Print Page | Close Window

Зелени покриви - Скопје

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3840
Printed Date: 28-Apr-2024 at 00:32


Topic: Зелени покриви - Скопје
Posted By: stef4o
Subject: Зелени покриви - Скопје
Date Posted: 29-Nov-2019 at 15:30












https://www.facebook.com/CityofSkopje/



Replies:
Posted By: alexsend
Date Posted: 29-Nov-2019 at 21:03
Супер е ова, само да се обезбедува и одржува. Уште 10 пати по толку и цел ГТЦ

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Denko
Date Posted: 29-Nov-2019 at 21:10
Makedonska rabota. Na gorniot sprat fontani i parkovi a prizemjeto e vo faza na raspaganje!


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Dec-2020 at 12:02
Покривот на Дом на градежници ќе стане зелен парк



Голема реконструкција на покривот на Домот на градежници, почнува денеска, најавија од Град Скопје, површина која треба да стане зелена, со цел да се намали температурата вво центарот на Скопје, во летните месеци.

Тоа е една култна стара зграда во центарот во Скопје, изградена пред децении. Во свое време била култно место каде градежните работници се собирале и учествувале во своето културно издигнување. Посебно бил значаен покривот на таа зграда, затоа што овде се случувале многу културни настани. Познато е како киното на Домот на градежници, кое со овој зелен покрив ќе го вратиме.

Се планира да се направи по примерот на покривот на ГТЦ, кој беше огромен успех и го посетија повеќе од 100.000 луѓе за само една година, а скопјани го користат за своите фото-разгледници.

– Сега правиме ново место, во центарот, во Мал ринг, кадешто ја идентификувавме потребата да се бориме против топлотниот остров којшто го сосдава покривот на оваа зграда. Очекуваме по рекоснтрукцијата просечната температура да биде спуштена за три степени, особено во лето, драстично ќе биде намалена температурата пред околните згради – велат од Градот.

Во план е да се постават десетици садници дрвја и уште повеќе ниско и средно зеленило, распоредено така да биде функционално за оние кои ќе го користат покривот. Ќе има и тревна површина и вертикално зеленило на ѕидовите. Сето тоа збогатено со клупи и друга урбана опрема за уживање на присутните, а киното треба да врати што повеќе посетители.
Покривот има две нивоа и на двете нивоа ќе се направи зелена површина.

Дополнително покрај целата ограда ќе има густ дрворед за да не им се смета на жителите од околните згради.

Инвестицијата чини 18,5 миниони денари.

https://nezavisen.mk/pokrivot-na-dom-na-gradezhnici-kje-stane-zelen-park/


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Dec-2020 at 12:18
На Домот на градежници, во центарот на градот

