Print Page | Close Window

Возен парк (ЈСП - МАН)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Јавен превоз
Forum Discription: Автобуски, трамвај, ЛРТ, метро, тролејбус...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3670
Printed Date: 16-Apr-2024 at 17:10


Topic: Возен парк (ЈСП - МАН)
Posted By: stef4o
Subject: Возен парк (ЈСП - МАН)
Date Posted: 27-Sep-2018 at 15:00
ЈСП ќе ги замени кинеските и украинските автобуси со нови

Квалитетот на сегашниот возен парк на јавното сообраќајно претпријатие воопшто не ги задоволува потребите на граѓаните, кои секојдневно мака мачат да стигнат до која било дестинација. Само седум години по набавката на новите украински и кинески автобуси, состојбата со возилата е очајна. Уште поочајни се патниците, кои сега мораат да се возат во старите зглобни и единечни автобуси, на кои веќе имаа заборавено. Од ЈСП не кријат дека нископодните автобуси набавени од Украина се во многу лоша состојба, додека, пак, постои проблем и со кинеските двокатни, пред сѐ поради непостоење на нивен овластен застапник, па автоматски не постои можност за сервисна и техничка поддршка во секое време.

Од таа причина на линиите каде што тие ќе застанат, се пуштаат старите зглобни и единечни возила. За да се обезбеди подобар квалитет на јавниот градски превоз веќе се најавува набавка на нови автобуси, на кои, пак, ќе имало дури и држачи за велосипеди. Во една своја изјава за алтернативен транспорт, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, напомена дека во постапката за набавка на новите автобуси предвидуваат автобусите да имаат и држачи за велосипеди. Граѓаните се шегуваат дека некои од возачите на ЈСП и сега ги оставаат патниците и им ги затвораат вратите пред нос, а не пак да ги чекаат да ги закачат своите велосипеди. Додаваат дека и нископодните автобуси кога се купуваа се зборуваше дека ќе имаат коси рампи, кои одлично ќе им дојдат на инвалидизираните лица, па со количка лесно ќе можат да влегуваат во автобус. Некои граѓани што со години користат јавен градски превоз велат дека досега не виделе некој од возачите да притисне на копчето за спуштање на косата рампа и којзнае зошто не се користат.

Колку пати на мајките со бебиња во колички им помага некој да се качат или да се симнат од автобус, само затоа што ниту еден возач не го користи копчето за спуштање на косата рампа. Можеби и тие се расипани, како и автобусите што секојдневно се расипуваат.

– Некои возачи на ЈСП немаат мера во својата дрскост. Секој ден се возам во автобус и што сѐ не гледам. Најсвежо, пред некој ден не застана на автобуската станица кај МНТ, а жената што чекаше на станицата дојде до возилото што беше заглавено во сообраќајна колона, тропајќи му на вратата да ѝ отвори, а тој не само што го повиши тонот туку ѝ кажа и вулгарни зборови. Таа само се повлече и остана да чека друго возило на таа линија. Колку пати некој ќе трча по автобус и пред нос ќе му затворат врата, а не пак возачите ќе чекале некого да го закачи велосипедот – вели скопјанката Жане Трајчева.

Какви ќе бидат новите автобуси и од каде ќе бидат набавени уште не се знае, но веќе неколку месеци по скопските улици сообраќаат еколошки автобуси, односно електрични и на гас. Пробно се возат од мај, за да се утврди кои ќе бидат подобри за нашите услови. Од ЈСП велат дека анализите од тест-периодот, кој сѐ уште трае, покажале дека автобус на гас е најсоодветен за нашиот јавен превоз, генерално од сите аспекти. Веројатно и такви ќе бидат набавени, но тоа не го истакнуваат. Најпрвин беше најавено дека ќе бидат набавени 30-40 нови автобуси, но ги прашавме во претпријатието да ни кажат до каде е постапката за купувањето на новите автобуси и се знае ли од каде ќе бидат купени, од која земја, од која фирма и колку ќе чинат. Оттаму информираат дека допрва ќе се распише тендерот.

– Постапката е во тек, поточно при крај е процедурата за задолжување на ЈСП – Скопје пред меѓународна кредитна институција. Таа ќе го распише тендерот за набавка на возилата.

Колку возила, по која цена, од која фирма, од која земја, во колкав временски период ќе се испорачаат, динамиката на испораката и слично, ќе се знае по завршувањето на тендерот, всушност, тој практично ќе даде одговор на поголем дел од прашањата. Кредитот за набавка на новите автобуси ќе го отплаќа ЈСП – Скопје – велат од претпријатието.

Како што и претходно пишуваше „Нова Македонија“, вкупниот износ на задолжување е 10.000.000 евра, со грејс-период од три години. Рокот на отплата е седум години, без вклучен грејс-период. Во врска со ова одлучил и управниот одбор на претпријатието, а предлог-одлуката беше изгласана и од градските советници. Со неа беше издадена гаранцијата за долгорочно задолжување на ЈСП – Скопје кон меѓународна кредитна институција и условите на задолжување под кои таа се издава. Во врска со тоа, пак, градот Скопје безусловно и неотповикливо се обврза и ги гарантираше сите плаќања на ЈСП што ќе произлезат од договорот за заем склучен врз основа на одлуката за долгорочно задолжување на ЈСП.

%20 - https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/јсп-ќе-ги-замени-кинеските-и-украински/



Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 13-Nov-2018 at 11:50
ЕБОР ја одобри набавката на 35 нови автобуси за ЈСП-Скопје

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска и официјално информираше дека нивниот борд на директори го одобрил проектот за финансирање на набавката на 35 нови автобуси на компресиран природен гас за потребите на ЈСП – Скопје. По донесувањето на ваквата одлука, во најскоро време треба да биде и официјално распишан тендерот за обновување на возниот парк на ЈСП – Скопје. Проектот ќе биде вреден 11,8 милиони евра, од кои ЕБОР ќе обезбеди кредитна линија во износ од 10 милиони евра, додека останатите средства ќе треба да се обезбедат од Градот Скопје и од самото сообраќајно претпријатие.

Нископодните автобуси ќе имаат најнови „Еуро 6“ мотори, коишто ќе гарантираат намалено испуштање на ПМ честички за 96% и намалување на испуштениот јаглерод диоксид на автобусите за 19%. „Новите автобуси ќе ги заменат старите дизел возила со „Еуро 2“ мотори, а планираната инвестиција ќе има значајни еколошки и здравствени бенефити“ велат од ЕБОР. Како што најавија претходно од Градот Скопје, две-третини од новите еколошки возила би требало да бидат зглобни автобуси.

Покрај за подновување на возниот парк на ЈСП – Скопје, одобрениот кредит од ЕБОР ќе се искористи и за три други намени – подобрена ефикасност и одржливост на работењето на јавното сообраќајно претпријатие, реструктурирање на скопскиот автобуски сектор и развој на Акционен план за зелени градови. На тој начин, не само што ќе се набават нови автобуси за ЈСП – Скопје, туку би се зголемил и квалитетот и ефикасноста на градскиот превоз во Скопје, а со тоа и бројката на патници што него секојдневно го користат.

http://build.mk/ebor-i-ja-odobri-nabavkata-na-35-novi-avtobusi-za-jsp-skopje/ - http://build.mk/ebor-i-ja-odobri-nabavkata-na-35-novi-avtobusi-za-jsp-skopje/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 13-Jul-2019 at 09:56
Originally posted by Џоле

ЕБОР ја одобри набавката на 35 нови автобуси за ЈСП-Скопје

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска и официјално информираше дека нивниот борд на директори го одобрил проектот за финансирање на набавката на 35 нови автобуси на компресиран природен гас за потребите на ЈСП – Скопје. По донесувањето на ваквата одлука, во најскоро време треба да биде и официјално распишан тендерот за обновување на возниот парк на ЈСП – Скопје. Проектот ќе биде вреден 11,8 милиони евра, од кои ЕБОР ќе обезбеди кредитна линија во износ од 10 милиони евра, додека останатите средства ќе треба да се обезбедат од Градот Скопје и од самото сообраќајно претпријатие.

Нископодните автобуси ќе имаат најнови „Еуро 6“ мотори, коишто ќе гарантираат намалено испуштање на ПМ честички за 96% и намалување на испуштениот јаглерод диоксид на автобусите за 19%. „Новите автобуси ќе ги заменат старите дизел возила со „Еуро 2“ мотори, а планираната инвестиција ќе има значајни еколошки и здравствени бенефити“ велат од ЕБОР. Како што најавија претходно од Градот Скопје, две-третини од новите еколошки возила би требало да бидат зглобни автобуси.

Покрај за подновување на возниот парк на ЈСП – Скопје, одобрениот кредит од ЕБОР ќе се искористи и за три други намени – подобрена ефикасност и одржливост на работењето на јавното сообраќајно претпријатие, реструктурирање на скопскиот автобуски сектор и развој на Акционен план за зелени градови. На тој начин, не само што ќе се набават нови автобуси за ЈСП – Скопје, туку би се зголемил и квалитетот и ефикасноста на градскиот превоз во Скопје, а со тоа и бројката на патници што него секојдневно го користат.

http://build.mk/ebor-i-ja-odobri-nabavkata-na-35-novi-avtobusi-za-jsp-skopje/ - http://build.mk/ebor-i-ja-odobri-nabavkata-na-35-novi-avtobusi-za-jsp-skopje/

Што стана со автобусиве? Веста е од 18.11.2018


Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Jul-2019 at 10:21
Пак ќе речам, иако не важи само за темава, туку за сите теми поврзани со нашата држава.

Моменталната власт има многу подобри, поодржливи и понапредни идеи, но апсолутно катастрофална реализација.

Претходната власт имаше ужасни, ретроградни, дебилни и катастрофални идеи на долг рок, но фасцинантна реализација.

Не знам кое од двете е полошата опција, искрено.

Единствено знам дека ако овие автобуси бидат купени, ќе ги надживеат и кинеските и украинските.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Enzo
Date Posted: 13-Jul-2019 at 10:59
Mozes da mi nabrois del od tie podobri I ponapredni idei sto gi ima ovaa vlast, iskreno mnigu me interesira.

Inaku pretpostavuvam deja avtobusive ke stignat na zima kako "kontra merka" protiv zagaduvanjeto, so sto Silegov ke treba da pokaze deka ete, prevzel nesto a narodot dzabe place zosto sansite za rak mu se 200% podobri.


