Print Page | Close Window

Проблеми со водоснабдување и водоводи (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Енергетика
Forum Discription: Електростопанство, гасификација, топлани, алтернативни извори...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3752
Printed Date: 27-Apr-2024 at 16:12


Topic: Проблеми со водоснабдување и водоводи (општо)
Posted By: stef4o
Subject: Проблеми со водоснабдување и водоводи (општо)
Date Posted: 28-Jul-2020 at 16:08
Издвојувам една посебна нишка за проблеми со водоснабдување бидејќи за жал во 21 век сеуште голем број градски и приградски населби и градови мака мачат да се снабдат со квалитетна вода за пиење
-----------------------------------------------------

За жителите на Раштак нема чиста вода – кал тече од чешмите

[tube]g-AX3bW86aE&feature[/tube]

https://telma.com.mk/2020/07/28/жителите-на-скопски-раштак-пијат-калл/



Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Jul-2020 at 16:09
Без најава и појаснување Неготино среде пандемија оставено без вода!

Веќе неколку дена наназад во Неготино без никаква најава од ЈП Комуналец се исклучува водата за пиење. Рестрикциите започнуваат во вечерните часови, а завршуваат во утринските. Зошто во ек на пандемија, за која здравствените власти редовно апелираат дека хигиената и редовното миење на рацете е клучен фактор за заштита од вирусот, граѓаните се оставени без вода со часови, нема никакво појаснување од надлежните служби.
На страницата на ЈК Комуналец последното известување за прекин на водата за пиење датира од седми мај. На официјалната страница на општината пак, во последното известување од страна на ЈП Комуналец е наведено дека поради чистење на каналската мрежа од алги, од 17-ти до 19-ти јули во прекин ќе биде снабдувањето со вода за полевање на дворните површини.

За рестрикциите на водата за пиење нема ниту една информација.

Одговорот се обидовме да го добиеме на телефонскиот број на ЈП Комуналец, објавен на нивната Фејсбук страница, но никој не одговори на нашите повици. Граѓаните се револтирани поради рестрикциите, но и поради нетранспарентноста од страна на надлежните служби.

На социјалните мрежи, на страници посветени на градот го изразуваат своето незадоволство и бараат одговори, но и решение на проблемот. Како потсетување, Неготино околу три децении се соочуваше со секојдневни неколкучасовни и целовечерни рестрикции на водата за пиење.

Лани, во месец јули градоначалникот Тони Делков порача дека проблемот со рестрикциите на водата за пиење заминува во историјата, бидејќи во координација со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, од Бојанчиште биле одвоени 20 литри вода во секунда и транспортирани во главниот цевковод на Лукар, а Бојанчиште добило доход на вода од други извори.

Бил откриен и дефект во Ваташа, каде се губеле околу 10 литри вода во секунда, и тој проблем бил саниран. И кај спортската сала во Неготино биле откриени и решени неколку дефекти, по што се очекуваше дека градот конечно ќе нема рестрикции, а граѓаните ќе можат да го остварат своето загарантирано право на вода за пиење.

Во исчекување на одговор од надлежните служби зошто се сопира водата за пиење во градот, и до кога ќе траат рестрикциите, неготинчани повторно полнат и складираат туби и шишиња со вода.

Вики Клинчарова

%20 - https://fokus.mk/bez-najava-i-pojasnuvane-negotino-srede-pandemija-ostaveno-bez-voda/


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Aug-2020 at 14:24
НОВА ХАВАРИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА СТАРА 90 ГОДИНИ ГО ОСТАВИ ЦЕЛО ТЕТОВО БЕЗ ВОДА



По речиси 12 часови непрекината работа, вработените од ЈКП Тетово го отстранија дефектот на водоводната мрежа кој вчера изби на улица Цветан Димов во непосредна близина на полициската станица, но поголемиот дел од тетовци од изутринава повторно немаат вода бидејќи истата водоводна цевка повторно пукна, сега стотина метри подолу во паркот на Шарена Џамија. Екипите на јавното комунално претпријатие се постојано на терен, но не можат да кажат за колку време ќе биде отстранет овој најнов дефект, бидејќи врнежливото време и тешките теренски услови не дозволуваат брзо решавање на проблемот.

„Оваа водоводна цевка што вчера пукна, а која е во близината на полициската станица, опслужува со вода за пиење околу 60 проценти од градот. Станува збор за стара салонитна цевка која беше заменета со пластична цевка во долнина од неколку метри. Дожливото време и непристапноста до цевката, бидејќи веднаш до неа поминуваат уште три други водоводни цевки и електрични кабели под висок напон, бараа голема вниматлност при работата и затоа дефектот не можеше брзо да биде отстранет. Мораше да се отстранат 4 и пол метри од салонитната цевка која беше целата распукната. Со работата завршивме околу 1 часот по полноќ, па во текот на ноќта поголемиот дел од градот доби вода за пиење. Меѓутоа, изутринава утврдивме дека има истекување на самата спојка меѓу пластичната и лесонитната цевка. На оваа поправка уште работиме и оваа поправка планираме брзо да ја завршиме. Но, набрзо увидовме дека се појавил уште еден дефект на оваа водоводна цевка, стотина метри подолу во паркот кај Шарена Џамија. Се работи за иста водоводна цевка која досега повеќе пати предизвикувала големи дефекти бидејќи е стара, најверојатно седумдесетина години, дотраена е и неквалитетна односно лесно е кршлива. Поради сето ова се затворени речиси сите ситеми па сѐ додека целосно не се отстранат дефектите, околу 90 проценти од градот е без вода за пиење“, изјави раководителот на водотехничката лабораторија на ЈКП Тетово Љуљзим Шаќири.

На 31 јули се навршија 90 години од постоењето на тетовскиот градски водовод. Во делови од градот има стари и дотраени водоводни цевки, а од ЈКП се жалат и на тоа дека водоводениот систем не е целосно обележен.

„Во водоводната мрежа се јавуваа губитоци, а ние не можеме сите да ги лоцираме токму поради тоа што немаме целосно обележана водоводна мрежа и тоа ни создава големи потешкотии при одржувањето на мрежата. Исто така, и еден дел старата од водоводна мрежа е со салонитни цевки, кои се стари, дотраени, поставувани без тампонирање и поради тоа се многу лесно кршливи. Но, ова не е случај само за Тетово, така на времето се градела водоводната мрежа и во другите градови“, вели Шаќири.

Од ЈКП Тетово велат дека е можно нормализирање на снабдувањето со вода за пиење во попладневни

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nova-havarija-na-vodovodnata-mrezha-go-ostavi-tselo-tetovo-bez-voda/


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Aug-2020 at 14:25
Нови дефекти причина повторно речиси цело Тетово да нема вода

[tube]Sh0xIx_uSn4&feature[/tube]

%20 - https://telma.com.mk/2020/08/06/нови-дефекти-причина-повторно-речиси/


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Aug-2020 at 15:59
ДЕЛОВИ ОД ТЕТОВО ВЕЌЕ ТРЕТ ДЕН БЕЗ ВОДА ПО ДВЕТЕ ХАВАРИИ НА МРЕЖАТА СТАРА 90 ГОДИНИ

Делови од Тетово, пред се населбите Блок 70 и Пржова Бавча, веќе трет ден се без вода за пиење поради големиот дефект кој настана на една од главните водоводни цевки во градот. Откако по 12-часовна работа работниците од ЈКП Тетово успеаја да го санираат дефектот на улицата кај полициската станица, од утрово се работи на отстранување на дефектот на истата водоводна цевка, но сега на стотина метри подолу во паркот кај Шарената Џамија.

„Дојдени сме до дефектот во паркот на Шарена Џамија каде треба да се промени салонитна цевка во должина од 3 метри со цевка од друг материјал. Со отстранување на дефектот вчера на улица Цветан Димов за 85 проценти се нормализира снабдувањето на градот со вода за пиење. Сега околу 15 % од градот сѐ уште нема вода за пиење и тоа населбите Блок 70, Пржова Бавча, и улиците Браќа Миладинови и Ѓорче Петров. Санирањето на дефектот ќе продолжи во текот на денот“, изјави Љуљзим Шаќири раководител на водотехничката лабораторија на ЈКП Тетово.

Поради пукање на една од главните водоводни цевки во градот во средата и четвртокот околу 90% од градот остана без вода за пиење.

Водоводната мрежа во Тетово е стара 90 години и на многу места е дотраена и склона на дефекти.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/delovi-od-tetovo-veke-tret-den-bez-voda-po-trite-havarii-na-mrezhata-stara-90-godini/


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Aug-2020 at 10:08
Тетово неколку дена без вода – тетовската водоводна мрежа стара 90 години

[tube]3Lu8qjmQrh4&feature[/tube]

https://tv21.tv/mk/tetovo-nekolku-dena-bez-voda-tetovskata-vodovodna-mrezha-stara-90-godini/


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Aug-2020 at 10:45
СЕЛСКИТЕ ВОДОВОДИ ВО БИТОЛСКО НЕМААТ ИСПРАВНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

[tube]h7nufeClAHQ&feature[/tube]

https://alfa.mk/selskite-vodovodi-vo-bitolsko-nemaat-ispravna-voda-za-piene/


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Aug-2020 at 11:06
Во екот на пандемија скопско село остана без вода – „Чешмата каде полниме вода е со ешерихија коли“

На 14 километри од главниот град, над 100 куќи во село Кучково во пикот на пандемијата се снабдуваат со вода од селската чешма.

[tube]HVOIKcQs2zk&feature[/tube]

https://tv21.tv/mk/vo-ekot-na-pandemija-skopsko-selo-ostana-bez-voda-cheshmata-kade-polnime-voda-e-so-esherihija-koli/


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 16-Aug-2020 at 13:20
„Направиле една бушетина“, толку од коментарот.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Aug-2020 at 08:46
Проблемите на тетовскиот водовод датираат уште од планирањето во 1924 година

До 1924 година, во Тетово граѓаните се снабдувале од градските чешми кои во рамки на османлиското царство се граделе со носење на вода од ридот Балтепе.

Проблемите на тетовскиот водовод според историските податоци се јавуваат уште во фазата кога и не постоел, односно во перидот на создавање на планот за градење на градски водоснабдителен систем почнувајќи од 1924 па се до 1931 година кога завршиле градежните работи.

Ова се открива во трудот „Изградба на тетовскиот водовод 1925 до 1931 година”, на авторката Вера Гошева како дел од стручниот зборник на трудови „Просторно планирање во Југоисточна Европа”, објавен од Дарко Гавровски, хроничар на Тетово. Во текот на август, Тетово повеќе денови поради дефекти имаше целодневни прекини во водоснабдувањето во речиси целиот град. Со вакви проблеми Тетово поради недостиг на водата за пиење, со оглед на драстично зголемување на населението, се соочува интензивно со почетокот на 90-тите години на минатиот век.

– Иако првичен предлог имал инжинер, вработен во Општина Тетово, Генералата дирекција за води во Белград проектот го има доверено на стручно лице од нивните редови. Тетовскиот инжинер Миладин Печинар предвидувал водоводот да носи во градската мрежа 29,7 литри вода во секунда, додека дирекцијата утврдила проект со кој се предвидуваат 100 литри вода во секунда со проценка дека населението во градот ќе расте еден процент годишно. Било потребно да поминат две години за главниот проект за водоводот биде завршен, се наведува во трудот на Гошева

До 1924 година, во Тетово граѓаните се снабдувале од градските чешми кои во рамки на османлиското царство се граделе со носење на вода од ридот Балтепе.
Во главниот проект три можности биле во оптек за користење на изворска вода. Тоа се изворите „Драга вода”, група на извори „Гајре-Лавце” и извор „Ладна вода”. И тука се јавиле проблеми кога требало да се користи изворот Драга вода како избор за место од каде се носи вода до тетовските домаќинства.

– Во текот на обидите да се каптира водата од изворот Драга вода имало противења на жителите на Шипковица, Лисец, Мала и Голема Речица, Брвеница. При изградбата, на обележаната траса има отстапки, бидејќи имало проблеми со бројот на тогашните „преливни бунари” кои служеле за пренесување на водата. Тоа го решила Комисија на Кралската банска управа кои после детално согледување на теренот го има зголемено бројот на преливни бунари, воздушни вентили и друг вид на инфраструктура за водоводните цевки, стои во трудот.

Проблеми имало и поради парите. Општина Тетово тогашни шест милиони динари побарала од Државна хипотекарна банка. Намерата била да се издвојат 4.200.000 за градба на самиот водовод, еден милион за откуп на плацеви каде требало да поминува, како и 800 илјади динари за поправка на калдрмата низ градот каде би се копало за поставување цевки на главните градски улици.

– Но општина Тетово добила заем со пет милиони динари во 1929, па барале дополнително еден милион динари, па сето тоа влијаело во работата на промени на планот за градба. Проблемите со парите го оптеретило градењето на резервоар бидејќи првично се одлучило да се намали големината, па се променила одлуката кога се нашле дополнителните средства, се вели во трудот.

Должината на доводот изнесувала четири километри и 674 метри. Водовод бил официјално пуштен во употреба во ноември 1931 година. Годината кога е завршен водоводот, Тетово имал 16.359 жители.

Сега општина Тетово која брои над 80 илјади жители според пописот од 2002 година се снабдува со вода од четири извори. Според податоците во „Студија-Извештај за стратегиска оцена на животната средина за нацрт Програма за водоснабдување, одведување, собирање и прочистување на урбани отпадни води за Агломерација Тетово” од 2016 година, сега изворот Драга Вода кај Шипковица дава од 10 до 20 литри во секунда од кои пет литри оди за водоснабдување на селото Гајре. Остатокот на количеството на вода се транспортира со цевковод и е поврзан на стариот цевковод од Попова Шапка до Тетово.

– Останатите три извори се – Вакуфски извор, кој е највисокиот на надморска височина од 1940 метри. Уливерички извор се наоѓа на надморска височина од 1760 метри. За потребите на системот за водоснабдување во Тетово, само еден дел од изворот бил затворен во 1989 година, додека вториот дел делумно се користи за наводнување на земјоделските површини во Горно Палчиште (приближно 30- 40 l/s, заради отворено канал) и последниот дел од преостанатата вода го следи природното речно корито и подоцна се собира во каналот Шарски води, кој ги собира водотеците по должината на рутата на каналот и ги транспортира во Мавровското Езеро. Големи извори се наоѓаат во рамките на туристичкиот комплекс Попова Шапка, на просечна надморска височина од 1710 метри и се лоцирани на падините кои во зимскиот период (во добра состојба) се користат како скијачки терени. Два зафати се изградени во 1956 година, се наведува во студијата.

