Print Page | Close Window

Хаварисани возила

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3717
Printed Date: 05-Dec-2020 at 14:56


Topic: Хаварисани возила
Posted By: user8642
Subject: Хаварисани возила
Date Posted: 29-May-2020 at 14:41
Неможам да најдам некаде посебно да сте пишувале за овој горлив проблем на Скопје и генерално на Македонија, ќе отворам посебно, па ако имате некои стари вести може да соберете на купче.

Досега не се најде јунак да ги реши овие проблеми. Пред некој ден имаше некоја изјава мислам дека беше од Шилегов, ама не сум сигурен неможам да ја најдам, дека ќе се дислоцираат сите овакви возила на некој паркинг на страна од градот, што е единствено правилно решение. Придобивката е јасна, повеќе слободни паркинг места и зголемена чистота.

Досега по вести може да се најдат многу стари написи за овој проблем, многу еднократни акции оргазнизирани од различни општини ама генерлно, трајно и тековно решение не постои. Некоја општина има пробано да донесе независен правилник иако има некакви законски недоречености низ законите за јавна чистота и законот за безбедност во сообраќајот. Има еден пример од пред некоја година каде општина Карпош ги има собрано сите вакви возила и однесено на топење. Иако решителен потег за македонски услови, после тоа сепак се имаат соочено со тужби од граѓани. Имаше акција во КиселаВода и Аеродром каде се лепеа налепници за отстранунање, па ако за неколку месеци налепницата сеушто стои тогаш се отстранува возилото. Сепак, единствена законска подлога за било каква акција лежи во фактот дека возила нерегистрирани повеќе од една година, а со тоа и неплатена такса за јавни патишта, веќе има основ да бидат дислоцирани од јавните паркинзи зашто и во мирување сепак се учесници во сообраќајот на некој начин паркирани на јавна површина.

Во Скопје по проценки може да има дури и 1000 вакви расфрлани автомобили по паркинзи за кои никој не води грижа.

Повелете, секој од свое маало, што упеца на шетање низ Скопје, па и другите градови, постирајте, да ги ставиме на тапет.



Replies:
Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 14:51
Еве нешто од општина центар пред некое време...   08/ноември/2019

Од „ПОЦ“ информираат дека на територијата на општина Центар има околу 220 хаварисани возила кои ги зафаќаат постојните паркинг места. И за нивното дислоцирање се бара решение, со што би се ослободиле дополнителни паркинзи за возилата.

– ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ веќе е во процедура за добивање простор за депо наменето за хаварисани возила. Откако ќе заврши процедурата, ЈП „ПОЦ“ ќе почне со оплеменување и уредување на просторот и ќе стартува со ослободување на паркиралиштата од возила кои не се во возна состојба – посочуваат од „ПОЦ“.

https://meta.mk/na-czentarot-na-skopјe-mu-falat-naјmalku-4-000-parking-mesta-velat-od-pocz/


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 14:58
„ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ ЌЕ ГИ ОТСТРАНУВА ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА И ЌЕ ГИ НОСИ НА ДЕПО ВО КИСЕЛА ВОДА
3.062
18 април 2019Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

https://ibb.co/WGyWxDW">

„ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ ЌЕ ГИ ОТСТРАНУВА ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА И ЌЕ ГИ НОСИ НА ДЕПО ВО КИСЕЛА ВОДАСпоред проценките на „Паркинзи на Општина Центар“, на територијата на Центар има околу 220 хаварисани возила.(Фото: СДК.МК)

Хаварисаните возила од територијата на Општина Центар ќе се отстрануваат и ќе се носат на депо во Кисела Вода. ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) оваа акција ќе ја спроведува за да се ослободат паркинзите од возила кои не се во возна состојба, а зафаќаат паркинг места. Според проценките на претпријатието, на територијата на Центар има околу 220 хаварисани возила.

„Најдовме локација во Кисела Вода која е со површина од 5.000 метри квадратни. Чекаме Советот на Општината да го усвои Деталниот урбанистички план за тој реон и ќе почнеме со оплеменување и уредување на просторот. Очекувам летово да стартуваме со ослободување на паркинзите од хаварисани возила“, вели директорот на ПОЦ Васко Кичевски.