Posted By: ironm
Date Posted: 13-Jul-2019 at 16:07
Според тендерот што се објави автобусите треба да почнат да пристигнуваат крајот на 2019 - почеток на 2020 година. Претпоставувам поголем дел од зимската сезона ќе ја испуштат, но барем за понатаму ќе служат подобро од моменталните.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 18-Jul-2019 at 21:08

Пак ќе кажам, овој тендер со оваа бројка е премала поради моменталната состојба на автобусите во градскиот превоз, а моментот дека ќе стигнат дури во 2020, навистина не знам ЈСП како ќе ја преживее зимата.

Односно, знам, пак ќе се возиме во неуништливите автобуси на САНОС стари по 60-70 години.


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Sep-2019 at 12:05
Со германски „МАН“ автобуси ќе се обновува возниот парк на ЈСП

ЈСП – Скопје ќе добие нови единечни и зглобни автобуси од германскиот производител „МАН“. Хрватската компанија „Ауто Хрватска“, генерален застапник за автобуските марки „МАН“, „Отокар“ и „Неоплан“, е победник на тендерот за набавка на нископодни CNG автобуси на компримиран гас за јавниот превоз во Скопје.

Хрватите во втората фаза од тендерот доставиле понуда за новите автобуси во висина од 9,85 милиони евра, која била пониска од конкурентот „Мак Аутостар“ (застапник на “Мерцедес“), се наведува во информациите за тендерот објавени на веб – страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). „Мак Аутостар“ за новите автобуси со технологија на компримиран гас доставил понуда со повисока цена, што било причина за одбивање на нивната понуда.

Од ЈСП – Скопје за „Мета.мк“ не сакаат да откријат повеќе информации во врска со реализираниот тендер, ниту за бројот на автобусите, иако скопските власти на почетокот зборуваа за 30 – 40 возила. Наредната недела ќе се одржи потпишувањето на договорот. Тогаш ќе бидат соопштени повеќе детали околу целокупната постапка за набавката на новите автобуси.

Врз основа на информациите објавени во самиот тендер, доставувањето на новите автобуси за ЈСП треба да се реализира во првата половина од 2020 година. Нископодните автобуси ќе имаат ЕУРО 6 мотори, со кои ќе се сведе на минимум испуштањето на издувни гасови од јавниот превоз во Скопје.

Покрај тоа што ќе бидат климатизирани, новите автобуси ќе обезбедат и можност за превоз на лица со попреченост. Граѓаните со реализираниот тендер на скопските улици повторно ќе добијат зглобни автобуси, а со нивниот зголемен капацитет за превоз на патници ќе се намалат гужвите во јавниот превоз за време на сообраќајните шпицови.

Новите автобуси за ЈСП – Скопје се набавени со кредит од 10 милиони евра подигнат од ЕБОР, со кој е предвидено да се подобрат услугите во скопскиот јавен превоз.

https://meta.mk/so-germanski-man-avtobusi-ќe-se-obnovuva-vozniot-park-na-јsp/


Posted By: phenomenon
Date Posted: 21-Sep-2019 at 15:57
Во Куманово, едниот градски превозник набави два прилично сочувани МАН-а, но не го знам моделот, додека другиот градски превозник набави поголем број aвтобуси Scania Omnilink.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Sep-2019 at 15:14
Утре се потпишува договор со МАН за набавка на 33 автобуси на гас за ЈСП

ЈСП „Скопје“ набавува 33 еколошки автобуси, кои ќе се движат на гас, од производителот МАН, кои треба да придонесат за почист воздух во главниот град.

Како што најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, утре треба да потпишат договор со производителот на автобуси МАН.

– Во текот на утрешниот ден ги очекуваме претставниците на МАН и го потпишуваме договорот за набавка на нови 33 градски автобуси кои што ќе бидат на гас. Заштедата што ќе ја направиме со овие 33 автобуси е 700.000 евра годишно – нагласи Шилегов, на панел-дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“.

Парите за автобусите се обезбедени преку Договорот за користење заем од ЕБОР во висина од 10 милиони евра, кој беше потпишан во јануари годинава. Со тие пари плус со 1,8 милиони евра од сопствено учество на ЈСП „Скопје“ треба да се набават околу 35-те нископодни (зглобни и моно автобуси), соопштија прред неколку месеци од сообраќајното претпријатие.

– Очекувано е новите автобуси да се пуштат во сообраќај во април 2020 година. Допрва ќе се одлучи на кои релации ќе сообраќаат новите еко-автобуси – соопштија пред извесно време од ЈСП.

Еко-автобусите имаат повеќе предности. Тие ќе овозможат побрз и пофункционален јавен превоз, а значително ќе се придонесе и за подобрување на квалитетот на воздухот.

https://nezavisen.mk/utre-se-potpishuva-dogovor-so-man-za-nabavka-na-33-avtobusi-na-gas-za-jsp/


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 24-Sep-2019 at 17:35

Веројатно ова е https://www.bus.man.eu/de/en/city-buses/lion_s-city-g/overview/Overview.html - моделот .



Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Sep-2019 at 12:55
Зглобните автобуси се враќаат на скопските улици



Дванаесет зглобни и 21 единечни автобуси ќе набави Градот скопје за потребите на ЈСП Скопје со договорот што во средата го потпишаа градоначалникот и производителот МАН.

Најдоцна за седум месеци скопјани ќе се возат во нови, нископодни автобси со капацитет од 85, односно 149 патници.

Со овие автобуси на гас се заштедуваат по 25.000 евра годишно по автобус за гориво.

– Мојата заложба, заложбата на Град Скопје е креирање јавен транспорт кој ќе биде и економски ефикасен и кој нема да ја загадува животната средина. Денеска го потпишуваме договорот со еден од најреномираните светски производители на автобуси „МАН“ за набавка на новите автобуси кои ќе бидат во Скопје најдоцна за седум месеци од денот на потпишувањето на овој договор, рече Шилегов.

Дванаесет зглобни и 21 единечни автобуси ќе набави Градот скопје за потребите на ЈСП Скопје со договорот што во средата го потпишаа градоначалникот и производителот МАН.

Најдоцна за седум месеци скопјани ќе се возат во нови, нископодни автобси со капацитет од 85, односно 149 патници.

Со овие автобуси на гас се заштедуваат по 25.000 евра годишно по автобус за гориво.

– Мојата заложба, заложбата на Град Скопје е креирање јавен транспорт кој ќе биде и економски ефикасен и кој нема да ја загадува животната средина. Денеска го потпишуваме договорот со еден од најреномираните светски производители на автобуси „МАН“ за набавка на новите автобуси кои ќе бидат во Скопје најдоцна за седум месеци од денот на потпишувањето на овој договор, рече Шилегов.

https://nezavisen.mk/zglobnite-avtobusi-se-vrakjaat-na-skopskite-ulici/


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Jan-2020 at 13:45
МАН“ во март ќе ги испорача првите 6 еко-автобуси за ЈСП – Скопје

За два месеца ќе пристигнат првите 6 еколошки автобуси од германскиот производител „МАН“ за обнова на возниот парк на ЈСП – Скопје, информираат од Град Скопје за „Мета.мк“. Градските власти велат дека испораката на автобусите ќе се одвива во согласност со договорот потпишан кон крајот на септември минатата година. Новите автобуси ќе пристигнуваат етапно и ќе се пуштаат во сообраќај низ скопските улици претстојнава пролет.

– Град Скопје и ЈСП потпишаа договор за набавка на 33 еколошки автобуси на гас (21 нископоден и 12 зглобни), каде најголемата предност е што емитуваат значително помалку јаглерод диоксид или речиси воопшто не го загадуваат воздухот – посочуваат градските власти.

Во меѓувреме, ЈСП – Скопје е при крај со изработката на проектната документација со ревизија за изградбата на постројки за полнење на возилата со CNG (компримиран гас) во автобазите „Автокоманда“ и „Ѓорче Петров“. Новите МАН автобуси ќе имаат вградено ЕУРО 6 мотори и ќе го користат гасот како гориво, со што за 700 отсто ќе се намали испуштањето на ПМ честички во воздухот од нивното работење.

Намалената потрошувачка на гориво ќе значи годишна заштеда од 25.000 евра само од еден автобус, со што значително ќе се намалат трошоците од работењето на ЈСП – Скопје. Идните единечни автобуси ќе имаат можност да примат 85 патници, односно ќе имаат капацитет да превезат повеќе патници од двокатните автобуси. Новите зглобни автобуси пак ќе можат да превезат 149 патници – речиси двојно повеќе од возниот парк на „Јутонг“.

Новите автобуси за ЈСП – Скопје беа набавени преку кредитот од 10 милиони евра подигнат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Покрај тоа што ќе се осовремени возниот парк и ќе се намали аерозагадувањето, градските власти очекуваат новите автобуси да го зголемат и интересот за користење на јавниот превоз кај граѓаните.

https://meta.mk/man-vo-mart-ќe-gi-isporacha-prvite-6-eko-avtobusi-za-јsp-skopјe/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Jan-2020 at 17:01
21 нископоден. Дека зглобните не се нископодни.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ironm
Date Posted: 09-Jan-2020 at 19:29
Originally posted by гитардемон

21 нископоден. Дека зглобните не се нископодни.

LOL


Posted By: ehrlich
Date Posted: 09-Jan-2020 at 19:58
...со што за 700 отсто ќе се намали испуштањето на ПМ честички во воздухот од нивното работење.

Значи, овие не загадуваат воопшто, туку и произведуваат кислород, кога поминуваат растат дрвја, го чистат воздухот, едноставно ЈСП Скопје има порачано вселенски автобуси, какви што нема никој измислено


Posted By: phenomenon
Date Posted: 10-Jan-2020 at 01:15
Originally posted by ehrlich

...со што за 700 отсто ќе се намали испуштањето на ПМ честички во воздухот од нивното работење.

Значи, овие не загадуваат воопшто, туку и произведуваат кислород, кога поминуваат растат дрвја, го чистат воздухот, едноставно ЈСП Скопје има порачано вселенски автобуси, какви што нема никој измислено


Да не мислат вакви да набават?



-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Feb-2020 at 10:11
Дел од новите автобуси пристигнуваат во првата половина на март.

Зелен автобуски транспорт. Современ систем на јавен транспорт.

