Print Page | Close Window

Нов пазар во Велес

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3839
Printed Date: 28-Apr-2024 at 00:37


Topic: Нов пазар во Велес
Posted By: stef4o
Subject: Нов пазар во Велес
Date Posted: 18-Dec-2020 at 18:36
СТАРТУВА ПРОЕКТОТ НОВ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС

На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски го најави почетокот на еден од најзначајните капитални проекти за Велес и велешани, изградбата на новиот градски пазар.

„Покрај средствата што ги обезбедивме од Владата во висина од 40 милиони денари, преку програмата за подобрување на Општинските услуги со заем од Светска Банка обезбедивме и дополнителни 46.003120 денари“, рече Коцевски.

Градоначалникот соопшти дека овој проект е изгласан како приоритетен за финансирање и од страна на Советот за развој на Вардарскиот плански регион затоа што пазарот во Велес е значаен за регионалната економија и од него остваруваат егзистенција земјоделци и трговци од целиот регион.

Финансиите преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ги обезбедува Бирото за регионален развој од каде се очекува поддршка од 15 милиони денари. Со ова се обезбедени потребните над 86 милиони денари за изградба на пазарот.

Коцевски најави старт на изградбата во февруари 2021 година, веднаш по завршувањето на тендерската постапка за избор на фирма –изведувач.

Градежната парцела опфаќа вкупно 4171.93м2 од кои 2218.72 м2 површина наменета за продажба на производи. Новиот пазар опфаќа дуќани, дел под отворена настрешница, паркинг простор, санитарии и магацински простор. Во првата фаза ќе се гради долниот дел од пазарот за да се овозможи негово непречено функционирање во текот на изградбата.

„Сметам дека проектот ќе го врати животот на левиот брег на Велес, дека ќе донесе нова урбана естетика, нова свежина и што е најважно од сé ќе го зајакне економскиот развој во градот и во регионот“, рече Коцевски.









https://veles.gov.mk/стартува-проектот-нов-пазар-во-велес



Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Dec-2020 at 13:44
ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ КАЈ СВЕТСКА БАНКА ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ ПОКРИЕН ПАЗАР



Советот на Општина Велес донесе нацрт одлука за барање заем од Светска банка во висина од 46 милиони денари (750.000 евра), што ќе бидат искористени за изградба на нов покриен пазар. Со ова е отпочната постапката за долгорочно задолжување, која ќе продолжи со јавна расправа за добивање мислења и предлози од страна на јавноста.

„Рок на отплата на заемот е до 12 години, со грејс период од три години, а дел од него е грант во висина од 25 отсто. Каматната стапка е еднаква на каматата што Македонија ја плаќа кон Светска банка. Општина Велес е целосно финансиски консолидирана и според истражувањата, има фискален капацитет за задолжување од 900.000 до еден милион евра. Редовно ги отплатуваме ратите од претходниот кредит, со кој е реконструирано уличното осветлување и е донесена вода на езеро Младост. Средствата од продажбата на дуќаните во покриениот Градски пазар ќе ги користиме за други капитални инвестиции. Сметам дека проектот ќе го врати животот на левиот брег на Велес“, кажа градоначалникот Аце Коцевски.

Коцевски најави дека изградбата ќе почне во февруари 2021, веднаш по завршувањето на тендерската постапка за избор на фирма-изведувач, а градежната дозвола веќе била издадена. Градежната парцела има 4.172 квадратни метри, од кои 2.219 се наменети за продажба на производи. Новиот покриен пазар опфаќа дуќани, дел под отворена настрешница, паркинг, санитарии и магацински простор. Во првата фаза ќе се гради долниот дел од пазарот за да се овозможи негово непречено функционирање во текот на изградбата. Во втората ќе се продолжи со изградба на горниот дел од пазарот.

