девет месеци беше грда слика среде Тетово и го загрозуваше здравјето на 80.000 жители. Претоварната станица кај железничката станица деновиве е сосема исчистена. По два и пол месеца работа над 20 илјади тони смет се префрлени во регионалната депонија во гостиварско Русино. Бетонското плато каде што се складираше отпадот ќе се дезинфицира со посебни раствори, а земјениот дел ќе се раззелени, најавија од локалната самоуправа. Од ЈКП „Тетово“ истакнуваат дека додека не се најде друго решение, дел од платото пред железничката станица и понатаму ќе се користи како претоварна рампа, но нема да се складира отпад.

- Бидејќи сметот кон Русино смееме да го носиме по 18 часот, мора да го префрламе од помали во поголеми камиони кај претоварната рампа. Но, таму повеќе нема да се складира смет. Покрај ова во тек е огласот за закупување земјиште надвор од градот. Општината сака да купи земја и да изгради претоварна рамка за сметот. На истата локација би се префрлиле и неколку сектори од претпријатието што сега се расфрлани низ градот и работат во различни објекти - рече директорот на ЈКП „Тетово“, Хасан Љума.

По расчистувањето на дивата депонија, која беше најголема во Македонија, градоначалникот на Тетово, Сади Беџети, вети дека грдата слика никогаш повеќе нема да се повтори.

- Сега се чисти, мие и дезинфицира просторот, кој потоа и ќе се раззеленува. Планираме земјениот дел да го засееме со трева и дрвца и никогаш повеќе да не прерасне во депонија - рече Беџети.

СМЕТОТ ПРОБЛЕМ ЗА ЦЕЛ ПОЛОГ

Според планот на Полошкиот плански регион, депонијата во Русино ќе се даде под концесија, а ќе се изгради и фабрика за рециклирање на отпадот. Проектот треба трајно да го реши проблемот со сметот што се собира во деветте полошки општини. Дотогаш општина Тетово треба да инвестира околу 200 илјади евра во Русино. Парите се наменети за одржување и за изградба на инфраструктурата во депонијата.

Гостиварскиот градоначалник, Руфи Османи, не е задоволен од динамиката на реализирањето на преземените обврски, но вели дека има разбирање. Поради временските услови, не било можно да се работи на терен.

- Има уште многу да се работи. Една од најважните работи е да се изгради патот што ќе ја поврзе депонијата со регионалниот пат - вели Османи.

Според членовите на Полошкиот плански регион, не само Тетово, туку сите општини во Полог имаат проблем со справувањето со отпадот. Дел од експертите од Институтот за животна средина на Универзитетот Југоисточна Европа велат дека најдобро решение е да се изградат фабрики за рециклирање на комуналниот смет.

- Ниту една депонија во Македонија не ги задоволува европските стандарди. Ако работите останат како што е екологијата, ќе биде голем проблем при интегрирањето на државава кон ЕУ- децидни се од Институтот за животна средина.

Градоначалниците се договорија да инвестираат околу 330 илјади евра за санација и повторно ставање во употреба на регионалната депонија Русино. Според експертите со овие пари би се изградиле две јами за отпадните води, атмосферска канализација, водовод и резервоари за дезинфекција на камионите како уште и неколку помали зафати.

Претседателот на Полошкиот плански регион и градоначалник на Желино, Фатмир Изаири, вели дека околу 200.000 евра ќе инвестира Тетово, Гостивар ќе вложи околу 90.000, а другите седум рурални општини ќе дадат по 5.000 евра.

ЧИСТА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА

Првите луѓе на деветте полошки општини на последната седница донесоа одлука за интегрирано управување на отпадот.

- Работите во Русино течат според договорот. Донесовме одлука депонијата да се даде под концесија и го задолживме Министерството за животна средина да ја води процедурата. Постапката е во тек, формиравме комисија што ќе го надгледува процесот и ќе го избере најповолниот понудувач. Во телото членуваат пет претставници од општините и по еден од министерствата за животна средина и финансии - рече Изаири.

По информацијата дека претоварната станица е чиста, спортскиот центар живна, ни изјавија неколку жители на оваа населба што ги затекнавме вчера. На стотина метри од претоварната станица, каде што до неодамна имаше планина смет покрај спортскиот центар има две училишта и градинка.

