Print Page | Close Window

Илинденка - Кисела Вода (до Flatiron)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3829
Printed Date: 13-Apr-2021 at 03:31


Topic: Илинденка - Кисела Вода (до Flatiron)
Posted By: pbanks
Subject: Илинденка - Кисела Вода (до Flatiron)
Date Posted: 05-Oct-2007 at 23:11
ovoj proekt e pri kraj so izgradba, no procitav nesto sto mi go privlece vnimanieto pa eve da otvoram thread.
 

Во Скопје може и регуларно да се гради

Станбениот комплекс на „Илинден“ во Кисела Вода е пример за почитување на стандардите


Комплексот ќе биде вселив најдоцна за еден месец. „Илинден“ на овој начин ќе го одбележи и 60 годишниот јубилеј од постоењето

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

Само една улица ги дели скандалозните објекти на „Фи-ком“ од новиот станбен комплекс на градежната фирма „Илинден“. Почитувајќи ги сите норми на градењето и европските стандарди, станбениот објект на „Илинден“ до крајот на годинава ќе биде доказ дека во Скопје може и поинаку да се гради, но и да се продава.

Додека зградите на „Фи-ком“ никнаа за кусо време, а експресно се продадоа и становите, оваа на „Илинден“ се градеше полека, но сигурно, без никаков комплекс во однос на соседите. А, и немаше од што да стравува. Напротив. При изградбата се користени најсовремени и најквалитетни еколошки материјали како во основата на објектот, така и за најфините нешта во становите. Работено е според германски стандарди, што е случај речиси за сите објекти на „Илинден“. Користени се керамички плочки и мермер, изолацијата е изведена на најсовремен начин. Не се употребувани гипс-картони, туку се' е тула. Покрај за луѓе, во зградата има и товарни лифтови со австриска лиценца. Една од најголемите специфики на објектот е тоа што тој не само што ги запазува, туку и ги надминува потребните критериуми за неговата статика.

„Зградата има десет единици поголема јачина за статика отколку што налагаат критериумите. Во основа има арматура планирана за објект од 17 ката, бидејќи таков ни беше првичниот проект, кој сепак го ревидиравме“, објаснува раководителот на објектот, Цветан Георгиев.

Станбениот комплекс го сочинуваат четири кули преточени во еден објект меѓусебно врзани со заеднички скали и претставува најголем од таков вид во државава. Има девет ката, од кои седум се наменети за домување, а сутеренот и приземјето се планирани за деловни простории.

Комплексот е еден од ретките во Скопје, особено еден од малкуте новоизградени во последниве десет години, кој согласно со критериумите за градба поседува и сопствен паркинг, рампи за инвалиди и специјален приод за противпожарни возила. Покрај вообичаен паркинг со капацитет за 155 возила, комплексот поседува и современ подземен паркинг простор со 83 места. Во тој дел се сместени и маганцински простории. Целиот подземен простор е решен со најсовремени материјали, вентилација и влез и излез кој ќе се регулира електронски и со роло-врати. Во зградата има вкупно 126 стана, со површина од 37,5 до 130 квадратни метри, а деловниот простор го сочинуваат 54 единици со просечна големина од 100 квадрати. Цената на становите е 980 евра за квадратен метар, вклучувајќи го и ДДВ, додека локалите чинат од 1.900 до 2.000 евра квадрат.

„Речиси повеќе од 95 отсто од становите и од локалите се продадени. Цената воопшто не е висока, ако се има предвид што нудиме, а згора на се' и што се случува во бизнисот со станови. Она што е најважно, за објектот има имотен лист. Очекуваме овој месец да извршиме технички прием на објектот, така што до Нова година тој ќе биде целосно вселен. Токму со овој објект ќе го одбележиме и јубилејот на фирмата, која идниот месец прославува 60 години од своето постоење“, вели Петруш Дејановски, директор на оператива во „Илинден“, кој додава дека деловниот простор во комплексот е веќе речиси распродаден на неколку банки и звучни ресторани. Моментално во објектот привршуваат фините работи, а денеска се очекува да бидат пуштени електричните кабли и потоа да се пристапи кон целосно чистење на објектот. Истовремено ќе се работи и на хортикултурно уредување на околниот простор.




