Print Page | Close Window

Образование

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3944
Printed Date: 05-Oct-2022 at 00:53


Topic: Образование
Posted By: stef4o
Subject: Образование
Date Posted: 15-Aug-2021 at 09:32
51 ОТСТО ОД МАЛОЛЕТНИТЕ ВО БИТОЛСКИ ГОРЕН БАИР НЕ ОДАТ ВО ШКОЛО, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕТО НА „ГЕОСФЕРА“

Надлежните институции, особено Министерство за образование и наука (МОН), пред почетокот на новата учебна година да најдат механизми за вклучување на малолетните деца од битолската населба Горен Баир кои не се вклучени во образовниот процес, побара регионалното здружение „Геосфера“ од Битола. Тие направија истражување меѓу населeнието кое во најголем дел е ромско, опфаќајќи 219 граѓани или 52 домаќинства. Добиените податоци покажаа дека 51 процент од малолетните лица во населбата не посетуваат настава.

„Демографската и комуналната анализа на најсиромашниот дел на населбата Баир во Битола, покажа дека ромското население живее во очајна состојба: без или ограничен пристап до вода, комунални услуги, невработеност, па дури и без основно образование, кое патем е задолжително“, велат од „Геосфера“.

Демографската и комунална анализа на населбата Горен Баир покажа дека 65 проценти од анкетираните се без образование, 33 отсто само со основно и 2 проценти со средно. Како главен проблем со кој се соочуваат, 76 проценти од испитаниците одговориле дека е неповрзаноста на градскиот водовод, а 45 проценти немањето асфалт. Повеќе од половината кажале дека цврстиот отпад го одлагаат на депонија, некои и на улица, а само 26 проценти дека го збира ЈП„Комуналец“.

Истражувањето е направено во рамките на проектот „И на Баирот се може“.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/51-otsto-od-maloletnite-vo-bitolski-goren-bair-ne-odat-vo-shkolo-pokazha-istrazhuvaneto-na-geosfera/



Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Aug-2021 at 09:41
Не се знае во каква форма ќе се одржи наставата во новата учебна година

Иако нема одлука од Министерството за образование за тоа кое од трите најавени сценарија ќе се примени на почетокот на новата учебна година, училиштата веќе ги подготвуваат трите сценарија одобрени од Владата. Станува збор за три методи; целосно отворени училишта, од прво до четврто одделение со присуство, а другите онлајн, како и последното сценарио една недела настава, една недела онлајн. Алсат го посети основното училиште „Бајрам Шабани“ во селото Кондово во општина Сарај, каде што објектот беше дезинфициран и исчистен.

Конечната одлука сигурно ќе биде близу до учебната година, но ние како училиште имаме обврска да се подготвиме од двете страни, и за физичко образование и за онлајн настава. Во однос на наставата со физичко присуство, направивме тотална дезинфекција на училиштето. Како што се бара, нашето училиште користи три влеза, во секој од нив има одговорно лице кој ќе ја измери температурата и ги дезинфицира рацете“, рече Менсур Јакупи, директор на ОУ „Бајрам Шабани“, Кондово.

Директорот Менсур Јакупи исто така рече дека наставниците веќе завршуваат со регистрација на предметите на платформата „Тимс“, во случај наставата да започне онлајн.

„Секој наставник ако сака да биде поблиску до работата, кога ќе започне учебната година, да нема пречки, може да направи подготовки отсега, може да ги стави предметите за секој ученик на платформата. Сепак, ова целосно ќе зависи од Комисијата, иако се стваат предметите, не значи дека наставата ќе биде онлајн додека не дојде конечна одлука од Министерството за образование. Ова се само предподготовки на наставникот“, изјави Менсур Јакупи, директор на ОУ „Бајрам Шабани“, Кондово.

Пред неколку дена, Министерството за образование објави дека новата учебна година 2021 – 2022 ќе започне на 1 септември, но без да прецизира кое од трите најавени сценарија ќе биде применливо. Од оваа институција исто така рекоа дека досега се вакцинирани околу 60 проценти од образовниот кадар.

%20 - https://alsat.mk/mk/ne-se-znae-vo-kakva-forma-ke-se-odrzhi-nastavata-vo-novata-uchebna-godina/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-Aug-2021 at 10:15
Originally posted by stef4o

51 ОТСТО ОД МАЛОЛЕТНИТЕ ВО БИТОЛСКИ ГОРЕН БАИР НЕ ОДАТ ВО ШКОЛО, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕТО НА „ГЕОСФЕРА“

Надлежните институции, особено Министерство за образование и наука (МОН), пред почетокот на новата учебна година да најдат механизми за вклучување на малолетните деца од битолската населба Горен Баир кои не се вклучени во образовниот процес, побара регионалното здружение „Геосфера“ од Битола. Тие направија истражување меѓу населeнието кое во најголем дел е ромско, опфаќајќи 219 граѓани или 52 домаќинства. Добиените податоци покажаа дека 51 процент од малолетните лица во населбата не посетуваат настава.

„Демографската и комуналната анализа на најсиромашниот дел на населбата Баир во Битола, покажа дека ромското население живее во очајна состојба: без или ограничен пристап до вода, комунални услуги, невработеност, па дури и без основно образование, кое патем е задолжително“, велат од „Геосфера“.

Демографската и комунална анализа на населбата Горен Баир покажа дека 65 проценти од анкетираните се без образование, 33 отсто само со основно и 2 проценти со средно. Како главен проблем со кој се соочуваат, 76 проценти од испитаниците одговориле дека е неповрзаноста на градскиот водовод, а 45 проценти немањето асфалт. Повеќе од половината кажале дека цврстиот отпад го одлагаат на депонија, некои и на улица, а само 26 проценти дека го збира ЈП„Комуналец“.

Истражувањето е направено во рамките на проектот „И на Баирот се може“.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/51-otsto-od-maloletnite-vo-bitolski-goren-bair-ne-odat-vo-shkolo-pokazha-istrazhuvaneto-na-geosfera/


Можеби не е најдобро решение, но социјални згради каде што ќе имаат водовод, канализација и по некое паркче може да е единственото решение. Сите тие дивоградби изградени од картони и ламарини кои се дават во своите фекалии, каде се кради струја на големо (и настануваат пожари), и се топат кабли... Не се одржливи долгорочно. Ако може 500.000 евра за прослава на рамковен и милиони за рамковни вработувања, не ми смета едно 5-10.000.000 евра за станбени комплекси за Ромите.

Да, можеби звучи како да заговарам гето од типот на Луник 9 во Кошице, но моменталната состојба не е ништо подобра од некоја фавела во Јужна Африка или Бразил. со малку труд може да им се подобри животот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: user8642
Date Posted: 15-Aug-2021 at 10:52
Можеби недемократски, ама мора под некој патронат да биде ставено тоа население. И тоа не мислам на конц. логор, него едноставно со полиција да се контролира кој иде или не иде во школо, и родителите да бидат вработени под некакви субвенции за придонеси и под финансиски патронат да им се обезбеди дисциплина, третина да му иде у заштеда која ќе може да ја користи после Х години, третина да зима на сметка, третина да му се наплаќаат школарини и сметки по автоматски траен налог. Едноставно мора да се вклучат во некаква програма за нормализација на животот, ова вака неможе вечно да биде.


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Aug-2021 at 16:12
За две недели почнува учебната година – Неделков: Никој не може да ги натера наставниците да се вакцинираат

Остануваат уште две недели до почетокот на новата учебна година 2021/2022, но се уште нема одлука како ќе се одвива наставата во основните и средните училишта. Министерката за образование, Мила Царовска утре ќе се сретне со СОНК за да разговараат за ова прашање.

Претседателот на овој синдикат, Јоаким Неделков, вели дека ќе ја поддржат секоја одлука донесена од Министерството со која се штити здравјето на наставниците и учениците.

Од вкупно 31.447 вработени во образованието, околу 60% се вакцинирани, но дали другите наставници ќе бидат принудени да се вакцинираат доколку се одлучи да има настава со физичко присуство, имајќи предвид дека рестриктивните мерки за невакцинираните ќе стапат утре на сила.

Неделков вели дека никој не може да ги натера наставниците да се вакцинираат.

ТВ21 контактираше со заменик -министерот за образование, кој потврди дека се уште не е донесена одлука за новата учебна година.

Тоа што МОН постојано го повторува по ова прашање, се трите можни сценарија за започнување на настава – Целосно отворени училиштата за сите ученици, вториот модел е од прво до четврто одделение со физичко присуство и другите онлајн, додека последното сценарио една недела настава во училиште, една недела онлајн.

%20 - https://mk.tv21.tv/za-dve-nedeli-pochnuva-uchebnata-godina-nedelkov-nikoj-ne-mozhe-da-gi-natera-nastavnitsite-da-se-vaktsiniraat/


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Aug-2021 at 15:01
УЧЕБНАТА ГОДИНА ЌЕ ПОЧНЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО СО ОДРЕДЕНИ ИСКЛУЧОЦИ, НАЈАВИ ВЛАДАТА

Владиниот кризен штаб одлучи наставата во основните и во средните училишта да почне и да се одвива со физичко присуство на учениците, како пред пандемијата од ковид-19.

„На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб на Владата, кој го водеше премиерот Зоран Заев, беше оценето дека се создадени услови, почетокот на новата школска година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во Одлука која ќе биде донесена на наредната владина седница“, соопшти Владата.

Во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, според членовите на Штабот, е големиот број на вакцинирани наставници и училиштен кадар. Моментално 60 проценти од нив се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до 80% вакцинирани од вкупниот број вработени во училиштата.

„Во оваа насока, се и протоколите, изработени од епидемилози, кои веќе се донесени за настава со физичко присуство, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата. На состанокот беше заклучено дека и кај вработените во градинките и останатиот персонал продолжува вакцинацијата, а моменталниот процент е 60 проценти“, се додава во соопштението.

%20 - https://sdk.mk/index.php/naslovna/uchebnata-godina-ke-pochne-so-fizichko-prisustvo-so-odredeni-iskluchotsi-najavi-vladata/


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Aug-2021 at 16:24
Новите податоци на „Евростат“ покажуваат голема доминација на жените на факултетите низ Европа.





Според истражувањето спроведено од „Евростат“, во 2020 година, 41 отсто од населението на Европската Унија на возраст од 25 до 34 години завршиле високо образование.

Постои јасна родова разлика меѓу оние со високо образование: поголем процент на жени (46 отсто) на возраст од 25 до 34 години завршиле високо образование отколку мажи (35 отсто). Иако процентот на мажи со високо образование се зголеми во последните десет години, стапката на раст е побавна од онаа на жените. Како резултат на овој тренд, родовиот јаз се зголеми од 9,4 отсто во 2011 година на 10,8 отсто.

Земји-членки на ЕУ си поставија цел да го зголемат учеството на нивното население, на возраст од 24 до 34 години кои имаат завршено високо образование на 45 отсто до 2030 година.

11 земји-членки веќе ја исполнија оваа цел: Белгија, Данска, Ирска, Шпанија, Франција, Кипар, Литванија, Луксембург, Холандија, Словенија и Шведска. Во пет од нив повеќе од половина од населението на возраст од 25 до 34 години имало високо ниво на образование во 2020 година: Луксембург (61 отсто), Ирска и Кипар (58 отсто), Литванија (56 отсто) и Холандија (52 отсто).

Спротивно на тоа, најниски удели се забележани во Романија (25 отсто), Италија (29 отсто), Унгарија (31 отсто), Бугарија и Чешка (33 отсто). Македонија има 37,7 отсто, и се наоѓа на 25. место од вкупно 35 земји и има највисоко место од земјите на Балканот заедно со Црна Гора, која се најде на 22. место со 40,2 отсто. Хрватска се наоѓа на 26. место од 35 држави со 36,6 отсто луѓе кои во 2020 година завршиле факултет, Србија се најде на 31. место со 32,6 отсто,

Помладите луѓе постигнуваат повисоко ниво на образование од постарите
Гледајќи ги разликите помеѓу возрасните групи во постигнувањето образовни достигнувања, постои јасна возрасна поделба: 36 отсто од населението во ЕУ на возраст од 25 до 54 години имале високо образование во споредба со 22 отсто од оние на возраст од 55 до 74 години.

Најголеми разлики меѓу возрасните групи се забележани во Ирска (25 отсто), Луксембург, Кипар (24 отсто), Полска (22 отсто) и Малта (21 отсто). На другиот крај на скалата се четири земји со разлика под 10 отсто: Бугарија и Унгарија со 9 отсто, Германија и Естонија со 6 отсто разлика.

%20 - https://www.fakulteti.mk/news/09072021/41-otsto-od-mladite-lugje-vo-evropa-imaat-diploma-kolkav-e-procentot-vo-makedonija


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Aug-2021 at 15:18
Средните училишта во Полошкиот регион ќе почнат со онлајн настава

Средните училишта во Полошкиот регион, во Тетово и во Гостивар од 1 септември, наставата ќе ја започнат онлајн, а тоа е препорака за првите две недели, додека понатаму, согласно епидемиолошката состојба ќе следуваат соодветни мерки.

Ова го соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче од Тетово, на прес-конференција со градоначалничката Теута Арифи.

– Ваквата одлука се должи на состојбата во болниците кои се преоптоварени со ковид-пациенти – вели Филипче.

Утрвово, Главниот кризен штаб заклучил дека бројката на ученици во средните училишта во Тетово и Гостивар може да биде дополнителен ризик фактор.

Одлуката не се однесува на основните училишта.

Филипче нагласува дека ланската година немало трансмисија меѓу учениците кои со физичко присуство посетуваа настава во училница, односно 40 отсто од вкупниот број ученици, но дека мора да се внимателни.

