Print Page | Close Window

Пробивање на бул. Борис Кидрич (Мичурин)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3733
Printed Date: 26-Apr-2024 at 17:07


Topic: Пробивање на бул. Борис Кидрич (Мичурин)
Posted By: stef4o
Subject: Пробивање на бул. Борис Кидрич (Мичурин)
Date Posted: 31-Jan-2020 at 08:27
Од локални,ај да кажам маалски муабети се збори дека наскоро ќе почне пробивање на улицата Борис Кидрич(веке неколкупати сум ја споменувал низ нишкава) како доста значајна за оваа населба бидејкќи моментално ул.Петар Ацев и Анастас Митрев завршуваат слепо,односно многу е усложнето излегувањето на Трета Македонска Бригада.Но за реализација на овој проект треба да се сруши една куќа и една зградичка е сега тука чинам има проблеми околу обештетувањето и слични проблеми.Но искрено не верувам дека ќе се реализира овој проект бидејќи ниту градот ниту општината некаде го имаат најавено...

Еве извадок од Google Maps каде со црно се означени спорните објекти за изведба на улицата



И извадок од ДУП-от за истиот дел



Во секој случај корисно и многу важно би било да се изведе овој проект бидејќи веќе уличките стануваат претесни а згради сеуште се градат и исто така не е лошо да се изведе монтажен паркинг на празниот простор до Стокомак на ул.Симеон Кавракиров со што сите возила вдолж улицата би можело да се сместат во тој дел



И секако улицата треба да се реконструира бидејќи по тротоарите веќе неможе да се оди и да се направи едносмерна...



Replies:
Posted By: skopskodete
Date Posted: 31-Jan-2020 at 12:42
Улицата секако набрзо ќе мора да се направи, во спротивно е голема грешка ако не се направи, од секаков аспект.
Во однос на објектите кои треба да се срушат. Долгата барака најверојатно веќе е откупена од некој приватен инвеститор за да се изгради зграда (може да се види според ДУП-от дека местото е планирано за зграда), а во однос на двете куќи мене нешто ме буни. Пред скоро една година или помалце имам забележано дека на едната куќа на последниот кат се поставени нови прозорци, па ме чуди зошто некој би се нафатил да ја реновира кога набрзо ќе биде срушена за да се направи улица.


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jun-2020 at 11:01
ПРОБИВАЊЕ НА УЛ.БОРИС КИДРИЧ(МИЧУРИН-О.АЕРОДРОМ)

За сега овој проект слабо се спомнува дека ќе се реализира но сепак еве ќе издвојам една посебна нишка со надеж дека можеби за неколку години некој ќе се сети да го направи и со тоа да се добие поголема проточност во внатрешноста на населба Мичурин каде новите згради се повеќе ќе ја оптоварат постоечката инфраструктура која се сведува на многу тесни улички со паркирани коли од страните,тротоарите се едвај употребливи...

Незнам во кој профил е планирано да се изведе проектот со колку ленти но сепак и тука неминовно ќе биде неопходна експропријација на неколку објекти

Еве ја локацијата каде треба да се гради,би било убаво ако некој знае да исцрта каде точно треба да минува улицата и колку точно објекти треба да се рушат



...
дел од трасата(овој дел е прилично хаотичен во прашина и кал веќе долго време никој не сака да асфалтира и да средува со изговор дека ќе се реализира проектот од страна на Град Скопје)

знам дека оваа зградичка и уште две-три куќи треба да бидат урнати









извадок од деталниот план каде со испрекината линија е прикажан делот каде треба да минува улицата



би требало да се спојува тука







Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jun-2020 at 11:52
Една стара вест од 2017 бившиот градоначалник Трајановски истакнал дека е во фаза на проектирање

Градоначалникот Трајановски, исто така, најави во претстојниот период дека ќе биде завршено и проширувањето на булеварот „Трета македонска бригада“, во тек е проектирање и на булеварот „Борис Кидрич“ од булеварот „Трета македонска бригада“ до Новата железничка станица.

http://www.aerodrom.gov.mk/vest/1551


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 16-Jun-2020 at 13:51
Би требало да е 2+2, но и 1+1 би било доволно. Засега не ми личи дека има големи шанси да се направи (зошто има мегафон?); изведба на Есенинова и реконструкција на Никола Карев се најавени и приоритетни, а потоа мора да следи исправање на Беласица. Според ГУП, Борис Кидрич треба да се пробие и накај Маџир Маало и да се спои со мостот на Беласица.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: skopskodete
Date Posted: 16-Jun-2020 at 14:48
Со тоа што дека и овој булевар не е изграден очигледно е дека премногу заостанува градот со основата сообраќајна инфраструктура.


