Print Page | Close Window

Хаварисани возила

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3717
Printed Date: 27-Apr-2024 at 19:17


Topic: Хаварисани возила
Posted By: user8642
Subject: Хаварисани возила
Date Posted: 29-May-2020 at 14:41
Неможам да најдам некаде посебно да сте пишувале за овој горлив проблем на Скопје и генерално на Македонија, ќе отворам посебно, па ако имате некои стари вести може да соберете на купче.

Досега не се најде јунак да ги реши овие проблеми. Пред некој ден имаше некоја изјава мислам дека беше од Шилегов, ама не сум сигурен неможам да ја најдам, дека ќе се дислоцираат сите овакви возила на некој паркинг на страна од градот, што е единствено правилно решение. Придобивката е јасна, повеќе слободни паркинг места и зголемена чистота.

Досега по вести може да се најдат многу стари написи за овој проблем, многу еднократни акции оргазнизирани од различни општини ама генерлно, трајно и тековно решение не постои. Некоја општина има пробано да донесе независен правилник иако има некакви законски недоречености низ законите за јавна чистота и законот за безбедност во сообраќајот. Има еден пример од пред некоја година каде општина Карпош ги има собрано сите вакви возила и однесено на топење. Иако решителен потег за македонски услови, после тоа сепак се имаат соочено со тужби од граѓани. Имаше акција во КиселаВода и Аеродром каде се лепеа налепници за отстранунање, па ако за неколку месеци налепницата сеушто стои тогаш се отстранува возилото. Сепак, единствена законска подлога за било каква акција лежи во фактот дека возила нерегистрирани повеќе од една година, а со тоа и неплатена такса за јавни патишта, веќе има основ да бидат дислоцирани од јавните паркинзи зашто и во мирување сепак се учесници во сообраќајот на некој начин паркирани на јавна површина.

Во Скопје по проценки може да има дури и 1000 вакви расфрлани автомобили по паркинзи за кои никој не води грижа.

Повелете, секој од свое маало, што упеца на шетање низ Скопје, па и другите градови, постирајте, да ги ставиме на тапет.



Replies:
Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 14:51
Еве нешто од општина центар пред некое време...   08/ноември/2019

Од „ПОЦ“ информираат дека на територијата на општина Центар има околу 220 хаварисани возила кои ги зафаќаат постојните паркинг места. И за нивното дислоцирање се бара решение, со што би се ослободиле дополнителни паркинзи за возилата.

– ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ веќе е во процедура за добивање простор за депо наменето за хаварисани возила. Откако ќе заврши процедурата, ЈП „ПОЦ“ ќе почне со оплеменување и уредување на просторот и ќе стартува со ослободување на паркиралиштата од возила кои не се во возна состојба – посочуваат од „ПОЦ“.

https://meta.mk/na-czentarot-na-skopјe-mu-falat-naјmalku-4-000-parking-mesta-velat-od-pocz/


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 14:58
„ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ ЌЕ ГИ ОТСТРАНУВА ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА И ЌЕ ГИ НОСИ НА ДЕПО ВО КИСЕЛА ВОДА
3.062
18 април 2019Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

https://ibb.co/WGyWxDW">

„ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ ЌЕ ГИ ОТСТРАНУВА ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА И ЌЕ ГИ НОСИ НА ДЕПО ВО КИСЕЛА ВОДАСпоред проценките на „Паркинзи на Општина Центар“, на територијата на Центар има околу 220 хаварисани возила.(Фото: СДК.МК)

Хаварисаните возила од територијата на Општина Центар ќе се отстрануваат и ќе се носат на депо во Кисела Вода. ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) оваа акција ќе ја спроведува за да се ослободат паркинзите од возила кои не се во возна состојба, а зафаќаат паркинг места. Според проценките на претпријатието, на територијата на Центар има околу 220 хаварисани возила.

„Најдовме локација во Кисела Вода која е со површина од 5.000 метри квадратни. Чекаме Советот на Општината да го усвои Деталниот урбанистички план за тој реон и ќе почнеме со оплеменување и уредување на просторот. Очекувам летово да стартуваме со ослободување на паркинзите од хаварисани возила“, вели директорот на ПОЦ Васко Кичевски.

Пред да бидат отстранети и однесени на депото комунален инспектор од Општина Центар на возилото ќе залепи опомена со која се информира сопственикот дека ако во рок од две недели не ја тргне колата тоа ќе го стори пајак службата.

„Истовремено, ќе побараме од Министерството за внатрешни работи податоци за сопственикот и телефонски по втор пат ќе го информираме. Ако и после овој апел хаварисаното возило стои на паркинг, ќе интервенираме. На терен имаме хаварисани возила кои стојат и по 10 години. На само што зафаќаат јавен простор туку околу нив се создава ѓубре и се лоша слика“, додава Кичевски.

А. АНТЕВСКА
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/parkinzi-tsentar-ke-gi-otstranuva-havarisanite-vozila-i-ke-gi-nosi-na-depo-vo-kisela-voda/



Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:00
Супер, кога дошол папата, ги префрлиле од еден паркинг во Центар на друг паркинг во Капиштец, цареви!
https://a1on.mk/macedonia/video-gragjani-na-kapishtec-koga-doagjashe-papata-donesoa-havarisani-vozila-koi-so-meseci-skapuvaat-na-nashiot-parking/ - https://a1on.mk/macedonia/video-gragjani-na-kapishtec-koga-doagjashe-papata-donesoa-havarisani-vozila-koi-so-meseci-skapuvaat-na-nashiot-parking/

[tube]BXLSYoda8Ic[/tube]


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:01
Лани, Тетово и Гостивар
Се отстрануваат хаварисани возила од тротоари и паркинзи
Од страна на Вечер -22/11/201979
Сподели

Локалните самоуправи во соработка со СВР-Тетово започна со активности за отстранување на стари хаварисани возила, оставени на јавни сообраќајни површини во Тетово и Гостивар и со тоа да се обезбеди непречено и безбедно движење на пешаците и другите учесници во сообраќајот.

Во првата фаза до сопствениците на ваквите возила се доставуваат писмени известувања дека треба во рок од три дена да ги отстранат.

– Ако не постапат според наведеното во известувањата, согласно член 63 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата ќе бидат подигнати од општинските „пајак-служби“ и ќе се транспортираат на соодветни локации. По ова, нивните сопственици за тоа ќе треба да платат определен паричен надоместок и ќе им биде изготвен мандатен платен налог со глоба од 45 евра во денарска противвредност – вели портпаролот на СВР-Тетово, Марјан Јосифовски.

Со тоа ќе се обезбеди непречено и безбедно движење на пешаците и другите учесници во сообраќајот во Тетово и Гостивар, посебно во близина на училишта и други јавни објекти.

https://www.vecer.press/%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D1%85%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%BE%D0%B4/


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:02
https://ibb.co/pPRzktk">

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/%D1%85%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BB/ - https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/%D1%85%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BB/


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:04
Хаварисаните возила на паркинг – нерешлив проблем
Од Снежана Калабакова -11:15 01.04.2019383

Сподели Facebook Twitter Google+ Email

https://ibb.co/CBmPk3x">

Фото: Игор Бансколиев
Не постои законска можност кој било, освен сопственикот, да го отстрани возилото што зафаќа паркинг-простор пред зградите во повеќе скопски населби

Во неколку скопски населби тешко е да се најде слободен паркинг-простор пред станбените згради. Така е во Кисела Вода, Автокоманда, Бутел, во Чаир, речиси во повеќето скопски населби. Во трката за слободен паркинг не се вклучуваат само сопствениците на хаварисаните автомобили, бидејќи тие со години узурпираат паркинг-место и никој не може да им го одземе. Многупати поради тоа има соседски расправии, бидејќи на старите и хаварисани возила местото им е во отпад или во гаража, а не на паркинг. Проблемот со овие возила само става акцент на фактот дека многу недостигаат оние пролетни акции од минатото што ги организираа општините за да ги отстранат хаварисаните возила. Од општината Бутел велат дека сега локалната самоуправа нема таква законска можност, бидејќи комуналните инспектори можат да бидат тужени од сопствениците на хаварисаните возила и да завршат на суд.

– Нашите комунални инспектори имаат иницијатива да ги лоцираат и пребројат хаварисаните возила на територијата на општината Бутел и тука завршуваат нивните ингеренции. Ништо повеќе не можат да преземат, освен да ги опоменат сопствениците самите да ги отстранат. Уште пред повеќе од пет години самите комунални инспектори констатираа дека не можат да постапат ниту по Законот за јавна чистота, ниту по Законот за сообраќај и поради тие законски недоречености бараа да се одреди кој ќе биде задолжен за подигање на хаварисаните возила. Локалната самоуправа нема надлежност, па ситуацијата со хаварисаните возила сѐ уште е статус кво – вели Снежана Клинчарова, портпаролка во општината Бутел.


Од општината Центар објаснуваат дека комуналните инспектори немаат надлежност да вршат инспекција и да постапуваат со хаварисаните возила на територијата на општината Центар. Надлежни се „Паркинзи на општината Центар“ и Министерството за внатрешни работи. Од оваа скопска општина велат дека со последните законски измени од пред четири години им се одземени надлежностите на општините да постапуваат со хаварисаните возила.

