Print Page | Close Window

Именување на улици и објекти

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=370
Printed Date: 18-Apr-2024 at 23:59


Topic: Именување на улици и објекти
Posted By: lslcrew
Subject: Именување на улици и објекти
Date Posted: 20-Aug-2008 at 01:26

ПО 17 ГОДИНИ ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

Градот конечно официјално ќе ги крсти улиците

За две години пристигнаа околу 7.000 предлози за измена на имињата на 700 улици, вели Иван Катарџиев, претседателот на Комисијата за именување улици

Во наредниот месец, по 17 години, улиците во Скопје ќе добијат официјални имиња. Комисијата за именување улици во рамките на Град Скопје ќе го достави на усвојување пречистениот список со улици на Советот на град Скопје. Откако градскиот совет ќе го прифати предлогот, во регистарот ќе бидат официјално запишани новите имињата на улиците.Од Градот објаснуваат дека многу од нив биле сменети во 1996 година со Одлука на Советот, но дека таа паднала на Уставен суд поради неусогласеност со законот. Оттогаш, во градот владее хаос со имињата на улиците.Некои граѓани ги знаат улиците по новите имиња, а други по старите. Особено деликатно е за странците, имајќи предвид дека на мапите се испечатени нови имиња, а по улиците се останати стари табли. Како пример може да се посочи булеварот Октомвриска револуција во Карпош 3, кој е преименуван во 8 Септември, а никаде не го пишува тоа. Или улицата Иво Лола Рибар, која по ново се вика Теодосиј Гологанов.

МЕНУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ КАРТИ

Претседателот на Комисијата, Иван Катарџиев, вели дека од распишувањето на конкурсот, пред две години, досега стасале околу 7.000 предлози за измена на околу 700 улици.Работата на Комисијата е завршена. Останува конечната предлог-верзија да ја доставиме до Советот кон средината на септември, а потоа тие да одлучат дали ќе ја прифатат или отфрлат. Ако прифатат, одлуката мора да се достави до Владата, а потоа повторно да се врати во Советот на град Скопје. Ние имавме макотрпна работа. Односно имаше предлози, од кои некои можеби се во ред, но не беа прифатливи од историски, културолошки и други причини - вели Катарџиев.Тој рече дека ако Комисијата не успее до октомври годинава да ги заврши сите активности за оваа предлог-одлука, измената на имињата на улиците ќе остане за наредната градска гарнитура. Тоа е затоа што шест месеци пред избори не смее да се преземаат какви било активности што имаат политичка ознака.По изгласувањето на одлуката, на градската власт, но и на граѓаните ќе им се отвори многу работа. Ќе следува поставување табли на објекти низ Скопје со новите имиња, а некои граѓани ќе мора да ги менуваат личните карти.

ЛИСТАТА СО ПРЕДЛОЗИ ПРОЧИСТЕНА

Од Градот објаснуваат како течела процедурата за систематизација на имињата од предлозите доставени од граѓани и правни лица. Најпрво Комисијата побарала од Секторот за комунални работи на Град Скопје да изврши систематизација на предлозите по азбучен ред, врз основа на тоа дали се поднесени од физички или од правни лица. Редоследот се правел и врз основа на областа на која се однесуваат, односно дали се предлози од областа на историјата, културата, уметноста и друго. Потоа било побарано да се достават мислења од релевантни научни и образовни институции по основа на пристигнатите предлозите.

- Беа испратени листи со пристигнатите предлози до соодветните институции - институти и факултети, во зависност од која област се предложените имиња. Мислењата и' беа предадени на Комисијата. Потоа беше побарано да се достават листи со неименувани улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, одделно по општини. Секторите во Градот направија листи со неименуваните инфраструктурни објекти, како и листи со постојните имиња на улиците, мостовите и на плоштадите во општините. Бараните листи беа доставени со мапа на сите мостови, надвозници и подвозници во градот - велат во Градот.На последниот состанок во минатиот месец, одржан меѓу претставници на Секторот за комунални дејности и Комисијата за именување, било побарано Секторот да ја прочисти листата со предлози, односно таму каде што ист предлог се појавува неколкупати да се стави во листата само еднаш.

Јорданка Ивановска


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8CD1648C7EEC2C4D86CADFED6D39FC77



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Aug-2008 at 21:09
КОМИСИЈАТА ЗА ИМЕНУВАЊЕ УЛИЦИ ВО СОВЕТОТ НА ГРАДОТ ЌЕ ОДЛУЧИ ДО 15 СЕПТЕМВРИ
Џорџ Буш и Бил Клинтон ќе добијат улица во Скопје
До Комисијата за именување улици во Советот на Скопје стигнале околу 2.000 предлози за преименување на веќе крстените улици, како и за именување на оние што досега немаа име

Комисијата за именување улици во Советот на Градот добила околу 2.000 предлози за промена на имињата на улиците во Скопје, како и за именување на оние улици што сега немаат име туку само технички број. Иван Катарџиев, претседател на Комисијата за иаменување улици, вели дека до средината на следниот месец Комисијата треба да одржи седница на која ќе се изјасни по предлозите и ќе состави конечна предлог листа која ќе ја даде на разгледување во Советот на Скопје.
"Што и како ќе одлучиме не знам, бидејќи има многу деликатни предлози, како што е барањето да се преименуваат улиците Цветан Димов и Крсте Петков Мисирков во Чаир и да носат имиња на некои турски паши. Исто така проблематично е барањето некои улици да добијат имиња на нашите бранители, бидејќи ако го прифатиме ова барање, ќе мора да прифатиме и некои улици да ги носат имињата на борците на ОНА. Општина Чаир достави предлог за преименување на 140 улици, додека пак за Центар нема многу предлози. Имињата на некои улици се веќе надживеани и оправдано е тие да се променат, други пак воопшто немаат име", вели Катарџиев.
Меѓу овие предлози се и оние своја улица во Скопје да добијат поранешниот и сегашниот претседател на САД, односно Бил Клинтон и Џорџ Буш. Катарџиев вели дека овие предлози Комисијата најверојатно ќе ги прифати, иако има градска одлука улиците да не се именуваат по живи луѓе.
"Кога се работи за политичари кои бил благонаклони кон нашата земја и помогнале во нејзина афирмација и развој, не би требало да има проблем Буш и Клинтон да добијат своја улица", вели Катарџиев.
Тој објасни дека откако Советот ќе одлучи по пртедлог листата, таа се дава во Владата на усвојување, а потоа повторно се враќа во Советот на Скопје. Катарџиев рече дека не може да каж е дали годинава конечно ќе заврши постапката за преименување на улиците во Скопје, бидејќи шест месеци пред избори не може да се носат вакви одлуки.
"Следната година на пролет ќе имаме локални избори и согласно законското ограничување Комисијата ќе може да работи некаде до 20 октомври. Дотогаш комисијата ќе достави предлог листа до Советот на Скопје, но дали Советот ќе побрза да ја стави листата на дневен ред, не можам да кажам", вели Катарџиев.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156301&idg=8&idb=2462&rubrika=Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Aug-2008 at 21:18
Исто така проблематично е барањето некои улици да добијат имиња на нашите бранители, бидејќи ако го прифатиме ова барање, ќе мора да прифатиме и некои улици да ги носат имињата на борците на ОНА.


Свесен сум дека форумов налага дистанцирање од политика, но ова го гледам како проблем на градот па затоа и ќе си дозволам на кратко да се осврнам на проблемот без искажување на личен став!.

Не гледам проблем улици да носат имиња по македонски бранители. Не треба да се прави некој кантар со борците на ОНА. Како што ни е познато на сите во наредниот период треба да се донесе закон за оваа група на луѓе позната како "борци на ОНА", па во тој закон треба да бидат содржани сите вакви работи. Дали ќе има пензии или не. Дали ќе може да се крстат улици и инфраструктурни објекти или не. Со еден збор нивните права и обврски ќе се преточат во закон и ќе нема повеќе на своја рака да се превземаат потези. (иако се сомневам). Значи сега слободно може да се крстат улици по македонски бранители, ама нормално нема Дижонска да ја прекртат во "Брат Љубе". Треба во предвид да се има и демографската структура на градот. А за борците на ОНА ќе треба да се почека законот па ќе видиме дали и тие ќе се "удостојат" со ваквото право на именување улици по нив, или не! Нема да завземам став како треба да гласи законот, пошто сепак форумов не треба да служи за искажување лични политички ставови. Само сакав да се осврнам како тоа би требало да се реши на најлесен начин, без предизвикување непотребни доплнителни проблеми.

Меѓу овие предлози се и оние своја улица во Скопје да добијат поранешниот и сегашниот претседател на САД, односно Бил Клинтон и Џорџ Буш.


Неможам да заклучам на кој начин се јакне нашата меѓународна позиција. Подобро ќе биде да се тргнат сите имиња на странски политичари и револуционери*, одколку да се додаваат нови. Имаме сеуште улица "Чегевара" - јужноамерикански револуционер, "Хо Ши Мин" - виетнамски политичар, луѓе кои се косат со америчката политика. Како и да е.......Crazy у секој случај!

* вклучувајќи ги и оние од СФРЈ кои немале директен удел за Македонија, а многу се такви.


Ако постов не е во согласност со основните начела на форумот ќе го повлечам, но сметам дека е во согласност.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Sep-2008 at 22:03

ПО 15 СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ ЗНААТ НОВИТЕ НАЗИВИ НА ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ОБЈЕКТИ


Во Чаир ново име за секоја втора улица?!


Општина Чаир до Градот поднесе најмногу, дури 140 предлози за преименување на улиците. Најмалку барања има од Општина Центар. Голем дел од предлозите се од верски карактер, или пак се бара именување според историските личности.Надлежните велат дека нема да се дозволат конфронтации од политички или верски карактер


Општина Чаир до секторот за комунални работи поднесе најмногу, дури 140 предлози за преименување на улиците, додека жителите на Центар сметаат дека и нема поголема потреба од нови имиња на сообраќајници и други инфраструктурни објекти на нејзина територија. Во изминатите месеци е извршена систематизација на пристигнатите предлози, околу 2000 на број, а веќе кон средината на септември комисијата при советот на Град Скопје ќе одлучува кои од нив ќе бидат прифатени, а кои не.

- Имаме многу предлози од верски карактер. Иако ова се случува во сите делови на градот, посебно е застапено во Чаир каде се бара преименување на голем број улици и населби според имињата на џамии, борци на т.н. ОНА, или на личности од албанското минато. Има и барање за преименување на улици како што се Цветан Димов и Крсте Мисирков во име на бегови и паши од турската историја. Се бараат и нови имиња за месни заедници, за што би требало да се изјаснат самите жители. Секако има и барања за именување на улиците по македонските бранители, или пак, се бара целата населба кон Чаир да се преименува во Св. Богородица, вели Иван Катарџиев, претседател на комисијата за именување на улиците. Тој потенцира дека во Скопје има неколку стотини улици кои воопшто немаат име, туку се заведени под број, или пак улици како што е Сталинградска кои ги надживеало времето. Има и граѓани кои ја потенцираат потребата од поставување на имиња според големината и важноста на објектите.

-Во Кисела Вода една уличка го носи името на Крсте Мисирков. Неприкладно е мала сервисна уличка од неколку метри да носи име на личноста која е од огромно значење за македонскиот идентитет, смета жител на Кисела Вода.

Катарџиев, пак, напоменува дека сите барања ќе бидат внимателно разгледани, при што нема да се дозволат конфронтации од политички или верски карактер. По разгледувањето на предлозите, листата ќе биде доставена до Владата, а ако биде одобрена таа ќе оди на усвојување пред градските советници. Според надлежните во Градот, последната измена била извршена 1996 година кога биле преименувани 34 улици, 7 булевари и 4 плоштади. Мостот "Октомвриска револуција" е преименуван во "8 Септември", а населбата Синѓелиќ во Методија Андонов-Ченто. Оттогаш е и името на плоштадот Македонија, кое претходно било Маршал Тито. Булеварот АВНОЈ тогаш е преименуван во АСНОМ, "Едвард Кардељ" во "Александар Македонски", а ЈНА во "Свети Климент Охридски". Нови имиња добија и булеварот Југославија, кој сега е "Никола Карев", а булеварот "Маркс и Енгелс" стана ВМРО.


http://vecer.com.mk/?ItemID=3FAF41E5660C734A809F9071FD16B186


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Oct-2008 at 11:24
ПРЕКРСТУВАЊЕТО ЌЕ ОСТАНЕ ЗА СЛЕДНИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА ГРАДОТ
Љуботенски пат да стане улица Света Богородица
Законот за избори и Законот за локална самоуправа забрануваат шест месеци пред избори да се носат крупни одлуки, во кои спаѓа и преименувањето на улиците

Преименувањето на скопските улици ќе остане задача за новиот состав на Градското собрание, по локалните избори во март следната година. Комисијата за именување улици во Советот на Градот донесла ваква одлука на последната седница одржана на 23-ти минатиот месец. Иван Катарџиев, претседател на Комисијата за именување улици, вели дека на седницата требале да одлучуваат по конечната листа од предлози за изменување на имињата на сообраќајниците во Скопје и за именување на оние што немаат име, туку само технички број, но дека по сугестија од правната служба на Градот оваа точка била симната од дневен ред. Тој објаснува дека до Комисијата стигнале над 1.000 предлози за промена на имињата на улиците или за именување на безимените и дека од овие, околу 670 предлози биле ставени на листата за која требале да расправаат, а потоа да ја достават на одобрување во Советот на Градот и во Владата.
"Листата со предлози беше ставена на дневен ред, но по укажувањето од правната служба дека според Законот за избори и Законот за локална самоуправа шест месеци пред избори не може да се носат вакви крупни политички одлуки, решивме да ја замрзнеме активноста на Комисијата и оваа задача да остане за следниот состав на Советот", вели Катарџиев.
Комисијата за именување улици ја води постапката за преименување на скопските улици околу две години и не може да донесе одлука, бидејќи годинава имавме и парламентарни избори.
"Имаше предлози да има улица Бистра во Скопје или, на пример, улица Смрека. Жителите од Љуботенски пат побараа нивната улица да се преименува во улица Света Богородица, што како предлог не беше оспорен од никој и тој се најде на листата. Имаше предлози некои улици да добијат имиња на загинатите бранители од 2001 година и на борците од ОНА. Според мене, не требаше да поминат на листата, бидејќи последиците од конфликтот се уште се свежи и може да предизвикаат нови политички превирања", вели Катарџиев. (Е.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157863&idg=8&idb=2491&rubrika=Skopje




Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Oct-2008 at 18:07

Процедурата за преименување на улиците ќе мирува до изборите

Законски е недозволиво шест месеци пред избори да се менуваат имиња на инфраструктурни објекти

Сања Наумовска


Булеварот „Никола Карев“, или популарната пластичарска улица нема да стане „Бил Клинтон“, ниту пак „Цветан Димов“ ќе се прекрсти во „Адем Јашари“. „Пере Тошев“ нема да биде „Дарданија“, а „Славеј Планина“ и „Ресенска“ нема да се преименуваат во „Истанбул“, односно „Тургут Озал“. Речиси 7.000 предлози за измена на имињата на 700 улици во сите десет скопски општини, собирани близу три години, ќе почекаат да поминат локалните избори.

