Print Page | Close Window

Урбана мафија - Охрид

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3676
Printed Date: 30-Nov-2020 at 08:43


Topic: Урбана мафија - Охрид
Posted By: stef4o
Subject: Урбана мафија - Охрид
Date Posted: 03-Mar-2020 at 15:20
Во Охрид на бул.Туристичка по долго натегање,поништување постапки,планови и слично сепак ја истуркаа работата и тука ќе никне зграда







https://www.facebook.com/Урбанизам-во-Македонија



Replies:
Posted By: ironm
Date Posted: 03-Mar-2020 at 20:10
Со овој случај се проби дното на урбаното дивеење во Мк. Да ти е страв да купиш стан денешно време. Вредноста на становите во црвената зграда е комплетно уништена, а да не зборуваме за квалитетот на живеење каде две вертикали прозори ќе бидат затворени од новата зграда. И згора на се, инвеститорот ги тужи сега станарите за некоја вртоглава сума (мислам беше милион евра) поради тоа што го спречуваа изминативе години да гради. Ако го добие и тој случај на суд (како што доби за градежната дозвола), тогаш станарите можат слободно да спакуваат куфери.

Инаку мојот дом во Охрид е 50 метри подолу од локацијава на бул. Туристичка и имаме сличен случај, само не живеам веќе активно таму и не сум во тек до каде е. Ако се дозволи зграда и на тој имот, тогаш мојот стан ќе е безвреден.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Mar-2020 at 20:48
Ја гледам локацијата на Google Earth и ова е просто неверојатно до која крајност отишле. Во убаво испланиран и урбанистички финално заокружен простор, плус тоа на главен булевар, да измислиш ваков чир, ова е ужасен преседан дури и за македонски услови. Експлодирав од револт само гледајќи ја сателитската снимка на локацијата.


Каква е историјата на сопственоста на земјиштето, и историјата на маркичката за градба? Поконкретно:

1.Дали општината/државата го продала земјиштето или се работи за денационализирано земјиште или е нешто трето?
2. Исто така, во чија сопственост било земјиштето во моментот кога е вцртана маркичката?

Истите прашања до ironman за случајот кај неговата зграда.



Криминалот е неспорен и зашеметувачки во било кој случај, само ме интересира начинот на неговото формално спроведување!





Originally posted by ironm

И згора на се, инвеститорот ги тужи сега станарите за некоја вртоглава сума (мислам беше милион евра) поради тоа што го спречуваа изминативе години да гради. Ако го добие и тој случај на суд (како што доби за градежната дозвола), тогаш станарите можат слободно да спакуваат куфери).
Ако го добие и тој случај, станарите не треба да се пакуваат, туку треба да го запалат и инвеститорот и судијата и тие што го нацртале ДУП-от и тие што го изгласале. Буквално да ги запалат, со бензин. Бидејќи ако вака функционираат општините, судовите и останатите посрани институции, тогаш ова и официјално е див запад и нема потреба да глумиме држава, туку да почнеме навистина сите да се однесуваме соодветно. Најагресивните и најалчните битанги ни се посраа на глава на сите останати и очигледно нема да прикочат освен ако не ги натераме со порадикални методи. Оваа болест сама од себе не поминува.




Posted By: ironm
Date Posted: 03-Mar-2020 at 21:25
Не само испланиран туку и простор со најмногу зеленило (реткост е да најдете зеленило помеѓу згради во кој било дел од Охрид).

За случајот погоре се работи за денационализирано земјиште од пред 10 години (толку долго се тужеа). Должност на општината е да го заштити народот и да не дозволи урбанистички измени во оформена населба на крајот од 80ти - почеток на 90ти години, па макар и на финансиска штета на општината бидејќи тоа се посекако пари на тие граѓани. Сигурен сум дека ако ги прашаме би го откупиле тој имот наместо да прифатат зграда.

Маркичката е вцртана откако е денационализиран имотот, односно по барање на сопствениците на имотот - јавна тајна е како се вцртуваат маркички во Охрид и колку треба да се подмачка и кај кого.

За мојата зграда случајот за првото прашање е различен, за второто е истото. На плацот пред зградата е изградена куќа П+1 со тоа што оградата од дворот навлегува во имотот на зградата уште од стартот. Во куќата живеат луѓе кои го добиле имотот и направиле заедничка куќа со неколку влезови иако не се мирисаат едни со други и тука лежи одговорот зошто сеуште нема зграда. Но, во меѓувреме маркицата е изменета по нивно барање и подмачкување во П+4+Пк.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Mar-2020 at 02:36

Еве нека има посебна нишка за урбаната мафија во Охрид.

Реално има материјал и за подфорум да отвориме


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Mar-2020 at 09:49
Навистина неверојатно.

Инаку за мене Охрид е можеби врвот на урбаната мафија. Пред се го набљудувам делот од пазарот до макпетрол бензинската и од Туристичка до брегот на езеротот. Што се гради таму и како се гради е ужасно. Маркиците се без врска, како што биле плацевите, зграде се буткаат една во друга, зеленило 0, дизајн (па и квалитет) на згради 0...




Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Mar-2020 at 09:55
Originally posted by ironm

Со овој случај се проби дното на урбаното дивеење во Мк. Да ти е страв да купиш стан денешно време. Вредноста на становите во црвената зграда е комплетно уништена, а да не зборуваме за квалитетот на живеење каде две вертикали прозори ќе бидат затворени од новата зграда. И згора на се, инвеститорот ги тужи сега


Интересно но луѓето кај нас воопшто не го гледаат овој параметар. Дури и тие од црвената зграда што се бунат, се бунат можеби за зеленилото, поради лепенката... или можеби и од инает. Но сигурно не се бунат бидејќи ќе им падне вредноста на имотот.

Тоа се истите луѓе кои би затвориле тераса иако тоа ќе им ја намали вредноста на становите а нема да им ја зголеми.

Се додека функционира „скара на кило“ менталитетот, каде количината (бројот на квадрати во случајот)  ќе биде единствен параметар по кој цениме дали влогот се исплати или не, пазарот ќе продолжи вака да функционира.

Малку да созреат купувачите, не само во Охрид секаде, ваквите инвеститори има да банкротираат преку ноќ...




Posted By: ironm
Date Posted: 04-Mar-2020 at 22:21
Originally posted by pbanks

Инаку за мене Охрид е можеби врвот на урбаната мафија. Пред се го набљудувам делот од пазарот до макпетрол бензинската и од Туристичка до брегот на езеротот. Што се гради таму и како се гради е ужасно. Маркиците се без врска, како што биле плацевите, зграде се буткаат една во друга, зеленило 0, дизајн (па и квалитет) на згради 0...

Логично е да е така бидејќи има само два градови во Мк кои се од интерес на надворешни инвеститори - Охрид и Скопје. Кој купил стан во Радовиш, а да не е од Радовиш? Од тие два едниот (Охрид) е 30 години во големи долгови, а околу 15 години е со блокирана сметка поради презадолженост. Немаш пари, а ти требаат... повеќе од 50% од приходите на општините во Мк се од комуналии... "решение"- нека гради кој кај сака.

Горе-долу со чесни исклучоци целиот град е во таква состојба, просторот што го издвои е највпечатлив, бидејќи е најпосетуван и желбата за имот во тој реон е најголема.

Originally posted by pbanks

Интересно но луѓето кај нас воопшто не го гледаат овој параметар. Дури и тие од црвената зграда што се бунат, се бунат можеби за зеленилото, поради лепенката... или можеби и од инает. Но сигурно не се бунат бидејќи ќе им падне вредноста на имотот.

Не го гледаат бидејќи сме сиромав народ. Сиромав човек не разбира како функционираат парите, затоа и останува сиромав.


Posted By: ironm
Date Posted: 13-Mar-2020 at 17:45
Хотел дивоградба на стариот пат за Струга помеѓу населба Далјан и болницата Св. Еразмо којшто во краткиот налет на општина Охрид на крајот од 2019 беше еден од посетените за рушење. Сопственикот го спречи рушењето со оправдување дека го срушат сами, но како што гледаме не е ништо поместено.



Инаку целата драма околу "рушењето" платформи во езеро што вртеше тогаш по вести беше само една драма за публика, бидејќи скоро ниедна платформа не е срушена. Сите рушења беа прекинати во стилот на хотелот со муабет од типот "не ја рушете вие, ќе ја срушиме сами" и потоа ги отстранија даските од платформите, а самите платформи се уште во езеро, спремни за нови даски за летнава сезона.


Posted By: ironm
Date Posted: 13-Mar-2020 at 17:56
Бетонската база на главниот шериф во Охрид, г. Нефи Усеини, која се наоѓа веднаш после населба Далјан, на 50тина метри од езерото. Базата е на имот од исламската верска заедница, а според сопственикот целата била монтажна (како што може да се види на сликите) и можела да се размонтира во неколку часа. Ова шерифот ќе го направел откако општината ќе му најдела плац на кој ќе можел да ја префрли.

