Малку правна помош за тотален лаик
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Изградба и ентериери
Forum Discription: Совети, искуства, едукација, проекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3678
Printed Date: 12-Jul-2025 at 14:42
Topic: Малку правна помош за тотален лаик
Posted By: somajkati
Subject: Малку правна помош за тотален лаик
Date Posted: 07-Mar-2020 at 02:13
Дечки здраво. Нов сум на форумов и немав многу време да разгледам дали постои некаква слична тема па затоа отворив нова. Имено, сакам да купам стан кој што е во градба во зграда/доградба на поткровје со високи ѕидови од по 5м во кои градежнава компанија има поставено плоча и има направено галерија но на имотен лист влегува само поткровјето но не и галеријата. Кога прашав а што со галеријата ми рекоа дека тоа влегува како внатрешно уредување на станот. Е сега, бидејки до галеријата нема друг пристап освен директно внатрешно преку станот, а од општина имале дозвола тоа да го направат.. кои се потенцијални проблеми со кои што би можел да се сретнам во иднина правно? Што да барам кога би го купил станот за да имам доказ дека тоа е во моја сопственост и слично? Би бил благодарен на секој совет...
|
|