Print Page | Close Window

ДЦ Аркадија

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Деловни
Forum Discription: Канцелариски згради, деловни центри, седишта на компании...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=397
Printed Date: 22-Oct-2019 at 12:15


Topic: ДЦ Аркадија
Posted By: pbanks
Subject: ДЦ Аркадија
Date Posted: 18-Jan-2008 at 11:23
Еве една вест за нова локација во центарот кај што скоро ќе треба да почне да се гради деловен објект. Два момента. Се работи за битна локација така да ваљда нема да зезнат работа со некој фушерски објект како оној дијагонално од соборна (кој BTW почнува да ми изгледа одвратно како е поставен во однос на Порта Буњаковец, комплетно без врска).
Втор момент е.... Каде точно ќе се гради овој објект, дали ќе се залепи до Св. Климент Охридски? Ваљда не... Имаме една дискусија на оваа тема за тоа како треба да се поредени објектите на овој булевар. Незнам веќе што да мислам можеби концептот за кој што зборувам на следниот линк е напуштен одамна а јас упорно го верглам?

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=47 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=47


НАПУШТЕНИОТ РЕСТОРАН ЗА БРЗА ХРАНА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА

Зграда ќе го покрие ѓубрето кај „Аркадија“

Сопствениците на парцелата велат дека пред изградбата ќе го исчистат буништето во објектот и се правдаат дека никако не можеле да го спречат неговото настанување

Најдоцна до 15 февруари на местото на напуштениот објект на ресторанот за брза храна „Аркадија“, кој се наоѓа на булеварот Климент Охридски, во строгиот центар на градот, ќе почне да се гради нов деловен објект. Со изградбата скопјани ќе куртулат од големата депонија што несовесни граѓани ја создадоа на местото на некогашниот ресторан, од каде што се шири смрдеа. Сопствениците на „Аркадија“, Перо и Соња Љутикови, кои ќе бидат сопственици и на новиот деловен објект, велат дека веќе добиле локациски услови од Општина Центар, а се надеваат дека во најскоро време ќе го добијат и одобрението за градба.

Од Општина Центар потврдуваат дека е во тек постапката за добивање дозвола за градење на деловниот објект.

- Локациските услови се веќе издадени и се работи на главниот проект. Новиот деловен објект набрзо ќе почне да се гради - вели градежниот инспектор во Општина Центар, Милан Пижула.

Тој објасни дека објектот ќе има и паркиралиште, бидејќи без предвиден паркинг-простор за возилата што ќе доаѓаат во зградата нема да биде издаде одобрението за градба. Според Пижула, висината на објектот од нивото на тротоарот до венецот е од 19 до 20 метри, а за тоа колку ката ќе има, ќе одлучат самите сопственици, во зависност од проектот.

Сопствениците Љутикови велат дека деловниот објектот е предвиден во детаљниот урбанистички план за локалитетот и во Генералниот план на Скопје и дека целата постапка за градба е легална.

Ресторанот „Аркадија“ не работи веќе шест години. За тоа време несовесни граѓани празниот простор го користеа како јавно веце и како голем градски контејнер во кој без трошка срам исфрлаа градежен шут, комунален смет, непотребни предмети, расипана храна и друго. Досега никој не е казнет за ваквата ситуација, ниту сопствениците на објектот, ниту загадувачите на околината.

Сопствениците на објектот, за состојбата се бранат со објаснувањето дека не можеле да ги спречат несовесните граѓани во нивните намери да фрлаат ѓубре каде што сакаат.

- Тоа не е наша вина. Ова е ѓубре на градските госпоѓи што живеат тука во центарот. Штом ќе го добиеме одобрението за градба, веднаш ќе го исчистиме буништето. Досега не можевме ништо да сториме бидејќи и за оградување на градежна парцела е потребно да се добие согласност и од Градот и од МВР, а за тоа е потребно време - се брани Љутикова.

