Print Page | Close Window

Premium Center (Мак Ауто Стар)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Деловни
Forum Discription: Канцелариски згради, деловни центри, седишта на компании...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3649
Printed Date: 09-Dec-2019 at 08:43


Topic: Premium Center (Мак Ауто Стар)
Posted By: axel
Subject: Premium Center (Мак Ауто Стар)
Date Posted: 14-Mar-2017 at 18:54
http://emagazin.mk/vesti/vest/32930



Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Mar-2017 at 19:03


Баш пред една недела поминував оттука и забележав дека се копа нешто пред зградата на Мак Аутостар.

Всушност, еве до каде се стигнати:



фото: kurir.mk

А еве како треба да изгледа зградата:



фото: emagazin.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 14-Mar-2017 at 19:09
таму се копа од пред неколку месеци, пред повеќе од еден месец тука ја пукнаа цевката од главниот цевовод за гас кон Цементара и јужно Скопје. Битно конечно обелоденија што се прави.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 14-Mar-2017 at 19:26
Полнач за електрични возила, фитнес центар и кафетерија
Нека се множат вакви објекти. Многу подобро изгледа од една општинска зграда што се гради во моментов.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Dexter26
Date Posted: 14-Mar-2017 at 19:42
Originally posted by Џоле



Баш пред една недела поминував оттука и забележав дека се копа нешто пред зградата на Мак Аутостар.

Всушност, еве до каде се стигнати:



фото: kurir.mk

А еве како треба да изгледа зградата:



фото: emagazin.mk

 
Безброј пати подобра инвестиција Cheers наспроти тоа што го слушнав - дека ќе се градел станбен објект на таа локација.
 
Кога слушнав дека Жикол градат на таа локација и за оштетувањето на гасоводната цевка, можеби грешам, но сигурен сум дека слушнав дека спомнаа дека таму ќе се градела станбена зграда.
 
Фала му на Бога бидејќи или погрешно сум слушнал, или објавиле неточна информација.


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Mar-2017 at 19:57
Ubavo izgleda na slikive da vidime da ne ima otstapki od renderite otkako ke zavrsat. Se nadevam ke nema. A inace Zikol mozno e da gradat na nekoja druga sosedna lokacija vo blizina posto koa pokazaa na vesti imase eden plac ograden so betonski tarabi ama neznam kade potocno se naogja. Ova kolku sto gledam Granit go gradi.


Posted By: alexsend
Date Posted: 15-Mar-2017 at 08:59
Супер објект за таа локаицја! Интересно изгледа

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Kid_A
Date Posted: 15-Mar-2017 at 16:24
Во чија сопственост е Жикол? Гледам многу тендери добиваат низ Македонија, а особено низ Струмица каде владее градежна експанзија на станбени објекти последните 2-3 години. Со оглед на тоа што сите знаеме дека позади градежната мафија стојат градоначалници и политичари.


Posted By: Obedineta Makedonija
Date Posted: 15-Mar-2017 at 19:17
Originally posted by Kid_A

Во чија сопственост е Жикол? Гледам многу тендери добиваат низ Македонија, а особено низ Струмица каде владее градежна експанзија на станбени објекти последните 2-3 години. Со оглед на тоа што сите знаеме дека позади градежната мафија стојат градоначалници и политичари.


Шо гледаш бе друже? Ништо не гледаш, во струмица од 30тина згради кои се градат/изградени во последните 3-4 години Жикол има 3 изградени и 1 во градба, друго се е на брат му на Заев и неговите партнери - затоа ти викам „мислиш дека гледаш“!

-------------
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Sep-2017 at 15:41
Премиум деловен центар на Мак Аутостар (фото: од форумот ЅЅС)

Originally posted by Srdjan Adamovic;142246121

Bulevar Srbija









-------------
За сè има вторпат


Posted By: alexsend
Date Posted: 10-Sep-2017 at 12:19
Инаку и тука е многу потребна трета сообраќајна лента.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: daci92
Date Posted: 10-Sep-2017 at 20:01
Не толку колку што е потребно да се пробие Февруарски поход и АСНОМ, да видиш како преку ноќ ќе ја снема голем дел од гужвата што се создава.