Пред да бидат отстранети и однесени на депото комунален инспектор од Општина Центар на возилото ќе залепи опомена со која се информира сопственикот дека ако во рок од две недели не ја тргне колата тоа ќе го стори пајак службата.

„Истовремено, ќе побараме од Министерството за внатрешни работи податоци за сопственикот и телефонски по втор пат ќе го информираме. Ако и после овој апел хаварисаното возило стои на паркинг, ќе интервенираме. На терен имаме хаварисани возила кои стојат и по 10 години. На само што зафаќаат јавен простор туку околу нив се создава ѓубре и се лоша слика“, додава Кичевски.

А. АНТЕВСКА
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/parkinzi-tsentar-ke-gi-otstranuva-havarisanite-vozila-i-ke-gi-nosi-na-depo-vo-kisela-voda/



Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:00
Супер, кога дошол папата, ги префрлиле од еден паркинг во Центар на друг паркинг во Капиштец, цареви!
https://a1on.mk/macedonia/video-gragjani-na-kapishtec-koga-doagjashe-papata-donesoa-havarisani-vozila-koi-so-meseci-skapuvaat-na-nashiot-parking/ - https://a1on.mk/macedonia/video-gragjani-na-kapishtec-koga-doagjashe-papata-donesoa-havarisani-vozila-koi-so-meseci-skapuvaat-na-nashiot-parking/

[tube]BXLSYoda8Ic[/tube]


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:01
Лани, Тетово и Гостивар
Се отстрануваат хаварисани возила од тротоари и паркинзи
Од страна на Вечер -22/11/201979
Сподели

Локалните самоуправи во соработка со СВР-Тетово започна со активности за отстранување на стари хаварисани возила, оставени на јавни сообраќајни површини во Тетово и Гостивар и со тоа да се обезбеди непречено и безбедно движење на пешаците и другите учесници во сообраќајот.

Во првата фаза до сопствениците на ваквите возила се доставуваат писмени известувања дека треба во рок од три дена да ги отстранат.

– Ако не постапат според наведеното во известувањата, согласно член 63 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата ќе бидат подигнати од општинските „пајак-служби“ и ќе се транспортираат на соодветни локации. По ова, нивните сопственици за тоа ќе треба да платат определен паричен надоместок и ќе им биде изготвен мандатен платен налог со глоба од 45 евра во денарска противвредност – вели портпаролот на СВР-Тетово, Марјан Јосифовски.

Со тоа ќе се обезбеди непречено и безбедно движење на пешаците и другите учесници во сообраќајот во Тетово и Гостивар, посебно во близина на училишта и други јавни објекти.

https://www.vecer.press/%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D1%85%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%BE%D0%B4/


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:02
https://ibb.co/pPRzktk">

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/%D1%85%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BB/ - https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/%D1%85%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BB/


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:04
Хаварисаните возила на паркинг – нерешлив проблем
Од Снежана Калабакова -11:15 01.04.2019383

Сподели Facebook Twitter Google+ Email

https://ibb.co/CBmPk3x">

Фото: Игор Бансколиев
Не постои законска можност кој било, освен сопственикот, да го отстрани возилото што зафаќа паркинг-простор пред зградите во повеќе скопски населби

Во неколку скопски населби тешко е да се најде слободен паркинг-простор пред станбените згради. Така е во Кисела Вода, Автокоманда, Бутел, во Чаир, речиси во повеќето скопски населби. Во трката за слободен паркинг не се вклучуваат само сопствениците на хаварисаните автомобили, бидејќи тие со години узурпираат паркинг-место и никој не може да им го одземе. Многупати поради тоа има соседски расправии, бидејќи на старите и хаварисани возила местото им е во отпад или во гаража, а не на паркинг. Проблемот со овие возила само става акцент на фактот дека многу недостигаат оние пролетни акции од минатото што ги организираа општините за да ги отстранат хаварисаните возила. Од општината Бутел велат дека сега локалната самоуправа нема таква законска можност, бидејќи комуналните инспектори можат да бидат тужени од сопствениците на хаварисаните возила и да завршат на суд.

