Print Page | Close Window

Prishtina Mall

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3789
Printed Date: 26-Nov-2020 at 19:27

Topic: Prishtina Mall
Posted By: stef4o
Subject: Prishtina Mall
Date Posted: 07-Oct-2020 at 07:02
Prishtina Mall will be the future largest sector leading shopping entertainment mall in South East Europe.
Located on a premium strategic location at the crossroad of main highway corridors linking several countries in South East Europe.

[tube]74s3cHQaQR8&feature[/tube]

...

...
18.09.2020

[tube]3dKu-LSwbVY&feature[/tube]

%20 - https://www.prishtinamall.com

Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Oct-2020 at 07:06
Од ентериерот

https://www.facebook.com/prishtinamall.ks

Posted By: David
Date Posted: 07-Oct-2020 at 09:34
Се опаметија косоварите,зошто да оставаат пари во Македонија кога можат сами да си направат и да си ја развиваат економијата.

Ова ме интересира дали ќе биде вистина "largest sector leading shopping entertainment mall in South East Europe" затоа што истото го најавува и Вучиќ за нивната "Галерија" кој ќе има преку 550 продавници,кафулиња,ресторани....
И нашиот исто се фалеше едно време дека Ист Гејт ќе бил најголем на Балканот но согледувајќи што се гради сегде околу нас,тоа едноставно е една голема,дебела,лага. Всушност ист гејт не е поголем ни од вториот по големина трговски во Грција,а не пак на друго место.

Може да се каже дека и Приштина не помина.

Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Oct-2020 at 08:27

https://www.facebook.com/prishtinamall.ks

Posted By: Andi
Date Posted: 21-Oct-2020 at 08:19
Вкупен простор за изнајмување 114.699 квадратни метри
- Вкупен градежен простор 239.114 квадратни метри
- Вкупен простор за забава 16.438 квадратни метри
- Ресторани, храна и пијалоци 7.623 квадратни метри
- Над 5.000 бесплатни места за паркирање
- Најголема локална приватна инвестиција
- Вработување за над 2.000 лица
- Најеколошката структура во регионот, сертифицирана од „Edge“.

Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Oct-2020 at 12:25
Од напредокот на изградбата

https://www.facebook.com/prishtinamall.ks/videos/4148273461856147

Posted By: Galileo
Date Posted: 21-Oct-2020 at 17:36
Времето и модата на големите молове отдавна отмина-изграждането им е много скъпо и трябва много време, подръжката исто е скъпа и оттам и наемите са високи .А и концепцията на затвореното пространство се оказа че не е най-успешната. От едно 10-ина години вакви огромни молове в Америка и Западна Европа фалират ,се затварят или трансформират в офис центрове.Вече никаде в Европа не се строят такива огромни центрове и не разбирам от какъв зор вие ,сърбите и косоварете сте се нахвърлили да ги градите.
Сега на мода са ритеил парковете - ефтини ,лесни за подръжка ,градат се бързо а и
open air концепцията во момента е актуална.

Posted By: ehrlich
Date Posted: 21-Oct-2020 at 18:35

Јас како што знам, особено во Бугарија се имаат изградено толку многу вакви молови, колку што (дури и да ги земеме овие во изградба) имаат овие држави што ги спомена, заедно

Ова што го спомнуваш не викам дека не е така, но веројатно е процес низ кој поминува секоја држава.

Posted By: David
Date Posted: 22-Oct-2020 at 06:59
Јака споредба западна европа и америка со балкан...заборавате дека таму имаат милиони други објекти за шопинг,забава рекреација,средени,снабдени,модерни,осветлени како што треба,costco-вци,7/11-и,икеи и што ли уште не.

Овде трговските центри меѓу другото се и начин да прошеташ во континуитет во НЕ-БЕДЕН простор. Да се преправаш за момент дека си дел од светот а не од пост комунистичка вукојебина. Реалноста те удира одма штом ќе излезеш од трговскиот и направиш чекор на тротоар,или ги погледнеш соседните згради.

Така да во балканските банана држави каде што секој отворен простор и следува на урабаната мафија за изградба на 7 катни фарбаници(ова само во мк остана другите држави имаат напредок во квалитетот) уште долго трговските центри ќе бидат главно собиралиште и бегање за кратко од секојдневната мизерија.