СЕ ПРАВИ ВТОРИОТ ЗЕЛЕН ПОКРИВ ВО СКОПЈЕ

Градот Скопје во соработка со УНДП почна со уредување на вториот зелен покрив во центарот на градот - покривот на Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое ќе биде функционално распоредено, ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите, ќе се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино.
- Денеска почнуваме голема реконструкција на покривот на Домот на градежниците - една култна стара зграда во центарот на Скопје, изградена пред децении, која што во своето златно доба била место каде што се собирале градежните работници и учествувале во своето културно издигнување. Посебно бил значаен покривот на таа зграда каде што се случувале многу културни настани. Познат е како „Киното на Домот на градежници“ кое со овој зелен покрив ќе го вратиме. Она што планираме да го направиме овде е по примерот на покривот на ГТЦ кој што беше огромен успех, го посетија 100.000 луѓе за само една година и стана едно од местата кои скопјани ги користат за своите фото-разгледници и за своите свадбени фотографии. Сега правиме ново место во центарот, во Мал ринг, каде што ја идентификувавме потребата да се бориме против топлотниот остров кој што го создава покривот на оваа зграда. Очекуваме дека по реконструкцијата, просечната температура на годишно ниво ќе биде намалена за три степени, а во лето ќе биде драстично намалена температурата пред околните згради – рече Никола Наумоски, претставник од Град Скопје, на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека покривот на Домот на градежници има две нивоа, а и на двете нивоа ќе биде поставено зеленило.
- Дополнително, околу оградата ќе биде поставен дрворед од густи дрвја за да не им пречиме на граѓаните од околните згради со нашето присуство – објасни Наумоски.
Запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот.
Согласно со податоците од релевантни истражувања температурите на зелениот покрив можат да бидат пониски од 16 до 22 Целзиусови степени споредено со конвенционалните покриви. Со тоа, температурите на околината можат да се намалат до 3 Целзиусови степени, при што потрошувачката на електрична енергија потребна за ладење на овие објекти би се намалила за 0,7%.
Проектот за изградбата на Зелен покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје (во вредност од околу 18,5 милиони денари), а имплементиран е во соработка и со поддршка од УНДП.
На почетокот на уредувањето на зелениот покрив на Домот на градежници денеска присуствуваа и заменик постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во нашата земја, Сања Бојаниќ и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
- Овој покрив ќе се трансформира од „топлотен остров“ каков што е сега, во „зелен остров“ кој ќе ја намалува температурата, ќе ја контролира влажноста, ќе го подобрува квалитетот на воздухот и се на се ќе го подобрува квалитетот на животот на граѓаните на Скопје. Ова е придонес Скопје да стане поотпорно и позелено место – рече Бојаниќ.
Градоначалникот Богдановиќ го изрази своето задоволство од реализацијата на овој проект, кој ќе придонесе за поотпорно Скопје, а ќе понуди и можност за рекреација за граѓаните, особено за младите луѓе да учествуваат во различни културни активности.









https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Dec-2020 at 15:10
01.12.2019

Green Roof On GTC Shopping Centre - Skopje (North Macedonia)

[tube]r1sQPnqz5c0[/tube]


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Dec-2020 at 15:01
Шилегов: Зелениот покрив на Домот на градежници ќе биде готов во април во 2021 година

Активностите за изградба на вториот зелен покрив на Домот на градежници во Скопје се интензивирани и ќе завршат во април следната година, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Градоначалникот во одговор на советничкото прашање за зелениот покрив, потсети дека целта на овој проект е заштита на животната средина, создавање на подобро место на живеење и подобар квалитет на живот.

Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови дрвја, средно и ниско зеленило, а ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите. Предвидено е да се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино.

Како што соопштија градските власти, запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје” беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови” кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот.

Проектот за изградбата на Зелен покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје во вредност од околу 18,5 милиони денари, а имплементиран е во соработка и со поддршка од УНДП.

%20 - https://www.slobodenpecat.mk/shilegov-zeleniot-pokriv-na-domot-na-gradezhniczi-ke-bide-gotov-vo-april-vo-2021-godina/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Jan-2021 at 13:23
Рамниот покрив на Мавровка ќе се претвори во зелена оаза



По ГТЦ и Дом на градежниците, „Мавровка“ ќе биде третиот објект во градот на кој рамниот покрив ќе биде претворен во зелена оаза. Најавата преку Фејбук ја даде граночалникот на Град Скопје, Петре Шилегов објавувајќи видео како во моментов изгледа покривот на трговскиот центар „Мавровка“.

– Еве како изгледа напуштениот и неуреден простор на „Мавровка“ што набрзо ќе биде трет и најголем зелен покрив во Скопје – најави Шилегов како увертира на планираната прес-конференција со градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, а на која требаше да се означи стартот на работите, но поради лошото време беше откажана.

Инаку, во тек се работите на уредување на покривот на Домот на градежниците што треба да прерасне во зелено катче пролетва во април.

Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови дрвја, средно и ниско зеленило, а ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите. Предвидено е да се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино.

Инаку, запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот.

Повикувајќи се на податоците од релевантни истражувања, температурата на зелениот покрив може да се намали од 16 до 22 Целзиусови степени споредено со конвенционалните покриви. Со тоа температурите на околината можат да се намалат до 3 степени целзиусови, при што потрошувачката на електрична енергија потребна за ладење на овие објекти би се намалила за 0,7 проценти.