– Ваквата одлука во Комисијата ја донесовме поради ситуацијата со болниците, и не сакаме да се случи дополнителен притисок. Добро е што постепено се намалуваат бројките на новозаразени, и добро е што се отвораат дополнителни пунктови за вакцинација. До неодамна процентот на вакцинираност во Тетово беше 23 отсто, а сега е 35 отсто – рече Филипче.

– Ние како Локален кризен штаб се обративме до Министерството за здравство и до Комисијата за заштита од заразни болести и имавме неколку барања, меѓу кои и барањето за почеток на учебната година онлајн во следните три недели за да можеме да го поминеме овој тежок период што го имаме – вели Арифи.

Одлуката треба да ја донесе Владата.

За предлогот на Општина Тетово да се бараат задолжителни негативни тестови од невакцинираните просветни работници, Филипче рече дека тоа се предлози за кои ќе се разговара на Главниот координативен кризен штаб на Владата, а Владата на седницата носи одлука.

-Точно е дека во повеќе европски земји луѓето носат мерки со цел да се зголеми опфатот со вакцинација и ние ги гледаме тие пораки и тие предлози. Сега се вакцинирани близу 70 проценти од вработените во училиштата. И верувам дека тоа и почитувањето на мерките, ова важи за територијата на целата држава за сите училишта, дека навистина ќе придонесе да имаме една од епидемиолошки аспект мирна учебна година. Еве сега, дополнителен придонес е вакцинацијата не само таму туку и на општото население, така што за сите предлози ќе се дискутира и на Штабот и на Владата – рече Филипче.

За наставата на универзитетите во полошкиот регион министерот рече дека ќе се разговара со нив со оглед на посебните карактеристики кои ги имаат овие образовни установи

https://nezavisen.mk/srednite-uchilishta-vo-poloshkiot-region-kje-pochnat-so-onlajn-nastava/ - https://nezavisen.mk/srednite-uchilishta-vo-poloshkiot-region-kje-pochnat-so-onlajn-nastava/


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Aug-2021 at 16:40
ВО МАКЕДОНИЈА 52 НЕДЕЛИ НЕ СЕ ОДЕШЕ ВО ШКОЛО, А ВО ЕВРОПА 24, ДА НЕ ЗАОСТАНУВАМЕ, АПЕЛИРАШЕ ДИ ЏОВАНИ ОД УНИЦЕФ

Онлајн учењето се покажа како добра алатка за наставниците, но никогаш не беше предвидено да стане единствената методологија за настава, рече денеска Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава. Таа додаде дека Македонија лани имаше недостиг од 52 недели на учење со физичко присуство, а во Европа таа бројка беше 24 недели.

„Сакам да ги поттикнам сите, да не заостануваме, да им го обезбедиме образованието на кое децата имаат право“, рече Ди Џовани, која го посети Основното училиште „Лирија“ во скопската општина Чаир со министерката за образование и наука Мила Царовска и првиот вицепремиер Артан Груби.

Учебната година почнува на 1 септември со физичко присуство. Ослободени од физичка настава може да бидат ученици со ретки болести или попречености, деца од семејства со хронични болести, по барање од родителите, како и од други немедицински причини, а дозвола ќе даде училиштето.

„Им признаваме на наставниците дека завршија одлична работа со онлајн наставата, многу научивме и нема да се преправаме дека имаме уште за учење. Се радувам дека ја научивме лекцијата од лани и дека утре ќе се отворат училиштата“, рече Ди Џовани.

На светско ниво, според УНИЦЕФ, од почетокот на пандемијата 900 милиони деца не одеа на училиште.

Ди Џовани говореше и за загриженоста на родителите како ќе издржат децата со маски за време на часовите и кажа дека нивно истражување покажало оти 88 проценти од наставниците рекле дека учениците немале проблем со следење на наставата, почитувајќи ги заштитните мерки.

„Тешко е да, тешко е и за нас возрасните, но исто така е важно за нас да бидеме примери за децата и младите. Не само за следење и почитување на мерките, туку дека ја одржуваме безбедна заедницата. Кога е безбедна заедницата, безбедни се и школите“, рече претставничката на УНИЦЕФ.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска повторно апелираше дека е многу важно за децата и учениците да се вратат во учичиште, бидејќи повторно одлагање на учебната година или учење онлајн е на нивна штета.

За граѓаните кои од разбирливи причини бараат онлајн настава, министерот Филипче им порача дека доколку се влошува состојбата или вирусот почне да се шири во училиштата, подготвени се алтернативни решенија.

„Во тој случај, здравјето на децата нема да биде доведено во прашање. Со оглед на тоа што искуството од минатата година покажа дека трансмисијата на вирусот во училиштата беше прилично ниска, нема такви очекувања“, рече Филипче.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/vo-makedonija-52-nedeli-ne-se-odeshe-vo-shkolo-a-vo-evropa-24-da-ne-zaostanuvame-apelirashe-di-dhovani-od-unitsef/ - https://sdk.mk/index.php/makedonija/vo-makedonija-52-nedeli-ne-se-odeshe-vo-shkolo-a-vo-evropa-24-da-ne-zaostanuvame-apelirashe-di-dhovani-od-unitsef/


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Sep-2021 at 15:55
Се подготвуваат неколку различни матури за средношколците, ќе се полага и академски тест на знаење

Нова предлог-концепција за државна матура сработила работната група изминатиов период, која сега е на потпис кај министерката за образование и наука Мила Царовска. Клучната промена е во тоа што од идната учебна година, учениците во завршна година ќе имаат различни матури, односно матурата во гимназија нема да иста со онаа во средното стручно образование.

– Кај министерката веќе е пратена новата предлог-концепција за матура. Во меѓувреме работната група сработи и даде предлог како да изгледа испитот на зрелоста. Различно ќе биде заокружувањето на средното образование, односно ќе има различни матури. Начинот на кој сега се полага е идентичен за сите ученици, а сепак, фондот на часови во гимназиско и стручно образование не е ист. На пример, во гимназија учениците учат четири наставни часа македонски јазик, а во стручно – три. Ова е причина да во пракса има случаи кога ученици од гимназија, доаѓаат до место на Факултет за медицински науки, а не и оние кои учеле во средно медицинско. Во гимназиското образование полагањето матура ќе остане речиси исто, а во стручното образование повеќе акцентот ќе биде ставен на практичните и стручни вештини што ги има ученикот – појаснува Елизабета Наумовска, директорката на Државниот испитен центар.

Таа информира и дека ако учениците од средното стручно образование сакаат да продолжат на студии, ќе мора да полагаат дополнителен академски тест на знаење, кој ќе содржи прашања од општа култура, а целта е да се види математичката и јазичната писменост.

– Посебна работна група ќе треба да утврди какви точно ќе бидат прашањата. Оваа учебна година, матура ќе се полага како и досега. Планот е новиот концепт да се воведе од следната учебна година, односно од 2023, а гимназииите од 2025 – вели директорката.

https://meta.mk/se-podgotvuvaat-nekolku-razlichni-maturi-za-srednoshkolcite-kje-se-polaga-i-akademski-test-na-znaenje/


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Sep-2021 at 16:50
Училиштата стануваат трансмитери на ковид-19, институциите не ги кажуваат податоците

Колкав е бројот на болните ученици и наставници од ковид-19 и колкав е бројот на учениците и наставниците што се во изолација? Надлежните институции, Министерството за образование, Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство не даваат конкретни податоци. МОН нашата редакција им ја упати на „надлежните институции“, Институтот и МЗ пак упатуваат на МОН. Кругот е така затворен. Но секој ученик, родител, наставник може да ви даде бројки за кои лично знае. Се зголемува бројот на училиштата што бараат дозвола од МОН да преминат на онлајн-настава. Одговори не добиваат.

Директори на неколку училишта бараат од Министерството за образование дозвола наставата да ја продолжат онлајн, затоа што не е мал бројот на учениците што не доаѓаат на настава поради температура и кашлица, а дел од нив се и потврдени на ковид-19. Нивните барања се игнорираат, велат директорите.

Координаторите на училиштата задолжени да го известуваат општинскиот епидемиолог за секој нов случај на ковид-19 речиси секојдневно испраќаат извештаи и потоа ги очекуваат насоките според епидемиолошките анкети, колкумина од децата треба да одат во изолација и наставата да продолжат да ја следат онлајн. Податоците веќе се затрупуваат еден врз друг. Вработените што се определени на влез во училиштата да им мерат температура на децата, како што дознаваме од неколку скопски средни училишта, секојдневно враќаат дома по неколку ученици. На наставничките совети тема број еден за дискусија не е наставниот материјал, туку ковид-19.

Во некои училишта директорите не им дозволуваат на наставниците часовите да ги одржуваат на отворено во училишниот двор, иако на почетокот дел од наставата без проблем се одвиваше надвор. Наставници негодуваат, директорите само ги подигаат рамениците. Аргументите дека надвор е убаво времето, а ризично во училниците со повеќе од 30 ученици, како да не се издржани.

За состојбите со болните ученици, наставници и вработени во училиштата, на само две недели од почетокот на учебната година, никој не сака да дава официјални информации. Се чини дека бројот на болните, позитивните и учениците и наставниците во изолација се кријат, затоа што веќе е јасно дека има трансмисија на вирусот во образовните институции. Ако во првите неколку дена од почетокот на учебната година бројот на заразените беше низок и се сметаше дека станува збор за внес на вирусот од надвор, и за мал број случаи, сега, според сознанијата на МКД.мк, речиси и нема училиште каде што нема и ученици и наставници отсутни од наставата.

Двоцифрени бројки на позитивни на ковид-19 има во средните скопски училишта „Георги Димитров“, каде што и цел еден клас по епидемиолошките анкети премина на онлајн-настава, потоа во „Орце Николов“, „Никола Карев“, болни деца има во „Корчагин“, во Медицинското училиште, во основните училишта болни деца има во „Корчагин“, во Медицинското училиште, во основните училишта „Гоце Делчев“, „Киро Глигоров“, „Песталоци“, „Братство“ и речиси сите други... Во Куманово има најмалку 30 болни деца, отсуствуваат од наставата ученици во повеќе училишта во Велес, Штип, во основни училишта во Тетово, ако се следат локални медиуми, речиси и нема поголема општина каде што нема деца и наставници позитивни на вирусот. „Орце Николов“ и „Корчагин“ упатиле и барање да се премине на онлајн настава.

Ученици што се ковид-позитивни или се во изолација поради контакт со заразен ученик наставата што се одвива со физичко присуство ја следат онлајн од дома. Но, се жалат дека таквата настава е тешко изводлива, не го слушаат ниту го гледаат цело време наставникот, бидејќи наставниците и не можат да бидат цело време пред компјутер, зашто „во живо“ предаваат и испрашуваат.

Расте бројот на барања од родителите до наставничките совети нивното дете да учи онлајн. Велат, загрижени се за децата, загрижени за сопственото здравје и здравјето на нивните најблиски. Родителите нагласуваат дека протоколите, носење маска цело време, одржување растојание и дезинфекција, е тешко да се спроведат стопроцентно и во армијата, каде што дисциплината се подразбира самата по себе, а не пак меѓу деца. Учениците маските ги отстрануваат за време на одморите, а по школските часови безгрижно другаруваат.

Пред точно седум дена на прашање на МКД.мк за бројот на децата болни од ковид-19 и дали ќе се премине на друг модел на настава, од МОН само кусо одговорија дека бројот на учениците позитивни на вирусот изнесува 0,01 процент. Пресметавме. Според вкупниот број на учениците во земјава, кој изнесува близу 300 илјади, станувало збор за 30 ученици во цела Македонија! Се чини, беше тоа процент од ракав. Ден подоцна, МОН го зголеми процентот на 0,02 отсто!

Тоа што е особено важно да се потенцира е дека училиштата не се трансмитери на заразата и дека во секој случај кога има појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно со протоколите и алгоритмите“, одговорија пред една недела од МОН за МКД.мк.

Во одговорот беше додадено: „Деталните податоци ги поседуваат надлежните служби кои констатираат присуство на вирус кај суспектни лица и издаваат решенија за изолација.“

Го повторивме прашањето до МОН и вчера. Овојпат не добивме никаков одговор.

МКД.мк вчера упати прашање со истата содржина до Институтот за јавно здравје, како надлежна институција. Од Службата за односи со јавност на Институтот добивме брз одговор:

„Институтот за јавно здравје не располага со вкупниот број на отсутни ученици и наставници што се регистрирани како ковид-19 случаи, за повеќе податоци обратете се до Министерството за образование“.

Претходно и од Министерството за здравство нѐ упатија на МОН.

Кругот така е затворен. Се чини, никој не е надлежен или не сака да биде надлежен, или пак, не сака да признае дека училиштата станаа високоризичен затворен простор за ширење на вирусот. Такви предупредувања од лекарската фела имаше.

https://www.mkd.mk/makedonija/obrazovanie-i-zdravstvo/uchilishtata-stanaa-transmiteri-na-kovid-19-instituciite-ne-gi - https://www.mkd.mk/makedonija/obrazovanie-i-zdravstvo/uchilishtata-stanaa-transmiteri-na-kovid-19-instituciite-ne-gi


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Sep-2021 at 11:57
Бавно вчитување на дигиталното образование

„Наставничке, кај мене ова не работи“. Обидот во паралелката од четврто одделение во едно скопско училиште да се испробаат сите карактеристики на новите дигитални учебници – пристап до видео и аудиосодржини, квизови и други алатки, завршил со различна успешност за секое дете.

Родителка раскажува дека учениците носеле електронски уреди од дома, најчесто таблети. Но, бидејќи секое имало уред со различен квалитет, некои понови и посилни, други послаби и постари, не можеле заедно и истовремено да го прегледаат учебникот.

„Децата дојдоа дома збунети и разочарани. Се случувало тие со посилен уред да отидат веќе на третиот чекор, додека кај тие со послаб да не успева ниту првиот“, вели една родителка, реагирајќи дека државата дозволила, на најдиректен начин, да доаѓаат до израз социјалните разлики меѓу учениците во одделението.