Ако нешто на сликите ви изгледа бетонско, тогаш веројатно ви се причинува.








Posted By: ironm
Date Posted: 17-Mar-2020 at 22:02
Ќе се искористи кризнава ситуација да се изгласа прекин на постапките за дивоградбите. Не разбирам како ова има каква било врска со ситуацијава во којашто е државава, но се чини во ситуација кога сите се испаничени на никого нема да му е гајле за ова, а потоа ќе се стави под тепих и никому ништо.

Советниците ќе одлучуваат за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти


Предлог-Одлуката за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документаци и времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти, е единствената точка на дневен ред на седницата на општина Охрид закжана за утре, 18-ти март.

https://www.ohridnews.com/sovetnicite-e-odluchuvaat-za-vremen-prekin-na-postapki-za-utvrduva-e-praven-status-na-bespravno-izgradeni-obe-kti/ - https://www.ohridnews.com/sovetnicite-e-odluchuvaat-za-vremen-prekin-na-postapki-za-utvrduva-e-praven-status-na-bespravno-izgradeni-obe-kti/


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Mar-2020 at 22:23
Да не мудрувам многу, ама има еден израз што совршено го опишува сето тоа – „Лов во матно“.

(на нечесен начин постигната цел)



-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Mar-2020 at 08:27
СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ, СО ПОМОШ НА КОАЛИЦИЈАТА НА СДСМ, ИЗГЛАСАА ДА ПРОДОЛЖИ ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ОХРИД, ПРИВРЕМЕНО СТОПИРАНА ПОРАДИ УНЕСКО

Советот на Општина Охрид на денешната седница не го прифати предлогот за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, со што делумно ќе продолжеше мораториумот на донесување и спроведување на урбанистички планови, донесен лани во август.

Предлогот на градоначалникот Константин Георгиески за правниот статус на бесправно изградените објекти не помина откако против гласаа опозицијата која ја сочинуваат советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и тројца советници од коалицијата на СДСМ, меѓу нив и од ДУИ. Еден од нив е Нефи Усеини, сопственик на градежна фирма кој има изградено неколку спорни објекти меѓу кои е и дивата тераса на неговата пицерија кај Чинарот.

„Во најголем број точките од дневниот ред се однесуваа на усвојување на извештаи за работата на општинските сектори и одделенија, јавните претпријатија, училиштата и Територијалната противпожарна единица. Сите точки на дневниот ред беа усвоени, освен дополнителните, кои се однесуваа на предлозите за изработка на локална урбанистичка планска документација во КО Долно Лакочереј и одлуката за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти и начинот на спроведување на постојните урбанистички планови“, соопштија од Општина Охрид.

Мораториумот на донесување и спроведување на урбанистички планови беше донесен по препорака на Владата додека да се донесе Планот за управување со природното и културно наследство. Мораториумот во Охрид беше со важност од шест месеци и истече во февруари, а Владата го донесе Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029) на 21 јануари. Со владиниот план се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.
Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на подрачјето на доброто. Со предложените мерки ќе се зајакне институционалниот капацитет за одржливо управување на заштитеното светското природно и културно наследство во Охридскиот регион“, соопшти тогаш Владата.

Со планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион, се дефинира строга заштитна зона во крајбрежјето околу која не смее да се гради, а сè што досега е направено во неа ќе се стави под контрола, рече Ана Петрова, државен секретар во Министерството за животна средина на 2 октомври кога планот беше презентиран и пуштен на двомесечна јавна расправа.

„Планот е многу важен дел од препораките од центарот на УНЕСКО. Кога ќе се донесе може да заврши прогласениот мораториум. Голем е предизвикот со одредбите на планот да воспоставиме контролирана урбанизација. Тоа го правиме со соодветно зонирање и тоа прва строга заштитна зона во крајбрежјето со ширина од 50 метри сметано од границата на катастарска парцела еден на еден, односно Охридско Езеро. Оваа зона овозможува се она што е недопрено да не смее да се гради, и сè што има направено трансформација ќе се стави под контрола“, рече тогаш Петрова.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/sovetnitsite-na-vmro-dpmne-i-dui-so-pomosh-na-sdsm-izglasaa-da-prodolzhi-legalizatsijata-na-divogradbite-vo-ohrid-privremeno-stopirana-poradi-unesko/?fbclid=IwAR22tW38dPK9aNJipPKraFKAPo4-lGo0bIpNgidtcR7ydrnrUUJ-N486-aU#.XmqNmfNXFy4.facebook


Posted By: ironm
Date Posted: 17-Apr-2020 at 17:47
РЕНОВИРАЊЕ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Деновиве, намаленото движење на луѓето некои наши сограѓани го искористија за да извршат одредени градежни работи, без да бидат забележани. Сепак, до нас стигнаа овие две фотографии, каде на брегот од Охридското Езеро, на стотина метри од бетонската база на советникот Усеини, се поставуваат темели на објект. Откако пред неколку години тогашната владејачка партија овозможи овие „хациенди“ на потегот од хотел „Далјан“ до специјалната болница „Свети Еразмо“ да се легализираат, сега сопствениците малку си ги надградуваат и прошируваат парцелите. Неодамна им се реновира и сообраќајницата па сега остана да се средат и дворовите. И така легализацијата на дивоградбите продолжува, тоа им одговара и на СДСМ Охрид и на О.К. ВМРО - ДПМНЕ - ОХРИД (официјална страна). Неспособноста на институциите, почнувајќи од Општина Охрид само се потврдува, а „заложбите“ и „акциите“ се само мртво слово на хартија, вест за еден ден, обид за краткотрајно замајување на јавноста, додека во стварност нити една платформа целосно беше отстранета, нити еден нелегален објект беше урнат, нити една казна беше изречена или концесија одземена. Само се купуваше време.





Фејсбук пост на Охрид СОС


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 17-Apr-2020 at 18:00
Џабе дополнителното време од УНЕСКО. Кога ќе следи изјава „Имајќи предвид дека властите во Република Северна Македонија не преземаа мерки за отстранување на дивоизградените објекти и заштита на културното и природното наследство во охридскиот регион, а нивни претставници се вклучени во деструктивните активности, на денешната седница УНЕСКО одлучи Охрид и околината повеќе да не бидат заштитено наследство. Се надеваме дека Владата на Република Северна Македонија и засегнатите единици на локална самоуправа ќе ја воочат сериозноста на ситуацијата“?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: ironm
Date Posted: 17-Apr-2020 at 18:18
За жал дури и УНЕСКО е исполитизирано во донесувањето одлуки, па затоа и ги одолговлекува работите околу Охридскиот регион. Ако донесат одлука во таа насока првично ќе биде прогласен за загрозено светско наследство со што ќе следува нивно подлабоко инволвирање со експертиза, не би можело веднаш да го тргнат од листата на заштитено наследство. Но, тоа во друга прилика...

Инаку најдобро ја отслика ситуацијата градоначалникот на Охрид Георгиески во една од последните Саботажи во 360 Степени (првите 45 секунди од видеото). Кажаното го објаснува хаосот во цела држава (Охрид е во центарот на вниманието заради УНЕСКО инаку сите градови се во хаос), зошто се случувал, се случува и ќе се случува. Ова е пораз за Охрид, за државата и за сите граѓани со мозок.

[tube]5cqnyh6lVN8[/tube]


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 17-Apr-2020 at 18:25
За жал и меѓународните институции, пред сѐ Обединети Нации и нему подредените организации, а особено нивните раководства, се исполитизирано исодкомпететнизирано каќе. СЗО и кинескиот притисок врз Тедрос се најактуелен пример.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 19-Apr-2020 at 22:46
Охрид е #НаПравПат

(Има можност за ембедирање твитови на форумов?)

Реконструкција во вонредна состојба #Охрид
Наскоро и остaнатите ќе ги сништат. #Дрвја-та кои мачно растеа 20-30 години, ќе бидат „заменети“ со неавтохтон вид.
Џабе УНЕСКО препораки, џабе стратегии за биолошка разновидност, кога неукоста владее, сè е џабе!



https://twitter.com/OhridSOS/status/1251037526321762306 - https://twitter.com/OhridSOS/status/1251037526321762306

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: ironm
Date Posted: 20-Apr-2020 at 08:56
Не би рекол дека станува збор за урбана мафија со случајов, затоа го постирав пред некој ден во темата за зеленило. Едноставно работат неписмени луѓе во секторот за животна средина.


Posted By: ironm
Date Posted: 24-Apr-2020 at 22:06
Активна градба на ул. АСНОМ, веднаш позади хотел Garden. Излегоа директно на тротоар и се околу 15м понапред од целата линија на улицата. Група граѓани протестираа за случајов пред извесно време тука пред зградата и потпишуваа некакви петиции кои веројатно некој ги искористи за потпалување.