Од четиритe извори, три се поврзани со главниот резервоар кој се користи како спроводник кој поминува низ четири мали хидроцентрали пред да влезе во резервоарите на градот. Сите извори заедно обезбедуваат околу 250 литри вода во секунда вода, во просек. Минималниот месечен проток е околу 120 литри, додека месечниот максимум околу 500 литри. Постојат и шест бунари како стенд-бај капацитети кои се направени во 2002 година, во границите на градот за да бидат ставени во функција во случај на недостаток на вода, бидејќи изворите се соочуваат со минимум производство во февруари / март, додека максимум се јавува во мај / јуни. Бунарите според претставниците на ЈКП Тетово, многу ретко се користат.

Во Студијата за валоризација на природните вредности на Шар Планина евидентирани се над 100 извори со вода.

%20 - https://www.slobodenpecat.mk/problemite-na-tetovskiot-vodovod-datiraat-ushte-od-planiraneto-vo-1924-godina/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Aug-2020 at 15:54
Струшките села немаат вода! Жителите на Делогожда скептици за изнаоѓање на решение!

[tube]FGeVl_PsacM&feature[/tube]

https://tv21.tv/mk/strushkite-sela-nemaat-voda-zhitelite-na-delogozhda-skeptitsi-za-iznaogane-na-reshenie/


Posted By: user8642
Date Posted: 26-Aug-2020 at 20:33
Ако ако, нека поизградат уште малку дивоградби без плаќање денар комуналии и нека се чудат после од каде вода! Една општина во Скопје собрала лани само 1000 денара данок на имот. Воопшто не е различно и по другите општини со слична култура.


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Aug-2020 at 16:47
Општини како Тетово и Неготино и во 2020 година со часови имаат рестрикции на вода за пиење (видео)

Процентот на неприходувана вода во водоводните системи во земјава лани изнесувал дури 64,64 отсто од вкупното количество произведена вода за пиење. Додека во некои општини, како што е случајот со Скопје, милиони кубни метри вода се губат во дотраените водоводни цевки и диви приклучоци, одредени општини во земјава имаат недостигна питка вода и рестрикции во водоснабдувањето на населението.

Water4Changes како проект за заштита и имплементација на правото на вода и санитација, во моментов работат на кампања за поткревање на свеста за проблемите на водоснабдувањето во Северна Македонија. Преку информативни графички прикази и видеа на нивната Фејсбук страница, Water4Changes се обидува да ги опише реалните проблеми со кои се соочуваат македонските граѓани со водата за пиење.

Во случајот на Неготино, граѓаните секоја година од јуни до септември често се соочуваат со недостаток на вода и рестрикции. Рестрикциите на вода во Неготино понекогаш траат и до 12 часа во едно деноноќие, додека селското население во овој регион понекогаш ја користи водата од Вардар, што понатаму предизвикува санитарни проблеми, велат од Water4Changes.

Посебен проблем со достапноста на вода за пиење има Тетово, којшто се снабдува од четири високопланински извори на Шар Планина. Урбанистичката експанзија на овој град, без притоа да се развива паралелно водоводната мрежа, како и замрзнувањето на изворите во зимските месеци, ги остава жителите на Тетово и околината без вода за пиење или со воведување на рестрикции. Некои жители од околината на Тетово и до шест месеци во годината немаат постојан пристап до вода за пиење.

И додека граѓаните од Тетово и Неготино во одредени месеци немаат ниту капка вода за пиење во своите домови, податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги покажуваат дека водоводите во земјава само во 2019 година имале неприходувана вода од 175.349.029 метри кубни вода, што би било доволно овие две општини да имаат вода за пиење во изобилство во наредните неколку години, а можеби и децении. Дел од оваа изгубена вода во општинските водоводи е резултат на физичките губитоци на вода, дивите приклучоци, неточноста на водомерите и грешки при ракувањето со податоци и нефактурираната легална потрошувачка, како што е водата што се користи за полевање на јавните површини, фонтани и чешми.

Од Water4Change посочуваат неколку главни проблеми во водоснабдувањето во земјава: недостаток од вода за пиење (81 отсто од луѓето во Македонија имаат пристап до чиста и безбедна вода за пиење), лош квалитет на водата, недостаток на водоводна и санитарна инфраструктура, недостаток на вода за пиење поради изградба на хидроцентрали, загадување на водите за капење и реките, како и недостаток на јавни фонтани и јавни тоалети.

https://meta.mk/opshtini-kako-tetovo-i-negotino-i-vo-2020-godina-so-chasovi-imaat-restrikczii-na-voda-za-pienje-video/


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Sep-2020 at 13:52
Со изградба на резервоар пет села редовно ќе имаат вода за пиење

Над 10.000 жители на територијата на општина Сарај во наредниот период ќе немаат проблем со водоснабдувањето. Нивниот проблем, кој датира со децении наназад, ќе се реши со изградба на резервоар од 1.000 кубни метри со кој ќе се подобри снабдувањето со вода за пиење на селата Рашче, Бојане, Копаница, Буковиќ и Ласкарци.

Општината веќе распишала тендер со кој се бара најповолен изведувач на градежните активности, а заинтересираните фирми понудите можат да ги достават најдоцна до 18 септември, во 11 часот, кога и ќе се спроведе нивно јавно отворање.

Како што информираше Сефи Шабани, секретар во Општината Сарај, изградбата на резервоарот е само дел од целокупната активност, бидејќи е планирано да се изгради и пумпна станица, како и цевковод, за што Министерството за транспорт и врски дополнително ќе распише тендер овој месец.

– На овој начин сакаме да го решиме проблемот со водата во селата Рашче, Копаница и Бојане. Овие села имаат вода, но во летниот период имаат слаб притисок. Освен тоа, ќе се создадат услови вода за пиење редовно да имаат и селата Ласкарци и Буковиќ – изјави Шабани за весникот ВЕЧЕР.

Тој потенцираше дека веќе се обезбедени средства преку Европската инвестициона банка во износ од околу 40 милиони денари, додека Општина Сарај ќе даде 5 милиони денари, или сè вкупно реализацијата на овој проект ќе чини околу 50 милиони денари со вклучен ДДВ. Шабани вели дека проектот ќе се реализира фазно.

– Додека се извршуваат подготвителните работи за изградба на резервоарот, од страна на Општина Сарај, Министерството за транспорт и врски ќе го распише тендерот за изградба на пумпната станица и цевководот и така ќе има континуитет во работењето. Дел од резервоарот ќе го гради Општина Сарај, додека останатите работи се надлежност на Министерството – дециден е Шабани.

Според него, се очекува проектот да биде реализиран до Нова година.

https://www.vecer.press/со-изградба-на-резервоар-пет-села-редо/


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Sep-2020 at 12:22
Се реконструира старата водоводна мрежа на булеварот Гоце Делчев во Прилеп



Паралелно со реконструкцијата на булеварот Гоце Делчев, во Прилеп се врши замена на старата водоводна бетонско-азбестна мрежа со нова, полиетиленска. На потегот од некогашната Градска кафеана до ЦК „Марко Цепенков“, во должина од околу 280 метри, ЈКП „Водовод и канализација“, со сопствени средства во висина од околу 100.000 евра, врши реконструкција на водоводната мрежа стара 65 години.
– Пред да се изврши реконструкција на булеварот Гоце Делчев, од страна на Општина Прилеп ќе биде реконструирана водоводната линија со дијаметар Ф-315 во должина од околу 280 метри. Оваа линија е градена во 1955 година и ова значи промена на старата бетонско-азбестна мрежа со современи полиетиленски цевки. За да се реконструираат во целост главните линии во градот, кои се сместени во централното градско подрачје, ќе биде реконструирана и линијата од улицата Ленин до раскрсницата на булеварот Гоце Делчев со улицата Кузман Јосифоски-Питу.

Во продолжение ќе биде изградена нова секундарна линија со дијаметар 110, за да можат да се прифатат приклучоците, за да не се врзуваат на главната водоводна линија според европските стандарди – вели Емил Јанески, директорот на ЈКП „Водовод и канализација“.
Истовремено се работи и на повеќе други локации во градот, односно се реконструираат водоводните линии на улиците Крушевска и Драган Талески, а се врши зацевување и во индустриската зона Металец.
Инаку, состојбата со водоснабдувањето на градот е стабилна, иако опаѓа штедроста на изворот Студенчица. За Прилеп доаѓаат околу 210 литри во секунда, што е доволно за нормално водоснабдување на градот.

– Во овој момент штедроста на изворот Студенчица е некаде околу 700 литри во секунда. Во континуитет ЈКП „Водовод и канализација“ ја следи состојбата и доколку има потреба ќе бидат пуштени во употреба и бунарите, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани. Бунарите се исчистени, проверена е водата од страна на Центарот за јавно здравје и таа е исправна за употреба – нагласи Јанески.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/се-реконструира-старата-водоводна-мр/


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Sep-2020 at 06:40
Околу 2 000 луѓе кубурат за вода во битолската населба Горен Баир

[tube]4G_DTlKexjk&feature[/tube]

%20 - https://telma.com.mk/2020/09/13/околу-2-000-луѓе-кубурат-за-вода-во-битолск/


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Sep-2020 at 06:52
Ги дадоа гласовите, но сѐ уште немаат вода – поминаа 3 години, за жителите на Љуботен водоводната мрежа остана ветување

[tube]xHWbTJiE3r0&feature[/tube]

https://tv21.tv/mk/gi-dadoa-glasovite-no-s-ushte-nemaat-voda-pominaa-3-godini-za-zhitelite-na-luboten-vodovodnata-mrezha-ostana-vetuvane/


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Sep-2020 at 07:07
21 век, а струшки села без вода за пиење – Жителите разочарани: „Полошо може да биде, подобро не“

[tube]XVKAvdx9uKM&feature[/tube]

https://tv21.tv/mk/21-vek-a-strushki-sela-bez-voda-za-piene-zhitelite-razocharani-polosho-mozhe-da-bide-podobro-ne/


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Oct-2020 at 14:36
ЦЕНТАР, КИСЕЛА ВОДА, АЕРОДРОМ И НОВО ЛИСИЧЕ БЕЗ ВОДА ПОРАДИ ПУКНАТА ЦЕВКА КАЈ ОЛИМПИСКИ БАЗЕН

Денеска без вода ќе останат жителите на Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Драчево и Пинтија поради голем дефект на булевар Кочо Рацин спроти Олимписки базен.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека има дефект на цевка ф500 мм за чие санирање има потреба да се затвори цевка од ф1.400 мм, а со тоа голем дел од Скопје ќе има прекин на водоснабдувањето.

„Имајќи ја предвид природата на дефектот, кој е од големи размери, известуваме дека во соработка со ЈП ‘Комунална хигиена‘ обезбеди цистерни со техничка вода кои ќе циркулираат во овие делови на градот. За локациите на цистерните, граѓаните треба да се обратат до Дежурно-информативниот центар на телефонскиот број 3073-010“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

Од таму не можат да прецизираат до кога делови од Скопје ќе бидат без вода, но ќе се работи за до вечер дефектот биде саниран.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tsentar-kisela-voda-aerodrom-i-novo-lisiche-bez-voda-poradi-puknata-tsevka-kaj-olimpiski-bazen/


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 19-Oct-2020 at 16:53
Одлично поставена мрежа. Редундантност нула.


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Oct-2020 at 17:09
Катастрофа невидена пола град го оставаат веќе 5 часа без вода а со тенденција тоа да потрае до утре.Аеродром поготово високава зона е ужас,нонстоп на удар за било каков дефект,рекордот до сега чинам ни беше 24 + часа константно без вода така да навикнати сме но не се фер,не известуваат на време за вакви крупни работи,ги видов утринава на местото на дефектот уште во 09;30 и си велам дека за кратко ќе биде средено но дури во 15;00 им текна да кажат да не очекуваме вода во текот на денот.Ако имаме утре добро ќе биде.


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Oct-2020 at 17:33
Браво за распоредов на поставените цистерни Мичурин,Острово и Стар Аеродром нека се снајдат



https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Oct-2020 at 14:32
Вчерашниот дефект во скопскиот водовод доаѓа неколку дена по критиките од ЕУ за загубите на вода во земјава

Вчерашниот дефект на затворачот на водоводна цевка со дијаметар ф500мм на булеварот Кочо Рацин во центарот на Скопје повторно го отвори прашањето за тоа во каква состојба се наоѓа водоводната мрежа во нашите градови. Дотраените цевки стари по неколку децении, дивата потрошувачка на вода од несовесните граѓани, отсуството на прецизно мерење на потрошувачката на вода и користењето на питката вода за полевање на јавни површини и за фонтаните го креваат до плафон нивото на неприходувана вода за пиење, горливо прашање кое стигна како забелешка нотирана дури и во Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година од Европската комисија (ЕК).

Иако дефектот вчера беше саниран за брзо време, факт е дека истиот ден се случи уште еден помал дефект во северниот дел на Скопје, кој привремено ги остави без вода за пиење дел од граѓаните на општините Чаир и Бутел. Денеска поради дефект на затварач на ф300 мм на улица Ферид Бајрам, со прекинато снабдување на вода се делови од населбата Бутел 2, а со намален приклучок на вода се граѓаните од населбите Чаир и Скопје Север. Оттука, брзото санирање на дефектите не значи дека во иднина тие нема да се повторат, а без поголеми инвестиции не би можело да се намалат загубите на вода во водоводните системи.

Процентот на неприходувана вода лани во Скопје изнесувал 62,38 отсто, што е минимално под националниот просек од 64,64 отсто на загуби на вода за пиење во водоводните системи. Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје за „Мета.мк“ не прецизираат што е причината за вчерашниот дефект на водоводната цевка со дијаметар ф500мм, за чие санирање пак требаше да се затвори главната цевка со дијаметар 1.400мм што го остави половина Скопје без вода за пиење во период од неколку часа.

