Print Page | Close Window

Бул. Љубљанска (+ Мост од Карпош 4 кон Злокуќани)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3741
Printed Date: 27-Apr-2024 at 10:27


Topic: Бул. Љубљанска (+ Мост од Карпош 4 кон Злокуќани)
Posted By: daci92
Subject: Бул. Љубљанска (+ Мост од Карпош 4 кон Злокуќани)
Date Posted: 18-Feb-2014 at 23:26
Цако такво нешто засега не им е во план на градските власти, има многу „поприоритетни“ работи низ градот од поврзувањето иако треба да им биде еден од најголемите приоритети.



Replies:
Posted By: vladgv
Date Posted: 13-Jul-2016 at 12:07
Добро е што сепак нешто се прави. Но секој инженер мора да биде критичен со цел работите да се прават ПОДОБРО, секогаш може подобро, секогаш треба да се залагаме за подобро.

Во однос на ИЛИНДЕНСКА, мислам дека е страмота што улица од 2-3 километри ќе се реновира во многу фази, до сега 3 пати се сече лента. Мислам дека до крајот и комплетирањето барем уште едно 5-6 ленти ќе се сечат.... Е ТОЕ Е СРАМОТА толку ли глуп народ може на вакви однесувања да верува и да не ги осуди....

Реално во СКОПЈЕ НИТУ ЕДЕН булевар проектиран во времето на ЈУГОСЛАВИЈА кога имало стандарди и кога се правело прописно, до ден денес не е ДОВРШЕН, значи ниту една улица од крај до крај не е целосно комплетирана секаде нешто фали. Скопје нема главни булевари сите некаде СЛЕПО или во некаков теснец завршуваат. Многу тешко се напушта градот гледано од секоја населба, секаде има пречки стеснувања, лош асфалт, дупки тесни улици.

А замислете наеднаш да тргне економијата на земјата, наеднаш се повеќе и повеќе луѓе да купуваат возила и да се движат, па има да има ТОТАЛЕ застој. Апсурдно но реално, ние имаме среќа што имаме толку млади кои се невработени па спијат до 2-3 попладне и не прават гужви низ град.

Тоа е трагедијата која никој несака да ја каже и да си ја признае со цел да почнат од некаде да се решаваат ваквите сообраќајни проблеми.

П.С. Најдобро да си траеме, дека ако ги направат булеварите ќе им текне ПАТАРИНИ да стават, е тек тогаш од дома да не излезеш.


Posted By: CenterCityKid
Date Posted: 14-Jul-2016 at 04:22
Денот кога младината што ни спие сега до 2 саат попладне ќе се разработи и ќе ја развие економијата, тој ден ќе има и пари и инжењери што ќе ја направат инфраструктурата џам. Тие работи се поврзани. Прост народ, квази стручњаци, мрзлива младина = шит економија.


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Mar-2018 at 10:06
Крајот на бул. Илинден во Карпош 4. Сега и да го премостуваат Вардар, на другиот брег има куќи што сериозно пречат. Случајно налетав на фоткава на твитер, па си велам да ја споделам. Автор: @Giotto_mkd



-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Jul-2020 at 10:25
Завршено е проектирањето на новиот мост во Скопје. Постапката за избор на изведувач, ја започнуваме до крајот на јули. Овој мост, ќе ги спојува Карпош 3 и 4 по ул. Љубљанска (покрај Сити мол) со Злокуќани и Бардовци на ул. Скупи.







линк од видео презентација

https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/3300838576807384/



Posted By: user8642
Date Posted: 04-Jul-2020 at 10:41
И повторно прашањето што мора да се постави исто како и кај мостот што требаше да биде панормаксо тркало. Дали овие "сајли" имаат некаква конструктивна улога или се само декоративни, да не речам непотребен вишок.         Фундаментите на сајлите ме тераат да мислам дека имаат некаква конструктивна улога, ама може би не. Не треба Македонија многу да експериментира со методи на градење кои после тоа захтеваат многу оперативни редовни оддржувања, не сме многу педантни ние со такви работи. Еден мост ГоцеДелчев реално ни е проблем редовно да му ги стегаме сајлите. Другата екстремна крајност за оваков народ е камени мост, го градиш и можеш да го баталиш 700 години и пак да врши работа. Затоа треба да се држиме до класични методи на градба, мост на револуцијата, оној кај Ману, обединети нации, новиот кај железничка, мост близнаци и такви класични типови.

Второ, зашто толку лош рендеров или не е ни рендер воопшто него само low-res export некој колку да не биде без ич.


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Jul-2020 at 10:43
Добро е што воопшто има некаков рендер,за разлика од мостот кон Ќерамидница каде нема ниту една матна сликичка.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 04-Jul-2020 at 13:19
Originally posted by stef4o

Добро е што воопшто има некаков рендер,за разлика од мостот кон Ќерамидница каде нема ниту една матна сликичка.

Да, а најмногу ме чуди што никој новинар (барем колку што имам видено) не се дрзнал официјално да го праша Градот или пак градоначалникот за тоа како би изледал мостот.


Posted By: alexsend
Date Posted: 04-Jul-2020 at 17:35
Има рендер за незапочнат мост, а нема за тој што се гради...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Jul-2020 at 10:18
ГОТОВ ПРОЕКТОТ ЗА НОВИОТ МОСТ ОД КАРПОШ 4 ДО УЛИЦА СКУПИ, ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ЌЕ ПОЧНЕМЕ СО ГРАДБА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

Град Скопје заврши со проектирање на новиот мост од улицата Љубљанска во Карпош 4, покрај скејт паркот на кејот на Вардар до улицата Скупи. Според проектот, мостот ќе биде со четири коловозни ленти, по две ленти во двата правци, велосипедска и пешачка патека.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека до крајот на месецов ќе биде распишан тендерот за избор на фирма која ќе ги изведува градежните работи и најдоцна до декември ќе стартува изградбата.

„Овој мост ќе ги спојува населбите Карпош 3 и 4 по улица Љубљанска покрај ТЦ „Сити мол“, со Злокуќани и Бардовци на улица Скупи. Со тоа, во голема мера ќе се скрати времето за движење на граѓаните од овие делови на градот. Во втората фаза од овој проект се предвидува продолжување на булеварот Словенечка до Волково, што ќе биде замена за проектот за продолжување на Илинденска, кој не може да се изведе поради бунарите за вода кои се во овој дел“, вели градоначаликот Шилегов.

Изградбата на мостот со улиците за приклучок според првичните проценки ќе чини околу 6 милиони евра.

Град Скопје во моментов работи на изградба на мостот од Општина Аеродром до населбата Керамидница. Досега се завршени земјените работи и од наредната недела ќе почне поставувањето на темелите на мостот.

А. АНТЕВСКА

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gotov-proektot-za-noviot-most-od-karposh-4-do-ulitsa-skupi-do-krajot-na-godinava-ke-pochneme-so-gradba-veli-shilegov/


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 05-Jul-2020 at 12:20


Мислам дека „Бул. Љубљанска“ би било посоодветно име за нишкава.

Верувам дека втора фаза од овој проект би било проширување на ул. 10 (и нејзино инкорпорирање во бул. Љубљанска) од ул. Скупи до влез во село Бардовци.

Продолжувањето на бул. Словенија, сепак, е суштински друг проект и иако е поврзан со и комплементарен на овој, не може да се смета за негова втора фаза. Дали истиот ќе се продолжува до Ново Село (како што е по ГУП), со можност подоцна да оди до Ѓорче Петров 2, или до ул. Марк Твен, од каде што ќе скршне северно по трасата на Илинденска до Волково? Иако Шилегов го споменува Волково, првава опција ми е пологична.

