Print Page | Close Window

Автопат Скопје - Македонски Брод

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3723
Printed Date: 03-Dec-2020 at 23:26


Topic: Автопат Скопје - Македонски Брод
Posted By: user8642
Subject: Автопат Скопје - Македонски Брод
Date Posted: 04-Jun-2020 at 16:41
Најдобра работа што може Македонија да направи на долг рок е да пробие тунел 9км ПатишкаРека-Белица и да се добие експресен пат со разумни радиуси. Еден тунел е голем, другото се само мали засеци, ептен кратки тунели, галерии, насипи. Скопје-Прилеп 110км, Скопје-Битола 130км, Скопје-Брод 70км, Скопје-Кичево 100км, Скопје-Охрид 150км. Со оглед на тоа што би привлекло сериозна бројка возила и би имало рачуница за инвестирање. 9км не е научна фантастика по свет веќе 40тина години се пробиваат и 20км-ски тунели.

https://ibb.co/9nWgZP9">

Неколку аспекти на ваквата опција. Немора да се инвестира цела одеднаш, може да се градат парцијално елементите:
- Прво тунелот најголем кој ќе се усклопи привремено на постоечка патна мрежа. Би се наплаќало тунеларина.
- Усеци, засеци, помали тунели, постепено пробивање на трасата.
- Ставање во функција на овие елементи изградени во функција на локалната патна мрежа и така постепено да се изцрта експресниот пат.
- Не мора да се прават големи известиции и да се очекува све наеднаш да се заврши.
- Процена 150-200 милиона. Со 30-40 милиона може да се завршат неколку покрупни зафати и да се успостави разумен коридор за патен сообраќај но не и товарен на пример.
- Ако веќе се гледа кој и дали заслужува, кога веќе во таа насока се однесе муабетот, мисламд ека тука има поголема маса народ која заслужува добар излез према главниот град и према Европа.
- Поречието може да биде елитна спална соба на Скопје и нагло да му се крене цената.



Replies:
Posted By: Marxentric
Date Posted: 04-Jun-2020 at 23:26
Originally posted by user8642

-Земајќи во предвид и некои демогрфски аспекти и тенденции, ваков пат има математика да биде изграден. Тоа е секако малку табу-тема, ама е валидна за размислување.

Се согласувам за тунелите, но зарем не мислиш дека ова би бил прескап проект, со оглед на сите тие планини, Козјачкото езеро итн.? Не ми е познат тој регион, читав нешто за Патишка Река, пишува дека таму живеат православни Албанци, тоа е причината што мислиш дека демографски е издржана идејата?


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 05-Jun-2020 at 00:11
Во тој дел има доста Македонци кои биднале Албанци.

Имајќи предвид дека е заштитено подрачје, а теренот е многу тежок, тешко дека би бил изводлив експресен пат. И да го има, само тунелот од 9km би чинел над 200 милиони.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: user8642
Date Posted: 05-Jun-2020 at 00:29
Не ми беше муабетот какво е локалното население во Патишка Река, тоа е небитно и минорно. Скопје мора да има алтернативна куса врска со Брод, Кичево, Охрид, не да се ослонува само на полошката која е најефтина и пред се постоечка. Гостивар-Кичево автопат не е некоја голема разлика во цена. Мислам ако долгорочноста и оддржливоста на оваа држава е на климави нозе, и тоа не го правиме табу тема, туку на време размислуваме на future-use коридори, врска Скопје-Охрид алтернативна мора да постои.


Posted By: Vasilij
Date Posted: 05-Jun-2020 at 07:14
Што сакаш да кажеш со делот долгорочноста и одржливоста на оваа држава?! Ако мислиш на Тетово и Гостивар тогаш ова ми делува како на МАНУ една идеја од пред 20 години. Не сакам навистина да мешам политика ама оваа држава е членка на НАТО, границите на оваа држава не се од вчера и не се цртани баш рандом, туку истите одат по планини, сртови, а внатре секој регион е нерасинлив дел (барем географски) од остатокот. Не гледам како би постоела оваа воопшто без Тетово Гостивар и Кичево, а патем во тие 3 града живеат можеби 40-45% од албанците во Македонија, другите 50-55 се во Скопје, Куманово и Липково. Поентата е, не е ова Босна, па да има етнички чисти средини со Бошњаци, Хрвати или Срби, и не е Македонија 100 000км2 па да си прекројува некои граници. Државата можеби е на климави нозе од аспект на институции, владеење на правото и економија, ама во поглед на територјалниот интегритет никако.


