Print Page | Close Window

Dreamlux - Карпош

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3625
Printed Date: 02-Dec-2020 at 10:32


Topic: Dreamlux - Карпош
Posted By: stef4o
Subject: Dreamlux - Карпош
Date Posted: 15-Jul-2019 at 12:45
Нов Станбен комплекс на ул.Прашка-Карпош,непосредно до комплексот Домино и зградата на Trim & Lum(од фб)














Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jul-2019 at 07:35
Нов станбено-деловен објект во Тафталиџе непосрдено до комплексите Домино и Гранд Престиж













Posted By: my Macedonia
Date Posted: 16-Jul-2019 at 11:25
Конечно нешто ,,друго,, малку креативитет!


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Oct-2019 at 11:16


-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Oct-2019 at 14:40




https://www.facebook.com/konkrit55/?epa=SEARCH_BOX


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Nov-2019 at 17:56
Од фб







https://www.facebook.com/konkrit55


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Dec-2019 at 14:47
Од пред десетина дена(од фб)





https://www.facebook.com/Concrete_co


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Jan-2020 at 13:45
Кој е во можност нека ја преименува нишката во Dreamlux-тоа е називот на комплексот...

-------------------------------------------------------------
Kомплексот DreamLux можеме да го опишеме како уникатна, елегантна и луксузна композиција, која и дава модерен изглед на целата населба. Зеленилото пред комплексот има улога да го разубави просторот, а воедно и да придонесе за смирено и релаксирано чувство.
Становите се разликуваат според квадратурата, од 30 м2 до 140 м2 и се распоредени на 8 ката и поткровје. Сите станови се со обезбеден паркиг простор и се опремени со сигурносни влезни врати и висококвалитетни материјали. Во сите нив е предвидено да има отворен тип на кујна, сопствена тераса и посебен дел за плакари во влезниот хол. Становите на поткровјето се разликуваат од останатите поради нивниот распоред и поголемите тераси.
Удобноста е најважна во секој дом, а тоа се постигнува пред се со идеална температура во домовите. Особено во зимскиот период важно е вашиот стан да биде добро затоплен па така, за разлика од многу нови градби, тука вие имате можност да се греете на градското парно на БЕГ. Градежните материјали, како и термоизолираната фасада и современите повеќекоморни прозорци, обезбедуваат ниска топлинска спроводливост и заштеда на енергија. Овие работи го прават DreamLux енергетски ефикасен објект од класа А.
DreamLux e лоциран во мирен дел, а сепак во близина на центарот на градот, на ул. „Прашка“ од предна страна и бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од задната страна, кој го поврзува едниот крај на градот Скопје, со другиот. Оваа локација Ви овозможува брзо и лесно да стигнете до вашата посакувана дестинација, а сепак да уживате во мирот на вашиот дом и околина.

https://www.facebook.com/BiHolding/


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Jan-2020 at 08:59








https://www.facebook.com/konkrit55


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Mar-2020 at 08:09
Од фб



https://www.facebook.com/konkrit55


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Mar-2020 at 18:55


-------------
За сè има вторпат


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 27-Apr-2020 at 13:33
Ситуација од 25 април.



-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Jun-2020 at 14:13




https://www.facebook.com/konkrit55/


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Jun-2020 at 11:45
од фб



https://www.facebook.com/groups/883203825068334/


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Jul-2020 at 13:07
зошто бе на 98 квадрати простор решаваш да ги натераш луѓето да влегуваат директно в кујна?



од твитер


Posted By: ehrlich
Date Posted: 21-Jul-2020 at 14:32
Распоредов во станов е толку глуп што не знам од кај да тргнам...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Jul-2020 at 15:38
Распоредот на станот е преглуп, ама тоа дека влегуваш во светол простор како огромната дневна не е воопшто лош пристап. Зградите од СФРЈ со тесните темни ходничиња ми се нешто сосем нејасно во нашата држава, па и во Србија. Нормален стан во светот не ни има ходник, тоа е сосем непотребно потрошен простор.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Jul-2020 at 17:36
Originally posted by гитардемон

Распоредот на станот е преглуп, ама тоа дека влегуваш во светол простор како огромната дневна не е воопшто лош пристап. Зградите од СФРЈ со тесните темни ходничиња ми се нешто сосем нејасно во нашата држава, па и во Србија. Нормален стан во светот не ни има ходник, тоа е сосем непотребно потрошен простор.
се согласувам скроз, особено за ходниците и нешто што највеќе ми смета, тесните и долги заградени кујни
НО, мора да увидиме за 98 квадрати, колку само е неискористен просторот, има само две спални соби, купатило и тоалет во кои едвај ќе се свртиш, а цела четвртина и јаче од квадратурата, оди во балконот (ќе биде забавно да гледаме како ќе го испозаградат)