Со изградба на Клиничкиот центар на Веле брдо, во секој случај ќе треба сериозна надградба на инфраструктурата тука.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 05-Jul-2020 at 15:46
Да се „радуваме“ за „мостот“, а „клиничкиот центар“ може и нова локација после 15ти да добие како што е нели праксата низ годините.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 05-Jul-2020 at 16:20
Повеќе треба да се грижиме дали воопшто ќе има нов клинички ентар одколку каде тој ќе биде сместен. Мислам на наредни 15 години.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 05-Jul-2020 at 19:45
Бардовци станува доста атрактивно место со изградбата на мостов и продолжувањето на Словенија.


Posted By: user8642
Date Posted: 05-Jul-2020 at 20:01
Значи каква тешка глупост се направи со тоа што се дозволи да се изгради зграда воо чело на улица Манапо на раскрницата со Илинденска, тоа е тешка глупоштарија неопоростива. Па зарем од цел тој бришан простор и ливади околу мораше баш на потенцијална траса за булевар. Па Љубљанска и Манапо природно им доаѓа да функционираат како еден двосмерен булевар, секоја улица во една насока. Како можеше гомнари да дозволат тука да се направи зграда мене ми е тоа невероватно.

https://ibb.co/C1bBnDf">


Posted By: user8642
Date Posted: 05-Jul-2020 at 20:02
Да се немало визија!!!!

https://ibb.co/7tX8CC2">


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 05-Jul-2020 at 20:28
Повеќе логика има новиот мост да биде продолжение на МАНАПО наместо Љубљанска. Зошто вторава варијанта е впишана во ГУП-от?


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 05-Jul-2020 at 20:57
Веројатно бидејќи Љубљанска е поврзана со Московска. Што и не некоја добра причина, бидејќи лесно може раскрнисцата со Партизанска да се премести кај Манапо со Лондонска, која пак е со ист профил од 4 ленти.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jul-2020 at 16:14
Originally posted by <Fresno>

Бардовци станува доста атрактивно место со изградбата на мостов и продолжувањето на Словенија.


Нема таков булевар или мост што ќе го спаси Бардовци.

Бардовци е урбанистичка катаклизма од спектакуларни размери. Квалитетот на живот таму се сведува на тоа што секој индивидуално ќе си го организира во рамки на својот имот, а по сите преостанати критериуми, Бардовци е невидена мизерија.

Таму практично секоја нива и секоја бавча се едноставно преименувани во градежни парцели, а уличната мрежа воглавно се сведува на хаотичен лавиринт од патчиња широки по 3 метри па и помалку, без тротоари, до последна педа ограничени од двете страни со огради и ѕидови. Комплетно отсуство на било каква друга содржина... само оградени имоти и бедни клаустрофобични улички на тој малку простор што е останат помеѓу.

Не сум запознаен до каде се со обезбедување на основни комунални услуги (што до пред неколку години знам дека исто така беше катастрофално), но фактот што на пример до пола од тие куќи таму не може да стигне противпожарно возило зборува доволно сам по себе. Тоа што таму веќе подолго се сегрегира некаква си „елита“ само укажува какви критериуми имаат и какво е нивото на кое се наоѓаме како пазар на недвижности.

На подолги стази, со созревање на пазарот, на вредноста на имотите таму не им се пишува добро.



Posted By: user8642
Date Posted: 06-Jul-2020 at 18:31
Тежок "феномен" е тој во Скопје што се појави со таканаречени елитни населби. Кој курац бре трговци-поединци со алаш-вериш финти, со по едвај десетина вработени што собрале по 100 кЕур на мускули со превари, газејќи по туѓи судбини, се прогласија и се замишљаат дека се елита?? Што па елита кога такви има веќе илјадници во општествово?! Какви се овие елитни населби во Бардовци, Радишани, Орман?

Нема ништо елитно тука ако знаеш како се стигнува од Бардовци до центар на Скопје, преку улица на која се продава зелки на сезонски див пазар! Нема ништо елитно во Волково/Орман испод вијадуктот до Лепенец со нерегулиран водотек и комарци, со последна станица на јавен превоз на километар пред населбава. И за да дојдеш до град ти треба пола саат и треба и ромска населба да поминеш. Каква е таа елитна населба во Радишани со улички од по два метра која до скоро немаше булевар на километри од нејзе и треба преку Јаја Паша да дојдеш до град.

Па уште искомплексирани полубогаташи кои се со амбиција да станат елита па се населуваат во атарите на ваквите кобајаги елитни населби и си замишљаат дека се они исто така елита. И дека ако живеат блиску до елитата и нив "ќе ги префати" или "ќе ги зарази" елитизмот. Греотки покондурени! Водно заради тоа стана фавела без никакви услови за живеење, на која во скоро време вредноста ќе и падне испод цените на Лисиче.

За каков селски елитизам збориме тука? Декорираниот ѕид којшто ќе ја огради населбата или куќата ги прави сељаците внатре елита? Феудалец одвоен од рајата? Кој е тој малограѓански селски елитизам, менталитет на чорбаџијата и измеќарите? Кој ви курац сељачишта?!! Дајте една саглам куќа да видиме! Една саглам населба да видиме.

Направите во Скопје населба со пристап до булевар преку улица со минимум 4 ленти (испод не се признава), комунални услуги до беспрекорност, вантрешни комуникации со по 4 ленти (2 за возење, 2 за паркирање), парцели со по 2000 квадрата, процент на изграденост не повеќе од 10-15% од самите парцели, без поткровја, без глупи декорации, без ковано железо, без капии и ѕидини како средновековни тврдини. И да видам цена од 1-2милион еур по куќа и стварно да биде елитно, цената да биде филтер. Зеленило до максимум каде што може. Е тоа е елитна населба, такво нешто нема и нема да има скоро време. На пример во предградијата на Вашингтон и некои побогати градови во Америка, ова е осовна конфигурација на населба што ја раскажав по последниов пасус. Видете ја Санта Моника во Калиформнија како изгледа. И тамо исто масфтрав има потрошено, иста количина и бетон и стакло и асфалт. Ама тоа во Македонија можеме само на филм да го гледаме. А не е тешко да го имаме, само до паметот е !

Има само една населба во Скопје која може да биде приближно во категорија на елитна населба, која уствари и некако природно се наметна така, а никогаш специјално не е рекламирана и продавана како елитна населба иако е таква елитна уште од почетоците во минатиот систем. Има неколку амбасади, повеќе резиденции на амбасади и повеќе приватни куќи. Само ова може да биде елитна населба, друго не се признава во Скопје сега за сега.

https://ibb.co/hfnfyX7">


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 06-Jul-2020 at 19:17
Точно е се тоа, но сепак ќе станува се поатрактивно за просечниот купувач од висока средна класа поради ниските критериуми. Основна комунална инфраструктура има, патчињата им ги асфалтираа, а кога ќе се случи поврзувањето со Словенија и Карпош, проширување на Скупи итн., очекувајте и наплив од нови инвеститори кои ќе прават мини комплекси или типски куќи, како и влез на разни бизниси како маркети и угостителство. Цената очекувам да има нагорен тренд барем 10 години по изградбата на овие проекти. Впрочем, тоа е и правецот кон кој ќе се шири градот, што е ок, но начинот на кој тоа ќе се прави ни е јасен на сите.