MAN. CNG.


https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3171621786395731









-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Feb-2020 at 13:14
ПРВИТЕ ЕКО АВТОБУСИ НА ЈСП „СКОПЈЕ“ ЌЕ СТИГНАТ ВО МАРТ, ВОЗАЧИТЕ НА ОБУКИ ВО ЗАГРЕБ

Кон средината на март ќе стигнат првите автобуси на гас за ЈСП „Скопје“ од германскиот производител „МАН“. Од јавното сообраќајно претпријатие велат дека деновиве се преземаат неопходните активности за испорака на новите еколошки автобуси, а тим од возачи ќе замине во Загреб на обуки.

„Пред неколку дена наш тим се врати од Истанбул, каде беше на обука наменета за одржување на системот за валидација. Деновиве во Загреб ќе заминат возачи кои ќе треба да се запознаат и обучат за управување со новите возила, како и тим за сервисирање и одржување на автобусите. Испораката ќе оди фазно. Колку автобуси и од кој тип ќе стигнат во првата испорака во март, ќе знаеме во текот на наредната недела“, вели директорот на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков.

Според договорот кој беше потпишан лани во септември, ќе бидат набавени вкупно 33 нископодни автобуси, 21 единечен со капацитет за 81 патник и 12 зглобни за 149 патници. Во сите автобуси ќе има дополнителна опрема, како вградени полначи за телефони. Со новите еколошки автобуси годишно ќе се заштедат 25.000 евра за гориво во споредба со двокатните кинески и воопшто нема да загадуваат, бидејќи емитуваат незначителна концентрација на ПМ честички.

„Зглобните автобуси ќе овозможат превезување на речиси двојно повеќе патници од двокатните и имаат поголем простор за движење. Новите возила имаат пониска бучавост, полесно и поевтино одржување, поголем век на траење. Сето ова гарантира зголемен квалитет, пристап и безбедност на јавниот превоз, а граѓаните ќе добијат побрз и поквалитетен превоз“, вели Чушков.

Набавката на новите еколошки автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Според постигната цена на тендерот, еден единечен автобус чини 263.000 евра, а зглобните по 334.000 евра. Рокот на испорака на сите 33 автобуси е 10 месеци или до јуни годинава, но постигнат е договор со производителот „МАН“, сите автобуси во Скопје да стигнат пред предвидениот рок.

А. АНТЕВСКА

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/prvite-eko-avtobusi-na-jsp-skopje-ke-stignat-vo-mart-vozachite-na-obuki-vo-zagreb/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Feb-2020 at 17:39

Дали оваа шасија е варијација на шасијата што ја имаат и ЛАЗ-овите?

Од логистички аспект би било добро доколку овие две релативно мали флоти имаат делумно преклопување.


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Apr-2020 at 12:37
Originally posted by stef4o

Поради короната ќе доцни пристигнувањето на новите автобуси за ЈСП – Скопје

Пандемијата на корона вирусот ќе влијае и на испораката на новите еколошки автобуси за ЈСП – Скопје. Првата пратка од новиот возен парк требаше да пристигне до крајот на март, но поради околностите со вирусот Ковид-19 во речиси цела Европа таа ќе се одложи на неодредено време. Од Јавното сообраќајно претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се во постојана комуникација со добавувачот, којшто треба да ги испорача автобусите од германскиот производител „МАН“.

– Во актуелната ситуација, неблагодарно е да најавуваме нови термини кога би се реализирала испораката на првата пратка возила – посочуваат од ЈСП – Скопје.

Засега е сигурно дека очекуваната динамика на испорака на набавените 33 еколошки автобуси нема да се исполни. Скопските градски власти пред еден месец објавија дека обновата на возниот парк на ЈСП ќе почне кон крајот на март, посочувајќи дека дел од автобусите веќе се произведени и е потребно само да бидат испорачани. Сепак, корона кризата ја промени планираната динамика на испорака.

Градот Скопје и ЈСП во септември минатата година го потпишаа договорот за набавка на 21 единечен и 12 зглобни автобуси за потребите на јавниот превоз на главниот град. Новите автобуси треба да ја намалат годишната потрошувачка на гориво за 25.000 евра по автобус, додека за 700 отсто ќе се намали испуштањето на ПМ честички во воздухот од нивното работење.

https://meta.mk/poradi-koronata-ќe-doczni-pristignuvaњeto-na-novite-avtobusi-za-јsp-skopјe/


Еве го изгледот на новите МАН-ови...









https://www.facebook.com/petreshilegov


Posted By: skopskodete
Date Posted: 22-Apr-2020 at 14:02
Убаво изгледаат.


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Apr-2020 at 10:47
Еве ги единечните и внатрешноста од дводелните











https://www.facebook.com/petreshilegov


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Apr-2020 at 10:58
ВО МАЈ ЌЕ СТАСААТ НОВИТЕ ЕКО АВТОБУСИ НА ЈСП „СКОПЈЕ“, ДОЦНАТ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСО

Доцни испораката на новите еко автобуси на ЈСП „Скопје“ поради пандемијата на вирусот КОВИД-19 и затворените граници. Првите единечни и зглобни автобуси од германскиот производител „МАН“ требаше да стасаат во Скопје кон средината на март.

„Дел од автобусите се готови и чекаат испорака во Скопје. Очекуваме во текот на мај да се обезбедени транспорт и автобусите да стасаат. Скопје е град што вложува во својот развој и покрај тешките услови. Пандемијата ќе помине, животот ќе мора да продолжи, а жителите на Скопје ќе имаат нов јавен превоз“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Според договорот кој беше потпишан лани во септември, ќе бидат набавени вкупно 33 нископодни автобуси, 21 единечен со капацитет за 81 патник и 12 зглобни за 149 патници. Во сите автобуси ќе има дополнителна опрема, како вградени полначи за телефони. Со новите еколошки автобуси годишно ќе се заштедат 25.000 евра за гориво во споредба со двокатните кинески и воопшто нема да загадуваат, бидејќи емитуваат незначителна концентрација на ПМ честички.Новите возила имаат пониска бучавост, полесно и поевтино одржување, поголем век на траење.

Набавката на новите еколошки автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Според постигната цена на тендерот, еден единечен автобус чини 263.000 евра, а зглобните по 334.000 евра. Рокот на испорака на сите 33 автобуси е 10 месеци или до јуни годинава, но постигнат е договор со производителот „МАН“, сите автобуси во Скопје да стигнат пред предвидениот рок.

А. АНТЕВСКА

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-maj-ke-stasaat-novite-eko-avtobusi-na-jsp-skopje-dotsnat-poradi-koronavirusot/


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 25-Apr-2020 at 11:02
Е ова е автобус, а не да се лупам во ѕидови секад кога се спуштам/качувам по скалите на двокатните. Особено како што возат, чудно што досега некој не скршил рака или нешто друго во двокатниве, или пак се десило но не знаеме.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: David
Date Posted: 25-Apr-2020 at 12:19
Мене па баш симпатични ми беа двокатните,посебно ако сакаш приватност можеш да си се качиш горе без да ти дише некој во врат....

Се надевам нема комплетно да ги тргнат од возен ред.


Posted By: Denko
Date Posted: 25-Apr-2020 at 12:25
Da vidime kolku ke gi cuvaat i odrzuvaat. Vakvi trebaat barem uste stotina.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Apr-2020 at 19:12
Originally posted by David

Мене па баш симпатични ми беа двокатните,посебно ако сакаш приватност можеш да си се качиш горе без да ти дише некој во врат....

Се надевам нема комплетно да ги тргнат од возен ред.


Јавен превоз не служи за да обезбеди приватност, туку да обезбеди масовна мобилност на населението, водејќи се од следниве критериуми:
- брзина
- економичност
- достапност
- безбедност

Но не се грижи, секако двокатните нема да ги тргнат од возен ред во било која догледна иднина. Бројката што се набави гарантира дека тие уште долго време ќе бидат доминантен дел од флотата на ЈСП. Следствено на тоа, поради својата неефикасност и неекономичност, двокатните кинези ќе продолжат да бидат камен околу вратот на јавниот превоз во Скопје.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 25-Apr-2020 at 19:59
Едно од главните ветувања на нашиот сегашен градоначалник беше целосно реосмислување на планот на ЈСП, што изгледа ќе се сведе на набавка од 33 автобуси.

И со сегашните капацитети ЈСП може да стане многу подобро претпријатие од тоа што е, ама не се има волја очигледно.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 25-Apr-2020 at 20:05
Колку ЛАЗ-ови се уште во функција?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-May-2020 at 17:01
Prvih 7 (od 33) novih crvenih Lavova je danas krenulo za JSP Skopje (ЈСП Скопје) iz Zagreba. Busevi su nabavljeni putem projekta EBRD-a, a tender je dobila AUTO HRVATSKA PSC.





https://www.facebook.com/autobusihr


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-May-2020 at 17:02
Стасани дома. 7 од 33 .









https://www.facebook.com/petreshilegov


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 20-May-2020 at 19:35
Колку автобуси би биле потребни за развиен јавен превоз доколку се реализира БРТ-то (и целиот нов концепт со него)?
Моментално има 345* (202 двокатни, 80 ЛАЗ, 33* МАН, 16 мини). Со укинувањето на автобускиот превоз по Јане Сандански, Партизанска, Цветан Димов, Кочо Рацин, делови од Борис Трајковски итн. и трансформацијата на автобусите во собирни средства за БРТ-ињата, но и отворањето нови линии, малку би требало да се намали бројот на потребни автобуси.

Во секој случај потребна е набавка на уште 50-тина за ЛАЗ-овите (и САНОС-ите) да се исфрлат од употреба (дел од нив веќе и се ако не се лажам), а понатаму треба уште ~150 за целосна обнова на ЈСП со функционални и еколошки возила. Ако се реализира БРТ-то, верувам дека кога-тогаш ќе се обнови и возниот парк, а ако не се реализира не би бил сигурен.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-May-2020 at 13:35
Eкоавтобусите во гаража ќе ги чекаат обучувачите од Хрватска

Засега, тие од вторник ќе бидат во гаражите на ЈСП, бидејќи ќе се чекаат да пристигнат обучувачи од Хрватска, за да ги обучат за управување со нив возачите на ЈСП, бидејќи се работи за современа електроника која се наоѓа на контролната табла пред возачот. – Ќе се чека да биде укинат задолжителниот карантин од 14 дена, за да можат да пристигнат обучувачите, па дури потоа автобусите ќе бидат пуштени во сообраќај, нагласи директорот на ЈСП, Кристијан Чушков, кој за весникот ВЕЧЕР испрати ексклузивни фотографии од внатрешноста на автобусите



Седумте екоавтобуси што пристигнаа од Загреб засега нема да возат по скопските улици. Откако ќе ги поминат царинските формалности, од вторник ќе бидат паркирани во гаражите на ЈСП-Скопје и ќе ги чекаат обучувачите од Хрватска кои треба да ги научат возачите за управување со нив.

