Print Page | Close Window

Улица Васко Карангелески-Аеродром

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3916
Printed Date: 27-Apr-2024 at 18:35


Topic: Улица Васко Карангелески-Аеродром
Posted By: Џоле
Subject: Улица Васко Карангелески-Аеродром
Date Posted: 24-Jul-2017 at 11:41
Почна реконструкцијата на улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром

Целосната реконструкција на улицата „Васко Карангелевски" ќе опфати реконструкција на коловозот, промена на целата асфалтна конструкција со санација на рабниците и тротоарите, во вкупна должина од 600 метри. За овој градежен зафат Градот Скопје ќе вложи 7,8 милиони денари, а се очекува градежните работи да завршат до септември.



Градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски на денешната заедничка прес-конференција официјално го најавија почетокот на реконструкцијата на улицата „Васко Карангелевски“, на потегот од раскрсницата со булеварот Јане Сандански до раскрсницата со булеварот АСНОМ (СЦ „Јане Сандански“ и хотел Русија).



Станува збор за целосна реконструкција на коловозот, промена на целата асфалтна конструкција со санација на рабниците и тротоарите, во вкупна должина од 600 метри.

За овој градежен зафат Градот Скопје ќе вложи 7,8 милиони денари, а се очекува градежните работи да завршат до септември.



Реконструкцијата на оваа улица значително ќе ги подобри условите во сообраќајот на оваа сè пофреквентна сообраќајница и ќе им го олесни пристапот на жителите до зградите, а што е најважно ќе придонесе за зголемување на безбедноста, соопштија од општина Аеродром.

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/pochna-rekonstrukcijata-na-ulicata-vasko-karangelevski-vo-aerodrom - https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/pochna-rekonstrukcijata-na-ulicata-vasko-karangelevski-vo-aerodrom

-------------
За сè има вторпат



Replies:
Posted By: Џоле
Date Posted: 25-Aug-2017 at 12:44
Целосно реконструирана улицата Васко Карангелевски

Деновиве заврши реализацијата на првата фаза од проектот за реконструкција на улицата Васко Карангелевски во Аеродром.









mkd.mk

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-May-2021 at 11:52
ЌЕ СЕ ПРОБИВА УЛИЦАТА ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ КАЈ ВОЕНИОТ БАЗЕН ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, КАФЕАНАТА „ФИРМА“ ТРЕБА ДА СЕ УРНЕ



Град Скопје наредниот месец ќе почне со проширување и пробивање на улицата Васко Карангелески во населбата Аеродром, кај воениот базен. Изработен е проектот, а во моментов во тек е тендерот за избор на фирма која ќе ги изведува градежните работи.

Се предвидува улицата, која почнува кај салата „Јане Сандански“, да добие четири коловозни ленти во делот пред воениот базен каде всушност се стреснува и има само две ленти. Потоа, ќе се пробива покрај базенот за да се поврзе со булеварот Трета македонска бригада. Како што објаснуваат од Град Скопје, на трасата се наоѓа само еден објект кој треба да биде урнат, а тоа е кафеаната „Фирма“.

„Првата фаза од изградба на инфраструктурата на овој коридор ја завршивме со проширување на булеварот АСНОМ, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до крстосницата со улицата Васко Карангелески. Сега стартуваме со пробивањето и проширувањето на улицата Васко Карангелески, со што ќе се овозможи директно движење и излез на булеварот Трета македонска бригада. Оваа улица во делот пред воениот базен е во многу лоша состајба и има само две ленти, а со пробивањето граѓаните нема да треба да кружат, туку ќе се овозможи уште еден коридор и растеретување на сообраќајот“, велат од Град Скопје.

Новиот мост на Вардар, како што велат од Градот, треба да биде готов есенва, а летово ќе почне пробивањето на булеварот низ Керамидница. Изградбата на мостот со кој треба да се поврзат Општините Аеродром и Гази Баба чини 16 милиони евра, од кои 8 милиони за градежни работи, а 8 милиони за експропријација на сопствениците на околу 100 куќи кои се на трасата.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-probiva-ulitsata-vasko-karangeleski-kaj-voeniot-bazen-vo-skopski-aerodrom-kafeanata-firma-treba-da-se-urne/


Posted By: user8642
Date Posted: 13-May-2021 at 13:02
Во последното интервју на Шилегов, мислам дека беше за некоја утринска програма на Сител, кажа дека улицава ќе била алтернатива за граѓаните кои идат од Лисиче према Центар со тоа што така ќе иделе према новиот мост на Булевар АСНОМ према Ќерамидница. Ми остана нешто глупаво и недокрај кажано во изјавава, ама не обрнав многу внимание. Всушнсот се гледа дека градот од општинска улица сака да ја крене ниво погоре и да направи нешто што ќе изиграва градски булевар. Ако се гледа веќе за Лисиче, за таа намена нема потреба од замарање со Васко Карангелевски која треба да е повеќе општинска улица за пристап до околните згради. Лисиче го има Булевар Србија за према АСНОМ.

Во овој дел многу побитна улица е сообраќајна врска Кисела Вода - Аеродром со тунел под пругата. Само на тој начин улицата Васко Карангелевски заедно со улица Фрањо Клуз, можат да се уклопат, да добијат на значење, и да бидат многу важна сообраќајна врска вантрешно во градот за поврзување Север - Југ.

Така да, добро е улицава да се пробие како што е планирана 2+2, ама воопшто не е приоритетно за градот, сега за сега е од значење за општинскиот сообраќај. Подобро е градот да се концентрира на врската према Кисела Вода, и само со тоа ќе стане побитна улицава Васко Карангелесвски.

https://ibb.co/RCv4b0c">

https://ibb.co/WKjm37N">



Posted By: Théoden
Date Posted: 13-May-2021 at 19:27
Оваа улица би рекол најмногу ќе се користи за пристап од Стар Аеродром до бул. АСНОМ, но ако се прошири и кракот до кружниот тек. Тоа ѝ е веројатно и првично зацртаната намена, ако се виде решението за крстосницата кај воениот базен од ДУП-от:



Исто има уште некој објект покрај бул. 3-та Македонска Бригада (координати: 41°58'53.17"N, 21°27'23.84"E) кој треба да се сруши за да се пробие целосно до булеварот.


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 13-May-2021 at 20:40
Mora da se razmisluva za kruzen tok na dva sprata vo Avto-Komanda. So vaka spoen proekt tamu veke opteretenata raskrsnica ke kolabira. Da ne sum pogresno svaten se ova treba da se napravi ama mora kruzen.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-May-2021 at 21:49

Ако улицава се пробие до III Македонска бригада, ќе одвлече сообраќај од бул. Србија, што е насушно потребно.


Во врска со постоечкиот сегмент што треба да се проширува, би било добро доколку може проширувањето да се направи само од источната страна, за да се зачува дрворедот што постои од западната страна. Во тој случај ќе биде незгодно кај крстосницата со Владимир Комаров бидејќи сегментите на Васко Карангелески нема да можат да бидат порамнети на иста оска, ама се надевам дека со сечење на минимимален број дрвја може да се изведе решение со некој благ преод и без газење врз сообраќајни стандарди.


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-May-2021 at 12:49
Ден без автомобили во недела во Аеродром, дојдете со велосипед или пеш на улица Васко Карангелески



Во недела (30 мај), Градот Скопје ќе организира Ден без автомобили под мотото „Улици за луѓе“. За таа цел, улицата Васко Карангелевски во Аеродром ќе биде затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот. На потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров ќе се случуваат различни културни активности за возрасните, но и за најмладите, информираат градските власти.

„Организирањето ваков ден без автомобили може да биде одличен пример за насоката во која што се движи Градот, со цел промоција на политиките за креирање одржлив сообраќаен систем, но и да даде можност граѓаните активно да се вклучат и да ги почувствуваат придобивките од хуманизацијата на урбаниот простор“, велат од Град Скопје.

Тие ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да дојдат со своите велосипеди или пешки на локацијата за да ги проследат бројните најавени активности. Деновите без автомобили се едни од главните промотори на одржливиот транспорт, а ова е докажано низ многу примери во Европа и во светот.

Претстојниот настан е во согласност со плановите за целокупна реорганизација на урбаниот транспорт во Скопје, кои одат во прилог на зацртаната цел на Град Скопје да се стекне со титулата „Зелена престолнина на Европа“. Таму, токму одржливата урбана мобилност е еден од дванаесетте критериуми и особено е нагласено дека Градот треба да се стреми кон преполовување на употребата на автомобили со конвенционални фосилни горива до 2030 година.

https://meta.mk/den-bez-avtomobili-vo-nedela-vo-aerodrom-dojdete-so-velosiped-ili-pesh-na-ulicza-vasko-karangeleski/


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jul-2021 at 10:41
Вака изгледа улицата Васко Карангелески во Аеродром што наскоро ќе стане нов булевар. Денес ја започнуваме изградбата









https://www.facebook.com/photo?fbid=379012183593180&set=pcb.379012416926490


Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Jul-2021 at 12:18
Фактички, ќе се спои со бул. Трета македонска бригада, само малце зградиве стојат на сред пат...