Posted By: ACM
Date Posted: 27-Oct-2020 at 19:06
Prishtina Mall will undoubtedly be the largest shopping center in the Balkans and one of the largest in Europe .

https://postimages.org/">

Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 27-Oct-2020 at 21:37
How about GTC?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа

Posted By: alexsend
Date Posted: 27-Oct-2020 at 21:55
Ист Гејт дупла квадратура за издавање од Сити?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.

Posted By: user8642
Date Posted: 27-Oct-2020 at 22:33
Некако имам некој впечаток дека источно европскиве градови имаат сила и куповна моќ само за по еден малл. Мислам дека тоа доаѓа од фактот што на брендовите им е важно да дојдат во некои град и за да се запишат на мапата доволно им е само едно продажно место. А кога ќе се соберат многу такви брендви се добива капацитет на еден малл. Ретко кој бренд размислува да го има на две места во иста метропола ако нема ептен некоја потреба. Имаме и пример во соседството како Софија со повеќе маллови ама мислам дека тоа стана некаков национален спорт во Бугарија да се отвараат малови мислејќи дека со тоа ќе направат европска слика за себе, ама некако ми е издишан балон таа приказна. Повеќе зборувам за Ушче Белград, СитиМалл Скопје, еве сега Приштина, мислам дека Братислава исто така е со еден голем малл и нема други. Нешто и ГТЦ за Скопје бил слично во некое друго време.

Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 27-Oct-2020 at 22:51
Сите овие молови опфаќаат цели држави, па и региони (Скопје=Македонија, Косово, јужна Србија). Надвор од Скопје, Приштина, Белград... речиси и да нема крупни комерцијални објекти од овој тип. Бугарија е малку поинаква, ама и таму се 3-4 града.

Мислам дека изградените и трговските во градба се доволни за Скопје. И Косово и Ниш градат свои, а населението и куповната моќ се тие. Ако се изгради уште еден поголем од типот на СЦМ или Ист Гејт, сите ќе имаат посериозни проблеми во рентабилноста. Сега треба да се насочиме на одржување на постоечките (особено ГТЦ), ревитализација на улицата, отворени и зелени retail/трговски паркови близу и во градовите (наместо гломазно чудовиште со бесконечен паркинг), носење нови брендови согласно стандардот (H&M, McDonalds, Lidl...) и IKEA на автопатот кон Косово.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа

Posted By: hcitrS
Date Posted: 27-Oct-2020 at 22:56
Можеби многу широка е генерлизацијата дека популарноста на моловите е во слободен пад насекаде низ развиените држави, имаат влијание и локално специфични фактори. На пример во Шпанија би рекол дека стојат доб,ро иако и во помали градови има и по неколку. Меѓудругото, и некои културно-историски аспекти исто така можат да имаат големо влијание.

Јас ако се праувам никогаш нема да се доначудам како е можно угостителските објекти и во тие неколку скопски молови да се толку полни, едноставно не постои за мене погрдо место за одење на кафе или за јадење од мол. Ама ете, на, за мене изненадувачки, голем број луѓе не им смета, па дури им е и јако.

Posted By: user8642
Date Posted: 28-Oct-2020 at 00:50
Originally posted by hcitrS

Јас ако се праувам никогаш нема да се доначудам како е можно угостителските објекти и во тие неколку скопски молови да се толку полни, едноставно не постои за мене погрдо место за одење на кафе или за јадење од мол. Ама ете, на, за мене изненадувачки, голем број луѓе не им смета, па дури им е и јако.

Добро кажано! Мислам дека причината знам во што лежи, барем во Македонија. Во Македонија во угостителската понуда не мрднавме од чорби и ловечка љута плескавица. Кафаните се тркаат која поголема ќе обеси поголемо воденичарско и повеќе ќупци ќе нареди во ентериер. Нема саглам понуда на морски ресотран, грчки, индисјски, кинески, азиски, итн. И ова малловите се некој издув кој има некаква понуда надвор од стандардните кафански менија, а и донекаде на едно возење заедно со шопинг може да се искорсти да се фрли еден оброк, и затоа, се собира бројка на гости.