И од Општина Центар се бранат со тоа што инспекцијата немала ингеренции да пишува казни за сметот, иако со неодамнешните законски измени добија можност да ги казнуваат граѓаните што фрлаат ѓубре на јавни места. Општинарите велат дека единствено можат пред градежните работи да го исчистат оставениот градежен шут. Градежниот инспектор Пижула најави дека ќе испрати инспектори на терен, за да видат дали нешто може да се стори околу отстранувањето на шутот.

И во претпријатието „Комунална хигиена“ се оградуваат од ѓубрето во „Аркадија“.

- Иако знаеме за случајот, ние не можеме да сториме ништо бидејќи не сме овластени да го чистиме сметот од приватен имот - вели портпаролката Југослава Дуковска Поленак.

(А.П.)



Извор: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DEFABF77BB2BEA4E8C954D8F5C09D309 - Дневник



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jan-2008 at 17:41
Стварно изгледа не е све како што треба на таа страна од Климент Охридски. Ја концептот никако не можам да го сватам...

А за тоа што ќе никне кај Аркадија, ќе мора да се молиме овие Љутикови да имаат колку-толку вкус.


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Sep-2008 at 17:50
Дечки овдека се руши веќе неколку дена... И тоа не само Аркадија туку и неколку од соседните куќарки. Со господ напред... 


Posted By: dacito
Date Posted: 28-Sep-2008 at 18:20
Дечки овдека се руши веќе неколку дена... И тоа не само Аркадија туку и неколку од соседните куќарки. Со господ напред... 


Фала богу, ваљда ќе се лишиме од едно ругло во строгиот центар на градот


Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Sep-2008 at 21:32
Не знам дали некој има информација, но едно време се зборуваше дека и Кингбургер заедно со Маршалот ќе го рушат за да изградат зграда. Не знам што се случи со таа градба, инаку во меѓувреме Кингбургер повторно го отворија.


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Sep-2008 at 22:43
Originally posted by BOJAN

Не знам дали некој има информација, но едно време се зборуваше дека и Кингбургер заедно со Маршалот ќе го рушат за да изградат зграда. Не знам што се случи со таа градба, инаку во меѓувреме Кингбургер повторно го отворија.


да ми текнува кога беше затворен кинг бургер и баш се надевав дека се готви зграда. Како што кажа dacito сите тие трошни куќарки макар и адаптирани и реновирани се ругло за градот и под хитно мора да се порушат.

Е сега прашањето е само да не зажалиме што почнало да се гради било што. Се надевам дека се токмат добри проекти тоа е стварно многу битен дел од центарот а до сега сите новоградби се за никаде Ohno


Posted By: duli
Date Posted: 28-Sep-2008 at 22:54
zdravo na site nov sum moze nekoj da ja kaze lokacijata na google earth


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 28-Sep-2008 at 23:36
На булевар св. Климент Охридски (бивш ЈНА) карши Кинг Бургер.

Добредојде на форумов Cheers


Posted By: Cibi
Date Posted: 29-Sep-2008 at 21:38
zdravo duli.


Posted By: Cibi
Date Posted: 29-Sep-2008 at 21:40
se preplavivme so delovni objekti,ali ako ne ni smetaat. Dunno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Sep-2008 at 23:17

Деловен објект ќе никне кај поранешната сендвичарница

Нов деловен објект ќе се гради на просторот каде што се наоѓаше познатиот ресторан за брза храна „Аркадија“, на булеварот Климент Охридски. Градежната фирма „Аполо инженеринг“ ја урна старата и го подготвува теренот за изградба на нова зграда. Просторот е ограден за да може работниците со механизација да ги изведуваат земјените работи. Од фирмата ни објаснија дека тие се ангажирани за подготвителните работи, односно да го израмнат теренот, да ги подготват подрумските простории за да може потоа да се гради објектот. Инвеститори се сопствениците на поранешната „Аркадија“, Перо и Соња Љутикови, кои ќе бидат и сопственици на деловниот објект.