Posted By: stef4o
Date Posted: 15-May-2020 at 16:39
АНТИКОРУПЦИСКА БАРА ВЛАДАТА ДА ГО ПРЕЗЕМЕ УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ОХРИД ОТИ ОПШТИНАТА НЕМАЛА ПАРИ



Антикорупциската комисија побара Владата да ја преземе надлежноста од Општина Охрид за уривање на дивоградбите. Антикорупционерите разгледувајќи ги јавните набавки кои Општината ги спровела за уривање на дивоградбите заклучила дека тие пари се малку за решавање на овој проблем.

„Во 2019 година е склучен само еден договор во уривање во вредност од 1,5 милиони денари. Бидејќи ова е мал износ за справување со дивоградбите во Охрид, Антикорупциската комисија ќе испрати барање до Владата да ги преземе надлежностите на сите општини во овој регион под заштита на УНЕСКО и да се справи со објектите кои се дивоградба“, рече претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

Ивановска на денешната прес-конференција кажа дека го разгледувале и предметот за продажбата на градежното земјиште на паркингот кај „Холидеј ин“, заради наводи за неправилности при водење на постапката за денационализација на една од парцелите на овој потег. Таа кажа дека Министерството за транспорт и врски го продало земјиштето иако на сила бил мораториумот за градба.

„Дел од ова земјиште што е продадено со површина од 625 квадратни метри е на семејство што започнало процес на денационализација во 2003 година, но поради измени на Законот за денационализација од декември 2010 година, се дозволува располагање со имот што е предмет на денационализација. Пред да биде оваа измена во Законот постоела апсолутна забрана за располагање со имот додека трае постапката. Затоа ќе побараме од Уставен суд да изврши оценка на член 64 од Закон за денационализација“, рече Ивановска.

Таа кажа дека во време кога е продадено земјиштето на сила во Општина Центар е мораториумот, планот за овој дел се ревидира и може да претрпи измени. Затоа според Ивановска постои ризик од влијание на сопствениците на тоа земјиште врз натамошната постапка на донесување на планот.

„Затоа препорачуваме дека градоначалникот треба да се држи до стандардите за хумано живеење, да се изврши хуманизација и хармонизација на просторот, со што ќе се штити јавниот интерес. Ќе ја следиме судбината на оваа парцела со новиот план што ќе биде донесен“, кажа Ивановска.

%20 - https://sdk.mk/index.php/makedonija/antikoruptsiska-bara-vladata-da-go-prezeme-urivane-na-divogradbite-vo-ohrid-oti-opshtinata-nemala-pari/


Posted By: ironm
Date Posted: 17-May-2020 at 23:01
Парапетче од март се гради до езеро во пандемија, охриѓани револтирани, Градоначалникот вели дозвола нема

Извор на фото: Охрид СОС/Танески Филип







Во екот на пандемијата од коронавирусот Ковид – 19, на брегот на Охридското Езеро, во Градиште, во месец март, започна изградба на потпорен ѕид на плажа. Случајот е актуелизиран повторно викендов, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии како се одвиваат градежни активности до самото езеро, што предизвикаа голем револт кај охриѓани, кои бараат одговорност за ваквата постапка.

Иако не се наведува кога се направени, фотографиите се автентични и актуелни, а потврда стигна и од градоначалникот на Општина Охрид. Тој во објава, исто така на Фејсбук, напиша дека градежните дејствија се одвиваат незаконски. Тоа било констатирано од општинската градежна инспекција уште пред речиси два месеца, а на изведувачот му е даден рок да ја отстрани дивоградбата.

    Чувствувам обврска, поради денешните бројни реакции кои лично од граѓаните и преку медиумите пристигнаа за изградбата на ѕид во непосредна близина на Охридското Езеро во авто – кампот „Градиште“, да Ве информирам дека инспекциските служби на општина Охрид, на 24.03.2020 година, извршија увид и составија записник.

    Согласно законските процедури донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, а доколку тоа не го направи во предвидениот рок, општина Охрид ќе го отстрани на сметка на изведувачот.

    Ве уверувам дека никој од Локалната самоуправа, а ниту јас лично сме издале или имаме намера да издадеме одобрение за изградба на објекти кои директно влијаат врз загадувањето на Охридското Езеро, или го нарушуваат светското природно и културно наследство. –
напиша Георгиески.

Овој еколошки инцидент се случува во исклучитено чувствителен период за Охрид, кој се бори да го задржи статусот на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, кој е доведен во прашање токму поради вакви случаи, несоодветна заштита и целосна негрижа од надлежните институции.

    Секој ден, со секој еден ваков нов пример, само се потврдува лицемерноста на локалната и централната власт, отсуството на вистинска волја за справување со ваквите девијации. Додека козметички дотеруваа во извештајот до UNESCO, на терен имаме сосема спротивна практика. Од Радожда до Свети Наум. Благодарение на наши сограѓани, секој ден излегуваат на виделина вашите „подвизи“ и вистинското ваше лице. Ве заболе вас за светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Ве интересира само профит и узурпација, и кој повеќе ќе ви тутне в џеб. Наместо справување со дивоградбите, аминувате да се градат нови. – остро реагира до надлежните институции неформалното еколошко движење „OhridSOS“.

Екологистите ги повикаа инспекциските служби во Општина Охрид веднаш да излезат на терен, да ја запрат изградбата и да ги санкционираат сторителите.

https://www.ohridnews.com/parapetche-od-mart-se-gradi-do-ezero-vo-pandemi-a-ohri-ani-revoltirani-gradonachalnikot-veli-dozvola-nema/ - https://www.ohridnews.com/parapetche-od-mart-se-gradi-do-ezero-vo-pandemi-a-ohri-ani-revoltirani-gradonachalnikot-veli-dozvola-nema/


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 17-May-2020 at 23:08
Како е од другата страна на границата?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: ironm
Date Posted: 17-May-2020 at 23:17
Во Албанија ги срушија сите објекти покрај вода уште пред неколку години, но во однос на конкретниов потпорен ѕид не е ни битно како е таму. Ова се гради како многупати досега од бизнис интерес, поради угостителски објекти на кои местото не им е таму.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-May-2020 at 08:40
ДИВОИЗГРАДЕНИОТ ЅИД В ЕЗЕРО КАЈ ГРАДИШТЕ ЌЕ БИДЕ УРНАТ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ

Дивоградбата со која се гради ѕид во Охридсктото Езерото кај авто-кампот „Градиште“ ќе биде урната, објави на својот фејсбук страница градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Според Георгиевски, општинските инпсектори упте на 24 март му дале рок на дивоградителот сам да ја урне дивоградбата, но речиси два месеца подоцна нема активност за уривање.

„Чувствувам обврска, поради денешните бројни реакции кои лично од граѓаните и преку медиумите пристигнаа за изградбата на ѕид во непосредна близина на Охридското Езеро во авто-кампот ‘Градиште’, да ве информирам дека инспекциските служби на Општина Охрид, на 24.03.2020 година, извршија увид и составија записник. Согласно законските процедури, донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, а доколку тоа не го направи во предвидениот рок, Општина Охрид ќе го отстрани на сметка на изведувачот”, објави синоќа Георгиески.

Тој вели дека никој од Општината не издал одобрение за изградба на објекти кои го загрозуваат Езерото.

„Ве уверувам дека никој од Локалната самоуправа, а ниту јас лично, сме издале или имаме намера да издадеме одобрение за изградба на објекти кои директно влијаат врз загадувањето на Охридското Езеро или го нарушуваат светското природно и културно наследство“, вели охридскиот градоначалник.

По повод дивоградбата кај Градиште се огласија и од невладината Охрид СОС.

„Се гради ѕид практично в езеро. Не знаеме кој дал одобрение, кој гради, или зошто. Ги повикуваме инспекциските служби во Општина Охрид веднаш да излезат на терен и да се запре изградбата а да се санкционираат сторителите. Дополнително, во јавноста, да кажат како може да се случува ова. Зошто вакви работи не се прикажаа во брошурата за една година мандат на Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид? Стево Пендаровски нека вметне вонредна точка на таа т. н. лидерска средба, па малку да се зборува и за ова, а не само за датуми за избори”, велат од Охрид СОС.


%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/divoizgradeniot-zid-v-ezero-kaj-gradishte-ke-bide-urnat-veli-gradonachalnikot-georgieski/


Posted By: ironm
Date Posted: 18-May-2020 at 13:36
Се урива незаконски изградениот ѕид на плажата Градиште





Започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“, информира денеска градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

    Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.

    Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид.
– објави на Фејсбук Георгиески.

Градежните работи на спорниот ѕид започнале во март годинава. Надлежен инспекторат и тогаш излегол на лице место и откако контатирал дека дејствијата се незаконски издал решение за уривање, кое не било испочитувано. По силните реакции на јавноста денеска беше извршен нов инспекциски надзор, по што започна уривањето на потпорниот ѕид изграден до самото езеро.

Како што веќе информиравме, овој еколошки инцидент се случува во исклучитено чувствителен период за Охрид, кој се бори да го задржи статусот на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, кој е доведен во прашање токму поради вакви случаи и несоодветна заштита.