Posted By: build
Date Posted: 05-Aug-2020 at 15:43
ovoj ne zajebava so slikicki mostot e najaven drka ke pocne so izgradba pred edna godina bulevar slovenija ke pocne so izgradba pred edna godina za tunelite i da ne zboram


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Aug-2020 at 14:06
Уште неколку рендери емитувани во емисијата Незадолжително изградбата се вели дека ќе почне за неколку месеци







https://www.facebook.com/CityofSkopje

линк од целото видео,за мостот се говори во првите 10 мин

https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/333700924431505

според нивните кажувања треба мостот да минува тука



Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 21-Aug-2020 at 14:00
Имотната состојба


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: ehrlich
Date Posted: 21-Aug-2020 at 21:18
И овој мост ли ќе биде искривен?


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 21-Aug-2020 at 21:33
Малку е заоблена трасата од ГУП-от, многу повеќе логика би имало мостот да е продолжение на МАНАПО.

Ако под „и“ и „крив“ алудираш на Беласица, се надевам не. Жолтиот дел има неколку мали објекти со непознат сопственик и еден на блиската фирма, црвените парцели на југот се на Елена Лука и друго, физичко лице, а сите црвени во северниот дел се во сопственост на еден човек, ваљда ќе се договорат.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Théoden
Date Posted: 21-Aug-2020 at 23:19
Originally posted by Staro Skopje

Малку е заоблена трасата од ГУП-от, многу повеќе логика би имало мостот да е продолжение на МАНАПО.


Треба да се истражи низ старите ГУП-ови на Скопје и да се најде кога и зошто е одбрана сегашната варијанта, наместо продолжување на МАНАПО. Засега ми стои дека оваа врска постои најрано од 90-те. Можеби целта била да се избегне поскап мост токму на устието на онаа малата рекичка во Вардар?


Posted By: skopskodete
Date Posted: 22-Aug-2020 at 12:19
Originally posted by Théoden


Originally posted by Staro Skopje

Малку е заоблена трасата од ГУП-от, многу повеќе логика би имало мостот да е продолжение на МАНАПО.
Треба да се истражи низ старите ГУП-ови на Скопје и да се најде кога и зошто е одбрана сегашната варијанта, наместо продолжување на МАНАПО. Засега ми стои дека оваа врска постои најрано од 90-те. Можеби целта била да се избегне поскап мост токму на устието на онаа малата рекичка во Вардар?

Најверојатно ќе е тоа.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 22-Aug-2020 at 19:03
Па, реално помислив на Беласица, зашто е пример како не треба да изгледа мост и треба да се трудат градските власти тоа да го избегнуваат.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 23-Aug-2020 at 13:18
Слабо ни е развиена јавната свест за архивистика и барање и проучување постари документи и планови, а слабо стоиме и со дигитален архив. На интернет едвај се наоѓа ГУП-от од 2001, а не па нешто постаро.

Со планот од 1965 се планирал мост од сегашна ул. Никола Парапунов, додека во Основниот урбанистички план од 1985 од 8 Септември до Илинденска нема мост. Во ГУП-овите од 2001 и 2011 веќе се гледа сегашната траса.

Планот од 1965. Мостот на ул. НП требало да биде изграден помеѓу 1971 и 1981.


ОУП 1985


Извор: http://www.arh.ukim.edu.mk/images/Predmeti/UrbanistickoPlaniranjeII/UP2_2019-20/Predavanje_1_2019.pdf - arh.ukim.edu.mk

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jul-2021 at 14:36
Мостот Љубљанска ќе се протега на вкупна должина од 940 метри, поврзувајќи ги бул. Илинден и ул. Скупи, а се очекува да биде готов во наредните 18 месеци.
Самиот мост значително ќе го забрза и олесни движењето на сообраќајот во овој дел од градот, а со широчина од 24 метри и 4 коловозни ленти, вклучувајќи и пешачки и велосипедски патеки од двете страни, мостот Љубљанска е архитектонско решение кое ќе влијае позитивно на циркулацијата на возила во градот.











https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/1166449517164932


Posted By: user8642
Date Posted: 10-Jul-2021 at 16:20
Две прашања?

Дали овие сводовите и затегите имаат некаква констурктивна улога!? Ако имаат тогаш зашто го заглавуваат Скопје со уште едно кобајаги модерно решение, а после да произведува високи оперативни трошоци како мост Гоце Делчев?? Ако пак немаат конструктиван улога, зашто го накинџуриле мостот дополнително непотребно??


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Jul-2021 at 11:27
Град Скопје најавува нов мост меѓу Карпош 4 и Злокуќани (ВИДЕО)

[tube]Flz8PcgHSnE[/tube]

Градоначалникот Шилегов го потпиша договорот со Владата на РСМ и ТАВ со кој се овозможува реализацијата на проектот за мостот на улица Љубљанска во Карпош. Вредноста на договорот изнесува 382,5 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е до крајот на 2023 година.

Непреченото функционирање на сообраќајот и намалување на метежот е еден од приоритетите на градот. Токму затоа, покрај работата на мостот „Михајло Апостолски” на бул. АСНОМ, се започнува со работа и на уште еден мост кој ќе поврзе два дела од градот. Со изградбата на овој мост ќе се поврзат улицата Љубљанска и бул. Илинден со улица Скупи во Општина Карпош.

Мостот е предвидено да има 4 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Вкупната должина на сообраќајницата изнесува 940 метри додека должината на самиот мост изнесува 113 метри.

Договорот е потпишан во согласност со одлуката на Владата за прераспределба на средствата од концесионерот ТАВ, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип во вкупен износ од 35 милиони евра со кои почнува реализацијата на 99 инфраструктурни проекти во 75 единици на локалната самоуправа низ државата.


%20 - https://mk.tv21.tv/grad-skopje-najavuva-nov-most-megu-karposh-4-i-zlokukani-video/


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jul-2021 at 16:43
од твитер



Posted By: user8642
Date Posted: 12-Jul-2021 at 16:59
OSSP на катастар ја има вцртано трасата и јавно е достапна, малтене во векторски формат, иако нема download. Сите други твитери и визуелизација се непрецизни.


Posted By: Phiko
Date Posted: 26-Aug-2021 at 08:13
https://nezavisen.mk/pochnuva-izgradbata-na-prviot-avtomobilski-visechki-most-ljubljanska/ - Ќе почнела денес изградбата


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Aug-2021 at 10:26
Скопје ќе го добие првиот висечки мост за автомобили

[tube]UpfOOdQBXiM[/tube]

Мостот треба ги поврзува улиците „Илинденска“ и „Скупи“, и Општина Карпош со општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари.

Во наредните 18 месеци се очекува да биде готов автомобилскиот висечки мост „Љубљанска" што ќе ги поврзува улицата „Скупи" со булеварот „Илинденска". Мостот вреден шест милиони евра, ќе биде широк 24 метри и четири коловизни ленти, пешачки и велосипедски ленти од двете страни, а ќе значи нова врска и спојување на градот, граѓаните и нивна комуникација.

-Мостот „Љубљанска" е прв висечки и ќе биде запамтен како архитектонско чудо. Ќе ја растовари и избалансира сообраќајната фреквенција, ќе овозможи брз пристап од скопската Обиколница до Општина Карпош, поврзување на општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари, ќе значи нова и подобра комуникација не само на Скопје, туку и на граѓаните, истакна премиерот Заев.

