Print Page | Close Window

Приватизација/откуп на државно градежно земјиште

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=390
Printed Date: 19-Apr-2024 at 06:56


Topic: Приватизација/откуп на државно градежно земјиште
Posted By: lslcrew
Subject: Приватизација/откуп на државно градежно земјиште
Date Posted: 16-Sep-2008 at 15:01
Приватизацијата на државното градежно земјиште кочница за македонската економија

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/39889/stopanska_komora.jpg">

Стопанската комора на Македонија организираше трибина на тема приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, на која присуствуваа претставници на Министерството за финансии, професорката на првен факултет Родна Живковска како и претставници од голем број македонски фирми. Присутните ја искористија трибината аргументирано да ги образложат проблемите поради кои процесот на приватизација на државното земјиште се одвива многу бавно.

Како причини за застојот во процесот се наведуваат неколку аргументи. Како прво неможноста да се обезбедат бараните документи бидејќи не може да се обезбеди имотен лист од катастарот, потоа незавршениот процес на денационализацијата или спорната денационализација на дел од парцела на градежно земјиште, недонесените детални урбанистички планови со кои е условена парцелизацијата на градежното земјиште на повеќе правни субјекти и високиот износ на финансиската обврска.

Професорката Родна Живковска потенцираше дека во Македонија се случи обратен процес односно прво се приватизираа фирмите а потоа се премина на приватизацијата на земјиштето, споменувајќи дека во Европската унија земјата е главната работа а се друго е споредно. Како експерт  за оваа проблематика таа кажа дека и физичките и правните лица треба да плаќаат иста цена за земјиштето што го откупуваат бидејќи тие се еднакви пред уставот на Македонија.

“Не може цената за земјиштето да биде различна за физичките и за правните лица, тоа е моето толкување а мислам дека и уставниот суд би се согласил. Исто така во неправедна положба се ставени и оние стопанственици кои земјиштето го откупуваат по 2003 година затоа што тие го откупуваат по повисока цена од оние што го откупиле до 2003 година. Треба да се прави разлика меѓу изградено и неизградено градежно земјиште, неизграденото градежно земјиште секогаш треба да има повисока цена од изграденото градежно земјиште“ кажа Живковска.

Стопанствениците ја подржаа оваа трибина и се согласија дека откупните цени се премногу високи односно 40 евра за квадрат, како и тоа дека треба да се изедначат со цените кои ги плаќаат физичките лица за откуп на земјата која се движи од 10 до 12 евра за квадрат.

Се донесе заклучок дека Законот за приватизација на градежното земјиштето во државна сопственост треба да се продолжи за уште две години.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=39889&kategorija=2



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Sep-2008 at 23:03
Да се продолжи приватизацијата на изграденото градежно земјиште


Бизнисмените побараа продолжување на рокот од најмалку две години додека државата смета дека е доволна една година за тој процес да се заокружи


Владата и бизнис заедницата се согласија дека е потребно да се продолжи рокот за приватизација на градежно изградено земјиште. На вчерашната трибина на тема "Приватизацијата, односно закупот на градежното земјиште во државна сопственост", организирана од Стопанската комора на Македонија, бизнисмените побараа продолжување на рокот од најмалку две години додека државата смета дека е доволна една година за тој процес да се заокружи.

Како причини за продолжување на рокот, по веќе утврдениот законски рок од четири години што истекува во јануари 2009 година, Стојмирка Тасевска од Стопанската комора на Македонија ги посочи проблемите со неможноста да се обезбедат потребните документи, односно имотен лист, незавршениот процес на денационализација, недонесените детални урбанистички планови, немањето на подзаконски акти, јави МИА.

Како проблем во реализирање на овој процес, професорката од Правниот факултет Родна Живковска го наведе и тоа што во Македонија се направил обратен процес, прво се приватизирале објектите, а потоа земјиштето.

Таа порача дека треба да се заврши процесот на денационализација, да се донесат деталните урбанистички планови, кои беа лоцирани како проблем во реализација на овој процес, но и да се преиспита цената по која се продава изграденото градежно земјиште. Според неа, цената треба да биде иста и за правните и за физичките лица, а треба да се направи разлика во цената на изграденото и неизграденото земјиште.

Учесниците на трибината се согласија дека приватизацијата на градежното земјиште е важно и за натамошни инвестиции, бидејќи сега, како што појасни Живковска, оние што го немаат откупено земјиштето не може да инвестираат затоа што законски е утврдено оти е потребно земјата да е во приватна сопственост или под долготраен закуп.

Снежана Костадиновска, државен секретар во Министерството за финансии, потенцира дека приватизацијата на градежното земјиште е суштински процес, за кој, како што истакна се прават напори да се одблокира.
- Овој процес долги години беше закочен. Имавме проблеми со катастарот, денационализацијата, како и слабата покриеност со детални урбанистички планови- рече Костадиновска. Според неа, главен хендикеп во спроведувањето на овој процес е и тоа што за него се задолжени многу органи.

Приватизацијата на изграденото градежно земјиште законски првпат беше овозможено во 2001 година при што е даден рок од 10 години и можност да се плати на 20 години. Со законските измени направени во 2005 година рокот за поднесување на барањата е сведен на четири години со можност да се плати на 10 години и попуст од 35 проценти за плаќање во целост.

http://vecer.com.mk/?ItemID=225CA3C59DAE8645AB1351B82DCE9C67


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Oct-2008 at 20:27
Општините ќе добиваат поголем процент од продажбата на државното земјиште

Скопје, 8 октомври (МИА) -  Општините најдоцна до крајот на месецов треба да достават планови за просторно планирање до Министерството за транспорт и врски доколку сакаат за да бидат вклучени во владината програма за нивно финансирање во наредната година.

Ова го договорија градоначалниците на повеќе општини и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната средба посветена на проблемите на локалните власти со урбанистичкото планирање.

Јанакиески информира дека досега е искористен мал износ од трите милиони евра што за годинава ги издвои Владата за планирање на просторот. За наредната година за таа намена се планираат два милиона евра.  

Министерот за транспорт им објасни на градоначалниците дека со доставување план за просторно планирање ќе имаат две бенифиции,  финансиирање и согласност по скратена постапка за десет до 15 дена. 

- Пожелно е плановите да бидат со намена за трговски центри, хотели, катни гаражи, ... односно се што ќе биде интересно за вложување како од домашни така и од странски инвеститори, рече Јанакиески.

Министерот за транспорт најави оти наскоро Владата ќе донесе одлука да го зголеми процентот што го земаат општините од продажбата на државното земјиште. - Во Владата размислуваме и најверојатно набргу ќе се зголеми процентот што ќе биде од продажба на земјиште, кој сега за државата е 60, а за општините 40. Се планира тој процент да биде повеќе за општините отколку за државата. Тоа начелено  е прифатено, но треба да се утврди процентот, рече Јанакиески.

Тој побара градоначалниците да достават нови предлог локации кои ќе се нудат на продажба преку  јавно наддавање. Со новата уредба  за градежно земјиште, укажа Јанакиески, се овозможува и продажба на земјиште доколку помалку од 50 проценти се во сопственост на приватно лице.

На средбата на градоначалниците им беше посочено дека по нова година  нема да се примаат какви било планови или урбанистички проекти кои нема да бидат од лиценцирани фирми или овластени  проектанти.

http://62.162.36.2/new_site/mk/storija.asp?id=1703



Posted By: beTon
Date Posted: 09-Oct-2008 at 14:51

Originally posted by lslcrew

Стопанствениците ја подржаа оваа трибина и се согласија дека откупните цени се премногу високи односно 40 евра за квадрат, како и тоа дека треба да се изедначат со цените кои ги плаќаат физичките лица за откуп на земјата која се движи од 10 до 12 евра за квадрат.

абе ова бизнисмениве ептен глумеле наивност, или колку да се најдат во муабет па ќе истресат и по некоја зелена, како може за некој што прави профит и некој што си го откупува земјиштето на кое живее да се има ист аршин.

во контекст имам чуено и за еден прилично глуп куриозитет, државата што продала државно земјиште а претходно за истото земјиште правобранителот дал согласност  за продажба и утврдил дека за истото нема никаков товар во моментот на продажба, подоцна заради пропуст во денационализацијата правобранителот утврдува дека сега има наследник на продаденото земјиште од државата па покренува тужба против новите сопственици - купувачите на државното земјиште, а во образложението во тужбата си го оспорува своето предходно решение, па така излегува дека државата се тужи самата себеси! Crazy а да биде уште потрагично истиот тој правобранител дал согласност, а сега си ја оспорува истата, па бар да ставеја друг тужител вака е ептен трагикомично уште само можеби фали судот да ги прогласи утре новите сопственици за виновни и да им го земе земјиштето кое им е продадено и на кое веќе имаат инвестирано и пари а и време и  нерви. незнам дали во ваков случај може сега оштетените нови сопственици да бидат некако обештетени во случај да го изгубат спорот но по се изгледа дека освен извинување и поврат на откупнината нема да видат никаква оштета за изгубеното време и за дополнителните вложувања на купената земја.                



Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Nov-2008 at 22:14
Јанакиески најави активности за довршување на железничкиот дел од Коридорот 8

Скопје, 4 ноември (МИА) -


Во изминатите сто дена Министерството за транспорт и врски објавило вкупно 46 објави за отуѓување на државно градежно земјиште. Од 28 јули до 28 октомври годинава Министерството склучило 69 договори за отуѓување, седум за долготраен закуп и четири договори за краткотраен закуп.

Според пресметките на Министерството за транспорт и врски, од октомври 2006 година до денес е продадено градежно земјиште во вредност од 40 милиони евра.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&lId=1



Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Nov-2008 at 08:36
Ќе се поништуваат сомнителни продажби на земјиште

Министерството за транспорт ќе ги раскинува сите сомнителни договори за продажба на државно градежно земјиште склучени за време на предизборната кампања на парламентарните избори во 2006 година, како и оние со кои било оттуѓено земјиште, а кое не било влезено во урбанистичките планови. По направената контрола од страна на службите во Министерството, 13 оттуѓени парцели се во судска процедура за нивно раскинување. По раскинувањето на договорите, парите нема да им бидат вратени на сопствениците.

Досега само пет сомнителни продажби судовите ги решиле или за некои имаат донесено првостепено решение за раскинување на договорите. Таков е случајот со двете локации под Скопско кале, кои во јуни 2006 година на лицитација (за 10.000 денари за квадрат) ги купи фирмата Гемак Трејд за изградба на хотелски комплекс. Дел од учесниците на лицитацијата, наддавањето го оценија за скандалозно, а подоцна беше осудено од дел од тогашните опозициони партии кои побараа "да се испитаат сите основи бидејќи се сомневаат дека се работи за сериозна корупција од страна на политичари кои учествувале и го одобриле тоа". И покрај реакциите, тогашната влада не ја поништи лицитацијата со образложение дека "никој од лицитантите не поднел приговор за наддавањето".

Првостепено решение за раскинување има и купопродажниот договор со српската Делта холдинг, исто така склучен пред парламентарните избори за оттуѓување на 4.614 квадратни метри во Карпош 4 за изградба на супермаркет. Од тогашната влада тврдеа дека на Делта му продале преку непосредна спогодба чисто државно земјиште, неоптоварено со постапки за денационализација.

Од Транспорт информираа дека постапка за поништување на договорот се води и кон фирмата Александрија за локација купена во центарот на Скопје, но и во Ѓорче Петров за парцела на која требало да се гради трговски центар. Во судски постапки се и три локации во Струмица купени од физички лица и осум парцели на Попова Шапка кои, исто така се оттуѓени пред избори.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F045C18038123F4594728F459383509B



Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Nov-2008 at 08:38

Државата сака да си ја врати парцелата за „Кинески ѕид“

Од Транспорт обвинуваат дека претходната влада незаконски ги продала земјиштата

Деветнаесет градежни парцели кои државата ги отуѓила пред повеќе од две години можно е повторно да се вратат во нејзина сопственост. Со образложение дека претходната влада земјиштата ги продала незаконски, Министерството за транспорт и врски повело судски постапки за раскинување на договорите за отуѓување. Дел од нив биле склучени за време на изборната кампања, кај дел од нив земјиштето не било вклучено во Деталниот урбанистички план, кај некои пак не биле почитувани роковите или пак се продале по цена пониска од пазарната. Со одземање на сопственоста на купените парцели се соочуваат осум сопственици на земјиште во Тетово, и по тројца за локации во Струмица и Скопје. Во Основниот суд во Скопје е поведена постапка за раскинување на договорите за локација во Општина Центар со намена за изградба на хотел кај Градскиот стадион (т.н. Кинески ѕид). Поведена е постапка и за раскинување и на договорот за парцела во Општина Ѓорче Петров со намена за трговски центар. Од Транспорт и врски засега немаат направено процена колкава е нанесената штета на државата. Тоа, велат, ќе се утврди по завршувањето на судските спорови. Досега, и по две години од нивното поведување, завршница нема. Освен за 19-те посочени предмети, велат од Транспорт, има пет решенија за ништавност на трансформација на земјиште, од кои едно е за локација за изградба на хотел во Скопје.