Минатата седмица Антикорупциската комисија предложи одземање на ингеренциите на општините Охрид и Струга во постапувањето со дивоградбите.

https://www.ohridnews.com/se-uriva-nezakonski-izgradeniot-id-na-plazhata-gradishte/ - https://www.ohridnews.com/se-uriva-nezakonski-izgradeniot-id-na-plazhata-gradishte/




Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 18-May-2020 at 14:01
Георгиески, Георгиески, Георгиевски, Георгиески. Претходно Јанкулоска и Ставрески.

Ќе научат новинарите асално да ги пишуваат дел од југозападните презимиња? Или има в или нема, не се презиваат различно секоја секунда.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: ironm
Date Posted: 18-May-2020 at 15:01
Чест случај е грешење на имиња/презимиња во нашиве медиуми посебно како што викаш на луѓе од југозападна Македонија кои во големо мнозинство немаат В во презимето, иако во текстот од СДК има и други грешки освен презимето.

Една грешка на која обрнав јас внимание беше во објавата на Мета.мк за истава вест, во која беше напишано дека изграден е ѕид на една од плажите во кампот Градиште. Во кампот Градиште има само една плажа.


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-May-2020 at 12:02
ГРАДЕЖЕН ХАОС ВО ОХРИД: Затворено градилиште продолжува со изградба откако заминат инспекторите

Нема крај на градежниот хаос во Охрид. Затворено градилиште заради отстапување од проектот, продолжува да работи веднаш откако заминат инспекторите на општината.

Имено, на 2 мај инспекторите на Општина Охрид затворија градилиште кое се наоѓа во центарот на градот, веднаш општинската зграда, а како што беше соопштено, инвеститорот кој изведувал градежни работи и копал темели за градба на зграда, излегол надвор од проектот, а воедно немал поставено ниту заштита за околните објекти од можни одрони на земјиштето.

Иако објектот имал дозвола за градба, сепак бил затворен затоа што инспекцијата констатирала отстапување од проектот при ископот на темелите, поради што го оградила просторот со жолта лента.

До Вечер.мк пристигна видео на кое се гледа дека забраната кратко траела. Лентата која била постана од испекторите само неколку денови после затворањето била остранета, а на градежната парцела се продолжило со изградба на објектот.

Охриѓани реагираат зошто градилиштето беше спектакуларно затворено, кога само по неколку денови лентата беше отстранета и се продолжува со градење. Тие прашуваат како е можно општинските инспектори не забележале дека повторно се гради кога градилиштето се наоѓа до општинската зграда?

[tube]knW0RDP-_Ok&feature[/tube]

https://vecer.mk/node/497341?fbclid=IwAR1-Zi5XdAxQmMOf3Q29ZQyViIJ5lXbF9mZlljSCWGYYsdMxG_0a_Qoschk


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 19-May-2020 at 16:26
Џабе се замара УНЕСКО, треба Охрид целосно да се исклоца и толку. Меѓународните судови, особено оние во Стразбур и Луксембург, треба да почнат и со вакви работи да се бават.
Чекор понатаму би било воведување институт деловна способност и за државите. Варварските држави кои не се способни да се владеат самите себе и ги уништуваат своите народ и природа за профит на мала група злобници би се ставиле под протекторат.

Originally posted by Охрид SOS

ВРАЌАЊЕ ВО НОРМАЛА?!
Дека сè беше една голема претстава, дека се само големи лицемери и глумци, дека Општина Охрид и Влада на Република Северна Македонија ја лажат и светската организација и домашната јавност, покажува и оваа обратна акција, на враќање во претходна состојба на платформата во Канео. Привремено демонтирана, пред новата летна сезона, полека се подготвува инфраструктурата за нови потенцијални гости. Бидејќи профитот е побитен од природното и културно светско наследство.
Некој ги посоветувал привремено да ги отстранат штиците од металните конструкции пред доаѓањето на Реактивната мисија на UNESCO, International Council on Monuments and Sites (ICOMOS) и IUCN. Секоја штица е обележана со број, знеаејќи дека штом мисијата ќе замине, за брзо ќе си се вратат на старото место. Тоа и се случи.
Нормално, како што и се навикнати, ќе излезат со изјава Edmond Ademi, Константин Георгиески - Градоначалник на Општина Охрид, Oliver Spasovski и други институции и носители на јавни функции, па прстот ќе го вперат во лицата кои стопанисуваат со плажата, на нивното самоволие и непочитување на законите, со „ветување“ дека уште веднаш ќе се отстрани целата конструкција. До кога вака? Секој ден само испливуваат еклатантните примери на вашата неспособност и корумпираност. Наместо да сте регулатор, треба да ве регулираме секој еден момент, бидејќи сте спремни на сè.

https://www.facebook.com/OhridSOS/posts/2651012215177419 - fb.com





Не дека нешто друго може да се очекува од оваа држава:
[tube]ibXexcDllQk[/tube]

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: ironm
Date Posted: 19-May-2020 at 22:22
Хахаха го чекав денот кога ова ќе се случи и очекував дека ќе е пред летната сезона (ако воопшто ја има летово). Ниту една плажа не ги тргна металните конструкции во вода и тоа ми даде до знаење дека нема да ги рушат платформите туку само шминкаат дека нешто се случува. Единствено 2-3 кафулиња (во редот пред Сараиште) ги отстранија целосно чии сопственици веројатно наивно поверуваа во приказните дека конечно ќе тргне работата.

Платформава од Канео е една од средните всушност (за која патем забележувате е изграден и ѕид во вода, а не само метална конструкција), а многу поголеми се платформите на Куба Либре, Кадмо и платформите во Лагадин.


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-May-2020 at 14:42
[tube]U05Yn90ppHY&fbclid[/tube]


Posted By: ironm
Date Posted: 28-May-2020 at 20:29
Ништо нема да сруши ни градот, ни државата, веќе ја преминавме фазата каде државата имаше шанса да и покаже сила на мафијата. Сега е обратна ситуацијата, мафијата и врзува шамари на државата. Мерко ни го кажува тоа в лице, а другиве ни го кажуваат тоа што сакаме да го слушнеме.

Интересно е колку сите кружат околу тоа дека главен проблем е дека општината нема доволно пари, па затоа државата треба да преземе (кој е државата?), а новинарите наседнуваат на истото и го повторуваат како папагали. Општината имаше одвоено 2-3 милиони денари за рушење со кои досега не сруши ништо. Тоа е доволен показател дали се проблем парите, дури ни таа куќата со која наводно почна рушењето на дивоградбите (темава ја отворивме подоцна, ја нема тука веста за тоа) не е чепната за повеќе од 10те фрлени штици од покривот.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 30-May-2020 at 20:07
[tube]Iykuegx_6j8[/tube]

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: ironm
Date Posted: 31-May-2020 at 09:54
ММЕ кој прв почна.


Posted By: ironm
Date Posted: 01-Jun-2020 at 18:37
Originally posted by ironm

Активна градба на ул. АСНОМ, веднаш позади хотел Garden. Излегоа директно на тротоар и се околу 15м понапред од целата линија на улицата. Група граѓани протестираа за случајов пред извесно време тука пред зградата и потпишуваа некакви петиции кои веројатно некој ги искористи за потпалување.







Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Jun-2020 at 20:00
Никој ништо не им може, ни во Охрид, ни во Скопје, ни во Тетово, ни во Струга.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 02-Jun-2020 at 01:51

не речи двапати, сега може не, но нек почне да се Подотвора Систем, бреј сами ќе си соберат парталите, нормал ќе пробаат да мешетарат, ама Голем Е Бог та ако мислат дека и кога Народ си поврати Свест ко Уставотворен Елелмент до кајм е чергата и впрегне еРеферендумска Атмосфера мислам нема да има потреба од константен притисок до оптините институциите државата туку низ постојани локални и државни Референдуми за секоја една гачка ќе најде пачка до оние кои се одговорни да Мора да го спроведат Закон, но чинам ако нема http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1041&PID=240418#240418 - Правилно Отворен Систем многу работи ќе се тераат онака насилa наместо најнапред да се издебатираат испеглаат и прецизираат јасно дали строго дрска примена на пенологија е чаре во секој еден случај, мислам зошто да му го руши хотел или зграда, заплени му ги, или пак само еден спрат лапни му го ако надминал коти, и дај ги за да се згрижат Бездомни Семејства, или пак ако е во забранета Зона стори од таквите објекти Музеи или Јавни Објекти итн. сепак некои работи мора да се спуштат доколку некако колективно ризични, во случајов многу заради унескова-етикета, но кој да се замери со некој мафијаш кој градежно пере пари, тоа ни на државата како функционира сега удбалитичарски не и стиска а не пак на општините, ето тргнаа груевци со тој памет та им се удри од глава, конечно во случајот со Фиатовиот Космос и нефер ако се има предвид колку беа флексибилни за други при легализацијата на дивоградби, а можеа комотно само да му лапнат еден спрат и дадат на Народ наместо да глумат некакви каубојци и на сите да ни се удри од глава таквото во најдобар случај изгубено агтипроповски спинувано време за бркање гласои или осигурување послушност кај партиски спонзори, но притисна ли Народ за е-гласање да стане секојдневна норма [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=746&PID=239748#239748 - 1 ] мнозина и штом насетат Народна еПетиција се крева сами ќе си прибираат арматурата за да не им биде конфискувана!


