Print Page | Close Window

Градски парк Скопје

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=369
Printed Date: 05-Dec-2020 at 15:18


Topic: Градски парк Скопје
Posted By: dejan
Subject: Градски парк Скопје
Date Posted: 29-Jan-2008 at 12:58
Od Vreme, prv pat slusham za ova

ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
Ќе се гради отворен театар

Отворен театар со летна сцена и со гледалиште за разни манифестации, предвидува нацрт-деталниот урбанистички план за централниот дел од Градскиот парк. Покрај тоа, во план е и изградба на изложбен салон, терени за спорт и рекреација, водни површини. Исто така, ќе се прават и улици и пешачки патеки, а ќе се уредува и зеленило за паркот и како заштита. Планот, кој опфаќа површина од 34, 88 хектари, беше усвоен на последната седница на советот на Општина Карпош. Во овој дел од паркот веќе постои јапонската градина со бонсаи, објект на кајакарскиот клуб, кој доби можност за проширување и маркичка за приземје и за еден кат.





Replies:
Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 29-Jan-2008 at 21:16
Ууу па ова е кон крајот на паркот, накај Палас. Е тој дел стварно е штур и дефинитвно би му дошло супер едно фино уредување. Одлична идеја е ова отворен театар. Паркот во лето е преполн, па зошто да нема некои културни занимации. Може ептен звучи идеалистички али од секогаш сум замислувал онака едно катче така у парк со отворен театер каде млади аматери (а богами и професионалци) си организираат претстави и се забавља народ. Школка е закон фора, зашто да не се проба и нешто вакво?


Posted By: Supervisor
Date Posted: 29-Jan-2008 at 21:18
добра идеја дефинитивно

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: dejan
Date Posted: 30-Jan-2008 at 01:48
Sto se pravese vo toj del na parkot...jas koga bev vo 2006, vidov nekoj mnobu ubavi cvekinja, nesto se ureduvase...


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jan-2008 at 01:51
Originally posted by dejan

Sto se pravese vo toj del na parkot...jas koga bev vo 2006, vidov nekoj mnobu ubavi cvekinja, nesto se ureduvase...


Веројатно bonsai градината, тогаш се довршуваше


Posted By: dejan
Date Posted: 30-Jan-2008 at 01:55
Ahh da.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Apr-2008 at 19:17
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=956D89628760DF43AB1A1A01F8F65CB5 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=956D89628760DF43AB1A1A01F8F65CB5


„ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ НАЈАВУВА ОБНОВА НА ГРАДСКИОТ ПАРК

Цветна алеја околу Споменикот на Делчев

Ќе се поплочи просторот пред отворената сцена и ќе се реновира фонтаната „Лотосов цвет“

„Паркови и зеленило“ годинава планира да го „свете“ првиот дел од Градскиот парк и да го збогати со нови содржини. Најголем акцент ќе биде ставен на просторот кај Споменикот на Гоце Делчев, кај ресторанот „Кермес“ и кај фонтаната „Лотосов цвет“.Во првата фаза од проектот ќе се изврши поплочување на просторот пред отворената сцена, таканаречената „школка“ и ќе се реновира фонтаната „Лотосов цвет“. Од претпријатието најавуваат дека ќе биде комплетно обновен и целиот простор околу неа, со површина од 2.718 квадрати, кој со години е запуштен. Таму плочките одамна се искршени, а од клупите се останати само мали парчиња штици, кои потсетуваат на „златните времиња“ на овој атрактивен градски простор.Ќе биде уреден и просторот кај Споменикот на револуционерот Гоце Делчев, а кај ресторанот „Кермес“, чија изградба е запрена, ќе биде подигнат растителен лавиринт во барок-стил. На крајот ќе се формира и алпинетум со македонска флора. Кај Споменикот на Гоце Делчев ќе засадиме двоен дрворед, а постојниот ќе го дополниме со нови дрвја. Ќе направиме алеи од Споменикот до Градскиот стадион, што ќе ги поврзат платото, фонтаната, стадионот, објектот „Кермес“ и приодот од улицата Наум Наумовски-Борче. Целата алеја ќе биде направена со потпорни ѕидови и цветни површини во различни бои, а на постојните тревни површини во околината ќе биде насадена богата вегетација во живописни комбинации. Со тоа ќе му се стави акцент на Споменикот на Гоце Делчев, околу кој се предвидува мало плоштатче со места за седење - објаснуваат од „Паркови и зеленило“.Делот од паркот што се граничи со улицата Наум Наумовски-Борче ќе се засади со жива ограда и со други насади, кои ќе ја редуцираат бучавата и загадувањето од фреквентниот сообраќај. Од претпријатието велат дека дрворедите, алпинетумот и живата ограда ќе бидат засадени наесен бидејќи тогаш за нив е најповолниот период.Освен проектите на „Паркови и зеленило“, и градските власти најавија дека годинава ќе вложат во обновата на паркот. Тие ќе ја финансираат замената на тревата, која е засадена пред повеќе децении и чиј рок на траење е поминат.Ќе бидат нанесени нови слоеви тампон и хумусна земја. Замената на тревата ќе почне по завршувањето на ребалансот на буџетот, со кој за оваа интервенција ќе бидат одвоени околу еден милион евра - велат од Градот.Оттаму додаваат дека за партерно уредување на просторот околу Споменикот на Гоце Делчев веќе е распишана јавна набавка.Градскиот парк е најголемата зелена оаза во Скопје и се протега на површина од околу 600.000 квадратни метри.

Анела Петрова



Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Apr-2008 at 20:47
Не знам дали сте приметиле, ама на споменикот на Гоце Делчев никаде не го пишува неговото име Bonk


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: se_manda
Date Posted: 30-Apr-2008 at 14:26
ovie resile cel park so beton da go napraat izglea.ke poplocuvale pred skolka,ke poplocuvale okolu gocka.ok si e on,taman koa vlagas u park pred tebe e.valjda sakaat sea da go istaknat poise poso site ke buljaat u WCto (kermes) na trifun


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Aug-2008 at 19:54
не знаев каде да го кажам ова, па си реков тука
кај споменикот на Гоце Делчев во паркот се менуваат плочките и се неадевам и мермерот на самиот споменик, поминав минатиов викенд одтаму, беше заградено со лента и беа извадени старите плочки
ова доста ме радува
не можев да најдам инфо или слики, но сепак..........


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Aug-2008 at 22:21


Еве поткрепа за ова што го збориш. Бидејќи се работи за целосна реконструкција на влезот во паркот а и најава за обнова на градскиот парк ти го префрлив постот во нова нишка.

Самата вест е одлична. Имаме многу убав парк и би било одлично малку подобро да се уреди и одржува. Одличен старт и на вистинско место.

ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ГО РЕКОНСТРУИРА ГРАДСКИОТ ПАРК

Травертин ќе го разубави грдиот влез

Ќе се реконструира осветлувањето, ќе се постави нова урбана опрема, ќе се уреди алејата околу споменикот на Гоце Делчев и ќе се санираат клупите за одмор околу фонтаната



Стариот и руиниран Градски парк ќе добие нов лик. Градежни работници веќе два дена работат на целосна реконструкција на партерот околу фонтаната Лотос и на влезот во паркот пред алејата на споменикот на Гоце Делчев. За уредувањето, Град Скопје ќе издвои околу три милиони денари.
- На површина од 2800 метри квадратни ќе се отстранат искршените плочи и на нивно место ќе се постават нови травертински плочки. Истовремено ќе се изврши реконструкција на осветлувањето, ќе инсталираме нова урбана опрема, ќе ја уредиме алејата, а ќе ги санираме и клупите за одмор околу фонтаната - информираше Љупчо Пандиловски, одговорен во Одделението за односи со јавност на Град Скопје.
Скопјани се задоволни што по неколку години ветување почна уредувањето на нивното омилено место за одмор и рекреација.
- Паркот изгледа многу грдо, а наедно и многу тажно. Обезглавени споменици, искршени клупи и корпи за отпадоци... а влезот од Илинденска, скалите кон споменикот Гоце Делчев и чкртаниците на него, срамота! Видете колку пешачки патеки се оставени без асфалт. Убаво што почнаа ама, заедно со ова треба да се преземат мерки и за спречување на дивеењата што редовно се случуваат во ноќните часови - вели пензионерката Ратка Спировска, која живее во близина. И стариот маџирмаалец, чичко Ванчо, секој слободен момент го користи за прошетка и одмор во паркот.
- Јас имам фотографија од 50-тите години кога го поставуваа споменикот, да видите како тогаш изгледаше. Шаренило од цвеќе, негувана трева, мали но, уредени патеки. Ова сега е ругло" - вели тој.
Градските власти најавуваат дека ќе ги избришат и недоличните графити на спомениците, а ги чекаат измените на неколкуте најавени закони за комунален ред за да воведат нови, урбани норми на однесување на јавните површини. Сметаат дека предвидените санкции и казни ќе придонесат за воспоставување на нов куќен ред. Со реконструкцијата на влезот, почнува првата фаза од проектот за комплетно уредување на целиот парк.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=70BADCB81511D64A8F12F0D4B11F1E08 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=70BADCB81511D64A8F12F0D4B11F1E08


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Aug-2008 at 23:35
Треба да се рамислува и за реновирање на патеките низ градскиот парк. И тоа цел парк, сите патеки да бидат исти. Мислам на сите делови од паркот, од Лотос до Балканика. Сооглед на тоа што асфалтното решение на почеток убаво изгледа има маано што после неколку години асфалтот се рони и не изгледа на ништо. Бекатон.... преку глава од бекатон, поготово црвен. Земјеното, песочното решение се покажа како неуспешно порани нужното редовно оддржување. Сметам дека најдобро решение е како на плоштад со оние црно-сивите плочки, гранит се мислам. Само што ова е најскапо решение, инаку е најцрвто, најдобро личи, едноставно за местење и санација.


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Aug-2008 at 14:45
да не знае некој што се случи со плочките што ги извадија околу споменикот на Гоце Question

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Aug-2008 at 17:37


Posted By: zabegan
Date Posted: 31-Aug-2008 at 15:09
нели може да се заменат и плочките на самиот споменик, наместо да ги чистат, но сепак не им се мешам многу, само нека го средат па ќе коментираме Smile

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Sep-2008 at 12:57
ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА
Искршените мостови во Градскиот парк ќе добијат нов лик
За реконструкцијата на мостовите ќе бидат потребни околу 10 милиони денари, кои се обезбедени од буџетот на Градот

Градските власти ќе ги реконструираат мостовите во Градскиот парк. Според програмата на Градот, во првата фаза машински и рачно ќе се отстранува оштетениот асфалт пред мостовите. Со тампонски слој ќе се пополнат деловите од кои ќе се отстрани асфалтот, а потоа со камени плочи ќе се поплочат скалите и платото пред нив. Во втората фаза ќе се зајакнува постојната метална конструкција со профили и ќе се реконструира оградата со поставување украсни орнаменти, со што ќе се разубави постојниот лик. Потоа ќе се врши комплетна промена на дрвените греди на мостовите, кои се целосно оштетени. Проектот ќе финишира со изведба на инсталација за осветлување на мостовите, кои сега се без светло.
За реконструкцијата на мостовите ќе бидат потребни околу 10 милиони денари, кои се обезбедени од буџетот на Градот. Мостовите во Градскиот парк, според најавите од Градот, треба да добијат нов лик до крајот на годинава. Градски власти пред неколку години ги обновија мостовите, но обновените делови беа со краток век. Штиците на мовчињата се искршени, оградата, онаму каде што ја има, е оштетена, а уништени се и скалите и асфалтот околу нив.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156409&idg=8&idb=2464&rubrika=Skopje


Posted By: maestro
Date Posted: 04-Sep-2008 at 19:26

алелуја! имаме златен градски парк, само уште да го одржиме како што треба!