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Jul-2020 at 09:55
Жители на Мичурин живеат во влага и распаднати тавани, нивната зграда треба да се срамни со земја и да бидне булевар но само на хартија

[tube]wuRZNbpZgw8&feature[/tube]

Урнати тавани, уништени ѕидови, проблеми со одводната канализација и чести поплави. Со ова секојдневно се соочуваат станарите во зграда стара повеќе од седум децении на влезот на една од најурбаните општини во Скопје.

На местото на зградата треба да има булевар, така предвидува деталниот урбанистички план на Општина Аеродром од 2013 година. Но никогаш не се изградил а станарите останале во субстандардни услови. Имено било оставено на нив да си најдат инвеститор кој ќе направи нова зграда каде тие би живееле кога на местото на сегашната ќе биде булеварот. Но формално правните лавиринти за добивање дозвола за градба за новата зграда ги заковале во оваа – каде немаат нормални услови.

На горните катови протеекува кровот во сите станови, фасадата е огулена, не само до цигла туку до трска затоа што таков бил начинот на градење тогаш нема бетонска плоча ни измеѓу спратовите ни на најгорниот кат. Протекува од сите страни, на приземје становите се соочуваат со проблеми на одводната канализација. По четири пати годишно ги викаме надлежните од водовод да дојдат и да ги прочистуваат одводите, затоа што се запушуваат не само во шахтите туку и во становите. Неверојатно се малтретираме не можеме веќе да поднесеме – вели Светлана Филиповска

Се жалеле и во град Скопје и но им дале неодреден одговор нагласувајќи им дека нема предвидено средства за реализација на планот.

Живеат во страв како и понатаму во влага а доаѓа есен па зима. Не се откажуваат, ќе ја бараат правдата до крај.

https://alfa.mk/ziteli-na-michurin-ziveat-vo-vlaga-i-raspadnati-tavani-nivnata-zgrada-treba-da-se-sramni-so-zemja-i-da-bidne-bulevar-no-samo-na-hartija/


Posted By: skopskodete
Date Posted: 03-Jul-2020 at 12:57
Добро бе, до толку ли им е проблем да ја пробијат оваа улица...
Немам коментар.


Posted By: Théoden
Date Posted: 03-Jul-2020 at 14:43
Би било убаво да може да се експроприра цела парцела со оваа зграда и да не се чека на инвеститор, но тоа ќе ја зголеми вкупната цена на булеварот можеби и двојно. Подоцна овој простор може и да остане празен и да се искористи за парк или паркинг.


Posted By: David
Date Posted: 03-Jul-2020 at 14:57
Надлежните се зафатени со перење пари преку купување саксии,сами да си барале инвеститор,тешко на луѓево..


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Jul-2020 at 16:41
Само не ја разбирам поентата да се гради зграда на местото на руинираната зграда,зарем нема да пречи на изградбата на булеварот или ќе биде со помали основи(скратена парцела и потесна зграда)?
Инаку булеварот е од големо значење за населбата и за нејзината проточност во иднина бидејќи во моментов се градат околу 300 стана и сето тоа ќе ја зголеми фреквенцијата на возила и оптоварувањето на постоечката инфраструктура која нема капацитет за такво нешто.


