Print Page | Close Window

City Side Complex- Влае(ДДМ Инженеринг)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3716
Printed Date: 27-Nov-2021 at 21:20


Topic: City Side Complex- Влае(ДДМ Инженеринг)
Posted By: stef4o
Subject: City Side Complex- Влае(ДДМ Инженеринг)
Date Posted: 25-Apr-2020 at 12:16
Станбен комплекс во Влае

Локација(на местото на црвената стрелка)



Рендери











https://www.facebook.com/MAdesign.Skopje/



Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 29-May-2020 at 12:51
Станбен комплекс Влае на ул.Вангел Дину бр.38

Комплексов се состои од неколку мини-зградички,изведувач ќе биде ДДМ-Инженеринг

Рендери во продолжение















https://www.facebook.com/DdmInzenering

https://www.facebook.com/MAdesign.Skopje/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-May-2020 at 13:00
Локација(координати)

42°00'36.2"N 21°22'30.6"E



Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Sep-2020 at 17:17
Веројатно тука веќе е почната изградбата на објектите еве и нешто за начинот на градба

---------------------------------------------------------
Сувомонтажен фасаден ѕид на единечна потконструкција, Vidiwall HI и контактна фасада.
Системот е потполна новина во свеста за фасадни ѕидови. Лесно и квалитетно решение за енергетската ефикасност, звучната и противпожарна заштита на објектите, како олеснувањето на објектите, т.е. зголемувањето на нивната сеизмичка отпорност.
Подрачје на примена
Семејни куќи, хотели, јавни објекти, училишта, болници, каде квалитетот и својствата на објектот се императив без компромис.



https://www.facebook.com/DdmInzenering


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Oct-2020 at 11:03
Новиот комплекс на ДДМ ИНЖЕНЕРИНГ во Влае се гради по најстрогите критериуми за преградни и фасадни ѕидови за системите за сува градба на Кнауф.





https://www.facebook.com/DdmInzenering


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Nov-2020 at 11:37










https://reklama5.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Nov-2020 at 11:55
Направиле веб сајт мислам до сега немаа ddminzenering.mk

Еве извадоци од видео презентација на проектов во Влае





https://www.facebook.com/DdmInzenering/videos/370535707504654/


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Nov-2020 at 12:39
ДДМ Инженеринг со особено задоволство ви го претставува новиот премиум комплекс CitySide на ул.
Вангел Дину во населба Влае, Скопје.



https://www.facebook.com/DdmInzenering


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jan-2021 at 18:22


https://www.facebook.com/DdmInzenering


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Feb-2021 at 14:34


https://www.facebook.com/DdmInzenering


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Mar-2021 at 10:39
Општи информации

Станбениот објект CitySide на ул. Вангел Дину во Скопје е нов урбан комплес за заедничко домување кој претставува вистинска оаза на мирот. Лоциран на внимателно одбрана локација, во идеално мирна средина, на соодветна далечина од градскиот метеж, а сепак во непосредна близина на урбаните содржини.

Граден според највисоките стандарди во градежништвото, комплексот претставува совршена комбинација од модерен дизајн на архитектура, врвен квалитет на изградба и максимална функционалност на станбените единици кои гарантираат идеален комфор за висок стандард на урбано домување!

Карактеристики
Број на станови 14
Вкупна површина на земјиште (m²) 22
Вкупна нето изградена површина (m²) 74
Изведен објект 4

Вашиот дом од соништата
Станбениот објект CitySide е нов урбан комплес за заедничко домување и претставува совршен спој на модерен дизајн на архитектура, врвен квалитет на изградба и максимална функционалност на станбените единици.

Комплексот е сместен на атрактивна локација во Скопје, на ул. Вангел Дину во населбата Влае, во идеално мирна средина, на соодветна далечина од градскиот метеж, а сепак во непосредна близина на урбаните содржини. Локацијата нуди одличен пристап и едноставна комуникација со важни инфраструктурни позиции како супермаркети, пазар, болница, училиште, парк и многу други.