„Ако веќе се прави дигитална настава, би требало тоа да се направи со стандардизирани уреди што ќе ги обезбеди училиштето, а не со кој што нашол низ дома“, додава таа.

Првите десетина дена од дигитализацијата во образованието, која во експериментална фаза се воведе во прво и во четврто одделение со користење електронски учебници наместо хартиени, донесе доста забуни, дезинформации и технички проблеми, судејќи според реакциите што родителите на четвртоодделенците ги споделуваат на социјалните мрежи, во своите приватни групи или во разговори во живо. Оваа почетна несигурност се обидуваат да ја искористат бизнис-опортунисти, од една страна, и поддржувачи на конзервативни идеологии, од друга.

Кривично печатење

Обидите на некои фотокопирници да заработат нудејќи преку Фејсбук испечатени учебници по 700 денари за црно-бела и 1.400 денари за колор верзија завршиле неуспешно откако меѓу првите муштерии што им се појавиле на вратата биле истражните органи. Дел од нив добиле кривични пријави поради повреда на авторските права.

Следните денови, на ученици што се појавиле во училница со хартиен примерок од учебник направен на домашните печатачи, им било речено дека не смеат да користат такви материјали и дека нивните родители го прекршиле законот со тоа што ги испечатиле. Уплашени родители прашувале кај свои пријатели правници во колкава неволја би можеле да се најдат ако некој ги пријави дека дома нелегално умножувале училишни материјали.

„Ова е за лична употреба, не е за никакво продавање или заработка. Само сакав да му ги направам подостапни училишните материјали на моето дете. Дома имаме еден компјутер, кој не е секогаш достапен за учење. И сега треба да се грижам дали ми се заканува тужба или кривична пријава“, вели родител што ги испечатил наставните материјали.

Паниката во некои случаи достигнала толкави размери што дел од родителите ги фрлиле испечатените учебници „за да ги скријат доказите“.

Таблетите не се задолжителни

Дигиталните учебници може да се најдат на онлајн-платформата е-библиотека. Прво треба да се преземе соодветната јазична верзија, а потоа книгата може да се отвори и да се разгледува. На прв поглед изгледаат како обични учебници со страници што се вртат со движење на маусот или на прстот, кај електронските уреди што работат на допир. Разликата ја прават малите икончиња во горните агли на страниците – звучник за аудиоверзија на текстот, плеј за да се отвори видео како дополнителна содржина, прашалник за додатни прашања и други.

Во мрежите за родителски разговори ова предизвика реакции дека разликата меѓу овие учебници и обичните е премногу мала за образовниот процес да се искомплицира на овој начин и да се подложат нивните деца на експериментална настава.

Но, министерката за образование и наука, Мила Царовска, за БИРН, вели дека се погрешни впечатоците според кои сѐ е речиси исто и само ќе се чита од екран наместо од хартија. Според неа, како што повеќе ќе се користат дигиталните учебници, така и родителите, и наставниците, и учениците повеќе ќе ги согледуваат нивните предности.

На својот телефон таа покажа како децата ќе можат да решаваат квизови, да го проверуваат своето знаење, да гледаат видеосодржини и да слушаат аудиоверзии додека се на настава или дома.

„Знам дека има забуни. Ова е нов концепт за сите нас. Но, не може да биде решение да го напуштиме целиот концепт поради првичните забуни. Ќе ги решаваме со текот на времето“, вели министерката.

Таа додаде дека треба да се разбијат и некои други митови што се шират меѓу родителите, како на пример тој дека секое дете ќе треба да носи електронски уред од дома. Вели дека веројатно поради недоразбирање, некои наставници им упатиле такво барање на родителите. Инаку, како што објаснува, замена за учебникот во училницата треба да бидат електронските табли или другите уреди што се поставени, а уреди може да се носат само ако има дополнителни активности, како работа во групи. Таму каде што се појавиле технички проблеми при користењето на интерактивните табли, тие се решаваат тековно.

Во врска со печатењето на учебниците, Царовска појаснува дека не може да биде кривично дело кога тоа се прави во домашни услови и за лична употреба бидејќи материјалите секако се јавни и се достапни на интернет. Но, таа истакнува дека треба да се обесхрабри таа пракса бидејќи така се губи смислата на дигиталното образование. На хартија, нагласува министерката, не им се достапни интерактивните елементи што ги има во учебниците.

Страв од индоктринација

Додека Министерството се подготвува да ги решава недоразбирањата што се појавија на стартот од дигиталната учебна година, противниците на дигитализацијата неуморно го користат почетниот хаос за посилно да ги наметнат своите идеи. Станува збор за неформални движења, често организирани преку социјалните мрежи. Меѓу нивните аргументи зошто учебниците треба да останат во хартиена форма е и тој дека на тој начин во нив нема да се вметне родово сензитивно образование.

Според коментарите што ги пишуваат на социјалните мрежи, дел од овие граѓани сметаат дека со учебниците во дигитална форма нема да имаат можност да контролираат од што учат нивните деца, па се плашат дека може да им се вметнуваат родово сензитивни содржини што тие не би ги одобриле.

„Не знам како го помислиле тоа. Наставата се одвива според програма и таа не може да се менува со нечиј телефонски повик, без разлика дали учебниците се дигитални или печатени“, вели министерката Царовска.

На интернет се споделуваат и извадоци од наставни програми, во кои пишува дека наставникот треба еднакво да ги третира момчињата и девојчињата и да не им доделува родово стереотипни улоги. Тоа се презентира како „доказ за индоктринацијата што се подготвува“. Царовска објаснува дека тие препораки се однесуваат на тоа дека кога има наставни активности во кои децата се активни и играат некоја улога, треба да се води сметка девојчињата да не добиваат само традиционално женски улоги, како на пример работа во кујната, додека машките се на работа.

По експерименталната учебна година, наставата со дигитални учебници во следните години се планира да се прошири на повеќе генерации ученици.

https://prizma.mk/bavno-vchituvane-na-digitalnoto-obrazovanie/ - https://prizma.mk/bavno-vchituvane-na-digitalnoto-obrazovanie/


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Nov-2021 at 18:32


https://www.instagram.com/kariera.mk/ - https://www.instagram.com/kariera.mk/


Posted By: user8642
Date Posted: 15-Nov-2021 at 18:37
Затоа што за еден мочан HTML+CSS ќе земаат минимум 800 еур плата, нешто што ни после 30 години даскалска кариера со географија/биологија не е достижно. И добро е што е така. Мора да дозволиме во школсковото секој професор да зима различна плата, калибрирана на нивните струки. И само така ќе го ослободиме природниот пазар на труд да дојде до израз и да ги нивелира нееднаквостите и да го задржи минимум интересот према некои струки, со тоа што голем дел од кадарот ќе се одвлече према поплатени струки.


Posted By: alexsend
Date Posted: 15-Nov-2021 at 18:37
Најверојатно затоа што никој од наставниците во основно и професорите во средно не ги мотивирал. Секогаш е полесно кец да се стави.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Nov-2021 at 15:03
РАБОТНИЦИ ИМА, АМА НЕМААТ ВЕШТИНИ Образовниот систем не нуди кадар потребен за бизнисите

На пазарот на труд има недостиг на квалификувана работна сила, драстично поголема понуда од побарувачката за одредени занимања и дефицит на работна сила со средни вештини, покажува истражувањето на Меѓународната организација на трудот и „Finance Think“ спроведено во девет општини во земјава и тоа во Битола, Кичево, Куманово, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово и Штип.

Разликите меѓу општините се евидентни. Така, за едно понудено работно место има дури до 47 невработени лица како што се случајот во Тетово, а во Куманово речиси 12 невработени лица. Во останатите општини кои се предмет на истражувањето, тој број е значително помал.

„Од аспект на занимање, суфицитарните јазови на поголема понуда од побарувачка за работна сила се појавуваат кај занимањата со високи вештини, особено изразени кај правните и општествените струки, и во областа на образование и култура. Но, исто така, и кај лицата без занимање со основно образование и оние со гимназиско средно образование. Додека, кај занимањата со средни и ниски вештини доминираат дефицитарни јазови, со недостиг од работници со средно образование, за различни занимања. Иако, во споредба со високите вештини, кај средните и ниските вештини, јазови од според образование се позастапени. Тоа упатува дека занимањата се соодветни, но потребна е докфалификација“, наведуваат од „Finance Think“.

Истражувањето покажува дека и обуките понудени од образовниот систем не соодвествуваат со потребите на компаниите. Како што се оценува во истражувањето, иницијативите за поврзување на стручните училишта и бизнис секторот и интензивирањето на инвестициите во средните стручни училишта се во насока за ублажување на овој проблем, но, на среден рок, потребно е преосмислување на програмите и на вештините што ги нуди стекнатата диплома во согласност со потребите на пазарот на труд.

Се препорачуваат и мерки што ќе ја подобрат квалификацијата, преку доквалификација и преквалификација на невработените лица без занимање и гимназиско образование.

Дијагностиките на локалните пазари на трудот се изработени за потребите на локалните економско-социјални совети, со цел да понудат подобри и поинформирани препораки при дефинирањето на политиките и плановите за образовните приоритети и за пазарот на трудот на локално ниво.

https://plusinfo.mk/rabotnici-ima-ama-nemaat-veshtini-obrazovniot-sistem-ne-nudi-kadar-potreben-za-biznisite/ - https://plusinfo.mk/rabotnici-ima-ama-nemaat-veshtini-obrazovniot-sistem-ne-nudi-kadar-potreben-za-biznisite/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Dec-2021 at 08:14
Факултетите без асистенти

На факултетите речиси и да не се реализираат вежбовни активности, зашто има недостиг на асистенти и доценти, вели проректорот за студентски работи на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Марјан Ѓуровски. Тој се жали дека државата издвојува малку пари за високото образование.

Вложувањата на државата во високото образование и научноистражувачката работа се недоволни, вели проректорот за студентски работи на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Марјан Ѓуровски. Тој упати критика дека високото образование е маргинализирано, а припадниците на академската заедница се чувствуваат како сирачиња, наспроти основното и средното кои се високо на приоритетната листа на државата.

„Да ја искажам својата загриженост за влијанието, начинот и местоположбата која ја има македонското образование и особено научноистражувачката работа во однос на тоа што државата дава за македонската наука. Некаде под 0,3 проценти од бруто-домашниот производ се вложуваат во научните истражувања на државните високообразовни институции генерално во нашата држава, наспроти развиените држави каде што тоа е од 2 до 4 проценти. Со вакво ниво на вложување во научноистражувачката работа и партиципацијата на државата во високото образование не можеме да направиме значителен чекор напред. Сметам дека отворено треба да продискутираме каква наука и концепт на високо образование ѝ се потребни на нашата држава“, рече Ѓуровски.

Недостигот на пари се одразува со дефицит на соработнички кадар, а поради тоа вежби на факултетите се практикуваат сè поретко.

„Во услови кога е сериозен недостигот на асистенти и доценти речиси на сите државни универзитети, вклучително и на Битолскиот, на нашите факултети речиси не се реализираат вежби во наставниот процес зашто немаме ни помлади асистенти, асистенти докторанди, а оттука и немаме ни развој во доценти. Сериозниот недостиг на соработнички кадар се одразува врз праксата и вежбовните активности на нашите студенти“, додаде проректорот.

Парите што ги добиваат од студентите факултетите мора да ги вложуваат во научноистражувачка работа или, пак, да ги обезбедат преку проекти од ЕУ и од НАТО.

„Сѐ повеќе се наметнува парадигмата во која високото образование се става во контекст на нешто што би претставувало приватно добро, приватен интерес и на крај приватна одговорност, а не јавно добро. Идната опасност не доаѓа од новиот тип на универзитет, туку од губењето на потребата за каков било универзитет во кој хармонично живеат образованието и научноистражувачката работа“, рече Ѓуровски.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/31601457.html - https://www.slobodnaevropa.mk/a/31601457.html


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Dec-2021 at 12:01
Асистенти, студентски прашања, пријавување за испити, земање на оценка... Поглуп систем не постои на цела планета. Многу ми е драго што не студирав во државава, и жал ми е за оние кои морале да тргаат вакви маки. Треба да се реформира цел систем.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: user8642
Date Posted: 10-Dec-2021 at 18:15
Пазарот на труд пополека ги наметнува платните "стандарди" и тука, и она што универзитети го нудат е доволно за просечен академски, но ни е врвен, кадар кој си оди во реалната економија. И тоа е сосема нормално.

Сега како и за све друго во оваа глупа држава, нема да ме чуди да пробаат на сила да го решат прашањето и нешто законски да ограничат, да забранат, некакви комуниситчки мерки за борба против суровиот капитализам.


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Jan-2022 at 18:02
ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ДА ПОЧНЕ НА 1 ФЕВРУАРИ, ПРЕДЛАГА КРИЗНИОТ ШТАБ

Комисијата за заразни болести предлага второто полугодие од учебната година да почне на 1 февруари наместо на 20 јануари, поради состојбата со ковид-19. Ова е предложено на денешната седница владиниот Кризниот штаб, која ја водеше премиерот Димитар Ковачевски, а на која присуствуваше и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска.

Владата вечерва ќе ја одржи и втората седница на која треба да се донесе одлука дали ќе се прифати препораката на Комисијата за заразни болести за почетокот на второто полугодие.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски на седницата ја презентирал актуелната епидемиолошка состојба со ковид-19 во земјава.

