Print Page | Close Window

Мичурин - Општина Аеродром

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3611
Printed Date: 24-Nov-2020 at 16:16


Topic: Мичурин - Општина Аеродром
Posted By: Џоле
Subject: Мичурин - Општина Аеродром
Date Posted: 04-May-2013 at 18:36
Оваа зграда ја сликав денес од воз... Се наоѓа близу Транспортен центар.



-------------
За сè има вторпат



Replies:
Posted By: daci92
Date Posted: 27-May-2014 at 21:50


Оваа се наоѓа во Мичурин ,има уште една позади нејзе ,но ја сликав само оваа во брзање , мислам дека е прилично нова зградава бидејќи не ми е позната ,а имаше и табла до нејзе.

ПС: ај некој упатство како најлесно да ги вадам сликиве од фликр во добра големина (не мора да е оргиналната само да не биде вака).


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-May-2014 at 22:12
На фликр имаш опција share this photo (квадрат со коса стрелка што покажува нагоре и што се наоѓа во редот на симболите ѕвезда, облаче од стрип дијалог, па квадратот со ѕвезда и три точки). Кликаш таму, и ја одбираш опцијата BB code. Таму ти дава да избереш со кои димензии да ти биде сликата. Потоа само го копираш BB кодот и го ставаш тука, и толку. Во случајот со BB кодот на фликр не ти треба да ставаш [имг]*****[/имг] за да се покаже сликата.

П.С. Кој им дозволува волку блиску да градат до улично осветлување? (Реторичко прашање)

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 27-May-2014 at 22:17
Фала Џоле барав таму ,ама не приметив за димензиите па и затоа прашав.

Инаку зградава не е премногу блиску до уличното, така е сликано да не се познава убаво, но доле освен рампата има двојна пристапна патека и мал тревник што значи дека има повеќе од 2-3 метри од уличното, а Мичурин е така збиен што може да се забележи на многу места каде што уличното е многу поблиску до зградите. А поради истата причина Мичурин е најкритичното место за паркирање во Општина Аеродром бидејќи има огромен недостаток на паркинг места.


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Oct-2014 at 16:07
Во Мичурин, општина Аеродром.

https://flic.kr/p/piikHz"> https://flic.kr/p/piikHz - DSC05642 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

https://flic.kr/p/pzMAQz"> https://flic.kr/p/pzMAQz - DSC05641 by https://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Feb-2016 at 14:12
Улица Симеон Кавракиров-Мичурин. Претхондо на ова место имаше куќа слична како онаа веднаш до црквата Св.Три Светители.Работите почнаа да се одвиваат во мај 2015г.


Posted By: Antonov
Date Posted: 11-Feb-2016 at 12:01
Originally posted by stef4o

Улица Симеон Кавракиров-Мичурин. Претхондо на ова место имаше куќа слична како онаа веднаш до црквата Св.Три Светители.Работите почнаа да се одвиваат во мај 2015г.


Дали ова е во Тафталиџе?


Posted By: zlatko_k
Date Posted: 11-Feb-2016 at 12:17
не... ова е во Аеродром во близина на железничка станица...


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Feb-2016 at 19:28
Веќе работат на фасадата.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 25-Feb-2016 at 20:34
Инаку мислам дека овде истото ќе ги снајде и другите две преостанати куќи на оваа улица.



И Мичурин и Маџир Маало ги чека судбината на Дебар Маало.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 25-Feb-2016 at 20:40
Мора граѓанска иницијатива за да се запре изградбата на урбанистички нефункционални, грди и неквалитетни згради. Инаку не би поминале убаво при нов земјотрес.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Dexter26
Date Posted: 25-Feb-2016 at 21:00
Previous
 
Уште да кажеш кога ќе биде земјотресот, за да знаеме дали ќе бидеме меѓу живите за да дочекаме пресуда од природата.
 
Од тука се и сешто асално е избегано и не се враќа, а можеби и природата веќе не` има отпишано.