Инаку, од Транспорт додаваат дека локацијата каде што е изграден ТЦ „Рамстор“ не е предмет на поведените судски спорови, бидејќи Министерството чека одговор од Комисијата за заштита од конкуренција, од што ќе зависи судбината на таа парцела.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=758D961AEF0FB148AA7FB6B62B981F86




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-May-2009 at 17:41

160 локации градежно неизградено земјиште на тендер


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108790#komentari - Коментари (0)    
19.05.2009 16:26
Според Јанакиески, се уште не може да се сумира износот на пари што ќе бидe инкасиран во буџетот

 

Државата ќе продава градежно неизградено земјиште на 160 локации. Министерството за транспорт и врски за 20 дена ќе распише тендер.

Локациите се наменети за изградба на бензински пумпи, угостителски, комерцијални и деловни објекти, хотели, катни гаражи и станбени згради.

Според министерот за транспорт Јанакиески, се уште не може да се сумира износот на парите што ќе бидат инкасирани во државниот и во буџетот на општините од отуѓувањето на земјиштето.

Покрај 160-те локации што ќе бидат огласени за продажба, Комитетот за градежна експанзија анализира уште 300 дополнителни локации низ целата држава кои исто така ќе бидат понудени на продажба.

Со измените на Законот за градежно земјиште во ноември минатата година се овозможи 80 проценти од парите од отуѓувањето или закупот на државното неизградено земјиште да се слеваат во буџетот на општините, а останатите 20 проценти во државниот буџет.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108790


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jul-2009 at 14:09

За квадрат државно земјиште 4.000 денари!

Министерството за транспорт и врски продолжи со објавување лицитации за продажба на државно градежно земјиште

%20
Само оваа недела беа објавени огласите за над десет општини со кои се понудија над 30 илјади квадратни метри државно земјиште. Меѓу поатрактивните лицитации се оние во Крушево за изградба на хотел и на викендички, во општина Илинден за изградба на објекти од малото стопанство и во Василево за изградба на откупен центар за земјоделски производи. Во другите општини плацовите ќе се „доделуваат“ за изградба на бензиски пумпи, трговски и комерцијални објекти и за изградба на станбени објекти и индивидуални куќи.

Цената на лицитираното земјиште е различно и зависи од местоположбата и од намената за која ќе биде искористена парцелата. Цената за метар квадратен во Василево изнесува 300 денари, а до 4.000 денари во Кочани. Продажбата на парцелите е првата фаза од програмата за оваа година во која е предвидено отуѓување на 120 локации низ земјата, од што се предвидува да бидат инкасирани најмалку 11 милиони евра. За наредниот месец се предвидени да бидат понудени уште 300 локации.

Со лицитацијата на државното земјиште Владата се обидува да привлече инвеститори што ќе го поттикнат развојот во сите општини во земјава. Приходите од продажбата претставуваат дополнителен финансиски импулс за помалите општини, кои не можат да остварат средства од редовните приходи. Во изминатите две години државата и општините поделиле 40 милиони евра од продажба на државно земјиште. Осумдесет проценти од нив им припаѓаат на локалната самоуправа, а остатокот се влева во централниот буџет.

Купувањето на градежно земјиште е најголем проблем за инвеститорите во Македонија поради долгата процедура за обезбедување на документите од катастарот, незавршениот процес за денационализација и високата откупна цена на земјиштето.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71191032141&id=10&prilog=0&setIzdanie=21735


Posted By: Max
Date Posted: 13-Sep-2009 at 01:58

 И ова може тука да си најде место:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=433&PID=47017#47017 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=433&PID=47017#47017  



Posted By: Max
Date Posted: 24-Sep-2009 at 00:10

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=733&PID=47924#47924 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=733&PID=47924#47924

Originally posted by pbanks

Баш верувам дека ќе видиме катна гаража овдека Roll%20eyes 

бадијала веруваш LOL ќе си го поврати државата назад продаденото! со секој договор за продажба на земјиште државата потпишува договор во кој стои обавезно клаузула дека договорот се раскинува доколку во рок од година дена не се отпочне со градба на локацијата т.е. обично станува збор за дозаокружување на маркица, во принцип порано доволно беше да стигнеш и до прва плоча со што условот за отпочнување на градба е исполнет, а потоа дреми и терај колку можеш и колку мислиш дека треба! но сега со новите предлог измени за градежните рокови односно завршување на градба во рок од две години, ваквото ескивирање е сведено на минимум...



Posted By: Max
Date Posted: 24-Sep-2009 at 10:41

единствено може да се извадат инвеститорите доколку превземената обврска од договорот за купопродажба  е опструирана од страна на општината при носење на нов дуп, па судот и да им го признае закаснување со отпочнување на градежните активности. имајќи предвид дека по измените на дупот веќе извадиле инвеститорите градежна дозвола може и навистина ќе куртулат!?
иако лично сметам дека ако нема член во договорот каде истиот се сторнира во случај оттуѓувачот на државното земјиште да неможе да го исполни договореното заради опструкција од некоја државна или локална институција, ваквата закаснета иницијатива сепак паѓа во вода!?!

ајде ако некој е адвокат нека ми објасни: што доколку договорот што е заклучен меѓу две лица, а го блокира или опструира трето лице заради кое неможат да се исполнат условите на продавачот, дали во тој случај судот би пресудил во полза на купувачот? со оглед дека и првото и второто лице се јавна институција кои не си ги усогласиле активностите!

според информациите што ги имам од општината може да се вадат на тоа дека инвеститорот можел и требал да поднесе барање за добивање градежна дозвола по стариот ДУП, без разлика што новиот бил во процедура на носење т.е. се додека не се изгласа новиот ДУП стариот важи и по него може да се проектира... незнам каков е законот и дали воопшто има некаков простор инвеститорот да заглави или се одглави, но очигледно е дека истиот го чекал донесувањето на новиот ДУП, за сега да отпочне со градба Question

 



Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2009 at 16:00
Originally posted by http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=733&PID=47999#47999 - Cloverstack

]
За парцелата каде што е почнато да се гради катната гаража, Министерството за транспорт поднело претставка до државниот правобранител за враќање на земјиштето на државата. Од Министерството објаснуваат дека постапката ја почнале затоа што инвеститорот повеќе од една година откако ја добил градежната дозвола не почнал со изградба на објектот. Од Министерството додаваат дека постапката ја почнале пред речиси една недела, откако извршиле увид на местото и констатирале дека фирмата, со која Министерството го склучило договорот, го пречекорила периодот за почнување на градбата. 

Од Министерството додаваат дека тие соодветно ги известиле надлежните од општината Центар дека договорот со друштвото за туристички услуги и трговија „Сива Канет Компани“ бил раскинат поради непочитување на временскиот рок

- Откако ќе се добие одобрение за градба, фирмата е должна со изградба на објектот да почне најдоцна за шест месеци. Откако тие ја добија дозволата од општината Центар, помина речиси цела година, а до пред една недела сé уште не беше почнато да се гради. Од таа причина упативме претставка до државниот правобранител и сега чекаме управата за имотноправни односи да одлучи што ќе се случува понатаму - објаснија од Министерството за транспорт и врски.

Оливера Китаноска, државната правобранителка, кажа дека ја примила постапката и поднеле предлог до управата за имотноправни односи, кои треба да одлучат за понатамошниот тек на настаните.

Инвеститорот на катната гаража „Палата Млин Балкан“ веќе ги направил и последните подготовки за изградба на катната гаража, која била предвидена со деталниот урбанистички план за Буњаковец 1

Од општината Центар, кои и ја издале градежната дозвола, велат дека нив никој не ги известил дека за таа локација постои претставка до државниот правобранител за да му се врати земјиштето на Министерството за транспорт и врски.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9259959594&id=14&setIzdanie=21796

Previous мала надополна по купувањето на државното земјиште инвеститор е должен во рок од 6 месеци да обезбеди градежна дозвола т.е. да поднесе проект и барање за градежна дозвола до општината, а по добивањето на дозволата најдоцна во рок од 6 месци да отпочне со градба! засега треба да се изјаснат и самите инвеститори како би добиле појасен увид зошто 5 години одолговлекувале воопшто со вадење на градежна дозвола, следствено и со отпочнување на изведбата!

закаснета реакција, но дефинитивно државата сака да го врати продаденото земјиште по пат на секундарна облигација т.е. заради непочитување на договорот кој во случајов немал никакви правни или системски опструкции кои евентуално би го сторнирале истиот, или би оделе во прилог на одложување за негово извршување доколку се отвори судска постапка, која за случајов е веќе очигледна! несакам да преудицирам дека тука станува збор за партиско натегање, со оглед дека купопродажниот договор е склучен во 2003, па затоа и интервенцијата на институциите да е поведена, но ова не треба да се користи како оправдување од инвеститорот, особено не доколку навистина 5 години тапкал во место... 

во случајов доколку инвеститорот го изгуби купеното земјиште, вложените пари му пропаѓаат, исто како што е предвидено и во случајот со ИБЦ и Сончев Град во Сопиште па и со секој останат договор за отуѓување на држвано земјиште, но разликата е што промашување на странски инвеститор е нелогична и невозможна, а доколку тоа и се случи ќе биде катастрофално за кампањата Инвестирајте во МКД, затоа и се сомневам дека со ист аршин обврските би важеле обвските за домашните и странските инвеститори, иако ИБЦ во моментов имаат добро оправдување заради системско-инфраструктурните куршлуси кои и го сторнираат договорот за купопродажба на државно земјиште во Сопиште http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=60&PID=18970#18970 - www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=60&PID=18970#18970 попрво не ме чуди заради ова доколку ја дадат на суд, државата на крај и пенали да плаќа, него инеститорот да крене раце и во бунар да фрли 3,6 милиони евра колку што уплатија израелците за 64-Ха земја на Водно со ветување дека ќе вложат за возврат 100 милиони евра...




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Sep-2009 at 16:14

На распродажба стотици илјади квадрати државно земјиште





 

Само од 2006 до 2008 година по пат на јавно наддавање Министерството за транспорт и врски продало државно земјиште во вредност од околу 40 милиони евра

 
 
%20  
Масовна распродажба на државно земјиште за изградба на станбени згради, хотели, стопански објекти, викендички и за други намени по пат на јавно наддавање континуирано трае во Македонија во изминативе три години. Станува збор за продажба на стотици илјади квадратни метри државно земјиште во повеќе општини. Според анализите на Министерството за транспорт и врски, само од 2006 до 2008 години од продажбата на земјиштето во државната и во општинските каси се слеале повеќе од 40 милиони евра.

Продажбата на државното земјиште продолжува и годинава. Од јануари до септември 2009 година биле огласени повеќе од 350.000 квадратни метри државно земјиште во дваесетина општини во земјава. Од нив, најголем дел зафаќаат 70.000 квадрати земјиште крај езерото Младост во Велес, наменето за изградба на хотели, мотели и автокампови. Според планот на Министерството за транспорт и врски за годинава е предвидено огласување на 160 државни локации, а дополнително се анализираат и уште 300 локации што би требало да бидат понудени на продажба. Интересно е што во зависност од локацијата и намената постои огромно варирање на цените по кои се продава државното земјиште. Имено, по речиси иста цена од околу 400.000 евра на јавните наддавања биле купени плац во Велес од 1.500 квадрати, наменет за бензинска пумпа, и плац од повеќе од 66.000 квадрати во Градско, наменет за изградба на погон за производство на вино. За државното земјиште се лицитира со почетни цени од 300 денари по квадрат па нагоре, а очекувано највисоки цени се плаќаат за локации наменети за станбен и деловен простор во Скопје, како и за локации наменети за бензински пумпи. Има одредени локации за кои инвеститорите не покажуваат интерес поради високите цени или, пак, поради неисплатливост на инвестициите и поради тоа Министерството за транспорт и врски во неколку случаи ги огласува овие парцели вторпат. Во изминативе две години со купување земјиште преку јавно наддавање во земјава влегоа и неколку странски компании, а почна изградбата и на стопански објекти финансирани од домашни инвеститори.