– Нашите комунални инспектори имаат иницијатива да ги лоцираат и пребројат хаварисаните возила на територијата на општината Бутел и тука завршуваат нивните ингеренции. Ништо повеќе не можат да преземат, освен да ги опоменат сопствениците самите да ги отстранат. Уште пред повеќе од пет години самите комунални инспектори констатираа дека не можат да постапат ниту по Законот за јавна чистота, ниту по Законот за сообраќај и поради тие законски недоречености бараа да се одреди кој ќе биде задолжен за подигање на хаварисаните возила. Локалната самоуправа нема надлежност, па ситуацијата со хаварисаните возила сѐ уште е статус кво – вели Снежана Клинчарова, портпаролка во општината Бутел.


Од општината Центар објаснуваат дека комуналните инспектори немаат надлежност да вршат инспекција и да постапуваат со хаварисаните возила на територијата на општината Центар. Надлежни се „Паркинзи на општината Центар“ и Министерството за внатрешни работи. Од оваа скопска општина велат дека со последните законски измени од пред четири години им се одземени надлежностите на општините да постапуваат со хаварисаните возила.

Од општината Гази Баба, пак, тврдат дека сѐ уште реализираат активности за подигање на хаварисаните возила. Евидентирале околу 60 такви во Автокоманда, Железара, Ќерамидница, Ченто, Маџари и во Хиподром. Досега отстраниле 30 возила во Автокоманда и уште 10 се во постапка. Возилата биле отстранети од страна на сопствениците. Инаку, во општината Гази Баба неодамна на хаварисаните возила реагираа жителите на Автокоманда, кои побараа од општината да го реши проблемот.

– Овластениот комунален инспектор во општината Гази Баба веќе работи, односно ја спроведе акцијата за отстранување на хаварисаните возила во урбаниот дел на општината. Постапка за отстранување е следна: за да се избегнат трошоците на граѓанинот, најпрво се става жолта налепница со датум како известување (опомена) во рок од 15 дена да го отстрани самиот. Доколку не го отстрани, комуналниот инспектор по регистарските таблички обезбедува податоци за сопственикот.

Подготвува записник за констатација и донесува решение за отстранување во рок од три дена. Доколку нема регистарски таблички, се подготвуваат записник и решение на непознат сопственик и се ставаат на самото возило. Досега имало четири возила со непознат сопственик и тие се отстранети. Акцијата се одвива успешно и ќе продолжи и понатаму во другите населени места – информираат од Гази Баба.

Поранешен комунален инспектор од една друга скопска општина вели дека хаварисаните возила во суштина се проблем за општините и за комуналните инспектори. Тие навистина не можат ништо да сторат, бидејќи нивните сопственици секогаш можат да се пожалат дека нешто им недостига на нивните возила и да побараат штетата да им бидат надоместена. Проблематиката со хаварисаните возила најпрвин била дел од Законот за јавна чистота, а потоа дел од Законот за безбедност во сообраќајот, но, според неговото искуство, оваа проблематика има законски недоречености, поради што ги спречува општините во постапувањето со хаварисаните возила.

Како пример ја наведува акцијата на општината Карпош пред повеќе години, кога сите хаварисани возила биле собрани и однесени на топење, за што потоа сопствениците ја тужеле општината. Дури, вели, општините и да ги однесат собраните хаварисани автомобили на некое депо, кое самите го одредиле, а најчесто нема такви површини, тие повторно можат да бидат тужени од сопствениците на старите автомобили. Но општината во секое време може да го опомене сопственикот на хаварисаното возило со барање да го отстрани од паркингот.

Потребна е законска измена за точно да се дефинираат работите, вели овој поранешен комунален инспектор, кој смета дека иницијативата може да тргне од ЗЕЛС, за да може да се реши проблемот со законските недоречености.