инаку веста за реконструкција е повеќе од супер!
и да има помасовна контрола навечер...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Sep-2008 at 06:29
Ќе се реконструираат мостовите во Градскиот парк



Автор:  Гоце Трпковски
Градските власти во соработка со јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ целосно ќе ги реконструираат мостовите во првиот и во вториот дел на Градскиот парк. Градот веќе подготви програма во пет фази според која ќе се врши реконструкцијата, а таа беше усвоена и од градскиот совет на последната седница. Според процените, за оваа активност ќе бидат потребни околу десет милиони денари од градскиот буџет, а таа треба да биде изведена до крајот на годинава.
 
Од градот најавуваат дека новите конструкции ќе бидат потешки за оштетување и за крадење, па очекуваат тие да траат подолго.
 
- Распространетоста на каналската и на езерската мрежа го прават паркот пријатно место за рекреација. За движењето на посетителите се изградени асфалтни патеки и мостови. За жал, премините се во лоша состојба поради несовесните посетители што ги оштетуваат или ги крадат дрвените греди и другите елементи. Поради тоа се предвидува нивна реконструкција и санација што ќе оневозможи лесни оштетувања. Со неа ќе им дадеме и нов и поубав лик на мостовите - велат оттаму.
 
КАМЕНИ ПЛОЧИ НАМЕСТО АСФАЛТ
 
Во првата од петте фази треба да се отстрани асфалтот од површините на и околу мостовите и да се транспортира на 20 километри од паркот. Потоа ќе се постави слој од тампон на платоата пред скалите и косините на влезовите од мостовите. Овие површини се планира да се обложат со камени плочи со боја што одговара на околниот амбиент. Тие што имаат бетонска конструкција ќе се бетонираат за да се зацврстат.
Зајакнувањето на металната конструкција ќе се изврши во втората фаза со поставување однапред изработени шипки. Тие ќе бидат широки по пет и по 15 сантиметри. Ќе се заварат и ќе се точат на самите места. Таму каде што има потреба, со метални шипки ќе се продолжат оградите за да се обезбеди заштита и на скалите и на косите рампи. Се предвидува на страничните огради да се постават украсни орнаменти за да се разубави ликот на мостовите, а за тие во првиот дел од паркот ќе се прави целосно нова украсна метална ограда.
По овие активности ќе следи менувањето на старите дрвени греди со нови. Сите греди ќе се отстранат и ќе се донесат нови со дебелина од пет сантиметри, кои ќе бидат претходно подготвени според соодветните димензии на секој мост. Тие ќе се прицврстат за постојните конструкции. Изолацијата и боењето ќе следуваат во претпоследната фаза. Гредите ќе се премачкаат со средства за заштита на дрвото во повеќе слоеви, а врз металните делови ќе се нанесат антикорозивни премази и потоа тие ќе се бојадисаат со мрсни бои. На крајот од оваа програма се предвидува да се осветлат мостовите во првиот дел од Градскиот парк, со тоа што на нив ќе се постави целата потребна инсталација.
 
В ГОДИНА ОБНОВА И НА ЗЕЛЕНИЛОТО
 
Во градскиот буџет за наредната година ќе се предвидат пари за целосна обнова на зеленилото во Градскиот парк, рече градоначалникот Трифун Костовски на една од последните седници на советот наменета за советнички прашања. Тој го најави тоа откако беше запрашан од советникот Коле Манев зошто тревата во паркот е сува, а таа околу градските бараки е зелена и редовно се одржува.
 
- На што се должи таа состојба? Зарем нашиот двор е поважен од паркот што го користат сите граѓани - праша Манев.
 
Костовски на тоа одговори дека потребата од обнова на зеленилото постоела уште поодамна.
 
- И додека Љупчо Димовски управуваше на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ беше утврдено дека паркот не бил реконструиран цели четири децении. Поради тоа тој треба целосно да се обнови. Во годинешниот буџет не се предвидени пари за таква инвестиција, но ќе се обидеме да ги предвидиме во тој за наредната година - додаде Костовски.
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=188&ArticleID=7507


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Oct-2008 at 22:17
Подготвен терен за нови плочки


На потегот од улицата Илинден кон платото пред споменикот на Гоце Делчев, на влезот во Градски парк, екипи на ЈП "Улици и патишта", деновиве завршија со поставување на армирано -бетонска подлога врз која ќе се редат нови плочки.
-Дотраените и оштетените мермерни плочки околу фонтаната Лотос се отстранети и поставена е нова подлога. Во Градот во моментот тече тендер за поставување на плочки. Со активностите е опфатена површина од околу 2.800 квадратни метри, велат во Градот. Оттаму додаваат дека по уредување на партерот, ќе го обноват и постаментот на споменикот Гоце Делчев.

Во рамките на реконструкцијата на влезната партија во Градскиот парк, Град Скопје веќе постави и нови канделабри околу платото пред фонтаната Лотосов цвет и покрај споменикот на Гоце Делчев.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F5ACE51A8DE3F74AB66CBF51278DB422

Зарем само до тука е работата?! By the way едитирајте го последниот пост на вардар има некоја грешка што се коси со html кодот. Грешката е во предходниот пост!!!



Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Oct-2008 at 22:55
и јас се зачудив кога поминав од таму пред некој ден
зошто волку бавно? барем вакви работи (мислам само на плочките) брзо да се завршуваат
П.С. Не мора сега за секоја плочка да не известуваат


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Oct-2008 at 23:37

Копија на Камениот мост ќе го краси Градскиот парк

До Нова година 25-те дрвени мовчиња треба да добијат нов лик


Страните на мостот ќе бидат од травертин што е употребен и за Камениот мост

Во новиот дел на Градскиот парк првпат по 40 години ќе се менуваат и обновуваат дваесет и петте дрвени моста. На влезот на Градскиот парк, кај кафеаната „Езерце“, Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ од денеска ќе почне со изградба на мал мост, идентичен на Камениот мост. Ќе биде долг 14,10 метри, широк околу 4,5 метри, а висината на оградата е 97 сантиметри. Страните на мостот ќе бидат од травертин, истиот камен што е употребен за обложување на вистинскиот Камен мост. Патеката за пешачење ќе биде од асфалт, а мостот ќе биде и осветлен.Од „Паркови и зеленило“ велат дека новиот мост одлично би се вклопил во приказната за паркот.

- Копијата на Камениот мост ќе им посакува добре дојде на сите посетители во паркот. Одлично ќе се вклопи во амбиентот и убедени сме дека тоа многу ќе им се допадне на граѓаните. Проектот е готов, а денеска почнаа подготовките - вели Душан Авировиќ, директор на „Паркови и зеленило“. Ќе бидат обновени и другите мостови во Градскиот парк. Според директорот на ова ЈП, мостовите најверојатно ќе бидат во повеќе бои. Ако дозволува теренот, ќе се направат и пристапни рампи за инвалидизираните лица и за количките за бебиња.

Неодамна локалните власти донесоа одлука за реконструкција на мостовите во Градскиот парк. Според програмата на Градот, во првата фаза машински и рачно ќе се отстранува оштетениот асфалт пред мостовите. Потоа со тампонски слој ќе се пополнат деловите од кои ќе се отстрани асфалтот и на крајот со камени плочи ќе се поплочат скалите и платото пред нив.

- Во втората фаза ќе се зајакнува металната конструкција и на оградата ќе бидат поставени украсни орнаменти. Предвидено е и осветлување на мостовите. За реконструкцијата се потребни околу 10 милиони денари, кои се обезбедени од буџетот на Градот. Мостовите во Градскиот парк треба да се готови до крајот на годината - најавуваат од Градот.

Штиците не траат долго

Дрвениот под што кај неколкуте моста е обновен пред неколку години траеше кратко. Штиците на мовчињата се искршени, оградата е оштетена, а уништени се скалите и асфалтот околу нив.

Од „Паркови“ велат дека немаат трајни решенија за санација на мовчињата. Кога имаат залихи од дрва, дел од нив се употребуваат за поправка на мостовите во Градскиот парк, но немаат обучен мајстор да го обработи дрвото, ниту пак секое дрво е соодветно за таа намена.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B580BBC490C9A442951B8AD231594C66

Ми се свиѓа идејава! Симпатично би делувало. Тоа што постојниот мост на ова место е исклучително грд е дополнителна причина зашто да дадам поддршка за идејава. Исто така ми се свиѓа и идејата за илуминација на мостовите.



Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Oct-2008 at 23:43
Немам да доадам нешто многу, само сакам да кажам дека идејата за правење на мала реплика на Камениот мост е одлична идеја, едвај чекам се оствари. Thumbs%20Up

Само да не им текне да стават статуи од страна и еден огромен лав на мостот. Crazy


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-Oct-2008 at 12:08
ПОСТАВЕНА БЕТОНСКАТА ПОДЛОГА НА ПЛАТОТО ОКОЛУ ФОНТАНАТА ЛОТОСОВ ЦВЕТ

Град Скопје интензивно работи на целосна реконструкција на влезната партија во Градскиот парк, на потегот од улицата Илинден кон платото пред споменикот на Гоце Делчев. Со реконструкцијата е опфатен плочникот околу споменикот, како и платото пред фонтаната Лотосов цвет.

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ ги отстранија дотраените и оштетени мермерни плочки околу споменикот и фонтаната и поставија нова бетонска подлога на која ќе се реди каменот.

Во почетокот на месец ноември ќе бидат отворени понудите пристигнати на тендерот за избор на најповолен изведувач, кој ќе го реди каменот на платото, ќе ги отстрани оштетените дрвени елементи од клупите на влезот во паркот и ќе ги замени со нови. Фирмата која ќе биде избрана на тендерот ќе постави и канделбари на платото околу фонтаната.

Со активностите за реконструкција на овој дел од Градскиот парк опфатена е површина од околу 2.800 квадратни метри.

Град Скопје, иако нема обврска, по уредувањето на партерот, ќе го обнови и постаментот на споменикот Гоце Делчев, бидејќи плочките со кои тој е облепен се уништени од страна на несовесни граѓани. Град Скопје ќе ги замени овие плочки со соодветни.

 

 

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2163&mid=24&tabId=&tabindex=0 -

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2163&mid=24&tabId=&tabindex=0 - http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2163&mid=24&tabId=&tabindex=0



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Nov-2008 at 06:05

Милион евра за обнова на Градскиот парк

Целта е да се спречи уништувањето на урбаната опрема и на зеленилото по четири децении запуштеност


Реконструкцијата веќе е почната на влезот кај споменикот на Гоце Делчев

Еден милион евра од ребалансот на годинашниов буџет на Град Скопје ќе бидат одвоени за оградување и обнова на Градскиот парк. Дамнешната идеја на градоначалникот Трифун Костовски годинава конечно ќе се реализира, откако проектот влезе во буџетот. Кршење клупи, канти, канделабри, уништување споменици на народни херои, крадење бисти, паркирање на зелени површини, како и злоупотреба на алкохол од страна на малолетни лица се примерите за вандалското однесување на некои граѓани. Засега предвидено е да се огради само стариот дел, чиј влез е кај Споменикот на Гоце Делчев. Костовски кажа дека освен нова ограда, паркот ќе добие и целосно зеленило по четири децении запуштеност. Реконструктивните зафати ќе се одвиваат оваа, но и во наредната година.