„Главниот кризен координативен штаб врз основа на дискусијата донесе заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик, поради кој препорачува да се одложи учебната година до 01 февруари 2022, со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот. Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба“, се вели во соопштението од Владата.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/vtoroto-polugodie-da-pochne-na-1-fevruari-predlaga-krizniot-shtab/ - https://sdk.mk/index.php/makedonija/vtoroto-polugodie-da-pochne-na-1-fevruari-predlaga-krizniot-shtab/


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Feb-2022 at 14:43
УКИМ најдобро рангиран во земјава, но генерално тонеме на светската листа на универзитети

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) останува најдобро рангирана високообразовна установа во земјава на светската листа на универзитети на Webometrics Ranking of World Universities (Вебометрикс). УКИМ во јануарското рангирање на универзитетите се наоѓа на 1.594-то место, односно за 100 позиции подолу во споредба со рангирањето од јули 2021 година.

На втората позиција во земјава е Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, којшто е рангиран на 3.711-то место меѓу светските универзитети, наспроти 3.153-тата позиција што ја заземаше на рангирањето пред шест месеци.

Треторангиран на листата е Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, којшто годинава во јануари се наоѓа на 4.547-то место, додека лани во јули ја имал 4.094-тата позиција на светската ранг листа.

Рејтингот на Државниот Универзитет од Тетово е 4.610-та позиција на рангирањето во јануари 2022 година, наспроти 4.475-тото место што го освоил во јули 2021 година.

За уназадувањето да биде комплетно, Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола на светската листа во јануари 2022 година го зазема 6.304-тото место, додека на претходното рангирање на Вебометрикс се наоѓал на 5.439-та позиција.

Меѓу горните позиции на коишто се рангирани вкупно 22 високообразовни установи во земјава, подобрување во рангирањето во јануари 2022 во споредба со јули 2021 година има кај Меѓународниот Балкански Универзитет на 8.877-та позиција и Универзитетот на информатички науки и технологија од Охрид кој се зацвртил на 14.444-тата позиција на светската листа на најдобри универзитети.

Инаку, на последното рангирање меѓу 500-те најдобри универзитети во светот се најде Универзитетот во Белград, како и водечките високообразовни установи од Чешка, Полска, Грција, Словенија и други земји од Југоисточна и Средна Европа. На првата позиција, како најдобар универзитет во светот и во јануари 2022 година е рангиран Универзитетот Харвард од САД.

https://meta.mk/ukim-najdobro-rangiran-vo-zemjava-no-generalno-toneme-na-svetskata-lista-na-univerziteti/ - https://meta.mk/ukim-najdobro-rangiran-vo-zemjava-no-generalno-toneme-na-svetskata-lista-na-univerziteti/


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Feb-2022 at 07:54


ржавниот универзитет УКИМ паднал сто места на светското рангирање на универзитетите. Уште поголем пад имаат дел од приватните универзитети во земјава. Пишувавме за тајниот бизнис-модел за добивање на дипломи без учење на некои од приватните универзитети. Имапше случај кога вработен во УБК „положил пет испити“ пред воопшто да се запише на факултет.

https://prizma.mk/tajniot-biznis-model-so-diplomi-bez-uchene - https://prizma.mk/tajniot-biznis-model-so-diplomi-bez-uchene


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Feb-2022 at 09:58
Средствата наменети за научно истражување се на исклучително ниско ниво или помалку од 0,00033 % од Буџетот на државата, споредено со околу 2 % во европските земји и околу 1 % во земјите од опкружувањето. Над 50 % од нив се наменети за покривање школарини во странство, што нема допирна точка со научноистражувачката работа, вели Јанкуловски

Според последното рангирање на универзитетите на „Вебометрикс“, УКИМ е најдобро рангиран универзитет во земјата. Но, споредено со рангирањата од претходната година, се забележува пад од сто места во последните шест месеци. На што се должи ова, што се смени за овие шест месеци и што сѐ се прави за подобрување на наставната програма, разговараме со проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ. Тој за Факултети.мк вели дека во моментов се работи на создавање на Националната иницијатива за отворена наука, за која се надеваат дека ќе доведе до поефикасно искористување на научноистражувачките, професионалните, материјално-техничките ресурси во државата и дека наскоро на неа ќе ѝ се придружат и другите универзитети од државава. За последните рангирања, како и за начините на нивно подобрување, Јанкуловски вели: Што се однесува до „Вебометрикс“, методолошките промени во процесот на рангирање се доста фреквентни и потребно е постојано да се следат. Во јануари 2021 година УКИМ донесе правила за поголема присутност на наставно-научниот кадар во интернет-просторот. Листата на „Вебометрикс“ во моментов дури 60% од рангирањето го базира на индикатори кои се однесуваат на интернет-сообраќајот и Google Scholar профилите на наставно-научниот кадар. Нашата проактивност искажана преку зголемување на бројот на профили на наставно-научниот кадар на платформите на Google Scholars, Research Gate и ORCID доведе до благо подобрување на нашата рангираност, што во тој момент беше и наш влез помеѓу првите 1.500 од над 30 илјади рангирани институции, односно помеѓу најдобрите 5% на планетата. За жал, потоа дојде до промена на методологијата на рангирањето и индикаторот за присутност е укинат.

Сега евалуацијата и рангирањето се изведуваат врз база на само 3 индикатори: евалуација на интернет-содржините и сообраќајот, како и отворениот пристап до податоци, што како индикатор носи дури 50% влијание, потоа индикатор за анализа на цитираноста на најдобрите 210 Google Scholar профили од институцијата со 10 % влијание и евалуација на научноистражувачката работа и извонредноста, преку индикатор за анализа на бројот на публикации, во списанија рангирани во 10 % најцитирани по научни дисциплини, согласно SCIMAGO ранг-листата на SCOPUS со 40 % тежинско влијание.

Ова доведува до нова прераспределба на тежинските влијанија на индикаторите, односно ренормирање на методологијата, што ги прави резултатите неспоредливи. Од наведените причини, сервисот „Вебометрикс“ истакнува дека поради честото менување на методологијата, историски гледано, резултатите не се компарабилни. Промената на методологијата и новите тежински фактори доведоа до извесен пад во позиционираноста на УКИМ на ранг-листите. И двете ранг-места (1.493. и 1.611.) се во рамките на варијациите карактеристични за вакви листи, кои се должат на промени во Вебометрикс-методологијата, а не на шестмесечни осцилации во квалитетот на универзитетите.

Дискусијата околу рангирањето треба да биде порака дека мора да бидеме поактивни и проактивни, да сработиме повеќе и да го зголемиме својот придонес кон заедничките цели. За среќа, резултатите што се постигнуваат во академското творештво се јавни, транспарентни, мерливи и споредливи, а ние веќе ја објавивме анализата на резултатите за нашите активности во научноистражувачката работа за последните 30 години, како и посебно за 2021 година на нашата веб-страница. Таа е правена според рефералната база SCOPUS.
Во анализата се опфатени научноистражувачките трудови за периодот 1991-2021 година, индексирани во базата SCOPUS и генерирана е листа на 160 автори, кои најмногу придонеле за УКИМ, при што секој од нив учествува во авторство на над 22 индексирани труда за анализираниот период.

Во рангирањето на „Вебометрикс“ се земаат предвид и новите истражувања на професорите и нивното влијание во светот. Колку и кои истражувања на УКИМ последната година се најзначајни и највлијателни?

- Интересно прашање на кое е речиси невозможно да се даде издржан одговор. Како прво, за мене не постои незначајна наука. Секое истражување е значајно. Кога тоа е прифатено во списанијата кои објавуваат резултати од научните истражувања и имаат значаен фактор на влијание, резултатите од истражувањето добиваат шанса да влијаат врз другите истражувачи во планетарни размери. Бројот на цитирања на една научна публикација укажува на влијанието што го има таа. Сепак, постојат научни дисциплини во кои дејствуваат огромен број истражувачи, некои се значително помали, така што земањето на цитираноста како единствен и универзален показател е несоодветно. Доколку трудот е објавен во 2021 година, неговата цитираност најверојатно до крајот на годината ќе биде многу мала, некои публикации објавени кон крајот на годината нема да бидат воопшто цитирани. Самиот процес на подготовка на научен труд трае извонредно долго. Ова е исклучително компетитивен и долготраен процес, во кој илјадници автори се обидуваат да печатат во најдобрите светски списанија. Кога на крајот трудот ќе се објави, дали е во ред јас или кој било друг да каже дека тоа е најдобриот или највлијателниот. Тоа ќе го покажат времето, цитираноста, применливоста на трудот, како и најразличните индекси со кои се оценува влијанието на еден труд или на еден автор. Во базата SCOPUS е листата од 572 публикации, кои се најдобрите истражувања на УКИМ за 2021 година.

Научните истражувања најмногу се финансираат преку европските фондови

Долги години наназад универзитетите се жалеа дека од државата се одвојуваат премалку средства за наука и дека тоа сериозно влијае врз квалитетот на нивната работа. Се промени ли нешто, каква е сега состојбата?

- Да, таа реалност за третирањето на научноистражувачката работа во државата е констатирана и многупати потенцирана, но за жал, без позначајни исчекори во насока на надминување на таквата состојба. Средствата што се издвојуваат за научноистражувачка дејност (НИД) изнесуваат помалку од 0,00033 % од Буџетот на државата, според Програмата за НИД за 2021, што претставува исклучително ниско ниво, споредено со просекот од околу 2 % во европските земји и околу 1 % во земјите од опкружувањето. Дополнително, од средствата што се издвојуваат од Буџетот за научноистражувачка дејност во нашата држава, над 50 % се наменети за покривање школарини во странство, што нема допирна точка со научноистражувачката работа. Тоа значи дека од и онака нискиот буџет, исклучително малку средства се насочени за поддршка на научноистражувачката работа и тоа за следните форми: поддршка на публикации печатени во списанија со импакт-фактор и индексирани во рефералната база на Web of Science (WoS) на Clarivate Analytics, како и проекти во неколку билатерални програми. Неопходни се итни мерки за поддршка на научноистражувачката работа, првенствено итно во основните форми за: финансирања на научноистражувачки проекти во сите научни подрачја и области, со јасни критериуми за испорачување резултати, што, заедно со истражувачката инфраструктура треба да создаде компетитивни услови. Претплати на индексациските бази за академската заедница на универзитетите во државата, од кои најпрестижна е WoS на Clarivate Analytics, а со голем опфат втора по значење е SCOPUS на Elsevier. Пристапи до научна литература и претплати на електронските библиотечни сервиси, како Science Direct.

Во услови кога отсуствува финансиска поддршка на науката, дали може да се идентификуваат други извори на средства кои се користат за финансирање на научноистражувачка работа?

- Најзначаен финансиер на научноистражувачките активности од кои произлегуваат најквалитетните научноистражувачки трудови се европските фондови. Европската комисија е на прво место, а потоа е Европската соработка за наука и технологии (COST), програмата Н2020 и други. Интересно е дека како поддржувачи на нашите научни истражувања се јавуваат министерства и институции од регионов и пошироко. Меѓу првите 15 спонзори на научноистражувачките активности на УКИМ ги нема МОН, Фондот за иновации, ниту која било од другите национални институции задолжени за развојот на научната мисла и технолошкиот развој во државава. За наука, покрај добар научен кадар, стандарди и проактивност, потребни се и време и финансиски средства. Во случајот на високото образование кај нас, очигледно е дека не може да зборуваме за посветеност на државата за обезбедување пристап до оптимални финансиски средства за наука, што влијае и врз квалитетот на научноистражувачката работа.
Податоците укажуваат дека УКИМ е носителот на научноистражувачките активности во државата, и тоа: 10 % од врвните цитирани публикации на планетарно ниво, научноистражувачката актива од државата учествува со 10,2 %, од кои на научниците на УКИМ им припаѓаат 10,1 %, односно неполни 100 % од опфатот на Македонија. Во 10 % највисоко цитирани списанија на светско ниво, индексирани во SCOPUS, автори на УКИМ публикувале 14,1 %, а целокупната научноистражувачка актива од државата учествува со 15,1 %, што значи 93 % од опфатот на земјава припаѓаат на УКИМ.

Владата лани одвои повеќе средства за наука преку МОН за обнова на научните лаборатории и за истражувачки проекти. Колку од нив се издвоија за УКИМ?

- Во втората половина од минатата година МОН одобри финансии за набавка на 37 научноистражувачки лаборатории за единиците на УКИМ, наменети за повеќе научноистражувачки подрачја, што е одлична активност која треба да биде стандард и континуирано да се применува во иднина. Поддршката се однесуваше на акредитирани лаборатории. На високообразовните институции во државата потребна им е научноистражувачка инфраструктура за да може академската заедница, студентите и наставно-научниот кадар да истражуваат, да иновираат, да развиваат нови процеси и технологии. МОН лани одвои средства за научноистражувачки проекти само за ограничена целна група, односно додели 7 проекти за јавни научни установи во државата, од кои 4 се придружни членки на УКИМ. Тоа е добар исчекор имајќи предвид дека цели 15 години во нашата држава ниту една институција не финансирала научноистражувачки проекти за академската заедница во државата. Се надевам дека многу брзо ќе следува стимулирање на поголеми инвестиции за истражување и развој, преку финансирање на проекти во сите научни подрачја. Тоа ќе придонесе кон повисока компетитивност на нашите истражувачки тимови при вклучување во меѓународни проекти и нивно влијание врз развојот на државата.

Што, според Вас, е потребно да се промени за да се зголеми квалитетот на работење на факултетите?