Posted By: ironm
Date Posted: 09-Jun-2020 at 14:58
Originally posted by stef4o

Во Охрид на бул.Туристичка по долго натегање,поништување постапки,планови и слично сепак ја истуркаа работата и тука ќе никне зграда







https://www.facebook.com/Урбанизам-во-Македонија


На сликата во ќошот долу лево се гледа моменталната состојба со оваа градба



Извор https://ohrid.gov.mk/%d1%81%d0%be%d0%b2%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b5%d1%80%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0-%d0%b8-%d1%85%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%b7%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0/ - Општина Охрид


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 09-Jun-2020 at 15:52
Кои се окупаторите и нивните соработници?
Кои се градоначалниците, советниците, ДУП креаторите, инвеститорите и сите други инволвирани? Охриѓани треба да ги бојкотираат бизнисите и станарите во ова зло.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 09-Jun-2020 at 16:02
Што убава криминална маркица, со години живееш таму, доаѓа некој и од зеленилото до зградата ти прави плац, си гради и така те заградува за да не можеш ни светлост да видиш, а насабајле да се бидиш со поглед во спалната на соседот. Ех.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: ironm
Date Posted: 09-Jun-2020 at 17:58
Урбанистичкиот план е донесен од советот на општина Охрид во 2011 (со мандат од 2009-2013), а брзо после тоа жителите на околните згради поднеле жалба до Управен суд која била одбиена. Во 2014 инвеститорот платил комуналии за проектот, а во 2017 од страна на тогашниот градоначалник е донесено Одобрение за градба. Следува тужба за поништување на ова одобрение од жителите на околните згради до Управен суд која е одбиена како неоснована, па наредната 2018 одобрението станува правосилно. Жителите поднеле нова жалба овојпат до Виш Управен суд, која исто така е одбиена и одобрението за градба добило правосилност, па годинава е почната градбата на зградата.

Моменталниот градоначалник единствено изрази жалење (демек му е гајле), а околните жители се чини се откажаа од борба бидејќи во корумпирана држава борбата е можна само помош на Бетмен Crazy Градбата е во тек и тротоарот на Бул. Туристичка пред објектот е комплетно узурпиран, а пешачката патека што поминуваше помеѓу зградите (се гледа горе на сликите) е целосно заградена и дел уништена.

Исто така е битно да се напомене дека Охрид како град функционира со ГУП стар безмалку 20 години - од 2002 Ohno


Posted By: ironm
Date Posted: 09-Jun-2020 at 18:39
https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/DUP-za-UZ8-del-od-UB8_1-opfat-2.pdf - Урбанистичкиот план од 2011

Зградата што е во градба е на парцела 8.3, но овој план не застанува тука со изненадувањата.

На парцела 8.14 беше предвидена зграда П+5+Пк на местото од постоечка куќа која имаше многу помала основа и во дел од дворот (исто земен од денационализација) се наоѓаа неколку дрва (од кои два ореви стари преку 50 години), маалска куќарка за играње шах и други занимации, а покрај неа голема чешма (околу 4 квадрати) со подземна вода за пиење. Сега тука се наоѓа зградата.

На парцела 8.7 беше предвидена зграда П+7 на местото од постоечко зеленило. Жителите од околните згради се обидуваа околу 20 години тука да изградат детско игралиште бидејќи нема ниедно во населбата, но без успех. Моментално тука има несредено зеленило, а зграда не е изградена бидејќи после денационализацијата парцелата има 235346 сопственици и веројатно не можат да се договорат.

На парцела 8.11 беше предвидена зграда П+4+Пк на местото од постоечка куќа П+1, но и тука поради неможност за договор сеуште нема зграда, која би била истиот случај како зградава што ја дискутираме од парцела 8.3. Видикот, провевот и светлината комплетно ќе се затвори за многумина, а со првата зграда од 8.6 и кулата на парцела 8.12 ќе си подаваат кафе и шеќер од терасите.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 09-Jun-2020 at 19:47
Народен правобранител, ЈОРСМ, Уставен суд, Стразбур, меѓународни институции и организации, масовни протести... ни еден поголем протест немаше за злово! Нешто за СК14 во Скопје и нешто што преку/покрај Шарена... толку.

„Пологпроект-про“ ДОО Гостивар, со управител Валентина Попоска дипл.инг.арх, планери Васил Петкоски диа, истата Валентина, Сијче Трифуновска диа и инфраструктурист Благоја Анастасиески дги во иднина треба да бидат одбиени доколку сакаат да прават ДУП. Можеби и малку повеќе одбиени, да платат казна за ова чудовиште. Советниците од 2011, оние избрани во 2013 и 2017 и трите градоначалници, не вклучувајќи го покојниот, како и премиерите, министрите за животна средина и просторно планирање, за локална самоуправа, за транспорт и врски и директорите на разно-разни агенции исто така.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 09-Jun-2020 at 21:26
Неверојатен е ДУПов. Па подобро да ги оставеле дивоградби да прават, барем градежна линија ќе формирале покрај булеварот . 8.3 дури кат повисока ќе биде од зградата до неа.


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Jun-2020 at 12:08
Обновено: Почна уривањето на шанкови и потпорни ѕидови на охридското крајбрежје





Со отстранување на шанкови, монтажни објекти, конструкции и ѕидови, утрово започна најавената акција за вoведување ред на крајбрежјето на Охридското Езеро, согласно препораките на УНЕСКО.
Акцијата, што ја спроведува Општина Охрид, почна од месноста Застава и засега се одвива со физичка сила без употреба на тешка механизација.
Дел од сопственици на шанкови, угостителски ојекти и плажи изразија отворено негодување кон извршителите, обвинувајќи ги за селективност.

–Доколку властите решиле да воведуваат ред и да уриваат, тоа треба да се прави неселективно, односно да се почне од едниот или другиот крај на плажите, а не од средина. Ако акцијата се спроведува неселективно сами ќе ги урнеме нашите објекти. – изјавија револтирани сопственици на шанкови и угостителски објекти од плажите Славија и Застава.
Владата на седницата одржана на 10 јуни ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, која се однесува на плажите кои биле предмет на закуп, a која предвидува концесионерите чии договори се истечени или раскинати задолжително да ги вратат плажите со кои стопанисувале во првобитна состојба. Непосредно потоа, во телевизиско гостување министерот без ресор задолжен за комуникација во УНЕСКО Едмонд Адеми, појасни дека државата ќе дејствува на сите плажите на Охридското Езеро каде се констатирани неправилности и каде има незаконски градби, додавајќи дека активностите се во согласност со преземените обврски на државата за зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО. Тој ги повика општините да постапат согласно нивните ингеренции и да ги отстранат сите неправилности од крајбрежјето.

Општина Охрид, информира дека во оваа фаза од акцијата се отстранува урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.

Објектите кои се наоѓаат во опфатот на Генералниот урбанистички план ќе бидат решавани со изготвување на Урбанистичко-планска документација за крајбрежје, согласно Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, велат од Општина Охрид.

Во меѓувреме, дел од концесионерите на плажите на Охридското крајбрежје изградени согласно плановите за уредување на плажите издадени од државата, поведоа иницјатива пред Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на владината уредба со сила на закон во време на вонредна состојба.


%20 - https://www.ohridnews.com/obnoveno-pochna-uriva-eto-na-shankovi-i-potporni-idovi-na-ohridskoto-kra-brezh-e/


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 15-Jun-2020 at 12:15
#ПрвДенИзборнаКампања

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: ironm
Date Posted: 17-Jun-2020 at 15:30
Плажата „Немо“ срамнета со земја



Познатата плажа „Немо“ во месноста Горица 3, е урната целосно. Градежна механизација во придружба на овластен инспектор и полициска асистенција, денеска ги отстрани потпорните ѕидови, бетонските конструкции, шанкови и друга партерна и урбана опрема од плажата.

Во меѓувреме дел од сопствениците на шанкови и урбана опрема во Св. Стефан почнаа сами да ја отстрануваат опремата која е листата за извршување, во рамки на акцијата што ја спроведува локалната самоуправа. Таа предвидува отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.

Како што информираше општината, се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.

https://www.ohridnews.com/plazhata-nemo-sramneta-so-zem-a/ - https://www.ohridnews.com/plazhata-nemo-sramneta-so-zem-a/




Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Jun-2020 at 17:55
Ова предизборно или?

-------------
За сè има вторпат


Posted By: ironm
Date Posted: 17-Jun-2020 at 19:14
Ќе дознаеме за брзо Big%20smile Има две можни сценарија: првото е дека предизборно шминкаат и ќе турнат некои евтини шанкови/покриви/партерни уредувања што нема да чини скапо после избори да си ги санираат "инвеститорите", а второто сценарио е дека добиле повик од УНЕСКО дека дотука беше приказната за заштитено наследство, па сега гори под нозе.

