Print Page | Close Window

Живописниот релјеф на нашите улици и булевари

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=363
Printed Date: 20-Apr-2024 at 00:11


Topic: Живописниот релјеф на нашите улици и булевари
Posted By: Cloverstack
Subject: Живописниот релјеф на нашите улици и булевари
Date Posted: 17-Aug-2008 at 08:00
Оваа нишка ја отварам со цел подетално да дискутираме за лошата состојба на голем дел од нашата улична и патна мрежа. Дупки, ровови, лоши крпеници... Лошо одржување на постарото и неквалитетна градба на новото...


Еве ќе почнам со нешто што ме иритира највеќе од се - лошо поставени длабоки шахти. Ова е редовна појава и на некои нови сообраќајници. Знам дека pbanks си направи сериозна штета удирајќи токму во вакво чудо на новиот дел од Теодосиј Гологанов, пред мостот кај Влае (pbanks ако грешам исправи ме)

Еве пример од строг центар на градот, на една од најпрометните улици во Скопје. Ова е кај „Рекорд“ и вака стои буквално со години Bash





Кој ги контролира нашите градежни компании кога градат улици? За оштетување предизвикано од ваква работа дефинитивно кој е надлежен за таа сообраќајница треба да исплаќа обештетување.

И уште нешто во врска со ова. После сите кражби на шахти од улиците и паркинзите, општина Аеродром го „реши“ проблемот со тоа што постави бетонски покривачи на местото на украдените шахти. Финтата е што тие се така поставени (или изработени, не е ни битно) да повторно се длабоко под површината на патот и ако поминеш преку нив пак здраво ќе лупнеш. Ама тоа е уште една потврда дека кај нас се работи ради форма, а не ради суштина.

Wallbash



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2008 at 18:21
СКОПСКОТО ЖЕШКО ЛЕТО ГИ ТОПИ УЛИЦИТЕ
По брановите од асфалт тешко се минува со тркала

Руинирани, со дупки, со ленти од изгмечен и надуен асфалт на крстосниците од гумите на тешките товарни возила, тоа е сликата на дел од скопските улици во текот на целата година. Жителите на главниот град мака мачат да не ги искршат сопствените автомобили додека возат по некоја од главните сообраќајници, на кои асфалтот потсетува на брановидно море и во кое на жешкото сонце пропаѓаат дури и потпетиците на женските чевли. Лошата инфраструктура на улиците, очигледно, најмалку ги загрижува надлежните во Градот. Оние кои се задолжени за одржување на патиштата велат дека ваквата состојба не е последица на употребата на неквалитетен материјал при асфалтирањето на улиците, туку, како што велат, тоа е резултат на екстремната промена на температурите во лето и во зима. Од ЈП „Улици и патишта“ тврдат дека најмногу штета предизвикува солта што во зимскиот период нивните екипи ја расфрлаат по улиците за да го разјаде и стопи мразот и снегот. Според нив, ваквиот начин на отстранување на наталожениот замрзнат снег носи подолготрајни штети, а само моментален ефект при расчистувањето на улиците. - Со расфрлањето на солта, таа навлегува во ситните пукнатини и дупки во асфалтот на улиците. Со тоа, таа ги растопува ледените површини, по што водата и мразот навлегуваат длабоко во пукнатините. Со намалувањето на температурата, водата замрзнува, по што доаѓа до проширување на дупките поради ширењето на мразот. Во летниот период, пак, кога температурата нагло се зголемува, поради неможноста веќе уништениот асфалт како последица на солта и мразот да ги издржи, тој се дува и се шири на сонцето. Токму поради тоа сведоци сме на ваквата лоша состојба на дел од улиците во градот - објаснува Сашо Џепунов од ЈП „Улици и патишта“. Од ова јавно претпријатие, на кое примарна дејност му е токму одржувањето на сообраќајниците, велат дека во градот, па и во земјава се користи висококвалитетен асфалт. Според нив, поради благите зими кои што ја зафатија земјава во двете изминати години го намалиле количеството сол што ја расфрлаат по улиците и, како што велат, веќе има резултати од ваквата нивна постапка. Сепак, уништените делови од улиците, особено на пофреквентните улици во градот, и натаму остануваат. Највидливи се на булеварите Партизанска, Гоце Делчев, Александар Македонски, но и на сите улици кои водат кон излезот на Скопје.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1479&ArticleID=96893


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2008 at 17:18


Еве нешто во врска со текстот, евидентирано кај „Рекорд“

Со оглед на локацијата и со оглед на тоа кога беше последната интервенција на оваа улица (пред нешто повеќе од 10 години), во меѓувреме дефинитивно требало да се санира состојбата барем еднаш.

(инаку ако сакате навистина импресивни „бранови“, поминете кај Момин Поток, на тие бранови може и да се сурфа Nuts)




Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Aug-2008 at 17:21
Originally posted by Cloverstack


Еве ќе почнам со нешто што ме иритира највеќе од се - лошо поставени длабоки шахти. Ова е редовна појава и на некои нови сообраќајници. Знам дека pbanks си направи сериозна штета удирајќи токму во вакво чудо на новиот дел од Теодосиј Гологанов, пред мостот кај Влае (pbanks ако грешам исправи ме)


Убаво си запамтил, со претходната кола удрив во отвор од шахта со некаде 40км/х. Мислам дека со само 20-30км на час повеќе ќе го откинев тркалото, но и вака сериозно го оштетив. Таа дупка тогаш ја поправио релативно брзо (во рок од недела дена) но сега на тоа место има мала тумба од новопоставената шахта која исто така треба да се избегнува. Ова е непосредно на раскрсницата пред мостот.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Nov-2008 at 04:04
Мост "Обединети Нации"






Posted By: BOJAN
Date Posted: 13-Nov-2008 at 11:57
А шахтите на улицата што поминува по новиот мост кај Влае? Кога и да поминам по таа улица мора да направам егзибициони осмици за автомобилот да не пропадне во една од нив. Луѓе, една поставена на средина улицата, една лево, па една десно, па во центар и тоа се длабоки дупки. Како на нагазно поле да минувашBash!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jan-2009 at 11:09
МОМЕНТАЛЕН ЕФЕКТ, ДОЛГОТРАЈНИ ШТЕТИ
Солта ги прошири дупките на улиците

Солта и песокта што се фрлаат по коловозите за расчистување на снегот ги доуништија и така прилично оштетените скопски улици. Отворени или закрпени дупки, ленти од изгмечен и надуен асфалт на крстосниците предизвикани од гумите на тешките товарни возила, е секојдневие на сообраќајниците во градот, но во зимскиот период ова станува вистинска пречка за нормално движење на возилата и ја загрозува безбедноста на патниците. Лошата инфраструктура на улиците, која дозволува во зимскиот период да се направат дупки и на поново асфалтираните улици, очигледно, најмалку ги загрижува надлежните во Градот. Оние кои се задолжени за одржување на патиштата негираат дека состојбата е последица на употребата на неквалитетен материјал при асфалтирањето на улиците, туку, како што велат, тоа е резултат на екстремната промена на температурите во лето и во зима. Од ЈП „Улици и патишта“ тврдат дека најмногу штета предизвикува солта што во зимскиот период нивните екипи ја расфрлаат по улиците за да го стопи снегот. Според нив, ваквиот начин на отстранување на наталожениот замрзнат снег носи долготрајни штети, а само моментален ефект при расчистувањето на улиците. - Со расфрлањето на солта, таа навлегува во ситните пукнатини и дупки во асфалтот на улиците. Со тоа, таа ги растопува ледените површини, по што водата и мразот навлегуваат длабоко во пукнатините. Со намалувањето на температурата, водата замрзнува, по што се прошируваат дупките поради ширењето на мразот. Во летниот период, пак, кога температурата нагло се зголемува, поради неможноста веќе уништениот асфалт како последица на солта и мразот да ги издржи, тој се дува и се шири на сонцето “ објаснуваат од ЈП „Улици и патишта“, кое е задолжено да се грижи за проодноста на улиците во вакви услови. Од Јавното претпријатие, на кое примарна дејност му е токму одржувањето на сообраќајниците, тврдат дека во градот, па и во земјава се користи висококвалитетен асфалт. Сепак, уништените делови од улиците, особено на пофреквентните улици во градот, и натаму остануваат. Највидливи се на булеварите Партизански одреди, Гоце Делчев, Александар Македонски, но и на сите улици што водат кон излезот на Скопје.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1596&ArticleID=105463


Posted By: vardar
Date Posted: 29-Jan-2009 at 03:08

Асфалтот на улиците пред автобуските „плаче“ за реконструкција

Градските власти имаат пари, но приоритетните локации за обнова се' уште не ги утврдиле

Сања Наумовска

Градот Скопје нема детална програма за обновување на раскопаните улици. Деновиве, Јавното претпријатие „Улици и патишта“ започна со крпење на дупките кои се отворија поради снегот и мразот, а особено поради солта и песокот што беа посипувани на коловозите. Сепак, акцијата ќе остане само на пополнување на дупките, без планирање на посериозни зафати таму каде што асфалтот е многу оштетен.

Скопјани, освен на раскопаните улици , се жалат и на „брановите“ на асфалтот на автобуските станици и на раскрсниците. Оваа појава особено е присутна на улиците во центарот на градот, но се забележува и на поголемите булевари каде што сообраќаат автобусите на градскиот превоз. За реконструкција „плачат“ речиси сите раскрсници на „Партизански одреди“, на „Илинденска“, „Димитрие Чуповски“ и други.

Во буџетот за 2009 година, покрај изградбите на „Илинденска“, клучките кај Бит-пазар и Тутунски комбинат и некои други проекти, градските власти имаат предвидено финансии и за реконструкција на асфалтот на одредени раскрсници и автобуски станици. Сепак, во Градот се' уште не знаат на кои локации конкретно ќе се работи. Тоа зависи од процената, а таа ќе се прави напролет.

„Во ставката за реконструкција на улици за 2009 година, во буџетот има 270 милиони денари. Во рамките на овие финансии се предвидени и обновите на некои улици, но приоритетите ќе се направат подоцна, во текот на градежната сезона. Тоа е редовна практика, за да не се доведеме во ситуација да намениме пари за еден проект, а подоцна да заклучиме дека друг е поприоритетен“, објаснуваат во Градот.

Во ЈП „Улици и патишта“, пак, велат дека се подготвени да ја започнат новата градежна сезона. Очекуваат дека ќе добијат налози за реконструкција на над 90 проценти од раскрсниците на градските улици и на автобуските постојки во Скопје, бидејќи се навистина во лоша состојба.

Со новите машини реконструкцијата на улиците ќе ја извршуваат многу поефикасно и побрзо. Дел од возилата и во моментов се на терен, заради пополнување на ударните дупки. Годинава, велат во претпријатието, за прв пат сами произведуваат зимски асфалт, за кој има гаранција дека нема да се уништи во рок од 5 години. Тоа, според нив, дополнително ќе ја подобри сликата на скопските улици.

„Зимскиот асфалт го произведуваме по канадска технологија и очекуваме големи резултати. Откако почнавме со акцијата за пополнување на дупките, имаме потрошено близу 200 тони, со кои сме закрпиле над 400 квадратни метри дупки. Ќе продолжиме се' до последната, а веднаш потоа ќе размислуваме и за поголемите зафати“, вели Илија Мартиновски, директор на „Улици и патишта“.

