Print Page | Close Window

Mavrovo 1 и 2 Residence

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3763
Printed Date: 28-Apr-2024 at 02:18


Topic: Mavrovo 1 и 2 Residence
Posted By: kultuzin
Subject: Mavrovo 1 и 2 Residence
Date Posted: 18-May-2016 at 17:00


Прв станбен комплекс во Маврово


Од Виктор Кирјаковски -

May 18, 2016


До крајот на годината Маврово ќе го добие првиот станбен комплекс на површина од околу 6,000 метри квадратни и 105 апартмани за индивидуално домување.

Комплексот се наоѓа на надморска височина од 1.300 метри, оддалеченост од само 150 метри од ски-лифтовите и поглед на Мавровско Езеро.

Александар Смилковски, од компанијата инвеститор Пелагонија Гостивар, посочи дека станува збор за инвестиција од околу 3,2 милиони евра што ќе го направи Маврово одлична дестинација низ целата година за оние кои го сакаат планинскиот туризам.

– Целиот комплекс, со сите негови внатрешни и надворешни содржини, е направен според најсовремени стандарди и трендови за домување. Наместо да изградиме уште еден хотел, направивме комплекс на станови каде секој може да стане сопственик на стан во Маврово, изјави Смилковски.

Влатко Богоевски од Фортон, агенцијата за недвижнини одговорна за продажба на становите, при денешното означување на почетокот на продажбата, изјави дека целиот објект е енергетски ефикасен и располага со сопствена трафостаница, сопствен паркинг и дека квалитетот на становите е на високо ниво.

Посочи дека цените ќе се движат од 600 до 900 евра за метар квадратен.

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Мукрем Мехмеди посочи дека со оваа инвестиција Маврово добива нов објект што ќе привлекува повеќе туристи и ќе овозможи еден нов модел на вложување со купување на сопствени апартмани.

Izvor: a1.com.mk
http://tvorbis.com.mk/?p=35193



Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 28-May-2016 at 13:57
Originally posted by kultuzin



Прв станбен комплекс во Маврово

Izvor: a1.com.mk
http://tvorbis.com.mk/?p=35193








од фејсбук страницата на ГП Пелагонија Гостивар

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 28-May-2016 at 14:00
Срање.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Aug-2020 at 09:45
Ова е делува доста модерно,чинам сеуште е најава ама заслужува да го следиме одвоено овој проект



Рендери















...



https://mavrovo2.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Aug-2020 at 09:48
Зарем веќе е во градба...?

Mavrovo2 is a modern residential complex on the slopes of Mavrovo National Park, currently undergoing construction. When finished in 2021 it will provide its new residents an unrivaled access to the beauties of Mavrovo National Park all year round.

https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Aug-2020 at 09:50
Еве и едно видео,никаде нема фотки дека градбата е во тек

https://www.facebook.com/fortonmk/videos/338331604001988


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Aug-2020 at 10:01






Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Aug-2020 at 10:02
Од брошурата https://mavrovo2.mk/wp-content/uploads/2020/08/MAVROVO2-broshura.pdf





Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 10-Aug-2020 at 23:04
https://apps.sentinel-hub.com/eo-browser/?zoom=16&lat=41.64966&lng=20.73951&themeId=DEFAULT-THEME&datasetId=S2L2A&fromTime=2020-08-04T00%3A00%3A00.000Z&toTime=2020-08-04T23%3A59%3A59.999Z&layerId=1_TRUE_COLOR&visualizationUrl=https%3A%2F%2Fservices.sentinel-hub.com%2Fogc%2Fwms%2Fbd86bcc0-f318-402b-a145-015f85b9427e

Tuka na snimkata od 4ti Avgust se gleda deka e vo gradba.


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Aug-2020 at 10:13
Mavrovo2 Residence, нова хит дестинација за вљубенците во планината

Маврово важи за една од нашите најубави места во државата. Живописно место, идеално за одмор и релаксација преку целата година. Но досега, единствена можност да се поседува своја недвижност беше да се купи земја на која ќе изградите своја викендица. Тоа повлекува огромни средства за инфрастуктура како пристапен пат, струја, вода и ја прави одлуката за инвестиции во таква недвижност нерационална.

Поседувањето свој апартман во индивидуален станбен објект од само неколку станбени единици со посебен влез на планина звучи како идеална можност за сите што сакаат да имаат алтернативна дестинација за престој во период на викенди, одмори, празници и преку целиот период од годината. По примерот на големите ски центри или планински места, токму една ваква можност ќе биде достапна во срцето на Маврово, на помалку од 100 метри одалеченост од скијачките лифтови. Станува збор за инвестицијата на компанијата Forton Invest која токму на оваа локација наскоро ќе почне со изградба на индивидуални станбени единици. За Forton Invest, за ова најнова инвестиција во градежниот сектор како и за можностите што ќе ги понуди, во интервју за Фактор зборува Александра Петрушевска, извршен директор на компанијата.

Петрушевска: Forton investment е новоформирана компанија која е „ќерка" фирма на FORTONMKA/Cushman&Wakefield, компанија која има долгогодишно успешно работење на пазарот на недвижности во Македонија и регионот како специјализирана компанија за посредување и консалтинг. Во текот на годините со успешното работење на FORTONMKA/Cushman & Wakefield во секторот на недвижности, сосема природно се наметна потребата од формирање на Forton Invest, компанија која има за цел да се фокусира во градежниот сектор преку инвестирање во изградба на недвижности. Преку оваа компанија практично влегуваме за прв пат во инвестициска активност и следејќи ја експертизата и знаењето на ‘мајката’ фирма, Forton Invest влегува во облaста на градежништвото со фокус на комерцијалниот и резиденцијалниот дел на недвижностите. За почеток се одлучивме за изградба на нешто не несекојдневно и уникатно, но многу атрактивно за нашиот пазар, а тоа е комплкес во една од најубави природни локации, националниот парк Маврово, Mavrovo2 Residence.

Од каде идејата токму Маврово како место за инвестирање и зошто токму колективно домување на планина?

Петрушевска: Маврово не е случајно избрана локација, но е резултат на претходни опсежни анализи на пазарот на недвижности. Нашите истражувања покажаа дека има недоволна искористеност на нашите планински центри, особено Маврово земено како наш најатрактивен природно рекреативен потенцијал. Дополнително дојдовме до сознанија дека постои голем интерес на поедноставен и попрактичен начин да се дојде до свое живеалиште на планина. На глобално ниво, или во атрактивните ски и планински центри, се повеќе има побарувачка на апртмани за купување пред се поради својата предност која ја носат. Динамичниот и професионален животен стил, не дозволува доволно време за изградба на викендица, што од друга страна бара редовно и високо одржување, како и сложените административни процедури ги обесхрабруваат потенцијалните купувачи. Апартман во индивидуална станбена зграда со неколку станбени еденици е далеку поедноставно и поприлагодено решение за свој дом на атркативна локација за одмор. Од овие причини сме сигурни дека Mavrovo2 Residence ќе биде привлечна солуција. Маврово самото по себе, со чистиот воздух преку целата година и природата е идеално прибежиште од градскиот метеж, како и да се создат здрави навики за спортување во природа и планинарење со цел да се намали стресот, да се релаксираат и луѓето да ја обноват својата енергија.