Во Дубаи се оставаат и забораваат само скапи автомобили

https://ibb.co/GFSxTqG">

Повеќето големи градови се справуваат со проблеми како невработеност, криминал и домување, но Дубаи има друг невообичаен проблем со напуштени луксузни автомобили. Според весникот „Галф њуз“,секоја година има 2.000-3.000 напуштени автомобили, едноставно отфрлени и оставени од нивните сопственици.
Одделот за управување со отпад во Дубаи ги презема возилата доколку пречат на патиштата или влијаат врз безбедноста на патот, но има автомобили што се оставени како што биле, на места што не се забележуваат и понекогаш поминуваат години додека да бидат откриени. Автомобилите што се оставаат се навистина скапи, некои достигнуваат цени до милион фунти. Eдна од главните причини зошто толку многу скапи луксузни автомобили завршуваат напуштени се должи на справувањето на Дубаи со ефектите од глобалната финансиска криза и опаѓањето на цените на нафтата од пред неколку години. Во текот на изминатите шест-седум години, луксузните автомобили како „ферари“ и скапите „БМВ“ се напуштени бидејќи нивните сопственици бегаат од банкрот предизвикан од финансиската криза. Сопствениците не ги напуштаат само своите автомобили туку и целиот свој живот во Дубаи. Откако го прекинуваат исплаќањето на скапите автомобили, го напуштаат градот за да избегнат затвор. Според шеријатскиот закон, кој важи во повеќето држави од Блискиот Исток, неплаќањето на долгот е кривично дело. Обединетите Арапски Емирати немаат закони за банкрот, така што нема правна заштита за оние што не успеваат навреме да ги исплатат автомобилските кредити, кредитните картички или нивните хипотеки. Х. Ј.



https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/%D1%85%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B5%D1%88/ - https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/%D1%85%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B5%D1%88/


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:05
И Куманово прави нешто на темата
[tube]pnG0DRGbBSw[/tube]


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:08
Уште една веста од пред некој ден, за уште една од опасностите со овие ѓубриња оставени по Скопските улици, во Радишани пожар зафати хаварисани возила.

Пожар беснее во близина на бензинска пумпа во РадишаниОбјавено пред 1 недела - 22 мај, 2020Од Кристијан Ландов

Во скопската населба Радишани, веднаш спроти бензинската пумпа „Еурооил“, избувна пожар. Запален е објект околу кој има бујна вегетација, а може да се забележат и стари хаварисани возила. Во моментот интервенираат пет екипи на Противпожарната служба со помош на граѓани. Чад од пожарот има во целата населба, а се стравува дека тој може да се прошири и на околните имоти. Очевидци велат дека пожарот наводно настанал од искра при сечење железо. Според информациите од терен, на сто метри од огнот веќе се чувствува неподнослива жештина. Небото над Радишани е смрачено од огромен облак црн густ чад, а граѓаните во паника ги преместуваат своите возила паркирани во близина на пожарот.

https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80-%D0%B1%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BF/ - https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80-%D0%B1%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BF/


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:15
Еве еден колаж од улиците низ Македонија, има и постари слики што може да се најде по интернет.

https://imgbb.com/">

https://ibb.co/7rbP01m">

https://imgbb.com/">

https://ibb.co/fDjbQbC">

https://imgbb.com/">

https://imgbb.com/">

https://ibb.co/gmJXsDH">

https://ibb.co/KV106NG">

https://ibb.co/CzsYLcC">

https://ibb.co/my7RG59">

https://imgbb.com/">

https://ibb.co/VxfzGL4">

https://imgbb.com/">

https://ibb.co/FsHvJph">

https://imgbb.com/">

https://ibb.co/jzzNs30">

https://ibb.co/SvPYTSP">

https://ibb.co/VJ38BQW">


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:20
Едно време за носење старо возило на отпад за топење, откупувачите исплаќаа 4500-6500 денари по возило. Е сега тука има многу коефициенти, чиста школка вреди повеќе зашто не треба да се чисти од навлаки, тапацири и слично, зависи дали има мотор или нема и слично. Збориме за оние возила кои не вредат ниту на делови да бидат продадени. Е сега ако општина центар избројала само во Центар 220 комада, значи во Скопје бројката може да се движи и до 2000 возила. Ако се зема цената колку од едно возило може да се извади пари и ако се пребијат тие трошоци за пајак возило, вработени и слично, излага груба математика дека овој град има расфрлано преку 100.000 евра по улици и не ги собира. Има business-case во целиот овој случај, профитабилен е за општинските буџети, а надлежните спијат!


