Print Page | Close Window

Авенија Александар Урдаревски

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Ваши концепти
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3838
Printed Date: 04-Dec-2021 at 20:42


Topic: Авенија Александар Урдаревски
Posted By: user8642
Subject: Авенија Александар Урдаревски
Date Posted: 25-May-2020 at 16:19
Времен сообраќаен режим на улица „Александар Урдаревски” во Бутел

https://ibb.co/HpX5NX0">

Град Скопје информира дека поради реконструкција на коловозот на улицата „Александар Урдаревски” во општина Бутел, почнувајќи од 26 мај година на оваа сообраќајница ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, ќе се однесува на потегот од кружниот тек на крстосницата со улица „Боца Иванова”, до крстосувањето со улица „Бутелска”, а ваквиот режим ќе важи до завршување на градежните работи на улица „Александар Урдаревски”.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/vremen-soobrakjaen-rezhim-na-ulica-aleksandar-urdarevski-vo-butel



Replies:
Posted By: user8642
Date Posted: 25-May-2020 at 16:24
Овој простор е како измислен за авенија, а не само преслекување асфалт кој е оперативна работа. Размак меѓу градежни линии е 50м што дава одличен простор за 2/2+1+2/2 ленти, да има булевар 2+1+2 (средна лента за лево вртење на расрници, наизменично употребена за средишто зеленило + лева и десна улица колекторска со по една лента за возење и една за паркирање, +6м++18м++6м+. На двата краја би бил заокружем со кружни текови, кај Боца Иванова веќе изградениот и нов горе кај раздвојувањето кај прокредит банка. Ќе има и за дворови на краеви по 5м, и за паркирање и за возење и три појаса зеленило, еден средишен од 3м и два странични по 5м.

https://ibb.co/zPPjzFf">


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 25-May-2020 at 17:13
Добра идеја, тука нема никаква потреба од паралелната колекторска улица. Се надевам и за Бутелска е планирана реконструкција до обиколницсжа. Моментално е во очајна состојба.


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Jun-2020 at 15:53
ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА АЛЕКСАНДАР УРДАРЕВСКИ

Денес започна асфалтирањето на дел од улицата Александар Урдаревски во Бутел, кое се врши во рамки на проектот за реконструкција на улицата на потег од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосувањето со улица Бутелска.

Додека траат градежните работи на терен е воведен привремен сообраќаен режим и апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.









https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 05-Jun-2020 at 20:17

Пропуштена шанса за решение како што предложи user8642. Ни велосипедски патеки не се направија, освен ако не нацртаат нешто со стеснување ленти.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Dec-2020 at 22:19

Идејата , со соодветни модификации, е одлична и како можност за продолжување на BRT 2 линијата кон Бутел, со последна станица и свртница кај предложениот северен кружен тек. Уште една станица би била некаде овде 42° 1'51.16"N 21°26'42.79"E

Населбата не е особено густо населена, но сепак е доволно голема за да биде покриена со BRT и штета е кога има ваков коридор буквално по нејзината средина, да не се искористи, туку BRT линијата да завршува на другата страна од пругите.

За пробивање на BRT линијата во ваков случај ќе треба да се прошири преминот под овој железнички надвозник 42° 1'34.50"N 21°26'40.81"E

Секако, има и можност линијата кон Бутел да поминува под железничкиот надвозник на бул. Христијан Тодоровски Карпош, затоа што таму профилот е 2х2 и ќе може да функционира без потреба за порадикален градежен зафат, само ќе треба да се изгради продолжението на ул. Боца Ивановска што секако е зацртано. Но во тој случај BRT линијата нема добро да го покрива Скопје Север, што би значело еден чекор напред еден чекор назад.


Posted By: user8642
Date Posted: 13-Apr-2021 at 00:01
Еве како изгледа некаде со запазено средишно зеленило. Баш мислам дека за Бутел е ова изводливо ...

https://ibb.co/M7gC067">


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Apr-2021 at 00:18

Сфаќам дека поентата со оваа слика ти е друга, но мислам дека сликава по многу основи е неприкладна за Бутел. Во прв ред ова делува многу анти-пешачки, а за Бутел би требало токму обратно. Особено сега после спојувањето на Х.Т.Карпош со обиколницата, Бутелска има слаба транзитна улога. Па би било логично да се трансформира во убава зелена авенија со бавен сообраќај и да биде што по-friendly за пешаци и велосипедисти. Исто така паралелно паркирање каде што е потребно во функција на локалните бизниси.



Print Page | Close Window