Каква е всушност самата инвестиција Mavrovo2 Residence. За каков концепт се работи, колку и какви објекти се планирани и со кои големини?

Петрушевска: Mavrovo2 Residence е проект кои пред се има многу атрактивна локација, на која работевме повеќе од две години да ја откупиме од голем број на сопственици. Се планира да се гради во две фази. Комплексот ќе се протега на површина од приближно 8500 м2, ќе има уникатна архитекстонска градба во каскаден редослед и се наоѓа на падините веднаш до скијачките терени. Локацијата е внимателно избрана за да понуди беспрекорен поглед кон планиниски падини односно скијачките терени и езерото. Истовремено се наога на само 3 минути пешачење до почетната точка на ски лифтовите или до подножјето на скијачките патеки. Комплесот ќе понуди станбени единици како и индивидуални куќи со површина од 40 до 100 м2. Завршните материјали ќе бидат на база на природни материјали како дрво и природен камен се со цел да понудат пријатен и топол амбинет за идните станари. Како момент на есклузивитет ќе понудиме и одреден број на станови со камини и спа центар на најгорното ниво. Нашата намера е да изградиме апартмани во кои идните станари ќе го почуствуваат вистинскиот планинскиот амбиент. Дополнително, комплексот ќе има и свои паркинг места на две нивоа, како и парк од приближно 1000м2 со содржини дизајнирани од и за најмладата популација. Целта на оваа инвестиција е да биде привлечно и посакувано место за домување во Маврово, и Mavrovo2 Residence да стане идната хит дестинација за сите оние што тука ќе го најдат својот втор дом. Вкупната инвестиција на целиот проект е процената на околу 6 милиони евра, со обезбедено кофинансирање од Халк Банка.

Кога според планот треба да почне продажба на становите, која ќе биде цената за метар квадратен метар и кога се планира нивно завршување?

Петрушевска: Работиме со полн интензитет на подготвителните работи за градба, и планираме во наредните 30 дена да започнеме со сите градежни активности. Првата фаза од оваа инвестиција се очекува да биде готова за 18 месеци односно во втората половина на 2021 година. Што се однесува до цената на становите, можам да кажам дека таа ќе биде формирана според прецизно избалансиран однос помеѓу локацијата, квалитетот и содржините во комплексот за што сме сигурни дека ќе биде прифатлива и атрактивна за купувачите. Официјалната продажба на становите планираме да започне во следните два месеци.

Знаејќи дека се работи за една од првите вакви инвестиции кај нас, каков вид на помош добивте од локалната самоуправа во реализирањето на оваа инвестиција?

Петрушевска: Се работи за помала општина која е високо професионална и одлично организирана. Задоволни сме од поддршката во целиот процес од локалната самоуправа на Маврово - Ростуше како и за отворените врати за соработка. Уште од првата идеја за оваа инвестиција, на наше барање во разумен временски период ни овозможи непречено да стартуваме со сите подготвителни работи за почеток на изградбата.

Кои бенефиции би ги имале идните купувачи во Mavrovo2 Residence?

Петрушевска: Да се има сопствен стан во Маврово е добро од повеќе причини. Пред се неговата близина до главниот град и целиот Северозападен регион е одлична можност на само еден час од урбаните средини да се дојде во здрава и чиста средина. Маврово како национален парк е уникатен поради повеќе нешта и со самото тоа е атрактивен во текот на целата година. Во текот на зимскиот период одличните скијачки терени се доволна причина за незаборавни зимувања. Во останатите периоди од годината нависитна е убаво да имате свое место каде можете да избегате за време на викендите, ќе го избегнете стресот кој ни го носи секојдневието во градовите, ќе можете да избегате од загадувањето, високите летни температури и да уживате во чистиот воздух. Допoлнително, планинарењето и велосипедизмот се повеќе се атракција на Маврово и се повеќе посетители во пролетните и летните месеци ја користат планината за рекреација. Со еден збор, постојат многу мотиви зошто некој би купил стан на Маврово, а ние сме сигурни дека Mavrovo2 Residence ќе биде станбениот комплес во кој голем број на сограѓани ќе го најдат своето приванто катче за уживање и престој кога и да посакаат.

Кои бенефиции би ги имале идните купувачи во Mavrovo2 Residence?

Петрушевска: Да се има сопствен стан во Маврово е добро од повеќе причини. Пред се неговата близина до главниот град и целиот Северозападен регион е одлична можност на само еден час од урбаните средини да се дојде во здрава и чиста средина. Маврово како национален парк е уникатен поради повеќе нешта и со самото тоа е атрактивен во текот на целата година. Во текот на зимскиот период одличните скијачки терени се доволна причина за незаборавни зимувања. Во останатите периоди од годината нависитна е убаво да имате свое место каде можете да избегате за време на викендите, ќе го избегнете стресот кој ни го носи секојдневието во градовите, ќе можете да избегате од загадувањето, високите летни температури и да уживате во чистиот воздух. Допoлнително, планинарењето и велосипедизмот се повеќе се атракција на Маврово и се повеќе посетители во пролетните и летните месеци ја користат планината за рекреација. Со еден збор, постојат многу мотиви зошто некој би купил стан на Маврово, а ние сме сигурни дека Mavrovo2 Residence ќе биде станбениот комплес во кој голем број на сограѓани ќе го најдат своето приванто катче за уживање и престој кога и да посакаат.

https://faktor.mk/sekoj-moze-da-ima-stan-tamu-mavrovo-residence-nova-hit-destinacija-za-vljubencite-vo-planinata


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Aug-2020 at 15:51
вест од 15.08.2020

-------------------------
КОЈ ГРАДИ ЗГРАДИ НА 100 МЕТРИ ОД СКИЈАЧКИОТ ЦЕНТАР?
Уште една градежна дозвола, овојпат за изградба на 180 стана среде Националниот парк Маврово
Националниот парк Маврово во последно време станува вистинско градилиште. Освен хотели и викендички, почнаа да се градат и згради во близина на скијачкиот центар. Пред неколку години тоа го направи ГП Пелагонија од Гостивар со зградата од 105 апартмани, а веќе почна изградбата и продажбата на 180 станови од „модерниот резиденцијален станбен комплекс на 100 метри од скијачките терени“.

Кога во декември минатата година ги прашавме надлежните за тоа дали е навистина издадена дозвола за изградба на 180 станови во близина на хотелот „Макпетрол“ до скијачкиот центар, од општината Маврово-Ростуше ни одговорија дека такво нешто нема.

