Print Page | Close Window

Нови згради кај Мак Ауто Стар-Маџари

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3785
Printed Date: 02-Dec-2020 at 17:25


Topic: Нови згради кај Мак Ауто Стар-Маџари
Posted By: stef4o
Subject: Нови згради кај Мак Ауто Стар-Маџари
Date Posted: 18-Jun-2019 at 12:51
Originally posted by Џоле


Станбена зграда кај Мак Ауто Стар




Еве рендер




Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Jun-2019 at 13:28


Многу чудна локација за станбена зграда, буквално среде индустриска зона.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Jun-2019 at 13:35

Ми го зеде зборот и јас токму тоа сакав да го потенцирам затоа прво и се посомневав дека станува збор за станбен објект бидејќи досега во околината се беа деловни објекти а колку што знам предвидено е да никнат уште неколку станбени објекти на овој простор.


Posted By: alexsend
Date Posted: 18-Jun-2019 at 19:46
Ајдеееее, а со месеци го гледам објектот ни на крај памет дека е станбена зграда...

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Jun-2019 at 16:34
Новоградба има започнато нов станбен објект во Гази Баба(кај Мерцедес).Еве рендер



Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Jun-2019 at 22:52
Не дај боже да избегаат од дизајнот на 1980-та година. При крај сме на втората деценија на 21 век.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Sep-2019 at 16:03
Нова зграда на Жикол во најава во Скопје немам инфо за поточна локација



Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Oct-2019 at 07:28
Близу Мак Ауто Стар-Гази Баба







foto-Srdjan Adamovic SSC


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Oct-2019 at 15:17
Некаде во близина на новата зграда на Мак Ауто Стар е отворено ново градилиште каде се издигнува оваа зграда,веројатно е во почетна фаза.Комплексот се нарекува S-Cube бидејќи веќе Жикол градат една 4-катна зграда во истиов дел.



...
Помалата зграда веќе е затворена карабина еве го рендерот и од нејзе



www.zikol.com




Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Jan-2020 at 16:55
Веројатно се работи за овој проект на Жикол,близу Мак Ауто Стар







https://www.facebook.com/GAA-invest


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Apr-2020 at 16:24
Зградата на Жикол кај Премиум Центар









Оваа што е во изградба е всушност на ВардарГрадба, а меѓу нив двете се гледаат темели на другата висококатница на Жикол:



-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Apr-2020 at 07:36
Originally posted by Џоле



Оваа што е во изградба е всушност на ВардарГрадба, а меѓу нив двете се гледаат темели на другата висококатница на Жикол:



Издигнатава карабина е на Новоградба,ова е рендерот



https://www.novogradba.mk


Posted By: Џоле
Date Posted: 24-Apr-2020 at 09:25


Можеби им ги смешав називите, ништо страшно...

Естетски убедливо едни од најлошите, заглавени во 1980-те години и никако да мрднат.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Apr-2020 at 10:33
Овој дел некако многу ми е несвојствен за изградба на згради,некако ми е индустриски овој дел и поприфатливо би било изведба на деловни објекти нешто налик на Премиум Центар.


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Jun-2020 at 18:04




-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jul-2020 at 10:53
Поглед кон карабината на Новоградба зад Мак Ауто Стар



https://www.facebook.com/groups/787942044967923


Posted By: Progress
Date Posted: 29-Sep-2020 at 16:39
Zdravo na site,
Poslednovo vreme gledam stanovi i razgleduvav vo zgradite koi gi gradi Zikol vo Gazi Baba pod prestavnistvoto na Mercedes. Kako sto doznav cenata e 950-1000E + garazno mesto 3000-3500E. Bi ve zamolil ako nekoj ima da spodeli nekoe iskustvo so kvalitetot na gradba, ili bilo kakvo info okolu gradbite i lokacijata na koja se gradi.
Odnapred vi blagodaram!