Од општината Гази Баба, пак, тврдат дека сѐ уште реализираат активности за подигање на хаварисаните возила. Евидентирале околу 60 такви во Автокоманда, Железара, Ќерамидница, Ченто, Маџари и во Хиподром. Досега отстраниле 30 возила во Автокоманда и уште 10 се во постапка. Возилата биле отстранети од страна на сопствениците. Инаку, во општината Гази Баба неодамна на хаварисаните возила реагираа жителите на Автокоманда, кои побараа од општината да го реши проблемот.

– Овластениот комунален инспектор во општината Гази Баба веќе работи, односно ја спроведе акцијата за отстранување на хаварисаните возила во урбаниот дел на општината. Постапка за отстранување е следна: за да се избегнат трошоците на граѓанинот, најпрво се става жолта налепница со датум како известување (опомена) во рок од 15 дена да го отстрани самиот. Доколку не го отстрани, комуналниот инспектор по регистарските таблички обезбедува податоци за сопственикот.

Подготвува записник за констатација и донесува решение за отстранување во рок од три дена. Доколку нема регистарски таблички, се подготвуваат записник и решение на непознат сопственик и се ставаат на самото возило. Досега имало четири возила со непознат сопственик и тие се отстранети. Акцијата се одвива успешно и ќе продолжи и понатаму во другите населени места – информираат од Гази Баба.

Поранешен комунален инспектор од една друга скопска општина вели дека хаварисаните возила во суштина се проблем за општините и за комуналните инспектори. Тие навистина не можат ништо да сторат, бидејќи нивните сопственици секогаш можат да се пожалат дека нешто им недостига на нивните возила и да побараат штетата да им бидат надоместена. Проблематиката со хаварисаните возила најпрвин била дел од Законот за јавна чистота, а потоа дел од Законот за безбедност во сообраќајот, но, според неговото искуство, оваа проблематика има законски недоречености, поради што ги спречува општините во постапувањето со хаварисаните возила.

Како пример ја наведува акцијата на општината Карпош пред повеќе години, кога сите хаварисани возила биле собрани и однесени на топење, за што потоа сопствениците ја тужеле општината. Дури, вели, општините и да ги однесат собраните хаварисани автомобили на некое депо, кое самите го одредиле, а најчесто нема такви површини, тие повторно можат да бидат тужени од сопствениците на старите автомобили. Но општината во секое време може да го опомене сопственикот на хаварисаното возило со барање да го отстрани од паркингот.

Потребна е законска измена за точно да се дефинираат работите, вели овој поранешен комунален инспектор, кој смета дека иницијативата може да тргне од ЗЕЛС, за да може да се реши проблемот со законските недоречености.



Во Дубаи се оставаат и забораваат само скапи автомобили

https://ibb.co/GFSxTqG">

Повеќето големи градови се справуваат со проблеми како невработеност, криминал и домување, но Дубаи има друг невообичаен проблем со напуштени луксузни автомобили. Според весникот „Галф њуз“,секоја година има 2.000-3.000 напуштени автомобили, едноставно отфрлени и оставени од нивните сопственици.
Одделот за управување со отпад во Дубаи ги презема возилата доколку пречат на патиштата или влијаат врз безбедноста на патот, но има автомобили што се оставени како што биле, на места што не се забележуваат и понекогаш поминуваат години додека да бидат откриени. Автомобилите што се оставаат се навистина скапи, некои достигнуваат цени до милион фунти. Eдна од главните причини зошто толку многу скапи луксузни автомобили завршуваат напуштени се должи на справувањето на Дубаи со ефектите од глобалната финансиска криза и опаѓањето на цените на нафтата од пред неколку години. Во текот на изминатите шест-седум години, луксузните автомобили како „ферари“ и скапите „БМВ“ се напуштени бидејќи нивните сопственици бегаат од банкрот предизвикан од финансиската криза. Сопствениците не ги напуштаат само своите автомобили туку и целиот свој живот во Дубаи. Откако го прекинуваат исплаќањето на скапите автомобили, го напуштаат градот за да избегнат затвор. Според шеријатскиот закон, кој важи во повеќето држави од Блискиот Исток, неплаќањето на долгот е кривично дело. Обединетите Арапски Емирати немаат закони за банкрот, така што нема правна заштита за оние што не успеваат навреме да ги исплатат автомобилските кредити, кредитните картички или нивните хипотеки. Х. Ј.



https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/%D1%85%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B5%D1%88/ - https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/%D1%85%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B5%D1%88/


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:05
И Куманово прави нешто на темата
[tube]pnG0DRGbBSw[/tube]


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:08
Уште една веста од пред некој ден, за уште една од опасностите со овие ѓубриња оставени по Скопските улици, во Радишани пожар зафати хаварисани возила.

Пожар беснее во близина на бензинска пумпа во РадишаниОбјавено пред 1 недела - 22 мај, 2020Од Кристијан Ландов

Во скопската населба Радишани, веднаш спроти бензинската пумпа „Еурооил“, избувна пожар. Запален е објект околу кој има бујна вегетација, а може да се забележат и стари хаварисани возила. Во моментот интервенираат пет екипи на Противпожарната служба со помош на граѓани. Чад од пожарот има во целата населба, а се стравува дека тој може да се прошири и на околните имоти. Очевидци велат дека пожарот наводно настанал од искра при сечење железо. Според информациите од терен, на сто метри од огнот веќе се чувствува неподнослива жештина. Небото над Радишани е смрачено од огромен облак црн густ чад, а граѓаните во паника ги преместуваат своите возила паркирани во близина на пожарот.

https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80-%D0%B1%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BF/ - https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80-%D0%B1%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BF/


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:15
Еве еден колаж од улиците низ Македонија, има и постари слики што може да се најде по интернет.

https://imgbb.com/">

https://ibb.co/7rbP01m">

https://imgbb.com/">

https://ibb.co/fDjbQbC">

https://imgbb.com/">

https://imgbb.com/">

https://ibb.co/gmJXsDH">

https://ibb.co/KV106NG">

https://ibb.co/CzsYLcC">

https://ibb.co/my7RG59">

https://imgbb.com/">

https://ibb.co/VxfzGL4">

https://imgbb.com/">

https://ibb.co/FsHvJph">

https://imgbb.com/">

https://ibb.co/jzzNs30">

https://ibb.co/SvPYTSP">

https://ibb.co/VJ38BQW">


Posted By: user8642
Date Posted: 29-May-2020 at 15:20
Едно време за носење старо возило на отпад за топење, откупувачите исплаќаа 4500-6500 денари по возило. Е сега тука има многу коефициенти, чиста школка вреди повеќе зашто не треба да се чисти од навлаки, тапацири и слично, зависи дали има мотор или нема и слично. Збориме за оние возила кои не вредат ниту на делови да бидат продадени. Е сега ако општина центар избројала само во Центар 220 комада, значи во Скопје бројката може да се движи и до 2000 возила. Ако се зема цената колку од едно возило може да се извади пари и ако се пребијат тие трошоци за пајак возило, вработени и слично, излага груба математика дека овој град има расфрлано преку 100.000 евра по улици и не ги собира. Има business-case во целиот овој случај, профитабилен е за општинските буџети, а надлежните спијат!


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 29-May-2020 at 15:24
Originally posted by user8642



Каква штета. Нека го дадат на некој реставратор, бар ко музејски експонат да остане.

Вакви зачувани за 87.500 евра се продаваат! https://www.reezocar.com/en/occasion/annonce-mercedes+benz-se-RZCATMDE298618691.html - Mercedes-Benz W111 250 SE Werkscabrio,Servo,H-Zul..

Во лоша состојба кошта 1.890:
https://www.reezocar.com/en/occasion/annonce-mercedes+benz-seb-RZCATMDE299256444.html - Mercedes-Benz Mercedes Benz W111 220 SEb Heckflosse


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 29-May-2020 at 16:56

а овие кој да ги реставрира, кога е приватно моит на отпад, а државното за украс!

ги тргнаа ли олдтајмериве од пред МТВ?
Originally posted by http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3513&PID=229308#229308 - Zelenikovo

]
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=208&PID=229301#229301 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=208&PID=229301#229301





Posted By: user8642
Date Posted: 08-Jun-2020 at 15:21
Општина Кочани не заборава да даде секогаш по некој позитивен мал пример за другите општини.

Градоначалникот Илијев обезбеди дислокација на возилата зад зградата на „Бетон“

Jun 8, 2020

Минатонеделната реакција на станарите на зградата кај „Бетон“, доби експресен одговор. На барањето на станарите коишто се пожалија на запуштеноста и узурпацијата на просторот околу овој објект од возилата кои стојат паркирани подолго време во нивната непосредна околина, позитивно им одговори градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

– По разговорите што ги имав со надлежните, наскоро ќе отпочне постапката за отстранување на овие 16 возила и овој простор ќе биде ослободен, а Општина Кочани ќе почне со неговото уредување. Тоа се возила кои се одземени по разни основи, меѓутоа поради судски или други постапки сѐ уште стојат овде. Ние како локална самоуправа имаме желба да им помогнеме на станарите од оваа зграда и овој простор да го уредиме според нивните барања и потреби. Разговаравме и со надлежните од Полициската станица во Кочани коишто треба да завршат еден дел од работата, а тоа е да ги подигнат возилата и да бидат однесени на место каде што во изминатиот период сместивме 40-ина такви возила – соопшти за медиумите градоначалникот Илијев.