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 29-May-2020 at 15:24
Originally posted by user8642



Каква штета. Нека го дадат на некој реставратор, бар ко музејски експонат да остане.

Вакви зачувани за 87.500 евра се продаваат! https://www.reezocar.com/en/occasion/annonce-mercedes+benz-se-RZCATMDE298618691.html - Mercedes-Benz W111 250 SE Werkscabrio,Servo,H-Zul..

Во лоша состојба кошта 1.890:
https://www.reezocar.com/en/occasion/annonce-mercedes+benz-seb-RZCATMDE299256444.html - Mercedes-Benz Mercedes Benz W111 220 SEb Heckflosse


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 29-May-2020 at 16:56

а овие кој да ги реставрира, кога е приватно моит на отпад, а државното за украс!

ги тргнаа ли олдтајмериве од пред МТВ?
Originally posted by http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3513&PID=229308#229308 - Zelenikovo

]
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=208&PID=229301#229301 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=208&PID=229301#229301





Posted By: user8642
Date Posted: 08-Jun-2020 at 15:21
Општина Кочани не заборава да даде секогаш по некој позитивен мал пример за другите општини.

Градоначалникот Илијев обезбеди дислокација на возилата зад зградата на „Бетон“

Jun 8, 2020

Минатонеделната реакција на станарите на зградата кај „Бетон“, доби експресен одговор. На барањето на станарите коишто се пожалија на запуштеноста и узурпацијата на просторот околу овој објект од возилата кои стојат паркирани подолго време во нивната непосредна околина, позитивно им одговори градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

– По разговорите што ги имав со надлежните, наскоро ќе отпочне постапката за отстранување на овие 16 возила и овој простор ќе биде ослободен, а Општина Кочани ќе почне со неговото уредување. Тоа се возила кои се одземени по разни основи, меѓутоа поради судски или други постапки сѐ уште стојат овде. Ние како локална самоуправа имаме желба да им помогнеме на станарите од оваа зграда и овој простор да го уредиме според нивните барања и потреби. Разговаравме и со надлежните од Полициската станица во Кочани коишто треба да завршат еден дел од работата, а тоа е да ги подигнат возилата и да бидат однесени на место каде што во изминатиот период сместивме 40-ина такви возила – соопшти за медиумите градоначалникот Илијев.

Станарите со кои градоначалникот оствари кратка средба, изразија благодарност за брзата интервенција на нивното барање.

https://ibb.co/WFYzgD3">      https://ibb.co/9VDvT0G">

http://kocani.gov.mk/%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B5%D0%B2-%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B8-%D0%B4%D0%B8%D1%81/ - http://kocani.gov.mk/%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B5%D0%B2-%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B8-%D0%B4%D0%B8%D1%81/


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Aug-2020 at 09:12
Низ Скопје(од фб)















Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Aug-2020 at 17:19
која е процедурата да се побара да се отстрани возило што е запленето од УЈП што узурпира паркинг простор?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: user8642
Date Posted: 05-Aug-2020 at 22:48
Originally posted by zabegan

која е процедурата да се побара да се отстрани возило што е запленето од УЈП што узурпира паркинг простор?
Staro kupuem


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Aug-2020 at 10:23
Со години стојат на паркингот меѓу бензинската на Макпетрол и депото на пајак службата



Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Sep-2020 at 15:40
Отстранете ги хаварисаните возила од јавните површини во Општина Аеродром
Општина Аеродром ги известува сопствениците на хаварисани и нерегистрирани возила дека е потребно да ги отстранат од јавните површини во најкраток можен рок.
Во спротивно, овие возила, приколки и камп-приколки што се паркирани на плочници и тревници веднаш ќе бидат отстранети од надлежните служби.
Паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането и тие покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за Општината, претставуваат и опасност за граѓаните и за животната средина.







https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Sep-2020 at 16:08
Градот сепак нема да отвори депонија за хаварисани возила во Драчево

Градоначалникот Петре Шилегов имаше во план во населбата Драчево да направи депонија за метал, отпад на Град Скопје, сепак оваа одлука не беше поддржана на седницата на Советот на Град Скопје.

