Print Page | Close Window

Хипериум

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Деловни
Forum Discription: Канцелариски згради, деловни центри, седишта на компании...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=383
Printed Date: 19-Oct-2018 at 08:33


Topic: Хипериум
Posted By: pbanks
Subject: Хипериум
Date Posted: 10-Sep-2008 at 09:10
Cheers

Хипо почнува со изградба на деловната зграда вредна 17 милиони евра
 
Хипо Алпе Адриа Лизинг во Македонија почнува со изградба на луксузната деловна зграда вредна 17 милиони евра, сместена на локација до салонот за автомобили “Ми-Да Моторс“ во Скопје, дознава Тотал.
Како што дознаваме, луксузниот објект ќе се вика Хипериум, а свечено ќе биде отворен во првата половина на октомври.
Неделникот “Капитал“ во февруари годинава ја најави оваа инвестиција на Хипо, а како што тогаш изјави директорот на лизинг компанијата, Ѓорѓе Војновиќ, станува збор за модерна и луксузна деловна зграда на пет ката, со подземни гаражи, на вкупна површина од 9.000 квадратни метри.
“Бизнис центарот ќе биде изграден по највисоки А- стандарди, во препознатлив стил на Хипо групацијата. Во дел од деловниот простор ќе се смести нашата компанија, а останатиот дел од просторот ќе го издаваме или ќе го даваме на лизинг”, изјави за “Капитал“ во февруари годинава Војновиќ.
Тој додаде дека доколку во текот на изградбата се јават заинтересирани купувачи, ќе се склучат долгорочни договори за лизинг и канцелариите ќе можат да се моделираат според желбите на клиентот.
Според планот на Хипо Алпе Адриа Лизинг, во централниот дел на приземјето на оваа деловна зграда ќе има плоштад со фонтана за разубавување на просторот, а во еден дел ќе има и ресторан за потребите на вработените во рамки на целиот комплекс.
Според најавите на Војновиќ, бизнис зградата ќе има внатрешен лифт. Катовите ќе се издаваат на три дела или цели, а секоја канцеларија ќе има и конференциска сала за состаноци. Просториите ќеимаат двојно подови, ќе бидат најсовремено климатизирани и мрежно поврзани, а нивоата ќе бидат поврзани со стаклени мостови. Деловниот објект на Хипо Алпе Адриа Лизинг, ќе има и две подземни гаражи, со паркинг простор за 250 автомобили. Објектот ќе има три контролирани влеза.


Извор: http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=12240&mid=303&tabId=1&tabindex=0 - Тотал



Replies:
Posted By: vardar
Date Posted: 10-Sep-2008 at 09:29
 
Еве ги и фотките (од некојси djurob)
 
 

 


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Sep-2008 at 09:29
 
Според најавите на Војновиќ, бизнис зградата ќе има внатрешен лифт.
 
 
Crazy Crazy Crazy Nuts Nuts Nuts


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Sep-2008 at 10:02
Originally posted by vardar

Еве ги и фотките (од некојси djurob)
 


Gunz Smile

Originally posted by vardar


 
Според најавите на Војновиќ, бизнис зградата ќе има внатрешен лифт.
 
 
Crazy Crazy Crazy Nuts Nuts Nuts


LOLLOLLOL



Smile


Posted By: maestro
Date Posted: 10-Sep-2008 at 11:39
Еј, ова е многу убав објект!
Може некој да ми каже каде ТОЧНО се наоѓа??


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Sep-2008 at 13:24
Originally posted by maestro13

Еј, ова е многу убав објект!
Може некој да ми каже каде ТОЧНО се наоѓа??


Позади салонот на Форд кај новата спортска сала


Posted By: dejan
Date Posted: 10-Sep-2008 at 14:27
Originally posted by vardar


 
Според најавите на Војновиќ, бизнис зградата ќе има внатрешен лифт.
 
 
Crazy Crazy Crazy Nuts Nuts Nuts

Можеби сакаа надворешен лифт? Big%20smile

Иначе зградава е одлична!Applause


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Sep-2008 at 18:36
Еве веднаш слики од терен кој интензивно се расчистува. Сигурен сум дека Хипо како сериозна фирма ќе истакне рендер кога ќе се загради градилиштето за да се увериме дека располагаме со вистинскиот рендер.

1

2

3


П.С. Се надевам дека и МИДА ќе го комплетира проектот за автосалонот во истиов бран за да не се раскопува просторот 100 пати


Posted By: maestro
Date Posted: 10-Sep-2008 at 21:11
Originally posted by pbanks


Originally posted by maestro13

Еј, ова е многу убав објект!
Може некој да ми каже каде ТОЧНО се наоѓа??
Позади салонот на Форд кај новата спортска сала


ОК Супер ќе биде, Хипо се сериозна компанија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Oct-2008 at 09:59
Cheers

Хипо Алпе Адриа Лизинг ќе гради луксузен деловен центар во Скопје

Денес ќе биде поставен камен-темелникот на новата деловна зграда на Хипо Алпе Адриа Лизинг.
Новиот бизнис центар ќе се наоѓа веднаш до продажниот салона на Ми-Да Моторс во Скопје.
Како што пред неколку месеци за “Тотал” најави Генералниот директор на “Хипо Алпе Адриа Лизинг”, Ѓорѓе Војновиќ станува збор за модерна и луксузна деловна зграда на пет ката, со подземни гаражи, на вкупна површина од 9.000 квадратни метри.
Деловната зграда на “Хипо Алпе Адриа Лизинг” ќе биде на пет ката, од кои секој на површина од 1.400 квадратни метри и ќе има исклучиво административни простории и ќе биде изграден по највисоки А- стандарди, во препознатлив стил на Хипо групацијата.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=12134



Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Oct-2008 at 14:51
Изгледа рендерот со кој располагаме е застарен така барем делува на ова сликичево што го има на Тотал



Еве и од поставувањето на камен темелник Cheers








Posted By: maestro
Date Posted: 10-Oct-2008 at 15:18

Само што го дадоа и новиот рендер на Сител, ама не ми се допаѓа многу како првиот!
Не можам да најдам слика на нивниот веб сајт, а не успеав да ја сликам бидејќи веста ја фатив при крај.

-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Oct-2008 at 16:08
dali mose nekoj da mi kasit kade e  ...  nekoja mapa ili karti Wink


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Oct-2008 at 16:23

Се гради нов деловен центар - Хипериум

10 October, 2008 06:28:00
Големина на фонт: javascript:tsz%28article_body,12px%29">Decrease%20font javascript:tsz%28article_body,16px%29">Enlarge%20font
image

Новиот трговски центар во Скопје го гради Хипо Алпе Адриа – Лизинг за 17 милиони евра и во него ќе има дуќани и голем деловен простор.

Инвестицијата во деловниот центар - Хипериум е прв проект од ваков вид за Хипо, која инаку кај нас нуди само услуги во лизингот.

Со деловниот центар, Хипо Алпе Адриа сакаат да внесат нови стандарди за работење. Компанијата во Македонија досега инвестираше преку 40 милиони евра во опрема, возила и недвижнини посочува член на управниот одбор Ѓорѓе Војновиќ.

