Print Page | Close Window

Ohrid Mall

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3631
Printed Date: 05-Dec-2020 at 16:08


Topic: Ohrid Mall
Posted By: carver91
Subject: Ohrid Mall
Date Posted: 25-Feb-2019 at 15:14
Neki fotki od Ohrid Mall? Jel ovo konacan mesec otvaranja?

https://cwforton.mk/news_selected/the_first_shopping_mall_in_ohrid/55582/55555/178



Replies:
Posted By: ironm
Date Posted: 25-Feb-2019 at 18:32
Можам да ве снабдам со некоја фотка од трговскиот во текот на следнава недела, но далеку е од завршување. Датумот во текстот април 2019 не е изводлив, бидејќи објектот не е ни до карабина донесен. На поголем дел од плацот е кренат и горниот спрат, а на околу 1/3 или 1/4 моментално се припрема подземјето и столбови за приземјето.


Posted By: ironm
Date Posted: 02-Mar-2019 at 20:26
Еве ги фотките што ги најавив, знам дека се лоши аглите, ама ја доловува поентата.








Posted By: carver91
Date Posted: 05-Mar-2019 at 16:59
kao datumi se spominju novembar 2019/april 2020...


Posted By: carver91
Date Posted: 22-Jul-2019 at 10:39
Ima li neki pomak za Ohrid Mall?


Posted By: ironm
Date Posted: 22-Jul-2019 at 16:10
Има, во меѓувреме го довршија спратот од фотките погоре и поставија кровна конструкција. Ќе пробам да се снабдам со фотки во следниве денови па ќе се види поубаво.


Posted By: ironm
Date Posted: 31-Jul-2019 at 10:07
Дали ќе може некој модератор да ми помогне да ги префрлам постовите поврзани со темава овде?

Од темата Трговски објекти (општо) постови бр. 449, 450, 451, 452, 458, 459.


Posted By: ironm
Date Posted: 31-Jul-2019 at 10:09
Од архивски причини, еве како изгледаа првичните рендери за целиот проект кога не беа почнати со градба.









Posted By: ironm
Date Posted: 31-Jul-2019 at 10:12
Откако се изгради автобуската станица (која крајно ќе е во склоп со трговскиот), се направи нова најава за градба на Ohrid Mall на која присуствуваше политичкиот врв и доби нови рендери.

https://flic.kr/p/26WYYw7"> https://flic.kr/p/26WYYw7 - Премиерот Заев на отворање на нова автобуска станица во Охрид by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Северна Македонија , on Flickr




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jul-2019 at 13:24
Originally posted by ironm

Дали ќе може некој модератор да ми помогне да ги префрлам постовите поврзани со темава овде?Од темата Трговски објекти (општо) постови бр. 449, 450, 451, 452, 458, 459.

Средено


Posted By: ironm
Date Posted: 31-Jul-2019 at 14:26
Фала многу!


Posted By: ironm
Date Posted: 31-Jul-2019 at 14:31
Originally posted by ironm

Има, во меѓувреме го довршија спратот од фотките погоре и поставија кровна конструкција. Ќе пробам да се снабдам со фотки во следниве денови па ќе се види поубаво.


Еве ја моменталната состојба, фотките се правени во движење



Во позадина е автобуската, тој дел заостанува повеќе за разлика од другиот




Posted By: гитардемон
Date Posted: 31-Jul-2019 at 14:36
И ова да не е на Нефи Усеини?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ironm
Date Posted: 31-Jul-2019 at 15:31

Официјално нема таква информација. Инвеститор е Делфина Турс, туристичка агенција што од пред неколку години вози на релации накај Охрид. Претходно тие релации ги држеше Хисар, а пак Хисар ја купи Охрид Експрес (пред 15 години можеби).