Од општината Центар велат дека сопствениците ја имаат потребната градежна дозвола за која им е издадена на 10 септември годинава. Градежниот инспектор Милан Пилужа објасни дека деловниот објект ќе биде со бруто-површина од 226 квадратни метри, а ќе содржи приземје плус четири ката, како и потпокрив. Висината на објектот од нивото на заштитениот тротоар ќе биде од 19 до 20 метри. Предвидена е и гаража во подрумот.

- Се' уште сме во преговори за тоа која фирма би ја ангажирале за изградбата на деловниот објект. Немаме ништо конкретно дефинирано, засега само теренот се подготвува за почеток на градежните работи - велат инвеститорите. Објектот на ресторанот за брза храна „Аркадија“ не работеше последните шест години, а во последно време несовесните граѓани и околните соседи го претворија во дива депонија. На смрдеата што доаѓаше од буништето повеќепати реагираа и жителите. За тоа беше известена и инспекцијата на Општина Центар, по што дворот на напуштениот објект беше исчистен. Општината Центар и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се оградуваа дека не се надлежни за расчистување на сметот бидејќи станувало збор за приватен имот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EE198676BE85124BABCCD61E45E3AD0D



Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Oct-2008 at 18:04


Posted By: dacito
Date Posted: 01-Oct-2008 at 18:40
Градежниот инспектор Милан Пилужа објасни дека деловниот објект ќе биде со бруто-површина од 226 квадратни метри, а ќе содржи приземје плус четири ката, како и потпокрив.


Како бе 226 квадратни метри??? Ова е сигурно некоја грешка, фали веројатно една нула на крајот!!?!?!!! Ми делува премалку за приземје плус четири ката, како и потпокрив да зафатат 226 квадратни метри. Значи, од прилика 226 / 6 = 37.66666, што е смешно


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Oct-2008 at 18:55
Originally posted by dacito

Градежниот инспектор Милан Пилужа објасни дека деловниот објект ќе биде со бруто-површина од 226 квадратни метри, а ќе содржи приземје плус четири ката, како и потпокрив.


Како бе 226 квадратни метри??? Ова е сигурно некоја грешка, фали веројатно една нула на крајот!!?!?!!! Ми делува премалку за приземје плус четири ката, како и потпокрив да зафатат 226 квадратни метри. Значи, од прилика 226 / 6 = 37.66666, што е смешно


Веројатно писателиот мислел дека основата е 226м што повторно воопшто не е импресивно.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Oct-2008 at 09:44
Луѓе мора да го набавиме ДУП за овој дел од градот бидејќи мене навистина ништо не ми е јасно.

На градилиштето на Аркадија на големо се градат темели, не успеав да сликам бидејќи имаше многу сумњиви типови кои го одмеруваа секој минувач што проаѓа. Она што можев да го видам е дека градежната линија е горе доле иста како онаа што беше на субстандардните објекти од претходно, можеби за 0.5/1м повнатре но сепак поисфрлена од линијата на која се гради Корнер погоре на раскрсницата. Со други зборови овдека нема да остане ни тротоар ни бутур а со оглед на тоа како се исфрлени зградите и од другата страна на улицата единствено решение да се добијат тука нормални тротоари ќе биде уништување на средушниот појас што би било навистина штета.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Oct-2008 at 13:01
Јас ќе почекам да видам рендер, па после ќе можам да зборам за троторатот и градежната линија. Зградата од карши кај што е АМЦ може да се излезе горе и да се фати добра слика. Или па онаа кај што е АМЦ мегасторе.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Oct-2008 at 17:48
Пред лоа саат продов од овдека, и покрај тоа што беше темно имаше ангажаирано сериозна механизација. 2 бетоњерки у акција, и околу 3-4 миксера. Може би во наредниов период ќе се појави некој мал застој на сообраќајот овдека но тоа не е причина да негодуваме. Инаку дупката беше прилично голема (се гледа пошто има мрежа, а не лимена ограда), скоро да беше покопан коловозот. Ова сигурно е заради подрумските простории, или па нешто слично како со уличката кај НЛБ.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Oct-2008 at 19:23
dali mose nekoj da dava kordinati