Posted By: Bistro
Date Posted: 05-Jun-2020 at 07:50
Алтернативен пат за Скопје до Охрид постои, тоа е патот преку Плетвар-Прилеп-Битола-Ресен. Тој се користеше во 2001 год. Затоа и тогаш е направена третата лента на Плетвар. Кога заврши конфликтот и се продолжи повторно преку Тетово се батали доградбата на овој пат, до ден денес не ја дозавршија една делница од 10тина километри на Плетвар за да биде цел превој со 3 ленти, а таа делница е релативно права и лесна за проширување, ни тунел треба ни вијадукти ништо скапо.


Posted By: elnino
Date Posted: 05-Jun-2020 at 19:33
ме бендиса размислувањето и агрументите


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jun-2020 at 00:46

user8642 интересна идеја, мислам дека оваа опција би требало сериозно да се разгледа и да се стави на кантар во институциите каде што се одлучува. Особено затоа што Груевски веќе му се посра на просторниот план на РМ, па слепо продолжување на реализација на остатоците од тој план сигурно не е најдобро решение, туку треба да се види кои се опциите за прилагодувања при постојната ситуација.

Инаку впечаток ми е дека прилично го потценуваш трошокот на предложената траса. Само тунелот (кој ми изгледа дека би бил минимум 11km, а не 9km, би го проголтал целиот буџет што го имаш во предвид и веројатно уште значително повеќе. И тоа под претпоставка дека би се нашло адекватно решение за должината да не отиде сосема вон овие граници, затоа што висинската разлика меѓу Патишка Река и Белица е огромна, што секако ќе биде значителен ограничувачки фактор. А можеби има и геолошки фактори што дополнително би ги искомплицирале работите во однос на тоа каде би се движел тунелот.


Во секој случај, мислам дека доколку би се одело на толку голема инвестиција, нерационално би било да се прави како било што друго освен како автопат, но автопат кој ќе биде трајна замена за Велес-Прилеп и за Гостивар-Кичево. На таков начин со помош на автопат преку Поречието би ги оствариле најпотребните внатрешни поврзувања, а де факто би ги реализирале и меѓународните коридори VIII и Xd.





Ова погоре би можело да биде ситуација на терен за некои 7-8 години (најоптимистичка варијанта). Сините се експресни патишта, но не мижи да ти баам „експресни патишта“ како Велес-Кадрифаково, туку 2x2 профил со еластична ограда во средината, со денивелирани јазли, и изведени генерално по повисоки стандарди.


Но да се вратам на конкретниот предлог за коридор низ Поречието. Цената би била висока не само поради тунелот, туку и теренот во голем процент на трасата е тежок (иако не баш толку тежок колку што претходно мислев), а и поради тоа што во скопскиот регион би била потребна обемна и скапа експропријација.

За делот во генерален правец од Хиподром кон Драчево/Пинтија секако сметам дека треба да се продолжи скопската обиколница во некаква форма, па тоа не го сметам како дополнителен трошок.

Дополнителен трошок во однос на сегашните планови би бил автопатот Кичево - Македонски Брод. Исто така дополнителен трошок би биле новите две пелагониски траси (засебни врски до Прилеп и Битола) кои логично би требало да бидат експресни патишта)

Она што може да се одземе од трошоците се три автопати кои инаку би биле потребни, од кои првите два се многу скапи:
- Велес-Прилеп
- Гостивар-Кичево
- Прилеп-Битола

Неградењето на овие автопати би „ослободило“ огромни финансии, а дали тие финансии би биле доволни или приближно доволни за рокадава, тоа може да даде одговор само темелно истражување.



Главни предности на ова решение:

- Значително кратење на врската Ск-Бт

- Значително кратење на врската со Скопје на М.Брод, Преспа, Крушево, Д.Хисар, добар дел од Пелагонија. Тие сами по себе се ситна боранија, но кога ќе се собеерат сите на куп, веќе не се за занемарување.

- Прилеп ми личи дека би добил некое минимално кратење према Скопје (во однос на пат преку Бабуна), ама тоа вака од око.

- Централизирањето на автопатската мрежа во скопскиот регион има и предности, таквиот транспортен јазол и зголемената „гравитација“ што ќе ја добие Скопје би имале одредени ефекти малку пошироко од границите на Македонија.