„По сите извршени контакти и проверки со нашите вработени во Одделението за урбанизам и комунални дејности кое се наоѓа во Маврово, сакам да ве известам дека нема никаква градба наспроти хотелот „Макпетрол“ во Маврово во наведената големина со околу 180 станови или приближно“, одговори тогаш за МКД.мк Фикрет Ибрами, советник за односи со јавноста и меѓународна соработка во општина Маврово и Ростуше.



КОЈ ГРАДИ ЗГРАДИ НА 100 МЕТРИ ОД СКИЈАЧКИОТ ЦЕНТАР?
Уште една градежна дозвола, овојпат за изградба на 180 стана среде Националниот парк Маврово
Националниот парк Маврово во последно време станува вистинско градилиште. Освен хотели и викендички, почнаа да се градат и згради во близина на скијачкиот центар. Пред неколку години тоа го направи ГП Пелагонија од Гостивар со зградата од 105 апартмани, а веќе почна изградбата и продажбата на 180 станови од „модерниот резиденцијален станбен комплекс на 100 метри од скијачките терени“.


Кога во декември минатата година ги прашавме надлежните за тоа дали е навистина издадена дозвола за изградба на 180 станови во близина на хотелот „Макпетрол“ до скијачкиот центар, од општината Маврово-Ростуше ни одговорија дека такво нешто нема.

„По сите извршени контакти и проверки со нашите вработени во Одделението за урбанизам и комунални дејности кое се наоѓа во Маврово, сакам да ве известам дека нема никаква градба наспроти хотелот „Макпетрол“ во Маврово во наведената големина со околу 180 станови или приближно“, одговори тогаш за МКД.мк Фикрет Ибрами, советник за односи со јавноста и меѓународна соработка во општина Маврово и Ростуше.



Деновиве по социјалните мрежи почна и официјалната промоција на овој „модерен резиденцијален станбен комплекс на само 100 метри од скијачките патеки, на 9.000 квадратни метри вкупна површина, со 7 станбени блокови и 180 станбени единици како идеално викенд прибежиште“. Повторно се обративме до советникот за односи со јавност и меѓународна соработка. Овој пат додадовме и прашање за тоа како ќе бидат решени отпадните води, ако се знае дека досега голем дел од објектите во селото Маврово отпадните води без никакви пречистителни станици ги пуштаат директно во езерото.

„За селото Маврово донесен е урбанистички план за селото од 2016 година. За наведената локација има донесено Архитектонско урбанистички проект (АУП) со коешто е извршена детална разработка на таа локација.

Во однос на фекалните води, со истиот АУП е предвидена изградба на две прочистителни станици“, вели Ибраими.

На нашето барање за дообјаснување на ваквиот пресврт во официјалните информации од општината и за тоа кога и кој како гласал во советот на општината Ибраими вели:

„Урбанистичкиот план е донесен во 2016 година. Во декември месец исто така ви дадов точни информации. Сигурно дозволата за градба е дадена по вашиот допис. АУП е донесен, мислам оваа година. Најточно ќе ви одговорам до петок“, пишува Ибраими.

Денеска е сабота, но одговор нема.

Она што успеавме да го дознаеме е дека инвеститори на овој проект се компаниите Фортон и Фротонинвест. Цените на становите се од 600 до 900 евра по квадрат (кои наводно веќе 30 отсто биле продадени) и дека објектот ќе биде готов до крајот на 2021 година.

Од управата на Националниот парк Маврово засега нема никаков одговор.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/ushte-edna-gradezhna-dozvola-ovojpat-za-izgradba-na-180-stana-srede-nacionalniot?


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Aug-2020 at 09:09
Од градилиште





https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence


Posted By: alexsend
Date Posted: 30-Aug-2020 at 11:27
Каков криминал е ова...
За срамота ејј...во национален парк некој да му текне да гради толку големо здание и други да одобрат, потпишат...срам срам!

Немам ништо против развој ама на таа локација тој габарит...
2016-та а?

Кој е инвеститор? Столе?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Sep-2020 at 13:34
од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Sep-2020 at 11:15
Среде Маврово се градат 7 згради со 180 стана, општината вели викендички се



Во подножјето на планината Бистра, на само 100 метри од скијачките терени во Маврово, се гради нов резиденцијален станбен комплекс на 9.000 квадратни метри вкупна површина, со 7 станбени блока и 180 станбени единици. Вака се рекламира продажбата на становите во ова „идеално викенд-прибежиште". Но во општината Маврово Ростуше се упорни во објаснувањето дека таму се градат 33 викендички за индивидуално домување.

И од Националниот парк Маврово и од секторот на урбанизам на општината Маврово Ростуше се согласни дека дополнувањето на урбанистичкиот план за село Маврово е донесено уште во 2015 година. Тогаш претходните раководства и на Паркот и на општината дале позитивно мислење и гласале за проширување на урбанистичкиот план за село Маврово.

Во април годинава од Националниот парк било побарано само да се изврши увид пред почнувањето на градбата и било побарано да се исечат три дрва на приватна парцела, за што се платени 1.500 денари и е дадено одобрение за сеча.

Од секторот за урбанизам на општината Маврово Ростуше детално нѐ информираа дека локалитетот има урбанистичко-планска документација уште од 1979 година. Од тогаш до 2015 година вршени се неколку измени и дополнувања на тој урбанистички план. Последното дополнување е извршено во 2015 година, кога е добиена и согласност од Министерството за транспорт и врски (бр. 24-2377/2 од 25 февруари 2015) за конкретната локација каде што денеска се гради резиденцијален комплекс

Еден ден потоа, на 26 февруари 2015 година, донесена е и одлука од тогашниот Совет на општината Маврово Ростуше (бр. 08-68/13), со што е усвоен новиот урбанистички план за Маврово, со кој е проширена границата на опфатот.

Таа година, 2015, со решение на градоначалникот усвоен е и Архитектонско-урбанистички проект, со кој се врши детална разработка на овој локалитет. Со овој проект предвидени се 37 градежни парцели, 2 пречистителни станици, 1 катна гаража, 1 градежна парцела со намена Б2, комерцијален објект, а останатите 33 парцели се за индивидуално домување - подрум, приземје и поткровје, велат од општината Маврово Ростуше. Урбанистите од општината се доследни во одговорот дека тука ќе се градат 33 викенд куќи со висина од најмногу 8,2 метри.

Повеќе од 90 отсто од земјиштето било приватно, купено од жителите на Маврово.

Наспроти ова, инвеститорот Фортонинвест рекламира, гради и веќе продава станови во модерен резиденцијален станбен комплекс со 180 стана, на 9.000 квадратни метри вкупна површина 7 станбени блокови. Инвеститорот најавува дека објектот ќе биде готов до крајот на 2021 година.

https://www.mkd.mk/makedonija/razno/srede-mavrovo-se-gradat-7-zgradi-so-180-stana-opshtinata-veli-vikendichki-se


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Oct-2020 at 12:21
Левица: Дали „Фортонинвест” во Маврово гради без дозвола?