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Feb-2016 at 21:09
Da. Isto taka ima nekoi vakvi kuki zad Rulet Club vklucuvajki i nekoi garazi. Veruvam deka koga ke zgusne i tie ke prerasnat vo zgradi.
Inaku kukata kade veke ima zgrada e dobar poteg bidejki kukata bese napustena pa postoese moznost divo da se vselat romi kako vo slucajot so kukata kaj crkvata. Inaku mislam deka vo pogore posocenite dve kuki ima nekoi firmi.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 25-Feb-2016 at 21:12
Ние нема да бидеме живи, но зградиве можеби ќе бидат.
Ќе изнесам малку сталино-хитлеровски поглед, но доколку си во право и доколку за следниот земјотрес се' асално од државава е иселено, тогаш природната селекција ќе ги елиминира оние неасалните, кои би живееле во овие згради.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Apr-2016 at 17:24
Originally posted by stef4o

Улица Симеон Кавракиров-Мичурин.






-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Apr-2016 at 05:56
Originally posted by Џоле

Originally posted by stef4o

Улица Симеон Кавракиров-Мичурин.






Inace renderot ne dava vistinska slika za zgradata.ke bese mnogu pobrgu gotova ama mnogu vreme izgubija vo temeli. Se nadevam deka ke imaat podzemen parking i deka tamu ke parkiraat inace ke se desi vistinski haos so parkiranjeto u Micurin.


Posted By: ToniB
Date Posted: 30-May-2016 at 20:23
Да се надеваме дека некоја клупа и дрво ќе стават тука. Мини-парк. Ми нема логика зграда да дигаат тука.

Originally posted by stef4o

Originally posted by stef4o

Се руши напуштениот објект веднаш до црквата Св.Три Светители во Мичурин.
Да видиме каков голубарник ќе никне?

Me interesira kolku kata ke dignat i kakov render ke stavat. Moze ke bide nesto pomoderno.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 30-May-2016 at 22:19
@ToniB mislam deka si preoptimisticki nastroen. Ako e privaten posed SIGURNO ke nikne nesto stambeno.


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-May-2016 at 05:49
Da. Zemjisteto e privatno. Ocekuvam nekoja sedum katnica.


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Jun-2016 at 18:20
Originally posted by ToniB

Да се надеваме дека некоја клупа и дрво ќе стават тука. Мини-парк. Ми нема логика зграда да дигаат тука.

Originally posted by stef4o

Originally posted by stef4o

Се руши напуштениот објект веднаш до црквата Св.Три Светители во Мичурин.
Да видиме каков голубарник ќе никне?

Me interesira kolku kata ke dignat i kakov render ke stavat. Moze ke bide nesto pomoderno.

Malku mi e cudno. Deneska objektov go ogradia so zicana ograda komplet i ne ostavija nikakov vlez. Izgleda tuka nema nabrgu da pocne nesto da se raboti.
Nitu kukata ne ja srusija neznam zosto??


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Oct-2016 at 16:00
Во Мичурин.Претпоставувам дека е нешто станбено.Ќе гледам ако можам деновиве од поблиску да сликнам.


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Feb-2018 at 11:04
Во Мичурин,Општина Аеродром.Деновиве се подготвува уривање на куќава и најверојатно ќе се отпочне изградба на некој станбен објект.Незнам колкава е предвидената висина.Еве две денешни фотки.



Куќата која прва ќе се урива е онаа десно која ја има и на горната фотка а најверојатно истата судбина ја чека и онаа од левата страна.



Posted By: <Fresno>
Date Posted: 05-Feb-2018 at 11:31
А што фино ќе беше цел Мичурин да е со вакви мини-згради


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Feb-2018 at 16:33
Originally posted by stef4o

Во Мичурин,Општина Аеродром.Деновиве се подготвува уривање на куќава и најверојатно ќе се отпочне изградба на некој станбен објект.Незнам колкава е предвидената висина.Еве две денешни фотки.