Дефектите се случуваат од различни причини и не можат да се планираат. Дефект од овој тип, е ретка појава, но сепак може да се случи. За отстранување на дефектот на затворачот на ф500мм, мораше да се затвори дотокот на вода со цел да нема големи загуби на вода и да се создадат услови за работење, бидејќи се работи за голем профил на цевка со вода која е под голем притисок“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

Од ова јавно претпријатие се задоволни што екипите работеа непрекинато и дефектот се отстрани за многу кратко време, со оглед на неговите размери. По отстранување на истиот, водата постепено се пушташе во системот сè до нормализирање на водоснабдувањето и стабилизација на притисокот доцна ноќеска.

Од друга страна, Европската комисија во Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година бара да го намалиме процентот на неприходувана вода кај водоводните системи во земјава. Во поглавјето за животната средина и климатските промени, ЕК упатува критика за ограничен напредок постигнат во однос на квалитетот на водите во земјава. Притоа, од македонските власти се бара да воспостават систем за следење на квантитетот и квалитетот на површинските и подземните води, а повеќе напори се бара да се вложат во намалувањето на количеството на неприходуваната вода.

„Земјата треба да вложи значителни напори за спроведување на законодавството на ЕУ во оваа област. Треба да се зајакнат административните капацитети и меѓуинституционалната координација“, се наведува во Извештајот на ЕК за нашата земја во однос на квалитетот на водите.

„Мета.мк“ со месеци наназад ја следи темата за високите проценти на загуби на вода за пиење во водоводните системи во земјава. Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси, во 2019 година, во зависност од тоа кој е давател на водни услуги, процентот на неприходувана вода во земјава се движел помеѓу 13 и огромни 85 отсто од вкупно произведената вода.

Според Меѓународната асоцијација на води, прифатлив процент на губење на вода е под 30 отсто, а некои од поразвиените земји-членки на ЕУ имаат и многу понизок процент на неприходувана вода во нивните водоводни системи. Ваквите поразителни бројки за нашата земја, значат дека најголем дел од произведената вода за пиење всушност не стигнува до крајните потрошувачи, туку се губи на патот до нив поради дотраените водоводни цевки, дивите приклучоци за вода, непоставените мерачи за вода за пиење и трошењето на питката вода за полевање на јавните површини и за фонтаните.

И покрај големиот интерес за следење на темите од областа на екологијата, само мал број на невладини организации и граѓански иницијативи ја следат темата за огромните загуби на вода во водоводните системи во земјава. Еден од ретките активни проекти во моментов е Water4Changes, којшто се спроведува од група млади ентузијасти- шејпери, кои се дел од организацијата Global Shapers Skopje Hub. Тие веќе три месеци преку нивната Фејсбук страница активно водат кампања за поткревање на свеста кај популацијата за реалните состојби во земјава поврзани со правото на вода и санитација на граѓаните.

Во изминатиов период, за проблемите поврзани со немањето на вода за пиење, немањето чиста вода за пиење и рестрикцијата на водата, Water4Changes објавија неколку видеа. Помеѓу другото, во приказните на младите активисти се слушна за проблемот со достапноста на водата за пиење во Тетово, како и за рестрикциите на вода за пиење во Неготино во текот на летните месеци. Сите овие проблеми на граѓаните на поединечни општини се случуваат во идентичен период, во кој најголем дел од водата за пиење произведена во водоводните системи се губи на нејзиниот пат од изворите до крајните потрошувачи.

https://meta.mk/vcherashniot-defekt-vo-skopskiot-vodovod-doagja-nekolku-dena-po-kritikite-od-eu-za-zagubite-na-voda-vo-zemjava/


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Oct-2020 at 13:20
НАЈВИСОКИТЕ РЕОНИ НА ТЕТОВО 10 ДЕНА СЕ БЕЗ ВОДА, ЖИТЕЛИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРИФИ ЈА ПРЕНАСОЧИЛА ВОДАТА НА ДРУГА СТРАНА

Десетици пластични шишиња и канти и ноќно бдеење за да се дочека некоја капка вода е секојдневието на жителите од улица Солунска во тетовската населба Колтук, која се наоѓа на највисокиот делови од градот веднаш под ридот Балтепе. Овие луѓе велат дека последниве десетина дена намаат ни капка вода преку ден, а кога ќе дојде, тоа е обично околу 3 или 4 часот наутро, тогаш едвај можат да наполнат неколку шишиња и водата повторно ја снемува. Жителите на населбата Колтук со децении имаат проблеми со водоснабдувањето но, како што велат, последниве денови во нивните чешми нема ниту капка вода. Вината ја насочуваат кон градоначалничката Теута Арифи.

„Десет дена ние овде немаме вода за пиење. Ги молам надлежните да ни пуштат вода. Со овие канти и шишиња секој ден мораме да одиме долу за да ги наполниме со вода. Јас сум болна, па морам да го чекам син ми да дојде од работа и да донесе вода. Немаме вода за пиење, а не да пуштиме машина за перење алишта. Нели е ова срамота? До неодамна и имаше по малку вода, но последниве десет дена немаме ниту капка. Еднаш се јавивме за водава, а од таму ни рекоа дека градоначалничката Теута ја однела водата на друга страна. Како може да ја даде водата на друга страна? Ние овде не сме луѓе ако живееме на повисоко?“, револтирано вели Јованка Степановска.

Од ЈКП Тетово велат дека нема преусмерување на водата туку дека недостатокот е поради намалениот доток во градскиот резервар.

„Во горните делови од градот се случува да нема вода преку ден поради намален притисок, како резултат на недостаток во извориштата во овој период и поради зголемената потрошувачка на вода во градот. Ќе гледаме да се изнајде техничка можност за зголемување на дотокот на вода во тој дел од градот. Аплираме до граѓаните рационално да ја користат водата за пиење за жителите од горните населби во градот да имаат вода. Во моментов, издашноста на изворите заедно со бунарите изнасува 330 литри вода во секунда“, велат од ЈКП Тетово.

Жителите на оваа улица велат дека до минатата година снабдувањето со вода за пиење било отежнато, но сепак имало по малку вода. Последниве денови нивните чешми целосно пресушија.

„Ние овде преку 40 години имаме проблем со недостаток од вода за пиење. Кога дојде Теута Арифи, едно четири – пет години имаше вода. Сега овие три недели вода повторно нема. Се зборува некоја цевка пукнала, па се меша водата, па имало тиња во неа. Но, еве помина време, а ние уште вода немаме. Досега никој не дошол да не извести зошто немаме вода, никој не дошол ниту да праша како ние овде живееме без вода. По телефон се јавивме во ‘Водовод’, а од таму ни велат: ‘Ќе се соберете и ќе одите кај Теута, водата е свртена негде и ја дала на други, така се зборува’“, вели Зоран Ристески.

И покрај тоа што со денови, па и со години имаат проблеми со недостаток од вода за пиење, од ЈКП постојано им доаѓаат сметки за потрошена вода, дури и им се закануваат со тужби пред суд за оние кои не ги подмириле сметките.

„Во оваа улица живеам скоро 80 години. Ние со водата се мачиме годиништа за ред. Ај што немаме вода, од ЈКП тоа како да не ги интересира, па уште ни се закануваат дека сме имале неплатени сметки. Мене ми бараат 15.000 денари за заостанат долг, а јас ги имам платено сите сметки. Сега ме тераат да го платам долгот. И пари ни земаат и вода не ни даваат. Видете, лавабото ми е полно со шишиња за да фатиме некоја капка вода за пиење. Така е секој ден“, вели Трпе Симјановски.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/najvisokite-reoni-na-tetovo-10-dena-se-bez-voda-zhitelite-velat-deka-gradonachalnichkata-arifi-ja-prenasochila-vodata-na-druga-strana/


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Nov-2020 at 14:20
ШТИП ВТОР ДЕН НЕМА ВОДА, ПРОДАВНИЦИТЕ ГИ РАСПРОДАДОА ЗАЛИХИТЕ ФЛАШИРАНА ВОДА

Цели 24 часа Штип е без вода за пиење. Од ЈП „Исар“ соопштуваат дека поради дефект на една од главните турбини морало да се прекине водоснабдувањето, па речиси 80 отсто од градот е без вода за пиење од градскиот водовод. Вода немаат сите населби и делови од градот кои се од десната страна на реката Отиња.

ЈП „Исар“ вчера најави дека водата ќе пристигне до крајот на денот, но градот и денеска осамна без вода за пиење.

„Ако се утврди дека дефектот на турбината за озонирање не може да се отстрани, тогаш ќе бидеме принудени да набавиме нова, за што службите веќе се ангажирани. Една таква турбина чини 1.200.000 денари“, вели директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев.

Граѓаните се револтирани, бидејќи ова се случува во време на пандемија, кога здравствените власти апелираат да се одржува хигиена.

Од ваквата ситуација раце тријат само трговците, затоа што граѓаните мора да се снабдуваат со вода за пиење од маркетите, кои веќе ги испразнија залихите, па, како што велат, итно побарале нови пратки од сите производители на вода во земјата.

ЈП „Исар“ нема доволно цистерни за да го покрие градот со техничка вода, па граѓаните се принудени да се снабдуваат од природните чешми. Некои со години ја употребуваат оваа вода и за пиење, иако одамна е кажано дека природните чешми содржат нечиста и неисправна вода.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtip-vtor-den-nema-voda-prodavnitsite-ja-rasprodadoa-flashiranata-voda/


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Nov-2020 at 13:14
Жителите на Визбегово: Вода нема, а сметки стигаат - Водовод: Имавте вода, треба да си ги платите

[tube]4nHD8UheLGg&feature[/tube]

https://mk.tv21.tv/zhitelite-na-vizbegovo-voda-nema-a-smetki-stigaat-vodovod-imavte-voda-treba-da-si-gi-platite-smetkite/


Posted By: user8642
Date Posted: 08-Nov-2020 at 13:55
Мене ми се гади од оваа политичка коректност што го зафатила македонското општество. Кобајаги сиромашките граѓани што институциите ги оставиле без вода, а се уствари сами криви што градеа дивоградби на земјоделско земјиште и пркосеа на државата само од инает. Доста се посветува внимание на овакви глупости.


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Nov-2020 at 18:18
СТРУЖАНИ СЕ ЖАЛАТ НА НЕКВАЛИТЕТНА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

[tube]ADd8u45S5Ac&feature[/tube]

https://24.mk/details/struzhani-se-zhalat-na-nekvalitetna-voda-za-pienje


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Nov-2020 at 09:35
Грушино има водоводна мрежа, но нема вода - резервоарот не е во функција

[tube]qq8PAQAkNyc&feature[/tube]

https://mk.tv21.tv/grushino-ima-vodovodna-mrezha-no-nema-voda-rezervoarot-koj-pred-20-godini-go-izgradil-kfor-ne-e-vo-funktsija/


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Dec-2020 at 17:47
Струга: Рестрикции за вода секој ден по 17 часот!

Нема крај на проблемите со водоснабдувањето на Струга. Маките на стружани им почнуваат најчесто по 17 часот, кога се намалува притисокот на вода, а по 22 часоа и воопшто нема.

Нивото на езерото во селото Шум е паднато за метар и половина. Изворите кои се наоѓаат во негова непосредна близина, а од каде градот се снабдува со вода за пиење се речиси полу празни. Поради тоа од вкупно шест пумпи за црпење на вода, во моментот работи само една.

Жителите на Шум не се сеќаваат кога биле толку празни.

„Толкав проблем како годинава немало никогаш.Има проблем и со изворите,каде нема вода, а нема ниту дожд. Тој извор не снабдува со вода.Но не е доволно, друг извор нема, бидејки таму е празно“, вели Севдат Имери-жител на Шум.

И угостителите од градот се соочуваат со проблеми. Велат покрај скратеното работно време, проблем им создава и нередовното снабдување со вода.

„Мислам дека редно време е да седнат господава од Водовод и да го решат проблемот, бидејки ние неможеме да функционираме.Кога станува збор за уплата и исплата први се,а за услуга последни. Кога нема вода нема ништо, неможеме ниту кафе да направиме.Автоматски сме блокирани“, рече Илкер Гаваз-угостител од Струга.

Од јавното препријатие Водовод велат дека се работи на проект за искористување на вода од езерото, по примерот на Охрид. Експертите велат дека треба да се истражат алтернативни решенија кои ги има, затоа што Струга лежи на вода.

https://alsat.mk/mk/struga-restriktsii-za-voda-sekoj-den-po-17-chasot/


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Jan-2021 at 15:16
од вчера,патем ова ќе биде се почеста појава бидејќи се градат се повеќе и повеќе нови згради а инвестиции во мрежата и друга потребна инфраструктура е еднаква на нула.

------------------------------
Пукната цевка во паркот во населба Мичурин, околните улици во вода/фото

Во паркот во населбата Мичурин поради пукната цевка околните улици се поплавени со вода. Засега нема информации за дефектот и кога ќе биде саниран.







https://www.vecer.press/пукната-цевка-во-паркот-во-населба-мич/


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jan-2021 at 15:38
ОСУМ ДЕНА ТЕЧЕ МАТНА ВОДА ОД ЧЕШМИТЕ ВО СТРУГА, ОД „ВОДОВОД“ ВЕЛАТ ВИНОВНА Е КОМПАНИЈАТА КОЈА ЈА КОРИСТИ ВОДАТА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА

Стружани веќе осум дена немаат исправна вода за пиење бидејќи од чешмите им тече матна и нечиста вода. Забрана за користење на водата од градскиот водовод даде и Центарот за јавно здравје кој по направените анализи утврди дека водата од градските чешми не е безбедна за пиење.

,,Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните. Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на неа, не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење. Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување“, велат од Центарот за јавно здравје.

Од Јавното претпријатие „Водовод Струга“ велат дека проблемот настанал поради неконтролираниот испуст на вода за производство на електрична енергија од мини хидроцентралата кај Горна Белица.

„Компанијата која ги води мини електраните користи повеќе вода за да произведуваат повеќе енергија. Имаме барано средба со нив, испративме допис до нив да преземат мерки, има и опомена пред тужба и доколку не одговорат ние ќе им го раскинеме договорот и тие објекти од таму ќе се отстранат“, вели Дашмир Насуфи, директор на ЈП „Водовод и канализација Струга“.