На површина од 1.800 квадратни метри е првиот зелен покрив кој е поставен на ГТЦ и денес е едно од најпосетуваните места во градот. Само за една година од неговото отворање за посетители низ него поминале сто илјади луѓе кои таму се фотографираат, но и се правеа свадбени фотосесии.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/рамниот-покрив-на-мавровка-ќе-се-претв/


Posted By: skopskodete
Date Posted: 26-Jan-2021 at 15:48
Треба да бидат попрецизни: НА ДЕЛ од ГТЦ, а не на ГТЦ.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jan-2021 at 15:56
Уште да се дава попуст за комуналии на станбените згради кои наместо поткровје ќе изберат зелен покрив/градина со билки, и животот ќе стане барем малку поубав за сите.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 26-Jan-2021 at 16:07
Odlichna idea gitardemon! Inache go pozdravuvam sreduvanjeto na krovot na Mavrovka, ama mislam deka prvo trebashe da se dovrsi celosno GTC pa posle da se odi na Mavrovka.


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jan-2021 at 16:59
РАЗЗЕЛЕНУВА И ПОКРИВОТ НА „МАВРОВКА“ – ТРЕТ И НАЈГОЛЕМ ЗЕЛЕН ПОКРИВ ВО СКОПЈЕ

Градот Скопје во соработка со општина Чаир и Здружението на корисниците на деловен простор во Мавровка, почна со уредување на третиот и најголем зелен покрив во Скопје - покривот на „Мавровка“. Зелениот покрив се уредува според проект од реномираниот и наградуван архитект, Бесиан Мехмети.
Со реализацијата на овој проект не само што ќе имаме импакт со зеленило врз најголемата раскрсница во градот, ќе влијаеме и врз самиот трговски центар. На луѓето ќе им овозможиме уште едно прекрасно катче, кое од вака руинирана површина која зрачи топлина поради бетонот ќе стане површина на која граѓаните ќе може да поминуваат пријатни моменти











https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jan-2021 at 17:00
И ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „МАВРОВКА“ ЌЕ ДОБИЕ ЗЕЛЕН ПОКРИВ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ НЕМА КАФУЛЕ

Покривот на вториот кат на скопскиот трговски центар „Мавровка“ ќе стане зелен покрив. Градот Скопје, Општина Чаир и Здружението на сопственици на деловен простор „Мавровка“ денеска го презентираа проектот за уредување напуштениот и руиниран простор, кој е биде трет зелен покрив по оние на Градскиот трговски центар (ГТЦ) и Домот на градежници.

Овој зелен покрив ќе биде најголем, со површина од 3.000 метри квадратни и се планира да бидат засадени над 40 различни видови садници.

„Одбравме да го правиме овој зелен покрив од две причини. Првата е да го покажеме нашиот пристап на еднаквост на градот кон сите страни. Другата причина е да се надомести за уништеното зеленило со изградбата на барокните згради кои беа дел од проектот Скопје 2014”, рече градоначалникот Петре Шилегов.

На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали на зелениот покрив кој ќе се прави со пари од буџетот на Градот ќе има кафуле, Шилегов рече „дефинитивно нема да имаме кафуле, туку ова ќе биде јавен простор“.

Зелениот покрив ќе почне да се гради напролет, бидејќи допрва ќе се распишува тендерот за избор на фирма изведувач. Според проценките, ќе чини околу 300.000 евра.

Проектот е на архитектот Бесиан Мехмети, автор на основното училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/i-tts-mavrovka-ke-dobie-zelen-pokriv-shilegov-veli-deka-nema-da-ima-kafule/


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Jan-2021 at 10:20
Проект за зелена кровна тераса – ТЦ „Мавровка“ / БМА













https://marh.mk/proekt-za-zelena-krovna-terasa-tc-mavrovka-bma/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 30-Jan-2021 at 13:23

Е сега додајте ги климите на фасадата и со години немиените прозорци, па да видиме колку прекрасно ќе изгледа.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: user8642
Date Posted: 30-Jan-2021 at 14:12
Чија е уствари Мавровка?! Има некој "куќен совет" со расцепкана сопственост налик ГТЦ?! Или е целосно приватна нечива? Ова е клучен проблем на државните трговски во тоа зашто уште има прљави прозори и неоодржувано ништо, зашто е сечие и ничие. Ако е државно да се продаде одма на меѓународен оглас топтан и да дојде еден-и-единствен сопственик. Ако е сеуште државно, во тој случај доста симулираме сомуправен социјализам и глумиме некаков социјалистички резерват во кој живеат неосвестени југословени по убедување, и тоа во сред европа. И тука и во ГТЦ и во Бисер и во Алуминка и во Олимпико и секаде, видете ги на што личат.