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Oct-2008 at 19:32
Изволте:  41°59'49.69"N 21°25'29.85"E


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Oct-2008 at 19:57
fala mnogu islcrew  ...shokiran sum sto bese vo centarot .....  cudno mi e deka nikogas ne sum go videlDunno


Posted By: maestro
Date Posted: 14-Oct-2008 at 21:25
Ух добро е што никогаш не сум го видел тоа ѓубре!
Среќен сум што нема никогаш!
Дефинитивно сите депонии да се расчистат!

Браво за проектот, ама ако е точна веста дека основата е мала, тогаш -

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 15:22
Разговарав со луѓето што работеа тука и ми кажаа дека ќе биде деловен центар.




Полош рендер немам видено досега.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Oct-2008 at 15:40
Originally posted by lslcrew

Полош рендер немам видено досега.


Па добро сеа, тоа не е рендер туку малку нашминкана проекција (можеби архитектите имаат и стручен назив за тоа), ама дефинитивно е многу оскудна и реално не наговестува баш многу па проектов уште е голем прашалник - може да испадне нешто сосема пристојно, а може да испадне и тешко срање. Очигледно клучна улога за екстериерот ќе имаат видот и квалитетот на употребенијте материјали, а на онаква презентација се е отворено и човек може да си замисли буквално што ќе му падне на памет...


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Oct-2008 at 16:58
Јас за овој објект имав исклучително ниски очекувања така да не сум разочаран. Но навистина е жалосно што волку битна и централна улица се пополнува со разни Аркадии и Корнери Ohno Заслужува многу подобро. 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Oct-2008 at 17:10
Мене ова ми изгледа дека ќе биде некој аквариум со 31232131 бои стакла. Погледнете ја само скицата, само стакло е.


Posted By: 46&2
Date Posted: 19-Oct-2008 at 20:59
Мислам дека знам што е финтата со објектот ,зошто е со толку мала основа и зошто сепак ќе има поширок тротоар. Порано имам читано дека во тој дел со ДУПот се предвидуваше да се вовлече приземјето на зградите кон внатре а тоа да се реши со столбови како би имало простор од 3 метри. Сега ако убаво забележите се гледа на рендерот дека е така. Како второ сум задоволен од тоа дека ќе го и попонат шпицот кон соседната станбена зграда. Кога копаа тој дел го изоставија па се исплашив дека ќе остане тој триаголен простор како слепо црево меѓу двете згради / нешто како што е две згради погоре кон Грчка амбасада. Се на се за мене објектот би можело да испадне прилично солиден.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Oct-2008 at 21:18
Originally posted by 46&2

Мислам дека знам што е финтата со објектот ,зошто е со толку мала основа и зошто сепак ќе има поширок тротоар. Порано имам читано дека во тој дел со ДУПот се предвидуваше да се вовлече приземјето на зградите кон внатре а тоа да се реши со столбови како би имало простор од 3 метри. Сега ако убаво забележите се гледа на рендерот дека е така. Како второ сум задоволен од тоа дека ќе го и попонат шпицот кон соседната станбена зграда. Кога копаа тој дел го изоставија па се исплашив дека ќе остане тој триаголен простор како слепо црево меѓу двете згради / нешто како што е две згради погоре кон Грчка амбасада. Се на се за мене објектот би можело да испадне прилично солиден.


Чекај не те разбирам. Зборуваш за онаа куќарка што беше изоставена позади аркадија на тромеѓето со постарата црвена станбена зграда и со новата која чека лепенка врз нејзе? Ако е тоа, барем има некоја добра вест само јас колку што гледам на сликата на ЛСЛ таа куќа не е чепната.