Главни недостаоци на ова решение:

- Генерално полошо поврзување на остатокот од државата меѓусебно. Многу врски помеѓу градови (особено во правец исток-запад) се полоши. Ова може да се ублажи со тоа што постоечките патишта кои ги поврзуваат тие градови ќе се доведат во многу подобра состојба, нешто што секако треба да се направи. На пример Охрид-Ресен-Битола-Прилеп-Градско нема да треба да биде експресен пат освен можеби поедини делници, но ќе треба да е top-notch. Исто така би било многу потребно да се изградат навистина добри патишта Дебар-Кичево и Струмица-Валандово-Смоквица.

- Потребно ќе биде време добро да се истражи новата траса и да се дадат одговори на некои прашања кои во моментов се тотална непознаница.

- Најверојатно повисока вкупна цена (како заокружено решение што е замена за Велес-Прилеп-Битола и за Гостивар-Кичево), но главното прашање е колку повисока...

- И покрај тоа што меѓународните коридори (Коридорот 8 и Коридорот 10d) се зачувани, а целосно би ги запазиле и нивните влезно-излезни точки од државата, можеби ваквата рокада би го отежнала добивањето финансии од одредени извори? Ова се „пан-европски коридори“ зацртани дефакто од ЕУ бирократија, а капацитетот на бирократија за наоѓање на проблеми таму каде што не постојат не треба да се потценува...



Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 06-Jun-2020 at 02:04
Brainstorming

Потребна е сериозна дискусија за исплатливоста на овој автопат, неговата улога во домашниот и меѓународниот сообраќај, измена на нивоата на други патишта во државава (идејата на Clover) и влијанието врз животната средина.

Нешто набрзинка што смислив, автопат кој е долг 100.5 километри, а чини околу 840 милиони евра, а со разно-разни трошоци може да стигне до 900. Ако нема вијадукти, тогаш 850.
Може да се гради во 3 фази, и тоа I (Трубарево-Патишка Река), II (Патишка Река-тунел-постоечки пат кај Црешнево) и III (Црешнево-Кичево); II и III не соодветствуваат со сегментите прикажани подолу:


18.3 километри автопат од веќе постоечкиот кај Трубарево до после Маркова Сушица. Лесна и рамна траса, но потребна е сериозна експропријација и рушење на неколку куќи во Батинци. Почнува на 227 мнв, завршува на 447, без поголеми осцилации. Предвидена цена околу 65 милиони евра (3.5/km).


14.4 километри од Маркова Сушица до Патишка Река. Планински терен, потребни се помали мостови, вијадукти и тунели. Почнува на 447 мнв, завршува на 982. Предвидена цена околу 100 милиони евра (7/km).


2.46 километри издигнат вијадукт од Патишка Река до влезот во тунелот. Од 986 мнв на 1392. Цена околу 75 милиони (30/km).
8.73 километри тунел. Од 1392 мнв на 809. Цена околу 130 милиони (15/km).
2.49 километри издигнат вијадукт од тунелот до Белица. Од 809 мнв на 569. Цена околу 75 милиони евра (30/km).
Колку би чинеле вијадуктите? За Мијо во Франција, долг 2.46km, пишува дека чини 394 милиони. Ако е 160 милиони по километар поарно вијадуктите да се заменат со тунел. Само тунел на целата оваа траса би коштал околу 205 милиони.


35.4 километри автопат од Белица до Ореовец. Тешка планинска траса, потребни се свиоци, мостови, вијадукти, тунели... Од 569 мнв стрмно се искачува на 788, па стрмно се спушта на 564, треба корекција на трасата. Трите свиока кон југ може да се заменат со тунели. Цена околу 320 милиони (9/km).


18.7 километри автопат од Ореовец до Кичево. Релативно лесен пат, без поголеми зафати. Од 564 мнв оди до 610, а потребно е поврзување со автопатот Кичево-Охрид кој е на 713 мнв. Би чинел околу 75 милиони евра (4/km).


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: user8642
Date Posted: 06-Jun-2020 at 02:19
Автопат/Експресен до Патишка Река како прва фаза нема употребна вредност, завршува во слепо. За разлика на пример, тунел ПатиштаРека - Белица има и тоа како употребна вредност, зашто од двете страни има употребливи добри задоволителни регионални патишта. Затоа тунелот мора да биде прва фаза, како најскапа, најтешка и најупотреблива делница и може веднаш да влезе во служба после изградбата. Ако заглави изградбата после тунелот и нема да биде тоа голем проблем на долг рок, нема загубена инвестиција, нема ризик од нешто што во project-management се вика sunk-cost. А инвестиција во автопат до нигде и потоа заглавување е огромен загубен трошок. Затоа, прва фаза директно тунел.