Веста дека автобусите се пристигнати прв ја објави скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој дури и се пофали дека уредно била платена патарината пред влезот во Скопје.

Директорот на ЈСП – Скопје, Кристијан Чушков за весникот ВЕЧЕР истакна дека автобусите во моментов се наоѓаат на царинскиот терминал „Фершпед“, за да се обават царинските формалности.

– Веќе наредната недела, на почетокот на јуни се очекува да пристигнат уште шест автобуси, а до средината на јули треба да се донесат и преостанатите автобуси. Набавката на автобусите доцнеше, поради тоа што, поради пандемијата со коронавирусот, не работеше фабриката, па возилата останаа на лента недоправени – изјави Чушков.

Тој за весникот ВЕЧЕР испрати ексклузивни фотографии од внатрешноста на новите автобуси, од кои може да се забележи дека имаат карирани седишта во сива боја со бели и црвени коцки и жолти држачи. Обуката за возење на овие автобуси е неопходна бидејќи истите се опремени со современа електроника која се наоѓа на шалт-таблата, односно контролната табла пред возачот.

– Ќе се чека да биде укинат задолжителниот карантин од 14 дена, за да можат да пристигнат обучувачите, па дури потоа автобусите ќе бидат пуштени во сообраќај – нагласи Чушков.

За да се направи место за паркирање на новите екоавтобуси, Чушков вели дека за време на полицискиот час, се разбира со потребните дозволи, старите возила што не се во возна состојба ги пренеле од гаражата на ЈСП во Автокоманда, во гаражата во Ѓорче Петров.

Првично беше кажано дека првите десет, од купените 33 екоавтобуси требаше да пристигнат во март, но транспортот се одложи поради пандемијата и затворените граници.

Според договорот со хрватската компанија „Ауто Хрватска“ потпишан во септември 2019 година, набавката треба да биде сукцесивна, со тоа што сите автобуси токму овој месец требаше да бидат во Скопје.

Набавката се однесува за 33 нископодни автобуси од кои 21 единечен со капацитет за 81 патник и 12 зглобни за 149 патници. Автобусите ќе имаат мотори еуро 6 стандард и во нив ќе има дополнителна опрема, како што се вградени полначи за телефони. Со новите еколошки автобуси годишно ќе се заштедат 25.000 евра за гориво во споредба со двокатните кинески и воопшто нема да загадуваат, бидејќи емитуваат незначителна концентрација на ПМ-честички. Ќе прават годишна потрошувачка од 16.418 евра.

(А.П.)

https://www.vecer.press/eкоавтобусите-во-гаража-ќе-ги-чекаат-об/


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-May-2020 at 09:49
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/so-novite-eko-avtobusi-javniot-prevoz-ke-bide-mnogu-pokvaliteten-otkolku-so-dvokatnite-veli-direktorot-na-jsp-skopje-chushkov/









-------------
За сè има вторпат


Posted By: user8642
Date Posted: 23-May-2020 at 13:07
Зошто е USB-to?


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-May-2020 at 13:28
Полнач за телефон,приклучок за лаптоп??...моја претпоставка,нешто такво беше спомнато уште кога се збореше за набавката...не сум сигурен


Posted By: user8642
Date Posted: 23-May-2020 at 13:31
Од сега ги гледам сите USB приклучоци наполнети со изџвакани мастики.


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 23-May-2020 at 16:06
Супер што донесоа нови автобуси, сега на ред е една асална обука на сите шофери до еден да почнат посериозно да пристапуваат према застанувањето на постојки. Може да ги класифицираат станиците на задолжителни и „по потреба“, за овие вторите нека застануваат само ако некој го притисне копчето „Стоп“ или ако некој од надвор крене рака на автобуската постојка.

-------------
ಠ_ಠ


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 23-May-2020 at 16:28
Може на помалите постојки да постават дисплеј и секој патник да бира која линија му треба, па возачот електронски ќе биде известен на која од „по потреба“ постојките некој ја чека линијата која ја вози. Дисплеи кај шоферите во автобусите веќе има и тие се користат, треба да се надгради или воведе нов софтвер. Исто така, во двокатните треба да стават стоп копче веднаш до самата задна врата, сегашното е далеку.

И апликацијата JSP on the Go, која за чудо функционира како што треба, може да се вклопи во горниот систем. Може и да се персонализира и поврзе со „Скопска“ картичките, па дури и да се воведе опција билет да се плаќа и преку самата апликација (по што таа би повлекла пари од картичката) наместо со валидирање на апарат. Така би се намалиле гужвите на врата, а оние кои користат временски билети ќе знаат уште колку точно време им останува.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 23-May-2020 at 16:54

Не е неизводливо, креативност е у прашање. Може да ја ѕирнеш апликацијата IDOS што ја користам во Брно.
https://play.google.com/store/apps/details?id=cz.mafra.jizdnirady&hl=en

Лесна и добро организирана апликација за користење. Може да се прават конекции преку ГПС, пример од Рекорд до Радишани и ти дава најбрзи рути, и од самата апликација може да се купи билет преку СМС.




-------------
ಠ_ಠ


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 23-May-2020 at 18:36
ЈСП и креативност баш и не одат заедно, мада треба да му се предложи идејата на градоначалникот или директорот. Тука плаќањето со СМС е многу непрактично, треба ~8 секунди да го држиш телефонот пред валидаторот и се прави гужва. За да се намали употребата на нееколошкиот билет за една употреба, преку JSP on the Go треба да се овозможи плаќање и со обична картичка од банка, со тоа што на тој начин не би имало поволности од „Скопска“. А пожелно би било истата да прерасне во „Македонска“, па јавниот транспорт насекаде низ државава да се плаќа со неа, а потоа да бидат интегрирани и културни и спортски институции. Ова би наметнало потреба од формирање ЈП „Билети на Северна Македонија“ и САМО ТОА ДА БИДЕ НАДЛЕЖНО, во спротивно Општина Штип, преку Министерството за Транспорт и Врски ќе се кара со Општина Кичево зашто утнале нешто у МНТ и „Македонска“ ќе пропадне во лавиринтите за надлежност.

IDOS личи подобро од JSPotG, ни треба опција за комбинирање линии.
_________________________________________________
(политика)промена на флотилата одеднаш. Од проста причина што на тој начин, целата флотила наеднаш се амортизира и станува неупотреблива. Ние годинава менуваме 33, а за две години уште 60 автобуси. Со наши, градски пари. Не ни се поклон од државата.

(политика)




https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3257868291104413 - facebook.com/petreshilegov

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Jun-2020 at 11:18
Вчера започна обуката на возачите на ЈСП. Наскоро, еколошките автобуси стануваат дел од јавниот транспорт во Скопје







https://www.facebook.com/petreshilegov


Posted By: Тркало
Date Posted: 06-Jun-2020 at 21:26
Уште отсега ми е мака какви ќе се за некој месец, непрепознатливи спрема овие слики.Али ајде аирлија нека е.


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Jun-2020 at 10:54
Утре пристигнуваат уште три еколошки автобуси

Неделава од производителот МАН во Скопје ќе пристигнат уште три од вкупно 33 еколошки автобуси што град Скопје ги најавува за подновување на возниот парк на ЈСП-Скопје. Како што информираат од Градот, ќе пристигнат два зглобни автобуси со капацитет за 149 патници и еден единечен за 81 патник.

Досега во Скопје се стигнати 13 нови еко-автобуси, десет единечни и три зглобни. Новите еко-автобуси во петокот почнаа со пробно возење низ улиците на Скопје и наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт. Празните улици беа искористени да се направи обука на возачите кои по официјалното пуштање на автобусите во сообраќај ќе ги возат по петмина дневно. Предвидено е пробно возење да има и во наредниве денови.

– Обуката ја врши сертифициран возач од Хрватска, а се обучуваат по пет возачи дневно – објаснија од ЈСП, но не прецизираат точен датум кога новите автобуси ќе се вклучат во сообраќај.

од ЈСП сè уште немаат утврдено на кои линии ќе сообраќаат новите автобуси, но извесно е дека дел од нив ќе возат на линии со поголема фреквенција на патници.

Од ЈСП обелоденија дека еден зглобен автобус чини 334.500 евра, а единечен 268.900 евра. Притоа, како што објаснија, во цената на секој автобус е вклучено и одржување на автобусите (промена на масло, филтри, лесно отстранливи дефекти…) во гарантниот период од 3 години, како и специјален наменски алат за сервис и одржување на ЦНГ автобуси кој е изработен од специјални материјали (комбинација на пластика, алуминиум и нерѓосувачки челик). Оригиналните резервни делови имаат 2 години гаранција.

Набавката на новите еколошки автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Со новите еколошки автобуси годишно ќе се заштедат 25.000 евра за гориво во споредба со двокатните кинески и воопшто нема да загадуваат, бидејќи емитуваат незначителна концентрација на ПМ-честички. Ќе прават годишна потрошувачка од 16.418 евра.

(А.П.)

https://www.vecer.press/утре-пристигнуваат-уште-три-еколошки/


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 07-Jun-2020 at 15:41



За Многу Години Света Троица


Да Даде Господ да сме поекспедитивни и во однос околностите со ковид-пандемијата, ако сакаат властите да остават добар пример на граѓаните како да се однесуваат индивидуално предострожно (И Така Заштедиле Многу) најнапред Тие нека впрегнат сили за 24/7 Антиковид Предострожност што во нивниот случај значи Перфекционстичка Дезинфекција после секоја Релација (не само на крај од денот) што и за старите и за новите Автобуси значи 5 минутно Кирби освежување пред или по 20 минутна UV-C Дезинфекција кај секоја една Последната Станица (една 35w ув-ц неонка е 15 евра) а за безбеден а цилисходен дезинфекциски ефект треба само да се покрива со Церада автобусот и одвнатре да се Озрачи Културно ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=485&PID=237529#237529 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=485&PID=237529#237529


... треба да мислат и на вентилационите канали на еркондишните, а можат заради поопуштена Атмосфера да се задумаат околу отшроумна Ароматерапија и Музикотерапија, можеби со органски есенцијални дестилати од Еукалиптус како дополнително би им отварале плуќа на Патници, а заради народно анимирање и за ова и за Избор на Музика да стокмат бар за вакво нешто еФорум на страната на ЈСП ако не на Градот каде Народ би заверглал соодветен премер ко Антистрес поука за надлежните ...