- Од надворешните причини за проблемот на работа на еден универзитет би споменал само дел: долготрајно нефинансирање на научноистражувачките активности од страна на државата; редуциран пристап до научноистражувачка литература и индексирачки бази на научноистражувачки публикации; пререгулираност во Законот за високо образование, по однос на стекнување на наставно-научните и научноистражувачките звања и законски решенија кои овозможуваат масовен пристап до овие звања, без запазување на квалитетот на научноистражувачката работа, односно неоставање простор, од законодавецот, на самиот Универзитет доколку сака да воведе повисоки критериуми и ефект на извонредност; исклучително ниски плати на наставно-научниот и истражувачкиот кадар; проблеми креирани од трезорското финансиско работење со меѓународните научноистражувачки проекти.

https://www.fakulteti.mk/news/17022022/kako-do-mnogu-nauka-so-malku-pari-intervju-so-prof-nikola-jankulovski-rektor-na-ukim - https://www.fakulteti.mk/news/17022022/kako-do-mnogu-nauka-so-malku-pari-intervju-so-prof-nikola-jankulovski-rektor-na-ukim


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Mar-2022 at 07:55
Стогодишниот Филозофски си го прогнозира својот крај

На факултет каде што професори веќе предаваат и по осум предмети, иако најмногу четири се дозволени, очекуваното пензионирање на 26 членови на наставниот кадар во следниве години создава загриженост дека некои катедри нема да може да продолжат со работа.

Скопскиот Филозофски факултет, најстарата високообразовна институција во земјава што неодамна прослави сто години од своето постоење, во последниве десетина години е во слободен пад. Деканатот и Министерството за образование имаат различни погледи како треба да се спречи тоа. Првите бараат државата да им дозволи полесно да вработуваат кадри и да им даде повеќе пари, а вторите дека факултетот, како и целиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, треба поефикасно да ги користи своите ресурси.

Се чини дека двете страни се заглавени во своите аргументи.

Ќе останат катедри со тројца луѓе

Еден век високо образование, еден век државотворност“, беше мотото со кое во декември 2020 година Филозофскиот факултет ја прослави својата стогодишнина, со ограничени манифестации, ковид-протоколи и со онлајн-обраќања.

Деканот Ратко Дуев раскажува дека државотворноста на факултетот најмногу дошла до израз по Народноослободителната борба, кога почнала да се гради современата македонска држава, а со тоа и нејзиниот образовен систем.

„Во 1946 година, луѓето сериозно се зафатиле со градење на државата, нашиот факултет имал клучна улога. Се носеле цели паралелки за да се образуваат на други места, се отворале катедри, се граделе капацитети. До 1956 година бил направен Универзитетот „Свети Кирил И Методиј“ во рамки приближни на денешните. Значи за само десет години, со сериозно работење успеале да направат солиден универзитет, а во последниве 30 одиме надолу“, вели Дуев.

Речиси сите катедри на факултетот се во ризик да не можат да продолжат со функционирањето, вели деканот, но состојбата е особено драматична на Социологија, каде што во следните четири години треба да се пензионираат осуммина професори, и на психологија, каде што ќе заминат 11.

Четворица треба да заминат во пензија и од катедрата за Историја на уметност и археологија, каде што сега има деветмина професори, според податоците од деканот. Нешто полесно, но не без проблеми, е на катедрите за филозофија, безбедност, одбрана и мир, и на другите.

Уште поголем проблем за факултетот е што од 2012 година нема ниту еден асистент, на ниедна од катедрите. Неодамна добиле согласност да примат двајца.

„Досега се намали наставниот кадар за дваесетина места, а сега ќе примиме петмина наставници и двајца асистенти, што значи повторно остануваме со помалку. Социологија може да остане со тројца луѓе, зар ќе ја затвориме“, додава Дуев.

Кадарот не е лесно заменлив, објаснува деканот, според кого се потребни десетина години за некој да магистрира, докторира, стане доцент, па вонреден професор и на крајот редовен професор. Затоа, според него, скорешните пензионирања ќе испразнат многу места.

Другиот проблем, според Дуев, е тоа што за да вработат нов кадар на место што е испразнето поради пензионирање, отказ од работа или од друга причина, треба да бараат дозволи од министерствата за образование и за финансии, исто како да станува збор за целосно нова работна позиција.

„Законот нѐ обврзува на тоа, иако нема никаква логика. Работното место постоело, таму некој работел и за него бил обезбеден буџет. Но, во моментот кога работниот однос ќе се прекине, Министерството за финансии веднаш го укинува и ги повлекува парите. Не ни се дава можност веднаш да го пополниме местото, туку оди на нова евалуација“, додава професорот.

Досега било разговарано со претседатели, премиери, министри за да се надминат проблемите, но тешко е да се убедат властите дека треба да му помогнат токму на Филозофскиот факултет.

„Постојано слушаме од државата дека треба да се јакне бизнис-секторот, да се произведуваат повеќе инженери. Не може високото образование да биде само центар за обука за потребите на стопанството. Тоа е пошироко. Треба да им даде животни вештини на луѓето, треба да му служи на општеството“, вели Дуев.

Сепак, нема гаранција дека дури и ако се надминат административните пречки, ќе се зајакне капацитетот на факултетот. Порано имало голема борба за вработување, но денес, како што објаснува деканот, со плата од 33.000 денари за доцент, високото образование е недоволно атрактивно за работната сила и не може да му конкурира на приватниот сектор.

Предност на потребите на општеството



Министерството за образование, пак, не е убедено во тврдењата на факултетот дека цели негови делови се пред затворање и дека државата е таа што може и треба да ги спаси.

„Не може да се затвораат катедрите поради недостиг од кадар. Може да се затворат од други причини, како застареност, незаинтересираност и друго, но не поради тоа“, вели Борчо Алексов, помошник-раководител за високо образование, кој одговори на прозивките од факултетот во име на институцијата.

Според него, факултетите не ги користат своите можности доволно, да земаат професори од други факултети за да вршат настава, како и експерти од пракса, онаму каде што може.

„Универзитетот подолго време работи слабо на функционалната интеграција. Ако еден предмет треба да се предава на повеќе факултети, не мора секој од нив да вработи посебен наставен кадар, туку да го користи тој од матичниот факултет. На тој начин се врши рационализација, а не така што секој факултет, па дури и секоја катедра функционираат сами за себе“, додава претставникот на Министерството.

Алексов немаше точни податоци за Филозофскиот факултет, но рече дека лани одобриле вкупно 289 вработувања на државните универзитети, од кои 169 само на скопскиот универзитет. Во пензија, пак, отишле само 40-мина од наставниот кадар.

Тој, исто така, не се согласува со ставот дека универзитетскиот кадар е тешко заменлив кога се пензионира, затоа што се потребни години за некој од асистент да се унапреди во професор и да го заземе местото.

„Погрешен е концептот на формирање кадри од асистент до професор на истиот факултет за да се пополни испразнето место. Треба да може да се јават луѓе од секаде. Имало случаи кога се одбивале луѓе со докторати од Норвешка или од Америка. Тоа е опасен концепт за високото образование. Како ќе разменуваме искуства, како ќе се унапредуваме? Дури и за асистентите е пожелно да докторираат на други места, а не на своите факултети“, објаснува Алексов.

Поради тоа, според него, нормално е да не се пополнуваат испразнетите места по автоматизам, како што смета деканот Дуев, туку треба да се прави реевалуација дали тоа место е потребно, па тогаш да се даде согласност за ново вработување.

„Механизмите за евалуација се прават според потребите на општеството. Нормално е дека студиските програми што произведуваат кадри што се вработливи добиваат предност. Не само за стопанството, туку и за општествените работи. Сега недостигаат наставници по физика, хемија, математика и се појавува потреба да се вложи повеќе во тоа“, додава Алексов.

Тој смета дека државата нема да остане без изучување на историјата, класичните студии, историјата на уметноста и на другите катедри што ги има на Филозофски.

„Сите тие имаат важност и ние го почитуваме тоа, затоа и во нив се вложува, ама предноста е на страна на оние што му се потребни на општеството“, заклучува Алексов.

Така, факултетот што го создаде универзитетот полека се губи од листата на приоритети и ја дели судбината на науката чие име го носи.

https://prizma.mk/stogodishniot-filozofski-si-go-prognozira-svojot-kraj - https://prizma.mk/stogodishniot-filozofski-si-go-prognozira-svojot-kraj


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 02-Mar-2022 at 18:32
Огромен број факултети се во слободен пад. Плус со неминовниот пад на бројот на студенти, мора да има реформи, а за 10-15 години ќе се наметне реструктуирање на високото образование.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Mar-2022 at 21:55
Многу и од приватните и државните факултети се во пад,на многу од смеровите и факултетите каде до пред неколку години имаше по 1200-1300 студенти сега се сведени на бројки од едвај 500-600 и по три уписни рокови имаат слободни места(освен медицински кој сеуште е еден од најбараните).
Треба да се реструктурираат многу од студиските програми кои се неатрактивни,професорите речиси и да не издаваат трудови и книги се учи по книги од 2002-2003 што е катастрофа особено во области каде има многу новитети и каде се потребни дополнувања на секои минимум 2-3 години.
За Филозофски не ме чуди,уште пред некое време се зборуваше за недостиг на кадар но и нема баш голем интерес за посочените смерови па некои можеби има основа да згаснат или целосно да се изменат.
Сепак она што е најпоразително е што се нема сенс за некој да се зафати со вакви промени,генерално образованието е ставено на периферија од сите случувања и служи само за по некој експеримент со некој нов образовен модел на неколку години и ништо повеќе. Факултетите со нивната автономија тотално пропаднаа и на толку прибрани средства не успеаа ниту еден унифициран електронски систем за оценки и испити да направат па сеуште се прави куп бирократија на студентски прашања и слично.


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Mar-2022 at 13:27
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на 1.944-то место на Шангајската листа



Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје се најде на 1.944-то место од вкупно 2.000 Универзитети во светот на годинешната Шангајска ранг листа за 2021/2022 година составена од независната консултантска агенција Шангај ранкинг консултанс.

Овој Универзитет е единствен од Македонија кој се најде на оваа ранг-листа. Од регионот на високи места се Универзитетот во Белград на 348-мо место, Универзитетот во Љубљана на374-то место, Загре на 525-то место.

Универзитетот во Софија е на 870-то место, Универзитетот во Солун е на 409-то место.

Минатата година УКИМ бил на 1.917-то место, а оваа година има пад од 27 места.

Прв на листата со години е американскиот универзитет Харвард, втор е Масачусетс институтот за технологија, а трет е универзитетот Стенфорд.

Со критики после рангирањето излезе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролката, Марија Митева изјави дека иако насекаде се предлагаат мерки за олабавување на рестрикциите поради корона кризата, студентите се уште посетуваат онлајн настава, имаат онлајн вежби и полагаат онлајн испити.

-Некои студенти ќе завршат 3 години, што значи ќе се стекнат со диплома без ниту еден ден настава во живо, без развој на односот помеѓу професор, асистент или колега. Потврда дека образованието е на последно место на приоритети на оваа влада видовме и на Шангајската листа каде УКИМ се најде на 1944 место, што е пад за 27 места споредено со минатата година. УКИМ е на листата позади Белград, кој е во првите 500 универзитети, позади Загреб, Љубљана и бројни други факултети од регионот, обвини Митева.

https://fokus.mk/univerzitetot-sveti-kiril-i-metodij-na-1-944-to-mesto-na-shangajskata-lista/? - https://fokus.mk/univerzitetot-sveti-kiril-i-metodij-na-1-944-to-mesto-na-shangajskata-lista/?

-------------
Carpe diem


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 22-Mar-2022 at 12:40
За жал на добар пат е да ја напушти листата.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Mar-2022 at 17:58
УКИМ го нема на Шангајската листа, јавноста се дезинформира со стара вест

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје воопшто не се наоѓа на Шангајската листа на најдобри универзитети што ја објавува независната консултантска агенција „Шангај ранкинг консултантс“. Веста дека УКИМ паднал од 1.917 на 1.944 место не се однесува на рангирањето на оваа светска листа на универзитети. Воедно, станува збор за стара вест објавена пред една година која сега се злоупотребува.

Ваквата информација за наводниот пад на УКИМ на Шангајската листа прва ја сподели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

На прес-конференцијата што ја одржа во неделата, Митева упати критики до власта за, како што рече, „катастрофалните состојби и новите порази кои се случуваат и во образованието“. Таа ја критикуваше онлајн наставата и полагањето на онлајн испитите на државните универитети, а како доказ за „катастрофалните образовни политики“, Митева го наведе рангирањето на УКИМ на 1.944 место на Шангајската листа.

„За крај, потврда дека образованието е на последно место на приоритети на оваа влада видовме и на Шангајската листа каде УКИМ се најде на 1.944 место, што е пад за 27 места споредено со минатата година. УКИМ е на листата позади Белград, кој е во првите 500 универзитети, позади Загреб, Љубљана и бројни други факултети од регионот. Што се случува, има ли УКИМ воопшто ректор и ќе поднесе ли некој одговорност?“, праша Митева на прес-конференцијата.

Веста за наводниот пад на УКИМ деновиве ја пренесоа бројни медиуми, без притоа да ја проверат вистинитоста на истата, односно без да ја потврдат веродостојноста на она што се тврди во изјавата.

„Мета.мк“ се обиде да дојде до Шангајската листа на рангирање на универзитетите во светот за академската 2021-2022 година каде УКИМ наводно „паднал“, но на официјалниот сајт на „Шангај ренкинг“ може да се види дека последното рангирање е објавено минатата година. Дополнително, Шангајската листа вклучува 1.000 најдобри универзитети во светот, а не 2.000, што значи дека доколку УКИМ е рангиран на 1.944 место, воопшто нема да се најде на Шангајската листа.

УКИМ е рангиран на 1.944 место, но не на Шангајската листа
Рангирањето за кое зборуваше Митева, се чини се однесува на листата која ја издава Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR), чие седиште е во Обединетите арапски емирати. На оваа листа која брои 2.000 универзитети, УКИМ навистина се најде на 1.944 место и забележа пад од 27 места во однос на рангирањето од претходната, 2020 година, кога се најде на 1.917 место.

Но, оваа листа на CWUR е објавена пред речиси една година, кон крајот на април минатата година, за што извести и „Мета.мк“.