И Националниот парк Маврово стана градилиште. На само 100 метри од скијачките терени во Маврово се гради нов резиденцијален комплекс на 9 илјади квадратни метри, со седум станбени блока и 180 станбени единици, политичката партија Левица ја прашува власта дали фирмата има одобрение за градба, и доколку има, кој ја издал истата.

Овие градежни активности во срцето на Маврово се најдоа на критика на јавноста пред сѐ поради узурпацијата на зелените површини, но и габаритноста на објектот со што директно се нарушува автентичноста и биодиверзитетот на ова природно богатство.

-Додека од Општината уверуваат дека градбата е согласно Деталниот урбанистички план, до Левица пристигнаа информации дека изградбата на овој објект, кој е инвестиција на „Фортонинвест – фирма ќерка на „Fortonmka/Cushman&Wakefield”, се спроведува без потребните дозволи издадени од Министерството за животна средина и просторно планирање. Станува збор за дозволи кои се издаваат врз основа на стручно мислење за ефектот на градбата врз околината. Еден од жителите на Маврово, кој живее непосредно до градбата, нѐ информира дека таква дозвола е невозможно да се добие поради тоа што на истото тоа место, но и околината, растат ендемични растенија. Дополнително, за изградбата на овој објект се уништува и високостеблеста шума, а самата големина може да предизвика лизгање на земјиштето– стои во соопштението од Левица.

Иако овој случај ја бранува јавноста, потенцираат оттаму, сепак никој од надлежните институции не излезе со прецизни информации за тоа кој ја издал дозволата за градба, дали инвеститорот ги поседува сите потребни дозволи и дали одредени заштитени структури на власта се инволвирани во спорниот проект.

%20 - https://www.slobodenpecat.mk/levicza-dali-fortoninvest-vo-mavrovo-gradi-bez-dozvola/


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Oct-2020 at 12:23
од нивниот фб профил





Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Oct-2020 at 07:01










https://www.facebook.com/IRLMacedonia


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Oct-2020 at 16:24
[tube]i_ZNOCEr1LE&feature[/tube]

irl.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Oct-2020 at 14:33
Ова го рачунаат како Маврово Резиденс 1





https://www.facebook.com/PelagonijaADGostivar/


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Nov-2020 at 07:53
Tрансформацијата на Маврово инспирирана од Банско

Во 2015 година скопскиот инвестициски консултант Влатко Богоевски, заедно со неговите партнери од Софија, ќе договори атрактивна зделка со компанијата „АД Пелагонија Гостивар“. Друштвото за посредување и консалтинг „Фортонмка“ станува ексклузивен посредник во продажбата на становите од првиот бетонски резиденцијален комплекс во Националниот парк Маврово наречен „Маврово Резиденс 1“.

Младиот претприемач и неговите познати партнери од Софија со кои што тој ја дели фирмата „Фортонмка“, не губат време да ја склучат зделката која ветува загарантиран успех. Станбениот комплекс е огромен, ќе понуди 104 стана на најатрактивната локација во Националниот парк Маврово, на 100 метри од скијачките терени.

„Улогата на ‘Фортонмка’ беше посредничка, тие инвестираа ние им ги продававме становите“, раскажува Богоевски. „Становите се продаваа брзо, за нас тоа беше успех“.

Куќа по куќа, оп зграда!

Четири години подоцна, во 2020 година агентот со недвижнини и самиот станува инвеститор во Маврово. На први јуни 2019 година тој ја формира градежната компанија „Фортонмка Инвест Доо Скопје“. Додека е ангажиран со продажба на „Маврово Резиденс 1“ односно зградата на Пелагонија Гостивар, Богоевски не губи време и брзо ги „намирисува“ потенцијалите на второто најпосетено одморалиште во државата. Така се раѓа идејата за „Маврово Резиденс 2“. Богоевски и партнерите се искусни и знаат дека најдобрата зделка во Маврово е онаа со географска математика: со поглед кон езерото и буковите шуми, а на десет минути пеш до брегот и најважното, на 100 метри од ски терените. Потоа проноаѓа десетина парцели кои ги поседуваат различни приватни лица: меѓу нив има ниви, шуми, земјоделско земјиште, но и градежно изградено земјиште.

Помеѓу октомври и декември 2019 година тој ќе ги откупи сите парцели кои се простираат на површина од 8,373 м2. За да се оствари неговата замисла, му недостигале уште 627 метри квадратни. Тие ги откупил од државата затоа што Законот му дава право да бара државна земја за дооформување на градежна парцела доколку барателот поседува најмалку 30 проценти од парцелата.

Следниот предизвик на Богоевски бил да се обезбедат сите потребни дозволи.

Во локалната самоуправа тие не наишле на пречки, туку на градоначалник со амбиција да ја развива локалната економија.

„Мислам дека со изградбата на овој објект, општината добива. Барем за сега, од она што ние како комуналии го имаме добиено, како општина, ние сме задоволни“, вели градоначалникот на Маврово и Ростуше“, Медат Куртовски.

Тој ќе сподели и дека станува збор за реномирана фирма, па немал во што да се сомнева. ИРЛ пребаруваше низ дата базите на податоци за да ја потврди сопственичката структура на компанијата.

Но, на нашата официјална средба Влатко Богоевски не ги криеше своите партнери, напротив со ИРЛ сподели нескриен деловен восхит кон Христо Илиев и Сергеј Којнов, познати и крупни бизнисмени од Бугарија, со кои, како што вели, „имал привилегија да соработува“.

Компанијата „Фортонмка Инвест“ е регистрирана во 2019 година, а сопственици се бугарската фирма „Нова Ко“ од Софија во сопственост на Сергеј Којнов од Бугарија и Богоевски во 2019 година.

Нивното партнерство почнува далеку пред „Фортонмка инвест“ и градбата во Маврово.

Богоевски е и сопственик на „Фортонмка“. Оваа фирма била регистрирана во 2008 година од белгиски државјани. По една година „Фортонмка“ која е регистрирана за консалтинг и посредување за недвижнини, ја купува Сергеј Којнов, бизнисмен од Бугарија. Во текот на годините се менуваат неколку сопственици на оваа фирма. Удели се резменуваат меѓу неколку бугарски фирми во сопственост на Којнов и неговиот партнер Христо Илиев.

Богоевски во 2012 станува управител на оваа фирма. Денеска, Богоевски го има мнозинскиот удел во оваа фирма, а Сергеј Којнов е сопственик на околу 10 отсто од компанијата.

За општината и инвеститорот се куќи, но во реалноста се гради зграда

На крајот на мај оваа година, „Фортонмка инвест“ до општината испраќа дванаесет Барања за одобрение на градба. Десет барања се однесуваат за изградба на објекти со намена станбен објект – индивидуално домување – станбена низа. Едно е за деловен објект и едно за катна гаража.