Што се однесува до вовлечените тротоари да, тоа беше во времето на Пенов, тој сакаше цела улица да ја направи таква но мислам дека остана така само како муабет. Дури и да е така решено на оваа зграда не верувам дека тоа ќе произлегува од ДУПот тука повеќе мислам дека би било волја на инвеститорот.


Posted By: 46&2
Date Posted: 19-Oct-2008 at 21:23
Конкретно мислев на дупката што ја имаше некој сликано во разни помали објекти.
Сега пак ја тебе не те разбирам за која куќарка збориш


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Oct-2008 at 21:30
А сеа па ти уште толку ме збуни LOL Која дупка во Разни помали проекти не ми текнува Question

Еве за што зборувам јас




Posted By: my Macedonia
Date Posted: 21-Oct-2008 at 18:30
pak dobro e toj objekt ..da ne se pravese objekot kako ce bese ??...... so ta rasipanata kuca


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Oct-2008 at 14:24
Абе да не се работи за истиов проект што имаме рендери уште од лани, па сега да има само некоја мала измена?!
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=15&PID=2894#2894 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=15&PID=2894#2894


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Oct-2008 at 17:51
Не верувам дека тој проект има било каква врска со локацијава, но ако е така тогаш измените воопшто не би ги окарактеризирал како мали.


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Oct-2008 at 20:09
јас мислам дека тие рендери беа за Палата Читкушеви во центар, па подоцна ги изменија


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Oct-2008 at 20:12
По се изгледа не е пошто знаеме дека тој проект е наменет за берза, а ова е деловен центар. Доста се слични, па затоа ме натера да прашам.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Oct-2008 at 11:35
На овие им се брза... веќе испливаа над земја.

1 Ене може да ја видите куќарката во позадина која за жал ќе остане нечепната

2



Posted By: beTon
Date Posted: 30-Oct-2008 at 11:47
еј куќарката е бивши ЗООшоп имајте малку респект кон историјата Smile а приватна сопственост може сега ја користат како менза или хедквотерс за палирите и проектантите... а може е работата и на суд па да се чека на мирната рака на судијата да пресече кој колку треба да добие LOL абе лесно е кога се работи за мешункасти муабети, тешко е да се излезе на крај со тикви и лубеници Eeek3


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Oct-2008 at 14:41
Originally posted by pbanks

Ене може да ја видите куќарката во позадина која за жал ќе остане нечепната
Кај да е и таму ќе добиеме некаква зградичка - со основа од 100m2 Roll%20eyes


Posted By: 46&2
Date Posted: 01-Nov-2008 at 19:58
Вчера поминав таму и се уверив со свои очи. Таму има максимум 150 м2 парцела со неправилна форма, тешко дека некој ќе се нафати да гради на тоа место. Друго нешто што ме загрижува е пристапот до подземната гаража која ја најавуваа со проектов. До сега не видов некаков логичен начин да се изведе тоа а да не се наштети на просторот. Има две можности за пристап. Едната е од кај Корнер кај шпицот на зградата а вториот би бил преку тротарот до зградата. И двата начина не се најсјајни ама сепак мора од некаде да се влегува и излегува. И уште нешто, зградава дефинитивно има поголема основа од 230 м2.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Nov-2008 at 20:03
Добро би било ако имавме ДУП од овој дел од градот па да ги разјасниме сите дилеми. Мене ми изгледа дека тука има доста отстапиувања од ДУП-от кои прошле несанкционирано.


Posted By: 46&2
Date Posted: 01-Nov-2008 at 20:07
Тогаш ќе се разјаснат работите дефинитивно. Мене на пример станбените згради кои се поставени косо покрај постарата зграда ми се многу глупо поставени. Без потреба се стеснува просторот и се оневозможува евентуално пробивање на улица.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Nov-2008 at 20:10
Неможе туку така пробивање на споредна улица на место каде што на само 10 метра се пресекуваат два булевара. Мора таа хиерархиска поставеност на големина на улиците да се почитува. Тука дефуинитивно се знае од каде се обезбедува пристап (од позади).