До изборите нема да се менуваат ниту имињата на плоштадите, парковите и мостовите во главниот град. Процедурата, која требаше да финишира со изјаснување на советниците од Советот на Градот по предлозите на граѓаните, ќе биде прекината. Причина е одредбата во Законот за локална самоуправа која вели дека шест месеци пред избори не се преземаат активности за измена на имиња на инфраструктурни објекти.

Според Иван Катарџиев, претседател на Комисијата за именувања во Градот, по најавата дека овој месец дефинитивно предлозите ќе се претстават пред Советот, Секторот за правни работи ги информирал дека процедурата мора да мирува до изборите. Ќе ја продолжи новата комисија и ќе ја гласа новиот состав на Советот на Град Скопје. Сепак, вели Катарџиев, Комисијата и Советот тогаш можат да одлучат да отворат и нов повик за собирање предлози, со што постапката ќе почне од почеток. Катарџиев вели дека не е задоволен од одѕивот на граѓаните и институциите, а особено од квалитетот на предложените измени, од кои дел не биле прифатливи од историски, културолошки и други причини.

Инаку, во Скопје десетина години голем број улици имаат двојни имиња, што внесува забуна кај граѓаните. Така, булеварот „8 Септември“ се' уште официјално е „Октомвриска револуција“, „Климент Охридски“ е ,всушност, ЈНА, „Теодосиј Гологанов“ и натаму е „Иво Рибар Лола“, а атрактивната улица „Македонија“ во центарот на градот официјално е всушност „Маршал Тито“. Исто така, и плоштадот „Македонија“ се' уште е „Маршал Тито“, иако веќе долго време никој не го употребува тоа име. Постојат и улици кои носат имиња на градови кои одамна се преименувани, како на пример улицата „Ленинградска“ во центарот на Скопје, иако Ленинград веќе неколку години го има своето оригинално име Санкт Петербург.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4FA897ECA2D90D47A7A0415612BFA6AF




Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Dec-2008 at 01:34
Тодор Александров и Ванчо Михајлов се селат на Бихаќка?!


Според законските одредби преименувањето не е дозволено на шест месеци пред локалните избори. Во СДСМ се без одговор дали би се согласиле улицата на која се нивната централа да се именува по личност блиска до идеологијата на ВМРО


Тодор Александров и Вачно Михајлов се дел од предлозите на граѓаните и советниците од градското собрание доставени до Комисијата за изменување на имињата на улици, мостови и други инфраструктурни објекти во Град Скопје и кои по локалните избори во март ќе се разгледуваат како алтернатива за улиците, кои во моментов носат имиња на личности или историски настани од минатото кои не се директно поврзани со македонската историја. Меѓу улиците за кои се подготвува ново име е и "Бихаќка" на која се наоѓа седиштето на најголемата опозициска партија СДСМ.

Дел од советниците од владачките партии велат дека по локалните избори идната година имаат намера да го истуркаат овој проект, бидејќи според законот се спречени тоа да го направат во моментов, на шест месеци пред изборите. Како директен кочничар на процесот го посочуваат претседателот на комисијата Иван Катарџиев.
-Да не беше тој претседател на комисијата можеби досега ќе се изнајдеше решение. На секоја седница на комисијата само се читаат предлозите и се утврдува дали има некој нов предлог. Постојат законски пречки ова да се реализира пред локалните избори. На адреса на Град Скопје пристигнаа и предлози како Гоце Делчев и Никола Карев, а интересно е и тоа што повеќето граѓани кои доставиле свои предлози барале и враќање на старото име на улицата "Македонија", која порано го носеше името "Маршал Тито". Се надеваме дека по изборите во март ќе изнајдеме предлози за кои сите ќе бидеме согласни, велат дел од советниците. Во СДСМ пак вчера одговорија дека не се запознаени со оваа идеја и сметаат дека токму предлозите за Александров и Михајлов доаѓаат од нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ, а не од граѓаните. Социјал-демократите засега се без коментар дали би се согласиле улицата на која се наоѓа нивната централа да носи некое од овие имиња.

Претседателот на комисијата Иван Катарџиев вели дека за ова прашање ќе расправа новиот состав на Советот на Град Скопје. -Ова прашање треба да мирува шест месеци пред локалните избори. Сметам дека народот нема време да се занимава со вакви работи. Тоа ќе биде задача на новиот Совет, вели Катарџиев.

http://vecer.com.mk/?ItemID=23D55665F31A4D41927FC786210510F0




Posted By: BOJAN
Date Posted: 06-Dec-2008 at 02:04
Јас велам да не ми го рчкаат мојот драг булевар Маркс и Енгелс, да ги остават на мира пошо баш се актуелни овие месеци на криза на капитализмотBig%20smileLaughNuts!
Се согласувам дека дел од имињата треба да се променат, посебно на оние револуционери од бившите братски републики, АМА ТОА ДА НЕ ОДИ ПО ПАРТИСКА ЛИНИЈА. Еве на пример Гемиџиите нека имаат булевар. Исто така можеме да крстиме некои булевари и улици по познати светски пејачи или групи, со што би привлекле внимание и туристи. Еве на пример улица БОБ МАРЛИ со еден споменик би ни довел светска славаBow! Ова не важи за ЏОРЏ БУШ и КЛИНТОН дефинитивно.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Dec-2008 at 02:18
Нормално дека не треба да иде по партиски линија. Ова прашање е можеби за нијанска политичко одколку урбано. Се слагам од потребата улица да добијат гемиџиите и сличните дејци. Сепак без ралика на различните ставови, и "југословенското ропство"* е дел од нашата историја и не треба да го негираме параноично. Треба и тој период да си добие улици. Не гледам воопшто проблем доколку во Скопје има улица Тито. Сепак тоа е наша историја, може би заедничка со некој околу нас, но пак е наша историја. Исто така треба големината на личноста да соодветствува со големината на улицата.

Бојан се слагам дека треба да имаме и улици како "Боб Марли", "Бугарски пасош", "Криминална Транзиција", "Улица ФИРОМ", термини кои ја обележале најнова историја. Таквите имиња, помалку комични, се некако поблиски до народот пошто сепак е дел од нивниот живот и го имаат видено со свои очи. Ни треба по некое вакво име, ем за промоција на градов, ем онака чисто ради скеч.

Но да не заборавиме и имиња како "Итар Пејо","Али Баба и 40 разбојници". А нормално треба да се најде место и за "Ѓорѓи Колозов" (мојот фаворит-царот) итн....

*Се мисли на егзистенцијално-економскиот аспект.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 06-Dec-2008 at 04:26
a moze i grujo ke krsti edna ulica po nego,i brane itn.sekoe lice od parlamentot po edna ul.za da ne se raspravaat koja kako da se vikaBig%20smileBig%20smileBig%20smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Dec-2008 at 23:03
Nuts Јас ќе се прекрстам сам во Филип или Александар бидејќи очигледно се и секој во оваа земја ќе се вика така во блиска иднина....

Избрани имиња на спортските објекти


Најголемиот спортски објект во земјава, Градскиот Стадион во Скопје да се преименува во Арена-Филип Втори Македонски. Ваква одлука донел претходниот состав на Владата во јули годинава кога била одобрена и обновата на стадионот. Градскиот стадион е изграден во 1947 година. Во тек е обновата на северната трибина, по што ќе следува и реконструкција на останатите две трибини, источната и западната.

Истиот ден Владата донела одлука за именување и на автопатот од Табановце до Гевгелија во Александар Македонски, а името на Филип Втори ќе го носи и новоизградениот аеродром во Штип.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BF8801930BF6C344B62A5418CCC2853D


Posted By: zabegan
Date Posted: 28-Dec-2008 at 23:36
а пази го ова, ќе се вика Филип втори а внатре ќе има статуи од александар LOL Crazy




Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Dec-2008 at 23:52
Апел до владата да престане да си игра Disneyland!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2008 at 23:54
Ништо ново... Наместо да се замислат и да видат дали можеби треба нешто да корегираат во ваквиот нивен пристап, кога ќе наидат на критика по правило тераат понатака со уште поголема мотивација. Баш добар и зрел пристап...
Nuts


Веќе не е проблем само оваа „античка офанзива“, туку и тоталната неприкладност во тоа каде ја применуваат.
Каде на друго место на планетава автопати и стадиони се именуваат по личности од антиката???

Она со автопатот на пример изгледа уште потрагикомично во контекст на тоа дека фондот за патишта уште не ја научил сопствената нумерација на патиштата (онака како што е нормално да се идентификуваат), што во последно време упорно ни го демонстрира со поставување неточни патокази.
Ама кого го интересираат такви „банални“ работи кога може да се чукаме во гради дека имаме „Автопат Александар Македонски“, без разлика што тој автопат е далеку од докомплетирање, а со темпото со кое работат на случајот нема ни да биде готов во блиска иднина.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jan-2009 at 21:38
Originally posted by Andrej_LJ

Во Словенија нема паркинзи со рампи! Освен во катните гаражи каде што се поставени заради разбирливи причини. Иначе во цела Љубљана паркингот е платежен, без никакви рампи, само со self-service автомати. Се користи крајната лента на улиците каде што се обележани парко-места. Ленинградска е одлично име...Се оддава почит на жртвите загинати во Обсадата на Ленинград од 2СВ.


Токму така именувањето нема никаква идеолошка заднина и е сосема на место.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jan-2009 at 01:14
Сега малку отидовме накај именувањео улици и јас сакам да додама нешто досека сме тука, па после може на соодветно место да иде муабетов. Улиците освен што се користат за домашни херои и празници, често и се користат во мечудржавните заслуги. еве скоро Милошоски нешто Украина незнам некоја прича имаше. Тука се сеќавам виетнамски амбасдор ли делегат ли беше бил многу пријатно изненаден од улицата Хо Ши Мин и мислам дека дури и некаква донација ситна имаше за улицата...


Posted By: anDarko
Date Posted: 27-Jan-2009 at 09:57
и јас само еден мини коментар сега и овде, иако не е темава за именувањето. Се плашам дека Ленинградска кај нас не е наречена според битката, туку едноставно според градот, кој повеќе така не се вика. Исто како само уште ние си имаме улица Титоградска! ...и Ленинова...и Маркс и Енгелс...и Социјалистичка Зора...и Иво Лола Рибар...итн итн...

има милион други имиња и начини за да се изрази нашата почит кон држава како Русија...Ленинград едноставно не е...останавме единствено ние (и уште единствено можеби Белорусија) кои од сите бивши комунистички држави во Европа ги задржавме идеолошки обоените улични имиња (кои се променети само на хартија)....

али доста за ова, сосема друга тема е...




Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Feb-2009 at 23:13
Четиринаесетте месни заедници со нови имиња


Во наредниот период Општината Кисела Вода ќе ги преименува четиринаесетте месни заедници кои се наоѓаат на нејзината територија. Месните заедници ќе добијат имиња по некоја значајна личност која живеела на територијата на општината Кисела Вода.

Првата преименувана месна заедница е месната заедница во Драчево, која го носи името на загинатиот бранител од конфликтот во 2001 - Бобан Трпков.

........

http://vecer.com.mk/?ItemID=C13E87EE85D91A49BEA459C0BC87D16B


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Feb-2009 at 23:15
"11 Октомври" како што наслушнав треба да биде "Никола Кљусев"! само незнам дали имињата на месните заедници кореспондираат со имињата на населбите, односно даи ова ќе бидат новите имиња на населбите?!


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Feb-2009 at 23:32
зависи по која логика се гледаат работите, пример ако драчево има една месна заедница и населбата ќе го носи тоа име, но доколку има повеќе месни заедници најверојатно се оди со некое трето име! ова сега незнам како е регулирана месната заедница според новиот закон за децентрализација, можно е и да си тера по старата дефиниција   http://sr.wikipedia.org/sr-el/Месна_заједница - sr.wikipedia.org/sr-el/Месна_заједница , него мене ме чуди врз основа на што општинатиа си зема за право да именува МЗа кога за такво нешто логично е непосредно да одлучат самите жители на таа заедница!   


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Feb-2009 at 23:40
Па општината го има суверенитетот над именувањето на локални објекти и заедници и слично, освен оние кои не се регулирани на централно ниво директно преку министерство. Нити па имињата се загарантирани или заштитени со закон. Дали е законски исправно, сигурно е, а дали е прифатливо тогаш можеме да дискутираме.

Инаку бетон со тебе сум на линија дека сепак прво треба да се опипа и мислењето на локалното население односно оние кои се под таа месна заедница. Но мислам дека во случајов сеработи само за името на локалната институција, а не и на населбата, пошто колку што знам имиња на градови, населби и села треба да пројдат на парламент.


Posted By: beTon
Date Posted: 11-Mar-2009 at 15:03

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=375BAAFC33E410498653E82F700708DA&arc=1 - Кисела Вода ги прекрстува урбаните заедници

Населбата Драчево е веќе преименувана во Бобан Трпков, наскоро 11 Октомври ќе стане Никола Кљусев, а и сите останати заедници во општината ќе добијат ново име и биста

Сите 14 урбани заедници во Општината Кисела Вода ќе добијат имиња на заслужни граѓани. Така одлучи Општината откако беше спроведена анкета меѓу жителите што го бараа тоа. На заслужните жители ќе им бидат подигнати и бисти пред урбаните заедници.

Прва урбана заедница која веќе се преименува е Драчево, која го доби името Бобан Трпков, по бранителот кој беше нејзин жител, а кој трагично загина во воените конфликти 2001 година во селото Требош. Крајната одлука откако беше прифатена иницијативата на жителите ја донесе Советот на Општината Кисела Вода.