Со измените на Законот за градежно земјиште во ноември минатата година се овозможи 80 проценти од парите од отуѓувањето или закупот на државното неизградено земјиште да се слеваат во буџетот на општините, а преостанатите 20 проценти во државниот буџет.
 
   
Автор: В.Н.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92891015445&id=9&setIzdanie=21798


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2009 at 22:25
ДРЖАВАТА СЕКОЈДНЕВНО ОБЈАВУВА ОГЛАСИ ЗА ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈИШТЕТО
За општините ќе останат само трошки

Ако продолжи засилената динамика на продавање на државното земјиште за општините ќе остане само неатрактивното земјиште и проблемите, сметаат дел од градоначалниците. Во последните дваи“8211;три месеци државата секојдневно објавува огласи во дневните весници за јавно наддавање на земјиште за изградба на индустриски, комерцијални и на деловни објекти, станбени згради, хотели, бензински пумпи. Измените во законите за преминување на државното земјиште во општинска сопственост треба да бидат донесени до третото тримесечје в година, а да се применуваат кон крајот на 2010 година. Според заклучоците на работната група за градежно земјиште, во управување на општините ќе преминат градежните парцели на кои се предвидени градби од трета, четврта и од петта категорија. Во овие категории спаѓаат и улиците, патиштата, парковите и плоштадите, а за таа цел е наменет најголем дел од градежното неизградено земјиште. Тоа земјиште на кое се предвидуваат градби од прва и од втора категорија, и кои се од национален интерес, ќе останат во државна сопственост и него ќе го управува Владата. - Ќе остане само тоа што не може да се продаде, односно проблематичното земјиште со нерасчистени односи и продажба на дворното земјиште. Јасна е тенденциозноста од страна на државата да ги продаде најатрактивните парцели - вели Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.
Во општините Гостивар и Тетово сметаат дека општините требало да го добијат земјиштето многу порано, а сега стравуваат дека ќе добијат неупотребливо планинско земјиште.
- Со оваа динамика до септември нема да остане земјиште. Државата зголемениот број продажби ги оправдува со намерата за привлекување најголем број инвеститори, но тоа може да го направат и општините. Нејзината политика е да ги продаде најатрактивните локации. Позитивната страна е што за разлика од пред две години кога општините не добиваа ни денар од продажбата, сега тој сооднос е некаде околу полаи“8211;пола. Во наредниот период општините ќе треба да добијат 80 проценти од продажбата на градежното земјиште што беше договорено меѓу Владата и ЗЕЛС - вели Скендер Палоши, поранешен заменик-министер за транспорт и за врски, а сега вработен во Секторот за урбанизам во Гостивар.
Тој додава дека преминот на државното во општинско земјиште требало да се случи со минатиот Закон за градежно земјиште, но тогаш најголеми проблеми биле реформите на катастарот, процесот на денационализација и слабиот административен капацитет на општините.
Различно мислење, пак, имаат градоначалниците на општините Струмица и Ѓорче Петров. Тие сметаат дека не е важно кој го продава земјиштето, туку клучно е да се поттикнува економскиот развој.
- Не верувам дека земјиштето ќе се „истроши“. Дај Боже да го купуваат и да инвестираат, без разлика дали го продава државата или општината. Иако сум опозиција мислам дека не е тенденциозно зашто земјиштата што одат на аукција се претходно подготвени за продажба - вели Зоран Заев, градоначалник на општина Струмица.

Аукциите со слаб одѕив

Министерството за транспорт и за врски од мај годинава досега објави 127 аукции за отуѓување градежно неизградено земјиште. Оттогаш се продадени 38 локации, а една е дадена под долготраен закуп. За 34 локации најповолните понудувачи ја имаат уплатено цената за градежното земјиште, а за другите пет локации се уште тече рокот за уплата.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1865&ArticleID=126445


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Dec-2009 at 05:40
Градежното земјиште кај општините до 2011?!

Со применување на ова решение се очекуваат повеќекратни придобивки како што се поедноставување на процедурите за потенцијалните инвеститори, забрзаната урбанизација, поголем број на нови инвестиции, а со тоа и поголем број вработувања и подобрување на економската состојба во државата.


Менаџирањето со градежното земјиште претставува еден одговорен процес што подразбира употреба и развој на неизградено градежно земјиште на еден одржлив начин, а со тоа се овозможува урбанизација и отворање на патот за реализација на нови инвестиции и подобрување на економската слика во државата, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на вчерашната прес-конференција на тема "Стратегијата за создавање законски и други услови за управување со градежното земјиште од страна на локалните власти".
- Со управувањето со неизграденото градежно земјиште од страна на општините, ќе се воведе принципот на извршување на сите административни активности на едно место што претставува една огромна придобивка затоа што потенцијалните инвеститори и граѓаните сите работи кои се поврзани со административните процедури за процесот на планирање на градежното земјиште, стекнувањето сопственост или закуп на градежното земјиште, како и издавањето на градежно-техничката документација за градба од 3, 4 и 5 катерогија ќе можат да ги остварат во рамките на локалната самоуправа, односно во соодветните сектори во општината, истакна Јанакиески.
Тој додаде дека одлуката е одговор на повеќегодишните барања на дел од општините сами да управуваат со државното градежно неизградено земјиште и дека со примената на ова алтернативно решение нема да се промени титуларот на сопственост на државното неизградено градежно земјиште, односно во Катастарот ќе остане Република Македонија, а локалните власти само ќе може да управуваат со него. За оваа одлука, ќе биде изготвен и нов закон за градежно земјиште, чиј предлог-текст се очекува да биде готов до март идната година по што ќе биде организирана јавна расправа.
При изготвувањето на новиот закон, Јанакиески напомена дека ќе се води сметка целосно да биде вградена Уредбата за начинот, постапката на отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, ќе биде определен минималниот број на лиценцирани лица со положени испити кои ќе го водат процесот, а исто така ќе се предвиди и минималниот број денови на траење на огласите за спроведување на постапки за отуѓување и давање под закуп на државното градежно земјиште.
Министерството за транспорт и врски ќе спроведе и соодветни постапки со кои ќе се овозможи подготовка на општините за управување со градежното земјиште, а во периодот од мај - јуни до крајот на годината да планира и да се спроведе обука на сите лица кои ќе управуваат со градежното земјиште во општината.
Со применување на ова решение се очекуваат повеќекратни придобивки како што се поедноставување на процедурите за потенцијалните инвеститори, забрзаната урбанизација, поголем број на нови инвестиции, а со тоа и поголем број вработувања и подобрување на економската состојба во државата.

http://vecer.com.mk/?ItemID=AC0E32E49A744440B9C714C770D94352



Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Dec-2009 at 05:45
Е допрва сега ќе се отфикари земјиштево по братучеди и по роднини. Чекам и сакам да дознаам у поскоро време кои ингеренции ќе останат у рацете на Министерстово за транспорт и врски?! Дали од министерството ќе правиме здружение со помалку ингеренции од ЗЕЛС?! Дали воопшто има механизам да се воведе давање амин од министерството пред воопшто да се продаде, односно освен спроведената процедура да се бара како посебен документ и согласност од министерството! Дали е ова вовед во создавање полиси! Македонија воопшто не е спремна за вакви чекори и сме можеби, да не претерам, век далеку!

И најбитната работа и аргумент кој нема да кажам поради аполитичноста на форумов, а беше прв коментар на сите со коишто имам разговарано на оваа тема. Нема да се компромитирам и да ја кажам знам дека некој подолу ќе ја спомене сигурно и се слагам со него. И оправдано е што така мислат.


Posted By: Max
Date Posted: 28-Dec-2009 at 00:49
ЕКСПЕРТИТЕ ЖЕСТОКО ГО НАПАЃААТ ОТКУПОТ НА ЗЕМЈИШТЕТО ПОД ЗГРАДИТЕ
Дворовите одат на Уставен суд

Пазарот на недвижен имот целосно ќе колабира ако влезе во сила Законот за домување, според кој никој нема да може да го продаде станот ако не го купи земјиштето под зградата. Адвокатите сметаат дека законски не е можно сопственоста на земјиштето и на градежните објекти да биде различна и најавуваат преиспитување на уставноста на ваквото законско решение.

- Овој закон ќе направи хаос зашто 99 проценти од сопствениците на станови го немаат купено дворното место. Тоа ќе предизвика последици од правен и од економски карактер. Кај агенциите за недвижен имот ќе се одрази катастрофално на и така лошата ситуација. Ќе треба да затвориме и да отпуштаме работници зашто никој нема да пушта огласи и ќе немаме работа. Само во Скопје има околу 120 агенции за недвижен имот со по најмалку двајца вработени - вели Сашо Поп Илоски, директорот на агенцијата за недвижен имот „Хепинес“.

Тој додава дека е најтрагично што при донесувањето на законот не ги консултираат засегнатите страни.

- Пред да донесат закон треба да проверат дали е тоа можно, да ја слушнат и нашата мака. А, тие не само што воопшто не не консултираат, туку и не не информираат и ние за овие работи дознаваме преку медиумите - вели Поп Илоски.

Според адвокатката Снежана Андреевска правото на сопственост, кое дозволува продажба на имотот, не може да биде ограничено.

- Правото на располагање со сопственоста не смее да има никакви ограничувања при продажба, освен ако имотот не е ставен под хипотека или ако продавачот не е носител на правото на сопственост, како и ако сопственикот е починат, а не се регулирани наследните односи - вели Андреевска.

Таа смета дека откупот на дворното место под зградите е најголемата глупост што била донесена и со неа се лажат граѓаните дека добиваат повеќе права.

- Дворното место околу зградата треба да им се понуди на продажба на приземните станови, кои директно излегуваат и го користат ова земјиште. Во спротивно, ако тоа се подели на цела зграда ќе има повреда на правото на мирно уживање во домот зашто секој ќе може да дојде и да стави столче под прозорец на овие станови. Местото под зградата, пак, треба да им припаѓа на сите станари. За овој закон планирам да поднесам иницијатива до Уставниот суд - вели Андреевска.

Во Министерството за финансии велат дека земјиштето под зградите треба да се приватизира зашто, во спротивно, излегува дека становите лебдат во воздух.

- Кога биле градени зградите на државно земјиште, компанијата не го откупувала земјиштето од државата. Потоа дошло до приватизација на становите, но не и на земјиштето - објаснуваат во Министерството.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=129964&EditionID=1902 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=129964&EditionID=1902

дворното место на зградите од секогаш го користеле сите станари, би требало да е на приземјашите, но бидејќи тоа законски беше регулирано само со договор за користење на тие дворови но не и за соптвеност, доколку тој на призмје не си го средеше и оградеше дворот пред неговиот стан секој можеше да го користи што и во доста слуачаи беше реалност односно секој од другите станари можеше пример да го уреди истиот тој двор како нему што му се сака!

не е нешто опасна работава, но правно истата е недоречена, сепак за да се заведе станот во катастар треба да има имотен лист за одредена локација што е возможно да се додели доколку за истото се направи купо-продажба со државата, најверојатно ова го третираат сега законски како појава бидејќи во централниот депозитар каде се депонираат хипотеки и слични товари врз објекти тоа се мора да е објект кој има и поседовен лист што е возможно само во ваков случај! односно објектот во случајов станот доколку нема откупено земја имаме ситуација каде зградата односно станот е дивоградба... 

сепак би сакал да видам како ќе помине ова на уставен и која е адекватна алтернатива старите згради да останат дивоградба!?



Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Dec-2009 at 01:09
Добро а како е ова регулирано кај новоизградените станови?! Со купување на стан се добива соодветен дел од земјиштето како учинок или на крај кога ќе се распродадат становите постои некоја заврзлама земјитето да остане у сопственост на инвеститорт и да се доведе до некоја правна пат ситуација?! Има ли можност за некои вакви злоупотреби?!