Ако навлегуваме во шпекулации и заговори, тогаш јас сум малку скептичен во однос на инвестицијава, финансиската моќ на Делфина и нивниот интерес во целиов проект. Се работи за околу 5-6 милиони евра колку што објавија. Инвеститор не можеше да се најди повеќе од 10 години, Галеб како еден од најголемите (ако не и најголем во мк) превозници не беше заинтересиран да инвестира, а мислам дека голема причина беа политички игри. Во моментот кога дојде вмро на власт во Охрид во 2013 г., имотот кајшто се наоѓа автобуската и идниот трговски се продаде за смешна сума од некои 20.000 евра или слично и Делфина се појави како инвеститор. Но, не само на нова автобуска туку се појави и проектов за трговски. Патем, Галеб не соработува со нив, имаат своја канцеларија преку улица и нивни карти можат да се купат само таму.

Нефи Усеини (односно фирмата НЕФИ ИК) го гради целиот комплекс, што не е никакво изненадување бидејќи 90% од објектите што се градат во моментов во Охрид ги гради оваа фирма. Во темата што е поврзана за хотелот од Фибула Травел покрај каналот Билјанини извори ставив фотки пред неколку месеци на кои се гледа дека НЕФИ ИК рушеше таму, па претпоставувам и ќе гради (исто така имот продаден во време на Вмро за околу 20.000 евра). Џамијата во чаршија со спорното минаре исто така НЕФИ ИК Smile и ред други.

Дали и оваа инвестиција е параван за некого како што се откри за многумина изминативе години или не е, немам појма. Но, доби амин од вмро и сдсм, тера градбата (иако доцни), па здравје следната година можеби Охрид ќе го добие првиот трговски центар.

https://flic.kr/p/26WYYRA"> https://flic.kr/p/26WYYRA - Премиерот Заев на отворање на нова автобуска станица во Охрид by https://www.flickr.com/photos/vladamk/ - Влада на Република Северна Македонија , on Flickr

Во црвено-розева маица градежникот и советник во општина Охрид Нефи Усеини. Околу Заев (лево и десно) двајцата браќа сопственици на Делфина Турс. Сликано при отворање на автобуската и започнување со градба на трговскиот.


Posted By: ironm
Date Posted: 10-Aug-2019 at 13:47




Posted By: carver91
Date Posted: 17-Aug-2019 at 00:35
Da li je realno ocekivati da ce biti gotovo do novembra/decembra 2019?


Posted By: Enzo
Date Posted: 17-Aug-2019 at 05:59
Originally posted by carver91

Da li je realno ocekivati da ce biti gotovo do novembra/decembra 2019?

За да знаеш дали да славиш Нова Година во Охрида ?
Не знам,ако се паметни охриѓани уште утре треба да го завршат трговскиов со оглед на тоа што ова беше нешто што му требаше на градот а уште повеќе на туристите заради тоа што е на топ место до новата Автобуска која што е вистина за наши услови одлична.

Имаат фантастична сезона Охрид,највеќе зошто народов реагира и сака симболично да покаже со присуство дека треба да се престане со уништување на градот,а меѓу другото ако веќе градат работи,треба да размислат за проширување на хотелските капацитети,на носење брендови(мекдоналдс,бургер кинг кфц....).


Posted By: ironm
Date Posted: 17-Aug-2019 at 13:42
Не верувам дека ќе го завршат годинава со оглед на моменталната состојба. Би рекол најрано пролет 2020 ако се продолжи вака.

Инаку тоа што нема мекдоналдс, бургер кинг, кфц и останати во Охрид е позитивно и нешто со кое треба да се радуваме. Немаат никаква конекција со автентичноста на градот, ниту пак носат некаква финансиска придобивка. Целта треба да е да се изгради бренд од охридска пастрмка/белвица, охридско ѓомлезе, охридско макало, охридски домат (патлиџан) итн., а не да нудиме странски фаст фуд синџири.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Aug-2019 at 14:27
Добро, глобализацијата не е нешто кое една држава со кулинарска историја треба туку така да ја пречека со отворени раце - примери се Франција, Италија, Перу, Јапонија итн. и нивното (не)прифаќање на ланци за пица, кафе и слично.