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: alexsend
Date Posted: 22-Jul-2020 at 14:44
Каде отишле квадратите во станов??
Само една детска на 98 квадрати...
Од седерње до телевизор во дневна максимум 4м...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Jul-2020 at 19:23
Originally posted by alexsend

Каде отишле квадратите во станов??
Само една детска на 98 квадрати...
Од седерње до телевизор во дневна максимум 4м...
тоа и мене ме чудеше, можеби лошо се димензионирани елементите во станот, мада, јас мислам дека е главно поради балконот, кој е четвртина од цел стан и може повеќе

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Sep-2020 at 09:18


https://www.facebook.com/konkrit55/photos/pcb.3221952761254427/3221947587921611/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Sep-2020 at 10:38










https://www.facebook.com/konkrit55


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Sep-2020 at 15:12
Од инстаграм



Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Sep-2020 at 07:20
od fb





Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Sep-2020 at 06:33
od instagram



Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Sep-2020 at 17:17




-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Sep-2020 at 07:22
Сликано од комплексот Домино



https://www.pazar3.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Oct-2020 at 15:01
Едно видео од проектите на Радо Инженеринг па се објаснува и овој проект некаде кон крајот на видеото почнувајќи од 15:30 мин па скоро до крај.

[tube]m4kQCl2blJY&feature[/tube]

https://www.facebook.com/RADO-Engineering


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Oct-2020 at 11:38
Радовановиќ: DreamLux e естетски, функционален и автентичен објект што ја достигнува визијата на современо урбано живеење

Лина Радовановиќ е млад архитект, која што своите архитектонски решенија ги влече од синергијата на стекнатото образование, искуството, светските трендови и локалните потреби со печат на автентичноста. Како архитект во семејното студио Радо инженеринг и потписник на забележителни проекти во Скопје но и пошироко, разговараме затоа кои и какви се проблемите на урбано Скопје, што е мисијата на архитектурата, што се нуди во новите современи станбени објекти а кои се потребите на модерниот начин на живот. Прво за тоа што архитектурата треба да понуди и каде е нејзината моќ.

„Улогата на архитектурата е да слави. Таму каде што нема што да се слави, нема ни архитектура“, смета Лудвиг Вингенштајн. Архитектурата отсекогаш служела за конкретизирање на просторот на одредена идеологија, волја или едноставно моќ.

Каква е вашата визија за изгледот на Скопје? Кој е вашиот омилен град во поглед на архитектура, омилен објект?

Радовановиќ: Скопје е модерен град, но пренаселен во последните години. Старите скопјани често ќе речат дека модерните градби ја променија автентичноста на градот. Сметам дека треба да се стави ред во изградбата и да се запазат стандардите кај инвеститорите. Особено треба да се внимава на зелените површини и надлежните да не дозволат буквално на секој парк да никне зграда. Во мојата визија Скопје го гледам како град со многу повеќе зелени површини, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност и инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедувањето чиста и здрава животна средина. Секој град има свој белег и историја, а секое патување носи свое искуство и визија. Сум посетила многу градови, Дубаи би го издвоила од аспект на модерна архитектура и на брз развој. Берлин за мене е еден од оние градови, кои откако ќе ги посетиш долго време се сместуваат некаде во потсвеста заради архитектурата. Според податоците, околу една третина од територијата на градот ја сочинуваат шуми, паркови, градини, реки и езера. Истанбул би го издвоила од аспект на различните култури втемелени во Европскиот и Азискиот дел на градот. Зачувани се значајни стари градби, но интензивно се градат и нови модерни изданија.

Како фирма се потпишувате позади голем број познати објекти низ Скопје, врз што се темели вашата автентичност и печат?

Радовановиќ: Заедно со тимот од Радо инженеринг имаме ставено потпис на исклучително портфолио проекти во нашиот град и пошироко. Нашата филозофија врз која работиме се базира на создавање производ, објект или ентериер што ќе бидат прилагодени на потребите на инвеститорот. Да, секако дека приоритетно се раководиме од потребите на клиентите, намената и функцијата на објектот, но притоа додаваме компонента што секој објект го издвојува како уникатен. Знаете, и каменот добива живот кога ќе му дадете употребна вредност и функција. И токму тоа е филозофијата на нашата работа – давање смисла и функција и на она што навидум не е живот, и оттаму започнувада се создава комплетната и уникатна приказна.

Радо инженеринг е семејна компанија, но со широк спектар компетентности, што покриваат вашите услуги?