Претходно Советот на Град Скопје донесе одлука за масовно отстранување на хаварасани и нерегистрирани возила од јавнитe површини на територија на цело Скопје.

– Денес на Советот на Град Скопје се направи мал чекор за советниците во Град Скопје но голем бенефит за граѓаните на Драчево и Батинци! Денес требаше да се донесе одлука за депонија на хаварисани возила во Драчево, советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се спротивстави на таа одлука. Но во Советот на Град Скопје преовлада ум, разум, слух за потребите на граѓаните, па дел од советниците рекоа не на лошите политики на СДСМ – соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот Петре Шилегов имаше во план во населбата Драчево да направи депонија за метал, отпад на Град Скопје, сепак оваа одлука не беше поддржана на седницата на Советот на Град Скопје.

Претходно Советот на Град Скопје донесе одлука за масовно отстранување на хаварасани и нерегистрирани возила од јавнитe површини на територија на цело Скопје.

По два часа дискусија дали е потребно депонија на напуштени, хаварисани и нерегистрирани моторни возила да биде КП 1717КО Драчево 2 и КП 1718 КО Драчево 2 во општина Кисела Вода, Одлуката не доби мнозинство и не се усвои.

Инаку доколку се донесеше ваквата одлука која е проблематична имајќи го предвид фактот што илјадници возила ќе завршат на една локација во населбата Драчево. Искуството од минатото говори дека во близина на ваквите депонии редовно се горат кабли и акумулатори со цел да се дојде до вредните метали кој понатаму би се препродавале.

Сите хаварасина возила од помеѓу општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари кои се дел од оваа меѓуопштинска соработка ќе бидат отстранети со помош на општина Центар, односно пајак службата на ПОЦ.

%20 - https://plusinfo.mk/gradot-sepak-nema-da-otvori-deponi-a-za-havarisani-vozila-vo-drachevo/


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Oct-2020 at 12:20
Општините во „ќор-сокак“ со хаварисаните возила, немаат депо ниту надлежности

Неколку стотици хаварисани возила се оставени и заборавени по тротоарите и паркиралиштата низ Скопје. Само на територијата на Општина Центар, според евиденцијата на ЈП „ПОЦ“ има 236 вакви автомобили, во Карпош 100, во Аеродром 75, а слична е состојбата и во другите општини.

Проблемот кој општините го имаат со хаварисаните возила е стар со години и досега се покажа нерешлив. Општините се со „врзани раце“ затоа што законите не им овозможуваат целосна ингеренција за да можат да интервенираат, но проблем е и фактот дека во Скопје нема соодветна локација каде што можат да се носат ваквите автомобили. Во меѓувреме, сопствениците на старите возила, кои одамна ја изгубиле својата функција, но и на нерегистрираните, воопшто немаат грижа дека со својата неодговорност го нагрдуваат јавниот простор во градот и непотребно заземаат простор за паркирање.

– До крајот на минатата година во Општината Ѓорче Петров беа направени неколку акции за отстранување на хаварисани возила. Од јавните површини беа отстранети 40-ина хаварисани возила откако им беа залепени налепници со опомена. Сопствениците сами го отстранија возилата, без потреба да биде повикана пајак-службата од ЈП „Градски паркинг“, со кое Општината Ѓорче Петров има склучено договор за подигање на хаварисани возила. Деновиве во соработка со МВР, повторно ќе се организира акција за отстранување на новооставените хаварисани возила, кои по наша проценка се околу 5 до 10 – вели Златко Бојаџиев, раководител на Одделението за инспекциски работи во Општина Ѓорче Петров.

