Print Page | Close Window

Planet Complex - Сарај

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3805
Printed Date: 26-Oct-2021 at 21:23


Topic: Planet Complex - Сарај
Posted By: stef4o
Subject: Planet Complex - Сарај
Date Posted: 02-Nov-2020 at 12:11
The Planet Complex has passed all administrative procedures and received all permits from the relevant institutions.
Works for the first phase of infrastructure prep are expected to begin in a month, and then to start building houses.
Home construction works are planned to be built in stages, and depending on the dynamics of construction the project will be completed too.
This complex type will be the first in the municipality of Saraj, but also on the state level.
The investment value of the 'Planet Complex' is about 30 million euros. There will be 140 houses and 6 types of houses in the 'Planet'. During the entire urban planning period, the ideator along with the working team has taken care of this area preserving nature.
The neighborhood lies on an area of 150.000 square meters of land space, of which only 25 % will be used for construction, including roads and parking of complexes inside the residence, while the other part remains green, but since near the residence has included an extra 50.000 square meters park, which is provided to the residence, where there will be seat running trails, recreation fountains, children's playgrounds and outdoor fitness. The other characteristic of this neighborhood is that its location is located between two rivers, the Vardar River and Treska, while the position of each object will have a look at the Matka Canyon.
The motto of this neighborhood according to the ideator remains to the end, ′′ THE MAIN GOAL IN LIFE IS TO ENJOY IT..





https://www.facebook.com/BLEROFIx/



Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Nov-2020 at 12:16
Рендерите во поголем размер





https://www.facebook.com/Komuna-Saraj-Municipality-of-Saraj-Општина-Сарај


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Nov-2020 at 15:58
Officially today works started in the ′′ Complex Planet ′′ neighborhood in Saraj, Skopje. Project partners, ideator Valdeta Kasapi, businessmen Xhemil Shabani and Samet Misimi attended the inauguration of works closely. This day will remain in the memory of the ′′ Complex Planet ′′ elite neighborhood, which will be the first of this kind in Northern Macedonia.
In the first phase the road was opened and will continue to dig for construction land planning, to continue with the construction of the first 32 houses.
The works will be intense at this stage, so that we can have the first houses completed in spring. The houses will be built with high quality, modern and will provide a relaxing comfort with the panoramic view of the surrounding area.
The dream of a luxurious home will now be a reality in the spaces of ′′ Complex Planet ".
Preparatory works in ′′ Complex Planet ′′ officially begins today, in the Municipality of Saraj, Skopje. The inauguration of things was followed by project partners, creator Valdeta Kasapi, businessmen Jemil Shabani and Samet Missimi. This event will remain in memory of the elite settlement ′′ Complex Planet ", which will be the first of its kind in Northern Macedonia.
In the first phase, the road is being traced, and continues excavating for construction land planning, to start building the first 32 houses immediately.
Things will be intense at this stage so in the spring we will have the first completed houses. The houses will be built with high quality standard, modern to offer relaxing comfort with the beautiful panoramic view.
The dream of a luxury home will now be a reality in the elite settlement ′′ Complex Planet ".













https://www.facebook.com/complexplanet.mk


Posted By: ehrlich
Date Posted: 15-Nov-2020 at 20:23
Не ми оди да ја пронајдам локацијата на чудово, единствено што претпоставувам поради теренот е дека ќе биде помеѓу Долна и Горна Матка.


Posted By: fichot
Date Posted: 16-Nov-2020 at 09:11
Мислам дека ова е локацијата 41.987664, 21.302811


Posted By: ehrlich
Date Posted: 16-Nov-2020 at 17:47
Прав си Јас од преводот се збунив дека најавено помеѓу Треска и Вардар.


Posted By: fichot
Date Posted: 17-Nov-2020 at 11:16
Па технички е, ама реките се толку далеку, не знам каква врска имаат со локацијава. И Групчин е помеѓу Треска и Вардар ако така гледаме.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-Nov-2020 at 11:51
Ќе се гледа комплексот веднаш од автопат Nice


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Dec-2020 at 19:04
















https://www.facebook.com/TopNews.mk/videos/401435310900998


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 04-Dec-2020 at 23:17
Доколку испадне вака супер ќе биде, ме потсетува малку на урбанизмот низ Израел, само напред!