Независно од тунелот, и тоа огромна употребна вредност во Скопје би имало автопатска/булеварска/експресна врска Трубарево од автопат со раскрницата Батинци/Драчево/Првомајска. Таа раскрница треба што побрзо да стане со 4 краци и индустриксата зона на Првомсјак, Батинци и сите села позади Водно, како и Драчево па и цело источно Скопје да добијат излез на автопат.

Уште еден коментар за што Cloverstack споман погоре. Овие планини во тој дел се предел со најмногу пештери во Македонија и порозни карпи. Затоа и горе има толку басени по Јакупица/Караџица а никаде нема заезерено планинско езеро вода. Многу веројатна опција е при изградба евентуална на тунел да се налета на ново откриени пештери.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jun-2020 at 03:24
Originally posted by Staro Skopje

2.46 километри издигнат вијадукт од Патишка Река до влезот во тунелот. Од 986 мнв на 1392.

8.73 километри тунел. Од 1392 мнв на 809.


Таков вијадукт би бил со просечен лонгитудинален градиент од 16,5% а тунелот би бил со просечен лонгитудинален градиент од 6,7%. Вакви градиенти за жал не се компатибилни со автопати, а првата вредност е толку екстремна што би била проблематична дури и за некој локален пат од мала важност.




Originally posted by Staro Skopje


35.4 километри автопат од Белица до Ореовец. Тешка планинска траса, потребни се свиоци, мостови, вијадукти, тунели... Од 569 мнв стрмно се искачува на 788, па стрмно се спушта на 564, треба корекција на трасата. Трите свиока кон југ може да се заменат со тунели. Цена околу 320 милиони (9/km).



Кога веќе би се пробил тунел до Белица, ми делува пологично трасата потоа да продолжи директно кон југ, наместо најпрвин да свртува накај запад. Трасата директно кон југ е пократка, а теренот изгледа дека дозволува повеќе релативно ефтини и едноставни опции. Со тоа би се заштеделе пари, километри, а и би немало толку бројни и големи кривини. Тек кај Македонски Брод веројатно ќе треба малку поголемо вложување, но и таму има доста опции кои не изгледаат страшно.



Posted By: Vasilij
Date Posted: 06-Jun-2020 at 08:01
Дел од аргументите држат вода, меѓутоа го загледав теренот кај што ја имате скицирано трасата и би рекол, овој зафат би чинел од 1 до 1,2 милијарди евра слободна проценка. Би имало еден долг тунел, неколку помали, вијадуки, клучки на незгодни локации, засеци итн...


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 06-Jun-2020 at 11:05
Корекција по сугестиите:
Тунел со должина од 14.2km, кој ќе почнува на ниво на сегашниот пат кон Патишка Река - 861 мнв. Кај Белица ќе излегува на 651, што е градиент од 1.48%. Ако 1km е 15м евра, тогаш би чинел 213 милиони €.

Кај Белица излегува на вијадукт од 1.47km кој завршува на ритчето карши - 615 мнв (2.45%). Ако километар е 30 милиони, зафатов би чинел 44. Од ритчето продолжува право по тешка, но порамна од претходно предложената траса.

Кај село Пешна, на 582 мнв да се гради вијадукт од 180 метри, а до 587 мнв (2.78%). Од таму продолжува во тунел од 460 метри до 575 мнв (2.83%). Потоа оди вијадукт од 750 метри (574->542 мнв; 4.27%).

И цената малку ќе се зголеми.
Делница I (18.3km; 4/km) - 73.2м€;
II (12.7km; 8/km) - 101.6;
III-1 (14.2km; 15/km) - 213;
III-2 (1.47km; 30/km) - 44.1;
IV (30.1km; 11/km) - 331.1;
V (18.7km; 5/km) - 93.5.

ВКУПНО 95.5 километри и 856.5 милиони евра - веројатно би отишло над 900.


Влез во тунел - Патишка Река


Излез од тунел - Белица


Пред Македонски Брод


Македонски Брод - клучка и нова улица за спојување на северниот и јужниот дел од градот (оваа може да оди и западно од стадиончето и право да се слее на северната).