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=696F1F0772A09743B6C4F28809AD1B62 - Utrinski


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 29-Jan-2009 at 10:17
Da ve prasam nesto.. zosto asvaltot vo zapadnite zemji NIKOGAS nese topi?
Jas ziveam vo Pert, kade sto 6 meseci vo godinata temperaturata nese spustat pod 30 stepeni... imat patista asfaltirani pred 25 godini, i kamioni i avtobusi i sesto vrvat na niv pa nitu se pravat dupki po patot nitu pak sum videl asvaltot "da potonit" kako na slikata gore.
Mislam broblemot e sto vo MK se koristit mnogu nekvaliteten asvalt.. ne deka nemat kvalitet, nego za da "drpnat" pari gradeznite kompanii ne redat dovolno kamenja, a redat poveke voda vo materijalite koga se pravi asvaltot.
Da zemam dve primeri. Jas sum po poteklo od meseista ohridsko... patot sto vrvit pokraj podmolje, trebenista, meseista i prodolzuvat za kicevo ne e "cepnat" 30-35godini.. a izgledat kako da e 5 godini star. Za sporedba "avtopatot" gostivar-tetovo koj e napraen 96-97 godina e katastrofa!! kako 40 godini da e star. Koja e razlikata?? dan e do vremeto slucajno ili do teskite tovarni vozila? ne mi se veruva.

-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jan-2009 at 10:32
Originally posted by GreatMakedon

Da ve prasam nesto.. zosto asvaltot vo zapadnite zemji NIKOGAS nese topi?
Jas ziveam vo Pert, kade sto 6 meseci vo godinata temperaturata nese spustat pod 30 stepeni... imat patista asfaltirani pred 25 godini, i kamioni i avtobusi i sesto vrvat na niv pa nitu se pravat dupki po patot nitu pak sum videl asvaltot "da potonit" kako na slikata gore.
Mislam broblemot e sto vo MK se koristit mnogu nekvaliteten asvalt.. ne deka nemat kvalitet, nego za da "drpnat" pari gradeznite kompanii ne redat dovolno kamenja, a redat poveke voda vo materijalite koga se pravi asvaltot.
Da zemam dve primeri. Jas sum po poteklo od meseista ohridsko... patot sto vrvit pokraj podmolje, trebenista, meseista i prodolzuvat za kicevo ne e "cepnat" 30-35godini.. a izgledat kako da e 5 godini star. Za sporedba "avtopatot" gostivar-tetovo koj e napraen 96-97 godina e katastrofa!! kako 40 godini da e star. Koja e razlikata?? dan e do vremeto slucajno ili do teskite tovarni vozila? ne mi se veruva.


Дефинитивно е до тешките товарни возила ГМ помешани со топлото време. Оптеретувањето кое го прави еден камион па и автобус еднократно се колку ужасно многу коли. Веќе беше одавна не ми текнува најточно но ако не се лажам на факултет беше даден пример дека 1 автобус прави деформација за едно поминување колку 2000 фиќовци на пример. Бројката можеби не ми е точна но навистина разликата беше огромна.

Затоа главните деформитети се на автобуските станици и на семафорите (каде има кочење и се набира асфалтот на топло време).

Веројатно во Австралија сето тоа редовно го одржуваат и тука е клучот. На пример многу малку на север од нас, во Хрватска па и во Србија на автопатиштата постојано се сервисираат делниците на кои ќе се појават т.н. 'колотрази' (браздите во асфалтот). На тој начин 80% од мрежата им е секогаш во топ форма.

Кај нас на пример делницата Скопје-Куманово не е пипната од кога знам за себе.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2009 at 13:17
Еве баш ќе ви дадам еден пример од овстралија од пред 20-30-тина години! Баба ми идела по тротоар и видела баш пред дворот една плочка од тротоарот пукната. Ваљда се работело за плочка не бекатон него некои поголеми. И тамо има комунален телефон каде можешп да пријавиш такви рељефи вандализми и било какви урбани ситници. За пола саат дошле екипа ја смениле плочката со иста како предходната и си отишле!

Ете ова само зборува за нивото на свесност и оддржливост на инфраструктурата пред 20 години, а ние уште неможеме едно барем доволно ниво на оддржливост да постигнеме!


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 30-Jan-2009 at 07:26
Tocno e toa Islcrew no ima pricina zosto e taka vo avstralija.
tatkoto na devojkami rabotit vo edna opstina vo Pert.. opstinata po naselenie mozebi e kolku Resen, celosno e urbanizirana, ne i nedostasuvaat nekoj urbanisticki raboti. Covekot e inspektor na opstinskata kompanija koja poprava trotoari, pravi kruzni tekovi, re-aasvaltira patista itn. Toj mi kaza deka samo za ovie "sitnici" drzavata na opstinata i dava 100milioni dolari. Veli ako parite nese iskoristat drzavata si gi zema nazad na krajot od godinata, taka da i najmala dupka da primetat na trotoar, tie ja renoviraat cela pateka do kraj na ulica.
Koga se ima odpojke pari togas e lesno... vo mk nedostasuvaat finansiski sredstva za da moze se da bide "cakus pakus" na mesto.

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2009 at 23:35
Кратер на тротоарот на надвозникот Бит Пазар (имаше уште најразлични видови рељеф, ама ептен се брзав и не можев да сликнам повеќе зошто навистина имаше многу што да се слика и ќе одземеше премногу време...)

Ваљда темелно ќе го санираат надвозников во рамки на проектот за клучката (каква-таква). Но дури и да е така, со оглед на темпото со кое работат на трасирање на лаците, веројатно за санација ќе треба уште цела година... Roll%20eyes




Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Feb-2009 at 22:12
Ваљда е за тука...

И без седница си делат двојни паушали

Членовите на Управниот одбор на ЈП „Улици и патишта“ земаат надоместоци од 20.000 денари


Големи дупки, големи дубиози, големи хонорари

Членовите на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Улици и патишта“, најголемиот загубар во Град Скопје, си делат паушали од по 20 илјади, односно 18 илјади денари секој месец, без разлика дали имаат седница, обвини кабинетот на градоначалникот Трифун Костовски. За претседателот на Надзорниот одбор на ова ЈП предвидени се 12 илјади, а за членовите 10 илјади денари. „Улици и патишта“ само на Управата за јавни приходи и' должи 60 милиони денари.Претседателот на Управниот одбор на претпријатието, Тони Ѓуровски, изјави дека не дава изјави за медиуми ако тој „лично не види кој е и што е новинарот“.

До затворањето на весникот Ѓуровски не даде изјава за тоа зошто секој месец од сите граѓани на Скопје ќе зема по 20 илјади денари, без разлика дали ќе работи или не. Градоначалникот Костовски, вели дека одлуката на Управниот одбор е арогантна и крајно неприфатлива од економски, социјален и од политички аспект и бара веднаш да се преиспита и да се поништи.

„Скандалозна е одлуката да се одреди нов месечен износ, со 100 отсто зголемување во однос на досегашниот. Ваквата одлука е крајно неразумен чин во услови на познати финансиски проблеми и ограничувања, не само во Јавното претпријатие „Улици и патишта“ туку воопшто во земјава. Веднаш да ја преиспитате и да ја поништите одлуката“, писмено побарал градоначалникот од претседателот на Управниот одбор Тони Ѓуровски. Директорот Илија Мартиновски вели дека во последните 3-4 години, претпријатието почнало да се крева од правта на загубарите и дека денес тие добро работат. Смета дека не е ништо лошо што членовите и претседателот на Управниот одбор самите си изгласале најголеми паушали од сите други јавни претпријатија.

- Сметам дека не станува збор за 100 отсто покачување. Со новата одлука за поголеми паушали, членовите на Управниот одбор сами ќе си ги покријат трошоците за телефон, пат и друго кога ги следат седниците. Иако во одлуката стои дека паушалот ќе се исплаќа еднаш месечно, без оглед на одржаните седници, досега не се случило да нема седница барем еднаш во месецот. Единствено во јули минатата година немавме седница. Не ми е сеедно што оваа одлука доаѓа во време на светска економска криза и во време кога претпријатието треба повеќе да вложува во модернизација на механизацијата, но можеби е оправдување што со години членовите на Управниот одбор од ова јавно претпријатие неправедно земаа најниски паушали, вели Мартиновски.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C7860246A35FC84D9A3D3C16AC89EE90 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C7860246A35FC84D9A3D3C16AC89EE90

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Feb-2009 at 15:41
Само што се вратив од мајстор за колата! Поради неизградениот булевар Хрватска, треба да се гнетеме по маалски улички кои дополнително се оштетуваат, а не се санираат! Конкретно оваа улица од дете ја знам во иста сосотојба, односно од година на година се полоша! (42° 1'1.13"N 21°27'14.47"E) Дупкава на сред коловоз ме кошташе 3500 денари! Wallbash Имам среќа што возам југо, да беше некое поубаво возило ќе кошташе десет пати повеќе!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Feb-2009 at 17:32


Од тогаш два пати поминав таму и иако квалитетот на коловозот е навистина ужасен, во близина на тие координати не приметив таква дупка Dunno




Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2009 at 21:18
Има/ше(вањда, може би ја санирале) една голема дупка кога се спушташ по удолницата доаќа тачно под десно тркало на долниот свиок. Особено ако има возила од спротивна насока тогаш е неизбежно да се избегне. Првиот пат ја погодив, пошто не знаев дека има дупка, после пазев. Инаку деновиве се отвори и една асли дупка на чешма (меѓе кисела вода и центар. Оваа дупка е со така доста големи димензии околу еден метар квадратен, исто така погубна по амортизери, само деновиве е потрупана со ронет асфалт па не е толку лоша.


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Feb-2009 at 22:45
Originally posted by Cloverstack

Кратер на тротоарот на надвозникот Бит Пазар (имаше уште најразлични видови рељеф, ама ептен се брзав и не можев да сликнам повеќе зошто навистина имаше многу што да се слика и ќе одземеше премногу време...)

Ваљда темелно ќе го санираат надвозников во рамки на проектот за клучката (каква-таква). Но дури и да е така, со оглед на темпото со кое работат на трасирање на лаците, веројатно за санација ќе треба уште цела година... Roll%20eyes


прв пат ти го приметувам коментаров и морав да реплицирам, како пешак (бидејќи нормално не возам кола) овие работи многу ме нервираат, а ги има скоро на секоја постара улица
овие дупки најпрво се јавуваат како резултат на пукање на бетонот, кој со време потоа се крши и разнесува од пешаци, возила и вандали
дали ова може да се реши со поплочување, па макар биле и големи плочи?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Feb-2009 at 22:53
Не сум сигурен дека те разбрав, викаш за целосно поплочување?


Posted By: blejdsk
Date Posted: 16-Feb-2009 at 23:23
Македонската логига е , зошто да се поправа кога пак кога тогаш ке се расипе

-------------





Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Feb-2009 at 00:23
Originally posted by Cloverstack

Не сум сигурен дека те разбрав, викаш за целосно поплочување?
да, така мислам дека полесно би било за одржување, со тоа што плочките потешко би се распукале, а и да се случи тоа, многу полесни се за заменување
прашав бидејќи не знам колку сум во право Dunno


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Feb-2009 at 16:27
Па не знам ни јас да дадам некое образложение. Кај нас порано практично сите тротоари биле асвалтирани, а после тоа нагло поминавме на павери, но сепак кај мостовиве можеби има некоја специфика. Ова би можело да го објасни единствено некој што ја познава токму таа проблематика. Надвозникот секако ќе се реконструира во рамки на проектот за клучката, па ќе видиме што ќе бидне.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Feb-2009 at 16:39
На мостовите под тротоарите има канали оставени за utilities (сефки, кабли и сл), пошто мостот неможе да се копа дополнително па априори се прави канал така прилично поголем. Тој канал се покрива со камени блокови слични како оние за топлификација. Проблемот е што тие бетонски блокови со тек на време пукаат од старост и не се менуваат. А кога ќе пукне еден блок автоматски асфалтот нема одоздоле потпора и пропаѓа во каналот.