Replies:
Posted By: dejan
Date Posted: 06-Oct-2007 at 03:12
Toa zvuchi mnogu dobro togash, i 17 kata, ke bidat visoki:)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Oct-2007 at 03:12
Честитки за „Илинден“ и само така да продолжат. Да се надеваме дека купувачите во иднина ќе обрнуваат многу повеќе внимание на квалитетот а нормално дека и надлежните ќе се грижат да не се гради суб-стандардно.

Инаку ова е во близина на „рампа“ така?


Posted By: dejan
Date Posted: 06-Oct-2007 at 03:28
Kolku e 17 kata vo metri?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Oct-2007 at 04:55
Originally posted by dejan

Kolku e 17 kata vo metri?


~50m

Ама нели прочита дека се високи 9 ката? Првобитниот проект бил за 17, ама кога го намалиле сепак не ја редуцирале структурната јачина, тоа е целата поента.


Posted By: dejan
Date Posted: 06-Oct-2007 at 10:32
Znaci nema da bidat 17kata?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Oct-2007 at 10:53
не


Posted By: dejan
Date Posted: 06-Oct-2007 at 10:56
:(


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Oct-2007 at 11:38

@Cloverstack 

да тие се зградите на рампа, точно карши најголемиот на Фиком.
 
него јас воопшто не знаев дека за таму се планирале 17 катници тоа пред се ме заинтересира во објавава. Сеа се разочарав, мислам дека таму убаво би стоеле згради со таа висина. Но тоа е тоа.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 06-Oct-2007 at 15:47
LOL @ dejan. LOL

Убава зграда во секој случај.


Posted By: dejan
Date Posted: 07-Oct-2007 at 02:29
Smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2008 at 17:30
Еве го порано спомнатиот комплекс Илинден во Кисела вода. Вселувањето е почнато, а колку што можев да видам, се довршуваат последните работи во околината на објектот. Изгледа подобро од просечниот скопски комплекс и што е уште поважно изгледа многу посредено и правилно испланирано. Еве на пример доволно е да се фрли само поглед за да се примети дека не се штедело на паркинг простор, а плус има и подземни гаражи. За контрола на паркирањето веќе е вградена рампа и куќичка.

Инаку објектот од горе има облик на крст, така да на сликиве изгледа помал одколку што стварно е...






Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jan-2008 at 17:34
Не е лошо Thumbs%20Up. Штета само што ја скратија висината во старт. 


Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Jan-2008 at 17:40
    Да, читав за оваа зграда и бев пријатно изненаден. Висока е 8 ката, има приземје и подземни гаражи. Претходно беше замислена да биде една цела зграда со висина од 17 ката, ама се променил планот и е направена во денешнава форма.
    Најинтересното е што иако има 8 ката, градена е по стандарди за 17 катница, што ја прави една од најквалитетните згради од овој тип во Македонија. Thumbs%20Up И за почит е и паркинг просторот и рампата. Само целата шема во боењето на фасадата ми е премногу „колоритна“, ме потсеќа на зградите во Тирана. Иначе се е во ред. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2008 at 17:46


Според мене е културно офарбана. Ако се употреби некоја пожива боја не значи дека тоа е лошо. Мене ме нервираат некои шабански бои кога ќе се нашлапаат без врска (и тоа во сите можни комбинации), па уште кога тоа се лепенки а зградите до нив се исто така „инвентивно“ офарбани, е тоа е веќе катастрофа. Така и ако има поединечни лепенки што се добри, сепак се губат во кичот.

Roll%20eyes


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Nov-2020 at 18:15
Една нишка ретроактивно отворена и затворена за зградава што никна во Кисела Вода спроти Фиком,до Флетајронот.Најдов фотки од една фб група па еве да ги сумирам во една нишка.

Сликите се од период 2013-2015 година

оваа е најстара од градилиште



....

















https://www.facebook.com/zgrada.ilindenka


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Feb-2021 at 13:30
Ст. Деловен објект во Кисела Вода – АДГ Илинден Скопје











Станбено деловниот објект на булеварот „Борис Трајковски“ или „Сава Ковачевиќ“, локално познат како „ Зградата Цедевита“ во овој дел од Кисела Вода, е проектиран на крајот на XX век, а изведен во првите години од XXI век.

