Print Page | Close Window

Истанбулски Канал (Турција)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Инфраструктура
Forum Discription: Транспорт, телекомуникации, водостопанство...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3885
Printed Date: 29-Apr-2024 at 06:20


Topic: Истанбулски Канал (Турција)
Posted By: user8642
Subject: Истанбулски Канал (Турција)
Date Posted: 28-Mar-2021 at 21:09
Отворам посебна тема, да не се трупа во таа за општи работи од регионот. Да не се изгуби меѓу останататите муабети, можда во идина ќе следиме како ќе се одвива проектот.

Имено, Турција намерава да изгради пловен канал паралелен на Босфор, западно од Истанбул. Потребата од оваков пловен канал е од повеќе аспекти. Првиот е економско-инфраструктурен, односно сегашниот капацитет на Босфор и очекуваните зголемувања на обемот на сообраќај во каналот. Втората, скриена намера на Турција е да ја премости правно конвенцијата од Монтро која се однесува на тоа дека Босфор е од меѓународно значење и Турција нема право да поставува услови на земјите кои излегуваат на Црно Море во однос на габарит на бродови, дали се воени или не и слично. Геополитиката пред многу децении увидела дека овакви значајни протоци како Суец,Гибралтар, Босфор, Панама и слични стануваат точка на раздор ако една супер-сила се обиде да стави монопол врз нив и цврста рака која ќе бира кој може а кој не да го користи, и затоа се овие паметно смислени конвенции кои сега еве се наоѓа по некој "храбар" лидер кој сака да ги прокоцка за сопствен политички ќар и да воведе тензија во регионот. Воедно постоеја и сомнежи и дека последниот мост кој го изгради Турција, Јавуз Султан Селим Мост, е некој вид рампа која ќе осигура дека во иднина нема да пловат бродови повисоки од 80-тина метри и сите такви нови бродови ќе мора да идат низ овој новиот канал.

Главниот проблем кој сега го има Истанбул е дека едно од езерата кое во иднина треба да се кориси како дел од системот на овој канал, всушност сега се користи за водоснабдување што е горлив проблем на хаотично раширениот град без контрола и во идина ќе биде се поголем проблем.

Ќе видиме како ќе се одвива проектов и намерата на Турција која не е нова, него може да и повеќе од 100тина години.
https://en.wikipedia.org/wiki/Istanbul_Canal - https://en.wikipedia.org/wiki/Istanbul_Canal

https://ibb.co/Jsx5Tt2">



Replies:
Posted By: user8642
Date Posted: 28-Mar-2021 at 21:12
Инаку еве една веста од денес која ме мотивираше да ја отворам дискусијава.
Турција најави план за изградба на истанбулскиот канал
28-Мар-2021 21:33

Турција најави план за изградба на истанбулскиот канал


Турскиот министер за заштита на животната средина и урбан развој, Мурат Курум најави одобрување на планот за изградба на Истанбулскиот канал. Тоа е нова пловна артерија што би ги поврзала Црно и Мрaмoрно море. „ Го одобривме планот за изградба на Истанбулскиот канал откако ги испитавме сите барања и приговори. Во тој контекст, ќе преземеме брзи чекори за да осигуриме дека каналот служи во корист на нашиот град”, напиша Курум на својата страница на Твитер. Турција планираше да започне со изградба на нов канал долг 51 километар во 2018 година. Во тоа време, работата беше планирана да заврши во 2023 година, до 100-годишнината од основањето на Република Турција. Приближната цена на проектот е 10 милијарди долари, пишува „Хина“. Ердоган го најави проектот во 2011 година. Турскиот претседател постојано изјавуваше дека наскоро ќе се одржи конкурс за изградба на Истанбулскиот канал, кој ќе се одвива паралелно со Босфорот. Турската опозиција и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, се спротивставуваат на проектот и бараат да биде распишан референдум. Се проценува дека новиот канал би можел да помине околу 160 бродови дневно, вклучително и танкери со носивост до 300 илјади тони. Низ Босфор годишно поминуваат 53 илјади бродови.

https://utrinskivesnik.mk/%d1%82%d1%83%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%bd-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d1%81%d1%82/ - https://utrinskivesnik.mk/%d1%82%d1%83%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%bd-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d1%81%d1%82/