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Feb-2009 at 17:31
добро, не мислев само на мостот, зборев општо, ама фала за образложението во секој случај Smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Feb-2009 at 04:42
На овој сегмент од улицата Црниче, кога се оди надолу во правец на Центар, на десната страна на улицата има цела серија лошо (длабоко) поставени шахти. Бељата не е само во тоа, туку сегментот е и прилично стрмен, со опасни кривини и непрегледен, па избегнувајќи ги шахтите возачите што одат надолу често им сечат од лентата на оние што се искачуваат. Бидејќи е непрегледно, опасните ситуации настануваат навистина изненадно и има малку време да се реагира. А улицата е доста прометна, што е и нормално кога ќе се земе во предвид дека е главна врска за Пржино и Црниче.

Овие шахти треба што поскоро да се средат!
...не дека другите длабоко или високо поставени шахти низ градот може да се толерираат, но мислам ако од негде треба да почнат тоа се овие шахти и онаа фамозната кај рекорд која е регистрирана во првиот пост од оваа нишка.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Mar-2009 at 12:08
Неквалитетниот асфалт се разјадува по секоја лопата сол
Скопје
Доволни беа еднодневни снежни врнежи и исфрлени 120 тони сол од зимската служба за веднаш да се појават нови кратери на асфалтот на улиците. Ударни дупки нема на толку многу места како по топењето на снегот што падна во јануари, но сепак на повеќето главни улици има барем по неколку што, според возачите, можат да ги оштетат возилата и да ја загрозат безбедноста во сообраќајот. Од јавното претпријатие „Улици и патишта“ сметаат дека староста на коловозите е главната причина поради која асфалтот лесно се оштетува, но експерти велат дека асфалтните маси што се употребуваат кај нас се несоодветни и недоволно еластични, па едно посипување со сол прави огромни штети.

ОД ЗАДУТРЕ ПОВТОРНО КРПЕЊЕ

Во „Улици и патишта“ од оваа зима почнаа да произведуваат и да употребуваат ладна асфалтна маса според канадската техника „матракс“, со која може да се интервенира на коловозите и во лоши временски услови, односно кога времето е студено или влажно. Сепак, според Иван Ставрев, технички директор во ова претпријатие, овој материјал е многу поскап од обичниот топол асфалт и служи само за крпење дупки, а со него не може да се прават цели улици.

- По претходните врнежи од снег, кога се фрли многу повеќе сол на улиците, дупките ги крпевме со ладниот асфалт. Затоа на ниту едно место каде што интервениравме со тој материјал не се појави дупка повторно. Многу полесно се оштетуваат местата што порано биле крпени со топол асфалт. Ние сакавме уште веднаш да ги санираме новите оштетувања, но добивме налог од градот да не ја користиме таа материја. Сепак таа е поскапа. Еден тон од тој асфалт чини 13 илјади денари, а од обичниот топол само пет-шест илјади. Коловозите во Скопје се стари и правени со топол асфалт, па затоа откако фрливме 120 тони сол повторно тие се разјадоа - вели Ставрев.

Тој додава дека од задутре нивните екипи ќе почнат да ги крпат дупките со топол асфалт, а со акцијата ќе бидат опфатени улиците Салвадор Аљенде, Кочо Рацин, Иво Лола Рибар и многу други. Според Ставрев, разликите во составот меѓу топлиот и ладниот асфалт се клучни за нивниот квалитет.

- Топлиот асфалт е составен од битумен, агрегат, толчник и нафта, а кога ќе испарат состојките тој повеќе не се употребува. За разлика од него, ладниот асфалт во горниот слој има полиестерски смоли и пластична снага и тоа го прави поквалитетен. Неговиот рок на траење е две години и може да издржи повеќе. Но не може да се користи за асфалтирање цели улици, бидејќи е леплив како гума за џвакање. Затоа се користи само за крпење дупки - истакна Ставрев.

НОВИ ТЕХНИКИ ЗА ИЗДРЖЛИВОСТ

Вулнет Палоши, професор на Тетовскиот универзитет и специјалист за патни подлоги, смета дека причината за огромните кратери што се појавуваат на улиците по секое фрлање сол е несоодветниот, неквалитетниот и недоволно еластичниот асфалт што се употребува.

- Асфалтот може да се уништи од многу фактори, како солта, дотраеноста, тежината на возилата и други. Конкретно во Скопје улиците претежно се градени со крут и со нееластичен асфалт, несоодветен за потребите на сообраќајот и со понизок квалитет од потребниот. Друштвото за патишта работи на нови техники, на употреба на мрежи и додатоци од други примеси, за асфалтот да биде поиздржлив - додаде Палоши.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=349&ArticleID=20968


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Apr-2009 at 21:35
Ови три слики се направени на размак од сто метри вкупно, на улицата Вера Јоциќ во Кисела Вода. Оваа е таа едносмерната улица од Рампа према Средното-Економски и понатака. Улицата е во очајна сосотојба. Незнам дали на сликиве може да се пренесе веродостојно но има и поголеми кратери кои не се на сликиве. Инаку улицата долж-целата должина е руинирана.








Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-May-2009 at 18:09
ОПШТИНА КАРПОШ
Акција за крпење дупки

Во Општината Карпош во тек е акцијата на асфалтирање на ударните дупки на главните и на сервисните улици на целата нејзина територија. Во изминатиот период целосно беше завршена реконструкцијата на улиците Миле Поп Јорданов, Јуриј Гагарин, Девол и Нерешка во населбата Жданец, и на улиците Радомил, Стрезово, Козарска, Милан Марковиќ и Брадфордска. - Во следниот период акцијата на реконструкција на улиците во општина Карпош ќе продолжи со пополнување на дупките на улиците Миле Поп Јорданов кај хотелот „Гранит“, како и на Стогово, Бледски договор, Вич, а ќе се работи и на и прекопите на улиците во селото Бардовци и на улицата Букурешка - објаснуваат од Општина Карпош. Изведувач на реконструкцијата на улиците е фирмата „Сирфес“ од Скопје, а вкупно за ваквиот вид инфраструктурни зафати до крајот на годинава е предвидена сума од три милиони денари.

Е.М.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1699&ArticleID=113468


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-May-2009 at 11:49
На една од најпрометните точки во градов

41°59'29.88"N  21°26'42.71"E

За жал фоткава ја доловува само состојбата со шахтата, но тука има буквално скокалница поради огромните нерамнини во асфалтот чија висинска разлика е навистина „импресивна“.




Posted By: zabegan
Date Posted: 16-May-2009 at 14:05
Ако нешто ме нервира тоа се испокршени и разјадени тротоари (ова е кај Југодрво)



Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-May-2009 at 15:11
Абе тротоар не се прави со асфалт или бетон, тоа така било пред 60 години, ама ајде. Тротоар си се плочки, бехатон па гранит или мермер. Ама асфалт или бетон е цинцарење, само го тураш и завршена работа. За другите сака мајстори, сака редење и триста работи. А изгледот е неспоредлив.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-May-2009 at 12:59
Originally posted by гитардемон

Абе тротоар не се прави со асфалт или бетон, тоа така било пред 60 години, ама ајде. Тротоар си се плочки, бехатон па гранит или мермер. Ама асфалт или бетон е цинцарење, само го тураш и завршена работа. За другите сака мајстори, сака редење и триста работи. А изгледот е неспоредлив.
да, но кај нас за поплочување го сметаат едно обично редење павер, кое не доликува да стои во центар, поплочување да, ама некое поквалитетно да биде, или пак да биде нешто во стилот како пред Соравиа
а не ми се допаѓа ни асфалтот, функционално е добар и погоден за наши услови, но на изглед не ми се допаѓа којзнае колку, има иста боја со коловозот и иста форма, малце се губи и т.н.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 20-May-2009 at 15:33

eve nesto od kicevo

http://img269.imageshack.us/my.php?image=dsc00316t.jpg">


Posted By: vardar
Date Posted: 21-May-2009 at 06:08
Најверојатно им здосасило на граѓаните да чекаат општината да ја поправи улицата па сами ставиле калдрма, ама кај нас се е можно Ohno


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 21-May-2009 at 07:15
ne e tocno, kockite gi stavil opstinata
sekade kade imase dubki se pokrieni so kocki a ne so asvalt


Posted By: vardar
Date Posted: 21-May-2009 at 15:10
Е ова не сум видел досега, како се наредени бев сигурен дека граѓаните сами се обиделе нешто да направат, какви аматери имаме по општиниве нешто неверојатно Bash


Posted By: vardar
Date Posted: 21-May-2009 at 15:12
Изгледа во право си ММ еве уште еден пример од кичево, да не е ова старата калдрма од скопскиот плоштад? Stern%20Smile
 
 
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-May-2009 at 15:15
Каква е побогу оваа „креативност“ при крпење на дупки??? Во општина Кичево нели знаат дека за оваа работа се користи асфалт? Crazy


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 21-May-2009 at 15:23
da taka e, eve vidite sami
 
ce ja slikam ulicata kaj skolata sande, tamu uste pokatastrofa e, istotaka e opasno za decata tamu nitu semafor nitu nisto nema
porano 2 pati go udri kolata mojot braduced, a na  brat mi nogata bese gazena


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-May-2009 at 18:16
Не заебавајте, и во Битола вакви идеи применуваат...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Dragan
Date Posted: 21-May-2009 at 23:04
ohoh da vidis u tetovo kolku vakvi dupki ima potploceni so ''CIGLI'',a na edna dupka ima staveno zemja CrazyCrazyRock


Posted By: zabegan
Date Posted: 28-May-2009 at 16:24
Originally posted by Dragan

ohoh da vidis u tetovo kolku vakvi dupki ima potploceni so ''CIGLI'',a na edna dupka ima staveno zemja CrazyCrazyRock
па практично и кај нас дупките во некои помали сервисни улички ги покриваат со земја само, што се согласувам дека е малце дебилно


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Jun-2009 at 15:03

На Партизанска асфалтот не е сменет 40 години

За нов асфалт градските власти велат дека треба прво да направат анализа на состојбата на булеварот

Бу­ле­ва­рот Партизански одреди повеќе личи на калдрма отколку на главна улица. Во­за­чи­те секојдневно се борат со дупки, вдлабнатини, пропаднат асфалт, из­браз­ден асфалт близу раскрсниците или, пак, со прекопи за разни подземни инсталации. По булеварот не се вози туку возилата се трескаат по дупките и крпениците. Ас­фал­тот на булеварот е стар 40-ина години. Сите градоначалници и директори на јав­ни­те претпријатија досега само крпеа по некоја дупка и никому не му текна це­лос­но да го извади стариот и оштетен асфалт и да постави нов слој.
"Де­сет години возам такси, и слободно можам да кажам дека булеварот Партизански од­ре­ди е во најлоша состојба, спореден со другите булевари. Ги искршивме возилата од дупки и крпеници. Наместо да трошат пари за жолти ленти, поарно да ги дадеа тие пари за нов асфалт, досега барем аир ќе видевме", вели еден скопски таксист.
Од кабинетот градоначалникот на Скопје Коце Трајановски велат дека се за­поз­на­ти со лошата состојба во која се наоѓа булеварот Партизански одреди, но не зна­ат точно кога ќе го реконструираат.
"Во програмата на градоначалникот Коце Трајановски предвиден е проект за ре­конс­трук­ци­ја на сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје. Во тој контекст, предвидено е да се направи опсежна анализа со која ќе се утврди на кои булевари и улици им е потребна реконструкција и кои се приоритетни. Над­леж­ни­те служби на Градот се запознати со моменталната состојба на булеварот Пар­ти­зан­ски одреди, следи изработка на анализата, за да може во наредниот пер­и­од да бидат предвидени финансиски средства за реконструкција на булеварот Пар­ти­зан­ски одреди", велат од Град Скопје.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=C15BC0C63AD4694AA12DBEFBA57D528E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jun-2009 at 02:14
Нинџа желки излагаат од Партизанска!