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Dec-2020 at 23:45
Конечно да се изгради нешто планско после толку години. Од осамостојувањето па наваму, само никнуваа дебар маала и маџир маала со одвратни шесткатници... редно беше нешто вакво!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Dec-2020 at 18:07
Денес ја пуштија новата веб страна па еве извадив неколку рендери од вилите(секоја си има свое име)

























други содржини



https://complexplanet.mk



Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Dec-2020 at 12:52
150.000 КВАДРАТНИ МЕТРИ
400+ МЕСТА ЗА ПАРКИРАЊЕ
142 ВИЛИ



https://complexplanet.mk



Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Dec-2020 at 14:31






https://www.facebook.com/complexplanet.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jan-2021 at 15:44
Уште по некој рендер од вилите



...







https://www.facebook.com/complexplanet.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Jan-2021 at 11:25
Од терен





https://www.facebook.com/BLEROFIx/


Posted By: alexsend
Date Posted: 21-Jan-2021 at 20:58
Аиииии....е браво!!!


-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 22-Jan-2021 at 06:27
Коа ќе згусти или едните или другите што ќе купат вила ќе останат со изгубена инвестиција...зависи овој дел на која страна ќе припадне.
Затоа во вакви држави како нашава треба и повеќе од основното да го имаш у глава коа бираш каде ќе се ангажираш за недвижности.


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Feb-2021 at 18:09








https://www.facebook.com/BLEROFIx


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Mar-2021 at 14:33






https://www.facebook.com/BLEROFIx


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Apr-2021 at 13:56




https://www.facebook.com/Valmir-Kompani


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Apr-2021 at 12:03


https://www.facebook.com/complexplanet.mk/


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-May-2021 at 06:54
In the complexplanet neighborhood in Saraj, Skopje, the cornerstone for home construction was thrown. Representatives of ' Valmir-Company ' investing companies Jamil Shabani, ' Blero-Fix ' Samet Missimi, the mastermind Valdeta Butcher and the main projector who will follow the works in the future Ibrahim Ferati. Homes will be of high quality and will be with certificates for the quality of construction. The dynamics of the works will be developed according to the foreseen terms. Construction works have begun, and so far it has been worked on the adaptation of the construction field, where the first 34 houses will be placed, out of a total of 142.





https://www.facebook.com/BLEROFIx/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Jun-2021 at 15:21
Веќе има неколку вили во фаза карабина



https://www.facebook.com/stories/173602951229221/UzpfSVNDOjI2OTUwOTQ0NDk3MTkwNA==/?bucket_count=9&source=story_tray


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Jul-2021 at 06:45




https://www.facebook.com/complexplanet.mk/videos/545179783332925


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jul-2021 at 15:57
ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ ЗА КОМПЛЕКСОТ ПЛАНЕТ ВО ОПШТИНА САРАЈ

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска присуствуваше на промоцијата на проектот на Комплексот Планет во Сарај. На промоцијата присуствуваа и Премиерот на РСМ, Зоран Заев, претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери, пратеникот и претседател на ДУИ, Али Ахмети, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, како и инвеститорите на проектот Валдета Касапи, Самет Мисими и Џемил Шабани.
- Ова е првата населба во Скопје која нуди поинаков концепт на живеење и првата елитна населба од овој вид која се гради како резултат на вашата упорност и визија. Навистина ми е драго што успеавте да препознаете дека политиките кои ги креираше Градот Скопје во изминативе 3 години, пред се, за рамномерен развој на сите делови од градот, помогнаа во вашата одлука да инвестирате во овој проект. Со нашата работа изминативе неколку години, активностите на Владата и општина Сарај, испративме порака до граѓаните и инвеститорите дека Скопје е град кој е еднаков за сите - кажа на промоцијата градоначалникот Шилегов.
Градоначалникот Шилегов им посака на инвестоторите успешна работа, додавајќи дека се надева комплексот дека ќе биде вистински пример за успешен проект кој моше да се реализира преку соработка на приватниот сектор, државните институции и локалните самоуправи.
Комплексот Планет е елитна населба која се простира на површина од 15 хектари, лоцирана помеѓу реките Вардар и Треска, во близина на езерото Треска. Со истиот се предвидени изградба на елитна населба со вили, паркови, спортски игралишта и центри, градинки, ресторани, маркети, фитнес и спа-центри и др.