Posted By: Max
Date Posted: 28-Dec-2009 at 11:45

земјиштето досега беше општествено а за многу згради од минатото нема ни градежна дозвола, најверојатно за ова да се испегла во општина станарите треба овој процес да го поминат, не е нешто скапо ниту невозможно тешко, но исто мислам дека со ова и се отвора простор зградите односно граѓаните во нив да понесат одговорност за фасадите пример и евентуално пеналите штоби следеле доколку истите не се одржуваат, тука исто се и надградбите и проширувањата... просто не е мозможно само заради полнење буџет оваа улсуга да е достапна, особено не доколку еден квадрат чини 1 евро, ајде да беше како што е за класичен откуп каде во зависност од местоположбата и категоризацијата муабетот тера и над 3000 ден квадрат па да рече човек целта е полнење буџет но со едно евро за вкупно 5000 стана тоа е смешен изговор

според изјаваите на премиерот станува збор само за можност за стопанисување со земјата околу своите онјекти кои за тоа имаат услови, во основа ова значи да можеш односно имаш право дворот да си оградиш, уредиш или го користиш за некоја активност, приимер правење скара абез притоа да ти дојде комунална инспекција, добро карикирам незнам дали воопшто е дозволено некој во близина на згради за колективно домување да прави пикник муабети но тоа е поентата, а следствено и си ги превзема како граѓанин сите обврски кои доаѓаат со тоа право за сопственост на дворно место, кое сепак во иднина доколку стопанот од него ќе може да профитира, во случај државата или некој приватник да се реши нешто да гради... 

Дворовите ќе се откупуваат по едно евро за квадрат

Граѓаните и фирмите добија можност да го купат државното земјиште на кое имаат изградено свои објекти по цена од едно евро за квадратен метар. Новата владина мерка веднаш стапува во сила и според неа, по едно евро за квадрат ќе се продава и земјиштето под и околу колективните станбени згради, објектите за спорт и рекреација, јавните институции и земјиштето околу инфраструктурните објекти, како термоцентрали, трафостаници, водоводи и патишта. Новата мерка не се однесува на земјиштето кое се наоѓа под и околу фабриките.

Цената по која досега се продаваше државното градежно изградено земјиште беше поделена во неколку категории. Најскап беше квадратот во централниот дел на Скопје кој изнесуваше 13 евра или 800 денари. Отсега иста цена ќе важи за цела држава.
-За двор од 500 квадрати во општините Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода или Чаир, требаше да се плати околу 5.500 до 6.000 евра. Со намалувањето на цената, за истиот двор граѓаните ќе треба да платат само 500 евра или за цели 5.000 до 6.000 евра помалку, односно 10 до 12 пати поевтино - објасни премиерот Никола Груевски.

Според него, предностите и користа од оваа најнова мерка на Владата се очигледни.
-Стотици илјади македонски граѓани еднаш засекогаш ќе ја обезбедат сопственоста на дворното земјиште за себе и за своите поколенија. Тоа е праведен општествен процес во кој и тие конечно ќе почувствуваат придобивки од транзицијата, од преминот кон приватна сопственост и изградба на пазарна економија, ќе се забрза и заокружи историскиот процес на приватизацијата на земјиштето со што граѓаните конечно ќе стекнат сопственост на земјиштето под нивните куќи и во дворовите, ќе можат да го стават во функција ова земјиште при земање кредит во банка, или при продажба - потенцира премиерот Груевски.

Согласно владината одлука, станарите на зградите пропорционално би го откупиле дворот на зградата што ќе им даде можност за доградба. Досега ова земјиште не можеше да биде ставено под хипотека ниту да се добие дозвола за градба за него.

Уредбата за приватизација на дворното место е донесена уште минатата година. Засега нема официјални податоци колку граѓани платиле за својот двор. Тие реагираат дека со новата владина мерка се ставени во нерамноправна положба со граѓаните кои сега многу поевтино ќе ги откупат своите дворни места. Најавуваат поведување постапка пред Уставен суд и прашуваат дали ретроактивно ќе им бидат вратени парите што претходно ги платиле.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6175AF496B1B044EAED75BC99615A6C7 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6175AF496B1B044EAED75BC99615A6C7




Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Dec-2009 at 11:54


Мах, не се работи само за управување на дворното место околу зградата (уредување, оградување итн како што велиш), но многу е битно и сопствеништвото на земјиштето под зградата. Со сегашните услови многу од зградите лебдат во воздух или пак на земјиште кое не им припаѓа на станарите. Тоа значи дека ако удри еден земјотрес и падне една зграда, нејзините станари немаат право повторно да градат на тоа место ниту имаат било каква основа да претендираат на таа локација бидејќи земјиштето не е нивно.


Posted By: Max
Date Posted: 28-Dec-2009 at 12:09

Originally posted by lslcrew

Добро а како е ова регулирано кај новоизградените станови?! Со купување на стан се добива соодветен дел од земјиштето како учинок или на крај кога ќе се распродадат становите постои некоја заврзлама земјитето да остане у сопственост на инвеститорт и да се доведе до некоја правна пат ситуација?! Има ли можност за некои вакви злоупотреби?!

можност за злоупотреби нема и сопственоста се префрла од продавачот на купувачите, односно сите имаат учество во катастарската евиденција и врз основа на таа добиваат имотен лист, со кој потоа можат да бркаат хипотеки, надградби, доградби итн., http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=596C625C81050F43A3A0BF18B54D90E3 - досега ова беше покривано само со поседовен лист и врз основа на него се подигаше хипотека но од друга страна обврските кон општината квалитетно изостануваа и само колективно имаа одговорност станарите односно куќниот совет

Прашање: Имам поседовен лист, но истиот не ми го признаваат како валиден документ со кој можам да ја докажам сопственоста врз мојот имот. Што е разликата меѓу поседовен и имотен лист?
Одговор: Имотниот лист е јавна исправа со која се докажува запишаното право на сопственост и други стварни права на недвижностите во согласност со закон. Имотниот лист содржи податоци за: катастарските парцели, зградите и посебните делови од зградите и други објекти, носителите на правата на недвижностите, правото на сопственост и други стварни права на недвижностите, како и други права чие запишување е утврдено со закон, правната основа на запишување, висината на побарувањето што се обезбедува со заложното право, предбележувања и прибележувања. Во поседовниот лист се содржани податоци за земјиштето, односно за катастарските парцели и нивните корисници во согласност со Законот за премер и катастар на земјиште, и истиот не е доказ за запишаното право на сопственост. http://www.katastar.gov.mk/mk/Faq.aspx - http://www.katastar.gov.mk/mk/Faq.aspx
заврлами имало досега но тоа беше заради корупцијата и несредената еведенција во катастарот, сега вече не би требало да има вакви проблеми бидејќи базата на податоци е дигитализирана, односно потешко е да се манипулира со електронскиот катастар каде секој во секое време има увид за што, кога и дали има промена во сопственоста 

е сега како оди цел овој процес и мене не ми е познато, односно како точно оди записот во катастар, дали секој стан си има поединечен упис или тоа оди на заеднички лист тоа незнам!




Posted By: Max
Date Posted: 28-Dec-2009 at 12:15

 

Originally posted by pbanks

но многу е битно и сопствеништвото на земјиштето под зградата.

јасно долгорочно земено и тоа е случај, но пред се доколку решат пример дотраен објект да му продадат на некој инвеститор кој на тоа место ќе изгради нешто ново и подобро, а со тоа и тие ќе бидат квалитетно ситуирано

но пред се ваквиот посед значи и поголема одговорност за сопствениците, од чистење снег и канализација па се до партерно уредување и фасадирање, досега ова беа обврски на општината и ЈП-ата бидејќи стануваше збор за општествено земјиште што значи сега истите ќе се грижат само за главните водови пример или само за јавните пвршини но не и за самите згради кои ќе мора сами да се снаоѓаат, што и досега беше случај, но сега тоа е и правно регулирано 



Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Dec-2009 at 12:19


на хартија да, во пракса... незнам... Ние сме рекордери во имање регулативи и закони, каскаме во спроведувањето. Не верувам дека нешто драстично би се сменило.

Еве да видиме баш колку ќе се спроведе законот за пушење после нова година на пример .


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Dec-2009 at 14:55
А што еве да речеме дека сите сопственици пропорционално го имаат одкупено имотот. И после да речеме решат дека сакаат да ја урнат колективната зграда и да изградат нова. Ипак ќе треба да оди консензуално со стопроцентна согласност. Ако барем еден не сака тогаш е загалвено, пошто неможе никој да те примора да потпишеш да го урнеш својот стан, освен ако се работи за некојаекспрпријациа па со решение од суд ако не е работата.


Posted By: Max
Date Posted: 28-Dec-2009 at 15:12

за рушење тешко но и тоа е поентата, да бидеш правно осигуран дека никој нема да може да те заобиколи, на некој начин убаво кажа досега пример во случај на некаква експропријација на тоа земјиште станарите може само спогодбено нешто да издејствуваат (да им го поправат плочникот пред влез) додека сега комотно можат да се пазарат со оној кој сака да го користи или откупи тоа земјиште!

е сега јасно се знае дека без можност во дуп  и согласност на повеќето станари пример ни зградата не може да се доградува, па и дискутабилно е колку веднаш ваквата инвестиција е исплатлива, но како што наведува премиерот може да се третира како залог за идните генерации, иако реално и сега може да се експлоатира како земјиште на кое ќе се изнајмува пример простор за рекламни паноа, а може да и од привремени објекти да се профитира доколку за тоа некој има интерес и воедно истата појава е дозволена во општината, киосци, тезги итн. така и општината топ и станарите камен за одржување фасади...              



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Mar-2010 at 00:15
На продажба бројни државни локации во повеќе општини

Министерството за транспорт и врски деновиве објави повеќе огласи за отуѓување на државно градежно земјиште по пат на јавно наддавање. Во Велес се продаваат девет градежни парцели за мало стопанство, дел од „Комплекс УЗУС Велес“. Парцелите се со големина помеѓу 679 и 867 метри квадратни, а почетната цена е 700 денари за квадрат. Во Зрновци, за иста намена се продаваат осум парцели помеѓу 1169 и 1697 метри квадратни, со почетна цена од 300 денари. Во општина Василево се продава земјиште за бензинска пумпа кај село Градашорци со површина од 7226 метри квадратни и почетна цена од 500 денари. Министерството продава и парцели за индивидуално домување во Виница и Прилеп, како и парцели за викенд куќи во општина Македонски Брод, предвидени со ДУП за село Здуње Блок 1.

http://www.build.com.mk/?p=2246 - http://www.build.com.mk/?p=2246


Posted By: axel
Date Posted: 11-Apr-2010 at 19:19

Државното градежно земјиште ќе биде во сопственост на општините

  • http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Општините ќе бидат сопственици на државното градежно земјиште. Од почетокот на идната година, тие ќе одлучуваат по која цена ќе го продаваат и што ќе се гради на него.
    - Општина Велес има неколку пати објавено преку Министерството за транспорт и врски јавен повик за продажба на градежно земјиште, меѓутоа заради високата почетна цена, немаше доволен интерес - изјави Горан Петров, градоначалник на Велес.
     
    - Имавме многу заинтересирани инвеститори, но поради овие законски пречки и процедури ние губиме инвеститори - изјави Фати Исени, градоначалник на Студеничани.
     
    За реализација на проектот, општините треба да ги запишат градежните парцели кои досега беа во државна сопственост. Тоа е сложен процес, кој освен луѓе бара и технологија. Потребниот компјутерски софтвер ќе го донира UNDP.
     
    - Подготвивме софтверско решение со кое ќе и помогнеме на општината да го евидентира земјиштето кое треба да го управува, во смисол да го забрза локалниот економски развој - изјави Розалинда Василевска од UNDP.
     
    Во првата фаза од реализацијата на проектот се вклучени и општините Прилеп, Охрид и Сопиште. Надлежните сметаат дека со добивањето на градежното земјиште, значително ќе се подобри економската состојба во општините.                                                                                                                                              http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/drzavnoto-gradezno-zemjishte-ke-bide-vo-sopstvenost-na-opshtinite 


    Posted By: axel
    Date Posted: 02-Jul-2010 at 15:50

    На лицитација 20 илјади квадрати неизградено државно земјиште


    Најголем дел од земјиштето наменет за комерцијално-деловни објекти

     
     
    %20  
    Министерството за транспорт и врски за овој месец најавува навистина жешко време, ако се суди според бројот на закажаните јавни наддавања на кои ќе бидат понудени многу атрактивни парцели државно неизградено земјиште. На продажба се нудат вкупно 17.924 метри квадратни државно неизградено градежно земјиште во неколку скопски општини, а почетната цена на земјата во зависност од локацијата ќе се движи од 1.800 до 6.600 денари за квадрат. Најголем дел од предвидените објекти што ќе се градат на ова земјиште се од комерцијално-деловен карактер.