Веќе на 25 јуни, одобренијата стануваат правосилни. На инвеститорот му се одобруваат сите 10 барања за изградба на објекти со намена А1, еден објект со намена Е2 (катна гаража) и еден објект со намена Б1(деловен објект).

Според законите, намената А1 означува домување во станбени куќи. Во градежните дозволи дел од овие објекти имаат предвидено два подрума, сутерен, приземје, два ката и потпокрив со галерија, а дел имаат само еден подрум и потпокрив без галерија.

Но, на најелитната локација во Маврово, не се градат десет станбени куќи. Се гради зграда. Од она што може да се види на теренот, „станбените куќи“ се споени, а инвеститорот веќе има изградено два објекти со повеќе од пет ката.



Богоевски, вели дека согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, во Маврово се граделе станбени куќи во низа.

„Се е според законите”, ќе рече Богоевски (целиот одговор на Богоевски може да го прочитате на овој линк.

Од Министерството за транспорт и врски ги признаваат пропустите на претходните законски прописи во делот на урбанизам. На состанокот помеѓу Државниот секретар и неколку претставници од повеќе сектори во министерството со новинарите на ИРЛ, тие не криеја дека лошо скроените закони и правилници допринесуваат за неконтролираното градење.

„Постојат многу недоречености и затоа во 2017 година е почната реформа за за изготвување и носење на нов Закон за урбанистичко планирање и правилник за урбанистичко планирање“, велат од Министерството за транспорт и врски за ИРЛ.

Професорот Мирослав Грчев, вели дека ова е предвидено со Правилникот, но ако инвеститорот гради куќи во низа, ќе мора за секоја куќа да има посебен влез и скалишен простор, доколку нема, тогаш не се куќи во низа.

При сите средби помеѓу надлежните од општината градоначалникот на Маврово се жали дека таму нема доволно капацитети за да ги смести сите туристи кои во екот на сезоната бараат сместување.

„Сакаме да го направиме Маврово голем туристички центар и факт е дека немаме доволно сместувачки капацитети. Но во иднина би требало во законите и правилниците за урбанистичко планирање да се забрани ваквото укрупнување на парцели. Ние тука правиме баланс помеѓу заштитата на животната средина и тоа да го направиме Маврово вистинска туристичка атракција“, вели Куртовски.

На средбите со инвеститорот Богоевски, но и со градоналчалникот на Маврово, тие ни го посочуваа Банско како пример за креирање работни места и градење на зимски туризам.

„Погледнете го Банско, секаде е нормално да се градат вакви комплекси, инаку нема да се развива туризмот“, рече Богоевски на нашата прва средба.

Банско, исто како и Маврово зафаќа дел од територијата на Националнјот парк Пирин, а неговата масовна урбанизација во текот на минатите две децении беше таргет на жестоки критики од експертската јавност. Брзо се планираа и реализираа голем број нови хотели и многу станбени згради, како и инвестицијата во модерен ски центар од 130 милиони евра. Сонот за градењето на балканскиот Сент Мориц како своевремено најавуваа бугарските медиуми, стана урбан хаос кој резултираше со проширување на градежните активности во заштитената зона.

Како се случи Маврово Резиденс: Урбанизација по „вмровски“.

Урбанистичките планови за Маврово се менувале неколку пати од 1979 година наваму. Во промените се вклучувала и стручната јавност на државно ниво бидејќи 93 проценти од територијата на општина Маврово и Ростуше е во Националниот парк „Маврово“. Внимателно се планирало што, како и каде ќе се гради со цел да не се случи да се загрози уникатниот еко систем во паркот. Поради тоа, постои и прецизно утврдена заштитена зона каде што не може да се изгради ништо. Една одлука на поранешниот општински Совет и администрацијата на градоначалникот Мукрем Мехмети ќе го промени опфатот на градење, односно ќе ја намали заштитената зона. Новиот детален урбанистички план за Маврово е донесен на 26 февруари 2015 година.

Границите се градење се поместени и поголеми. Сето ова не би било можно доколку бил донесен новиот Закон за прогласување на Маврово за заштитено подрачје во категоријата Национален парк. Овој закон, пак, се темели на новата студија врз основа на којашто Маврово треба да се препрогласи за Национален парк. Ова се прави секогаш и со сите национални паркови кога има потреба. Во случајот со Маврово, студијата на којашто работеле десетици врвни експерти, се предвиделе многу построги заштитени зони. Ова ќе ги помати сметките на многумина на кои што администрацијата водена од Никола Груевски во Маврово ќе видат бизнис. Повеќе градежни дозволи и големиот план за малите хидроцентрали не се вклопуваат во визијата на науката.

„Едноставно, лоби-то на профитот беше големо. Се надевам ќе успееме да го заштитиме од она што следи“, овие заклучоци со ИРЛ ги споделија еколошките активисти од повеќе здруженија.

Проблемот со хидроцентралите не го криеше ниту директорот на Националниот парк Маврово. Спас гледаат во што поскорото носење на Законот за прогласување на Националниот парк Маврово.

Од министерството за животна средина велат дека Јавната установа Национален парк Маврово прави усогласување на предлог зонирањето во „Студијата за ревалоризација на Националниот парк Маврово“. Откако ова ќе заврши предлог зонирањето треба да биде доставено до Министерството за животна средина и просторно планирање за да се продолжи постапката за повторно прогласување на Маврово за Национален парк.

„Предлогот за воспоставените зони на заштита во Национален парк Маврово треба да произлезат од стручниот орган на Јавната установа Национален парк Маврово и секако усогласени со одредбите од Законот за заштита на природата.Се очекува да дојде мисија од Бернска Конвенција која ќе има состаноци со различни засегнати страни и ќе даде препораки за понатамошно постапување по отворениот фајл за НП Маврово“, одговорија од Министерството.

Националниот парк Маврово е дел од брендот паркови „Динариди“ – проект на организацијата Светски фонд за природата (WWF), чијашто цел е да се работи на признавањето на подрачјето Динарскиот лак, што се протега на север од Трст во Италија до Македонија на југ и кој е исто толку значаен како и Алпите или Карпатите. Динарскиот лак допрва треба да стане синоним за одржлив развој – со планински еко-туризам и зачувување на природните реткости.

%20 - https://irl.mk/transformatsiata-na-mavrovo-inspirirana-od-bansko/


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Nov-2020 at 07:56
Продадени сите станови во „хотелот“ на Пелагонија Гостивар во Маврово

Една дозвола за градба од 1991 година, една понова за доградба на хотел кој што не постоел и неколку замижани институции биле потребни за да се изгради првиот станбен комплекс до ски терените во Маврово. Сето тоа се направило на државна земја која што инвеститорот Пелагонија АД Гостивар ја купил по цени десетина пати пониски од пазарните.

Голем дел од хотелите градени во минатиот систем и ден денеска предизвикуваат воздишки кај оние со истенчен вкус. На пример, изградбата на хотелот „Палас“ во Охрид во 1956 година била толку голема работа, што градските власти ангажирале еден од најистакнатите словенечки архитекти на 20 век, Едо Михевц. Така се раѓа објектот кој потоа прераснува во центарот на сите социјални случувања во Охрид, за жал, денеска напуштен.