Но реално, во нашиот случај, присуството на такви ланци е индикатор за развиеноста на државата (сакале или не). Ние сме една од малкуте држави без Starbucks (Италија е друга приказна), без McDonald's, а да не зборуваме за Gucci, Burberry, Louis Vuitton, и останатите симболи на капитализмот. Beggars can't be choosers, и треба да се трудиме да ги привлечеме колку можеме сите вакви брендови, но во нашиот случај не можеме да ги одбиваме овие ланци, бидејќи тие всушност не се ни заинтересирани.

Плус капитализмот работи на таков начин, ако има потрошувачи, ќе дојдат и ќе останат. Ако нема заинтересираност, ќе си одат. А градење бренд околу македонски производи - не се гради во Македонија во едно мало местенце. Се гради само некаква локална мафија која ги одвраќа вистинските бизнисмени од инвестиција (кои дури и подобро би го промовирале нашиот бренд во странство). Добри примери тоа се Тајланд, Грција и неколку други држави кои се жив пекол за туристите бидејќи нафатираните локалци (на Санторини, на Миконос, и на Пи-Пи, Самуи и сл.) не им дозволуваат на странците да ја збогатат понудата, па луѓето плаќаат изгор скапи цени на алчните локалци за ужасна услуга. Истото важи и за Охрид. Некој полуписмен „угостител“ има ресторани покрај езеро со никаква понуда и никаква услуга, бидејќи мафијата/монополот/рекетарите не дозволуваат никој од страна да влезе со подобра понуда. Дали е тоа добро или лошо е тема на дискусија, но се сомневам на потрошувачите би им пречело збогатување на понудата.

EDIT: Не проповедам апсолутизам, и не генерализирам дека странец би ја завршил многу подобро работата од локалец (сме биле сведоци како ги експлоатираат ресурсите и заработката ја префрлаат во странство без воопшто да реинвестираат во општеството), но од досега виденото од „локалните бизнисмени“ (урбана мафија) мислам дека и не е лоша идеја да се даде шанса на странци. Да не беше Балфин груп во Скопје, ни Сити Мол ќе се изградеше, да не беа Турците и Рамстор/Саем/Лимак, уште на бит-пазар ќе пазаревме турски алишта во дуќанчиња.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ironm
Date Posted: 17-Aug-2019 at 15:50
Зошто сметаш дека бренд околу македонски производи не се гради во Македонија во мало местенце? Каде инаку би се градел? Да појаснам, јас не зборувам да се гради бренд за да извезуваме охридски патлиџан, туку Охрид сам по себе (со сите работи што ги поседува) да е бренд поради којшто би доаѓале туристи.

Какви странски инвеститори се таквите синџири кога всушност лиценците за нив се во сопственост на Македонци? Не е никаква странска инвестиција, туку само странски бренд со наши пари. Јас лично немам ништо против тоа да имаме во Охрид такви фаст фуд синџири, но поентата ми е дека истовремено ништо не губиме со тоа што ги немаме. Не сметам дека присуство на такви синџири е индикатор за развиеност на некое туристичко место.

Во Охрид треба да се продава природа, историја (двете причини поради коишто е заштитен од Унеско), локална храна, спорт и здравје. Фаст фуд во туристичко место е асоцијација за развој на масовен туризам од којшто Охрид треба да се дистанцира, вклучувајќи ги и лесковачките скари. Тоа за урбана мафија и рекет е друг муабет и се разбира дека е причина за стагнација на цела држава, а не само на Охрид, но не мислам дека било какви странски инвестиции би го промениле тоа.

