Print Page | Close Window

Обнова на црква Св.Спас-с.Бели-Кочанско

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Верски
Forum Discription: Цркви, џамии, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3884
Printed Date: 19-Apr-2024 at 01:34


Topic: Обнова на црква Св.Спас-с.Бели-Кочанско
Posted By: stef4o
Subject: Обнова на црква Св.Спас-с.Бели-Кочанско
Date Posted: 28-Mar-2021 at 14:26
Црквата св.Спас во с.Бели е веќе срушена и се планира изградба на нова, може некои од вас се запознаени може некои не.
Вчера на ден 13.12.2020 се одржа состанок на кој беа присутни околу 30 лица од селото, и се донесе одлука која беше прифатена од повеќето секоја фамилија во просек која живее во селото да донира по 200 евра на годишно ниво се додека трае изградбата на црквата почнувајки од 01.01.2021. Сите оние кои имаат желба и можност да донираат повеќе се добредојдени но исто така и сите оние кои не се во можност да ги оддвојат тие 200 евра слободно може да донираат онолку колку им дозволуваат условите.

Црквата е планирана да го задржи првобитниот изглед исто како што беше старата со мали измени поточно на новата црква е планирано да се додаде една купола одозгора во прилог ке имате слики од проектот за изградба кој е во заврша фаза, и првичните проценки се дека изградбата ќе чини околу 100 000 до 120 000 евра.

13.12.2020
завршено рушењето на старата црква св. Спас.









...





---------------------------------------------------
28.03.2021



Во присуство на голем број верници и жители на селото Бели денеска беше извршен чинот на осветување на камен – темелникот за обнова на црквата „Вознесение Христово – Св. Спас“ во с. Бели.

Осветот го изврши Митрополитот Брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија од кочанското архиерејско намесништво.

Со поставувањето на камен – темелникот за обнова на црковниот храм и официјално започнаа градежните работи за изградба на нова црква, на темелите на старата.

Објектот на црквата „Св.Спас“ е планиран да го задржи првобитниот изглед како и стариот. Ќе се гради на истите темели и со истите димензии, а ќе има мали измени во надворешноста. Планирано е да се додаде една купола на кровната конструкција, со тоа што ќе се добие подобар естетски изглед, но и поголема функцоналност, односно осветлување на внатрешноста.

Од Црковниот одбор информираат дека средствата за изградба на новата црква се собираат со донации и со учество на месното население. Воедно, ги повикаа сите граѓани и стопанственици кои се во можност да донираат парични средства или материјали и со тоа да помогнат за побрза изградба на храмот.

Православната црква „Св.Спас“ во селото Бели беше целосно срушена во средината на декември, минатата година.

https://glasno.mk




Replies:
Posted By: user8642
Date Posted: 28-Mar-2021 at 16:57
Страшно! Не ми се верува дека оваа саудиска мода на некаков пуританизам врз културното наследство го зафаќа и православието. Или што викаше српскиот генерал што го рушеше Дубровник: "Саградит чемо лепши и старији Дубровник". Па мало ли беше цело село да мора баш врз истите темели да се гради?! Не ли можеше да се помести на друго место, а оваа да си остане, 150 години не се малку како традиција да се прекрати овака. Или можда се работи за некаков глуп нео-наци македоњ филм на чистење на непожелното минато од Самоковската зогрфска школа?! Немој после некој од селово да шушнал за идентите, име, јазик.

https://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D1%8A%D0%B7%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%93%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B5_%28%D0%91%D0%B5%D0%BB%D0%B8%29 - https://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D1%8A%D0%B7%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%93%D0%BE%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B5_(%D0%91%D0%B5%D0%BB%D0%B8)



Posted By: ehrlich
Date Posted: 28-Mar-2021 at 18:56
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A6%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0_%E2%80%9E%D0%92%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BE%E2%80%9C_-_%D0%91%D0%B5%D0%BB%D0%B8 - Врска до статијата од македонската Википедија

Фотографиите се направени во склоп на мојот проект „Викиекспедици“, кој се реализира од 2015 г. за посета на македонските села. Сосем случајно се погоди да имаме фотографии од пред рушењето на црквата, иако ќе видите и на тие слики се забележува рушење, односно започнале со припратата најпрвин.

Внатрешноста на црквата не била живописана, па поради тоа и до негде го оправдувам потегот, затоа што црквата како градба може да се изведе, а доста полесно е да се изгради нов, отколку да се конзервира стар објект.


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Jul-2021 at 17:21
10.07.2021







https://www.facebook.com/groups/208065231077637



Print Page | Close Window