Print Page | Close Window

Проширување на бул.Никола Карев (Пластичарска)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3662
Printed Date: 29-Oct-2020 at 11:35


Topic: Проширување на бул.Никола Карев (Пластичарска)
Posted By: stef4o
Subject: Проширување на бул.Никола Карев (Пластичарска)
Date Posted: 13-Dec-2019 at 17:22
Пластичарска ќе стане булевар со четири ленти и со зеленило во средина



Работите почнаа од клучката кај Бит Пазар и во наредните три-четири месеци ќе се врши проширување сè до влезот кај касарната „Илинден“, во должина од 1.440 метри. Притоа, предвидена е целосна реконструкција и проширување на коловозот, а на овој потег ќе се добијат четири сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки и на делови и разделно зеленило



Тесното грло на Скопје, булеварот „Никола Карев“ или познатата Пластичарска улица, почна да се проширува. Работите на нејзино проширување и реконструкција почнаа од клучката кај Бит Пазар и ќе траат до март или средината на април следната година сè до влезот кај касарната „Илинден“, во должина од 1.440 метри.

– Оваа сообраќајница ќе ги поврзе Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош. Таа е врска на источната и западната порта на метрополата. Низ неа поминуваат десетици илјади возила не само од Скопје, туку и од Куманово, Штип, Тетово, Струга… Град Скопје учествува во капитални инвестиции и досега во рекордно кусо време реконструира повеќе улици во градот и тоа низ сите 10 општини. Затоа треба да биде поттик и пример и на останатите општини – истакна премиерот Зоран Заев кој присуствуваше на почетокот на работите.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов информираше дека на овој потег ќе се добијат четири сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки и на делови и разделно зеленило.

– Ќе се постави нова атмосферска канализација сè до Американската амбасада, со променлив профил, во вкупна должина од 2.162 метри, како и водоводна мрежа на двата крака, во вкупна должина од 2.552 метри. Разговаравме со сопствениците на деловните објекти, што е можно помалку да го попречиме нивното работење – изјави Шилегов.

Освен тоа, булеварот ќе добие ново осветлување со канделабри во висина од 9 метри, а ќе се изврши и дислокација на електрични и телекомуникациски инсталации.

По завршување на првата фаза, Шилегов најави дека ќе се продолжи со втората фаза од касарната „Илинден“ до булеварот „Словенија“.

Реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Никола Карев“ ќе чини 107 милиони денари без ДДВ. Градоначалникот апелираше до граѓаните да бидат трпеливи додека траат градежните активности.



(А.П.)

https://www.vecer.press/пластичарска-ќе-стане-булевар-со-чет/



Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Dec-2019 at 17:23
Од фб





https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Dec-2019 at 17:33
[tube]Mfcoe9kzS94&feature[/tube]

https://www.kanal5.com.mk


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Dec-2019 at 19:03
Замислите во последните 10 години немало градот 1.7 мил евра за ова многу важна улица па и без канализација била. Што чинеше една ограда кај мостовите низ Вардар? 3 или 4 мил. евра? Скандалозно за педходните градочалници па сега ќе си излези Коце дека проектот бил негов.. Вакви црпки never again.
Да кај шилегов се ,,полако,, ама добро измислено (без политичка смисла).


Posted By: Graditelot
Date Posted: 14-Dec-2019 at 08:49
Прашањето е каде ќе се продаваат пластиките? На последната лента од коловозот?
Не верувам дека постои црна рака која што ќе проба да им ги уништи бизнисите на локалните трговци, зошто зад секој трговец стои некој пајак, спремен да тепа некоја полицајка.


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 14-Dec-2019 at 13:01
Потполно се согласувам со вашиот став. Каде воопшто може да се проширува улицата кога секојз од продавнициве е излезена буквално на улицата. Но ајде да видиме, среќно.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: kiriOK
Date Posted: 15-Dec-2019 at 07:23
Пластиките ќе се продаваат внатре во објектите, ама пошто имаме работа со ментален склоп наликум Судан, сум дури изненаден што нема протести против проширувањево, можеби не се информирани?


Posted By: Portal
Date Posted: 16-Dec-2019 at 01:52
moze da se prosiri ne deka e neizvodlivo, ima mesto namesto plastikite na trotoar sto se staeni da se napraj po edna lenta... na mestata za vrtenje levo ustvari se zaglavuva soobrakajot i tamu koga bi imale dve lenti za pravo bi bil resen problemot... posle dukanite kaj igralisteto nemase i prethodno nikakva precka da se stori toa...
Delot pod kasarnata isto treba da se dodade uste edna lenta i da se ovozmozi pobrz protok na luge i stoki vo gradot...
prosiruvanjeto ne deka ne e izvodlivo, no kapacitetot na lugeto sto treba da go storat toa e


Posted By: Portal
Date Posted: 16-Dec-2019 at 17:15
eve sto "prosiruvanje" ke bilo
izvor FB
Град Скопје

ЦУКС известува дека поради реализација на проектот „Реконструкција и одржување
на бул. “Никола Карев”“, поточно изведба на атмосферска канализација,
проширување на пешачка патека и обнова на водоводна мрежа
, на дел од
булеварот ќе биде воведен времен сообраќаен режим.
...


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Dec-2019 at 08:08
Од фб







Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Dec-2019 at 08:29












https://www.facebook.com/jubaj/


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Jan-2020 at 15:46
ПЛАСТИЧАРСКА УЛИЦА СЕ РЕКОНСТРУИРА СО ЗАБРЗАНО ТЕМПО

На оваа прометна сообраќајница градежни работи се изведуваат на потегот од клучката кај Бит-пазар до влезот во касарната „Илинден“, на вкупна должина од 1.440 метри.

Очекувањата се дека во април оваа година првата фаза од проширувањето на Пластичарска улица ќе биде готова и ќе добиеме современа сообраќајница која ќе има 4 сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило каде што тоа го дозволува просторот.















https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jan-2020 at 08:12
Од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Feb-2020 at 18:05
ОД УТРЕ ВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦА ПЛАСТИЧАРСКА






Град Скопје известува дека поради реконструкција на ул. Пластичарска, поточно изведба на атмосферска канализација, проширување на пешачка патека и обнова на водоводната мрежа, на дел од улицата ќе биде воведен времен сообраќаен режим.
Измената на режимот на сообраќај ќе почне да важи од утре 25.02.2020 година (вторник), кога ќе почне асфалтирањето на северната тротоарска површина на потегот од клучка Бит-пазар до првата семафоризирана крстосница со ул.Македонско-косовска бригада. Потоа ќе продолжи асфалтирањето на површините по должината на улицата на делот од проширувањето, како и гребење на постојната сообраќајница во широчина од 4 метри.
Измената на режимот на сообраќај ќе почне да важи од утре 25.02.2020 година (вторник), кога ќе почне асфалтирањето на северната тротоарска површина на потегот од клучка Бит-пазар до првата семафоризирана крстосница со ул.Македонско-косовска бригада. Потоа ќе продолжи асфалтирањето на површините по должината на улицата на делот од проширувањето, како и гребење на постојната сообраќајница во широчина од 4 метри.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/?