Станарите со кои градоначалникот оствари кратка средба, изразија благодарност за брзата интервенција на нивното барање.

https://ibb.co/WFYzgD3">      https://ibb.co/9VDvT0G">

http://kocani.gov.mk/%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B5%D0%B2-%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B8-%D0%B4%D0%B8%D1%81/ - http://kocani.gov.mk/%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B5%D0%B2-%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B8-%D0%B4%D0%B8%D1%81/


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Aug-2020 at 09:12
Низ Скопје(од фб)















Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Aug-2020 at 17:19
која е процедурата да се побара да се отстрани возило што е запленето од УЈП што узурпира паркинг простор?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: user8642
Date Posted: 05-Aug-2020 at 22:48
Originally posted by zabegan

која е процедурата да се побара да се отстрани возило што е запленето од УЈП што узурпира паркинг простор?
Staro kupuem


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Aug-2020 at 10:23
Со години стојат на паркингот меѓу бензинската на Макпетрол и депото на пајак службата



Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Sep-2020 at 15:40
Отстранете ги хаварисаните возила од јавните површини во Општина Аеродром
Општина Аеродром ги известува сопствениците на хаварисани и нерегистрирани возила дека е потребно да ги отстранат од јавните површини во најкраток можен рок.
Во спротивно, овие возила, приколки и камп-приколки што се паркирани на плочници и тревници веднаш ќе бидат отстранети од надлежните служби.
Паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането и тие покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за Општината, претставуваат и опасност за граѓаните и за животната средина.







https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Sep-2020 at 16:08
Градот сепак нема да отвори депонија за хаварисани возила во Драчево

Градоначалникот Петре Шилегов имаше во план во населбата Драчево да направи депонија за метал, отпад на Град Скопје, сепак оваа одлука не беше поддржана на седницата на Советот на Град Скопје.

Претходно Советот на Град Скопје донесе одлука за масовно отстранување на хаварасани и нерегистрирани возила од јавнитe површини на територија на цело Скопје.

– Денес на Советот на Град Скопје се направи мал чекор за советниците во Град Скопје но голем бенефит за граѓаните на Драчево и Батинци! Денес требаше да се донесе одлука за депонија на хаварисани возила во Драчево, советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се спротивстави на таа одлука. Но во Советот на Град Скопје преовлада ум, разум, слух за потребите на граѓаните, па дел од советниците рекоа не на лошите политики на СДСМ – соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот Петре Шилегов имаше во план во населбата Драчево да направи депонија за метал, отпад на Град Скопје, сепак оваа одлука не беше поддржана на седницата на Советот на Град Скопје.

Претходно Советот на Град Скопје донесе одлука за масовно отстранување на хаварасани и нерегистрирани возила од јавнитe површини на територија на цело Скопје.

По два часа дискусија дали е потребно депонија на напуштени, хаварисани и нерегистрирани моторни возила да биде КП 1717КО Драчево 2 и КП 1718 КО Драчево 2 во општина Кисела Вода, Одлуката не доби мнозинство и не се усвои.

Инаку доколку се донесеше ваквата одлука која е проблематична имајќи го предвид фактот што илјадници возила ќе завршат на една локација во населбата Драчево. Искуството од минатото говори дека во близина на ваквите депонии редовно се горат кабли и акумулатори со цел да се дојде до вредните метали кој понатаму би се препродавале.

Сите хаварасина возила од помеѓу општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари кои се дел од оваа меѓуопштинска соработка ќе бидат отстранети со помош на општина Центар, односно пајак службата на ПОЦ.

%20 - https://plusinfo.mk/gradot-sepak-nema-da-otvori-deponi-a-za-havarisani-vozila-vo-drachevo/


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Oct-2020 at 12:20
Општините во „ќор-сокак“ со хаварисаните возила, немаат депо ниту надлежности

Неколку стотици хаварисани возила се оставени и заборавени по тротоарите и паркиралиштата низ Скопје. Само на територијата на Општина Центар, според евиденцијата на ЈП „ПОЦ“ има 236 вакви автомобили, во Карпош 100, во Аеродром 75, а слична е состојбата и во другите општини.

Проблемот кој општините го имаат со хаварисаните возила е стар со години и досега се покажа нерешлив. Општините се со „врзани раце“ затоа што законите не им овозможуваат целосна ингеренција за да можат да интервенираат, но проблем е и фактот дека во Скопје нема соодветна локација каде што можат да се носат ваквите автомобили. Во меѓувреме, сопствениците на старите возила, кои одамна ја изгубиле својата функција, но и на нерегистрираните, воопшто немаат грижа дека со својата неодговорност го нагрдуваат јавниот простор во градот и непотребно заземаат простор за паркирање.

– До крајот на минатата година во Општината Ѓорче Петров беа направени неколку акции за отстранување на хаварисани возила. Од јавните површини беа отстранети 40-ина хаварисани возила откако им беа залепени налепници со опомена. Сопствениците сами го отстранија возилата, без потреба да биде повикана пајак-службата од ЈП „Градски паркинг“, со кое Општината Ѓорче Петров има склучено договор за подигање на хаварисани возила. Деновиве во соработка со МВР, повторно ќе се организира акција за отстранување на новооставените хаварисани возила, кои по наша проценка се околу 5 до 10 – вели Златко Бојаџиев, раководител на Одделението за инспекциски работи во Општина Ѓорче Петров.

Бојаџиев објаснува дека од страна на Град Скопје се утврдува постапката со која ќе се регулира висината на казната и надоместокот за лежарина за подигнато и оставено возило на одреден плац, но и дека се бара законско решение што да се прави со возилата што сопствениците нема да ги подигнат по 30-тиот ден од депонирањето на возилото.

Општинските инспектори можат само да опоменуваат
И останатите општини немаат простор каде би се дислоцирале ваквите автомобили и очекуваат тоа да се реши на ниво на Град Скопје. Нивните комунални редари можат само да ги опоменуваат сопствениците и да се надеваат дека тие самите ќе ги отстранат хаварисаните возила.

– Општината нема јавен простор на кој може да ги носи овие автомобили. Нашата обврска и активност која досега ја практикувавме преку нашите комунални редари, е доколку забележиме хаварисано возило или пак со пријава од граѓанин во некоја урбана заедница инспекторите, најпрво да проверуваат дали станува збор за хаварисано возило, а потоа комуналните редари на возилото лепат специјални налепници. Со тоа сопствениците на старите автомобили се предупредени дека мора да ги отстранат овие возила – велат од Карпош.

Општинските инспектори немаат право дури ни да пишуваат казни, законот тоа не им го дозволува.

– Во минатото, Законот за јавна чистота во член 14 дозволувал санкционирање на сопственици кои своите хаварисани возила и приколки ги оставиле на јавна површина. Меѓутоа, со измените во Законот и со отстранување на членот, комуналните инспектори на општините, немаат повеќе ингеренции за санкционирање и изрекување казна за сопствениците – објаснуваат од Општина Центар.

Старите возила нема да се складираат во Драчево

Од Град Скопје велат дека проблемот со хаварисаните возила не е во нивна надлежност. Сепак, градоначалникот Петре Шилегов на последната седница на градскиот Совет предложи да се усвои одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и десетте скопски општини за отстранување на напуштени, хаварисани и нерегистрирани моторни и други возила од јавните површини.

Во предлогот стоеше дека Градот се согласува „пајаците“ на ЈП „Градски паркинг“ да се користат за отстранување на напуштените возила во сите општини, освен во Центар каде оваа услуга би ја извршувало ЈП „ПОЦ“. Притоа се предлагаше возилата што ќе бидат отстранети од јавните површини да бидат времено депонирани на одредена локација во Драчево.

Одлуката не беше усвоена по двочасовно жестокото противење на советниците од опозицијата, кои сметаа дека создавањето на голема депонија од хаварисани возила, сериозно ќе ја наруши животната средина и квалитетот на живот на жителите на Драчево и на Батинци.

Прочитајте и... Заев: Од понеделник граѓаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ без ПЦР тестови во нашата земја
Сето ова значи, дека проблемот со старите нефункционални возила заборавени по јавните површини продолжува и е оставен, пред сѐ, на свеста на нивните сопственици, кои доколку сакаат можат да ги однесат во отпадите за старо железо. Сѐ дотогаш, додека надлежните не изнајдат решение кое ќе биде во полза на сите.

Центар: Возилата бесплатно на отпад и пари за откуп
Иако моменталните законски прописи не дозволуваат голем простор за справување со проблемот со хаварисани и нерегистрирани возила оставени по паркиралиштата и другите јавни површини, Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ подготвуваат акција за отстранување на хаварисани возила, која наскоро ќе започне со реализација.

– Со цел да го исчистиме Центар од отпад и да ја заштитиме животната средина во која сите ние живееме, на граѓаните ќе им понудиме бесплатно отстранување на нивните хаварисани возила, кои ќе ги однесеме до најблискиот отпад и за нив ќе добијат средства за нивен откуп. Тие средства ќе бидат префрлени директно на трансакциска сметка на сопственикот на хаварисаното возило – објаснуваат од Општина Центар.