-За само четири години почнуваме со изградба на вториот мост, кој на секој начин е спојување на градот, луето и нивна комуникација, истакна Шилегов.

https://kanal5.com.mk/skopje-kje-go-dobie-prviot-visechki-most-za-avtomobili/a489913 - https://kanal5.com.mk/skopje-kje-go-dobie-prviot-visechki-most-za-avtomobili/a489913


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Aug-2021 at 11:16
ПРВИОТ ВИСЕЧКИ МОСТ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПОВРЗУВА ПОВЕЌЕ ГРАДСКИ ОПШТИНИ








На мое огромно задоволство, за само четири години во Скопје почнуваме да градиме втор мост. Првиот се гради меѓу општините Аеродром и Гази баба, а сега градиме овде, во Карпош. Овој мост значи спојување на градот, спојување и комуникација на луѓето, мост кој што е од многу важно значење за понатамошниот развој на градот зашто во оваа фаза од Илинденска се спојуваме на улицата Скупи, а во следната фаза продолжуваме до булеварот Словенија, за да можат граѓаните од Ѓорче Петров, од Волково и од Ново село да бидат блиску до останатиот дел од градот.
Со овој мост карпошани ги поврзуваме со обиколницата, имајќи предвид каква инфраструктура гради Градот на потегот кај Момин поток.
Овој мост немаше да го реализираме ако ја немавме несебичната помош и поддршка од Влада на Република Северна Македонија која со прераспределбата на средствата на ТАВ за изградба на карго аеродромот во Штип додели околу 380 милиони денари на Град Скопје за изведба на овој мост – прв висечки мост, архитектонско чудо кое што има претензија да стане ново обележје на нашиот град.

https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: Théoden
Date Posted: 26-Aug-2021 at 14:18
https://i.imgur.com/JYQ8II5h.png - архитектонско чудо

Nuts

Се надевам само паралелно ќе почнат и со пробивање на улицата од мостот до „Скупи“ и нема да имаме иста ситуација како со другиот мост. Тука барем нема објекти на трасата.
Се разбира, кога ќе почнат со работа.


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Aug-2021 at 15:31
Пи-арот пуштен на најјако, онака, предизборно

Освен тоа, ќе си добиеме уште еден прекин на велопатеката, како и на патеката за пешаци, прекин што ќе потрае неколку години. Рекреативците кој ги ебе

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Aug-2021 at 15:36




https://www.facebook.com/OpstinaKarpos - https://www.facebook.com/OpstinaKarpos


Posted By: user8642
Date Posted: 26-Aug-2021 at 19:57
Баш и треба да биде "кој ги ебе рекреативците" во случајот. Неможе долгорочни проекти да загрозиме заради моментални комоции, без разлика за колку рекреативци станувало збор. Што?? Ај ако не да не го градиме мостов?? Што е решението?!

Проблемот е што ќе добиеме уште еден "road-to-nowhere", ако воопшто го добиеме. Зашто не верувам дека и тука има некаков напредок на тема експропријација, исто како што мостото во Ќерамидница и улица Есенинова во Кисела Вода така удрија во ѕид.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 26-Aug-2021 at 21:10
Решението е просто, обележување и правење алтернативна рута фор факинг сејк.


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 26-Aug-2021 at 21:55
Мостов ќе го видиме исто како што го видовме и паркот на Богоев.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: Влатко
Date Posted: 27-Aug-2021 at 07:05
Ама чекајте бре, има раја партиска шо ќе се напали на ова и муабетот на Шилегов дека му е чест и задоволство што САМО за 4 години ПОЧНАТИ се 2 моста во Скопје. Нема излагање од матрицата и по 30 години, како едните така и другите. Брука!!!


Posted By: alexsend
Date Posted: 27-Aug-2021 at 18:32
Како може некој да каже било што лошо за отпочнување на градба на мост во Скопје!?
Се отрувте од политика...
Штом особа Х го почнала мора да се заврши макар во меѓувреме дошол и Y!

На Скопје мостови му требаат со години наназад. Отпочнување со градба е повеќе одколку не започнување така?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Aug-2021 at 09:45


https://www.facebook.com/photo/?fbid=400733591421039&set=a.270845017743231


Posted By: user8642
Date Posted: 29-Aug-2021 at 15:00
За камен темелникот неколку пати нагласија дека се работи за висечки мост. Е сега повторно истото прашање, дали сугерираат дека мостото ќе биде со оваква специфична носечка конструкција и ќе го заглават Скопје со уште една оперативна обврска како мостот Гоце Делчев? Зашто едноставно не го направат, обичен, нормален мост!?


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Sep-2021 at 17:20
За мостот помеѓу најновото и најстарото Скопје





Идејата за мост помеѓу населбите Карпош и Злокуќани постои со децении. Впрочем тоа е многу нужен урбанистички потег кој би го поврзал јужниот и северниот брег на Вардар во предел каде моментално среќаваме околу 1.5км. брег без никаква пешачка патека, или околу 3км. без коловозна врска.

Оваа конекција би била уште еден катализатор за развој на северозападната зона на градот, и би допринела кон растеретување на единствениот постоечки мост на бул. 8-ми Септември.

Идејата е мостот да започнува од ул. Илинденска во Карпош како продолжеток на ул. Љубљанска која воедно води и до Сити Мол и н. Тафталиџе, а после реката да се поврзе со ул. Скупи која води до Зајчев Рид, болницата Систина и евентуално до градската Обиколница.

Нешто што најретко се споменува е дека овој мост би водел кон конечно поврзување на локацијата каде прв пат е основан градот Скопје, а тоа е локалитетот Скупи.

Се надеваме дека ваквата сообраќајна врска би допринела кон актуализирање и заживување на ова значајно културно наследство. Но, сепак би можела да резултира и во целосно спротивното – забрзан развој на регионот кој ако не е соодветно планиран и организиран би можел сериозно да ја деградира историската локација.

Мостот на Љубљанска повторно се актуализира во предизборната кампања на моменталниот градоначалник Петре Шилегов. Тој ветува изградба на мостот, која во изминативе месеци почна да добива залет.

Во јули оваа година Град Скопје го сподели проектот за новиот мост, кој треба да е долг 113м. и да содржи 4 сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека во двете насоки.

https://marh.mk/most_ljubljanska_skopje/ - https://marh.mk/most_ljubljanska_skopje/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Oct-2021 at 13:27


https://www.facebook.com/NezavisniZaKarpos/videos/423801892464545


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Oct-2021 at 15:38
Некаде прочитав незнам точно каде дека се очекува да заглават при пробивањето од другата страна кон Скупи поради археолошкиот локалитет.





Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Dec-2021 at 17:39
Таа посочи дека слична е состојбата со мостот во Карпош и пробивање на улицата „Љубљанска„.

– Таму има 70 моменти, само 36 се на Република Македонија и останатите се во приватна сопственост и тие исто така ќе треба допрва да се регулираат значи таму правата не се разрешение.

https://www.vecer.press/мостот-во-аеродром-сега-завршува-во-не/ - https://www.vecer.press/мостот-во-аеродром-сега-завршува-во-не/


Posted By: user8642
Date Posted: 10-Dec-2021 at 18:05
Мислам дека е грешна информација, само неколку објекта беа на трасата, 4-5. Ова изгледа како да се помешале со булеварот низ Ќерамидница.


Posted By: user8642
Date Posted: 19-Dec-2021 at 14:30
Ѓубре злобно!
АРСОВСКА ИМА ОПАСНИ НАМЕРИ Градоначалничката се откажа од мостовите на АСНОМ и Љубљанска
Социјалдемократите ја обвинуваат градоначалничката дека во првите два месеци од мандатот ништо не работела, а единствено нешто што го правела било поништување и прекинување на проекти.
ИзборМакедонија
Од плусинфо     Објавено 19/12/2021 13:23:02


СДСМ денеска уште еднаш ја прозва градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за поништувањето на проектот за „Бас рапид транзит“ (БРТ) системот нарекувајќи го овој потег скандалозен, но уште поскандалозна од партијата ја нарекоа најавата за прекинување на изградбата на двата моста на булеварот АСНОМ во Аеродром кон Гази Баба и на тој на улицата Љубљанска во Карпош.
Можеби ќе ве интересира

– Мостот на АСНОМ веќе е во поодмината фаза и сè што требаше е Арсовска да ја продолжи неговата изградба. Мостот го олеснува и го намалува сообраќајот за цел Аеродром но и за Гази Баба. Мостот на ’Љубљанска‘ има целосен проект и средства обезбедени од Владата преку ТАВ програмата. Важен за граѓаните на Карпош, но и за Центар. Ова е несериозно, политикантско однесување на Арсовска која прекинува три капитални проекти единствено заради лични каприци. Градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска, покажува неспособност на штета на интересите на граѓаните, на штета на идниот развој на Град Скопје – изјави Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ.