- Сега слободно и без страв можам да го шетам внукот. Порано не се дишеше, сега е многу поарно. Слободно може да се излага, а и прозорец дома да се отвори. Се надевам ова нема да се повтори - рече Мирче Трпески.

Жителите од овој дел на градот бараат грдата слика од пред некој месец да биде минато бидејќи сметот и чадот од депонијата, која катаден гореше, како што велат, се отров за сите без разлика на верска, етничка или политичка определба. Вработените на автобуската и железничката станица, кои се наоѓаат веднаш покрај претоварната станица, велат дека конечно имаат нормални услови за работа.

- Порано кога гореше депонијата, не се седеше на работа. Канцелариите и чекалницата беше полна со чад и смрдеа. Патниците не доаѓаа да чекаат автобуси тука бидејќи беше неподносливо, па се научија да чекаат на излезот од градот ни изјавија вработените на автобуската.

Д-р Џавид Фејзули, специјалист по хигиена и здравствена екологија, вели дека последиците од деветмесечното труење ќе се осетат на подолг рок. Тој очекува да има зголемени заболувања на респираторниот систем кај граѓаните како директна последица од депонијата.

Повеќе од десет години Тетово има проблем со депонирање на сметот. Двапати, лани и во 2006, беше на работ од еколошка катастрофа. За насобраниот смет од пред четири години поранешниот директор на ЈКП, Миљаим Ајдини, беше казнет со парична глоба од 1.000 евра, а ЈКП со 5.000 евра за кривично дело загадување на животната средина и природата.

Тие се осудени од тетовскиот суд бидејќи во периодот од април до декември 2006 година во близина на железничката станица претовараа и складираа смет на импровизирана претоварна рампа. Подоцна таа прерасна во дива депонија. Жителите со протести се обидуваа да го спречат истоварувањето смет бидејќи отпадот секојдневно беше пален, а целиот град обвиен со чад и смрдеа.

Платото пред железничката станица се користи како претоварна рампа од 1995 година. Поради застарената механизација и финансиските проблеми со кои се соочуваше ЈКП, од 2000 до 2007 година сметот беше оставан кај импровизираната рампа.

Од локалната самоуправа ветуваат дека со издавањето на Русино под концесија и изградба на нова претоварна рампа надвор од градот, Тетово веќе нема да има проблеми со сметот.

Илчо Цветаноски

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4F2F7A77318FF64FBBF8E9298D40C8E6


Posted By: axel
Date Posted: 16-Apr-2010 at 05:33
Депониите под концесија


Регионалните депонии ќе се издаваат под концесија преку јавно-приватни партнерства со комуналните претпријатија. Ова беше кажано на вчерашната собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, каде што имаше расправа на тема депонии и собирање отпад, преглед на надлежностите на Владата на Р М и на општините, со посебен осврт на регионалната депонија Русино.

Според министерот за живтона средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, проблеми со депонирањето има во сите плански региони во земјава. Тој информираше дека Владата донела одлука два региона да се финасираат преку инструментот за предпристапна помош - ИПА, а за останатите да се отпочне постапка за издавање под концесија за финансирање, проектирање, изградба и управување со депониите.
- Депонијата Русино предвидено е да функционира како регионална и да ги опслужува сите општини во полошкиот регион, за чија изградба во согласност со стандардите на ЕУ се потребни околу 12 милиони евра, рече Јакупи. Тој најави дека наредниот месец ќе биде објавен тендер за давање на повеќе депонии под концесија.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FB48EC556B2D3A499CC17A904EBFB4FC


Posted By: axel
Date Posted: 18-Apr-2010 at 16:12

Депонија по европски терк во источна Македонија

Сузана Тасева http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122186#komentari - Коментари (0)   javascript:otvoriVideoPrilog%2810/suze-18-04.wmv,%20122186%29">  
18.04.2010 16:44
 

 

Ова е депонијата кај Добрашинци, тука се фрла ѓубрето од струмичкиот регион, тука се хранат и свињите. Отворена и незаштитена таа го загрозува и здравјето на луѓето од околните села.

„Тоа е катастрофа овде за селото, го загадува селото, дими многу“ рече Симеон Трајков, жител на Добрашинци.

Но токму на оваа депонија ќе се гради нова по европски терк. Нејзе и дадоа предност градоначалниците од 10-те општини на југоисточниот плански регион.

„Сфативме дека политика во екологија нема, мораме да ја решаваме во интерес на граѓаните бидејќи основна цел е еколошка здрава средина во која што ќе живеат нашите граѓани“ вели Николчо Чурлиновски, претседател на југоисточен плански регион.