Posted By: Џоле
Date Posted: 30-Jan-2021 at 18:36
Фино би било кога „Мавровка“ би ја откупила некоја голема фирма и би ја модернизирала за свое претставништво и канцеларии, ама, пак, зошто воопшто си фантазирам кога најверојатно никогаш нема да се случи тоа...

-------------
За сè има вторпат


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 31-Jan-2021 at 16:56
Немало после пари за ЛРТ. Ќе нема кога вакви глупости се финансираат. Како барокна фасада на зграда во приватна сопственост што се распаѓа.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 31-Jan-2021 at 20:15


Е не е во приватна сопственост, нели државно/јавно претрпијатие е како ГТЦ.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 31-Jan-2021 at 20:49
Во приватна сопственост е Мавровка, го води Здружението на корисници на деловен простор во деловниот центар „Мавровка“


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Feb-2021 at 11:54
НАМЕСТО ДА ГО ПОКРИВАМЕ ГРАДОТ СО ФАСАДИ, ОТКРИВАМЕ НОВИ ЗЕЛЕНИ ПРОСТОРИ, ВЕЛИ АВТОРОТ НА ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА „МАВРОВКА“ БЕСИАН МЕХМЕТИ



Напролет во Скопје ќе почне да се прави третиот зелен покрив, кој ќе се наоѓа во ТЦ „Мавровка“, а идејното решение за изгледот е на архитектот Бесиан Мехмети, автор на проектот за основното училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец. Со проектот на Мехмети, површината од 3.200 метри квадратни која сега е неуредена, запуштена, полна со ѓубре и без конкретна намена, ќе стане еден од најголемите издигнати паркови во градот. Во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК Мехмети вели дека во време кога на градот му се одземаа јавни површини за ексклузивни употреби, тој и неговиот тим настојуваат да создаваат инклузивни јавни простори, а ова е еден од нив.

Идејата дошла од сопствениците на деловни простории, по што биле предложени неколку концепти следејќи светски примери, а крајното решение било прифатено и од Град Скопје што ќе го финансира проектот.
Наместо покривање објекти со фасади, ние сакаме да откриваме нови перспективи за граѓаните. Односот со природата и зголемување на зелени површини во градот со цел секој да има пристап до природа, се моменти кои нè интригираат повеќе отколку обвивката на објектите. Впрочем, целта на архитектурата е да им овозможи на луѓето да уживаат во квалитетен и здрав живот, во чист и зелен град со рационално користење на ресурсите. Се надевам дека нашиот проект ќе биде поттик и за други креативни индивидуи дека и со мали интервенции низ градот, може да изградиме поубава иднина за сите“, вели Мехмети.

Проектот, како што објаснува авторот, нуди слоевита содржина како простор за одржување настани, катче за играње на деца, простори со различни видови зеленило и фонтани со водени површини како и насадена урбана опрема, отворени павилјони и настрешници, скулптурални поставки кои со нивниот дизајн не конкурираат на зеленилото.

„Овој отворен и флексибилен простор може да се третира како нов маалски парк за околните жители, место за пауза при работа, простор за повлекување и медитација, дестинација за релаксација, собирање, игра и учење. Суштински дел и акцент на овој концепт претставува зеленилото. Зоните со ниско и високо зеленило од различен тип го генерираат визуелниот и просторниот карактер на овој јавен простор“, објаснува Мехмети.

За тимот на Мехмети работата на јавни проекти претставува општествена одговорност и можност да креираат дела преку кои во помала или поголема мера ќе придонесат за општествен развој.

„Проектот за зелениот кров се вклопува со нашата визија дека неопходно е да се врати природата во урбаните средини, еден вид зелени урбани пополнувања. Со нашиот проект се врши еко надградба на една дотрајна структура, конкретно кровна тераса на ТЦ ‘Мавровка‘ и тој станува јавен парк кој внесува здив на свеж воздух во центарот на градот“, додава Мехмети.