    %20Во општината Центар државата ја нуди на продажба локацијата спроти Домот за деца без родители на улицата Васил Ѓоргов бб. Според Деталниот урбанистички план за овој дел од населбата Капиштец од 2004 година, на просторот е предвидено да се гради деловен објект, катна гаража. Плацот има површина од 1.735 метри квадратни, а за градење се дозволени 1.017 квадрати. Почетната цена за квадрат е 6.600 денари, а пријавите за учество треба да стасаат во Министерството најдоцна до 16 јули. Јавното наддавање е закажано за 23 овој месец.

    Најголемиот плац што ќе биде продаден во текот на месецов се наоѓа во општината Аеродром, каде што според ДУП за „Јане Сандански“ на површина од 11.972 квадратни метри се предвидува изградба на хотел. Наддавањето е закажано за 6 јули, а почетната цена е 6.000 денари.

    Во општината Гази Баба, ќе се лицитира плац за изградба на семејна куќа. Градежната парцела има вкупна површина од 213 квадрати, а се наоѓа во населбата Маџари, урбан блок 3. Почетната цена за квадратот е 1.800 денари. Право за лицитирање имаат и физички и правни лица. Во Гази Баба се нуди и државно земјиште наменето за изградба на големи трговски единици. Според Деталниот урбанистички план, како и одлуката од советот на општината, се предвидува овие 4.004 квадратни метри да се претворат во трговски објекти. Површината за градење е 1.949 квадрати со висина на објектите од девет до 13 метри од заштитниот тротоар до венецот на врвот. Почетната цена на земјиштето е 6.000 денари за метар кавадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање може за да се доставуваат најдоцна до 14 јули, во Министерството за транспорт и врски.

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72101039147&id=14&prilog=0&setIzdanie=22023


    Posted By: axel
    Date Posted: 27-Jul-2010 at 16:19

    Општините ќе располагаат со државното земјиште

    Од идната година најверојатно општините ќе располагаат со државното земјиште. Во фаза на подготовка е законот кој ќе овозможи единиците на локалната самоуправа да управуваат, но и да го продаваат неизграденото земјиште што е во сопственост на државата.

    „Кога ќе почна да управуваат со земјиштето, ќе носат и урбанистички планови, ќе привлекуваат инвестиции, што ќе им даде можност да градат цели нови населби“- изјави Миле Јанакиески, министер за транспор и врски.

    Неколку месеци ќе трае обуката на општинската администрација за новите надлежности.

    „И во 2005 кога беше децентрализацијата не бевме баш подготвени но сепак влеговме, може ќе ни требаат едно 5,6 месеци за усовршување на администрацијата но веруваме дека успешно ќе менаџираме со оваа надлежност“ –изјави Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје.

    Цените за закуп или продажба на земјиштето ќе ги одредуваат самите општини но ќе мора да бидат одобрени од Министерството за транспорт и врски. Општините сепак имаат одредени забелешки за законот.

    „Има одредби кои велат дека државата може во секое време во било која фаза од постапката за продажба или закуп може да интервенира и да го земе предметот без никакво објаснување зошто е тоа така“- изјави Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

    Парите од менаџирањето со земјиштето ќе одат во локалните буџети. Предлог на општините е да ја добиваат целата сума. Сега 80 проценти одеа во буџетот на Општините, 20 проценти во државната каса.


    Соња Јованова
    26.07.2010, 15:34

    http://www.time.mk/read/9b22d6464d/9ae3764c2d/index.html


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 27-Jul-2010 at 18:03
    „Има одредби кои велат дека државата може во секое време во било која фаза од постапката за продажба или закуп може да интервенира и да го земе предметот без никакво објаснување зошто е тоа така“.
    Така и треба!!! Не е ова ни античка Грција со полиси ниту па Швајцарија со Кантони!


    Posted By: axel
    Date Posted: 13-Sep-2010 at 11:09

    Милијарди евра или трошки за општините


    Во Агенцијата за катастар на недвижности се евидентирани 90.330 парцели на државно градежно земјиште со кои во иднина ќе управува локалната самоуправа

     
     
    %20  
    Капитал тежок од неколку стотици до неколку милијарди евра ќе добијат општините како наследство од државата со новиот закон за управување со градежното земјиште, кој најскоро треба да биде изгласан од Собранието.

    До денеска се очекуваат забелешките од страна на релевантните институции, по што законот ќе биде доставен до Владата, велат од Министерството за транспорт и врски. Со трансферот на надлежностите за управување со градежното земјиште, општините се надеваат да привлечат повеќе инвеститори и да изградат цели нови станбени и бизнис-квартови, со што целосно ќе се смени ликот на населените места.

    И додека дел од градоначалниците задоволно тријат раце, други изразуваат сомнение дека до стапување во сила на новиот закон (една година по донесувањето) централната власт ќе го распродаде најатрактивното земјиште и за нив ќе останат само непривлечните локации.

    - Може ќе се опариме, а може и да се попариме - додаваат тие.

    Од Агенцијата за катастар на недвижности ни изјавија дека во нивната база на податоци се евидентирани вкупно 90.330 парцели на државно градежно земјиште со вкупна површина од 148782916 квадратни метри или 14878 хектари. Со новиот закон целото ова градежно земјиште ќе премине во надлежност на општините. Ако овие површини се претворат во пари, според пазарните услови, се добиваат суми од неколку десетици милијарди евра. Произлегува дека градежното земјиште во моментов е најсилниот економски адут со кој располага државата. Така, доколку целокупното државно градежно земјиште се продаде по симболична цена од само 10 евра за квадратен метар, општините ќе инкасираат 1,4 милијарда евра. Кога пак продажната цена би била 100 евра за метар, се добиваат фантастични 14,8 милијарди евра. За некои од атрактивните локации во главниот град досега беше постигната цена и од над 500 евра за квадратен метар, што значи и многу повеќе пари за општините. Сепак, се чини дека најразвиените општини и најмногу ќе заработат, бидејќи во руралните области или нема значителни површини на државно градежно земјиште или неговата цена е многу ниска.

    Во Министерството за транспорт и врски истакнуваат дека во првите шест месеци од годинава се објавени 106 огласи за отуѓување на неизградено градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање, од што во државната каса влегле 169.555.280 денари или 2,7 милиони евра. Од овие средства 80 отсто се слеваат во буџетот на општините, каде што се наоѓа земјиштето, а 20 отсто во буџетот на државата.

    - До крајот на 2010 година предвидено е да бидат распишани јавни објави за отуѓување на неизградено градежно земјиште. Меѓу нив поатрактивни локации се земјиштата предвидени за изградба на бензинска пумпа и хотел во општината Штип, хотели во општината Аеродром, Охрид и Крушево, како и хотелски комплекс во Битола, на граничниот премин Меџитлија - велат од Министерството за транспорт и врски.

    Од локалната самоуправа сметаат дека е неприфатливо законот да стапи во сила речиси една година по усвојувањето, бидејќи во тој временски период централната власт ќе ги продаде сите атрактивни локации и за нив нема да остане многу.

    - Не се согласувам по една година да се спроведува законот. Рокот треба да се скрати - вели Изет Меџити, градоначалник на Чаир.

    Градоначалникот на градот Скопје, Коце Трајановски, проблемот со градежното земјиште не го гледа во одземањето на овластувањата една година по усвојувањето на законот, туку во неподготвеноста на општините да управуваат со него.

    - И во 2005 година кога беше децентрализацијата, не бевме подготвени за тој процес, но сепак влеговме. Можеби ќе ни требаат 5-6 месеци за усовршување на администрацијата, но веруваме дека успешно ќе менаџираме со оваа надлежност - смета Трајановски.

    Од ЗЕЛС нагласуваат дека иако барале право на сопственост над земјиштето, добиле само право да управуваат со него. За дел од единиците на локалната самоуправа проблем е и немањето детални урбанистички планови, што го поврзуваат со недостигот на финансиски средства.

    Од Министерството за транспорт и врски нагласуваат дека откако општините ќе почнат да управуваат со неизграденото градежно земјиште ќе се воведе принципот на извршување на сите административни активности на едно место, што претставува огромна придобивка.
     
     
    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9131010126&id=10&prilog=0&setIzdanie=22081


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 15-Sep-2010 at 17:37

    Градежното земјиште за индустриски објекти по цена од 1 евро за метар квадратен

    Владата на вчерашната седница одлучила неизграденото земјиште на кое според Деталниот урбанистички план треба да никнат индустриски и стопански капацитети кои ќе ја стимулираат економијата и ќе отворат нови работни места да го даде на потенцијалните инвеститори за симболична цена.

    Мерката која треба да стапи на сила деновиве ќе важи и за изградба на хотели, бидејќи поради високите цени на голем број огласени локации досега никој не се јавувал, вели премиерот Груевски.

    - Тоа е драстично намалување на почетната цена, но не значи дека цената ќе биде и финална. На некои атрактивни локации ќе има крупни наддавања и цената веројатно ќе биде повисока, но на понеатрактивните локации каде досега немаше интерес или им беше прескапо на потенцијалните инвеститори, сега ќе имаат можност преку симболична цена да дојдат до земјиште на кое ќе можат да изградат фабрика и да вработат луѓе - вели Никола Груевски, премиер на РМ.

    Министерот за транспорт и врски, Јанакиески најави дека во соработка со општините и другите надлежни институции, сите локации во државата наменети за изградба на фабрики и други индустриски објекти ќе бидат ставени на продажба преку јавни наддавања.

    - Локации со земјиште за изградба на стопански и индустриски објекти има во општина Ѓорче Петров, во индустриската зона Жабени во Битола, како и во Валандово - вели Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

    Властите очекуваат дека оваа мерка ќе ги стимулира домашните инвеститори да вложуваат и да градат во овие индустриски зони, бидејќи со пристапните цени ќе бидат рамноправни со странските бизнисмени.

    http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/gradeznoto-zemjishte-za-industriski-objekti-po-cena-od-1-evro-za-metar-kvadraten


    Posted By: axel
    Date Posted: 15-Sep-2010 at 20:37
    Државата ќе продава градежно земјиште за стопански објекти и за хотели по почетна цена од едно евро gradezno-zemjiste.w-400.jpgСкопје - Почетната цена на јавните наддавање за продажба на градежно неизградено земјиште на кое според деталните урбанистички планови е предвидена изградба на објекти за индустрија и стопанство и за хотели, ќе биде евро за метар квадратен на територијата на целата држава.
    - Таква одлука донесе Владата на вчерашната седница, со цел да се стимулира БДП и нови вработувања, како и развој на туризмот, информира денеска на прес-конференција миистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески одговарајќи на новинарски прашања.

    Локации со земјиште за изградба на стопански и индустриски објекти има во општина Ѓорче Петров, во индустриската зона Жабени во Битола, како и во Валандово. Јанакиески најави дека во соработка со општините и останатите надлежни институции штом ќе бидат создадени можности сите останати локации со таква намена ќе бидат ставени на продажба преку јавно наддавање.

    Во однос на процесот на гасификацијата министерот за транспорт очекува во првиот квартал од наредната година да бидат готови проектите.
    - Во меѓувреме во соработка со Министерството за финансии контактираме со повеќе меѓународни банки за обезбедување финансии за почнување на изградбата во текот на наредната година, информира Јанакиески и додаде дека е во финална фаза решавањето на клириншкиот долг со Русија, од кои наjголем дел од средствата ќе бидат искористени за гасификацијата. (МИА)

    http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2587&Itemid=125


    Posted By: build.mk
    Date Posted: 18-Nov-2010 at 14:47
    Од 2011 државното градежно земјиште треба да премине во раце на општините

    Владата го усвои текстот на Предлог законот за градежно земјиште и истиот ќе биде предложен до Собранието на Република Македонија. Со него се предвидува од 01.07.2011 година, единиците на локална самоуправа кои ги исполнуваат условите, да управуваат со градежното неизградено земјиште во сопственост на Република Македонија. Со тоа процесот на отуѓување и давање под закуп, кој во моментот го води Министерството за транспорт и врски, ќе се префрли на локално ниво, во самите општини.

    Голема придобивка од овој закон ќе биде тоа што на едно место (по принципот на едношалтерски систем), во единиците на локална самоуправа, заинтересираните домашни и странски инвеститори ќе можат да ја остварат целата постапка околу купување и закуп, добивање на локациски услови и одобрение за градење, па се до моментот на реализација на урбанистичката планска документација, односно изградба на предвидените објекти на тоа земјиште согласно важечките планови.