Иако единствено постоеле и граделе компаниите кои тогаш биле во државна сопственост, а подоцна и во сопственост на колективот, конкуренцијата помеѓу југословенските градежници на домашно и државно ниво била жестока.

„Ние и сега со поранешни колеги од други фирми, како Маврово или Бетон, знаеме да се препираме околу тоа чија фирма направила поубава градба. Особено ако истата има социјален карактер, како, ете хотел. Фирмите се тепаа кој да најми подобар архитект, кој да понуди помодерна и похумана градба. На визија не штедевме, ниту на стручњаци,“ раскажува Трајан Стојчев, 77 годишен пензиониран инжинер од поранешната државна фирма АД Пелагонија.

Поради пандемијата со Трајан Стојчев комуницираме преку телефон. Му ја испративме фотографијата од „Маврово Ресиденс 1“, првата станбена зграда во Националниот парк Маврово изградена од фирмата наследничка на Пелагонија Гостивар.

„Никогаш вакво нешто не би било можно да биде изградено како зграда, а камоли како репрезентативен објект во Национален парк. Ова е нечуено”, Профитот пред се. Па видете го само оној грозен потпорен ѕид. Овие нехармонични бои и целиот овој бетон”, ни одговори Стојчев.



Последниот државен директор

Александар Смилковски е син на Крсте Смилковски, последниот државен директор на АД Пелагонија, некогашен градежен гигант. Во доцните 90-ти, АД Пелагонија се приватизира следена со вообичаените контроверзи и обвинувања за криминални стечајни постапки. Родум Гостиварчанец, Крсте ќе ја преземе и приватизира Пелагонија АД Гостивар. Настаните кои за оваа приказна се важни, не почнуваат со приватизацијата туку со визијата на ексјугословенска Пелагонија за развиено и живо Маврово. Еден од последните нивни одобрени, но незапочнати проекти ќе биде изградбата на нов хотел во паркот со цел развивање на локалниот туризам, тренд кој почнува со изградба на низа капацитети низ Македонија во осумдесеттите, но непосредно пред распадот на Југославија.

Крсте Смилковски никогаш нема да ја заборави идејата на старата Пелагонија за нов модерен хотел во Маврово. Но, нивните визии драматично ќе се разликуваат. Така денеска, наместо да изгради жив, удобен хотел до ски терените достапен за сите гости и добронамерници, Александар Смилковски продаде 105 стана во зграда која наликува на станбените скопски невкусни блокови изградени во последната деценија. Со тоа дел од територијата на Националниот парк неповратно замина во приватни раце.

ИРЛ открива како таткото успеал да излобира невозможни решенија од страна на системот и со старата градежна дозвола од 1991 да направи нов поинаков објект. Умира непосредно пред крајот, а потоа бизнисот продолжува со неговиот син којшто денеска е управител и сопственик на Пелагонија АД Гостивар. Ќе ви покажеме низа нерегуларности и правни апсурди во процесот на трансформација на стариот проект во новиот кој доведе до изградбата на првиот станбен комплекс во Националниот парк Маврово.

Сите документи според кои што се работеше сторијата погледнете ги на овој линк најдолу.

Приказната за жолтата зграда, како што ја нарекуваат локалците, почнува во 1991 година. Тогашното собрание на општина Гостивар, на државното претпријатие ГП Пелагоднија Скопје ЕЕ VIII градилиште Гостивар му издала градежна дозвола да изгради туристички депанданси – хотел. Земјата на која требало да се гради, била државна, а на претпријатието му била дадена на користење за надомест бидејќи според тогшните закони, земја во национален парк не смеела да се оттуѓува. Според одобрението за градба, инвеститорот бил должен во рок од една година да почне со изградба на објектот. Доколку не го сторел тоа, одобрението за градба требало да стане ништовно. Мачната приватизација која започнала, ги спречила напорите на компанијата да инвестира и тие не ги фатиле роковите.

Со формирањето на Општината Маврово и Ростуше во 2004 година, надлежностите се пренесуваат и од Собранието на општина Гостивар се префрлаат во оваа општина.

Повеќе од 18 години по оригиналната дозвола за хотел, ннвеститорот, сега веќе приватна компанија Пелагонија АД Гостивар, во 2008 година прво го приватизира земјиштето кое им било дадено на користење.

По две години откако ја купуваат цела земја од државата, во 2010 година Пелагонија Гостивар бара од општината да и издаде одобрение за доградба на централна ламела за туристичките депанданси. Всушност, тие тврдат дека од хотелот кој требало да го гради старата Пелагонија во 1991 веќе има изградено два крака, а тие бараат единствено да доградат централен дел којшто би ги споил. Во барањето кое Пелагонија Гостивар го доставува до општината тие се повикуваат на одобрението кое го добиле во 1991 година.



Со прегледување на историјата од гугл мапс, може да се види дека на локацијата каде што сега се наоѓа зградата до 2009 година нема ништо. Од 2009 може да се забележи раскопување на теренот, како земјиштето да се подготвува за градење.

Доградба на непостоечки објект

Никој од локалните жители не може да се сети дека во околината имало изградено два крака од хотелот. Станува збор за атрактивна и впечатлива локација во Националниот парк, на сто метри од ски терените и веднаш над хотелот „Бистра“.

„Јас како дете сум одел во тие туристички центри, но тој објект не го паметам. Од разговорот со службите знам дека во 1991 годиназа скоро 80 проценти од објектот е дадена дозволата, а потоа во 2011 е дадена дозволата за тој централниот објект што треба да ги спои тие два објекта,“ вели Медат Куртовски, градоначалник на општина Маврово и Ростуше.

Го прашавме како се спојува нешто со нешто што не е изградено, но тој се повика на старото раководство.

Проектот за „хотелот“ неколку пати враќан на доработка

Процедурата за Пелагоднија АД Гостивар да добие одобрение за доградба траела неколку месеци. Проектот неколку пати бил враќан на доработка. Два месеца пред да биде издадено правосилно одобрение за градење општината ја прекинала цела постапка за издавање на одобрение за градење со образложение дека проектот има недостатоци кои треба да бидат отстранети.

Документите откриваат дека Пелагонија АД Гостивар во првичното барање за одобрение за градење испуштила да приложи решение за прочистување на отпадните води кои што според планот на инвеститорот, ќе се испуштаат во Мавровоското езеро.

Во еден документ општината му кажува на инвеститорот дека треба со боја да ги одвои објектите кои што се изградени од оние кои што не се, односно од оној за кој се бара дозвола. Од документите кои ги доби ИРЛ не може да се утврди како општината се уверила дека на тоа место веќе постои изграден хотел.