Запрашани за лошата моментна ситуација на булеварот Партизанска, од Јавното претпријатие "Улици и патишта" велат дека од 15 јули за време на годишните одмори ќе се преземат активности за санирање на згужваниот асфалт на автобуските и пред семафорите, работа која значително ќе ја подобри ситуацијата на булеварите вклучувајќи ја и Партизанска


Дупка со дијапазон од околу педесетина сентиметри а пред некој ден и длабока 40, во која можеше комотно да пропадне возрасен човек, ја кити главната некогашна најголема сообраќајница, булеварот Партизански одреди, пред Хотелот Карпош во истоимената населба Карпош 2. Глетка која потсеќаше на сцена од цртаните филмови на супер јунаците Нинџа желки кога рипаат од канализацијата, можеше да се случи ако околните сезонци викендов не фрлија две лопати песок. Учесниците во сообраќајот не се изненадени од катастрофалната состојбата на булеварот Партизански одреди, но се загрижени за својата безбедност.
- Партизанска е ужас. Кај пазарчето Буњаковец возиш формула и пазиш да не излеташ од гумените ленти кои, освен за сообраќајна несреќа не служат за ништо а ваму возиш рели со автомобилот одбегнувајќи вакви кратери. Не е лесно да си возач во Скопје, а уште толку е лесно да пазиш да не пропаднеш со автомобилот во некоја од дупките низ градов, - вели револтираниот скопјанец кој го затекнавме на пешачкиот премин кај Хотел Карпош.

Надлежните од ЈП "Улици и патишта" одговорни за состојбата на булеварите во Скопје во текот на изминатиот ден не беа запознаени со дупката на Партизанска. Тие тврдат дека доколку има таква, истата ќе ја санираат веднаш.
-Не сме информирани за ваква дупка. Можно е да се работи за дефект на канализација каде водата со активен продор да направи штета и да откопа толкава дупка. Денеска ќе пратиме екипи на терен да се испита ситуацијата и веднаш да се интервенира доколку се работи за наша надлежност, доколку е нечија друга вина ќе побараме тие да си ја санираат направената штета информираа од ЈП Улици и патишта.

Запрашани за лошата моментна ситуација на булеварот Партизанска, од Јавното претпријатие "Улици и патишта" велат дека од 15 јули за време на годишните одмори ќе се преземат активности за санирање на згужваниот асфалт на автобуските и пред семафорите, работа која значително ќе ја подобри ситуацијата на булеварите вкулучувајќи ја и Партизанска.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=46C590336AFA244782D6A590221835D7


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-Jun-2009 at 11:37

Дупка со дијапазон од околу педесетина сентиметри...

http://www.vecer.com.mk


Дупка со дијапазон!!! CrazyCrazyCrazy



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jun-2009 at 11:01
ПРОПАДНАТИТЕ КАПАЦИ ОПАСНИ ЗА СООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ
Поради шахтите, по улиците се вози слалом

Возачите по скопските улици мора да возат слалом со своите автомобили за да ги избегнат шахтите кои најчесто се поставени над или десетина сантиметри под височината на асфалтот, а многу ретко онака како што треба, на исто ниво со улицата. Секојдневното минување преку нив може да предизвика сериозни оштетувања на автомобилите. Проблем се и одводите за атмосферска канализација, каде што се повторува истата состојба. Некаде, пак, обично по тротоарите, шахтите зјаат, без капак, па постои опасност некој од минувачите да се повреди. За несоодветно наместените шахти низ главните и споредните сообраќајници низ градот и покрај многубројните укажувања, досега не се најде решение, а објаснувања има многу. Најчесто како причина зошто се поставени така да претставуваат опасност за минувачите и за автомобилите се посочува лошата координација меѓу фирмите што ги местат шахтите и тие што го поставуваат завршниот слој од асфалтот. Како дополнителна причина за пропаѓањето на шахтите се посочуваат јаките и динамични удари кои ги предизвикуваат тешките товарни возила, што доведува до намалување на нивната издржливост. Како последица на тоа се појавуваат вдлабнатини на улиците. Надлежните од ЈП „Улици и патишта“ објаснуваат дека врз попуштањето на капаците може да влијае и расфрлањето на солта во зима за да се растопат снегот и мразот по улиците. Како што велат од јавното претпријатие, солта навлегува и во најмалите пукнатини кои што се наоѓаат меѓу асфалтниот слој и шахтата. Подоцна со повторното мрзнење, мразот навлегува во пукнатините, па, според нив, во рок од неколку години околу шахтите автоматски се создава вдлабнатина. - Повисоките шахти од нивото на асфалтот, пак, најчесто се резултат на лошата координација меѓу претпријатијата кои ги изведувале градежните работи. Фирмите што ги поставуваат асфалтот и шахтите не внимавале на висината “ велат од ЈП „Улици и патишта“. Во врска со тоа што на повеќе места во градот недостасуваат сливнични решетки и капаци, од Град Скопје објаснуваат дека некои граѓани ги крадат и ги продаваат како старо железо не водејќи сметка дека така ги доведуваат минувачите во опасност. - Минатата година беа заменети 720 капаци на шахтите, но многу брзо потоа дел од нив повторно недостигаа. И годинава ЈП „Улици и патишта“ секојдневно врши замена на решетки и сливници, но и сега се случува уште утредента да ги нема “ тврдат од градското одделение за односи со јавност. Според нив за секоја кражба се поднесуваат пријави до МВР и има случаи кога се откриени крадците.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1744&ArticleID=116748


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Jul-2009 at 00:20
Опел астра потона на паркинг


Скопјанец вчера околу 14 часот пропадна во дупка, која се отворила на асфалт, кога се обидел да го паркира својот автомобил на паркингот кај ресторанот Букет во центарот на градот. Целиот преден дел на "опелот астра" потона, за среќа, немаше повредени. Очевидците велат дупката на тоа место се појавила пред петнаесетина дена и тешко можела да се забележи.Улиците и паркинзите во "Метрополата" досега голтаа луѓе, а од вчера почнаа и цели автомобили.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=52F2BE6C72B3A244B00B1FF6B51E3DED


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Jul-2009 at 04:48
кога се обидел да го паркира својот автомобил на паркингот кај ресторанот Букет во центарот на градот

Дали ова ви личи на паркинг? Дали толку сме се навикнале тротоарите да ги користиме како паркинзи па сега почнавме и така да ги нарекуваме и категоризираме  Doh


А за дупката не знам што да мислам. Тротоарите не се предвидени за по нив да поминуваат и да се паркираат автомобили камиони и слично. Да поминувале само пешаци и велосипдисти, прашање е дали ќе се случеше макар слично оштетување.
Всушност многу површини кои не се предвидени за возила се уништени на таков начин. Тука проблемот треба пред се да го решиме во корен, а после да видиме колку е до одржувањето.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Jul-2009 at 18:25
vo kicevo samo sto pocnaa da gi polnat dupkite, ovajpat so asvalt
prvo se go secat vo nekoja forma posle ce gi zemat kamenite nadvor, ce stjat edna nedela pa nad edna nedela ce pocnat da ja asvasltirat
 
1.[ http://img21.imageshack.us/i/dsc00835jqs.jpg/">
2.URL=http://img21.imageshack.us/i/dsc01024f.jpg/][/URL]
3. http://img8.imageshack.us/i/dsc01038wyr.jpg/">
AMA VAZNO NEMA DA BIDE POVEKE OPASNO KAKO PORANO


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Aug-2009 at 02:12
ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ ЗАДОВОЛНИ, ГРАЃАНИТЕ НЕГОДУВААТ
Тротоарите во Скопје преполни со дупки

Раскопани, пропаднати, со огромни дупки се повеќето тротоари што се протегаат долж улиците и булеварите на главниот град. Нивното санирање беше предизвик за сите претходни општински и градски татковци, но досега, и покрај многубројните најави, ретко кој од нив покажа конкретни резултати. Оштетени тротоари најмногу има во централното градско подрачје, каде што и фреквенцијата на минувачи е многу голема. Дури и во најстрогиот центар, пешачкиот простор пред Градскиот трговски центар е сосема запуштен, а слична е и состојбата со булеварот Партизански одреди, каде што и пешачката и велосипедската патека се стари, испукани и наместа со изместен асфалт. Во очајна состојба се и тротоарите во околината на Бит- пазар, но и речиси во сите други делови на градот. Единствено граѓаните во Карпош и во Аеродром може да се пофалат со подновени патеки за пешаци. - Срамно е за Скопје и за властите да бидат слепи на огромните дупки кои се наоѓаат на тротоарите. Доколку градот сака да биде вистинска метропола и да не ни се смеат туристите кои доаѓаат кај нас, состојбата треба да се реши. Во центарот на градот повеќето тротоарите не се санирани повеќе години - вели Тамара од Ѓорче Петров. Градските власти, пак, сметаат дека состојбата воопшто не е алармантна. Според нив, секоја година се одделуваат пари во буџетот кои се предвидени и се користат за оваа намена. - Тротоарите што се во градската надлежност се санираат според градска програма. Нивната реконструкција и оваа година се одвива според предвидената програма, а за наредната година е предвидено да се подготват нови буџетски средства кои ќе бидат искористени во 2010 година “ велат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Од Градот најавуваат дека, покрај санкцијата на тротоарите, е предвидено и нивно приспособување за полесно користење од граѓаните со посебни потреби.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1779&ArticleID=119232


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Sep-2009 at 15:22
ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ
Возила се кршат од дупката на Козара

Жителите од Козара веќе подолго време се жалат дека нема кој да им ја поправи дупката на улицата. Тие велат дека на влезот на улицата, од страната на Заводот за вработување во населбата Капиштец, со месеци асфалтот е пропаднат. - Автомобилите си ги искршивме од дупката која е голема колку кратер. Улицата ни е целата решето. Кај што не ни ги поправија прекопите што досега секој си ги правеше кога сака, а потоа само ќе ги затрупаат набрзина и асфалтот пропаѓа, па сега и ова и“вели револтиран жител кој подолго време се обидувал да стапи во контакт со општинарите. Тој тврди дека повеќепати се јавиле во Општина Центар за да реагираат, ама не добиле одговор зашто, како што вели, или службеникот не е таму или никој не се јавуваОд Центар ветија дека ќе ја санираат дупката на коловозот на Козара, но не кажаа кога. Според портпаролот на Општината, Јовица Ацковски, улицата ќе се поправи заедно со останатите улици во Центар, кои се предвидени во програмата за работа.

Р.П.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1826&ArticleID=122820


Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Nov-2009 at 00:15
Уште еден асфалт пропадна
Вторник, 27 Октомври 2009 18:28

CVETANKA%20ulica%201

Повторно проблем на асфалтирана улица. На Улицата Сисак помеѓу куќните броеви 29 и 31 неодамна се интервенирало. Веднаш по интервенцијата улицата била асфалтирана, но не за долго. Голема дупка сега им го попречува движењето на жителите од улицата. Се прашуваат каде лежи причината за ваквите случувања:

CVETANKA%20ulica%20zitel

,,Жител на Улица Сисак

Асфалтирањето го извршиле екипи на Нискоградба, но техничкиот директор на јавното претпријатие Венцо Шишкин вели дека вината тука не се наоѓа во квалитетот на асфалтот или начинот на асфалтирање туку во претходно подготвениот терен кој овојпат го подготвуваа екипи на Водовод.