Posted By: user8642
Date Posted: 28-Mar-2021 at 21:14
Еве една топлинска сателитска мапа која прикажува затоплување на морето кое доаѓа од бродовите кои чекаат да упловат во каналот и со тоа драстично ја менуваат климата во микро-регионот. Овае официјалната главна причина за потребата да се пробие ваков канал.

https://ibb.co/9h3kT2p">


Posted By: user8642
Date Posted: 28-Mar-2021 at 21:32
Еве неколку видеа како би изгледал каналот. Инаку географијата, теренот, е многу поволен за изградба на ваков канал. Од двете страни има вештачки езера како лагуни ЌучукЧекмеџе и Дуруѓол кои драстично ја скратуваат потребната дистанца меѓу двете мориња. Има и трето езеро СазлиДере кое на некој начин е веќе пола канал изграден. Така да треба само осовременување и продлабочување на веќе постоечкиот канал на јужната половина и изградба на северната половина што практично е единствениот непостоечки дел од каналот, а воедно и најтежок инжењерски предизвик да се прокопа.

[tube]N1cniBuibok[/tube]    [tube]LCIof44SzTk[/tube]

[tube]nMU_WoxukY8[/tube]    [tube]p-d-nYzd_FI[/tube]


Posted By: user8642
Date Posted: 28-Mar-2021 at 21:38
Скица каде се гледа ултра-лесниот терен за оваков проект. Три вештачки езера плус постоечкиот канал со сино, на кој му треба проширување. Само црвениот сегмент од 10-тина километри всушност би требло да се пробива greenfield, другото е се brownfield инвестиција.

https://ibb.co/RNsPpkx">


Posted By: user8642
Date Posted: 05-Apr-2021 at 12:27
Една будала што ќе расипе, 100 паметни неможат да оправат. Го загрозува договорт што и даде на Турција 100-годишен мир и ја чуваше на страна од страшната втора-светска војна. Наместо да ужива во стабилноста и развојот на земјата, сега на врат си става поголеми сили од него. Утре нека не шета "скршено прсте" и да плаче "види што ми направија" кога ќе добие шамарчина.

Нов “воен удар” во Турција: 103 пензионирани адмирали тргнаа против Ердоган. Дали следува одмазда на султанот!?
Апр 5, 2021


Изјавата, потпишана од 103 пензионирани турски адмирали, предизвика остри реакции кај државните претставници во Анкара, кои истатаја поврзаа со претходните обиди за воен удар. Адмиралите го критикуваа предлогот Турција да се повлече од меѓународниот договор од Монтреј, постигнат во 1936 година, со кој се регулира сообраќајот на бродови преку Босфор и Дарданели, кои го поврзуваат Средоземното со Мраморното Море и Црното Море. Турскиот потпретседател Фуат Октај ја спореди изјавата на адмиралите со „свиркањето на исплашен кукавица на гробиштата“, а потпретседателот на владејачката Партија на правдата и развојот, Нуман Куртулис, ги нарече потписниците „љубители на стара Турција кои себеси се гледаат над волја на нацијата“, пренесува АП. Фактот дека дебатата за повлекување од договорот во Монтреј беше отворена како дел од разговорите за изградба на Истанбулскиот канал (кој треба да го премости сообраќајот низ Босфорот и Дарданелите) беше дочекан со загриженост. Сметаме дека е потребно да се воздржиме од разговори за повлекување од договорот во Монтреј, бидејќи тој чин е важно место за одржување на Турција, рекоа пензионираните турски адмирали. Ибрахим Калин, претставник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, оцени дека изјавата на пензионираните адмирали евоцира спомени на период на „воени удари“ и ги прави да изгледаат „смешно и патетично“. Во реакцијата на турското Министерство за одбрана се вели дека вооружените сили не можат да се користат „како алатка за алчност, амбиции и лични цели на оние кои немаат никакви должности и одговорности“, пренесува Танјуг.

https://vocentar.com/nov-voen-udar-vo-turczija-103-penzionirani-admirali-trgnaa-protiv-erdogan-dali-sleduva-odmazda-na-sultanot/ - https://vocentar.com/nov-voen-udar-vo-turczija-103-penzionirani-admirali-trgnaa-protiv-erdogan-dali-sleduva-odmazda-na-sultanot/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Apr-2021 at 12:37

Montreux не е Монтреј. Нека ја пуштат Smoke on the water па ќе слушнат како се изговара.