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jul-2020 at 15:04
Oпштина Aеродром се правда дека тие не биле надлежни за проблемот од зградата во Mичурин

[tube]tC67nnKqjho&feature[/tube]

https://alfa.mk/opshtina-aerodrom-se-pravda-deka-tie-ne-bile-nadlezni-za-problemot-od-zgradata-vo-michurin/


Posted By: user8642
Date Posted: 10-Jul-2020 at 15:16
Овде треба да се изврши вонредна ургентна екпропријација, и да не мисли некој дека со медиумски притисок може да се збогати преку ноќ и да добие три стана зашто така може и едниот да го изгуби. Фер надокнада мора да има, ни помалку ни повеќе! Многу луѓе се ставени во овакви позиции и неможат ефективно да си го стопанисуваат имото зашто плановите викаат нешто друго на тоа место а тоа друго не доаѓа со децении, од друга страна неможеме да го упропастиме долгорочниот развој на градот заради тесниот интерес на десетина поединци.

Повторно ќе кажам, вонредна екпропријација со фер надокнада по каталог, ни повеќе, ни помалку!


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Jul-2020 at 16:55
ГУП, па ДУП, па евентуално потоа нова зграда за станарите во рушевината во Мичурин

[tube]JW7gup5NFsc&feature[/tube]

Изградбата на булеварот Борис Кидрич e стопирана, а луѓето кои живеат во речиси – урнатата зграда, на чие место треба да поминува сообраќајницата, не можат да изградат нова.

Проблемот на станарите во старата зграда во Мичурин и понатау без решение. Заглавени во формално – правните лавиринти се уште не добиле конкретен одговор од релевантните институции.

Продолжува борбата на станарите за подобри услови за живеење, бидејќи се плашат дека оваа зграда нема да издржи уште долго. Локалните власти молчат и не нудат конкретно решени за овој проблем.

Не наидовме на никаков прием ниту од Општина Аеродром, ниту од Град Скопје, едноставно градоначалникот Марин не не удостои да не прими во неговите простории да поразговараме за нашите проблеми. Еве повторно отидовме со надеж дека ќе не прими, и повторно истиот одговор. Праќа претставници од кабинетот кои не даваат конкретни одгвори – вели Светлана Филиповска – станар

На жителите, согласно ГУП 2012 година, им била доделена маркица за изградба на нова зграда позади сегашната, но на тој простор се приватизирани само 60 квадратни метри. Станарите бараат од општината да им додели нова маркица.

Што се однесува до доделувањето на нова маркица, тоа може да се случи по измената на ГУП-от на Град Скопје, со што може да почне постапка за менување и на деталниот урбанистички план – велат од Општина Аеродром.

Но измената на генералниот урбанистички план ги кочи граѓаните да си изградат зграда, па се уште живеат во рушевините на сегашната.. исплашени се, како ќе ги преживеат есента и зимата, кога временските услови ќе бидат полоши од сега. Од Град Скопје велат дека дури кога ќе се изгради сообраќајницата, ќе се спроведе постапка на експропријација на приватното земјиште и тогаш ќе може да се изгради нова зграда. Во однос на проблемот за реализација и изградба на оваа сообраќајница, од Град Скопје велат дека во наредните години ќе се обидат да обезбедат финансиски средства за изградба – што го вклучува алармот, до кога станарите ќе живеат во мизерни услови.

https://alfa.mk/gup-pa-dup-pa-eventualno-potoa-nova-zgrada-za-stanarite-vo-rushevinata-vo-michurin/


Posted By: user8642
Date Posted: 11-Jul-2020 at 17:59
Се искористува преидзборието да се направи притисок. Од кај тие филмови дека ова станало малтене "човеково право" да добиеш маркица на местото на старата зграда. Ете што дозволивме како општество да се развие уште еден друг нус-ефект од незаузданата урбана мафија. Неможе на градот да му се нагрбачува обврската да им бара чаре на сите што им застареле објектите. Македонија е полна селски куќи разрушени, па што да не треба општините да одат тамо и да им даваат заменски решенија. Што поитна екпропријација на објектот според каталошки цени и готово! Објектот има намалена вредност и тоа е тоа, и не смее да падне таа намалена вредност на грбот на државниот буџет. Еднаш пред 70 години ако купиле/добиле стан не значи дека сега треба да има државна институција што треба постајно да им дава еквивалентно решение кога на старото ќе му падне вредноста.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 11-Jul-2020 at 23:13
Originally posted by user8642