Патем се согласувам со Enzo дека треба подобри хотелски капацитети бидејќи голем дел од моменталните се далеку од тоа да привлечат побогати туристи, но пред се на Охрид му треба квалитетна водоводна мрежа што ќе гарантира вода и во лето, канализација што ќе гарантира дека нема да избие во езеро, улици без дупки, паркинг и ред други најосновни работи. Замисли за 5 години да имаме Мекдоналдс, Бургер кинг, КФЦ во Охрид, а канализацијата сеуште да истекува директно во езеро во Далјан и Воска? Каков индикатор за развиеност е тоа?

Еве одличен пример во која насока треба да се движи гастрономијата во Охрид
https://www.ohridnews.com/originalni-i-prepoznatlivi-restoran-kaneo-so-novi-kulinarski-speci-aliteti-vo-novata-sezona/ - https://www.ohridnews.com/originalni-i-prepoznatlivi-restoran-kaneo-so-novi-kulinarski-speci-aliteti-vo-novata-sezona/


Posted By: Enzo
Date Posted: 17-Aug-2019 at 16:09
Нормално дека не реков големи фаст фуд ланци да се донесат за локалните ресторани во Охрид да останат празни,повеќе мислев на тоа дека ќе отворат повеќе работни места за охриѓани,иако да се согласувам дека на долга стаза не вреди да се доведе во опасност локалниот промет од кој реално и живее градот,најмногу од тоа што ќе се заработи тие 3 месеци.

Сепак,имам чувство дека не доволно ја искористуваме убавината на Охрид,не сум министер за туризам меѓутоа сигурно има работи кои можат да се направат,изградат,промовираат(елитни плажи,голф терени,екстравагантни ноќни клубови,некаков културен центар спакуван со вечера,танци,шампањци курци палци,еве шпанците тоа го експонираат и добра пара собираат од апсолвентите каде што туристите во живо би ја запознале нашата култура.

Може треба да се тргне во потрга по нов Субрата Рој лол,со надеж дека овој навистина ќе го изгради тоа што го ветил.


Posted By: ironm
Date Posted: 17-Aug-2019 at 16:20
Се согласувам дека не се искористува доволно ни убавината, ни историјата на градот, ама тоа најмногу се должи од политички причини односно немање стратегија за развој и тоа што го спомна гитардемон за урбана мафија, рекетирање, корупција, и ред други негативни страни на нашево општество.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Aug-2019 at 17:35
Јас повеќе говорев во насока на тоа охридските специјалитети да се промовираат како бренд меѓународно. За таква работа, охридски угостител нема ни пари, ни стручност, и ни идеи.

А за Охрид како град, апсолутно се сложувам дека треба да биде нашироко и надолго промовиран. Но за тоа да се случи, ќе треба да се најде целната група на туристи. Ако сакаме елитен туризам, за тоа треба ненормален капитал, фантастични визионери, и многу политичка волја. Реално, тоа никогаш нема да се случи, бидејќи локалната мафија никогаш нема да дозволи некој друг да го собира кајмакот. Зошто Џорџ Клуни има куќа на езерото Комо, и на Миконос, а не Охрид? Има 1000 зошто, но има и 1000 затоа.

Со моменталната структура на градот, па и на целата држава, најлукративниот потенцијален турист би бил рускиот православец, а него го нема никаде. Еве сега охридскиот аеродром добива нови летови од нови држави, но никако да дојдат Руси и Украинци. Ќе речеме дека можеби е подобро, бидејќи би биле во големи бројки, а рековме да избегнуваме масовен туризам.

Тогаш да се осврнеме кон далечниот (и блискиот) исток. Корејците го преплавија Дубровник, а и американски авиокомпании почнуваат со летови ова лето. Има многу причини, една од нив е популарноста на Хрватска како дестинација во корејските драми. Од тој Субрата Рој да имавме некој ќар, да се снимеше некоја индиска серија во Охрид, па владата да ги укинеше визите за Индијците и Кинезите (како што тоа го прави Србија), па можеби ќе се зголемеше бројот на туристи. ЕУ има свои (оправдани) причини зошто не ги пушта без виза, има уште поголем број причини зошто им забрани на Србите да ги пуштаат Иранците без виза, но ние како земја која се стреми кон нови пазари, мора да имаме национална стратегија.