Како што објаснуваат од Општината, оваа иницијатива ја поддржале жителите, на состанокот на Советот на оваа урбана заедница. Прво ќе разгледувале повеќе предлози, а потоа бил свикан собир на граѓани, на кој тие конечно се изјасниле. Со иницијативата се согласиле и членовите на семејството на Бобан Трпков.

Во тек е и постапката за поставување биста на Бобан Трпков пред урбаната заедница. Постаментот веќе го изработи општината, а бистата која ќе биде излеана во бронза ќе ја прави неговото семејство, кое за тоа изразило желба. Општината Кисела Вода и хортикултурно ќе го уреди просторот околу бистата. Се очекува бистата да биде поставена до 10 март. Според Марјан Стојанчевски, раководител на месната самоуправа во Општина Кисела Вода, во тек е постапка за преименување на Урбаната заедница „11 Октомври“ (бараки) во Никола Кљусев, првиот премиер на независна Македонија.

- Веќе се собрани над 1.000 потписи од жителите на оваа урбана заедница. Жителите на собир на граѓани треба да ја донесат конечната одлука, која потоа треба да ја прифати Советот на Општината на наредната седница, истакна Стојанчевски. Со иницијативата се согласило и семејството на Кљусев.

- Бистата на првиот премиер на независна Македонија исто така ќе биде поставена пред урбаната заедница, а просторот околу бистата ќе се преуреди во мини-парк. Очекуваме за еден месец да биде поставен фундаментот, а потоа да биде поставена и бистата - вели Стојанчевски. Во тек е и анкета за преименување на Урбаната заедница „Припор“ во Бранко Ѓуровски, познат спортист-фудбалер. Се испитува јавното мислење за преименување и на урбаните заедници „Кисела Вода“ и село Драчево.

- Додека не се видат резултатите од јавното мислење не можеме да ги изнесеме предлозите за имињата кои се во игра за овие две заедници. Тоа им го ветивме и на граѓаните. Тие ќе бидат познати за 10 дена, дополни Стојанчевски. Постапка за преименување ќе се примени и за сите останати урбани заедници.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=375BAAFC33E410498653E82F700708DA&arc=1 - Дневник - Анела Петрова - 02.03.2009
 



Posted By: se_manda
Date Posted: 12-Mar-2009 at 01:13
iminjava im se ludilo...ne znam samo zaso gi menjaat iminjava koa lugevo pak ke gi vikaat naselbive ko do sega...


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 12-Mar-2009 at 11:15

Ова е тешка идиотштина со преименувањето на населбите, човек нема да знае дали се работи за населба или за улица. Оваквото масовно прекрстување на населби по „заслужни“ граѓани ми личи на 48-49 кога се се менувало со други „заслужни“ граѓани. УЖАСНО



Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Mar-2009 at 13:30
Originally posted by UrbanFreak

Ова е тешка идиотштина со преименувањето на населбите, човек нема да знае дали се работи за населба или за улица. Оваквото масовно прекрстување на населби по „заслужни“ граѓани ми личи на 48-49 кога се се менувало со други „заслужни“ граѓани. УЖАСНО


Урбан не се именуваат имињата на населбите него само локалните институции, месните заедници.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-May-2009 at 14:12

ЦЕНТАР ЌЕ ГИ ОБЕЛЕЖУВА ОПШТИНСКИТЕ УЛИЦИ

Три милиони денари за нови табли и куќни броеви

Не станува збор за табли со нови имиња на улиците во Центар туку за замена на оние кои се дотраени, украдени или искршени, објаснува Ратко Савовски, секретар на Општина Центар

Локалната власт од Центар ќе ги менува таблите со имиња на улиците на целата територија на Општината. Ратко Савовски, секретар на Општина Центар, вели дека во тек е изработката на таблите со имињата на улиците во Центар, и оти штом завршат, веднаш ќе почнат со нивно поставување. Тој објасни дека таблите ги изработува компанијата "Раде Кончар колектори и релеи", која ја избрале на тендер, и оти со нив треба да се заменат оние табли на општинските улици кои се скршени или уништени.
"Не станува збор за табли со нови имиња на улиците во Центар туку за замена на оние кои се дотраени, украдени или искршени. Имињата на таблите ќе бидат напишани согласно списокот кој го добивме од Градот. Наша комисија направи попис каде сe недостигаат табли со имиња на улиците и каде нема куќни броеви", вели Савовски.
Во оваа акција на Центар ќе бидат опфатени сите општински улици, а Општината ќе потроши три милиони денари за новите табли, кои се изработуваат според правилникот за обележување на имиња на улиците.
"Нашите табли ќе бидат со тегет боја, за да се разликуваат од оние на градските улици кои се со зелена боја", вели Савовски.


http://vest.com.mk/?ItemID=124E141C54062B4BA3A300ECAF6DB7CE&arc=1 - http://vest.com.mk/?ItemID=124E141C54062B4BA3A300ECAF6DB7CE&arc=1


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: zabegan
Date Posted: 11-May-2009 at 17:19
не ја сфаќам поентата на различните бои Question
што ќе ни фали да имаме иста боја насекаде


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-May-2009 at 17:22
Да се разликува хиеархијата на улиците и нивната важност, како институции. Мора да има некоја стандардизација во однос на секоја категорија.


Posted By: beTon
Date Posted: 21-May-2009 at 00:11
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2522&stID=37455&pdate=20040803 - ИМИЊА ОД МАПИТЕ И ОД АДРЕСАРИТЕ

Волт Дизни од Шутка ја сече Че Гевара, но не излегува на Бетовенова
Дури во 1944 година првпат улиците добиле македонски имиња, а денес најмодерни имиња носат улиците во Драчево, Шуто Оризари, па и во Ново Село
Знаете ли кој бил човекот по кој е именувана вашата улица? Паметите ли кои биле војводата Ивец, Апостол Гусларот, Атанас Бабата, детето Татуличе, Детелин војвода, Димитар Туриманџоски, Дончо штипјанчето, Рељо Шестокрило, Јосиф Јосифовски свештарот, поп Богомил...

Сите тие се имиња на неколку скопски улици кои на повеќето нивни жители од помладите генерации речиси не им значат ништо. Тоа се имиња кои живеат во адресарите и ги ориентираат поштарите за Нова Година. Но, постарите и тие што детаљно ја учеле историјата ќе се сетат дека дете Татуличе е епски јунак, помошник на Марко Крале, попот Богомил е основачот на богомилското движење, свештарот Јосиф е партизан, Ивец бил војвода на цар Самуил, Детелин војвода е епски јунак, Гусларот е слеп народен пејач од Прилеп, Бабата е војвода на ВМОРО, Рељо бил владетел на област со седиште во Рилскиот манастир, Туриманџоски партизански командант, итн.

"Првите имиња скопските улици ги добиле во 1882 година кога и куќите биле обележани со броеви. Дури во 1923 година биле поставени првите метални табли на именуваните улици. Називите на улиците во градот често пати биле менувани зависно како кој доаѓал на власт. Скопските улици носеле имиња на султани, везири, аги, бегови, на српски кралеви и кнезови, на бугарски цареви. До ослободувањето на Македонија во 1944 година во Скопје немало ниту една улица што носела македонско име", пишува во брошурата што ја издал Туристичкиот сојуз на Скопје во 1992 година.

Така по ослободувањето многу од новоизградените улици биле крстени со имиња кои асоцираат на војната за слобода: Партизански одреди, Македонска ударна бригада, АСНОМ, Маршал Тито итн. Не заостануваат ниту имињата на постарите револуционери: Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански. Многу улици се именувани и според солидарните странци кои му помогнале на Скопје по земјотресот во 1963 година.

Денес повторно се менуваат имињата на улиците. До градската Комисија за именување улици, мостови, плоштади и инфраструктурни објекти се доставени триесетина барања за промена на имиња на улици. Некои од улиците, иако без законска рамка, веќе имаат одомаќинети нови имиња. На пример Иво Лола Рибар е Митрополит Теодосиј Гологанов, а Маршал Тито е Македонија.

- Во последните 14 години Комисијата не именувала ниту една улица, токму затоа што нема закон за тоа. Законот треба да ги утврди и критериумите според кои ќе се именуваат и преименуваат улиците. Новите имиња што се веќе одомаќинети мислам дека се договорени на повисоко ниво. Во иднина би се менувале имињата што се спорни и не соодветствуваат со реалноста - вели Игор Гиевски, претседател на Комисијата за именување.

Граѓаните предложиле некои улици да ги понесат имињата на загинатите бранители од војната во 2001 година. Според Гиевски, личноста по која ќе се именува некоја улица, треба да биде истакната и животот и делото да и го посветила на Македонија. Тој додава и дека преименувањето на улиците ќе отвори работа, бидејќи ќе треба да се менуваат и личните документи.
 
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2522&stID=37455&pdate=20040803 - Дневник - 03.08.2004
 
само да потенцирам дека одомаќинетите имиња веќе и се официјализирани.
 
патем мислам дека мора да се пристапи далеку поозбилно околу експликацијата за и достапноста на инфо за именуваните улици, нешто налик технички абецедар каде и хронолошки и историски би се покриле именуваните улици и објекти, а се со цел заради култуно-историска поука и за жителите но и за туриститите и во градов и во државава http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=338&PID=14542#14542 - www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=338&PID=14542#14542  нешто што со една комисија на ниво на град, иако последната предводена и од акад. Кантарџиев Иван, мислам тешко дека ќе види бел ден...

Закон за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти  - 6/6/2004     

  http://www.pravo.org.mk/download.asp?ID=1&zID=186 - http://www.pravo.org.mk/download.asp?ID=1&zID=186

Измена и дополнување  - 5/4/2007

  http://www.pravo.org.mk/download.asp?ID=2&sID=952 - http://www.pravo.org.mk/download.asp?ID=2&sID=952


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2009 at 02:08

Јасна Котевска - предлог за име на скопска улица

Јасна Котеска, Милчо Манчевски, Данило Коцевски се дел од предлозите за именување улици во Скопје што се најдоа на мапата која во рамките на проектот „Градот убав пак ќе никне“ на 23 јуни беше поставена на плоштадот „Македонија“.

Граѓаните кои се одзваа на повикот упатен од уметникот Зоран Поповски, предложиле со имињата и на Влатко Стефановски и Елизабета Шелева да бидат преименувани дел од постојните булевари, но покрај најголемиот број имиња на уметници, музичари, културолози, спортисти, граѓаните сепак предлагале и имиња на свои респектирани сограѓани, пријатели, роднини (меѓу кои се и Андријана Драговиќ, Петар Поп Гоцев), што впрочем беше и идејата на проектот.

Поповски, кој и ги анкетираше граѓаните на самото место, задоволен е од реакциите на неговото дело „Јавен простор: партиципативен уметнички проект“, иако посочи дека поетската идеја најчесто му била политички толкувана. Меѓу предлозите немало имиња на политичари.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E65004CC79A81F42BD5E58B9264F86B1


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2009 at 02:12
[offtopic]

Поповски, кој и ги анкетираше граѓаните на самото место, задоволен е од реакциите на неговото дело „Јавен простор: партиципативен уметнички проект“, иако посочи дека поетската идеја најчесто му била политички толкувана. Меѓу предлозите немало имиња на политичари.
Ништо ново! Како и многу други работи во нашево општество што погрешно се толкуваат! Да неможе човек да мрдне од дома, а да не се се протолкува некоја политичка заднина во тоа!

[/offtopic]


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Oct-2009 at 23:58

„Маршал Тито“ не си оди од „Македонија“

Одлуката за промена на имињата на 33 улици, шест булевари, четири плоштади и еден мост во 1993 година, ја поништи Уставниот суд

Сања Наумовска


Тито се' уште живее во центарот на Скопје. Малкумина знаат дека иако веќе се нашироко прифатени во секојдневната комуникација меѓу граѓаните, улицата и плоштадот „Македонија“ во официјалните документи, сепак, се „Маршал Тито“. И, не само тие, туку и булеварот „Климент Охридски“ официјално и натаму е булевар ЈНА, а улицата „Теодосиј Гологанов“ е „Иво Рибар Лола“. Можеби ретко кој се сеќава на старото име на улицата, но факт е дека на жителите на „Димитрија Чуповски“ во личните документи им пишува дека живеат на „Вељко Влаховиќ“, а на оние на „Христо Татарчев“, пак, на „Сава Ковачевиќ“. Булеварот „Александар Македонски“ официјално се' уште е булевар „Југославија“, а „8 Септември“ е „Октомвриска револуција“. И мостот кај хотелот „Александар палас“, кој го носи името на булеварот „8 Септември“, всушност, се' уште е „Октомвриска револуција“.

Имињата на 33 улици, шест булевари, четири плоштади и еден мост беа променети во јули 1993 година со Одлука на тогашниот Совет на Скопје. Одлуката ја поништи Уставниот суд во октомври 1994 година, по иницијатива на некои политички партии и поединци. Со тоа, практично, старите имиња остануваат во важност до денес.

Градот Скопје моментно нема отворено нова постапка за именување на улиците, мостовите и другите јавни површини, откако пред петнаесетина години пропадна првиот обид за промена на имињата на поголем број инфраструктурни објекти во градот. Новиот состав на Советот досега нема формирано ниту комисија, која би ја отпочнала постапката за преименување. Комисијата од претходниот мандат на Советот дојде до фаза на подготовка на список со предлог-имиња, но процесот тука мораше да биде запрен шест месеци пред локалните избори.

Имињата, од една страна официјалните, а од друга општоприфатените, најмногу проблеми им создаваат на граѓаните. Иако секојдневно се користат новите имиња, сепак, сите лични документи, сметките за комуналните давачки, како и официјалните документи за недвижните имоти, кои ги поседуваат, се' уште се водат на старите адреси. Од друга страна, пак, на булеварите и на улиците се поставени табли со новите имиња, што внесува дополнителна забуна. Постојат примери во кои и некои институции на граѓаните им се издаваат одредени документи на новите адреси, со што се појавува разлика со податоците од личните документи на граѓаните.

Најновиот проблем, кој е на повидок, е обврската да се сменат сите лични карти до крајот на февруари идната година. Дотогаш, информираат од Градот Скопје, нема можност да биде завршена постапката за преименување на инфраструктурните објекти.