„Нашиот деловен центар ќе биде со 13 илјади квадратни метри, ќе има преку 250 паркинг места, со одличен пристап со најмодерна технологија.Веруваме дека ќе поставиме нов стандард и се надеваме центарот дека ќе биде најмодерен во Република Македонија“ вели Војновиќ.
Во следните две години компанијата планира голем раст и привлекување на други компании, кои ќе придонесат за отварање на нови работни места.
„Оваа  инвестиција од 17 милиони евра ќе привлече и други инвестиции, ќе отвори нови работни места и што е најважно ќе воведе нов стандард на квалитетни деловни центри кои се градат во Република Македонија, по што секој нареден проект би требало да биде со сличен стандард, затоа што тоа е начинот на кој функционира приватниот сектор и економијата во развиените земји од современиот свет“ изјави министерот за економија, Фатмир  Бесими.

Хипо Алпе Адриа Лизинг во Македонија е основана во октомври  2006 година, а со оперативна
 


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 10-Oct-2008 at 16:24
Pa vo pogornite postovi pisuva deka e kaj noviot salon na FORD i novata sportska sala a inace super e objektot 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Oct-2008 at 16:27
Еве изволте па снајдете се:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=387&PN=1 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=387&PN=1


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Oct-2008 at 16:35
neznam sosto kaj mene ne odit ne moza da go gledam  samo pisuva error


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 10-Oct-2008 at 17:59
Kaj mene veli acces daned!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Oct-2008 at 18:22
?? нема причина да не може да ја гледате страницата. Се наоѓа во Останати теми обидете се од таму


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Oct-2008 at 23:30

Камен-темелник на деловниот центар „Хипериум“

Инвестицијата на „Хипо Алпе Адрија лизинг“ е вредна 17 милиони евра

За една година до автосалонот „МИ-ДА“ на булеварот „8 Септември“ ќе никне нов деловен центар „Хипериум“, инвестиција на „Хипо Алпе Адрија лизинг“ вредна 17 милиони евра. Изградбата на луксузниот центар започна вчера со свечено поставување камен-темелник.

„Хипериум“ ќе има пет ката, подземни гаражи со капацитет од 200 возила, а зградата ќе биде изградена во два дела меѓусебно поврзани со внатрешни мостови. По примерот на сите досега изградени деловни центри на групацијата „Хипо“, и оваа ќе биде изведена со најсовремени материјали. Просториите ќе имаат двојни подови, ќе се монтираат системи за заштеда на електрична енергија, климатизацијата ќе биде мрежно поврзана, а влезот во објектот ќе биде контролиран од три локации. На еден кат од деловниот простор ќе биде сместена групацијата „Хипо“, а другите четири ката ќе се даваат на лизинг или ќе се издаваат.

„‘Хипериум‘ е демонстрација на нашата сериозност, амбициозни планови и доследност. Ве уверувам дека ова е прв чекор при влегувањето во сегментот на лизинг на надвижнини. Потребите за лизинг на недвижнини се евидентни и во соработка со надлежните институции, ќе ги надминеме моменталните пречки и ќе го развиеме и овој сегмент“, истакна вчера Ѓорѓе Војновиќ, член на Управниот одбор на „Хипо Алпе Адрија лизинг“.

Инвестицијата на австриската компанија ја поздрави и министерот за економија, Фатмир Бесими, за кого изградбата на „Хипериум“ значи уште еден доказ за подобрување на бизнис-климата во државава, а наедно и стимул за други странски инвестиции. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=68309ABA121AC443B836040955A103F7




Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Oct-2008 at 23:35
новиве рендери ветуваат иако не се баш во голема резолуција па неможе убаво да се видат. Веројатно повеќе ќе ми се допаднат од оној првичниот за кој и бев скептик дека ќе биде (тоа веројатно бил валиден проект кога МИДА планирал сам да си го гради целиот комплекс). 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Oct-2008 at 11:36
Почна да се гради „Хипериум“ во Карпош



Автор:  Г.Т.

Компанијата „Хипо Алпе Адриа лизинг“ вчера почна да го гради луксузниот деловен центар „Хипериум“ во населбата Карпош, во близината на раскрсницата меѓу булеварите 8 Септември и Илинден. Комплексот ќе има пет ката над површината и два под земја, ќе се простира на вкупна површина од 13.000 квадратни метри и ќе се гради според европски стандарди. На првиот кат ќе се смести групацијата „Хипо“, а другите четири ќе се даваат на лизинг или ќе се издаваат.

Зградата ќе се состои од два дела, кои меѓусебно ќе се поврзат со внатрешни мостови. Од групацијата најавуваат дека во дворот пред влезот на овој луксузен објект ќе тече вештачка река, во приземјето ќе се направи фонтана, а во еден дел ќе има и ресторан за потребите на вработените во центарот. Зградата ќе има внатрешен лифт, а секоја канцеларија ќе содржи и своја конференциска сала за состаноци. Просториите ќе се прават со двојни подови, ќе бидат современо климатизирани и мрежно поврзани. Планирано е да се вградат и системи за заштеда на електричната енергија. „Хипериум“ ќе има и подземни гаражи и паркиралишта со капацитет за 200 возила. Во него ќе се пристапува од три контролирани влеза. Објектот ќе биде приспособен и за лица со посебни потреби.

- „Хипериум“ е демонстрација на нашата сериозност. Ова е прв чекор во воведувањето на лизингот на недвижнини. Тој е потребен и, во соработка со надлежните институции, ќе ги надминеме моменталните пречки и ќе го развиеме овој сегмент - истакна Ѓорѓе Војновиќ, член на управниот одбор на компанијата.

Интересни содржини се планираат за најгорниот кат, каде што меѓу другото треба да се направат отворена тераса и сала за фитнес.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=205&ArticleID=8999



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 11-Oct-2008 at 19:18
aaaa sega znam kade e ako ne se lazam   http://maps.google.com/maps?hl=de&rls=com.microsoft:*:IE-SearchBox&rlz=1I7GZFA&resnum=0&q=kasarna%20skopje&um=1&ie=UTF-8&sa=N&tab=wl - http://maps.google.com/maps?hl=de&rls=com.microsoft:*:IE-SearchBox&rlz=1I7GZFA&resnum=0&q=kasarna%20skopje&um=1&ie=UTF-8&sa=N&tab=wl


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 11-Oct-2008 at 19:22
 aaa izvinite  toa e greska  Bash   kaj goggle earth pisite Хипериум  i ce izleze


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Oct-2008 at 14:07
Колку е добро кога си имаме работа со сериозен инвеститор. Транспарентност на прво место Applause

Се потрудив да најдам оригинал рендери од сајтот на словенечката фирма која го дизајнирала проектов но за жал сајтот им е under construction. Сепак мислам дека успеав да "изрипувам" добри рендери од таблата на градилиште

Единствено нешто што не ми се допаѓа е висината. Му фалат на објектов уште 1-2 ката

1 Лична карта на објектот

2

3

4

5

6

7 Еве и една слика за почеток од градилиштето. За жал МИДА сеуште не работи на проширување на својот објект како што се надевав Unhappy






Posted By: my Macedonia
Date Posted: 12-Oct-2008 at 14:11
mnogu mi se topagat ova .... pbanks ako ne bese ti vo forumt ovde nisto ce nemase Ohnoili ce imase ama ne tolku mnogu kako sega


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 13-Oct-2008 at 16:53
Еве нешто повеќе од градилиштето:

1.

2.

3.

4.