%20 - https://www.slobodenpecat.mk/opshtinite-vo-kor-sokak-so-havarisanite-vozila-nemaat-depo-nitu-nadlezhnosti/


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Jan-2021 at 18:26
Низ Кисела Вода(од фб)





Posted By: user8642
Date Posted: 12-Jan-2021 at 18:57
Дали со новиот закон за одземање на возила нерегистрирани повеќе од 6 месеца може да се најде решение и за хаварисаните возила? Зошто да не? Секое возило паркирано на јавна површина на некој начин е учесник во сообраќај, учествува на паркинг. Добро е Град Скопје да размисли за оваков модел да се повика на овој закон и да ги растрга сите хаварисани возила кои фаќаат паркинг места, да ги однесе на некој плац надвор од Скопје, па кој не си го побара нека заврши во старо железо.

https://maktel.mk/makedonija/od-nova-godina-pochna-sproveduvaneto-na-noviot-strog-zakon-za-vozila-mvr-veke-zapleni-24-vozila-so-istechena-registraczija-poveke-od-6-meseczi/?fbclid=IwAR23lHcIKXTyDQV0oJaVu6iHyl6PojzU8uzL0IDcb1D_umvRhq8-DVsYl78 - https://maktel.mk/makedonija/od-nova-godina-pochna-sproveduvaneto-na-noviot-strog-zakon-za-vozila-mvr-veke-zapleni-24-vozila-so-istechena-registraczija-poveke-od-6-meseczi/?fbclid=IwAR23lHcIKXTyDQV0oJaVu6iHyl6PojzU8uzL0IDcb1D_umvRhq8-DVsYl78


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 12-Jan-2021 at 19:39
До пред некоја година ги собираа еднаш годишно. Имаше некакви акции.


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jan-2021 at 22:09
Повеќето од акциите беа низ Аеродром другите општини послабо се ангажираа за овој проблем. Ако сакаат можат да ги санкционираат и да ги одземат возилата едно време се збореше за плац негде на периферија ама ништо не бидна од тоа. И под Транспортен во депото на Јп Градски Паркинг има 30-тина возила собрани од некои претходни акции но мислам веќе не ги собираат таму.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Jan-2021 at 13:05
ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ ЌЕ ГИ СОБИРА ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА КОИ СТОЈАТ НА УЛИЦИТЕ И ЌЕ ГИ УНИШТУВА ВО ДЕПО



Јавното претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) од денес почнува со акција за расчистување и ослободување на паркинзите и јавните површини од хаварисани возила во Скопје. Покрај хаварисани возила, како што велат од претпријатието, ќе се собираат и камп приколки кои се напуштени и претставуваат опасност за жителите и животната средина.

„Возилата откако ќе се отстранат од јавните површини во Општина Центар, бесплатно ќе се носат во депото на фирмата ‘Васкони скрап‘. Потоа тие ќе ги сечат и ќе ги продаваат како старо железо, а за тоа сопствениците на возилата ќе добијат надоместок од фирмата согласно нивниот ценовник за откуп на отпад од хаварисани возила’, вели директорот на „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски.

Како дел од кампањата, од среда ќе се отвори и посебна телефонска линија 075 476-762 на која сопствениците на хаварисани возила ќе можат да ги пријавуваат своите автомобили. Пајак службата ќе интервенира веднаш по добивање на повикот.

„Со оваа акција ќе се воведе ред во паркирањето и ќе се зголемат капацитетите на паркинг местата“, додава Кичевски.

Според податоците на претпријатието на територијата на општина Центар има над 220 хаварисани возила.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/parkinzi-tsentar-ke-gi-sobira-havarisanite-vozila-koi-stojat-na-ulitsite-i-ke-gi-unishtuva-vo-depo/


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 18-Jan-2021 at 14:09
Штета е Мерцедесов да се уништи


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Mar-2021 at 10:18
на паркингот на ПОЦ зад Собранието



На излез од Капиштец: уличката "27 март" која ги поврзува зоната на Цветен Пазар и ул. Васил Ѓоргов.



На паркингот на ПОЦ зад Трготекстил, поточно зад Француски културен центар.



на паркингот зад зградата бр. 40 на ул. 29. Ноември/Костурски херои.



https://www.facebook.com/bunjakovets


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Mar-2021 at 18:19
Хаварисаните возила во старо железо или газдите ќе плаќаат „лежарина“

а скоро секој паркинг или агол, не само во главниот град, туку и во сите општини низ целата земја, има автомобили кои нивните сопственици со години ги оставаат таму. Тие се амортизирани и не се функционални, но едноставно заземаат паркинг простор во време кога граѓаните се обидуваат да најдат место за да го остават својот автомобил. Секоја општина е надлежна да го реши овој проблем“.

Општина Чаир најавува решение. Неодамна, оваа општина донесе Регулатива која предвидува како ќе се спроведува целиот процес на отстранување на хаварисаните возила. Спроведувањето на процесот ќе го преземе компанијата „Старо Скопје“.

Утврден е ценовник, бидејќи според законот треба да има ценовник за оперативна реализација на овој процес. Сопственикот ќе мора да ја плати вредноста утврдена во ценовникот за да го земе автомобилот од старо железо, каде што ќе остане или ако одлучи да го стопи, како и други модалитети кои се дадени во правилникот – изјави Куштрим Ала – Општина Чаир.

Сопственикот првично ќе биде известен преку лист прикачен на возилото дека за 8 дена мора да го отстрани. Ако се знае кој е сопственикот, ќе му биде доставено известување и на домашната адреса. Доколку рокот не се почитува, пајак ќе го крене возилото и ќе го однесе на локација што ќе ја избере општината следната недела. Во рок од 30 дена сопственикот мора да одлучи дали ќе го земе автомобилот или ќе дозволи да се стопи. Доколку сопственикот не донесе одлука, возилото ќе оди на топење.

https://alsat.mk/mk/havarisanite-vozila-vo-staro-zhelezo-ili-gazdite-ke-plakaat-lezharina/


Posted By: user8642
Date Posted: 13-Mar-2021 at 18:28
Многу е едноставно, секое возило нерегистриано повеќе од 2 години по автоматизам да се тргне од јавни паркизни зашто нема платено тековна такса за јавни патишта. Што не е јасно. Кола заседена две години, ионака се хаварисува и не е употреблива.


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Mar-2021 at 14:00
Центарци пријавуваат хаварисани возила, ПОЦ ги носи во отпад

Жителите на Центар се заинтересирани да се тргнат напуштените и хаварисаните возила од паркиралиштата и јавните површини во општината, кои непотребно зафаќаат паркинг места што и онака ги нема доволно. Досега се стигнати 40 пријави за нивно отстранување, а дел од нив се реализирани и веќе петнаесетина стари возила завршиле во отпад.

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ пред два месеци ја започна кампањата „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила“ со која старите, неупотребливи и напуштени возила и приколки, оставени и заборавени по јавните површини, со согласност на сопственикот, бесплатно се подигаат и се носат во депото на фирмата „Васкони Скрап“ ДОО-Скопје. За тоа сопствениците на возилата добиваат надомест од фирмата согласно нејзиниот ценовник за откуп на отпад од хаварисани возила.

-На наше големо задоволство оваа кампања е одлично прифатена од жителите на Општина Центар. Секојдневно добиваме повици од граѓани кои ги пријавуваат своите хаварисани возила и на неделно ниво отстрануваме по неколку. Интересно е што често добиваме повици и од жители на другите општини кои бараат да ги отстрануваме и нивните хаварисани возила, но бидејќи ние сме надлежни само за возилата кои се паркирани на територија на Општина Центар за жал не сме во можност да им излеземе во пресрет – велат од ПОЦ.

Центарци можат да ги пријавуваат своите стари автомобили на телефонска линија 075 476 762 . Од ПОЦ објаснуваат дека најголем дел од хаварисаните возила не се пријавени од сопствениците туку од други лица, па за нив во тек е утврдување на сопственост и од таа причина процедурата за ваквите пријави трае малку подолго.

-Кога сопственикот на хаварисаното возило е непознат контактираме со МВР и од нив добиваме податоци за сопственост. Бидејќи се работи за возила кои се вон употреба веќе подолго време наидуваме на проблем да стапиме во контакт со сопственикот заради застарени податоци (адреса на живеење и контакт). Од друга страна, има и возила кои немаат регистерски таблички и во вакви ситуации, за да може да се утврди сопственоста, потребно е да се отвори возилото за да се утврди бројот на шасија со цел да се дознае во чија сопственост е. Сите овие процедури се вршат во координација со МВР и за да се започне со акција треба подолг временски период – објаснуваат од претпријатието.

Оттаму велат дека сега, во рамките на кампањата, на граѓаните од Центар им се нуди можноста бесплатно да се ослободат од хаварисаните возила и сопствениците таа можност треба да ја искористат. По завршување на кампањата ПОЦ ќе започне со спроведување на поригорозни мерки каде што согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата сите хаварисани и напуштени возила ќе бидат отстранети на товар на сопствениците.

Кампањата која се спроведува во Центар е прва поорганизирана акција за отстранување на хаварисаните возила од јавните површини во Скопје за кои досега ниту Град Скопје ниту другите општини не смислиле што ќе преземат. Досега, општинските комунални редари оставаа специјални налепници со кои ги опоменуваа сопствениците дека тие самите треба да ги отстранат старите возила.

Според евиденцијата на ЈП „ПОЦ“ до почетокот на кампањата на територијата на Општина Центар имало 236 „заборавени“ стари автомобили.

