Print Page | Close Window

Црква „Св. Никола“ во с. Буриловци, Светиниколско

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Културно наследство
Forum Discription: Археолошки локалитети, цркви, манастири...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3887
Printed Date: 24-Apr-2024 at 15:27


Topic: Црква „Св. Никола“ во с. Буриловци, Светиниколско
Posted By: ehrlich
Subject: Црква „Св. Никола“ во с. Буриловци, Светиниколско
Date Posted: 07-Apr-2021 at 20:02
Забележав дека нема ваква тема, а сепак се работи за една од најстарите цркви во државава, а дефинитивно најстара во Светиниколско.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A6%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0_%E2%80%9E%D0%A1%D0%B2._%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%E2%80%9C_-_%D0%91%D1%83%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D1%86%D0%B8 - Црквата „Св. Никола“ се претпоставува дека потекнува од IX век според едни извори, а според други извори XV или XVI век.

Останува непозната за многумина, бидејќи е сместена во селото Буриловци, сместено во непрегледните матрици на Овче Поле, до кое одвај и да има пат. Патот до селото е буквално низ самите ниви и е доста тешко пристапен. Ние на експедицијата за Википедија бевме од страна на селото Мечкуевци и во доцна есен се покажа доста предизвикувачки.

Прогласена е за културно наследство на Македонија и се забележува дека во поново време и била извршена конзерваторска обнова, барем на покривот.

Ние кога ја посетивме во 2020 година делуваше зачувано, иако обрасната со треви наоколу, каде лежат средновековни гробишта.

Поглед на селото Буриловци


Поглед на црквата, обрасната околу со грмушки


Внатрешноста


Страничен поглед



Print Page | Close Window