Социјалдемократите ја обвинуваат градоначалничката дека во првите два месеци од мандатот ништо не работела, а единствено нешто што го правела било поништување и прекинување на проекти.

https://plusinfo.mk/arsovska-ima-opasni-nameri-gradonachalnichkata-se-otkazha-od-mostovite-na-asnom-i-ub-anska/ - https://plusinfo.mk/arsovska-ima-opasni-nameri-gradonachalnichkata-se-otkazha-od-mostovite-na-asnom-i-ub-anska/


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Dec-2021 at 17:14
Го заградија тука скорз кејот со бетонски тараби или сеуште не?


Posted By: Влатко
Date Posted: 13-Apr-2022 at 13:55
Има нешто ново околу мостов?


Posted By: Vasilij
Date Posted: 13-Apr-2022 at 19:29
Originally posted by Влатко

Има нешто ново околу мостов?

Мислам дека истото прашање ќе си го поставвуваме и на крајот на мандатот на "менаџерката"


Posted By: Влатко
Date Posted: 14-Apr-2022 at 07:01
Се дури градски мајки и татковци се тешки партијаши така ќе биде најверојатно.


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Jun-2022 at 07:18
Мост на улица „Љубљанска“ преку реката Вардар

ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА ИЗГРАДБАТА

Мостовите, несомнено, се сметаат за едно од највпечатливите градителски дела. Синоним за градежното конструкторство. Плод на исконска творечка возбуда, сериозно инженерско знаење, продуховена вљубеност во струката. Индикатори за визионерството на владетелите, интелектуалната и технолошка моќ на народите, зрелоста на градовите, сериозноста на државите, развојот на цивилизациите. Симбол на човековиот непокор пред исправените препреки. Победа на поврзувањето над раздвојувањето.

Проектирањето на мостот на ул. ,,Љубљанска“ преку реката Вардар во Скопје претставуваше предизвик за креирање нешто ново, за поместување од деструктивната повторливост, за поттикнување на градителската самодоверба. Секој исчекор, колку и да е тој скромен, создава верба во дијалектиката на човековото битие, негува љубов кон творењето, иницира надеж за нови достигнувања.

1. ЛОКАЦИЈА И ОБЈЕКТ

Мостот на ул. ,,Љубљанска“ преку реката Вардар во Скопје претставува дел од проектот за поврзување на булеварот „Илинден“ со улица „Словенечка“ во Општина Карпош (сл. 1). Инвеститор е Градот Скопје, а носител на проектот фирмата ГЕИНГ ДОО Скопје.





Мајор коритото на реката Вардар го сочинуваат две пешачки патеки од по 22 m и минор корито од околу 50 m (сл. 2). За негово премостување без средни столбови можна е примена на класично гредно решение, за кое во случајот нема доволна слободна висина, или пак лачна конструкција која, за вакви распони би имала голема стрела над коловозот. Оттука, како супериорно решение се наметнува конструкција обесена на коси кабли. Имајќи ја предвид конфигурацијата на препреката во пределот на мостот, можни се две варијантни решенија за ваков вид на систем. Едното е со два распони и еден повисок пилон, а другото со три распони и два пониски пилони.

Со оглед на тоа што повисок пилон, а оттаму и пострмни кабли можат да ја ограничат визурата, како конечно решение е избрана конструкција преку три полиња (27,5 + 56 + 27,5 m) со два пониски пилони и коси кабли. Вкупната должина на мостот е 111 m, а ширината 24,1 m (сл. 3,4). На него се сместени 4 сообраќајни ленти со по 3 m ширина, по две пешачки и велосипедски патеки од 4 m, две парапетни греди за анкерување на пешачкиот ограден систем и 2 x 1,75 m за сместување на пилоните и одбојната New Jersey ограда.

1.1. Конструктивни елементи

Горниот строј на мостот претставува монолитна, „обесена“ на паралелно поставени 32 коси кабли, гредна скара составена од два претходно напрегнати главни носачи, армиранобетонски напречни носачи и коловозна плоча. Главните носачи се со константна висина од 2 m (L/28). Нивниот напречен пресек е со трапезна форма со ширина на долниот раб од 2,5 m, а горе на спојот со коловозната плоча 2,8 m (сл. 5). Поставени се на осовинско растојание од 14,5 m.



Средните напречни носачи се со правоаголен пресек од 0,60/1,80 m, поставени на меѓусебно растојание од 4,0 m. Со главните носачи се сечат под агол од 75˚ (сл. 3). Двата напречни носачи над средните столбови се со поголеми димензии, односно од 1,5/1,8 m.

Коловозната плоча е со константна дебелина од 30 cm. На дел од крајните полиња таа се зголемува на 1,8 m (сл. 6) со што се избегнува појава на негативни реакции во крајните потпори во сите фази на градење и експлоатација. Конзолните испусти имаат распон од 3,10 m, а нивната дебелина се движи од 22 cm кај парапетните греди до 50 cm на местото на вклештувањето во главните носачи.

Косите кабли се распоредени во две паралелни рамнини, при што пилоните кои се монолитно поврзани со главните носачи (сл. 5, 7), позиционирани се над секое лежиште поставено на средните потпори. Проектирани се како армиранобетонски со напречен пресек од 1,0/3,0 m и вкупна висина од 12,6 m од коловозот. Поради ограничената ширина на напречниот пресек, анкерувањето на каблите е овозможено преку т.н. седла (девијатори). Висината на пилоните до седлото на последниот кабел изнесува 9,63 m (L/H = 5,8). Двата поединечни пилони во напречен правец се поврзани со портални атхезионо претходно напрегнати прости греди (3,0/0,25 – 0,5 m).

Кабелскиот систем го сочинуваат вкупно 32 меѓусебно паралелни коси кабли, по 8 на секој пилон. Тие, поминувајќи континуирано преку седлата во пилоните, анкерувани се од двете страни во горниот строј на местата каде што главните носачи се спојуваат со напречните. Деталот на котвите и анкерувањето на каблите во пилонот и главниот носач е прикажан на сл. 6. Усвоениот тип на кабли има трослојна антикорозивна заштита која е од големо значење за трајноста на ваквиот систем. Секое јаже во составот на еден кабел е галванизирано, а врз него директно се екструдира надворешна бариера од полиетиленска обвивка со висока густина (HDPE) исполнета со парафински восок. Кабелот, составен од вака заштитени јажиња, се поставува во индивидуални HDPE-надворешни заштитни цевки. Дополнително, на долниот дел од каблите предвидени се и антивандалски цевки.

Зглобната врска помеѓу горниот и долниот строј е обезбедена преку подвижни и неподвижни лончести лежишта. Над средните столбови поставени се вкупно четири неподвижни, а над крајните, четири надолжно подвижни лежишта. Распоредот на подвижноста на лежиштата е произлезен од димензионирањето на долниот строј за дејство на хоризонталните сили. Нивната поврзаност со горниот и долниот строј е преку челични анкери.