Posted By: ehrlich
Date Posted: 24-Feb-2020 at 19:03
Добро бе, како е возможно во официјална објава на официјален профил на установа да го пишува неформалното име на објектот, а не формално-правното име. Патем се работи за булевар, а не улица. Тоа таму ПР-от што работи, навистина не ми е јасно.


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Feb-2020 at 19:34
Од фб









Posted By: my Macedonia
Date Posted: 25-Feb-2020 at 21:38
На прв поглед не е лошо. Широка велосипедска патека ама ПАК БАНДЕРИ, зар не може еднаш и засекогаш да се исчисти таа улица од бандери? Според мене треба велосипедската патека да биде потесна а да има ограничување со зеленило. Со некаков вид дрвени столбови и осветлување (не БАНДЕРА), за да се дојде до некаква фамилијарска атмосфера иако во тој дел има голема гужва. Такви улици има и во Истанбул, некако симпатични.


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Feb-2020 at 21:45
Izgleda za da nema banderi ke pocekame uste nekoe vreme,vo mnogu naselbi seuste nema podzemni instalacii i zatoa nad mnogu ulici visat žici i kabli golem del se nebezbedni i postaveni prenisko pa često se skinati od povisoki kamioni... No koga veke pravat zafat za rekonstrukcija treba da gi opfatat i vakvite momenti ama...


Posted By: alexsend
Date Posted: 25-Feb-2020 at 21:54
Тоа велосипедска ли ќе биде

Едвај чекам да завршат и да видиме

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: mackomk
Date Posted: 26-Feb-2020 at 11:49
Да не се лажеме, тука велосипед нема да помине никогаш. Си добија дуќаниве нов уреден простор за изложба на секакви дрангулии.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 26-Feb-2020 at 12:15
Ако ништо друго барем нека направат дрворед да ги скрие прекрасниве фасади и некаква бариера на средина за да нема трчање на пешаци и вртење на коли за 180. На подолг рок треба една катна гаража да видиме, а потоа и 0 толеранција за странично паркирање.


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 26-Feb-2020 at 14:58
Ако не стават столбчиња, велосипедската ќе биде пола двор на дуќан пола паркинг.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: alexsend
Date Posted: 26-Feb-2020 at 16:12
Подобро во старт велосипедската нека кажат дека е паркинг за да може да се вози по двете ленти. Барем нека е официјално

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Théoden
Date Posted: 26-Feb-2020 at 16:44
Зошто никаде не се прават тротоари и велосипедски патеки одвоени од коловозот со високи рабници? Нели би било тоа и поевтино и поефикасно решение од столпчињата?


Posted By: skopskodete
Date Posted: 26-Feb-2020 at 17:08
Originally posted by Théoden

Зошто никаде не се прават тротоари и велосипедски патеки одвоени од коловозот со високи рабници? Нели би било тоа и поевтино и поефикасно решение од столбчињата?

Затоа што се глупи тие што одлучуваат.


Posted By: jyvation
Date Posted: 26-Feb-2020 at 17:19
Имам една дилема околу булеваров.Дали добиваме целосна реконструкција на сите ленти,нивно гребење и поставување нов асфалт..Или реконструкција на проширените ленти и велосипедските патеки и нивно асфалтирање ???


Posted By: alexsend
Date Posted: 26-Feb-2020 at 19:06
Originally posted by skopskodete

Originally posted by Théoden

Зошто никаде не се прават тротоари и велосипедски патеки одвоени од коловозот со високи рабници? Нели би било тоа и поевтино и поефикасно решение од столбчињата?

Затоа што се глупи тие што одлучуваат.


Затоа што на Васил Ѓоргов пример, кај новото основно училиште и заводот за вработување постојат прилично високи тротоари за да не може некој да се паркира АМА има 2-3 ...ај да не вреѓам... што со џипови секој ден се качени горе и на никој од ПОЦ не му чуе...
Кој треба да ги онеспособи? Јас? Тиња народ има тука...

На пластичарска реално ќе има само производи и возила на тротоарите, подобро да е официјално за коловозот да е чист.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Feb-2020 at 13:13






https://www.facebook.com/p.shilegov


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Mar-2020 at 14:59
Интензивно се одвиваат градежните зафати на пластичарската улица






Веќе трет месец интензивно се одвиваат градежните зафати за целосна реконструкција на булеварот Никола Карев или популарно познатата пластичарска улица. Оваа сообраќајница ќе добие ново булеварско решение со уште една коловозна лента, односно по две ленти во двата правца. Пластичарската улица првпат ќе има атмосферска канализација, што досега ја немаше, а во еден дел и нова водоводна мрежа, нова електрична инсталација, осветлување, пешачки и велосипедски патеки, како и булеварско зеленило. Во моментов се работи на проширување на коловозот на потегот од клучката Детелинка на Бит-пазар до улицата кај влезот на касарната „Илинден“, во вкупна должина од 1.440 метри.

Градежните зафати треба да продолжат од влезот на касарната „Илинден“ до спојувањето со булеварот Словенија, вклучувајќи ја и изградбата на големата клучка, која се планира да се гради кај месноста Тетовска Трошарина. Со овие зафати, таканаречената пластичарска улица, која беше тесно сообраќајно грло во тој дел од Скопје, ќе стане булевар со ново и модерно решение, со што не само што ќе има поголема сообраќајна безбедност, туку ќе ѝ даде и ново лице на околината.
На терен активно се вклучени градежните работници и градежните машини за реализација на првата фаза, во која се планирани повеќе зафати пред конечното проширувањето на булеварот, кое најверојатно ќе почне во мај. Како што информираат градските власти, градежните зафати засега се одвиваат според планираното и веќе се работи на асфалтирањето на северната страна на улицата до поврзувањето со семафорската крстосница со улицата Македонско-косовска бригада во населбата Топанско Поле. Одвивањето на градежните зафати во моментов не претставува никаква пречка за одвивањето на сообраќајот, а на терен постојано е присутна и сообраќајната полиција, која воспоставува ред.

На потегот од клучката Детелинка до улицата кај влезот на касарната „Илинден“ ќе се добијат четири сообраќајни летни, пешачки и велосипедски патеки, а на делови и разделно зеленило. Булеварот ќе добие ново осветлување со канделабри во висина од девет метри, како и дислокација на електрични и телекомуникациски инсталации. Со овој проект е предвидено и поставување на нова атмосферска канализација со променлив профил од фи 500, потоа фи 800 и фи 1.000 милиметри, а во вкупна должина од 2.162 метри. Оваа сообраќајница ќе добие и водоводна мрежа на двата крака со профил од фи 100, во вкупна должина од 2.552 метри. Градежните работи започнаа во декември 2019 година и истите тие се одвиваат во согласност со предвидената динамика. Од вторникот, поради изградбата на атмосферската, водоводната и фекалната канализација е воведен привремен сообраќаен режим – објаснуваат од градот Скопје.