CVETANKA%20ulica%202

Директорот на Водовод Зоран Илиоски вели дека нивните екипи утрово ја посетиле улицата Сисак и дека проблемот ќе биде саниран, но точно кога неможе да се прецизира затоа што се работи според приоритет. Откако Водовод ќе го заврши својот дел и Нискоградба ќе добие налог за повторно асфалтирање.

Цветанка Ристевска



-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Nov-2009 at 00:33

Скопските булевари со асфалт стар над 30 години

За обнова на асфалтот само на „Партизанска“ во двата правца се потребни околу 1,5 милиони евра

Сања Наумовска

Асфалтот на булеварот „Партизански одреди“ е стар повеќе од 30 години, а ништо подобар не е ниту на „Јане Сандански“, „Климент Охридски“ или на „Илинденска“. Скопските улици само се крпат, но одамна немало зафат за целосна реконструкција на некоја сообраќајница.

Во подобра кондиција се единствено улиците кои се изградени во последниве години, или пак, оние во чија близина има нов инфраструктурен објект. Така, покрај клучката „Континентал“ минатата година подновување на асфалтот искористија булеварите „Александар Македонски“ и „Гоце Делчев“, како и улицата „Беласица“, а поради изградбата на детелинката „Бит пазар“ се обнови и дел од булеварот „Крсте Мисирков“. И толку.

Во Скопје има големи температурни разлики меѓу летото и зимата, што директно влијае врз асфалтот и врз неговата долговечност, коментираат експертите. Речиси за сите наши раскрсници се карактеристични „фалтите“ во асфалтот предизвикани од кочење и стартување, особено на тешки возила. Во зима, пак, употребата на солта го нагризува асфалтот, па многу лесно се создаваат ударни дупки. Температурите се скопска реалност од која нема бегање, велат стручњаците, и затоа е неопходно одвреме-навреме стариот асфалт да се замени со нов. Која улица ќе добие приоритет, е прашање на проценка, која особено зависи од важноста на сообраќајницата, поточно од нејзината дневна оптовареност со возила.

Дотогаш, на најголемиот дел од улиците и понатаму се вози по стариот, најчесто закрпен асфалт.

Најави за обновување засега нема, а причината е добро позната, на Градот му недостасуваат финансии. Со нацрт-буџетот за следната година се предвидува ставка за поголеми реконструктивни зафати на булеварските сообраќајници во надлежност на Градот. Кои булевари и во колкав обем ќе се реконструираат, ќе се знае по усвојувањето на буџетот, врз основа на кој ќе се направи програма, велат во Градот.

Таму признаваат дека во борбата за подобрување на сообраќајната инфраструктура, предност пред реконструкциите најчесто добива изградбата на нови сообраќајници. Според пресметките, само еден должен километар обнова на булевар чини околу 100.000 евра. Познавачите на проблематиката пресметале дека за 7 километри во два правца на „Партизанска“, на пример, само за гребење на стариот и за поставување нов асфалт со дебелина од 5 сантиметри, ќе треба да се инвестираат околу 1,5 милиони евра. Од друга страна, пак, „Партизанска“ не е единствениот булевар на кој му треба итно подновување. Решението, експертите го гледаат во парцијалната обнова на делови од сообраќајниците, посебно оние што се најоштетени, како раскрсниците. Со тоа се намалуваат трошоците, а булеварите се одржуваат во солидна кондиција.

Градот, пак, во меѓувреме најавува само зголемен број акции за крпење дупки. „Според програмата, ’Улици и патишта’ ќе вршат редовно крпење на ударни дупки. Градот за таа намена обезбеди и 150 тони ладна асфалтна маса за зимскиот период“, информираат од Градот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9FFF469E12551348970D7325848B27E7


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Nov-2009 at 01:56
Длабок прокоп ги демне возилата!


Раскопана дупка веќе две години е секојдневната слика на улицата " 50 Дивизија" во строгиот центар која прави застој во сообраќајот. Возачите веќе се навикнаа со своите автомобили да се движат цик-цак за да не си ги оштетат возилата. За овој проблем реагираа и жителите од зградите.
- Секојдневно е вака па морам да вртам одоколу за да си го заштитам својот автомобил бидејќи е понизок, а поправките се скапи. Веќе неколку пати е реагирано до надлежните за санирање на оваа дупка, но се уште ништо. Се надевам дека ќе се реши проблемот, бидејќи сме уморни веќе секој ден да кружиме одоколу за да стигнеме до дома - рече револтираниот жител на улицата "50 Дивизија".

Одговорните од Општина Центар велат дека се запознаени со проблемот на улицата и се надеваат дека во брзо време ќе се асфалтира дупката.
- Во моментов се изготвува програма во која и наведената улица и сите други улици кои го имаат истиот проблем со пукнатини се влезени во таа програма за санирање на улиците во 2010 година - велат од Општина Центар.

http://vecer.com.mk/?ItemID=02368EBD22D46D4789A35A04A344EAB0


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2009 at 14:24


Нормално ли е ова темпо на решавање на проблемите бе луѓе???


Posted By: gorco
Date Posted: 12-Nov-2009 at 14:34
Нема врска... сите слики сте ги правеле у фотошоп. Скопје е метропола светска, чиј пример треба да го следат НУ-Јорк, Лондон, Вошингтон и др... останати од негов ранг.

Banana


-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Nov-2009 at 14:35
LOL


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Nov-2009 at 16:25
малку ми е смешна горната вест, на целиот град му треба нов асфалт, а се фаќаат за некои дупчиња, па побогу имаме кратери на главните „брзи булевари“, ако фатам јас да се жалам за секоја дупка која ја прескокнувам, ќе треба да се отвори цел нов медиум само за дупки
но да не се фаќам за тоа, се разбира дека и на оваа дупка и треба крпење како и на сите други


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2009 at 21:57

Жители на Карпош ќе испраќаат сметки од автосервиси во општината





 

Обновата на коловозите на неколку улици се одолжи и тие веќе еден месец стојат со изгребан асфалт, па револтираните граѓани велат дека ќе бараат градоначалникот да им ја надомести штетата на автомобилите

 
 
%20  
Дупки, прекопи, изгребан асфалт, а непоставен нов слој. Вака изгледаат веќе еден месец повеќе улици во општината Карпош. Жителите на Волгоградска, Разловечко востание, Есперанто, Козле, Иван Цанкар и други реагираат дека нивните поправки требало да завршат многу одамна, но дека веќе долго време возеле по уништени коловози и си ги оштетувале автомобилите. Општинарите, пак, одговараат дека деновиве ќе се завршат сите работи, откако ќе се создадат поволни временски услови за тоа.

Граѓаните, пак, велат дека воопшто не требало да почнуваат градежните работи ако не било сигурно дека може да се завршат навреме.

%20


- Беа потребни поправки, но ни кажаа дека работниците ќе завршат се за една недела. Наместо тоа, само се изгреба асфалтот и од ден на ден состојбата станува се полоша - вели Никола Тодоровски од Влае.

Станарите од Волгоградска во Карпош 4, пак, најавуваат дека ќе испраќаат сметки од автосервиси во општината за сите поправки на нивните автомобили на оштетувањата предизвикани од раскопаниот асфалт.

- Градоначалникот Стевчо Јакимовски треба да престане да глуми ѕвезда во медиумите и да се занимава со се освен со работата за која го гласавме. Се расправа со МВР за Нерези, се кара со Владата за поранешната американска амбасада, се расправа со „Комунална хигиена“, а не ја гледа недовршената работа на улиците. Подготвителните работи на Волгоградска почнаа пред дури четири недели и уште чекаме да заврши реконструкцијата. Дополнителен проблем е што улицата е еднонасочна, а сите споредни улички кои водат до Разловечко востание се блокирани од паркирани возила. Асфалтирање не може да трае со недели. Најстрашно е што дознавме од стручните лица на теренот дека ако не се подобри времето асфалт ќе се става дури напролет. Ако наскоро не се реши проблемот ќе испраќаме стотици сметки од автосервиси на адреса на општината - револтирано велат тие.

%20


Од кабинетот на Јакимовски, пак, ги смируваат жителите и им велат дека привремениот застој во реконструкцијата на улиците бил поради неповолните временски услови.

- Не може да се асфалтира кога врне дожд. Се надеваме дека викендов ќе има поволни услови и ќе се постави асфалтниот слој на улиците Есперанто, Разловечко востание, Волгоградска, Козле 6 и на сите други. Ако треба, екипите ќе работат и по 24 часа за што побрзо да заврши поправката на коловозите - рекоа од општината.

Акцијата за поправка на коловозите на повеќе сообраќајници општината Карпош ја почна на 7 октомври и за неа одвои 40 милиони денари од својот буџет.
 
   
Автор: Б.С.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111291019361&id=14&prilog=0&setIzdanie=21835


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 20-Jan-2010 at 15:50
Низ Скопје зјаат дупки

Низ цело Скопје зјаат дупки. Мали, големи, на улица, паркинг или на тротоар, от­во­ре­ни­те дупки стојат со месеци. Се копа за поставување приклучоци за вода, пар­но, за кабловска телевизија. И сe би било во ред, доколку по работата дупките не­кој ги затвори. Градежните работи ќе завршат, ама на фирмите кои копаат никако не им текнува да ги затворат ископите и да ја доведат улицата или пешачката па­те­ка во првобитна состојба.
Та­ка, со недели отворена стои огромна дупка на раскрсницата на булеварот Пар­ти­зан­ски одреди и улицата Рузвелтова. Според кажувањата на жителите, тука се из­ве­ду­ва­ле приклучоци за нова зграда, работи, за кои тврдат дека траеле само два де­на, се завршиле пред 20 дена, а кратерот уште стои. Иако раскопот секој ден соз­да­ва хаос во сообраќајот на најфреквентниот булевар во градот, на ин­вес­ти­то­рот не му текнува да ја затвори дупката. Никаде ги нема ниту градските комунални ин­спек­то­ри да ја казнат фирмата оти местото не е доведено во нормална состојба.
Ха­ос се создава и на паркингот кај Телеком. Таму целата уличка, која води до пар­кин­гот, е раскопана зашто се поставуваат цевки за парно за деловниот објект до зградата на "Т - Мобиле". Поради тоа возачите мора да возат по пешачките па­те­ки, а граѓаните за да поминат, се снаоѓаат како знаат и умеат.
Ис­ко­па­ни, па оставени дупки има и по маалските улички каде што некои не се зат­во­ра­ат и со години.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=324A2121848662419A7E83C143064028 - http://www.vest.com.mk/?ItemID=324A2121848662419A7E83C143064028


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Feb-2010 at 15:58
Дупките голтаат пешаци

Неколку скопјани завршија со скршеници по пропаѓањето во дупка поминувајќи го Вардар кај Комплексот банки и кај Холидеј ин, а од Градот упорно тврдат дека "Улици и патишта" редовно ги санира оштетувањата на мостовите