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Sep-2020 at 17:12
Па искрено локациски ми се доста чудни,тој дел некако ми е повеќе за индустрија и деловни објекти но еве веќе Жикол и Новоградба градат згради а во план чинам се уште неколку.За квалитет да сум искрен незнам не сум имал лично искуство ниту пак некој пријател да живее во нивни згради,би требало да е во рамки на некој просек но сепак нека сподели некој ако има искуство за нивниот квалитет.

Еве ги рендерите од двете згради на Жикол,следниве денови ќе ги префрлам сите материјали од општата во новава нишка





Posted By: kiriOK
Date Posted: 30-Sep-2020 at 00:06
Originally posted by Progress

Zdravo na site,
Poslednovo vreme gledam stanovi i razgleduvav vo zgradite koi gi gradi Zikol vo Gazi Baba pod prestavnistvoto na Mercedes. Kako sto doznav cenata e 950-1000E + garazno mesto 3000-3500E. Bi ve zamolil ako nekoj ima da spodeli nekoe iskustvo so kvalitetot na gradba, ili bilo kakvo info okolu gradbite i lokacijata na koja se gradi.
Odnapred vi blagodaram!


1000 евра квадрат у Гази Баба во околина на патишта,голубарници и кал...


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Sep-2020 at 06:46
Еве какво е моменталното опкружување на зградите,можеби и би се средило но доста бавно судејќи по тоа дека низ градот има доста населби кои наводно се урбанизирани а при секој дожд пола улици се поплавени.



Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Oct-2020 at 17:22
Ова е новопочната зграда или само малку видоизменет рендер за некоја од претходните на Жикол??











локација



https://www.facebook.com/globalproperty.mk


Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Oct-2020 at 18:48
Според локацијата е на другата страна од булеварот, баш кај ФОН. Другиве се дијагонално од ФОН, преку булеварот.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Oct-2020 at 21:00
Дефинитивно е некоја нова зграда,и според габарит и локација не одговара на претходните две-три. Сепак значи и во овој дел почнаа да се градат згради,нензам колку вкупно парцели се предвидени во деталниот за овој дел. Ова под Маџари-Гази Баба спаѓа мислам или грешам?


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Oct-2020 at 16:58
Зградава што ја зборевме претходно се вика Corner Residence,делува прилично масивна,ќе ја следиме во детали тука да не трупам нови нишки







Малку повеќе инфо за зградата(имаат и фб и веб страна која не им е баш во целост функционална)
---------------------

ПРОДАЖБА НА СТАНОВИ ВО ГРАДБА СО КВАДРАТУРИ ОД 29м2 до 106м2
ЗГРАДАТА Е СО ДВА ВЛЕЗА ВО ВЛЕЗ ПО ДВА ЛИФТОВИ 9 КАТА СТАНБЕНИ ЕДИНИЦИ
*** ТИПОВИ НА СТАНОВИ
- 29м2 гарсоњера
- 45м2 со една спална
- 47м2 со една спална
- 49м2 со една спална
- 50м2 со една спална
- 51м2 со една спална
- 61м2 со две спални, на ќош,јужна страна
- 70м2 со две спални, ВЦ и купатило
- 82м2 со две спални и две купатила, на ќош
- 106м2 со три спални, две купатила, остава

-Станбената зграда се наоѓа на ул.7.2, бб Општина Гази Баба. Од јужна страна на самиот објект се наоѓа Универзитетот ФОН , додека од источна страна се наоѓа бул. Киро Глигоров(мак ауто стар).
-Фасадните ѕидови ке бидат од керамички блокови со дебелина од 20 см и соодветна термоизолација од 10 см, со што се запазува високо ниво на енергетска ефикасност на објектот ( А КЛАСА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ).
******* КОНТАКТ 075 923 242
-Ѕидовите меѓу станбените единици и станбените единици и ходниците ќе бидат сендвич ѕидови со пожарна отпорност од 2 часа и вкупна д=26см.
-Внатрешните преградни ѕидови ке бидат изработени од керамички блокови со вкупна д=10 см, со соодветна звучна и топлинска изолација
Самата местоположба на зградава ви дава поврзаност со следниве објекти: Универзитетот ФОН, трговски центри, образовни институции, спортски центар Јане Сандански итн.
Висината на објектот е подрум+приземје+9 ката, подрумско ниво во кое е решено паркирањето. Влезовите во станбениот дел се од сервисната улица, односно од северо-источна страна. Во секој од влезовите се сместени по два лифтови и скалишно јадро. Објектот располага со 2 влеза со по два лифта.
ЗГРАДАТА Е ВО ГРАДБА И КЕ БИДЕ ГОТОВА ПРОЛЕТ 2022година

