Print Page | Close Window

Катна гаража кај Нова Македонија

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Паркинзи и гаражи
Forum Discription: Паркинзи, катни гаражи, подземни гаражи...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3653
Printed Date: 28-May-2020 at 07:57


Topic: Катна гаража кај Нова Македонија
Posted By: stef4o
Subject: Катна гаража кај Нова Македонија
Date Posted: 23-Oct-2019 at 16:58
На локацијава извесно време веќе забележувам активности...
Пред месец дена кога поминав на една табла беше истакнат рендер но чинам беше од претходните најави за изградба...нели неколку пати се натегаа дали да градат,поништуваа,раскинуваа договори но сепак парцелата ќе се искористи за катна гаража.Некој ако е поупатен нека каже дали рендеров што денес го сликнав е нов или веќе го имало негде...?
Еве ги денешните фотки



од фоткава не се приметува но направен е веќе извесен ископ



Еве го уште еднаш рендерот попрегледно



Инвеститор-Америт-Македонија Сообраќај
Проектант и надзор-Ортодокс Студио Скопје
Изведувач-Компанија Велкоски

Локација





Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Oct-2019 at 17:01
Еве го стариот рендер и инфо табла за која зборувам(ги најдов од Google Street View)



Posted By: Théoden
Date Posted: 23-Oct-2019 at 17:50
Доста е висока, ќе ја затскрие „Нова Македонија“.


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Nov-2019 at 09:24
Еве го рендерот и уште една денешна фотка со нешто полош квалитет но доволно да се види дека ископот е завршен и во подготовка е темелна плоча,се чини објектов ќе има само едно ниво под земја некако плиток ми делува ископот а висината на објектов сигурно ќе биде над 20м.Патем нишкава може да добие кранче...





Posted By: alexsend
Date Posted: 01-Nov-2019 at 17:14
Иста песна, многу катови за малку возила по кат. Ваљда нема и ова да стане деловен простор за некои ИТ фирми како што бидна со "катните гаражи" до Беверли Хилс и Идадија.

Сигурно ова се спрема паралелно со изградбата на подземната сообраќајница кај Рамстор од причина што големиот кружен тек кај Нова Македонија ќе заземе дел од постојниот паркинг кој преку ден е 100% исполнет.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Nov-2019 at 16:40
Денес се поставувала темелната плоча







https://www.facebook.com/fabrikakarposh/


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Dec-2019 at 13:10
Фоткиве не се нешто баш но помагаат да се види дека веќе е поставена темелната плоча и дека веќе се бетонираат платната од страните







https://www.facebook.com/pg/grushinakompan


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Jan-2020 at 14:09
Пред два-три дена ја избетонирале приземната плоча



https://www.facebook.com/grushinakompani/


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Jan-2020 at 13:38
Бетонирање на столбови и платна кон прва надземна плоча,наскоро ќе биде видливо над тарабите





https://www.facebook.com/grushinakompani


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Mar-2020 at 15:41
Тука веќе се издигнати неколку плочи,денес се бетонираат платна и столбови...неколку извадоци од едно видео од текот на градежните активности







https://www.facebook.com/grushinakompani


Posted By: alexsend
Date Posted: 26-Mar-2020 at 19:07
Катната гаража е неопходно да се изгради имајќи предвид дека целиот паркинг и мал парк од карши ќе ги нема кога ќе се изгради влезот за во подземниот булевар.
Но сепак лекции слабо учиме...
Повторно голема катност, а мала површина по кат...
Тој вид на катни гаражи е многу непрактичен, кој бил во Беко и во катната кај ССМ знае за што зборам...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Mar-2020 at 20:31
И скоро половина од тој простор ќе биде деловен.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 26-Mar-2020 at 20:35
Originally posted by гитардемон

И скоро половина од тој простор ќе биде деловен.

Само да не биде вака, па дури и да е недоволно практично користењето на гаражата, на крајот на краиштата е битно да е катна каража за да има доволно места за паркирање.


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Apr-2020 at 15:15


-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-May-2020 at 09:12
Извадок од едно видео,може да се види до каде е изградбата на карабината десно на фотката



Posted By: stef4o
Date Posted: 09-May-2020 at 16:00
Извадоци од видео од денешното бетонирање









https://www.facebook.com/grushinakompan


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-May-2020 at 16:29


https://reklama5.mk/


Posted By: user8642
Date Posted: 25-May-2020 at 16:31
Го затворија видикот према еден од ретките саглам реновирани објект во Скопје.


Posted By: alexsend
Date Posted: 25-May-2020 at 20:02
Тука мора да има катна гаража. Паркингот на фотографијата погоре нема да постои за некоја година.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-May-2020 at 20:45
Originally posted by alexsend

Тука мора да има катна гаража. Паркингот на фотографијата погоре нема да постои за некоја година.
па добро, паркингот реално и не беше многу користен, секој пат кога ќе сум го видел бил полупразен
настрана од тоа, мора да се направи стратегија како да се стимултираат граѓаните да паркираат во новите гаражи, инаку, ќе си стоиме со празни гаражи што по некоја година се претвараат во канцелариички

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: alexsend
Date Posted: 26-May-2020 at 19:14
Помини во работен ден во работно време.
После 4/5 да, нема никој затоа не ни работи рампата.
Уште малку време фали за да и последните мохиканци да сватат дека нема паркинг безпари во центар

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-May-2020 at 19:26
Originally posted by alexsend

Тука мора да има катна гаража. Паркингот на фотографијата погоре нема да постои за некоја година.


Што ќе се случи со паркингот? Ќе се гради тука нешто или? Малку сум неупатен за ова. Или да не е поради кружниот тек и подземниот булевар кај Лимак?

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-May-2020 at 20:34
Originally posted by Џоле

Originally posted by alexsend

Тука мора да има катна гаража. Паркингот на фотографијата погоре нема да постои за некоја година.


Што ќе се случи со паркингот? Ќе се гради тука нешто или? Малку сум неупатен за ова. Или да не е поради кружниот тек и подземниот булевар кај Лимак?
да, предвиден е просторот за кружниот тек

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-May-2020 at 20:35
Originally posted by alexsend

Помини во работен ден во работно време.
После 4/5 да, нема никој затоа не ни работи рампата.
Уште малку време фали за да и последните мохиканци да сватат дека нема паркинг безпари во центар
зборам од искуство, не од статисктички податоци, од се што сум видел, полно било само крилото најблиску до паркот

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: alexsend
Date Posted: 27-May-2020 at 20:21
Живеам близу паркингот
Поради Банката и министерствата во работно време често и да нема место за влез. После 5 нема речиси никој и рампата не ни работи после 8/9

Како и да е, небитно...
Битно е само тоа колку паркинг места ќе има во катната? И колкав капацитет има сегашниот паркинг па да направиме споредба за во иднина. Лично не ми се верува дека капацитетот на катната е приближен до паркингот кој треба да го замени.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.



Print Page | Close Window