Posted By: kiriOK
Date Posted: 28-Oct-2020 at 01:52
За цело Косово овој трговски таман...се надевам ќе престанат да ни доаѓаат на гости, па макар тоа значело банкрот за некои трговски кај нас.

Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 28-Oct-2020 at 01:57
Pse? Ако не и тетовчани и штипјани да ги избркаме, чисто Скопје да не се угнаси со парите на туѓата раја.

А и вие да престанете да купувате во Брум, многу Пакистанци има таму. И Грција може да ни забрани да одиме на одмор, макар и цели Паралија и Пефкохори банкротираат.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа

Posted By: kiriOK
Date Posted: 28-Oct-2020 at 02:42
Иам стан на 5 мин пешки од Сити Мол,а сум бил пет пати, од кои 2 пати само до менувачницата...тоа што останува како впечаток на ништо не личи, долги периоди не слушаш македонска реч,вриски и пиштења на разтрчани деца,се буткаат по бутици, ко да си во Митровица а не Карпош.
Има разлика меѓу шопинг туризам и тоа да се чувствуваш ко странец во своја општина/држава.

А белците одамна се имаат евакуирано од комерцијалните точки во ареалот на централен Бирмингам и се сконцентрираат на такви по белите населби,а има и случаи каде еден од најголемите трговски комплекси Скај Сити после тепачка меѓу пакистанци со мачети сега кината и фастфудовите таму предлагаат пониски цени отколку во други делови од градот за да ги привлечат назад белците кои уште помасовно прекинаа да доаѓаат после тој инцидент.

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Oct-2020 at 04:11
Originally posted by kiriOK

Иам стан на 5 мин пешки од Сити Мол,а сум бил пет пати, од кои 2 пати само до менувачницата...тоа што останува како впечаток на ништо не личи, долги периоди не слушаш македонска реч,вриски и пиштења на разтрчани деца,се буткаат по бутици, ко да си во Митровица а не Карпош.
Има разлика меѓу шопинг туризам и тоа да се чувствуваш ко странец во своја општина/држава.

А небелците одамна се имаат евакуирано од комерцијалните точки во ареалот на централен Бирмингам и се сконцентрираат на такви по белите населби,а има и случаи каде еден од најголемите трговски комплекси Скај Сити после тепачка меѓу пакистанци со мачети сега кината и фастфудовите таму предлагаат пониски цени отколку во други делови од градот за да ги привлечат назад белците кои уште помасовно прекинаа да доаѓаат после тој инцидент.

Аман бе ти, биди среќен што ти одат таму туристи, носат пари, купуваат што сакаш ти повеќе. Албанскиот јазик не треба да ти смета, ти со албанците живееш. Од кај знаеш ти дека биле од косово а не од тетово или ајде кичево? Јас кога одам да си купам во Швајцарија со другари албанци зборувам Shqip, таму никој не се бунит па што останало за луѓе како тебе да се бунат и плус е и државен јазик.
Размисли малку и за економијата и општо соживот не заебавај вака.

Posted By: David
Date Posted: 28-Oct-2020 at 09:53
Originally posted by kiriOK

За цело Косово овој трговски таман...се надевам ќе престанат да ни доаѓаат на гости, па макар тоа значело банкрот за некои трговски кај нас.

Се сложувам,неподносливи се,елементарна култура немаат,доаѓаат се ДЕРАТ намерно на албански за да се слушне дека се тоа,смрдат,облеката што ќе ја стават на себе тури и пепел нема носење ни купување. Тие прикаски дека оставале не знам колку пари се измислица,и да оставаат некој денар му ги оставаат на тој нивниот косовски газда,конретно на Сити Мол и на Ист Гејт...

Posted By: user8642
Date Posted: 28-Oct-2020 at 09:59
Не паѓајте на провокација, поима нема што зборува. Економска логикаи национализам немаат ништо заедничко, едното креира welfare другото омраза, на дијамтерални страни се. Паритер немаат боја и идеологија! Човекот ваљда поима нема дека Косово е прв трговски партнер на Македонија, и дека ова Сити Малл и Систина "туризам" е дури и плус од изброеното во трговската размена.

Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Oct-2020 at 10:11
Какви тажни изјави. Смрделе, се дереле намерно... Вие во Германија и во Англија поарни да не сте? Супериорноста на македонската раса постара од сонцето пак излегува на виделина.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Oct-2020 at 14:25
Апапа смрделе... па цела држава смрди штом ќе влезиш на неа 😂. И малите деца се вратат од авион назат. Дечко биди среќен што изградиле за да имаш и ти шанца да си купуваш нешто. Тука биле инвестирани пари а човекот плаѓа данок плус нови работни места. И не е до тоа, туристите можеби ќе ги полнаат и колите со бензин итн. Познавам многу од косово, а тие не смрдат па дури зборуваат добро за македонија. Немаш врска, излези малку од станот, освежи се
Истото со косовските патници низ аеродром, баш супер што летаат од мкд така се развиеме. Еве ако имаше тука автопат тамам со патарините уште пари плус. Ти си зборуваш ко да било Македонија Швајцарија па оние сега прават грда слика за нашата земја😂. Види малку кон Чаир и Шутка и ќе реализираш дека ние не сме ни подобри ни полоши од нив. Ама дај со сељјаци не се зборува.

Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 28-Oct-2020 at 18:43
Originally posted by my Macedonia

Пријателе не паѓај под провокации, за жал сѐ уште има луѓе што мислат вака и од двете страни. И во право си, додека нашиве политичари кои во исто време се и најбогатите луѓе во Македонија (секако од златната тројка -СДС-ВМРО-ДУИ), си лежат на некоја плажа во Грција и нѐ крадат кај стигнат, ние се караме кој е подобар и очи че си извадиме. Да не беше Сити Мол пола нација немаше да знае што е тоа ЗАРА или Бургер Кинг .

Македонија како земја треба да се стреми да најде пари од кај стигне и нив да ги инвестира назад во земјата! Имаме супер локација, во центарот на Балканот -Портата кон Европа а не знаеме да ја искористиме, жално.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...

Posted By: kiriOK
Date Posted: 29-Oct-2020 at 08:49
Originally posted by my Macedonia

Originally posted by kiriOK

Иам стан на 5 мин пешки од Сити Мол,а сум бил пет пати, од кои 2 пати само до менувачницата...тоа што останува како впечаток на ништо не личи, долги периоди не слушаш македонска реч,вриски и пиштења на разтрчани деца,се буткаат по бутици, ко да си во Митровица а не Карпош.
Има разлика меѓу шопинг туризам и тоа да се чувствуваш ко странец во своја општина/држава.

А небелците одамна се имаат евакуирано од комерцијалните точки во ареалот на централен Бирмингам и се сконцентрираат на такви по белите населби,а има и случаи каде еден од најголемите трговски комплекси Скај Сити после тепачка меѓу пакистанци со мачети сега кината и фастфудовите таму предлагаат пониски цени отколку во други делови од градот за да ги привлечат назад белците кои уште помасовно прекинаа да доаѓаат после тој инцидент.

Аман бе ти, биди среќен што ти одат таму туристи, носат пари, купуваат што сакаш ти повеќе. Албанскиот јазик не треба да ти смета, ти со албанците живееш. Од кај знаеш ти дека биле од косово а не од тетово или ајде кичево? Јас кога одам да си купам во Швајцарија со другари албанци зборувам Shqip, таму никој не се бунит па што останало за луѓе како тебе да се бунат и плус е и државен јазик.
Размисли малку и за економијата и општо соживот не заебавај вака.

Поентата ми е дека ова со Сити Мол е абнормална појава,не би имал ништо против да има регионални шопинг туристи и баланс помеѓу нив...но овде е приток ала наплив каде што се создава хомогена етничка атмосфера во комерцијална енклава во друга етничка средина, а притоа овие туристи не се некое реноме, сите знаеме за каков менталитет станува збор.
Супер што оставаат пари, некаде прочитав дека 1/3 од обртајот на Сити Мол конкретно е од посетители од Косово, но зар треба да гледам на трговските центри ко сув профит за поеднци, што бидна со придобивките за социјализација на населението?