Владата пред една година издвои 40 милиони денари за оваа цел, додека 15 милиони денари, со кои ќе се заокружи финансиската конструкција, треба да се обезбедат преку Бирото за регионален развој со помош на Вардарски плански регион. Конечно одобрување на заемот дава министерот за финансии.

Во мај 2011, Општина Велес се задолжи кај Светска бака со кредит од 42 милиони денари, со рок на исплата до 2022.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-veles-ke-se-zadolzhi-kaj-svetska-banka-za-izgradba-na-nov-pokrien-pazar/


Posted By: user8642
Date Posted: 24-Dec-2020 at 14:09
Доста бе со овакви анахрони елементи во модерна економија, што рушат секаков општествен напор било кој да создаде дополнителна вредност. Па малку ли има дуќани во Велес да можат да бидат пиљари и разноразни џиџимиџарници, наместо пазар. Па излегов од турско бре пред сто години, дајте малку ефективно европа да ја донесеме во мк. Пазар само еден ден, некаде на улица, исклучиво crafts, везени гоблени и домашни кобасици, ништо повеќе.


Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 24-Dec-2020 at 19:53
Многу мали градови/градчиња низ Европа имаат постојан пазар, некаде има и два, каде се продаваат исклучиво локални продукти! Не гледам лошо во тоа да се стимулира домашната потрошувачка со локални продукти наместо кромид увезен од Кина, или домат од Турција што го среќаваме низ маркетите.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Dec-2020 at 20:19
Originally posted by user8642

Доста бе со овакви анахрони елементи во модерна економија, што рушат секаков општествен напор било кој да создаде дополнителна вредност. Па малку ли има дуќани во Велес да можат да бидат пиљари и разноразни џиџимиџарници, наместо пазар. Па излегов од турско бре пред сто години, дајте малку ефективно европа да ја донесеме во мк. Пазар само еден ден, некаде на улица, исклучиво crafts, везени гоблени и домашни кобасици, ништо повеќе.


Другар, во другата нишка баш викаше дека не треба да се пренаменуваат паркинзи во паркови оти така сме биле навикнати како општество и требало властите да ни го прават ќефот.

Е па народот е навикнат да пазари зарзават на евтини зелени пазарчиња, па власта им го прави ќефот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 24-Dec-2020 at 21:49
Па подобро ќе отидам на пазар и ќе купам краставици од блиското село, отколку од мегаломански синџир на маркети. Бог да чува, какво размислување, пазарите биле во турско време.

Инаку, поим „модерна економија“ не постои.


Posted By: user8642
Date Posted: 25-Dec-2020 at 00:05
Нема врска паркинг со пазар, да не мешаме, не се поврзани тие работи. Тамо прашањето беше дека друг паркинг толку блиску нема, а и дека таков парк захтева многу оддрживање. Овде има анахрон елемент кој ја крвари локалната економија. Паркинг е современа потреба, прашањето е дали ќе биде полево или подесно, нема дилема дека треба да постои и ќе постои. Пазар е анахрона потреба која не треба да се дозволи воопшто да постои во форма каква што ние ја знаеме, а не дали ќе биде во нов аили стара зграда или ќе биде блиску или надвор од центар и слични прашања.

Подобро мегаломански синџир него маркет, зашто во мегаломански синџир може и локалниот производ да се продава и тоа не само дома него и да се пласира на многу поголем пазар него ли само најблиското зелено пазарче.


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Mar-2021 at 10:24
ИЗБРАНА Е ФИРМАТА ШТО ЌЕ ГО ГРАДИ ПОКРИЕНИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР



На денешната прес конференција градоначалникот Коцевски соопшти дека наскоро ќе почне изградбата на новиот градски пазар. Веќе е избрана фирмата која ќе ги изведува градежните зафати на горниот дел од пазарот односно фаза 2. Тоа е Изведувачот – „Друштво за градежништво, трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО“ со седиште во Скопје. Вкупниот износ за изградба на новиот пазар, за фаза 2 е 34.696.686,18 денари со вклучен ДДВ. На јавниот повик беа доставени 7 понуди но само 4 беа со валидна документација.