„Пред една година извадив нов биометриски пасош, кој има важност 15 години. Но, во него е наведено старото име на улицата, што ако во меѓувреме се смени, дали тоа ќе значи дека ќе треба да вадам нови документи“, вели жителка на улицата „Иво Рибар Лола“, односно „Теодосиј Гологанов“.

Во слична позиција е и еден граѓанин на Кисела Вода, кој живее на „Сава Ковачевиќ“. Тој лани извадил нова лична карта. До февруари ќе треба да ја смени, а ако се официјализира новото име на улицата „Христо Татарчев“ ќе треба третпат да го вади истиот документ.

„Станува збор за сложена постапка, која зафаќа подолг временски период. Поради сеопфатноста и издржаноста во спроведувањето таа не може да се реализира во пократок рок од крајниот рок за менување на личните карти“, објаснуваат од Градот Скопје.

Според Законот за определување имиња на улици, мостови и други инфраструктурни објекти, донесен во 2004 година, постапката за преименување ја иницираат општините, односно Градот Скопје. Локалните власти имаат обврска да состават список со предлози за нови имиња, кој, пак, мора да добие потврда и од Владата. Новите имиња ги потврдуваат советите на Градот и на општините, кои имаат и обврска во рок од три месеци да постават нови табли на објектите.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C26BC8AE3986CD468AEAB0CF43F6E71E


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Oct-2009 at 23:24

Сите улици со две имиња, „пластичарската“ со три

Градот засега нема намера да вложува во отстранување на таблите со неважечките имиња на улиците

Сања Наумовска

Популарната пластичарска улица, чие официјално име се' уште е булевар „Југославија“, а сите го употребуваат булевар „Никола Карев“, веќе има нов предлог, да се преименува во „Бил Клинтон“. Ова е само еден пример од 7.000 предлози за преименување на улици во Скопје, собирани во текот на мандатот на претходниот Совет на Градот. Ново име има и за булеварот „Цветан Димов“, кој треба да се прекрсти во „Адем Јашари“.

Комисијата од претходниот состав, пред да ја прекине работата шест месеци пред локалните избори, имала листа од над 7.000 предлози, најмногу од граѓани. Предлозите се собирале речиси три години и се однесуваат на околу 700 улици во сите 10 општини во Скопје. Многу малку од предлозите дошле од надлежни институции, кои практично се и најповикани да дадат квалитетни предлози, прифатливи од историски, културолошки и други причини.

Новиот Совет на Скопје, постапката може да ја продолжи, или да ја почне одново, откако ќе ги разгледа пристигнатите предлози. Сепак, Комисијата за именување улици, плоштади и други инфраструктурни објекти, која се формирала во новиот градски Совет, во изминативе шест месеци не се состанала ниту еднаш. Претседателот Петре Арсовски вели дека првата средба ќе ја организира веројатно идната недела.

„За да започне постапката за преименување улици и плоштади, новиот состав на комисијата треба да ја проучи и работата на нашите претходници. Ќе се консултираат и стручњаци околу постапката за измената на имињата, но и историчари со кои ќе се дебатира околу предлозите“, вели Арсовски.

Во меѓувреме, таблите со новите имиња на булеварите и улиците низ градот и понатаму ќе стојат на фасадите на зградите. Ниедна институција не се нафаќа да ги повлече или смени, иако имињата не се официјални. Градот Скопје и општините во кои има случаи со преименувања, негираат дека во последно време било кој од нив поставувал табли со нови имиња. Ниту градските, ниту општинските власти не размислуваат дека граѓаните се соочуваат со дуплирањето во називите, а сите се повикуваат дека чекаат на постапката за преименување, која наскоро ќе започне во Советот на Скопје.

Во Градот велат дека таблите се поставени пред десетина години и дека засега немаат намера да вложуваат средства во нивно отстранување, ниту, пак, да инвестираат во поставување нови. Велат, ќе почекаат постапката за преименувањата на инфраструктурните објекти, согласно со позитивните прописи, да се заврши во Советот на Градот. Според законот, откако ќе бидат потврдени новите називи на улиците и плоштадите, Градот има три месеци да ги смени сите табли и патокази.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D5B2939552C4A349A79B2012B3C95B94



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Дуле
Date Posted: 22-Oct-2009 at 00:27
Originally posted by beTon

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=375BAAFC33E410498653E82F700708DA&arc=1 -



Прва урбана заедница која веќе се преименува е Драчево, која го доби името Бобан Трпков, по бранителот кој беше нејзин жител, а кој трагично загина во воените конфликти 2001 година во селото Требош. Крајната одлука откако беше прифатена иницијативата на жителите ја донесе Советот на Општината Кисела Вода.


http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=375BAAFC33E410498653E82F700708DA&arc=1 - Дневник - Анела Петрова - 02.03.2009
 



Posted By: Дуле
Date Posted: 22-Oct-2009 at 00:30
Со должна  почит кон бранителов, не да бидам навредлив али сеа ајде ако не дај боже ми умрел комшијата по занимање пекар он праеше најдобри банички и цела зграда беше задоволна и по иницијатива на зградата булеварот што проага кај мене ќе се вика Јоцо Пекарот... па дај молим ти се бе, па уште иницијатива имало ти реков ми рече... да бе и сеа што коа ќе дојде СДСМ рецимо на власт, Железничка станица Скопје ќе биде Брчко Банович пругу-Скопје али врхот ќе биде коа ќе дојде некоја улица Никола Груевски е тоа да се деси ќе биде пар екселанс


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Oct-2009 at 00:37


LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Oct-2009 at 00:51
Со сета должна почит кон сите бранители, револуционери и дејци што направиле нешто за оваа држава и овој народ, но дефинитивно мора малку да се ослободиме во умот и да имаме улици како "Јоцо пекарот" и слично. Барем ова е нешто што произглегло од луѓето кои се жители на улицата и мислам дека е една од правите продовки на демократијата.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 18-Jan-2010 at 00:02
Граѓаните што извадиле нови биометриски лични документи, а живеат на улици што треба да добијат нови имиња, се' уште не се раат. Дента кога во Скопје официјално ќе бидат сменети имињата на улиците, скопјани ќе мора повторно да ја поминуваат истата голгота и одново да плаќаат за нови лични документи. А тоа ќе биде набрзо, имајќи предвид дека Градот Скопје веќе има формирано комисија што треба што поскоро да „пресече“ како ќе се викаат улиците, булеварите, плоштадите и мостовите.

Во главниот град, за овие 19 години од осамостојувањето на Република Македонија, службено не е сменет ниту еден назив ниту на улица или инфраструктурен објект, односно се' уште важат имињата ставени во социјализмот. Многумина скопјани мислат дека живеат на улица Македонија, но всушност се' уште се на улицата Маршал Тито, бидејќи преименувањето допрва ќе следува, и тоа со Одлука на Град Скопје.

Скопјани кои неодамна извадија нови лични карти и пасоши се гневни на ваквата информација. Велат дека мислеле оти улиците се одамна преименувани, бидејќи новите називи се одомаќени, иако не се официјални.

Со уверенија под мишка и „Јово на ново“

- Пред некое време ги заменив старите документи со нови, биометриски. Се вџашив кога видов дека на нив ја пишува старата улица, Иво Лола Рибар. Мислев дека е грешка, но од МВР ми објаснија дека тоа се службените називи што се во сила, а тие го почитуваат законот. Ова не е нормално, па зар повторно ќе мора да ја минувам истата мака за вадење документи?! До кога мислат властите да не' цедат нас, граѓаните, до последен денар - реагира жител од улицата Иво Лола Рибар, односно неофицијално, од улицата Теодосиј Гологанов, како што сите со години ја нарекуваат.

За потсетување, во 1993 година Град Скопје донесе Одлука за измена на имињата на 33 улици, шест булевари, четири плоштади и на еден мост. Но, тие беа со важност само кратко време, до крајот на 1994 година, кога оваа одлука беше поништена од Уставниот суд. Потоа имињата се одомаќија меѓу граѓаните, но не беа ставени во законска рамка. На пример, улицата Вељко Влаховиќ се одомаќи како Димитрија Чуповски, булеварите ЈНА и Југославија сега се познати како Свети Климент Охридски и Александар Македонски, улицата Маршал Тито стана улица Македонија итн.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека по преименувањето на улиците граѓаните ќе мора да ги заменат личните документите за во нив да бидат внесени новите податоци. Велат, не може на еден документ да е запишано едно име, а на друг друго.

- Граѓаните ќе може да ја извршат замената со уверение од Секторот за урбанизам во рамките на Градот Скопје. Најпрво ќе мора во СВР Скопје да ја сменат личната карта, а потоа и сите други документи - објасни Лиза Бендевска, портпарол на СВР Скопје.

Таа исто така потврди дека оваа обврска ќе подразбира и нови трошоци за граѓаните.

Безимени улици, фантомски табли

Одговорна за овој хаос, како и за новите маки, проблеми и трошоци на грбот на граѓаните, е градската власт. Законот за именување на улиците е донесен пред пет години, а градската администрација дури пред две години формира Комисија за прибирање предлози од граѓани и институции за нови имиња на улиците. Тамам кога предлозите беа прибрани, процедурата запре поради локалните избори.

Од Градот објаснуваат дека новата гарнитура на градоначалникот Коце Трајановски меѓу првите нешта што ги направила е формирањето комисија која ќе се погрижи за решавање на ова прашање.

- Градот е обврзан ова да го регулира преку посебна комисија, основана и составена од членови на Советот на Град Скопје. Комисијата од претходниот состав на Советот ја спроведе постапката до систематизирање на предлозите што пристигнаа од општините, граѓаните, стручната јавност, МАНУ, Универзитетот и од други институции. Во таа постапка пристигнаа и беа обработени и систематизирани повеќе од 700 предлози. Новата комисија го доби систематизираниот материјал и треба да реши дали и во колкав обем ќе ја надополни постапката за предлагање и да ја утврди методологијата за водење на понатамошната постапка за именување на улиците - изјавија од Одделението за односи со јавноста во Градот.

За хаосот во главниот град со имињата на улиците придонесуваат и новите зелени табли со новите називи на улиците, но и безимените нови улици што се градат во новите населби како во Карпош или Расадник.

- Во плановите, уличките што постојат десетина години, а некои не се ни асфалтирани, се викаат Новопроектирани. Но, на терен се водат со бројки и букви, пример „Сава Ковачевиќ 47 Ј“. Така ни пишува и во документите, иако новото име што би требало да го добие оваа улица е Христо Татарчев - вели Иван М., од населбата Расадник.

Од Градот велат дека проблемот со новопроектираните улици е кај катастарските нумерички подлоги и во урбанистичките планови, каде што парцелите не се идентификувани со технички броеви.

Во врска со новите табли со новите имиња, од Градот велат дека тие не ги поставувале. Кој, не знаат.

- Град Скопје ќе постави нови табли откако ќе се донесе одлука за имиња на улици и тоа ќе биде направено во согласност со правилникот за изгледот на таблите, подговен од Министерството за транспорт и врски -изјави градската власт.


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=66745&kategorija=7

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Mar-2010 at 15:47
Септемвриска сесија

Што би била првата асоцијација доколку се спомене улицата Септемвриска сесија? Секако дека е поврзана со студенти, со испити, со факултети...Токму така, всушност, се вика една од уличките меѓу бараките кои се наоѓаат во рамките на Електромашинскиот факултет во Карпош. Интересно смислен назив, кој покажува дека скопскиот дух се уште живее. Барем меѓу студентите.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1966&ArticleID=136138


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Apr-2010 at 16:58

ИАКО СЕ ИЗГРАДЕНИ ПРЕД 50 ГОДИНИ

Половина мостови без име

Сè уште не се крстени мостот кај хотелот "Холидеј ин", мостот кај Комплексот банки, мостот во Сарај и пешачкиот мост во близина на кафеаната "Кај Жабарот"

Половина од мостовите низ Скопје немаат име. Иако дел од нив се изградени уште пред 50-тина години, на ниту еден градоначалник досега не му текна да ги крсти безимените објекти. Градот наскоро ќе почне да ги реновира оградите и илуминацијата на мостовите, но имиња никако да добијат. Таков е случајот со мостот кај хотелот "Холидеј ин", мостот кај Комплексот банки, мостот во Сарај и пешачкиот мост во близина на кафеаната "Кај Жабарот". Мостот кај Транспортниот центар, пак, беше пуштен во употреба пред пет години, но ниту на градоначалникот Ристо Пенов кој почна да го гради ниту на Трифун Костовски кој го пушти во употреба не им текна да му дадат име. Граѓаните, немајќи друг начин, овие премини ги идентификуваат според објектите кои се наоѓаат во нивна близина.
Од Град Скопје велат дека размислуваат наскоро објектите кои немаат име да бидат крстени, и тоа, најверојатно, ќе се случи откако ќе бидат реновирани.
"Мостот кај 'Холидеј ин' и оној кај Комплекс банки, имаат име, првиот се вика 'Слобода' а вториот 'Република', но ретко кој ги знае овие имиња. Останатите кои немаат име наскоро ќе бидат крстени" велат од Град Скопје.
За разлика од нив, уште откако се изградени име имаат мостот Обединети нации во Влае, мостот Близнак во Аеродром, мостот Гоце Делчев и пешачкиот мост Газела во Карпош 4. (А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=4D393F56D1CAF043ADB263B8E89D38C5


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Aug-2010 at 01:24
Дали во Прилеп има ставрно улица што се вика БидиМаж или е ова некаква заебанција?! И ако има дали му е значењето literal или е некое странско име?

41°20'38.34"N 21°33'1.41"E


Posted By: Swimmer
Date Posted: 16-Aug-2010 at 12:43
Big%20smile Има, даваа еднаш на ТВ пред пар месеци, незнам која емисија..  една тетка ја раскажа и приказната како настанало името.. нешто као фраерот ја крадел цурата за невеста и у некој клучен момент да избегнат факање требало да ја земе у раце и така да бега, ама као се уморил и незнам што па малата му рекла биди маж, демек нема откажување сеа коа решивме да бегаме.. Big%20smile
 
 
 


-------------


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 16-Aug-2010 at 13:51
Не ја знаев приказнава што ја кажа @Swimmer,инаку улицата навистина така си се вика,БидиМаж.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 16-Aug-2010 at 13:58
Инаку еве една статија за улицава,е сега овде пишува дека било со Ш на крајот,ама сепак мислам дека официално си е БидиМаж.