Доста со споредби Македонија-Швајцарија, Западен Балкан со Бенелукс, Македонија и спор со Бугарија наспрам Германија и Франција како решавале конфликти,просто никакво сврзно ткиво немаат, два света,небо и земја.

И албанскиот не е државен јазик, туку е неприродно поставен за таков.
Државен е македонскиот, пошто ако идеш во Дебар и со македонски ќе се разбереш,бар меѓу Торбешите и да идеш во Гостивар ќе видиш турци и албанци дека на македонски се разбираат меѓусебно,во Гевгелија со македонски...додека со албански само таму каде што има албанци, тоа е регионален јазик не државен.

Posted By: kiriOK
Date Posted: 29-Oct-2020 at 08:58
Originally posted by JovanOdGjorche

Имаме супер локација, во центарот на Балканот -Портата кон Европа а не знаеме да ја искористиме, жално.

Ова изречение уште у второ оделение го учевме памтам ,очигледно уште се фура по учебници кај нас каде од мали децава се трујат.

Сам си кажа ''Да не беше Сити Мол пола нација немаше да знае што е тоа ЗАРА или Бургер Кинг.''
Добар дел од населението кај нас се стреми кон треторазредна португалска марка и Бургер Кинг,каков што постои во буквално секое поголемо село на Запад...ваквите и на центар на универзумот и на порта од млечен пат стави ги ќе биде во празно.

Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 29-Oct-2020 at 09:12

Епа друже дај кажи ми што оваа великолепна држава (не земја) може да ни даде освен трговија и да наплаќаме за двиење низ нашата територија? Па да не беше „таа порта“ македонски железници ќе банкротираа уште пред 50 години ! Да чисто сумњам дека ќе дојде некој од САД за да оди во Кичево или Кочани! И да се среми кон „треторазредна португалска марка“ затоа што тоа е понудата, до пред некое време помнам ми беше ВАУ ефект да одам во Евро-Азија на шопинг, сега заборавам дека постои освен ако по некој случај не се најдам на тој кат во ГТЦ.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...

Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Oct-2020 at 10:14
Originally posted by kiriOK

Originally posted by JovanOdGjorche

Имаме супер локација, во центарот на Балканот -Портата кон Европа а не знаеме да ја искористиме, жално.

Ова изречение уште у второ оделение го учевме памтам ,очигледно уште се фура по учебници кај нас каде од мали децава се трујат.

Сам си кажа ''Да не беше Сити Мол пола нација немаше да знае што е тоа ЗАРА или Бургер Кинг.''
Добар дел од населението кај нас се стреми кон треторазредна португалска марка и Бургер Кинг,каков што постои во буквално секое поголемо село на Запад...ваквите и на центар на универзумот и на порта од млечен пат стави ги ќе биде во празно.

Дека ZARA е „треторазредна португалска“ погрешно е на многу нивоа (и не мислам на србизмот), бидејќи настрана што е шпанска и што е класа погоре од Primark, тешко дека секое „поголемо село на запад“ ја има.

Фино е што со бугарски пасош живееш во англиска провинција, меѓутоа тоа не те прави експерт по меѓународна економија.

Фактот дека Burger King (исто како и Costa, KFC, Starbucks, Domino's, Pret a Manger) е присутен во секоја вукојебина во развиените држави е показател колку се финансиски немоќни државите кои ги немаат ниту во главниот град. Сакале или не, државите без глобални брендови се од ранкот на Пакистан и Мали, а не од ранкот на Италија (пред да ми кажеш како немало Starbucks и Pizza Hut во Италија, нешто кое нема врска со куповната моќ).

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: zabegan
Date Posted: 31-Oct-2020 at 01:35

обично не сум вака квази-патриотски настроен, АМА:

што па мора да ги има тие брендови во секоја држава и каде постои такво правило? зошто да нема наши брендови на пример кои подоцна би можеле и ние да ги извезуваме?
не сваќам што толку се припаѓа во несвест за нив?