Куќата која прва ќе се урива е онаа десно која ја има и на горната фотка а најверојатно истата судбина ја чека и онаа од левата страна.



Tuka mozeme da ocekuvame nesto pogolema zgrada bidejki i dvete kuki se otkupeni i najverojatno za izvesno vreme ke bidat urnati. Onaa od levo malku ja usporuva rabotata bidejki e vselena i plus vo dvorot ima nekakov servis za velosipedi sto ne e slucaj so onaa desno koja dolgo vreme stoese prazna. Dokolku ima nekoj soznanie za predvidenata visina neka spodeli?


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Mar-2018 at 12:03


Еве што е предвидено на се изгради на овој простор.Локацијата е во Мичурин Општина Аеродром ул.Петар Ацев



Еве и една од веб-страната на изведувачот





Posted By: Мартин
Date Posted: 11-Mar-2018 at 13:30
Аман веќе со ова поткровјава!


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-May-2018 at 12:04
Во Мичурин,Општина Аеродром-изградена пред околу 1 година



Posted By: Џоле
Date Posted: 26-May-2018 at 12:10
И веќе е унаказена со клима-уреди

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-May-2018 at 12:18

За жал ова е честа појава кај многу од зградите низ градот,барем да им текнело стават некакви маски пошто реално на тој што ќе го купи станот многу му е гајле каде ќе ја постави климата и како тоа ќе изгледа од надвор.Може требало да постават маски или носачи па барем да бидат поставени една под друга овака многу лошо изгледа.

Инаку наскоро во Мичурин ќе отпочне со градба на уште една зграда на ул.Петар Ацев зад ресторанот Рулет каде ќе треба претходно да се урнат две куќи.

Еве ја локацијата и рендерот-мислам ги имаме евидентирано но сепак







Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Jul-2018 at 14:46
Денес почна уривањето на две куќи во Мичурин-Општина Аеродром за изградба на нов станбен објект.Локацијата е на ул.Петар Ацев бр 7(зад ресторанот Рулет)

Еве рендер и по некоја денешна фотка,









Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Aug-2018 at 12:35
Во Мичурин на ул.Петар Ацев веќе е формирано ново градилиште,но сеуште се врши ископ.





Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Aug-2018 at 11:44
Во Мичурин,позади ресторан Рулет се гради петкатница

https://ibb.co/keNUYU">
https://ibb.co/bHj7np">



https://ibb.co/mbQitU">

А наскоро би можело да се отвори уште едно ново градилиште на оваa улица,деновиве приметувам дека нешто се расчистува во внатрешноста

https://ibb.co/ejomDU">


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Sep-2018 at 08:18
Од рано утринава багери расчистуваат на оваа локација во Мичурин

https://www.imageupload.co.uk/image/4jzG">


Мало дополнување

Веќе во попладневните часови поголем дел од објектот е урнат а исто и добар дел од дрвта исечени.Ќе видиме за колкава зграда ќе се работи


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Sep-2018 at 14:21
И Мичурин(Општина Аеродром) би можел во скоро време да ја доживее судбината на Дебар Маало или Стар Аеродром бидејќи секојдневно приметувам дека се отвораат нови градилишта.Еве ги означив и на мапата новите потенцијални места за издигање на нови висококатници.Пред се хаосот со паркирање ќе се зголеми ако се решат на ул.Симеон Кавракиров да издигнат уште 3 шесткатници една на локацијата до црквата а уште две малку подолу кон ОУ Блаже Конески.Потоа на ул.Петар Ацев веќе на локацијата зад Рулет се гради петкатница а има уште 4-5 места вдолж улицата каде би можело да никнат слични градби.Во внатрешноста на ул.Анастас Митрев деновиве се почна со рушење на една мини зградичка каде веројатно за извесно време ќе никне 6-7 катница.Патем исто така во голем процент се губи и зеленило во населбата.




Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 02-Sep-2018 at 17:59
Некои се супер, ама повеќето се, пред сѐ, урбанистичко гомно и непријатели на градов. Скопје преживеало многу поголеми катастрофи, па верувам дека со тек на време и на овие ѓубриња ќе им го покаже местото: Дрисла. Ќе биде скапо зашто ќе треба да се срушат многу згради, ама не гледам друго решение кога ќе колабира градов.

Инаку зголемување на густината и зголемена урбанизација, доколку се врши плански, е добра идеја. Со малку подобрувања и рушење на мал дел од ѓубрето дури и фино би изгледало.

Ако сакаме Скопје да стане вистински и функционален град, има доста работа. Прво да се отстрани предавството наречено „Скопје 2014“: да се уништат сите споменици, врби, галии и сл, да се вратат старите фасади и пополека да се почне со рушење на зградите (кои се со сомнителен квалитет и можеби и стварно ќе треба да се рушат, па моево нема да биде само Internet rant). Први треба да се АЕК и оние најновите околу МОБ. После зградуриите во Тафталиџе, па Водно (тука и Природата ќе си помогне), па Чаир, Аеродром и Кисела Вода. Инаку, како што може да се види во текстот објавен во нишката за Стар Аеродром, градов нема да може да го издржи товаров, а освен рушење на дел од зградите, друго решение не постои.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: skopskodete
Date Posted: 02-Sep-2018 at 18:05
Originally posted by Staro Skopje

Некои се супер, ама повеќето се, пред сѐ, урбанистичко гомно и непријатели на градов. Скопје преживеало многу поголеми катастрофи, па верувам дека со тек на време и на овие ѓубриња ќе им го покаже местото: Дрисла. Ќе биде скапо зашто ќе треба да се срушат многу згради, ама не гледам друго решение кога ќе колабира градов.

Инаку зголемување на густината и зголемена урбанизација, доколку се врши плански, е добра идеја. Со малку подобрувања и рушење на мал дел од ѓубрето дури и фино би изгледало.

Ако сакаме Скопје да стане вистински и функционален град, има доста работа. Прво да се отстрани предавството наречено „Скопје 2014“: да се уништат сите споменици, врби, галии и сл, да се вратат старите фасади и пополека да се почне со рушење на зградите (кои се со сомнителен квалитет и можеби и стварно ќе треба да се рушат, па моево нема да биде само Internet rant). Први треба да се АЕК и оние најновите околу МОБ. После зградуриите во Тафталиџе, па Водно (тука и Природата ќе си помогне), па Чаир, Аеродром и Кисела Вода. Инаку, како што може да се види во текстот објавен во нишката за Стар Аеродром, градов нема да може да го издржи товаров, а освен рушење на дел од зградите, друго решение не постои.

Па цел град нека се сруши ако не, и да не постои Скопје.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 03-Sep-2018 at 01:43
За Скопје да стане функционален град треба да има оштествен консензус дека инфраструктурата која ги опслужува живеалиштата треба да има приоритет во однос на капацитет и одржливост во однос на зголемување на густина на население односно густина на работници во комерцијалните центри.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 03-Sep-2018 at 05:30

Originally posted by Staro Skopje

Некои се супер, ама повеќето се, пред сѐ, урбанистичко гомно и непријатели на градов. Скопје преживеало многу поголеми катастрофи, па верувам дека со тек на време и на овие ѓубриња ќе им го покаже местото: Дрисла. Ќе биде скапо зашто ќе треба да се срушат многу згради, ама не гледам друго решение кога ќе колабира градов.

Инаку зголемување на густината и зголемена урбанизација, доколку се врши плански, е добра идеја. Со малку подобрувања и рушење на мал дел од ѓубрето дури и фино би изгледало.

Ако сакаме Скопје да стане вистински и функционален град, има доста работа. Прво да се отстрани предавството наречено „Скопје 2014“: да се уништат сите споменици, врби, галии и сл, да се вратат старите фасади и пополека да се почне со рушење на зградите (кои се со сомнителен квалитет и можеби и стварно ќе треба да се рушат, па моево нема да биде само Internet rant). Први треба да се АЕК и оние најновите околу МОБ. После зградуриите во Тафталиџе, па Водно (тука и Природата ќе си помогне), па Чаир, Аеродром и Кисела Вода. Инаку, како што може да се види во текстот објавен во нишката за Стар Аеродром, градов нема да може да го издржи товаров, а освен рушење на дел од зградите, друго решение не постои.
 