Оттаму информираат дека веќе е започнато и асфалтирањето на северната тротоарска површина на потегот од клучката кај Бит-пазар до првата семафоризирана крстосница со улицата Македонско-косовска бригада. Потоа ќе продолжи асфалтирањето на површините по должината на улицата на делот од проширувањето, како и гребење на постојната сообраќајница во широчина од четири метри. Таканаречената пластичарска улица ќе стане булевар со ново и модерно решение.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/интензивно-се-одвиваат-градежните-за/


Posted By: daci92
Date Posted: 04-Mar-2020 at 00:27
Абе како да не ,пренесување интегрален текст на „новинариве“ им стана нормална работа. Полицијата таму ништо не прави освен што ги чува градежните работници .
Пластичарска е хаос, паркирани возила и на коловоз (единствениот по кој се вози) и на делот за проширување на кој ги тргнале барикадите. На новиот асфалт за пешачки и велосипедски патеки веќе се направени и тезгите па дуќанџиите си имаат одличен изложбен салон бесплатно.
Катастрофа, кој не поминал изминатиов период врска нема, секој ден минував од таму веќе 2 недели, се надевам никогаш повеќе ,но штета изгледа ќе морам пак деновиве често да одам таму.


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Mar-2020 at 14:39










https://www.facebook.com/jubaj/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Mar-2020 at 15:05
Пластичарска улица станува булевар со четири ленти, тротоари и велопатеки

Поставена е атмосферска канализација, деновиве ќе поче асфалтирањето на улицата. Во тек е гребењето на горниот слој на асфалтот на постојните коловозни ленти од клучката кај Бит Пазар, па сè до влезот во касарната Илинден. Улицата се проширува за уште една коловозна лента, со што ќе има по две ленти во двата правци. Во мај треба да биде објавен тендерот за продолжување на Пластичарска до Тетовска трошарина, поточно до спојувањето со булеварот „Словенија“ каде ќе има висечки кружен тек

Првата фаза од реконструкцијата на булеварот „Никола Карев“, попознат како Пластичарска улица, која почна лани, во декември, треба да заврши кон крајот на овој месец. Во тек е гребењето на горниот слој на асфалтот на постојните коловозни ленти од клучката кај Бит Пазар, па сè до влезот во касарната Илинден.

Улицата се проширува за уште една коловозна лента, со што ќе има по две ленти во двата правци. На целиот потег е изведена атмосферска канализација која досега не постоеше. Од двете страни на булеварот има и велосипедска и пешачка патека.

– По завршување на канализацијата, водоводот, новата електрична инсталација, тротоарите и велосипедските патеки, преминуваме на коловозот. Скопје добива нов булевар за кој ќе се потрошат 2,1 милион евра – вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој најавува дека во мај треба да биде објавен тендерот за продолжување на Пластичарска до Тетовска трошарина, поточно до спојувањето со булеварот „Словенија“ каде ќе има висечки кружен тек.

– Во август годинава очекувам да го добиеме проектот за висечкиот кружен тек, кај Хубо маркетот. Очекувам пред крајот на оваа година да почнат градежни активности за таа клучка и за булеварот „Словенија“ кои ќе се работат во еден пакет – вели Шилегов.

Пластичарска улица е важна сообраќајна артерија во овој дел на градот. Над неа, на столбови високи 5 метри ќе се гради кружен тек како продолжение на сообраќајот на булеварот кој со тунели ќе се пробие под скопското Кале. Тој булевар ќе се поврзе со улицата „Македонско-косовска бригада“.

Како прва фаза, Град Скопје работи на проектот за проширување на “Македонско-косовска бригада“ со шест коловозни ленти од крстосницата со булевар „Словенија“ кај салонот на „Порше“ до улицата „Џон Кенеди“ во Чаир. Проектот е готов, наскоро ќе го распишеме тендерот за изведувач – објаснува Шилегов.

Што се однесува до проектот за тунелите под Кале, Шилегов очекува да биде готов во јуни годинава.

– Проектот доцни два месеци. По јуни ќе го дадеме на ревизија, а потоа Градот ќе може да го распише тендерот за изведувач. Се надевам дека годинава може да се почне со градежните работи на овој капитален проект – вели тој.

Според проценките, проектот со тунелите и новата сообраќајница под Кале би чинеле околу 30 милиони евра, а Град Скопје потребните средства ќе ги побара од државната каса.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/пластичарска-улица-станува-булевар-с/


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 10-Mar-2020 at 16:20

Тој најавува дека во мај треба да биде објавен тендерот за продолжување на Пластичарска до Тетовска трошарина, поточно до спојувањето со булеварот „Словенија“ каде ќе има висечки кружен тек.

Не знам што е висечки кружен, ама браво

Едит: Си помислив Качанички пат, ама не е тоа. Кое е тоа спојување со Словенија кога немаат допирна точка со Карев?


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 11-Mar-2020 at 12:56
Најверојатно збори за сегашната Т раскрсница каде што треба да се влева автопатот од Блаце


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Mar-2020 at 20:49
Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ утре ќе извршат сечење на седум дрвја на булевар Никола Карев. Дрвјата се сечат поради проширувањето на булеварот и изградба на пешачко-велосипедска патека, која досега на овој потег не постоеше.






извор: фб страницата на Град Скопје

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 19-Mar-2020 at 21:12
Зошто ја купија машината за преместување дрвја?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Mar-2020 at 21:45
Pa na site prethodni prašanja vo vrska so mašinata za presaduvanje odgovorite bea deka nemožela baš sekoe drvo da go presadi,problem bile podzemnite instalacii i nekoi takvi slični odgovori(opravduvanja) ama nekako vo posledno vreme nikoj i ne prašuva,ja podzaboravija deka postoi...neznam dosega dali 1-2 pati ja imaat koristeno...


Posted By: skopskodete
Date Posted: 19-Mar-2020 at 21:45
Originally posted by Staro Skopje

Зошто ја купија машината за преместување дрвја?

Многу добро прашање. Поминаа можеби 4-5 години од купувањето на таа машина, но не видов некој новинар да праша за неа.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 19-Mar-2020 at 23:05
Ние немаме новинари.


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Mar-2020 at 19:19






https://www.facebook.com/petreshilegov


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Mar-2020 at 19:41
Преземено од фб страницата на Валон Мифтари (видео од Чаир денеска).
Се Скреншот од видео па затоа и квалитетот не е добар.
Во 3-тата слика се гледа како беше и како сега е.
https://postimages.org/">

https://postimages.org/">

https://postimages.org/">

https://postimages.org/">

https://postimages.org/">


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Apr-2020 at 15:34
(Видео)Првиот потег од реновирањето на „Пластичарска“ улица ќе биде готов за 20 дена

Првиот потег од реновирањето на „Пластичарска“ улица ќе биде готов за 20 дена. OОд градот информираат дека работите се одвиваат според планираното и крајот ќе зависи од временските услови.
Првата фаза од проширување на булеварот Никола Карев го опфаќа делот од клучката кај Бит-пазар до касарна Илинден и целосно ќе биде изведена непостоечка атмосферска канализација, реконструкција на подземните инсталации, со што ќе се добие современа сообраќајница. На почетокот на реконструкцијата градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов апелираше до граѓаните за трпение додека траат градежните работи.

[tube]2l4tk5py-3c[/tube]

https://24info.mk/видеопрвиот-потег-од-реновирањето-на/


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Apr-2020 at 12:19


https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/229487435126219/


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 03-Apr-2020 at 13:01
нека стават заштитни столбчиња и по една патрола да ги „држи“ дуќанџиите вантре во дуќанот сосе робата ...