Мос­то­ви­те во Скопје се изрешетани со дупки. Отворени и длабоки дури по еден метар, зјаат на тротоарите, а не ретко на нив може да се налета и на ко­ло­во­зот. Очевидци велат дека се случува пешаци да пропаднат во нив, а многу често заг­ла­ву­ва­ат и возила. Во обид да ги избегнат за да не пропаднат сосе ав­то­мо­бил во дупка, возачите се принудени да преминуваат од една на друга страна на коловозната лента, се пикаат меѓу коли, а понекогаш се качуваат и на тротоарите.
Ве­ќе со месеци партал е мостот Гоце Делчев, а ништо подобра не е ниту сос­тој­ба­та со мостовите кај хотелот "Холидеј ин" и кај Комплексот банки во цен­та­рот на Градот. Скопјани се жалат дека кога пешачат по нив, се чувс­тву­ва­ат како да тренираат скок во далечина. Рипаат преку огромни дупки за да најдат здраво делче на асфалтот. А кога ќе ги прескокнат дупките, едвај продолжуваат да одат на тротоарите оти под нозете им се тркалаат камења од искршениот ас­фалт.
"Стра­ву­ва­ме дека еден ден мостот ќе падне. Многу пати во дупките заг­ла­ву­ва­ат пешаци, велосипедисти, а знам и за неколкумина што скршија рака ко­га пропаднаа во мостот", се пожали скопјанка што ја затековме на мос­тот кај хотелот "Холидеј ин" како се обидува да прерипне дупка.
Место да ги затворат дупкитем од Градот најавуваат дека се планира мостовите да се ог­ра­дат со ковано железо и со мотиви од македонскиот фол­клор и традиција. Дуп­ки­те, пак, велат од таму, редовно ги пополнувале.
"Прет­при­ја­ти­е­то 'Улици и патишта' редовно ги санира ударните дупки со ла­ден асфалт. Минатата недела интервениравме на ударна дупка на мос­тот кај 'Холидеј ин'. Ќе ја провериме состојбата и на мостот Гоце Делчев и кај Комплексот банки и доколку има потреба, ќе ги санираме оштетувањата", велат од Градот.

http://vest.com.mk/?ItemID=B92FD6DDE460D94B99E319DF2ACD8F83


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Mar-2010 at 01:19

Солта што го топеше снегот, го стопи и асфалтот

Дупките што зјаат на коловозите како кратери претставуваат опасност за учесниците во сообраќајот


Снежана Калабакова


Солта што се фрлаше зимава за да го стопи снегот по улиците, го стопи и стариот асфалт од коловозите на градските сообраќајници. Дупките што зјаат како кратери претставуваат опасност за учесниците во сообраќајот. Од ЈП „Улици и патишта“ потврдуваат дека има оштетувања на коловозите на улиците речиси во сите делови на градот. Признаваат дека многу сообраќајници не се градени како што треба, а бидејќи со години само се крпат, без да им се направи комплетна реконструкција, многу брзо повторно се јавуваат пукнатини и се отвораат нови дупки на коловозите.

Оштетувања има на булеварот „Партизански одреди“, на улицата „8 Септември“, на „Јужен булевар“, „Кочо Рацин“, на булеварите „Александар Македонски“ и „Србија“. Евидентирани се големи оштетувања на асфалтот и „Вера Јоциќ“, на „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на „11 Октомври“, „Македонско-косовска бригада“, додека улицата „Првомајска“ комплетно е за реконструкција. И во населбата Маџари полна со дупки е улицата „Благоја Стефковски“, исто како и „Самоилова“ на Кале, улицата „Васил Ѓоргов“ во населбата Капиштец.

Од „Улици и патишта“ сметаат дека за реконструкција на коловозите ќе бидат потребни од 80 до 90 милиони денари, а околу 50-ина милиони денари за поправка на тротоарите. Градот Скопје со програмата за крпење и реконструкција на градските улици предвиде 229 милиони денари за уредување на коловозите на 118 градски улици. Средствата ќе бидат сукцесивно употребувани, согласно со динамиката на изведените работи.

До 15 март „Улици и патишта“ ќе ги затвора дупките на коловозите со ладна асфалтна маса, а потоа, штом ќе се отворат асфалтните бази ќе се продолжи со топол асфалт.

„Приоритет за работа, пред се', ни се централните градски улици. За затворање на дупките на коловозите до крај на зимскава сезона имаме на располагање 200 тони ладна асфалтна маса. Од 15 март до средината на ноември дупките ќе ги крпиме со топол асфалт. Сметам дека од вкупната површина што ја одржуваме во градов од околу 2,7 милиони квадратни метри, оштетени се само 4 отсто. За санација на коловозите ќе потрошиме околу 7,5 до 8 тони топол асфалт“, вели Иван Ставрев, заменик-директор во ЈП „Улици и патишта“.

Од претпријатието информираат дека е изгребан асфалтот на автобуските постојки на „Партизански одреди“ кај Порта Влае и пред комплекс банки и во следната фаза екипите ќе асфалтираат.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4F58A138475E584785412643750EAA21
[/quote]




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 13:00

ГРАЃАНИТЕ ЧАРЕ ЗА КРАТЕРИТЕ НА УЛИЦИТЕ БАРААТ НА СУД

20 тужби до Градот за штети од дупки

На рочишта ниту еден од тужителите не успеал да му докаже на Судот дека штетата е предизвикана токму од дупките кои со години зјаат низ улиците, па од градската каса не е одвоен ниту денар по таа основа

Дваесетмина граѓани го тужеле Град Скопје оти си ги оштетиле автомобилите од дупките по улиците. Иако бројот на граѓани чии возила секојдневно настрадуваат од кратерите со кои се изрешетани улиците и булеварите е многу поголем, досега само вкупно 20-мина решиле да бараат обесштетување од Градот за настанатата штета. Сепак, на рочишта ниту еден од тужителите не успеал да му докаже на Судот дека штетата е предизвикана токму од дупките кои со години зјаат низ улиците. Во недостиг од докази, целата судска постапка завршила во корист на Градот, по што граѓаните не успеале да ја добијат отштетата која ја барале.
"Точно е дека досега до Градот стигнале дваесетина барања за обесштетување за кои биле поведени и судски постапки. Град Скопје досега нема изгубено ниту еден спор по ова основа, па нема ни исплатено ниту денар за штета од дупките на улиците", велат од Град Скопје.
Во Скопје речиси и нема улица без дупки. Колку внимателно и да возите, сепак, не можете возењето да го завршите без да погодите неколку дупки. Иста е сликата и на булеварите каде што асфалтот, стар повеќе од 30 години, е испукан, па на секој чекор на коловозот има вдлабнатини и крпеници.
Досега ниту еден градоначалник не го има решено овој проблем. Градоначалникот Коце Трајановски есеноска најави дека недела ќе биде ден за крпење на дупки, но таа акција се спроведе само еднаш.
Од Градот велат дека пролетва ќе имаат голема акција за санирање на ударните дупки. ЈП "Улици и патишта" и двете приватни фирми, ангажирани за крпење, ќе интервенираат на 118 сообраќајници кои се под надлежноста на Градот, за што во буџетот се предвидени 229 милиони денари.

http://vest.com.mk/?ItemID=3326B39E73682044B77ACDF581542C3E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 13:35
Како по обичај после ископ се затрупува фушерајски и пропаѓа земјиштетот што е нормално, но уште понормално е да се дополни одозгоре...




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Apr-2010 at 21:26

Улиците во Кисела Вода крш

Скоро секоја втора улица од Драчево до Црниче е изрешетана со огромни дупки и е со искршен тротоар

Улиците во Општина Кисела Вода се партал. Скоро секоја втора е изрешетана со огромни дупки и е со искршен тротоар. Парчиња од уличен асфалт и камења се тркалаат во сите населби, од Драчево до Црниче. Во најкатастрофална состојба се улиците Иван Козарев, Сава Ковачевиќ, Вера Јоциќ, Наум Охридски, Георги Димитров, Франк Харкорт - Манинг, Огњан Прица, Киро Крстевски, Драчевска. Сите поминуваат во различен реон и сите се која од која покрш.
На пример, за да ја изодат Иван Козарев од едниот до другиот крај, граѓаните на секој чекор треба да скокаат преку отворени кратери. Во продолжение, пак, пропаѓаат во вдлабнатините на Вера Јоциќ и така натаму. По најфреквентната улица во Црниче Наум Охридски автомобилите возат како да играат ламбада. Час се во некоја дупка, час се надвор. Чиста среќа е да помине ден, а некој да не се пожали на упропастени делови на автомобил или, пак, на искинати чевли.
Овој проблем ги мачи граѓаните со години. И покрај нивните поплаки во Општината, речиси за ниту една од улиците не се најде трајно решение.
"Ќе излезат да ги пополнуваат дупките и ако работата запне некаде, престануваат. Или, пак, ќе ги пополнат чисто колку да се каже дека работат, и за неколку недели пак се искршени. Срамота е да живееме во крш, и тоа на неколку километри од центарот на градот", коментираат жителите.
Информацијата за санација на улиците Кисела Вода посочи да ја бараме на општинската веб страница.
Иако на неа се врти најава за пролетна акција за крпење на дупките во Припор, Пржино и во Црниче, никаде не пишува кога и дали ќе се поправат набројаните проблематични улици. (М.Ѓ.)

http://vest.com.mk/?ItemID=5BEDDB20E6777242AB3AF23267CE9B8B


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Apr-2010 at 03:04
Фаворит за најкрш би доделил на Сава Ковачевиќ на потегот од Народни Херои до Првомајска. После тоа доаѓа Иван Козаров во продолжение Вера Јоциќ. Тука не помага никаква санација со крпење или пресвлекување. Тука од прекопи е осакатен и тампонот, тука буквално за темелна санација треба да се гради de facto нови улици, особено Вера Јоциќ после прекопувањето за канализација.


Posted By: fichot
Date Posted: 28-Apr-2010 at 09:57

Асална улица нема во градов, освен можда Словенечка кај Визбегово.
Ама од тоа што сум видел мислам дека мостот во Сарај е најголема катастрофа. Кратери во кои се остава тркало има речиси секогаш, иако доста често се пополнуваат за брзо време пак се таму. 



Posted By: SkyBoy
Date Posted: 10-Jun-2010 at 23:53

Асфалтот избега од улиците

 

Возачите реагираат дека улиците се полни со дупки како никогаш досега, а особено е загрижувачко тоа што кратери има и на главните сообраќајници и булевари како Партизански одреди, Јане Сандански, Свети Климент Охридски и други

Улиците во Скопје се полни со дупки како никогаш досега, револтирани се граѓаните. Тие реагираат дека градските власти се однесуваат немарно кон овој голем проблем и се прашуваат како е можно веќе да е јуни, а уште да не се закрпени кратерите што се отворија зимава. Дотолку повеќе што градоначалникот Коце Трајановски сред зима организира еднодневна акција за полнење на дупките со ладен асфалт, а сега со месеци ништо не работи на тој план.

Големи отвори на асфалтот има на речиси сите главни улици и булевари, што не се случило досега. Зјаат и ги демнат возачите на „Партизански одреди“, „Јане Сандански“, „Теодосиј Гологанов“, „Свети Климент Охридски“ и на многу други. Дополнителен проблем е и необележаната хоризонталната сигнализација, односно тоа што не се гледаат ниту границите на коловозните ленти ниту пешачките премини, па возењето е авантура.

- Штом булеварите се како швајцарско сирење, тогаш што останува за споредните улички. На пример, уличките во Дебар Маало, но и во периферните населби, се катастрофа. Ем тесни ем раскопани, велосипед не може да се вози, а камоли автомобил. Ми се случувало да наидам на сред улица на пластична гајба што е ставена во дупка од шахта. И тоа во строгиот центар на градот. За време на дождовите тие се полнат со вода. Бандажите на автомобилот ми се оштетени, но тоа не ме загрижува многу, туку кога бегам од дупките стравувам дека ќе се удрам некаде. Оваа негрижа само зборува колку градските власти летаат во облаци и не се грижат за суштинските проблеми на граѓаните - вели скопјанецот Никола Наумовски.

Уште поголем проблем имаат жителите од периферните населби, кои се жалат дека на некои улици водата од пролетните дождови го однела целиот асфалт и оставила големи дупки.