    Законот ги предвидува следните услови кои општините, општините во градот Скопје и градот Скопје е потребно да ги исполнат за да се стекнат со надлежност во име на Република Македонија да располагаат со државното градежното земјиште:

    •да имаат изготвено и усвоено едногодишна програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште сопственост на Република Македонија

    •да имаат потребен број на вработени лица кои поседуваат овластување

    •да имаат формирано Комисија за спроведување на постапки за јавно наддавање

    •да имаат воспоставено електронскиот систем за јавно наддавање на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

    Неопходниот број на вработени лица кои поседуваат овластување во оваа сфера изнесува најмалку две лица за општини кои имаат до 20.000 жители, три лица за општини кои имаат од 20.001 до 40.000 жители; четири лица за општини кои имаат од 40.001 до 80.000 жители и пет лица за општини кои имаат повеќе од 80.001 жители. Заради следење, остварување и унапредување на начинот на вршење на работите за располагање со државното градежно земјиште, се основа и Комитет за градежното земјиште сопственост на Република Македонија како советодавно и координативно тело.

    За службените лица во единиците на локална самоуправа и Министерството за транспорт и врски кои ќе сторат прекршоци и неправилности во процедурите, предвидени се глоби од 500 до 4.000 евра во денарска противредност.

    Во изработката на Предлог законот активно учество имаше ЗЕЛС, градоначалниците и претставници на општините,  претставници на бизнис секторот, УСАИД, а текстот повеќепати беше предмет на јавни дебати. Исто така беа консултирани голем број на институции: Министерство за правда, Министерство за финансии, Министерство за локална самоуправа, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, Државно правобранителство на Република Македонија, Секретаријат за законодавство, Дирекција за технолошко индустриски развојни зони, Државна комисија за спречување на корупција, Агенција за катастар на недвижности, а предлозите и забелешките од истите во најголем дел се вградени во законот.


    http://www.build.com.mk/?p=5689 - http://www.build.com.mk/?p=5689




    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 18-Nov-2010 at 16:11
    Originally posted by build.mk

    Законот ги предвидува следните услови кои општините, општините во градот Скопје и градот Скопје е потребно да ги исполнат за да се стекнат со надлежност во име на Република Македонија да располагаат со државното градежното земјиште

    Ова не ми е јасно. Кој ќе биде надлежен за земјиштето на територија на град Скопје??? Би било логично тоа да се општините, а градот да добива процент од собраните средства. Но збунува оваа формулација која како да сугерира дека и градот ќе стекне надлежност. Како може тоа, со оглед на фактот дека градот (административно) нема некоја одделна територија, туку неговата територија се состои од териториите на општините кои влегуваат во негов состав?


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 18-Nov-2010 at 16:25
    Територијална поделба за град Скопје и "Би било логично" не ги ставај во исти пост, најмалку во иста реченица. LOL

    Нема ништо логично, очигледно е дека ниедна инстанца нема така лесно да се одважи од моќта со цел ефикасен закон. Тоа си е така со распределбата на моќта што веќе сме си ја поставиле со други закони. Скопје го управува дво-домен парламент со племенски совет од единаесет градоначалници и така ќе се провлекува по сите закони. Додека ова суштествено прашање не го решиме, понатака се е последица.


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 20-Nov-2010 at 00:17
    Помало зло од досегашната пракса каде сите требаше да се правиме мутави кога наддаваа татковци и синови, кумови и кумашини, зетови и балдази... Барем да бидеме колку-толку на чисто...

    Ама ме интересира како е ова решено во посредени држави. Дали и каква контрола има за театрални лицитации? Сигурно има многу држави каде не е регуларна продажба со еден заинтересиран, а од друга страна потенцијалните намештаљки треба некако да се спречат или барем да се отежнат во разумна мерка.

    Лицитација со само еден лицитант

    Државните парцели ќе можат да се продаваат во иднина доколку на лицитацијата има и само еден учесник. Тоа значи дека ќе биде доволно лицитантот само еднаш да ја крене цената со таканаречено едно чекорно наддавање. Оваа владина одлука веќе е стапена во сила како измена на уредбата со која се регулира постапката за отуѓување на државното земјиште.

    Токму поради присуство на само еден учесник, вчера беше поништена лицитацијата за плац наменет за изградба на базен во општината Аеродром. За неа не важи новата изменета уредба, туку старите правила за јавните наддавања, бидејќи постапката е спроведена пред да стапи во сила измената.

    Инаку, изменетата уредба на инвеститорите на хотели на отуѓени државни парцели сега им дава рок од 1 година да ја обезбедат градежната дозвола, период, кој, практично, е подолг од досега пропишаниот. (Дс.Т.)

    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BD729EECC0501A478D6DBD0F625AEEF9 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BD729EECC0501A478D6DBD0F625AEEF9


    Posted By: axel
    Date Posted: 28-Mar-2011 at 14:52

    Државно градежно земјиште ќе се продава по почетна цена од едно евро за квадрат

  • http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Државно градежно земјиште наменето за изградба на куќи за индивидуално домување и за изградба на катни гаражи во иднина ќе се продава по почетна цена за јавно наддавање од едно евро за метар квадратен, одлучила Владата на последната седница.

    - Мерката на многу граѓани во иднина ќе им овозможи полесно и поевтино да можат да купат земјиште на кое ќе изградат куќи, а на многу инвеститори, кои досега се двоумеле поради високата цена на земјиштето или исплатливоста, да изградат катни гаражи со кои во значајна мерка ќе го решат проблемот со паркирањето, изјави премиерот Никола Груевски по давање во употреба на резервен систем на Централниот регистар во Штип.

    Според премиерот, особено важно е што желбата на многу граѓани за изградба на сопствена куќа која не можела да се оствари поради немање средства сега ќе стане реалност.

    - Веќе испративме порака до многу градоначалници, а се надевам дека ова мое излагање ќе го чујат сите градоначалници да почнат да урбанизираат се поголем број парцели во нивните општини за изградба на куќи на земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Штом тоа ќе го направат општините, Министерството за транспрот и врски и Владата ќе објават огласи за јавно наддавање за да може секој граѓанин да лицитира земјиште со почетна цена од едно евро за метар квадратен, рече премиерот Груевски.

    Тој додаде дека овие мерки заедно со мерките за продажба на земјиште по истата цена за хотели, откуп на дистрибутивни центри, за земјоделски производи и фарми, индустриски објекти, ќе овозможи голем напредок и раздвижување на економијата.

    - Веќе се продадени многу парцели, се продаваат се повеќе локации за индустриски капацитети што значи дека ваквите одлуки се поттик граѓаните и фирмите да инвестираат да градат и создаваат, додаде Груевски.

    Тој, како што рече, верува дека ќе има противници на оваа одлука, но додаде дека ним ќе им порача дека државата има поголема добивка доколку се гради и создава, бидејќи така се создаваат нови вредности, а со тоа и нови работни места.

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/drzavno-gradezno-zemjishte-ke-se-prodava-po-pochetna-cena-od-edno-evro-za-kvadrat


    Posted By: axel
    Date Posted: 07-Apr-2011 at 12:21

    Државното земјиште се продава десетпати поевтино од приватното

    Парцелите лоцирани во непосредна близина на граничниот премин Богородица, кои се во сопственост на државата, се распродаваат за 15 евра по метар квадратен, а цената на приватното земјиште се движи од 40 до 90 евра, велат извори од општината Гевгелија. Извори од општината велат дека парцелите лоцирани во непосредна близина на граничниот премин Богородица, кои се во сопственост на државата, се продаваат за почетна цена од 15 евра по метар квадратен, додека цената на приватното земјиште во близина се движи од 40 до 90 евра. Според плановите на општината Гевгелија, во следните две години на потегот од Гевгелија до македонско-грчката граница ќе никне нов туристички град во кој се очекува да бидат инвестирани повеќе од 100 милиони евра. Во новиот туристички комплекс предвидено е да се градат повеќе делукс хотели, брендирани трговски центри, спортски објекти, терени за јавање, мото-крос патеки, спа-центри и нови патишта. Неофицијално, за атрактивните парцели во Гевгелија веќе се интересирале Американци, Руси, Грци, Австријци, но и многу домашни бизнисмени.

    http://www.kapital.com.mk/mk/magazin/25920/drzhavnoto_zemjishte_se_prodava_desetpati_poevtino_od_privatnoto.aspx


    Posted By: OCB
    Date Posted: 25-Jun-2011 at 14:05
    Originally posted by Cloverstack



    Originally posted by build.mk

    Законот ги предвидува следните услови кои општините, општините во
    градот Скопје и градот Скопје е потребно да ги исполнат за да се стекнат
    со надлежност во име на Република Македонија да располагаат со
    државното градежното земјиште
    Ова не ми е јасно. Кој ќе биде надлежен за земјиштето на територија на град Скопје??? Би било логично тоа да се општините, а градот да добива процент од собраните средства. Но збунува оваа формулација која како да сугерира дека и градот ќе стекне надлежност. Како може тоа, со оглед на фактот дека градот (административно) нема некоја одделна територија, туку неговата територија се состои од териториите на општините кои влегуваат во негов состав?


    „Приходите од надоместокот за уредување на градежно земјиште се распределуваат во сооднос 60% за градот Скопје и 40% за општината во градот Скопје во која се уредува градежното земјиште.“
    - Закон за град Скопје

    Логично би било ова да важи и за изнајмување и продажба на земјиште.


    Posted By: OCB
    Date Posted: 25-Jun-2011 at 14:07
    Од 1 јули само 48 општини ќе управуваат со градежното земјиште

    48 општини го исполнија законскиот услов да располагаат со градежното неизградено земјиште.

    Од 1 јули Министерството за транспорт им ги префрли надлежностите за менаџирање со земјиштето на локалните власти. Секоја општина што ќе сака да го продава земјиштето ќе може тоа да го стори единствено електронски.

    За таа цел во изминатиот период вработени во локалните самоуправи се обучуваа како во иднина да го менаџираат земјиштето.

    Од вкупно 231 кандидат сертификат успееја да добијат 192 лица вработени по општините. Ова е еден од условите што треба да го исполнуваат за да управуваат со земјиштето.

    Друг услов е и да поднесат и план за управување со земјиштето до комитетот кој ќе ја надгледува работата на општините. За останатите општини кои нема да ги исполнат овие услови,со земјиштето ќе управува Министретвото за трнспорт во нивно име.


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 27-Jun-2011 at 20:29
    Нешто подетално

    Доделени 192 потврди за положен испит за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште-24.6.2011
    http://mtc.gov.mk/new_site/images/storija_pic/3283/1.jpg -
    http://mtc.gov.mk/new_site/images/storija_pic/3283/2.jpg -

     

    Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски денеска на 192 кандидати од 48 општини им доделија потврда за положен испит за стекнување овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија.

    Трајановски информира дека од 231 кандидат чии пријави биле прифатени за следење на обуките и за полагање на задолжителниот електронски испит, сертификат добиле само 192 кандидати.

    - Овие кандидати се испратени од 57 општини, што претставува 67 отсто од вкупниот број на единици на локалната самоуправа во државава и покажува висока заинтересираност на општините за исполнување на законските предуслови за стекнување на овластување за вршење на оваа надлежност, рече Трајановски.

    Од нив, како што додаде, 48 општини го исполнија законскиот минимум за сертифицирани службеници за вршење на оваа дејност.

    - Овој ден е навистина значаен за развојот на децентрализацијата во нашата земја и ја потврдува повеќегодишната заложба на ЗЕЛС и на општините да ни биде дадено на управување градежното неизградено земјиште, како една значајна компонента за развивање на локалната економија. Денес уште еднаш покажуваме пред нашите граѓани дека сме подготвени нашите барања да ги реализираме навремено и одговорно, рече Трајановски.

    Тој посочи дека ЗЕЛС со поддршка од Министерството за транспорт и врски реализирале почетни обуки кои се состоеле во практичен и во теоретски дел. Испечаетен е Прирачник за стекнување знaења од оваа област, обезбедена била просторија во која на 28 компјутери, по електронски пат, во осум сесии кандидатите го полагале предвидениот испит.

    Освен законски број на сертифицирани лица од општинската администрација, општините мора да имаат изготвено годишна Програма, која треба да ја усвои Советот на општината. За таа цел ЗЕЛС веќе достави образец на годишна Програма до сите општини во Македонија. ЗЕЛС со поддршка на УСАИД - Македонија обезбеди софтверски систем за опслужување на апликацијата за електронски регистар на градежно земјиште и апликација за јавно надавање.