Стружани се револтирани бидејќи во време на пандемија се оставени без вода која им е најпотребна за одржување на лична хигиена. Велат дека се изложени на дополнителни трошоци оти се приморани да купуваат флаширана вода.

„Ова е недозволиво, најпрво немавме вода поради сушата сега имаме кал наместо вода поради обилните врнежи. Надлежните мора да го решат овој проблем“, велат стружани.

Немањето вода или заматена вода е секојдневие во Струга со години наназад.

Неодамна стружани преку протести побараа решавање на состојбата, а се заканија и со блокирање на патиштата и граѓанска непослушност за плаќање на сметките. Според нив проблемот се должи и на старата и дотраена водоводна мрежа како и несоодветниот третман на водата.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/osum-dena-teche-matna-voda-od-cheshmite-vo-struga-od-vodovod-velat-vinovna-e-kompanijata-koja-ja-koristi-vodata-za-proizvodstvo-na-struja/


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jan-2021 at 08:30
ВИДЕО: Распука асфалтот кај МНР откако пукна цевка за вода Ф-300 – возете внимателно!

Распука асфалтот во близина на Министерството за надворешни работи, откако попладнево пукнала цевка за вода со димензии Ф-300.

На местото каде што е пукната цевката отворена е и голема дупка, а екипи веќе се на терен и го санираат проблемот.

[tube]sRijVCOP7Kw&feature[/tube]

https://mk.tv21.tv/video-raspuka-asfaltot-kaj-mnr-otkako-pukna-tsevka-za-voda-f-300-vozete-vnimatelno/


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Jan-2021 at 15:30
СЕЛАТА ВО ОПШТИНА КАРБИНЦИ ЌЕ ГО РЕШАТ ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ЗА НАРЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ СО НОВАТА ФИЛТЕР СТАНИЦА

Над 2.200 жители од потплачковичките села во Општина Карбинци ќе го решат проблемот со водоснабдувањето во наредните 100 години со изградбата на новата филтер станица, чија реализација е при крај.

Таа ќе ја обработува водата од хидросистемот „Злетовица“. До филтер станицата е инсталиран цевковод, низ кој ќе протекуваат 40 литри вода во секунда. Се предвидуваат и 18 километри посебна цевководна мрежа до десетина села во општината.

„Општина Карбинци со вода се снабдува преку бунари, со капацитет од 20 литри во секунда. Од мај, кога се очекува филтер станицата да проработи, ќе се добиваат двојно повеќе, 40 литри“, изјави градоначалникот Јордан Насев.

Тој смета дека со ова не само што долготрајно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето, туку жителите кои ќе бидат приклучени уште во првата фаза ќе добиваат квалитетна и чиста вода за пиење. Според динамиката на изградбата, филтер станицата ќе се стави во функција четири месеци пред определениот рок.

„Станува збор за модерна филтер станица, која ќе располага со современа опрема за ултрафилтрација на водата. Опремата е добиена и чека монтажа. Новата филтер станица е искуство од Словенија и чини 105 милиони денари, што се обезбедени со помош на Управата за водостопанство при Министерството за земјоделство и шумарство“, вели Насев.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/selata-vo-opshtina-karbintsi-ke-go-reshat-vodosnabduvaneto-za-narednite-100-godini-so-novata-filter-stanitsa/


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Feb-2021 at 16:15
Љуботен во 21 век нема чиста вода – деца со шишиња од 5 литри носат вода за пиење

[tube]jMP0SjpbtVo&feature[/tube]

https://mk.tv21.tv/luboten-vo-21-vek-nema-chista-voda-detsa-so-shishina-od-5-litri-nosat-voda-za-piene/


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Feb-2021 at 13:53
РЕСТРИКЦИИ ЗА ВОДА ВО ТЕТОВО ОТИ ПАК ПУКНА ЦЕВКА ОД НОВИОТ ВОДОВОД

Повторно пукна цевка на новиот водовод со кој Тетово се снабдува со вода за пиење. Од ЈКП Тетово утврдиле дека е скината пластична цевка од новиот водовод од зафатот кај месноста Лешница. Поради тоа драстично е намален дотокот на вода во водоводната мрежа во градот и се воведуваат рестрикции.

„Поради сериозен дефект во градските резервоари дотокот на вода се намали за 150 литри во секунда. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите критични делови од градот, од денес ќе се почне со рестрикција на водата за пиење од 8 до 11.30 часот, од 15 до 18 и од полноќ до 5 наутро“, велат од ЈКП Тетово.

За ублажување на недостигот од вода за пиење претпријатието ги активира и четирите бунари во градот кои служат токму за вакви состојби кога се јавува недостаток од вода за пиење. Стариот водоводен систем и четирите бунари сега обезбедуваат околу 200 литри вода во секунда што е недоволно за нормално снабдување на градот.

Ова не е прв пат да се случуваат дефекти на водоводот кој зафаќа вода од Лешница, а кој пред три години беше пуштен во употреба. Минатата година, исто така поради пукната цевка на новиот водовод имаше прекин во снабдувањето со вода за пиење, а во јануари поради заматување на водата, водоводот неколку денови беше надвор од употреба.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/restriktsii-za-voda-vo-tetovo-oti-pak-pukna-tsevka-od-noviot-vodovod/


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Mar-2021 at 08:38
Тетово пет дена без вода – кој ќе сноси одговорност?

[tube]1WG0DplSUIY&feature[/tube]

https://mk.tv21.tv/tetovo-pet-dena-bez-voda-koj-ke-snosi-odgovornost/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Mar-2021 at 10:03

ДУИ бе браќа, кој да сноси одговорност? Ама ако, мавтање орли е поважно од чиста вода. Пак да си ги гласате.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Mar-2021 at 18:35
ПОСЛЕ ДЕВЕТ ДЕНА, ОТСТРАНЕТ ДЕФЕКТОТ НА ТЕТОВСКИОТ ВОДОВОД, ВОДАТА ЌЕ СЕ ПУШТА ПОСТЕПЕНО

Цели девет дена им беа потребни на тетовските комуналци да го отстранат големиот дефект кој се случи на водоводот со кој се зафаќа вода за пиење од месноста Лешница на Шар Планина. Тогаш, при лизгање на земјиштето беа однесени водоводни цевки во должина од 60 метри. Непристапниот терен не дозволуваше дефектот веднаш да се отстрани, па Тетово девет дена се соочуваше со повеќечасовни рестрикции на водата за пиење.

„Со поставувањето на цевководот во должина од 60 метри и големина од фи-500, пуштени се првите 50 литри вода од новиот водоснабдителен систем. Во наредните 20 часа постепено ќе се пуштаат и дополнителни количини вода, за да не се преоптовари системот. Како што ќе пристигаат и зголемуваат количините вода во резервоарите и мрежата, ќе имаме основа и за намалување на рестрикциите. Овој водоснабдителен систем има и пречистителна станица, водата поминува преку соодветни филтри и безбедна и чиста стигнува до корисниците“, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод и канализација“.

Екологистите и планинарите од Тетово вината за хаваријата ја гледаат во неконтролираното сечење на шумите и во прокопувањето на диви патеки низ цела Шар Планина. Овие патеки служат за пренесување на дрва од страна на дрвокрадците и како пристапни патишта за изградба на малите хидроцентрали на Шар Планина, а со тоа доаѓа до лизгање на земјиштето.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/posle-devet-dena-otstranet-defektot-na-tetovskiot-vodovod-vodata-ke-se-pushta-postepeno/


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Mar-2021 at 14:36
ВО ТЕТОВО ПОВТОРНО ИМА РЕСТРИКЦИИ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ОТКАКО ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ВО МАВРОВО ГО ОШТЕТИЈА ГЛАВНИОТ ЦЕВКОВОД

Не поминаа ни три недели, Тетово повторно има недостиг на вода за пиење и повторно дефектот е на новиот водовод.

Кај месноста Лешница оштетена е цевка со промер фи-500, поради што во Тетово повторно се воведени рестрикции на водата за пиење, кои траат повеќе од 11 часови. Според вработените во ЈКП „Тетово“, и овојпат, причина за оштетувањето на водоводната ценка е лизгање на земјиштето, но сега како резултат на неодамнешните земјотреси во Мавровскиот Регион.

„Моментално, водата во градскиот водовод драстично е намалена и падна на средна вредност од само 150 литри во секунда. За ублажување на оваа состојба, ЈКП ‘Тетово‘ ги активираше четирите бунари во градот кои служат како резерва токму за вакви случаи. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите делови од градот, од денеска ќе има рестрикции во три термини: од 8:00 до 11:30, од 15:00 до 18:00 и од полноќ до 05:00 часот. Оваа рестрикција ќе трае до санирање на главната водоводна линија во Лешница“, информираат од ЈКП „Тетово“.

Последниот дефект се случи на 23 февруари. Тогаш беа потребни дури 10 работни дена за да се постават 60 метри водоводни цевки.

[URL= ]https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-tetovo-povtorno-ima-restriktsii-na-vodata-za-piene-otkako-zemjotresite-vo-mavrovo-go-oshtetija-glavniot-tsevkovod/[/URL


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Mar-2021 at 14:17
ШТИПСКИТЕ ПРИГРАДСКИ НАСЕЛБИ МАКЕДОНКА, БАЛКАНСКА И ЧАРДАКЛИЈА ПО 70 ГОДИНИ ПРИКЛУЧЕНИ НА ГРАДСКИОТ ВОДОВОД

Седумдесет години, колку што постојат трите приградски населби Македонка, Балканска и Чардаклија во Штип формирани по Втората светска војна кога се претежно заради згрижување на протераните од Егејска Македонија во Грција, до вчера користеа техничка вода за пиење која постојано е со талог и разни нечистотии.

„Јас откако памтам за себе, во нашата населба се употребува техничка вода од стариот водоводот на поранешната Памучна индустрија ‘Македонка’. Со години, водата ја превриваме или во последно време ја купуваме во шишиња, што значи дека имаме најскапа вода“, вели познатиот штипски мајстор Драги Наунов од населбата Македонка или Насеље, како што штипјани ја викаат населбата.

Неговите соседи додаваат дека многу семејства кои не се во можност да купуваат вода од продавниците почнаа да ја употребуваат техничката вода без да ја превриваат оти и за тоа има трошок за струја, а тоа не можат да го платат. Принудени се во себе да таложат разни токсични метали, ама не се во можност да го покријат трошокот.

„Плаќаме најскапа вода во државата. Еден кубик од техничката вода што ја добиваме од стариот водовод на фабриката ‘Македонка’ нас нè чини 40 денари. На тоа ЈП ‘Исар’ од Штип наплаќа 12 денари за услуги заради канализационата мрежа што ја инсталирала пред неколку години ,и нас сиве овие услуги не чинат 52 денари од потрошен кубик и користење на канализација“, вели помладиот жител на оваа населба Зоран Анчев.

Од Општината Штип велат дека во тек се неколку проекти за овие приградски населби. Вчера се пуштени славините во населбата Чардаклија, која веќе е приклучена на градскиот водовод. Стотина жители од оваа населба веќе ќе имаат здрава и чиста вода за пиење. Претходно, тоа се случи и со приградската населба Балканска со речиси 1.000 жители, кои исто така добија вода од градскиот водовод на Штип и нова канализациона мрежа.

Директорот на „Исар“ Живко Тасев, вели дека со овие нови инвестиции кои чинат околу 400.000 евра се создаваат услови кон градскиот водовод да се приклучат и голем број стопански објекти кои се наоѓаат кај овие три приградски населби во предградието на Штип.

„Со одлука на Владата, преку Министерството за транспорт и врски обезбедени се 6.713.000 денари или околу 109 илјади евра за изградба на Крак 2 до населбата Македонка во должина од 760 метри и деновиве ќе биде распишан тендер“, вели градоначалникот на Штип Сашко Николов.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtipskite-prigradski-naselbi-makedonka-balkanska-i-chardaklija-po-70-godini-priklucheni-na-gradskiot-vodovod/


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Apr-2021 at 07:03
Тетово мака мачи со водоснабдувањето

[tube]giPlkDK34Y4[/tube]

Решението на проблемот со водата во Тетово беше најавено во 2016 година. Тогаш градоначалничката на Тетово Теута Арифи изјави дека овој проблем конечно е решен. Но, пет години подоцна, граѓаните се соочуваат со недостиг на вода.
Мислам дека нема да имаме проблем со водата, додека според динамиката што ја имаме на станицата за филтрација, таму работите се одвиваат со соодветна динамика и сметаме дека наскоро на крајот на годината ќе биде завршено. На овој начин, целата оваа приказна ќе биде завршена“, рече Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово.

Една година подоцна, станицата за филтрирање беше завршена и беше објавено дека е решено прашањето за вода за пиење во Тетово, дури и со 100 литри повеќе вода во секунда.

„Она што го гледате овде денескa е конечно последната фаза. Откако вчера сe доби овој резултат, системот веднаш беше пуштен во употреба и од синоќа граѓаните на Тетово имаат 50 литри вода во секунда плус и денес 50 литри“, додава Арифи.

Револтот кај граѓаните на Тетово е зголемен особено во последниов период бидејќи, како што велат, среде пандемија, веќе 20 дена немаат редовно вода за пиење.

„Ова е лошо управување. Отчет треба да даде општината. Водоснабдување треба да врши ревизија. Градоначалничката треба да излезе на прес конференција да каже каде е ќорсокакот, а не преку Фејсбук. Морам да им се извини на граѓаните, навршија четири години, пред тоа четири години, осум години власт и повторно проблеми со водата“, вели еден жител на Тетово.

И покрај завршувањето на трасата за водоснабдување во должина од 25 километри, но и изградбата на станица за филтрација, некои населби во Тетово сè уште немаат вода за пиење. Велат дека со децении снабдувањето со вода за пиење се прави само преку овие резервоари, кои честопати се нехигиенски.

„Од 1984 година имаме проблем со вода во Дреновец. Во времето на Југославија имавме проблеми, и сега имаме проблеми со вода“, вели еден жител на Тетово.