Објектот е карактеристичен како композиција од повеќе станбени згради, обединети со централно комуникациско јадро ( скали и лифтови). Истиот, како е прикажан во проектираната состојба, имал несекојдневен распоред на станбените единици и деловните. Во пракса, секогаш деловните единици биле во приземните простори и првите катови , но во овој објект е направено отстапување од таа пракса. Локалите постојат во приземните и сутеренски нивоа, но деловните простори кои зафаќаат повеќе од 30 % од објектот, се сместени во горните катови, што може да се разбере од неколку аспекти.

Во тој период, се појавуваше повторно стравување од живеење во кули, па проектантите можно е да решиле домувањето да го „приземјат“ и да го организираат до 8 кат. Следствено на ова, паралелата на деловните облакодери и работата во објекти под стаклена завеса беше прилично актуелен момент во тие години на архитектурата во Скопје. Така, деловните стаклени простори, се позиционирале меѓу 8-16 кат на објектот, со што во градската силуета доминира и се перцепира деловниот аспект на објектот

Во текот на изведбата на објектот, се менува урбанистичкиот план со што се лимитира максималната висина и спратност на објектот на П+8, со образложение дека просторот не може да поднесе толкава структура од аспект на паркирање и сообраќај. Проектот се менува и застанува до делот со домување.

За разлика од тие времиња, денес веднаш до оваа локација, се сруши архитектура која беше дел од индустриското наследство на градот, за да одново се дозволи П+16. Не заземајќи став дали е во ред на овој простор да се појават кули или не, дали е ова добра архитектура или не, го споделуваме овој објект со специфично замислена обликовна и функционална композиција.

https://marh.mk/ст-деловен-објект-во-кисела-вода-адг-и/



Posted By: user8642
Date Posted: 21-Feb-2021 at 16:18
Која глупост, мешање баби и жаби, стамбено-деловен комплекс. И на што би личело тоа, некој сабајле иде по пижами да купи јогурт у колонијалче до влез, и со него во лифт пицнат господин шеф у банка на горните спратови. Доле гаќи се сушат на една тераса, ама само два ката погоре на прозор лого од осигурителна компанија. Башка нема посточеки таков оддржлив модел што може за оаква зграда да понуди решение за сите потенцијални проблеми. Чив ќе биде лифтот, чив е влезот, кој како колку учествува? И се тоа зашто?! Зашто во 90-ти имало страв од живеење на погорни спратови, што од ден дешен изгледа тотално глупаво, исто како што еден ден ќе изгледаат глупави муабетите за 5Г. Добро што не се реализирало! За оваква зграда апсолутно можам да замислам нагоре уште дупло стамбени спратови, ама вакви глупости како проектот не.


Posted By: David
Date Posted: 21-Feb-2021 at 16:32
Да во ред е на овој простор да се појават кули,всушност гледајќи го Флатирон тоа треба да биде приоритет,наместо П+8.