5.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2008 at 15:20









Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Dec-2008 at 15:33
Месец ипол од последната фото сесија на готсо а прогресот е одличен Applause. Објектов воопшто нема да биде наивен сега од кога се пополни дупката па имаме каква таква претстава. 


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Dec-2008 at 16:51


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Jan-2009 at 15:11





-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jan-2009 at 15:24
Стабилно темпо држат со оглед на временските услови што беа до скоро време. Само приметувам и тука, а и на други градилишта дека градата некако прво еден дел цел кат па дури тогаш се почнува другиот дел и така каскадно. Слично како кај веро,


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Feb-2009 at 14:19
Грабат добро






-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 04-Feb-2009 at 15:33
Еве и фотки од мене од 03.02.2009:

1.

2.

3.



Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2009 at 15:48
Овдека истовремено се работи на нов сегмент од автосалнот на МИДА како што ме информираше еден пријател кој работи таму. Сепак не се работи за комплетирање на проектот со кој располагаме. Дали се работи за трајна измена на тој проект или пак за некоја нова меѓуфаза не знаеше да ми каже. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Feb-2009 at 17:36
gotso те нема те нема и кога конечно реши да сликнеш се погоди у ист ден со Владимир LOL


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 04-Feb-2009 at 21:56
Што е најтрагично вчера сликав, али ме мрзеше да ги префрлам на ПЦ... памет за другпат LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Feb-2009 at 17:44
Ова е сликано од дворот на електро факултетот...





Posted By: maestro
Date Posted: 28-Feb-2009 at 11:39
Стварно добро дотуркале во рок од неколку месеци.
Како што рече pbanks, малку пречи што е мала висината ма објектот, ама тоа не изгледа одлично.


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Mar-2009 at 20:54
Малиот дел од МИДА каде што беше Волво е отстранет.

1

2



Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Mar-2009 at 17:08
Комплексот Хипериум/МИДА/МИВА/Адора од далеку




Posted By: La Linea
Date Posted: 27-Mar-2009 at 23:02


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Apr-2009 at 19:47
1

2



Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-May-2009 at 15:35
01.


02.


03.


04.



Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Jun-2009 at 13:37
1

2

3

4



Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Jun-2009 at 09:01
Од петокот (завчера) ...





Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jul-2009 at 15:51
1

2 Се реди фасадата, ова беше највидливиот дел што можеше да се фати




Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Aug-2009 at 23:12

„Хипериум“ нуди комплетно опремен деловен простор за фирми

Објектот е инвестиција од 17 милиони евра на „Хипо Алпе Адрија лизинг“

Сања Наумовска

Деловниот центар „Хипериум“ на „Хипо Алпе Адрија лизинг“ ќе биде готов до крајот на годината, а моментно се нуди просторот наменет за издавање на заинтересираните фирми. Објектот се гради од 2008 година во општината Карпош.

„Хипериум“ има површина од 13.000 квадратни метри А класа деловен простор, на пет ката, а на фирмите ќе им се понуди целосно уредени канцеларии во кои ќе можат веднаш да се вселат. Во него ќе биде сместена и Групацијата „Хипо“, а со неговото профункционирање ќе понуди простор за фирми со над 500 вработени.

Бизнис-центарот „Хипериум“ се состои од два засебни објекта поврзани со внатрешна платформа со мостови. Во него има канцеларии со различни димензии наменети за мали продавници, банкарски или осигурителни канцеларии, ревизорски куќи, телекомуникациски и ИТ компании како и други јавни услуги. На петтиот кат е сместена повеќенаменска канцеларија опремена со видео и аудиоопрема за презентации, која ќе се најмува на час или на ден. Непосредно до неа има и клуб за состаноци, како и луксузен потпокрив со тераса.

„’Хипериум’ е инвестиција од 17 милиони евра, една од најголемите за ваков вид објекти. Инвестицијата и во вакви услови на пазарот е исплатлива, бидејќи понудата што ќе им се даде на фирмите е единствена. Тие ќе добијат модерен и целосно опремен деловен простор за кој нема да мора дополнително да инвестираат, туку веднаш да се вселат“, објаснуваат од „Хипо“.

Во рамките на комплексот има подземни гаражи за околу 200 возила, наменети за вработените, како и надворешен паркинг за посетители, внатрешен лифт, а просториите се климатизирани и мрежно поврзани. Целиот објект е опремен со најсовремени безбедносни уреди, вклучувајќи и автоматски системи за гаснење пожари. Инсталирани се и видеонадгледувањето и систем против кражби, како и систем за заштеда на електрична енергија. На влезот од зградата, во дворот ќе тече река, а во приземјето ќе има фонтана. Во рамките на објектот ќе функционира и Хипо-павилјон, кој е засебен дел од центарот и претставува изложбен простор. Тој ќе има посебен влез и свое работно време.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E656C1FE3B66DA499170E8C0A7DBAEE8


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Aug-2009 at 23:20
Во 10на дена втора поопширна објава на Утрински весник за објектов. Како што се ближи комплетирањево очигледно се удира акцент на ПРот. Но со право, од она што може да го видиме од сликите и од останатите информации од Хипо навистина имаат и со што да се пофалат

„Хипериум“ воведува нови стандарди на пазарот на недвижен имот

Деловниот центар нуди комплетно уредени простори, чија квадратура е според потребите на закупците

Сања Наумовска

„Комплексот ’Хипериум‘ ќе биде прв бизнис-парк во Македонија, кој компаниите нема да мора воопшто да го напуштаат за да завршат каква било работа поврзана со нивниот бизнис“, вели Ѓорѓи Војновиќ, генерален менаџер на „Хипо Алпе Адрија лизинг“. Во „Хипериум“ има место за нотари, адвокатски компании, банкарски канцеларии, осигурителни и ИТ-компании и други бизниси на кои им е потребен опремен деловен простор во кој ќе можат во тивка и мирна атмосфера да работат, и тоа на само 1,5 километар од центарот на градот.

Концептот, дизајнот и технологијата кои се вградени во објектот се врвни и пренесени од сите други згради кои „Хипо“ ги има во светот, но изградбата на „Хипериум“ е доверена исклучиво на македонски градежни компании, кои објектот ќе треба да го завршат до крајот на годината. Во него се имплементирани највисоките технички и безбедносни стандарди, заштита од пожари и видеонадзор. Целиот објект изведен со стаклена фасада ја штеди енергијата, има современи системи за греење и ладење и автоматско исклучување на светилките по работното време.


Ѓорѓи Војновиќ

Изградбата на „Хипериум“, вели Војновиќ, се реализира по истражувањето на пазарот на недвижен имот во Македонија, на кој очигледно му недостасуваше еден ваков објект што ќе понуди повисоки стандарди, кои се еквивалент на потребите на домашни и странски компании што работат овде. Заинтересираноста е голема и засега се потпишани неколку писма за интерес со претставништва на странски фирми.

„Убедени сме дека ова е најмодерниот бизнис-центар во нашата држава. Инвестицијата е исплатлива и се надеваме дека ќе биде пример за другите инвеститори на пазарот за недвижен имот. Нивото на развојот на овој сегмент во Македонија е сличен на оној пред десетина години во Србија, Хрватска и други земји во регионот, па се наметна реалната потреба од изградба на еден ваков објект“, нагласува Војновиќ.