-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jun-2020 at 11:15




Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 06-Jun-2020 at 13:42
Ќе бидат потребни 8 или 9 клучки: Постоечки автопат кај Трубарево со новиов, Драчево до Борис Трајковски, Драчевска и 302 (кон Батинци), Маркова Сушица (кон Сопиште), излези на краевите од тунелот - Патишка Река и Белица (како би се извеле?), Суводол, можеби Македонски Брод, Пласница и Кичево со автопатот во изградба.


Кај Суводол ќе биде потребна клучка за поврзување со експресниот пат Суводол-Дебреште-Прилеп. Од неа ќе се излегува на семафор кој ќе го сече патот 104 на север и југ, а на исток ќе биде експресниот.
На север обновениот 104 би продолжил по сегашната траса, сѐ до езеро Козјак. На југ значително рехабилитираниот оди кон Македонски Брод, каде што има уште еден семафор на првата раскрсница за влез во градот. Продолжува уште ~1.75km на југозапад и завршува кај сегашниот мост, друга улица води кон градот; остатокот од трасата на 104 ќе биде преземена од автопатот.

Не знам колкава е потребата од клучка во самиот Македонски Брод. Онаа кај Суводол би требало да биде доволна за да се намалат трошоците и да се избегне повеќе инфраструктура и заземање простор внатре во градот.

Источно од стадионот би се изградила градска улица со мост.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 06-Jun-2020 at 18:09
Некои размисли за клучките на делница I, поупатените нека кажат колку се возможни:
1. Клучка Трубарево - поврзување на постоечкиот автопат со новиов. Вообичаена клучка, нема што многу да коментирам.


2. Клучка Драчево. Довршување на бул. „Борис Трајковски“ во профил 2+2 со изградба на кружен тек на местото на сегашната раскрсница. Патот накај Драчево, Батинци и новиот автопат би продолжил во профил 2+2 неколку метри по кружниот, а понатаму е 1+1 (воочливи се подебелите и потенките ленти).

Од кружниот тек на север оди двонасочна улица кон автопатот. Подоцна се двои на две насоки: 1) излез на автопат север-југ - Точка (оти ги опслужува сите три насоки на кружниот тек ќе ја наречам вака)-Кичево и 2) влез од автопат север-југ Трубарево-Точка.

Од авопатот (кој во овој дел е во форма на надвозник) непосредно пред кружниот тек од страна на Батинци се издвојува лента: влез од автопат југ-север Кичево-Драчево. На ул. Јустинијан Први има семафор од кој може да се сврти десно накај Драчево, лево накај Точка=Батинци и Пинтија, а и право назад на автопат. Право има излез на автопат во правец југ-север Драчево-Трубарево.


3. Клучка Маркова Сушица. Рехабилитација на регионалниот пат Р1106 кој води од Батинци кон Сопиште и реконструкција на локалниот пат кој од овде води кон Патишка Река (да го наречеме Л1), паралелно на новиот автопат.

Од новиот автопат предвидувам излез кон Р1106, исток-запад Драчево-Сопиште/Л1. Веднаш потоа има раскрсница со семафор; на запад е локалниот пат кон Патишка Река, а на север Сопиште. Од Л1 има „црв“ излез исток-запад на новиот автопат кон Кичево и обратно, влез запад-исток од Кичево кон Л1, Сопиште и Батинци.

Од Р1106, непосредно по семафорот, има полукружен влез на автопатот, кој со подвозник и искачување се спојува со него во насока запад-исток Кичево-Драчево.




-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: MileX
Date Posted: 06-Jun-2020 at 20:05
Почетна точка - Хиподром (имаше некоја верзија на клучката каде што се вклучува и 5ти правец). Инаку топ идеа!

-------------
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/


Posted By: MileX
Date Posted: 06-Jun-2020 at 20:09
Originally posted by Cloverstack










Со ваква мрежа на патишта, главната врска меѓу истокот и Пелагонија може да биде експресен пат помеѓу Градско и Штип-Радовиш

-------------
[url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 06-Jun-2020 at 20:47
Има дискусија од пред 9 години за тоа: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84&PID=119152#119152 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84&PID=119152#119152

Originally posted by mladen_s



-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 06-Jun-2020 at 22:43
Уште еден зафат, кој може да се изведе побрзо, полесно и поевтино, а би бил од корист и по изградбата на автопатот: тунелско-вијадуктска врска од 3.63 километри од брана Козјак накај запад. Со двонасочен и непрекинат пат Нова Брезница-Здуње Скопје би било добро поврзано со Македонски Брод. Ова, заедно со подобрувањето на веќе постоечкиот пат и изградба на нов мост преку езерото сигурно не би чинело над 50 милиони евра. За еден мандат може да се направи.