%20 - https://www.slobodenpecat.mk/czentarczi-prijavuvaat-havarisani-vozila-pocz-gi-nosi-vo-otpad/


Posted By: user8642
Date Posted: 14-Apr-2021 at 19:25
Можда овој простор би бил добар за хаварисаните возила. Шилегов кажа дека не успеале да се договорат со општините, така да еве му предлог простор. Таман ќе иm се остават "на тацна" старите возила на жителите на дивите населби од Ќерамидница. Со малку мижење од полицијата, постепено ќе се ослободуваме од старото железо по скопските улици. Ќе има прилив на паркингот од собирање и дислокација на хаварисани возила низ Скопје, и ќе има и мистериозен одлив во непознат правец. Бомбона бизнис Паркингот ионака дреме празен, или се мотаат диви превозници кои не сакаат да плаќаат такса за меќуградска автобуска, а стварно има голем капацитет.


http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=634&PID=253542#253542


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Apr-2021 at 16:38
Во Карпош има околу 80 хаварисани возила за кои не може да се најде решение за дислокација

[tube]c_8RLJpLqXM[/tube]

Рацете на општинарите се врзани кога е во прашање отстранувањето на хаварисаните возила од јавните површини. Ова денеска во Утрински брифинг го изјави Филип Даскаловски, координатор на советничката група на СДСМ во Општина Карпош.

-Ние преку месните заедници поставуваме соопштенија до граѓаните за да ги отстранат хаварисаните возила од јавните површини. Одредуваме и временски рок, за колку време тоа да го направат, но овие акции не се во целост успешни, од причина што некои од сопствениците се иселени од општината и од државата. Во тој случај, и Град Скопје и Општина Карпош имаат врзани раце да направат било што во врска со тоа. Ние имаме и иницијатива, преку Градот, а во соработка со ЈП Градски паркинг, да ни се овозможи да ги користиме услугите на претпријатието за подигање на возилата и нивна дислокација на друго место. Во моментов сме во потрага по плац на кој што би можело да се однесат хаварисаните возила, вели Даскаловски.

Тој вели дека во Карпош се мапирани околу 80 хаварисани возила, а проблемот настанува кога се справуваат со оставени и напуштени возила кои немаат регистарски ознаки, така што е невозможно да се најде сопственикот.

Проблематиката со хаварисаните возила најпрвин била дел од Законот за јавна чистота, а потоа дел од Законот за безбедност во сообраќајот, но, според нашиот соговорник оваа проблематика има законски недоречености, поради што ги спречува општините во постапувањето со хаварисаните возила.

-Потребна е законска измена за точно да се дефинираат работите и да може да се реши проблемот со законските недоречености за да може во иднина секоја општина да има поголеми ингеренции во решавањето на овој комунален проблем, нагласува Даскаловски.

%20 - https://www.slobodenpecat.mk/vo-karposh-ima-okolu-80-havarisani-vozila-za-koi-ne-mozhe-da-se-najde-reshenie-za-dislokaczija/


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-May-2021 at 15:56
Автомобили во Чаир добија жолти налепници, ако не ги отстранат самите сопственици, општината има план…

Општина Чаир истакна дека има механизам за справување со хаварисаните возила кои узурпираат јавен простор, преку Фејсбук објава, градоначалникот на општината истакна дека наредниов период тие возила ќе бидат обележани, со цел самите сопственици да ги отстраната, во спротивно како што истакна Ганиу, општината имала план.

„Во координација со ЈП „Шкупи Вјетр“ започнавме со реализација на постапката за отстранување на напуштени и хаварисани моторни возила, приколки и слично од јавните простории на територија на Општина Чаир.

Во текот на денешниот ден, ангажираниот работен тим и општинските инспектори во согласност со одобрената регулатива за ова прашање, ги поставија предупредувањата на возилата кои се предмет на акцијата, давајќи рок од 8 дена за нивно отстранување од страна на самите сопственици.

По истекот на овој предвиден рок, ќе следат други механизми за отстранување на овие возила од јавните простории во согласност со регулативата од страна на нашите служби до нивното целосно отстранување, соопшти преку Фејсбук објава градоначалникот на О. Чаир, Висар Ганиу.











https://mk.tv21.tv/avtomobili-vo-chair-dobija-zholti-nalepnitsi-ako-ne-gi-otstranat-samite-sopstvenitsi-opshtinata-ima-plan/
https://www.facebook.com/VisarGaniu.Cair/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-May-2021 at 17:13
Жителите на Чаир предупредени да ги отстранат возилата што не се користат

[tube]iCi_OmTy3QY[/tube]

Жителите на општина Чаир имаат уште неколку дена да ги отстранат паркираните автомобили, кои не се поместени со години. Предупредувањата се оставени на прозорците на овие автомобили. Оваа акција беше направена на почетокот на март, но во тоа време општината сè уште ја немаше обезбедено парцелата каде што ќе ги испраќа овие возила. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, вели дека во оваа општина се идентификувани над 100 вакви возила. Спроведувањето на процесот ќе го преземе компанијата „Старо Скопје“. Сопственикот ќе мора да плати 20 денари за секој час што автомобилот ќе остане на отпадот за старо железо.

Секоја општина мора да дејствува индивидуално. Еднаш беше покрената иницијатива со Претпријатието за паркинзи, на ниво на Скопје, но целиот проблем беше во локациите, каде ќе ги соберат, бидејќи не е во интерес на никого тие автомобили да останат тука. Но, имавме дополнителен проблем, имајќи ја во предвид територијата на општина Чаир, 3,4 квадратни километри, не сакавме таква локација да биде во нашата општина, бидејќи немавме простор, така да земавме под наем локација во Бутел“, рече Висар Ганиу – градоначалник на општина Чаир.

Пред извесно време општина Чаир усвои Правилник, според кој ќе се реши проблемот со возилата кои не се користат. Согласно Правилникот, сопственикот на возилото првично ќе биде известен преку лист прикачен на застареното возило, дека во законскиот рок од осум дена, мора да го отстрани автомобилот. Доколку се идентификува сопственикот на возилото, истото известување ќе биде испратено на неговата домашна адреса. Ако не се почитува рокот, тогаш возилото ќе се отстрани со пајак службата и ќе се прати на парцелата која се наоѓа во Бутел.

Во рок од 30 дена сопственикот мора да одлучи дали ќе го земе автомобилот или ќе го стопи. Доколку сопственикот на возилото не донесе одлука во рок од 30 дена, се предвидува автомобилот да се стопи. Се обидовме да контактираме со градоначалникот на Бутел, да видиме дали и тие планираат да отстранат такви возила, но обидот беше неуспешен.

https://alsat.mk/mk/zhielite-na-chair-predupredeni-da-gi-otstranat-vozilata-shto-ne-se-koristat/


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jun-2021 at 13:50
Municipality of Cair in cooperation with the Municipal Public Enterprise ′′ Old Skopje ", today started with the departure of destroyed and abandoned vehicles, trailers and similar from public spaces in the territory of the Municipality of Çair, in accordance with the provisions of the Regulation approved to relate to this issue.
Written warnings were previously imposed on a total of 75 identified vehicles destroyed, thus giving a 8-day deadline for their removal from owners themselves. After the expiry of the deadline of 8 days by municipal inspectors and services of NPK ′′ Old Skopje ′′ it was inspection and it was found that 54 vehicles were already removed by owners.
With the action that started today, the other 21 destroyed vehicles will leave, which will undergo further procedures in accordance with the Regulation, where the last step after the expiry of 30 days after the failure of vehicle owners is their destruction in a special place.
We also thank the citizens, who after the warnings we put on our part, drove away the destroyed cars with their own initiative.





https://www.facebook.com/VisarGaniu.Cair


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Aug-2021 at 14:49
Расадник





https://www.facebook.com/За-Расадник-на-можности-за-хуман-живот-во-Кисела-Вода


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Oct-2021 at 17:41
Крнтии, обраснати со треви, со години узурпираат јавни површини



Хаварисани возила, обраснати со треви, со години узурпираат јавни површини во општина Центар. Таква е „крнтијата“ на тротоарот меѓу улицата „Рајко Жинзифов“ и булеварот „Партизански одреди“, која е ‘рѓосана и поради тоа што со години не е помрдната од местото, под неа расте трева.

-Крнтијата е толку долго непомрдната од местото, што има развиено и сопствен екосистем, мала „шумичка“ под неа со треви, габи и којзнае каков уште жив свет. Ѓубрето што комуналците го оставаат да се натрупува под неа одамна има функција на компост – велат жители на Буњаковец и посочуваат дека само во блиските улици има десетици хаварисани возила.

Од ЈП ПОЦ објаснуваат дека сопствениците на хаварисаните возила мора доброволно да се пријават, за да дојдат и бесплатно да го отстранат возилото.

– Засега, подигањето на хаварисаните возила може да се врши само во согласност на сопственикот. Доколку тој дозволи тогаш тоа се носи до депото на компанијата „Васкони Скрап“, која врши откуп на отпад од хаварисани возила. Инаку, законски не можеме да ги креваме ваквите возила, бидејќи мораме да обезбедиме посебно депо каде ќе може да чуваме. Ние поседуваме едно депо каде што главно се носат подигнатите непрописно паркирани возила и тоа не е доволно да се оставаат во хаварисани возила. Имавме обид да обезбедиме депо во Кисела Вода, од општината ветуваа дека ќе ни најде, но од тоа сè уште нема ништо – објаснуваат од ЈП ПОЦ и додаваат дека со акцијата се обидуваат привремено да го решат проблемот.