- Лани, пред локалните избори градоначалникот Сокол Митровски турбо ги раскопа улиците во Волково и во околните села за да ја постави канализацијата. Доби втор мандат и го остави прекопот неасфалтиран, како награда за нас што гласавме за него. Тој прекоп потоа се рашири, од него се отворија и големи дупки и веќе цела година немаме асолна улица, туку импровизирано тесно сокаче долго 2 километра, по кое е опасно да се вози и да се разминуваат возила. Се прашувам дали пред следните локални избори градоначалникот ќе ја асфалтира барем главната улица во Волково - вели Марјан К.

Од Јавното претпријатие „Улици и патишта“, кое е надлежно да ги пополнува дупките и да ја бележи хоризонталната сигнализација на улиците, велат дека тие се запознаени со состојбата на сообраќајниците и дека деновиве, со одобрение на Градот, веќе се во акција за крпење на дупките. Директорот Синиша Ивановски вели дека во изминатиот период имале некои недоразбирања во фирмата, предизвикани од набавките на материјалите за работа и засилените ангажмани што им ги наметнуваат градските власти.

- Откако се' се среди, почнавме со градежна офанзива. Во организација на Град Скопје и општините се изведува акцијата „Заедно за чисто и зелено Скопје“, во која и ЈП „Улици и патишта“ активно учествува. Во Ѓорче Петров се санираа дупките на булеварот Партизански одреди, кај Порта Влае, на улицата Ѓорче Петров и на патот кон рекреативниот центар „Сарај“. Исто така поставивме и хоризонтална сигнализација на површина од 100 квадратни метри. Во Кисела Вода беше санирана улицата Иван Козаров со 8 тони асфалтна маса, а се работи и на улиците Вера Јоциќ и Христо Татарчев. Во Чаир се изврши машинско гребење на асфалтот на „Македонско-косовска бригада“ на површина од 120 квадратни метри, а работите се уште се во тек. Се работи и на улиците Нов живот и Шутка - вели Ивановски.

Тој додаде дека се работи и на поставување нови семафори низ градот, но не прецизира кога како претпријатие ќе имаат самостојна акција исклучиво за крпење на дупките, за конечно да добиеме мазни и безбедни улици.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C5F3A764A66D384190EAA8AD9894E176 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C5F3A764A66D384190EAA8AD9894E176


Posted By: Supervisor
Date Posted: 11-Jun-2010 at 11:16
Решенијата од кои со години се бега се преслекување на целиот асфалт. Крпење дупки е поголема беља и тоа сите добро го знаеме. Конкретно за Партизанска бидејќи пишува во текстот, од делот кај Рузвелтова до раскрсницата со Климент Охридски е потребно целосно преслекување. Нека заборават на крпење дупки!

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jun-2010 at 16:13
Bash   @ EVN

Јакимовски бара европски манири од ЕВН

Карпош не е село без кучиња и нема повеќе да дозволиме кој како стаса да ги раскопува улиците, без потоа да ги обнови квалитетно, и' порача вчера на компанијата ЕВН градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој покажа десетина фотографии од улици во Карпош и рече дека оние што се асфалтирани се неквалитетно изведени, што им создава дополнителна работа и трошоци.

Тој нагласи дека решение за тој проблем е во потпишување договор за банкарска гаранција, која се активира ако фирмата не исполни членови од договорот. Надлежните од ЕСМ-ЕВН, според градоначалникот, одбиваат да потпишат таков договор, па затоа тој најави екстремни мерки.

- Додека не потпишат договор за враќање на прекопите во првобитна состојба, Општина Карпош нема да им издава градежни дозволи и локациски услови. Ни продаваат балкански манири, а европските ги чуваат за Австрија. Прашувам дали вака смеат да се однесуваат во Виена, Грац, Салцбург - рече Јакимовски.

Незадоволен од односот на компанијата, тој им порача на надлежните од ЕВН целосно да ги санираат улиците. Доколку не бидат кооперативни и не се приспособат кон стандардите на општинарите, отворено им најави блокада на 50 локациски услови што моментално чекаат потпис.

Портпаролот на ЕВН, Ленче Карпузовска, изјави дека Јакимовски не смее да се одлучи на таков чекор, со кој ќе го попречува јавниот интерес. Таа кажа дека и понатаму ќе разговараат, но ако не најдат заеднички јазик, а Карпош не им издава дозволи, ќе мора да тужат.

Јакимовски вчера понуди и друго решение за ЕВН, но поскапо.

- Не мора да ги прифатат стандардите што ги нуди Карпош. Во иднина нека употребуваат машини за длабинско поставување кабли, кои воопшто не ја оштетуваат улицата - рече тој.

Карпузовска изјави дека Јакимовски ги принудува на нешто што е спротивно на законите на градење и јавни патишта. Таа беше децидна дека градоначалникот не бара потпишување договори за враќање во првобитна состојба на прекопите, туку на целата улица.

- Ние секогаш си ја исполнуваме законската обврска и она што ќе го сработиме го враќаме во состојба каква што сме затекнале. Не можеме да правиме цели улици, и да исполнуваме нечии предизборни ветувања - рече таа.

Според Јакимовски, договор за банкарска гаранција е потпишан со телекомот, а се очекува да потпишат и со јавните претпријатија. Карпузовска вели дека не и' се познати условите што им биле понудени на останатите фирми, но оние во нивниот договор, во секој случај, не им одговараат.

Јованка Ивановска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=3B106E7D0F3E46469B4583800FEEE89E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jun-2010 at 16:39
Аман веќе од овие проблеми. Добро зашто конечно општиниве не воведат просечен надоместок по метар прекоп и да не ги даваат дозволите за туку така бадијала, туку да се плаќа и надоместок, па после да си ги санираат сами прекопите и да не се дига џева по весници за секој гајтан во некое ќоше.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 16-Jun-2010 at 18:01
Добра идеја лсл, така и квалитетот на санацијата ќе биде запазен, а и ќе ја нема потребата од надгледување на секој од инвеститорите со кои што општината склучила договор. Се надевам нема потреба од менување на закони за да се воведе вакво нешто.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2010 at 16:37

Козле е швајцарско сирење

Улицата со години е нерамна и изрешетана со огромни дупки, а досега на надлежните не им текнало да ја реконструираат, се жалат жителите на Козле

Огромни дупки зјаат отворени на улицата Козле. Дупки, прокопи и крпеници има на секој чекор. За да се мине улицата, граѓаните мораат да возат цик-цак да не пропаднат во некоја од нив и да не ги искршат возилата.
"Улицава ни е како швајцарско сирење. Со години на надлежните не им текнува да ја реконструираат. Еднаш годишно ќе дојдат, ќе подзакрпат некоја дупка, ама џабе. За само еден месец се отвараат нови. Од крпениците улицата пак е нерамна. Асфалтов е стар со години, не е доволно да закрпат по некоја дупка туку треба комплетно реновирање, односно да го изгребат стариот асфалт и да постават нов", велат револтирано жителите на населбата Козле.
Градоначалникот на Општина Карпош Стевче Јакимовски вели дека е запознат со овој проблем, но надлежен за оваа улица е Град Скопје.
"Постојано жителите на Козле ми се жалат дека мака мачат со оваа улица, но ние не можеме да интервенираме оти таа е градска улица", вели Јакимовски.
Во Град Скопје годинава немаат намера да ја реконструираат оваа улица, оти не била предвидена со програмата и буџетот за 2010 година. Од таму објаснуваат дека наредната година комплетно ќе ја реновираат, а проектот веќе го правеле.

http://vest.com.mk/?ItemID=8D7C438295694C48BFB39519DFC93208


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Sep-2010 at 14:30
Денеска видов на улицава (41°59'44.74"N 21°25'40.73"E) се санираа денивелирани шахти. Мислев дека шахтата на рекорд е уникатен зафат, ама изгледа има некоја акција за санирање на овие шахти. Поздрав секако за акцијава, само незнам колку шахти планираат да опфатат, пред да се распишам со пофалби.

п.с. Да немавме нишка за релјеф на патишта, ќе постирав во грандиозни зафати, ја подзаборавивме нишката.



Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Sep-2010 at 14:55
Originally posted by lslcrew

Денеска видов на улицава (41°59'44.74"N 21°25'40.73"E) се санираа денивелирани шахти. Мислев дека шахтата на рекорд е уникатен зафат, ама изгледа има некоја акција за санирање на овие шахти. Поздрав секако за акцијава, само незнам колку шахти планираат да опфатат, пред да се распишам со пофалби.

п.с. Да немавме нишка за релјеф на патишта, ќе постирав во грандиозни зафати, ја подзаборавивме нишката.



Незнам за која шахта збориш (не ги ѕирнав координатите), ама дефинитивно не е шахтата на рекорд ад хок, туку се работи за некаква акција.

Минатиот викенд ги правеа шахтите кај подвозникот под јужен булевар.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Sep-2010 at 13:52


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Sep-2010 at 02:20
Originally posted by pbanks

дефинитивно не е шахтата на рекорд ад хок, туку се работи за некаква акција.

Конечно  Cheers

Додуша long overdue, ама битно овој прилично голем проблем веќе не се игнорира. Доста ги кршевме и ги амортизиравме возилата, а богами ваквите шахти ја загрозуваат и безбедноста... Сега само уште да почнеме и новите сообраќајници во старт да ги правиме со добро нивелирани шахти  Stern%20Smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Sep-2010 at 03:33
Јас мислам дека оваа акција си има длабоки мотиви што ги натерале градските власти. Ретко се случува, но битно се случува по некој текст во весниците со податоци дека Град Скопје е соочен со стотици тужби од граѓани и осигурителни компании за наплата на штета при оштетување на возила од вакви дупки, шахти, ќошиња, испакнатини и глупости, судски спорови чисти што релативно лесно по некој автоматизам веќе ги губи на суд и ги покрива со се судски трошоци. Сега очигледно решиле да го затнат тој излив на буџетот. А колку па има штети што не отишле преку административните лавиринти, десетина пати повеќе може. Во секој случај добра акција која заслужува поздрав и подобро да ги поправаат улиците, одколку колите на граѓаните. Некој ситни зафати ако се масовно спроведени знаат да дадат многу голема комоција во сообраќај.

Би сакал следна акција да им биде за поставување накосени рабници на сите раскрници. И за велосипеди, за инвалиди, за колички за бебиња, за колички од пазар, за повеќе намени. Ама огигледно додека некои здруженија не ги бомбардираат со закани за тужби за дискриминација по основ на сите овие горе групи граѓани што ги набројав, до тогаш тешко дека ќе видиме по некоја раскрсница. На пример некоја здружена закана за тужба со јавно преку медиум даден рок од, на пример, три месеца да почнат и година дена да завршат таква акција во замена за неподнесување тужба. (Евентуално, нормално за отштета за средства кои би отишле во поставување рампи на објекти, пак во иста цел) Во секој случај сум многу либерален и сум против тоа проблемите да се комплицираат дополнително пред барем неколку обида да се најде решение, меѓутоа ете со градскиот "рељеф" се покажало како успешен рецепт.


Posted By: truckerinsoul
Date Posted: 17-Sep-2010 at 07:28
Originally posted by Cloverstack



Еве нешто во врска со текстот, евидентирано кај „Рекорд“Со оглед на локацијата и со оглед на тоа кога беше последната интервенција на оваа улица (пред нешто повеќе од 10 години), во меѓувреме дефинитивно требало да се санира состојбата барем еднаш.(инаку ако сакате навистина импресивни „бранови“, поминете кај Момин Поток, на тие бранови може и да се сурфа Nuts)


wooww im impressed, се чудам што ли тежина има врвено та толку пропаднале, истиот случај беше со плетвар, такви бранови, тие го командат камионот, не ти него


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Sep-2010 at 08:58
Originally posted by truckerinsoul

wooww im impressed, се чудам што ли тежина има врвено та толку пропаднале
Преполни градски автобуси.