Се искористува преидзборието да се направи притисок. Од кај тие филмови дека ова станало малтене "човеково право" да добиеш маркица на местото на старата зграда. Ете што дозволивме како општество да се развие уште еден друг нус-ефект од незаузданата урбана мафија. Неможе на градот да му се нагрбачува обврската да им бара чаре на сите што им застареле објектите. Македонија е полна селски куќи разрушени, па што да не треба општините да одат тамо и да им даваат заменски решенија. Што поитна екпропријација на објектот според каталошки цени и готово! Објектот има намалена вредност и тоа е тоа, и не смее да падне таа намалена вредност на грбот на државниот буџет. Еднаш пред 70 години ако купиле/добиле стан не значи дека сега треба да има државна институција што треба постајно да им дава еквивалентно решение кога на старото ќе му падне вредноста.

Реално, тука базичниот проблем е што градот дури после 8 години се' уште не ја има пробиено оваа улица.


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 12-Jul-2020 at 00:00


незнам што се замарате, да ет една Зграда арно, ама повеќе Објекти се ... ова се влече вака уште кога тука општина беше Кисела Вода 2 ... http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3611&PID=236428#236428 - еве Стефан го подзаокружил муабето , само што оваа Зграда не е кусурот, туку се’ во продолжение, демек полесно ќе го извртат булеварот, хм, ако веќе го вртат скроз нека го залепат за Железничка, тоа би значело изместување на постојната траса, што ќе биде поефтино него влечење по судои во недоглед, сетете се на шиканата на мостот ... мислам убо што оделе некогаш по урбанистички симетрии и норми наште урбани проектанти, сепак закасниле со развојните проекти поприлично долго, та во случајов денес мора да се бара компромис, а за таков Градо не ќе да најде сили, иако верва пример дека тоа ќе биде случај во Ќерамидница со Мосто на АСНОМ ...

ако се помести пак трасата веднаш до НоЖе треба да се најде Чаре за паркингот на Меѓурадска кој може да се реши спроти сегашните Перони за Поаѓање т.е. кај денешни 20-ка и 22-јка да се направат Паркинзи кои би подвлегувале тро внатре, подоле пак оној Паркинго на Пошта треба да се измести кај сегашниот карши Меѓународни Пратки, а останува натака да се пробие уште еден Мост во продолжение кој како траса би дошол врз столбои на Старио Железнички ...

единствен вишок од сето ова ет што потенцијално ваквата траса би сотрела можност за правење http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=242026#242026 - Парк за нас.Мичурин и ЈСП кај/пред сегашната Пајак Служба ...


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Dec-2020 at 13:20
Булеваров прашање е дали ќе дочека реализација во блиска иднина...ова е еден од времените објекти на трасата





Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-Dec-2020 at 14:51

Тоа е на МЖ-инфраструктура ако не се лажам.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Dec-2020 at 18:23
Овој дел е ужас,поготово при дожд а и цело лето е прашина тотално баталено и запуштено а прашање е дали ќе се реализира овој проект во догледно време.
Во принцип овој проект би бил сосем оправдан од причина што во внатрешноста Мичурин се гуши што од нови згради,што од лоша инфраструктура(тесни улички)

Поточно освен ул.Симеон Кавракиров и Венјамин Мачуковски(која е во се поголем хаос) сите други улички во принцип се слепи



означените со жолто се слепи улици,уствари има опција за да се продолжи лево по Борис Кидрич ама голема е веројатноста човек да ја искрши колата бидејќи воопшто не се одржува тој потег



А реално трасата не им е многу сложена имаат вкупно 5 објекти од кои во 3 живеат луѓе во супстандардни услови




Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 23-Dec-2020 at 18:52
Колкава е потребата од булевар? Не е улица доволно?


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: skopskodete
Date Posted: 23-Dec-2020 at 19:21
Колку што знам, обична улица е. Не знам зошто е класифициранa како булевар.