Хаварисаните возила однесени во депото на „Васкони Скрап“ се сечат и потоа се продаваат како старо железо, а на сопствениците им се исплаќа надоместок од 6,6 денари за килограм железо. Во рамките на акцијата се отстранети 26 хаварисани возила, а на територијата на општина Центар ги има околу 200.

https://www.vecer.press/крнтии-обраснати-со-треви-со-години-уз/ - https://www.vecer.press/крнтии-обраснати-со-треви-со-години-уз/


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Dec-2021 at 14:38
СТОТИЦИ ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА СКАПУВААТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЗАБОРАВЕНИ СО ГОДИНИ, ГО ГРДАТ ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ЖЕЛЕЗНИЧКАТА И АВТОБУСКАТА СТАНИЦА







Стотици стари коли заборавени со години, во кои се фрла ѓубре или се врши нужда, потоа остатоци од стари автомобили наредени еден врз друг во повеќе слоеви, ги красат Железничката станица во Скопје и заградениот простор на Градски паркинг и на Паркинзи на Општина Центар.

Глетката е ужасна за минувачите, но со неа живеат и дишат жителите на првта линија згради од Аеродром, велат, откако знаат дека живеат или се вселиле во нив.

Ова е најфреквентното место, линијата или спојката со општина Центар, каде секојдневно минуваат деца и средношколци кон автобуската постојка под Железничка и е единствената патека по која локалните жители секојдневно одат и се враќаат од работа.

Студенти од внатрешноста покрај овие хаварисани возила ги тркалаат своите куфери кон возот или кон автобусот на Меѓуградската станица која е исто така под Железничка, за да си одат дома.

Тука доаѓаат и луѓе од целата скопска околина, бидејќи е стартно место на повеќе автошколи. Возачите почетници првин тука меѓу распосланите кршови од некогашни автомобили во возна состојба, вртат крукчиња пред да се вклучат во сообраќајот. Меѓу хаварисаните возила, во никогаш неисчистени фекалии, младите кандидати за возачи чекаат да почнат со часовите.

Во зградата која гледа право во грдосијата од наталожени крш коли е едно од најпосетените студија за танц. Родители дојдени од сите страни на градот додека чекаат се чудат за купиштата старо железо, за несредениот простор кон Железничка, коментираат за фрапантната негрижа на локалната власт.

Цело Скопје всушност врие од заборавени хаварисани возила и е грда негова слика. А ова складиште со бројни целосно уништени или неупотребливи коли во Пајак-службата или до неа, под Железничка, е огледало на работата на секој градоначалник на Скопје, Центар и Аеродром, што бил на власт изминатите 10 години

Ни возот на ЕУ кој беше пречекан во септември, не ги мотивираше надлежните да го расчистат тој срам под Железничка, која горе на перонот беше осветлена за шминка во сината боја на Унијата.

Никој не знае зошто вакво депо е лоцирано во сржта на Скопје, а не на друго место.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/stotitsi-havarisani-vozila-skapuvaat-vo-tsentarot-na-skopje-zaboraveni-so-godini-go-grdat-prostorot-okolu-zheleznichkata-i-avtobuskata-stanitsa/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/stotitsi-havarisani-vozila-skapuvaat-vo-tsentarot-na-skopje-zaboraveni-so-godini-go-grdat-prostorot-okolu-zheleznichkata-i-avtobuskata-stanitsa/


Posted By: skopskodete
Date Posted: 25-Dec-2021 at 17:12
Ова е помалиот од двата проблеми кои постојат на овој простор. Поголемиот проблем е непробиената улица „Борис Кидрич“, која доколку се пробие би се досредил и нерегулираниот паркинг, полн со кал, непосредно до ова т.е. депо.


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Dec-2021 at 22:48
тоа не е некоја рандом депонија туку депоата на пајак службата и Паркинзи Скопје и ПОЦ... не знам зошто ги оставаат да се таложат така ама мислам дека тоа се дел од возилата кои ги собираат како хаварисани од легитимни паркинзи

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Feb-2022 at 09:42
Исто како и со кучињата скитници,најави,обиди но проблемот не е решен,
Не знам што е толку тешко да се направи попис на сите хаварисани возила,да им се остави белешка на сопствениците да ги тргнат(вратат во возна состојба во што искрено не верувам) и потоа со пајак служба или да се однесат на некој поголем плац вон град или во топилница.Сопствениците да сакале немало да ги остават возилата да пропаѓаат и да скапуваат по паркинзи или би ги возеле или би ги продале.Има доста возила од државни агенции и претпријатија кои исто така се оставени по паркинзи низ центарот со години.Порано и околу зградата на МТВ имаше скоро еден мини отпад од нивни возила и сеуште има но мислам во помал обем.

-----------------------------------------------------------------------

Во обид да се ослободат паркинг места, Општина Аеродром наскоро ќе ги отстранува сите хаварисани возила по паркинзите



Со години наназад аеродромци се жалат дека немаат доволно слободни места за паркирање

Еден од најголемите проблеми со кои во моментот се соочуваат жителите на Општина Аеродром е немањето доволно слободни места за паркирање. Овој проблем првенствено се јавува како последица на долгогодишната забрзана урбанизација на најбројната скопска општина во која во изминативе години се изградија голем број на нови згради, без притоа на новите станари да им се обезбеди доволно слободно места за паркирање.

Дополнително, проблемот со немањето на доволно паркинг места се појавува и поради големиот број на хаварисани возила кои поради најразлични причини, со месеци а некои и со години наназад сопствениците ги осавиле на паркиралиштата. Токму во обид да се изнајдат решенија за овие проблеми на аеродромци, од Општина Аеродром информираат дека во изминатиот период интензивно работат на изнаоѓање на соодветни решенија за еднаш за секогаш да се реши овој проблем. Според најавите, Општината работи на изнаоѓање на решение за отстранување на хаварисаните возила кои како што велат оттаму, со години наназад зафаќаат голем број на паркинг места.

– Проблемот со паркинг-местата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат аеродромци, што беше забележано уште во предизборната кампања од страна на градоначалникот Муцунски. Токму затоа, помеѓу првите чекори кои ги преземавме е спроведувањето анкета меѓу жителите за воведување зонско паркирање на неколку критични локации низ Општината. Дополнително, работиме на изнаоѓање решение за отстранување на хаварисаните возила кои со години наназад зафаќаат голем број паркинг-места, а ќе бидат преземени мерки за исцртување на нови места за паркирање и за таа цел ќе се примени системот на косо паркирање како успешен модел за подобрување на паркинг услугите – објаснуваат од Општина Аеродром.

Меѓу другото, неодамна, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски најави дека на конечно решавање на проблемите со паркирањето на целата територија на Општината. Според него, Општина Аеродром ќе превземе конкретни чекори и ќе спроведе анкета преку урбаните заедници односно куќните совети/управителите на станбените објекти кои не се опфатени со зонското паркирање. Според него, доколку граѓаните се изјаснат дека сакаат зонско паркирање тогаш се планира негово воведување на повеќе места како Стар Аеродром и Ново Лисиче.

Според најавите, освен воведувањето зонско паркирање планирано е да се започне и со имплементација на она што градоначалникот Муцунски го ветил во предизборната кампања, а тоа е воведување на косо паркирање што би требало да обезбеди уште поголем број на места за паркирање.

https://www.slobodenpecat.mk/vo-obid-da-se-oslobodat-parking-mesta-opshtina-aerodrom-naskoro-kje-gi-otstranuva-site-havarisani-vozila-po-parkinzite/ - https://www.slobodenpecat.mk/vo-obid-da-se-oslobodat-parking-mesta-opshtina-aerodrom-naskoro-kje-gi-otstranuva-site-havarisani-vozila-po-parkinzite/


Posted By: user8642
Date Posted: 04-Feb-2022 at 18:48
Зашто уопште кога ќе дојде до темава хаварисани возила стално се наметнува како прашање сопственоста? Нема врска тој муабет, решението е едноставно. НЕРЕГИСТРИРАНО ВОЗИЛО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ПАРКИРАНО НА ЈАВЕН ПРОСТОР, ете го основот! Немаш платено такса за јавни патишта, ќе ти биде возилото тргнато од јавен пат. Ќе седат на плац некаде надвор од Скопје, кога сакаш дојди регистрирај го и подигни си го. Пак ќе биде на истиот сопственик и додека седи на плац.


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Feb-2022 at 09:50
Депото на ПОЦ премало да ги собере сите хаварисани возила, се бара нова локација

Досега се отстранети околу 40 возила кои завршиле на отпад, граѓаните ги пријавуваат своите хаварисани возила, но се јавуваат и граѓани што пријавуваат хаварисани и напуштени возила за кои не се знае нивната сопственост.

Околу 40 стари хаварисани возила се отстранети од јавните површини низ општината Центар за една година откако започна акцијата „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила“ со поттикнување на сопствениците сами да си ги пријават своите автомобили што повеќе не се во функција или старите приколки.

Интересната акција што ја спроведува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во обид да се ослободат паркиралиштата и тротоарите од неупотребливите возила што зафаќаат слободни паркинг-места, подразбира хаварисаните автомобили да бидат бесплатно подигнати и да се продаваат како старо железо, а парите да му бидат дадени на сопственикот. Доволно е тој само претходно да се јави во ПОЦ и да пријави дека сака да се ослободи од своето неупотребливо возило.