Покривот ќе почне да се гради пролетва откако ќе заврши тендерот за избор на фирма изведувач. Според проценките на Градот, ќе чини околу 300.000 евра.


%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/namesto-da-go-pokrivame-gradot-so-fasadi-otkrivame-novi-zeleni-prostori-veli-avtorot-na-zeleniot-pokriv-na-mavrovka-besian-mehmeti/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 07-Feb-2021 at 15:30
Бесиан Мехмети има неколку прекрасни проекти (по мој вкус). Новото училиште во Капиштец е негов проект, така што верувам дека може да очекуваме нешто пристојно.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Feb-2021 at 15:56
GREEN BARCODE

Design proposal for a public green roof hovering above Mavrovka – an existing mall in Skopje, N Macedonia. It introduces a linear organization of the topography by alternating lush greenery, walkways and water surfaces – a place for leisure, gathering, playing and learning











http://bma.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Apr-2021 at 11:40
Запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници станува втор зелен покрив во Скопје.
По завршувањето на реконструкцијата, тој ќе биде опремен со над 30 различни видови дрвја, вертикално, средно и ниско зеленило, нови клупи и друга урбана опрема. Се враќа и култното кино за скопјани.









https://www.facebook.com/p.shilegov


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Apr-2021 at 14:51
Ослободување од комуналии за новите згради кои наместо одвратни лимени поткровја ќе имаат рамни зелени покриви! Ако чекаме вака неколку ад-хок зафати (кои коштаат ненормални суми на општински пари), нема да стигнеме никаде.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: user8642
Date Posted: 11-Apr-2021 at 15:12
Преголема жртва за општинските буџети е откажување од комуналии за мала естетска добивка што еве се постигнува и со неколку туи во саксии. Не е ова никаков зелен кров, него се само многу саксии и жардињери. Ама нека, и ова е напредок од ич.


Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Apr-2021 at 21:16
Originally posted by user8642

Преголема жртва за општинските буџети е откажување од комуналии за мала естетска добивка што еве се постигнува и со неколку туи во саксии. Не е ова никаков зелен кров, него се само многу саксии и жардињери. Ама нека, и ова е напредок од ич.
жртва е единствено за нечии џебови... се додека не се решат некои работи од корен и места каде што има дупки во правилата слободни за толкување, Скопје ќе се соочува со одредени проблеми и секој мал обид да се поправи ќе биде крпење, и тоа непрофесионално

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Apr-2021 at 03:18

Освен ГТЦ, чијашто локација и покрив е совршен за „зелен покрив“, ми упаѓаат во очи уште два објекти во Скопје кои се како скроени за оваа намена и кадешто може да се добие сериозна квадратура зеленило.


1. Катната гаража кај Министерството за Финансии - рамниот дел на покривот е околу 2500 метри квадратни, а сопственик е Град Скопје. Со оглед дека е обична катна гаража, претпоставувам дека и изведбата на наводнување и дренажа ќе биде многу поедноставна. Пенал на празен гол!







2. Главната железничка станица - огромна гола бетонска површина, а сопственик е државно претпријатие.

Железничката станица за наши потреби е предимензионирана, вклучувајќи ја тука должината на пероните, и особено ширината на патничките платформи. Со ширина од 12 метри на платформите, ние сме во самиот врв на светската елита . Пребарав многу станици, тоа беше горната граница (на која наидував ретко). Од друга страна многу огромни станици со над 100 милиони патници годишно, функционираат со значително потесни платформи. Ние просторен проблем немаме, ниту ќе имаме. Напротив, имаме многу неискористен простор.

Затоа мислам дека може едноставно да се направат соодветни високи жардињери за дрвореди помеѓу колосеците. Земам во предвид дека треба да има добра прегледност за сигналите, а и дека контактната мрежа е ограничувачки фактор за бројот и големината на дрвјата. Исто така дека треба да има доволно простор помеѓу крошните на дрвјата и столбовите за осветлување, за осветлувањето добро да функционира. Во секој случај, со сите овие ограничувања, плус ако земеме оптимистичко долгорочно сценарио, па да врачунаме дека покривот над пероните ќе има потреба да се продолжи до 200 метри и плус да ги опфати колосеците 7 и 8, повторно останува простор за над 100 дрвја со солидна големина, со што ќе се редуцира овој огромен топлински остров, а дрвјата ќе служат и како бариера за намалување на бучавата од возови. И секако станицата ќе биде попријатна и ќе изгледа многу поубаво.