Сепак ИРЛ не ги доби сите документи од Општината, ниту пак објаснување зошто документите ни се дадоа селективно. Оттука не можевме да имаме увид каква била улогата на инспекциските служби на општината.

Добил дозвола за хотел, изградил станбена зграда

Преписката со институциите кои требале да го одобрат проектот траела со месеци. Највпечатливата замерка е што во еден допис што општината го испратила до Пелагонија Гостивар во јули 2011 година, се вели дека во проектот се споменувал станбен објект, а во основниот проект за кој се барало одобрение за доградба пишувало туристички депанданси – хотел. Ова е недостаток кој општината побарала инвестирот да го отстрани од проектот.

Најверојатно на хартија инвеститорот го сторил тоа, но ИРЛ не ги доби на увид сите документи поради несоработката со одредени институции. Иако станбениот објект го немало во проектот, на падините на Бистра си постои.

Наместо туристички депанданси кои биле предвидени до деталниот урбанистички план за оваа локација и со одобренијата кои општината ги издала, Пелагонија Гостивар изградила станбен објект.

Ова очигледно не било проблем за тогашната општинска администрација, затоа што сопственикот на АД Пелагонија Гостивар направил настан и јавно го означил денот кога почнал да ги продава становите.

На настанот, сопственикот Александар Смилковски рекол дека целата инвестиција чинела околу 3,2 милиони евра, а објектот ќе го направел Маврово одлична дестинација низ целата година за оние кои го сакаат планинскиот туризам.

„Целиот комплекс, со сите негови внатрешни и надворешни содржини, е направен според најсовремени стандарди и трендови за домување. Наместо да изградиме уште еден хотел, направивме комплекс на станови каде секој може да стане сопственик на стан во Маврово,“ изјавил Смилковски.

Ниту по оваа јавна изјава инспекторите на општината не направиле проверка на објектот, или пак и покрај проверките, оставено било инвеститорот да продава станови, наместо да изнајмува соби и апартмани.

Општина Маврово слепа пред незаконската трансформација

Професорот Мирослав Грчев, вели дека е недозволиво да се толерира некој што изградил станбен објект, на место каде што требало да има хотел.

„Ако некој според детален урбанистички план и според одобрение за градба треба да изгради хотел, а наместо тоа тој гради станбен комплекс. Тоа е спротивно на законот и на ваквите локации треба општинаската инспеција да врши надзор, а ако тие не го направат тоа, треба да интервенира и Државниот градежен инспекторат,“ вели Грчев.

Во првата зграда изградена до ски патеките во Маврово имало два типа на станови. Станови за купување и станови за изнајмување, кои можат да се изнајмат најмалку на една година. Според информациите од Фејсбук страницата на Пелагонија, станови се продаваат и во она што во проектот било предвидено да биде сутерен и требало да има фоаје, магацин, скален простор, лифт и трем. Комуналиите биле пресметани како за сутерен од 257 метри квадратни.

Евтина инвестиција

Инвестицијата за „Маврово Резиденс 1“ не чинела многу. Пелагонија АД Гостивар целиот објект го изградила врз државна земја приватизирана и откупена по цени и до десетина пати пониски од пазарните.

Земјиштето на кое е изграден овој објект било целосно државно. Во 2008 година, поради правото на користење кое го имал во наследство од некогашното државно претпријатие, тој можел да побара приватизација на ова земјиште.

Оттука тргнало се. Првичните парцели на кои било планирано да се направи изградбата биле 2102 метри квадратни. И врз база на оваа приватизација тој веќе има 30 отсто од парцелата. Му фалеле уште 4,850 м2 за да го изведе замислениот проект – хотел.

Со законот за откуп на градежно земјиште за дооформување на парцела, Пелагонија АД Гостивар, станала сопственик на парцела од речиси 7000 метри квадратни.

Според тарифниците кои ги има донесено Владата, приватизацијата на првите парцели чинела 340 денари по метар квадратен, додека пак откупот за дооформување на парцелите чинел 70 денари по метар квадратен. Тоа значи дека 30 проценти од земјиштетот врз кое што се наоѓа „хотелот“ е купило за 5,5 евра по квадрат, додека останатите 70 проценти општината им ги продала за 1 евро и 15 центи по квадрат. За неколку илјади евра, тие се стекнале со 7,000 метри квадратни градежно земјиште во паркот.

Тендерското миленичето на Град Скопје: Од успешен старт со Трајановски до плодна соработка со Шилегов

Подемот на новата Пелагонија Гостивар почнува пред околу 10 години, но бизнисот најдобро врви во последните шест. Во периодот од 2014 до 2020 година компанијата добила најмалку 22 милиони евра во државни тендери. Повеќе од половина од нив или 12 милиони евра ги добиле од Градот Скопје. Старата администрација со Трајановски им го доделува и првиот голем тендер за рабогта на територијата на Скопје. Добрата соработка продолжува и со администрацијата под водство на градоначалникот Петре Шилегов.

Пелагонија Гостивар работи и во општините Маврово и Гостивар. Во Маврово тукушто ја завршија нова општинска зграда. Најголем дел од работата на оваа фирма е со државни и јавни институции

Александар Смилковски: Нема јас да истражувам со вас

Пелагонија АД Гостивар не одговори на нашите писмени прашања. Сопственикот Александар Смилковски во телефонски разговор ни рече дека „немал намера да истражува со нас“ и затоа не би разговарал на оваа тема.

„Си имам јас друга работа, ние работиме законски,“ рече кусо и спушти.

Најголемите институционални опструкции во обезбедувањето на документите за овој проект, ИРЛ ги имаше токму за овој објект. Општината Маврово не ни одговори на барањата за клучните инспекциски документи, додека градоначалникот Медат Куртоски вети дека ќе провери за што станувало збор во врска со овој објект.



Ова истражување е дел од проектот “Бетонизација на Маврово”. Тимот од новинари, графички дизајнери и видеографери работеше повеќе од три месеци и собираше и обработи повеќе од 3,000 јавно достапни документи со цел да ја раскаже приказната за рапидната и непланска градежна урбанизација на Националниот парк Маврово. Сите стории и докуметенти погледнете ги овде. Наскоро ќе биде објавено и ТВ интервју со градоначлникот каде што тој зборува за урбанизацијата на Нацоналниот парк.

%20 - https://irl.mk/prodadeni-site-stanovi-vo-khotelot-na-pelagonia-gostivar-vo-mavrovo/


Posted By: user8642
Date Posted: 05-Nov-2020 at 10:29
Оваа медиумска хајка против зградата ми изгледа само на проста сељачка љубомора зашто друг ќе има стан во Маврово. Само напред, каква сака нека е природа, и кој сака нека го има левел на заштита, сепак скијачки и туристички центри мора да се развиваат!