Во предвидениот рок за жалба кој траеше 10 дена, не е пристигната ниту една жалба по донесената одлука. Во тек е подготовка на Договорот за јавна набавка. Откако ќе се потпише договорот меѓу двете страни ќе стартува изградбата на пазарот која според договорот треба да заврши за 4 месеци.

Фирмата изведувач е избрана преку отворена постапка за јавна набавка по огласот објавен на 5 февруари годинава. Електронската аукција се одржа на 19 февруари со учество на сите 4 понудувачи. Комисијата за јавни набавки одлуката за избор на најповолен понудувач ја донесе на 23 февруари.

„Изградбата на Покриениот Градски пазар е еден од најзначајните проекти во Општина Велес и со него ќе се создадат нормални и современи услови за продажба на земјоделски и други производи“,

https://veles.gov.mk


Posted By: user8642
Date Posted: 10-Mar-2021 at 15:45
Турска империја спакована у ефтина дограма и алкобонд! Доста со стимулирање на овие жаришта на сива економија и осакатување на обидите за мали бизниси како џиџимиџари и пиљари. Европа не се носи дома така, туку со капиталистичка економија која продуцира додадена вредност на секој чекор. Ова треба под итно да се дисперзира во 40-50 нови дуќани низ градот. А за пазар може да има во еден ден од неделата на некој паркинг или парк, само за ракотворби и домашно приготвени афтентични туршии и кобасици (не како прехрамебн продукт, туку повторно како ракотворби)!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Mar-2021 at 16:16

Концептот на Farmers' Market постои секаде во светот. Работата е како да се доведат некои поинтересни работи, а не само сиромашни земјоделци да се влечкаат секој ден од далечни села за да продаваат за да преживеат.

Треба за тие да се најде откуп, а на ваквите пазари да има сертифицирани органски производи, и да се малку од малку похигиенски.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Mar-2021 at 15:27
ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО СКЛУЧИ ДОГОВОРОТ СО ФИРМАТА ШТО ЌЕ ГО ГРАДИ ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ПАЗАРОТ



Општина Велес го склучи договорот со фирмата „БАУЕР БГ ДОО од Скопје која го доби тендерот за изградба на Покриениот Градски пазар, фаза 2 односно горната платформа на пазарот.

„Фирмата изведувач на градежните зафати треба до нас да достави банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот, во износ од 10 % од вкупната вредност на зафатот. Штом ќе ја добиеме банкарската гаранција, изведувачот ќе биде воведен во работите“, рече Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.

Во меѓувреме се прави реорганизација на тезгите од горниот дел на пазарот. Предлогот на Општина Велес и ЈКП „Дервен“ првично беше тезгите со непрехрамбени производи како што се текстил, железарија и други предмети да се преместат на привремена локација на паркингот помеѓу Мало мовче и Кафаната „Пармакот“ Вкупната површина на овој простор е 3101 метар квадратен, на кој ќе бидат сместени 106 тезги во 4 реда. Просторот ќе биде заграден , ќе има санитарен чвор и чешма и ќе бидат обезбедени сите услови за непречено функционирање на пазарот. Но дел од овие продавачи кои имаат регистрирани фирми, не сакаат да се преместат туку да останат на долниот дел од пазарот.

„Ова барање го изнесовме денеска на седницата на кризниот штаб со што утврдивме еден заеднички став овие продавачи да останат засега на долниот дел на пазарот заедно со продавачите на земјоделски производи. Во пазарните денови кога концентрацијата на луѓе ќе биде висока, редарите ќе имаат обврска да контролираат внатре во пазарот и да реагираат на групирања на луѓето. Во зависност од тоа како ќе се развива епидемиолошката слика во градот, ќе преземаме соодветни мерки со цел да не го загрозиме здравјето како на продавачите така и на купувачите во градскиот пазар, додаде Коцевски.