... дополнителен штимунг ќе беше Чисто од Разонода да донесеа бар неколку хонконшко-германски дублери, иако дизајнот ќе им беше ептен скоцкан, ето од сличен им збоктисало на сингапурџани, та сега баарт нешто тро флуид за 2020 приновата, абер во третиот линк ...

http://archive.is/ZNEeL#selection-697.1-699.17 - 1 ] https://busphoto.eu/vehicle/367986/ - https://busphoto.eu/vehicle/367986/

http://archive.is/D30gV#selection-1389.0-1398.0 -


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Jun-2020 at 14:05
ЕКО АВТОБУСИ НЕ СЕ ПУШТААТ ВО СООБРАЌАЈ ОТИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ АНГЕЛОВСКА ОДБИЛА ДА МУ ПРЕБИЕ ДДВ НА ШИЛЕГОВ



Новите еколошки автобуси за јавниот превоз во Скопје не можат да се пуштат во сообраќај бидејќи Министерството за финансии не го ослободува ЈСП „Скопје“ од плаќање ДДВ за набавените возила.

Парите за набавка на автобусите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој, кој го отплаќа јавното сообраќајно претпријатие. Кредитот е во висина од 10 милиони евра и за оваа вредност претпријатието треба да плати и ДДВ на државата во висина од 1,8 милиони евра. На потпишувањето на договорот за кредитирање со ЕБОР пред една година, директорот на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков кажа дека ДДВ ќе се плати на државата од сопствени средства на претпријатието.

Но, сега поради епидемијата на КОВИД-19 претпријатието има потешкотии во работењето и нема пари да го плати данокот. Поради намалениот број на патници изминативе три месеци ЈСП „Скопје“ имаат загубата од околу 4,5 милиони евра.

Поради тоа, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од претпријатието, било испратено барање до Министерството за финансии за ослободување од плаќањето на ДДВ во висина од 1,8 милиони евра. Бидејќи ЈСП е голем даночен обврзник пари од платениот данок на државата ќе му бидат вратени преку повраток на ДДВ, па всушност било побарано само да се направи пребивање. Но, ваквиот предлог бил одбиен од министерката за финансии Нина Ангеловска.

Сега новите автобуси на гас мораат да седат во гаражата на ЈСП „Скопје“ оти без платен данок не можат да се пуштат во сообраќај. Кога ќе се плати данок за нив од претпријатието не знаат бидејќи и понатаму секојдневно работат со загуби, а состојбата со коронавирусот според проценките на епидемиолозите ќе трае и наредниот период.

Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција за платформата „Отворени финансии“ на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто не му се излегува во пресрет и не му се помогне на ЈСП „Скопје“ и јавниот превоз во Скопје рече дека станувало збор за системски данок и ќе дошло до нарушување во функционирањето на системот.

„Точно е дека за ова прашање разговаравме на владина седница. Разбирам дека претпријатието поради кризата има потешкотии во работењето, но ако ослободиме едно претпријатие од оваа обврска тогаш и други ќе бараат. Автобусите се царинети, па му овозможивме друга флексибилност на ЈСП односно наместо за 30 дена, му дадовме подолг рок да го плати ДДВ“, рече Ангеловска.

Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК Град Скопје но и други општини побарале и финансиска помош од Владата поради корона кризата, но и ова барање било одбиено од министерката за финансии Ангеловска. И на денешната прес-конференција таа кажа дека барањето на Општини во оваа состојба не може да им се помогне и дека градоначалниците треба да го менаџираат работењето и да скратат од непродуктивните трошоци.

Досега во Скопје од Хрватска се стигнати 16 автобуси, а уште 9 треба да пристигнат в понеделник. Со тоа ќе бидат испорачани 25 од вкупно 33 нарачани еколошки автобуси за јавниот превоз во Скопје.

Двокатните автобуси кои беа набавени од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, беа купени со средства од буџетот на Владата односно ЈСП „Скопје“ и Град Скопје не дадоа пари за нивната набавка.

А. АНТЕВСКА

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/eko-avtobusi-ne-se-pushtaat-vo-soobrakaj-oti-ministerkata-za-finansii-angelovska-odbila-da-mu-prebie-ddv-na-shilegov/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Jun-2020 at 14:59
Каква глаголска форма е „ќе дошло“? Неписмени новинари на секој чекор.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ironm
Date Posted: 20-Jun-2020 at 18:00
Идно прекажано време ако не грешам. И јас го имам истиот проблем со нашиве портали (не сакам да речам новинари, бидејќи мнозинството не се), ама во случајов мислам дека е точно.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Jun-2020 at 19:20
„Ќе дојдело“ е правилно. „Ќе дошло“ не постои. Малку офтопик ама затоа не се за верување повеќето од статииве низ нашево интернет пространство.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 21-Jun-2020 at 08:29
Дојдело не постои. Дошло е правилна свршена форма.


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 21-Jun-2020 at 10:25
::: Надвор од Темава :::

http://www.makedonski.info/search/%D0%B4%D0%BE%D1%88%D0%BB%D0%BE

И едното и другото постои. Ако постои „дојдел“ има и наставка -ла/ло/ли е сега кој како го прафиќа тоа е друго, зависи од дијалектите и тоа како го гледате јазикот. На пример во последниве години ни се сервира зборот „посекако“ којшто јас никогаш нема го користам .

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: Denko
Date Posted: 21-Jun-2020 at 12:08
Originally posted by гитардемон

Каква глаголска форма е „ќе дошло“? Неписмени новинари на секој чекор.
Vo Makedonija nema standardi, zatoa nema nivo na odnesuvanje i izrazuvanje. Novinarite spagaat vo posebna kategorija na unistuvaci na makedonskiot jazik.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Jun-2020 at 12:34
Originally posted by <Fresno>

Дојдело не постои. Дошло е правилна свршена форма.



Друго е минато свршено време, друго е ова што го разговараме. „Ќе дошол“ или „ќе дојдел“? „Ќе купил“ или „ќе купувал“? „Ќе изел“ или „ќе јадел“? Оттука, „ќе дошло“ не постои како форма. Ќе дојдело, или ќе дојде, зависи што сака да каже писателот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Denko
Date Posted: 21-Jun-2020 at 13:44
Originally posted by гитардемон

Originally posted by <Fresno>

Дојдело не постои. Дошло е правилна свршена форма.



Друго е минато свршено време, друго е ова што го разговараме. „Ќе дошол“ или „ќе дојдел“? „Ќе купил“ или „ќе купувал“? „Ќе изел“ или „ќе јадел“? Оттука, „ќе дошло“ не постои како форма. Ќе дојдело, или ќе дојде, зависи што сака да каже писателот.
Pa toa ti kazuvam. Nema standardi, zatoa nikoj ne vnimava na jazikot. Zboruvaat kako ke im dojde.


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Jun-2020 at 22:47
мислам дека потрагичното во тексотв е што се поставува прашање „Зошто министерката не му излезе во пресрет на претпријатието кое работи со големи загуби?“

што е ЈСП бе? дом за сирачиња? добротворна организација што се базира на донации? ...катастрофа е тоа каков ни е менталитетот и како лошо се потркепува од медиумите

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jun-2020 at 12:36
СТИГНАА УШТЕ 9 ЕКО АВТОБУСИ, СЕ НАДЕВАМЕ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ЌЕ СЕ ПРЕМИСЛИ И ЌЕ СЕ ПУШТАТ ВО СООБРАЌАЈ, ВЕЛАТ ОД ЈСП „СКОПЈЕ“

Уште 9 еко автобуси стигнаа денеска од Загреб во Скопје. Со тоа на ЈСП„ Скопје“ досега од германскиот производител МАН му се испорачани 25 од вкупно 33 автобуси на гас за јавниот превоз во градот. Автобусите во моментов се на царина и најдоцна до утре ќе бидат во гаражата на претпријатието.

„Кога ќе бидат пуштени во сообраќај не можеме да кажаме. Поради актуелната ситуација со КОВИД-19, се соочуваме со финансиски потешкотии во работењето и затоа побаравме од Министерството за финансии да бидеме ослободени од плаќањето на ДДВ за возилата, односно да ни дозволат да се пребиеме со средствата кои ќе треба да ги добиеме по основ поврат на ДДВ. За жал, на барањето не добивме позитивен одговор. Сепак, се надеваме дека надлежните ќе имаат разбирање, ќе се предомислат и ќе ни излезат во пресрет, имајќи ја предвид нашата основна дејност, која е во интерес на граѓаните“, велат од ЈСП „Скопје“.

Министерката за финансии Нина Ангеловска во саботата на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто не се излегува во пресрет на јавното претпријатие и не им се одговори позитивно на барањето за пребивање на данокот, рече дека станувало збор за системски данок и ќе дошло до нарушување во функционирањето на системот.

„Разбирам дека претпријатието поради кризата има потешкотии во работењето, но ако ослободиме едно претпријатие од оваа обврска, тогаш и други ќе бараат. Автобусите се царинети, па му овозможивме друга флексибилност на ЈСП, односно наместо за 30 дена, му дадовме подолг рок да го плати ДДВ“, рече Ангеловска.

Од почетокот на епидемијата на КОВИД-19 ЈПС „Скопје“ има загуби во работењето од 4,5 милиони евра.

А. АНТЕВСКА

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/stignaa-ushte-9-eko-avtobusi-se-nadevame-ministerstvoto-za-finansii-ke-se-premisli-i-ke-se-pushtat-vo-soobrakaj-velat-od-jsp-skopje/


Posted By: Denko
Date Posted: 22-Jun-2020 at 13:27
Originally posted by zabegan

мислам дека потрагичното во тексотв е што се поставува прашање „Зошто министерката не му излезе во пресрет на претпријатието кое работи со големи загуби?“

што е ЈСП бе? дом за сирачиња? добротворна организација што се базира на донации? ...катастрофа е тоа каков ни е менталитетот и како лошо се потркепува од медиумите
Te razbiram, no da ne bide zagubar karatata treba da bide 100 denari. Spremni ste na toa?