- Градскиот парк, репрезентативно место во главниот град на државата, заслужува нови содржини и градски вредности. Секторите за комунални дејности и уредување во Град Скопје ја подготвуваат документацијата за објавување јавна набавка и за изработка на идејно решение за ограда на Градскиот парк - изјавија од градското одделение за односи со јавноста.

По изработката на проектот, велат од Градот, ќе бидат направени пресметките, а ќе се утврди обемот, начинот и динамиката на реализацијата.Годинава во рамките на оваа акција беа исчистени езерцата и каналите во Паркот, а потоа беа порибени. Почна и реконструкцијата на мостовите и на влезната партија кај фонтаната и Споменикот на Гоце Делчев.

- Големата обнова на зелените површини, која е предвидена за наредната пролет, според првичните процени ќе чини околу еден милион евра. Градот мора да преземе мерки зашто тревнатите површини во Градскиот парк не се сменети речиси четири децении - објаснија од Градот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=73510B3F7C6BA04CA510DB1380477E95



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2008 at 19:03
Нови мостови од старите тополи



Скопје
Со тополите што се сечат на повеќе локации низ градот јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ планира да ги реконструира мостовите во Градскиот парк. Трупците и исушените гранки веќе две недели лежат на тротоарот од улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во населбата Тафталиџе, откако екипи на претпријатието спроведоа акција за сечење на дрвјата што претставуваа опасност за минувачите, автобусите и за поголемите возила. Оттаму најавуваат дека чекале соодветно возило за да ги пренесат овие материјали и да ги складираат во нивните магацини, а понатаму ќе ги искористат за дрвените мостови во паркот.

- Ние немаме возило со кое можеме да ги пренесеме големите трупци. Затоа чекаме да се избере фирма што ќе ги поправа мостовите, па со нејзина помош да го извршиме превозот. Побаравме возило од „Водовод и канализација“, но и тие не беа во можност да ни помогнат. Ги собравме сувите гранки и помалите парчиња што беа полесни за носење. Се надеваме дека наскоро ќе ги отстраниме и другите исечени дрва, бидејќи сме свесни дека им пречат на минувачите и го нагрдуваат градот - велат од „Паркови и зеленило“.

Оттаму додадоа дека со здравите дрва ќе се менуваат старите греди на мостовите во паркот, кои претходно ќе бидат подготвени според соодветни димензии за секој мост и ќе се прицврстуваат на постојните конструкции. Потоа ќе се врши мачкање на гредите со средства за заштита на дрвото во повеќе слоеви.

Според надлежните во претпријатието, акцијата за отстранување на опасните гранки ќе продолжи и понатаму низ сите делови во градот, а во последното сечење во населбата Чаир биле отстранети околу 30 дрвја.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=250&ArticleID=12470



Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Jan-2009 at 00:13
Скопје

http://www.utrinski.com.mk/print.asp?ItemID=ECBC49343F375941AAE697FA87BA251E">


Стариот дел од Градскиот парк ќе се загради со ограда

Градот одвои 55 милиони денари за целосно градежно и хортикултурно преуредување

Стариот дел од Градскиот парк, заедно со фонтаната „Лотос“ и споменикот на Гоце Делчев, ќе се заштити од уништување со ограда, планираат градските власти. Реконструкцијата ќе започне пролетва, а конечно би требало да заврши во 2011 година. За планираните активности, Градот Скопје во буџетот за годинава издвои 55 милиони денари.

Според проектот, планирано е прво довршување на градежните активности околу фонтаната „Лотос“ и по патеката до споменикот на Гоце Делчев. Се работи за целосно градежно и хортикултурно преуредување на тој простор. Активностите започнаа минатата есен, а ќе продолжат веднаш штом дозволат временските услови.

Во меѓувреме, информираат во Градот, ќе се распише тендер за изработка на проект и за реализација на оградувањето на првиот дел од Градскиот парк. Поставувањето на оградата е со цел да се заштитат парковското зеленило и поставената урбана опрема, спомениците и скулптурите од уништување. Оградата, според првичните процени, би требало да се протега од градските бараки, преку Зоолошката градина, тениските терени, езерцето и споменикот на Гоце Делчев. Во рамките на уредувањето на првиот дел од паркот ќе се постави и нова урбана опрема, клупи и кошници за отпадоци, а ќе се обнови и осветлението.

Во вториот дел од Градскиот парк во тек е реконструкцијата на мостовите. За да започне уредувањето на зеленилото, Градот ќе ги почека измените на Деталниот урбанистички план за тој дел, што се подготвуваат во Општина Карпош.

Според најавите од Градот, во план за следните години е и целосна реконструкција на зеленилото, на кое одамна му поминал животниот век и треба да се подмлади. Во стариот дел од паркот комплетно треба да се смени тревата и зелениот расад. Животниот век на тревата е околу 12 години, по кој таа почнува да се проретчува и да осиромашува, а нашиот парк не е реконструиран близу 40 години. Делови од паркот ќе бидат збогатени со ниви идеи и содржини. (С.Н.)

Градски парк е дело на Драган Шојлевски

Градскиот парк во Скопје е дело на професорот Драган Шојлевски, осноположник на пејзажната архитектура и уметност, познат и признат научник и истражувач. Шојлевски, за своето најзначајно и препознатливо дело, по кое ќе остане запаметен кај скопјани, изработи обемна студија и детален проект за Градски парк во 1965 година, а го реализираше во текот на седумдесеттите години од дваесеттиот век.

Негово дело е и грандиозниот парк „Горица“ во Охрид, реализиран во шеесеттите години, кога се воведени нови современи техники на изградба на паркот. Шојлевски од 1961 година е експерт на ООН, а автор е и на две книги „Пејзажната уметност и обликување на просторот“ и „Македонската домашна градина и обликување на просторот“.






http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ECBC49343F375941AAE697FA87BA251E


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Feb-2009 at 00:21
Со гранит ќе се поплочува околу фонтаната


Екипи на Град Скопје започнаа со поплочување на платото пред фонтаната "Лотосов цвет" на влезот во Градскиот парк. Платото се поплочува со гранитни плочи, а досега се покриени околу 200 квадратни метри. Поплочувањето на платото се очекува да заврши за петнаесетина дена. Исто така, со гранитни плочи ќе се обложи и фонтаната "Лотосов цвет", патеката до споменикот на Гоце Делчев, самиот споменик, како и големите жардиниери околу него. Бетонските клупи ќе се бојадисаат и ќе се постави нова железна конструкција со дрвени седишта.

Попречните патеки во паркот кои водат до споменикот на Гоце Делчев ќе се асфалтираат. Тротоарот пред фонтаната и тротоарите на улицата Наум Наумовски Борче ќе се поплочат со гранитни плочки.
Откако ќе бидат завршени сите градежни работи на влезот во Градскиот парк, екипите на ЈП "Паркови и зеленило" ќе го уредат зеленилото. Се планира по должината на патеката до споменикот на Гоце Делчев од двете страни да се засадат дрвца, а просторот да се уреди како алеја.
Град Скопје апелира до граѓаните да не ја оштетуваат новопоставената урбана опрема на влезот во Градскиот парк и да го чуваат инвентарот од уништување.

http://vecer.com.mk/?ItemID=282BF2E23A80D844878702577E803C81


Posted By: dejan
Date Posted: 04-Feb-2009 at 02:12
Не се сеќавам каде е топикот за Кермес (или дали имаме?), но што се случи со тој ресторан?


Posted By: se_manda
Date Posted: 04-Feb-2009 at 12:09
niso ne se sluci so kermes.use sluzi ko javno wc za letnite gatherings...Smile


Posted By: dejan
Date Posted: 04-Feb-2009 at 14:25
Аа убаво тогаш


Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Feb-2009 at 19:38

До март ќе бидат реконструирани сите мовчиња во Градски парк

Премините имаат комплетно нови дрвени талпи и ново осветление

„Паркови и зеленило“ реконструира 5 мовчиња во Градскиот парк, а во моментов се работи на 15 други. Во јавното претпријатие најавуваат дека до средината на март, доколку не ги попречат временските услови, ќе бидат подновени сите 24 мовчиња во двата дела од паркот. Реализацијата на целиот проект ќе чини 10 милиони денари, кои ги обезбеди Градот Скопје од својот буџет.

Според проектот што го подготви „Паркови“, на премините преку каналите во паркот се стават комплетно нови дрвени талпи на местото на старите кои не се сменети десетина години, а на мовчињата во првиот дел од паркот се поставува и осветлување. Голем дел од дрвените мовчиња се оштетени, талпите се откорнати, искршени или украдени и претставуваат опасност за минувачите. Се менува и оградата, која ќе биде згусната и со метални профили, за да се зајакне и да биде побезбедна, особено за најмладите, велат во „Паркови“.

Екипите работат и на бетонските мовчиња кај ресторанот Езерце, кои се веќе поправени, а приодите и влезните скали се обложени со травертински плочи. Трите лимени мовчиња се во добра состојба и на нив ќе се преземат минимални зафати. Во „Паркови“ информираат дека им се менува и оградата.

„Дел од мостовите во паркот беа пристапни само со скали. Со реконструкцијата тие ќе станат достапни и за хендикепираните лица, бидејќи дополнително ќе се поставуваат коси рампи за премин“, информираат во „Паркови“. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BE295EEE2932AE489C1FC2DD548227A7


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: dimme.von.macedonia
Date Posted: 15-Feb-2009 at 15:09
Bravo, za pofalba. Megjutoa, smetam deka bi trebalo da se obrne vnimanie na toa kolku ke se odrzuvaat tie novi urbani opremi ( barvanje, etc ) i pred se kako ke se zastita od vandali! Rana na Skopje! mozebi nekoji dezurni policajci, ili community guard ( kako so ima na zapadot 9 Zosto ovaka ke bide ubavo mozebi godina dena i nanovo ke stasaat grafitti, otkorneti plocki na statui, gjubre... Smetam deka odrzavanjeto e najbitno!


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Feb-2009 at 00:04
јас сметам дека е подобро гард да шета низ градски парк одколку да го заградат, ама исто е вака или така



Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2009 at 17:37
Градскиот парк е опустошен како од ураган



Автор:  Александра Денковска
Скопје
Скопјани првите топли мартовски денови ги дочекаа во парк што изгледа како во него штотуку да поминал ураган. Нерасчистени лисја уште од минатата есен, исушени и паднати гранки во езерцата, во кои водата е зелена и нечиста, а преку каналите се поминува по нестабилни мостови со дупки. Ова е само дел од сликата на вториот дел од Градскиот парк, која ја дополнуваат и отпадоците околу речиси секоја грмушка, како и депонијата во средишниот дел меѓу двете поголеми езерца. Во водата, пак, патките пливаат низ мов, пластика, ќеси и гранки. Чисти се само асфалтните и бетонските патеки, а глетката лево и десно од нив е постапокалиптична.