„Хипериум“ на пазарот за најмување нуди површина од 13.000 квадратни метри. Но, Војновиќ засега не ја открива цената што ќе треба да ја плаќаат компаниите. Тие ќе добијат комплетно уредени простори, чија квадратура може да биде определена според потребите на закупците. На петтиот кат е сместена повеќенаменска канцеларија опремена со видео и аудиоопрема за презентации што ќе се најмува на час или на ден. Непосредно до неа има и клуб за состаноци, како и луксузен потпокрив со тераса.

Канцелариите ќе имаат празни мрежни канали доколку на фирмите им е потребно доопремување, со што, вели Војновиќ, се внимава и на визуелниот ефект и убавината на деловниот простор. Објектот има паркинг за 200 возила наменет за вработените, како и посебен паркинг за посетители, со што еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат деловните центри е успешно решен. Според очекувањата на „Хипо“, инвестицијата во деловниот објект ќе се врати за 7-10 години работа.

Особено интересен е фактот што во павилјонот, кој е засебен дел од објектот и ќе има свој влез и работно време, ќе се организираат различни изложби и други културни настани. Модерно уредениот простор во соработка со Општина Карпош ќе им биде ставен на располагање и на млади уметници од општината, кои тука ќе добијат шанса за промоција на своите дела. На влезот од зградата, во дворот ќе тече река, а во приземјето ќе има фонтана.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6A72E7A533A81A47A7E34EB12E8C3AE6


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Aug-2009 at 14:52


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Aug-2009 at 17:03

http://www.beobuild.rs/read.php/368.html -

CB RICHARD ELLIS Regional Success


CB Richard Ellis, Serbia has become exclusive leasing agent of new A Class Office Building in Skopje, Macedonia.

This modern business center represents EUR 17 m worth investment project of Hypo Alpe Adria Leasing.

“Hyperium” Business Center, characterized by unique and very recognizable architectural design, shall comprise two five-floor office buildings holding approximately 13.000 sq m of GBA, including two-level underground parking space of 200 parking spaces capacity.

The project shall be finished by the end of the year, while interested companies may even now enter the lease agreements negotiations.

At the moment Hyperium represents one of the biggest office buildings on Macedonian market, whereas such an investment under current market conditions reflects the current demand on the market for new concept of office building that would offer fully functional and immediately operational office space to prospective tenants, with no need for any additional investment.

Future design, layout and amenities

The combination of attractively designed balconies and curtain wall façade has provided a sophisticated blend of modern design and functionality, while stylish stone walls in central part represent an excellent structural connection between the two office buildings, giving a special touch to the overall architectural design. This is further enhanced by passarelles which via internal platform provide a link between the two complex segments.

The project offers highly enjoyable corporate setting that provides its tenants with a true sense of business community, which is in modern business world not considered as a luxury but a necessity. The business center is designed as plug & work office space, which perfectly corresponds to the requirements of modern business standards, greatly facilitating the very process of business expansion or movement of companies to this new office building.

The complex shall have all the amenities and facilities necessary for everyday business, including fully equipped up-to-date congress center, which the tenants shall have the possibility to rent for seminars, conferences, workshops or presentations. 24/7 Video surveillance, four-pipe HVAC, restaurant with catering services, visitors’ open parking lot, are just some of the amenities that will definitely make tenants’ everyday business setting much more comfortable and safer. What makes this project positively different and further adds to its competitiveness in the market is also Hypo Pavilion, a wholly separate unit within the complex that will be used as exhibition space.


http://www.beobuild.rs/read.php/368.html

1

2



Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Sep-2009 at 14:16
1

2

3



Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Sep-2009 at 00:29
Од објектот-грдосијата МИДА воопшто не се гледа прекрасниот Хипериум. Денеска бев да го разгледам објектот и се вратив разочаран, бидејќи нема да го забележите од околните невкусни објекти, доколку не сте дојдени единствено за таа намена. 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Sep-2009 at 17:33


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Sep-2009 at 19:50
1

2

3

4

5

6

7

8

9



Posted By: igorius
Date Posted: 11-Oct-2009 at 19:54




vakvi objekti mu trebaat na nasiov grad....bravo


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Oct-2009 at 11:31
Објектов е при крај, ама ни сега не се на одмет рендериве  Smile

1



2



3



4



Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Oct-2009 at 16:50


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Oct-2009 at 21:06
зградава испадна поубаво од што очекував (само фасадата ми е малце во стил на МТВ Roll%20eyes)
се надевам дека и осветлувањањето ќе го решат како на рендерите


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Oct-2009 at 16:35
Од денес
1.


2.


Убавината е во деталите

3.


4.


5.


6.



.....

зградава испадна поубаво од што очекував (само фасадата ми е малце во стил на МТВ Roll%20eyes)


Да да, требаше да се очекува дури и за овој објект едно Blahblah  од тебе забеган...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Oct-2009 at 16:59
Почна сезоната на темни фотки . Сепак одлични се. 8ца не и бега на оваа зграда од мене


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Nov-2009 at 06:55
Од пред некој ден...





Posted By: The Man
Date Posted: 01-Nov-2009 at 10:39
Постојано има работници на кровот и во внатрешноста, се работи турбо. Applause


Posted By: xnx
Date Posted: 01-Nov-2009 at 14:21
zgradava e odlicna, od mene minimum 9


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 01-Nov-2009 at 14:39
Малку пробуричкав во темава и уште не сум на чисто со некои работи во врска со објектов. Гледам дека на повеќето од вас објектов им изгледа многу добро, да не речам им се допаѓа со што и јас се согласувам, можеби најголема забелешка би ми била бојата на панелите што не викам дека не е добра, туку прашање е колку е соодветна за скопската клима и енергетската ефикасност во тој правец, ама тоа се други прашања. Факт е дека за голем процент од „поновите“ скопски згради од овој карактер, треба да им биде репер (во смисол на обликувањето, дека и така во најголем процент така ги коментираме проективе, во недостаток на повеќе инфо).

Само не ми е јасна локацијата, стварно е штета што објектов не е поставен на некој аголна локација. Во тој контекст чудна ми е врската (визуелната) на канцеларискиот простор (што е нормално целосно застаклен) со обесените гаќи на балконите на станбените згради што се во најнепосредна близина (последната слика од постот на lslcrew). Генерално е позитивно што не се инсистира да се збута ваква намена некаде во центар што може е комерцијално логично, ама и не е задолжително, посебно што локацијата е послободна, квадратот е поефтин, паркирањето е поедноставно исл, ама и покрај се ова, пак објектов е збутан во лавиринт. До толку ли не се води сметка при урбанистичкото планирање и доделување на намени на објектите или овде нешто „измајмунисале“ или со овој објект или со станбените згради (што мене повеќе ми изгледа дека е направено со овие вторите, со оглед на непосредното окружување)?

И друго нешто што ме загрижува (што ме инспирираше објектов) е што треба да се здружат странски инвеститор и странски проектант за да се промовира ваква архитектура. На три прста може да се избројат проектантски студија од Скопје што би предложиле некое вакво обликовно решение и што е најтрагично и кога би го предложиле, не верувам дека би се нашол таков јунак инвеститор да прифати објект на кој нема до влакно да му е искористена дозволената површина (нормално неизбежното мансардно поткровје исл.). Во овој поглед има и спротивни примери и тоа уште поголеми промашувања како што е Рамстор или објектот на НЛБ, ама повеќето објекти од ваков тип, не дека ги има многу: ЕРА, објектот на Газит, неколку автосалони исл.(повеќето не се ни изградени) имам впечаток дека убаво ни покажуваат колку сме out во овие некакви современи светски случувања во поглед на некоја ваква комерцијална архитектура. Да не ја допирам станбената, дека таа ни е прича за себе...со тоа што и таму работите би се промениле кога би имало повеќе примери од овој тип...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 12-Dec-2009 at 21:17
Дечки нешто оддамна не сте кажале ништо за објектов,кога официално ќе биди пуштен во употреба?
Според сликиве од пред еден месец изгледа скоро готов.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Dec-2009 at 22:13
Originally posted by ovaj_stariov

Дечки нешто оддамна не сте кажале ништо за објектов,кога официално ќе биди пуштен во употреба?
Според сликиве од пред еден месец изгледа скоро готов.