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 22-Jun-2020 at 15:01
Не треба билетот да е скап за ЈСП да е во добивка. Треба само бројот на патници да се зголеми т.е 70% од граѓаните да користат јавен транспорт, 30% моторни возила. За тоа да се случи ЈСП прво треба да донесе уште 200 нови автобуси и да ги модернизира линиите на движење, и конечно да профункционираат нормални ноќни линии. Финансискиот товар за овие нови автобуси може да го сноси Владата.

-------------
ಠ_ಠ


Posted By: Denko
Date Posted: 22-Jun-2020 at 15:12
Originally posted by Macedonicus

Не треба билетот да е скап за ЈСП да е во добивка. Треба само бројот на патници да се зголеми т.е 70% од граѓаните да користат јавен транспорт, 30% моторни возила. За тоа да се случи ЈСП прво треба да донесе уште 200 нови автобуси и да ги модернизира линиите на движење, и конечно да профункционираат нормални ноќни линии. Финансискиот товар за овие нови автобуси може да го сноси Владата.
Epa toa e poentata. Vo vakvi okolnosti mora Vladata da go snosi finansiskiot tovar. Zosto cela Makedonija da go finansira gradskiot prevozvo Skopje? Ako sakate germanski javen prevoz treba i cenite da se germanski. Bidejki toa za makedonskiot dzeb e neizdrzlivo togas mora Vladata da pomaga.
PS: Da bese Makedonija normalna drzava kako sto ne e finansiskata pomos treba da ja prezeme "Grad Skopje".


Posted By: ehrlich
Date Posted: 22-Jun-2020 at 19:30

Изјавата „зошто цела Македонија да го финансира градскиот превоз во Скопје“ е погрешна на повеќе нивоа.

Прво и основно, никој никому не финансира затоа што ако има вистинска децентрализација, а не оваа т.н. што ја имаме моментално, Скопје ќе треба да има вистински буџет, а не овој хелоу кити буџет што го има. Цела индустрија е тука, пола држава живее и работи тука, па и те како по сите основи му припаѓа голем дел на градот. Така што Скопје добива зрнца, а не некој нешто му дава.


Posted By: Denko
Date Posted: 22-Jun-2020 at 20:32
Originally posted by ehrlich


Изјавата „зошто цела Македонија да го финансира градскиот превоз во Скопје“ е погрешна на повеќе нивоа.

Прво и основно, никој никому не финансира затоа што ако има вистинска децентрализација, а не оваа т.н. што ја имаме моментално, Скопје ќе треба да има вистински буџет, а не овој хелоу кити буџет што го има. Цела индустрија е тука, пола држава живее и работи тука, па и те како по сите основи му припаѓа голем дел на градот. Така што Скопје добива зрнца, а не некој нешто му дава.
Se soglasuvam nacelno, no sepak ne se zrnca toa sto dobiva Skopje i ne e cela industrija vo Skopje.


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Jun-2020 at 21:01
Originally posted by Denko

Originally posted by zabegan

мислам дека потрагичното во тексотв е што се поставува прашање „Зошто министерката не му излезе во пресрет на претпријатието кое работи со големи загуби?“

што е ЈСП бе? дом за сирачиња? добротворна организација што се базира на донации? ...катастрофа е тоа каков ни е менталитетот и како лошо се потркепува од медиумите
Te razbiram, no da ne bide zagubar karatata treba da bide 100 denari. Spremni ste na toa?
точно вака размислува и менаџментот на ЈСП, дека они се жртвите што народот (што е приморан) им плаќа евтино

економска, здравствена или еколошка криза? крени ги цените на билетите (скрати ги линиите по пат)
гориво за авотбусите? крени ги цените на билетите и скрати ги линиите
автобусите се расипуваат од неодржување на истите се неадекватно распоредени според прометот на патници? крени ги цените на билетите и скрати ги линиите
направена е банална инвестиција драстично помогната од владата? крени ги цените на билетите и скрати ги линиите

пошто загубарско претпријатие каде менаџерите сакаат да лежат и да си лапаат парички нема никогаш да размислува за сериозни инвестиции, реорганизација и планско работење на нивниот промет, линии и возен парк, како и тарифен систем кој не потекнува од праисторијата

да не збориме што истото претпријатие лапа добра пара од реклами и нема еден автобус купено само, и многу е свесно дека нема апсолутно никаква конкуренција на пазарот, особено сега, кога и приватниците влегоа под нивниот систем

што се однесува до твоето прашање, да, спремен сум да дадам и 100 денари за карта, ама да знам бар за што ги давам

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Jun-2020 at 21:11
Originally posted by ehrlich


Изјавата „зошто цела Македонија да го финансира градскиот превоз во Скопје“ е погрешна на повеќе нивоа.

Прво и основно, никој никому не финансира затоа што ако има вистинска децентрализација, а не оваа т.н. што ја имаме моментално, Скопје ќе треба да има вистински буџет, а не овој хелоу кити буџет што го има. Цела индустрија е тука, пола држава живее и работи тука, па и те како по сите основи му припаѓа голем дел на градот. Така што Скопје добива зрнца, а не некој нешто му дава.
во никој случај не треба владата да инвестира во локален јавен транспорт, без разлика дали Скопје е главен центар на државата или не

единствено општината е таа што може да сноси инвестиции, и тоа во поглед на прилагодување на инфраструктурата за автобуски превоз, а не со директна инвестиција во препртијатието

во поглед на тоа кој колкав буџет треба да има, мислам дека еден од проблемите лежи во тоа што Скопје го расцепкаа на општини, ама тоа е веќе друга поопширна тема

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Denko
Date Posted: 22-Jun-2020 at 22:32
Originally posted by zabegan

Originally posted by Denko

Originally posted by zabegan

мислам дека потрагичното во тексотв е што се поставува прашање „Зошто министерката не му излезе во пресрет на претпријатието кое работи со големи загуби?“

што е ЈСП бе? дом за сирачиња? добротворна организација што се базира на донации? ...катастрофа е тоа каков ни е менталитетот и како лошо се потркепува од медиумите
Te razbiram, no da ne bide zagubar karatata treba da bide 100 denari. Spremni ste na toa?
точно вака размислува и менаџментот на ЈСП, дека они се жртвите што народот (што е приморан) им плаќа евтино

економска, здравствена или еколошка криза? крени ги цените на билетите (скрати ги линиите по пат)
гориво за авотбусите? крени ги цените на билетите и скрати ги линиите
автобусите се расипуваат од неодржување на истите се неадекватно распоредени според прометот на патници? крени ги цените на билетите и скрати ги линиите
направена е банална инвестиција драстично помогната од владата? крени ги цените на билетите и скрати ги линиите

пошто загубарско претпријатие каде менаџерите сакаат да лежат и да си лапаат парички нема никогаш да размислува за сериозни инвестиции, реорганизација и планско работење на нивниот промет, линии и возен парк, како и тарифен систем кој не потекнува од праисторијата

да не збориме што истото претпријатие лапа добра пара од реклами и нема еден автобус купено само, и многу е свесно дека нема апсолутно никаква конкуренција на пазарот, особено сега, кога и приватниците влегоа под нивниот систем

што се однесува до твоето прашање, да, спремен сум да дадам и 100 денари за карта, ама да знам бар за што ги давам
Ne go branam jas meandjmentot na JSP, jasno mi e deka e zanikade, bez idei, bez iniijativi itn. No nema kvaliteten javen prevoz so 30 denari karta, osven drzavata da finansisa kako vo Talin pa site besplatno da se vozime.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 22-Jun-2020 at 23:09
Со смешните буџети на локалните власти, невозможно е самите да изведат каков било покрупен проект. Додека не се спроведе вистинска децентрализација, централната власт и те како треба да им го дава на општините тоа што и онака треба да е нивно. Град Скопје за годинава (пред ребалансите) планираше расходи од 116 милиони евра, со тие пари за еден мандат ни пола флота на ЈСП не може да се обнови (освен ако тоа не биде единствен расход), а не пак нешто покрупно како БРТ и целосна реорганизација.

ЈСП може да биде профитабилно доколку она што е најавено се исполни и граѓаните почнат помасовно да користат БРТ и автобус.

Покрај ова, треба воведување такса за јавен превоз, која би ја плаќале сите кои живеат во Македонија без разлика дали и колку го користат, а која би зависела од местото на живеење. За сметка на ова би поевтиниле билетите.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Jun-2020 at 23:14

тоа што го зборам јас е баш дека цената на картата не е причинител за тоа што ЈСП не инвестирале во ништо со години
се работи за монопол во превозот, каде дури и распашаните приватни превозници се припоија, и граѓаните кои немаат сопствено превозно средство или немаат услови да го користат, сакале или не, била цената 10 денари или 100, граѓаните кои го користат превозот, ќе продолжат да го прават тоа

плус, зошто не дискутираме за тоа како условите за профит им се значително зголемени во последните 10-15 години?
реклами на автобусите кои се доста скапи
обновен возен парк од страна на државата
електронски билети со повеќе возења на кои им истекува рокот после многу краток период
минимален кредит на картичка од 100 денари
наплатени казни за возење без платен билет

и покрај тие прекрасни услови за профит, ЈСП решава да си пука во нога и да одвраќа се повеќе и повеќе граѓани од користење на јавен превоз и со сета дрскост после да изигрува немоќна кризно изнемоштена фирма

и 10 денари карта да беше, барем еднаш годишно ЈСП да воведуваше мали новитети, реформации и инвестиции во себе, после сите овие 30 години постоење ќе можеше да не дере и со 10 евра карта ако сака



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: ehrlich
Date Posted: 23-Jun-2020 at 08:33

@zabegan

За ЈСП се поклопуваме со мислењата, не само на оваа тема. Целосно си во право. За децентрализацијата јас се залагам за повеќе средства на општини и реорганизација на поголемо ниво, но тоа е веќе сосем друга тема. И повеќе ми беше напишано во таа насока, отколку дека на најнеодговорното претпријатие треба да му се даде нешто


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Jun-2020 at 00:57
Originally posted by ehrlich