Дека податоците споделени од Митева всушност се однесуваат на оваа листа, а не на Шангајската, потврдува и податокот дека Белградскиот универзитет, кој го спомна Митева, навистина се најде во најдобрите 500 универзитети, односно на 348-то место. На Шангајската листа пак, Белградскиот универзитет се наоѓа во најдобрите 600 универзитети, а не во најдобрите 500.

За лажниот пад на УКИМ на Шангајската листа новинарско прашање му беше упатено дури и на премиерот Димитар Ковачевски, кој најави дека ќе се сретне со ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, за да види „што може да направи државата, а што универзитетите сами“.

„Сите универзитети се евалуираат врз основа на стандардите на независното тело за оценување на универзитетите. Универзитетите во нашата држава се независни во спроведувањето на своите образовни и истражувачки политики и секако дека од критериумите врз основа на кои се прави оценувањето и од тоа што имаат сите универзитети поединечно направено зависи и рангирањето на самата Шангајска листа. Во однос на тоа дали државата може да помогне, да државата може да помогне, јас доаѓам од академската сфера и секако ќе одржам состанок со ректорот на УКИМ, со кого подолго време се познаваме за да можеме да видиме што е тоа што може да направи, а што е тоа што самите универзитети може да направат во однос на унапредувањето на работењето, истражувањето и секако искачувањето на Шангајската листа“, рече Ковачевски.

Покрај реакцијата на премиерот, на одделни мејнстрим медиуми и телевизии со национална лиценца кои се емитуваат на територијата на целата држава беа објавени опширни анализи кои се потпираат на стари вести или извртени податоци.

https://meta.mk/ukim-go-nema-na-shangajskata-lista-javnosta-se-dezinformira-so-stara-vest/ - https://meta.mk/ukim-go-nema-na-shangajskata-lista-javnosta-se-dezinformira-so-stara-vest/

-------------
Carpe diem


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 01-Apr-2022 at 15:36
Односот кон образованието многу добро ја отсликува состојбата на едно општество. За жал во нашата земја, особено изминативе 2 години и особено високото образование состојбата е повеќе од лоша.

Мора целосен и долгорочен ремонт на образованието наместо реформи кои траат колку и министрите.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 05-Apr-2022 at 17:52
Вкупниот број запишани студенти на прв циклус студии на македонските универзитети (согласно податоците на https://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=29&rbrObl=5 - ДЗС ) во учебната 2010/11 бил 61,497, додека во 2020/21 таа бројка е 49,500.

На УКИМ бројот се намалил од 29,387 на 22,489. Од факултетите, ФИНКИ и Дизајн се нови; Медицински, Фармацевтски и ФДУ имаат раст на бројот на запишани студенти, додека сите други имаат пад.


Бројот на запишани студенти на прва година на УКИМ се намалил од 8,326 на 4,458. Покрај новите, раст имаат Архитектонски и Медицински.



-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: user8642
Date Posted: 05-Apr-2022 at 18:43
Трендовите се одлични, дури мислам дека можеме и подобро. Едноставно, мора да има шифт на работната сила кон тоа што е ново и модерно. Да почнеме малку и софтвер да извезуваме, а патлиџаните нека останат за Киргизтан. Помалку луќе во останатите струки значи само растење на цената на работната сила во тие струки. Така да, мислам дека ова се сосема правилни тенденции.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 05-Apr-2022 at 19:35
Најголем придонес за намалувањето има демографијата. 1986-92 се родени 254,081, додека 1996-2002 181,880, пад од 28%. Во меѓувреме, бројот на студенти од 2010 до 2020 паднал за 20%, па уделот на студенти кај младите е зголемен.

Македонија треба да се фокусира кон тоа што е модерно и профитабилно, но последниве кризи малку повеќе го сменија размислувањето во Европа, која сфати дека сепак мора да има развиени домашни земјоделство и индустрија. Не смееме да ги занемариме и примарниот и секундарниот сектор.

Функционалната неписменост од 2/3 е најголем проблем на Македонија, т.е. извор на сите останати - таа мора да биде фокус на секој кој сака да ја реформира државава и да одиме напред. Ни треба темелен ремонт на образованието, од реорганизација (особено на високото), преку образовни програми и условите во образованието, до личен развој.

Со драстичното намалување на бројот на студенти (ме изненади преполовувањето на бруцоши на УКИМ) нужни се низа реформи за опстојување на факултетите и подобруање на квалитетот на образованието, на пример:
- спојување на некои факултети, па дури и универзитети;
- практична настава на прв циклус на многуте факултети кај кои или ја нема или е во многу помал обем од потребното. Без разлика дали како дел од предметите или како дополнителна екстерна активност, значително би го подобрила квантитетот и квалитетот на наученото;
- комплементарно на практичната настава, сегашната воглавно катедрална настава (тука би ги вброил и студентските powerpoint проекти) мора да се замени со динамична и интерактивна;
- воведување на екстерни активности од областа на јазикот, културата и спортот;
-- курс по македонска литература;
-- редовни културни активности (само 23% од Македонците присуствувале на културен настан во 2015, додека просекот на ЕУ е 63%) со акцент на театар, балет и опера и млади македонски уметници од сите области. Може да се формира универзитетски клуб каде би настапувале само emerging уметници. Целосна забрана за турбофолк.
-- пандемијата покажа дека здравјето кај Македонците е на многу лошо ниво, процентот на тие кои имаат редовни физички активности е многу помал од ЕУ и голем број се скептични кон медицината базирана на докази. Факултетите треба да организираат редовни спортски активности, пропратени со курсеви за унапредување на здравјето.
- итн.

Воедно, мора да се подобри образовната инфраструктура. Зградите на факултетите и особено студентските домови се прилично застарени и не прилегаат на 21 век. Впрочем состојбата со студентските домови е една од главните, ако не и главната причина зошто македонските факултети се меѓу малкуте во светот кои две години имаат нискоквалитетна, алиенирачка онлајн настава која ги уништи поимите факултет и студент.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Apr-2022 at 21:52
А последно и најважно, поарно занаетчија без факултет отколку правен или економски по секоја цена.
Кога ќе се намали населението уште повеќе, тогаш може сите локал и да бидат со високо образование, а за мануелен труд да увезуваме мигранти од третиот свет. Ама далеку е тој ден уште.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 06-Apr-2022 at 08:27
Привршува времето на масовна имиграција. Фертилитетот паѓа низ цел свет, а повеќе земји се развиваат и ќе преоѓаат од емиграциони во имиграциони. Зголемен број држави ќе имаат потреба од мигранти, чијшто број се намалува. Мислам дека Македонија нема потенцијал да привлече голем број преселници и не може да се потпреме само на тој извор.

Потребно ни е подобрување на стручните средни.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 13-Apr-2022 at 21:10
Студенти на прва година на македонските универзитети и виши школи од 1998 до 2020. Вкупната бројка се зголемила од 11,692 на 12,365. Просекот 1998-00 бил 12,435; 08-10 18,694 и 18-20 13,332, и тоа:

УКИМ 9,692 | 7,691 | 5,400
Останати државни 2,743 | 7,448 | 5,380
Приватни 0 | 3,555 | 2,553

Бројките за најголемите факултети на УКИМ+ТФБ:

ПМФ 694 | 567 | 298
ФЕИТ 679 | 633 | 256
Медицински 267 | 417 | 657
Земјоделски 991 | 293 | 88
Економски 1,366 | 975 | 523
Правен 803 | 989 | 357
Филозофски 705 | 937 | 524
ФИНКИ 0 | 0 | 941
Технички Битола 815 | 706 | 144

ФИНКИ со самото појавување стана најпопуларен факултет во државава, а солиден раст има и Медицински. Кај сите други има преполовување, на ТФБ пад од 80%, а на Земјоделски бројката е намалена за над 10 пати.



-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-May-2022 at 16:55


-------------
Carpe diem


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 01-May-2022 at 21:17
Катастрофа, мада очекував воопшто да го нема на листата годинава.

УКИМ веќе неколку години е во незавидна состојба и тешко дека наскоро ќе може да се оправи. Голем број од проблемите настануваат и од намалувањето на бројот на студенти што е можеби и најнерешлив проблем - интересот за високо образование достигна плафон, генерациите се намалуваат, а заинтересираност на странци да студираат тука речиси и да нема. На некои факултети и за десет пати е намален бројот на студенти од пред 10-20 години и тоа неминовно води кон намалување на критериумите, пад на буџетот и слаба продукција и развој.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-May-2022 at 07:07
Синадиновска: Студенти на факултет не си ја знаат азбуката

[tube]cJsHPHMByFo[/tube]

Катерина Синадиновска од Советот за етика вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи за едно истражување во кое било презентирано дека студентите на факултет, академските граѓани не ја знаат македонската азбука.

Таа вели дека не и се верувало и морала неколку пати да го прочита истражувањето за да сфати дали е вистина.

Студенти на факултет, академски граѓани не си ја знаат азбуката. Не ми се веруваше, неколку пати го препрочитував текстот за да можам да сфатам дали е вистина. Универзитетски професори, македонисти излегуваат со изјави дека тоа се дупки направени низ системот“, додава Синадиновска.

Таа додава дека две букви од азбуката биле спорни, а студентите не ги знаеле затоа што не им требале, односно не ги користеле.

https://mk.tv21.tv/sinadinovska-studenti-na-fakultet-ne-si-ja-znaat-azbukata/ - https://mk.tv21.tv/sinadinovska-studenti-na-fakultet-ne-si-ja-znaat-azbukata/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-May-2022 at 15:40
Бројот на матуранти, намален за 40%

За дури 40% последните години се намалил бројот на матуранти во Македонија,што е загрижувачки податок за целиот образовен систем. Затоа потребни се сериозни реформи и квалитетно образование за да се спречи масовната миграција, која што е присутна и во целиот регион.

„Во последните десет години имаме 40% помалку матуранти. Ние покрај пандемијата и покрај сиот овој регионален процес со кој се соочуваме, тоа е еден голем предизвик за образованието, бидејки доколку не го решиме тој предизвик, ние нема да зборуваме за перспективи.Европа годишно губи 900.000 луѓе, родени.Во наредните десет години на Европа без развој ќе и требаат минимум 10 милиони работници. Тука треба и сите ние да се запрашаме кои се нашите перспективи“, вели Ратко Дуев-декан на филозофски факултет.

„Сметам дека треба да бидат направени вистински реформи и да ги следиме сите стандарди и вредности во високо образовниот европски простор.Сметам дека сите реформи треба да поминуваат низ стручните и професионалните лица во нашата држава и само на тој начин може да се постигне врв во едукацијата и на децата и во претшколска возраст и во основното, средното и високото образование“, рече Никола Јанкуловски-ректор на Универзитет Кирил и Методиј.

Сериозен проблем врз образованието предизвика и пандемијата со Ковид 19, особено врз психолошкиот и социјалниот аспект кај децата, кај децата.

„Прво во однос на поставување на програмите. Колку беа тие скратени, aдаптибилни. Понатаму и нашите наставици колку имаа ит компетенции за таква работа. Дали во текот на пандемијата се употребуваа соодветни методи и техники за вреднување и следење на развојот на постигнувањата на учениците“, рече Елизабета Томеска Илиевска-раководител на Институтот за педагогија.

За овие и други проблеми во воспитно образовниот процес, во Охрид се дебатира на меѓународна конференција по повод 75 години од формирањето на Институтот за педагогија.

https://alsat.mk/mk/brojot-na-maturanti-namalen-za-40/ - https://alsat.mk/mk/brojot-na-maturanti-namalen-za-40/

-------------
Carpe diem


Posted By: skopskodete
Date Posted: 16-May-2022 at 15:45
Само празни зборови... Прво и основно нека ја направат веб-страницата на УКИМ да биде за денешно време, а не за 2009 г.


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-May-2022 at 09:39
Децении реформи – учениците со сè послаби резултати

Ако беше човек, ќе имаше шеснаесет години и сега ќе завршуваше прва година средно. Ќе се подготвуваше за последните испитувања на наученото во оваа учебна година за да си обезбеди што е можно подобри оценки во свидетелството.

Но, станува збор за образовен систем, кој од 2006 година, веќе 16 години по ред постојано се реформира. А ефектот на тие реформи е мерлив и познат.

Па, така, на пример, истражувањето ТИМСС (Trends in International Mathematics and Science Study), меѓународната студија по математика и природна група предмети, која ги мери знаењата и способностите на учениците во четврто и во осмо одделение, покажа дека во математичка писменост, од 58 држави, Македонија е на 45-то место, а во природни науки од 58 учеснички е на 51-то место. Тестирање е спроведено во 2019 година.

Резултатите од меѓународната студија ПИСА (Programe for International Student Assessment), кои се од тестирањето на учениците во 2018 година, покажаа напредок во однос на 2015 година, но повторно Македонија е на дното.

Македонските ученици, од 77 држави-учеснички во читање со разбирање и математика, се на 67-то место, а во природни науки на 63-то место.

Државава учествува во уште едно меѓународно истражување ПИРЛС (Progress in International Reading Literacy Study), со кое се мери оспособеноста на учениците на девет и десетгодишна возраст за читање со разбирање. Ова истражување е спроведено со македонски ученици во 2001 и во 2006 година, а последното е во 2021 година, но резултатите од него сѐ уште не се објавени.

Душко Стојановски е професор по македонски јазик во средното училиште „Орце Николов“ во Скопје. Во своето 32-годишно работно искуство предавал и во основното и во средното образование. Го прашавме какви ученици се тие што сега имаат 16 години и што учат во реформиран образовен систем.

„Замолчени. Не знаат да кажат свое мислење. Како апарат на копче се. Совршено ќе ја кажат лекцијата, но свое мислење и критички ставови немаат“, вели Стојановски.