Потоа е потребно и надградување на патот од Долна Белица до Белица и изградба на клучка, за селата во северниот дел на општина Македонски Брод да добијат излез на автопат.


Набрзина нацртана клучка само за посочување; може да биде многу подобра.




-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: ehrlich
Date Posted: 07-Jun-2020 at 13:32
Само тој што не поминал од таму може да рече дека може да помине со 50 милиони евра Да не те разочарувам, ама таков камен, карпа и само камен, имаш само на Солунска Глава и делот околу Козјак. Нема шанси да чини тоа само 50 милиони, макар и се направи пат широк само 5 метри.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 07-Jun-2020 at 16:58
Колку отприлика би чинела обнова и корекција на регионалните патишта Батинци-Нова Брезница, Сопиште-Маркова Сушица и Македонски Брод-Долна Белица и надградба на Нова Брезница-Долна Белица (вкл. и тунелско-вијадуктското решение северно од езерото)?

Најпрвин автопатов ми изгледаше на луда идеја, но по негово мапирање и површно пресметување на цена има логика. Сепак, мора да биде проследен со реобмислување на остатокот од патната инфраструктура, освен ако не најдеме нафта или екстра власт со неколку мандати па да можеме да си дозволиме изградба и одржување, но и потреба од користење, паралелни и високо суплементарни автопати - ГВ-КИ и СК-КИ, СК-ШТ и ВЕ-ШТ итн.

Автопатов отвора неколку нови можности, како развој на јужниот дел од скопската котлина - на ридовите тука може да се населат многу луѓе, претворање на с. Патишка Река со околината во нешто интересно, на пример ултра-луксузно предградие, стартап центар, универзитетско-научно гратченце и сл.

Шансите да се изгради се минорни [дали има каква било (не)владина студија, сугестија, план, ветување или некаква си идеја за него?], но негови сегменти можат да се направат и да бидат од корист дури и без сржта на овој проект - тунелот.

1. Автопат Трубарево-Маркова Сушица (17km; 68м€) - завршува на клучката накај Сопиште наместо километар и кусур понатаму како што е планирано за Делница I во претходниот пост. Југоистокот на Скопје - југот на о. Кисела вода и о. Аеродром и о. Студеничани и о. Зелениково би добиле директен излез на автопатот. Покрај поврзување со остатокот од земјата, на овој начин би се овозможил излез на обиколницата, а со тоа и подобра комуникација со западните и северните делови на градот. Би се овозможил популациски и трговски раст на овој дел од Скопје.

2. Автопат или експресен пат со можност за автопат Кичево - Македонски Брод (28.5km; 201.7м€). Овие два града и Пласница би биле добро поврзани, а разумна би била изградбата на експресен или брз пат Суводол-Дебреште-Прилеп.

Овие два би биле поврзани со погоре споменатитот регионален пат кој би го споил Скопје со Македонски Брод и југозападот на земјава. Сами по себе се потребни и искористливи и би биле основа за пробивање на тунел во иднина.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: user8642
Date Posted: 07-Jun-2020 at 17:14
Излез од Батинци/Драчево/СкопскаБлатија/ИндустрискаЗонаПрвомајска директно на автопат е независно од било каква друга идеја. Кревање на регионалниот пат до ниво на експресе/булевар е од суштинско значење за развој на источниот дел на градот.

Експресен Пат Кичево-Пласница/Брод исто така и независно како проект сам по себе е интересен.

Тунелот е само логичен след на настанатите и нивно меѓусебно поврзување кое воопшто не е нелогично, како што кажа, воопшто не е луда идеј, туку реално очекување.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 07-Jun-2020 at 20:30
Чисто две фотки за тоа како е сега состојбата на патот, кој Армијата на времето го започнала да го прави од левиот брег на Треска, па да има уште еден мост кај браната, и така да се да се поврзе со Нова Брезница, наместо да се користи Јасен.




Posted By: prasalnik
Date Posted: 10-Jun-2020 at 12:58
Оваа идеа за автопатско поврзување Скопје до Македонски Брод е безмалку неостварлива.