Posted By: 46&2
Date Posted: 01-Nov-2008 at 20:20
Може да се направи така да не сече преку булевар туку да оди до тротоарот и тука слепо да завршува. Многу такви примери има по Партизанска, улицата служи како сервисна на зградите што се одма до булеварот а со неа не може да излезеш на булевар. Тука нема улица туку има само стеснување кое што е лошо направено и од естетски и од функционален аспект.


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Nov-2008 at 11:42


Posted By: nacrt
Date Posted: 11-Nov-2008 at 14:49

Како бе 226 квадратни метри??? Ова е сигурно некоја грешка, фали веројатно една нула на крајот!!?!?!!! Ми делува премалку за приземје плус четири ката, како и потпокрив да зафатат 226 квадратни метри. Значи, од прилика 226 / 6 = 37.66666, што е смешно

Mosne interesno, ako gradezen inspektor izjavil deka e 226 metri bruto kvadratura.Izjavata treba da e bazirana na odobrenie za gradenje.

Temata treba ubavo da se istrazi.
Za edni arhitekti vazat edni pravila, a za drugi arhitekti vazat drugi pravila.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Nov-2008 at 15:04
нацрт драго ми е што одма се вклучи во дискусиите. Добредојде! Thumbs%20Up


Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Nov-2008 at 20:28
Originally posted by nacrt


Како бе 226 квадратни метри??? Ова е сигурно некоја грешка, фали веројатно една нула на крајот!!?!?!!! Ми делува премалку за приземје плус четири ката, како и потпокрив да зафатат 226 квадратни метри. Значи, од прилика 226 / 6 = 37.66666, што е смешно

Mosne interesno, ako gradezen inspektor izjavil deka e 226 metri bruto kvadratura.Izjavata treba da e bazirana na odobrenie za gradenje.

Temata treba ubavo da se istrazi.
Za edni arhitekti vazat edni pravila, a za drugi arhitekti vazat drugi pravila.



Добредојде нацрт!

Мислам дека е само мала збунка во прашање. Најверојатно мислат на тоа дека основата е 226 метри квадратни... па помножи со 6 после




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Nov-2008 at 12:02


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 20-Nov-2008 at 12:14
Браво за урбанистиве, можеа и лентата за возење да ја земат, тротоарот е истиот ко од времето на Леко, двајца да не може да се разминат....Скопје е село и продолжува да живее како такво, ваквите моменти го прават да биде

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Dec-2008 at 10:12


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Dec-2008 at 10:15
Тука како да има некој застој подолго време. Колку шпто можев да приметам иам една недела од прилика како нема ништо мрднато!


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Dec-2008 at 10:17
Originally posted by lslcrew

Тука како да има некој застој подолго време. Колку шпто можев да приметам иам една недела од прилика како нема ништо мрднато!


око лаже, форумов не лаже.... погледни погоре на 20 Ноември имало плоча помалку а и столбовите не биле довршени пред таа плоча... Сепак темпото е на место, други работи се проблематични со овој објект, пред се она што го спомна Dave Gahan неколку поста погоре.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 02-Dec-2008 at 14:05
bogami golema e razlikata,od 20 noemvri do sea,sea postavuvaat vtora ploca.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Dec-2008 at 12:37
Денеска пројдов од тука и една работа ми привлече внимание.

Приметив дека еден столб (може има и други) после првата плоча не продолжува право, него е малце надесно поместен неколку сантиметри. Ја многу у статика не се разбирам ама колку што можам да заклужам со моите лаички познавања, не ми изгледа исправно. Тоа е столбот, оној вториот (од четирите) од лево на последната слика, на горниот кат.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Dec-2008 at 13:50




Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Dec-2008 at 15:44
Тоа со стубот што прашував го приметив пред некој ден дека се си е ок, така изгледало само од некој страчиен агол при вожња.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Jan-2009 at 16:10
Некој цртеж од објектот Nuts