Граѓаните се разочарани од изгледот на, како што велат, местото што треба да им биде најдостапно за да се релаксираат во природа. Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ велат дека забрзано работат на расчистувањето на целиот простор. Градските власти, пак, за годинава најавуваат целосна реконструкција само на првиот дел од паркот, меѓу фонтаната и стадионот.

СРЕДЕ ПАРКОТ СЕ ПАЛИ ЃУБРЕ

Најгрдата слика во паркот, според скопјани, е дивата депонија што се создала во дупка меѓу двете големи езера. Ѓубриштето е толку големо, што изгледа како во него да бил истуран отпад неколку месеци. Наместо чист воздух, децата и повозрасните граѓани во овој средиштен дел на Градскиот парк вдишуваат реа како да стојат до отворени контејнери.

Но за да избегаат од тоа место тие треба да поминат во некој друг дел преку старите дрвени мостови. Сепак, и тоа не е едноставно.

- Страшно, но и срамно е да ги носиме нашите деца во толку нечист и несреден парк. Ете, толкави ни се можностите, па не можевме да отидеме некаде подалеку, во природа, каде што е и поубаво. Но толку голем парк треба да претставува гордост на градот и место каде што секој ќе ужива кога ќе го посети. А не да шетаме низ место што личи на остаток од природна катастрофа. Паркот не е ниту безбеден. Наместо да ги пуштиме децата слободно да трчаат, мораме да внимаваме да не се сопнат на некоја падната гранка, да не се извалкаат во купчињата лански паднати лисја или, не дај Боже, да паднат низ дупките на мостовите директно во водата - вели скопјанецот Мирко Нестороски.

Згора на сè, вработените во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, за да не го изнесуваат целиот отпад од депонијата надвор, го палат во работните денови, кога има и многу помалку посетители. Со тоа тие ги прекршуваат не само законските одредби туку и правилата за јавен ред во паркот за кои самите тие се задолжени да ги спроведуваат и да надгледуваат дали обичните граѓани ги почитуваат.

НЕМА ПАРИ ЗА ЦЕЛОСНА ОБНОВА

Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ велат дека нивните работници во изминативе неколку недели забрзано работеле за да го уредат паркот и да им овозможат на граѓаните што попријатен престој во него.

- Одвај успеваме да го расчистиме ѓубрето што е насобрано во Градскиот парк. Машината што треба да ни служи за тоа ни е расипана, па затоа работниците мораат да палат оган за да го намалат количеството, кое потоа полесно ќе може да се изнесе. Ги засиливме оградите на дрвените мостови. Тие сега се направени со погусто поставени железни прачки и има многу помалку празен простор меѓу нив, што е побезбедно пред сè за децата. Лимените мостови само ги премачкавме, затоа што тие се во добра состојба и нема потреба да се реновираат - објаснува Елизабета Георгиевска, портпаролката на ова јавно претпријатие.

Таа порачува дека ако граѓаните сакаат да имаат поубав парк, ќе треба и самите да се погрижат за него.

- Дури и ако нашите служби секој ден чистат, тие нема да можат да го доведат паркот во ред ако некој постојано фрла ѓубре. Затоа треба сите заедно да се грижиме за зелените површини - додава Георгиевска.

Градоначалникот Трифун Костовски често истакнуваше дека на паркот му треба целосна реконструкција. Од градот велат дека овој проект веќе почнал, но годинава ќе се опфател само првиот дел, односно просторот околу фонтаната, пред Градскиот стадион, кај школката и од источната страна на Зоолошката градина. За овие работи од годинашниот буџет биле одвоени 55 милиони денари, како и уште десет милиони за да се обноват мостовите во двата дела на паркот.

- Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ веќе работи на обновата на влезот во паркот, кај фонтаната „Лотос“ и кај споменикот на Гоце Делчев. Сакавме да го реконструираме целиот парк одеднаш, но не можеме да си дозволиме еден толку голем зафат. За него се потребни и многу пари и многу време. Поради тоа одлучивме реконструкцијата да се одвива во два дела - рекоа од градското одделение за односи со јавноста.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=336&ArticleID=19815


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Mar-2009 at 12:49
За да не отварам нова нишка а бидејќи сепак ова се наоѓа на работа на градскиот парк... браво Cheers

Бонсаи-градината ќе се отвори во мај

Околу 400 бонсаи-дрвца, од кои дел постари и од 500 години, моментно се подготвуваат за претставување

Бонсаи-градината во Градскиот парк ќе биде отворена во мај. Во моментов се подготвуваат за претставување околу 400 бонсаи дрвца кои досега се чуваа во зимски услови. Во тек е и изградба на фонтана со водопад во рамките на градината, која ќе биде готова следниот месец.

Бонсаи-градината ќе биде отворена за сите посетители, влезници нема да се наплатуваат, а кога ќе дозволат временските услови ќе бидат организирани и предавања на отворено.

Во градината, покрај над 400 примероци на бонсаи дрвца од различни видови, од кои дел се стари и над 500 години, посетителите можат да видат и различни паркови со повеќе видови цветни и обични растенија.

„Иако не е официјално отворена, градината и сега ја посетуваат голем број граѓани, но и туристи кои се одушевени од нејзините содржини“, вели Мите Филков, еден од сопствениците. „Во градината може да се ужива во убавините на растенијата, но и во мирот на паркот, кој нуди вистинско полнење со позитивна енергија“, нагласува Филков, најавувајќи по отворањето и организирани посети од ученички групи кои ќе имаат можност да се запознаат со минијатурите и начинот на нивното одгледување.

Во иднина, новото зелено катче ќе се најде и во новите туристички водичи за Скопје, како место кое треба да им се посочи на сите туристи како локација што не треба да ја заобиколат.


Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=241DD90B8DDC9C479C1D009F7DA5AC33 - Утрински весник


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Mar-2009 at 14:28
Јас сум сигурен дека ако нема 5-метарски ѕидови околу ова нешто нема да издржи ни три вечери. Ќе влезе некој јак и ќе искрши неколку дрвца. Па другар му, и другарите им. И така во круг. Ова не е за кај нас, колку и да е прекрасно (сум посетил бонсаи градина), сепак немаме култура за ова.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Mar-2009 at 14:31
Originally posted by гитардемон

Јас сум сигурен дека ако нема 5-метарски ѕидови околу ова нешто нема да издржи ни три вечери. Ќе влезе некој јак и ќе искрши неколку дрвца. Па другар му, и другарите им. И така во круг. Ова не е за кај нас, колку и да е прекрасно (сум посетил бонсаи градина), сепак немаме култура за ова.


Градинава се развива веќе неколку години. Јас дури и мислев дека е отворена иако не сум ја посетил. Дефинитивно е оградена веројатно си има обезбедување. Се наоѓа веднаш до подвозникот кај Александар Палас како што реков на работ на градскиот парк.

Така да мислам дека има перспектива.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Mar-2009 at 16:07

Да да, сега ја забележав оградата на сликата погоре, но не ми изгледа како доволна заштита, лесно е да се префрли некој преку неа. Но, сепак, штом опстојува толку години не би требало да се случи сега наеднаш нешто после отварањето. Не оди некој со план да уништува, едноставно ако му се најде на патот. А да не бегам од темата, бонсаи градините навистина ме опуштаат мене. Сум бил во Мелбурн и Будимпешта и навистина се добра работа.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Mar-2009 at 16:11
Originally posted by гитардемон


Да да, сега ја забележав оградата на сликата погоре, но не ми изгледа како доволна заштита, лесно е да се префрли некој преку неа. Но, сепак, штом опстојува толку години не би требало да се случи сега наеднаш нешто после отварањето. Не оди некој со план да уништува, едноставно ако му се најде на патот. А да не бегам од темата, бонсаи градините навистина ме опуштаат мене. Сум бил во Мелбурн и Будимпешта и навистина се добра работа.


тоа ми е поентата. Малку се наоѓа на страна иако летно време на околните паркинзи се собираат доста млади. Верувам годинава ќе биде и уште поживо со оглед на тоа дека доста се среди тој дел со новите паркинзи на спортската сала. Но сепак доста е осветлено и не памтам дека во тој дел имало некогаш специјални проблеми.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Mar-2009 at 17:24
Кај Лотосов цвет привршуваат работите. Може да кажам дека е културно одработено

1

2

3





Posted By: La Linea
Date Posted: 27-Mar-2009 at 23:00
1.


2.



3.


4.


5.


6.


7.


8.


9.


10.


11. Cheers


12.


13.


14.

 
15. Thumbs%20Down


Фуш мостче

1.


2.



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 27-Mar-2009 at 23:03
За поздравување

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2009 at 23:04
Убаво   Cheers


Само да се внимава на направеното, да не се дозволи да биде унишено од вандалски налети!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 27-Mar-2009 at 23:25
CheersПрекрасно, кој стои позади проектов градот, општина Центар или Владата? Урбаната опрема посебно ми се допаѓа, и како ректко кода досега ми изгледа дека навистрина се испочитувале основните стандарди, и квалитетено е изведено.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Mar-2009 at 23:28
Originally posted by UrbanFreak

CheersПрекрасно, кој стои позади проектов градот, општина Центар или Владата? Урбаната опрема посебно ми се допаѓа, и како ректко кода досега ми изгледа дека навистрина се испочитувале основните стандарди, и квалитетено е изведено.


Поклон од Трифке пред крајот на мандатот Cheers


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 27-Mar-2009 at 23:35
Чудно да е од Трифка а опремата е иста (одлична) од ул. Македонија на Аларова, на крај нема конкуренција Ohno

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Mar-2009 at 05:16
Originally posted by Vladimir P

Чудно да е од Трифка а опремата е иста (одлична) од ул. Македонија на Аларова, на крај нема конкуренција Ohno

Да беше дел опремава од некоја стандардизирана опрема на градско ниво, тогаш ќе се радуев!

Инаку добро си е ОК! На последниве слики ми се свиѓа ова барата што ја средиле, каква аква тоа рупата да не гледам и жаби зсамо се збираа. Каменот може и друга боја да се смени некад. Добро и што гоце го средли, а и оние патеките што ги асфалтирале!


Posted By: Dragan
Date Posted: 28-Mar-2009 at 11:13
da da posleden pat koga bev na stadion pominuvav nis parkot dobro e sreden za razlika od pretoa, ama imase eden problem nemase voda damu kaj patkite neznam sto e problemot ama ne mi se dopadna toa


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Mar-2009 at 19:10
Originally posted by Dragan

da da posleden pat koga bev na stadion pominuvav nis parkot dobro e sreden za razlika od pretoa, ama imase eden problem nemase voda damu kaj patkite neznam sto e problemot ama ne mi se dopadna toa


Драган, тоа значи дека езерото се прочистува. Првин се празнат базените, се чисти од паднати лисја, кал и отпадок, па се полни повторно. Среќни патки


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 28-Mar-2009 at 23:35
ке видиме , сеа доага лето, паркот се полни со млади па ке видиме колку ке издрзи сета оваа реконструкција која е одлична.

-------------





Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Mar-2009 at 01:19
попладнево поминав низ парк, колку што приметив народот ја почитува новата опрема, а и околината, само сепак не сум преоптимистичен, како што рече блејд, иде лето



Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 29-Mar-2009 at 02:02
Originally posted by La Linea

1.



Искрено не знам зошто потрошиле квалитетен материјал на ова конкретно место. Не дека е ова мост, ова колку што знам е обичен сливник за езерцето, а скаличкиве што ги направиле се ептен неугледни и воопшто не одговараат на “раскошот“ на самата интервенција.