Инаку Ердоган е патетичен, а сите овие „Македонци“ кои ја поддржуваат Турција за инает на Грција се уште попатетични.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: user8642
Date Posted: 05-Apr-2021 at 13:05
Originally posted by гитардемон

Инаку Ердоган е патетичен, а сите овие „Македонци“ кои ја поддржуваат Турција за инает на Грција се уште попатетични.
Ова е еден од митовите у Македонија и глупите сваќања кои ги имаше Македонија до неодамна. Грција е единствениот искрен пријател на Македонија, колку тоа и да не изгледа така. Тоа е американската политика, за среќа тоа е и Македонската последниве година две, и со ова Александрополис, и све со ред. Тоа е единствената суштински функционална држава во регионов и мора да се врзуваме што повеќе економски и политички. А Турција е само една џамахирија што незнае каде тера и не е, ама баш никаков пријател на Македонија.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Apr-2021 at 17:17

А бе „искрен“ тешко дека ќе го продадеш како епитет за Грција, но во последно време најдовме нов villain и тоа е Бугарија, така што скоро сите заборавија на Грција. Сега Заев е виновен за името, и така ќе замине во историјата, а не Грција и Бакојани, Караманлис и Мицотакис.

Сепак, Грција колку толку е најбогатиот сосед, најдобро поврзаниот со светот, а и финансиски најсилниот во нашето соседство, додека пак Турција е олицетворение на нашиот Стокхолм синдром и е супер ако сакаме другарство со Катар, Иран, Русија и Кина.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 06-Apr-2021 at 06:26
Арен е Ердо, да не беше он немаше патување до Турција да биде ко да идеш во Источен Блок на времето

Девалвација на валута од скоро 400% за 8 години...



Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-Apr-2021 at 09:23

Добро, имаше успеано да ја стабилизира накај 7 до пред месец два (кога го смена министерот). Ама сега ова со каматите му се удри од главата. Не е тој крив, криви се тие муџахедините што го гласаат... Се палат на фереџиња и претворање на музеи во џамии. Е затоа Турција не може да ни е пријател. Само ние, Албанците, Босанците, Санџаклиите и Косоварите си ги сакаме. Веројатно ни е јасно на сите што имаат заедничко другите 4 групи, ама ние што мајка бараме со нив, не знам.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Apr-2021 at 11:12
Не знам на кого мислиш под „ние“, ама досега не сум сретнал Македонец што се колне во Ердоган. Сум сретнал некои што го замениле Тито со Путин, тоа да, ама со Ердоган не.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-Apr-2021 at 13:23
Па ако прашаш наш човек на улица дали му е помил Мицотакис, Борисов или Ердоган одговорот секако ќе биде „ЕРДОГАН“, оти толку размислиле која е најголемата опасност од трите.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Apr-2021 at 15:58
Originally posted by гитардемон

Па ако прашаш наш човек на улица дали му е помил Мицотакис, Борисов или Ердоган одговорот секако ќе биде „ЕРДОГАН“


Добро бе гитар, демек прашањето има точен одговор?

А единствена причина зошто првите двајца гомнари би го собрале грото на негативни емоции е затоа што грчкото, а од неодамна и бугарското непријателство и деструктивност кон Македонија се покажаа во најдиректна форма. За ова не барај вина кај просечниот Македонец што ќе го сретнеш на улица, неговиот рефлекс по ова прашање е сосема очекуван и разбирлив. За ваквата ситуација барај вина кај смрдливите кратковиди политички елити во Грција и Бугарија, и стоката од народ што ги бира и поддржува, а се пали на фашистички популизам.