Во право си потребна е нова фото сесија. Екстериерно е готов


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jan-2010 at 15:54
1


2


3


4


5



Posted By: liburni
Date Posted: 02-Feb-2010 at 03:53

really classy building!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 13:32
Изнтересно изгледа објектов под снег...



Posted By: fichot
Date Posted: 15-Mar-2010 at 23:38
Многу ме бендисува објектов. Може да звучи чудно, ама некако ми делува агресивно, спортски со тие острите испакнати делови. Тоа тераси се вајда?


Posted By: Мартин
Date Posted: 30-Mar-2010 at 15:26
Хипо Алпе Адриа Лизинг во нови простории

Компанијата Хипо Алпе Адриа Лизинг од идната недела ќе биде сместена во новиот деловен центар Хипериум, со што ќе се означи и почетокот на функционирањетона новиот модерен деловен центар Хипериум, инвестиција вредна 17 милиони евра.

Модерниот деловен центар Хипериум, се состои од две петкатни згради со  препознатливо и единствено архитектонско решение кое се протега на 13.000 метри квадратни со подзмени гаражи на две нивоа наменети за 200 возила.

Проектот е смислен по принципот на plug&work, што значи дека закупците немаат потреба од дополнителни инвестиции во просторот што го земаат под закуп. Комплексот ги има сите потребни елементи за секојдневно работење на компаниите, како и совршено опремен конгресен центар, за потреби на семинари, конференции, презентации. Зградата има 24 часовен видео надзор, посебен систем за греење и ладење, ресторан со услуги, отворен паркинг простор за посетители.

http://www.time.mk/read/64437d474e/ef59307e0e/index.html



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 30-Mar-2010 at 21:51

Ајде модератопи, спремајте анкета. Тука се оштрам за некоја 8ца-9ка.



Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Mar-2010 at 23:23
7/8-ца не му бега на овој. 9ката за филхармонијата, кога тогаш. Ајде пбанкс!


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Mar-2010 at 23:37
Чекајте дечки ваљда е ред како што иде да легне една финална фото сесија пред да го оцениме.

Се прашувам дали е среден просторот пред објектот со оглед на тоа што МИДА е сеуште градилиште.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jul-2010 at 21:37

ПР­ВА ИН­ТЕ­ЛИ­ГЕН­ТНА ДЕ­ЛОВ­НА ЗГРА­ДА ВО МА­КЕ­ДО­НИ­ЈА ХИ­ПЕ­РИ­УМ

Сен­зо­ри на­мес­то коп­чи­ња

Во Хи­пе­ри­у­мот сe се уп­ра­ву­ва ком­пју­тер­ски. Во згра­да­та не тре­ба да при­тис­ка­те коп­чи­ња за да вклу­чи­те или ис­клу­чи­те свет­ло, кли­ма-уред, гре­е­ње и вен­ти­ла­ци­ја, за­тоа што сe се слу­чу­ва со по­мош на сен­зо­ри