УЛИЦАТА „БИДИМАШ“ ВО ПРИЛЕП
За да си маж, не е доволно да живееш на „бидимаш”



Некогаш ја викале „Будимаш“, а денес „Бидимаш“. Улицата, велат, го добила името по врвот на Селечка Планина. Иако постои и анегдота за настанувањето на името на улицата.

- Кога ја купував куќата, не помислив, ниту пак сега сум помислил за името на улицата. Да бидеш маж не мора да живееш на улицата „Бидимаш“. Првпат слушам дека постоела анегдота, а улицата да добие име по планински место ми е чудно и не верувам. Соседите се прекрасни, имаме добрососедска соработка. Улицата е во центар, но има и една маана - многу е бучна поради калдрмата. Добрата местоположба беше причина да купиме куќа и да се преселиме - вели Томи Стеваноски, 35 години, жител на улица „Бидимаш“ бр. 2.

Членовите на неговото семејство веќе два месеци се новите жители на улицата.
Анегдота од српско време

Што точно значи името на улицата никој со сигурност не може да каже. Според лингвистите, името на улицата е сложенка составена од глаголска форма и општа именка при што согласката „ж“ преминува во „ш“. Познавачите на Прилеп велат дека постои анегдота за името. Сигурно е дека во околината на градот, на Селечка Планина, постои планински врв викан „Бидимаш“.

- Во времето на балканските војни, кога дошле Србите, некој Србин се искачувал на Попонива на Селечка Планина и тешко му одело искачувањето. Велат, рекол: „За да се искачиш овде треба да бидеш муж“. Местото е навистина на голема стрмнина. Најверојатно анегдотата има подлабоко значење. Многу малку прилепчани знаат каде е местото Бидимаш. Најверојатно улицата го добила името по местото - вели Блаже Алексоски - Глумецот, хроничар на Прилеп.

Постоењето на истоимениот врв на Селечка Планина, како и на улицата со ова необично име во градот се врзува и со карактерот, табиетот на прилепчани кои се познати по мајтапот и прекарите кои често се еротски.

Според него општа карактеристика на прилепчанецот е зависта, прилепчанецот јади кило лук на гладно срце, прилепчанецот е ученољубив, јунак е и работен човек, а мајтапот му е гордост, стожер на издржливоста.

Улица со асфалт и коцка

Улицата „Бидимаш“ е во центарот на Прилеп. Се протега од зградата кај судот до железничката станица. Долга е 620 метри, од левата страна има 13 куќни броеви, а од десната 26 куќни броеви, од кои и 5 колективни згради. Зградите ги викаат „триесетипетки“, бидејќи имало по толку станови. Во средината на улицата се наоѓа детска градинка. Куќите се релативно стари без некоја да предничи со нејзиниот изглед. При нашата попладневна посета на улицата, добивме впечаток дека е релативно мирна. А мирни биле и жителите на улицата, тврди продавачот од малскиот дуќан.

- Муштериите од улицата „Бидимаш“ се, пред се, чесни. Сакаат да пазарат квалитетни работи. Кога ќе дојдат да пазарат сакаат и да помуабетат. Никогаш не сум размислувал што значи името на улицата. Но, жителите се мажишта и по ќесе, и по однесување, и по изглед - вели продавачот.
На улицата „Бидимаш“ број 13 живее Живко Вренцоски, пензионер по потекло од Варошко маало. Тој вели дека неговиот куќен број не е „баксуз“ број, и дека за ништо на светот не би се отселил од улицата чие име ја симболизира машкоста. Тој вели дека неговата улица бара замена на калдрмата и пренасочување - да се стори еднонасочна.

Куќата ја изградил во 1963 година.

- Животот на овој куќен број не бил баксуз, ниту за мене ниту за моето семејство. Овде беа бавчи и вирови со вода. Брат ми, кој е архитект, ме кандиса велејќи ми дека ќе се урбанизира брзо местово. По една година, кога ја изградив куќата и прилепчани вратојте ги искривија гледајќи ја - вели Вренцоски.

Според него, улицата го добила името по местото на Селечка Планина каде што бил формиран првиот партизански одред, а на улицата или во нејзината близина живееле борци.
- Името на нашата улица значи да бидиш маж, здрав маж, салам маж, борбен. На улицава наша можеби и немало и нема многу мажи. Во зградава овде има 15 вдовици. Мажите изумреа, останаа жените - вели Вренцоски.

Велат дека од нивната улица имало доста познати лица - Круме Симоноски, борец, Иљо Караџа, поранешен директор на Електродистрибуција, Благоја Џивџан - претседателот на прилепската боречка организација.

Сите дојденци биле и немале многу идење-одење. На „Бидимаш“ има и детска градинка. Жителите ја сакаат градинката „Наша иднина“, а смеата и џагорот на децата се украс и радост за улицата.

За поубав живот на улицата велат дека треба да се замени коцката со асфалт, бидејќи сега улицата е дополу асфалтирана. Од судот до градинката е калдрмисана, а од градинка до железничката пруга е асфалтирана. Канализацијата е стара и тесна за потребите, велат жителите на „Бидимаш“. Се очекува таа наскоро да се преправи.

Во непоследна близина им е прилепската куќа на правдата. Таа им дава сигурност. Мирна е улицата, се спие, велат „бидимашовците“.

Улицата води кон железничката станица и индустриската зона. По неа најчесто врват жителите, службените возила на фирмите, автобуси за фабрики, а по неа крушевските автобуси влегуваат и излегуваат од Прилеп. Ја користеле прилепчани кои сакале да ги избегнат семафорите на булеварот „Гоце Делчев“.

Меѓу жителките на „Бидимаш“ е и Цветанка Конеска, пензионерка од станбената зграда бр 16. Тука живее од 1963 година и е меѓу првите станари во зградата.

- Сите мажи изумреа, како нешто да им направивме. Не издржаа до крај да останат мажи, иако живееја на улица што значи да се биде маж. Можеби дека беа многу арни. Душата им ја извадовме. Изгледа сме лоши ние жените од „Бидимаш“. Во нашиов влез има 8 вдојци - вели Цветанка.

Наспроти таквата злосреќа со мажите, на жителките им е убаво на оваа улица.
- Ова е најубавата улица, најубавото маало. Многу е убав воздухот и многу сме си разбрани, супер ни е - вели Цветанка.

Тетка Цветанка потекнува од Плетвар. И таа ја раскажува поврзаноста на улицата со планинското место кое го викаат Бидимаш. Како дете се сеќава дека мажите оделе на дрва на Бидимаш.
Се сеќава на убавите години. Имало канал и орев во близина на зградата, под чии сенки седеле жените и плетеле додека децата си играле.

- Седевме под сенките, под дрвјата на клупи. Сега нема мажи ниту клупи да ни направат - вели Цветанка

Од улица „Бидимаш“, сега ова е улица на жени.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1009&ArticleID=66420 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1009&ArticleID=66420

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Oct-2010 at 19:10

Нови табли за старите имиња на улиците

Иако одомаќени, новите називи на улиците, булеварите и мостовите се' уште не се официјални

Сања Наумовска


Дали плоштадот ќе биде „Македонија“ или „Маршал Тито“, дали булеварот и мостот „Октомвриска револуција“ ќе се преименуваат во „8 Септември“, а булеварот ЈНА и натаму ќе се вика „Свети Климент Охридски“? Иако одомаќени, новите називи на инфраструктурните објекти во градот се' уште не се официјални, а веројатно наскоро нема ниту да бидат. Преименување не се прави во период пред пописи и избори, така што Комисијата формирана во Градот Скопје, практично, и нема работа.

Проблемот со новите називи на улиците во Скопје постои од поодамна, а повторно ќе се актуализира идната година, кога Градот и општините ќе мора да ги променат таблите со имиња на улиците во центарот. Градот и општините имаат обврска да го приспособат изгледот на информативните табли со новиот Правилник што го донесе Министерството за транспорт и врски.

Кои имиња на улиците, плоштадите и мостовите ќе се стават на новите табли - не се знае. Граѓаните се прашуваат дали понатаму ќе се соочуваат со досегашната ситуација во личните документи да имаат еден назив, а на таблите на станбените објекти каде што живеат друг назив на улицата. Тоа ги збунува и им создава проблеми, а очигледно е дека ситуацијата нема да се реши ниту со новите табли.

Во Градот велат дека на таблите ќе стојат имињата заведени во регистарот на улици, односно старите официјални имиња. Од друга страна, пак, градските власти и општините во официјалната комуникација со медиумите и граѓаните ги употребуваат новите називи.

„Се' уште не се знае дали замената на информативните табли ќе се финансира од буџетот за следната година. Ако Советот донесе одлука проектот што би чинел околу 3 милиони денари да влезе во буџетот, тогаш ќе се употребуваат имињата од регистарот на улици“, велат во Градот.

Според Правилникот на Министерството за транспорт, новите табли на булеварите треба да бидат со зелена боја, а на улиците со сина. Името на плоштадите и мостовите ќе се пишува на портокалови табли, а на кејовите на табли во црвена боја. Правилникот пропишува дека таблата треба да биде правоаголна, со бела рамка и заоблени агли, направена од алуминиумски лим. Во горниот лев агол треба да стои грбот на Скопје. Големината на таблите, во зависност од големината на називот на инфраструктурниот објект може да се биде 50 x 35 сантиметри, до 60 x 50 сантиметри.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9D187519DAE6294484B62E8750AC26EA


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 12-Oct-2011 at 18:16
Загреб во чест на Милан Младеновиќ



Наскоро Милан Младеновиќ ќе добие улица во Загреб, третиот град од екс Југославија (по Белград и Подгорица), кој на овој начин ќе му оддаде чест на фронтменот на ЕКВ.

Хрватските медиуми јавија дека предлогот бил прифатен на последната седница на градскиот Одбор за именување населби, улици и плоштади, што значи името на улицата влегол во фондот на имиња.

"Една улица, плоштад или плато сигурно ќе носи негово име. Во градов моментално постојат десетици улици кои заради хаосот во катастарот, се уште не се службена сопственост на градот, па имаат привремени имиња. Една од нив сигурно ќе биде именувана по славниот рокер", изјавил претседателот на одборот, Марин Кнезовиќ.

Предлогот го дал некој загрепски рокер, кој се понадевал дека на тој начин ќе потегне иницијатива цел еден кварт да добие имиња според починати рок музичари. "За среќа, немаме доволно покојни рок уметници за тоа", вели Кнезовиќ.

Освен големото влијание кое Екатерина Велика го имаше врз целата поп-рок сцена во Југославија од '80-те и '90-те години, дополнителен поттик за хрватскиот одбор бил и фактот што самиот Милан Младеновиќ бил роден во Загреб.

Во Белград постоеше иста иницијатива, која заврши без успех затоа што некои членови на одборот велеле дека станува збор за наркоман а други дека веќе постоела ул. Милан Младеновиќ во Земун. Дури по дополнителна иницијатива, рокерот доби простор на влезот од Домот на младите, кој денес се вика Плато на Милан Младеновиќ.

Милан Младеновиќ се родил на 21-ви септември 1958-ма година, а починал на 5-ти ноември 1994-та во Белград од рак на панкреас. Во 1980-та го основа бендот Шарло акробата, кој го одбележа почетокот на новиот бран. Во 1982-та година на сцената се појавува еден од најуспешните групи од бивша СФРЈ,Екатерина Велика, со која до 1994-та тој издава 7 албуми.

"За крај би рекол само дека во ниту еден случај не ми е жал што сиве овие години ги потрошив на толку неозбилна работа како што е рокенролот и мислам дека почесно и поискрено не сум можел да ги поминам тие години", рекол Милан Младеновиќ пред крајот на животот.


http://on.net.mk/vesti/balkan/zagreb-vo-chest-na-milan-mladenovikj - Оригинален текст

Може не е најсоодветна темава (преместете ја ако е така)...според мене идејава да има таква улица е многу добра и за Скопје...јас би ја поддржал ако постои како иницијатива затоа што се работи за еден голем поет и музичар, идол на многу луѓе од градов...беше многу популарен и во Македонија, и со групата Екатерина Велика одбележа, според мене еден прилично прогресивен и пограѓански период од животот на градот...
Не сум баш сигурен за бројката, меѓутоа ЕКВ своевремено имаа многу настапи и во Скопје, а ако не се лажам и последниот жив настап на групата пред да завршат сите така трагично како што завршија...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: gjoko
Date Posted: 25-Jan-2012 at 18:40

Маршал Тито оди во историјата- добредојде за Македонската фаланга!
Македонија | 25. јануари 2012 - 11:06
Комисијата за комунални дејности при Советот на општина Битола поведе иницијатива за промена на имињата на дел од улиците во овој град.


Од општина Битола посочуваат дека постапката за промена на имиња на улици и донесување одлука за нови имиња на улици кои имаат име е врзана со процедура и обезбедување согласност од надлежни државни органи, а потоа конечната одлука ја донесува локалната самоуправа.

Според предлогот на Комисијата за комунални дејности, улицата „Маршал Тито“ во иднина би била „Широк сокак“, улицата „Иван Милутиновиќ“ треба да се преименува во „Македонски гемиџии“, улицата „Иво Рибар-Лола“ на влезот во градот кај Техничкиот факултет во Битола во иднина би била „Македонска фаланга“, а улицата „ЈНА“ би се преименувала според името на збратимениот град од Австралија, Рокдајл.

Во текот на идната недела се очекува произнесување на членовите на Советот на општина Битола во врска со предлогот на Комисијата за комунални дејности за промена на имињата на околу 60 улици во овој град.


http://press24.mk/node/14746 - http://press24.mk/node/14746


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jan-2012 at 21:56
Сака коментар? „Македонска фаланга“ е ОК, „ЈНА“ не чини. Дека татко ми во фалангата беше. Инаку сосем случајно тоа е улицата по која мора да се помине при влез од Грција.