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Apr-2020 at 13:35






https://www.facebook.com/petreshilegov


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Apr-2020 at 13:27
Вчера работеле и под рефлектори...





https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Apr-2020 at 11:28
Една скорешна фотка. Тротоарите веќе се окупирани од паркирани возила и изложена стока. Една лента е секогаш зафатена од други паркирани возила. Не знам како ќе се воведе ред тука.



фото: prizma.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Apr-2020 at 12:12
Започна завршната фаза на асфалтирање на бул. Никола Карев (Пластичарска)















https://www.facebook.com/petreshilegov


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Apr-2020 at 12:16
Абе океј 2-3 ленти, ама ако нема лента за паркирање на крајно десно, а цела улица е продажни и деловни простории, како да не се качуваат на тротоар (и како да очекуваме газдите да не ги вадат ступчињата поставени пред нивниот дуќан?).



-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Apr-2020 at 12:27
ЗАПОЧНА ФИНАЛНОТО АСФАЛТИРАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ НИКОЛА КАРЕВ (ПЛАСТИЧАРСКА УЛИЦА)

Денеска започна финалното асфалитрање на булеварот Никола Карев (познатата Пластичарска улица). Изминатиов период интензивно, со засилено темпо и ноќно работење се реконструираше и прошири овој булевар којшто е еден од најважните сообраќајници во Скопје бидејќи поврзува 4 општини - Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош. Затоа, оваа реконструкцијата е посебно значајна и од особен интерес за граѓаните кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат во овој фреквентен дел од градот.

Штом се заврши со асфалтирањето на коловозот, булеварот ќе биде обележан со хоризонталната сообраќајна сигнализација и ќе биде пуштен во употреба. Паралено со тоа, се работат тротоарите, велосипедските и пешачки патеки.

Завршувањето на оваа делница е според предвидениот план. Градежни работи во оваа фаза се изведуваа на потегот од клучката кај Бит-пазар до влезот во касарната „Илинден“, на вкупна должина од 1.440 метри. Во целосната реконструкција беа опфатени и подземните инсталации.

Овој месец, главниот град ќе добие современа и реконструирана сообраќајница со 4 сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило онаму каде што тоа го дозволува просторот.







https://www.facebook.com/p.shilegov/


Posted By: Théoden
Date Posted: 17-Apr-2020 at 13:12
Originally posted by Џоле

Една скорешна фотка. Тротоарите веќе се окупирани од паркирани возила и изложена стока. Една лента е секогаш зафатена од други паркирани возила. Не знам како ќе се воведе ред тука.

Едноставно е, нема да се воведе. Big%20smile

Државните органи, заради повеќе фактори кои се вон темата, имаат сѐ помалку и помалку капацитет за да го спроведат тој ред. Некој ќе рече „ако се сака сѐ се може“, но треба многу коцки да се поклопат тука за да се „посака“. Ваквите козметички зафати ќе останат ПР потези чиј реален ефект би бил минимален.

Во вакви услови трајно решение би било само реално проширување на улицата во (брз) булевар, со придружни сервисни улици кои би ги опслужувале дуќаните и физички одделен коловоз за останатиот сообраќај. Секако, ова би барало рушење на едниот ред објекти и обезбедување простор од некои 40-50 метри потребни да се изведе вакво решение, што би повлекло големи трошоци за експропријација и целиот проект би можел да чини и неколку десетици милиони евра. Но сиромавиот двапати плаќа.

Друго решение би можело да биде некој проект налик на Лимак, со кој дуќанџиите би се преместиле во трговски простор издигнат над булеварот. Но не верувам дека ќе се најде заинтересиран инвеститор за една ваква налудничава идеја, единствена можност постои во склучување на некое јавно-приватно партнерство, можеби и директно со дуќанџиите, во кое државата би имала поголем удел.

Сепак, по завршувањето на тековни работи, не очекувам темава повторно да се актуелизира во догледно време. Прво ќе треба да се заврши мега-проектот наречен автопат Скопје-Блаце (од кој, ако имаме среќа, првите два километра ќе ги возиме веќе во 2021-та Nuts), па потоа да се размислува за булевар низ или околу ИЗ Визбегово, па дури после да се бара начин за комплетирање на замислената сообраќајна артерија од која оваа улица е дел.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 17-Apr-2020 at 14:38
Возможно е денивелирање на булеварот и изградба на монтажен паркинг и тротоари на ground level?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: skopskodete
Date Posted: 17-Apr-2020 at 15:24
Originally posted by Staro Skopje

Возможно е денивелирање на булеварот и изградба на монтажен паркинг и тротоари на ground level?

Немој вакви идеи, научна фантастика се за нив...


Posted By: Denko
Date Posted: 17-Apr-2020 at 16:09
Originally posted by Théoden



Originally posted by Џоле

Една скорешна фотка. Тротоарите веќе се окупирани од паркирани возила и изложена стока. Една лента е секогаш зафатена од други паркирани возила. Не знам како ќе се воведе ред тука.
Едноставно е, нема да се воведе. Big%20smile
Државните органи, заради повеќе фактори кои се вон темата, имаат сѐ помалку и помалку капацитет за да го спроведат тој ред.
Kratko i jasno, vprocem kako i se drugo. Vo Makedonija se nema volja za red, ednostavno takvi se lugeto, nezavisno dali se vlast ili graganstvo.
Sekogas koga glasno sum ukazuval na nedostatoci i nered naiduvam na otpor, demek tuka bilo taka i jas li sega sum najpametniot sto diga galama.   


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 17-Apr-2020 at 17:54
Не би требало да е невозможна изведба на денивелиран булевар, со паркинг, тротоар и простор за изложба врз него... А да бевме нормална држава, булеварот веќе ќе беше под земја, а над него ќе имаше пешачка улица и естетски привлечни трговски објекти кои ќе се надоврзуваа на чаршијата и Битпазар.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: skopskodete
Date Posted: 17-Apr-2020 at 18:13
Originally posted by Staro Skopje

Не би требало да е невозможна изведба на денивелиран булевар, со паркинг, тротоар и простор за изложба врз него... А да бевме нормална држава, булеварот веќе ќе беше под земја, а над него ќе имаше пешачка улица и естетски привлечни трговски објекти кои ќе се надоврзуваа на чаршијата и Битпазар.

Да се надеваме дека еден ден нешто слично на ова ќе биде.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Apr-2020 at 20:20
Originally posted by гитардемон

Абе океј 2-3 ленти, ама ако нема лента за паркирање на крајно десно, а цела улица е продажни и деловни простории, како да не се качуваат на тротоар (и како да очекуваме газдите да не ги вадат ступчињата поставени пред нивниот дуќан?).


Оваа улица никаде и никогаш не била планирана како „продажна“, туку таква ја направија дуќанџиите, токму со узурпирање на тротоарите пред нивните објекти.

Од кога тоа рушење столпчиња на тротоар е разбирливо и прифатливо? Низ цел град има продавници покрај улиците, ајде тогаш да ги искорнеме сите столпчиња. Или за пластичарскава улица треба да важат уникатни правила?