Posted By: user8642
Date Posted: 18-Apr-2021 at 09:37
Може и на Жмро белиот дворец да насадиме пиреј на кровот.

Се зафркавам, ова е една од подобрите идеи што ги имам прочитано тука во последно време.

Можда и Дом на Арм има некој кров компатибилен за зеленило, ама па е многу блису до жена-парк, а и има зеленило пред него меќу домот и улица Македонија, така да локациски нема потреба.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 18-Apr-2021 at 09:43
Може и сите овие паркинзи околу Железничка некогаш да се направат подземни, а горе да има солиден парк од кеј до Мичурин.


Posted By: hcitrS
Date Posted: 18-Apr-2021 at 13:29
Originally posted by <Fresno>

Може и сите овие паркинзи околу Железничка некогаш да се направат подземни, а горе да има солиден парк од кеј до Мичурин.


Пази да не те чуе некој! Да изговараш „подземен паркинг„ е како името на Волдеморт да го повикуваш. Страв и трепет за македонскте општини, никој се нема ни дрзнато на помисли на таква една идеа - паркинг да стават подземја, место грда бетонска планина да натрупаат на сред град.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Apr-2021 at 14:19
Железничката е преголема во однос на платформите кои освен како грда слика и апсорбер на топлина немаат некоја функција,ама некако тешко дека некој ќе се зафати со зелен покрив на овој потег,тотално е замрен и пуст овој потег а се нема ни волја да се среди.Многу е важно да живне железницата,ептен е мизрено горе жив човек нема,само понекогаш кога се снима некој спот има повеќе народ. Мислам дека попрво би се одлучиле за зелен кров на катната кај Беко отколку тука.За жал целиот потег околу Железничката и автобуската станица е во асфалт и бекатон,паркинзи на секој чекор(кога би биле подземни би останал горе простор за повеќе содржини но ете).Колку што знам имаше најави за зелен потег на паркингот спроти Пошта но ќе видиме дали и како ќе се реализира.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-May-2021 at 12:43
ГРАД СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ДОМОТ НА ГРАДЕЖНИЦИ













Градот Скопје во соработка со УНДП го уреди вториот зелен покрив во строгиот центар на градот - покривот на Домот на културата „Кочо Рацин“, попознат како Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри се засадени над 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое е функционално распоредено, има тревна површина и вертикално зеленило на ѕидовите, а поставени се и клупи и канделабри.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-May-2021 at 17:18
ГОТОВ ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ДОМ НА ГРАДЕЖНИЦИ ВО СКОПЈЕ, ЌЕ БИДЕ ЛЕТНО КИНО

Готов е зелениот покрив на Дом на градежници во центарот на Скопје, кој Градот Скопје го правеше во соработка со УНДП. На површина од речиси 400 квадратни метри се засадени над 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило, тревна површина и вертикално зеленило на ѕидовите, а поставени се и клупи и канделабри.

Како што најави градоначалникот Петре Шилегов, еден дел од покривот ќе биде летно кино.

„По фантастичното искуство што го имавме со отворањето на зелениот покрив на Градскиот трговски центар, ова е втора ваква површина што како јавен простор ја ставаме на користење за граѓаните. Таа се наоѓа во Малиот ринг, онаму каде што и тоа како ни е потребно зеленило. Постарите генерации скопјани се сеќаваат дека токму на овој простор се наоѓало летно кино, а граѓаните од околината можеле да уживаат во кино претстави. Тоа е всушност и идејата на Градот, на оваа површина во текот на летниот период да организираме мини отворено кино, таканаречено ‘немо’ кино, во кое со слушалки ќе се гледа претставата за да не пречиме на соседството. Ем ќе ги вратиме спомените, ем ќе го облагородиме овој простор“ рече Шилегов.