Објектот е поделен во два влеза и располага со вкупно 12 станбени единици, еднособни и двособни, распоредени на 3 нивоа, со по 2 станбени единици на секое ниво, со површини од 38 м2 до 57 м2. Објектот е со вкупна нето површина од 590 м2 во двете единици. Дизајнирани со одлична фунционалност и максимално искористување на просторот, секоја станбена единица ветува практичност, удобност и комфор. Објектот, исто така, располага со подземен паркинг простор со вкупно 11 паркинг позиции.

Инспириран од најсовремените светски трендови во градежништвото и архитектурата, комплексот CitySide претставува модерен објект кој може да одговори на сите потреби на урбаното домување.

Посебно внимание е посветено на изборот на градежни материјали и примена на најсовремените технологии во градежништвото, за целосно нов пристап во изградбата, со цел понуда на станови со врвен квалитет и највисок коефициент на енергетска ефикасност.

Објектот се категоризира со одлична топлинска и звучна изолација за максимална удобност и комфор, благодарение на користење на иновативни системи и квалитетни материја од реномирани светски производители.

Благодарение на иновативните сувомонтажни систени на германскиот производител Knauf, комплексот CitySide ги задоволува најстрогите стандарди за квалитет и се карактеризира со највисока ознака за енергетска ефикасност, максимална топлинска и звучна изолација кои гарантираат комплетна удобност во просторот.

Системите за сува градба, кои функционираат на принципот маса-федер-маса, ефикасно ја намалуваат енергијата на звучните бранови, овозможувајќи одлична звучна изолација и приватност во вашиот дом.

Надворешните ѕидови се составени од 10cm камена волна за максимална топлотна и звучна изолација и дополнителни 5cm камена волна за изолација како дел од фасадата. “Sидот кој дише” на Knauf одлично ја регулира влажноста на амбиенталниот воздух и допринесува до поквалитетно домување.

Sидовите помеѓу становите се состојат од два реда камена волна и вкупно пет Knauf табли, додека ѕидовите за преградување на собите во внатрешноста на еден стан се со еден ред камена волна и вкуно 4 Knauf табли за зголемена звучна изолација.

Профилните системи на познатиот производител Veka се придржуваат до највисоките стандарди за квалитет на профили на прозорци што важат во Европа. Развојот на профилната технологија на компанијата има за цел да ги зголеми перформансите, овозможувајќи највисоко ниво на изолација и комплетна удобност во домот.

Обезбедување на квалитетот во согласност со највисоките стандарди ги опфаќа сите области на компанијата, од развој и производство до администрација и логистика.

За комплексот CitySide одбираме високо квалитетни прозорци со 6 коморен профил и 3 слојно стакло, чиј исклучителен квалитет ќе ви овозможи неверојатна изолација и енергетска ефикасност во вашиот дом.

Кога станува збор за избор на санитарија, изборот за комплексот CitySide се две реномирани производители – Kolpa San и Grohe, чии основни карактеристики се врвна технологија,највисок квалитет на производи, исклучителен дизајн според најактуелните светски трендови и максимално ниво на одржливост.

Комплексот CitySide е прв објект за заедничко домување со комплетна имплементација на системот за сува градба на познатиот производител Knauf и ги овозможува сите карактеристики за квалитетен и енергетски ефикасен дом.

Идеалниот спој на модерна архитектура и врвен квалитет несомнено го прават комплексот CitySide да биде вистинскиот избор за урбано домување.



https://ddminzenering.mk


Posted By: kiriOK
Date Posted: 09-Mar-2021 at 15:28
Незнам дали има потреба секоја куќарка да има засебна нишка...