Еве дури и да сака човек да биде максимално прагматичен и да биде крајно флексибилен со принципите, за да се вметне лента за паркирање тука, нели треба дуќанџиите барем да ја тргнат робата од тротоарите? Еднаш засекогаш.


Originally posted by Staro Skopje

Не би требало да е невозможна изведба на денивелиран булевар, со паркинг, тротоар и простор за изложба врз него...

Убав концепт и многу убаво си го претставил на сликата.

Но зарем прави логика да се вложат 50 или 100 милиони евра, за да се наградат деловни субјекти кои газат врз редот и законот, и да им се направат перфектни услови за продажба... И каква порака тоа би пратило до сите оние грѓани и фирми кои сеуште ги почитуваат правилата? Со таква политика таа група се повеќе и повеќе се осипува и се намалува. Самоволието и каубојштината треба да се дестимулира, а не да се наградува.


Ако овде не се воведе базичен ред, со активно учество на газдите на објектите, во не многу далечна иднина мислам дека секако ќе ги прегази времето. Една ИКЕА на пример би била цунами за повеќе од пола дуќани. Колку луѓе ќе останат што ќе купуваат производи од тротоар со 200 слоја црнила од издувни гасови врз нив?




Posted By: alexsend
Date Posted: 17-Apr-2020 at 20:21
Ова е единствено добро решение но шансите за ова се 1%

-Инаку, подобро во старт да се откаже Градот од тротоарите и велосипедските патеки на овој сегмент
-Да им обележи пола од тротоарот на дуќанџиите за изложување
-Другата половина да биде за паркирање
-Па да може да користиме барем лента и пол за возење.

Реалноста е таа.

Во спротивно ако стават столбчиња цела прва лента ќе биде паркинг и цел тротоар дуќан...и само ќе се револтираме...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Apr-2020 at 20:47
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by гитардемон

Абе океј 2-3 ленти, ама ако нема лента за паркирање на крајно десно, а цела улица е продажни и деловни простории, како да не се качуваат на тротоар (и како да очекуваме газдите да не ги вадат ступчињата поставени пред нивниот дуќан?).


Од кога тоа рушење столпчиња на тротоар е разбирливо и прифатливо? Низ цел град има продавници покрај улиците, ајде тогаш да ги искорнеме сите столпчиња. Или за пластичарскава улица треба да важат уникатни правила?



Нажалост знаеш и сам дека многу нешта се неразбирливи и неприфатливи, па сепак се толерираат нашироко низ одредени делови на државата. Сакам да верувам дека нема да се случи нешто вакво, ама јас од искуство знам дека кога имаш проблем со проблематично дете, треба ти како попаметен да го промениш пристапот кон него ако сакаш резултати, додека пак само со казни и истата метода како за другите, не можеш да очекуваш исти резултати како од другите деца (се извинувам за педагошката метафора).

Во мојот и твојот идеален свет и двајцата би сакале да се решава ова само со ступчиња и казни, арно ама тие полицајци од ПС Бит-Пазар се другари со сите овие дуќанџии (или фамилијарни пријатели со комшијата/зетот/баџанакот), и во таква мала заедница ретко кој ќе се осмели да напише казна некому со кого си има работа во секојдневниот живот (арапските земји се сличен пример каде локалците закон не ги фаќа, освен ако му згрешат на друг локалец). Цел град кубури со паркинг, и дури во поцивилизираните делови на градот се качуваат по тротоари, така што не е тешко да претпоставиме што ќе се случува тука.

Се надевам дека грешам, но пак ќе речам, градот треба да биде креативен со своите решенија, или, како за чудо, да настапи многу одлучно и со цврст карактер.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 17-Apr-2020 at 21:02
Згора на тоа прибирањето данок е на незавидно ниво, а голем дел од бетонскиот куп се дуивоградби

Улицата не била планирана за продажна, но природно се наметна како таква поради нејзината поврзаност со чаршијата, пазарот и самата локација. Овој потег, како и Партизанска помеѓу Соборна и Рузвелтова, требаше да се исполнат со репрезентативни трговско-деловни објекти (делумно и неумешно веќе изведено на Партизанска).

Согласно моменталната состојба и финансиските можности, на среден рок би било логично рушење на првиот ред објекти од јужната страна на булеварот и негово прераснување во вистински булевар со по 3 ленти, средишно зеленило и велосипедски и пешачки патеки по целата должина, изградба на сервисни улички од задната страна на објектите, изградба на по една катна гаража на север и на југ и, во пооптимистичка варијанта, изразување стремеж за преродување на овој дел со мастер план за дооформување на станбената населба северно од Џон Кенеди, уредување на уличките од помеѓу ЏК и Пластичарска и реставрација на старото јадро јужно од Пластичарска. Ама нас Саат кулата и Султан Муратовата џамија ни се опколени со бетонски ѓубриња и дивоградби, а сред чаршија исто така никнуваат дуивограби, па благодарение на менталитетот, сосема реалното решение погоре нам ниту на сон нема да ни се случи. Треба да се изнајде стратегија за долгорочно исправање на навиките, а исфрлање на ДУИ и секојдневно контролирање од страна на полицијата (првично само со опомени и укажувања, без казни) би биле само првите чекори.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Apr-2020 at 18:35
ако се дозволува да се градат дивоградби без никаква санкција па дури и награда, и урбаниот простор да се креира на основа на индивидуалци, како очекувате некој да се цивилизира во поглед на паркирање и користење на јавен простор?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Apr-2020 at 13:19






https://www.facebook.com/jubaj/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Apr-2020 at 11:18








https://www.facebook.com/petreshilegov


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Apr-2020 at 11:24
Пластичарска асфалтирана и обележана, следи озеленување

По финалното асфалитрање на булеварот „Никола Карев“ (познатата Пластичарска улица), денеска се врши означување/обележување на коловозните ленти и пешачките патеки.

Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, следи озеленување и решавање на проблемот со паркирање на коловозот и тротоарите.

Изминатиов период интензивно, со засилено темпо и ноќно работење се реконструираше и прошири овој булевар којшто е еден од најважните сообраќајници во Скопје, бидејќи поврзува четири општини – Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош

– Затоа, оваа реконструкција е посебно значајна и од особен интерес за граѓаните кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат во овој фреквентен дел од градот. Штом се заврши со асфалтирањето на коловозот, булеварот ќе биде обележан со хоризонталната сообраќајна сигнализација и ќе биде пуштен во употреба. Паралено со тоа, се работат тротоарите, велосипедските и пешачки патеки – најавија градските власти.

Градежни работи во оваа фаза се изведуваа на потегот од клучката кај Бит-пазар до влезот во касарната „Илинден“, на вкупна должина од 1.440 метри. Во целосната реконструкција беа офратени и подземните инсталации.