Долниот строј на мостот се состои од два крајни и два средни столбови поставени паралелно со коритото на реката Вардар. Крајните столбови, кои истовремено играат улога и на надколова греда, имаат константна дебелина од 2,6 m поради релативно малата висина (4,1 m). Проектирани се без крилни ѕидови.

Средните столбови се со квадратен напречен пресек, кој заради хидраулички и естетски причини е заротиран за 45˚ во однос на надолжната оска на мостот. Секој среден столб е составен од два поединечни столбови со димензии 2,5/2,5 m (сл. 5). Нивната висина од горниот раб на надколовата плоча до долниот раб на лежиштето изнесува 6,80 m. На горните 50 cm предвидено е проширување на напречниот пресек за по 15 cm од сите страни кое е неопходно за обезбедување потребен простор за сместување хидраулични преси при замена на лежиштата.







3. НУМЕРИЧКИ МОДЕЛ

Комплетната статичка и динамичка анализа на мостот е извршена согласно еврокодовите, со употреба на софтверот SOFiSTiК. За димензионирање на конструкцијата, направен е просторен модел во кој сите конструктивни елементи со исклучок на коловозната плоча се моделирани со линиски (beam) конечни елементи (сл. 11). Главните носачи се моделирани со Т-напречен пресек и го вклучуваат ефективниот дел од коловозната плоча во надолжен правец. Земена е предвид промената на ефективната ширина по должина на носачите согласно EN 1992-1-1 [5]. Бидејќи еден дел од плочата веќе е вклучен во фланшата на главните носачи, на тие делови површинските (shell) елементи со коишто е моделирана коловозната плоча се дефинирани без сопствена тежина ( ). За да не дојде до дуплирање на крутоста на плочата во надолжен правец, површинските елементи имаат аксијална и крутост на свиткување само во напречен правец. Напречните носачи се моделирани со линиски елементи со правоаголен напречен пресек. На местата каде што тие влегуваат во главните носачи, моделирани се без сопствена тежина.

За надворешните кабли користени се линиски (cable) елементи коишто примаат само аксијални сили. Лончестите лежишта преку кои горниот строј зглобно се ослонува на долниот, се моделирани со федери („spring“ елементи) со соодветна крутост. Во моделот внатрешните кабли за претходно напрегање се вклучени преку еден резултантен кабел со синусоидна траса.

Елементите се поделени по групи во зависност од фазите на градење во коишто се активираат. За конструкции со коси кабли коишто се изведуваат монолитно на класична скела, од особена важност е да се симулира одвојувањето на конструкцијата од скелата и постепеното активирање на сопствената тежина при фазното затегнување на каблите. Во анализата тоа е симулирано преку нелинеарни федери поставени под целата површина на горниот строј коишто се во можност да примат само сили на притисок.

Со цел да се симулира деформабилен столб, во моделот се вклучени и коловите и нивната интеракција со почвата. За таа цел, моделирани се хоризонтални и вертикални федери по периметарот на коловите, како и федер на долната основа. Крутоста на федерите е определена со помош на софтверот GEO-5.



Повеќе на линков

https://www.porta3.mk/most-na-ulica-ljubljanska-preku-rekata-vardar/ - https://www.porta3.mk/most-na-ulica-ljubljanska-preku-rekata-vardar/

-------------
Carpe diem


Posted By: user8642
Date Posted: 06-Jun-2022 at 17:19
Скопје има едно негативно искуство со мостот Гоце Делчев, кој колку и да изгледа нешто минималистички, сепак треба постојано на неколку години да биде интервенирано врз него, и тоа создава проблеми за овака не-организирано општество. Решенијата треба да си се само-одржливи, односно за нас само камени мост, ете така да претерам. 600 години да стои без да треба да го пипнеш. Пала на страна, ова не е добро решение!


Posted By: FiLo
Date Posted: 06-Jun-2022 at 18:40
Originally posted by user8642

Скопје има едно негативно искуство со мостот Гоце Делчев, кој колку и да изгледа нешто минималистички, сепак треба постојано на неколку години да биде интервенирано врз него, и тоа создава проблеми за овака не-организирано општество. Решенијата треба да си се само-одржливи, односно за нас само камени мост, ете така да претерам. 600 години да стои без да треба да го пипнеш. Пала на страна, ова не е добро решение!


Камениот мост стои затоа што нема сообраќај преку него. Да имаше сообраќај како во минатото, одамна ќе беше паднат.

Памтам уште на времето кога имаше метална ограда, на многу места беше пропаднат.


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Jun-2022 at 18:24

и не е решението вечно да останеме во камено доба само затоа што општините не сакаат да извршуваат основни обврски

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Phiko
Date Posted: 30-Jul-2022 at 20:14
Денешни, затворен е скоро целосно десниот брег, пренасочени се пешаците, сеуште е отворена велосипедската патека, и има насип во Вардар во средината на коритото.

Не видов никаква машинерија.



Posted By: user8642
Date Posted: 30-Jul-2022 at 21:07
Originally posted by Phiko

Не видов никаква машинерија.
Нема ни да видиш, додека е оваа штеточина градоначалник на Скопје!


Posted By: Phiko
Date Posted: 30-Jul-2022 at 22:15
Originally posted by user8642

Originally posted by Phiko

Не видов никаква машинерија.
Нема ни да видиш, додека е оваа штеточина градоначалник на Скопје!


Да му е страв на човек на постира нешто на форумов, на готовс се партискиве ботови.


Posted By: Aowek
Date Posted: 31-Jul-2022 at 20:55
Место на последна 5ка да направеа мост да ги поврзеа Маџари и Аеродром далеку подобра опција беше него ова..



Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 01-Aug-2022 at 10:55
Originally posted by user8642

Originally posted by Phiko

Не видов никаква машинерија.
Нема ни да видиш, додека е оваа штеточина градоначалник на Скопје!


Друже ако сакаш да урлаш и да лаеш имаш нешто што се вика „Твитер“, не лечи фрустрации тука.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Aug-2022 at 16:26
ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖИ СО ГРАДБА НА МОСТОТ НА ЉУБЉАНСКА, ЗА КОЈ АРСОВСКА РЕЧЕ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ ОТИ ИМА МНОГУ ИМОТНО-ПРАВНИ СПОРОВИ



Град Скопје продолжи со изградбата на мостот од улицата Љубљанска до улицата Скупи, кој лани во август почна да го гради ексградоначалникот Петре Шилегов. Со доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска градежните работи беа стопирани и како што рече таа, ниту мостот на Љубљанска ни мостот на булевар АСНОМ не може да се градат бидејќи на трасата имало нерешени имотно-правни работи за кои било потребно години да се разрешат.

Од оваа изјава на Арсовска поминаа 6 месеци, а сега од нејзиниот кабинет тврдат дека сите имотно-правни односи се разрешени и продложена е градбата на мостот преку Вардар.

„Завршени се најголем дел од имотно-правните работи и изведувачот е воведен во градба. Трипартитниот договор кој беше потишан со изведувачот, Влада и Град Скопје го анексиравме затоа што не беше во согласност со Законот за градба односно немаше предмер на изведувачките работи“, велат од Град Скопје.

Откако се почнати градежните работи поголем дел од кејот во овој дел е затворен со бетонски тараби. Засега оставен е само мал простор за минување на велосипедската патека. Велосипедистите почнаа да потпишуваат петиција на социјалните мрежи на која бараат од градските власти да не се затвора целосно кејот затоа што ќе биде спречено движењето.