Најдобар пример е Грузија! Фантастична држава, на само два часа оддалеченост од било кој голем град на Блискиот Исток (Дубаи, Доха, Кувајт, Бејрут), која прима ненормален број на туристи и има ненормален број на убавини (најмногу ме потсеќа на Македонија од сите други земји во светот). Во услови кога на било кој од многуте Арапи и Индијци му треба (скапа) шенген виза за некое понормално туристичко место, Грузија ги прима и со валидна американска или шенген виза (исто како и Македонија), но во услови кога и тие се тешки за добивање, Грузија ги пушта и само со дозвола за престој од заливските држави! Еден Египјанец кој живее во Кувајт, Тунижанин во Катар, исто сака да излезе малку од пустината и да ги потроши доларите. Е арно ама, му треба виза која тешко дека ќе ја добие. Зошто да не дојде во Македонија? Не зборуваме за ризик по државна безбедност и пуштање на радикали, бидејќи заливските држави ги провериле 10-пати подобро пред да ги пуштат да им живеат на своја територија отколку што ние било кога би ги провериле.

Но пред да се случи било што од научната фантастика која ја споменувам, градското јадро треба и тоа како да се конзервира, а не да се дозволува сообраќај, да се спречат секакви грди новоградби, да се збогати барем двократно туристичката понуда, и многу други мерки (кои експерти сигурно ги смислиле и подобро од нас, но никој нема волја да ги спроведе).

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Oct-2019 at 17:31
Еве ги рендерите...









www.facebook.com/Koral-Group


Posted By: ironm
Date Posted: 05-Oct-2019 at 21:34
Последните информации ми се дека го кренале и ќошот на раскрсницата што е заоблен, а исто така почнале и да го покриваат покривот и некоја од страните.

Скептик сум во однос на сообраќајното решение и како би функционирало кога би работел трговскиот со полн капацитет. Улицата (7ми Ноември) е во лоша состојба долги години веќе, а се плашам дека ако ја реновираат за брзо време поради трговскиов дека ќе го уништат концептот што го има како ниедна друга улица во градот - тротоар, ред зеленило со дрворед, крената велосипедска патека (може да се види на сликите погоре). Ако посегнат по нејзино проширување (пример 4 ленти) можно е да ги исфрлат кренатите велосипедски патеки и да го смалат зеленилото. За жал тротоарите и велосипедските патеки во моментов се распаѓаат, ама тоа се средува, но на рендерот не постои дрворед, а ниту концептот не е задржан. Се надевам дека тоа е една од оние ситуации каде што рендерот е промашен со резултатот во реалноста.

Ќе се обидам да се снабдам со нови фотки наредниов период, во спротивно ќе постирам кога ќе сум пак во Охрид за брзо.


Posted By: ironm
Date Posted: 22-Oct-2019 at 09:22










Posted By: carver91
Date Posted: 07-Dec-2019 at 12:38
Ima li neki napredak? Kade e otvaranje?


Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Dec-2019 at 15:53
Охриѓани? И мене ме интересира одговорот на горното прашање...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: ironm
Date Posted: 20-Dec-2019 at 12:07
На самата зграда нема скоро никаков напредок од последните слики, единствено тротоарот што поминува пред трговскиот е цел прекопан, дали поставуваат подземна инсталација или ќе се остварат моите стравувања за негово уништување ќе видиме допрва.


Posted By: carver91
Date Posted: 28-May-2020 at 23:23
Sto se slucuva?


Posted By: ironm
Date Posted: 29-May-2020 at 10:15
Засега ништо посебно за жал, има стагнација подолго време. Заглавија при поставување на покривот. Дури и да се снабдам со фотки нема да се забележи некој драматичен прогрес. Се надевам кризава нема дополнително да ја влоши ситуацијата и да пропадне проектот.