да, во ред, здраво е да има конкуренција и да се креваат стандардите за квалитет и условите за работа, ама кај нас па тоа не гледам да се случува после еден куп такви увезени брендови...
кај нас брендови влегуваат единстрвено за да експлоатираат работна сила со мала инвестиција а цените на производот да се високи
и да, вакви фирми повлекуваат нови странски инвеститори на пазарот, ама и тоа кај нас не се случува, чисто поради тоа што ни е нефункционална државава на многу нивоа, од најмали ситници, до глобални проблеми

и последно, го имаш факторот на локалното население, и не се работи само за куповната моќ, туку и за навики и вкусови... зошто на пример би одел да јадам во Бургер кинг и КФЦ, со напукана цена за пре-преработена и индустријализирана храна и вентилација што мириса на запотена мишка, кога ги има Седмица, Лесковац, Вили, Тетекс и останати, каде за помалку, добиваш повеќе? и да сум пребогат, пак ќе ми биде тој избор

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: user8642
Date Posted: 31-Oct-2020 at 02:05
Originally posted by zabegan

......каде за помалку, добиваш повеќе? и да сум пребогат, пак ќе ми биде тој избор
Кључната причина зашто во Македонија ништо не е "на ниво". Нормално кога не мења зејтин со денови дека ќе биде поефтино. Уште имаме анахрони елементи во економијата како бит-пазар и улични продавачи, од каде што крвари даночниот систем. Ама тоа е скорз друга тема.

Тоа што Македонија не знае да создаде еден бренд и да го етаблира по свет и извезува не значи дека не треба да има другите брендови тука. Тоа зашто оваа размена на е двострана е до Македонските компании, а не дека дошле тука експлоататорите да ги угнетат Македонците.

Posted By: zabegan
Date Posted: 31-Oct-2020 at 02:20
Originally posted by user8642

не знам кај живеете во последниве 15тина години, ама квалитетот на угостителството, рестораните, прехранбената индустрија е драстично покачен, и тоа не поради странски инвеститори, туку поради стандарди наметнати од политичко-економски причини... нема веќе труења од стоилковци и компирчиња што се бањале во ист зејтин 5 дена
не викам дека не треба да има странски брендови, туку дека не мора да се претставуваат како клучни за развојот и преживувањето на државава, затоа што истите се возени од профит и ќе се понашаат битпазарски ако тоа им е дозволено...

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: kiriOK
Date Posted: 31-Oct-2020 at 10:22
Originally posted by гитардемон

Дека ZARA е „треторазредна португалска“ погрешно е на многу нивоа (и не мислам на србизмот), бидејќи настрана што е шпанска и што е класа погоре од Primark, тешко дека секое „поголемо село на запад“ ја има.

Фино е што со бугарски пасош живееш во англиска провинција, меѓутоа тоа не те прави експерт по меѓународна економија.

Фактот дека Burger King (исто како и Costa, KFC, Starbucks, Domino's, Pret a Manger) е присутен во секоја вукојебина во развиените држави е показател колку се финансиски немоќни државите кои ги немаат ниту во главниот град. Сакале или не, државите без глобални брендови се од ранкот на Пакистан и Мали, а не од ранкот на Италија (пред да ми кажеш како немало Starbucks и Pizza Hut во Италија, нешто кое нема врска со куповната моќ).

Не било растение,грмушка било...така и твоево не е португалска,шпанска е,а уствари банално е чија е него друга беше поентата. (no one likes a smart arse btw)

Као прво Примарк во ретајл е еден вид Лидл или Алди што се кај маркетите,ова е во модата..на такво некое ниво е што дел од луѓето кои се добро стоечки испод чест им е да бидат видени таму да купуваат.
Во англиска провинција иначе има поголеми трошоци и квалитет за живот него во скоро било кој поголем град...(јас избегав од еден таков голем град).
Можда не сум економски експерт но имам можност да менувам системи во кои живеам и од страна да правам некои анализи и мерила и гледам работи кои на некои луѓе кои се наоѓаат во таа средина не им паѓаат на око.

А тоа што во Македонија нема брендови, а и тие што ги има се некакви турско-албански дил франшизи е спој и од финансиска слабост со мал пазар,корупција и менталитет на населението.
А има и некои работи кои се чист здрав разум...еден просечен македонец е ван памет да даде 300 денари за да јаде бургер од Мекдоналдс кога може на иста цена да купи два поголеми и побогати хамбургера од 7 ца.