– Овој месец, главниот град ќе добие современа и реконструирана сообраќајница со четири сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило онаму каде што тоа го дозволува просторот -потенцираат од Градот.

https://www.vecer.press/пластичарска-асфалтирана-и-обележан/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Apr-2020 at 14:30
















https://www.facebook.com/petreshilegov


Posted By: ironm
Date Posted: 26-Apr-2020 at 15:05
А зошто не ги срушиле објектите околу раскрсницава кои очигледно сметаат? Не смееле или избрзан е проектот? Изгледа како дете од второ одделение да ја проектирало раскрсницата, на што личи ова влечени пешачките премини на сите страни... зошто е средишното зеленило пократко од островите? За да можат да вртат во кривина со 140 км/ч?

Браво за реконструкцијава, повеќе од потребна, ама ова со раскрсницава е исмејување со пешаците и до кога велосипедистите треба да префрлаат на пешачки премин? Да не зборувам за ненадминливиот фетиш за асфалтирање пешачки патеки во Мк и ниедно дрво.


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Apr-2020 at 02:11
Originally posted by ironm

А зошто не ги срушиле објектите околу раскрсницава кои очигледно сметаат? Не смееле или избрзан е проектот? Изгледа како дете од второ одделение да ја проектирало раскрсницата, на што личи ова влечени пешачките премини на сите страни... зошто е средишното зеленило пократко од островите? За да можат да вртат во кривина со 140 км/ч?
Браво за реконструкцијава, повеќе од потребна, ама ова со раскрсницава е исмејување со пешаците и до кога велосипедистите треба да префрлаат на пешачки премин? Да не зборувам за ненадминливиот фетиш за асфалтирање пешачки патеки во Мк и ниедно дрво.

дали мислиш дека би рушеле објекти за раскрсница, на чиј тротоар си е ноншалатно паркиран автобус, додека се одвива самата изведба?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: kiriOK
Date Posted: 27-Apr-2020 at 02:17
Ова проширување или реконструкција е?


Posted By: skopskodete
Date Posted: 27-Apr-2020 at 02:28
Дива лига. Тој објектот долу-лево (последна слика) смета до толку што е под знак прашалник безбедноста само ЕДЕН човек да сака да помине, а не повеќе луѓе.
Со ваква реконструкција, проширување или што и да е, јас би се срамел, а не па да се фалам.
Плус:
- бојата ќе избледи за рекордно време; и
- една сообраќајна лента (од двете страни)ќе се узурпира со возила.


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Apr-2020 at 08:57
ПЛАСТИЧАРСКА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА Е ЦЕЛОСНО ГОТОВА, ЛЕТОВО ЌЕ ЈА РЕНОВИРАМЕ ДО „МОМИН ПОТОК“, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ

Град Скопје привршува со реконструкција на булеварот Никола Карев или познатата Пластичарска улица. Целосно е завршен потегот до крстосницата кај американската амбасада, а до наредниот викенд ќе се постави и завршниот слој асфалт на потегот до касарната Илинден.

Сега Пластичарска улица има по две сообраќајни ленти во двата правци, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило онаму каде што тоа го дозволува просторот. На целиот потег е изведена атмосферска канализација која досега не постоеше. Реконструкцијата чини 2,1 милион евра.

„Викендов екипите на ЈП ‘Улици и патишта‘ ја бележеа хоризонталната сигнализација на потегот до амбасадата на САД. Првата фаза до касарната ‘Илинден‘ ја завршивме како што планиравме до крајот на април. Пролетва ќе почнеме со градежни работи за проширување и реконструкција на сообраќајницата до крстосницата кај ‘Момин поток‘. По завршување на тој дел ќе следува и изградба на кружниот тек кај ‘Хубо маркет‘. Со тоа ќе го решиме метежот во сообраќајот кој се создава во овој дел од градот“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

И покрај пандемијата на КОВИД-19 Град Скопје најави дека и летово ќе се реконструираат десетина улица и булевари низ градот. За да можат градежните фирми и во време на кризата да работат, Град Скопје ќе земе кредит од 12 милиони евра.

А. АНТЕВСКА

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/plasticharska-za-edna-nedela-e-tselosno-gotova-letovo-ke-ja-renovirame-do-momin-potok-veli-gradonachalnikot-shilegov/


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Apr-2020 at 09:07


Убаво што ќе се реновира и делот до Момин Поток, но без понатамошно реновирање и проширување на Јадранска магистрала ништо нема да се постигне. Имаме ситуација кога од бул. Словенија доаѓаш до раскрсница каде и лево и десно од 2х2 улиците се стеснуваат на 1х1, што е причина за голем сообраќаен метеж. Често ја користам таа рута и сум бил сведок на долги редици коли во двата правци.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: ironm
Date Posted: 27-Apr-2020 at 09:14
Originally posted by kiriOK

Ова проширување или реконструкција е?

Проширување = реконструкција

Originally posted by Џоле


Убаво што ќе се реновира и делот до Момин Поток, но без понатамошно реновирање и проширување на Јадранска магистрала ништо нема да се постигне. Имаме ситуација кога од бул. Словенија доаѓаш до раскрсница каде и лево и десно од 2х2 улиците се стеснуваат на 1х1, што е причина за голем сообраќаен метеж. Често ја користам таа рута и сум бил сведок на долги редици коли во двата правци.

Со оглед на сите проекти што ги потегна Шилегов очекувам дека и таа делница е земена во предвид, ама претпоставувам за 2021 или понатаму, бидејќи во моментов веќе има неколку големи активни проекти.


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Apr-2020 at 15:32








https://www.facebook.com/JP-Ulici-i-patista-Skopje


Posted By: skopskodete
Date Posted: 30-Apr-2020 at 15:48
Во интервју за Канал 5 Шилегов рече дека работеле на две паркиралишта во непосредна близина за да не се паркирало повеќе на улица или тротоар. Кои се тие паркиралишта?


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Apr-2020 at 17:35
„Пластичарска“, се спаси од стариот асфалт, но не и од старите навики

[tube]sJ1BhA8A9KA&feature[/tube]

Неколку дена по целосната реконструкција на булеварот познат како „пластичарска“, сообраќајот и натаму е густ. Ова е поради тоа што автомобилите се паркираат на тротоарите, како и на лентите за сообраќај. Тешко е да преминат дури и пешаците.

За да се избегне најголемиот хаос, моментално на овој булевар има постојано полиција, но и ова се чини дека не дава резултати. Дури и на пешаците им е тешко и да се движат, бидејќи покрај паркираните автомобили, на тротоарите се и производите од продавниците. Дури и во близина на пешачките премини.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека по реконструкцијата на булеварот продолжуваат да се градат два паркинга. Откако ќе завршат, нема да има се толерира погрешното паркирање. Шилегов додава дека пазарниот инспекторат треба да се погрижи за тротоарите претворени во магацини. .

Од Општина Чаир велат дека екипите на пазарниот инспекторат ги предупредувале трговците да не ја ставаат стоката на тротоарите а од следната недела ќе има казни.

„Екипите на Инспекторатот на Општина Чаир заедно со Државниот пазарен инспекторат извршија увид на состојбата на терен … дадоа забелешки за дозволената линија на изложеност на стоки. Од понеделник непочитувањето на утврдената линија ќе се казни според соодветните законски норми. Што се однесува до прашањето за паркирање со автомобили, постигнат е договор со граѓаните од оваа област и стопанствениците за користење на дел од тротоарот како паркинг простор до изградба на предвидената катна гаража“, наведуваат од општина Чаир.