-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jul-2021 at 13:45
АЕРОДРОМ ДОБИВА НОВО СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ – ПОЧНА ПРОБИВАЊЕТО И ИЗГРАДБАТА НА ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ


Градоначалникот Шилегов денеска одржа прес- конференција на улицата Васко Карангелески каде што почнаа градежните работи за негова реконструкција и изградба на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада во скопската општина Аеродром.
- Градот Скопје денеска во општина Аеродром започнува со изградба и пробивање на улицата Васко Карангелески и реконструкција во делот каде што таа веќе е изведена. Станува збор за потег што е крајно неопходен за жителите на овој дел на општина Аеродром имајќи во предвид дека во минатото интензивно се градеше на делот на воените бараки и кај касарната Гоце Делчев, а граѓаните коишто живеат овде ја немаат потребната комуникација – кажа Шилегов.
Делот од булеварот Јане Сандански до улица Владимир Комаров ќе биде целосно реконструиран, додека на потегот до булеварот Трета македонска бригада ќе биде изведено целосно ново булеварско решение со по две коловозни ленти во правец, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот.
- Со изведбата на оваа улица ќе дојде до конекција на Трета македонска бригада и булеварот Јане Сандански, меѓутоа така го овозможуваме и влезот на граѓаните од Лисиче на овој дел од општина Аеродром на новиот мост којшто се гради кај хотел Русија, со што им овозможуваме брза и лесна комуникација на граѓаните од овој дел на општината и од овој дел на градот - рече Шилегов.
Тој додаде дека Градот Скопје подолжува и понатаму да работи на развојот на сообраќајната инфраструктура во скоро сите скопски општини, како и на изнаоѓање одржливи сообраќајни решенија што ќе ја зголемат ефикасноста на градскиот сообраќај.
-Им благодарам на граѓаните за трпението додека траат градежните работи затоа што работиме за тие во блиска иднина покомотно живеат во нашиот град – изјави Шилегов на денешната прес-конференција.
Вкупната вредност на проектот е 71,6 милиони денари со вклучен ДДВ, а завршувањето се планира во текот на наредната година.









https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jul-2021 at 13:50
Originally posted by Џоле

Фактички, ќе се спои со бул. Трета македонска бригада, само малце зградиве стојат на сред пат...



Незнам каков профил на улица ќе изведат но зградите ќе останат без партер и се надевам дека планирано е онаа зарасната барака во преден план на фотката да биде срушена инаку незнам како ќе го изведат.Зградите доста го стеснуваат просторот на трасата.


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jul-2021 at 13:53




https://www.facebook.com/marinzlatko


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jul-2021 at 13:57
Тука има една кафеана Фирма која треба да се урне и дел од паркингот ќе биде улица,од овој паркинг обично поаѓаа автошколи при полагања со комисии се вика Бисера 3.



Инаку предвидени се 4 коловозни ленти,вело патеки широки 1,5м

https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/189667973176659


Posted By: antigona
Date Posted: 27-Jul-2021 at 14:03
Видете ја претпоследнава слика и тоа е од ФБ профилот на градоначалникот на Аеродром Златко Марин: на ова место тој исти градоначалник пред помалку од една година постави столпчиња и засадија низа на дрвца (секако, сега повеќето веќе исушени бидејќи ниту еднаш не ги навадија, како и сите други во општината)...сега истите тие дрвца и столпчиња ќе ги отстранат! Тотална безидејност, непланско (не)работење и сега непосредно пред избори, лопатарење...слично беше и со ул. Никола Карев во населба Пролет...само еден месец откако ја реновираа, по цела должина го раскопаа свежо асфалтираниот источен тротоар бидејќи отпосле се сетија дека треба да прошируваат профил на канализација за потребите на пробивањето на ул. Есенинова...Монти Пајтон е премалку да се опише се ова...само што сето ова глупирање чини залудно фрлени народни пари!


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jul-2021 at 14:11
ул.Никола Карев сега пак скоро ја копаа поред депото на пајакот па се до зградата на Зсф во Маџир Маало незнам поради која причина повторно се местеа некакви цевки.Тотално неплански се работи.


Posted By: Théoden
Date Posted: 27-Jul-2021 at 14:53
Originally posted by stef4o


Инаку предвидени се 4 коловозни ленти,вело патеки широки 1,5м


Не ми е јасно како планираат да го изведат ова кога меѓу оградите има само 16 m. Со пешачки патеки од 2,25 и велосипедски од 1,50 остануваат 8,5 за коловоз, ако се 4 ленти ќе бидат по едвај 2 метра!

А не спомнуваат ништо и за дрворедите кои треба да се исечат. Дали можеби ќе се помести малку трасата за да се спасат, дали може да се употреби машината за пресадување дрва или таа какана е, од Коце е?


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Jul-2021 at 15:02
Нема баш инфо како ќе оди трасата,инаку машината ја користеа пред 2-3 години кај хотел Русија кога почнуваа кај мостот а на други места не сум приметил дека ја користеле.Можни се 4 ленти ама со помала ширина незнам,сигурно ќе има некакви импровизации.


Posted By: user8642
Date Posted: 27-Jul-2021 at 16:40
Мене ме изненади изјавата на Шилегов дека улицата ќе станела булевар. Незнам како тоа со менување асфалт или продолжување на метражата ќе стан булевар?? Како ќе стане кога воопшто нема промена во протокот или бројот на ленти?? Или веќе во Македонија и термините "улица" и "булевар" почнаа произволно да се користат зависно од тоа колку е нов асфалтот, или колку месеци има до избори.


Posted By: antigona
Date Posted: 28-Jul-2021 at 08:14
Да не се секирате, ќе потрае ова, уште еден епски проект кој ќе трае долго, долго: багерот кој го донесоа за Петре да се слика пред него, веднаш по неговата изјава за медиуми, како што го донесоа непосредно пред тоа, така веднаш си го прибраа...


Posted By: vladegf
Date Posted: 28-Jul-2021 at 22:01
Отиде курбан уште еден дрворед. На здравје


Posted By: zorant
Date Posted: 29-Jul-2021 at 10:10
Навистина ќе биде жално ако се исечат дрвјата на делот кај Кам...
Има некој начин да се избегне тоа? (теоретски, практично секако не верувам)


Posted By: antigona
Date Posted: 29-Jul-2021 at 11:36
Спасот е да си остане профилот ко што е...не гледам потреба од проширување со повеќе сообраќајни ленти, а ова со изградба на булевари каде треба и не треба станува и опсесија (и лесна коруптивна можност)! Секако, треба да се пробие улицава до 3та Македонска бригада, но како обична двосмерна улица...и потоа, уште побитно, да се пробие спојувањето од 3та Македонска бригада преку пругите кон Кисела Вода...на овој потег, како и уште едно такво поврзување на Аеродром со Кисела Вода предвидено со ГУП-от до Раде Кончар...

Вакви едноставни проекти, како што е и понатаму поврзување на бул. 3та Македонска Бригада со бул. Кочо Рацин крај Олимпискиот Базен, потоа продолжувањето на Илинденска со мост преку Вардар директно кон Влае и Ѓорче, изградба на нивелирани раскрсници кај Тутунски комбинат и Мавровка, многу повеќе ќе придонесат за растеретување на сообраќајот отколку некаков си БТР со реорганизирање на сообраќајот по Партизанска или бул. Јане Сансански, уништување на средишното зеленило таму и сл....

Originally posted by zorant

Навистина ќе биде жално ако се исечат дрвјата на делот кај Кам...Има некој начин да се избегне тоа? (теоретски, практично секако не верувам)


Posted By: zorant
Date Posted: 07-Aug-2021 at 11:26
Поминав денес тука, после сликањето изгледа не се случува ништо друго.


Posted By: user8642
Date Posted: 07-Aug-2021 at 12:00
Доста премислувања имаат направено градските планирачи за оваа улица. Еве претходниве години мислеле дека главниот коридор треба да врти по соседната улица кај кружниот тек накај амбулантата Јане Сандански, па отпосле е даден приоритет на овој новиов коридор позади новите згради. Исто запазен е тој стариот објект на влезот во касарната и покажале грижа како општина, иако истата оваа општина си ја сруши старата административна зграда која имаше архитектонско значење некакво.

На првата страна од темава гледам извадок од некој план кај што има искривена чудна раскрсница, ама сега неможам да ја најдам, ги најдов овие слики од тоа што е достапно по нет. Општина Аеродром сеуште нема на нивната веб страна важечки или во процедура ДУП-ови за градските опфати И-13 и И-16 кај што би можело да се види што точно ќе се изведе на раскрницата.

Исто така според катастар коридорот лежи на приватно колективно земјиште под зграда кај новите згради. Дали ќе има тука некаква мини-експропријација или општината има направено "од готово вересија" со тоа што релативно нови згради се ставени толку блиску до коридорот?

https://ibb.co/Jkby2s7">

https://ibb.co/wYYjGdn">

https://ibb.co/YZkdTxG">


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Aug-2021 at 08:50
нема никаква активност(од твитер)



Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Sep-2021 at 17:23
Обележани се за сечење над 100 дрвја во Аеродром кај Воен базен за проширување на улица,









https://www.facebook.com/ZelenHumanGrad/ - https://www.facebook.com/ZelenHumanGrad/


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Sep-2021 at 17:25
Денес минував вдолж улицава и навистина сите дрва вдолж трасата се маркирани за сечење,нема никаква активност само еден стациониран багер и малку заграден простор од паркингот пред кафаната Фирма која треба да се руши



Posted By: Théoden
Date Posted: 09-Sep-2021 at 18:10
Па овие барем помалите дрвца би било полесно да се пресадат. Ohno
Ама решиле да сечат. Што значи, веројатно нема да има активности пред изборите.


Posted By: zorant
Date Posted: 09-Sep-2021 at 19:45
Вчера поминав од другата страна, откај Трета Македонска Бригада, таму имаат започнато со расчистување на просторот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Sep-2021 at 19:53

Многу лошо.

Моментално воопшто нема сообраќајна потреба за проширување на овој сегмент!

Многу порационално ќе биде прво да се пробие новиот сегмент до 3-та Македонска бригада (кој навистина ќе донесе значителни бенефити), па после тоа да се види дали ќе биде толку потребно проширување на постоечкиов сегмент, или ќе биде доволна само реконструкција.


Дури и во случај да се создаде гужва на улицава, големо прашање е колкава треба да биде гужвата, за да мора да се брза со проширување. Низ градов има многу поприоритетни сообраќајни проекти, отколку што е проширувањето на овој сегмент. Ама овде не треба експропријација, ниту треба комплицирани и скапи градежни зафати... многу е полесно да им се улета на дрвја.