Posted By: skopskodete
Date Posted: 31-Oct-2020 at 13:57
За да се промени менталитетот прво треба да се има поголема купувна моќ, а поголема купувна моќ нема со трговија во продавнички туку со фабрики, мали, големи итн. Се' додека не се разбере тоа во државата, економијата кај нас нема да биде многу напредна.

Posted By: Bakica
Date Posted: 31-Oct-2020 at 14:45
A sto da kazat lugeto od New York sto im dogaat milioni turisti od sekade od svetot i zborat na 100 razlicni jazici. A mnogu od niv ostanuvaat vo nivniot grad da baraat rabota i da se preselat tamu. Ama daleku e nasniot mentalen sklop od nivniot ili nivnot od nasiot, kako sakas.

Nikogas nema da se iznacudam kako na nekogo mu smeta i se protivi na toa nekoj sto doaga od drug grad ili drzava i gi ostava parite kaj nas. Ama toa e...

By the way koga kje se izgradi Mall-ot vo Pristina moze kje vidime obratno kako od kaj nas odat tamu na Shopping. Mozebi toa e podobro?

Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Oct-2020 at 18:26
Prishtina Mall Opening in Autumn 2022

Autumn of 2022 will begin with the opening of Prishtina Mall, the largest destination mall in southeast Europe.
The mall will be the biggest shopping, leisure, and entertainment center in the Southeast Europe region, with a building area of 239,111 sqm and a leasable area of 114,000 sqm.

A New Era Shopping Center
Accredited by Edge for its eco-friendly structure and accessibility for everyone, Prishtina Mall interior offers an ecstatic change of ambient for its clients. It has been planned and designed by the world wide credited LaguardaLow Architects.

Its architectural value lies in the way the local beauty of the surrounding countryside is linked to the interior of the mall. The mall will feature high ceilings, glass-dome atriums breaking through all floors to let the sunlight in, and green gardens filled with beautiful plants. As the main focus of the mall is to create an enjoyable experience, 7,623 sqm will be dedicated to food and beverage units for rest and relaxation.

The Biggest Play Zone in Europe
The construction of Prishtina Mall is going all according to plan, and upon its completion, it will be housing the biggest play zone in Europe. A whopping 6,700 sqm of space will be dedicated to excitement and fun, with all kinds of games and activities for children and adults.

It will have over 200 international brands, the leading cinema operator in Europe, over 5,000 parking spaces, and will employ 2,500 people.

%20 - https://retailsee.com/prishtina-mall-opening-autumn-2022/

Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Oct-2020 at 18:29
Prishtina Mall - Endless shopping

[tube]XUPDXe5qbGo&feature[/tube]

https://www.prishtinamall.com/

Posted By: Marxentric
Date Posted: 31-Oct-2020 at 21:41
Originally posted by kiriOK

А тоа што во Македонија нема брендови, а и тие што ги има се некакви турско-албански дил франшизи е спој и од финансиска слабост со мал пазар,корупција и менталитет на населението.
А има и некои работи кои се чист здрав разум...еден просечен македонец е ван памет да даде 300 денари за да јаде бургер од Мекдоналдс кога може на иста цена да купи два поголеми и побогати хамбургера од 7 ца.

Колку фалби му удри на генетски модифицираниот Мекдоналдс, кој во развиениот свет го јаде само сиромаштијата, гојазните и интелектуално недораснатите. Да кажеше Старбакс, Панера, Хол Фудс и слични брендови кадешто добиваш квалитет и вкус..

Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Nov-2020 at 18:49
Originally posted by Marxentric

Плус ајде навратете се назад во минатото каде во Мекдоналдс во Македонија имаше неколку пати труења од храна... пак ќе кажам, брендовите се во најголема мера само имиња, квалитетот и развојот зависат од еден куп други стандарди
и не, не е само цената и куповната моќ фактор, туку производот, ја ќе кажам, напрајте ги Мекдоналдс и 7ца иста цена, и пак пре би јадел во 7ца отколку во Мекдоналдс... и сам тој Мекдоналдс во Америка има милијарда брендови кои му парираат и може се подобри, ние ги знаеме само оние брендови што се извезуваат на светско ниво

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares

Posted By: kiriOK
Date Posted: 01-Nov-2020 at 19:43
Originally posted by Marxentric

Originally posted by kiriOK

А тоа што во Македонија нема брендови, а и тие што ги има се некакви турско-албански дил франшизи е спој и од финансиска слабост со мал пазар,корупција и менталитет на населението.
А има и некои работи кои се чист здрав разум...еден просечен македонец е ван памет да даде 300 денари за да јаде бургер од Мекдоналдс кога може на иста цена да купи два поголеми и побогати хамбургера од 7 ца.