https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jul-2021 at 16:03
ВО ЗЕЛЕНИЛОТО НАД ЕЗЕРО ТРЕСКА ВО САРАЈ СЕ ГРАДИ ЕЛИТНА НАСЕЛБА СО 142 КУЌИ

Во Општина Сарај, во брдото над автопатот Скопје-Тетово и езерото Треска, се гради нова елитна населба. Денеска инвеститорите, премиерот Зоран Заев, министри од Владата, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети и градоначалниците Петре Шилегов и Блерим Беџети ја најавија новата населба во Скопје, велејќи дека „ќе понуди сосема нов концепт на живеење“.

Овој простор беше брдо со зеленило, а сега на површина од 15 хекрати ќе никнат 142 луксузни вили. Во моментов се изведуваат пристапните патишта, по што ќе почнат да се градат куќи кои ќе имаат поглед на езерото Треска. Инвеститори се Валдета Касапи која е креатор на проектот, Џемил Шабани сопственик на фирмата „Валмир компани“ и Самет Мисими сопственик на фирмата „Блеро фикс“.

„Населбата ‘Планет‘ ќе понуди нов дух на живеење, со нови стандарди и култура, без да се наруши распространетото зеленило. Се протега на површина од 15 хектари, со само 20 отсто искористеност на природниот потенцијал, оставајќи го другиот дел од просторот со зеленило во кое ќе уживаат жителите“, рекоа инвеститорите на денешната промоција на проектот.

Со проектот се предвидува и можност за изградба на трговски центри, градинка, библиотека, хелиодром, здравствени установи, ресторани, маркети, фитнес и спа-центри.

Вредноста на инвестицијата е 28 милиони евра.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-zeleniloto-nad-ezero-treska-vo-saraj-se-gradi-elitna-naselba-so-142-kuki/


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Jul-2021 at 16:51
Комплексот „Планет“ нема достапни инфраструктура и јавен превоз

Платформата Зелен хуман град е против изградбата на елитната населба „Планет“ во Сарај, чија промоција беше во четвртокот.

На својата фејсбук-страница од оваа платформа како причина за тоа што се противат на изградбата го наведуваат тоа што комплексот „Планет“ е лоциран вон населено место помеѓу реката Вардар и езерото Треска, до кое во моментот нема никаква достапна инфраструктура, односно автомобилски пристап, водовод и канализациона мрежа, но и тоа што поврзувањето на оваа населба со останатите на територија на град Скопје ќе генерира дополнителен автомобилски сообраќај и секако изведба на нови булевари.

– Дури и нејзиното поврзување преку јавен превоз повторно е проблематично, бидејќи истото повлекува нови или зачестени автобуски линии кои, последователно, ќе придонесат кон зголемени емисии на CO2 – реагираат од Зелен хуман град.

Тие додаваат и тоа дека за градење вон населено место потребно е да се донесе урбанистички план вон населено место, чија постапката за донесување е детално опишана во член 29 од Законот за урбанистичко планирање, потенцирајќи дека ќе бараат одговори од надлежните институции за законитоста на постапката за донесување на овој план.

https://www.vecer.press/комплексот-планет-нема-достапни-и/


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Jul-2021 at 17:04
Креаторите на „Планет“ се прилагодиле на природата – шумата ќе биде парк







Сместена меѓу селата Љубин и Арнакија во Општина Сарај на 15 хектари се гради првата елитна населба со 142 луксузни вили со базени, широки дворови и огромен парк во близина. Реализацијата на оваа елитна населба наречена комплекс „Планет“ на инвеститорите Валдета Касапи, Самет Мисими и Џемил Шабани, почна во ноември лани, со изградба на пристапен пат. Вредноста на проектот е 28 милиони евра од инвеститорите Валдета Касапи, Самет Мислиу и Џемил Шабани.