Стак­ле­на­та фа­са­да овоз­мо­жу­ва мик­рок­ли­ма во об­јек­тот. Та­ка, ако е над­вор 53 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни, внат­ре мо­же­те да ра­бо­ти­те на 19 сте­пе­ни. Стак­ло­то, иа­ко е тем­но, овоз­мо­жу­ва про­пус­тли­вост од над 45%, со што се обез­бе­ду­ва до­вол­но при­род­на свет­ли­на во ен­те­ри­е­рот
"Под­гот­ве­те се за ус­пех" е сло­га­нот на ком­па­ни­ја­та "Хи­по Ал­пе-Ад­ри­ја ли­зинг", ко­ја е сопс­тве­ник на Хи­пе­ри­ум, мо­мен­тно нај­екс­клу­зив­ни­от де­ло­вен цен­тар во Ма­ке­до­ни­ја. Об­јек­тот, смес­тен на аго­лот на ули­ци­те Ок­том­ври­ска ре­во­лу­ци­ја и Илин­ден­ска во Скоп­је, ќе го пре­поз­на­е­те уш­те од­да­ле­ку по цр­ни­те фа­са­ди со ис­кр­ше­ни бал­ко­ни, на кои ов­де-он­де се на­ѕи­ра­ат ак­цен­ти во злат­на бо­ја. "Тие сим­бо­ли­зи­ра­ат со­фис­ти­ци­ра­ност и ус­пех", ве­ли Оли­вер Цинтл, ге­не­ра­лен ди­рек­тор на ком­па­ни­ја­та, кој от­кри­ва и де­ка кон­цеп­тот, ди­зај­нот и тех­но­ло­ги­ја­та кои се вгра­де­ни во об­јек­тот се врв­ни и ис­ти ка­ко и во си­те дру­ги згра­ди кои гру­па­ци­ја­та "Хи­по" ги има во све­тот.
"На­ша­та гру­па­ци­ја е поз­на­та по мо­дер­ни­те згра­ди со сов­ре­ме­ни ус­ло­ви за ра­бо­те­ње. Са­кав­ме да пре­не­се­ме дел од на­ши­те ис­ку­ства од Авс­три­ја, Сло­ве­ни­ја, Ита­ли­ја, од Гер­ма­ни­ја на ма­ке­дон­ски­от па­зар за де­лов­ни об­јек­ти", об­јас­ну­ва овој ма­гис­тер по прав­ни на­у­ки од Ви­е­на, ко­го во Ма­ке­до­ни­ја пред 3,5 го­ди­ни го до­нел не­го­ви­от го­лем ин­те­рес за фи­нан­сии и за ос­во­ју­ва­ње но­ви па­за­ри.
Из­град­ба­та на Хи­пе­ри­ум сле­де­ла по ис­тра­жу­ва­ње­то на на­ши­от па­зар за нед­виж­нос­ти, на кој му не­дос­ти­га­ше ва­ков об­јект кој ќе по­ну­ди по­ви­со­ки стан­дар­ди, кои се ек­ви­ва­лент на пот­ре­би­те на ком­па­ни­и­те кои ра­бо­тат ов­де. "Имај­ќи ги пред­вид теш­ко­ти­и­те со кои се со­о­чив­ме ба­рај­ќи со­од­ве­тен кан­це­ла­ри­ски прос­тор за на­ше­то се­диш­те ов­де, си пос­та­вив­ме цел да го по­диг­не­ме ни­во­то на па­за­рот на нед­виж­ни­ни во Ма­ке­до­ни­ја", ве­ли тој.
Де­лов­но-ко­мер­ци­јал­ни­от ком­плекс Хи­пе­ри­ум, со по­вр­ши­на од 16.000 м2, рас­по­ла­га со 5 ка­та де­ло­вен прос­тор. Се­кој кат, ос­вен при­зем­је­то, е по­де­лен на три сег­мен­ти, од кои нај­ма­ли­от има 192 м2, сред­ни­от 450 м2, а нај­го­ле­ми­от 560 м2. При­зем­је­то е пред­ви­де­но за ус­луж­ни деј­нос­ти, бан­ка и за рес­то­ран. На нај­ви­со­ко­то ни­во, кое прет­ста­ву­ва лук­су­зен пот­пок­рив, има са­ла за сос­та­но­ци и кон­фе­рен­ци­ска са­ла, оп­ре­ме­на со нај­сов­ре­ме­на ау­дио и ви­де­о­оп­ре­ма за пре­зен­та­ции. Таа мо­же да се из­нај­му­ва на час или на ден, ка­ко и Хи­по па­вил­јо­нот на при­зем­је­то, кој слу­жи ка­ко из­лож­бен прос­тор.
Ед­на од ка­рак­те­рис­ти­ки­те на об­јек­ти­те на оваа ком­па­ни­ја е мож­нос­та за уре­ду­ва­ње по прин­ци­пот опен спа­цее, кон­цеп­тот кој тие им го ну­дат на сво­и­те кли­ен­ти. Прос­то­рот мо­же да се де­фи­ни­ра по жел­ба, а де­лов­ни­те еди­ни­ци се уре­де­ни по сис­те­мот плуг & плаѕ, од­нос­но мо­мен­тно се под­гот­ве­ни за упот­ре­ба, без пот­ре­ба од до­пол­ни­тел­ни ин­вес­ти­ции. Ис­то та­ка, прос­то­рот мо­же да се ор­га­ни­зи­ра и на по­и­на­ков на­чин, во склад со жел­би­те на но­ви­те ко­рис­ни­ци.
Згра­да­та ги ис­пол­ну­ва си­те тех­нич­ки и гра­деж­ни стан­дар­ди за мо­дер­на де­лов­на згра­да од А кла­са, вклу­чу­вај­ќи и сов­ре­мен сис­тем на гре­е­ње и ла­де­ње, спуш­те­ни пла­фо­ни со про­тив­по­жар­на ин­ста­ла­ци­ја, со без­бед­но­сен и мо­ни­то­ринг сис­тем. Таа е ин­те­ли­ген­тна де­лов­на згра­да во ко­ја сe се уп­ра­ву­ва ком­пју­тер­ски. Ако сне­ма стру­ја, се ак­ти­ви­ра­ат УПС кои мо­же да одр­жат елек­трич­на енер­ги­ја за це­ла­та згра­да до по­ло­ви­на час. Во са­ми­от мо­мент на пад на на­по­нот, се ак­ти­ви­ра ди­зел-аг­ре­гат, кој го ини­ци­ра ра­бо­те­ње­то на ге­не­ра­то­рот, со што поч­ну­ва да се про­из­ве­ду­ва стру­ја за на­по­ју­ва­ње на згра­да­та. По­ра­ди на­чи­нот на кој се по­вр­за­ни ко­мо­ри­те за го­ри­во, овој ге­не­ра­тор овоз­мо­жу­ва Хи­пе­ри­ум да до­би­ва елек­трич­на енер­ги­ја за не­ог­ра­ни­чен пер­и­од и не­за­вис­но од глав­на­та дис­три­бу­тив­на мре­жа за елек­трич­на енер­ги­ја. Га­ра­жи­те и за­ед­нич­ки­те прос­то­рии од згра­да­та се оп­ре­ме­ни со мо­ти­он де­тец­тор (ИР сен­зо­ри), кои де­тек­ти­ра­ат дви­же­ње, и са­мо то­гаш ги ак­ти­ви­ра­ат свет­ла­та. Си­те про­зор­ци и бал­кон­ски вра­ти има­ат сњитцх сен­зо­ри кои, ав­то­мат­ски, го ис­клу­чу­ва­ат цен­трал­но­то ла­де­ње или гре­е­ње во слу­чај тие да се от­во­рат. Тем­пе­ра­ту­ра­та во прос­то­рот е цен­трал­но адап­ти­ра­на на зим­ски и на ле­тен ре­жим, со мож­ност на ин­ди­ви­ду­ал­на ко­рек­ци­ја од +/- 3 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни.
"Оваа згра­да е ен­ви­рон­мен­тал фри­ендлѕ и е из­ра­бо­те­на од ви­со­кок­ва­ли­тет­ни ма­те­ри­ја­ли. Стак­ло­то на фа­са­да­та, кое е со спро­вод­ли­вост од 1,1, ја за­др­жу­ва не­га­тив­на­та топ­лин­ска енер­ги­ја над­вор, и со тоа се заш­те­ду­ва стру­ја за ла­де­ње на об­јек­тот во те­кот на ле­то­то. Та­ка, ако тем­пе­ра­ту­ра­та над­вор е 53 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни, во ен­те­ри­е­рот лес­но се пос­тиг­ну­ва тем­пе­ра­ту­ра од 19. Стак­ло­то, иа­ко е тем­но, овоз­мо­жу­ва про­пус­тли­вост од над 45%, од­нос­но се обез­бе­ду­ва до­вол­но при­род­на свет­ли­на во прос­то­рот", ве­ли Цинтл.
Ви­си­на­та на на­ем­ни­на­та ја од­ре­ду­ва­ат во че­ти­ри очи со ид­ни­те ко­рис­ни­ци, зе­мај­ќи ги пред­вид ква­ли­те­тот на прос­то­рот и ло­кал­ни­те стан­дар­ди. Ов­лас­тен зас­та­пу­вач во де­лот за из­нај­му­ва­ње е ЦБ Риц­хард Ел­лис, во­деч­ка ме­ѓу­на­род­на ком­па­ни­ја на по­ле­то на ко­мер­ци­јал­ни­те нед­виж­нос­ти, ко­ја дејс­тву­ва во по­ве­ќе од 58 зем­ји, а со Хи­пе­ри­ум прв­пат до­а­ѓа на ма­ке­дон­ски­от па­зар. "Оваа ком­па­ни­ја се за­ни­ма­ва со кон­сал­тинг, про­це­на на вред­нос­та на нед­виж­нос­ти­те и со раз­во­ен кон­сал­тинг, ис­тра­жу­ва­ње на па­за­рот, из­да­ва­ње на де­лов­ни прос­то­ри, плас­ман на нед­виж­нос­ти на па­за­рот, со про­даж­ба и из­да­ва­ње на ма­лоп­ро­даж­ни, стан­бе­ни и на стан­бе­но-ко­мер­ци­јал­ни нед­виж­нос­ти. Гор­ди сме што ус­пе­ав­ме во Ма­ке­до­ни­ја да до­не­се­ме ин­тер­на­ци­о­нал­на ком­па­ни­ја од овој ранг", ве­ли Цинтл.
Про­ек­тот на Хи­пе­ри­ум биз­нис цен­та­рот е де­ло на сло­ве­неч­ки­от ар­хи­тект Ја­ни Во­зељ.
"Мо­дер­ни­от ди­зајн, ка­рак­те­рис­ти­чен за об­јек­ти­те на Хи­по гру­па­ци­ја­та во си­те зем­ји, е за­др­жан и во Хи­пе­ри­ум. Так­ви се, на при­мер, и се­диш­те­то на гру­па­ци­ја­та во Кла­ген­фурт и Хи­по ком­плек­сот во Заг­реб, кои ги про­ек­ти­ра­ше кул­тни­от аме­ри­кан­ски ар­хи­тект Том Мејн, кој е поз­нат и ка­ко ос­но­вач на гру­па­та 'Мор­фо­зис'. Ние во на­ши­от об­јект са­кав­ме да го за­др­жи­ме овој стил, а, се­пак, да вне­се­ме све­жи­на. Ви­зи­ја­та на сло­ве­неч­ки­от ар­хи­тект Ја­ни Во­зељ се по­ка­жа ка­ко нај­бли­ска до на­ша­та. Тој во Сло­ве­ни­ја ва­жи за ар­хи­тек­тон­ски гу­ру, има ра­бо­те­но за прет­се­да­те­лот на Рус­ка­та Фе­де­ра­ци­ја, Гор­ни­от и Дол­ни­от Пар­ла­мент на Ру­си­ја, ка­ко и за 'Лек' од Кр­ка", ка­жу­ва Цинтл.
Об­јек­тот е стран­ска ин­вес­ти­ци­ја, вред­на 17 ми­ли­о­ни ев­ра. Во из­вед­ба­та беа ан­га­жи­ра­ни и ло­кал­ни ком­па­нии - гра­деж­ни­те ра­бо­ти ги из­ве­де "То­рус ин­же­не­ринг", елек­трич­ни­те и ма­шин­ски­те ин­ста­ла­ции-"Ен­тес до­о­ел", а фа­са­да­та е де­ло на "Про­то­тип".