Подготовките се завршени тендерот е објавен.

„Нашата визија е да имаме чисти градови и населби, да ги затвориме постојните таканаречени ѓубришта и да изградиме санитарна регионална депонија, што ќе ги опслужува сите 10 општини од регионот“ изјави Неџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање.

Регионалната депонија со капацитет од 1 милион и 200 илјади метри кубни, ќе чини 22 милиони евра, а ќе овозможи депонирање на отпад за период од 25 години


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122186


Posted By: axel
Date Posted: 26-Apr-2010 at 13:35

Велес: Се изработува физибилити студија за регионална депонија

Автор: http://www.makfax.com.mk/_user/146/profile - Фросина Факова
26 април 2010, 14:17
Извор: Макфакс
Велес

Општините од Вардарскиот регион ќе стават крај на проблемите со депонирањето на отпадот. Во иднина со него ќе се постапува според нормите на Европската Унија и тој ќе се селектира и рециклира наместо да скапува во земјата.

За таа цел ангажирана е австриска фирма која ќе направи физибилити студија за управување со цврстиот комунален отпад

Веќе се обезбедени 125 илјади евра за изработка на студијата како грант и во наредните шест месеци се очекува таа да биде готова. Истражувањето подразбира решение за собирањето, транспорт и уредување на депонијата.

„Кај вас треба уште многу да се направи. Студијата ќе биде готова за околу шест месеци и според досегашните искуства депонијата треба да чини меѓу 2 до 3 милиони евра за регион со близу 200.000 жители“ вели Сабине Киц од Австриската фирма АСА.

Општините во вардарскиот регион досега, често разговарале за локацијата каде може да се  лоцира депонијата. Според многумина тоа е најтешкиот чекор во целиот проблем.

Местото каде ќе се депонира отпадот треба да ги задоволува економските параметри, но треба да се испита и составот на земјиштето и близината до населените места.

Откако сето тоа ќе биде завршено ќе се пристапи кон распишување на тендер за избор на фирма која ќе стопанисува со депонијата.

„Општините апсолутно немаат толку пари за самите да ја направат и да ја раководат депонијата. Затоа тука е неминовен влез на приватниот капитал како што го имеме во сите области“ вели Горан Петров претседател на советот на вардарскиот плански регион.

Регионална депонија за комунален цврст отпад веќе постои во источниот регион на земјата.

http://www.makfax.com.mk/#105745


Posted By: axel
Date Posted: 27-Apr-2010 at 11:41

Се бара трајно решение за отпадот во Полог

ТЕТОВО - Тетово и другите осум општини во Полошкиот регион интензивно работат на пронаоѓање трајно решение за справување со отпадот. Во оваа функција се остварените контакти со компании во земјата и во странство за натамошно облагородување на сметот со рециклажа и производство на електрична енергија.

Токму поради актуелноста на проблемот неодамна расправал и Советот на Полошкиот планински регион, при што се разгледувала студијата подготвена од експерти од оваа област. Советот, составен од градоначалниците на сите девет општини во Полошкиот регион, со мали забелешки, ја усвоил студијата и врз основа на тоа наскоро ќе биде распишан меѓународен тендер за давање на депонијата „Русино“ кај Гостивар под концесија, врз принцип на јавно-приватно партнерство.

Фатмир Изаири, претседател на Советот на Полошкиот плански регион и градоначалник на општина Желино, вели дека во сите општини постои интерес за долгорочно решение на прашањето со отпадот. Општините и јавните комунални претпријатија се заинтересирани за акционерско учество со компанијата што ќе ја преземе депонијата „Русино“.

„Завршуваме со подготовките за распишување меѓународен тендер. Тоа најверојатно ќе се случи во првите денови од мај и ќе трае 37 денови. Во тој период очекуваме да се јават заинтересирани фирми од земјата и од странство, пред се', оние со кои веќе е контактирано, а тие се од Италија и од Австрија“, вели Изаири. Според него, инвестицијата на компанијата што ќе го користи отпадот во полошкиот крај ќе изнесува од 30 до 35 милиони евра.