Posted By: user8642
Date Posted: 09-Sep-2021 at 22:25
Шилегов ја збореше оваа улица како алтернатива за колите кои доаѓале од Лисиче и ќе оделе према новиот мост. Малтене, како некоја алтернатива на булевар Јане Сандански и Авној. Незнам од каде му е таа идеја, ама улицава ја рачунаат на исто ниво како да е Рузвелтова. Не е баш јасно до крај што планираат, ама очигледно нешто не е во ред.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 09-Sep-2021 at 23:45
Потребно е да е пандан на Рузвелтова 2х2 бидејќи има огромна урбанизација на цела Трета македонска и треба да има проточна спојка со Јане Сандански. За поголема безбедност добро ќе беше да има минимален зелен појас во средина и нормално, велосипедски патеки. А дрвата секако дека мора да се пресадат.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Sep-2021 at 12:33
Originally posted by <Fresno>

Потребно е да е пандан на Рузвелтова 2х2 бидејќи има огромна урбанизација на цела Трета македонска и треба да има проточна спојка со Јане Сандански.


Не е спорно дека има наплив на урбанизација околу Трета македонска бригада и дека е неопходно Аеродром да има многу подобро „напречно“ поврзување. Но не би рекол дека Васко Карангелески мора да биде баш пандан на Рузвелтова во секој поглед.

Како 2х2 профил е одамна планирана и е насушно потребно да се пробие врската што треба да продолжи накај Кисела Вода:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1061&PID=249713#249713 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1061&PID=249713#249713

Како друга врска, веќе ја имаме Коста Новаковиќ. Оваа улица обезбедува поврзување со Јане сандански на две локации. Секако посредно, преку два краци, ама врши многу работа.

Уште една попречна 2х2 врска е планирана со продолжување на Бојмија кон Трета македонска бригада.



Со оглед на ова претходното, не сум баш убеден дека Васко Карангелески мора да биде 2х2 по целата должина, по секоја цена. Еве по сегменти:

1. Првиот сегмент од 100-тина метри почнувајќи од Трета Македонска бригада, апсолутно да, треба да биде со 4 или 5 ленти. Има две вкрстувања на мала дистанца, а и сообраќајот од/кон новата улица кон Џеваир сигурно ќе расне.

2. За вториот сегмент, до воен базен (~250 метри), веќе сум во дилема дали се неопходни 4 ленти. Особено што ширината на расположливиот коридор тука е проблематична и не може да се изведе асален 2х2 без искривување на улицата кон касарната. Во секој случај браво за мајмуните што ги насадиле маркичките за згради толку блиску до оската на оваа сообраќајница

3. За третиот сегмент (овој кадешто треба да се касапат дрвјата), мислам дека е стварно нерационално толку зеленило да се покрие со асфалт, во замена за дискутабилна придобивка.

Наместо слепо ширење на цели улици, поголема проточност можеме да обезбедиме со поефикасни крстосници (најчесто гужвите се генерираат таму, а не на обичните сегменти). Значи доволно е проширувања да се направат само на крстосниците, а веќе редно е да поработиме и на оптимизација и координација на семафорите. Особено второво ќе донесе фантастични заштеди и придобивки. Засега секој семафор ни е приказна за себе, и плус циклусот му е ист во 4 поручек и во 4 сабајле. Дефинитивно подобро парите и енергијата да се насочат во поправање на тој проблем, отколку неинтелигентно само да лупаме нови ленти.

Јас не сум лик што слепо скока да го одбрани секое дрво. Но се трудам да ги измерам придобвките наспроти штетите. Се трудам да го видеам пошириокиот контекст. Во конкретниов случај не гледам оправдување за сечење не толку дрвја. Особено не гледам оправдување за брзањето, бидејќи првиот и вториот сегмент сеуште не се ни пробиени.


4. Четвртиот и петиот сегмент си остануваат 2х2 како што се сега, таму нема ништо спорно.





Originally posted by <Fresno>

А дрвата секако дека мора да се пресадат.

Сигурно има лимит колкави дрвја можат да се пресадат.

А дури и со помалите дрвја Градот засега не успева да се справи. Баш завчера поминав покрај фудбалскиот терен карши СЦ Јане Сандански, таму пресадија дрвја од трасата на бул. АСНОМ. Колку што можев да видам сите се исушени!

Пред тоа со машината извадија неколку дрвца од плоштад Македонија (ради посетата на Папата), па после ги вратија. И тие исто така се исушија. Во тој случај беше и очекувано, со оглед дека плочникот е пречка, па веројатно уште во старт им ги сотреа корењата бутајќи ја корпата низ тесните отвори во плочникот. Не е исклучено дека едноставно толкав им е интелектуалниот капацитет.

За други обиди за пресадување не се сеќавам, иако сум сигурен дека ќе фрчеше Пи-Ар доколку имаше такви обиди.

Уште поинтересно, машината беше купена во време на Коце, а таа власт ни едно ебано дрво не пресади.

Очигледно има проблем со машината, или поверојатно е дека има проблем со кадарот. Тој проблем мора да се реши, пред да имаме надеж дека барем помалите дрвја ќе можат да се пресадуваат. Сигурно пресадувањето носи ризик дека дрвото ќе се исуши, ама мора тој ризик да го сведат во некоја нормала. Да се сушат 100% или 90% е вон паметот.

Малку оф-топик, ама овој проблем со пресадувањето дефинитивно мора да се реши итно, пред да стартува реализацијата на БРТ трасите.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 10-Sep-2021 at 18:22
Да, секако дека може по приоритетни сегменти да се работи, но вака од око ми изгледа како логична врска меѓу двата булевара, особено во контекст на новиот мост. Дури и ми изгледа погодна за јавен превоз во иднина (линија до East Gate на пример), со некој тип на тивки е-автобуси.

Нормално, треба да се земат во предвид и Фрањо Клуз, Новаковиќ и врската со Кисела вода. Крстосниците и семафорите генерално мора да се средат. Во последно време низ Аеродром до толку се десинхронизирани, што имаат негативен ефект и возачите од нервоза ги бркаат или поминуваат на црвено. Во тој центар за контрола на сообраќај, ако ништо друго нема ли барем некои пресети што може да се вратат после секое исклучување поради делегации итн.? Ние место да имплементираме AI што ќе оптимизира самостојно, немаме ни базично подесување.

За дрвата, јасна е работата. Ќе ги пресадат во некоја непогодна земја, еднаш ќе ги полеат и ќе ги заборават.



Posted By: Théoden
Date Posted: 22-Sep-2021 at 11:31

https://www.radiomof.mk/wp-content/uploads/2021/09/Протест-Аеродром-Васко-Карангелески.jpg">

Активисти и локалци протестираа против најавата за сеча на дрва во Аеродром

https://www.radiomof.mk/category/vesti/ - Вести , https://www.radiomof.mk/category/nvo/ - Граѓани

Локални жители на населбата Аеродром и активисти за животна средина денеска преку https://www.facebook.com/events/550939795986169/ - протест го изразија својот револт од најавата за сеча на дрва кај улицата „Васко Карангелески“, каде деновиве стигна и механизацијата со цел да се почне со проширување на улицата.

Активистот и кандидат за советник во Град Скопје Марјан Калевски од групата „Зелен Хуман Град“ која го организира протестот, потенцираше дека наместо одговорно планирање, во континуитет се гледаат, како што вели, некохерентни и неретко контрадикторни, но конзистентно автоцентрични политики.

„Таков е и најновиот случај со наводната реконструкција на булевар Крсте Мисирков, каде што има катастрофално решение за пешаци, а никакво решение за велосипедисти. Функционерите постојано постојат за да му служат на јавниот интерес, оние кои не си ја исполнуваат должноста, мора да бидат сменети“, рече Калевски.

Истовремено, тој изјави дека Скопје мора да се развива одржливо и праведно и дека мора да се стреми кон реализирање на целите за одржлив развој на Обединетите нации.

фото: Радио МОФ

фото: Радио МОФ

„Што значи, не смееме да си дозволиме уништување на здрави дрва стари половина век, за некакви автоцентрични проекти од минатиот век. Град што не се развива одржливо е град што умира, не смееме да дозволиме неукост и автократија да ни го земаат здравјето и да не чинат животи“, додаде тој.

Според Марија Бургиева која беше дел од протестот, главен приоритет треба да биде заштита на зеленилото заради тоа што, како што рече, мотото на Општина Аеродром бил „тивка, зелена и чиста населба“.

„Сега сè помалку и помалку е зелена, тивка и чиста и заради тоа треба да биде главен приоритет да се зачува и тоа што е веќе од зеленило посадено, засадено и живее. како што се на пример тука едни од поголемите дрва со големи крошни, кои што се тука веќе 20-30 години. Нема резон и смисла да се сечат тие дрва, прво не знам ни дали смее да се сечат такви дрва, затоа што се навистина клучен дел од зеленилото, и дополнително да се сечат дрва што се засадени пред две години, уште немаат фатено убав корен“, изјави Бургиева за Радио МОФ.

Меѓу демонстрантите беше и  Тамара Јованов Апасиев која изјави дека на протестот е присутна како жителка на Аеродром, затоа што сака да даде поддршка на водењето политики кои се за граѓаните, а не против нив.

„Аеродром порано беше населба која што беше една од најзелените населби, додека во последните неколку години се случува страшна бетонизација на населбата и стана со тек на време и една од најзагадените општини во Скопје. Според тоа сметаме дека мора да се бараат други решенија кои што не се во насока на уништување на она што постои како зеленило, туку напротив да се бараат поедноставни решенија, можеби да се проба во смисла на градење на кружни текови, наместо сечење на дрва да се растерети сообраќајот“, рече Јованов Апасиев,

Истовремено, таа посочи дека постојат истражувања кои покажуваат дека со проширувањето на улиците незадолжително се добива растеретување на сообраќајот.

фото: Радио МОФ

„Напротив доколку постојат повеќе тесни грла, може да се случи на 200-500 метри, километар да се реши метежот, додека подолу или погоре од решението повторно да имаме тесни грла, а зеленилото веќе да биде уништено, што значи дека апелираме оваа и сите идни власти да размислуваат во насока на барање на решенија кои што ќе го интегрираат зеленилото, а да не го уништуваат“, додаде таа.