Еве на пример Грција има многу сериозен територијален спор со многу посилната Турција, за кој уште одамна можеше да се предвиди дека кај да е ќе дојде на дневен ред. Со таква затка каква што претставуваат грчките територијални води и воздушен простор, Турција треба да се откаже од голем број амбиции и да се помири да биде второкласна регионална сила. Со оглед на својата моќ и потенцијал, Турција сигурно нема да се помири со тоа. И наместо Грција сеопфатно да се подготвуваше за решавање на тој голем реален проблем, они решија да измислат бизарен проблем со Македонија и да се занимаваат со тоа скоро 30 години, за кое време ни нанесоа огромна повеќегнерациска штета. Во тој процес си пукаа и самите во нога - наместо сојузник (да не речам сателит), дојдоа многу блиску до работ да имаат зацементиран непријатерл на северната граница, со стационирана турска војска и авијација. И сега откако ние направивме многу болна отстапка и демек го решивме спорот, Грција се уште не дава јасни сигнали дека ќе ги почитуваат нивните обврски од договорот, а камо ли дека ќе почнат да развиваат нормални пријателски соседски односи со нас. Во таква атмосфера, ако за 2, 3 или 10 години избие војна меѓу Турција и Грција, да не треба случајно Мицотакис да ми е помил, по некој основ? Ако Грција во скора иднина не направи чекори да докаже дека нема веќе да води никакви непријателски политики кон Македонија и дека почнува да развива односи базирани на меѓусебна корист и разбирање, тогаш и јас попрво ќе навивам за Турција во таа војна и тоа од рационални причини (настрана емотивните).

И исто така не заборавај, Македонија нема што да се пожали во однос на Турција во времето пред Ердоган. Пред Ердоган имавме поддршка што не беше условена со прфидни исламистички подметнувања и наметнувања. За турската политика кон Македонија пред Ердоган, ние треба да бидеме благодарни.




Posted By: ehrlich
Date Posted: 06-Apr-2021 at 18:12

Целосно се согласувам со мислењево.

Патем еве работам во фирма која соработува со грчки компании. Ниедна компанија од Грција не ја користи кратенката МК или МКД, добар дел од нив уште користат кратенки од ФИРОМ, а најновото е дека преоѓаат на кратенката за регистарските таблички НМК. Чисто, мало дополнување за нашиот грчки сосед.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-Apr-2021 at 19:04
Не знам, јас не сум ни религиозен, ама пак помалку ми е страшно некој да се зафркава со името (оти пак ќе си кажам дека сум Македонец без разлика на „официјалното“ име) па и со јазикот, отколку со финансирање на исламистички идеологии. Поарно ќе се кажам Северномакедонец отколку да живеам во држава со примеси на џамахирија.

Турците оти биле фини е интересна прикаска, ама сите знаеме што се крие позади тоа. Колку брзо забораваат луѓето и 500 години девширме, и 50 години српско ропство, ама бугарското и грчкото дека најсвежи некако се најстрашни.

Јасно е дека од 1991 па наваму повеќе ни се нашла Турција отколку Грција, ама зад сето тоа има скриени агенди. Многу слично на тоа, во 2001 најмногу ни се најде Бугарија, ама ете...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: user8642
Date Posted: 06-Apr-2021 at 19:32
Многу е глупаво кога државата не ти е суштински независна и кога па плус народот не сваќа што тоа во суштина значи. Денес најголемата глупост што ја слушнав/прочитав некаде беше, "како тоа сме се осудувале да се буниме против фирма од Србија што продавала зеленчук со глушец спакован внатре, само затоа што Србија ни донирала вакцини". Е тоа се тие глупави односи кои се развиваат, ова на оваков глупав начин го разбираат дел од Македонците, можда дел и во Србија го очекуваат истото, и тука се пореметува нормалниот однос. Е затоа треба да се биде независен. Исто како да седнеш на пиво со некој на кој му должиш пари или он ти должи пари. Додека не се расчистат сметките во воздухот лебди еден облак. Е баш токму тоа се тие помоши и намери од Турција, дури и во времето пред Ердоган. Намерата освен скриениот исламизам е и ова, да ја стави Македонија во чудесен должничко-доверителски однос према Турција. Или нашиот народ ги опишал таквите ситуации како "патот до пеколот е поплочен со добри намери". Е затоа треба суштинско поимање на независноста, а не само како празник ден кога се прави скара. Затоа треба независна политика и да не дозволуваме никому да должиме, никој да ни должи, зашто тогаш се најрелаксирани односите.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 06-Apr-2021 at 20:17
Originally posted by гитардемон


Добро, имаше успеано да ја стабилизира накај 7 до пред месец два (кога го смена министерот). Ама сега ова со каматите му се удри од главата. Не е тој крив, криви се тие муџахедините што го гласаат... Се палат на фереџиња и претворање на музеи во џамии. Е затоа Турција не може да ни е пријател. Само ние, Албанците, Босанците, Санџаклиите и Косоварите си ги сакаме. Веројатно ни е јасно на сите што имаат заедничко другите 4 групи, ама ние што мајка бараме со нив, не знам.