Тетово најсериозно го почувствува проблемот со комунален отпад, кој складиран на дивата депонија кај железничката станица, два месеца се пренесуваше во „Русино“. Граѓаните девет месеци беа изложени на сериозните опасности што може да ги предизвика отпадот. Поради тоа, Советот на Тетово донесе одлука со прецизирани права и обврски во сферата на справувањето со комуналниот отпад. (Г.Е.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=76FA0D4DBEF1BE40B933AA90770CC17D


Posted By: axel
Date Posted: 04-May-2010 at 07:47

Ѓубрето го обедини југоистокот

Расфрланото ѓубре и смрдеата од депонијата кај струмичкото село Добрашинци се очекува наскоро да бидат минато, бидејќи на тоа место се планира изградба на регионална депонија. Предвидено е тука да се складира отпадот од десет општини во југоисточниот дел на државата. Жителите од селото Добрашинци, кои секојдневно ги чувствуваат последиците од депонијата, знаат дека тука треба да се гради нова, но не знаат како сето тоа ќе функционира. - Од досегашната депонија ја чувствуваме смрдеата секој ден. Знаеме дека ќе се гради нова, но како и на кој начин, не знаеме. Дали повторно ќе има смрдеа и чад или ќе се смени нешто, не знам- вели Симеон Трајков од Добрашинци. Министерот за животна средина и дел од градоначалниците од југоисточниот регион деновиве ја посетија депонијата. Убедени се дека нивниот проект ќе успее. - Сфативме дека нема политика во екологијата. Складирањето на отпадот мора да го решаваме во интерес на граѓаните, бидејќи основна цел на секој градоначалник е да има чиста и здрава животна средина - вели Николчо Чурлинов, градоначалник на Валандово. Министерството за животна средина објави дека почнува првата фаза за претселектирање на најсоодветни кандидати за изградба на депонијата. Тендерот е објавен и на официјалната веб-страница на Европската Унија, со цел да се обезбеди учество на искусни приватни оператори со депонии. - Нашата визија е да имаме чисти градови и населби. Да ги затвориме постојните ѓубришта и да изградиме санитарна регионална депонија што ќе ги им служи на десетте општини од овој регион - рече министерот за животна средина, Неџати Јакупи. Регионалната депонија треба да биде со капацитет од 1,2 милион кубни метри. Ќе се простира на површина од 12 хектари, а нејзината изградба ќе чини 22 милиона евра. Проектот е поддржан од италијанското министерство за животна средина, а планирано е во депонијата да се депонира цврст отпад за период од 25 години.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F1CBF7F0E948BD4EB9EC75988CE2D71A


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 28-May-2010 at 00:01

„Комунална“ ќе се поднови со возила за 130 милиони денари

Ќе се купуваат 12 возила за собирање смет, кипери, цистерни за миење улици

Советот на Скопје по подолго натегање меѓу позицијата и опозицијата ја поддржа инвестициската програма на „Комунална хигиена“, која предвидува набавка на нови возила во вредност од 130 милиони денари. Новите возила за подигнување на сметот би требало да ја заменат дотраената механизација, која едвај ги задоволува потребите на градот.

Сепак, и покрај очигледната потреба да се инвестира во „Комунална хигиена“, во Советот се разви едночасовна дискусија која резултираше со воздржано гласање на опозицијата. На дел од советниците програмата на „Комунална“ им се виде многу амбициозна, иако директорот Ракип Дочи образложи дека сите планирани набавки се неопходни за нормално функционирање на претпријатието. „Во Загреб, град со 800.000 жители, сметот го собираат 110 камиони, а во Скопје имаме едвај 10 или 12 возила кои се веќе амортизирани, а мораат да работат во три смени“, објасни Дочи.

„Комунална хигиена“ треба да инвестира во 12 нови комунални возила за собирање смет, кои чинат 62 милиона денари, потоа во кипери, цистерни за миење улици, како и две возила за подигнување амбалажа и хартија. Вкупната инвестиција за сите планирани набавки на возила е околу сто милиони денари.

На седницата, која е продолжение на истата на која се расправаше за проектот „Скопје 2014“, точка на дневен ред беше и субвенционирањето на „Комунална хигиена“ за реализација на програмата за третман на бездомни кучиња. Јавното претпријатие доби помош од Градот Скопје од три милиони денари за реализација на програмата во изминатите четири месеци кога биле истретирани околу 1.100 бездомни животни.