Радовановиќ: Точно, станува збор за семејна компанија, основана од моите родители и во текот на 20 годишното постоење фирмата се проширува. Денеска тимот на Радо инженеринг го сочинуваат 10 архитекти и стручни експерти од индустријата. Компанијата е специјализирана за дизајн, градежништво, инженеринг и консалтинг и со внимателно и прецизно таргетиран тим за секоја област. Дел од нашиот тим е задолжен да го предводи сегментот на големи проекти, деловни објекти и објекти за станбено домување, како што се Спортскиот комплекс Јане Сандански, бизнис центарот и комплексот за домување Соравија, Центро Унион и новиот комплекс DreamLux. Во исто време се грижиме за модерен дизајн на луксузни приватни куќи и располагаме со огромно искуство за ентериери, почнувајќи од нашите нови деловни простори, па се до повеќе од 120 ентериерни проекти што може да се видат низ целата држава и секако на нашата веб страница.

Вашата професија како архитект во современо Скопје, несомнено ви дава многу секојдневни главоболки при изработка на проектите. Што е тоа на кое најмногу му се радувате, а каде трошите најголем дел од енергијата?

Радовановиќ: Да се биде архитект во ова современо време, значи голема обврска и одговорност пред самата себе, но и пред клиентите. Како човек сум перфекционист и затоа при изработка на проектите се посветувам целосно и со голема концентрација. Како креативец и професионалец во работата, секој нов проект за мене е нов предизвик, во кој приоритет се квалитетот и оригиналниот изглед. Се ова бара време и многу енергија, која ја црпам од честите патувања во странство. Таму стекнувам нови искуства, но добивам и инспирација за нови проекти и идејни решенија во нашиот град. Уживам во доброто кафе и ручек со пријателите, а по напорниот ден се релаксирам со физичка активност. Се радувам на мали нешта, но и на големи успешно завршени проекти.

Како архитект од скопски Радо инженеринг, голем дел од заслугата за проектот DreamLux на Би Холдинг ви припаѓа токму вам. Кој беше најголемиот предизвик во процесот?

Радовановиќ: Зад секое убаво дело, стои уште подобар тим. Идејата на Би Холдинг беше да се создаде објект кој што се истакнува со автентичност, функционалност и естетика. Уште при првата замисла, целта ни беше овој објект да отскокнува и да даде визија за една друга урбана слика, односно слика на современ град, каде станбеното живеење е во хармонија со потребите на индивидуата и семејството. Спојувањето на сето тоа го даде DreamLux.

Што ќе претставува DreamLux за Скопје?

Радовановиќ:Комплексот DreamLux претставува елегантна, луксузна композиција, која што дава модерен изглед на целата околина. Посебно внимание се обрна на надворешниот изглед на зградата. Сакавме да направиме уникатен објект, што ќе отскокне од она што се гради во Скопје.   

Кои се основните предности што DreamLux ги нуди во сегментот на недвижнини во Скопје?

Радовановиќ: Основната предност е локацијата, во населбата Тафталиџе во Скопје. Местоположбата е идеална од аспект на урбанизам и достапност до сите потребни содржини за модерно живеење. Во близина има училишта, градинки, болници, ланци на маркети, спортски центри. Покрај големата површина зеленило што ќе биде дел од комплексот, DreamLux е направен по сите светски стандарди во архитектурата и градежништвото, со цел да се задоволат сите потреби за удобност на идните станари. Би Холдинг не штедеше во изборот на квалитетни материјали, запазувајќи ги притоа сите високи светски стандарди и внесувајќи посебни детали во дизајнот на ентериерот. Комплексот е енергетски ефикасен објект од класа А. Предноста што Dreamlux ја нуди е комфорноста на становите. Интересот е голем и за клиентите кои имаат потреба од удобност, но и оние кои сакаат практичен дом. Комплексот располага со станови од 30 до 140 м2. Во дел од станбените единици предвидено е и утилити – просторија која што е од огромно значење за флексибилноста и комфорот во домот, а во последните години некако се заборави, на сметка на заштеда на простор во становите. Следејќи ги модерните трендови, во дел од родителските соби има и сопствена бања. Становите се барани, бидејќи граѓаните знаат да препознаат квалитет и модерен изглед.

Кога можеме да се очекува првото вселување во комплексот?

Радовановиќ: Во DreamLux интензивно се гради. На терен работите се одвиваат согласно планираната динамика. Првите станари ги очекуваме летото 2021 година.

https://faktor.mk/radovanovikj-dreamlux-e-estetski-funkcionalen-i-avtentichen-objekt-shto-ja-dostignuva-vizijata-na-sovremeno-urbano-ziveenje


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Nov-2020 at 18:32










https://www.facebook.com/craftersmk


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Nov-2020 at 14:03










https://www.facebook.com/LONI-Kompani



Print Page | Close Window