Мостот на Љубљанска почна да се гради лани во август со пари кои Град Скопје ги доби од Владата од програмата на ТАВ. На поставувањето на камен темелникот беше кажано дека ќе биде готов за 18 месеци со што ќе го забрза и олесни движењето на сообраќајот во овој дел од градот. Мостот ќе има 4 коловозни ленти, вклучувајќи и пешачки и велосипедски патеки од двете страни. Чини 6 милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-prodolzhi-so-gradba-na-mostot-na-lublanska-za-koj-arsovska-reche-deka-ne-mozhe-da-se-pravi-oti-ima-mnogu-imotno-pravni-sporovi/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-prodolzhi-so-gradba-na-mostot-na-lublanska-za-koj-arsovska-reche-deka-ne-mozhe-da-se-pravi-oti-ima-mnogu-imotno-pravni-sporovi/

-------------
Carpe diem


Posted By: Leo
Date Posted: 03-Aug-2022 at 20:28
многу споро оди се ова...
еве кога сме повикани прв пат а ќе не викаат пак затоа што имам дедо починат од повиканите и во тек е оставинска постапка.
https://ibb.co/W3CKfKp


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Sep-2022 at 17:07
Пола Вардар е заграден со насип, се работеше денеска:



-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Nov-2022 at 18:39
На крајот на улицата „Љубљанска“ до улицата „Скупи“ лани во август почна да се гради нов мост преку вардар. Со доаѓањето на функција на Данела Арсовска градежните работи беа стопирани и како што рече таа, ниту мостот на „Љубљанска“ ни мостот на булевар „АСНОМ“ не може да се градат бидејќи на трасата имало нерешени имотно-правни работи за кои било потребно години да се разрешат.



https://nezavisen.mk/mandatot-na-arsovska-niz-fotografii-glavnite-proekti-stojat-kako-pred-edna-godina/

-------------
Carpe diem


Posted By: Leo
Date Posted: 12-Nov-2022 at 21:13
Точно е, за жал
Прв пат сме контактирани летово за да ни откупи градот некоја парцела низ која минува трасата од страната на Злокуќани.


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Dec-2022 at 14:35
Има знаци дека се работи на мостов, можеби со бавно темпо, но сепак...





-------------
За сè има вторпат


Posted By: Phiko
Date Posted: 08-Jan-2023 at 10:41
Денешни, повеќе слики:











Posted By: skopskodete
Date Posted: 08-Jan-2023 at 13:33
И овој мост ли ќе завршува никаде?


Posted By: Phiko
Date Posted: 08-Jan-2023 at 14:47
Originally posted by skopskodete

И овој мост ли ќе завршува никаде?


Како што можам да видам на катастар скоро цела траса на улицата од мостот до раскрсницата за Бардовци е сопственост на РМ, така да не би требало да заврши како мостот Михајло Апостолски.

Само двете парцели што ги обележав не се сопственост на РМ:




Posted By: skopskodete
Date Posted: 08-Jan-2023 at 15:56
Супер штом е така, ама само да не се деси тие две парцели да го осакатат градот за век и векови како тие на „Беласица“ и „Водњанска“, ако не го продадат имотот...


Posted By: Leo
Date Posted: 08-Jan-2023 at 17:14
Решението е во форма на одлука.
Правно не е оставен простор за неприфаќање т.е. единствено може да се поднесе приговор на основ на цената.
Проблем се оставинските постапки заради кои се пролонгира за некој месец постапката но сепак активни се институциите.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 08-Jan-2023 at 18:53
Originally posted by Leo

Решението е во форма на одлука.
Правно не е оставен простор за неприфаќање т.е. единствено може да се поднесе приговор на основ на цената.
Проблем се оставинските постапки заради кои се пролонгира за некој месец постапката но сепак активни се институциите.

Поради што се пролонгира?


Posted By: user8642
Date Posted: 08-Jan-2023 at 19:47
Ете и кај Вардариште треба да се гради мост со исти профил (број ленти) како овој мост, со уште поголем позитивен ефект по гужвите во сообраќајот, и тамо земјиштето е 100% државно, па ни тамо не се гради. Дури нема ни намера да го најави некој, да почне проектирање на пример.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 08-Jan-2023 at 19:55
Originally posted by user8642

Ете и кај Вардариште треба да се гради мост со исти профил (број ленти) како овој мост, со уште поголем позитивен ефект по гужвите во сообраќајот, и тамо земјиштето е 100% државно, па ни тамо не се гради. Дури нема ни намера да го најави некој, да почне проектирање на пример.

Ваљда по завршување на овој мост и продолжувањето на „АСНОМ“, следен е тој. Е сега, што се деси со тој мост од Влада со тунел под Кале?


Posted By: Théoden
Date Posted: 08-Jan-2023 at 20:35
Originally posted by user8642

Ете и кај Вардариште треба да се гради мост со исти профил (број ленти) како овој мост, со уште поголем позитивен ефект по гужвите во сообраќајот, и тамо земјиштето е 100% државно, па ни тамо не се гради. Дури нема ни намера да го најави некој, да почне проектирање на пример.

Иако е со ист профил и на државно земјиште, таму ситуацијата е многу послична со АСНОМ отколку со ситуацијата овде, затоа што тој мост сам по себе нема да може да се користи - потребно е пробивање на улицата барем до Перо Наков (што ќе бара интервенција и на неа). Но и така ќе останат гужвите на преминот преку пругата. Без целосно комплетирање на оваа сообраќајна врска со надвозник над (или тунел под) пругата и поврзување со Маџари, макар во некоја втора, трета фаза, не гледам корист од започнување на тој проект. А поуката од слабата реализација во последните години е дека ваков проект е преголем залак за властите.


Posted By: Aowek
Date Posted: 08-Jan-2023 at 20:57
Веќе има пробиен пат до Перо Наков, вработени од отпадот и од Лајка го користат тој пат само не е асфалтиран.

Патот точно се приклучува на Перо Наков.

За пругите да се средат и не е така тешко решение само никој не се нафаќа да го реши. Доволно е да се денивелира пругата до одреден степен и да се подигне улицата за да може да поминуваат со 'висок товар' дупли контејнер пример. Другото и поскапо решение е да се направи надвозник за пругата кој би бил доста поскапо решение.

За некоја година ќе ги притиска градските власта оваа клучка многу повеќе од сега. Во тек на градба се 6тина згради плус 3-4 за кои знаеме дека ќе се градат.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 08-Jan-2023 at 21:19
Не заборавајте дека надвозник/подвозник на пруга треба да се направи прво во Кисела Вода со цел да се спојат Аеродром и Кисела Вода зашто тој проект реално, колку што се сеќавам, беше промовиран во политичките програми на последните локални избори.


Posted By: Leo
Date Posted: 08-Jan-2023 at 21:43
Originally posted by skopskodete

Originally posted by Leo

Решението е во форма на одлука.
Правно не е оставен простор за неприфаќање т.е. единствено може да се поднесе приговор на основ на цената.
Проблем се оставинските постапки заради кои се пролонгира за некој месец постапката но сепак активни се институциите.

Поради што се пролонгира?


Таман заврши една оставинска т.е. сопственици беа достапни да не речам живи почина минатата година уште еден сопственик (најстарите не напуштија) и сега пак се чека оставинската да заврши.


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 09-Jan-2023 at 12:37
За тоа со Маџари, ако некогаш се стави градско - приградската железница во сообраќај, ќе има повеќе железнички сообраќај и самото тоа по себе ќе дојде до степен да треба да се изгради подвозник под пругата.

Него интересно што Данела го продолжи проектот, оти нели овој беше на Шилегов а гледам сите по форумот зборите како Данела ги закочила сите проекти на Шилегов. Интересно.