%20 - https://veles.gov.mk/


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Apr-2021 at 16:14
ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС



Во сабота на 03.04 2021 година, со почеток во 11:00 часот Општина Велес организира свечен настан по повод започнување на изградбата на новиот Градски пазар. Настанот ќе се одржи на горната платформа на веќе постоечкиот пазар.

На свеченоста по повод отпочнувањето на градежните работи на пазарот, ќе присуствуваат градоначалникот Аце Коцевски, претседателот на Владата на република Северна Македонија Зоран Заев, потпретседателите на Владата на Република Северна Македонија Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Биро за регионален развој, Рамиз Реџепи, пратениците Ненад Коциќ и Игор Здрaвковски, претседателот на Советот на Општина Велес Ќирил Гајдов, советници, директори на јавни институции и други поканети гости.

Пред присутните ќе се обратат градоначалникот Коцевски и премиерот Заев.

https://veles.gov.mk/zapochnuva-izgradbata-na-noviot-gradski-pazar-vo-veles/


Posted By: user8642
Date Posted: 02-Apr-2021 at 17:04
Ова од SouthPark ли е изваден пазаров?! Многу јак рендеров!


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Apr-2021 at 13:45
ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА НАЈЗНАЧАЈНИОТ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ – ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР





Денеска започна изградбата на најзначајниот капитален проект за Велес и велешани во последните три децении, новиот Градски пазар. На денешниот свечен настан по повод отпочнувањето на изградбата, во организација на Општина Велес, присуствуваше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев , вицепремиерите Љупчо Николовски и Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорот на Бирото за рамномерен регионален развој Рамиз Реџепи , пратеникот Ненад Коциќ, претседателот на Советот на Општина Велес Ќирил Гајдов, советници, директори на јавни институции и други гости.

Градоначалникот Аце Коцевски рече дека изградбата на покриениот градски пазар е дамнешна желба на продавачите и купувачите на пазарот и денеска се реалзира како најголема капитална инвестиција во Велес во последните 30 години.

„Условите на пазарот беа и се уште се лоши како за продавачите така и за купувачите затоа тие со нетрпение го очекуваат новиот пазар, затоа што повеќе нема да ги врне, и нема да бидат изложени на промаја а хигиенските и санитарните услови ќе бидат многу подобри. Велес како централен град во нашата земја е многу важен за продавачите и купувачите и затоа градскиот пазар во Велес не е само локален градски пазар туку тој е регионален кој што ги надминува границите на Варадрски плански регион затоа што во него продават и купуваат и граѓани од градови од повеќе региони во државата. Затоа е многу важен како за локалната така и за националната економија“, рече Коцевски.

Пред присутните гости на настанот се обрати и премиерот Зоран Заев кој истакна дека ова е историски ден за Велес и велешани.

„Новиот градски пазар се гради со најсовремени стандарди за ваков тип на објекти . Изградбата на новиот Градски пазар во Велес е од големо значење за регионалната економија бидејќи од него остваруваат егзистенција голем број на земјоделци, трговци од целиот регион, велешкиот, па дури и од моја Струмица, од западниот дел на државата. Развиени општини значат силна економија, токму затоа ние како Влада поддржуваме вакви капитални проекти“, рече Заев.

Новиот Градски пазар ќе се гради во две фази. Најпрво ќе се гради горниот дел од постоечкиот дел, кој треба да биде готов за четири месеци а потоа и долниот дел од пазарот. За изградба на овој капитален проект обезбедени се вкупно 86 милиони денари и тоа 40 милиони денари Општина Велес обезбеди преку Владата од ставката за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа, останатите 46 милиони денари како заем од Светска банка преку Програмата за подобрување на општинските услуги. Дополнително се очекува и финансиска поддршка во висина од 15 милиони денари преку Центарот за развој на Вардарски плански регион што треба да ги обезбеди Бирото за регинален развој.

https://veles.gov.mk/zapocna-izgradba-gradski-pazar-opstina-veles


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jul-2021 at 14:19






https://www.facebook.com/opshtinaveles/


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Aug-2021 at 16:37
На денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес ги пренесе информациите во врска со градежните работи на Градскиот пазар во Велес. Договорот за горниот дел за Градскиот пазар е во вредност од 34.696 686 денари.