Е.П/М.К.





Posted By: fichot
Date Posted: 22-Sep-2021 at 12:18
А зошто не почекаат да се направи мостот и булеварот отаде Вардар па да се анализира состојбата потоа дали има потреба или не? Во моментов мислам дека нема никаква потреба од проширување.


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Sep-2021 at 14:29
Од реакцијата на Град Скопје

-------------------------------------------
ГРАД СКОПЈЕ: „ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД“ МАНИПУЛИРА СО ГРАЃАНИТЕ ВО ОДНОС НА ЗЕЛЕНИЛОТО НА УЛИЦА ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ
Град Скопје ги демантира наводите на „Зелен хуман град“ со кои свесно се манипулира јавноста дека со пробивањето на ул. Васко Карангелески ќе биде изгубено зеленило. Спротивно на тоа по завршувањето на изградбата и пробивањето на улицата и нејзиното поврзана со бул. Трета македонска бригада ќе биде засаден дрворед од повеќегодишни високостеблести садници по должината на целата улица, со што речиси тројно ќе се зголеми зеленилото по должината на улицата.
Дополнително покрај тројното зголемување на дрворедот улицата во делот од крстосницата со ул. Владимир Комаров до крстосницата со бул. Трета македонска бригада ќе добие нови тротоари, велосипедски патеки, нова атмосферска канализација и ново ЛЕД осветлување. Со тоа се зголемува нивото на безбедноста и на велосипедистите и на пешаците кои се движат на овој потег, особено имајќи предвид дека во непосредна близина се наоѓаат основното училиште Љубен Лапе, еден пензионерски дом и поликлиниката Јане Сандански.
Дополнително проектот за изведба на оваа сообраќајница беше претставен пред иницијативата #НаTочак на состанок одржан на 23.06. каде што се покажани решенијата за велосипедските патеки, тротоарите, новото осветлување и зазеленување на тротоарите. Ова е од особена важност за учениците од блиското основно училиште кои во моментот немаат тротоар од својата страна на улицата.
Од претставникот на иницијативата е искажано разбирање за нужното проширување, а 4 дена подоцна на истата локација Град Скопје со поддршка на иницијативата #НаТочак го реализираше настанот „Улици за Луѓе“ кога улицата беше цел ден затворена за автомобили.
Потегот од улицата кој поминува покрај основното училиште во моментов нема ниту пешачка, ниту велосипедска патека од страната на училиштето, а тротоар има само од страната на пензионерскиот дом, што и денес го прави движењето на пешаците и на велосипедистите на овој потег недоволно безбедно.
Оваа сообраќајница е од исклучително големо значење за новите населби кои се изградија на местото на некогашните воени бараки и некогашната касарна Гоце Делчев, каде што популацијата е повеќекратно зголемена.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/


Posted By: anna75
Date Posted: 22-Sep-2021 at 15:19
Да кажеш дека нема потреба од проширување на улицава е ноторна глупост, извинете.
Ако не живеете во близина, немате појма какви гужви секојдневно се создаваат на трета македонска и со какви проблеми години наназад се соочуваме сите ние кои живееме во новоизградените згради на трета македонска. Проширување на улицата и спојување со трета македонска е од огромно значење за овој дел од населбата, оти и така скоро ништо не се прави тука, препуштени сме сами на себе, па уште и улицава нека не ја прават!!


Posted By: Théoden
Date Posted: 22-Sep-2021 at 20:37
Веројатно поприоритетно би било да се пробие улицата до Трета македонска бригада отколку да се прошири, макар била со две летни по целата должина. Кога можеше Есенинова да почне да се прави во таков профил, иако треба да биде четири ленти според плановите, зошто и овде да не се направи истото?



Posted By: anna75
Date Posted: 23-Sep-2021 at 10:46
^
Во моментов можеби и нема потреба од проширување на делот од училиштето до Комаров, ама во иднина секако ќе се почувствува потреба, а глупаво е кога веќе се прави да не се направи како што треба. Плус, како што сум запознаена, делот што ќе се пробива од трета до училиштето ќе биде 2+2, така што сосема логично е да продолжи и делот кај Кам да биде 2+2, оти надолу од Комаров е 2+2.
Да, ќе се сечат дрва, меѓутоа долгорочно се исплати, особено кога ќе се пушти мостот кај Јане и кога (ако некогаш се направи) ќе се пробие улицата кон Кисела вода кај кончар.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 23-Sep-2021 at 16:37
Таа улица кон Кисела Вода, што поминува покрај Раде Кончар, мислам дека е клучна за растеретување на сообраќајниот превоз во источниот дел од Скопје.


Posted By: Théoden
Date Posted: 23-Sep-2021 at 18:28
Инаку и кога се правеше пред некоја година ул. Коста Новаковиќ јужно од кружниот тек, се задржа профилот од 1х1 наместо планираните 2х2 и се зачува дрворедот. Проширување имаше само пред раскрсницата со Трета македонска бригада.


Posted By: anna75
Date Posted: 24-Sep-2021 at 09:24
^
Затоа и се прават гужви секојдневно до кружниот тек. А и во иднина ќе биде поголем хаос како што се градат нови згради наоколу.
Затоа и е од суштинско значење за овој дел од Аеродром да се пробие улицата кон трета македонска. И да се направи како што треба, а не плукни/залепи популистички решенија кои за некоја година ќе треба да се преправаат.


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Oct-2021 at 07:32
Нешто почнале да работат



https://skopskoeho.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Dec-2021 at 10:59
Ќе го сечат ли дрворедот во Аеродром кај ОУ „Љубен Лапе“



Што е решено за продолжувањето на улицата „Васко Карангелески“ во скопската општина Аеродром во делот кој поминува покрај ОУ „Љубен Лапе“? Таму и денеска се вршат интензивни градежни активности чија што цел е очигледно да се продолжи улицата од „Мајчин дом“ кон булеварот „Трета македонска бригада“. Градежни работници веќе поставија постаменти за улично осветлување, а сега се врши и подготовка на теренот за ивичници на коловозот.

Но, дали ова ќе значи и сеча на повеќе дрвја кои одамна постојат покрај улицата? Надлежните јавно не соопштија ништо и сега е дилема дали тие ќе се сечат или ќе се бара некое друго решение. Познато е, реконструкцијата на оваа улица која започна при крајот на мандатот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов и на градоначалник на Аеродром Златко Марин. Многу дрвја беа обележени со буквата „С“. Тоа предизвика отпор кај граѓаните. Тие и јавно протестираа со цел да се сочува дрворедот, а улицата да биде направена со поинакво сообраќајно решение.

-Улицата и не треба нешто посебно да се проширува. Не ми е јасно и зошто дел од дрворедот го надополнија пред една-две години ако сега го сечат, ни истакна еден пензионер кој живее во домот токму на улицата при протестите пред еден месец.

Новиот градоначалник Тимчо Мицунски ветуваше зелен Аеродром. Сега тој е на потег – ќе се сечат дрвјата или не?

https://skopskoeho.mk/ke-se-seche-li-drvoredot-vo-aerodrom-kaj-ou-luben-lape/? - https://skopskoeho.mk/ke-se-seche-li-drvoredot-vo-aerodrom-kaj-ou-luben-lape/?


Posted By: fichot
Date Posted: 17-Dec-2021 at 22:12
Без мостот кон Керамидница проширување на улицава нема некоја смисла, што знам.


Posted By: user8642
Date Posted: 18-Dec-2021 at 12:30
Originally posted by fichot

Без мостот кон Керамидница проширување на улицава нема некоја смисла, што знам.
Ни со мостот нема некоја смисла улицава, ама ај. Шилегов така да објаснуваше, ама нема врска. Неможе улица од терцијарна мрежа да ја кренеш до примарна, преку ноќ за два степена со два камиона асфалт.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Dec-2021 at 15:51
Нема поента да се проширува и да се сечат дрворедите,доволно ќе беше само нов асфалт и обнова на тротоарите бидејќи беа во навистина очајна состојба.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 18-Dec-2021 at 16:08
А бе реално, ако веќе ја прават сега, нека ја направат како што е план на долг рок, да не биде пак после прекопување итн.


Posted By: anna75
Date Posted: 18-Dec-2021 at 19:41
Ај ве молам, ако не живеете тука не тресете зелени плс... Немало смисла проширувањево? Има и тоа како голема смисла, ама пак ќе кажам ако секојдневно не го минувате хаосот, нема да знаете. Особено па поврзувањето на Васко Карангелески со Трета Македонска е must have, бидејќи сите кои живеат на потегот на Трета Македонска т.е во делот кај Џевахир, секојдневно маки мачат за да се приклучат кон Аеродром, оти Трета Македонска наутро е хаос.
За Коста Новаковиќ па ич не ми се збори какви гужви се прават. Кога требаше да се проширува исто се јавуваа „екологистиве„ од којзнае каде да се бунат и сега има плукни/залепи решение кое никому не служи.


Posted By: user8642
Date Posted: 19-Dec-2021 at 12:16
Тоа што одредена улица е гужва не значи дека проблемот е во самата улица, него дека можда некаде во поголемата слика фали друга улица која е веќе планирана, како на пример јужната половина од истава улица во профил 1+1, после тоа на пример Фрањо Клуз комплетно 2+2.


Posted By: anna75
Date Posted: 19-Dec-2021 at 14:50
Јас знам дека делот кој недостига до Трета Македонска ќе биде 2+2, па така сосема нелогично и глупо би било да се остави постоечкиот дел кај Љубен Лапе да биде 1+1. Исто направија и со Коста Новаковиќ, и ете што се случува таму.
Во овој дел фалат многу улици, да, бидејќи е изградено многу и бројот на жители е трократно зголемен, ама со тесни улички не се решава проблемот.
А „екологистиве„ кои се бунеа не се од овој дел инаку. Прашајте ги луѓето кои живеат тука дали сакаат ил не проширена улица?