Posted By: Théoden
Date Posted: 23-Dec-2020 at 21:34
Улица со 4 ленти треба да биде според ДУП, 14 m коловоз без средишно зеленило по 5,5 m тртоари.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 23-Dec-2020 at 21:56
Или 3 ленти од по 3 метри со велосипедски ленти по ново. Баш и не гледам потреба од 4.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Feb-2021 at 12:34
Трасата од повисоко









Posted By: user8642
Date Posted: 08-Feb-2021 at 13:21
Оваа држава мора што порано да основа некаков фонд за експропријација и да откупува секое парче имот што се наоѓа на траса на било што што е предвидено да се гради друго на тие локации. Неможе вечно да ги држи луѓето во неизвесност, ем што порано се откупи тоа пониска цена, и ќе се спречува во иднина изградба на дивоградби.


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Feb-2021 at 22:28
Незнам дали воопшто и ќе го изградат булеваров,во ниту една најава го нема а објективе што се на трасата буквално се распаѓаат и треба да им се обезбеди на луѓето подобри услови бидејќи во овој случај немаат маркици за кои би можело да најдат инвеститор и да добијат зграда на нивната парцела како што е случај со другиот дел од Мичурин. Ама кај нас тешко одат тие работи така да ќе кажат дека немале среќа што се погодило баш тука да живеат и ќе си чекаат изградба на проектот во некој си мандат. Општина Аеродром многу слабо,скоро па ич не вложува во инфраструктурата(а низ Острово,Мичурин и Стар Аеродром веќе има потреба од поголеми зафати за проточност и растеретување на гужвите).


Posted By: user8642
Date Posted: 08-Feb-2021 at 23:31
Неможе да се уништува јавен простор предвиден за булевар заради поединци, колку и да звучи неправедно. Тоа е последната точка на одбрана на јавниот простор. Булеварски коридор е капитал кој не смее да се прокоцкува за мали комфорности и 100 гласа на избори.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 09-Feb-2021 at 09:34
Јас не знам како до сега не е пробиен булеваров, а уште почудно е што никој досега не го спомнал значително во јавноста, освен кога беше случајот кога се бунеа станарите во старите бараки. А реално нема должина и земјиштето е рамно.
Со текот на времето, потребата од овој булевар расте. Сега ќе се довршат неколку згради во Мичурин, за брзо време и тие преостанати места што се, ќе се изградат, е тек потоа ќе се види колку е потребно да постои булеваров.


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-May-2021 at 17:16
Дел од трасата(од фб).Незнам досега дали било предвидено реализирање на овој проект,освен дека е предвиден во ГУП/ДУП ништо поконкретно не е спомнато









...

не е нешто претерано сложен зафат,нема многу објекти за експропријација мислам вкупно 5 или 6 се,а би бил од големо значење за проточност низ населбата





Posted By: stef4o
Date Posted: 17-May-2021 at 17:21
една вест од 2013 во која се спомнува дека ќе се почне 2014 но тоа не се случува

------------------------------------------------------------
Улицата „Трета Македонска Бригада“- нов булевар во Аеродром

Во булевар ќе биде проширена улицата Трета Македонска Бригада. Должината на булеварот ќе биде 2100 метри, а изгрдабата се очекува да заврши до крајот на годинава. Булеварот ќе продолжи се до гимназијата “Раде Јовчевски – Корчагин“ и ќе овозможи поврзување на општината Аеродром со општина Центар. -Градот Скопје планира да изгради по два до три влезови и излези од секоја општина до општина Центар. Покрај изградбата на овој булевар се планира и изградба на нов булевар „Борис Кидрич“ кој треба да се поврзе со булеварот “Трета Македонска Бригада“, а изградбата на овој булевар ќе започне наредната година, рече денеска Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. Веќе се обезбедени средставата во буџетот, а изградбата на булеварот ќе се врши во неколку фази поради разрешување на имотно-правните односи. Булеварот ќе има четри ленти, зеленило во средишниот дел, ново осветлување и нова атмосферска канализација. Според Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, изградбата на овој булевар ќе биде решение за сообраќајниот метеж во овој дел на општината. Со изградбата на овој булевар општина Аеродром, покрај булеварот Јане Сандански ќе добие уште еден булевар.    

https://faktor.mk/ulitsata-treta-makedonska-brigada


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-May-2021 at 17:23
од 10.07.2020

-----------------------------
ГУП, па ДУП, па евентуално потоа нова зграда за станарите во рушевината во Мичурин

Изградбата на булеварот Борис Кидрич e стопирана, а луѓето кои живеат во речиси – урнатата зграда, на чие место треба да поминува сообраќајницата, не можат да изградат нова.