Засега делува дека го гледаме првото, но да почекаме 2-3 недели.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 17-Jun-2020 at 21:59
Која опција и да е, одличен тајминг. Баш пред почеток на сезона.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 17-Jun-2020 at 22:02

Се заебаваш, така? Која сезона се очекува годинава во време на 200 дневно новозаболени.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 17-Jun-2020 at 22:08
Не се заебавам уопште. Од понеделник се отвараат хотели, угостителски објекти веќе работат. А ако останеме црна точка со полузатворени граници ќе има и поголем притисок од домашни туристи, странски секако нула. Дека ќе биде катастрофална сезоната е јасно, но со кој памет ова сега се прави? И тоа не го решаваат прашањето со концесиите прво, не прават конкурси за изглед на плажи, туку само ги рушат постоечките. И тоа во јуни. Ако е тоа за тебе нормално, нема што да дообјаснувам.


Posted By: ironm
Date Posted: 17-Jun-2020 at 23:05
Читав вакви коментари деновиве и на други места откако почнаа со рушењево, мислам дека најмногу се должат на недоволно информации, а тоа е редовна пракса во МК па затоа и ретко некогаш правиме нешто исправно.

Ако се решаваат концесиите само ќе се продолжи со истата пракса - проблемот лежи на друго место, а тоа е во кршење на законот. Концесијата што ја имаат добиено сите тие "инвеститори", ја имаат прекршено по милион основи и не требало да ја имаат подолго од две недели, ама ја имале неколку години.

Најголемиот проблем е тоа дека според концесијата закупецот има право само на монтажни објекти. На сликата е само еден пример, погоре има и други примери дека почнувајќи од Горица, па Славија, Лагадин, Градиште итн. нема ниту една плажа без потпорен ѕид што дефинитивно не е монтажна градба. Истото важи за подлогата на скоро сите шанкови која е бетонска. Има случаи каде терасата на еден ресторан е крената на бетонска платформа и за да ја заштитат неа од бранови изградиле дополнителен ѕид директно во вода (таканаречено парапетче според минатиот премиер), има бетонски базен на 2 метри од водата и ред други примери. Што мислите како се држат платформите во вода? Со бетонски буриња. Да не зборуваме за прекршување на концесијата од типот на број на лежалки и такви глупости (за кои исто така скоро сите требаше да ја изгубат концесијата), бидејќи не се споредливи со влијанието врз езерото и Галичица од бетонскиве градби.

Сите овие градби се дивоградби! Со коментари од типот "барем сезонава да поминеше", а имаше и партии кои излегоа со такви соопштенија само го оправдуваме криминалот. Градење без дозвола е криминал. На тие закупци не само што не треба да им се дозволи да одработат каква било сезона туку треба и тужби да добијат. Оправдување на дивоградби на државен имот и дозвола за работа за криминалци само ќе доведе до тоа еден ден некој да изгради бетонски ѕид на вашиот приватен имот и ќе ви рече од денес ова мое е. Верувајте се движиме брзо по тој пат кон таа дестинација.

Случајот со хотелот во Лагадин покажа дека не само што не се почитуваат законите туку и умешно се користат дупките во истите. Инвеститорот упорно поднесува жалби до разни судови за да ја одолговлекува постапката, се разбира во соработка со нашите политичари. Замислете, некој што изградил без дозвола има право да се жали во оваа држава.

Како што реков во претходниот пост, мислам дека целава работа е само шминка и ништо сериозно нема да се промени, но апологетскиот однос на народот ќе предизвика засекогаш и да остане шминка. Кој сака да прави нешто во оваа држава без да знае дека ќе собере гласови од тоа? Наместо седење на две столчиња (рушење, ама не сега) треба да бараме почитување на законите. Ако на туристите им се оди на плажа, таа уште ќе е тука. Кафето не е предуслов за плажа, а ако некогаш сте биле на плажа во нормална држава (не зборувам за Балкан), тогаш веројатно сте забележале дека на ниедна нема шанк на 1 метар од водата, а уште помалку потпорни бетонски ѕидови. Плажите во Охрид се премали за такво силување, мнозинството концесии никогаш не требаше да се дадат.


Posted By: hcitrS
Date Posted: 17-Jun-2020 at 23:24
Originally posted by ironm

Читав вакви коментари деновиве и на други места откако почнаа со рушењево, мислам дека најмногу се должат на недоволно информации, а тоа е редовна пракса во МК па затоа и ретко некогаш правиме нешто исправно.
Ако се решаваат концесиите само ќе се продолжи со истата пракса - проблемот лежи на друго место, а тоа е во кршење на законот. Концесијата што ја имаат добиено сите тие "инвеститори", ја имаат прекршено по милион основи и не требало да ја имаат подолго од две недели, ама ја имале неколку години. Најголемиот проблем е тоа дека според концесијата закупецот има право само на монтажни објекти. На сликата е само еден пример, погоре има и други примери дека почнувајќи од Горица, па Славија, Лагадин, Градиште итн. нема ниту една плажа без потпорен ѕид што дефинитивно не е монтажна градба. Истото важи за подлогата на скоро сите шанкови која е бетонска. Има случаи каде терасата на еден ресторан е крената на бетонска платформа и за да ја заштитат неа од бранови изградиле дополнителен ѕид директно во вода (таканаречено парапетче според минатиот премиер), има бетонски базен на 2 метри од водата и ред други примери. Што мислите како се држат платформите во вода? Со бетонски буриња. Да не зборуваме за прекршување на концесијата од типот на број на лежалки и такви глупости (за кои исто така скоро сите требаше да ја изгубат концесијата), бидејќи не се споредливи со влијанието врз езерото и Галичица од бетонскиве градби.Сите овие градби се дивоградби! Со коментари од типот "барем сезонава да поминеше", а имаше и партии кои излегоа со такви соопштенија само го оправдуваме криминалот. Градење без дозвола е криминал....


Restecpa! Хронолошки прво го читав Fresno и си викам „да бе, во право е пријатело“ ама после ко стигнав до ова шо го пишиш се фатив на грешно резонирање.
Единствен начин да се победи ова е Блицкриг безогледен, ама ваљда на крајо пак ќе излези само шминка... Во секој случај, барем од то шо ќе го рушат се надевам нема шутот да го остават на лице место, шо за жал не би било изненадувачки.



Posted By: <Fresno>
Date Posted: 18-Jun-2020 at 11:53

Се е тоа така, и не ми паѓа на памет да ги бранам закупците кои во најголем дел ги имаат упропастено плажите. Само ме нервира немањето визија за тоа како ќе изгледаат плажите и како и под кои услови (и кога!) ќе се даваат концесиите. Секоја плажа треба да има некоја приказна, да биде во склад со природата и сето тоа добро да се промовира за туристи. И сето ова треба да се мисли и прави во текот на целата година, како турист најмалку ме интересира дали има избори или не.

А рушењето треба да е континуирана работа. Па еден инспектор е доволно да шета секој ден до Свети Наум и во старт да превенира било какви прекршувања.


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jun-2020 at 16:38
По срушените дивоградби кај Славија и Застава, општина Охрид најавува рушење и на други плажи

Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата недела се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема, информираат од охридската локална самоуправа.

Оваа седмица ќе се врши расчистување на теренот, подигнување на градежниот шут и несоодветниот материјал (тампон), со кој било вршено насипување на крајбрежјето. До сега се подигнати преку 1.000 кубни метри градежен шут. Во текот на наредните денови ќе се врши насипување и уредување на плажата со речен песок, што е дозволен и е во согласност со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Општинските власти најавија дека ќе продолжат со рушење на дивоградбите на плажите што се наоѓаат на други локации долж езерото.

„Упатуваме апел до сите сопственици на објекти на крајбрежниот појас од населбата „Свети Стефан“ до потегот на крајбрежјето кај „Градиште“, како и потегот на крајбрежјето во делот на населбите „Канео“ и „Далјан“, кои нелегално поставиле урбана опрема и платформи, а на кои им беше даден рок самите да ги отстранат градбите, оваа седмица да пристапат кон отстранување на истите“, соопштуваат од општина Охрид.

Процесот на отстранување на урбаната опрема и бесправните градби од крајбрежниот појас на Охридското Езеро, според планираното, ќе продолжи по завршување на активностите на уредување, во понеделник на 29 јуни годинава, и ќе трае сè до конечно расчистување на крајбрежјето.

https://meta.mk/po-srushenite-divogradbi-kaj-slavija-i-zastava-opshtina-ohrid-najavuva-rushenje-i-na-drugi-plazhi/


Posted By: ironm
Date Posted: 22-Jun-2020 at 22:22






https://www.ohridnews.com/se-raschistuva-i-ureduva-kra-brezhniot-prostor-vo-gorica-3/ - https://www.ohridnews.com/se-raschistuva-i-ureduva-kra-brezhniot-prostor-vo-gorica-3/


Posted By: ironm
Date Posted: 24-Jun-2020 at 11:24
[tube]X64TxBwgotU[/tube]


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Jun-2020 at 12:22
СЕ ОТСТРАНУВААТ ШАНКОВИ И ОБЈЕКТИ КАЈ НАСЕЛБАТА КАНЕО НА ОХРИДСКИОТ БРЕГ

Утринава продолжи остранувањето на шанкови и објекти на делот од брегот кај Канео на Охридското Езеро. Акцијата се спроведува со асистенција на полицијата и нема селективност во уривањето на дивите градби.