Проектот чини од околу 18,5 милиони денари. Како донација на Холандската амбасада во земјава на еден од ѕидовите на зградата насликан е мурал инспириран од големиот холандски сликар Карел Апел. Муралот го изработи уметникот Дени Рамбл.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gotov-zeleniot-pokriv-na-dom-na-gradezhnitsi-vo-skopje-ke-bide-letno-kino/


Posted By: kiriOK
Date Posted: 18-May-2021 at 17:49
400 м2 = 300,000 евра
Новата градинка во Аеродром 2500 м2 = 324,000 евра


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-May-2021 at 12:20
Green roofs for a resilient Skopje

[tube]E99gJjFL6VI[/tube]


Posted By: skopskodete
Date Posted: 29-May-2021 at 13:00
Добра им е идеја во зелениве покриви.
Малце оф топик:
Таа куќата што е до Домот на градежници зошто е останата? Очигледно дека не се вклопува со околината.


Posted By: zabegan
Date Posted: 31-May-2021 at 01:30
Originally posted by skopskodete

Добра им е идеја во зелениве покриви.
Малце оф топик:
Таа куќата што е до Домот на градежници зошто е останата? Очигледно дека не се вклопува со околината.
па и дом на градежници не се вклопува со средината со оглед на тоа дека е дизајниран според кружниот тек што бил таму, а секаде околу него се блокови од градски ѕид и куќава до него е единствената што е останата освен него, а не е ни дел од блокот објекти што бил околу плоштадот... една од многуте постземјотресни глупости... сега е ок онака како историја и раритет во градот, ама нема никаква урбанистичка логика

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jul-2021 at 10:54
Шилегов од касата ќе донира 700.000 евра за „Мавровка“ да позелени

Нов, трет по ред, рамен покрив кој ќе биде претворен во зелена оаза, кој на почетокот на годинава го најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов, влегува во напредна фаза. По Градскиот трговски центар и Домот на градежниците „Кочо Рацин“ уредени зелени површини на покривот наскоро треба да добие и Трговскиот центар „Мавровка“.
Советот на Град Скопје денес ќе расправа и за Предлог-Одлуката за давање донација на ДТЦ „Мавровка“, со која Град Скопје ќе го донира проектот и изведбата на новиот зелен покрив што ќе се прави таму. Донацијата се состои од реконструкција – изведба на зелен покрив, со фази во кои ќе бидат опфатени архитектурата и хортикултурата, како и електротехниката, а вредноста на истата се проценува на околу 45 милиони денари (околу 700.000 евра) со вклучен ДДВ.
Кога Шилегов го најави проектот граѓаните на Фејсбук поставија дилема дали е оправдано инвестицијата да се однесува на објект кој е во приватна сопственост.

– Кој е интересот на градот да плаќа народни пари за уредување на објект кој е во приватна сопственост? Зошто не се води сметка да се добие повеќе за вложеното?, напиша еден граѓанин во коментарите под објавата на Шилегов.

https://skopskoeho.mk/shilegov-od-kasata-ke-donira-700-000-evra-za-mavrovka-da-dobie-zelen-pokriv/


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 12-Jul-2021 at 12:04
Dali ima nekoj info koga ostanatite 90% od GTC ke pozelenat?


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Jul-2021 at 12:09
Originally posted by MKDSTRUGA

Dali ima nekoj info koga ostanatite 90% od GTC ke pozelenat?


Кога ќе има конгрес на ДУИ на покривот, ете тогаш

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Oct-2021 at 17:22
Добра можност за зелен покрив на голема површина



https://www.facebook.com/ShansaZaCentar/


Posted By: user8642
Date Posted: 22-Oct-2021 at 17:46
Браво, добра идеја!    Особено што во овој дел од градот воопшто и нема парковско зеленило некое посебно, добро ќе се најде. Објектот е во надлежност на Град Скопје, така да еве му идеја на Шилегов! Дури може и за втор круг да ја стигне да ја фингира со саксии, а понатаму да ја изгради стварно!


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Oct-2021 at 20:25
дури и да има зелен покрив горе, кој би го користел?
и по логика на тоа како се одвивале работите кај нас, ако не се користи, нема ни да се одржува

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: alexsend
Date Posted: 24-Oct-2021 at 09:53
Епа може еден кафиќ тука не е лоша работа. Како што е Рагуза360 само со многу зеленило. win-win.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.



Print Page | Close Window