На­та­ли­ја Но­ва­ко­виќ
Фо­то: Б. Гр­да­но­ски

http://vest.com.mk/?ItemID=25C08A0C81489643BA3DA65A20A2BDB6


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 24-Jul-2010 at 21:54
Дечки зошто не му ставите знакче завршено на проектов.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jul-2010 at 22:10
Веќе поодамна на некој начин го имаа прогласено за отворен, ама немаше врска. Тогаш поминав таму, внатре уште се работеше, надвор просторот уште наликуваше на градилиште. Треба да се направи нова извидница. Ако некој живее во близина нека пише што се случува. Сепак претпоставувам дека кога навистина ќе го отворат, ќе направат свеченост и медиумска помпа, а во меѓувреме изгледа само Хипо се има вселено во дел од просториите. Инаку пред извесен период слушнав дека (барем до тој момент) уште не успеале да издадат ниту метар квадратен, па претпоставувам сите текстови што излегоа во меѓувреме и што можеби создадоа погрешна претстава за стадиумот во кој е објектот, се обид што повеќе да се испромовира Хипериум.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Oct-2010 at 13:43
Нека иде и тука веста...

Oтворен деловниот комплекс Хипериум



Скопје Скопје го доби првиот деловен центар со „5 звезди”, „Хипериум. Сместен е на аголот на булеварите „Октомвриска револуција“ и „Илинден“, а е препознатлив по својата црна фасада со „искршени“ балкони, со современ дизајн и највисока технологија вградена во објектот.

Сопствeникот на овој деловно-комерцијален комплекс, реномираната компанија "Хипо Алпе-Адрија лизинг" во него инвестираше 17 милиони евра.

„Изградбата на Хипериум настана по спроведеното истражувањето на македонскиот пазар за недвижности, и констатацијата дека на Скопје му недостига ваков објект кој ќе понуди повисоки стандарди, кои се еквивалент на потребите на компаниите што работат овде. Имајќи ги предвид тешкотиите со кои се соочивме барајќи соодветен канцелариски простор за нашето седиште овде, си поставивме за цел да го подигнеме нивото на пазарот на недвижнини во Македонија", изјави Оливер Цинтл, генерален директор на компанијата.

Објектот е со површина од 16.000 метри квадратни и располага со 5 ката деловен простор. Секој кат, освен приземјето, е поделен на три сегменти. Приземјето е предвидено за услужни дејности, банка и за ресторан. На највисокото ниво, кое претставува луксузен потпокрив, има сала за состаноци и конференциска сала, опремена со најсовремена аудио и видео опрема за презентации, кои може да се изнајмуваат на час или на ден. На приземјето е Хипо павилјонот, кој е идеален за изложбен простор.

Проектот на Хипериум бизнис центарот е дело на словенечкиот архитект Јани Возељ.

http://www.makfax.com.mk/#118428;jsessionid=3297150A72AFAD44960D67C49B7872FA



Posted By: OKA
Date Posted: 12-Oct-2010 at 14:01
Со среќа нека им е!
Додуша, малку ме разочараа во врска со објектов. Според првите информации, подземните нивоа им мирисаат на мевла, се појавила темелна влага, од некои плафони на минус еден капе вода.
Ќе биде циркус ако некој изведувач при изградбата „импровизирал”, т.е. не бил доволно стрплив со исушувањето на темелното јадро. Што е недозволиво за објект што е еден од ретките во Скопје со две подземни нивоа.
Исто така, водата во малото декоративно езерце и фонтаната во атриумот редовно имале „жабја” боја. Деловен објект од „А” класа, подразбира и одржување со високи стандарди. Оти, на пример, повеќето канцеларии во Хипериумот се со фиксни прозори, па дотур на свеж воздух е исклучиво од воздушниот систем за ладење и греење. Тој ако откаже...

-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: xnx
Date Posted: 13-Oct-2010 at 10:34
epa cim se otvoril ajde da postavime ocenuvanje...


Posted By: build.mk
Date Posted: 13-Oct-2010 at 23:50
Хипериум ги отвара вратите

Скопје доби нов деловен објект од највисока категорија. Се работи за деловниот центар „Хипериум“, кој има површина од 16.000 метри квадратни и во чија изградба „Хипо Алпе Адриа Лизинг“ вложи 17 милиони евра. Локацијата е на аголот на булеварите 8 Септември и Илинден, од страната на електромашинскиот факултет. Проектот е дело на словенечкиот архитект Јани Возељ, а изградбата стартуваше во октомври 2010. Покрај со А класа канцелариски простор, „Хипериум“ меѓудругото располага и со конгресен центар и сопствен подземен паркинг. На вчерашната презентација беше соопштено дека и покрај тековната криза, 80% од просторот е веќе издаден под закуп, по цена од 19 евра за метар квадратен, плус трошоци за одржување.


1


2


3


4


5


6




http://www.build.com.mk/?p=5226 - http://www.build.com.mk/?p=5226




Posted By: leonid23
Date Posted: 13-Oct-2010 at 23:56
Од мене 4ка ...
Некако на црно многу ми удара , да беше плаво можеби и цедмица би му дал


Posted By: xnx
Date Posted: 14-Oct-2010 at 11:36
od mene minimum 8, ke razmislam ubavo...


Posted By: xnx
Date Posted: 27-Oct-2010 at 10:19
moze li da postavime ocenuvanje???


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Oct-2010 at 14:26
ќе поставам денеска мислам дека имавме доволно време да слегнат впечатоците


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2010 at 10:59
Поставено е гласање


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 29-Oct-2010 at 11:05

Од мене 8ца. Објектов навистина ми се допаѓа, иако можеби и делува малку ладно од надвор сепак со намената за деловна зграда на таа локација одлично се вклопува. Штета што немаме повеќе фотографии од внатре, но верувам дека се е одлично сработено познавајќи го високиот критериум на Австриските инвеститори.



