Print Page | Close Window

Приватна болница(до 8 Сепмтември)-Карпош

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Здравствени
Forum Discription: Болници, клиники...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3948
Printed Date: 29-Nov-2021 at 09:38


Topic: Приватна болница(до 8 Сепмтември)-Карпош
Posted By: stef4o
Subject: Приватна болница(до 8 Сепмтември)-Карпош
Date Posted: 16-May-2019 at 07:37
Од фб,непосредно до Воена болница и клиниката на Жан Митрев очигледно се спрема ново градилиште,инвеститор е Систина.Незнам што ќе градат?






Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Aug-2021 at 06:56
Никнува нова приватна болница до 8 Септември

[tube]4ImyI85USfY[/tube]

На парцелата, оградена со тараби, во кругот на Градската болница „8-ми Септември“, меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Илинден“, деновиве повторно се гради.

По двегодишна пауза, багерите го расчистуваат теренот за нова болница, во непосредна близина на две постоечки болници. Но, заедно со градбата, продолжуваат и неколкугодишните препукувања меѓу општината, министерството и инвеститорот. Од општината тврдат дека сѐ уште нема правна разврска на случајот кој почна во 2019-та година, кога тие го поништија решението за градба, поради поминат рок за почнување со градба.

„Систина фармација“, земјиштето го купиле во 2014 година, а одобрението било издадено после една година. Но, и по четири години градбата не била почната, иако законскиот рок е лимитиран на две години. Управниот суд ја поништи оваа одлука, поради нецелосна документација, но Министерството за транспорт повторно изготвило решение, со кое се забранува градба.

Од Министерството за транспорт и врски најавија подетални информации за утре.

Во меѓувреме е сменета и таблата на која до пред три години стоеше дека инвеститор е „Систина фармација“. Сега инвеститор е Друштво за трговија и услуги СИС Хоспитал ДООЕЛ Скопје. Во 2018-та, сопственоста од Орка Холдинг и други, се префрла на Сергеј Самсоненко.

Адвокатот на инвеститорот тврди дека неговиот клиент има право да гради, затоа што Управниот суд ги поништил одлуките на општина Карпош и Министерството за транспорт.

Инвеститорот повел и кривична постапка против инспекторот кој го укинал одобрението за градба, затоа што, како што тврди, во моментот на инспекцискиот надзор и врз основа на документацијата, не бил надлежен и не извршил конкретен надзор врз објектот.

Се работи за парцела од 11.207 метри квадратни метри државно неизградено земјиште, кај поранешната Воена болница и е продадена по пат на јавно надавање. Фирмата го добила земјиштето по цена од 3.060 денари за метар квадратен, односно вкупно за него платила 557.616 евра.

Маркичката за планираната градба, освен за здравствени дејности, дозволува компатибилни класи за намена на хотелски комплекс, мали комерцијални и деловни дејности и за спорт и рекреација. Според тогашни информации, приватната болница треба да се состои од приземје и пет ката, а нејзината висина до венец ќе изнесува 21 метар.

https://vecer.mk/makedonija/niknuva-nova-privatna-bolnica-do-8-septemvri


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Aug-2021 at 07:01
Старата табла



Новата табла








Print Page | Close Window