Според проектот за реконструкција на „пластичарска“, покрај тоа што се планира тротоарите да бидат слободни, треба да има и ленти за велосипеди. Во моментот продолжуваат работите за реконструкција на вториот дел од булеварот „Никола Карев“, односно делот до касарната „Илинден“.

https://www.alsat-m.tv/mk/пластичарска-се-спаси-од-стариот-а/


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-May-2020 at 07:44
Од Чаир директно на обиколница – работите „заглавија“ на кружниот тек, Пластичарска џабе е проширена

[tube]Uw8xOazGvZM&feature[/tube]

Знаците покажуваат дека булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопски Бутел се уште не е отворен за автомобили, но граѓаните се љубопитни и поминуваат од таму. Отстранет е еден знак за да може да поминуваат автомобилите.

Градежните работи се завршени, се чека само Град Скопје и официјално да го отвори булеварот. Тоа се очекуваа оваа недела. Преку овој булевар од Чир можете директно да излезете на обиколница.

Багерите работат и во недела на булеварот „Никола Карев“ или познат како Пластичарска.
Еден дел е завршен, но граѓаните повторно го користат за паркинг со што продолжува метежот во сообраќајот.

„Секако дека е добро но треба да се почитуваат сите сообраќајни правила за да нема метеж по улиците“, вели граѓанин.

„Ова е добро за луѓето, но една улица не треба да се прави една година. И тоа не е во ред. Оваа улица секогаш била проблематична, но државата треба да ги среди тие работи.“, вели друг граѓанин.

Во меѓувреме е во тек и работат кај кружниот тек кај Чаир во близина на амбулантата. Овде се создава метеж бидејќи две ленти се блокирани.

„Се наоѓаме на улица Втора македонска бригада каде се во тек градежните работи за кружниот тек во Чаир. Граѓаните се жалат дека работите се одолговлекле, а од Град Скопје ветуваат дека наскоро ќе биде завршена обиколницата.“, јавува репортерот на ТВ21.

„Помина многу време откако почнаа да градат и се уште ништо. Чекаат избори за да покажат кој изградил нешто, инаку ништо не се гради.“

„Во близина на градинките и училиштата не треба да има кружен тек бидејќи е опасно за пешаците особено за децата. Добро е да има, го олеснува сообраќајот, но изградбата трае долго сигурно поради ситуацијата.“

„Многу се доцни со работата. Сега ако излеземе на Јахја Паша, ни во Африка не е како таму. Не може да помине ни автобус ни автомобил. Ти треба еден час од таму до Бит Пазар.“

Прашавме во Град Скопје во врска со овие проекти. Од таму велат дека работите можеле да завршат и порано, но се одолговлекле поради лошите временски услови.

https://tv21.tv/mk/od-chair-direktno-na-obikolnitsa-rabotite-zaglavija-na-kruzhniot-tek-plasticharska-dhabe-e-proshirena/


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-May-2020 at 11:14


...







https://www.facebook.com/jubaj/


Posted By: Влатко
Date Posted: 06-May-2020 at 12:56
Секако дека ќе беше поскапо но нели им текна во делот на пластичарска, булеварот да понира а горе да е пешчка зона. И онака никогаш не може да се одвратат луѓето од продавање и пазарување во тој дел ама барем сообраќајот под земја да се одвива непречено...


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-May-2020 at 01:12
Originally posted by Влатко

Секако дека ќе беше поскапо но нели им текна во делот на пластичарска, булеварот да понира а горе да е пешчка зона. И онака никогаш не може да се одвратат луѓето од продавање и пазарување во тој дел ама барем сообраќајот под земја да се одвива непречено...

и така градот треба да даде пет пати повеќе пари за изградба на непотребен проект, кој ќе се должи само на тоа дека некој нејќе да си ја тргне тезгата од улица и не сфаќа дека тротоари и коловозни ленти не се паркинзи

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Влатко
Date Posted: 07-May-2020 at 07:03
Originally posted by zabegan

Originally posted by Влатко

Секако дека ќе беше поскапо но нели им текна во делот на пластичарска, булеварот да понира а горе да е пешчка зона. И онака никогаш не може да се одвратат луѓето од продавање и пазарување во тој дел ама барем сообраќајот под земја да се одвива непречено...

и така градот треба да даде пет пати повеќе пари за изградба на непотребен проект, кој ќе се должи само на тоа дека некој нејќе да си ја тргне тезгата од улица и не сфаќа дека тротоари и коловозни ленти не се паркинзи


Во основа, да, но од една страна се тезгите а од друга страна се купците кои паркираат а тоа се луѓе од целата држава. Во случајов 5 пати е поефтино ама ништо не е решено.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 07-May-2020 at 18:04
Најавија дека после изградба на паркинзите ќе има столпчиња и контроли од општина + сообраќајна. Нешто ќе биде преземено, само ќе видиме дали е доволно. Би им препорачал да стават средишни бариери, па макар и столпчиња за да спречат 180ки.


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-May-2020 at 01:34
Originally posted by Влатко


Originally posted by zabegan

Originally posted by Влатко

Секако дека ќе беше поскапо но нели им текна во делот на пластичарска, булеварот да понира а горе да е пешчка зона. И онака никогаш не може да се одвратат луѓето од продавање и пазарување во тој дел ама барем сообраќајот под земја да се одвива непречено...

и така градот треба да даде пет пати повеќе пари за изградба на непотребен проект, кој ќе се должи само на тоа дека некој нејќе да си ја тргне тезгата од улица и не сфаќа дека тротоари и коловозни ленти не се паркинзи
Во основа, да, но од една страна се тезгите а од друга страна се купците кои паркираат а тоа се луѓе од целата држава. Во случајов 5 пати е поефтино ама ништо не е решено.
па и за нив зборев де
вистина е дека паметно е државата да се прилагодува на менталитетот на народот во процесот на негово култивирање, ама не по секоја цена
плус, дури и да се претвори просторот во пешачка зона, ќе се пронајде начин за кратко време како да биде максимално окупирана од возила, најпрво од сопствениците на тие дуќани

за жал толку не имаат испеглано, да немаме доверба во корумпираната полиција дека ќе работи на случајот, па ситуацијата се чини безизлезна, се надевам дека грешам

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-May-2020 at 08:45


Мислам дека најавата за изградба на паркинзи пред делење на казни е паметна, иако фактот што никаде не беа споменати паркинзите пред да биде завршена улицата е многу без врска.

Јас ги сфаќам желбите на сите членови на форумов, но мора да се соочиме со реалноста во државава. Имаме социјални, меѓуетнички, административни и секакви проблеми. Ниту казни ниту столбчиња ќе помогнат ако не се понуди некакво решение кое ќе биде поддржано, поттурнато и понудено од локалниот политички/племенски/мафијашки лидер (не го мислам ова на навредлив начин, ова важи за секоја урбана заедница кај нас, од Битола преку Крива Паланка до Дебар).