@zabegan

За ЈСП се поклопуваме со мислењата, не само на оваа тема. Целосно си во право. За децентрализацијата јас се залагам за повеќе средства на општини и реорганизација на поголемо ниво, но тоа е веќе сосем друга тема. И повеќе ми беше напишано во таа насока, отколку дека на најнеодговорното претпријатие треба да му се даде нешто
не не, само во контекст на цената на билетите зборам
не е потребно да биде висока цената на билет со сите поволности што ЈСП ги има, во своите 30 години постоење, ЈСП со мали инвестиции, со адекватен тарифен систем и со пониски цени, можело да направи многу
а реално револтот на многу граѓани веќе е преголем за да им се стави поголема цена, за која немаат доверба како ќе се користи

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Denko
Date Posted: 25-Jun-2020 at 09:48
Originally posted by zabegan

Originally posted by ehrlich


@zabegan

За ЈСП се поклопуваме со мислењата, не само на оваа тема. Целосно си во право. За децентрализацијата јас се залагам за повеќе средства на општини и реорганизација на поголемо ниво, но тоа е веќе сосем друга тема. И повеќе ми беше напишано во таа насока, отколку дека на најнеодговорното претпријатие треба да му се даде нешто
не не, само во контекст на цената на билетите зборам
не е потребно да биде висока цената на билет со сите поволности што ЈСП ги има, во своите 30 години постоење, ЈСП со мали инвестиции, со адекватен тарифен систем и со пониски цени, можело да направи многу
а реално револтот на многу граѓани веќе е преголем за да им се стави поголема цена, за која немаат доверба како ќе се користи
Jas zboram deka ne e mozen kvaliteten javen prevoz so evtin bilet, ili da, mozen edokolku finansiskata dupka se nadopolnuva od drugo mesto (Vlada, Grad). Tuka pred se mislam na vozniot park. Vakvi MAN-ovi ne se odrzuvaat so 30 denari bilet...
Za drugoto se soglasuvam.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 25-Jun-2020 at 11:36
А дали некој размислил да има по неколку автобуси во рамки на секоја општина во Скопје кои би биле менаџирани и финансирани од самите општини, а од друга страна би функционирале градските автобуси (со малку редуцирана бројка), со тоа што градските автобуси би биле финансирани од државата (бидејќи постои единствен вид единица како Град Скопје во цела држава)? И секако, автобуските линии би се надополнувале.


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Jun-2020 at 20:57
Originally posted by Denko

Originally posted by zabegan

Originally posted by ehrlich


@zabegan

За ЈСП се поклопуваме со мислењата, не само на оваа тема. Целосно си во право. За децентрализацијата јас се залагам за повеќе средства на општини и реорганизација на поголемо ниво, но тоа е веќе сосем друга тема. И повеќе ми беше напишано во таа насока, отколку дека на најнеодговорното претпријатие треба да му се даде нешто
не не, само во контекст на цената на билетите зборам
не е потребно да биде висока цената на билет со сите поволности што ЈСП ги има, во своите 30 години постоење, ЈСП со мали инвестиции, со адекватен тарифен систем и со пониски цени, можело да направи многу
а реално револтот на многу граѓани веќе е преголем за да им се стави поголема цена, за која немаат доверба како ќе се користи
Jas zboram deka ne e mozen kvaliteten javen prevoz so evtin bilet, ili da, mozen edokolku finansiskata dupka se nadopolnuva od drugo mesto (Vlada, Grad). Tuka pred se mislam na vozniot park. Vakvi MAN-ovi ne se odrzuvaat so 30 denari bilet...
Za drugoto se soglasuvam.
јас мислам дека може да има евтини билети ако се адаптира тарифниот систем, затоа и викам дека не се посебно жални, поради тоа што и вака имаат неколку вида на приходи, а тарифниот систем им е така скоцкан и погоден, да им прави што е можно повеќе пари и е поволен за нив, а не за корисниците

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: ehrlich
Date Posted: 26-Jun-2020 at 17:33
Го имам слушано Шилегов кога го објаснуваше новиот БРП и викаше дека тогаш ќе ги укинат приградските линии и дека ќе создадат мали чворови на крајот на БРП и од таму ќе тргнуваат автобусите, а на местото на БРП нема да има или ќе има ретко автобуси.

Работата е што ова може да се реализира и сега и одма. Само пример со чвор во Ѓорче Петров:

1. Линија 32 (место Љубин Транспортен, Љубин-Ѓорче)
2. Линија 56 (место Бојане/Копаница/Рашче Транспортен, Бојане/Копаница/Рашче-Ѓорче)
3. Линија 60 (место Матка Транспортен, Матка-Ѓорче)
4. Линија 64 (место Никиштане Транспортен, Никиштане-Ѓорче)

Дури и 12ка може да се прилагоди на ова. За сметка на ова, би имало повеќе автобуси на линиите 2 и 5, со што и самите градски линии би биле растеретени, а воедно не би имале бескрајни автобуси на линија во должина од над 30 километри во насока.

Ама треба малку мозок нели...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Jun-2020 at 08:20

Јасно е дека само партиски полтрони ќе седат на директорските позиции во сообраќајните (и општински, а и државни) претпријатија, но некој мора да почне да врши притисок тоа да бидат стручњаци од полето, а не луѓе кои до вчера биле во министерство за земјоделие, па преминале во државна изборна комисија, и на крајот станале директори на МЖ.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Denko
Date Posted: 27-Jun-2020 at 11:07
Originally posted by гитардемон


Јасно е дека само партиски полтрони ќе седат на директорските позиции во сообраќајните (и општински, а и државни) претпријатија, но некој мора да почне да врши притисок тоа да бидат стручњаци од полето, а не луѓе кои до вчера биле во министерство за земјоделие, па преминале во државна изборна комисија, и на крајот станале директори на МЖ.
Vistinski strucnjaci se biraat od strucna komisija preku oglas so aplikacija i 2-3 intervjua bez nadvoresna intervencija. Partiite ne se sposobni za vakov proces na izbor na kadri. Toa ednostavno e nevozmozno.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 27-Jun-2020 at 15:08
Може ние да бидеме комисија, на видео-повик ќе ги интервјуираме


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Jul-2020 at 09:48
Предизборно...

Новите автобуси на ЈСП од утрово пуштени во сообраќај



Новите автобуси на течен нафтен гас кои ги купи Град Скопје од утрово се пуштени во сообраќај од страна на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

Станува збор за првите 25 од 33-те нови автобуси кои пристигнаа во Скопје во неколку фази.

Станува збор за автобуси на гас, за кои тендерот го доби „Ауто Хрватска ПСЦ“.



https://faktor.mk/foto-novite-avtobusi-na-jsp-od-utrovo-pushteni-vo-soobrakjaj

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jul-2020 at 09:59
НОВИТЕ ЕКОАВТОБУСИ ПОЧНАА ДА ВОЗАТ НИЗ УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ

Новите екоавтобуси на гас, од германската компанија MAN се дел од возниот парк на ЈСП и од денеска возат по нашите улици, со што Скопје стана дел од европски метрополи коишто користат екоавтобуси. Возачите коишто ги возат новите автобуси на линии 2, 5, 15 и 57, имаа стручна обука од сертифициран возач од Хрватска.

Новите автобуси се енергетско ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на Euro 6. Овој тип на автобуси е прогласен за екоавтобус за 2016 година во Европа, а во Германија ја поседува ознаката „Син ангел“ бидејќи емитуваат значително помалку ЦО2 и речиси воопшто не го загадуваат воздухот.

Градот одлуката за набавка на ваков тип автобуси ја направи по извршеното тест возење низ Скопје кога пробно сообраќаа 3 различни модели на автобуси на гас и еден електричен автобус од различни производители, вклучувајќи го и автобусот од MAN, а тој според патниците беше најдобро оценет и најсоодветен за јавниот сообраќај во Скопје.

Еден екоавтобус заштедува до 25.000 евра гориво на годишно ниво, односно во споредба со потрошувачката на старите дизел автобуси, овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП, а истовремено го намалува и загадувањето на животната средина преку издувни гасови.

Колку за потсетување, автобусите што беа набавени пред 8 години, 202 двокатни кинески автобуси на дизел, чинеа премногу, се со лош квалитет и секојдневно се расипуваат, а ЈСП со години има проблем со кинеските автобуси поради непостоење овластен застапник, а со тоа и сервисна и техничка поддршка.

За разлика од претходните автобуси набавени од старото раководство, за да се избегнат проблемите при одржувањето, овојпат во цената на секој нов MAN екоавтобус е вклучено и одржувањето на автобуси како промена на масло, филтри и лесно отстранливи дефекти во гарантниот период од 3 години, како и специјален наменски алат за сервис и одржување на автобуси, кој е изработен од специјални материјали (комбинација на пластика, алуминиум и нерѓосувачки челик). Еден зглобен автобус чини 334.500 евра, а единечен 268.900 евра.

Град Скопје со набавката на новите 33 нископодни MAN CNG автобуси за ЈСП, на претпријатието му овозможи да врши превезување на речиси двојно повеќе патници коишто имаат поголем простор и комоција за движење, што придонесува за побрз проток на патниците низ возилото, со повеќе врати за влез и излез, како и валидатори на предната и на задната врата. Ваков тип на екоавтобуси веќе се користат во јавниот превоз на Шпанија, Норвешка, Унгарија и Полска.

Во моментот на улиците на Скопје возат 25 нови екоавтобуси на гас од кои 20 се единечни и 5 зглобни, а во текот на месецот ќе пристигнат и преостанатите 8 автобуси што се дел од договорот што го потпиша Градот за набавка на 33 нови екоавтобуси, односно 21 нископоден автобус со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со поединечен капацитет од 149 патници.















https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 10-Jul-2020 at 12:31
Вчера ги начекав како полнеа плин на бензинската на Партизанска со 8ми Септември.
3 двојни и 4 единечни автобуси.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 10-Jul-2020 at 20:34
Дали дисплеиве не им работат од прв ден? Или по грешка е оставена и хартијата со бројот на автобусот?


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jul-2020 at 20:48
Originally posted by ehrlich

Дали дисплеиве не им работат од прв ден? Или по грешка е оставена и хартијата со бројот на автобусот?


