Print Page | Close Window

Населба 29 Ноември

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Ваши концепти
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3738
Printed Date: 29-Apr-2024 at 06:30


Topic: Населба 29 Ноември
Posted By: Staro Skopje
Subject: Населба 29 Ноември
Date Posted: 20-Jun-2020 at 00:14
Населбата 29 Ноември е концепт на градска населба изградена во Скопје за време на и по СФРЈ, односно од 1968 до 2002 година. Населбата се состои од четири целини, и тоа дел за колективно домување, дел за индивидуално домување, деловен кварт и стар дел, односно надоградено село со коешто создава своевидна агломерација. Урбаното планирање се заснова на три принципи, и тоа пристапност, приватност и парковност. Инспирација ми беа скопските станбени населби Аеродром и Капиштец и пост-земјотресните населби со куќи (Тафталиџе, Драчево, Ново Лисиче, Бутел, Ново Село...).

Најразвиениот дел од оваа населба, реонот 1 Мај, се одликува со пространи, полу-густи блокови, со изобилство на зеленило и трговски објекти помеѓу станбените згради. На крајот на секој блок се наоѓа плато со содржини од општествен карактер; блоковите се поврзани со широки булевари. Долж главниот булевар се наредени деловни згради.

Со појас зеленило од 1 Мај е одвоен реонот 13 Ноември, кој е речиси исклучиво составен од индивидуални куќи. Во секој блок има јавен простор и објекти.

Третиот „ред“ се состои од станбени висококатници на север, потоа парк, спортски комплекс и универзитет, а на југ е деловниот кварт. На исток е пругата (може да вметнам и автопат), па село Велково.


Јужниот дел од 1 Мај. Веќе е оформен трговски објект и средното гимназиско училиште „Напредок“.


Централниот дел на 13 Ноември


Североистокот на населбата


До селото Баово и малата блоковска населба од 1930-тите се изградени понови блокови и куќи


Кластерот деловни објекти. На почетокот се наоѓа домот на културата, од каде води пешачка улица до стадионот.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа



Replies:
Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 20-Jun-2020 at 00:27
Досега разив само една зграда, а во тек се уште три.


1. Административни згради. Не знам кои институции би се сместиле во нив. Комплексот се состои од два објекта изградени во бруталистички стил - централна 6-катница и периферна 3-катница.








Моментално ги работам деловните згради 2 и 3, како и 4 - НАТО центар.












-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 21-Jan-2021 at 00:21
Плоштадот во новиот дел на село Велково. Изграден е во доцните 50-ти и раните 60-ти, во процесот на урбанизација и ширење на Велково.

Централно се наоѓа административна зграда изградена во 1957 година.




Од другата страна, до улицата се наоѓа судот од 1962.


На пешачката улица до плоштадот е стоковната куќа, изградена 1960.




-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 21-Jan-2021 at 00:32
До неа е амбулантата од 1958.


Карши има факултет, изграден во 1961.



До него има хотел изграден во 1964. На пешачката улица е ресторанот, а помеѓу ресторанот и хотелот има конференциски сали.




-------------
Градот убав никна, но го откорнаа



Print Page | Close Window