Ова е втoра фаза во отстранувањето на нелегално поставени шанкови и објекти на охридското крајбрежје, бидејќи предходно се уриваше на источниот дел од брегот.

„Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, соопштија од Општина Охрид на почетокот од акцијата.

Д. ЧУБРИЌ

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-otstranuvaat-shankovi-i-objekti-kaj-naselbata-kaneo-na-ohridskiot-breg/


Posted By: ironm
Date Posted: 06-Jul-2020 at 12:53
Се урива бесправно изграден хотел во близина на Охридското Езеро

Акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти, што ја спроведува Општина Охрид, денеска продолжи со уривање на хотелот „Грин спејс“ во близина на езерскиот брег, непосредно до стариот пат за Струга.

Уривањето на бесправно изградените објекти се одвива согласно Планот за управување со Охридскиот регион кој произлегува од барањата на Реактивната мисија на УНЕСКО за зачувување на универзалните вредности на заштитеното светско природно и културното наследство на Охрид, информира локалната самоуправа.

Претходно од Охридското крајбрежје беа отстранети повеќе објекти, конструкции и платформи на брегот и во вода од повеќе плажи.

Акцијата има за цел зачувување на статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО, кој поради негрижата во изминатите децении може да биде ставен на Листата на заштитени подрачја во опасност, што е чекор кон целосно губење на статусот на заштитено светско природно и културно наследство. Општината најави дека акцијата ќе се одвива континуирано и неселективно и дека во иднина повеќе нема да се дозволат било какви градби на крајбрежјето и во градот кои ќе отстапуваат од Планот за управување со Охридскиот регион и актите кои треба да произлезат од него.

Градот Охрид за преземените активности доби отворена поддршка од Европската унија и нејзиниот претставник во земјата, како и од амбасадорите на САД и Република Франција.









https://www.ohridnews.com/se-uriva-bespravno-izgraden-hotel-vo-blizina-na-ohridskoto-ezero/ - https://www.ohridnews.com/se-uriva-bespravno-izgraden-hotel-vo-blizina-na-ohridskoto-ezero/


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Jul-2020 at 08:30
Нема да се чепкаат објектите што узурпираат злелен појас во Охрид, а во меѓу време се легализирале

[tube]HRelsIxt7Gw&feature[/tube]

https://alfa.mk/nema-da-se-chepkaat-objektite-shto-uzurpiraat-zlelen-pojas-vo-ohrid-a-vo-megju-vreme-se-legalizirale/


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Jul-2020 at 15:48
УСТАВНИОТ СУД ГО ЗАПРЕ УРИВАЊЕТО НА ДИВИТЕ ПЛАЖИ НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ, КАФЕАНИТЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ИСТЕРААТ И ОВАА СЕЗОНА ВО ВОДА

Само што почна уривањето на дивите плажи на Охридското крајбрежје, Уставниот суд го запре. На денешната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, но не на целата уредба, туку само во делот на дополнувањето, кое се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга.

Дополнувањето за кое Уставните судии поведоа постапка, изгласано е на владина седница на 9 јуни, откога почнаа подготовките, но и првите уривања на плажите во Охрид на чии сопственици им истекол договорот за закуп и се сметаат за дивоградби. Во Струга, додуша, не ни почна оваа акција.

Забраната за уривање на плажите-дивоградби ќе трае до денот кога Уставниот суд ќе донесе одлука за поведената постапка.

Според владината уредба која се стопира, земјиштето за плажа кое било предмет на краткорочен закуп, а договорот за закуп е истечен или предвремено раскинат, потребно е да се врати во првобитната состојба од страна на закупецот. Се забранува понатамошно вршење на дејност од страна на закупецот.

Уривањето и расчистувањето требаше да го спроведуваат Државниот пазарен инспекторат и УЈП. На 22 јуни, Општина Охрид почна со градежни работи за уредување на крајбрежјето на Езерото каде што беа урнати шанкови, платформи и монтажни објекти.

„Овој вид на Уредба нема врска со вонредна состојба. Тоа Владата може да си го спроведе со закон, а не со уредба со законска сила за време на вонредна состојба. Вакви уредби се дозволени само за оправдани цели, за нешто што има врска со сузбивањето и со борбата со коронавирусот, поради кој е прогласена вонредната состојба. Што има врска со ковид-19 обврската на закупецот на плажа на кого му истекол договорот за закуп? Уредбата треба да има врска со ковид-19, а не со градежно земјиште“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Уставниот суд.

САКАМДАКАЖАМ. МК лани во декември пишуваше дека никој не плаќа концесија на Општина Охрид за стопанисување со плажите долж Охридското Езеро. Ниту еден од газдите кои ги работат плажите, поставуваат лежалки, маси, столици, чадори, па дури имаат изградено и цели објекти претворени во кафулиња, немаат дозвола за работа. Концесиите им се истечени, па веќе неколку години си работат на диво. Плажите се водат како дивоградби, бидејќи според договорите за краткотраен закуп кои ги потпишале со Министерството за транспорт и врски, се обврзале по истекот на концесијата да го вратат земјиштето, односно плажата во првобитна состојба.

Во Охрид срамежливо, но полека почна акцијата на уривање на дивите шанкови и објекти на плажите, а невладината „Охрид СОС“ дури и јавно го праша градоначалникот Рамиз Мерко дали за Струга важат посебни закони или воопшто не важат законите.

„Навистина е крајно време државата да застане на патот на ДУИ. Бараме санкции за функционерите на ДУИ, бараме затворски казни за тие што ги заслужиле, бараме да се оневозможи една криминална група да оперира непречено на штета на јавниот интерес“, рекоа од „Охрид СОС“.

Побараа од Владата дури и да им достави план и динамика за уривањето, како и редослед.

Несрушените шанкови на чии газди им истекле договорите за закуп, може слободно да си ја истераат и оваа сезона, зашто Уставниот суд ќе решава за ова дури по одморите, најрано во септември.

%20 - https://sdk.mk/index.php/naslovna/ustavniot-sud-go-zapre-urivaneto-na-divite-plazhi-na-ohridskoto-krajbrezhje-kafeanite-mozhe-da-si-ja-isteraat-i-ovaa-sezona-vo-voda/


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Jul-2020 at 12:35
ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ГИ УРИВА ДИВИТЕ ПЛАЖИ, ТОА НЕМА ВРСКА СО ВЛАДИНАТА УРЕДБА ШТО ЈА ОСПОРИ УСТАВНИОТ СУД, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ

Општина Охрид има донесено правосилни решенија за уривање на плажите неколку години пред уредбата на Владата и затоа ќе продолжиме да уриваме сѐ додека не ги отстраниме сите дивоградби долж крајбрежјето, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески по одлуката за Уставен суд да се запре уривањето на плажите во Охрид. Георгиески за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не му е потребна уредба или каква било друга одлука од Владата за да урива дивоградби бидејќи тоа е надлежност на Општината.

„Ние почнавме со уривање на дивоградбите врз основа на решенија издадени од 2017 и 2016 година за нелегално изградени објекти и за објекти со истечени договори за закуп, со што тие всушност се дивоградба. Не треба Владата да донесе уредба за Општината да урива. Во уредбата на Владата не се споменува дека Општина Охрид треба да урива туку дека Пазарниот инспекторат и Управата за јавни приходи треба да го затворат објектот кој откако му истекол договорот за закуп продолжил да работи. Ние како Општина си имаме друго решение со кое го уриваме објектот, односно го враќаме просторот во првобитна состојба бидејќи тоа не го сторил концесионерот“, вели градоначалникот Георгиески.

Со уредбата на Владата за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба на закупците на кои им е истечен договорот им се наложува да го вратат во првобитна состојба земјиштето и им се забранува да вршат дејност. Се предвидува надзорот да го вршат Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција кои треба да го затворат објектот доколку не се почитува одредбата.

„И во самиот договор кој го имаат концесионерите стои дека земјиштето треба да се врати во првобитна состојба откако ќе помине договорот за закупот. Ние постапуваме по тие договори, бидејќи закупците не ѝ плаќаат кирија на Општината, а не по уредба на Влада. Затоа, уште лани распишавме тендер за уривање на дивоградбите, тогаш немаше никаква уредба. Уставниот суд нема да ме спречи да продолжиме да си ја вршиме работата и да го исчистиме крајбрежјето од дивоградби“, додава Георгиески.