Еве коментар од Тркало на темата за Меѓуградски превоз
Originally posted by Тркало

Фамозниот Тритерол Струмица по влезот во Македонија Сообраќај, сега ги презел линиите на Делфина Турс Охрид - Скопје и обратно (или претходно Хисар, Охрид Експрес).
Мислам дека тие се во некоја криза, објектот на новата станица е во забавено движење, да не речам стагнација.Од рекла казала "информациите" слушаме и дека нов(и) играч(и) го презел(е) градењето итн.


Posted By: ironm
Date Posted: 11-Jul-2020 at 10:32
Овде има посериозно поместување изминативе месец дена, кога ќе имам слики ќе ги постирам, но се чини во текот на летово ќе успеат целосно да го затворат.


Posted By: carver91
Date Posted: 20-Aug-2020 at 20:11
дали го знаеме името на брендовите што ќе бидат присутни?


Posted By: ironm
Date Posted: 28-Aug-2020 at 09:29
https://www.facebook.com/ohridmall/videos/306715803746986/


Posted By: ironm
Date Posted: 28-Aug-2020 at 09:31
Originally posted by carver91

дали го знаеме името на брендовите што ќе бидат присутни?

Засега нема најава за точните брендови освен тоа дека Веро има откупено простор да отвори маркет и Веро Џамбо. Наводно ќе има продавници од 40 брендови.

Најновата вест за отворањето е март 2021 година.


Posted By: ironm
Date Posted: 28-Aug-2020 at 09:35
Рендер со најновото лого



Posted By: OliverM
Date Posted: 28-Aug-2020 at 11:55
Great pictures, keep up the good work


Posted By: Тркало
Date Posted: 28-Aug-2020 at 12:52
Официјално според нив - отворање во март 2021.Значи реално некаде пред следното лето, најблиску некој 1-ви Мај или Велигден.

Од една страна добро е отворањето, од друга страна рендерите неколку пати се сменаа и ќе немаме реална претстсва до отворањето за како ќе бидат решени приодите и дали ќе го тргнат дрворедот/зеленилото на 7-ми Ноември...

Исто и просторот за автобуската е буквално минимализиран, а оваа година немавме реална претстава како би функционирале тие два и пол перони среде лето кога одат и по три возила на исто тргнување.

Прост пример, "вечерните" тргнувања со полни возила
17:00 Класик за Скопје
17:00 Еуротурист за Гостивар
17:00 Атом за Кочани/Виница
17:45 Галеб за Скопје/Белград минимум 2 возила
18:00 Делфина за Скопје со 2 возила
18:00 Транскоп за Битола,
Руле турс , Бисер Пром се тука негде исто и еден Велешки превозник
18:30 Екстра Бус за Кавадарци
19:00 Галеб за Скопје

Во меѓувреме возила од Битола (16:40,17:40) и Скопје (17:15,18:00, 19:00), Нирнберг/Минхен во четврток и недела (~17:30).Сличен случај е на сабајле од 9 до 11.

Дополнително , 150 паркинг места не ми е некако уверлива бројка за да се справат со гужвата од автобуската ,трговскиот и таксистите...


Posted By: Théoden
Date Posted: 28-Aug-2020 at 14:04
Несомнено ќе се појават проблеми со автобуската станица. Влезот во паркингот за трговскиот центар е од северната страна, а за пристап до него е предвидена уличка која минува низ автобуската, која дополнитено ќе го намали капацитетот на станицата.


Би било добро да се прекројат плановите и да се вцрти една нова уличка кој ќе пристапува од бул. „Железничка“. Блискоста со кружниот тек и една идна целосна крстосница помеѓу ул. „7 Ноември“ и „Питу Гули“ ќе овозможат лесен пристап од сите правци.





Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Aug-2020 at 11:29
Неколку извадоци од видеото















https://www.facebook.com/ohridmall/videos/306715803746986


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Oct-2020 at 13:45


https://www.facebook.com/ohridmall



Print Page | Close Window