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 29-Oct-2010 at 11:21
Од мене ќе добие една оценка повисоко од онаа што сметам дека реално заслужува, поради окуражување на ваков тип инвестиции: офиси класа А згради, кои се енергетско ефикасни, имаат вграден паркинг како и други содржини, а не треба да се занемари и фактот дека во него е вложена доста голема сума на пари. Има супер локација за својата намена, мене воопшто не ми делува ладно (каков поим е тоа ладно/топло?!), сепак е бизнис зграда. За наши стандарди многу свежо, разиграно, ново... Краен избор 9ка (иако кажав ја давам само поради стимулација, инаку реално би дал 8)!

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: OKA
Date Posted: 29-Oct-2010 at 11:57
Лично, извесен период би се воздржал од оценување, за да добијам повеќе и пообјективни сознанија за издржаноста и функционалноста на современите технолошки и енергетски системи со кои беше атрибутиран објектов.
Чисто, само поради тоа, да не се случи да дадам оценка за архитектонска „лушпа”, т.е. за идеен проект кој не е, делумно е, или е лошо изведен.


-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Oct-2010 at 12:21
8-ка пред се затоа што немам посебно некои замерки, единствено локацијата е некако прикриена позади салонот, макар што и ова не е "по вина" на хипериум сепак е дел од комплетната слика.

Десетката ја чувам за стадионот кога ќе биде готов и евентуално за г-малл, или па нешто количински огоромнокако нов клинички или така нешто. Така да за вакви објекти во оптек се оценки од 2-9, а со една замерка е 8-ка.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2010 at 13:06
Originally posted by lslcrew

8-ка пред се затоа што немам посебно некои замерки, единствено локацијата е некако прикриена позади салонот, макар што и ова не е "по вина" на хипериум сепак е дел од комплетната слика.


Ова е и мојата единствена забелешка.

Држи и она што го вели ОКА, но во најголемиот дел случаи гласаме за школките поради недостиг на подетални материјали и информации...

Дополнително, Хипериум има прилично детални информации на сајтот во врска со сите релевантни аспекти за овој проект.

И од мене 8ка.


Posted By: Dragan
Date Posted: 29-Oct-2010 at 14:31
Од мене 9-ка, добра изведба се вклопува екстрериерот ( надворешноста) посебно изведбата на висечките делови, и се е во склад стандардно одлично за овие времиња, и наши простори .

-------------


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Oct-2010 at 15:02
8-ка, од причините претходно наведени од пбанкс и лсл. За мене исто битно е рокот во кој се изгради(2 години) што и не е така бавно.

Љубопитен сум за тоа кој ја дал 10-ката Smile ?



@oka Често кај нас инвеститорите си земаат премногу слобода кога ги атрибутираат нивните објектите како „современи“ и „енергетски ефикасни“, но мислам дека со цена од 17 милиони евра и со компанија како Хипе Алпе Адрија, може да се верува на таквите изјави.

Еве една вест со малку повеќе детали околу објектов.
Originally posted by lslcrew

Камен-темелник на деловниот центар „Хипериум“

Инвестицијата на „Хипо Алпе Адрија лизинг“ е вредна 17 милиони евра

За една година до автосалонот „МИ-ДА“ на булеварот „8 Септември“ ќе никне нов деловен центар „Хипериум“, инвестиција на „Хипо Алпе Адрија лизинг“ вредна 17 милиони евра. Изградбата на луксузниот центар започна вчера со свечено поставување камен-темелник.

„Хипериум“ ќе има пет ката, подземни гаражи со капацитет од 200 возила, а зградата ќе биде изградена во два дела меѓусебно поврзани со внатрешни мостови. По примерот на сите досега изградени деловни центри на групацијата „Хипо“, и оваа ќе биде изведена со најсовремени материјали. Просториите ќе имаат двојни подови, ќе се монтираат системи за заштеда на електрична енергија, климатизацијата ќе биде мрежно поврзана, а влезот во објектот ќе биде контролиран од три локации. (...)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=68309ABA121AC443B836040955A103F7




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Oct-2010 at 15:16
Иако името на компанијата значи, немора да се земаат така здравои за готово па да се прави аналогија помеѓу името и количината "современа ултра технологија" што ќе се монтира. Систем за контрола на влез/излез со RFID картици (беџови) не е нешто ново ниту па централна климатизација или рампа за паркинг. Во главно се е тоа само расфрлање со епитети, помалку или повеќе тоа е стандардна опрема н асекаде така да и да се пишала и да изостанала во написите сепак ја има, а и не е нешто што треба да се палиме дека го имало.


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Oct-2010 at 15:50
Originally posted by lslcrew

Иако името на компанијата значи, немора да се земаат така здравои за готово па да се прави аналогија помеѓу името и количината "современа ултра технологија" што ќе се монтира. Систем за контрола на влез/излез со RFID картици (беџови) не е нешто ново ниту па централна климатизација или рампа за паркинг. Во главно се е тоа само расфрлање со епитети, помалку или повеќе тоа е стандардна опрема н асекаде така да и да се пишала и да изостанала во написите сепак ја има, а и не е нешто што треба да се палиме дека го имало.


Ако е така, што според тебе треба да има една деловна зграда за може да се нарече „современа“? Опремата која ти ја наведе, а Хипериум ја има, за мене го прави овој објект „современ“ и треба да се даде тоа признание. Друго што е сигурно е дека објектов располага со системи и опрема која е интересна само за стручњаци па затоа и не знаеме за неа и е изоставена во весниците.

Патем, Хипериум е на пат да биде највисоко оценетиот објект на форумов за сега


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: OKA
Date Posted: 29-Oct-2010 at 15:53
Originally posted by La Linea

@oka Често кај нас инвеститорите си земаат премногу слобода кога ги атрибутираат нивните објектите како „современи“ и „енергетски ефикасни“, но мислам дека со цена од 17 милиони евра и со компанија како Хипе Алпе Адрија, може да се верува на таквите изјави.

Хм, ако, ако, не е на одмет мала, бенигна резервираност кога е ХИПО во прашање.
Моментно, еден од најголемите резили на финансиските пазари.
http://www.time.mk/?search=news&query=%D0%B0%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B0+%D0%A5%D0%98%D0%9F%D0%9E+ - http://www.time.mk/?search=news&query=%D0%B0%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B0+%D0%A5%D0%98%D0%9F%D0%9E+
http://www.time.mk/read/NONE/0bdd20a58c/index.html - http://www.time.mk/read/NONE/0bdd20a58c/index.html

П.С. Седумнаесет милиони евра. На чесен збор од ХИПО!?


-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: LouReed
Date Posted: 29-Oct-2010 at 16:18
Dobro istrazuvanje Oka Thumbs%20Up


Posted By: alexgizh
Date Posted: 29-Oct-2010 at 17:35
Знаев дека некој ќе биде љубопитен кој ја дал 10ката. Јас ја дадов. Апсолутно сум задоволен и од изгледот, и од локацијата, и од искористеноста на просторот. ЕДИТ: И од брзината на изведба (во наши услови). Не гледам причина да не дадам 10ка.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Oct-2010 at 17:47
jas im dadov 7-ka!Za da dobie 10-ka treba da e kako soravia pa i uste poubava!
Objektot e dobar, no ne mozam da im davam povekje ili pomalku od 7!





-------------



Print Page | Close Window