Проблемот на станарите во старата зграда во Мичурин и понатау без решение. Заглавени во формално – правните лавиринти се уште не добиле конкретен одговор од релевантните институции.

Продолжува борбата на станарите за подобри услови за живеење, бидејќи се плашат дека оваа зграда нема да издржи уште долго. Локалните власти молчат и не нудат конкретно решени за овој проблем.

Не наидовме на никаков прием ниту од Општина Аеродром, ниту од Град Скопје, едноставно градоначалникот Марин не не удостои да не прими во неговите простории да поразговараме за нашите проблеми. Еве повторно отидовме со надеж дека ќе не прими, и повторно истиот одговор. Праќа претставници од кабинетот кои не даваат конкретни одгвори – вели Светлана Филиповска – станар

На жителите, согласно ГУП 2012 година, им била доделена маркица за изградба на нова зграда позади сегашната, но на тој простор се приватизирани само 60 квадратни метри. Станарите бараат од општината да им додели нова маркица.

Што се однесува до доделувањето на нова маркица, тоа може да се случи по измената на ГУП-от на Град Скопје, со што може да почне постапка за менување и на деталниот урбанистички план – велат од Општина Аеродром.

Но измената на генералниот урбанистички план ги кочи граѓаните да си изградат зграда, па се уште живеат во рушевините на сегашната.. исплашени се, како ќе ги преживеат есента и зимата, кога временските услови ќе бидат полоши од сега. Од Град Скопје велат дека дури кога ќе се изгради сообраќајницата, ќе се спроведе постапка на експропријација на приватното земјиште и тогаш ќе може да се изгради нова зграда. Во однос на проблемот за реализација и изградба на оваа сообраќајница, од Град Скопје велат дека во наредните години ќе се обидат да обезбедат финансиски средства за изградба – што го вклучува алармот, до кога станарите ќе живеат во мизерни услови.

https://lider.com.mk/skopje/gup-pa-dup-pa-eventualno-potoa-nova-zgrada-za-stanarite-vo-rushevinata-vo-michurin/


Posted By: user8642
Date Posted: 18-May-2021 at 15:41
Добро, метафизички гледано незнам како да се изразам веќе, што менува дали ќе биде тука баш зградата или на друго место. Само дополнителен трошок е рушењето, ако се гледа така.

Само правото прашање не се поставува, зашто градот не го екпропреира имотото на станарите по пазарна цена и да се затвори оваа приказна. Јебига, нека с епомират со фактот дека нема да исполапаат дупло стамбена површина како што таа среќа ја имале нивните соседи на чии змејишта нема предвидено инфратсутуркура. Очигледно, проблемот не е само да го решат прашањето со тоа што зградта им се распаѓа.


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-May-2021 at 20:36
тоа е тоа, живееме во место каде што зао бјекти што се и опасни по околината, се чека милостина од станарите дали ќе имаат профит или не

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-May-2021 at 21:03
Цел град е осакатен и со тесни грла токму заради вакви ситуации,да имаше предвидено зграда место улица до сега стопати ќе се изградеше ама кога е инфраструктура во прашање веднаш има негодување кај жителите во бараката. Треба градот и општината да се многу поекспедитивни и да ги решаваат сите точки низ населбите каде што има можност за проширување поготово во вакви населби натрупани со згради кои полека но сигурно стануваат хаотични.
Реално на Мичурин му требаат 2-3 монтажни паркинзи,систем на еднонасочни улици и плус булеваров.Срамота е што со децении се влечкаат вакви проблеми кои не се ниту сложени ниту премногу скапи а многу би помогнале да се реши хаосот. Веќе се приметува дека ул.Венијамнин Мачуковски и Петар Ацев стануваат премногу тесни а допрва во тој дел се градат и ќе се градат нови згради па со тек на време ќе стане уште полошо. Се отворија и доста маркети па цел ден се врвчат камиони за дотур на роба што исто така е проблем и ги блокира улиците во секој дел од денот.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 02-Oct-2021 at 18:44
Во програмата за локалниве избори, на Данела, на 33 страна во делот за нови улици е спомната и оваа улица.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 02-Oct-2021 at 20:11
Јас досега немам видено една програма на кандидативе електронски, како успеа да пронајдеш