Инаку, проблемот со водата во Тетово започна пред две децении. Неколку пати беа издвојувани средства за водоводот, како од Владата, така и од Светска Банка, но, иако поминаа четворица градоначалници со ветување дека ќе се снабдува со вода, Тетово сепак има проблем со недостаток на вода за пиење.

https://alsat.mk/mk/tetovo-maka-machi-so-vodosnabduvaneto/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Apr-2021 at 17:06
За велигденските празници во Маврово нема вода, а од пред еден час ни струја



Со багер директно на главната водоводна цевка. Се прави потпорен ѕид или септичка јама. На самиот пат. Велат, добиле дозвола од општината. Ова е причината за прекинот на водата од вчера во 16 часот. Од пред еден час снема и струја. Денеска Маврово очекува голем бран туристи за велигденските празници. Добар пречек.

Вработените во Јавното комунално претпријатие Маврово од утрово се на местото, кај населбата Крстови, каде што со булдожер е дупната главната цевка. На самиот пат. Прво чекаа нафта за нивниот булдожер, па чекаа делови од Скопје и од Гостивар и конечно е почнато со санирањето на дефектот. Веќе 20 часа Маврово е без вода.

Главното прашање на сите е кој дозволил вакви интервенции, копање за потпорен ѕид или септичка јама директно над главната водоводна цевка покрај самиот пат. Работниците што се во дупката велат одете прашајте во општина. Од општината велат дека не се запознаени со овој проблем и не упатуваат да се јавиме во ЈКП Маврово.

Попладнево се очекува голем наплив на туристи во Маврово.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/za-veligdenskite-praznici-vo-mavrovo-nema-voda-a-od-pred-eden-chas-i-struja


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-May-2021 at 16:53
Жителите на селото Прешевце во општина Теарце немаат вода за пиење

[tube]YQpH2_iUuGA[/tube]

Жителите на селото Прешевце во општина Теарце немаат вода за пиење. Снабдувањето од изворот не ги задоволува нивните потреби и се принудени да ја користат водата од реката. Властите ги обвинуваат жителите дека не одат да зборуваат за решение. Жителите пак бараат институционални решенија.

https://alsat.mk/mk/zhitelite-na-seloto-preshevtse-vo-opshtina-teartse-nemaat-voda-za-piene/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Jun-2021 at 16:49
ЗАГАДЕНА ВОДАТА ВО БРВЕНИЦА ПО ПОПРАВКАТА НА ПУМПАТА ОД ВОДОВОДОТ

Триесетина лица од тетовските села Брвеница и Долно Седларце вчера се пожалиле дека имаат стомачни проблеми, дијареа и повраќање и побарале лекарска помош. Бидејќи не пројавиле некоја потешка клиничка слика, ниту еден од нив не е задржан во болница. До целосно испутување за потеклото на здравствените проблеми, во овие две села се забранува употреба вода за пиење од локалниот водовод.

Причината за ова најверојатно е поради поправката на водната пумпа на еден од бунарите преку кои селата се снабдуваат со вода за пиење.

„Изгоре една пумпа на бунар од каде црпиме вода и таа мораше таа да се смени. Во Општина Брвеница имаме 10 бунари од каде вода се зема со пумпи од длабочина до 40 метри, изворска вода немаме. Ние како Општина не може да кажеме каква е водата. Можно и во други села има такви појави поради високи температури. Издадовме препорака водата да не се пие се додека од Центарот за јавно здравје не се добијат резултатите. Тие ќе утврдат точно каква е состојбата на водата“, вели Енвер Пајазити, градоначалник на Општина Брвеница.

Од Центарот за јавно здравје во Тетово велат дека јули и јули се месеци кога се чести вакви стомачни заболувања. Поради намалената штедрост на изворите и големата потрошувачка на водата може да се случи преку пумпите да се повлече калојна што е честа причина за загадување на водата.

„Најверојатно тука станува збор за колиформични бактерии кои се нашле во водата и кои можат да предизвикаат вакви тегоби. Можно е тоа да се случило додека траела замената на прегорената пумпа на еден од бунарите. Земени се мостри од водата и утре ќе ги имаме бактериолошките резултати со кои точно ќе утврдиме за какво загадување на водата станува збор, а до тогаш препорачуваме водата да не се користи за пиење. Инаку, водоводот во Брвеница добро се одржува, водата редовно се хлорира, а Општината има склучено договор со Центарот за јавно здравје за редовно испитување на здравствениот квалитет на водата. Слични случаи деновиве имаше и во соседните села Фалише и Сараќино, но тие со вода се снабдуваат од друг водовод. Таму имало помал број лица се пожалиле на тегоби, а сите исто така биле со лесна клиничка слика. Намалената штедрост на изворите заедно со големата потрошувачка на вода и нередовното одржување на изворскиот и водоводниот систем, посебно што некои во некои водоводи водата воопшто не се хлорира, се најчестите причини за вакви здравствени нарушувања“, вели д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје од Тетово.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zagadena-vodata-vo-brvenitsa-po-popravkata-na-pumpata-od-vodovodot/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Jun-2021 at 16:50
Љубанци на пеколни температури без капка вода

На 15тина километри од центарот на главниот град, во пандемија, на температура од плус 40 степени, 40 куќи во населбата Љубанци без капка вода веќе 8 дена. Околу 150-тина жителите во очај, вода за пиење носат на раце од соседните села Љубанци и Љуботен. Освен за нив, вода нема ниту за добитокот.

8 дена, од 20ти јуни, цела недела, денеска 8-ми ден. Никако ни ноќе, ни ден, ни пола час, ни час.
Плаќаме вода а немаме вода.
Се потпирам, со количка со вода, да одам да наполнам 10 шишиња вода да донесам велат жителите.
Проблемот го имаат со години откако надлежните им го ставиле под катанец главниот вентил со кој управувале тие во летните периоди кога притисокот на водата бил послаб.

Ќе го исклучиме едниот вентил да наполни два часа едната страна од населбата, па потоа другата, имаше и чувар.
Ова два крака, дали едниот е стопиран, до пред неколку дена имаше вода, сега нема -велат тие.
Општината со денови ги препраќала во ЈП Водовод, од т аму ги праќале во месната заедница ама решение никој не им нашол. Незадоволни се и од месната заедница бидејќи со денови никој од таму не им кревал на телефон. Бараат итно да се реши проблемот.

Јас денеска бев во општина, се јавив таму, ми рекоа дојди и отидот. Ќе зборуваме со градоначалникот, се јавив и не зборувале со него, тоа е проблемот. Во Водовод се имам јавено 30 пати!
Да ни пуштат вода, без вода не се живее! Без вода и леб нема живот! – велат жителите
Од општина Бутел за Алфа велат дека не се надлежни. Со водовот во село Љубанци стопанисува ЈП Водовод, па топката ја префрлија кај нив и за начинот на снабдување на вода. Од таму да сме си барале одговор. Алфа постави прашања и во Водовод од каде засега молчат. Пред две години се случил истиот проблем, рестрикции на водата имало во летните периоди но само по неколку часа во текот на денот велат мештаните.

%20 - https://alfa.mk/lubanczi-na-pekolni-temperaturi-bez-kapka-voda/


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Jul-2021 at 17:13
НА ПЕКОЛНИ ТЕМЕПРЕТУРИ, ДВЕ ИЛЈАДИ ЖИТЕЛИ НА СТРУМИЧКО БАНСКО НЕМААТ ВОДА

Жители од струмичкото населено место Банско цела недела се без вода за пиење, бидејки нивни соселеани со диви приклучоци од резерворот ја користат за наводнување пластеници и ниви во доцните вечерни или раните утрински часови. Се обиделе да им укажат дека водата треба рационално да се користи, но попусто. Сега се приморани да одат до единствената селска чешма или по нивите каде што имаат бушотини со помпи, да полнат вода како за пиење така и за одржување хигиена . Реагираат и бараат од локалните власти да се најде решение, бидејки не е во ред на температури над 40 степени да се нема вода по домовите

Од ЈП Комуналец од Струмица кој стопанисува со водоводот во Банско признаа дека имаат проблеми со водоснабдувањето во ова населено место. Велат дека тоа е резултата на несовесно и неодговорно трошење на водата со што тешко се полнат резервоарите и во дистрибутивната мрежа нема вода или пак со мал притисок во долните делови од селото.

Банско брои околу 2000 жители и е познат по лековитите геотермални води.

%20 - https://24.mk/details/na-pekolni-temepreturi-dve-iljadi-zhiteli-na-strumichko-bansko-nemaat-voda


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jul-2021 at 06:47


https://www.facebook.com/Skopje.Skopska/


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jul-2021 at 15:12
ШТИП Е 24 ЧАСА БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ОТИ ПУКНА ГЛАВНАТА ЦЕВКА СТАРА ПОЛА ВЕК

Од вчера попладне, Штип остана без вода за пиење поради дефект на главната водоводна линија. На ЈП „Исар“ му требале неколку часа да го открие дефектот што настанал на една од главните водоводни цевки која ја транспортира водата од филтер станицата до препумтните станици.

„Водоводната цевка што пукнала поради дотраеност е стара можеби и 50 години. Цевката е на длабочина од 3-4 метри па дури кога водата се појави на површината дефектот беше откриен и се почна со нејзина замена“, вели директорот на „Исар“ , Здравко Коцев.

Техничката екипа која работи на остранување на дефектот очекува водоводниот систем да профукционира до крајот на денешниов ден. Граѓаните со вода за пиење се снабдуваат како знаат и умеат, главно од маркетите, а за техничка употреба полнат вода од природните чешми.

Од „Исар“ велат дека овој дефект и оној што се случи во лани во ноември, кога градот остана исто така неколку дена без вода за пиење, само ја исфрла на виделина потребата од комплетна замена на застарената водоводна мрежа.

Локалната самоуправа најави дека парите што се добиени од ТАВ програмата ќе бидат наменети токму за обновување на водоводниот систем, за што ќе се бараат и други извори на средства.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtip-e-24-chasa-bez-voda-za-piene-oti-pukna-glavnata-tsevka-stara-pola-vek/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Jul-2021 at 10:29
Азбесните цевки опасност за здравјето на луѓето – колку е безбедна водата што ја пијат скопјани?

[tube]JIJqNHX5ae4[/tube]

Азбест, материјал кој го има и во водоводни цевки, одамна е забранет во нашата земја поради тоа што е штетен за здравјето на граѓаните. Но, во неколку населени места сѐ уште се користат вакви водоводни цевки. Премиерот Зоран Заев, уште во 2018 година рече дека ќе се издвојат средства за отстранување на ваквите цевки.

Годините поминаа. Иако сме 2021-ва, сепак 77.965 метри азбест-цементни цевки сѐ уште се инсталирани. Оваа површина опфаќа само дел од општините во Скопје.

Општина Центар 2.180,00 метри
Општина Карпош 12.146,00 метри
Општина Кисела Вода 13. 838,00 метри
Општина Аеродром 2.873,00 метри
Општина Гази Баба 11.086,00 метри
Општина Чаир 3.463,00 метри
Општина Ѓорче Петров 4.283,00 метри
Општина Сарај 4.056,00 метри
Општина Шуто Оризари 24.040,00 метри

Нашите информации велат дека во општина Шутка, која е на само неколку километри од центарот на Скопје, има најмногу азбесни цевки.

Водата од јавната чешма во општината ја користат сите, но никој не знае дали е безбедна за пиење.
Од оваа чешма ќе земеме мостра и ќе ја испратиме на тестирање.

Од тука ќе се упатиме кон населбата Дуќанџик во Чаир, за и од таму да земеме мостра од водата.

Наташа Доковска од Здружението на новинари за човекови права, вели дека според експертите со кои разговарала, азбесните цевки се најштетни кога ќе треба да се извадат.
Процесот на нивното отстранување мора да оди по посебни правила.

Според Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“, 7.5% од системот на цевки е од салонит. Од таму додаваат дека во нивната програма за инвестирање, секоја година се издвојува одредена сума финансиски средства кои се користат за реконструкција и замена на азбест-цементни водоводни цевки.

%20 - https://mk.tv21.tv/azbesnite-tsevki-opasnost-za-zdravjeto-na-lugeto-kolku-e-bezbedna-vodata-shto-ja-pijat-skopjani/


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Aug-2021 at 17:17
Водата не е за пиење, но нема табла за известување – граѓаните не веруваат во анализите за водата на Тетовската бања

[tube]vQMDS84zOD8[/tube]

Институтот за јавно здравје –Тетово, на 21 јули извести дека минералната вода која извира во Тетовската Бања не е за пиење бидејќи се пронајдени бактерии во чешмата која се наоѓа во влезот и таа кај Железниот мост до реката.

Потоа, од институтот за ТВ21 изјавија дека едната чешма е чиста и дека може да се користи за пиење.

„Анализите на водата кои ги повторивме во Тетовската Бања велат дека водата кај чешмата во влезот е чиста и сега може да се пие. А водата од чешмата која се наоѓа кај Железниот мост, до добивањето на другите анализи не треба да се пие“, велат од Институтот за јавно здравје.

ТВ21 беше во Тетовската бања каде граѓаните пијат вода од овие чешми.

„Анализите на Центарот за јавно здравје – Тетово покажуваат дека минералната вода на Тетовската бања, кај Железниот мост, не е за пиење, но снимките покажуваат дека токму кај овие чешми нема никаков знак дека водата не е за консумирање“, истакнува репортерот на ТВ21.

Разговаравме и со граѓани, кои велат дека со години пијат од водата и дека не веруваат во анализите на Институтот за јавно здравје, дури велат дека тоа е дезинформација.

„Како не се пие водата, не е од сега тоа, од одамна е, се обидоа да ја обработат но никогаш не можат тоа да го направат, бидејќи ако ја обработат ќе има и лек, и здравје, и за реумата и за се друго“.

„Тоа се муабети, бидејќи ќе им остане непродадена водата која ја продаваат по продавници. Така јас мислам. Затоа велат дека не е за пиење“.

„Не, не е вистина, јас не верувам во тоа, мене позитивно ми влијаеше. Ова можеби е некоја политичка игра за да забранат водата да се пие и да се консумира таа која ја продаваат“.

Минералната вода лоцирана околу реката Шкумбин ја користат илјадници граѓани, а Бањата ја посетуваат посетители од Скопје и Гостивар. Покрај водата, тетовската бања се посетува и за рекреација, особено кога температурите се високи. Според жителите, оваа вода е лек за кожата, реума и помага при дигестија на храната.