Posted By: anti-modernista1
Date Posted: 25-Jan-2012 at 22:23
Originally posted by гитардемон

Сака коментар? „Македонска фаланга“ е ОК, „ЈНА“ не чини. Дека татко ми во фалангата беше. Инаку сосем случајно тоа е улицата по која мора да се помине при влез од Грција.
Izgleda deka ti decko si ovde cisto od politicki razlogi, jas kako vnuk na partizanski borec go podrzuvam ovoj predlog i ne gledam sto e problemot?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jan-2012 at 23:18
Ретко чиј дедо не бил партизан и тоа е доказ за храброста на нашите предци, а не некаква си фаланга. Ќе го изигнорирам тој делот со „politicki razlogi“, но ќе кажам дека ако веќе решиле да менуваат имиња, пологично е ул. „ЈНА“ да стане ул. „АРМ“, макар што ни тоа не би било нешто најсјајно.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jan-2012 at 23:25

Маршал Тито заминува, идат Гемиџиите и Фалангата



Комисијата за комунални дејности при Советот на општина Битола излезе со список на 60-тина нови имиња на улици, а според предлогот ќе се преименуваат улиците кои носат имиња поврзани со еден цел период од историјата.



Според предлогот на Комисијата за комунални дејности со се предвидува улиците кои носат имиња на револуциноери и херои од НОВ и Револуцијата да заминат во историјата, а нивните имиња да бидат заменети со имиња на познати личности од македонската историја.

Така, со новиот предлог на имиња на улиците се предвидува улицата “Маршал Тито” да се преименува во “Широк Сокак”, “Иво Лола Рибар” во “Македонска фаланга”, “Иван Милутиновиќ “во “Македонски гемиџии”, “Едвард Кардељ” во “Батаљон Стив Наумов”, “Бошко Буха” во    “Круме Кепески”, Булеварот “Социјалистичка Револуција” во “Методија Андонов Ченто”.

Предлози за преименување на улиците има и за “ЈНА”, која по новиот предлог би го носела името” Рокдајл”, по збратимениот град во Австралија, а имињата на улиците “Ѓуро Ѓаковиќ”, “Бранко Радичевиќ”, “Крагуевац”, “Далматинска” и “Трст” би се преименувале во “Виенска”, “Крањска”, “Бурса”, “Воден” и “Серез“, според имињата на збратимените градови на Битола.

Според предлогот, улицата “Борис Кидрич” би се преименувала во “Димитар Илиевски - Мурато”, “Босна” во “Мустафа Кемал Ататурк”, “Железничка” во “Филип Втори Македонски”, а населбата ”Кланица” би го носела името на “Ајри Демировски”, авторот на песната “ Битола мој роден крај”.

Предлогот на Комисијата за комунални дејности, на чие чело е советникот од ВМРО-ДПМНЕ предизвика реакции на битолска опозиција, бидејќи како рекоа зад преименувањето се крие обид за бришење на еден период од историјата на Македонија и тоа е исклучиво од идеолошки причини.

Текст и фото: Сашо Ристевски


http://informator.ws/bitola/26527-2012-01-25-20-50-29.html - http://informator.ws/bitola/26527-2012-01-25-20-50-29.html

Е сега зошто и како да имаме улица Серез/Серес (Сер на македонски), а Далматинска да немаме? Инаку ул. „Железничка“ е дел од меѓународниот коридор кој скоро се асфалтираше со европски пари, па името „Филип II“ таман ќе одговара, во духот на автопатиштата низ државата.


Posted By: mladen_s
Date Posted: 26-Jan-2012 at 00:25
Мислам дека „Ченто“ би стоело повеќе како име за „Иво Лола Рибар“, искрено фалангата повеќе ја гледам како тип на воена формација. Но, ете дури и да грешам за тоа, сепак не разбирам зошто мора да вметнуваме придавка „македонски“ пред Гемиџиите и Фалангата (како да има други).. А може да се стават членувани, по битолски

Понатаму, мислам дека за „Филип Втори Македонски“ може да се најде друга поголема улица, а „Железничка“ да се остави, чисто заради ориентација. А збратимениве градови некој или ги помешал со друг град или нешто сум пропуштил - од каде пак Виена? (па баш наместо Ѓуро, кого го убија Австро-Унгарците)

Понатаму, ме интересира дали општинарите се сетија дека на просторот на поранешната касарна усвоија ДУП во кој има неколку големи улици, меѓу кои и булевар, кои еден ден ќе станат важни градски целини.

И секако најважното за крај.. Каде се Борис Трајковски и Киро Глигоров?


Posted By: oTeget
Date Posted: 28-Jan-2012 at 03:10
Originally posted by mladen_s

не разбирам зошто мора да вметнуваме придавка „македонски“ пред Гемиџиите и Фалангата (како да има други)..
Имало други фаланги а македонската е најкаректеристична бидејќи имала многу долги копја


Originally posted by mladen_s

А може да се стават членувани, по битолски


добра идеја


Posted By: gjoko
Date Posted: 28-Jan-2012 at 11:36
само ќе ги збунуваат постарите луѓе да незнаат која улица каде се наоѓа.ништо друго.за мене во Скопје повторно улицата према католичка е Иво Лола,ако сакам некому да му кажам каде се наоѓа нешто(пример продавницата на Цитроен)


Posted By: Граѓанин
Date Posted: 28-Jan-2012 at 11:44
Originally posted by oTeget

Originally posted by mladen_s

не разбирам зошто мора да вметнуваме придавка „македонски“ пред Гемиџиите и Фалангата (како да има други)..
Имало други фаланги а македонската е најкаректеристична бидејќи имала многу долги копја


Originally posted by mladen_s

А може да се стават членувани, по битолски


добра идеја


Тогаш во Охрид ќе ставаат имиња што ќе завршуваат на членот „-он“ Big%20smile


Posted By: zabegan
Date Posted: 28-Jan-2012 at 23:33
мене не ми е ништо јасно, ќе ми објасни ли некој „стручен“ која е поентата на менувањето на имиња на улици и објекти и кои се позитивните или негативните промени од таквата акција и како воопшто е релевантно сето тоа?
не знам дали сум во право, ама ова со себе повлекува непотребна работа за промена на целосната документација што е поврзана со дотичните улици
и зошто не ги остават новите имиња за нови улици, простори и објекти?

да било сменето името на одредена улица, па да се врати оригиналното, ќе разберам, ама ова ми е глупост во празно како и да е...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 31-Jan-2012 at 00:44
30.01.2012, 18:19
Владата ќе одлучи дали „Маршал Тито“ ќе замине од Битола


Почната постапка за промена на имињата на 60 улици и населби во градот под Пелистер

Битола - Владата на премиерот Груевски се чека да пресече дали улицата „Маршал Тито“ ќе замине во историјата и ќе се преименува во „Широк сокак“. Комисијата за комунални дејности во Советот на општина Битола вчера потврди дека останува листата за преименување на имињата на 60 улици и населби во Битола.

И покрај тоа што ваквиот предлог на битолската општина предизвика лавини реакции во градот, сепак вчера на затворена седница беше потврдено дека продолжува постапката за преименување на улиците. Така „Маршал Тито“ ќе носи ново име „Широк сокак“, „Иво Лола Рибар“ во „Македонска фаланга“, „Иван Милутиновиќ“ во „Македонски гемиџии“, „Едвард Кардељ“ во „Баталјонот на Стив Наумов“, улицата „Железничка“ во „Филип Втори Македонски“. Населбата „Кланица“ во „Ајри Демировски“.

Ако Владата се согласи со предлог-листата за преименување на улиците, таа ќе биде ставена на дневен ред на седница на битолскиот Совет .

„Опозицијата гласаше против предлогот за измена на имињата на улиците, ние очекувавме дека ќе даде нови предлози, дека ќе има расправа, но тоа не се случи, без дискусија го одбија нашиот предлог. Смената на имињата нема да значи дополнителни трошоци за граѓаните. Кога ќе им истече важноста на личните карти ќе го сменат и името на улицата“, рече Сашо Илијовски претседател на Комисијата за комунални дејности, советник на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека списокот со нови имиња на улиците бил составен од историчари и стручни лица.

Опозицијата и натаму со став дека зад новите имиња на улиците се кријат исклучиво идеолошки причини.

„За нас ова е класичен обид за целосно бришење на еден период од историјата на македонската држава. Како да се работи за период на окупација, а не за време кога Македонија во целост ги изгради сите атрибути на својата државност. Се врши директен атак врз чувството за традиција и патриотизам на битолчани“, изјави Златко Ќурчиевски, член на комисијата, советник на СДСМ.

ЛДП со став дека за промената на имињата треба да се прашаат граѓаните.

„Оваа работа мора да има јавност, што мислат граѓаните. Па ако треба, нека се распише и своевиден референдум. За ова власта мора уште еднаш да размисли“, рече Горан Милевски од ЛДП.

Против новите имиња на улиците во Битола се изјасни и Сојузот на борци од Битола.

„Списокот со предлог-измените го добивме, стоиме на став дека оние улици како што се ’Бихачка’, ’Јајце’ и се' што е поврзано со НОБ не треба да се менуваат. А уште помалку името на улицата ’Маршал Тито’“, рече Александар Трајковски, претседател на битолските борци.

Она што најмногу ги загрижува битолчани е што промената на имињата на улиците ќе им донесе дополнителни трошоци.

„Не се работи само за лична карта или пасош. Јас живеам на ’Маршал Тито’, имам стан што треба да оди на мое име, имам се' уште за земање пари од ТАТ. За секоја промена на податоците ќе треба на ново да плаќам кај нотарот. Од друга страна, која банка ќе ти даде кредит ако им приложиш неточни податоци“, реагираше вчера во општината Миле Петровски, жител на улицата „Маршал Тито“. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=45054CBB19E66B40A224F6FFBBD92645 - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=45054CBB19E66B40A224F6FFBBD92645


Posted By: fichot
Date Posted: 31-Jan-2012 at 01:34
Интересно. До крај на фебруари е мислам рокот за менување на старите документи со овие новиве биометриски, а наскоро и тие ќе треба да ги сменат ради нови адреси.

-------------


Posted By: mladen_s
Date Posted: 31-Jan-2012 at 23:56
Некои од улиците кои треба да се преименуваат едвај се наоѓаат на Google Maps. Не разбирам зошто мора да се преименуваат „Јајце“ и „Бихаќ“ кога се работи за сокаци? Зарем некој би приметил освен самите жители? И дали тоа значи внимание кон збратимените градови?

Но кога се во прашање главните градски улици, тоа е веќе нешто друго. Иван Милутиновиќ и Борис Кидриќ се херои, но во новиов контекст веќе е тешко да се надоврземе на нив. Проблемот е што власта прави преименување без никакво учество од граѓаните, а опозицијата оди против безмалку по инерција, наместо да даде конструктивни предлози. Доколку и навистина дојде до референдум, ќе имаме ситуација каде едните ќе бараат радикална промена со цитати од античка историја, а другите ќе го бранат статус-кво со неверојатни аргументи како оние на граѓанинот од крајот на текстот.

Уверен сум дека преку вклучување на граѓаните со нивни предлози, целава промена би се извела подобро..

Еве, јас лично би се заложил за тоа да се внимава како новите имиња да бидат позвучни и побрзо прифатени. Да се обрне внимание на досегашните имиња на улиците во Битола, каде преовладува именување со -ска. Па така, „Гемиџиска“ би било подобро прифатено и користено име. Исто така, „Фаланга“ (благодарам на забелешката oTeget, сега знам што точно означува) би било подобро име за плоштад, населба и сл. Повторно би ги споменал Киро Глигоров и Борис Трајковски како задолжителни имиња на главни улици, а може да се вклучат и имиња на многу починати уметници од Битола. И покрај тоа што постои помала улица „Милтон Манаки“, можеби е добро да се именува некој плоштад или парк „Браќа Манаки“. И секако, ставање нови имиња на постојни општоприфатени како „Кланица“ е залудно.


Posted By: OCB
Date Posted: 02-Mar-2012 at 16:58
Списокот на новите предлог-имиња за улиците во Скопје

Стив Џобс, Кљусев, Апостол Филип, Андон Дончевски, Ѓингиќ, Хавел… и за уште речиси триста други предлози за нови имиња на скопските улици деновиве ќе расправаат советниците на Град Скопје.

Во каква ситуација се проценете и сами. Еве го списокот.



Предлози на ВМРО-ДПМНЕ:

Адам Смит, Алберт Сониксен, Александар Квашњевски, Александар Лепавцов, Александар Матковски,Александар Сариевски, Александар Турунџиев, Св. Апостол Павле, Александар Федорович – Ритрих, Аминта III, Ана Франк, Анастас Караташко, Александар Демиевски Бауман, Ангел Динев, Андон Дончевски, Андон Ќосето, Апостол Петков Терзиев, Апостол Филип, Аронова, Архиепископ Арсени, Атанас Бадев,

Бане Андреев, Беаскуле, Беласичка Битка, Бели Мугри, Бенџамин Франклин, Бигорски Манастир, Бисер Балкански, Благој Шамбевски, Богдан Поп Ѓорчев, Борис Елцин, Борис Сарафов, Борис Трајковски, Борко Темелковски, Лилјакот, Борис Гапо, Борис Белев,

Вангел Коџоман, Ванчо Николески, Венко Марковски, Васил Иљоски, Васка Илиева, Вацлав Хавел, Веселинка Малинска, Велешки Жртви, Вера Ацева, Весник Република, Вецко Стаматовски, Владимир Пингов, Владимир Полежиновски, Владислав Ковачев, Владо Малески,

Гаврило Радомир, Ариепископ Гаврил, Гане Тодоровски, Гемиџиска, Генерал Михајло Апостолски, Георги Поп Христов, Геро Иванов, Глигор Прличиев, Глигораш Диницу, Голда Меир, Голи Оток, Голо Брдо, Готенска Битка,

Давид Бен Гурион, Давидова, Дину Вангели, Диме Пиpbanksв, Дедо Иљо Малешевски, Димитар Секулов, Децата Бегалци, Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Македонски, Димитар Панџаров, Димитри Мануилски,Гора, Дончи Штипјанчето, Архиепископ Доситеј, Драган Богдановски, Драфи Дојчер,

Ѓорѓи Ацев,Ѓорѓи Богданов, Ѓорѓи Јармов, Ѓорѓи Костуранов, Ѓорѓи Чаче, Ѓорѓи Карев, Ѓорѓи Котевски, Ѓотрѓи Урдов,

Егејски Егзодус, Еди Куле, Емануел Чучков, Епопеа На Ножот,

Жељо Жељев, Живко Чинго, Жрвти На Комунизмот,

Св. Злата Магленска, Загоричани, Земја Македонска, Зоран Ѓинѓиќ,

Симеон Иванов Спасов,Илија Димовски Гоце,Иван Гундулич,Илинденски Марш,

Јован Котевски,Јован Кукузел,Јован Наумов Алабакот,Јован Павле Втори,Јонче Христовски,Јордан Поп Јорданов,Јустинијан I,Јордан Мијалков,