Posted By: user8642
Date Posted: 21-Feb-2021 at 17:04
Овој мал простор на кој се концентрирани Илинденка и Флатирон е можеби најдобриот и најгабаритен пример во Скопје каде на мал простор е видливо која е разликата во две сосема различни урбанистички концепти, или школи, или принципи. Илинденка е еден од последните примери во Скопје он некоја форма на поранешен "источњачки" урбанизам, барем така е препознаен. Оставен поголем простор околу зградите, скалести ламели, мал процент на изграденост во маркицата, повисоки објекти за на го надоместат "изгубеното" околу. Го има на многу места низ свет ама околу културни или политички институции, не околу стамбени. На пример градски ѕид, кулите железара, дом Гоце Делчев. И се тоа ок, ама на просторот му ја крева цената. Од друга страна Флатирон е типичен урбанизам карактеристичен за густите урбани градски јадра од големите метрополи. Голем процент на изграденост, градежна линија извлечена до регулациона до максимум, на некој начин дава асоцијација на потполнетост на просторот. На пример во Скопје нема многу квартови вака урбаниситчки целосно оформени и покрај толку силната изградба. На пример Старо Скопје е вака почнато да се оформува урбанистички и затоа можеби до ден денес целосно вака урбаниситчки оформен е само центарот Мал Ринг. Овој вториот тип нуди повеќе количински стамбен простор. И иако поранешниот систем се идентификуваше како социјалистички сепак "трулиот капитализам" повеќе хуманост нуди на некој начин со тоа што овозможува повеќе луѓе да дојдат до стан. Иако прималиво изгледа урбанизмот околу Илинден сепак тоа е малку поснобовски принцип, голем простор се троши за малку луѓе (најчесто воени лица во едно друго време). Архитектите најчесто "загризуваат јадица" со овакви "светли" примери и професионалната деформација не им дозволува и други хумани аспекти да согледаат, па само својот дел го гледаат. Така да балансот незнам каде е, ниту Настел Тафталиџе и Флатирон треба да се некоја водилка како екстреми во својот пример, ниту па овие другиве треба да се нешто пример.


Posted By: fichot
Date Posted: 21-Feb-2021 at 21:02
Да стварно, многу подобро е да се напикаат што е можно повеќе луѓе на помалку простор, да им се овозможи да имаат стан нали, небаре сега не е 3-5 пати поскап квадратот од порано, отколку да живеат во некакви пристојни услови во станови со добра осветленост, со зеленило околу зградите и незнам ти какви други снобовски елитистички глупости. Се знае чоек скот дека е дека у гулабарник темен треба да живее.


Posted By: user8642
Date Posted: 21-Feb-2021 at 23:12
Ама ти не сакаш да читаш до крај, ниту да видиш дека јасно пишува "Незнам каде е балансот...". Ако треба вака во крајности да ги сведуаме работите, што е подобро 500 луѓе во сопствен стан, или 50 во супер стан и околина додека другите 450 во приградски дивоградбичиња, потковја, лепенки и селца?! БАрем да беше зградава минимум дупла во висина со станови да не биде таков изгубен простор. Што има тука нејасно?!


Posted By: David
Date Posted: 22-Feb-2021 at 08:06
Фичо зависи како гледаш на работите,модерниот младиот човек сака да опкружен со високи згради,да се чувствува урбано,затоа и цела младина е избегана по Америки,Австралии,Канади...
Повеќе луѓе нема да се напкаат,нема сите да закупат стан,некој може сака да си го исфура филмот и да живее една година под кирија,некој може сака цел живот да живее под кирија во 35/2 ама да живее во убава зграда,ме сфаќаш се менуваат потребите и приоритетите на човекот,ние пак и пак не успеваме да се адаптираме на модерниот свет,ние уште живееме мизерно затоа што сме опкружени со мизерија,може ќе речеш каква врска има тоа,ама на запад баш тие облкодери се градат меѓудругото и како стимул за младиот човек да работи да се труди за да може да си дозволи еден ден да живее таму,да не зборувам колку други подповолности се отвараат плус.

Неважно дали околу Флатирон би се изградиле 4-5 повисоки згради во тој "ЊуЈорк" стил,мора од негде да се почне,а да знаеш дека штетата од гулабарниците и штанглите што никнуваат на секој чекор е многу поголема и за човекот и за животната средина.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Feb-2021 at 18:01



Posted By: fichot
Date Posted: 22-Feb-2021 at 22:56
+1


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Feb-2021 at 23:02
Само урбано, баце.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: David
Date Posted: 23-Feb-2021 at 06:24
"У реду е" титови пионерчичи,тежок ден имавте вчера,нема лутиш,одете гушнете го гтц и ќе ви помине


Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Feb-2021 at 21:31
Originally posted by David

"У реду е" титови пионерчичи,тежок ден имавте вчера,нема лутиш,одете гушнете го гтц и ќе ви помине
леле им го залепи стварно еј

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Marxentric
Date Posted: 23-Feb-2021 at 22:25
Originally posted by David

"У реду е" титови пионерчичи,тежок ден имавте вчера,нема лутиш,одете гушнете го гтц и ќе ви помине




Print Page | Close Window