И за оваа точка опозицијата и позицијата имаа различни гледишта, а повеќето советници во дискусиите лицитираа со бројки колку кучиња скитници има на градските улици. Генерален заклучок е дека бројката, и покрај неколкугодишниот третман на бездомниците, не е драстично намалена. Советниците побараа во иднина да се воведе и регистер на домашни миленици поради се' позачестените случаи нивните сопственици да ги пуштаат на улица откако ќе одлучат дека не сакаат повеќе да ги чуваат.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FC29F756B9C67F49818BCDB8C1971BEA - http://utrinski.com.mk/?ItemID=FC29F756B9C67F49818BCDB8C1971BEA


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-May-2010 at 02:43

Источниот регион доби 2,5 милиони евра за регионална депонија

Парите од ИПАРД фондовите ќе го помрднат од мртва точка проектот за депонијата

Иван Бојаџиски


Штип - Помош од 2,5 милиони евра од ИПАРД фондовите доби Источниот регион за изработка на проект за управување со отпадот, меѓу граѓаните познат како проект регионална депонија. Овој регион е прв во државава кој доби вака финансиска подршка за почеток на реализација на идејатата за изградба на регионална депонија, за која се зборува десет години. На градоначалниците од регионот веста им јас соопшти министерот за животна средина Неџати Јакупи, на состанокот на Советот на регионот одржан викендов во одморалиштето на планината Плачковица.

Ратко Димировски, претседател на Советот на регионот, вели дека источниот регион ја добил оваа сериозна подршка поради фактот дека тој досега покажал најдобри резултати во однос на регионалните проекти и пред странските донатори излегол со повеќе проекти од значење за единаесетте општини со 120.000 жители, иако регионалната депонија ќе биде наменета за поширокиот терен во кој живеат 230.000 граѓани.

"Наше барање беше да нема отпуштања на вработените во јавните претпријатија и сите населени места кои ќе ја користат регионалната депонија да имат исти цени и исто ниво на услуга. За проектот да биде исплатлив и самоодржлив регионалната депонија, покрај општините од нашиот регион, ќе ги опслужува и општините Кива Паланка, Свети Николе, Лозово, Кратово и Ранковце, а во опција е и Велес", вели Димитровски.

Во минатото имаше многу идеи за локацијата на регионалната депонија. На тој список беше просторот помеѓу селата Тркање и Бања во општина Кочани, Баргала во општина Карбинци и актуелната штипска депонија Трештена Скала. Со проширувањето на кругот на општините за кои ќе се гради депонијата се дошло до заклучок дека таа теба да биде во Овчеполието, на простор помеѓу Свети Николе и Куманово. "На изборот на локацијата ќе работиме во рамките на проектот, но во основа на идејата е таа локација да биде некоја централна точка поради потребите кои ги наложува транспортот на сметот", вели Димитровски.

Се очекува уште во текот на втората половина од годината европски стручњаци за упавување со отпадот да дојдат во Македонија и да работат на проектот заедно со наши стручњаци. Откако ќе бидат детектирани сите прашања ќе се пристапи кон реализација на проектот кој, според првичните проценки, ќе чини најмалку 15 милиони евра, пари кои доминантно ќе бидат донација од европските фондови за вакви намени.

Истокот долго време работи на оваа проблематика но досега не успеа да најде решение. Секогаш, кога ќе се споменеше некоја локација, доаѓаа протести од локалното население кои тврдеа дека не сакат "ѓубре" покрај своите места на живеење. Се наоѓаа мал милион изговори работата да не ја биде. Дали сега процесот тргнува од мртва точка ќе се види наскоро.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1C7A4A813AFDBF4AA71CFB072B5246A7


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Jun-2010 at 19:22

На повидок трајно решение со отпадот во Полог

На тендерската постапка за изградба на депонијата „Русино“ кај Гостивар, до крајот на годинава ќе се избере најповолен понудувач

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Во седиштето на Полошкиот плански регион во тетовско Џепчиште вчера официјално беше прогласен за отворен тендерот за изградба на депонијата „Русино“ кај Гостивар. Тоа, практично, ќе значи почеток за трајно решение со еден од најтешките комунални проблеми со кои најсериозно се одрази минатата година во Тетово.

Во изминатите неколку месеци било работено на подготовка на проектот за меѓународен тендер, кој веќе се распиша на принцип на конкретен дијалог првпат применет во нашата земја, а до крајот на годината треба да се избере најповолен понудувач. Проектот содржи прашања за собирање, пренос, рециклирање и преработка на комуналниот отпад во сите девет општини во Полошко-мавровскиот регион. „Проектот е поддржан од Министерството за животна средина на Италија. Во фаза на подготовка на тендерот имавме меѓуопштинска соработка на највисоко ниво“, рече Неџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање, кој најави учество и помош од искусни меѓународни експерти.