    Министерот Јанакиески информира дека наредниот период очекуваат општините да достават Програма за управување со градежно земјипте и како трет услов што треба да го исполнат е електронски да се поврзат со базата во ЗЕЛС, да има можност електронски да продаваат и даваат под закуп градежно земјиште.

    - Ова е еден голем чекор кој го направивме заедно со ЗЕЛС и со УСАИД за да можат општините во Македонија по 1 јули да управуваат со градежното земјиште, рече Јанакиески и додаде дека од септември годинава ќе следат нови обуки и нови полагања.

    Наша цел е, како што рече, сите општини во Македонија да управуваат со градежното земјиште.

    Тој потенцира дека веќе следната недела дел од општините ќе ги усвојат Програмите, потоа тие ќе треба да ги достават до Комитетот за управување со градежно земјиште составен од претставници од ЗЕЛС, Министерствата за финасии, за транпсорт и врски и Министерството за локална самоуправа, кои доствауваат предлог до Владата и потоа таа донесува одлука кои општини да почнат со управување на градежно земјиште.

    - Очекувам објективно во јули веќе да ги имаме првите општини што ќе почнат да управувуваат со градежното земјиште. Ние како Влада направивме се и останува на општините да се поврзат на софтверскиот систем и да ги донесат програмите, потоа сите услови се исполнети и Владата ќе им даде можност да управуваат со градежното земјиште, рече Јанакиески.

    Тој посочи дека во моментов има над 200 парцели кои се спремни за објавување, но тој број постојано се зголемува.

    Одговорајќи на новинарски прашања, за концесијата на дел од плажите во Струга, Јанакиески рече дека денеска завршува инспекцијата на струшките плажи и додаде оти следната недела ќе дадат конкретни насоки за тоа што треба да направат закупците.

    - Доколку не постапат по инструкции ќе следи раскинување на договорите. Веќе завршивме со плажите во Дојран и од понеделник ќе преземеме конкретни мерки, рече Јанакиески.

    Извор: (МИА)

    http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3283


    Posted By: axel
    Date Posted: 12-Aug-2011 at 11:20

    Министерството за транспорт ќе продава уште 400 атрактивни парцели

    mailto:spasevska@kapital.com.mk - Александра Спасевска

    Формално, општините од 1. јули управуваат со државното земјиште на нивна територија, фактички - немаат дозвола од Министерството за транспорт и врски зашто не ги исполниле условите. Дел од градоначалниците се револтирани

    Министерството за транспорт и врски во наредниот перид планира да продаде 400 парцели државно градежно земјиште. Во тек е продажба на 174, а се подготвуваат огласи за продажба на уште 230 парцели. Само во последните два дена се дадени на продажба десетина локации во повеќе градови, претежно атрактивно државно земјиште наменето за викенд-населби, за хотелски комплекси и катни гаражи. Со ваквата практика на Министерството практички паѓаат во вода бомбастичните најави дека од 1. јули продажбата на државно градежно земјиште ќе премине во надлежност на општините. Законот предвидува така, но Министерството за транспорт и врски сега се правда дека ниедна општина не ги исполнува потребните услови за да може да управува со земјиштето. Велат дека 48 од вкупно 85 општини го исполниле условот за електронско спроведување на јавно наддавање, но на ниту една општина не и е пренесено правото да управува со државно земјиште поради непотполна документација.

    Досега шест општини, Гевгелија, Карпош, Кочани, Струмица, Велес и Демир Капија, поднеле барање до Комитетот за градежно земјиште, но биле вратени поради некомплетна документација.

    Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, револтиран од пролонгирањето, вели дека Министерството со банални барања од општините купува време за да може да ги продаде останатите атрактивни парцели. Тврди дека и покрај исполнетите услови, сега се бараат дополнителни документи.

    “Општина Струмица ги исполнува сите услови. Ја изготвивме Годишната програма за управување со градежно земјиште и ја доставивме до Министерството за транспорт и врски, но сепак, ги вратија документитте со образложение дека не е потполна документацијата“, објаснува Заев.

    Тврди дека Министерството има банални барања со цел да го пролонгира процесот.

    “Бараа од нас на секоја страница од програмата за управување со државно градежно земјиште, која има 650 страници, да има печат од општината, да доставиме последна платена сметка од Интернет, како и М1, М2 образец за службениците кои се стекнале со сертификат за електронско наддавање, документи кои веќе се доставени до Министерството. Со тоа само се купува време за да може да ги даде парцелите на веќе договорени инвеститори“, вели Заев.

    Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, се надева дека најдоцна за 15 дена ќе добие одобрение од Министерството за транспорт и врски, кога планираат да ги објават првите огласи за продажба на државно земјиште.

    “Доставивме барање до Министерството за транспорт и врски, но треба да дополниме дел од документацијата за да можеме да почнеме да продаваме државно градежно земјиште. Очекувам дека најдоцна за 15 дена ќе заврши таа процедура и ќе ги имаме исполнето сите услови за да почнеме да продаваме“, објаснува Франгов.

    Првите парцели што ќе ги огласи општината се за згради за домување, за хотел и за деловен центар. А тоа што Министерството за транспорт и врски веќе почна да продава земјиште, според Франгов, е за да не се забави процесот и да се продолжи со продажба на државно земјиште.

    http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72191/ministerstvoto_za_transport_kje_prodava_ushte_400_atraktivni_parceli.aspx?iId=2308


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 01-Oct-2011 at 01:06
    Државата им го префрли градежното земјиште на осум општини

    Илинден, Берово, Кочани, Штип, Пробиштип, Гевгелија, Битола и Демир Капија се осумте општини кои од денес ќе може да управуваат со државното градежно неизградено земјиште на нивна територија. Според Министерството за транспорт и врски, овие општини ги исполниле условите за донесување Програма за работа од областа на управувањето со градежно земјиште, воведување на електронски систем за јавно наддавање, обезбедување на доволен број лиценцирани општински службеници и формирање комисија која ќе ја спроведува постапката за јавно наддавање. Почетната цена за јавните наддавања е утврдена со ценовник, но ако има потреба од намалување или зголемување на вредноста на земјиштето, Советот на општината ќе треба да достави предлог до Владата, која ќе ја донесе крајната одлука за евентуалната промена.

    Засега не е познато зошто општина Карпош не е вклучена во денешното префрлање на државното градежно неизградено земјиште. Оваа општина заедно со општините Берово и Гевгелија беа првите кои излегоа со информации во медиумите и на општинските веб – страници дека се подготвени за менаџирање со градежното земјиште во државна сопственост. Во изјава за весникот „Утрински весник“ од 29 јуни градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски потенцираше дека таа општина ги има исполнето сите услови за префрлање на земјиштето и очекува да биде првата општина што ќе го добие градежното неизградено земјиште од државата.

    ../?p=8432 - Префрлувањето на државното градежно земјиште требаше да отпочне на 1 јули , но целокупниот процес доцни веќе 3 месеци поради фактот што најголемиот дел од општините сеуште не ги исполниле потребните критериуми за започнување на процесот. Според информациите од министерството, во моментов 63 општини го исполниле првиот услов за префрлање на државното неизградено земјиште, па така 323 службеници веќе добиле лиценца по спроведените обуки и испитувања. Се очекува најголеми проблеми и понатаму да има кај помалку развиените општини, бидејќи локалните самоуправи од овие општини немаат капацитет да го спроведат процесот.

    Бојан Блажевски

    http://www.build.mk/?p=9913 - http://www.build.mk/?p=9913


    Posted By: axel
    Date Posted: 29-Oct-2011 at 12:36
    http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=93884&kategorija=1

    Склучен 331 договор за отуѓување на земјиште во 2010 година


    29. 10.2011 - 13:06:24
    МТВ:%20Склучен%20331%20договор%20за%20отуѓување%20на%20земјиште%20во%202010%20година
    Во текот на 2010 година, по одржаните јавни наддавања бил склучени се 331 договор за отуѓување на земјиште со најповолните понудувачи, беше истакнато на прес конференција за реализираните активности во управување и документирање со неизградено градежно земјиште во сопственост на државата. 

    Од нив, еден договор е спогодбено раскинат, за 21 договор се поведени судски постапки за еднострано раскинување на договорите, од причина што не биле почитувани роковите за добивање на соодветна градежно-техничка документација кои се дадени во истите, а за 5 договори овие рокови се продолжени  заради тоа што е утврдено дека причините за необезбедување на соодветната документација на време е одолговлекување на постапката од страна на надлежниот орган, а во случаи кога најповолниот понудувач навремено достави комплетна документација. 

    Исто така, во тек е постапка на добивање мислење од Државното правобранителство за раскинување на вкупно 20 договори со цел правилно толкување на законските одредби и по добивање на мислењето, Министерството за транспорт и врски соодветно ќе постапи со овие предмети. Сите локации за кои се раскинати договорите се враќаат во сопственост на Република Македонија и истите можат повторно да бидат предмет на отуѓување по пат на јавно наддавање.+

    Од овие активности, односно од уплаќањето на средствата согласно постигнатите крајни цени на јавните наддавања, остварени се вкупно 1.579.785.984 денари.

    Во текот на 2011 година, заклучно со 28.10.2011 година, распишани се вкупно 175 јавни објави и се склучени вкупно 173 договори за отуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со што се остварени средства во висина од 536.413.986 денари.

    Согласно Законот за градежно земјиште, овие средства се распределуваат – 20% за Буџетот на Република Македонија и 80% за буџетот на општината во која се наоѓа отуѓеното земјиште.

    Сите договори кои не се почитуваат, односно сите нинвеститори кои не ги почитуваат одредбите во истите, Министерството за транспорт и врски поведува постапка согласно закон за раскинување на овие договори. По раскинувањето на договорите, земјиштето се враќа во сопственост на Република Македонија, а на најповолниот понудувач не му се враќаат средствата уплатени за истото.

    Со одржувањето на овие јавни наддавања, меѓу останатото е овозможена изградбата на вкупно 193 објекти за лесна индустрија, сервиси и стоваришта, 21 објект за колективно домување, 17 комерцијално-деловни објекти, 13 хотели, 9 откупни центри за земјоделски производи, 6 големи трговски единици и 3 катни гаражи.

    Во тек се јавни објави за јавно наддавање за отуѓување на локации на кои е предвидена изградба на хотелски комплекси во општина Центар, катна гаража во општина Центар, објект за здравствени институции во општина Карпош, објекти за индивидуално домување во семејни куќи во населба Козле во општина Карпош, како и за изградба на винарии во општините Кавадарци и Росоман, викенд куќи во општина Дојран, изградба на викенд куќи во општина Крушево, хотелски комплекси, викенд-куќи, објект за мали комерцијални и деловни дејности во „Сончева езерска населба“ – Мантово во општина Конче, комерцијален објект во општина Ранковце, и лесна и незагадувачка индустрија во општина Василево.

    Исто така, во тек е јавна објава за учество на јавно наддавање за отуѓување на неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, наменето за изградба на големи трговски едининци, лесна и незагадувачка индустрија, објект за образование и наука во мултифункционалната зона во општина Петровец, како и за изградба на откупна станица за земјоделски производи покрај магистралата Тетово – Гостивар во општина Врапчиште.





    Posted By: axel
    Date Posted: 14-Nov-2011 at 20:53

    Со добивањето на правото за самостојно менаџирање со државното неизградено земјиште, Општина Гевгелија започна постапка за продажба на седум градежни локации, со вкупна површина од 53.346 метри квадратни.

    gvg-zemjiste240
    Локациите се распоредени во четири атрактивни урбани зони. Во населбата „Караорман“ и Урбаниот Блок 5 кој се наоѓа во поранешна Касарна, кај месноста Милци во близина на меѓународниот автопат „Е-75“  и локација кај месноста „Смрека“ непосредно распоредена до граничниот премин Богородица. Градежната намена на продажно огласените парцели е изградба на објекти за семејно домување, туристичко-угостителски комплекси, големи трговски единици  и хотелски комплекс.

    Почетната продажна цена за еден метар квадратен простор изнесува 61 денар за парцелите наменети за инвивидуално домување, во месноста „Караорман“, за парцелите наменети за времено сместување (хотел) кој треба да се гради на просторот на поранешна Касарна и за мултинаменски стопански комплекс во месноста „Смрека“,  додека почетната цена на електронското јавно наддавање за градежната парцели во м.в „Милци “ кај преминот Богородица наменети за големи трговски единици изнесува 600 денари од метар квадратен.