Поради тоа што имаме стручњаци кои проектираат без да излезат на терен, туку проектираа и цртаат и даваат идеи на Google Earth и користење само на имагинација.

СТРАШНО. Затоа во државата имаме бесмислени ДУП-ови и идиотско нацртани патчиња и патишта, кои не дека неможат да се направат, туку или се скапи или се идиотски.

ДА СЕ ПРОЕКТИРА ТУНЕЛ ПОД СОЛУНСКА ГЛАВА. Па од каде ви е идејава. ЛУДО, СКАПО, НЕРЕАЛНО и НЕПОТРЕБНО за размислување. Па излезете на терен и видете со каков терен располагате.

Во овој момент, има проектирано Регионален пат Р1106 Скопје до Македонски Брод кој не е реализиран за само 4 км ископ и асвалтирање од 20 км за кои има Договор да ги реализира ЕЛЕМ со вкупно 12-15 мил.евра.

И ваквото поврзување на овој регион е задоволителен и доволен.


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 10-Jun-2020 at 14:32

И јас би се сложил.
Теренот овде е далеку потежок одошто изгледа.
Да, оваа врска ке биде најбрзо поврзување кон Прилеп, Битола, Кичево, па и Охрид, ама далеку поскапо да се направи и изведе.
Гледајки како оди ситуацијата на автопатот Кичево - Охрид, а овде има уште потежок терен, па така да нема што да зборам.
Не сум против, ама за мене ова исто така е неизводливо од многу причини и аспекти.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 22-Jul-2020 at 00:02
Овој мегапроект е сепак премногу скап, а малку потребен. Наредниве неколку децении пореално, а практично и потребно решение би било изградба на:
- автопат или урбан автопат Хиподром-Маркова Сушица (~19.2km);
- добар регионален пат Маркова Сушица-Македонски Брод (~88.3km).
- експресен пат Кичево-Македонски Брод-Прилеп (~65.3km);

Ова решение би го поврзало Скопје со Македонски Брод и Кичево со асален - брз, безбеден, широк и без работно време пат; би било клучна врска запад-исток, поврзувајќи го Кичево со Пласница и Македонски Брод (развивајќи ја локалната економија), а понатаму со Прилеп, од каде новиот експресен би се споил со автопатот Велес-Битола и експресниот Прилеп-Градско (подоцна и Дреново-Кавадарци-Неготино-Лесковица*) На овој начин, и Полог би се поврзал со Пелагонија. Автопатот во Скопје би бил добар за поврзување на југоисточниот дел на градот со автопатската мрежа, како и ширење на Скопје во овој дел. Во иднина, експресниот КИ-МБ лесно би се надградил во автопат, па 2/5 делници од автопатот Скопје-Кичево би можео да се сметаат за завршени. Ќе останат трите најтешки.

За да се зголеми искористеноста и економската исплатливост на овој пат, и за делумно да се враќаат средствата во буџетот, би се вовела бранарина кај Козјак (50 денари СК-МБ и 30 обратно), додека на брегот на езерото, кај село Близанско, би се изградил комплекс на хотел, ресторан за свечености и казино. Комплексот ќе може да се напушти само со поминат алко тест од возачот (и уште едно лице, ако во возилото се >= две лица со возачки дозволи). Во Суводол или Требино, пак, би се изградил спортско-рекреативен комплекс.








*автопат Велес-Прилеп и експресен пат Прилеп-Кавадарци-Радовиш е многу подобро решение од експресен пат Градско-Прилеп.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Vasilij
Date Posted: 22-Jul-2020 at 07:19
Се согласувам. Вака, не сакам никој да ме разбере погрешно ама ова е научна фантазија и дури навредувачки ако се земе дека многу други приоритетни делници не се изградени.
Приоритети (за ова ќе се сложиме верувам сите) се:
Изградба на автопат Скопје - Блаце
Завршување на Кичево - Охрид
Завршување на експресен пат Штип - Радовиш
Дозавршување на експресен пат Штип - Кочани
Завршување на експресен пат Куманово - Крива Паланка
Завршување на експресен пат Градско - Прилеп
Изградба на експресен пат Струмица - Ново Село - ГП
Реконструкција и одржување на А1 (е-75)
Реконструкција и надградба на Тетово - Гостивар
Изградба на експресен пат Тетово - Јажинце
Надградба на експресен пат Битола - Меџитлија



Print Page | Close Window