Posted By: zlate676
Date Posted: 19-Dec-2021 at 17:00
Луѓето го кажаа своето мислење, оваа улица е зона 30, имате школо деца што треба безбедно да стигнат во училиште, а се сака да се направи булевар. Тоа што е хаос на 3та македонска , не значи дека треба да се донесе тој хаос тука пред школото на децата. Да не збориме за дрвата што имате јавори како на кеј 50 годишни и треба да се сечат, и се тоа за може некој побрзо да стигне со кола.нема никаква логика без мостот АСНОМ да се проширува улицата.ќе заглави истата гужва на Јане Сандански. Тоа што треба е да се направи велосипедска и да се среди пешачката патека, делот кај школото да биде 1+1.


Posted By: anna75
Date Posted: 20-Dec-2021 at 13:51
^ Кои луѓе друже? Партиски потрчковци ли? И рандом лица кои мислат дека се уште се во селото од каде што дошле, па им смета било каква урбана активност и подобрување? Ликови кои си го сакаат „мирот„ во урбана средина? За тие луѓе зборуваш?
Ги прашал ли некој луѓето кои живеат на потегот на Трета Македонска како се справуваат со отсеченоста од остатокот од населбата? А, замисли си, исти даноци плативме како останатите кога се вселувавме! И ние сме дел од општината и заслужуваме бенефит од истата! Исто така заслужуваме нормална поврзаност!
Што се однесува до училиштето, ако не се лажам тука треба да има еден вид кружен тек, па со самото тоа нема да летаат возачите и да бидат загрозени децата.
И моето дете учи во истото училиште, патем. Сакаш да ти кажам колку време ми треба да стасам наутро до училиштето, а живеам веднаш до Џевахир? 10 до 20 минути!!!


Posted By: Citizen
Date Posted: 20-Dec-2021 at 14:37
Originally posted by anna75

^ Кои луѓе друже? Партиски потрчковци ли? И рандом лица кои мислат дека се уште се во селото од каде што дошле, па им смета било каква урбана активност и подобрување? Ликови кои си го сакаат „мирот„ во урбана средина? За тие луѓе зборуваш?
Ги прашал ли некој луѓето кои живеат на потегот на Трета Македонска како се справуваат со отсеченоста од остатокот од населбата? А, замисли си, исти даноци плативме како останатите кога се вселувавме! И ние сме дел од општината и заслужуваме бенефит од истата! Исто така заслужуваме нормална поврзаност!
Што се однесува до училиштето, ако не се лажам тука треба да има еден вид кружен тек, па со самото тоа нема да летаат возачите и да бидат загрозени децата.
И моето дете учи во истото училиште, патем. Сакаш да ти кажам колку време ми треба да стасам наутро до училиштето, а живеам веднаш до Џевахир? 10 до 20 минути!!!

А зошто не го пратиш детето да оди пешки до училиштето? Втора работа, дали не мислеше на овие работи кога го купи станот таму? Јас на пример кога го купував мојот стан ги земав сите работи предвид и за некои работи се помирив дека не се идеални. Ако може некој да ги поправи океј ама не по цена на некој друг да му нарушувам мир (ако нема потреба) и плус да кукам.


Posted By: zlate676
Date Posted: 20-Dec-2021 at 15:26
Партиски потрчковци веќе нема да протестираат за зеленило, вработени се одамна некаде како советници или што и да е. Се работи за тоа што сакаат да земат нешто што до сега си го имал , да ти ги исечат дрвата пред прозор за улица да направат булевар, за тоа никој не чека друг да му го реши проблемот, сам искача и се буни. Патем сите плаќаме даноци и сите сме еднакви во тој дел, а мирот во урбана населба (што го има во Европа) кај нас го нема зошто за 500 метри кола се пали. Децата порано пешки одеа во школо, сега ладно им е, другарчињата ги носеле со кола, сакале и они. Која урбанизација, 10 минути пешки ќе стигнеш од Џеваир до Љубен Лапе. И нескам да се расправеме на форумот, улицава е смирен сообраќај зона 30 ако нешто ви значи . Нека му текне на некој во европски гард да смени вакво.


Posted By: prasalnik
Date Posted: 20-Dec-2021 at 15:26
Форумов отиде во глупи и поглупи расправии, без факти и почитување на друго мислење, без разлика дали држи вода или не.
Градов треба да се унапредува со сериозно дебатирање и размислување, а не да се тргне од себични причини.
1. Дрва се сечат, дрва се садат. Улици се прават, улици се рушат. Во зависност од потребите на пошироката маса.
2. Кој сака мир нека оди во село. Ова е град и тука е и гужва и бучава.

Улицата Васко Карангелески МОРА да се доизгради. Причина за ова е што мора да поврзува два булевари. а условите дозволуваат некаде да биде 1+1, некаде 2+2.
Ќе било хаос пред школото???? Има ли хаос пред Ѓорѓија Пулевски??? Не. и таму е 2+2!!!
Дрвата ќе се сечеле?!?!? Тие се засадени пред 50 години во тие услови кога градот бил многу помал. сега условите се сменија. Што требаше да се направи за да условите не се сменат? Како во Словенија со Љубљана???

Ако имате аргументи, писма или документи, полемизирајте. Но немојте да се кажувате желби и да зборувате дека туѓите потреби се глупости или вреѓате во смисла дека не си требал да купиш тука или требало да размислиш, еве ЈАС многу паметно направив... и слично.

Треба да се унапредува животот со почитување на другите. Заедно живееме, не сум само ЈАС и не е бидно само МОЕТО.


Posted By: prasalnik
Date Posted: 20-Dec-2021 at 15:31
Originally posted by zlate676

Партиски потрчковци веќе нема да протестираат за зеленило, вработени се одамна некаде како советници или што и да е. Се работи за тоа што сакаат да земат нешто што до сега си го имал , да ти ги исечат дрвата пред прозор за улица да направат булевар, за тоа никој не чека друг да му го реши проблемот, сам искача и се буни. Патем сите плаќаме даноци и сите сме еднакви во тој дел, а мирот во урбана населба (што го има во Европа) кај нас го нема зошто за 500 метри кола се пали. Децата порано пешки одеа во школо, сега ладно им е, другарчињата ги носеле со кола, сакале и они. Која урбанизација, 10 минути пешки ќе стигнеш од Џеваир до Љубен Лапе. И нескам да се расправеме на форумот, улицава е смирен сообраќај зона 30 ако нешто ви значи . Нека му текне на некој во европски гард да смени вакво.


Урбана населба во Европа??? Нешто слично на Радишани? или Драчево? или Илинден?


Posted By: zlate676
Date Posted: 20-Dec-2021 at 15:34
Ако веќе мора да се проширува, и аргументирате со факти ( какви е тиа факти дека треба да се сечат дрва и тоа не е никаков проблем) , каде ќе заврши сообраќајот од 3-та мак. бригада. Идејата е да се растерети сообраќајот до новиот мост Асном што не е изграден и не се знае кога ќе се заврши. Ќе заврши на Јане Сандански што и така е блокиран од сабајле до железничка. И ве молам внимавајте со речникот , сапак има луѓе што тука комуницират на ниво и со аргуненти.


Posted By: prasalnik
Date Posted: 20-Dec-2021 at 15:39
Originally posted by zlate676

Ако веќе мора да се проширува, и аргументирате со факти ( какви е тиа факти дека треба да се сечат дрва и тоа не е никаков проблем) , каде ќе заврши сообраќајот од 3-та мак. бригада. Идејата е да се растерети сообраќајот до новиот мост Асном што не е изграден и не се знае кога ќе се заврши. Ќе заврши на Јане Сандански што и така е блокиран од сабајле до железничка. И ве молам внимавајте со речникот , сапак има луѓе што тука комуницират на ниво и со аргуненти.


Бул.Трета М.Бригада завршува во општина Центар.

А треба ли да излезат околните згради на булеварот? Или битно е само од булеварот во населбата што ќе влезат?


Posted By: kiriOK
Date Posted: 20-Dec-2021 at 16:46
Originally posted by anna75

^ Кои луѓе друже? Партиски потрчковци ли? И рандом лица кои мислат дека се уште се во селото од каде што дошле, па им смета било каква урбана активност и подобрување? Ликови кои си го сакаат „мирот„ во урбана средина? За тие луѓе зборуваш?
Ги прашал ли некој луѓето кои живеат на потегот на Трета Македонска како се справуваат со отсеченоста од остатокот од населбата? А, замисли си, исти даноци плативме како останатите кога се вселувавме! И ние сме дел од општината и заслужуваме бенефит од истата! Исто така заслужуваме нормална поврзаност!
Што се однесува до училиштето, ако не се лажам тука треба да има еден вид кружен тек, па со самото тоа нема да летаат возачите и да бидат загрозени децата.
И моето дете учи во истото училиште, патем. Сакаш да ти кажам колку време ми треба да стасам наутро до училиштето, а живеам веднаш до Џевахир? 10 до 20 минути!!!
Стварно вака да те прашам, децата мора со кола да ги носиш у школо?


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Dec-2021 at 16:54
Скоро пред сите школи е така,сакате земете го 11-ти Октомври спроти ПС Кисела Вода тој дел секое утро е хаос периодот 15-тина минути пред 8,потоа гимназија Нова на ул.Прашка во Карпош,околу Корчагин така да очигледно такви се навиките,школски превоз не постои опциите се такси,со возило со родител,со ЈСП па пешки.
Конкретно улицава е оптоварена и преку ден но над 50% од возилата се авто-школи тука имаат пункт за полагање кај ресторанот Бисера и лудница е по цел ден.Да ги тргнеа малку авто-школите од Аеродром многу ќе се релаксира сообраќајот во тој дел.Секако има и доста станари кои движат низ тој дел и донекаде оправдано е да се прошири улицата иако нема да се постигне комплетен ефект кон исток бидејќи мостот кај АСНОМ заглави.