Тој, причината за ваквите генерации ја лоцира во „наставниците преоптоварени со администрација“, па вели немаат време навистина да им се посветат на учениците и на тоа што го предаваат. Но, посочува и друга причина зошто образованието и по толку реформи се чини дека станува сѐ полошо. На немањето систем.

„Кај нас сѐ е сведено на ентузијазмот на индивидуата. Ако професорот сака да работи, ќе работи, а нема да гледа само да му помине денот и никој нема да го спречи во таквиот пристап кон работата“, вели Стојановски.

На прашањето каков образовен систем е македонскиот, професорот вели „никаков, ова е систем што не постои никаде“.

Ако се анализира она што се направи во образованието, во последниве 16 години, од 2006 до денес, се покажува дека реформите имаат континуитет кога во МОН се менуваат министри од иста влада, но кога ќе се смени власта, се оди кон сосема нов концепт.

Десет министри за образование се сменија од 2006 година, кога првпат власта ја формираше ВМРО-ДПМНЕ, до денес кога веќе петта година владее СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ – дисперзирани факултети, деветолетка, Кембриџ програма…

Поголемите реформи што предизвикаа промени во македонското образование се случија за време на првата влада на Никола Груевски, кога министер за образование беше Сулејман Рушити од тогашниот владин коалициски партнер ДПА.

Тој беше на позицијата од 2006 до 2008 година и за време на неговото министерување стартуваше девотолетката во основното образование и задолжителното средно образование.

Во 2007 година беше усвоен Законот за основно образование, со кој се воведоа два изборни предмета во шесто одделение – веронаука и историја на религиите. Во 2009 година, веронауката „падна“ на Уставен суд, но како изборни беа воведени предметите: Етика на религиите, Запознавање на религиите и Класична култура во европската цивилизација.

Овие две реформи воведени во времето на Рушити сѐ уште се живи во македонскиот образовен систем.

По него, на раководното место во Министерството за образование дојде Перо Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. Toj беше на позицијата помалку од една година и за време на неговото раководење почнаа да се спроведуваат дисперзираните студии и факултети, чекор за кој, и покрај стравувањата дека ќе значи неквалитетно високо образование, надлежните убедуваа дека немало да влијае.

Во 2009 година, министер стана Никола Тодоров. Стартуваше со најава за целосна промена на структурата на образованието. Во 2011 година, пред да ја напушти министерската позиција, се спроведе и пробното екстерно тестирање, кое потоа стана задолжително.

Тодоров, кој се сметаше како „човек за сѐ“ на тогашниот премиер Груевски, ги најави и ги постави темелите на реформите што подоцна беа спроведени, како на пример нови учебници, електронски дневник, бесплатни учебници, нов закон за високо образование.
Дел од овие работи ги реализираше наследникот на министерската позиција, Панче Кралев. Во негово време се отворија најмногу приватни факултети за кои тој тврдеше дека ќе ја зголемат конкуренцијата, а со тоа и квалитетот.

По него дојде Спиро Ристовски од истата партија и го продолжи најавениот концепт. Тој, на позицијата беше во 2013 и во 2014 година, време во кое се воведе учењето по таканаречената Кембриџ програма поради што и се сменија учебниците.

Абдулаќим Адеми од ДУИ стана следен министер за образование во 2014 година. Тој требаше да ја спроведе идејата за нов закон за високо образование, за кој се сметаше дека ја намалува автономијата на универзитетите и кој не помина поради големите протести на студентите и на професорите.

Последен министер во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше Пиштар Љутвиу. Назначен е во 2016 и тој во својот едногодишен мандат, јавно не туркаше реформски процеси. Една од ретките работи што Љутвиу можеше јавно да ја промовира како свој успех беше отворањето на државниот универзитет „Мајка Тереза“.

Сево ова беше силно критикувано од тогашната опозиција предводена од СДСМ. Тврдеа дека образованието се упропастува, најавуваа нова европска концепција и подобрување на резултатите од меѓународните рангирања.

СДСМ – укинување на екстерното и нов концепт за основно образование
Прва министерка за образование во владата на СДСМ, која дојде во 2017 година, е Рената Дескоска. Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ веднаш го реализира она што беше ветено во изборната програма на партијата од 2016 година, го укина екстерното тестирање воведено од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Истата година, владата донесе одлука да биде одложена имплементацијата на Кембриџ програмата за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование.

Во 2018 година, Дескоска формира и работна група за реформи во образованието. Накусо, препораките на таа работна група беа наставниот час до петто одделение да трае 55 минути од кои 40 минути за учење и 15 за одмор, учениците од прво одделение да не смеат да имаат повеќе од четири часа дневно, да нема домашни задачи, да се намалат тестовите, паралелките да бидат со помал број ученици…

Ништо од сето тоа не стигна на дневен ред за реализација. Дескоска, по една година во образованието, се пресели во Министерството за правда.
На нејзино место дојде кадар од ДУИ, Арбр Адеми. Тогаш се чини реформите што ги најавуваше СДСМ во својата програма не беа приоритет на Министерството за кое доминантна тема беше образованието на почетокот на пандемијата.

По предвремените избори во 2020 година, министерка стана Мила Царовска, за која се имаше впечаток дека е упорна и истрајна според реформите што ги спроведе на претходната министерска позиција во Труд и социјала.

Реформите почнаа од оваа учебна година и ги опфаќаат учениците од прво и од четврто одделение. Тие требаше да го зајакнат критичкото размислување, воспитниот процес и да дадат широка понуда на изборни предмети. Реформите требаше да се спроведуваат по меѓународен рецепт, кои, како што изјави Царовска, „давал високи резултати на меѓународни тестирања“.

Продолжува ли Шакири со реформите на Царовска?

Најавениот почеток веднаш предизвика и отпор. Најгласните противници се бунтуваа главно поради две работи – дигитализацијата на учебниците и внесувањето на родово-сензитивното образование во училиштата. Аргументите беа дека ништо не можело да ги замени учебниците и дека преку родово-сензитивното образование, всушност, ќе се пропагирала сексуална определба.

Тие неформални групи организираа и протести. Но, реформите почнаа, а поранешната министерка за образование упорно ги бранеше, наведувајќи дека се неопходни. Тоа е и периодот во кој состојбите во образованието беа повторно една од главните медиумски содржини.

Сега, темата не е во фокусот на јавноста. Наследникот на позицијата на Царовска, актуелниот министер Јетон Шакири, неодамна рече дека спроведуваат темелна реформа на образовниот систем. Го спомена и терминот што Царовска често го споменуваше како министерка – дека со реформите учениците учат за граѓанските права, толеранцијата и различностите, со што навести дека тие реформи, иако се стишени, не се запрени.

БИРН, минатата недела испрати прашања до Министерството за образование и наука поврзани со тоа дали и со какво темпо продолжуваат реформите, но до објавување на текстот одговори не стигнаа.

Како своевиден знак за продолжување на реформите, оптимистот може да го толкува тоа што на страницата на Министерството за образование и наука, каде што е објавен конкурс за учебници за основното образование, во кој се наведува дека треба да ги исполнуваат условите и стандардите согласно „Концепцијата за учебник за основното и средното образование“ усвоена со последните измени на Царовска. За конкурсот објавен во март, неодамна е продолжен рокот за доставување материјали.

Но, за другото инсистирање на својата претходничка, а тоа е дигитализацијата на учебниците, Шакири јавно кажа дека нема да се држи.

„Печатената верзија на учебниците, согласно постоечкиот Закон за учебници во основното и во средното образование, е неопходна во наставата, но тоа не ја исклучува и важноста на дигиталната форма“, рече Шакири.

Сите партии, повеќе или помалку во своите настапи и предизборни ветувања, говорат за системски реформи, за „светски стандарди“. Во овие 16 години се сменија 10 министри, а македонското образование и натаму е на дното во светските рангирања.

https://prizma.mk/detsenii-reformi-uchenitsite-so-se-poslabi-rezultat - https://prizma.mk/detsenii-reformi-uchenitsite-so-se-poslabi-rezultat

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-May-2022 at 15:35
„УКИМ никогаш не бил подеградиран“: Професорите бараат повисоки плати или ќе штрајкуваат

Професорите од скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ бараат повисоки плати, објави Телма.

Тие со отворено писмо се обратиле до премиерот, претседателот на Собранието и министерот за финансии. Велат дека постои огромно незадоволство поради актуелната состојба, која според нив „никогаш не била на вака ниско ниво“.

Професорите од УКИМ во писмото ја споредуваат просечната плата која во земјава достигна до повеќе од 31 илјада денари, со платата на еден доцент на факултет од околу 30 илјади денари, односно под просекот.

„Никогаш во историјата УКИМ не бил подеградиран и заборавен. Затоа бараме итно потпишување на колективен договор со предвидените четиригиодишни проекции на покачување на платите со цел во ребалансот на буџетот да биде предвидено зголемување на платите“, пишува во отвореното писмо на професорите од УКИМ до властите.

Доколку не бидат исполнети нивните барања, професорите најавуваат дека ќе одржат мирен протест или штрајк во јунската испитна сесија.

https://www.slobodenpecat.mk/ukim-nikogash-ne-bil-podegradiran-profesorite-baraat-povisoki-plati-ili-kje-shtrajkuvaat/ - https://www.slobodenpecat.mk/ukim-nikogash-ne-bil-podegradiran-profesorite-baraat-povisoki-plati-ili-kje-shtrajkuvaat/

-------------
Carpe diem


Posted By: user8642
Date Posted: 27-May-2022 at 14:44
1. Да се укине географската поделба на универзитети, Скопски, Штипски, Битолски, Тетовски!

2. Да се воведе тематска поделба, да се прегрупираат факултетите од 4-те државни универзитети во тематски, Медицински Универзитет (Медициски, Стоматолошки, Фармацевтски), Инженерски (Информатика, Машинство, Електро...), Уменичко-Архитектонски, Општествени (Еконосмки, Правен) итн итн, не ми паѓа све на памет.

3. Доста веќе некои назадни струки како филозофија и социологија ги влечат наназад техничките науки кои сегогаш се "на цена"! Технички универзитет да може да се компарира со технички универзитет од Масчусец, од Шангај, Михнен или од кај све не у свет познати технички универзитети!

4. Овакви комуњарски "комбинати" од факултети никаде не постојат по свет. Последниве два Штип и Тетово се правени по некоја инерција од Југославија и источен свет кадешто мерило за дали одреден град е стварно "град" или не, е по тоа дали има универзитет. Нешто како денес што има селска трка по балканов да се градат аеродроми што после тоа немаат ни два лета неделно. У нормален свет студентите дури и да живеат во истиот град кајшто се наоѓа универзитетот, сепак идат да живеат у студентски град за време на студии. И затоа не е важно каде се наоѓаат универзитетите.


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jun-2022 at 16:10
Татјана Алексиќ: Јавно признавам, ставав незаслужени петки но ковидот ме услови

Јас ставив незаслужени петки, јавно признавам, но ковидот ме услови да ги разгалам децата. Заради болни амбиции се „штанцаат” комерцијални оценки, купопродажни образовни пакети и вештачки успеси, па затоа, каков систем – такво образование.

Ова е ставот на професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ во „Раде Јовчевски – Корчагин“, во однос на изненадувачки малиот број ученици кои биле оценети со 5 на квалификацискиот тест што неодамна се спроведе во гимназијата „Орце Николов“, а кој беше потребен за да се изврши селекција на кандидатите за упис. Тој тест покажа дека само 3,8 отсто (11 ученици) од скроз одличните кандидати, добиле 5 на тестот, 39 ученици или 13 отсто добиле оцена 4, тројки добиле дури 133 од оние кои полагале или 45,5 отсто од учениците, оцена 2 добиле речиси 24 отсто (70) од одличните ученици. Недоволен успех покажале дури 13 отсто (39) од скроз одличните ученици. Ова според познавачите, укажува на тоа дека добар дел од оцените на учениците во основното образование им биле подарени.

Се обзнани она што се турка под чергиче
Многу реакции предизвикаа резултатите од квалификацискиот тест во „Орце Николов“ на социјалните мрежи. Прашавме неколкумина професори на што се должи ова и дали овие резултати се сликата на системот на оценување кој укажува на тоа дека нештата очигледно мора да се менуваат.

„Им се извинувам на реалните петки што не можам да им ставам десетки, со патетична реченица ‘таков ни е системот’. Минималниот процент на петки при квалификациониот испит за упис во „Орце Николов“ е објективно оправдан показател, така и треба. Кога бев гимназијалка во „Орце Николов“ во класот имавме 5-6 скроз одлични сите четири години и тие беа капацитети, генијалци. А генијалноста е ретка“, вели професорката Алексиќ.

Благодарение на квалификациските испити во „Орце Николов“, според неа, се обзнанило она што е познато, а што се турка под чергиче.

„Мислевме дека со екстерните тестови ќе се спасиме од ургенции, но тие отидоа во погрешна насока и цел, не ја оправдаа идејата од веќе познати причини“, додава Алексиќ.

Таа решение гледа во обезбедување услови за јакнење практична настава и вработување на средношколците по завршено средно стручно.

„Дури тогаш ќе олабавиме со врскаџискиот систем ‘некому мајка – некому маќеа’, а учениците и родителите ќе ги прифатат реалните оценки без болни амбиции. Сѐ додека вештачки се билда успех, лажно се пропагира со хиперпродукција на високообразовни кадри, се плаќаат научни трудови и лажни дипломи, ќе биде вака“, додава таа, нагласувајќи дека може да се манипулира со незнаењето и да се камуфлира извесно време, но не може тоа да се прави на подолг рок затоа што знаењето и талентот бргу се препознаваат.

Резултат на децениското маргинализирање на образованието
Елизабета Секирарска, професорката во кумановската гимназија вели дека ако се појде од фактот дека од 292 апсолутно одлични ученици, само 11 го поминале тестот со одличен успех, а најголем број од учениците на тестирањето покажале добар и доволен успех, и ако на статистикава се додаде и не така малиот број на слаби оценки, 39, се отвораат многу прашања.