    Пријавите за учество на јавното наддавање треба да се достават најдоцна до 12 декември, за парцелите на Караорман и истиот ден ќе се одржи и јавната лицитација.

    Рокот за поднесување пријави за поранешна Касарна и месноста „Милци“ е заклучно со 14 декември, а лицитацијата ќе следува после десет дена, на 23-ти истиот месец. Заклучно со 15 декември завршува рокот за поднесување пријави за купување на атрактивната локација во месноста „Смрека“ што се наоѓа во катастарската општина Богородица, наменета за хотелски комплекс, а јавното наддавање ќе се одржи на 26 декември.

    Продажбата на градежните парцели ќе се врши преку електронско јавно наддавање кое ќе се изведе на наведените датуми, со почеток во 12 часот и ќе трае еден час, на интернет страната  http://www.gradezno-zemjiste.mk/ - www.gradezno-zemjiste.mk , кога ќе биде утврдена највисоката понудена цена и купувачот на огласените градежни парцели.

    Депозитот за учество на јавната лицитација изнесува соодветно на почетната продажна цена според големината на парцелата од 7.296 денари за градежните парцели наменети за домување, до еден милион 910.940 денари за комплексот големи трговски единици во месноста „Милци“.

    http://kurir.mk/republika/opstini/49709-Opstina-Gevgelija-ponudi-gradezno-zemjiste-na-javno-naddavanje


    Posted By: build.mk
    Date Posted: 13-Dec-2011 at 00:28
    Поефтинува државното земјиште во Скопје


    ../docs/users/1/_rzap/_razno/Keramidnica%20gener.jpg">#


    Со Уредба донесена на владина седница, намалени се почетните цени за продажба на државното земјиште во Скопје. Телевизијата „Алфа“ пренесува дека метар квадратен државно земјиште во општините Центар и Карпош сега ќе се нуди со почетни цени и до 63% пониски од досегашните, во зависносност од намената. За парцели за станбени згради намалувањето изнесува 33% (од 9.000 на 6.000 денари за метар квадратен), додека за комерцијални и деловни објекти намалувањето ќе биде 55% (од 13.200 на 6.000 денари за метар квадратен). Намалување, но процентуално помало, има и во другите скопски општини. Во останатите делови на државата цените остануваат речиси исти. Со оглед дека се работи за владина Уредба, новиот ценовник нема рок, туку ќе биде важечки се додека не се донесе нова Уредба.



    ../?p=11097 - #
    Објавено на 12.12.2011 во категорија  ../?cat=28 - Вести . 

    Тагови:  ../?tag=%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Деловни ,  ../?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8 - Комерцијални ,  ../?tag=%d0%bb%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%81%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b0 - Легислатива ,  ../?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје ,  ../?tag=%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b1%d0%b5%d0%bd%d0%b8 - Станбени ,  ../?tag=%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8 - Тендери и лицитации

    ../?p=11097 - http://www.build.mk/?p=11097


    Posted By: axel
    Date Posted: 13-Dec-2011 at 19:14

    http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=article&id=846:2011-12-12-23-24-44&catid=8:actual&Itemid=1 - Продадени првите - парцели

    http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=section&id=3&layout=blog&Itemid=1 - Главно Мени

    Општина Гевгелија ги продаде преку јавна електронска аукција првите градежни парцели откако го презеде управувањето со градежното земјиште. На продажба беа понудени четири локации за индивидуални куќи во населбата „Караорман“ во Гевгелија, со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. На објавениот јавен повик се јавија 35 апликанти, кои согласно условите го уплатија предвидениот депозит.

    Во едночасовното јавно наддавање беа продадени сите четири парцели наменети за индивидуални станбени објекти. Притоа, парцелата со број 36 која зафаќа 921 метар квадратен и парцелата број 37 од 637 метар квадратен беа продадени за по 1100 денари од метар квадратен.

    Додека парцелте број 38 од 605 метри квадратни и 39 од 598 метри квадратни беа продадени по 1300 денари за метар квадратен.

    На 23 декември веќе е закажана и втората јавна електронска аукција на која за продажба се понудени градежни парцели, односно 31.849 метри квадратни за изградба на Трговски центар кај Милци со почетна цена од 610 денари за метар квадратен и 3.092 метри квадратни за хотел на просторот од поранешна Касарна, со почетна цена од 61 метар квадратен. До крајот на годината ќе биде одржана уште една јавна аукција за продажба на градежна парцела од 16.244 метри квадратни за хотелски комплекс со почетна цена од 61 денар. Оваа продажба ќе се одржи на 26 декември 2011 година.

    http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=article&id=846:2011-12-12-23-24-44&catid=8:actual&Itemid=1



    Posted By: ivanovski
    Date Posted: 12-Jan-2012 at 19:25
    Здраво, јас сум Александар и сум нов тука. Го разгледував форумот подолго време, но никаде не најдов слична тема. Па затоа што професионално не се занимавам во областа на градежништвото, би сакал да Ве прашам, а и воедно некој што имал искуство да го сподели со мене ако сака, како најлесно може да се откупи државно земјиште.

    Значи моето прашање е да се откупи државно неизградено земјиште, а не земјиште на кое што јас имам објект, за да не се забуните со темата 1 еур метар квадтатен. Значи се работи за сосема друга парцела која што имам во план да ја купам.


    Posted By: BOJAN
    Date Posted: 13-Jan-2012 at 00:33
    Originally posted by ivanovski

    Здраво, јас сум Александар и сум нов тука. Го разгледував форумот подолго време, но никаде не најдов слична тема. Па затоа што професионално не се занимавам во областа на градежништвото, би сакал да Ве прашам, а и воедно некој што имал искуство да го сподели со мене ако сака, како најлесно може да се откупи државно земјиште.Значи моето прашање е да се откупи државно неизградено земјиште, а не земјиште на кое што јас имам објект, за да не се забуните со темата 1 еур метар квадтатен. Значи се работи за сосема друга парцела која што имам во план да ја купам.


    Најпрвин добредојде на форумов, се надевам дека ќе бидеш наш редовен член и соговорник.

    Мислам дека интернет порталот www.gradezno-zemjiste.mk би можел да ти помогне околу купувањето на државно неизградено земјиште. И не заборавај дека веќе во 14 општини парцелите се префрлени од државата на локалната самоуправа, така што многу би ти помогнале интернет-порталите на општините и дневните весници, најчесто Нова Македонија и Дневник.


    Posted By: ivanovski
    Date Posted: 21-Jan-2012 at 15:45
    Бојан ти благодарам на одговорот. Се надевам и јас дека ќе бидам редовен на форумот!


    Posted By: axel
    Date Posted: 26-Feb-2012 at 13:06
    Три градежни парцели во Аеродром понудени на наддавање
    26 февруари 2012   12:24 GMT Извор: Макфакс

    Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на мали комерцијални и деловни единици во општина Аеродром.


    Станува збор за три градежни парцели кои со површини од 760, 930 и 950 метри квадратни, чија почетната цена на јавно наддавање изнесува 5.000 денари од метар квадратен.


    Пријави за учество во јавното наддавање можат да се достават најдоцна до 3-ти април.

    Во текот на следната недела министерството ќе распише јавни објави за отуѓување на локации во повеќе општини во Македонија. Предвидено е распишување на јавни објави за земјиште наменето за изградба на откупно-дистрибутивен центар во Ресен, откупен центар во Чешиново-Облешево, лесна и незагадувачка индустрија во Василево, колективно домување во Кичево и викенд куќи во Дојран.

    Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава.

    http://www.makfax.com.mk/#278162%2Ftri_gradezhni_parceli_vo_aerodrom_ponudeni_na_naddavanje


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 12-May-2012 at 00:48

     

    Ве информираме дека Владата на Република Македонија донесе одлука со која е овозможено 6 општини кои доставиле соодветни барања и ги исполнуваат законските услови да го преземат процесот на управување со градежното неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија.

     

    Управувањето со градежното неизградено земјиште,  сопственост на Република Македонија понатаму самостојно ќе можат да го вршат општините Крушево, Кичево, Крива Паланка, Гостивар, Ново Село и Чешиново-Облешево, а во тек е финализирање на постапката за општините Охрид и Тетово.

     

    Со оваа одлука, вкупно 34 општини до сега се здобиваат со правото да отуѓуваат и даваат под закуп неизградено градежно земјиште.

     

    Согласно Законот за градежно земјиште, општините кои ќе ги исполнат предвидените услови можат да ги водат постапките за отуѓување на неизградено градежно земјиште, сопственост на Република Македонија. Овие услови предвидуваат општините да имаат развиено и усвоено годишна програма за управување со државно градежно земјиште;  да имаат минимален број на лиценцирани општински службеници; да имаат воспоставен систем за електронско наддавање и комисија за јавно електронски наддавање.

     

    Министерството за транспорт и врски апелира до сите останати општини да ги исполнат соодветните законски услови и да поднесат барања за добивање на овластување за управување со градежното неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, како би можел овој процес целосно да се имплементира.

     

    Со управувањето на градежното земјиште од страна на општините се овозможува комплетирање на целата постапка, вклучително и купување и давање под закуп на градежното земјиште и добивање на градежни дозволи, на едно место.


    http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3748 - http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3748


    Posted By: axel
    Date Posted: 10-Oct-2012 at 16:46

    http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/fabriki-i-hotel-vo-gorno-kojnare-i-bedinje.html - Фабрики и хотел во Горно Којнаре и Бедиње

     Локалната самоуправа Куманово ќе продава парцели во селото Горно Којнаре и во касарната „Христијан Тодоровски Карпош„ во населбата Бедиње, откако доби ингеренции да управува со државното градежното земјиште.

    http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/fabriki-i-hotel-vo-gorno-kojnare-i-bedinje.html"> Thumbnail

    Градежното земјиште ќе биде понудено на јавно наддавање на заинтереираните граѓани кои сакаат да инвестираат во лесна индустија и изградба на хотел.

    Во Горно Којнаре се понудени девет градежни парцели со површина од 10.000 метри квадратни. Секоја парцела поединечно е наменета за леснозагадувачка индустрија и една парцела е за изградба на хотелски комплекс. Во касарната сите седум локации се со леснозагадувачка индустрија и нивната површина изнесува до 5.000 метри квадратни. Во месноста Новине во селото Којнаре се работи за градежно неуредено земјиште, додека во касарната е уредено земјиште. На територија на Општината Куманово има уште локации кои што се во сопственост на државата Република Македонија. Луѓето кои работат на оваа проблематика ги истражуваат да не се оптоварени со денационализации, хипотеки и ќе им бидат понудени на граѓаните во наредниот период - вели Лидија Ланг од Секторот за урбанизам во Општината.

    Во електронските и печатените медиуми ќе биде објавен оглас за јавно наддавање. Преку софтвер добиен од Министерство за транспорт и врски ќе се врши јавното наддавање. Доколку се работи за парцели за индивидуално домување рокот за доставување документи е од 20 до 40 дена,а другите процедури ќе траат од 30 до 60 дена.

    http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/fabriki-i-hotel-vo-gorno-kojnare-i-bedinje.html



    Posted By: axel
    Date Posted: 10-Jan-2013 at 19:30

    Општина Гостивар успешно ја спроведе продажбата на првата градежна парцела

    На првото електронско наддавање по преземањето на надлежностите за управување со градежно земјиште, Општина Гостивар ја продаде првата градежна парцела ГП бр.17/10-4 со површина 1888 м2, од кои 500 м2 градежна површина во седум ката, продажната цена за метар квадратен достигна 7.000 денари

     

    „Благодарение на коректноста, конзистентноста и непокорувањето пред разни притисоци кои биле карактеристика при купопродажба на земјиште, беше достигната рекордна цена која е речиси за три ипол пати повисока од цената кога парцелата во близина се продаде по цена од 2.400 денари за метар квадратен, кога надлежностите ги имаше Министерството за транспорт и врски", истакна градоначалникот Руфи Османи, подвлекувајќи дека од ова Општина Гостивар ќе има извонредна фискална и финансиска полза.


    Купопродажбата која ја спроведе Општина Гостивар по преземањето на надлежностите за управување со градежно земјиште, што, како што истакна градоначалникот Османи, претставува уште еден доказ дека Гостивар е „шампион за транспарентност, отчетност и борба против корупцијата"

    http://www.makfax.com.mk/300526/opshtina_gostivar_uspeshno_ja_sprovede_prodazhbata_na_prvata_gradezhna_parcela?utm_source=daily.mk



    Print Page | Close Window