Posted By: micko_v
Date Posted: 20-Sep-2010 at 15:18
Затоа на фреквентни постројки како оваа се прави бетонска подлога за да не се деформира, тоа е практика во светот....


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Sep-2010 at 19:08
Стара е таа слика. Рекоструирана е улицата тука.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Oct-2010 at 15:21
ПОДИГАЊЕ ШАХТИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ       





Екипи на Градот Скопје деновиве работат на подигање на канализационите шахти на улиците и на булеварите  во ценралното градско подрачје.

Постојните шахти во центарот на градот се подигаат на улиците „Васил Аџиларски“, „Бихачка“, „Пролет“ кај Тутунски комбинат, и на булеварите „Свети Климент Охридски“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Гоце Делчев“ , „ВМРО“ и „Даме Груев“.

Откако ќе се изврши подигањето на канализационите шахти од тежок тип на ниво на нивелета на коловозите, тие ќе се опшијат со асфалтен слој, со што ќе се зголеми безбедноста и ќе се овозможи побрз проток на сообраќајот на улиците и на булеварите.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3687&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 04-Oct-2010 at 15:27
Информација за поздрав!

Би било културно и термините во кои се работи да се одберат внимателно дека и без тоа е затка сообраќајов...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Oct-2010 at 15:30
Акцијава е поширока, имавме и предходно, незнам дали си прочитал. Низ цело централно градско подрачје е, само што допрва ја објавуваат на порталот. Инаку и термините и не се толку битни, бидејќи една шахта ионака се санира скоро два дена. Сум приметил дека еден ден ја отвараат шахтата и ја бетонираат наново, па деновиве на многу места се гледаат онакви портокалови флуоресцентни столпчиња поставени врз шахтите што се свежо бетонира да се избегнуваат. Па дури ден два потоа се опшијуваат со нов слој асфалт. Така да терминот и не менува нешто многу како што менува при фарбање улици.


Posted By: OKA
Date Posted: 04-Oct-2010 at 15:47
Originally posted by Dave Gahan

...Би било културно и термините во кои се работи да се одберат внимателно дека и без тоа е затка сообраќајов...
Да се чудиш, ама вчера, во недела на пладне ден, екипа на ЈП ги санираше колотрагите во асфалтот на потегот пред стар „Рекорд”.


-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Oct-2010 at 15:59
Инаку на рекорд денеска е гребен асфалтот на неколку делови од лентата кај што е автобуската. Изгледа повторно ги пеглаат нерамнините што се создаваат од преполни автобуси.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 04-Oct-2010 at 17:07

Па ја не знам зашто не постават БЕТОНСКИ слој таму и на многу други локации и врз него асфалт а не три слоја асфалт. Нешто слично како кај шински сообраќај. Замисли ЛРТ што едно возило може да биде потешко и до 10 пати од еден обичен автобус... Иста пракса се поставува бетонски слој и не само за пропаѓање туку и делува поубаво на изглед со тоа што не се копаат шините во асфалтот туку се реди бетонот поред самите шини и нормално си има бетонски слој под шините.


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Oct-2010 at 18:14

И само еден слој да е асфалт (врз бетон), пак ќе попушти. Од друга страна бетонска подлога има свои недостатоци. Не сум стручњак, ама колку што ми е познато сега во светот се користат посебни типови асфалти (ако можат така да се наречат) за вакви намени.

И за Скопје имаме евидентирано најава за тестирање на материјали, но што бидна со ова не чувме:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=40981#40981 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=40981#40981
...сепак скептик сум дека материјалот што го користат за ваква намена во некој град на кој би се угледале е асфалт со додаток на „природен“ битумен и дека тоа е тоа што ќе ни заврши работа... она пак со геокомпозитната смеса уште повеќе ме багира, јас колку што знам геокомпозити се исклучиво http://en.wikipedia.org/wiki/Geocomposite - вакви работи ... можно е да се работи за новинарска грешка во делот каде материјалот се опишува како смеса. Во секој случај мислам сите ќе се сложиме дека нешто трајно треба да се преземе барем на местата каде што овој проблем е хроничен. На некој начин добро е ако се зафатиле со редовно пеглање на браздите и брановите што се прават, но тоа никако да не прерасне во трајно „решение“.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Oct-2010 at 19:49
А можно ли е да се армира подлогата или да се постават некои метални мрежи измеѓу слоеви асфалт?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Oct-2010 at 19:59
Ако збориме за обичен асфалт, не гледам што фајде би имало од тоа. Во секој случај решенија постојат, проверени решенија, и треба само да избереме што ни одговара.


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 05-Oct-2010 at 17:22
Vo Germanija na mnogu avtobuski stanici osobeno tamu kade sto zastanuvaat pocesto i avtobusi od razlicni linii ima cist beton, bez razlika da li stanuva zbor za kombinirana Tram-Bus stanica ili za iskluchivo avtobuska stanica. Ne gledam prichina zoshto kaj nas toa ne bi mozhelo da se primeni.


Posted By: Observer
Date Posted: 24-Oct-2010 at 12:37
Втор пат удирам во иста огромна дупка на Водњанска во тесниот дел некаде паралелно со игралиштето/балонот од ОУ Кочо Рацин, кога се симнуваш надолу од Водно. Вториов пат мислев без тркало ќе останам, може подобро ќе беше тоа па да тужам вака веројатно само бандажот го искривив :-) ПОПРАВЕТЕ ЈА ДУПКАТА - Општина Центар.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Mar-2011 at 23:07
Мака мачат со дупките полни со вода


Многу пати се обративме до општината, а оттаму ни велат дека наскоро се ќе биде направено, но кога ќе се случи тоа, се уште не знаеме. Па, како и да е, си имаме вишок пари за фрлање кога треба да си ги поправиме автомобилите од дупките низ кои секојден поминуваме. Останува да видиме дали наскоро ќе газиме по асфалтирана улици или уште долго време мака ќе мачиме со дупките полни со вода, вели една жителка од улицата Сава Ковачевиќ"


На дупките им нема крај. Каде и да се завртиш, секаде има по некоја дупка, една помала, една поголема. Поголемиот дел улици на кои има дупки личат на мали езерца. Но со текот на времето тие стануваат се поголеми. Истата слика е на улиците "Вера Јоциќ" и "Сава Ковачевиќ" во населбата Кисела Вода. Жителите од овие две улици секој ден мака мачат како да поминат, а да не си ги оштетат автомобилите или пак да не скршат нога. Тие велат дека дупките се несигурни, бидејќи кога поминуваат со автомобилите не знаат на колкава дупка наидуваат, бидејќи се полни со вода.
- Секој ден иста песна, па на дупките им нема крај. Ако одиме пешки мораме да кружиме, а ако сме со автомобилот, мораме да внимаваме да не го оштетиме и да се случи тоа се сами си плаќаме. Кога врне, овде се е кал, па мораме да си носиме рибарски чизми за да стигнеме до дома. Многу пати се обративме до општината, а оттаму ни велат дека наскоро се ќе биде направено, но кога ќе се случи тоа, се уште не знаеме. Па, како и да е, си имаме вишок пари за фрлање кога треба да си ги поправиме автомобилите од дупките низ кои секојден поминуваме. Останува да видиме дали наскоро ќе газиме по асфалтирана улици или уште долго време мака ќе мачиме со дупките полни со вода, вели една жителка од улицата Сава Ковачевиќ".

Одговорните од Општина Кисела Вода информираат дека според Секторот за комунални работи по отворањето на асфалтните бази и започнувањето на градежната сезона ќе се пристапи кон санирање на ударните дупки на поголем дел од сервисните улици на територијата на општината, вклучувајќи ги и овие две улици.

http://vecer.com.mk/?ItemID=60CD5CCD2FC45B47B7DA1EE1B517C9B3



Posted By: axel
Date Posted: 17-Apr-2011 at 22:11

ГРАЃАНИТЕ СЕ ПРАШУВААТ


Дали ќе им дојде крајот на дупките по улиците


Од Општина Аеродром велат дека во тек е реализација на фекалната канализација, па потоа ќе се асфалтираат сите дупки кои ги има по улиците на територијата на општината


Проблемот со огромните дупки кои зјаат по улиците низ централното градско подрачје никако да се реши. И покрај многуте апелирања од страна на револтираните граѓани до одговорните во општините, се уште нема ништо. Тие велат дека покрај тоа што си ги кршат колите, за кои штетите сами си ги плаќаат, си ги кршат и нозете и додаваат дека нема населба низ која улиците се со дупки како кратери. Ако една улица е направена, другата не е и секој ден е иста песна. Овој проблем го имаат и жителите на главната улицата "Тодор Чангов", која се поврзува со улицата Ѓорѓи Капчев" во населбата Лисиче. Граѓаните велат дека на улицата има голема вдлабнатина и дека кога ќе заврне, таа се претвора во езерце.
- Каде и да се свртиш, секаде можеш да видиш по некоја дупка, некаде мала, некаде голема, но некаде ќе наидеш и на дупка која личи на бунар. Па, никако не можеш да ги промашиш. Не постои начин да не удриш во нив. Кога врне дожд, не се гледаат, бидејќи се полни со вода. Надлежните треба што побрзо да го решат овој проблем, бидејќи навистина ни е тешко да се движиме по вакви несредени улици, вели жител од оваа улица, кој додава дека за пешаците не постои начи да го избегнат прскањето од колите.

Тој додава и дека се уште на оваа улица не е направена и фекалната канализација која има огромно значење за нив.
- Секој ден има по неколку работници, кои нешто ќе почнат, па нема да завршат. Не ми е јасно колку време им треба да ја средат фекалната канализација. Еден ден се тука, пет дена ги нема. А отворените дупки си стојат, па ние секој ден мака си мачиме. Но, како што рекле старите, сиромавиот двапати си плаќа, па така и ние сами си плаќаме за поправките на автомобилите, додава жителот од улицата.

Се обративме до одговорните во Општина Аеродрм и побаравме одговор за решавање на проблемот за постојните дупки на улицата "Тодор Чангов", која се поврзува со улицата "Ѓорѓи Капчев". Оттаму ни рекоа дека во тек е реализација на фекалната канализација, па потоа ќе се асфалтираат сите дупки кои ги има по улиците на територијата на општината.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4A458806BC77E84D903098F49CEF832D


Posted By: N23
Date Posted: 17-Apr-2011 at 22:36
Јас коа викам дека овој новиов ништо не прави во споредба со претходниот градоначалник на Аеродром... Треба малце и паркинзите низ Аеродром да ги сликаат, а да не зборам за бул Јане Сандански, дали 40% е во добра состојба.


Posted By: vladegf
Date Posted: 01-Jul-2011 at 08:21
na Kuzman Josifovski -Pitu  na avtobuskata ima ogromno kolotrazi od avbtobusite posle samo mesec- dva od preasfaltiranje na ulicata Bash


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 01-Jul-2011 at 08:59
Јас мислам дека најдобро решение за автобуските постојки, поготово тие кои се пофреквентни наместо асфалт да се постави бетонска платформа... најдобро би било...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: vladegf
Date Posted: 01-Jul-2011 at 10:46
епа да ама.....


Posted By: N23
Date Posted: 01-Jul-2011 at 11:14
Originally posted by vladegf

na Kuzman Josifovski -Pitu  na avtobuskata ima ogromno kolotrazi od avbtobusite posle samo mesec- dva od preasfaltiranje na ulicata Bash


Уште наредниот ден од кога ја пуштија улицата се појавија нерамнините. Толку од квалитетот на нашите фирми.



Print Page | Close Window