%20 - https://mk.tv21.tv/vodata-ne-e-za-piene-no-nema-tabla-za-izvestuvane-graganite-ne-veruvaat-vo-analizite-za-vodata-na-tetovskata-bana/?fbclid=IwAR3Z3uEX1uMrMrb_FbIdrnO6a1dSA6DSJ4tPg6QCNVtxFEp7RtM15sht9Kw


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Aug-2021 at 10:30
ШТЕДЕТЕ ВОДА Потклекнаа резервоарите за вода во Радишани и во Гази Баба

Поради енормно зголемената потрошувачка на водата за пиење има сериозни проблеми при водоснабдувањето во одредени делови од Скопје. Во изминатиов период резервоарите за вода во Радишани и во Гази Баба, поради преголемата потрошувачка, не можат да се наполнат и да го постигнат својот капацитет за работа, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“

Претпријатието апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури, а особено да избегнуваат непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, кои во континуитет најавуваат високи температури во наредиот период, повторно апелира до жителите на Скопје рационално и внимателно да се користи водата за пиење.

%20 - https://plusinfo.mk/shtedete-voda-potkleknaa-rezervoarite-za-voda-vo-radishani-i-vo-gazi-baba/


Posted By: user8642
Date Posted: 10-Aug-2021 at 13:13
Уште една причина зашто баш над Радишани му треба на Скопје една акумулација која ќе ги собере сите чисти води од огромната Скопска Црна Гора, и која ќе не заштити од овакви глупости да немаме вода преку лето, ќе не заштити од поплави и многу други придобивки.

Еве линк од предлог идејата: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3863 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3863


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Aug-2021 at 17:02
СРЕДЕ ЛЕТО, ПЕКОЛНИ ЖЕШТИНИ И КОРОНА ПАНДЕМИЈА ПОВЕЌЕ КРАТОВСКИ СЕЛА НЕМААТ ВОДА

[tube]d8_tDR9HK6g[/tube]

Пресушени чешми, но и пресушени ниви.. Ваква слика затекнавме денеска во кратовските села Секулица, Вакв, Шопско Рударе и Филиповце. Жителите од овој крај пред нашата камера велат дека од сушата и недостигот на вода најмногу страда добитокот и посадите од кои некои од жителите заработуваат.

За проблемот велат дека го информирале градоначалникот на Кратово, Љупчо Бојаџиев, но тој топката ја префрлил на „Силком“ - фирма која стопанисува со водоводот врз основа на концесиски договор.

И ТВ24 побара објаснување од кратовскиот градоначалник, но добивме сличен одговор.

„Разговарав со претставници од с. Сакулица и с. Вакв и ги упатив на вистинска адреса (Силком), со тоа што си земав обврска да разговарам со раководителот на „Силком“ со цел надминување на лошата состојба. Иницирав активирање на систем за дополнително вбризгување нови количини вода од ХЦ „Злетовица“ со што во иднина би бил надминат и долгорочно решен проблемот со оптимално водоснабдување“ рече Бојаџиев.

Од фирмата која стопанисува со водоводот во овој крај - „Силком“ објаснуваат дека општина Кратово како резултат на долготрајниот сушен период се соочува со сериозни проблеми поради недостигот на вода, но дека пробуваат да најдат соодветни алтернативи граѓаните да имаат пристап до вода во некој период од денот.

„Силком ДООЕЛ“ како концесионер и снабдувач со вода во изминатиот период беше принуден да превземе соодветни мерки со воведување рестрикции во одредени делови од градот и во одредени периоди од денот за да овозможи наизменичен пристап на вода на сите граѓани и одредени села од општината“ - вели Манчо Лампевски - управител на „Силком“.

Инаку жителите на некулкуте кратовски села кои останаа без вода, вчера во знак на протест го блокираа регионалниот пат кај Сакулица, по што се сретнаа со управителот на „Силком“ и се постигнал договор за снабдување со вода по претходно договорената шема.

Жителите велат дека доколку не се испочитува договорот и не се реши проблемот со водоснабдувањето, повторно ќе протестираат, овојпат со блокирање на патот кој води кон Скопје.

%20 - https://24.mk/details/srede-leto-pekolni-zheshtini-i-korona-pandemija-povekje-kratovski-sela-nemaat-voda


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Aug-2021 at 12:14


https://twitter.com/Prizma_BIRN/status/1426485533501448193/photo/1


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Aug-2021 at 08:21
Суша поради високите температури, празни резервоарите за вода во Г.Баба и Радишани

[tube]3tL8zn3CcSw[/tube]

Високите температури ја зголемуваат потребата за поголема свежина и ова доведе до фактот дека во текот на последните 40 дена количината вода за пиење што се користи секојдневно во Скопје е 30 илјади кубни метри повеќе отколку во периодот јануари – април.

Треба да бидете внимателни со употребата на водата или поточно, со нејзината злоупотреба. Од „Водовод и канализација“ повикуваат да бидете што е можно повнимателни, бидејќи колку повеќе трошите вода за пиење, толку помалку ќе имате за пиење“

Во Рашче има резерви на вода дури и ако нема дожд во следните два или три месеци. Сепак, ситуацијата е попроблематична со резервоарите во Гази Баба и Радишани, кога граѓаните ја користат навечер за да се освежат и да ги наводнуваат дворовите, да ги мијат автомобилите и слични ситуации. Но, овој проблем се појави и во други делови на главниот град. Ова доведе до тоа од 22 јуни да се активираат два бунара, тој во Нерези и Лепенец, од вкупно 7 колку што се на располагање. Од Водовод и канализација велат дека се надеваат на повисока свест кај граѓаните. Сепак доколку тоа не се случи, решението се гледа во Законот.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во наредните денови ќе преовладуваат високи температури во земјава.

%20 - https://alsat.mk/mk/susha-poradi-visokite-temperaturi-prazni-rezervoarite-za-voda-vo-g-baba-i-radishani/


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Aug-2021 at 07:28
Вода за пиење носат во количка – над 400 домаќинства во Количани без вода

Ги полни шишињата со вода од чешмата која се наоѓа на сред селото Количани, општина Студеничани, бидејќи дома немаат вода.

Џеват ја наполни количката со вода и ја турка до дома…

За да има вода дома, треба да наполни резервоар од илјада литри.

Истата мака ја делат уште 400 домаќинства во селото. При нашата посета, го сретнавме Џеват Аземовски советник во о.Студеничани. Тој вели дека парите се издвоени за изградба на водоводната мрежа, но дека нема политичка волја да се заврши работата.

Но, градоначалникот на Студеничани, Азем Садику вели дека за три дена ќе биде избрана компанијата која ќе ја гради мрежата. Не даде конкретен рок кога жителите на Количани ќе добијат вода во нивните домови!

„Секако дека е голем грев. Жителите донекаде имаат вода, но мрежата е дотраена. Сега со проектот, предвидено е паралелно да се изгради целосната секундарна мрежа со водомери. Секоја куќа ќе има плус резервоар за вода. Ќе се изгради нова цевка од изворот до резервоарот со која проблемот ќе биде решен 90%“, посочи Азем Садику.

И додека да биде изградена водоводната мрежа во с.Количани, децата се надеваат дека нема да ја имаат истата судбина како нивните родители и нема да стравуваат дека ќе останат без вода за пиење и одржување хигиена.

%20 - https://mk.tv21.tv/voda-za-piene-nosat-vo-kolichka-nad-400-domakinstva-vo-kolichani-bez-voda/


Posted By: user8642
Date Posted: 19-Aug-2021 at 10:55
Нека се обратат сега во општина Студеничани, општината со најнеприродните граници по верска линија во Македонија. Они нека им го решаваат проблемот. Многу е лесно да се дојде на власт, после иде потешкиот дел, да се владее. Цела Китка им е на располагање, а вода има во изобилство.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Sep-2021 at 17:06
Се празни акумулацијата „Стрежево“ од каде Битола и РЕК се снабдуваат со вода

[tube]RtrWnikN9l0[/tube]

Се празни акумулацијата „Стрежево“ од каде Битола и РЕК се снабдуваат со вода и се наводнува Пелагониското поле, а езерото се доближува до својот минимум. Тоа се должи на незапаметената суша годинава, но и нерационалната потрошувачка. Веќе се прават планови за да не се загрози водоснабдување на градот и Комбинатот во наредниот период, но и да се обезбедат резерви за следното лето, доколку нема врнежи и прилив во акумулацијата и оваа хидролошка сезона.

Климатските промени, долгите периоди без врнежи и нерационалното користење на водата ја пресушуваат хидро акумулацијата „Стрежво“ од каде Битола се снабдува со вода за пиење, РЕК со индустриска вода, а се наводнува и Пелагонија. Во моментот во акумулацијата има 38 милиони кубни метри и е сосема блиску до минимумот од   36 милиони.   Од јавното претпријатие велат дека оваа е најсушната години во 4 децениското постоењето на системот, со исклучително слаб прилив во акумулацијата и огромна потрошувачка.

https://telma.com.mk/2021/09/18/се-празни-акумулацијата-стрежево/ - https://telma.com.mk/2021/09/18/се-празни-акумулацијата-стрежево/


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Sep-2021 at 15:38
Кал и црнила од чешмите! Стружани деновиве без чиста вода за пиење



Втор ден водата од градскиот водовод во Струга е забранета за пиење и за одржување на лична хигиена поради дефектот на водоводната мрежа од пред неколку дена. Откако водата дојде, од чешмите на стружани протече вода со црна боја.

Од Водовод и канализација велат дека водата е загадена и не е за пиење. Работните тимови на претпријатието биле на терен, за да се реши овој проблем.

„Некој треба објаснување да даде, зошто нема вода. Без одговорност ова вака може да си тера и натака“, реагира еден граѓанин.

Дефектите на водоводната мрежа се чести, па се случува и цели населби да останат без вода. Во рок од пет дена, двапати немаше вода.

„Последно пред два дена, кога немаше цел ден. Како водата од Вардар, матна, темна, таква е матна и нечиста е. Како се снаоѓате? Трпиш, нема што, ќе се снаоѓаш, како се снаоѓаш. Се случува многу често во овие згради, на овој терен“…

„Не пиеме вода од чешма. Секогаш купуваме. Не чини. И сега не е добра водата од чешма“, рекоа граѓаните.

Ова го отежнува и работењето на бизнисите кои со буриња носат чиста вода.

„Ни треба чиста вода, а не ни треба загадена вода. Ова е бизнис, каде ние мораме да имаме чиста вода. Ова не се трпи“, рече Енис Истрефи-сопственик на пекара.

Забраната ќе важи најмалку до понеделник, кога треба да бидат готови и микробиолошките анализи. Денеска матноста е во рамките на дозволеното, но за пиење, стружани ќе треба да причекаат.

„При повторни дефекти на водоводната мрежа да се изврши хиперхлорирање со испирање со вода и истата да се испушти низ постоечките испусти, а потоа да се пушти во водоводната мрежа до домаќинствата“, наведоа од Центарот за јавно здравје.

Од детската градинка ни рекоа дека со години не ја користат водата од градскиот водовод ниту за пиење ниту за миење. Се снаоѓале со флаширана вода од приватни спонзори. Директорот на струшката болница не беше достапен да каже што прават и како се снаоѓаат кога водата е забранета, како сега. Директорот на Водовод и канализација, Дашмир Насуфи, рече дека последниот дефект бил предизвикан од ЈП Водостопанство кога го чистеле каналот покрај главниот пат Струга – Охрид. Според него, причина за дефектите била старата инфраструктура на мрежата.

https://alsat.mk/mk/struzhani-ostanaa-bez-chista-voda-za-piene/ - https://alsat.mk/mk/struzhani-ostanaa-bez-chista-voda-za-piene/


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Nov-2021 at 16:40
СТРУГА ЌЕ ДОБИЕ НОВА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА СО ШТО ЌЕ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТИГ НА ВОДА

Со реализација на проектот за реконструкција на водоводната мрежа, реконструкција на пумпната станица кај село Шум, замена на азбесните цевки и поставување систем за наводнување капка по капка на обработливите површини Општина Струга нема да има проблем со водоснабдувањето, најави струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Активностите на овој капитален проект ќе го решат долгогодишниот проблем на стружани кои скоро секоја година со месеци остануваа без вода.

Првата фаза од проектот предвидува реконструкцијата на доводен цевковод за водоснабдување на градот, реконструкција на секундарната водоводна мрежа, а во тек е инсталација на нови пумпи и реконструкција на објектот на пумпната станица во село Шум.

Градоначалникот Рамис Мерко вели дека почетната инвестиција е во вредност од 400 илјади евра обезбедени од Општината, а дополнителни 200 илјади евра ќе се трошат за зафатите со кои ќе се обезбедува вода во руралните средини. Целосното обновување на пумпната станица во Шум ќе биде финансирано од Министерство за транспорт и врски.

„Новата пумпна станица ќе троши помалку струја, а ќе исфрла повеќе вода. Исто така изворите кои се во близина, а кои досега служеа за наводнување на земјоделски површини ќе бидат ставени во функција за водоснабдување“ вели Мерко.

Мерко смета дека со поделбата на водоводот со современи цевки во селата и влезот на Струга, ќе се реши долгогодишен проблем и ќе се заменат азбесните цевки во градот.

„Правиме една почетна, но голема капитална инвестиција со пренасочување на водата со што Струга како град посебно ќе се приклучи на нов цевковод и нема да има повеќе проблеми со водоснабдувањето. Исто така доволни количини делиме за руралните средини така што водата од градот која досега се пушташе во селата сега директно ќе се пушта во руралните средини каде исто така ќе се решат проблемите. Следуваат и зафати за промена на азбесните цевки со што ќе обезбедиме квалитетна техничка и вода за напојување во Струга. Се планира и проект за наводнување капка по капка на 600 хектари обработлива површина со што во наредни 500 години Струга и селата нема да имаат проблем со водоснабдувањето“, објаснува Мерко.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/struga-ke-dobie-nova-vodovodnata-mrezha-so-shto-ke-se-reshi-problemot-so-nedostig-na-voda/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/struga-ke-dobie-nova-vodovodnata-mrezha-so-shto-ke-se-reshi-problemot-so-nedostig-na-voda/


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Jan-2022 at 17:45
Делови од Тетово вода имаат само по неколку часа наутро – револт кај граѓаните поради честите дефекти

Делови од Тетово по цели денови немаат вода за пиење, реагират жителите на градот по информацијата на комуналното претријатие дека по пет часа ќе има рестрикции во водоснабдувањето. Граѓаните на социјалните мрежи изразуваат револт од состојбата, затоа што на секои десетина дена во текот на есента и зимата се соочуваат со долготрајни прекини во водоснабдувањето.