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Sep-2017 at 21:15
или па како привремено решение може да се отстрани непотребниот семафор/раскрсницата што се гледа на сликава

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: alexsend
Date Posted: 10-Sep-2017 at 21:26
Да ама на Коце слабо му оди со сообраќајни мостови... За лента + е махер затоа во таа насока коментирам

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 23-Sep-2017 at 20:47
Новиот објект на МакАутоСтар во населбата Ќерамидница, веднаш спроти ФОН Универзитет:







Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Oct-2017 at 16:04
Еве до каде стигнале градежните работи на новиот деловен објект на Мак-Ауто-Стар
Фотката е од фејсбук



Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Oct-2017 at 22:25

објектов е масивен, ама бидејќи се наоѓа на прилично отворен простор, донекаде е добра визура... единствена замерка ми е што се наоѓа преблиску до самиот булевар

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 31-Oct-2017 at 18:22


-------------
За сè има вторпат


Posted By: xnx
Date Posted: 01-Nov-2017 at 09:37
ne znam sto gledate odlicno vo objektov, lici na obicna dosadna kocka.


Posted By: alexsend
Date Posted: 02-Nov-2017 at 10:11
Во еден од погрдите делови од градот и таква "досадна коцка" е повеќе од доволна.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: xnx
Date Posted: 02-Nov-2017 at 11:07
ne bi se slozil, vo evropskite gradovi bas vo periferijata ima najinteresni razigrani objekti bidejki ima poveke prostor i sloboda za kreativno proektiranje


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Nov-2017 at 02:19
Originally posted by xnx

ne znam sto gledate odlicno vo objektov, lici na obicna dosadna kocka.
барем да беше досадна коцка... со рамкиве за прозорите гледам дека го фатила и него клетвата

а еве и еден друг проект од конкурсот за објектот


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Dexter26
Date Posted: 06-Nov-2017 at 10:22
Previous
 
Не фала, подобро досадната коцка, со или без клетва, само не ова од сликата. Puke


Posted By: zabegan
Date Posted: 06-Nov-2017 at 19:32
Originally posted by Dexter26

Previous  Не фала, подобро досадната коцка, со или без клетва, само не ова од сликата. Puke

зошто? дека личи на грил? ок, малце буквален е, ама барем кај мене не се приметува и објектот сеуште личи на објект

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Dexter26
Date Posted: 06-Nov-2017 at 21:36
Previous
 
Малце премногу буквален - за мој вкус.


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Nov-2017 at 14:10
Prevzemeno od facebook



Posted By: Џоле
Date Posted: 08-Dec-2017 at 23:13
Мак Ауто Стар





-------------
За сè има вторпат


Posted By: MACK
Date Posted: 09-Dec-2017 at 00:24
ova stambena ke bide ili delovna , negledam potreba za volku prostor za firmata
ili pak za izdavanje ke bide


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Dec-2017 at 08:51
Za izdavanje ke bide,realno zgradata e pregolema za potrebite na firmata. Samo steta sto ja izgradija tolku blisku do bulevarot.


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Mar-2018 at 18:34
Нема некои големи промени...



-------------
За сè има вторпат


Posted By: alexsend
Date Posted: 07-Mar-2018 at 19:32
На овој мост треба уште една сообраќајна лента на место на долниот тротоар. И така таму нема некоја фрекфенција на пешаци за разлика од хаосој кој владее на сообраќајните ленти.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 09-Mar-2018 at 21:43

А не е лошо и обнова на постоечкиот асфалт, зашто се распаѓа.


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Mar-2018 at 04:05
Originally posted by alexsend

На овој мост треба уште една сообраќајна лента на место на долниот тротоар. И така таму нема некоја фрекфенција на пешаци за разлика од хаосој кој владее на сообраќајните ленти.
по не знам кој пат... џабе ќе додадеш трета лента ако делницта завршува во бедна раскрсница

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: alexsend
Date Posted: 14-Mar-2018 at 16:27
Точно бедна е, но може и тоа да се реши

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Mar-2018 at 17:02
Зградава на Мерцедес е ужасна. Страшно е колку поради немање вкус или поради некакви заштеди знаат да унаказат цела зграда поради изборот на стаклото и рамките.




Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Mar-2018 at 19:17
Originally posted by pbanks

Зградава на Мерцедес е ужасна. Страшно е колку поради немање вкус или поради некакви заштеди знаат да унаказат цела зграда поради изборот на стаклото и рамките.

слоганот на Скопје треба да биде „бело ПВЦ is love, бело ПВЦ is life“

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-May-2018 at 08:29
[tube]iO0XmKeOJpo[/tube]

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Jun-2018 at 20:04


-------------
За сè има вторпат


Posted By: mr bombastic
Date Posted: 19-Jun-2018 at 02:22
Подолго време ја влечат некако фасадата, има работници ама како да нема некој напредок.


Posted By: Dexter26
Date Posted: 20-Jun-2018 at 12:30
Originally posted by Џоле


 
На мене ми се чини, или навистина нема соодветна тема на форумов за овој објект ?
 
Како и да е, денес го крунисаа покривот на овој објект со мечкината три-кратна ѕвезда.
 
П.С. Ај што се врти ѕвездата, па уште и осветлена е навечер.


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Jul-2018 at 18:44
Бавно напредува.







-------------
За сè има вторпат


Posted By: skopskodete
Date Posted: 04-Sep-2018 at 18:02
Од вчера:



Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Sep-2018 at 22:17
Многу бавно напредуваат градежните работи тука, како да не им се брза. А и зградата испадна обична коцка, ништо посебно.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: hcitrS
Date Posted: 04-Sep-2018 at 22:36
Според мене баш е елегантна зградата, едноставна, модернистичка. Само околината....


Posted By: alexsend
Date Posted: 05-Sep-2018 at 08:01
Се надевам ќе се угледаат на Систина и ќе си го средат кејот самоиницијативно.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Sep-2018 at 15:08








-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Dec-2018 at 16:04








-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Feb-2019 at 18:51








-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Jul-2019 at 20:34
Зградава е завршена и пуштена во употреба. Фино испадна, иако бев скептик на почетокот, а влезот е премногу скромен, незабележлив.





влезот





Стаклениот дел долу (првиот кат) е изложбен салон за коли.






-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Sep-2019 at 09:15
На фејсбук ми излезе реклама за деловниов центар, се вика Премиум Центар, најдов некои фотки од интересни агли:







нивната страница

http://premiumcenter.mk/?fbclid=IwAR1WHKAqKxzT_n4Nvb1oDxLZwtkcdbi-uC175uq-3vKv2sPucX1Iy-VOONg - http://premiumcenter.mk/?fbclid=IwAR1WHKAqKxzT_n4Nvb1oDxLZwtkcdbi-uC175uq-3vKv2sPucX1Iy-VOONg

фб

https://www.facebook.com/premiumcentermk/?__tn__=kC-R&eid=ARDq3qp6HXbZe2G2GexsRWjN6edUyDZCsP_QojZVMgLyXsUEcDlqcDnCrhBwj_qMv8TRrWVctPMzlolZ5s-26XdxiSYDOktqhLIIgfvVZdYAeG3g1OJom-enVznV7mKqRIyEjw0H_q8nEnxEDeepS6E6_01nFtMeSQP2-HrIXSXAPppn2g&hc_ref=ARSfDiPFNSZfvdE6xIoebUYMM8cKrU1IoMWiSv6r-d_dC0_TzGpjhDxnz5pIrINASls&fref=nf - https://www.facebook.com/premiumcentermk/?__tn__=kC-R&eid=ARDq3qp6HXbZe2G2GexsRWjN6edUyDZCsP_QojZVMgLyXsUEcDlqcDnCrhBwj_qMv8TRrWVctPMzlolZ5s-26XdxiSYDOktqhLIIgfvVZdYAeG3g1OJom-enVznV7mKqRIyEjw0H_q8nEnxEDeepS6E6_01nFtMeSQP2-HrIXSXAPppn2g&hc_ref=ARSfDiPFNSZfvdE6xIoebUYMM8cKrU1IoMWiSv6r-d_dC0_TzGpjhDxnz5pIrINASls&fref=nf

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Sep-2019 at 16:45


Уште неколку од нивната фб страница







-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Sep-2019 at 18:07

Македонија доби „Премиум“ деловен центар

Мак Аутостар компанијата инвеститор, на јубилејот на 25 години од своето постоење и официјално го пушти во употреба новиот деловен центар Премиум, наменет за изнајмување работен простор, кој се простира на 7 спрата со вкупна корисна површина од 12.000 м2 и подземен паркинг простор на 3 нивоа од 5.000 м2.