Топ слики La Linea!


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Mar-2009 at 02:12
па добро мислам дека тоа и не е баш така банална локација, а и сепак е многу подобро од претходното руинирано мостче, а доколку одиш кон паркот од страна на Градски, ова е прва слика која ја добиваш за паркот
само сепак и јас не сфаќам зошто токму оваа локација е така средена и не ми е јасно зошто кога веќе го уредиле тоа, не ги доуредиле патеките кои водат до него


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 29-Mar-2009 at 11:13
Neka stavat zelezna ograda okolu spomenikot na goce delcev inace.. za eden mesec ke ve zamolam povtorno da go slikate kolku da go vidam kolku izgleda "nov"

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Mar-2009 at 11:23
ГМ ова со оградава ти е добар предлог! Низ свет доста се практикува, а кај нас воопшто. Башка и немора цел постамент да биде камен, може да биде дел и жардињера!


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Mar-2009 at 12:32
џабе, вандалите си наоѓаат свои начини, верувајте и бетонска ограда да има ќе најдат начин , контрола и закони се решението


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 30-Mar-2009 at 10:03
vandalite ne bi se nafatile tuku taka da preskoknuvaat visoka zardinjera/ograda koja bi bila 'ostra' najgore

-------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Mar-2009 at 10:31
Originally posted by GreatMakedon

vandalite ne bi se nafatile tuku taka da preskoknuvaat visoka zardinjera/ograda koja bi bila 'ostra' najgore
освен ако не биде електрифицирана ќе ја поминат, ваљда од искуство треба да знаеме
ама да не идеме многу офтопик


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2009 at 15:01
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=71&PID=36221#36221 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=71&PID=36221#36221 Ohno


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 11-Apr-2009 at 08:01
sto velev slika posle eden mesec da stavite.. ama eve ne pominaa ni dve nedeli. Samo visoka ograda mu e majkata.

-------------


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Apr-2009 at 11:56
Рекреативни МРЕЖИ за посетителите во Градскиот парк

Заградена со мрежа некогашната легенда Кермес, на Трифка



Поранешниот кајакарски клуб, денес ??? со огромна заградена површина со мрежа.



Лугето направива „цвекара“ и си се заградива со мрежа на огромен простор.



И повторно мрежа, и пешачката патека прекината (патеката е од поранешниот пионерски воз), на почетокот беше по некој чадор а потоа лугето од Лапласт си го заградива.



Едино овие од Езерце ни мрежа немат поставено, но ...



Па така нашите граѓани слободно се рекреираат во зеленилото на Градскиот парк

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Apr-2009 at 23:35

Лавиринт од жива ограда во Градски парк

Паркот спроти бараките на Градскиот совет ќе добие форма на лавиринт, кој ќе служи за игри и забава на најмладите. Околното земјиште веќе е обработено и подготвени се местата за засадување буксус, познатата жива ограда, а привршува и поставувањето на хидрантската мрежа за наводнување. До крајот на неделава ќе биде завршено уредувањето на зеленилото во првиот дел на Градскиот парк. Озеленувањето и обновата на парковското зеленило се донација на холандската амбасада. (Сн.К.)




http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=369&PN=4


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Apr-2009 at 00:47
Градскиот парк доби холандски лавиринт

Холандскиот национален празник - Денот на кралицата вчера во Скопје беше одбележан со отворање на холандскиот лавиринт во Градскиот парк. Новото зелено катче, како што посочи холандската амбасадорка Симоне Филипини, е наменето, пред се', за забава на најмладите, а на родителите им порача да го чуваат и одржуваат чисто. Филипини, заедно со министерот за животна средина, Неџати Јакупи, и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, се повозе со велосипед од плоштадот „Македонија“ до Градскиот парк, уште еднаш промовирајќи го алтернативниот превоз, кој е масовно прифатен во нејзината земја. По повод празникот, Филипини им подари пет велосипеди на присутните деца во паркот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=6F9D4785F554304FBD1FE07A04C3EFCE


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Apr-2009 at 16:52
ОМИЛЕНИТЕ ПТИЦИ НА СКОПЈАНИ ИСЧЕЗНАА ОД ЕЗЕРЦЕТО
Гуските од паркот завршија во најлонски кеси

Гуските и шатките кои беа заштитен знак на Градскиот парк во Скопје исчезнаа. Никој од надлежните институции немаше одговор каде се тие птици во моментов, и покрај тоа што многумина скопјани се интересираат за нивната судбина. Граѓани што поминувале покрај езерото во паркот, пред неколку недели, забележале како луѓе ги ловат птиците и ги ставаат во најлонски кеси. Според нивните кажувања, најверојатно, станува збор за кражба на гуските, патките, шатките и на останатите видови птици кои веќе подолго време живееја во езерцето. Испаничените граѓани, кои биле сведоци на кражбата на птиците, изреволтирани поради нехуманиот однос кон птиците, ја известиле полицијата за случувањата. Неофицијално, крадците на гуските, најверојатно, го искористиле испразнетото езеро, како и питомоста на птиците поради честиот контакт кои тие го имаа со луѓето. - Се шетав со децата низ паркот кога забележавме двајца како се обидуваат да ги уловат патките. На почеток помислив дека сакаат да ги преместат на место каде што има повеќе вода, но видов дека тие што ги ловат гуските воопшто не се грижат за нив затоа што буквално со сила ги буткаа во најлонски кеси “ вели Катерина од Центар. Таа вели дека таквата слика многу ја вознемирило неа, но и нејзините деца кои почнале да плачат по птиците. - Веднаш се јавив во полиција и го пријавив случајот. Се додека бев кај езерцето, полицијата не дојде за да види што се се случува пред очите на децата и на случајните минувачи - објаснува Катерина. Денот на настанот, по јавувањето на граѓаните кои беа очевидци, новинар на весникот „Време“ се јави во полиција, од каде што му беше одговорено дека веќе испратиле полицаец во паркот. На изненадување, и покрај кажувањата дека граѓани го пријавиле случајот, од СВР Скопје велат дека такво нешто немало. Надлежните институции, пак, објаснуваат дека забележале дека недостигаат птиците од езерото, но дека немаат информација каде се. Од Зоолошката градина во Скопје велат дека кај нив никој не донел патки за да се згрижат, а од ЈП „Паркови и зеленило“ тврдат дека нивна надлежност е одржување на чистотата на водата, но не се задолжени да се грижат за птиците што живеат на тоа место. Оттаму ни рекоа дека дури и немаат информација дека птиците биле исчезнати одреден временски период. Од Град Скопје, пак, велат дека не е ни чудно што никое од јавните претпријатие не знае што се случува со птиците затоа што ниту надлежните од Град Скопје, ниту, пак, некое од претпријатијата некогаш ги пуштил таму птиците да живеат, а уште помалку некој од нив и задолжен да се грижи за нив и за нивната исхрана. - Птиците не се во наша сопственост и затоа немаме информации каде се наоѓаат во моментов. Тие беа пуштени во езерото од страна на поранешниот сопственик на ресторанот „Езерце“, кој се грижеше за нив и ги хранеше - велат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Додека функционираше ресторанот „Езерце“ и пред институциите да го срушат, птиците на некој начин беа заштитени зашто персоналот, но и гостите, реагираше доколку некој се обидуваше да ги малтретира.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1691&ArticleID=112829


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Jun-2009 at 13:41
Нешто и убаво, се чисти езерцето во Градскиот парк.





Но малку понатаму кршот од сеуште срушената кафана езерце, некогашна станица од пионерскиот воз.



И нешто што ме зачуди пат кој не води никаде, удирате во ограда поставена од ....




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jun-2009 at 14:01

Реа од мочки под нос на градоначалникот

Градоначалникот Трајановски го ставил тоалетот во програмата за итно решавање и многу скоро тој треба да биде реновиран

Тоалетот во првиот дел на Градскиот парк, веднаш до Градското собрание, е затрупан со ѓубре и со измет. Пластични шишиња, чаши, лименки, хартија и ѓубре има до колена. Од вецето се шири реа од измет и мочки, која стига до бараките на Градското собрание каде што се и наоѓа кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.
Ваквата слика на вецињата во овој дел од паркот е стара со години. И покрај тоа што им е под нос на скопските градоначалници, никому не му текна да одвои средства за да го обнови, да го исчисти и да го стави во функција. Но на скопјани што имаат зорт, и не им пречи многу ѓубрето. Во темниците тие завршуваат работа, па изметот и мочките само се таложат.
"За викендите ги носам децата да си играат во лавиринтот, веднаш до Зоолошката градина, и се ужаснувам од состојбата во која се наоѓа Паркот. Клупите се искршени, насекаде расфрлени догорчиња, лушпи од семки, пластични чаши и шишиња од пиво", вели една скопјанка.
Од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски велат дека се запознати со ужасната состојба во која се наоѓа вецето во Паркот, и најавуваат дека многу скоро ќе го исчистат и целосно ќе го реновираат.
"Знаеме дека тоалетот е затрупан со ѓубре и измет и од него е можно да се шират заразни болести. Токму затоа градоначалникот Трајановски го стави во програмата за итно решавање. Што се однесува за останатиот дел од Паркот, тој воопшто не е валкан, постојано се чистат зеленилото и езерцата, се менуваат штиците на клупите, и нашите чувари 24 часа на ден патролираат низ него", велат од кабинетот на градоначалникот Трајановски.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=D8BB0BC2B8EF7C4886E7EE88B945B4E5


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2009 at 03:25

Градски парк со ново јавно веце и со редари

Екипи на „Комунална хигиена“, по налог на градоначалникот Коце Трајановски, вчера го исчистија тоалетот што се наоѓа близу до „Кермес“ кој со години служеше како депонија


Комплетната реконструкција на тоалетот ќе почне по еден
месец


По децении запуштеност, единственото јавно веце во Градскиот парк ќе проработи. Екипи на „Комунална хигиена“, по налог на градоначалникот Коце Трајановски, вчера го исчистија тоалетот што се наоѓа близу до „Кермес“ и кој со години служеше како депонија. Поради недостиг од јавно веце, граѓаните што шетаа низ паркот, при зорт, физиолошките потреби ги извршуваа на отворено, во некоја грмушка или по темните места. Градското одделение за односи со јавност информира дека за еден месец ќе почне комплетната реконструкција на тоалетот.

- Распишан е тендер, во соработка со Министерството за животна средина. По обновата, дополнително ќе се одреди на кој начин ќе функционира тоалетот - изјавија од Градот. Изминативе денови во Градскиот парк се обновуваат патеките и дрвените мостови и се врши замена на светилките на канделабрите. Поставени се 100 канти за собирање ѓубре во првиот дел од паркот и 50 кошници во вториот.

Безбедноста во паркот нема да се чува со ограда, туку на друг начин. Сега во паркот има редари кои ги опоменуваат несовесните граѓани, но и покрај тоа вандали постојано ја уништуваат опремата, осветлението, зеленилото, бистите. Бившиот градоначалник, Трифун Костовски, воведе работно време на паркот и најавуваше дека со милион евра ќе го затвори со висока железна ограда.

- Не размислуваме за оградување на паркот. Сега опремата и редот ги чуваат редари што имаат надлежност само за опоменување. Во иднина ќе се вработат комунални редари кои ќе дејствуваат не само во паркот, туку и на територијата на целиот град. Тие ќе казнуваат - објаснуваат надлежните.Од Градот, информираат дека и езерцето во стариот дел на паркот, кај остатоците од разурнатата кафеана „Езерце“, е ослободено од фекалии.