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 05-Nov-2020 at 11:23
Точно дека мора да се развиваат, но не смее да се фаворизираат објекти како овој погоре кој има уништено и бетонизирано се пред себе и околу себе. Нека се формира комисија која ќе ги разгледува проектите на објектите кои ќе се градат и која ќе има целосен мориторинг на процесот на градба и секако легална моќ да казнува ако се отстапи мал милиметар од тоа што е предвидено и дадено дозвола. Марврово не е Аеродром па да го затрупаме со розеви кокошарници од Андора   

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Nov-2020 at 12:19


Апсолутно се согласувам со тебе. Прво, видете на што личи зградава и дали со својата габаритност е соодветна за таму. Маврово може да се развива со станбени и хотелски комплекси, ама не со дизајн од 1990-ти туку со нешто модерно и креативно и истовремено што нема да го наруши амбиентот.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: carver91
Date Posted: 05-Nov-2020 at 20:44
да ли ће комплекс имати spa,wellness zone?


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Nov-2020 at 13:41
04.11.2020



https://www.facebook.com/LevicaPrilep/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Nov-2020 at 15:36


https://www.facebook.com/Cufi-Junior-GMBH


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Nov-2020 at 13:17
од твитер



Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Dec-2020 at 15:16
[tube]w1ZFQkV5Gl0[/tube]


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Dec-2020 at 18:21


https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Feb-2021 at 10:05
Со свој дом во Маврово2 Резиденс, секогаш блиску до благодетите на живописната планина







За сите заинтересирани идни жители на комплексот Маврово2 резиденс на располагање стои продажен тим на компанијата кој на телефонскиот број 070 360 103 ќе им ги понуди најдобрите можности на сите вљубеници во Маврово што сакаат национланиот парк во иднина да биде нивни втор дом.

Еден од нашите најубави планинско рекреативни центри Маврово, од секогаш важел за најпосакувана локација кога станува збор за одмор и рекреација во текот на целата година а осбено во текот на зимските месеци. Можностите што ги нуди овој национален парк со своите живописни планински падини, привлекуваат љубители на секаков тип на рекреативни активности во секоја сезона од годината.

Да се биде на падините на Бистра во текот на пролетните и летните месеци значи да се ужива во прошетките на планиските патеки како на пример Чавкарник и да се ужива во благодетите на раскошната локална природа. Но не само за прошетки и планинарење, падините богати со шума нудат извонредни услови за велозипедизам на планинско-ридски улови. Мавровското езеро дополнително го збогатува целокупниот амбиент и отвора нови можности за спорт и рекреирање како пловење со кајак и секаков друг вид водни активности.

Во текот на зимските месеци, снежните пејсажи и патеки на Бистра се неодоливи за скоро секој човек што бара прибежште од загадените урабни центри. Скијањето, уживањето на снегот и дишењето на чистиот планински воздух се моменти за секој човек кој посакува и бара оддишка од секојдневието и стресните работни активности.

Следејќи ги трендовите во околните држави, нештата започнуваат да се мнуваат и нашите простори во поглед на поинакви можности за нешто свое на планина. Од голем број луѓе пред скоро година дена одлично беше прифатена веста дека на падините на Бистра во близина на скијачките терени започнува да се гради нов станбен комплекс.

Станува збор за инвестиција на познатата компанија за посредување и консталтинг Cushman & Wakefield / FORTONMKA која овој потфат го реализира преку својата ќерка фирма Forton Invest. На 9000 м2 површина, комплексот ќе понуди 188 станбени единци со различни големини за сечиј вкус и потреба. Првата фаза од изградбата ќе заврши до крајот на оваа година додека фаза 2 ќе биде готова до крајот на 2022 година.

Маврово2 резиденс веќе станува вистинска атркација за сите што се заинтересирани да имаат свој дом во овој наш национален парк бидејќи добар дел од становите од првата фаза на градба веќе ги најдоа своите сопственивци. Имајќи свој сопствен стан во „Маврово2 Резиденс“ за многумина ќе значи да го имаат националниот парк како свој втор дом, и да можаат секој месец од годината да побегнат на планина.

http://www.kajak.mk/


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Mar-2021 at 18:23
од инстаграм



Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Sep-2021 at 14:12


https://telma.com.mk/2021/09/20/темниот-сјај-на-маврово/


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Oct-2021 at 08:24






https://www.facebook.com/pmgconstruction.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Oct-2021 at 17:33
Покрај првиот снег во октомври што ни ги отежнува условите за работа во текот на градежната сеозна, даваме се од себе за да ги завршиме сите градежни работи според зацртаното. Со тоа планираме да ја комплетираме првата фаза од градбата до крајот на годината и да го испорачаме целиот проект на време







https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence-103008471397768/


Posted By: fichot
Date Posted: 16-Oct-2021 at 10:39
има ДУП местово, ме интересира дали само овие зградишта ќе бидат или целиот рид наоколу ќе се пополни со вакви „домови за “заљубениците“ во природата“.


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Dec-2021 at 18:08


https://www.facebook.com/103008471397768/


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Dec-2021 at 07:58






https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence-103008471397768


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Feb-2022 at 13:36








https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence-103008471397768/ - https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence-103008471397768/


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-May-2022 at 17:32


https://www.facebook.com/103008471397768 - https://www.facebook.com/103008471397768

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-May-2022 at 13:09










https://www.facebook.com/z.Refik - https://www.facebook.com/z.Refik

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jun-2022 at 13:38










https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence-103008471397768 - https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence-103008471397768

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Jun-2022 at 14:25






https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence-103008471397768/videos/3126699484259831 - https://www.facebook.com/Mavrovo2-Residence-103008471397768/videos/3126699484259831

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Oct-2022 at 12:30
Маврово2 резиденс, твојот нов дом на планина! Фаза 1 е веќе завршена и комплексот ги добива финалните одлики на модерна и удобна градба за домување





https://www.facebook.com/100064067195806/videos/905679253739654 - https://www.facebook.com/100064067195806/videos/905679253739654

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Oct-2022 at 17:38






https://www.facebook.com/photo?fbid=486070503538519&set=pcb.486073676871535 - https://www.facebook.com/photo?fbid=486070503538519&set=pcb.486073676871535

-------------
Carpe diem


Posted By: george_jov
Date Posted: 10-Jan-2023 at 13:38
колку се движи цената за квадрат во овој комплекс


Posted By: Џоле
Date Posted: 26-Jan-2023 at 17:23


https://doma.edu.mk/zagaduvanje/nacionalen-sram-mavrovo/?fbclid=IwAR3EEnwOJAqyFG8K3eO_tF8CzGCGIJRzldBxYmZ4lA6L-E0prrFJK3INKTU

-------------
За сè има вторпат


Posted By: carver91
Date Posted: 17-Jan-2024 at 22:52
Kога ќе го отворат овој комплекс?


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Jan-2024 at 23:12
Изгледа е отворен некаде од средината на 2023 година, најдов неколку фотографии од август и ноември/декември лани:





















А ова се некои од становите:







повеќе фотографии на линкот:

https://www.facebook.com/p/Mavrovo2-Residence-100064067195806/

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window