Ние сме земја со над 30% муслиманско население. Не ми е воопшто симпатичен Ердоган, но можеби некаква државна политика ни е Турција да биде контролор на тој дел од општеството. Другиот избор и извор на финансии (што веќе длабоко е навлезен на Балканов, а и по наши партии, телевизии, џамии итн.) доаѓа малку појужно од Турција. Така да бегање од тој процес во овие неколку земји не е можен, особено во отсуство на ЕУ перспектива во наредниве 20 години.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Apr-2021 at 20:41
Originally posted by гитардемон

помалку ми е страшно некој да се зафркава со името (оти пак ќе си кажам дека сум Македонец без разлика на „официјалното“ име) па и со јазикот, отколку со финансирање на исламистички идеологии.

Ама тоа не е зафркавање со името, или зафркавање со јазикот, туку тоа е почетна точка за разноразни непријателски политики со тешки последици по Македонија.

И баш одличен пример за такви последици е токму создавање на плодна почва во Македонија за Ердогановите токсични политики. Ако Грците не ја подриваа оваа држава толку жестоко од самиот старт, нашиот развој ќе се одвиваше по друг пат и тешко е да се замисли дека во таков случај ќе бевме толку лесна мета за Ердоган.



Originally posted by гитардемон

Турците оти биле фини е интересна прикаска, ама сите знаеме што се крие позади тоа. Колку брзо забораваат луѓето и 500 години девширме, и 50 години српско ропство, ама бугарското и грчкото дека најсвежи некако се најстрашни.

Од прагматична позиција, мислам дека е бесмислено да градиме денешна политика гледајќи 500 години наназад, ама ако си решен да копаме толку далеку во минатото, за Грците исто така треба да се присетиме на многу работи од пред 50, 500, 1000 години, а не само од 1991 навака.

Но сепак, Османлиската империја била едно, секуларна кемалистичка Турција беше друго, а ердогановата исламистичка творба е нешто трето. И треба различно да се третираат.

Исто е и со Грција. Ако сега почнат да градат нова, пријателска политика, тогаш сигурно Македонија нема да демонстрира непријателска политика спрема Грција, а и негативните чувства на луѓето од наша страна секако ќе почнат да избледуваат. Ама некако не им се брза со спроведување на обврските од Преспанскиот договор, а камо ли со некакви други суштински позитивни политики.



Originally posted by гитардемон

Јасно е дека од 1991 па наваму повеќе ни се нашла Турција отколку Грција, ама зад сето тоа има скриени агенди.

Да, секако постоеле агенди и поддршката од Турција не била од голема љубов. Зарем некаде во светот има поинаква пракса? Она што е важно е дека таа поддршка (пред Ердоган) беше темелена на поинаква доктрина и очекувања отколку сега.

Грчките агенди, скриени и нескриени, во тоа време секако беа далеку пострашни, а и последиците од нив.



Posted By: user8642
Date Posted: 13-Jun-2021 at 11:19
Од прошла недела нешто...
[tube]_bO5UpxdvN4[/tube]


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Jun-2021 at 15:13
Турција постави камен-темелник за „проектот на векот“



Во Истанбул се одржува церемонија за почетокот на изградбата на Истанбулскиот канал. На него учествуваат највисоките државни претставници на земјата, вклучувајќи го и претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Каналот „Истанбул“ треба да биде изграден западно од центарот на градот, од европската страна на провинцијата Истанбул. Ќе ги поврзе Марморното и Црното Море, ќе го ослободи Босфор и ќе го заштити градот, неговата природа и морето.

Подготвителната фаза ќе трае две години, а потоа би започнала изградбата на каналот долг 45 километри, широк околу 150 метри и длабок 25 метри, што е доволно за најголемите бродови да пловат низ него.

За да не се наруши патниот и железничкиот сообраќај, предвидена е и изградба на мостови. Првиот мост што ќе се гради како дел од проектот Истанбулски канал ќе биде висечкиот мост Сазлидер.