-Во Блок 70 доаѓа во 5 часот сабајле и има до 7 часот. После нема цел дури утредента сабајле во 5 часот ќе дојде. Секои десет дена има дефект, срамота. Дали во овие рестрии ќе има и намалување на сметките. Зошто да плаќам вода кога ја нема. Три дена немам вода, каква рестрикција. Да не е малку повеќе од 5 часа? Редно е да се напрае нешто, ја претеравте, се коментарите на тетовци за најновите рестрикции.

Пред неколку недели, кога од 17 до 22 декември имаше рестрикции градоначалникот Биљал Касами најави дека ќе се испитува зошто доаѓа до чести дефекти на новиот водоснабдителен систем и ќе се бара долготрајно решение. Тој образложи дека има осум проблематични точки на целиот довод за вода од Лешница до пречистителната станица. Во декември имаше рестрикции од 01 до 04 часот и од 13 до 16 часот, но според жителите на Тетово и тогаш во делови во градот вода за пиење имало само по еден до два часа.

https://mk.tv21.tv/delovi-od-tetovo-voda-imaat-samo-po-nekolku-chasa-nautro-revolt-kaj-graganite-poradi-chestite-defekti/ - https://mk.tv21.tv/delovi-od-tetovo-voda-imaat-samo-po-nekolku-chasa-nautro-revolt-kaj-graganite-poradi-chestite-defekti/


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Jan-2022 at 15:51
ГОЛЕМ ДЕФЕКТ НА ЦЕВКА НА ГОЛОГАНОВ Жители на Тафталиџе и на Козле останаа без вода

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ од утринските часови се на терен и работат на отстранување на дефектот на цевка со дијаметар 400мм на улицата Теодосиј Гологанов, односно на раскрсницата со улицата Анкарска.

Поради сериозниот дефект, вода немаат жителите од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Анкарска, Атинска, Њуделхиска, Бахар Моис Римска, Панче Пешев, Наум Евро и дел од Борка Талевски, а со намален притисок се корисниците од населбата Козле.

„Нашите екипи заедно со потребната механизација, работат на што побрзо oтстранување на дефектот и ќе останат на терен до целосно завршување. Се работи за деликатен дефект, на поголема длабочина, каде парче од цевката е целосно откинато од истата“, информираат од „Водовод и канализација“.

https://plusinfo.mk/golem-defekt-na-cevka-na-gologanov-zhiteli-na-taftali-e-i-na-kozle-ostanaa-bez-voda - https://plusinfo.mk/golem-defekt-na-cevka-na-gologanov-zhiteli-na-taftali-e-i-na-kozle-ostanaa-bez-voda


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jan-2022 at 16:41
Месецов ќе почне да се решава проблемот со водоснабдувањето во Кучково

Општина Ѓорче Петров овој месец ќе започне со решавање на проблемот со водоснабдувањето во Кучково. Како што информираат општинските служби, од страна на ИЗИИС изработен е елаборат за потенцијални места каде што е можно да има поголема количества подземна вода.

– Во план е да се изврши бушење според претходно изработена техничка документација. Пред реализација на оваа постапка, според законската регулатива, треба да биде избрана фирма која ќе го изврши бушењето, преку системот за јавни набавки. По избор на изведувачот ќе почне реализација на проектот – објаснуваат од локалната самоуправа од каде што очекуваме постапката да почне во текот на овој месец.

Кучковци минатото лето на плус 40 степени Целзиусови мораа да се снаоѓаат без вода и бараат од Општина Ѓорче Петров конечно да го реши проблемот,

Одговорни лица од Општина Ѓорче Петров тогаш беа во посета на Кучково, заедно со ангажирана надворешна фирма која е стручна во областа за искористување на подземните бунари и пумпните постројки во истите. Притоа, констатираа дека сите четири бунари (бушотини) кои се со длабочина од 32 до 120 метри се суви, односно нема доток на вода во нив.

– Во претходниот период направени се четири бунари на различни локации, каде во почетокот имало некоја количина на вода, но поради карсноста на земјиштето, водата постепено се губи, а бунарите остануваат суви – нагласија тогаш од локалната самоуправа.

Оттаму додадоа дека жителите на Кучково биле известени дека е изработена студија за местоположба – наоѓалишта на подземни води, преку Институтот за геосеизмичко инженерство и геохидролошка анализа, каде што е утврдено можно наоѓалиште на подземна вода на длабочина од 120 до 150 метри.

https://www.vecer.press/месецов-ќе-почне-да-се-решава-проблемо/ - https://www.vecer.press/месецов-ќе-почне-да-се-решава-проблемо/


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jan-2022 at 11:56
Тетово без вода, Касами чека да се подобри времето – комуналното претпријатие нема капацитет да интервенира

Прашањето со водата за пиење во Тетово и понатаму останува нерешен проблем за општината. Градоначалникот, Билал Касами вели дека додека не се подобри времето не може да се интервенира на местото каде се појавил дефектот. Вели дека Општинското претпријатие нема капацитет да интервенира, затоа чекаат помош од надворешни фирми.

„Самото претпријатие беше горе, не можеше да интервенира, временските услови веќе се проблематични и не може да се пристапи до местото на дефектот поради снегот. Последните два дена имав состанок со 2 компании кои се бават со санирање на вакви дефекти и повторно ќе се интервенира во моментот кога ќе се создадат временски услови за да имаме вода за пиење, но исто така ние ќе одиме и со долгорочно решение кое ќе излезе по ревидирање на проблемот“, посочи Биљал Касами.

Иако пред неколку недели Касами истакнаа дека наредил санирање на бунарите, во моментов само 2 се во функција.

„Моментално имаме само 2 од 6 бунари во функција во Тетово, кај кои ниту е интервенирано, ниту се функционални. Потребна е интервенција почнувајќи од пумпите па се до електронскиот систем за да се стават во функција. Во процес е подготовката на документацијата бидејќи станува збор за тендерска постапка за набавување на пумпи кои моментално не се во функција. Треба да се обезбедат нови пумпи за бунарите да се стават во функција и верувам дека врз основа на тендерската постапка и одредените постапки и тие ќе бидат ставени во функција“, додава Биљал Касами.

Од почетокот на зимата, повеќе од четири пати водоводната мрежа на Лешница беше оштетена, а поради тоа жителите на Тетово и околината неколку дена останаа без вода за пиење. Градоначалникот изјави дека формирана е Комисија за оценување на квалитетот на завршените работи во овие водоводни мрежи кои тетовци ги чинеа милиони евра.

%5bhttps://mk.tv21.tv/tetovo-bez-voda-kasami-cheka-da-se-podobri-vremeto-komunalnoto-pretprijatie-nema-kapatsitet-da-intervenira/ - [https://mk.tv21.tv/tetovo-bez-voda-kasami-cheka-da-se-podobri-vremeto-komunalnoto-pretprijatie-nema-kapatsitet-da-intervenira/


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Jan-2022 at 16:42
ЌЕ СЕ МЕНУВААТ ЦЕВКИ ВО ДОЛЖИНА ОД 11 КИЛОМЕТРИ Само тоа ќе го спаси Тетово од жед

Дефектот со водоснабдувањето во Тетово ќе се реши привремено, а на пролет се планира целосно да се замени водоводната мрежа во должина од 11 километри, велат од Општинското јавно претпријатие, од каде објаснуваат дека причина за честото пукање на истата цевка е што таа не е поставена според потребниот стандард за да го издржи притисокот на водата.

– Сега го поместуваме прстенот кој треба да го санира дефектот. Во рок од неколку денови или денес-утре може да се санира, но може и да потрае поради временските услови. Цевките во документација се напишани поинаку, а на терен има други цевки кои не ги исполнуваат критериумите и затоа се појавуваат дефекти. Во документот се наведени цевки од 12 бари, додека на терен има цевки од 6 бари кои не го трпат притисокот. Во координација со градоначалникот на пролет ќе ја разгледаме водоводната мрежа и приближно 10 или 11 километри цевки ќе треба да смениме – велат за Алсат од претпријатието

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами најави ревизија на целиот проект и откри дека тој немал технички прием пред да биде пуштен во употреба.

Половина Тетово веќе две недели е без вода за пиење.

https://plusinfo.mk/e-se-menuvaat-cevki-vo-dolzhina-od-11-kilometri-samo-toa-e-go-spasi-tetovo-od-zhed/ - https://plusinfo.mk/e-se-menuvaat-cevki-vo-dolzhina-od-11-kilometri-samo-toa-e-go-spasi-tetovo-od-zhed/


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jan-2022 at 14:51
ЈП Водовод и канализација Скопје започна со работни активности на отстранување на дефектот на водоводна цевка ф600 на булевар Александар Македонски.
Со цел поголема ефикасност во изведбата на работните активности, две коловозни ленти на булеварот се затворени, а протокот на возила е овозможен само по една коловозна лента. Според најавите за текот на активностите, од ЈП Водовод и канализација информираат дека не се очекува прекин во водоснабдувањето, но во случај на непредвидени проблеми, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на општина Гази Баба, Автокоманда, Ченто, Сингелиќ, Стајковци, Инџиково, Маџари, Хиподром и хотел Белви.





https://www.facebook.com/CityofSkopje - https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Apr-2022 at 11:15
ПОВТОРНО РЕСТРИКЦИИ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ТЕТОВО

Тетово повторно има проблеми со недостаток од вода за пиење. Проблем кој е присутен не години, туку децении наназад. Во овие зимски и пролетни месеци штедроста на Шарските извори е многу намалена како и на дотокот на реката Пена од каде се зафаќа дел од водата, а сето ова најмногу го чувствуваат жителите на повисоките реони на градот: Колтук, Два Бреста, Горна чаршија. Вода во нивните чешми ретко доаѓа, а и кога ја има, тоа е само еден до два часови во денот и тоа во раните утрински часови.

„Имам 62 години и од кога паметам имаме проблеми со водава. Секоја година е така. По цели денови до осум сабајле и после до четири Вода носиме од чешмата во црквата, некогаш мора да одиме и до Горна Чаршија за да наполниме од чешмата кај млинот. Не е тоа шише или две, треба да донесеш најмалку едно 50-60 литри вода дневно. Неодамна во маалово се запали куќа а ние вода да ја изгаснеме немавме“.

„Без вода сме по цели денови. Вчера воопшто немавме, денес на кратко дојде и малку. Полниме шишиња, бокали, буриња, друго ништо не ни останува да правиме“

„Не е само сега, со години е вака. Едно време имаше малку, па сега пак ја сопираат. Ајде нов водовод пуштија и пак истото. Мислат дека овде не живеат луѓе. Па така му доаѓа тоа. Еден ручек да направиш мора вода да има. Некни кога немаше три дена вода. Немаш вода ниту за готвење ниту за тоалет“.

Вака се жалат на недостатокот од вода Ѕвонко Самојловски, Нада Стевческа и Ѓурадије Рамадани, жители на овие тетовски населби.
Од ЈКП велат дека се немоќни бидејќи поради зимскиот период и доцното топење на снегот приливот на вода во изворите и во овој период од годината драстично се намалени, додека пак последниве дождови уште повеќе ја усложнија состојбата со недостаток од вода за пиење.

„Во функција на водоснабдување на Тетово се два водоводи. Од Лешничкиот водоснабдителен систем добиваме 145 литри во секунда за ова време, додека Уливеричките и Вакувски извори на Шар Планина од 120 до 130 литри. Заедно со бунарите кои се активирани во овој дел од годината добиваме од 300 до 310 литри вода во секунда. Но, за жал од денес состојбата во водата за пиење во Тетово е дополнително влошена. Како резултат на обилните врнежи дожд кои паднаа овие денови, водата што доаѓа од зафатот кај Лешница претрпе загадување и поради тоа е запрен овој доток. Количината на вода што доаѓа од другите извори и бунарите е 260 литри во секунда и таа количина не е доволна за нормално снабдување на сите граѓани. Поради тоа, претпријатието одлучи од 23:00 до 03:00 часот наутро да има рестрикција на вода“, соопштуваат од ЈКП Тетово.

Ваквиот режим на рестрикции ќе важи сé додека анализата на водата од изворот на Лешница не покаже дека водата е чиста и ги исполнува условите да биде пуштена во употреба, велат тетовските комуналци.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/povtorno-restriktsii-na-vodata-za-piene-vo-tetovo/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/povtorno-restriktsii-na-vodata-za-piene-vo-tetovo/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-May-2022 at 13:08
ДРАЧЕВО И ДОЛНО ЛИСИЧЕ ОД ВЧЕРА СЕ БЕЗ ВОДА, ОД „ВОДОВОД“ ВЕЛАТ ПУКНАТА Е ГОЛЕМА ЦЕВКА, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ДЕФЕКТОТ ЌЕ БИДЕ РЕШЕН



Од синоќа населбите Драчево, Усје, Долно Лисиче како и другите приградските населени места од тој дел на Скопје се без вода. Пукната е цевка со профил Ф600 на улица Борис Трајковски, а како што велат од ЈП „Водовод и канализација“ дополнително се појавиле и дефекти на спојките, па затоа потребно е подолго време да се санира дефектот.