„Проблемот можеме да го лоцираме на бројни адреси. Она што мене ми испливува на површина е фактот кој подразбира децениско маргинализирање на најсуштествената општествена сфера – образованието. Под тоа се подразбира децениско реформирање кое не дава резултат, започнување од почеток со секоја нова гарнитура и невклучување на фелата во виталните аспекти преку кои системот функционира“, смета Секирарска.

Ова што сега се случува, додава таа, постои поодамна, само што сега станува видливо и дефинира сериозни воспитно-образовни утки на сите чинители.

„Системот дефинира оценки кои немаат зад себе сознаен габарит. Системот е оптоварен со импровизации кои за жал, и децата ги научија. Не се бара од нив знаење. Доволни се притисоците од родителите и некои други структури, кои никако да сфатат дека со тоа му одмагаат на детето“, вели Секирарска.

Според неа, нештата се помешани, вредностите се деградирани и сè додека не се соберат сили да се направи сериозен општествен рестарт, ќе талкаме и ќе се изненадуваме од ваквите неуспеси.

„Многу е тешко да се издржи притисок во атмосфера во која вредноста се мери на погрешен начин. Ќе завршам со тоа што ќе кажам дека за мене ова е своевиден повик за помош од страна на децата и вината во никој случај не е кај нив“, додава таа.

Решението е во новата концепција за основното образование?
Проф. д-р Кирил Барбареев е еден од клучните експерти кој работеше на новата Концепција за основно образование, која меѓудругото, предвидува и поинаков начин на оценување. Во врска со слабите резултати од квалификацискиот тест во „Орце Николов“, тој вели дека не е изненаден од оваа ситуација.

„Оценката е определување на вредноста, суд за вредноста. Како ја создаваме и креираме вредноста во нашето општество започнува од тоа колку јасно, објективно и вистински ги воспитуваме и образуваме учениците за реалната вредност која ја постигнуваат. Како работна група, кога работевме ги имавме предвид сите овие ситуации во системот и понудивме реални решенија. Но, за жал мислам дека премалку се разбра суштината на промените, како и концептот на оценување кој го има како посебен дел во Концепцијата“, вели проф. Барбареев.

Како што тој појаснува, таму јасно стои дека е потребно воспоставување јасни критериуми за оценување, кои се јавно достапни, со кои се обезбедува транспарентност на оценувањето.

„Што е клучно: Наставните програми правени според новата Концепција содржат стандарди за оценување кои ги конкретизираат очекуваните резултати од учењето на секоја тема/содржина вклучена во секој предмет одделно. Оценката треба да е придружена со соодветно образложение и напредокот на ученикот да е документиран преку неговите трудови, само така ќе се намали и можноста за непринципиелни влијанија врз оценката и следствено на тоа, зголемена е објективноста на самата оценка“, појаснува тој.

Конечно, критериумите за оценување ќе бидат објективни доколку се изведуваат од стандардите за оценување. Ако не се почитуваат стандардите, се влегува во импровизации, оценува професорот.

„Клучната причина зошто е многу важно оценките да бидат објективни, односно да се базираат на критериуми за оценување и да може да го изразуваат вистинското постигање на учениците е во тоа што овозможуваат лесно прикажување на резултатите од учењето на ниво на паралелка, училиште, држава и треба да се користат за различни видови анализи кои ги поставуваат основите за креирање на образовните политики. Како, на пример, анализите на успехот по наставни предмети, по возраст, по јазик во наставата и во релација со други социодемографски карактеристики“, потенцира Барбареев.

https://meta.mk/tatjana-aleksikj-javno-priznavam-stavav-nezasluzheni-petki-no-kovidot-me-uslovi - https://meta.mk/tatjana-aleksikj-javno-priznavam-stavav-nezasluzheni-petki-no-kovidot-me-uslovi

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Jun-2022 at 16:15
УЧЕНИЦИТЕ СО СИТЕ ПЕТКИ НА ПРИЕМНИОТ ИСПИТ ВО ГИМНАЗИЈАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ДОБИЈА ТРОЈКА

Само 11 ученици од 292 кои полагаа приемен испит во скопската гимназија „Орце Николов“ имаат одличен успех на тестот. Најголем број од децата кои основното образование го завршиле со сите петки, имале резултати на тестирањето со добар успех. Професорите со кои комуницираше САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека резултатите на тестирањето се разочарувачки и просекот е просечен, а станува збор за ученици кои конкурирале со просек 5.00.

Во понеделникот, во гимназијата за првпат се спроведуваше квалификационен приемен испит поради поголемиот број на пријавени ученици со сите петки. Во гимназијата годинава се отворени 285 места, а во првиот уписен рок се пријавиле 353 ученици, од кои 337 со сите петки. Бидејќи има 52 ученици повеќе со 75 поени, Министерството за образование донесе одлука да се полага приемен испит. Беа тестирани 292 ученици кои полагаа математика и македонски јазик за осмо одделение кога наставата беше онлајн и деветто одделение. Тестот по математика носеше максимум 100 поени, а по мајчин јазик максимум 70 поени.

Според резултатите од тестирањето објавени на веб страната на гимназијата и истакнати на влезната врата на училиштето, ниту еден ученик не освоил максимален број бодови. Од вкупно 170 бодови, над 129 бодови што се смета за одличен успех или оценка 5 освоиле 11 ученици, односно само 3,76% од тестираните, многу добар успех од 107 до 129 бода имаат 39 ученици или 13,36% од тестираните. Најголем број од учениците 133 или 45,55%, на приемниот испит добиле тројка или добар успех со освоени од 67 до 106 бода. Доволен успех со освоени од 45 до 66 бода имале 70 ученици, односно 23,97% од тестираните, оценка единица или недоволен успех со освоени под 45 бода имаат покажно 39 ученици, односно 13,36% од тестираните.

За наставниците со кои контактираше САКАМДАКАЖАМ.МК од основните училишта ваквите разулатите не се воопшто изнанадување, туку реална слика на она што се случува во нашето образование.

„Кога двојките во текот на цела учебна година на крајот стануваат петки ќе имаме вакви резултати. Одлични со сите петки поминуваат ученици кои цела година не доаѓаат на школо, ученици кои ниту една петка не добиле по одреден предмет, но на крај се бара оценката да се поправи. Ако ги видите електронските дневници и свидетелствата на крајот на годината ќе мислите дека не станува збор за истите ученици“, вели наставничка која 40 години предава во скопско училиште и е пред пензија.

„Петките се добиваат со услуга. Денешниот образовен систем е сведен на телефонски повик од овој доктор, од оној директор, од познат бизнисмен и слично за на детето да му се стави петка. И така учениците поминуваат со сите петки, а родителите после плачат зошто децата да им полагаат приемен тест. Па, ако се со успех 5.00 зошто тогаш се плашат. Но еве, последното тестирање во гимназијата ‘Орце Николов’ ги извади на површина овие проблеми“, додава наставничката која е позната на редакција.

Годинава, приемен испит освен во гимазијата „Орце Николов“ се полагаше и во медицинското училиште „Д-р Панче Караѓозов“.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/uchenitsite-so-site-petki-na-priemniot-ispit-vo-gimnazijata-ortse-nikolov-dobija-trojka/ - https://sdk.mk/index.php/makedonija/uchenitsite-so-site-petki-na-priemniot-ispit-vo-gimnazijata-ortse-nikolov-dobija-trojka/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Aug-2022 at 13:05
Оваа учебна година ќе започне на 1 септември, а секоја следна ќе започнува на 10 септември

Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни.

„За оваа идеја дискутиравме заради тоа што, во некои од нашите земји во регионот како на пример Албанија, Хрватска, учебната година не започнува на 1 септември како кај нас, туку подоцна. Јас би сакал да се помести стартот, размислувам за тоа, иако треба да видиме како ќе се усогласиме со СОНК, синдикатите, како и останатите институции кои се врзани со датуми, на пример, Државниот испитен центар кој е врзан со рокови заради мноштво полагања, меѓу кои и полагањето државна матура. Инаку сметам дека идејата за пролонгирање на учебната година е добра“, вели Шаќири за Мета.мк.

Од 1 септември, треба да започне учењето по новата Концепција во второ и во петто одделение. За овие две одделенија, вели министерот, сѐ уште не се испечатени учебници.

„Во однос на тоа, дали ќе успеме на време да ги обезбедиме учебниците, можам да кажам дека на време ќе има и учебници и материјали за учење за трето, шесто, седмо и за деветто одделение. Новите учебници кои треба да се испечатат за прв пат, за прво, второ, четврто и за петто одделение, сите постапки се започнати во најбрз временски рок. Бидејќи ќе се доцни, го задолживме Бирото за развој на образованието да направи подготвителни материјали за учење, наменети за првите три месеци од наставата, додека не стасаат учебниците. Тие материјали се исто како учебници, но содржат теми само за првите три месеци“, информира Шаќири.

Мета.мк неодамна пишуваше дека новите наставни програми за второ и за петто одделение се објавени на веб-сајтот на Бирото за развој на образованието. За да се реализираат, потребни се мноштво средства и опрема. Така на пример, за да се реализира успешно предметот Општество за второ одделение, наведено е дека во училницата треба да има компјутер, проектор, дигитални уреди (фотоапарат, телефон, телевизор, ЦД уред), но и сложувалки, логички плочки, игра „Не лути се човече“, градинарски алат, прибор за лична хигиена и хигиена во домот.

Минатата година, согласно новите правила кои ги налага Концепцијата, започнаа да учат најпрво првоодделенците и четвртоодделенците. Бирото организираше советодавни стручни посети во училиштата за да видат како тече реализацијата, по што беше утврдено дека сѐ уште има недоволно опремени училници со потребната опрема, средства и материјали за соодветна реализација на новите наставни програми, а од друга страна, било нотирано дека задачите кои ги даваат наставниците, најчесто за учениците се предизвик, со што го поттикнуваат критичкото размислување и анализа на дадени ситуации.

https://meta.mk/ovaa-uchebna-godina-kje-zapochne-na-1-septemvri-a-sekoja-sledna-kje-zapochnuva-na-10-septemvri/ - https://meta.mk/ovaa-uchebna-godina-kje-zapochne-na-1-septemvri-a-sekoja-sledna-kje-zapochnuva-na-10-septemvri/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Aug-2022 at 17:14
Нема македонски универзитет на Шангајската листа

[tube]Yxol80U98fg[/tube]

Македонските универзитети повторно ги нема во првите 1000најдобри на Шангајската листа. На најновото академско рангирање објавено денеска највисоко котираат универзитетите „Харвард“, „Стенфорд“, Институтот за технологија во Масачусетс, „Кембриџ“ и „Беркли“.

Од регионот, на позициите меѓу 400 до 500 место е рангиран Универзитетот во Белград, кој се наоѓа и на прво место на национално ниво во Србија, во истиот ранг се љубланскиот,загребскиот и атинскиот Универзитет. Универзитетот во Нови Сад пак се наоѓа на позиција меѓу 900 и 1.000 то место на Шангајската листа или втор на национално ниво во Србија.Универзитетот во Солун се наоѓа на позциите меѓи 500ини и 600 ини најдобро рангирани на Шангајската листа, Универзитетот во Крит меѓу 600 и 700 место.

Во последното рангирање објавено на 25 април, единствениот македонски универзитет кој го има на листата, „Св. Кирил и Методиј“ падна зa 20 места и сега се наоѓа на 1.964 место од 2.000 универзитети.Според професорската фела потребни се итни стимулативни критериуми кои ќе овозможат да не се пропаѓа секоја година се повеќе и повеќе на листата.

Во последните три години Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) забележа пад од 47 места во однос на минатата година, според Центарот за рангирање на светски универзитети.

https://24.mk/details/nema-makedonski-univerzitet-na-shangajskata-lista - https://24.mk/details/nema-makedonski-univerzitet-na-shangajskata-lista

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Sep-2022 at 12:02
УКИМ пред штрајк: Никогаш не сме биле со пониски плати, а Владата нè игнорира

Ако до петок Владата не седне на маса со Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Синдикатот ќе иницира помирување пред штрајк. Претседателот на Синдикатот, проф. д-р Ангел Ристов, во гостувањето во „360 степени“ на Алсат ТВ рече дека никогаш во историјата на Универзитетот состојбата на вработените не била потешка и полоша.

Ристов вели дека во минатото платите на УКИМ биле на ниво на судии и на обвинители, а денес доцентите земаат пониска плата од просечната. Според претседателот на Синдикатот, редовен професор на УКИМ заработува 39 500 денари месечно, а платата на доцент изнесува 30 590 денари, што е под просекот во државата.

„Ние сме едни од ретките држави во Европа и во светот каде еден доцент, доктор на науки, зема помала плата од просечната“, рече Ристов, додавајќи дека најзагрозен е ненаставниот кадар чии плати не се покачени со години.

Правејќи споредба со примањата на колегите од регионот, Ристов вели дека во Северна Македонија универзитетските професори се убедливо најслабо платени.

„Јас ја споменав платата на еден редовен професор што целиот свој живот го посветил на науката, на образованието, на младите, на идните генерации – 650 евра. Во поблиското опкружување, во Косово – 1 500 евра плата, Србија – 1 800 до 2 000 евра плата, Хрватска – 2 000 евра плата, Словенија 2 500 евра плата. Ние заостануваме далеку зад сите земји во регионот, но исто така и од земјите во Европа и светот“, објаснува Ристов.

https://alsat.mk/mk/ukim-pred-shtrajk-nikogash-ne-sme-bile-so-poniski-plati-a-vladata-ne-ignorira/ - https://alsat.mk/mk/ukim-pred-shtrajk-nikogash-ne-sme-bile-so-poniski-plati-a-vladata-ne-ignorira/

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window