Posted By: anna75
Date Posted: 20-Dec-2021 at 17:59
Originally posted by Citizen

Originally posted by anna75

^ Кои луѓе друже? Партиски потрчковци ли? И рандом лица кои мислат дека се уште се во селото од каде што дошле, па им смета било каква урбана активност и подобрување? Ликови кои си го сакаат „мирот„ во урбана средина? За тие луѓе зборуваш?
Ги прашал ли некој луѓето кои живеат на потегот на Трета Македонска како се справуваат со отсеченоста од остатокот од населбата? А, замисли си, исти даноци плативме како останатите кога се вселувавме! И ние сме дел од општината и заслужуваме бенефит од истата! Исто така заслужуваме нормална поврзаност!
Што се однесува до училиштето, ако не се лажам тука треба да има еден вид кружен тек, па со самото тоа нема да летаат возачите и да бидат загрозени децата.
И моето дете учи во истото училиште, патем. Сакаш да ти кажам колку време ми треба да стасам наутро до училиштето, а живеам веднаш до Џевахир? 10 до 20 минути!!!

А зошто не го пратиш детето да оди пешки до училиштето? Втора работа, дали не мислеше на овие работи кога го купи станот таму? Јас на пример кога го купував мојот стан ги земав сите работи предвид и за некои работи се помирив дека не се идеални. Ако може некој да ги поправи океј ама не по цена на некој друг да му нарушувам мир (ако нема потреба) и плус да кукам.

Всушност, убаво разгледав пред да го купам станот. Во урбанистичкиот план се предвидени улицава и уште една подолу која би излегувала кај пазарчето, само.... како и обично од идеја до реализација е долг патот.
За мирот... реков и претходно, вратете се во планините, таму имате мир колку ви душа сака!!!


Posted By: anna75
Date Posted: 20-Dec-2021 at 18:03
Originally posted by kiriOK

Originally posted by anna75

^ Кои луѓе друже? Партиски потрчковци ли? И рандом лица кои мислат дека се уште се во селото од каде што дошле, па им смета било каква урбана активност и подобрување? Ликови кои си го сакаат „мирот„ во урбана средина? За тие луѓе зборуваш?
Ги прашал ли некој луѓето кои живеат на потегот на Трета Македонска како се справуваат со отсеченоста од остатокот од населбата? А, замисли си, исти даноци плативме како останатите кога се вселувавме! И ние сме дел од општината и заслужуваме бенефит од истата! Исто така заслужуваме нормална поврзаност!
Што се однесува до училиштето, ако не се лажам тука треба да има еден вид кружен тек, па со самото тоа нема да летаат возачите и да бидат загрозени децата.
И моето дете учи во истото училиште, патем. Сакаш да ти кажам колку време ми треба да стасам наутро до училиштето, а живеам веднаш до Џевахир? 10 до 20 минути!!!
Стварно вака да те прашам, децата мора со кола да ги носиш у школо?

Да. Друго прашање?
А „аргументов„ ти е боже сачувај


Posted By: Citizen
Date Posted: 20-Dec-2021 at 19:43
Originally posted by anna75

Originally posted by Citizen

Originally posted by anna75

^ Кои луѓе друже? Партиски потрчковци ли? И рандом лица кои мислат дека се уште се во селото од каде што дошле, па им смета било каква урбана активност и подобрување? Ликови кои си го сакаат „мирот„ во урбана средина? За тие луѓе зборуваш?
Ги прашал ли некој луѓето кои живеат на потегот на Трета Македонска како се справуваат со отсеченоста од остатокот од населбата? А, замисли си, исти даноци плативме како останатите кога се вселувавме! И ние сме дел од општината и заслужуваме бенефит од истата! Исто така заслужуваме нормална поврзаност!
Што се однесува до училиштето, ако не се лажам тука треба да има еден вид кружен тек, па со самото тоа нема да летаат возачите и да бидат загрозени децата.
И моето дете учи во истото училиште, патем. Сакаш да ти кажам колку време ми треба да стасам наутро до училиштето, а живеам веднаш до Џевахир? 10 до 20 минути!!!

А зошто не го пратиш детето да оди пешки до училиштето? Втора работа, дали не мислеше на овие работи кога го купи станот таму? Јас на пример кога го купував мојот стан ги земав сите работи предвид и за некои работи се помирив дека не се идеални. Ако може некој да ги поправи океј ама не по цена на некој друг да му нарушувам мир (ако нема потреба) и плус да кукам.

Всушност, убаво разгледав пред да го купам станот. Во урбанистичкиот план се предвидени улицава и уште една подолу која би излегувала кај пазарчето, само.... како и обично од идеја до реализација е долг патот.
За мирот... реков и претходно, вратете се во планините, таму имате мир колку ви душа сака!!!

Госпоѓо со опроштење измислуваш. Ете членот user978 ти извадил урбанистички планови и тврди дека таа улица се менувала сто пати во планот. Ти ради булеваров ли го купи станот? А за планините...па се знае кој купува станови таму каде што се наоаѓаш, сигурно не стари Скопјани. И за аргументот со пешачење до школо не знам што е "боже сачувај" објасни. Не може да испечаши десет минути детето и подобро е ради вас да направиме булевар со три ленти и пристап до училница со кола?


Posted By: zorant
Date Posted: 20-Dec-2021 at 20:54
Originally posted by Citizen


Госпоѓо со опроштење измислуваш. Ете членот user978 ти извадил урбанистички планови и тврди дека таа улица се менувала сто пати во планот. Ти ради булеваров ли го купи станот? А за планините...па се знае кој купува станови таму каде што се наоаѓаш, сигурно не стари Скопјани. И за аргументот со пешачење до школо не знам што е "боже сачувај" објасни. Не може да испечаши десет минути детето и подобро е ради вас да направиме булевар со три ленти и пристап до училница со кола?


Познавам неколку стари скопјани што живеат во новите згради во тој дел. Решиле да не живеат со родителите и купиле станови таму.

И не е само Скопје град инаку.

Инаку лично за улицата мислам дека треба да се пробие и да биде 1+1, барем за почеток, ако е можно.


Posted By: Citizen
Date Posted: 20-Dec-2021 at 21:18
Originally posted by zorant


Originally posted by Citizen

Госпоѓо со опроштење измислуваш. Ете членот user978 ти извадил урбанистички планови и тврди дека таа улица се менувала сто пати во планот. Ти ради булеваров ли го купи станот? А за планините...па се знае кој купува станови таму каде што се наоаѓаш, сигурно не стари Скопјани. И за аргументот со пешачење до школо не знам што е "боже сачувај" објасни. Не може да испечаши десет минути детето и подобро е ради вас да направиме булевар со три ленти и пристап до училница со кола?
Познавам неколку стари скопјани што живеат во новите згради во тој дел. Решиле да не живеат со родителите и купиле станови таму.
И не е само Скопје град инаку.Инаку лично за улицата мислам дека треба да се пробие и да биде 1+1, барем за почеток, ако е можно.

За планините зборевме. Се знае на што алудираше старата Скопјанка.


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Dec-2021 at 21:08
дечки нормално дека ќе треба да се прошири улицава и да оди барем то трета македонска, само што сега е рано тоа да се прави и нема смисла
школо или не, стварно е глупо една линија на улица или булевар да менува профил 20 пати во 100 метри
сега нема логика да се проширува, ама доколку би се комплетирал булеварот према Гоце Делчев и Трета Македонска, има и тоа како логика

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: anna75
Date Posted: 22-Dec-2021 at 09:47
Originally posted by Citizen

Originally posted by anna75

Originally posted by Citizen

Originally posted by anna75

^ Кои луѓе друже? Партиски потрчковци ли? И рандом лица кои мислат дека се уште се во селото од каде што дошле, па им смета било каква урбана активност и подобрување? Ликови кои си го сакаат „мирот„ во урбана средина? За тие луѓе зборуваш?
Ги прашал ли некој луѓето кои живеат на потегот на Трета Македонска како се справуваат со отсеченоста од остатокот од населбата? А, замисли си, исти даноци плативме како останатите кога се вселувавме! И ние сме дел од општината и заслужуваме бенефит од истата! Исто така заслужуваме нормална поврзаност!
Што се однесува до училиштето, ако не се лажам тука треба да има еден вид кружен тек, па со самото тоа нема да летаат возачите и да бидат загрозени децата.
И моето дете учи во истото училиште, патем. Сакаш да ти кажам колку време ми треба да стасам наутро до училиштето, а живеам веднаш до Џевахир? 10 до 20 минути!!!

А зошто не го пратиш детето да оди пешки до училиштето? Втора работа, дали не мислеше на овие работи кога го купи станот таму? Јас на пример кога го купував мојот стан ги земав сите работи предвид и за некои работи се помирив дека не се идеални. Ако може некој да ги поправи океј ама не по цена на некој друг да му нарушувам мир (ако нема потреба) и плус да кукам.

Всушност, убаво разгледав пред да го купам станот. Во урбанистичкиот план се предвидени улицава и уште една подолу која би излегувала кај пазарчето, само.... како и обично од идеја до реализација е долг патот.
За мирот... реков и претходно, вратете се во планините, таму имате мир колку ви душа сака!!!

Госпоѓо со опроштење измислуваш. Ете членот user978 ти извадил урбанистички планови и тврди дека таа улица се менувала сто пати во планот. Ти ради булеваров ли го купи станот? А за планините...па се знае кој купува станови таму каде што се наоаѓаш, сигурно не стари Скопјани. И за аргументот со пешачење до школо не знам што е "боже сачувај" објасни. Не може да испечаши десет минути детето и подобро е ради вас да направиме булевар со три ленти и пристап до училница со кола?