Во рамките на акцијата „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила“, досега се отстранети околу 40 возила и се дадени на отпад. Оваа акција е одлично прифатена од жителите на Општина Центар, редовно има пријави од граѓани што ги пријавуваат своите хаварисани возила, но и граѓани што пријавуваат хаварисани и напуштени возила за кои не се знае нивната сопственост – велат од ПОЦ.

Најголем проблем претставуваат возилата за кои не се знае сопственикот и кои ги пријавуваат други граѓани, затоа што според законските прописи, хаварисаните возила не можат да се уништат без претходно одобрение од сопственикот на возилото.

-Од таа причина, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ е принудено да ги складира хаварисаните возила во своето депо, кое е со ограничен капацитет и нема доволно простор да ги смести. Капацитетот на депото е доволен само за секојдневните потреби на службата „Пајак“. Со цел да го решиме овој проблем, отпочнавме постапка за барање нова локација на депо за хаварисани возила каде што ќе може да се сместат сите хаварисани возила што во моментов се наоѓаат на територијата на Општина Центар – објаснуваат од претпријатието.

Оттаму велат дека според нивната евиденција, на јавните површини во општината има околу 230 стари и нефункционални возила, па поради тоа акцијата продолжува и годинава.

-Апелираме до сопствениците на хаварисани возила да ги пријавуваат своите автомобили на 075 476 762 со цел да се ослободат паркинг-местата и јавните површини на територија на општината Центар што се зафатени од хаварисани и напуштени возила и приколки, кои претставуваат опасност за жителите и за животната средина – велат од ПОЦ.

Проблеми со ваквите автомобили оставени по паркиралиштата и на тротоарите има низ целиот град и досега не се најде никакво решение, иако граѓаните постојано бараат од локалните власти да преземат нешто, особено во оние населби каде што е навистина тешко да се најде слободно место за паркирање. Досега општините единствено оставаа предупредување до сопствениците сами да ги тргнат хаварисаните возила, но тоа не доведе до решение.

Општинските раководства се правдаат дека се немоќни затоа што законите не им овозможуваат целосна ингеренција за да можат да интервенираат, но проблем е и фактот дека во Скопје нема соодветна локација каде што можат да се носат ваквите автомобили.

Во мандатот на градоначалникот Петре Шилегов се поведе иницијатива за меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и десетте скопски општини за отстранување напуштени, хаварисани и нерегистрирани возила од јавните површини. Се предлагаше „пајаците“ на ЈП „Градски паркинг“ да ги отстрануваат напуштените возила во сите општини, освен во Центар, и тие да се складираат на одредена локација во Драчево. Предлогот не помина на Советот, поради жестокото противење на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои сметаа дека депонија од хаварисани возила ќе го наруши квалитетот на живот на жителите на Драчево и Батинци.

https://www.slobodenpecat.mk/depoto-na-poc-premalo-da-gi-sobere-site-havarisani-vozila-se-bara-nova-lokacija/ - https://www.slobodenpecat.mk/depoto-na-poc-premalo-da-gi-sobere-site-havarisani-vozila-se-bara-nova-lokacija/


Posted By: user8642
Date Posted: 16-Feb-2022 at 17:47
У казан у железара! Ете им најдобро депо за хаварисани коли.


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Feb-2022 at 08:17
Aкција во Гази Баба: Ќе се подигнуваат хаварисани возила и нерегистрирани возила повеќе од две години

Општина Гази Баба започнува со акција за подигање на хаварисани возила и возила нерегистрирани повеќе од две години кои се оставени на јавни површини, информираат од општината.

-По направено скенирање на теренот дел од направените јавни паркинзи се зафатени од возила кои не се во возна состојба. Акцијата е со цел ослободување на паркинг простор особено во урбаниот дел.

Апелирам до граѓаните кои се сопственици на вакви возила самостојно да ги отстранат од јавните паркинзи.Акцијата во следните денови ќе започне од Урбаната заедница Автокоманда, велт од Општина Гази Баба.

https://novlist.mk/akcija-vo-gazi-baba-ke-se-otstranuvaat-havarisani-i-neregistrirani - https://novlist.mk/akcija-vo-gazi-baba-ke-se-otstranuvaat-havarisani-i-neregistrirani


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Mar-2022 at 15:11
Ќе се отстрануваат хаварисаните возила!
Објава на Општина Кисела Вода:



https://www.facebook.com/101461728384363/ - https://www.facebook.com/101461728384363/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Mar-2022 at 16:10
До крајот на март да се отстранат сите хаварисани возила во Кисела Вода



Општина Кисела Вода известува дека во вторник, 15.03.2022 година, во заедничка соработка со ПСОН –Кисела Вода и РСБСП- Скопје, започнува со акција за изрекување на опомени до имателите на хаварисани возила за отстранување на моторното возило поради попречување на одвивање на сообраќајот и загрозување на човековата околина.

Доколку возилото и покрај опомената, не биде отстрането во рок од 15 дена или најдоцна до 30.03.2022 година, тоа ќе го стори пајак службата, но на сметка на сопственикот на возилото.

Исто така, против него ќе биде изречена глоба во мандатна постапка во врска со член 63 во согласност со Законот за безбедност и сообраќај на патиштата, информираат од општината.

https://nezavisen.mk/do-krajot-na-mart-da-se-otstranat-site-havarisani-vozila-vo-kisela-voda/ - https://nezavisen.mk/do-krajot-na-mart-da-se-otstranat-site-havarisani-vozila-vo-kisela-voda/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Apr-2022 at 17:03
Ќе се отстрануваат хаварисаните возила во Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски денеска потпишаа договор за поделба и утврдување на меѓусебните надлежности со што значително ќе се олесни начинот за остранување хаварисани возила и возила паркирани на плочници и зелени површини.

Со овој договор, комуналните инспектори од Општина Аеродром добиваат овластување да побараат од ЈП „Градски паркинг“ подигнување и транспорт на хаварисани и непрописно паркирани возила кои ќе бидат дислоцирани на трајна локација.

Градоначалникот Муцунски истакна дека со ова, конечно ќе се реши проблемот со големиот број хаварисани возила, кои покрај тоа што зафаќаат паркинг места, претставуваат и опасност за граѓаните и се лоша слика за Аеродром.

Договорот беше потпишан по отворањето на новата канцеларија на ЈП „Градски паркинг“ што почна со работа во објектот на Рударски институт во Аеродром, а на настанот присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Со новата канцеларија се очекува да се олесни пристапот на аеродромци до услугите за паркирање, а Општина Аеродром заедно со другите релевантни институции интензивно работи на изнаоѓање трајно и одржливо решение со паркинг местата, а едно од тие решенија е и воведувањето зонско паркирање, кое ќе биде бесплатно за аеродромци.

https://nezavisen.mk/kje-se-otstranuvaat-havarisanite-vozila-vo-aerodrom/ - https://nezavisen.mk/kje-se-otstranuvaat-havarisanite-vozila-vo-aerodrom/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Sep-2022 at 17:25
Битола се отарасува од хаварисаните возила



По отстранувањето на диво поставените монтажни гаражи во центарот на Битола, локалната самоуправа реши да се отараси и од хаварисаните возила. ЈП „Паркинзи“ Битола во соработка со Општина Битола почна со дислоцирање на хаварисани возила.
Најголем дел од возилата граѓаните требаше самостојно ги отстрануваат по доставувањето на првата опомена.

Но со оглед на тоа што многу од граѓаните се оглушиј на таквата обврска, ЈП „Паркинзи“ Битола по изминувањето на роковите со својата пајак служба истите
ги дислоцира.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/opshtina-bitola-se-otarasuva-od-havarisanite-vozila/ - https://novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/opshtina-bitola-se-otarasuva-od-havarisanite-vozila/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Mar-2023 at 17:01
Скапаници ги зафаќаат паркинзите, граѓаните нема каде да паркираат



Хаварисани возила со години стојат на паркинзите во Карпош и граѓаните се жалат дека нема слободно место каде да ги паркираат своите автомобили. Жителите на Карпош 1 велат дека по 16 часот, кога се враќаат од работа, не може да најдат паркинг-место, бидејќи просторот го зафаќаат возила пред распаѓање, покриени со церада. – Кај мене има најмалку три такви автомобили, а ние останатите не можеме да најдеме слободно паркинг-место, па сме принудени да ги оставаме на јавни површини, што е непрописно – реагира Д.П. и додава дека некои од хаварисаните автомобили сè уште стојат иако Општината лепи известувања на нив, за сопствениците да ги отстранат.

Проблемот со хаварисаните возила е застапен и на територијата на Општина Центар. Според податоците на ЈП ПОЦ, на територијата на оваа општина има 236 хаварисани возила, а досега се отстранети околу 40, кои се дадени на отпад

Хаварисани возила со години стојат на паркинзите во Карпош и граѓаните се жалат дека нема слободно место каде да ги паркираат своите автомобили. Жителите на Карпош 1 велат дека по 16 часот, кога се враќаат од работа, не може да најдат паркинг-место, бидејќи просторот го зафаќаат возила пред распаѓање, покриени со церада.

– Кај мене има најмалку три такви автомобили, а ние останатите не можеме да најдеме слободно паркинг-место, па сме принудени да ги оставаме на јавни површини, што е непрописно – реагира Д.П. и додава дека некои од хаварисаните автомобили сè уште стојат иако Општината лепи известувања на нив, за сопствениците да ги отстранат.

Други жители на Општина Карпош, пак, на социјалните мрежи потенцираат дека има оставени возила веднаш до зградата на Министерството за економија уште од времето кога Стефан Богоев беше градоначалник.