Ако градоначалникот на Чаир, некој од ДУИ, или некој од сопствениците на дуќаните понуди опција да не се паркира на тротоар бидејќи има друга опција, мислам дека ќе има резултат.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-May-2020 at 19:57

сакам да кажам дека одредени луѓе се склони кон одредено однесување... сакате вонземски и најсовремено решение, прилагодено на нивните барања напрајте, пак ќе го има истиот резултат, особено би се избегнувале паркинзи кои се наплаќаат и би се корнеле столпчиња и други препреки за забранет пристап со возило

единствено решение за ваквиот менталитет е строга диктатура на закони и државни органи, нешто што кај нас нема никогаш да се сприоведе со оглед на нивото на корупција кое е вкоренето кај нас од најкрупни проблеми, до најситни детали
така да... ни на едниот ни на другиот пристап на проблемот не сум надежен

згора на сето ова, каде би ги изградиле тие паркинзи на тој простор?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 08-May-2020 at 21:47
Ја возам изминатиов период откако поголем дел од булеваров сега веќе е направен. Имаме неколку впечатоци:
- понебезбедна е од претходно, бидејќи претходно се очекуваше дека возиш на минско поле, а сега мислиш дека е подобро и можеш да се опуштиш, ама не, напротив, полошо е.
- Две полни линии? Што е тоа? Не знам зашто воопшто се мачеле да ги цртаат.
- Сега нема семафори на раскрсниците, се надевам кога ќе стаат ќе има повеќе ред... ама моментално... Предност на главна улица... нема главна улица... јас сум си сам на себе предност па кога сакам ќе се убацам... Не знам како ќе биде со семафори.
- проблем не се толку паркирани возила, на самата улица може и ги нема толку многу, повеќе проблем се оние кои сакаат да се вклучат во сообраќај, искачаат од нигде никаде и не пази полека да влезе а директно под 90 степени во втора лента... а секако и преку дупла полна линија од другата страна...
- пешаци мислиш пешачка ја направија улицава... има два пешачки премини, ама тие ако случајно се најдеш таму па да поминеш... си проаѓаат кај сакаат...
- ај да се само пешаците, има и точаци што мислат дека се коли (не дека имам против, ама регулирано)... и како за крај денес прв пат видов како еден на тротинет си пројде онака на косо во должина можеби од 100 метри од едната на другата страна преку полна лента...

На улицава не и треба ограда и столпчиња... и требаат ѕидови два метра и од страните и во средина за да биде безбедна... иначе ќе биде каша попара... сега уште се прави па пазиш да не искршиш кола.. којзнае како ќе биде кога ќе биде готова...

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-May-2020 at 10:20
Кај касарната Илинден, од пред некој ден...





-------------
За сè има вторпат


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 11-May-2020 at 10:59
Дали ќе се проширува до крстосницата со булевар 8-ми Септември, или до кај крстосницата со Булевар Словенија?


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 11-May-2020 at 12:45
Оваа фаза е до Момин Поток, т.е. 8 Септември.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Влатко
Date Posted: 12-May-2020 at 07:13
Претпоставувам дека во оваа фаза до 8ми септември предвидени се велосипедски патеки.


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-May-2020 at 16:38
Пластичарска викендов ќе биде готова до касарната Илинден

Пред денолку денови се пушти реконструираниот булевар „Никола Карев“, попозната како „Пластичарска улица“, но семафорите се уште не работат. Проблем се улиците што се вкрстуваат со овој булевар, особено проблематична е улицата кај автошколата Арди која е многу тесна и е во лоша состојба.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека во рамки на своите надлежности, Град Скопје е одговорен за главните градски улици и булевари, вклучително и за Пластичарска улица.

– Планираме до крајот на овој викенд целосно да ги завршиме градежните работи на потегот до касарната Илинден, а потоа да го исцртаме булеварот и да ја пуштиме светлосната сигнализација. Локалната инфраструктура е работа која што треба да ја средуваат општините на територијата на градот и тоа е нивна јурисдикција. Секогаш ги повикувам градоначалниците на соодветните општини онаку каде Градот изведува сериозни потези ма реконструкција или изградба на нова сообраќајна инфраструктура, во исто време да ја следат таа активност со цел на определена микролокација да обезбедиме квалитетна инфраструктура за сите – нагласи Шилегов.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/пластичарска-викендов-ќе-биде-готова/


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 14-May-2020 at 01:55
До толку неможат до Булевар Словенија да го направат, таман ќе има соодветно поврзување?
Или за тоа е предвиден/планиран сосема друг проект?
Не гледам причина зошто оваа кратка делница да се изостави.


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-May-2020 at 08:45






https://www.facebook.com/jubaj


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-May-2020 at 12:10


https://nezavisen.mk/shilegov-zabrzano-gi-povrzuva-sever-i-jug-na-skopje/


Posted By: Влатко
Date Posted: 14-May-2020 at 14:19
Originally posted by stef4o



https://nezavisen.mk/shilegov-zabrzano-gi-povrzuva-sever-i-jug-na-skopje/


што од сликава е променето сем новиот асфалт?


Posted By: Denko
Date Posted: 14-May-2020 at 15:59

A sto oekuvase ti da se promeni?


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 14-May-2020 at 17:40
Можеби плаќање на сообраќајните полицајци по учинок би ја подобрило состојбата?
Иако многу подобро би било бркање од работа на сите ~150.000 вработени во сите државни институции и одново вработување, а со цел отстранување на сите паразити од комунистичките и транзициските режими. Естонија, една од најуспешните источноевропски држави, изврши генерален реизбор на администрацијата во 90тите.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Denko
Date Posted: 14-May-2020 at 18:10
Originally posted by Staro Skopje

Можеби плаќање на сообраќајните полицајци по учинок би ја подобрило состојбата?
Иако многу подобро би било бркање од работа на сите ~150.000 вработени во сите државни институции и одново вработување, а со цел отстранување на сите паразити од комунистичките и транзициските режими. Естонија, една од најуспешните источноевропски држави, изврши генерален реизбор на администрацијата во 90тите.
Toa minimalno ke ja podobri situacijata, pogotovo vo Cair, ili nekoj slicni opstini. Narodot e nauen na nekoj relatinev nered i sekoj koj ke se obide da napravi red si napravil samo problemi. Zatoa mnogu od onie koi imaat nekakvo vlijanie toleriraat nered.


Posted By: Влатко
Date Posted: 15-May-2020 at 07:45
Originally posted by Denko


A sto oekuvase ti da se promeni?


Решение кое ќе го растерети сообраќајот на пример. Вака, пак на мртва точка.


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 15-May-2020 at 08:54
Може на пример да се направат сервисни улички позади продавнициве каде што ќе има место за паркирање комбиња за истовар на роба и луѓе што сакаат да паркираат. Вака на ништо не личи ова.

-------------
ಠ_ಠ


Posted By: Denko
Date Posted: 15-May-2020 at 10:22
Originally posted by Влатко


Originally posted by Denko


A sto oekuvase ti da se promeni?
Решение кое ќе го растерети сообраќајот на пример. Вака, пак на мртва точка.
Vo Makedonija se menuva samo formata, dodeka sustinata ostanuva ista. Za sustinska promena nema volja nitu kaj vlastite, nitu kaj narodecot... (Vazi za site sferi vo opstestveniot zivot).



Print Page | Close Window