Градоначалниците на Тетово и Гостивар, Сади Беџети и Руфи Османи, побараа исполнување на обврските за успешно решавање на проблемот, изградба на депонија со нови европски стандарди како и паралелно решавање на инфраструктурните потреби до „Русино“, кое наполно ќе ја обезбеди животната средина. Од новиот концесионер ќе се бара брз почеток на работите чиј старт се очекува на почетокот од идната година, но и вклучување во реформи на постојните комунални претпријатија што подразбира приспособување на нивната работа кон потребите на идната модерна депонија и кадровска поставеност, која ќе гарантира поголем успех. На новинарско прашање дали сегашната претоварна станица во Тетово каде што, всушност, беше дивата депонија ќе биде дислоцирана, тетовскиот градоначалник рече дека биле на пат да се реши и тоа прашање.

Претседателот на Полошкиот плански регион, Фатмир Изаири, најави поинтензивна работа и поголемо инвестициско вложување на идниот концесионер во првите две години кога се очекува да биде изграден и пристапниот пат од магистралата до депонијата „Русино“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7E7111437C175941B63BF2A2F1033CA7



Posted By: axel
Date Posted: 10-Jun-2010 at 16:16

Странци во игра за депонија во Василево

СТРУМИЦА - На штотуку завршениот меѓународен тендер за избор на концесионер што ќе ја гради и ќе управува со регионалната депонија во Општина Василево се јавија осум компании од Германија, Канада, Австрија, Турција и од Бугарија.

По консултациите во десетте општини од југоисточниот плански регион, односно по завршувањето на административните, правните и стручните постапки, ќе се знае кои од фирмите-претенденти ќе ја поминат првата фаза и ќе влезат во конкуренција во втората изборна фаза.

Откако ќе завршат сите законски процедури за конкурентен дијалог со заинтересираните компании, ќе бидат создадени услови за почеток на работите околу реализацијата на овој капитален проект, поддржан и од италијанското министерство за екологија. Со ова долгорочно ќе се реши проблемот со комуналниот отпад во општините Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Гевгелија, Валандово, Дојран, Богданци, Конче и Радовиш.

„Депонијата ќе се гради според европските стандарди и ќе има капацитет од 1,2 милиона кубни метри комунален отпад. Во неа ќе се складира и ќе се рециклира сметот од југоисточниот плански регион во наредните 25 години. Депонијата ќе располага со пет специјални комори за заштита на животната средина од загадување“, изјави градоначалникот на Василево, Ване Стојанов.

Депонијата за собирање и за рециклирање на цврстиот отпад ќе биде лоцирана во близина на селото Добрашинци и ќе зафаќа површина од околу 12 хектари. За нејзината изградба, која се очекува да почне во текот на 2011 година, ќе бидат инвестирани околу 22 милиона евра. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=77A60AE455DD10438DB682C8FA3D64AF


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jul-2010 at 21:15
Лани секој фрлил по 354 килограми ѓубре



 
Државниот завод за статистика соопшти дека вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија во 2009 година изнесува 552.230 тони  

 
%20  
%20Споредено со 2008 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2009 година бележи пораст од 4 отсто. Најголемо количество на собран комунален отпад е регистрирано во скопскиот регион - 144.529 тони или 26 отсто од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 455.480 тони или 82 отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 18 отсто од правни и физички лица (комерцијален отпад). Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2009 година изнесува 725.976 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад во 2009 година изнесува 354 килограми по жител, што е за 1,4 отсто повеќе од истото количество во 2008 година. Целокупното количество на собран комунален отпад (100 отсто) се одлага на депонија.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=75101232535&id=10&prilog=0&setIzdanie=22025


Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-Jul-2010 at 01:45
Ме интересира дали некој мери колку јадење фрламе како ѓубре? Читав некаде дека Англичаните годишно фрлаат по 44 килограми јадење, на глава на жител! Тоа е ужасно огромна бројка! Мислам дека не сме баш нешто најсјајни во проценката на големината на оброците и и ние си дозволуваме да фрламе огромни количини храна. Настрана тоа што не рециклираме во државава.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.



Print Page | Close Window