– Ниту Општината ниту МВР сакаат да ги отстранат, бидејќи нема кој да ја плати казната. Погрешно и неправилно паркираните возила се отстрануваат со „пајак“ возило без никакво предупредување, додека отпадот, и по истекот на опомената, нема кој да го собере – вели Гоце Игновски.

Викторија Чавкоска вели дека и во населбата Влае го има овој проблем и потенцира дека во Општината изјавиле дека нема правни механизми да се отстрануваат хаварисаните и запуштени возила.

Од Општина Карпош одговорија дека во моментот тече акција за известување и опоменување на сопствениците на хаварисаните возила да ги отстранат сами.

– Поставени се известувања и опомени на 250 хаварисани возила, а 60 проценти од нив се веќе отстранети од сопствениците – нагласија од Општина Карпош.

Оттаму додаваат дека е евидентно дека оваа акција дава ефект, поради што ќе продолжи и во наредните месеци. При тоа, објаснуваат дека нивните ингеренции се дотука, бидејќи треба да се обезбеди простор каде што би се чувале отстранетите хаварисани возила.

Што се однесува до напуштените возила оставени веднаш до зградата на Министерството за економија, од Општина Карпош одговорија дека нивните инспекциски служби веќе имаат испратено допис до наведеното министерство во кој се бара во најскоро време да ги отстранат спорните возила.

– Од Министерството ни возвратија дека возилата се во постапка на отстапување на СОЗР на Владата и замолија да им дадеме разумен рок за отстранување. Постапката е во тек – образложија од Општина Карпош.

Оттаму најавија решавање на овој проблем со воведување и на зонското паркирање во Карпош 1 и во Карпош 2, кое се очекува да профункционира во текот на наредниот месец.

Проблемот со хаварисаните возила е застапен и на територијата на Општина Центар. Според податоците на ЈП ПОЦ, на територијата на оваа општина има 236 хаварисани возила, а досега се отстранети околу 40, кои се дадени на отпад.

– Претпријатието уште одамна, во повеќе наврати има организирано акции за отстранување хаварисани возила и во континуитет работи за подготовка на следната. Исто така, во рамките на проектот „И отпадот има вредност”, во континуитет ја нудиме услугата за бесплатно отстранување на хаварисаните возила и приколки од јавните површини во Општина Центар, со согласност од сопственикот, и нивно носење во лиценциран отпад. При тоа, возилото ќе биде рециклирано како старо железо, а средствата од откупот целосно му припаѓаат на сопственикот на хаварисаното возило – објаснуваат од ЈП ПОЦ.

Во однос на новата акција, која се подготвува во координација со останатите институции, од ЈП ПОЦ велат дека прибирањето податоци е во тек со цел да се исчисти Центар од отпад.

– Но, сè уште е отворена можноста сопствениците да пријавуваат за своите хаварисани возила за да се ослободат паркинг-местата и јавните површини на територијата на Општина Центар кои се зафатени од нив и од приколки, а кои претставуваат опасност за жителите и за животната средина – нагласуваат од ЈП ПОЦ.

Оттаму ја објаснуваат постапката за отстранувањето на оставените и хаварисани возила.

– Службите на ЈП ПОЦ, во соработка со комуналните служби при Општина Центар, поставуваат известување на секое хаварисано возило по претходно евидентирање на возилата, доколку сопственикот изврши пријава за дислоцирање на возилото, бидејќи законското уништување хаварисани возила е со претходно одобрение од сопственикот. Затоа, во првата фаза на акцијата се остава простор сопствениците да пријават за своите хаварисани возила и да ја искористат можноста за бесплатен транспорт до депото на компанијата која врши откуп на отпад од хаварисани возила и да добијат надоместок за нив. Во втората фаза, во соработка со МВР, се започнува со отстранување на хаварисаните и напуштени возила кои немаат сопственици, а ја узурпираат јавната површина на територијата на Општина Центар – образложуваат од претпријатието.

Оттаму велат дека, бидејќи се работи за возила што не се употребуваат веќе подолго време, наидуваат на проблем за да стапат во контакт со сопственикот поради застарени податоци (адреса на живеење и контакт).

– Возилото се отстранува од обележаното паркинг-место и се носи во нашето депо, каде што ќе остане сè додека не се утврди неговата сопственост – додаваат од ЈП ПОЦ.

Од претпријатието сметаат дека се потребни законски измени, бидејќи чувањето неограничено во депо не е решение со оглед на тоа дека големината на депото е лимитирана и нема простор за сите хаварисани возила.

– Потребно е законско решение со кое ќе се овозможи отстранување и по одреден период носење во отпад, по примерот на повеќето западни држави – децидни се од ЈП ПОЦ.

https://www.vecer.press/скапаници-ги-зафаќаат-паркинзите-гра/ - https://www.vecer.press/скапаници-ги-зафаќаат-паркинзите-гра/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Mar-2023 at 14:19
Исчистен од хаварисани возила просторот под железничка



Раководството на јавното претпријатие „Градски паркинг“, со цел да им излезе во пресрет на граѓаните од околните згради, како и на граѓаните и децата, кои секојдневно поминуваат покрај депонијата од хаварисани возила полни со смет, ангажира екипа од вработени, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, коишто излегоа на терен и привремено ги префрлија хаварисаните возила под железничката станица во простор на претпријатието.

– Освен што се дислоцираа овие возила, исчистен е и огромниот смет кој беше насобран во возилата, под и околу нив. На овој начин, граѓаните добија чист и преоден простор, кој е доста прометен во текот на денот, а овој дел од центарот на градот е лишен од една грда глетка, што претставуваше и закана по здравјето, бидејќи од насобраниот смет не само што се ширеше реа, туку се ширеа и бактерии – соопштија од ЈП „Градски паркинг“.

Овие хаварисани возила веќе со години стојат под железничката станица во центарот на градот, а припаѓаат на одредени министерства, за што е покренато правна постапка за нивно дислоцирање, при што ЈП „Градски паркинг“, нуди бесплатен превоз до потребната дестинација.

https://www.vecer.press/исчистен-од-хаварисани-возила-просто/ - https://www.vecer.press/исчистен-од-хаварисани-возила-просто/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Jan-2024 at 16:56
Кој е одговорен за старите и расипани возила паркирани по тротоарите и улиците низ цело Скопје?







Скопските улици и паркинзи се полни со хаварисани коли, кои со години стојат неподвижни и го попречуваат движењето на луѓето во јавни простории како тротоари и улици, а некои исто така зафаќаат места за паркирање на други исправни коли, имајќи предвид дека во Скопје се помалку има места за паркирање.

Ова година скопските општини покренаа активности за нивно отстранување со претходно предупредување на сопствениците првично сами да ги отстранат, во спротивно ќе ги отстранува општината. Но општините се сочувале со проблеми и не добиле поддршка од Град Скопје кои не им најде место кај да се носат собраните коли. Случај беше Општина Карпош кои во март оваа година имале акција за собирање на хаварисани коли, од Град Скопје им беше кажано дека општината сама треба да се погрижи за локацијата каде ќе завршат собраните возила.

Моментално во Град Скопје не се знае колку ги има во број хаварисаните коли кои стојат со години во паркинг места, или пак на тротоари или други јавни површини. Градска редакција успеа да слика десетина коли во Општина Чаир кои со години стојат на истите места.

Од Општина Чаир за Градска редакција велат дека постојано спроведуваат акции за собирање на стари возила кои стојат на јавни површини, но се повторува истата слика со поминување на времето. Според нив последната акција беше спроведена во мај 2021 година.

Општина Центар пред две години спроведе успешна акција за собирање на хаварисаните возила. Тие бесплатно беа однесени во депото на фирмата „Васкони скрап“ каде што беа исечени и продавани како старо железо, за што сопствениците добија надоместок од фирмата согласно нивниот ценовник за откуп на отпад од хаварисани возила.

Град Скопје во септември 2020 година донесе одлука за масовно отстранување на хаварисани и нерегистрирани возила од јавните површини на територијата на главниот град.

Тогашниот градоначалник Петре Шилегов имаше план во населбата Драчево да направи депонија за метал, отпад на Град Скопје.

Во предлогот стоеше дека Градот се согласува „пајаците“ на ЈП „Градски паркинг“ да се користат за отстранување на напуштените возила во сите општини, освен во Центар каде што оваа услуга би ја извршувала ЈП ПОЦ. Притоа се предлагаше возилата што ќе бидат отстранети од јавните површини да бидат времено депонирани на одредена локација во Драчево.

Сепак, оваа одлука не беше поддржана на седницата на Советот на Град Скопје, односно за неа не гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.

Општините се со „врзани раце“ затоа што законите не им овозможуваат целосна ингеренција за да можат да интервенираат, но проблем е и фактот дека во Скопје нема соодветна локација каде што можат да се носат ваквите автомобили. Општините не можат да сторат ништо освен да ги предупредат сопствениците да ги тргнат автомобилите од јавните површини.

https://gradska.mk/ko%D1%98-e-odgovoren-za-starite-i-rasipani-vozila-parkirani-po-trotoarite-i-uliczite-niz-czelo-skop%D1%98e - https://gradska.mk/ko%D1%98-e-odgovoren-za-starite-i-rasipani-vozila-parkirani-po-trotoarite-i-uliczite-niz-czelo-skop%D1%98e

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window