Калеш Анѓа,Карло Велики,Катранички Жртви, Кирил Илиев Пенушливски, Кирил Манчевски, Кирил Симоновски-Џина, Кирилица, Киро Глиров, Комитска, Конфучиј, Крал Каран, Крал Хацов, Крсте Поп Стефанија, Крсте Црвенковски,Крсто Асенов,Кирил Петрушев,Свети Кирил И Методи,Круме Кепески, Крушевски Манифест,

Лазар Мојсов, 1762-Ро Лето, Лазар Соколов, Леонид Јанков, Леополд I,Лекс Валенса, Дружина Лозари, Локвата И Винари, Лучијано Павароти,

Макариј Фрчковски, Македонија, Македонска Борба, Македонска Преродба, Македонска Фаланга, Мирко Пецев, Македонски Глас, Македонски Лав, Мехмед-Паша Соколович, Македонски Фронт, Македонско Сонце, Максим Ненов, Мала Преспа, Манастир Зрзе, Маргарет Тачар, Архиепископ Михаил, Мариовска Буна, Маркос Вафијадис, Методија Шатаров, Шарло, Милан Арсов, Милански Едикт, Милтон Фридман, Митко Панов, Мише Развигоров, Мојсејова, Мише Развигоров, Мојсејова,

Наум Томалиевски, Неврокоп, Нелсон Мендела, Непобедените, Непокор, Неџати Закирија, Нијази Бег, Никејски Собор, Никола Кљусев, Никола Баљу, Никола Паганини,

Обединети Македонци, Олимпија, 23-Ти Октомври, Ото Фон Хабсбург,

Павле Наумов, Архиепископ Ангелариј, Пердика I, Павел Шатев, Пајак Планина, Панде Чесноска, Панко Брашнаров, Партениј Зографски, Петте Струмички Студенти, Петар Бошковски, Петар Христов, Петар Чаулев, Петковски Михајло Петар, Петранка Костадинова, Петре Гарката, Петре М. Андреевски, Петре Пирузе, Петре Прличко, Пиреј, Подгрдец, Презвитар Козма, Птоломеј I, Поп Стојан Разловски,

Радован Стојкоски, Ресенски Конгрес, Ристо Крле, Роберт Бадентер, Роберт Шуман, Роналд Реган,

Сандо Китанов Ајдучки , Сулејман Демирел, Сандо Миланов, Сердарот, Сирма Војвода, Сереска, Симеон Гугуловски, Симон Дракул, Славко Јаневски, Славна Дебарца, Смиле Војданов, Смилевски Конгрес, Стефан Топчев,Смилевски Конгрес, Стефан Топчев, Солунски Конгрес, Спиро Црне, Сребра Апостолова, Стево Теодосиевски, Стерјо Стерјовски, Стив Џобс, Стивен Харпер, Стојан Богданов, Стојан Лазов, Стјепан Радич, Стојмир Стојменов, Сташо Пинџур,

Теодора Косара, Христо Ќуркчиев, Оро Тешкото, Тургут Озал, Тиквешко Востание, Тодор Александров, Теохар Чаче, Тихомир Милошевски, Тодор Ѕвездин, Тодор Лазаров, Томас Џеферсон, Уфе Елеман Јенсен, Фаик Абди, Фридрик Хаек, Филип II, Херонија, Христо Куслев, Христо Чернопеев, Христофор Жефарович, Цар Констатин, Цветко Трајков, Цеко Грклански, Џорџ Буш, Шаип Јусуф, Шарл Де Гол.

Има и предлози за имиња на мостови:

Мост Филип II Македонски, Мост Мајка Тереза, Мост Павел Шатев, Мост Тодор Александров, Мост Браќа Миладиновски.

Еве ги и предлозите од советниците на ДУИ:

13 Август – Охридски Договор, 28 Ноември, 5 Мај, Абдул Фрашери, Ѓон Серечи, Вели Мелиќи, Арберија, Бајрам Цури, Беким Фемиу, Дарданија, Дервиш Хима, Дервиш Цара, Ѓерѓ Кастриоти- Скендер Бег , Ѓерѓ Фишта, Тирана, Жртвите На Блаце, Илирија, Иса Болетини, Исмали Кадаре, Исмали Ќемали, Јашар Еребара, Јусуф Гервала, Клубот „Башкими“, Кралот Гент, Кралицата Теута, Кумбара, Мери Едит Дурхан, Ндуе Битиќи, Азем Марана, Неџип Драга, Адем Кастрати, Скадар, Приштина, Ќемал Скендери, Фаик Коница, Фан Ноли, Ферид Мурати, Хасан Приштина, Азем Хајдари, 4 Декември, Печка Лига, „Беса – Бесе“ (Беса), Албанските Национал Демократи , 11 Март.

Останати предлози:

„Јапонските Доброволци 2011“, Лоренс С. Иглбергер, Џорџ Буш , Булевар „Ататурк“, Фонтана На Победата, Фонтана На Слободата, Загоричани

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=68407


Posted By: N23
Date Posted: 02-Mar-2012 at 20:18
Кога ќе видам што се предложиле, сфаќам дека мајтап си играат со моќта што ја имаат добиено.


Posted By: Pallatino
Date Posted: 02-Mar-2012 at 20:57
е добро сите имиња ке ги менуваат на улиците ?


Posted By: phenomenon
Date Posted: 02-Mar-2012 at 21:25
Јас колку што знам има улица 11-ти Март во Скопје. И тоа веднаш до Камени Мост.Оттука сите можеме да заклучиме колку компетентни советници има Градот Скопје кога прават ваков превид и не ја знаат улицата која поминува покрај:
- Музејот на Холокаустот
- Народниот Театар
- Музејот "Македонска Борба"

И не е за изненадување што архитектонски го уназадија градот. Од горепроизнесеново, јас сум сигурен дека тие тоа можат да го направат и многу полошо.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: zabegan
Date Posted: 02-Mar-2012 at 21:30
Originally posted by phenomenon

Јас колку што знам има улица 11-ти Март во Скопје. И тоа веднаш до Камени Мост.Оттука сите можеме да заклучиме колку компетентни советници има Градот Скопје кога прават ваков превид и не ја знаат улицата која поминува покрај:
- Музејот на Холокаустот
- Народниот Театар
- Музејот "Македонска Борба"

И не е за изненадување што архитектонски го уназадија градот. Од горепроизнесеново, јас сум сигурен дека тие тоа можат да го направат и многу полошо.
па сметајќи дека таа улица насилно ја збришаа од лицето на градов, не постои такво нешто како улица 11-ти Март Big%20smile
мене сеуште ми останува прашањето како имињата на улиците воопшто се сметаа како нешто битно и приоритетно во моментов Question
чист доказ дека владеењето со градов е резултат на нечие самоволие и комплекси и нема никаква врска со било какво разумно донесување на одлуки...

Roll%20eyes

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: phenomenon
Date Posted: 02-Mar-2012 at 21:37
   
Како бре не е битно. А вадење нови лични карти и полнење на буџетот, а?

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: OCB
Date Posted: 01-Jun-2012 at 13:46
Официјална Листа на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти (со резиме за личностите, датумот или знаменитоста):

http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9e0/05b069bf40783ad0c1257a00003ee703?OpenDocument - 001 - 254

http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9e0/0c536dabc6b66587c1257a000045351f?OpenDocument - 255 - 290



Posted By: fichot
Date Posted: 14-Jun-2012 at 21:52
Денес фатив на вести околу ова нешто.
Ај што мењаат, мењаат, треба пари за споменици... ама брука е ако (а така чув) се менуваат имиња на улици во Тафталиџе кои носат имиња на градови од држави кои помогнале во изградбата на СК после 63та.



Posted By: kenzo_fan
Date Posted: 15-Jun-2012 at 03:32

Брука невидена од кај и да свртиш. Без никаква потреба се менуваат имиња кои се препознатливи, убаво звучат и се логични: Водњанска, Максим Горки, Хаџивасилев, Циборовски...Единствено ја погодиле Индира Ганди во Шутка, паркот Ататурк и можда уште пар други. 

Него може некој да објасни зошто 20 години сме си мислеле дека улица Маршал Тито се вика  Македонија? Дали е ист сллучај и со плоштадот пошто и тој се викаше Маршал Тито? Именувањето Македонија не беше колоквијално кај народот, туку официјално, по медиуми па како тоа дури сега се официјализира?

Сличен пример е улицата 29 Ноември која одамна е преименувана во Костурски Херои а на мапи и по медиуми се  уште се нарекува по старо.

Мапата на Скопје на официјалниот сајт на градот изгледа http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=36 - вака . Дали јас нешто пропуштам или стварно нема листа со целосни имињата на улиците кои на мапата се означени со бројки?  



-------------
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Jun-2012 at 08:57
Поптпис за двајцата Cheers


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Jun-2012 at 14:42
не сум толку емоционално поврзан со имињата на улиците, и онака постарите улици во градов имаат неколку пати сменето име и секоја генерација името си го памти различно и така ја вика улицата додека постои... јас на пример ја знам ул. Македонија како таква и заборавам дека се викаше Маршал Тито, но ја знам и како Маршал Тито и на повеќе наврат исум го користел поради полесното изговарање при разговор...
проблемов го гледам чисто како административен, и навистина фрустрира фактот што треба да се помине низ голема процедура за нешто што воопшто не било потребно, бидејќи се работи за нешто едноставно и „небитно“ како име на улица...
мене ме плаши фактот што ваквите, претпоставувам недоквакани и недовршени промени, најчесто ќе доведуваат до полесни манипулации и далавери при разни видови на документација
плус тука е фактот што жителите треба да поминат низ процедури и трошоци, затоа што така му текнало на некој...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Block
Date Posted: 15-Jun-2012 at 16:50
Добро ај нека ми каже некој како да се разбере преименувањето на Водњанска?

Водњанска,Дижонска,Максим Горки,Илинденска...па тоа ако не е историјата на градот,белегот,цртите на старо Скопје тогаш незнам што е...можеби паркингот што стана плоштад Скендербег? или Прометеј? или кинеските декери?

Како и една жена во репортажата што одговори дека и се свиѓало што Бихачка се менува во Павел Шатев затоа што тој како и она е од Кратово!







Posted By: gjoko
Date Posted: 15-Jun-2012 at 17:08
требаше да се сменат само имињата на оние улици кои стварно треба да се сменат,кои имиња ги нема никаде во светот како Хо Ши Мин,Ленин 29-Ноември и слични


Posted By: Filip777
Date Posted: 15-Jun-2012 at 17:50
камо ли да имаше вакви дискусии кршења стакла и циркузи со преименувањето на школите во чаир тетово гостивар струга!

е бре македонче, стварно си македонче!


Posted By: Petar
Date Posted: 15-Jun-2012 at 20:40
Originally posted by Filip777

камо ли да имаше вакви дискусии кршења стакла и циркузи со преименувањето на школите во чаир тетово гостивар струга!

е бре македонче, стварно си македонче!


Haha, da bas toa i mislev... ne deka go podrzuvam ova ama zosto nikoj ne izleze da kaze dva zbora koga gi menuvaa i imenuvaa ulicite i ucilistata po gradovite niz zapadna Makedonija...


Posted By: toasumjas
Date Posted: 16-Jun-2012 at 12:26
Ќе се убијам! Водњанска, Ленинова, Максим Горки! Овие стварно немаат осет за ништо!


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 16-Jun-2012 at 13:30
Јас мислам дека ќе треба да поминат најмалку некои 15-20 години додека некој и да почне да ги користи евентуалните нови имиња на некои многу важни скопски улици кои секој од Скопје знае каде се и како се викаат како Водњанска или Ленинова или пак Мито Хаџивасилев Јасмин.
Само потсете се колку време и требаше на јавноста да почесто да го користи името Теодосиј Гологанов наместо Иво Лола Рибар.
Освен ако не се лажам од за време на мандатот на Љ. Георгиевски булеварот Маркс и Енгелс беше преименувана во ВМРО ама ако не се лажам скоро и никој од станарите на таа улица не го применуваа тоа име.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jun-2012 at 14:03
Originally posted by Filip777

камо ли да имаше вакви дискусии кршења стакла и циркузи со преименувањето на школите во чаир тетово гостивар струга!

е бре македонче, стварно си македонче!
Се обидуваш да ги одбраниш сегашниве преименувачи? Ако тоа ти е целта, тогаш им правиш многу лоша услуга, бидејќи со твојата теза ги изедначи со оние кои преименуваа училишта во Чаир, Тетово, Гостивар и Струга. Патем јас не кршев стакла ни во првиот ни во вториот случај, ама совршено јасни ми се двете агенди.

Кога веќе се впушташ во дискусија, би било фино да го чуеме твојот став по актуелново прашање, наместо со задоцнување да го слушаме ставот за преименувањето на училишта, особено затоа што веќе навистина стана досадно клише, „македончето“  заслепено од биполарен партиски синдром, секогаш очајно да бара некакво бедно алиби со кое треба да се оправдаат секакви глупости и пакости (кои секако ќе го треснат по глава, без разлика колку силно се труди да најде алиби).


Posted By: N23
Date Posted: 16-Jun-2012 at 14:13
За сите прави Скопјани ќе останат да важат имиња како Водњанска, Максим Горки, МХ Јасмин, Ленинова и сл. Па ние ден денес викаме ќе се чекаме на Рекорд, на станицата кај Рекорд, ќе се чекаме кај поранешен Фреш (никој не вика плоштад Пела), утре ќе викаме дека ќе се чекаме кај бившо Чичко Стоилко, а не кај Портата и сл.
Нови термини можат да користат само новопечените Скопјани и дојденците, секој што потеклото му е уште од предземјотресно Скопје си ги има задржано старите термини. Нешто као и со Југодрво, Дрводекор, на крај краева понекад се корисистат и термини како поранешен Јукан, Ванила и сл. Никаква вештачка промена нема да ги промени старите култни навики на Скопјани.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Jun-2012 at 14:31
Originally posted by Filip777

камо ли да имаше вакви дискусии кршења стакла и циркузи со преименувањето на школите во чаир тетово гостивар струга!