Изведувач на работите е Друштво за градежништво трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО СКОПЈЕ. Утре, 14 август 2021 година започнува монтажата на челичните столбови, рече Коцевски.

„Најдоцна до 15 септември, горниот дел од пазарот треба да биде готов. Веднаш потоа изведувачот на градежните работи на долниот дел од пазарот ќе биде воведен во работа. Постапката за избор на изведувач на долниот дел е веќе завршена, според пропозициите на Светска банка. Договорот со изведувачот на долниот дел од пазарот, БВ Инженеринг од Битола е веќе потпишан”, истакна Коцевски.

Градоначалникот Коцевски ги наведе и причините за доцнењето на изградбата на горниот дел од пазарот: преместување на столбови од ЕВН, настанато оштетување на колекторот за фекална канализација кој поминува под пазарот од страна на изведувачот, поради пропустите на кој начин треба да се поврзе челичната конструкција во основниот проект, поради високите температури, а по дадени препораки од страна на Влада за забрана за работа на отворено за време на портокалова фаза и заради субјективни причини од страна на изведувачот, за што ќе се применат сите мерки што стојат на располагање на општината според договорот за да се наплатат казнени пенали заради задоцнувањето.



%20 - https://veles.gov.mk/gradski-pazar-ii-faza


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Aug-2021 at 16:01






https://www.facebook.com/photo?fbid=10219432178655494&set=pcb.10219432179335511


Posted By: user8642
Date Posted: 15-Aug-2021 at 17:21
ТИКА турската агенција да даде пари за кофинанисрање од програмата за култура: "Презервација на нездрави економски навики и промоција на Low-GDP mentality како последица на долгогодишното турско владеење."


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Aug-2021 at 15:37
ИЗМИНА РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПОКРИЕНИОТ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС, ИЗВЕДУВАЧОТ ЌЕ ПЛАТИ КАЗНА



Доцни изградбата на горниот дел од Градскиот пазар и изведувачот ќе плати пенали за тоа согласно договорот, кажа градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, откако измина рокот за изведба на покриениот пазар, за што имаше реакции во јавноста. Причините за тоа биле објективни и субјективни, при што Коцевски не ги прецизираше вторите.

„Има доцнење во градежните работи на горниот дел на пазарот. Ова е поради преместување на столбови и кабли на ЕВН, оштетување на големиот колектор на фекалната канализација што го стори изведувачот и високите температури. Има и субјективни причини. Ќе ги примениме сите мерки што ни стојат на располагање согласно договорот за да се наплатат казнени пенали поради надминувањето на рокот“, кажа Коцевски.

Новиот рок за завршување на градежните работи и за покривање на пазарот Коцевски го помести за 15 септември.

Камен темелникот беше поставен на 4 април годинава во присуство на премиерот Заев и повеќе министри. Тогаш Коцески рече дека градежните работи треба да завршат за четири месеци. Вредноста на градежните работи е 34 милиони денари.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/izmina-rokot-za-izgradba-na-pokrieniot-pazar-vo-veles-izveduvachot-ke-plati-kazna/


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Sep-2021 at 12:19
УШТЕ ЕДНО ПРОЛОНГИРАЊЕ НА РОКОТ ЗА ЗАВРШУВАЊЕ НА ИЗГРАДБА НА ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ВЕЛЕШКИ ПАЗАР



Велешкиот градоначалник Аце Коцевски најави ново продолжување на рокот на изградба на покриениот градски пазар, на неговиот горен дел, десетина дена пред 15 септември, до кога беше продолжен рокот за завршување.