Уставниот суд на денешната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, но не на целата уредба, туку само во делот на дополнувањето, кое се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга. Дополнувањето за кое Уставните судии поведоа постапка, изгласано е на владина седница на 9 јуни. Забраната за уривање на плажите-дивоградби според одлуката на Уставен суд ќе трае до денот кога ќе донесе одлука за поведената постапка.
САКАМДАКАЖАМ. МК лани во декември пишуваше дека никој не плаќа концесија на Општина Охрид за стопанисување со плажите долж Охридското Езеро. Ниту еден од газдите кои ги работат плажите, поставуваат лежалки, маси, столици, чадори, па дури имаат изградено и цели објекти претворени во кафулиња, немаат дозвола за работа. Концесиите им се истечени, па веќе неколку години си работат на диво. Плажите се водат како дивоградби, бидејќи според договорите за краткотраен закуп кои ги потпишале со Министерството за транспорт и врски, се обврзале по истекот на концесијата да го вратат земјиштето, односно плажата во првобитна состојба.

А. АНТЕВСКА

%20 - https://sdk.mk/index.php/makedonija/opshtina-ohrid-ke-prodolzhi-da-gi-uriva-divite-plazhi-ustaven-sud-ne-mozhe-da-sprechi-veli-gradonachalnikot-georgieski/


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 10-Jul-2020 at 16:50
#ПИА

СЕ УРИВА БЕТОНСКАТА БАЗА НА СОВЕТНИКОТ ОД ДУИ НЕФИ УСЕИНИ ВО ОХРИДСКАТА НАСЕЛБА ДАЛЈАН

Општина Охрид денеска почна да ја урива бетонска база на советникот од редовите на ДУИ Нефи Усеини. Градежна механизација ангажирана од Општината со кранови почна да ги отстранува дивоизградените објекти од брегот на Охридското Езеро во населбата Далјан.

„Акцијата на оваа локација почна денеска и ќе продолжи во наредните денови. Станува збор за објект кој е изграден без каква било дозвола“, велат од Општина Охрид.

Општина Охрид пред две недели почна со акција за отстранување на дивиозградени објекти, шанкови и платформи долж Езерото.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-uriva-betonskata-baza-na-sovetnikot-od-dui-nefi-useini-vo-ohridskata-naselba-daljan/ - sdk.mk

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Jul-2020 at 15:48
Во Охрид „се мава“ по дивоградбите, Струга никој не ја чепка – на секое слободно местенце се гради

[tube]MZO_BHx99dA&feature[/tube]

Во ек на сезона додека механизацијата пустоши на охридското крајбрежје, од акцијата за уривање на дивоградби на струшките плажи, нема ништо.Напротив,последниве два месеци забрзано се врши урбанизација на крајбрежјето,се приграбува секоја слободна површина, а надлежните не вршат никаква контрола ниту надзор на градбите кои никнуваат,на плажите.Угостителските објекти и шанкови цел ден работат ,а плажите се послани со лежалки. Невладините организации бараат одговорност од надлежните за ваквата селективност -каде е велат Националната комисија на Унеско, ќе го санкционира ли некој ваквото безумно однесување на Мерко? Тој е обврзан велат невладините, да ги спроведува сите препораки од реакривната мониторинг мисија.

Според тоа,тој е обврзан да изработи регистар на дивоградби во рамки на неговота општина и понатаму да изработи план за нивно соодветно отстранување.Непочитањето на овие препораки повлекува регионот да биде неповратно уништен. Користењето на одлуката на Уставниот суд како оправдување за неспроведувањето на законите, е всушност целосно во служба на урбаната мафија и претставува бесмислен изговор вели Драгана Велкоска-Охрид СОС.
Изговори за уништувањето на Унеско регионот повеќе не смее да има,вели Велкоска и потсетува на заедничката препорака на најголемата меѓународна мрежа за заштита на природата IUCN и меѓународниот совет за културно наследство ИКОНОМОС, кои бараа охридскиот регион да се премести на Листата на светско наследство во опасност.

Градоначалникот Мерко,кој денес не беше достапен за коментар уште во месец мај најави дека не само што нема да дозволел државата да руши, туку без око да му трепне, кажа дека ќе продолжел со градежната експанзија.

Ние сакаме да градиме, не да рушиме.Ние ќе му кажиме да доградиме уште, не да рушат.Владата ќе реагира како ние ќе кажеме ,сигурно има така да каже, затоа ние знаеме, ние сме локална власт.Што сме ние,не може преку сила некој да дојде и да каже.Значи треба да е подобрат условите, овие работи Вас и на овие многу невладини кои ги имате во Охрид и ја напаѓаат Струга,нас за тоа баш не брига изјави Рамиз Мерко-градоначалник на Струга од 20.05.
Комитетот за светско наследство даде уште една шанса Охрид и Струга да покажат вистински напредок во исполнување на забелешките на УНЕСКО,а тоа е справувањето со нелегалната градба,неконтролираниот урбан развој,експлоатацијата на крајбрежјето,уништувањето и загадувањето на животната средина. Поради корона кризата,новата сесија на Комитетот за светско наследство е одложена за идната 2021-ва година.

Росица Голабоска

https://alfa.mk/vo-ohrid-se-mava-po-divogradbite-struga-nikoj-ne-ja-chepka-na-sekoe-slobodno-mestence-se-gradi/


Posted By: nenad
Date Posted: 22-Jul-2020 at 12:21
First, we take Ohrid, and then we take Struga


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Sep-2020 at 17:05
Запре уривањето на дивоградбите во Охрид

[tube]kTWNGtdJjiA&feature[/tube]

https://sitel.com.mk/zapre-urivanjeto-na-divogradbite-vo-ohrid


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Oct-2020 at 16:42
Охрид, уривањето дивоградби замрзнато

[tube]ORLW6X4RmN0&feature[/tube]

https://alsat.mk/mk/охрид-уривањето-дивоградби-замрзнат/


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Nov-2020 at 18:04
ОПШТИНА ОХРИД ГИ ЧЕКА ПАРИТЕ ОД ВЛАДАТА ЗА ДА ПРОДОЛЖИ СО РУШЕЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ

Општина Охрид ќе продолжи со уривање на дивоградбите по добивањето на средствата кои Владата со ребалансот ги предвиде за имплементација на препораките на УНЕСКО, како помош за справување со нелегално изградените објекти. Општината нема доволно средства сама да се справи со отстранувањето, па токму затоа овој процес запре по рушење на само неколку дивоизградени објекти.

„Средствата кои се останати по последната тендерска постапка се многу мали. Треба да обезбедиме дополнителни средства за да продолжи акцијата за уривање. Ги чекаме средствата од ребалансот кој го изгласа Парламентот да ни бидат префрлени на посебна сметка на Општината, по што ќе распишеме брза постапка и кога ќе имаме нов договор со фирма за отстранување веднаш ќе продолжиме со процесот за отстранување на дивоградбите. Процесот е скап. Цените коишто ги добиваме на тендер се високи и тешко се наоѓа фирма за отстранување“, изјави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Акцијата ќе продолжи со бесправно изградените објекти вдолж Охридското Езеро. Во тек е тендерска постапка за изработка на урбанистичка документација за плажите која, според најавите на градоначалникот, ќе заврши до јануари наредната година, по што ќе следи нов оглас за давање на плажите под концесија.

„Најпрво ќе се урива сè она што е во и покрај вода. Знам дека тие објекти се репрезентативни и навистина е штета што треба да се отстранат, но земјиштето мора да се врати во првобитна состојба. Не постои правна рамка како ние да ги легализираме тие објекти па потоа да го издаваме земјиштето на друг сопственик, кога објектот не е наш. Нема законска можност објектот да стане сопственост на Општината и да се издава таа плажа со објект“, вели Георгиески.

Георгиески смета дека стратешката евалуација согласно Планот за управување ќе одреди кои објекти ќе бидат предмет на отстранување, односно кои објекти можат, а кои не да се се вклопат во наредни урбанистички планови.

„Не гледам причина и понатака да ги стопираме легализациите или издавањето одобренија за градба на тие објекти кои се усогласени со планот за управување“, вели охридскиот градоначалник.

Георгиески по денешната седница на Советот на Општина Охрид на која беше усвоен ребалансот на буџетот кажа дека Општината го намалила и долгот со што повеќе не е на првото место на листата задолжени општини.

„Најголем успех на оваа локална власт е раздолжувањето на Општината. Долгот од 1.600.000.000 денари кој го наследивме во 2017 година, го сведовме на ниво 470 милиони денари по сите основи, па така по скоро две децении, Општина Охрид повеќе не е на првото место на листата на најголеми должници како локална самоуправа“, рече Георгиески.

Тој кажа и дека во програмата Градоначалник патните и дневните расходи со новиот ребаланс се скратени за 355.000 денари.

„Сите средства што ми се исплатени на име патни и дневни расходи во 2020 година на крајот на годината ќе ги уплатам на сметката на Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост ‘Зраци’“, кажа Георгиески.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-ohrid-gi-cheka-parite-od-vladata-za-da-prodolzhi-so-rushene-na-divogradbite/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Nov-2020 at 10:14
09.10.2020(od fb)






Print Page | Close Window