Мак Аутостар компанијата инвеститор, на јубилејот на 25 години од своето постоење и официјално го пушти во употреба новиот деловен центар Премиум, наменет за изнајмување работен простор, кој се простира на 7 спрата со вкупна корисна површина од 12.000 м2 и подземен паркинг простор на 3 нивоа од 5.000 м2.



На свеченото отворање присуствуваа градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, заменикот германскиот амбасадор во нашава земја Ото Граф, како и бројни претставници на бизнис заедницата и медиумите.

Објектот кој се наоѓа пред салонот на Мерцедес во Скопје, нуди извонредни работни услови, граден според високи светски стандарди кои овозможуваат премиум услови во работната средина. Огромна предност кај овој објект е неговата внатрешна функционалност, односно можноста за флексибилно внатрешно уредување според желба на компанијата.

Освен извонредната функционалност, деловниот центар Премиум, нуди и значителна заштеда на енергија, како и поголема еколошка одржливост. Во таа насока, како извор на греење и ладење на објектот се користат топлински пумпи кои овозможуваат истовремено греење или ладење на различни простории.

Стаклата на прозорците овозможуваат висока пропустливост на светлина, а ниска спроводливост на топлина и заштита од УВ зрачење.

Исто така, деловниот центар Премиум нуди и фитнес сала, која располага со 15-тина најсовремени справи, а во план е отворање и современ панорамски ресторан само за вработените во деловниот центар.



Имајќи го предвид капацитетот на објектот, како и актуелниот проблем со паркирањето во нашиот град, особено внимание е посветено токму на ова прашање, поради што објектот располага со подземна гаража на 3 нивоа, со капацитет од вкупно 130 возила, како и надворешен паркинг за 60 возила.

https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/македонија-доби-премиум-деловен-ц/?fbclid=IwAR1UBzuqGJA6QPxee9P8FoadMnTV01vT9Opb84Raan2ZQ83shIAV76wTREw


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Sep-2019 at 18:10
Од нивната веб страна



Posted By: Enzo
Date Posted: 04-Sep-2019 at 18:28
Ми прави мерак објектов,се надевам дека како таков ќе даде поттик на пример тие нивите,трњата после ФОН,до Хилтон да не зеат така туку да се оформи овој простор,модерно.


Posted By: xnx
Date Posted: 05-Sep-2019 at 07:09
ne znam kako ve vozbuduvaat vakvi dosadni i obicni zgradi ama sepak se slagam deka e podobro otkolku idiotizmi kako FON i slicnite.


Posted By: Enzo
Date Posted: 05-Sep-2019 at 10:29
Originally posted by xnx

ne znam kako ve vozbuduvaat vakvi dosadni i obicni zgradi ama sepak se slagam deka e podobro otkolku idiotizmi kako FON i slicnite.

Брат ми,си видел ти нешто вонсериско,светско и возбудливо да се гради во градов ?
Толку сме отепани од господ,и застанати едно 60-120 години уназад (според архитектура,за друго сме и повеќе) што и ова изгледа пристојно.



Posted By: alexsend
Date Posted: 06-Sep-2019 at 08:35
Земи предвид и локација. Оваа зграда во центар би била 5/10, тука е 10/10

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Sep-2019 at 10:40
Уште неколку од фб

















Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Oct-2019 at 09:30
Деловна зграда во Каунас, Литванија:



Си личат малку



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Dzeksi
Date Posted: 03-Oct-2019 at 13:31
si licat malku povekje


Posted By: alexsend
Date Posted: 03-Oct-2019 at 19:20
Лелелелеле бруки за проектантите хахаха

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Oct-2019 at 21:41
Значи двете слики на Џоле се од истата зграда во Литванија. Малку поназад е зградата кај нас.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 04-Oct-2019 at 16:23
Таа во Каунас е далеку поубава



Print Page | Close Window