- Наидовме на стара фекална канализација и многу диви приклучоци од објектите што се наоѓаат во непосредна близина на паркот. Фекалните цевки, кои се влевале во езерото, се прекинати. Ќе се испита чии се, но канализацијата е толку стара, што навистина е тешко да се одреди такво нешто - рекоа од Градот. Во врска со целокупната реконструкција на Градски парк, од Градот велат дека се прави проект со кој ќе се опфати и првиот и вториот дел од паркот. Тој ќе добие нови содржини и езерца, но градските власти не откриваат повеќе детали.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=40FE1B17043ABC458B9AF670151DD810


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jun-2009 at 11:45

Фонтаната во Градски парк затрупана во ѓубре

Над­леж­ни­те од Градот велат дека ѓубриштата и нечистата вода во фон­та­на­та стојат од пред неколку дена, како резултат на врнежите од дожд и не­со­вес­ни­те граѓани што сметот го фрлаат каде што ќе стигнат

Фон­та­на­та "Лотосов цвет" во Градски парк веќе десетина дена е полна со не­чис­та и калосана вода, а внатре пливаат хартии, пластични шишиња и се­как­во ѓубре. Не поминаа ни два месеца од реконструкцијата на дел од пар­кот, кога комплетно беше обновена и фонтаната, а таа веќе е полна со ѓуб­риш­та и со смрдлива и нечиста вода.
Над­леж­ни­те од Градот велат дека ѓубриштата и нечистата вода во фон­та­на­та стојат од пред неколку дена, како резултат на врнежите од дожд и не­со­вес­ни­те граѓани што сметот го фрлаат каде што ќе стигнат. Тие објаснуваат де­ка градоначалникот на Скопје Коце Трајановски веќе издал наредба да се исчисти фонтаната која, исто така, ја чистеле пред околу еден месец.
"Апе­ли­ра­ме до скопјани ѓубрето да го фрлаат во кантите за отпадоци, а не во фонтаната, зеленилото и на патеките во паркот", велат од од­де­ле­ни­е­то за односи со јавност на Градот.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=DA06F40B9C71A346BC555929309BFF22


Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-Jun-2009 at 14:37
Добро, јасно ни е на сите дека сме говеда, ама не сфаќам како може еднаш месечно да ја чистат? Па добро, мора секој ден некој да поминува со една мрежичка (како за пеперутки или рипчиња фаќање), и да ги собира глупостите одвнатре. Не мора да ја чистат водата! Ако нема пластики и хартија, нема ни да се затнува, и нема да се гнаси толку водата. Кој е сега поидиот, овие што чистат на еден месец, или пијаниците и наркоманите што фрлаат работи (а не се ни сеќаваат дека фрлиле). Која фонтана во светот ја чистат само еднаш месечно од смет? А секаде се фрла, секаде има говеда.

И колку што разбрав од текстот, од комуналец знаат дека има ѓубре од пред 2 дена, ама не можат ништо бидејќи не им бил дојден денот да макнат една рака внатре да извадат 2 шишиња. Абе...


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Jul-2009 at 13:47

Градски парк ќе добие нови рампи и пешачки патеки

На неколку локации се тестираат различни видови песок и камен за подлогата

Градот Скопје ќе ги обнови сите рампи на влезовите во Градскиот парк за да се оневозможи влегување со возила. Во текот на следните денови ќе бидат затворени сите пристапни патеки во првиот дел од паркот, како и зад Забавниот парк, од каде што најчесто влегуваат возила и ја загрозуваат безбедноста на пешаците.

Истовремено, во рамките на акцијата за средување на Градскиот парк се тестираат неколку подлоги за пешачките патеки. Се работи за различни видови песок, кои се поставени на неколку локации во првиот дел од паркот. Ќе стојат еден месец, по што ќе се сумираат резултатите и ќе се донесе одлука со што ќе бидат направени пешачките делови, информираат градските власти, каде што признаваат дека патеките деновиве, особено по обилните дождови, беа претворени во кал, бидејќи со години не се обновувани.

„Новата подлога треба да биде доволно издржлива за да не се уништи многу брзо, но, од друга страна, треба и да се спречи нејзиното набивање в земја. Примероците од различни видови песок и камен ќе се тестираат и заради обезбедување најлесно движење на пешаците, особено малите деца и количките за бебиња“, велат во Градот.

Оттаму информираат дека во иднина ќе постои и строго утврдена рута на движење на возилата на „Паркови и зеленило“ кои се движат по овие патеки, со што ќе се овозможи нивна поголема трајност. (С.Н.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=71AF6A07E05EB945852662FA730B207F


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Jul-2009 at 16:46
а значи за тоа бил песокот во парк, многу незгодна ствар за пешачење 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jul-2009 at 17:01
Сепак никаква врстан не песок или камења неможе да би погодна за пешачење, а камо ли за колички за бебиња, инвалидски колички, точаци и слично. Еве го имаме искуството токму со градскиот парк, со бившиот пат до милениумскиот крст. Ако ништо друго, барем бекатон нека го наредат.


Posted By: mitatos
Date Posted: 08-Jul-2009 at 18:47
fali i tie kucinjata skitnici da gi trgnat od tamu , opasni se za lugeto i za okolinata.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Jul-2009 at 23:13
Originally posted by lslcrew

Сепак никаква врстан не песок или камења неможе да би погодна за пешачење, а камо ли за колички за бебиња, инвалидски колички, точаци и слично. Еве го имаме искуството токму со градскиот парк, со бившиот пат до милениумскиот крст. Ако ништо друго, барем бекатон нека го наредат.
бекатон мислам дека е уште полоша опција, целиот парк, освен платото околу фонтаната и споменикот на Гоце, е асфалтиран, вака би дошло шарено


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2009 at 00:08

Патеките во паркот со ситна бела ризла

Граѓаните велат дека камењата се многу големи и со остри рабови, па претставуваат опасност за децата, но и за возрасните

„Новите патеки во Градскиот парк им оневозможуваат на скопјани да уживаат во прошетките, особено оние кои со мали деца и со колички“, се жалат граѓаните. Тие реагираат на новата подлога што неодамна почнаа да ја поставуваат градските власти, а на која велат дека е невозможно да се движат. Оние кои веќе се прошетале по новите патеки велат оти камењата се многу големи и со остри рабови, па претставуваат опасност за децата, но и за возрасните. Отежнато е и движењето со колички, а младите на ролерки и велосипеди воопшто не можат да ги употребуваат овие патеки.

Од Градот, пак, објаснуваат дека минатата седмица на патеките биле тестирани повеќе видови камен, токму за да се видат реакциите на луѓето. Најкрупните камења веќе се извадени, а одлучено е патеките во првиот дел да се поплочуваат со најситна бела ризла од рудникот „Бањани“. Овој камен, информираат од Градот, е многу ситен и по набивањето со валјаци се претвора во тврда и рамна подлога на која никој нема да има проблеми со движењето.

Поплочувањето и набивањето на сите патеки ќе биде завршено за еден месец, а во проектот Градот ќе вложи околу 6.000 евра.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4CF3C1D88AAEEA4DB0DB5CA5E598D33C


Posted By: vardar
Date Posted: 15-Jul-2009 at 11:21
 

Бела ризла на патеките во паркот



Екипи на Градот Скопје деновиве распостилаат бела ризла, односно ситен камен, на земјените патеки во првиот дел од Градскиот парк. Со ризла ќе биде покриена површина од околу 9.300 квадратни метри.Во наредните денови работници ќе асфалтираат дел од пристапните патеки во првиот дел од паркот и ќе постават нови рабници. Активностите се дел од проектот за уредување на Градскиот парк. Во изминатите денови беа исправени сите паднати постаменти на спомениците во паркот, а камената мечка беше бојадисана.

 
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CEAE1A80AEE29E4BB058DA4737FF5C51 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CEAE1A80AEE29E4BB058DA4737FF5C51


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-Jul-2009 at 11:36
... Во изминатите денови беа исправени сите паднати постаменти на спомениците во паркот...

Замислете ќе има што да им покажеме на шетачите во паркот - исправени постаменти



* Зошто едноставно не се тргнат или се протежира некој нов правец во уметноста - скулптурата


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Sep-2009 at 14:44
СЕ РЕДАТ БЕКАТОН-ПЛОЧКИ НА ПЛАТОТО ПРЕД ШКОЛКАТА ВО ПАРКОТ

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ од денеска редат бекатон-плочки на платото пред Школката, во Градскиот парк. Со бекатон-плочки ќе се покријат 200 квадратни метри.
 
Бекатон-плочките се со црвена и сива боја. Претходно, на просторот се работеше машински ископ, се поставуваа рабници на платото со должина од 120 метри и се тампонираше. Се очекува градежните работи на овој простор да завршат до крајот на неделава.
 
Школката, како и платото пред неа често се користи за организација на културни настани, мали концерти и манифестации. Со поставувањето на бекатон-плочките овој простор ќе добие уреден и урбан лик.
 
Претходно, просторот пред Школката беше без одржувана тревна површина и запуштен во земјa и прав.

  

www.skopje.gov.mk


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2009 at 14:37
Се прави пристапна патека за инвалиди, колички за деца, велосипеди и слично (42° 0'16.27"N 21°25'28.44"E)...


И патеката во позадина се трасира со жардињери...



Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2009 at 18:00

Се поставуваат жардиниери и пристапна рампа во Градскиот парк
Во рамки на програмата на Град Скопје за уредување и разубавување на Градскиот парк, екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат мали жардиниери на падината во близина на Градскиот стадион

Како што соопшти Град Скопје, ќе се постават 1.020 жардиниери, во бела и сива боја. Тие се поставуваат плански, во два или три реда, на потегот од скалите во близина на стадионот, по должината на патеката до кривината.
Жардиниерите ќе овозможат стабилизирање на косините и спречување на одрони на земја при врнежи, а ќе придонесат и за поубав естетски изглед во паркот.
Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве работат и на изградба на пристапна рампа кај скалите од платото пред Градскиот стадион. Рампата ќе го олесни пристапот на лицата со посебни потреби и на велосипедистите во паркот.

http://forum.com.mk/_tools/article/8184/view

Сепак build.mk излезе прв со информацијата од сите медиуми!! Wink



Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2009 at 18:05
СЕ ПОСТАВУВААТ ЖАРДИНИЕРИ И ПРИСТАПНА РАМПА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК







Екипи на ЈП „Улици и патишта“ во рамките на програмата на Град Скопје за уредување и разубавување на Градскиот парк деновиве поставуваат мали жардиниери на падината во близината на Градскиот стадион. Жардиниерите во бела и сива боја се поставуваат плански на потегот од скалите во близина на стадионот, по должината на патеката до кривината.
Жардиниерите ќе овозможат стабилизирање на косините и спречување на одрони на земја при врнежи, а ќе придонесат и за поубав естетски изглед во овој дел од паркот. Истите ќе бидат поставени во два или три реда во зависност од висината на косините. Ќе се постават вкупно 1.020 жардиниери.
 
Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве работат и на изградба на пристапна рампа кај скалите од платото пред Градскиот стадион. Рампата ќе го олесни пристапот на лицата со посебни потреби и на велосипедистите во овој дел од Градскиот парк.

www.skopje.gov.mk


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Sep-2009 at 15:51
РАСПИШАН КОНКУРС ЗА ПАРТЕРНО И ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК

Градот Скопје распиша Конкурс за избор на идејно решение за партерно и хортикултурно уредување на локалитет во Градскиот парк. Конкурсот е јавен и анонимен, а право на учество во него имаат сите правни и физички лица, државјани на Република Македонија.
 
Пристигнатите трудови ќе ги оценува жири-комисија, составена од претседател и два члена. При оценувањето на трудовите ќе се вреднуваат следните критериуми: изводливост и одржливост, економичност на решението, инвентивност во пристапот на обликување, понуда на растителни видови и нивна прилагоденост на локалните климатски услови, понуда на програмски содржини и компатибилност со општата намена на просторот, како и задоволување на сите прописи за движење на лицата со посебни потреби.
 
Проектите треба да се достават најдоцна до 30.10.2009 година, во просториите на Град Скопје, барака број 1.
 
За првонаградениот на конкурсот е обезбедена награда од 60.000 денари, второнаградениот ќе добие 30.000 денари, а третонаградениот 15.000 денари.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2829&mid=24&tabId=1&tabindex=0


Posted By: Max
Date Posted: 18-Sep-2009 at 03:23
Ова е за поздрав!!!

сепак Еден Парк Имаме и за тој ќе одат на тендер, па дајте им прво на студентите од земјоделски нека повежбаат прво на него, а после терајте со него елитизам!

Сигурно Паркови и Зеленило ќе го добијат тендерот, но се е можно кога политичари се во игра, добро во најмала рака тие ги предложуваат членовите на жири комисијата, но ова прашање бара далеку поголем пристап него тројца судии, за ова треба јавноста да гласа! еве начин како да се анимира граѓанинот во нешто позитивно! ова може требаше најпрво да направат анкета од самите посетители на паркот што се му недостасува и што се би можело да ги анимира луѓето да го посетуваат! бидејќи главен градски парк освен хортикултуни решенија, мора да има и нешто по свечена атмосфера како знамиња на влез или некоја кинетичка скулптура внатре... патем може и мора да се размислува за инвалидите, мора да се мисли и за децата, нои за останатите на начин секогаш да има на готовс и редарска и медицинска служба, за градинари и да не говорам, но ако го кренат нивото волку високо сигурно ќе треба да тераат и со видео надзор...

незнам но се ми се чини дека ова повиков се однесува за првиот дел од паркот од фонтана па до луна паркот!?!

јас би им порачал доколку не читаат да стават
  


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Sep-2009 at 01:24
СЕ ПОСТАВУВААТ СТОЛПЧИЊА НА ПОТЕГОТ ОД ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ДО БАРАКИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Stolbcinja%20vo%20Park%201.jpg"> Екипи на Градот Скопје деновиве поставуваат столпчиња на потегот од рампата пред Зоолошката градина до влезот во градските бараки. Досега се наместени 100 столпчиња, а вкупно се планира да се постават 160 столпчиња кои ќе оневозможат влез со автомобили на овој потег.
 
Работите во овој дел од Градскиот парк се очекува да завршат до крајот на оваа недела.
http://www.skopje.gov.mk/images/Image/Stolbcinja%20vo%20Park%202.jpg"> Столпчиња во наредниот период ќе се постават и на потегот од фонтаната „Лотосов цвет“ до хотелот „Канет“ со што ќе се затворат сите приоди во Градскиот парк за влез со моторни возила.
www.skopje.gov.mk


Posted By: Max
Date Posted: 19-Sep-2009 at 03:10

јас би им порачал доколку не читаат да стават: 

1. една голема ботаничка градина во продолжение на золошка т.е. зад расадникот на паркови и зеленило што е на илинденска и истата да се надоврзе на бонсаи градината на крајот од паркот... ова значи поозбилен потфат а не само некое краткорочно уредување на главниот градски парк, нешто што ќе го направи паркот далеку поатрактивен како појава и за нас скопјани но и за гостите

2.  камени фонтани околу езерцата исклучиво од раката на Алојз Стибел

 

. http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1799&stID=48 - http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1799&stID=48

. http://star.vest.com.mk/default.asp?id=116393&idg=6&idb=1757&rubrika=Kultura - http://star.vest.com.mk/default.asp?id=116393&idg=6&idb=1757&rubrika=Kultura

. http://www.culture.in.mk/story.asp?id=14231&rub= - http://www.culture.in.mk/story.asp?id=14231&rub=


3. Со оглед дека во околина се е некако спортски опкружен паркот, не е лошо или кај кајакарски клуб или кај бонсаи градината, да се подигне некоја привремена градба која би и се доделила на Шаховската Федерација на Македонија, и така немаат каде ни да тренираат ниту пак народ да анимираат но и така таквамирна активност би одговарала за средина како паркот а тематски би ги поврзала на некој начин стадионот и салата...!?!

да е уште по трагично федерацијата остана без свое официјално седиште па сега се шлепаат каде ќе стигнат http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2389&stID=29766&pdate=20040226 - http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2389&stID=29766&pdate=20040226 патем згаснаа и сајтовите иницирани од неа   http://www.maksah.org - www.maksah.org , http://www.chess.com.mk - www.chess.com.mk , http://www.online.chess.com.mk - www.online.chess.com.mk

а за да биде и иронично во Македонија есенва организираме Европскиот Клупски Куп -  http://www.a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=112801 - Во Македонија доаѓа Европската шаховската елита - 20.08.2009 http://www.a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=112801



Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Sep-2009 at 18:55


Идеиве ти се добро погоре или подоле. Од прва негативно изреагирав на идејата за ботаничка градина на потегот кој го предлагаш но кога се прерачунав бидејќи помислив дека се работи за пренамена на постоечки дел од градскиот парк. Но во право си на местото на стакларниците на паркови и зеленило одлично би дошло нешто вакво




Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Sep-2009 at 18:56
Објектот Езерце кој наводно ќе се рушеше. Мене ми делува дека само се чека на погоден момент да се доврши. На плацот се моткаа некакви мајстори и нешто чукаа. Незнам дали работе на доградба но сигурен сум дека не работеа на демонтажа на објектот.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Oct-2009 at 19:40

Паркот преживеа шест месеци без видливи оштетувања





 

Скопјани станаа посвесни дека одржувањето на уредените јавни површини е во нивна корист или поисплашени од Законот за јавна чистота, коментираат надлежните служби

 
 
%20  
Шарени цветови, зелена трева, уредени дрвца, здрави клупи и чисти и неоштетени патеки. Вака изгледа првиот дел од Градскиот парк веќе шест месеци, откако беше уреден, без да претрпи некои видливи оштетувања. За паркот и порано имало акции за разубавување, но позитивните ефекти од нив траеле и само неколку дена, а потоа од надлежните служби доаѓа информација дека „несовесни граѓани корнеле садници, кршеле клупи“ и слично.

Оваа состојба го изненади дури и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, чии работници подолг период работеа за да ги уредат новите алеи и цветни површини. Својот нов изглед паркот почна да го добива на 29 април, на роденденот на холандската кралица, кога беше отворен детскиот лавиринт и е подарок за градот од амбасадата на оваа земја. Во мај се преуреди целиот простор околу споменикот на Гоце Делчев, а веќе идниот месец се посипуваа патеките со бела ризла, се садеа нови дрвца, а на 3 септември се поплочи и платото пред познатата школка за да му се даде на паркот урбан лик. Кон средината на претходниот месец се поставуваа заштитни столпчиња за да се спречи влегувањето на моторните возила. Цело лето и добар дел од есента во паркот се собираа млади луѓе, но тој остана неоштетен. Тие седеа на патеките, а не како порано, на тревата, па не го оштетија ниту зеленилото.

- Порано сме собирале и по еден тон ѓубре од Градскиот парк. Цвеќињата ни издржуваа најмногу една недела. Мошне пријатно сме изненадени дека има позитивна промена на ова поле. Мислиме дека за тоа најмногу помогнаа одредбите во Законот за јавна чистота, како и редовните патроли со кои се казнува несоодветното однесување во паркот. Можеби и граѓаните конечно се сетија дека не треба да ги чуваат само своите лични работи, туку и заедничките, но сепак Законот конечно си го направи своето - вели Елизабета Георгиевска, портпаролката на „Паркови и зеленило“.

%20


Градските власти, пак, сметаат дека нивните иницијативи за сé поголемо уредување и разубавување на паркот влијаеле на свеста кај граѓаните за тие повеќе да го сакаат ова место и многу помалку да го оштетуваат. Оттаму додаваат дека се распишуваат и нови конкурси за да се уреди што поголем простор во Градскиот парк.

- Со последниот конкурс што го распишавме пред речиси еден месец сакаме да собереме што е можно повеќе идеи за да направиме нешто убаво и интересно на потегот кај градските бараки. Очекуваме овие проекти да бидат успешни, затоа што граѓаните се свесни дека уредувањето на Градскиот парк е направено за тие да имаат каде да се одморат и да ги прошетаат своите деца - истакнува Неделчо Крстевски, портпаролот на градот.




Има и други градски „оази“

Градскиот парк е најдобар, но не и единствен пример за место што не било оштетено невообичаено долго време откако локалните власти го уредиле. И паркчето кај Спомен-домот на Мајка Тереза изгледа како штотуку да било направено. Такво е и игралиштето во близината на Домот на АРМ, а и клупите и кантите за отпадоци што општината Центар ги постави кај зградата на Македонската опера и балет сé уште се сосема нови. Летово и општината Аеродром отвори неколку детски игралишта, од кои едно има и видеонадзор. И тие останаа неоштетени до денес.

- Се трудиме да направиме што повеќе за најмладите во нашата општина. Аеродромци се свесни дека тие објекти се изградени за нивните деца и затоа ги чуваат како свои. Секако дека и законските одредби имаат свое влијание за зачувувањето на овие места - велат општинарите од Аеродром.
 
   
Автор: Александра Денковска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102691016411&id=14&prilog=0&setIzdanie=21820


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Dec-2009 at 02:46

Ново идејно решение за Градски парк

Градските власти се' уште немаат терк по кој партерно и хортикултурно би го подновиле Градскиот парк. Иако на јавниот повик за идејно решение на Паркот пристигнала една понуда, сепак, таа не ги исполнувала бараните критериуми. Од Градот информираат дека од тие причини јавниот повик наскоро ќе биде повторен. Во меѓувреме, надлежната комисија се' уште ги разгледува понудите за идејно обликовно решение за оградата и илуминацијата на мостовите „Гоце Делчев“ и „8 Септември“. Иако помина речиси еден месец од крајниот рок за доставување на понудите, надлежните се' уште не донесле конечна одлука дали и по кое решение ќе се изведуваат планираните активности.

„Наскоро очекуваме надлежната комисија да донесе конечна одлука, доставената документација се проверува“, вели Неделчо Крстевски од кабинетот на скопскиот градоначалник.