Твоите коментари воопшто не се ама баш никакво Интернет беснеење, туку најобично Интернет глупирање.
 
Па нели победија овие животоносциве кои ветуваа живот за сите ?
 
Нели ќе направеа ревизија на деталните урбанистички планови ?
 
Па уште и очекуваш законите да се почитуваат во Чаир ?
 
Навистина дете, на која планета живееш, и ако е планета Земја, дај кажи веќе еднаш на што си ?
 
На здрав ум и разум дефинитивно не си, бидејќи во спротивно не би објавувал вакви глупости.
 
.


----------------------

Коментарот е изменет, отстранета е навредата кон член на форумот. Декстер, би те замолил да олабавиш малку со политичките коментари и посебно да се воздржуваш од навредување на други членови, долго време си тука, знаеш дека тоа не е дозволено. Би ги замолил сите да го одржат пристојното ниво на дискусија. Благодарам.

Џоле

-------------


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Sep-2018 at 13:41
На ул.Анастас Митрев во Мичурин.Објектот е веќе урнат и парцелата е оградена,делува масивно,сеуште нема информативна табла.Еве ја ситуацијата на терен



Posted By: Dexter26
Date Posted: 03-Sep-2018 at 14:45
Originally posted by Dexter26

Коментарот е изменет, отстранета е навредата кон член на форумот. Декстер, би те замолил да олабавиш малку со политичките коментари и посебно да се воздржуваш од навредување на други членови, долго време си тука, знаеш дека тоа не е дозволено. Би ги замолил сите да го одржат пристојното ниво на дискусија. Благодарам.

Џоле

 
Повели побарај го истото и од старо-новите тролови на форумов.
 
После идиотизмот низ кој поминавме со пвеводбеничките тролови на форумов, сега талибански тролови дојдоа на ред да продаваат приказни за рушење на се` и сешто што не е по нивен личен мерак ?
 
Скопјево не е град по мој, твој, негов или било чиј личен мерак, туку си има соодветни власти кои одлучуваат за урбаното уредување на градот.
 
А тоа што новите градски/општински власти испаднале исти, ако не и поголеми ѓубриња од луѓе наречени политичари, во споредба со нивните претходници, е` исклучиво одговорност на тие кои ги изгласале на нивните сегашни јавни функции.
 
Јас од моја страна си имам чиста совест, на последните редовни локални избори кои се` одржаа во октомври 2017 свесно и намерно гласав за трети кандидати и трети кандидатски листи за кои очекував да изгубат, и да - изгубија, но барем можам да се ослободам од вината и одговорноста бидејќи победиле или изгубиле пвеводбениците или плавите жолтици, бидејќи не гласав ниту за едните, ниту за другите.
 
Верувам дека нема место на форумов за талибанците, подеднакво колку што нема место ниту за пвеводбениците, ниту за плавите жолтици.


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Sep-2018 at 15:01

Каде ти се гледаат тие плави жолтици освен во твоите постови? Само ти напнуваш за нив, никој друг. Не памтам да сум прочитал некој да е задоволен од сегашната локална власт, за разлика од порано, може слободно да се критикува без да напне некој партиски бот, главно во тоа е промената од форумска перспектива.

Практично, од еден тип на неспособност преминавме на друг, и мислам дека никој не е изненаден од тоа.




Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Sep-2018 at 18:40
Во Мичурин,зад Рулет





Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Sep-2018 at 12:47
Во Мичурин-поставување на темелите на објектов,денешни фотки





Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Sep-2018 at 13:01
Во Мичурин-О.Аеродром на ул.Анастас Митрев ќе се гради шесткатница(прилично долга)





Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Sep-2018 at 13:04
Малку ме чудат податоците во врска со зградава што се гради во Мичурин на ул.Петар Ацев,зарем е можно 38 станбени единици во 1 влез(некако е многу,проблеми при чекање лифт како основни),плус тоа ќе фалат 4 паркинг места бидејќи се предвидени вкупно 34.

Еве извадок во продолжение




Posted By: kiriOK
Date Posted: 26-Sep-2018 at 10:32
Originally posted by stef4o

Малку ме чудат податоците во врска со зградава што се гради во Мичурин на ул.Петар Ацев,зарем е можно 38 станбени единици во 1 влез(некако е многу,проблеми при чекање лифт како основни),плус тоа ќе фалат 4 паркинг места бидејќи се предвидени вкупно 34.

Еве извадок во продолжение




Многу љубат да ги верглаат термините релаксација,урбано живеење,европски стандарди,висок квалитет,во мирни елитни зони ама сега веќе има и прекрасни пракови за прошетка во близина...заборавија уште да кажат дека ќе е еко зграда.


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Oct-2018 at 18:45
Денешни фотки,локацијата е во Мичурин-О.Аеродром

Еве информации за инвеститор и приказ на објектот



Од градилиште(патем позитивно сум изненаден од тоа што ги перат гумите од камионите при излез од градилиште,многу редок случај во градов)





Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Oct-2018 at 10:18
Во Мичурин,денешни фотки







Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Nov-2018 at 19:13
Во Мичурин позади ресторан Рулет





Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Nov-2018 at 19:39
Во Мичурин на ул.Анастас Митрев(од фб)







Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Nov-2018 at 13:59
Во Мичурин-Општина Аеродром







Исто(позади ресторан Рулет)





Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Nov-2018 at 13:12
Во Мичурин-Аеродром позади ресторан Рулет





Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Dec-2018 at 13:35
Во Мичурин-Аеродром,денешна фотка





Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Dec-2018 at 18:11
Во Мичурин зад ресторан Рулет





Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Jan-2019 at 13:48
Во Мичурин





Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Feb-2019 at 19:37
Во Мичурин,Аеродром позади ресторан Рулет





Posted By: kiriOK
Date Posted: 22-Feb-2019 at 02:26
Само со оваа зграда настрадаа десетина повеќе деценијски дрва.
Овде не требаше да се дозволи повеќе од 4 спрата.

Пред



Потоа



Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Feb-2019 at 07:01
За неколку години и Мичурин ќе стане хаотичен,без зеленило,со лоша инфраструктура идентично на Стар Аеродром.
Сите овие бараки ќе бидат заменети со масивни шесткатници,наскоро ќе почне и Elena Luka Home со нов објект во населбава. Патем не ќе беше лошо на некој да му текне да ги обнови тротоарите кои се распаѓаат и да обезбеди паркинг барем некој монтажен во близина за да се растерети ул.Симеон Кавракиров која од ден на ден е во со поголем хаос од паркирани возила.


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Feb-2019 at 08:09
Во Мичурин-Аеродром позади ресторан Рулет,не би ме чудело за некоја година и ресторанот и оние гаражи и перални од десна страна да прераснат во некоја зграда во Г-облик.





Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Mar-2019 at 19:33
Во Мичурин-Аеродром

1.До ресторан Рулет





2.На ул.Венјамин Мачуковски,прилично масивна во 2 ламели се гради





Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Mar-2019 at 14:03
Ист е случајот и со многу други згради,пример двете згради што ги гради ЗСФ едната во Маџир Маало на сама раскрсница а другата во Аеродром на булевар ама ете очигледно се продаваат становите без оглед на локацијата,изгледот итн..

--------------------------------------------------------------
Еве две денешни од зградата која се гради во Мичурин позади кафана Рулет,проблемот е што е буквално ставена на тротоар и бројот на предвидени паркинг места е помал во споредба со бројот на станови што ќе резултира со коли оставени по сред улица.





Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Mar-2019 at 12:43
Му се намерачија на Мичурин-Аеродром од утрово на ул.Симеон Кавракиров се руши куќа за изградба на шесткатница.Со овакво темпо маало ќе стане бетер од Дебар Маало.Еве неколку слики







Табла од градилиште





Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 22-Mar-2019 at 12:49
Шесткатница со едно паркинг место...

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Mar-2019 at 13:13

Сметам дека рендеров дава погрешен впечаток,таму каде што е колата мислам дека е влезот во подземните гаражи(кои и покрај тоа што посотојат сепак се полупразни а колите на тротоар)


Posted By: kiriOK
Date Posted: 23-Mar-2019 at 08:06
Во дворот на таа куќа ко деца крадевме цреши и бабата не прскаше со црево.
Не дека на некој му е важно,ама сакам со ова да потенцирам дека во Стар Аеродром каде израснав огромен дел од спомените веќе тешко опстојуваат,бидејќи самите места каде тие се имаат случено веќе физички не постојат.
Тоа е погубно за душата на едно маало,населба,град.


Posted By: Graditelot
Date Posted: 23-Mar-2019 at 09:02
Оф оф. Ова е таа улицата кај што по цела должина има паркирано возила и не можат возилата да се разминат.


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Mar-2019 at 14:12
Еве неколку денешни,веќе е срушена куќата







Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Mar-2019 at 12:18
Во Мичурин-Аеродром(од фб)





Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Apr-2019 at 11:25
Низ Мичурин-Аеродром

1.На ул.Петар Ацев





2.Малку подолу на ул.Венјамин Мачуковски





Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Apr-2019 at 15:41
Сметам дека проектите кои се реализираат во Мичурин би било добро да ги следиме во засебна нишка со цел да се растерети општата нишка и да има поголема прегледност. Бидејќи во иднина ќе има уште доста згради кои ќе треба да се градат во овој дел. Кога модераторите ќе имаат време нека ги префрлат постовите од општата нишка поврзани со овој дел.


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Apr-2019 at 15:53
Со жолто се означени сите потенцијални места за згради а со црно местата каде веќе се одвиваат градежни активности.



Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Apr-2019 at 15:56
Рендери од она кое веќе се гради









Posted By: skopskodete
Date Posted: 06-Apr-2019 at 21:22
Originally posted by stef4o

Со жолто се означени сите потенцијални места за згради а со црно местата каде веќе се одвиваат градежни активности.


Имаш некои грешки во однос кај би се градело.
Провери во ДУП-от.


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Apr-2019 at 21:52

Da vo pravo si imam ispusteno nekolku lokacii a na nekoi mozebi i voopsto nema predvideno markica za gradba.Ke vidam sto e planirano spored DUP i ke napravam nova posredena ovaa ja napraviv nabrzinka od oko. Na onoj del okolu depoto na pajak sluzbata i ulici i patista imaa najava za trgovski i nekoi drugi sodrzini ama neznam dali gi usvoija promenite.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Apr-2019 at 12:48
На ул.Петар Ацев





Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Apr-2019 at 14:22
Неколку денешни







Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Apr-2019 at 16:21
Еве извадок од ДУП-от за поголем дел од населбава



Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Apr-2019 at 13:09
На ул.Симеон Кавракиров,куќата ја срушија,просторот го оградија но нема никаква активност речиси еден месец





Posted By: stef4o
Date Posted: 02-May-2019 at 18:25
Денешни





Posted By: stef4o
Date Posted: 02-May-2019 at 18:50
Од фб,зградата позади ресторан Рулет











Posted By: stef4o
Date Posted: 06-May-2019 at 18:34
Денешни,бетонираа плоча





Posted By: stef4o
Date Posted: 13-May-2019 at 12:37
Денес



Posted By: stef4o
Date Posted: 15-May-2019 at 12:14
Неколку денешни,патем мислам дека и бараките кои се веднаш до зградава се веќе пазарени од истата фирма и дека наскоро и таму ќе никне уште една ваква зграда,кај оваа веќе ја достигнаа висината.Патем околинава незнам дали имаат намера да ја средуваат просторот наоколу е кал,див паркинг колку што знам сакаа тука негде да прават некаков си трговски ама нема ништо на повидок











Posted By: stef4o
Date Posted: 20-May-2019 at 13:15
Тука почнаа со ископ







Posted By: stef4o
Date Posted: 29-May-2019 at 14:24
Зградава пред 2 години доби спрат повеќе а деновиве почна странично да се проширува.





Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 29-May-2019 at 16:23
Ајде тоа што е целата крпена-лепена плус со надоградба, уште странично ѝ фали да се прошири. Погледнете колку само е излезена на улица. Ако не пак, нека ја премости улицата па нека си продолжи од другата страна. Страшно. Фавела.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: skopskodete
Date Posted: 29-May-2019 at 17:11
Најинтересно е што прозорците во влезот не можат да се сменат 2 години и уште стојат скелињата, ама за доградба одма турбо. Македонска работа...


Posted By: hcitrS
Date Posted: 29-May-2019 at 18:04
Нема појезива населба на Балканот, порадо во Идризово в ќелија отколку во ова гето би живеел.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 30-May-2019 at 07:31
И јас мислам дека оваа населба ќе го извлече најдебелиот крај...
Има уште неколку празнини кои ќе ги пополнат,исто и со деловите каде постојат привремени објекти...куќите комплетно ќе се заменат со згради,постоечките помалку габаритни згради ќе се 'украсат' со надрадби и доградби или и тие ќе се заменат со блокови...
Целата населба има улична мрежа достојна за време турско и еден парк/игралиште со 15 дрва.





Posted By: stef4o
Date Posted: 30-May-2019 at 07:57
Еве дел од новоградбите а ќе ги има уште доста и обичните двокатни куќички ке прераснат минимум во петкатници,

1.На ул.Венјамин Мачуковски









2.На ул.Симеон Кавракиров







Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Jun-2019 at 09:29
Денес



Posted By: kiriOK
Date Posted: 04-Jun-2019 at 08:51
Пример за безлична населба,без карактер,без душа...


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Jun-2019 at 13:06
Денешни,во саботата ја ставија темелната плоча







Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jun-2019 at 13:10
Денес од рано наутро ја бетонираат темелната плоча(од Инстаграм)







Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Jun-2019 at 12:14
Денешни





Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Jun-2019 at 12:40
Денешни

1.Доградбата на ул.Петар Ацев



2.Новоградбата на истата улица,веќе работат на фасадата





3.На ул.Симеон Кавракиров,работат на подземните нивоа





Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Jul-2019 at 12:09
Денешни

1.На ул.Внејамин Мачуковски веќе завршија со карабината



2.На ул.Петар Ацев



3.На ул.Симеон Кавракиров сеуште во подземните нивоа



Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Jul-2019 at 12:52
Денешни,во Мичурин имам чувство дека секој ден никнува по некое ново градилиште

1.Денес приметив дека е веќе направен ископ на 3-та Македонска Бригада и наскоро ќе никне зграда





2.Потоа приметив уште едно,се бетонираше темелна плоча немам инфо кој гради,локацијата е доста збутана(обележано со црна стрелка)





3.Оваа е на ул.Петар Ацев а деновиве спроти нејзе почнуваат Elena Luka Home со нов објект



Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Jul-2019 at 12:36
Денешна



Ова е на градилиштето кое пред неколку месеци се отвори на ул.Симеон Кавракиров ама имаат проблеми со свлекување на земја,а често се случуваат и дефекти на водоводната мрежа.Денес повторно имаше проблем незнам дали од дождовите или поради друга причина дел од тротоарот беше пропаднат во градилиштето зјаеше голема дупка.Неможе да се забележи од фоткава бидејќи добар дел од тротоарот па и од улицата се користи за складирање арматура и други материјали.





Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Jul-2019 at 12:23
Денешни,завршија со дел од фасадата






Print Page | Close Window