Дисплеите се во функција,барем оној кој го видов денес на линија број 15 за хартиите незнам зошто се поставени(се совпаѓаат со бројот на дисплеите) ама се непотребни се надевам ќе ги тргнат.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 10-Jul-2020 at 22:44
Овие Манови се склапани во Турција...луѓе што се возеа ми пренесоа импресија да не се нешто како што би биле ако се фул Дојче.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 10-Jul-2020 at 22:52
Хрватска

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jul-2020 at 16:26
Пристигнаа еко-автобусите за ЈСП Скопје



Денеска пристигнаа уште седум зглобни и еден единечен еко-автобус, кои Град Скопје ги набави за потребите на ЈСП „Скопје“.

-Со ова завршува испораката на вкупно 33 автобуси од набавката. Откако ќе ги поминат сите процедури и овие автобуси ќе бидат пуштени во сообраќај, што очекуваме да се слуи за две недели, велат од ЈСП „Скопје.

Новите еко-автобуси се на гас, а се произведени од германската компанија MAN.

https://24info.mk/пристигнаа-еко-автобус-за-јсп-скопје/


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jul-2020 at 16:27
Стигнаа сите автобуси за ЈСП на гас

Денеска пристигнаа уште седум зглобни и еден единечен екоавтобус, кои Град Скопје ги набави за потребите на ЈСП „Скопје“.

„Со ова завршува испораката на вкупно 33 автобуси од набавката. Откако ќе ги поминат сите процедури и овие автобуси ќе бидат пуштени во сообраќај, што очекуваме да се слуи за две недели“, велат од ЈСП „Скопје.

Новите екоавтобуси се на гас, а се произведени од германската компанија MAN, а од пред некој ден возат по скопските улици.

Возачите коишто ги возат новите автобуси на линии 2, 5, 15 и 57, имаа стручна обука од сертифициран возач од Хрватска.

Новите автобуси се енергетско ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на Euro 6. Овој тип на автобуси е прогласен за екоавтобус за 2016 година во Европа, а во Германија ја поседува ознаката „Син ангел“ бидејќи емитуваат значително помалку ЦО2 и речиси воопшто не го загадуваат воздухот.
Еден екоавтобус заштедува до 25.000 евра гориво на годишно ниво, односно во споредба со потрошувачката на старите дизел автобуси, овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП, а истовремено го намалува и загадувањето на животната средина преку издувни гасови.

Град Скопје со набавката на новите 33 нископодни MAN CNG автобуси за ЈСП, на претпријатието му овозможи да врши превезување на речиси двојно повеќе патници коишто имаат поголем простор и комоција за движење, што придонесува за побрз проток на патниците низ возилото, со повеќе врати за влез и излез, како и валидатори на предната и на задната врата. Ваков тип на екоавтобуси веќе се користат во јавниот превоз на Шпанија, Норвешка, Унгарија и Полска.

Новите екоавтобуси, односно 21 нископоден автобус се со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со поединечен капацитет од 149 патници.

https://nezavisen.mk/stignaa-site-avtobusi-za-jsp-na-gas/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=stignaa-site-avtobusi-za-jsp-na-gas


Posted By: ehrlich
Date Posted: 13-Jul-2020 at 21:46
Дека новиве автобуси возат и на двојка и на петка, имав прилика низ Ѓорчево да ги видам и единечните и зглобните и реално доста добро изгледаат. Особено се радувам на зглобните, иако не планирам во скоро време да се качам во автобус

Што се однесува до дисплеите, веројатно не им се наместени кај сите, зашто имаше една двојка со дисплеј ЈСП (МАН) и имаше закачено хартија со број 2, па така тоа била изгледа причината зашто не светеле сите.


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Jul-2020 at 13:44








https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 17-Jul-2020 at 05:55
Аирлија Новината, морам да ги пофалам новиве МАНои Вожњата ТОП им фали уште одел за Пушачи за цело биде ко има се‘ за сите единствена забелешка може ет што во 5-ката во која се качив Шоферо забораил маската да ја стаи, ем можев и муабет сонего да си правам бидејќи не беше ораден просторо околу него, ама се бев качил за три станици па си поќутив ...

е сега ко зглобен Автобусо клизаше фино по Булевар заради летни ем ковидни околности, само се прашувам како утре ќе се вклопи сред шпицои особено онаму каде ставија Вело Патеки на Асфалт ... за вакво нешто а со сеуште некомплетирана Примарна Сообраќајна мрежа во Градо требаше да одат со Жолта Лента по Булевари, а в среде нив евентуално Вело Патека, но македонско-удбалитичарска работа бутај се’ у едно! можеби можат натака да ја оправат попаметно, само напат им стои и каубојкио табиет на мнозина болидџии по Улици, чунки Дашкам по Шасии би решели вакви проблеми лесно!?

камо и Двокатните да имаа вакви перформанси, со Лаз-оите ич да не ги споредувам , се прашувам само дали ако на Санос му се дадеше да истера некогаш МАН Франшиза ќе извадеше нешто слично ко ова, капак па да беше то http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3670&PID=240828#240828 - нивната двокатна верзија !?


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Aug-2020 at 14:19
ПЕНЗИОНЕРИ СО ШТРАФЦИГЕР ГИ КРАДАТ ПОЛНАЧИТЕ ЗА ТЕЛЕФОНИ ОД НОВИТЕ АВТОБУСИ НА ЈСП „СКОПЈЕ“

Граѓани опремени со штрафцигери се обидуваат да ги украдат полначите за телефони кои ги има во новите автобуси на гас на ЈСП „Скопје“. Откако 33 автобуси беа пуштени во сообраќај секојдневно во нив има контроли во цивилка кои проверуваат дали патниците ги уништуваат возилата. Досега биле фатени четворица граѓани како се обидуваат да ги украдат полначите.

„Еден од патниците кој го фативме како со штрафцигер сака да ги извади полначите кои се вградени во држачите, беше 72-годишен пензионер. Во сите четири случаи навремено интервенираа контролорите и не дозволија уништување на дополнителната опрема во автобусите. Случаите се пријавени во Министерството за внатрешни работи. Навистина не ни е јасно зошто ги вадат и крадат, кога тие потоа никако не можат да се користат“, велат од ЈСП „Скопје“.

Низ градот веќе еден месец на линиите 2,5, 15, 24 и 57 возат 33 автобуси на гас од германскиот производител МАН. Од нив 21 е eдинечен со капацитет за 81 патник и 12 се зглобни за 149 патници.

Новите автобуси се енергетски ефикасни, во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија и ги задоволуваат стандардите за емисија на еуро 6. Овој тип на автобуси е прогласен за еко автобус за 2016 година во Европа, а во Германија ја поседува ознаката ‘Син ангел‘ бидејќи воопшто не го загадуваат воздухот.

Еден еко автобус годишно ќе заштедува до 25.000 евра за гориво во споредба со потрошувачката на старите дизел автобуси, што дополнително ќе ги намали трошоците на ЈСП „Скопје“, а истовремено го намалува и загадувањето на животната средина преку издувни гасови.

Набавката на новите еколошки автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Еден зглобен автобус чини 334.500 евра, а единечен 268.900 евра.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/penzioneri-so-shtraftsiger-gi-kradat-polnachite-za-telefoni-od-novite-avtobusi-na-jsp-skopje/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Aug-2020 at 16:24
ЈСП ќе гради станици за полнење гас на новите екоавтобуси

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ склучи договор со трговското друштво „Филбис“ од Скопје за изработка на проектна документација со ревизија за потреба од изградба на станици за полнење на возила со ЦНГ во автобазата во Автокоманда и во Ѓорче Петров.

Изработката на проектната документација со ревизијата за потребата од изградба на станици за полнење ќе чини 354.000 денари со вклучен ДДВ, додека проценетата вредност била 1.416.000 денари со вклучен ДДВ.

За изработка на идејниот проект, избраниот понудувач има рок од 60 дена од воведувањето во работа и предавање на потребните подлоги, додека за изработка на елаборат за претходна согласност за локација, рокот е 15 работни денови од прифаќањето на идејниот проект.

Од JСП не се одважија и по четири дена барање одговор да појаснат кога ќе почне изградбата на овие станици и какви ќе бидат тие и кога ќе бидат готови. Исто така, не одговорија колку ќе чини изведбата на станиците.

Новите 33 екоавтобуси на гас, од германската компанија MAN се дел од возниот парк на ЈСП и од 10 јули возат по скопските улици и тоа на линиите: 2,5, 15 и 57.

Од 33 екоавтобуси 21 се единечни, додека 12 се зглобни.

Возачите коишто ги возат, имаа стручна обука од сертифициран возач од Хрватска.

https://skopjeinfo.mk/jsp-kje-gradi-stanici-za-polnenje-gas-na-novite-ekoavtobusi


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 26-Aug-2020 at 18:28
Имаше најави за можност за надополнување возења преку апликацијата за мобилен, знае некој што се деси со ова? Безвезе е у време на корона а и 21 век да мора да идеш физички до трафика за да стаиш возења кога може со 2 клика преку платежна картичка од дома

-------------
ಠ_ಠ


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jul-2021 at 07:07
Нови 377.000 евра за „квалитетните“ и „штедливи“ автобуси на Шилегов по само една година

Новите автобуси кои ги промовираше градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов беа набавени со кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 10 милиони евра, објави Инфомакс.

Шилегов потенцираше новите автобуси на гас споредбено со кинеските дизел е 60 евра од еден автобус дневно, односно годишно со набавката на 33 автобуси ќе се заштедат од 700.000 до 900.000 евра.

Но на точно една година од пуштањето во употреба на новите автобуси, објавена е тендерската постапка за набавка на резервни делови, опрема и материја за одржување за истите, што значи дека заштедите не се толкави како што најавуваше Петре Шилегов.

%20 - https://plusinfo.mk/novi-377-000-evra-za-kvalitetnite-i-shtedlivi-avtobusi-na-shilegov-po-samo-edna-godina/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-Jul-2021 at 09:08

Значи автобусите беа најавувани како бесмртни без никаква потреба за резервни делови? Еј какви глупости пишуваат пред избори. А некаква пресметка колку е заштедено на гориво? На крајот ќе испадне MAN не чинеле, а ЛАЗ и 宇通 биле бомбона.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Aug-2021 at 16:28
Оштетен е еден од автобусите на линија 24 поточно има напукнато стакло





%20 - https://www.facebook.com/burevesnik.net



Print Page | Close Window