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Mar-2021 at 22:04
Па проектов е нешто поголем се работи мислам за комплекс од 4 зградички...
Во последниот период се насочив кон отворање нови нишки бидејќи општата нишка за станбени објекти беше хаос имаше доста измешани работи кои пробав некако да ги потсредам во нешто повеќе нишки бидејќи колку е поголема нишката станува се потешко прегледна(ќе отидеше 250+ и ќе беше доста тешко човек да се снајде). Затоа секогаш кога има доволно инфо за проектот,проектот е солиден и има фотогалерија или градежен дневник со фотки од фазата на градба практикувам нови нишки пред се за да биде попрегледно. Мислам дека засега е добро,нишки се отворени за посолидните проекти(барем така се најавени а во стварност како ќе излезат е друга работа).


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Apr-2021 at 12:57
@Phiko ако можеш намини во овој дел,би било добро да имаме некоја фотка од комплексов бидејќи на фб ретко ставаат фотки од текот на градбата,секако ако ти е успат и ако не ти е проблем?


Posted By: Phiko
Date Posted: 12-Apr-2021 at 12:58
Утре ми е план Влае, ако е убаво времето секако, ама сигурно ќе биде неделава.


Posted By: Phiko
Date Posted: 21-Apr-2021 at 12:21
Закаснив малце, денешни:




Posted By: nikola21m
Date Posted: 27-Apr-2021 at 22:05
Што е ова намсто цигла да се користат вакви блокови? Дали ваквиот начин е подобар, кои се предности/недостатоци?


Posted By: Ipkisija Meskosa
Date Posted: 30-Apr-2021 at 13:57




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Apr-2021 at 17:45
Originally posted by nikola21m

Што е ова намсто цигла да се користат вакви блокови? Дали ваквиот начин е подобар, кои се предности/недостатоци?


Бидејќи се гледаат гипсени плочи, можеби се работи за ваков или сличен систем:

Сувомонтажен фасаден ѕид Кнауф W333

https://knauf.mk/system/w333-%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%B6%D0%B5%D0%BD-%D1%84%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D1%95%D0%B8%D0%B4/ - https://knauf.mk/system/w333-%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%B6%D0%B5%D0%BD-%D1%84%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D1%95%D0%B8%D0%B4/


Posted By: Ipkisija Meskosa
Date Posted: 30-Apr-2021 at 18:14
Да, се работи за таков систем, Knauf W333.
Преградни ѕидови помеѓу станови Knauf W115, а ѕидовите помеѓу собите W112.



Posted By: stef4o
Date Posted: 03-May-2021 at 17:27






https://www.level7.mk/city_side_complex_vlae/


Posted By: Ipkisija Meskosa
Date Posted: 07-May-2021 at 18:14



https://www.facebook.com/DdmInzenering


Posted By: doncho
Date Posted: 07-May-2021 at 21:10
Ова делува многу несериозно.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-May-2021 at 09:35
Што е она што ги прави становите во CitySide комплексот во Влае супериорни во поглед на максимална изолација и енергетска ефикасност?
Изработка на фасаден ѕид од специјална гипсфазер табла со извонредни механички и хигроскопни својства, како и максимална парапропустност на системот, односно придобивката на фасаден “ѕид што дише”.



https://www.facebook.com/DdmInzenering/


Posted By: Ipkisija Meskosa
Date Posted: 23-May-2021 at 10:35


https://www.facebook.com/DdmInzenering/


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jun-2021 at 13:36
незнам комплексов дали ќе има 2 или 4 згради,мислам прво беше најавено 4...?





https://ddminzenering.mk/city-side-complex#filter


Posted By: Ipkisija Meskosa
Date Posted: 25-Jun-2021 at 20:49
Од она што се гледа за сега, 2 мали згради, со по 6 станчиња...

Слика од денес:


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jun-2021 at 09:38


https://www.facebook.com/DdmInzenering


Posted By: Ipkisija Meskosa
Date Posted: 22-Aug-2021 at 13:23




Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Oct-2021 at 10:02
CitySide Complex Timeline!
Со особено задоволство ве информираме дека нашиот објект CitySide во населба Влае е во завршна фаза на изградба и со нетрпение очекува да ги запознае своите станари.













https://www.facebook.com/DdmInzenering



Print Page | Close Window