Во населбата се планирани шест различни типови куќи, според потребите на купувачите, ќе има дополнително 400 паркинг места, а во близина најавуваат парк од 5.000 метри квадратни кој ќе служи на сите граѓани, а во склоп на комплексот планирана е изградба на хотел и фитнес и спа-центар.

Во населбата се нуди високо ниво на безбедност од специјализирани служби како и следење 24 часа, преку сигурносните камери, без нарушување на приватноста. Се нудат и дополнителни здравствени услуги, најсофистицирани во регионот, кои ќе бидат на услуга 24/7, во поликлиника. Здравствената услуга вклучува: стоматологија, интерна медицина, општа медицина.

Во комплексот се планира да има детски игралишта, спортски терени, интернет, маркет, ресторани со традиционална кујна, пошта, банка, библиотека и книжарница, градинка, надворешен амфитеатар, спа-центар, фонтана, поликлиника, хелиодром, мини кино и друго.

На свеченоста присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Сарај, Петре Шилегов и Блерим Беџети.

Премиерот Зоран Заев истакна дека исклучитекно значајно е тоа што градбата на целиот станбен-деловен комплекс зафаќа само околу 20 проценти од вкупната површина, а остатокот од 80 проценти припаѓа на зеленилото и природата.

– Креаторите на комплексот „Планет“ се прилагодиле на природата и на еколошката функционалност на теренот и во средината на комплексот е централниот парк кој всушност го претставува веќе постоечката шума на границите на локацијата занеговата изградба. Вредноста на оваа инвестиција од 28 милиони евра е сериозно раздвижување и придонес и за нашата вкупна економија и затоа проектот ги заслужува сите пофалби и охрабрувања. Ова дополнително потврдува дека Северна Македонија е добро место за инвестиции. Токму овој проект „Планет“ е потврда за тоа што ние најмогу го посакуваме, а тоа е да си ги вратиме нашите луѓе дома, да бидат дома, да инвестираат дома, да го донесат знаењето стекнато во светот и да го реализираат токму тука, на најубавото место на планетата – Република Северна Македонија – рече Заев.

Ова е првата населба во Скопје која нуди поинаков концепт на живеење и првата елитна населба од овој вид која се гради како резултат на вашата упорност и визија. Навистина ми е драго што успеавте да препознаете дека политиките кои ги креираше Градот Скопје во изминативе 3 години, пред се, за рамномерен развој на сите делови од градот, помогнаа во вашата одлука да инвестирате во овој проект. Со нашата работа изминативе неколку години, активностите на Владата и Општина Сарај, испративме порака до граѓаните и инвеститорите дека Скопје е град кој е еднаков за сите – кажа на промоцијата градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

%20 - https://nezavisen.mk/kreatorite-na-planet-se-prilagodile-na-prirodata-shumata-kje-bide-park/


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Aug-2021 at 15:11
ПОЖАР ВО ЉУБИН Гори во близина на комплексот „Планет“



Како што сме известени од читател, кој ни ја испрати и оваа фотографија, во моментов пожар се појавил над селото Љубин, во населбата Сарај.

Гори шума во близина на неодамна промовираниот комплекс „Планет“, каде што треба да никнат луксузни вили.

Очевидци велат дека мајсторите на терен работат комотно, како ништо да не се случува. Од Противпожарната служба ни рекоа дека не терен се испратени две возила за гасење пожар.

%20 - https://plusinfo.mk/pozhar-vo-ubin-gori-vo-blizina-na-kompleksot-planet/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Sep-2021 at 06:57












https://www.facebook.com/ijfconstruction2021



Print Page | Close Window