Posted By: skopskodete
Date Posted: 02-Oct-2021 at 20:50
На официјалната страна за кампањата на Данела.
Линк: https://zaskopje.mk/index.php/3d-flip-book/program/


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Oct-2021 at 21:10
Улицата е многу потребна особено откако Мичурин доживува се поголема инвазија од нови згради кои ќе примат уште минимум 1000 нови жители и постојната инфраструктура ќе крахира.
За почеток треба реконструкција на ул.Симеон Кавракиров и да стане едносмерна и секако пробивањето на новава улица со што ќе се смени грдиот изглед на просторот каде треба да минува трасата каде сега има кал,ѓубре,скапани бараки и диви паркинзи.


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Dec-2021 at 15:00
Еве уште по некоја фотка од ситуацијата на трасата,во програмата на градоначалникот стоеше овој проект но ќе видиме дали до 2025 ќе има некакво поместување.Немаат нешто премногу за експропријација но можно е пак да заглават ако воопшто се нафатат да градат

Објектов веќе е на раб на издржливост а во него живеаат сигурно 5-6 фамилии





по оваа уличка едвај се минува со возило освен со џип или нешто повисоко инаку ќе се остане без браник



низ годините си имаат направено импровизирано патче поред депото на пајакот и дел од жителите си кратат пат минувајќи под Железничка за да се вклучат на ул.Никола Карев и обратно но според мене не е оправдано бидејќи не кратат премногу пат а ризикуваат да ги оштетат возилата



Posted By: user8642
Date Posted: 26-Dec-2021 at 15:22
Проблемот е што нема да се задоволни со обештетување за да може да купат иста квадратура, него лакомоста ќе порасне и ќе мислат како овие у Ќерамидница дека треба 3 за 1 да добијат. Тоа што на други места инвеститори даваат поволни суми не е никакво "имам право и ја" како што погрешно се толкува во Македонија, него привилегија. Сигурен сум дека и тука прошле штеточините жмровски, и обеќавале нешто што знаат дека неможе да се исполни. Неможе булеварот да биде жртва на лакомоста на неколку луѓе. А на Данела екпропријација не и е јака страна.


Posted By: Théoden
Date Posted: 26-Dec-2021 at 16:18
Додека не се појави инвеститор што ќе ја гради планираната шесткатница на местото на зградичкава, не верувам дека овде може да се изврши експропријација и да се изведе овој проект. Ohno




Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Dec-2021 at 17:54
Прилично ми е чудна таа маркичка изгледа како скратена веројатно прилагодено на трасата за улицата но ете со години никој не се нафатил за изградба на зграда на ова место покрај целата инвазија од згради во населбата.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 26-Dec-2021 at 20:11
Никаква маркица не е чудна, после тоа зградиче до студентскиот дом во Кисела Вода.


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Feb-2022 at 10:18
Пред 20-тина дена екипи на Паркови и зеленило исекоа неколку дрва околу зградичкиве кои се на трасата и скастрија добар дел од гранките.Но не верувам дека има било какво поместување во врска со проектот





Posted By: user8642
Date Posted: 03-Feb-2022 at 18:28
Добро бе, да не може 6 стана да откупи државава, и тоа во руинирана состојба.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-Feb-2022 at 18:50
Originally posted by user8642

Добро бе, да не може 6 стана да откупи државава, и тоа во руинирана состојба.

Не може, толку им е капацитетот


Posted By: skopskodete
Date Posted: 03-Feb-2022 at 19:08
Originally posted by user8642

Добро бе, да не може 6 стана да откупи државава, и тоа во руинирана состојба.

И јас се чудам.


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 01-Jul-2022 at 13:54
Ајдеее честито. Бараките на МЖ Инфраструктура изгореа, сега или некоја зградичка ќе никне или ќе се изгради улицата која што треба од овде да помине...



Print Page | Close Window