Posted By: user8642
Date Posted: 09-Jan-2023 at 17:05
Не ја ширете приказната сега за мсотот во Маџари, нема потреба да идеме накај подземниот премин и останати пошироки долгорочни планови. Зборувам исклучиво за изведба на делот обележан со црвено, кој секако е дел од идните планови за градот.

Се работи за коридор од 1200 метра профил 2+2 без средишно зеленило, од кои 200 метри се мост. Значи 4 врзани ленти, нешто како Првомајска, како Рузвелтова, како Џон Кенеди, како 8-ми Септември во делот на Александар Палас и слично. 1200 метри вкупно, од кои 1000 се улица на рамно, значи боза за изведба.

На мапата подолу ги имате со портокалово и жолто обележано правците на сливање на сообраќајот према центар. Значи сега тековите се по портокалово, би било со мостов во иднина по жолтото. Дури и лиините од последна 5-ка/15-ка може да се продолжат за една станица па да опфаќаат и индустриската зона или да идат до Хиподром.

Другата мапа е гоогле трафик, да се види потребата од мостот. Се тоа што се гледа со темноцрвено ќе се слие преку овој нов мост и ќе излезе на два булевара 3+3 во Аеродром. Кој поминал околу 3ипол 4 попладне во индсутрикста зона, знае за какви гужви зборувам.

https://postimg.cc/872kn7dK">

https://postimg.cc/K1kvNPT3">


Posted By: Aowek
Date Posted: 10-Jan-2023 at 20:40
Originally posted by user8642

Не ја ширете приказната сега за мсотот во Маџари, нема потреба да идеме накај подземниот премин и останати пошироки долгорочни планови. Зборувам исклучиво за изведба на делот обележан со црвено, кој секако е дел од идните планови за градот.

Се работи за коридор од 1200 метра профил 2+2 без средишно зеленило, од кои 200 метри се мост. Значи 4 врзани ленти, нешто како Првомајска, како Рузвелтова, како Џон Кенеди, како 8-ми Септември во делот на Александар Палас и слично. 1200 метри вкупно, од кои 1000 се улица на рамно, значи боза за изведба.

На мапата подолу ги имате со портокалово и жолто обележано правците на сливање на сообраќајот према центар. Значи сега тековите се по портокалово, би било со мостов во иднина по жолтото. Дури и лиините од последна 5-ка/15-ка може да се продолжат за една станица па да опфаќаат и индустриската зона или да идат до Хиподром.

Другата мапа е гоогле трафик, да се види потребата од мостот. Се тоа што се гледа со темноцрвено ќе се слие преку овој нов мост и ќе излезе на два булевара 3+3 во Аеродром. Кој поминал околу 3ипол 4 попладне во индсутрикста зона, знае за какви гужви зборувам.

https://postimg.cc/872kn7dK">

https://postimg.cc/K1kvNPT3">


Ова се збори од 70тите години и ништо не е помрднато во врска со ова прашање.


Posted By: Phiko
Date Posted: 12-Feb-2023 at 07:51
Вчерашна:




Posted By: <Fresno>
Date Posted: 12-Feb-2023 at 12:51
Има некоја активност за пробивање на улицата од Илинденска до мостов?


Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Feb-2023 at 16:54


Нема.

_____________________



-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Mar-2023 at 14:16
од твитер





-------------
Carpe diem


Posted By: user8642
Date Posted: 12-Mar-2023 at 17:01
Зарѓана арматура, нема механизација, што индицира дека се застанати работите?! Како и се друго во Град Скопје.


Posted By: Phiko
Date Posted: 12-Mar-2023 at 21:19
Originally posted by user8642

Зарѓана арматура, нема механизација, што индицира дека се застанати работите?! Како и се друго во Град Скопје.


Не.

Еднаш неделно најмалце поминувам, и има прогрес цело време. Само погледај слики што има постирано во нишкава и може да видиш прогресот последниве неколку недели.



Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Jun-2023 at 16:20
Денеска:







-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Jul-2023 at 12:49
Мостот што ќе ги поврзе Карпош и Злокуќани ќе биде готов до крајот на годинава



Новиот мост што се гради на реката Вардар на улицата Љубљанска во Општина Карпош ќе биде готов до крајот на годинава. Станува збор за мост што ќе ги поврзе населбите Карпош 4 и Злокуќани, а ќе биде со широчина од 24 метри со четири коловозни ленти, со пешачки и велосипедски патеки од двете страни. Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при увидот во градежните работи што го изврши денеска, заедно со генералниот директор на ТАВ Неџат Курт.

За изградбата на новиот мост се одвоени над 6,2 милиони евра и ќе поврзе два дела од градот, поточно фреквентните улици „Илинденска“ и „Скупи“. Овој мост ќе биде нова патна врска помеѓу општините Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари, информираат од владината прес-служба.

„Задоволен сум од динамиката со која се врши изградбата бидејќи долната конструкција на мостот е завршена и моментално се работи на горниот дел. Веќе е завршено и бетонирањето на главните носачи, попречните носачи и плочата помеѓу крајниот столб и средниот столб и во наредниот период ќе се поставуваат скелиња за поставување на плоча помеѓу столбовите“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи изрази задоволство за динамиката на започнатите проекти од ТАВ програмата.

„Имаме над 76% реализација на започнатите проекти од ТАВ програмата, и реализацијата на овие значајни проекти се одвива успешно според предвидената динамика. Од вкупно 82 започнати проекти во вредност од 49,7 милиони евра, до денес се завршени 60 инфраструктурни проекти во разни општини низ државата, а тековно се работи на 22 други. За останатите 10 проекти овие денови ќе почне реализацијата“, изјави Битиќи.

Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт во неговата изјава рече дека мостот ќе биде голема придобивка за локалните заедници и дека ТАВ како аеродромски оператор, покрај аеродромското работење како главна дејност, со задоволство придонесува за развојот на локалната инфраструктура во Северна Македонија.

„Како еден од 90-те специјални проекти чија вкупна вредност е 49,7 милиони евра, мостот „Љубљанска” е од огромно значење бидејќи ќе поврзе два динамични дела на град Скопје и во исто време ќе додаде вредност и придобивка за локалните заедници и особено за граѓаните на град Скопје“, рече Курт и додаде дека тука нема да биде крајот на соработката со Владата на Северна Македонија во делот на подобрување на инфраструктурата.

Инаку, преку ТАВ програмата, Владата и ТАВ градат водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, поточно инфраструктурни проекти кои се значајни за нашите сограѓани.

https://meta.mk/mostot-shto-kje-gi-povrze-karposh-i-zlokukjani-kje-bide-gotov-do-krajot-na-godinava/ - https://meta.mk/mostot-shto-kje-gi-povrze-karposh-i-zlokukjani-kje-bide-gotov-do-krajot-na-godinava/

-------------
Carpe diem


Posted By: Џоле
Date Posted: 13-Aug-2023 at 19:49




-------------
За сè има вторпат


Posted By: The Wild Boy
Date Posted: 29-Aug-2023 at 12:11
Сликите се од пред едно 4 дена

https://ibb.co/D4Q1zgb">
https://ibb.co/RTVM2V9">
https://ibb.co/xCdCQWZ">
https://ibb.co/Tmgjf23">
https://ibb.co/FgcVJdb">
https://imgbb.com/ - free picture texting from computer


Posted By: Théoden
Date Posted: 29-Aug-2023 at 14:15
Се наѕира ли каква ќе биде спојката со патеката на кејот? Дали ќе излезе на исто ниво или ќе биде како мост „Михајло Апостолски“?


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 31-Aug-2023 at 10:39



Print Page | Close Window