„Господине„ Ве молам кажете ми кој купува станови таму каде што се наоѓам?
Од што немате аргументи, одите со лични навреди и мешање во приватноста. Тоа доволно зборува за Вас, „господине„
Дали јас ќе го носам детето со кола или пешки е лично моја работа, ама општината треба да ми овозможи еднакви услови како и на другите граѓани, од проста причина што плаќам исти даноци како и останатите!
Во овој дел, за ваша лична информација, е предвидена оваа улица, погоре кај стовариштето исто така треба да се пробива улица која ќе излегува кај пазарчето и на крајот кај Џевахир (кој до сега требаше пет пати да биде завршен) треба да има излез на бул.Србија. Така што... добро знам како требаше да се развива овој дел, тоа што кај нас работите се тргни, застани е друга работа.
Патем, не сме сите среќлии па да имаме станови во урбаните делови на општината
И за крај, многу ме интересира каде беа „екологистиве„ кога се уништуваше Аеродром со згради на секој чекор? Зошто никој од нив не излезе да протестира за урбанистичките планови? Зошто никој не побара повеќе паркови? Ама, за дрвјава сите скокнаа Политички потрчковци!!!


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Feb-2022 at 14:47




http://aerodrom.gov.mk/upload/documents/89%20VESNIK.pdf - http://aerodrom.gov.mk/upload/documents/89%20VESNIK.pdf


Posted By: anna75
Date Posted: 25-Feb-2022 at 16:06
Срушена е кафаната како што приметив, ама куќарката кај Трета македонска изглеа ќе остане


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Mar-2022 at 08:07
Пробивање и проширување на улицата „Васко Карангелески“ кај Воениот базен











Механизација работи на пробивање и проширување на улицата „Васко Карангелески“ во општина Аеродром. Оваа улица, која почнува кај спортската сала „Јане Сандански“, треба да добие четири коловозни ленти во делот пред Воениот базен каде што всушност се сретнува и има само две ленти. Планирани се и пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот, како и нова атмосферска канализација и ново ЛЕД-осветлување.

Пробивањето на трасата покрај оградата на базенот е веќе направено и истата треба да се поврзе со булеварот „Трета македонска бригада“. На трасата се наоѓа само еден објект кој треба да биде урнат, а тоа е кафеаната „Фирма“.

Првата фаза од изградбата на оваа улица заврши со проширување на булеварот АСНОМ, на потегот од крстосницата со булеварот „Србија“ до крстосницата со улицата „Васко Карангелески“. Со пробивањето и проширувањето на улицата „Васко Карангелески“ ќе се овозможи директно движење и излез на булеварот „Трета македонска бригада“, граѓаните нема да треба да кружат туку ќе се овозможи уште еден коридор и растоварување на сообраќајот.

На оваа улица треба да се доработат два потега. Во тек е реконструкција на тротоарите на потегот од крстосницата со булеварот „Јане Сандански“ и до крстосницата со улица „Владимир Комаров“, а во продолжение улицата до Воениот базен ќе се проширува поради што ќе се сечат дрвја.

Од Град Скопје велат дека по пробивањето на улицата и нејзиното поврзување со булеварот „Трета македонска бригада“ ќе биде засаден дрворед од повеќегодишни високостеблести садници и тоа по должината на целата улица.

Оваа сообраќајница е од исклучително големо значење за новите населби изградени на местото на некогашните воени бараки и некогашната касарна „Гоце Делчев“.

https://www.vecer.press/пробивање-и-проширување-на-улицата-в/ - https://www.vecer.press/пробивање-и-проширување-на-улицата-в/


Posted By: zorant
Date Posted: 06-Mar-2022 at 12:43
Originally posted by stef4o

Оваа улица, која почнува кај спортската сала „Јане Сандански“, треба да добие четири коловозни ленти во делот пред Воениот базен каде што всушност се сретнува и има само две ленти.

Ова дека кај Воен базен има две ленти претпоставувам се мисли дека двете ленти кај Кам ќе станат четири, а не дека во делот кај базенот (кај што беше Фирма) ќе бидат две ленти?

Originally posted by stef4o

На трасата се наоѓа само еден објект кој треба да биде урнат, а тоа е кафеаната „Фирма“.


Некако ми изгледа нереално да се изведат 4 ленти без рушење и на објектот на крајот откај Трета Македонска Бригада (мислам дека е стара куќа).


Posted By: anna75
Date Posted: 06-Mar-2022 at 18:03
Originally posted by zorant


Originally posted by stef4o

Оваа улица, која почнува кај спортската сала „Јане Сандански“, треба да добие четири коловозни ленти во делот пред Воениот базен каде што всушност се сретнува и има само две ленти.
Ова дека кај Воен базен има две ленти претпоставувам се мисли дека двете ленти кај Кам ќе станат четири, а не дека во делот кај базенот (кај што беше Фирма) ќе бидат две ленти?


Originally posted by stef4o

На трасата се наоѓа само еден објект кој треба да биде урнат, а тоа е кафеаната „Фирма“.

Некако ми изгледа нереално да се изведат 4 ленти без рушење и на објектот на крајот откај Трета Македонска Бригада (мислам дека е стара куќа).

Куќарката треба да се руши, ама не гледам активности околу ова... оти се стеснува улицава баш кај куќаркава. И не ме чуди ништо да не направат околу ова, знаејќи колку се ажурни за овие работи.
Малку подолу, кај Џевахир, веќе 6 години на среде улица има куќа


Posted By: Triki
Date Posted: 10-Mar-2022 at 10:59
За кога е предвидено да се заврши улицава? пишува некаде по медиуми?


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Mar-2022 at 11:34
Зошто споро се реконструира улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром?



Силно се почнува со некоја градежна работа, а потоа слабо се напредува. Вака е во Македонија ако се во прашање јавни работи. Пред камерите се гради максимално, а потоа…

Се чини таков пример станува и дел од улицата „Васко Карангелески“ во скопски Аеродром. Раскопани па недоправени тротоари, стеснет коловоз со многу знаци, чакал… е сликата која повеќе недели ја гледаат граѓаните и возачите кои поминуваат по улицата. Поретко гледаат и по некој работник.

Работите на реконструкцијата на постоечката делница и на пробивањето на новата делница кон булеварот “Трета македонска бригада“ се спори, на моменти и стојат во место.

Зошто е така? Надлежните треба да одговорат што планираат со оваа сообраќајница? Кога во јули минатата година (уште беше старото раководство во Аеродром и Град Скопје) започна нејзината реконструкција имаше протести на граѓаните кои бараа да се сочуваат големите дрвја долж нејзината траса. И на тоа барање се уште нема конкретен одговор.

Среќа не почнаа нова улица да прават, кој знае кога неа би ја завршиле.

https://skopskoeho.mk/zoshto-sporo-se-rekonstruira-ulitsata-vasko-karangelevski-vo-aerodrom/ - https://skopskoeho.mk/zoshto-sporo-se-rekonstruira-ulitsata-vasko-karangelevski-vo-aerodrom/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Apr-2022 at 12:15
Моторни пили забрзано сечат дрвја долж улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром



Се сечат повеќегодишни дрва во Аеродром. Утрово десетина работници со моторни пили и 4 камиони ги сечеа стеблата долж улицата „Васко Карангелески“ од страна на основното училиште „Љубен Лапе“. Пред една недела на истото место помалите стебла кои беа посадени не така одамна беа откорнати. Уште лани против ова протестираа граѓаните кои живеат во тој дел од Аеродром кој несопирливо се бетонизира.

На теренот се гледа дека сечата се врши со цел да се прошири улицата која треба да се спои со булеварот “Трета македонска бригада“. Овој проект го води Градот Скопје, а го почна поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов во периодот пред локалните избори. Почеток на градежните работи веднаш предизвика отпорот кај граѓаните бидејќи проектот предвидува проширување на постоечката двонасочна улица и сеча на многу дрвја од двете страни на улицата кои и беа обележени за сечење.

Во септември жителите од околните згради излегоа на протест поради најавената сеча на дрвја и побараа да се спречи уништувањето на зеленилото во оваа општина.

-Бараме веднаш да се запре со планираното проширување и да не се дозволи масакр на здрави зрели дрвја. Аеродром е една од најзагадените општини и потребно ни е секое дрво, реагираа граѓаните кои и уверуваа дека нема потреба од големо ширење на улицата.

Граѓаните беа поддржани и од страна на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ која потоа на локалните избори освои две советнички места. На протестот на граѓаните се појави и тогашниот кандидат за градоначалник на Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, кој потоа и победи во изборната трка. Се чекаше и што ќе направи околу ова новата градоначалничка Данела Арсовска.

Во својот отчет за 100 дена од работата градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски наведе дека „Се пробива улицата „Васко Карангелески кон булеварот „Трета македонска бригада“.

-Ова поврзување се очекува во голема мера да го олесни движењето на возилата во тој дел од општината, но и да придонесе за намалување на сообраќајниот метеж. Во текот на целиот процес ќе се води грижа за зачувување на животната средина, а новиот потег ќе биде дополнително облагороден со нови дрвореди и зеленило, објави тогаш Муцунски.

Од другата страна на истата улица има цел дрворед кој е обележан за сечење, дали тоа ќе се случи останува да се види. Наскоро ќе се види и како ќе го направат Аеродром зелена општина, нешто што сите го ветуваа.

https://skopskoeho.mk/motorni-pili-zabrzano-sechat-drvja-dolzh-ul-vasko-karangeleski-vo-aerodrom/ - https://skopskoeho.mk/motorni-pili-zabrzano-sechat-drvja-dolzh-ul-vasko-karangeleski-vo-aerodrom/

-------------
Carpe diem


Posted By: skopskodete
Date Posted: 08-Apr-2022 at 12:20
Кај им е машината на Град Скопје за преместување дрвја?


Posted By: zorant
Date Posted: 08-Apr-2022 at 13:58
Originally posted by stef4o






Колку ленти ќе биде овој дел? Пред некој ден поминував таму и тоа што беше направено ми изгледа за максимум 3 ленти?



Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Apr-2022 at 17:03
СЕЧА НА ДРВЈА ВО АЕРОДРОМ, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ОДГОВОРИ ЗОШТО СЕ СЕЧАТ



Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ денеска сечеше дрвја на улицата Васко Карангелески во населбата Аеродром во Скопје. Граѓани на социјалните мрежи објавија слики од сечата, велејќи дека се сечат здрави дрвја, а не добиле никакво објаснување за сечата.