Според некои експерти, сообраќајот преку каналот „Истанбул“, без никакви ограничувања, потенцијално би претставувал опасност за безбедноста на црноморскиот регион и пошироко, затоа што покрај трговски бродови, танкери и слично, во Црно море би можеле да влезат и воени бродови. Ова би ја нарушило рамнотежата воспоставена со Конвенцијата во Монтре, со која се регулира сообраќајот преку Босфор.

Според Конвенцијата од Монтре, земјите што не излегуваат на Црното Море не смеат да ги чуваат своите бродови во регионот на Црното Море повеќе од 21 ден.

%20 - https://alsat.mk/mk/turtsija-postavi-kamen-temelnik-za-proektot-na-vekot/


Posted By: user8642
Date Posted: 26-Jun-2021 at 15:57
Малку е чудно објаснето ова со воените бродови. Монтро конвенцијата ја обврзува Турција дека не смее во никаков случај да се спротивставува на упловување на воени бродови во Црно Море на други земји под два услова, прво змејите мора да имаат излез на Црно Море, второ за време на пловење низ турска акваторија сите топови, оружја, воени симболи и се што на бродот е воено мора да биде надвор од борбена готовност, значи со спуштени цефки и обавезно покриено со церади. Значи ова се детали установени со договори и протоколи кои произлегуваат од тие договори. Значи воените бродови пловат низ Босфор само и исклучиво како транзит држава-држава и држава-меѓународни води. Ова 99% посто се однесува на Русија и Советски Сојуз порано, сигурно не е за Бугарија или Романија смислено. Секако не е забрането за трети земји ако Турција ги прошути, тоа не го регулира конвенцијата кого Турција мора да спречува, туку само кого не смее да спречува. Ама па не е по ќејф на Русија.

Е сега Турција како НАТО членка не се спротивставуа и на други држави нејзни сојузници да впловуваат, Русија секако си има пристап според договорт. Така да каналов нешто стратешки во тој дел не поместува значајно. Единствено отвора голема можност Кинески воени бродови во две форми да се појавуваат во Црно Море, прво како евентуален стратешки сојузник на Русија, и второ како Турски партнер за внатрешно уценување на НАТО од страна на Турција.

Така да, воено-политички гледано ова не е од некоја корист за Европа и демократскиот свет, само економски можеби да!


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jun-2021 at 09:46
Construction to begin on Canal Istanbul's first bridge

[tube]mrsTbPMUzhw[/tube]



Posted By: user8642
Date Posted: 27-Jun-2021 at 09:54
Добро е што е одбрана источната варијанта, место западната. Можеби заради близината кон Истанбул е поскапа опција од аспект на екпропријација на имоти, ама мислам дека една од пресудните работи беше зачувување на вијадуктот проектиран од Мимар Синан во Бујукчекмеџе и изграден во 1566 година.

https://ibb.co/x8JyFXQ">

https://ibb.co/ScMBpsW">

https://en.wikipedia.org/wiki/Kanuni_Sultan_Suleiman_bridge_%28Istanbul%29 - https://en.wikipedia.org/wiki/Kanuni_Sultan_Suleiman_bridge_(Istanbul)


Posted By: user8642
Date Posted: 27-Jun-2021 at 18:54
После алетрнативата Босфор доаѓа и алтернативата на Дарданели со што дефинитивно ќе се премости Монтро конвенцијата.

https://ibb.co/y8hpQSb">

https://imgbb.com/">

http://www.dayko.org.tr/Haber-Kanal_istanbul_CED_inden_Canakkale_Kanali_Cikti-272543.html - http://www.dayko.org.tr/Haber-Kanal_istanbul_CED_inden_Canakkale_Kanali_Cikti-272543.html
http://www.canakkaleaynalipazar.com/100-yillik-proje-kanal-canakkale/17060/ - http://www.canakkaleaynalipazar.com/100-yillik-proje-kanal-canakkale/17060/
https://indigodergisi.com/2020/01/kanal-canakkale-ced-raporu/ - https://indigodergisi.com/2020/01/kanal-canakkale-ced-raporu/
https://www.7deniz.net/haber-kanal-canakkale-projesi-ortaya-atildi-32304.html - https://www.7deniz.net/haber-kanal-canakkale-projesi-ortaya-atildi-32304.html



Print Page | Close Window