Колку фалби му удри на генетски модифицираниот Мекдоналдс, кој во развиениот свет го јаде само сиромаштијата, гојазните и интелектуално недораснатите. Да кажеше Старбакс, Панера, Хол Фудс и слични брендови кадешто добиваш квалитет и вкус..

Нигде не го фалам Мекдиналдс, туку потрнцирам за македонска преференција за вкус многу повкусна е 7 ца или Вили...
А тоа дека само такви категории јадат од Мекдоналдс е твоја генерализација...Мекдоналдс е многу популарен кај младите генерации, а и кај секакви други повисоки класи кои го користат за брз појадок на драјвтру пред работа, за време или после.

Posted By: Marxentric
Date Posted: 01-Nov-2020 at 20:40

Супер, лапај McDouble така брзински пред и после работа и уживај. Но, те молам не пробувај да не подучиш колку префинет ланец на ресторани е Мекдоналдс, бидејќи тука има луѓе кои јаделе по светски ресторани и знаат навистина што е добра храна, а тоа дефинитивно, не е BK, McD, KFC и слични да не речам срања.

Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Nov-2020 at 21:04
Во Пајонија нема McDonalds, затоа не ти е јасно кој јаде таму. Јадат од најсиромашни до најбогати (оти и богаташ може да е пијан или надуван и да му се јаде брза храна). Исто како што Кока-кола ја пијат и бездомници и милијардери. Не значи дека нештото е добро, значи дека е нешто кое го конзумираат секаков тип на луѓе.

А за светските ресторани и добрата храна, секоја ти чест. Ова во Пајонија?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: kiriOK
Date Posted: 02-Nov-2020 at 03:02
Originally posted by Marxentric

Originally posted by kiriOK

Нигде не го фалам Мекдиналдс, туку потрнцирам за македонска преференција за вкус многу повкусна е 7 ца или Вили...
А тоа дека само такви категории јадат од Мекдоналдс е твоја генерализација...Мекдоналдс е многу популарен кај младите генерации, а и кај секакви други повисоки класи кои го користат за брз појадок на драјвтру пред работа, за време или после.

Супер, лапај McDouble така брзински пред и после работа и уживај. Но, те молам не пробувај да не подучиш колку префинет ланец на ресторани е Мекдоналдс, бидејќи тука има луѓе кои јаделе по светски ресторани и знаат навистина што е добра храна, а тоа дефинитивно, не е BK, McD, KFC и слични да не речам срања.

Скроз ја утна поентата ...Мекдиналдс е фастфуд, причина зошто спаѓа под тоа е она што го кажав погоре...масовно јадат сите слоеви на населението. Главниот муабет е чим еден Мекдоналдс не може да успее што е со други бренда.

Posted By: Marxentric
Date Posted: 02-Nov-2020 at 15:42
Originally posted by гитардемон

Во Пајонија нема McDonalds, затоа не ти е јасно кој јаде таму. Јадат од најсиромашни до најбогати (оти и богаташ може да е пијан или надуван и да му се јаде брза храна). Исто како што Кока-кола ја пијат и бездомници и милијардери. Не значи дека нештото е добро, значи дека е нешто кое го конзумираат секаков тип на луѓе.

А за светските ресторани и добрата храна, секоја ти чест. Ова во Пајонија?

Не само во Пајонија, туку и во твојот Шкуп и подалеку, доаѓам, фрлам некоја пара и заминувам. Пошто ми се може бе, а види провинцијалец.

Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-Nov-2020 at 16:52

Битно ти да си среќен, браво, баш си успеал.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Nov-2020 at 18:18
од прогресот во текот на ноември

https://www.facebook.com/prishtinamall.ks/videos/2786669068272318

Print Page | Close Window