На јавниот повик за избор на идејно обликовно решение за мостовите беа заинтересирани петмина автори, од кои двајца доставија понуди за мостот „Гоце Делчев“, а за другиот мост имаше три понуди. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=18459B4433DD034794EFD6FC22DFA2C6


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Jan-2010 at 15:19
ИНТЕРЕСЕН ПРОЕКТ ЗАБОРАВЕН НА ХАРТИЈА
Место со базени и читална, паркот остана само со трева

Роза Петкова

Три големи езера, цветно остров, базени за капење кои би биле имитација на некогашната руска плажа покрај Вардар, кула за набљудување, летна сцена над вода се само дел од содржините предвидени за Градскиот парк, кои се наоѓаат заборавени на хартија. Ниту една градска гарнитуре не се зафати во целост да го реализира главниот проект за единствениот парк во градот, кој се протега на површина преку 50 хектари. Скопјани го знаат само по неколку препознатливи точки како споменикот на Гоце Делчев, фонтаната „Лотосов цвет“ или забавниот дел за деца, а ретко кој слушнал дека во него се предвидувало изградба и на јапонска градина, изложбен павилјон и летна читалница со стреа. Според главниот проект, кој се наоѓа во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, влезот во паркот се планирал спроти гимназијата „Орце Николов“, каде што се наоѓаат тениските игралишта.
- Предвидено е едно помпезно влегување, со две нови огромни алеи, ново езеро и барокни столбови со релјеф, на кои ќе бидат исцртани содржините во паркот. Оттаму би се влегувало во поновиот или во вториот дел од паркот, каде што требаше да има монтажна библиотека, од која граѓаните би земале книги и ќе можат да ги читаат во природа, седнати на клупа. Потоа кула за набљудување со ресторан и со три отворени базени со чиста вода, веднаш до кејот на Вардар, што ќе служат за капење - објаснува Слободанка Стефановска, дипломиран инженер по хортикултура, вработена во „Паркови и зеленило“. Од планот може да се види дека на просторот пред седиштето на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ се планирал расадник со декоративни растенија. Пред влезот би имало паркинг простор и продавници, а на самиот почеток скулптура која симболизира одмор, потоа цветен партер со фонтана, големо езеро, цветен остров, управна зграда на паркот, завод за рибарство, изложбен павилјон и уште една голема фонтана. Се предвидувало и детско игралиште, мини голф терен, игралишта за тенис, кошарка, одбојка, пристаниште за чамци, ЗОО - градина за птици, летна сцена со бина над вода, јапонска градина, парк на скулптури и неколку алеи на липи, магнолии, платани.
- Во овој дел од паркот се изградија само инфраструктурата, патеките и езерцата. Нема санитарни јазли, освен еден кој треба да опслужува околу 50 хектари, а и тој е руиниран - вели Стефановска. И во првиот дел од паркот не се реализирани сите предвидени содржини. Направена е само фонтаната зад „Кермес“, која е во барокен стил, додека на местото каде што се стави лавиринтот од жива ограда требало да има езеро и на него да стои Кермес. Планирани биле и камерна сцена и тоа на местото на импровизираната сцена-школка, а на бараките на градското собрание е зацртан само простор за паркирање, без објект. И езерцето до ресторанот „Езерце“ требало да биде паркиралиште.
- Основниот главен проект е изработен во 70 - тите, тој е сериозно разработен, зафаќа 17 папки, има и печат со урбанистичка дозвола од Градот, како да се работи за објект. Може да се направи ревизија на решенијата предвидени во него, но и да се ставаат музички желби, на кој како ќе му текне. Тоа се случи со „Кинескиот ѕид“, кој се изгради на местото каде што порано се наоѓаше меѓународен автокамп, кој се уште се обележува на истата локација во некои карти - додава инжинерката од „Паркови и зеленило“.

Скопје требало да има три парка


Во ГУП од 1974 година во Скопје се предвидувале уште два парка, покрај постојниот. Едниот требало да биде на просторот покрај Вардар, во делот кај Нова железничка, каде што сега се наоѓа населбата Острово, а другиот да се протега покрај Вардар кон Карпош, во делот каде што сега се хотелот „Александар палас“, салата „Борис Трајковски“ и базенот „Младост“.
- Овој град не заслужува само еден парк. Намерно се предвидуваше новите паркови да бидат покрај Вардар за да не се дозволат градби во близина на реката и да се зачува провевот што доаѓа оттаму и го разладува градот во летните месеци. Во важечкиот ГУП од 2002 година ги нема овие локации затоа што зеленилото не се третира како дејност, туку придружно е вклучено под намената спорт и рекреација – смета Стефановска.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1913&ArticleID=130920


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Jan-2010 at 18:21
Од прво читање идејата е добра, но делот
и со три отворени базени со чиста вода, веднаш до кејот на Вардар, што ќе служат за капење

никако не ми се допаѓа, бидејќи од искуство знаеме во што ќе се претворат подоцна тие простори:
- Високи огради
- Покривни платна, потоа тврди кровови од „шанкови“
- Крпеници од сопственици-наемници.
- Диско клубови ...
- И на крај ќе отиде во ругоба на паркот


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jan-2010 at 16:46

Се сечат старите стебла во Градски парк

Градските власти вчера ја продолжија акцијата за сечење и поткастрување на старите и заболени дрвја во Градскиот парк. Од Градот информираат дека со оваа активност ќе се уредат 230 стебла, кои со својата физиолошка старост го деградираат ликот на паркот и претставуваат опасност за минувачите.

Во текот на вчерашниот ден беа поткастрени или исечени 70 стебла во првиот дел од паркот, по што активностите ќе се префрлат во вториот дел. За уредување на стеблата беше употребена и новата платформа за поткастрување и сечење дрвја, која Град Скопје ја набави за потребите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

- Пред почнувањето на оваа активност извршен е комплетен преглед на физиолошката состојба на стеблата и обележани се сите дрвја што се опфатени со акцијата за уредување. Град Скопје и јавното претпријатие постојано ќе ја следат состојбата на дрворедите и уредувањето ќе претставува секојдневна програмска активност на „Паркови и зеленило“ - велат во Градот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Feb-2010 at 22:08
Три идејни решенија за Градскиот парк


На конкурсот за избор на идејно решение за испратено и хортикултурно уредување на Градскиот парк првото место му припадна на конкурсниот труд под шифра „ПОЕМА“, второто на шифрата „СПАРКИ“, а додека третото на трудот „СТРИ 7“

- Во моментов не можеме да ги соопштиме имињата на добитниците на наградите, затоа што прво ние треба да исконтактираме со нив. Исто така, сé уште не сме решиле дали паркот ќе се уредува според првонаградениот проект или ќе се направи микс од трите наградени решенија, а плус може и да се додаде некој друг елемент. Со овој конкурс сакавме да видиме како архитектите гледаат на паркот, односно нивните размисли за ново уредување и оградување на оваа зелена оаза - ни изјавија од Градската управа.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=220101011405&id=14&prilog=0&setIzdanie=21915


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 21-Feb-2010 at 00:06
ako ne drugo,vetuva imeto na prvonagradeniot trud POEMA

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: micko_v
Date Posted: 21-Feb-2010 at 16:54
Не ми е јасна изјавата на овие од градската управа, „ќе правеле микс„. Па зарем е тоа практика некаде во светот, ми изгледа непочитување на трудовите; тоа е како да земеш три слики и скулптури и да ги исечеш за да направиш нешто „подобро„. Се поставуваат во супериорна улога во однос на архитектите и уметниците, па ќе миксале нешто...го имам слушнато и во други наврати, кога се работеше за градската куќа/офицерски.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Mar-2010 at 01:21
Во недела, по повод „Денови на пролетта-денови на екологијата“, Град Скопје организира голема акција за чистење и засадување садници во Градскиот парк.



Градоначалникот Коце Трајановски во недела, во 11 часот, во вториот дел на Градскот парк, во близина на Луна паркот ќе им додели по 10 садници на месните заедници, како дел од традиционалната акција на Град Скопје за доделување 4.000 садници.

Во акцијата е планирано и засадување на 200 садници во вториот дел на Градскиот парк и чистење на ролерско-велосипедската и пешачка патека покрај кејот на Вардар, од хотелот „Александар Палас“ до зградата на Владата.



Во акцијата, покрај екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“ се очекува активно да се вклучат и скопските градоначалници, Советот на Град Скопје и претставници на невладини организации.


http://www.informator.ws/vesti-skopje/12069-2010-03-19-10-59-12.html - http://www.informator.ws/vesti-skopje/12069-2010-03-19-10-59-12.html

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Mar-2010 at 15:30
СЕ ПОКРИВА ВОДОСНАБДИТЕЛНИОТ КАНАЛ ЗА ЕЗЕРЦАТА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Екипи на Градот Скопје деновиве работат на покривање и подобрување на функционалноста на водоснабдителниот канал за езерцата во Градскиот парк. Каналот што ги снабдува со вода езерцата во Градскиот парк ќе се покрива на должина од 1 000 метри, а во него ќе се постави цевка со Ф 1 000 милиметри. Досега се поставени цевки во должина од околу 500 метри, а каналот се очекува целосно да се покрие за два месеца.

За реализацијата на овој проект ќе се издвојат 15 милиони денари, целосно обезбедени од Буџетот на Град Скопје. На терен работат екипите на „Енергомонт“, а градежните работи почнаа кај хотелот „Александар Палас“ во насока кон Влае. Ова е првата фаза од проектот за комплетно уредување на каналот што ги снабдува со вода езерцата во Градскиот парк, а ќе следува изградба на филтер-станица што ќе овозможи пречистување на постојната вода и влевање чиста вода во езерцата.

Езерцата во Градскиот парк сега се снабдуваат со вода преку отворен канал којшто често се затрупува со ѓубре. Со покривањето на каналот ќе се сведат на минимум средствата што се трошат за негово чистење и одржување.







www.skopje.gov.mk


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 03-May-2010 at 20:15
Се обновува насипот на езерцето во градски парк.



Обновен помошниот објект во паркот.



Свежо офарбани сите мостови.



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: axel
Date Posted: 05-May-2010 at 18:27
СЕ БЕТОНИРА ДНОТО НА ЕЗЕРЦЕТО ВО ПРВИОТ ДЕЛ НА ГРАДСКИОТ ПАРК

http://www.skopje.gov.mk/userfiles/image/Secenje%20na%20drva/Betoniranje%20na%20Ezero%20-%201.jpg"> Во рамките на активностите на Градот Скопје за уредување и одржување на Градскиот парк  почна санацијата на езерцето во првиот дел на паркот.

По машинското и рачното чистење на коритата на каналите и на дното на езерото од талог и кал, ќе се изврши тампонирање со камена дробина и валирање на истата, а по поставувањето на изолација ќе почне бетонирањето на околу 3 000 квадратни метри.

http://www.skopje.gov.mk/userfiles/image/Secenje%20na%20drva/Betoniranje%20na%20Ezero%20-%202.jpg"> Со бетонирањето на дното ќе се спречи еродирањето на земјиштето и на камените коси површини, што е причина за  одлевањето на водата и полнењето на езерцето со земја, односно ќе се  одржи квалитетот на протечните води.

Градот Скопје како инвеститор на овој градежен  зафат од својот буџет издвои 3 820 604 денари, а рокот за изведба е 30 дена.

http://www.skopje.gov.mk/userfiles/image/Secenje%20na%20drva/Betoniranje%20na%20Ezero%20-%204.jpg"> По завршувањето на бетонирањето на езерцето, Градоначалникот на Град Скопје ќе побара од Зоолошката градина да го збогатат амбиентот на езерцето со соодвет животински свет.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3327&mid=24&tabId=&tabindex=0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-May-2010 at 13:11
Езерцето....

01.


02.


03.




Print Page | Close Window