е бре македонче, стварно си македонче!
се работи за сосема различни проблеми... всушност, најмал проблем се самите имиња на улиците
во тие училишта, нити живее некој, нити пак ќе им биде сменета адресата...
а ако бараш политички проблеми во она што го збориш, можеш да ги бараш на други многу поважни теми во истата област, за истите проблеми... на пример цела држава ти е двојазична, смешно е да се дискутира за име на школо...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Jun-2012 at 14:40
Originally posted by N23

За сите прави Скопјани ќе останат да важат имиња како Водњанска, Максим Горки, МХ Јасмин, Ленинова и сл. Па ние ден денес викаме ќе се чекаме на Рекорд, на станицата кај Рекорд, ќе се чекаме кај поранешен Фреш (никој не вика плоштад Пела), утре ќе викаме дека ќе се чекаме кај бившо Чичко Стоилко, а не кај Портата и сл.
Нови термини можат да користат само новопечените Скопјани и дојденците, секој што потеклото му е уште од предземјотресно Скопје си ги има задржано старите термини. Нешто као и со Југодрво, Дрводекор, на крај краева понекад се корисистат и термини како поранешен Јукан, Ванила и сл. Никаква вештачка промена нема да ги промени старите култни навики на Скопјани.
нема врска ова, и јас ги знам и ги користам сите овие имиња а живеам во градов само 20 години... затоа и спомнав дека повеќе навикнат сум на ул. Македонија отколку ул. Маршал Тито...
и има една позната работа тука... освен разни дистрибутерски сервиси и таксисти, никој во овој град не користи имиња на улици и адреси во секојдневии... чисто се сомневам дека некогаш си кажал дека ќе одиш на Димитрија Чуповски, место тоа си кажал идам на рекорд...
или ја кога ќе спомнам Максим Горки ме гледат сите бледо, кога ќе спомнам Швајцарска амбасада одма им текнува што зборам... има само неколку улици со иконични имиња во градов и некои си ги спомнал и ти ама тоа е се, се друго се памти по локации и објекти...



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: N23
Date Posted: 16-Jun-2012 at 15:38
Originally posted by zabegan


нема врска ова, и јас ги знам и ги користам сите овие имиња а живеам во градов само 20 години... затоа и спомнав дека повеќе навикнат сум на ул. Македонија отколку ул. Маршал Тито...
и има една позната работа тука... освен разни дистрибутерски сервиси и таксисти, никој во овој град не користи имиња на улици и адреси во секојдневии... чисто се сомневам дека некогаш си кажал дека ќе одиш на Димитрија Чуповски, место тоа си кажал идам на рекорд...
или ја кога ќе спомнам Максим Горки ме гледат сите бледо, кога ќе спомнам Швајцарска амбасада одма им текнува што зборам... има само неколку улици со иконични имиња во градов и некои си ги спомнал и ти ама тоа е се, се друго се памти по локации и објекти...


Па за Рекорд и јас го кажав истото...
Ја па не познавам некој што е роден во овој град а не знае која е Максим Горки.
Епа Бихаќка сигурно ја знаат сите како таква, а не како Павел Шатев. Ленинова сите ја знаат како Ленинова поради кафичите.
Јас говорам за оние имиња кои се сменети намерно поради некоја политичка конотација што дава асоцијација за опозицијата или пак за некоја комунистичка оставштина. И тоа што Тодор Александров ќе биде во Центар, као демек случајно баш у Центар ја ставаат.
Тука е и Филип Втори, за која денеска излезе фина анализа зашто уствари баш таа улица ќе се крсти така, а по некоја случајност таму е новата зграда на МНР.
Сегашната власт сака се да збрише што потсеќа на некои минати времиња, на социјалистичкото време во Македонија и на таа веќе толку озборена транзиција. Ништо друго не е причина за промена на имињата, можеби и мала политичка провокација на јужниот сосед. Ова се трите причини кои доведоа до промена на улиците.

И баш ме интересира што ќе кажат оние кои ја подржуваат оваа промена на улиците со тоа што и Првомајска ќе се промени.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: gjoko
Date Posted: 16-Jun-2012 at 15:59
дефинитивно промената на Стив наумов во Филип втори Македонски е со цел во дипломатските писма што ќе ги праќа МНР да стои оваа адреса.нели сега каде се ставаа штембили на писмата,сега се става комплетна адреса и име со телефон и факс на испраќачот.порано се ставаа сини штембили.кога на едно писмо ќе стои ваков наслов,ќе има голема гужва во дипломатијата

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
.........
........
ул.Филип II Македонски
С К О П Ј Е


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Jul-2013 at 14:09
Не знаев во која нишка да ја поставам табелава, сигурно ќе се најде од корист.

Комплетна листа од сите преименувани улици во Скопје



http://www.skopjeinfo.mk/gradot/83201371/foto-kompletna-lista-od-site-preimenuvani-ulici-vo-skopje - http://www.skopjeinfo.mk/gradot/83201371/foto-kompletna-lista-od-site-preimenuvani-ulici-vo-skopje

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Danndy
Date Posted: 07-Jul-2013 at 02:30
Дали има некој нормален во оваа земја... Аминта III...

-------------
Traveling.


Posted By: Dragan
Date Posted: 07-Jul-2013 at 12:13
 Ha Ha Ha
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/original_zps9b915e72.jpg.html">


-------------


Posted By: Џоле
Date Posted: 16-Jul-2013 at 20:01
Осамнаа новите табли со новитe имиња на улиците (ФОТО)
Улицата Салвадоре Аљенде во центарот на Скопје веќе стана Тодор Александров. Барем на дел од таа улица. Некаде останат е написот со старото име.

И поранешниот булевар Водњанска, и официјално е веќе булевар Маја Тереза. Тука не забележавме знаци со напис од старото име.









http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/osamnaa-novite-tabli-so-novite-iminja-na-ulicite-foto - http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/osamnaa-novite-tabli-so-novite-iminja-na-ulicite-foto

-------------
За сè има вторпат


Posted By: OCB
Date Posted: 16-Jul-2013 at 22:39
Одбројуваме денови пред да изреагира албанската заедница, прилично се поспани. Таблите ги поставува Град Скопје во кој покрај македонскиот во службена употреба е и албанскиот јазик. Латиничната азбука би била од корист и за туристите. Но зошто да се ставаат двојазични табли кога порано или подоцна на нив можат да се добијат политички поени, а ќе се распише и нов доходовен тендер.


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Jul-2013 at 08:01
„KАРПОШОВО ВОСТАНИЕ“ ЌЕ СЕ ВИКА „ФИЛИП ВТОРИ“

Улицата 4 јули во населбата Ѓорче Петров ќе се преименува во „Борис Сарафов“, а дел од улицата Лазар Трповски на потегот од „Џон Kенеди“ до „Петар Печко“ ќе се вика „Ферид Мурати“. Плоштадот Kарпошово востание, помеѓу Археолошкиот музеј и Музејот на холокаустот, каде што е поставена скулптурата „Воин“ ќе го добие името „Филип Втори“.

Ова се предлага во Одлуката за определување и промена на имиња на улици, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на градот што треба да се усвои на наредната седница на Советот на Град Скопје, што ќе се одржи во вторник.

Ферид Мурати е интернист и кардиолог од светски ранг и добитник на Нобелова награда за медицина во 1998 година. Борис Сарафов бил македонски револуционер, раководител и војвода.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BF43D9059D02C94D885AB058B899C5D8 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BF43D9059D02C94D885AB058B899C5D8

-------------
За сè има вторпат


Posted By: alexgizh
Date Posted: 18-Jul-2013 at 10:22
Ферид Мурати е жив, пред година дена е прогласен за почесен жител на Општина Чаир. Еве еден чуден извадок од англиската Википедија:

"In May 2012, Municipality of Čair proclaimed him an honorary citizen. During the ceremony Murad said that all his achievements were dedicated to his nation, Albania."

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: fichot
Date Posted: 19-Jul-2013 at 22:57
Заборавиле мостот Гоце Делчев во Лавов мост да го прекрстат.


Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Jul-2013 at 01:06
а зошто не го крстат и плоштадот „воин“, за да биде се политички на место Suicide

сериозно, можам да им честитам во следењето и имитирањето на културното „прочистување“ врз градов што го вршеле сите негови досегашни диктатори и пропагандни системи Applause


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jul-2013 at 16:36
Originally posted by OCB

Но зошто да се ставаат двојазични табли кога порано или подоцна на нив можат да се добијат политички поени, а ќе се распише и нов доходовен тендер.

Само да потсетам, менување на таблите со имињата на улиците имаше и пред 3-4 години, затоа што тогаш одлучија дека требало да бидат со зелена боја, а не сина. Еве сега гледаме сината боја изгледа повторно влегла во мода.

А овие новиве табли не можат да се пофалат со некој квалитет на изработка, на повеќе места забележав дека грбот на градот и на општината не се добро отпечатени и дека се сосема бледи. Ама кога некој може да лапа пари за таков производ, зошто да се замара со квалитетна изработка, контрола и слично... Впрочем, како што велиш и онака следува нов тендер  Roll%20eyes

Еве како изгледаат лошо отпечатените табли. За жал ги има многу повеќе од овие две...



1


2



Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Mar-2014 at 11:13


фотографија на Филип Вирановски

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Denko
Date Posted: 29-Mar-2014 at 12:37
Tablite gi zakacuvaat kade sto ke im tekne. Zosto ne postavat posebni stolbovi so sto tocno ke se znae deka stanuva zbor za ulica.


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Aug-2014 at 20:16
В петок охридскиот кеј „Маршал Тито“ ќе стане „Македонија“

На дневен ред за 26-тата седница на Советот на општина Охрид, закажана за петок, е и предлог одлуката за утврдување на листа за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Охрид, со која кејот „Маршал Тито“ ќе биде преименуван во „Македонија“.

- Охрид има своја историја! На Охрид нема потреба да му се измислува историја! За тоа која улица како ќе се вика треба да одлучат граѓаните на Охрид преку отворена анкета, а не неколкумина, од кои повеќето дојденци кој од ваму кој од таму, јас би рекла натурализирани охриѓани. На Охрид не му треба проект Охрид 2015 - за НОВА ТВ вели Жаклина Лазаревска, советничка од СДСМ.

Повеќе на http://www.plusinfo.mk/vest/147969/V-petok-ohridskiot-kej-Marshal-Tito-kje-stane-Makedonija - http://www.plusinfo.mk/vest/147969/V-petok-ohridskiot-kej-Marshal-Tito-kje-stane-Makedonija

-------------
За сè има вторпат


Posted By: ehrlich
Date Posted: 19-Aug-2014 at 19:25
Боже, каква изјава на оваа советничка, ко божем Кејот се преименува во некој/некое си бош име, а не името на својата земја, каква реакција за олку банална тема.


Posted By: Џоле
Date Posted: 20-Sep-2014 at 13:30
Од соседството...

Единствениот град што ги „чува“ сите градови на бивша Југославија

Подгорица е единствениот главен град од поранешна Југославија што сè уште има улици именувани по главните градови на сите други бившојугословенски републики: Београдска, Загребачка, Сарајевска, Љубљанска и Скопска.


Белград завчера го смени името на Загребачка улица во центарот на градот и ја нарече по Коча Поповиќ, дипломат и министер за надворешни работи на поранешна Југославија. Меѓутоа, сите други поголеми градови на поранешна Југославија сè уште имаат „свои“ улици во Белград – Љубљанска, Сарајевска, Подгоричка и две улици Скопљанска – едната на Врачар, а другата во Земун.

Другите бившојугословенски престолнини главно по распадот на државата ги менуваа имињата на улиците, но и задржаа некои од старите имиња, пишува Блиц.

Така, во Загреб постојат Љубљанска авенија и Сарајевска цеста. Во хрватскиот главен град Белград нема своја улица, но на листата на имиња на улиците може да се најдат Земунска, Суботичка, Петроварадинска, Сомборска, Сланкаменска, Апатинска, Бачка, Румска.

Сараево по војната преименува голем број улици, па поранешната Београдска сега е улица Емерик Блум, додека Загребачка, Сплитска и Љубљанска улица не ги сменија имињата.

Во Љубљана по осамостојувањето на Словенија беа масовно менувани имињата на улиците и на плоштадите, а на списокот на улици во Љубљана од сите поголеми градови на бившојугословенски републики улицата со своето име ја задржа само Скопје.

Во Скопје, пак, има Љубљанска, Белградска и Загрепска улица.

http://www.mkd.mk/svet/analizi/edinstveniot-grad-shto-gi-chuva-site-gradovi-na-bivsha-jugoslavija - http://www.mkd.mk/svet/analizi/edinstveniot-grad-shto-gi-chuva-site-gradovi-na-bivsha-jugoslavija

-------------
За сè има вторпат


Posted By: fichot
Date Posted: 20-Sep-2014 at 13:57
Гуглмапс вели дека има Сараевска во Чаир.


Posted By: stratus
Date Posted: 20-Sep-2014 at 14:56
Така е, во Скопје нема само Подгоричка, што е и нормално бидејќи тогаш се викаше Титовград.


Posted By: Тркало
Date Posted: 20-Sep-2014 at 15:46
Originally posted by Џоле

В петок охридскиот кеј „Маршал Тито“ ќе стане „Македонија“

На дневен ред за 26-тата седница на Советот на општина Охрид, закажана за петок, е и предлог одлуката за утврдување на листа за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Охрид, со која кејот „Маршал Тито“ ќе биде преименуван во „Македонија“.

- Охрид има своја историја! На Охрид нема потреба да му се измислува историја! За тоа која улица како ќе се вика треба да одлучат граѓаните на Охрид преку отворена анкета, а не неколкумина, од кои повеќето дојденци кој од ваму кој од таму, јас би рекла натурализирани охриѓани. На Охрид не му треба проект Охрид 2015 - за НОВА ТВ вели Жаклина Лазаревска, советничка од СДСМ.

Повеќе на http://www.plusinfo.mk/vest/147969/V-petok-ohridskiot-kej-Marshal-Tito-kje-stane-Makedonija - http://www.plusinfo.mk/vest/147969/V-petok-ohridskiot-kej-Marshal-Tito-kje-stane-Makedonija


(Не)Почитувана професорке, кога веќе зборуваме за дојденци и недојденци во Охрид, убаво е да го имаме предвид и сопственото потекло

А за имињата, името на кејот нека беше Атина Бојаџи, секако е поблиску кон езерото и пливањето, а не стадионот, освен ако некогаш играла и фудбал...



Print Page | Close Window