ЦЕНА: 900евра м2 на станови над 70м2
950 евра м2 на станови над 50м2
1000евра м2 на станови под 50м2
цените на становите се со вклучен ддв
ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ: 1350евра м2 + 18ддв
ПАРКИНГ МЕСТО 3500евра на подземно ниво
ПАРКИНГ МЕСТО ПРЕД ЗГРАДА 2500евра

Дел од понудата на станови









https://www.facebook.com/CornerResidence

http://cornerresidence.mk


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Oct-2020 at 17:32

Не ми е јасно кога „еднособен стан“ и „гарсоњера“ станаа синоними? Моето сфаќање е дека еднособен е стан со една засебна соба настрана главниот простор (кујна/дневна), а гарсоњера е стан каде нема засебен простор за кревет, туку кујна/дневна/спална е едно.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 21-Oct-2020 at 19:30
Гарсоњера и еднособен во Скопје отсекогаш беа синоним, барем разговорно. Покасно се појави гарсоњера како термин. Освен тоа пред 90-та ретка појава се гарсоњери. А стан што има дневна, спална и посебна трпезарија + кујна (какви што се претежно старите станови) некако нема логика да се нарекува еднособен.


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Oct-2020 at 14:38
Еве уште рендери од Корнер Резиденс,незнам дали се веќе почнати или ова е само најава ретко минувам во тој дел











локациски е веројатно одма спроти ФОН



----


http://cornerresidence.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Oct-2020 at 18:00
Една макета од Корнер Резиденс и плус најдов денес на инстаграм некои фотки и ми се чини дека се од оваа зграда барем локациски така одговара што значи дека веќе се до приземје









Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Nov-2020 at 12:46
Крајно десно на фоткава може да се забележи завршената карабина на Новоградба,лево од неа до половина е стигната зградата S-Cube на Жикол



https://www.facebook.com/photo?fbid=10215825949516576&set=a.10206961237744322


Posted By: Graditelot
Date Posted: 03-Nov-2020 at 20:30
Btw, тој слојот од смог е резултат на температурна инверзија во нашиот ни град што ќе биде со нас се до пролетта.


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Nov-2020 at 18:26
Макета од Корнер Резиденс







https://www.facebook.com/craftersmk


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Nov-2020 at 08:44

Наместо зелена градина со патеки и некоја рекичка/езерце, тие лупнале бетонски паркинг.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Nov-2020 at 11:13
Тоа им е последица на планирањето на паркинзите,обично зграда од 120 стана на подземни нивоа има 90-95 паркинг места и после тоа на партер предвидуваат уште 30-тина.Затоа нема простор за повеќе зеленило и други содржини а дури и да ги стават сите паркинзи подземно чисто се сомневам дека би отишле на варијанта да прават градини и нешто што би го заменило класичниот бекатон.


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Nov-2020 at 11:52
од 26.10.2020





https://www.facebook.com/Fimasi


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Nov-2020 at 09:44
Зградите на Новоградба(десно) и на Жикол(лево)







https://www.pazar3.mk/


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Nov-2020 at 08:27
Originally posted by stef4o









од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Nov-2020 at 14:28
Корнер Резиденс(од фб)



Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Nov-2020 at 08:50
Originally posted by stef4o

Еве уште рендери од Корнер Резиденс













https://www.facebook.com/izostonemk



Print Page | Close Window