„Имавме тензичен разговор со изведувачот на градежните работи од горниот дел на пазарот. По ветувањето дека ќе стасаат до 15 септември, добив впечаток дека нема да стасаат, доцнат со изведбата. Затоа ќе ги преземеме сите заштитни механизми да платат казни, за непочитување на договорот. При крај се работите, но ќе има ново доцнење. Од тие причини не можеме да чекаме да се заврши горниот дел, па да продолжиме со градежните работи на долниот дел од пазарот“, кажа Коцевски на прес-конференција.

Покривањето на горниот дел од Градскиот пазар го изведува фирмата „Бауер БГ“ од Скопје, а вредноста на градежните работите е 34 милиони денари. Изведувачот на градежните работи на долниот дел од пазарот, избран на тендер е „БВ инженеринг“ од Битола.

„Од Светска банка ни вршат притисок, да го внесеме изведувачот на работите на долниот дел, кој се работи со кредитот земен од нив. Договорено е со директорот на ЈКП Дервен, тезгите следната среда и четврток да ги префрлат покрај Вардар и да се најде алтернативно решение за продавачите на јајца и сирење, за од следниот петок изведувачот биде воведен во работа на долниот дел од пазарот и челичната конструкција да биде монтирана до Нова година“, рече Коцевски.

При поставувањето на камен-темелникот и почнувањето на градежните работи за покривање на долниот дел од пазарот на 4 април, беше речено дека работите ќе траат четири месеци. Тој рок мина на 4 август.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ushte-edno-prolongirane-na-rokot-za-zavrshuvane-na-izgradba-na-gorniot-del-od-veleshki-pazar/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ushte-edno-prolongirane-na-rokot-za-zavrshuvane-na-izgradba-na-gorniot-del-od-veleshki-pazar/


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Sep-2021 at 13:42




https://www.facebook.com/akocevski


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Sep-2021 at 15:09
ВЕЛЕШКИТЕ ПАЗАРЏИИ ПРЕСЕЛЕНИ ПОКРАЈ ВАРДАР, ЌЕ ОСТАНАТ ТАМУ ДОДЕКА НЕ СЕ ПОКРИЕ НОВИОТ ПАЗАР



Од утрово, велешани пазаруваат на нова, привремена локација, покрај Вардар, на паркингот спроти спортската сала на ОУ „Панко Брашнаров“. Таму ќе бидат сместени сите пазарџии додека не заврши изградбата на горниот дел од Градскиот пазар, односно додека не биде покриен.

„Тезгите се дислоцирани на паркингот, најдовме таму доволно простор. Вишокот тезги е однесен во базата на ЈКП ‘Дервен‘. Со новиот покриен пазар, пазарџиите ќе имаат и нови тезги, што ги набави ова јавно претпријатие. Горниот дел од пазарот треба да биде ставен во функција на почетокот на октомври“, кажа градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција.

Првични реакции од продавачите и купувачите нема. Има простор за минување и пазарење, па нема гужви.

Покривањето на горниот дел од Градскиот пазар го изведува фирмата „Бауер БГ“ од Скопје, а вредноста на градежните работи е 34 милиони денари. Роковите за изведба веќе беа надминати во два наврати и Коцевски најави дека фирмата ќе плати казна за тоа.

Изведувачот на градежните работи во долниот дел од пазарот е „БВ инженеринг“ од Битола, а вредноста е 50 милиони денари.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/veleshkite-pazardhii-preseleni-pokraj-vardar-ke-ostanat-tamu-dodeka-ne-se-pokrie-noviot-pazar/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/veleshkite-pazardhii-preseleni-pokraj-vardar-ke-ostanat-tamu-dodeka-ne-se-pokrie-noviot-pazar/


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Nov-2021 at 17:52
ЗАБРЗУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАЗАР ПОБАРА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ

Градоначалникот Колев денеска беше во увид на градежните активности на фаза 2 од новиот Градски пазар. Оствари средба со изведувачот на градежните зафати „Друштво за градежништво, трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО Скопје“ и надзорниот орган од МБМ Инженеринг.
На состанокот се разговараше за текот на работните активности во изградбата на горниот дел на пазарот, но истовремено се укажа и на забрзување на динамиката на работа со цел што поскоро да се изгради пазарот и да се создадат соодветни услови за работа за продавачите на земјоделски и други производи.
Од страна на Градоначалникот беше укажано да се направи ревидирање на динамиката на работни активности.







https://www.facebook.com/opshtinaveles - https://www.facebook.com/opshtinaveles


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Jan-2022 at 15:35
ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ПАЗАРОТ

Денеска се изврши технички прием на горниот дел од новиот Градски пазар. На техничкиот прием присуствуваа претставници на фирмата изведувач Бауер БГ, надзорниот орган пд МБМ Инженеринг, претставници од ЈКП Дервен како и од Општина Велес.
Присутните извршија увид на целиот објект и помошните простории. Во рок од осум дена изведувачот треба да ги отстрани сите недостатоци утврдени при увидот на објектот.
Во меѓувреме се изработува металниот дел од оградата на пазарот. Во тек се подготовки за изработка на парапетен ѕид како и изработка на нова траса за фекалниот колектор.
Кога ќе се создадат соодветни услови тезгите од сегашната локација ќе бидат префрлени во новоизградениот дел на пазарот.







https://www.facebook.com/opshtinaveles - https://www.facebook.com/opshtinaveles


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Feb-2022 at 17:51
ОТПОЧНУВА СО РЕАЛИЗАЦИЈА ИЗГРАДБАТА НА ЗАТВОРЕНИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Со подобрување на временските услови отпочнува со реализација Фаза 1 од проектот за „Градски пазар“ – Велес во која ќе се изгради затворениот дел од пазарот.
Градоначалникот Марко Колев, заедно со стручните служби и изведувачот „БВ Инженеринг“ од Битола направија увид на долната платформа каде што ќе се имплементира оваа фаза.
Вкупната вредност на оваа фаза изнесува 50.248.059 денари и предвидено е да заврши до 15.09.2022 година.
Изведувањето на градежните активности нема да влијае на функционирањето на пазарот, односно дејноста непречено ќе се извршува на веќе завршениот горен дел. Градоначалникот Колев и Општината продолжуваат со заложбите за модерен и современ Велес за сите граѓани.





[URL][https://www.facebook.com/opshtinaveles/URL]


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jun-2023 at 13:43
ЗА ГОДИНА И ПОЛ ПРОБИЕН РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПОКРИЕНИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС



Изградбата на покриениот Градски пазар во Велес започна на 1 април 2021, со најава дека ќе заврши во октомври истата година, но Ниту по година и половина од овој рок градежните работи не се завршени. Последната најава е дека објектот, кој чини 86 милиони денари (околу 1,4 милиони евра) ќе биде завршен до половината на овој месец, откако сите претходни рокови беа пробиени.

Зошто толку се доцни со изградбата на покриениот Градски пазар во Велес, праша на седница на Советот советникот Марјан Николов. Градоначалникот Марко Колев детално објасни сѐ што се случувало изминатите две години. Притоа, потенцира дека пазарот бил во сериозен ризик да не биде завршен.

„И јас сега, а и претходниот градоначалник, сериозно се спротивставиме на одредени замисли на одредени луѓе. Кога видоа дека има цврст став од оваа страна, општинската, беше завршен горниот дел од пазарот и започна реализацијата на долниот дел. Беше потребна дислокацијата на колекторот кој минува под објектот, за што немаше проект, па мораше да се бара решение, бидејќи резервоарите за нафта за греење на ОУ ‘Панко Брашнар’ се многу блиску до стопите. Се бараше друга локација, што одзеде време. Па дојде енергетската криза, која значително ги зголеми цените на изградбата. Инвеститорот бараше разлики, не му дозволивме, па имаше пауза во работата“, кажа Колев.