Бојаџиев објаснува дека од страна на Град Скопје се утврдува постапката со која ќе се регулира висината на казната и надоместокот за лежарина за подигнато и оставено возило на одреден плац, но и дека се бара законско решение што да се прави со возилата што сопствениците нема да ги подигнат по 30-тиот ден од депонирањето на возилото.

Општинските инспектори можат само да опоменуваат
И останатите општини немаат простор каде би се дислоцирале ваквите автомобили и очекуваат тоа да се реши на ниво на Град Скопје. Нивните комунални редари можат само да ги опоменуваат сопствениците и да се надеваат дека тие самите ќе ги отстранат хаварисаните возила.

– Општината нема јавен простор на кој може да ги носи овие автомобили. Нашата обврска и активност која досега ја практикувавме преку нашите комунални редари, е доколку забележиме хаварисано возило или пак со пријава од граѓанин во некоја урбана заедница инспекторите, најпрво да проверуваат дали станува збор за хаварисано возило, а потоа комуналните редари на возилото лепат специјални налепници. Со тоа сопствениците на старите автомобили се предупредени дека мора да ги отстранат овие возила – велат од Карпош.

Општинските инспектори немаат право дури ни да пишуваат казни, законот тоа не им го дозволува.

– Во минатото, Законот за јавна чистота во член 14 дозволувал санкционирање на сопственици кои своите хаварисани возила и приколки ги оставиле на јавна површина. Меѓутоа, со измените во Законот и со отстранување на членот, комуналните инспектори на општините, немаат повеќе ингеренции за санкционирање и изрекување казна за сопствениците – објаснуваат од Општина Центар.

Старите возила нема да се складираат во Драчево

Од Град Скопје велат дека проблемот со хаварисаните возила не е во нивна надлежност. Сепак, градоначалникот Петре Шилегов на последната седница на градскиот Совет предложи да се усвои одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и десетте скопски општини за отстранување на напуштени, хаварисани и нерегистрирани моторни и други возила од јавните површини.

Во предлогот стоеше дека Градот се согласува „пајаците“ на ЈП „Градски паркинг“ да се користат за отстранување на напуштените возила во сите општини, освен во Центар каде оваа услуга би ја извршувало ЈП „ПОЦ“. Притоа се предлагаше возилата што ќе бидат отстранети од јавните површини да бидат времено депонирани на одредена локација во Драчево.

Одлуката не беше усвоена по двочасовно жестокото противење на советниците од опозицијата, кои сметаа дека создавањето на голема депонија од хаварисани возила, сериозно ќе ја наруши животната средина и квалитетот на живот на жителите на Драчево и на Батинци.

Прочитајте и... Заев: Од понеделник граѓаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ без ПЦР тестови во нашата земја
Сето ова значи, дека проблемот со старите нефункционални возила заборавени по јавните површини продолжува и е оставен, пред сѐ, на свеста на нивните сопственици, кои доколку сакаат можат да ги однесат во отпадите за старо железо. Сѐ дотогаш, додека надлежните не изнајдат решение кое ќе биде во полза на сите.

Центар: Возилата бесплатно на отпад и пари за откуп
Иако моменталните законски прописи не дозволуваат голем простор за справување со проблемот со хаварисани и нерегистрирани возила оставени по паркиралиштата и другите јавни површини, Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ подготвуваат акција за отстранување на хаварисани возила, која наскоро ќе започне со реализација.

– Со цел да го исчистиме Центар од отпад и да ја заштитиме животната средина во која сите ние живееме, на граѓаните ќе им понудиме бесплатно отстранување на нивните хаварисани возила, кои ќе ги однесеме до најблискиот отпад и за нив ќе добијат средства за нивен откуп. Тие средства ќе бидат префрлени директно на трансакциска сметка на сопственикот на хаварисаното возило – објаснуваат од Општина Центар.

%20 - https://www.slobodenpecat.mk/opshtinite-vo-kor-sokak-so-havarisanite-vozila-nemaat-depo-nitu-nadlezhnosti/



Print Page | Close Window