САКАМДАКАЖАМ.МК побара одговор на прашањрто зошто се сечат дрвајата и од градоначалничката Данела Арсовска, нејзиниот пиар тим и од директорот на „Паркови и зеленило“ Ангеле Сотировски.

Од кабинетот на Арсовска велат дека градоначалничката денеска по пријава излегла на увид и побарала од екипите на „Паркови и зеленило“ информација за сечата по што активностите биле прекинати.

„Наредната недела ќе имаме прес-конференција на оваа тема, односно за активностите на улицата Васко Карангелески и ќе ги објасниме сите постапки“, ни одговорија од кабинетот на Арсовска.

Директорот Сотировски не одговори на нашите прашања.

Арсовска за време на кампањата, но и на брифинг со новинарите пред три месеци, кажа дека во Скопје нема да се исече ниту едно здраво дрво.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/secha-na-drvja-vo-aerodrom-gradonachalnichkata-arsovska-i-direktorot-na-parkovi-ne-kazhuvaat-zoshto-se-sechat/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/secha-na-drvja-vo-aerodrom-gradonachalnichkata-arsovska-i-direktorot-na-parkovi-ne-kazhuvaat-zoshto-se-sechat/

-------------
Carpe diem


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 09-Apr-2022 at 06:08
Знаеме зошто се сечат дрвјата, ќе ја прошируваат улицата, проблемот е што се работи без план. Зошто не се искористат машините за дислоцирање на дрвја и не ги поместат за не знам, 2-3 метра од истата локација? Сигурно не е тешко

-------------
ಠ_ಠ


Posted By: skopskodete
Date Posted: 09-Apr-2022 at 12:55
Originally posted by Macedonicus

Знаеме зошто се сечат дрвјата, ќе ја прошируваат улицата, проблемот е што се работи без план. Зошто не се искористат машините за дислоцирање на дрвја и не ги поместат за не знам, 2-3 метра од истата локација? Сигурно не е тешко

Јас еднаш немам видено таа машина да ја искористат.


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Apr-2022 at 13:08
Машината ја користеа еднаш на плоштад кога преместуваа некои садници и еднаш кај хотел Русија при првата фаза од проширувањето на АСНОМ.
За да се користи треба и стручно знаење и предуслови односно да се знае до каде се корените на дрвото па да се ископа соодветна длабина без оштетување на кореновиот систем,да се внимава на други инсталации подземни за кои никој појма си нема кога и каде се поставени.
Така да нема баш разлика меѓу некористење на машината и преместени дрва кои за 2 месеца ќе бидат суви.
Не дека го оправдувам сечењето но само ги истакнувам причините во врска со машината.

-------------
Carpe diem


Posted By: user8642
Date Posted: 09-Apr-2022 at 13:29
Наместо филмови дека се прават "паркови" кога се средува обично странично зеленило покрај булевар или покрај река, како на пример парк на езерата или парк со авиончето, треба тука на овој простор да се прави вистински парк. Државно земјиште, развиено зеленило, што треба повеќе. Да нека се гради на гол терен, кај што имало хелиодром, или на бившото игралиште. Ама делови со развиено зеленило е штета да се испосечат за безвезе.


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Apr-2022 at 20:40
некои од дрвата и не се ништо посебно... ова од последнава слика е буквално дива грмушка од која израснало дрво... све супер, ама вадење очи за секое ливче во градов што ќе се оштети и не е нешто продуктивно... го преминавме уништувањето на цели оформени парокови и дрвореди, за сега да се натегаме секој пат кога ќе се спомне нешто
вистинската тема на дискусија е колкава е потребата сега да се работи на овој проект, зошто во проектирањето немаме стандардизација на зеленило/пешачки/велосипедски патеки и т.н.

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Apr-2022 at 14:48
Арсовска: Со промена на проектот за улицата Васко Карангелевски, вреден над 77 милиони денари зачувуваме над 100 дрвја и ја реализираме реконструкцијата

Дрворедот на улицата Васко Карангелески ќе биде целосно зачуван, претходниот проект со реконструкцијата предвидувал сечење на дрворедот на потегот на целата улица. Со новиот проект ќе се зачува целото зеленило и ќе се посадат нови 30-тина дрвја, истакна во денешната изјава градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
„Првичниот проект на улицата предвидуваше целосно отстранување на над 100-тина дрвја за да може да се изврши реконструкцијата. Се направи промена на планот како да се зачува дрворедот и да се зголеми бројот на дрвја и на овој потег. Дрворедот пред пензионерскиот дом ќе биде целосно зачуван, над 100-тина дрвја стари 100-тина години на овој потег ќе ги зачуваме, а веќе беа пресадени 16-тина здрави дрвја заедно во соработка со Општина Аеродром, истите се веќе пресадени на потегот кај основното училиште Љубен Лапе, “, истакна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на денешниот увид на градежните работи.
Арсовска истакна дека барањето да се отвори оваа улица и да се реконструира овој потег е на барање на голем број граѓани кои гравитираат на овој потег и голем број на јавни објекти кои се во интерес на граѓаните, со кое решение би се растеретил сообраќајот на овој потег.
„Вредноста на улицата е 77.5 милиони денари, а рокот за изградба на улицата во должина од еден километар е 2023 година, чија реконструкција ќе биде и реализирана од страна на Градот Скопје, добиваме голема поддршка од граѓаните за реконструкција на улицата и со новата промена на проектот успеавме да направиме заштита на дрвјата“, истакна Арсовска.
За градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски измената на проектот значи многу за граѓаните на Аеродром, како и дека досега за само неколку месеци се засадени над 400 нови садници за зголемување на зеленилото во општина Аеродром.
Директорот на ЈП Паркови и зеленило Ангеле Сотировски посочи дека стручни лица од Градот и ЈП Паркови и зеленило извршиле увид и проценка, според која само диво израснатите дрвја штетници биле отстранети.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos - https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos

-------------
Carpe diem


Posted By: Triki
Date Posted: 14-Apr-2022 at 15:00
Катастрофа, уште 8 месеци ќе се давиме во гужви. Иако супер вести за дрвата, само да не искочи поради нив да ја склепаат и пак да биде тесно грло, или да има дрва на сред тротоар/велосипедска како на коста новаковиќ.


Posted By: anna75
Date Posted: 14-Apr-2022 at 18:56
А го има некаде новиот план да се види? Да не биде исто ко Коста Новаковиќ?


Posted By: Triki
Date Posted: 19-Apr-2022 at 00:25
Како да видов дека се асфалтира нешто од страната на 3та македонска пред некој ден, кој поминал поблиску нека потврди


Posted By: anna75
Date Posted: 20-Apr-2022 at 08:39
Originally posted by Triki

Како да видов дека се асфалтира нешто од страната на 3та македонска пред некој ден, кој поминал поблиску нека потврди

Асфалтирано е се до базенот.


Posted By: Triki
Date Posted: 21-Apr-2022 at 14:25
https://ibb.co/Rh7dp3m">

Така е, прееска поминав случајно. Асфалтирано е се до влезот на стариот паркинг, а на стариот дел од улицата се гребе стариот асфалт. Да се надеваме дека наскоро ќе може да се вози по целата улица, па деталните работи, пешачки и хортикултура нека си ги работат натенане


Posted By: Triki
Date Posted: 09-May-2022 at 18:05
Дали има некакво придвижување на терен? Поминал некој?


Posted By: Leo
Date Posted: 09-May-2022 at 23:55
Асфалтирано е од раскрсницата со бул.Јане Сандански до раскрсницата со ул.Владимир Комаров, комплет, коловозот и тротоарите.


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-May-2022 at 17:31
Originally posted by Leo

Асфалтирано е од раскрсницата со бул.Јане Сандански до раскрсницата со ул.Владимир Комаров, комплет, коловозот и тротоарите.


од фб



https://www.facebook.com/groups/145337166272043

-------------
Carpe diem


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-May-2022 at 16:49


-------------
За сè има вторпат


Posted By: kiriOK
Date Posted: 25-May-2022 at 23:37
На вече постоечккото осветлување, кое нормално си работи е поставено ново
-Има некоја институција која врши надзор за ваков тип криминали за провизии/тендери итн?






Posted By: stef4o
Date Posted: 29-May-2022 at 12:06
Неколку денешни







-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-May-2022 at 10:42
Пак по старо: Нова улица, нови езерца во Аеродром



Секој малку посилен дожд во Скопје прави проблеми со поплавени сообраќајници. Всушност проблемите најчесто се кај слабите градители на улиците, ама ете така си велиме ние скопјани – дождот не поплави.

Чаре? Треба да се порават критичните места и барем новите улици да се прават како што треба за да нема поплави.

Арно ама вчерашниот обилен дожд што го зафати градот ги откри и сите маани коишто ги има на новите улици. Таков е примерот со улицата „Васил Карангелески“ во скопски Аеродром чијашто реконструкција е во тек. Дождот за кусо време ја поплави улицата и се направија езерца од двете страни. Водата се насобра на делот од улицата којшто е веќе (пред 2-3 недели) реконструиран и на кој е поставен финален слој на асфалт.

Значи, не треба да се бара мааната кај дождот, тој овој пат дури и помогна градителите, а и градоначалникот да видат дека нешто не е во ред и тоа да се поправи додека се уште се работи на улицата.

Ќе видат ли?

https://skopskoeho.mk/pak-po-staro-nova-ulica-novi-ezerca-vo-aerodrom/? - https://skopskoeho.mk/pak-po-staro-nova-ulica-novi-ezerca-vo-aerodrom/?

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-May-2022 at 10:50
Колку несериозен пристап на работење,ем трае со години ем на крајот пак не чини.

Вака се случува со скоро сите новоасфалитрани улици и булевари,никако да погодат соодветна нивелација и шахти.

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window