Одолговлекувањето на градежните работи резултираше кредитот подигнат од Светска банка од 50 милиони денари, да биде намален на 30 милиони. Изведувачот на работите на покривање на долниот дел од пазарот, градежната фирма „БВ Инженеринг“ од Битола ќе биде казнета поради доцнењето.

„Фирмата ќе биде казнета пет милиони денари, согласно потпишаниот договор, кој дозволува казна до 10 отсто од вкупната вредност ако проектот не се заврши во договореното време. Имавме во два наврати продолжување на рокот, со анекси. За последниот да биде на 31 јануари годинава. Со оваа ситуација на доцнење треба како Општина да платиме од буџетот 20 милиони денари за изградбата на пазарот. Тоа е разлика од кредитот кој беше 50 милиони колку што чини градбата, до добиениот кредит од 30 милиони денари. Таа разлика ќе ја обезбедиме со пет милиони од казната кон изведувачот и 15 милиони од Општинскиот буџет, непланиран расход годинава. Тие ќе ги обезбедиме со ребаланс. Имавме трошоци за дислокацијата на колекторот што чинеше 3-4 милиони денари, еден милион за струја“, рече Колев.

Тој додаде дека поради доцнењето со изградбата, Светска банка го прекинала кредитирањето на објектот, па наместо 50 милиони ќе кредитираат со 30 милиони денари. Градоначалникот Колев рече дека бил во дилема дали да се продадат или да се изнајмува деловниот простор во пазарот, дали да се земат пари наеднаш или со кирија да се прибираат со години.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-godina-i-pol-probien-rokot-za-izgradba-na-pokrieniot-gradski-pazar-vo-veles/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-godina-i-pol-probien-rokot-za-izgradba-na-pokrieniot-gradski-pazar-vo-veles/

-------------
Carpe diem


Posted By: Џоле
Date Posted: 09-Nov-2023 at 18:12
ВЕЛЕС ДОБИ НАЈГОЛЕМ ПОКРИЕН ПАЗАР ВО РЕГИОНОТ

Велес доби нов современ покриен пазар, кој беше предаден за користење на Денот на општината 9 Ноември. Свечениот чин, сечењето на црвената лента го сторија актуелниот градоначалник Марко Колев и двајцата претходници Аце Коцевски и Славчо Чадиев, како и Снежана Дервишова, службеник која трите години беше задолжена за активностите за изградбата.

„Отвораме капитален објект, кој беше долго време потребен и на граѓаните и на продавачите. Тој долго време се работеше. Посакувам овој објект да го чуваме, граѓаните да можат да го користат, продавачите да се чувствуваат пријатно, безбедно и заштитено“, кажа градоначалникот Марко Колев.

Тој ги покани на свеченост претходни градоначалници Коцевски и Чадиев, за кои рече имаат заслуга за постоењето на објектот. Колев се заблагодари за нивниот ангажман во започнувањето и реализацијата. Градоначалникот изрази благодарност и до Владата која издвои 40 милиони денари, средства со кои се градеше горниот дел од пазарот, како и до Светка банка за одобрениот кредит.

Покриениот градски пазар е најголема инвестиција на локалната власт во Велес, изминатите 30 години, од осамостојувањето на Македонија. Градежната парцела опфаќа 4.172 квадратни метри, од кои 3,4 илјади м2 се површина наменети за продажба. Поставени се 310 тезги за овошје, зеленчук, текстил, железарии и цвеќе. Во засебни простории се продаваат сирење и јајца.

„За мене овој пазар е најголем регионален пазар во Вардарскиот регион. Се надевам и очекувам дека ќе се чувствуваме покомотни при посетата како купувачи, така и за продавачите“, рече Чадиев.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/veles-dobi-najgolem-pokrien-pazar-vo-regionot-najgolema-opshtinska-investitsija-od-osamostojuvaneto/

фотки од различни извори:










-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window