„Екипите работат цела ноќ, очекуваме во текот на денот водоснабдувањето да биде стабилизирано. Кога почна да се копа ровот за санација на цевката која пукна беа откриени уште неколку дефекти на спојните делови на цевката, а како резултат на сложеноста на теренот каде се работи и видот на дефектите, санацијата продолжи во текот на целата вечер и денешниот ден. Во моментот екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје го санираат четвртиот дефект“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

За граѓаните кои живеат во тој регион, обезбедени се 2 цистерни со питка вода и уште 2 цистерни со техничка вода. Цистерни ќе циркулираат и низ населените места каде има прекин на водоснабдувањето и за задоволување на потребите на училиштата и градинките.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/drachevo-i-dolno-lisiche-od-vchera-se-bez-voda-od-vodovod-velat-puknata-e-golema-tsevka-vo-tekot-na-denot-defektot-ke-bide-reshen/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/drachevo-i-dolno-lisiche-od-vchera-se-bez-voda-od-vodovod-velat-puknata-e-golema-tsevka-vo-tekot-na-denot-defektot-ke-bide-reshen/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-May-2022 at 13:16
(ВИДЕО) Вода за пиење има сѐ помалку, а и таа ретко кој ја плаќа

[tube]9isi_gJUpA8[/tube]



https://360stepeni.mk/video-voda-za-piene-ima-s-pomalku-a-i-taa-retko-koj-ja-plaka/ - https://360stepeni.mk/video-voda-za-piene-ima-s-pomalku-a-i-taa-retko-koj-ja-plaka/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Sep-2022 at 17:27
Ќе остане ли Куманово без вода за пиење? Кумановски „Водовод“ не плаќал струја, му го раскинале договорот

Опции се снабдување од универзален снабдувач и од снабдувач во краен случај, но ако јавното претпријатие е неликвидно и не може да плаќа прашање е дали некој ќе превземе обврска да плаќа за да може Куманово, најголемата општина во Македонија, да се снабдува со вода за пиење

Општината со најмногу жители во Македонија се соочува со ризик во догледно време да остане без вода за пиење. Вода има, но општинското комунално претпријатие „Водовод“ го изгуби својот снабдувач заради тоа што не ги плаќал сметките за вода. Договорот за снабдување со електрична енергија кумановски „Водовод“ го склучи на 1 март годинава и неговата вредност за набавка на струја беше еден милион евра без ДДВ.По само неполни 6 месеци соработка ЕДС, најдобриот снабдувач избран на тендер, одлучил да го раскине договорот со кумановски „Водовод“, а причината е нередовното плаќање на сметки.

Договорот уредувал „Водовод“ струјата да ја плаќа по просечна месечна цена која е постигната на ХУПЕКС берзата за струја во Унгарија. А на таа цена за својата услуга и покривање на своите трошоци ЕДС би пресметал 22,5 отсто маржа. Договорот требало да важи до искористување на износот од 1 милион евра или надолго 12 месеци од неговото склучување.

Компанијата за снабдување го раскинала договорот и во својот одговор до „Фактор“ наведува дека ги исцрпеле сите можности за соработка со “Водовод“ и било неминовно да донесат таква одлука. При тоа објаснуваат дека за „Водовод“ на располагање се опциите да биде снабдуван од универзалниот снабдувач или од снабдувачот во краен случај.

„Фактор“ побара информација и став и од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и доколку добиеме известување ќе го објавиме во целост.

Еве го интегралниот текст на одговорот од компанијата ЕДС:

„ЕДС АД Скопје (Energy Delivery Solutions) е компанија која што веќе 10 години постои на македонскиот пазар и која што постојано работи по највисоки професионални и корпоративни стандарди обезбедувајќи квалитетно и непречено снабдување со енергија за своите клиенти.

За да обезбедиме непречено снабдување со енергија особено во ситуација кога цената на електричната енергија се менува од час во час, а ЕДС АД Скопје истата ја плаќа однапред, континуитетот на снабдување за целата балансна група (сите наши клиенти заедно) зависи и од ажурноста со која што клиентите ги подмируваат своите финансиски обврски согласно договорите за снабдување со електрична енергија.

Така кога некои од нашите клиенти ќе се соочат со сериозно задоцнување во прашање се доведува стабилноста на целата балансна група и ЕДС понекогаш доаѓа во ситуација кога поради неподмирени обврски на дел од клиентите се загрозува и снабдувањето со електрична енергија на останатите клиенти кои уредно и навремено ги сервисираат своите обврски. Нашата компанија има целосно разбирање за предизвиците со кои што се соочуваат сите деловни субјекти во енергетска и во финансиска смисла и кога ќе дојдеме во ситуацијата некои од клиентите да се соочуваат со проблеми при подмирувањето на своите обврските, ние работиме со нив да најдеме начин како соработката да продолжи, а клиентот да има непречено снабдување, особено кога се работи за клиенти чија примарна дејност е давање услуги кон граѓаните и домаќинствата.

Во таков случај, на клиентите им нудиме олеснување на обврските, односно подмирување на долговите на рати. Но, за жал понекогаш доаѓаме во ситуација во која што за да ја заштитиме целата баланса група и стабилноста во снабдувањето, принудени сме да ги искористиме законските решенија за раскинување на договорот и прекин на испораката кон некои од клиентите. Во секој случај, на овие клиенти секогаш им останува опцијата да бидат снабдувани од страна на Универзалниот снабдувач, односно Снабдувачот во краен случај, во зависност од нивниот законски третман, односно дали се или не се мали потрошувачи. Самиот прекин на испораката од страна на ЕДС АД Скопје не значи дека тие потрошувачи ќе останат без електрична енергија.

Затоа, апелираме до сите наши клиенти и до јавноста дека разумното користење на електричната енергија и навременото подмирување на обврските е клучно за стабилноста на системот и снабдувањето со енергија во денешните дадени услови.

https://faktor.mk/kje-ostane-li-kumanovo-bez-voda-za-pienje-kumanovski-vodovod-ne-plakjal-struja-mu-go-raskinale-dogovorot - https://faktor.mk/kje-ostane-li-kumanovo-bez-voda-za-pienje-kumanovski-vodovod-ne-plakjal-struja-mu-go-raskinale-dogovorot

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Oct-2022 at 14:50
Проблеми со водоснабдувањето во Охрид, изворите слаби, се црпи вода од езерото

Ако не е Охридското езеро, охриѓани можат да останат без вода за пиење. Во ситуација кога поради слабиот капацитет на останатите извори, од каде градот се снабдува со вода, околу 40-50% од водата сега доаѓа од езеро. Таа се прочистува и хлорира пред да стигне до чешмите на граѓаните.

„Во моментот работи една пумпа со 50 литри во секунда. Само 50 литри се доволни во овие периоди и за одржување на системот за хлорирање кон Пештани…“, вели Љубе Трајаноски- Водовод Охрид.

„Имаме намалена издашност на Летнични извори. Ако била над 150 литри во секунда, сега сме на 50-60 литри во секунда. И ќе треба да се бараат некакви алтернативни извори, да се обезбеди доволно. Најголем дел од водата сега се добива од изворите во езерото од препумната станица кај Метропол“, рече Марјан Ристески-директор на Водовод Охрид.

Решение за проблемот со водоснабдувањето на Охрид е изградба на нов цевковод од 25 километри. Првичните проценки се дека се потребни околу 6 милиони евра, но сега со новите цени на пазарот таа сума би достигнала и до 10 милиони.

„Еден и единствен спас за Охрид се Свинишки извори. Тој проект е готов од 2009 година. Чека за реализација, меѓутоа такви се условите. Никако да се најдат средства за изградба“, рече Љубе Трајаноски- Водовод Охрид.

Водоводната мрежа во Охрид е прилично застарена и сè уште има азбестни и салонитни цевки. Се работи на мрежа долга повеќе од 212 километри, но заменети се само 30% од цевките.

https://alsat.mk/mk/problemi-so-vodosnabduvaneto-vo-ohrid-izvorite-slabi-se-tsrpi-voda-od-ezeroto/ - https://alsat.mk/mk/problemi-so-vodosnabduvaneto-vo-ohrid-izvorite-slabi-se-tsrpi-voda-od-ezeroto/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-May-2023 at 17:08
(ВИДЕО) Живот без вода на петнаесетина километри од Скопје

[tube]ImjDIKhBV_g[/tube]

https://360stepeni.mk/video-zhivot-bez-voda-na-petnaesetina-kilometri-od-skopje/ - https://360stepeni.mk/video-zhivot-bez-voda-na-petnaesetina-kilometri-od-skopje/

-------------
Carpe diem


Posted By: user8642
Date Posted: 10-May-2023 at 17:48
Si imaat etnichko-religiski skroena opshtina Studenichani. Sega treba da se zasukaat rakavi i da se poraboti. Za kogo glasale (citaj "polnele kutii") toj neka im gi reshava sega problemite. Ne e ova za na tv.


Posted By: Triki
Date Posted: 12-Oct-2023 at 10:56
Постои ли законски минимум на притисок што водовод мора да го исполни? Последниве години притисокот на Исаија Мажовски во Хром е во големо опаѓање, поготово со сите нови згради што се градат на таа улица стана катастрофален. Дали може законски да се реагира кон водовод да го зголеми или останува на секој да се снаоѓа?


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Nov-2023 at 18:36
Жителите на Хиподром оставени на цедило без вода

Жителите од населбата Хиподром реагираат дека откако се проширила населбата Хиподром 2, односно се изградиле куќи, згради, ресторани, сè било поврзано на иста водоводна мрежа, поради што воопшто немаат притисок. Велат, иако тоа било пријавено во ЈП „Водовод“, оттаму не го решаваат проблемот. Револтираните жители се закануваат дека ако не се реши недостигот со вода, ќе организираат голем протест, а ќе го повикаат и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски



Жителите од населбата Хиподром кај зградите до автопатот, поточно на улицата „Жан Жорес“, се револтирани бидејќи имаат проблем со недостиг, односно со слаб притисок на вода. Реагираат дека никако не се решава проблемот подолго време. Тие се оставени на милост и немилост на надлежните институции.

Проблемот, според жителите, настанал откако се проширила населбата Хиподром 2, односно откако се изградиле куќи, згради, ресторани, па сè било поврзано на иста водоводна мрежа, поради што воопшто немаат притисок.

Овој проблем е особено изразен кај оние кои живеат погоре, кај кои, како што велат, нема ни капка вода.

Тие велат дека немањето притисок било пријавено во јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

– Од претпријатието доаѓаат, не преземаат ништо и си одат, со образложение дека требало да го пријават проблемот во Општина – потенцираат жителите што се засегнати од ова.

Револтираните жители се закануваат дека ако не се реши недостигот со вода, ќе организираат голем протест, а ќе го повикаат и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Од Општина Гази Баба велат дека и до нив пристигнале реакции од граѓаните.

– Општината реагираше до ЈП „Водовод и канализација“ во чија надлежност е водоснабдувањето на населеното место Хиподром. Општина Гази Баба е подготвена да ги преземе сите потребни чекори за решавање на овој проблем, но најнапред е потребна волја за изнаоѓање решение од јавното претпријатие под чија надлежност е водоснабдувањето – децидни се од локалната самоуправа.

Од ЈП „Водовод и канализација“ одговорија дека по направената проверка на посочената локација пронајден е еден дефект и утре ќе се работи на него, по што ќе се провери дали проблемот со намален притисок потекнувал од дефектот.

https://www.vecer.press/%d0%b6%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%85%d0%b8%d0%bf%d0%be%d0%b4%d1%80%d0%be%d0%bc-%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%b4%d0%b8/ - https://www.vecer.press/%d0%b6%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%85%d0%b8%d0%bf%d0%be%d0%b4%d1%80%d0%be%d0%bc-%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%b4%d0%b8/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Nov-2023 at 13:53
ТЕТОВЧАНИ, НАЗДРАВЈЕ: Од денес на сила шест часовни рестрикции на вода!

Во Тетово од денеска ќе има привремен прекин во водоснабдувањето секојдневно по вкупно шест часа поради рестрикциите што ги воведе јавното комунално претријатие. Причина е дефектот на филтрите во пречистителната станица на новиот водоснабдителен систем.

-Недостатокот на вода е резултат на дефект на филтрите од пречистителната станица на изворите во Лешница, кои што моментално се надвор од употреба. Принудени сме да превземеме рестриктивни мерки за водоснабдување според следниот распоред- во временски интервал од 12:30 до 15:30 часот и во временски интервал од 01:00 до 04:30 часот. Бараме разбирање за оваа непријатна ситуација во овие ограничени временски периоди на водоснабдување, информираат од ЈКП Тетово.

Од ЈКП Тетово истакнуваат дека нивните работници работат на надминување на техничките проблеми.

https://www.faktor.mk/tetovchani-nazdravje-od-denes-na-sila-shest-chasovni-restrikcii-na-voda - https://www.faktor.mk/tetovchani-nazdravje-od-denes-na-sila-shest-chasovni-restrikcii-na-voda

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Dec-2023 at 15:13
ПОПЛАВАТА КАЈ МКЦ ОСТАВИ БЕЗ ВОДА ГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ: Цистерна со вода ќе поминува додека да се санира пукнатата цевка





ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека во однос на дефектот на Ф-600 мм на ул.Кеј Димитар Влахов 15 до МКЦ во населба Центар, заради кој со прекинато водоснабдување се корисниците на дел од Крњево, Керамидница, ТЦ Ист Гејт, Бул.Александар Македонски до бензинската пумпа Лук Оил, Пожарна, а со намален притискок Маџари и Хиподром, од страна на екипите на претпријатието се превземени сите активности и мерки за отстранување на истиот.

Од рано изутрина екипите се излезени на терен со целосна механизација и системски работат на отстранување на дефекот.

Во овој момент неможе да се предвиди точното време на санирање на дефекот, но екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се и ќе останат на терен се до целосно отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето во сите делови каде истото е прекинато.

https://www.faktor.mk/poplavata-kaj-mkc-ostavi-bez-voda-golem-broj-gragjani-cisterna-so-voda-kje-pominuva-dodeka-da-se-sanira-puknatata-cevka - https://www.faktor.mk/poplavata-kaj-mkc-ostavi-bez-voda-golem-broj-gragjani-cisterna-so-voda-kje-pominuva-dodeka-da-se-sanira-puknatata-cevka

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Dec-2023 at 15:30
Пукната цевка кај МКЦ остави без вода за пиење голем број домаќинства

[tube]zPdXxo6PqM8&t=103s[/tube]

https://kanal5.com.mk/puknata-cevka-kaj-mkc-ostavi-bez-voda-za-pienje-golem-broj-domakjinstva/a616644 - https://kanal5.com.mk/puknata-cevka-kaj-mkc-ostavi-bez-voda-za-pienje-golem-broj-domakjinstva/a616644

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window