-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Jan-2009 at 16:20
Дефинитивно се градат објектите многу побрзо од порано...не знам што ги разбуди толку, да не има некаков нов закон околу пробивањето на рокот?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Feb-2009 at 19:03
Овие не губат време




Posted By: 46&2
Date Posted: 21-Feb-2009 at 18:51
Од вчера


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Feb-2009 at 15:03


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Mar-2009 at 16:52


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Mar-2009 at 21:10
ова испадна нешто како осхридска архитектура LOL
шала на страна, дури сега сфатив дека обектов е застрашувачки близу и привидно над коловозот Crazy


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Apr-2009 at 13:51
1

2



Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Apr-2009 at 13:58
кога го видов полукругот одозгора ми се стемни


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Apr-2009 at 14:28
Иако ваквите згради мене не ми се баш лични, мислам дека мора да се сложите дека во секој случај е подобра од сите глупости што ги нарекуваат згради што се градат низ државата. Во секој случај ќе биде подобра од тоа лево од неа на последната слика.

Инаку грдосиите низ македонските градови ме тераат да се запрашам, дали игра улога изгледот на зградата (ако е блиску цената и локацијата горе-долу со другиот избор) кога некоја фирма или пак семејство би сакале да се вселат негде? Дали тогаш не би бил супер исплатлив бизнис да се градат убави згради? Crazy <- Ова е за тоа што ние сме таков народ што богами навистина треба да се постави вакво прашање.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Apr-2009 at 14:32
mene mi se dopaga, super e i lokacijata e dobra


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Apr-2009 at 14:40
Originally posted by гитардемон

Иако ваквите згради мене не ми се баш лични, мислам дека мора да се сложите дека во секој случај е подобра од сите глупости што ги нарекуваат згради што се градат низ државата. Во секој случај ќе биде подобра од тоа лево од неа на последната слика.


Па не се слижувам, овој објект е за мене утнат урбанистички по сите можни критериуми а имам исклучиво ниски очекувања за финалниот изглед. Исто така не би се сложил дека станбените блокови (како оној од лево) се грди и дека вакви транзициски зградичиња накитени со малку стакло се споредливи со нив.


Инаку грдосиите низ македонските градови ме тераат да се запрашам, дали игра улога изгледот на зградата (ако е блиску цената и локацијата горе-долу со другиот избор) кога некоја фирма или пак семејство би сакале да се вселат негде? Дали тогаш не би бил супер исплатлив бизнис да се градат убави згради? Crazy <- Ова е за тоа што ние сме таков народ што богами навистина треба да се постави вакво прашање.


Јас мислам дека во 99% случаи нема врска изгледот со изборот на купувачите. Барем во Скопје имам впечаток дека главен критериум се стереотипите за населбите (ако се работи за семејства) и луѓето во нив и секако куповната моќ. Се друго е второстепено.


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Apr-2009 at 17:22
не се сложувам дека објектов е нешто прекрасен, очекував повеќе од обична транзициона зграда


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-May-2009 at 14:46


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-May-2009 at 11:12


Еве подобра слика. Овие се во длабока хибернација, градилиштето е напуштено сигурно едно месец дена.



Posted By: mama
Date Posted: 04-Aug-2009 at 23:27
denes nesto se rusese na objektovOhno
forumasi sto dobro slikate napravete nekoja fotka


-------------
mama


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Aug-2009 at 19:29
mama, еве го усликав денеска, мада челната страна е сосема покриена, а и светлото не беше „на моја страна“. Од фоткиве не се приметува кај било рушено. Успеа ли колку-толку да видиш што поточно се случувало?

Во секој случај ни беше потребен апдејт   Cheers

1


2


3



Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2009 at 14:33
Овде е нешто во застој. Горе полукружниот дел на кровот е нешто срушен, па сега има поставено некои монтажни полукружни греди...



Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Oct-2009 at 17:00
Каков олош од објект Puke

Вирусот на Бојо Андревски изгледа го зафати и остатокот од улицава Wallbash

1

2



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 17-Oct-2009 at 18:09
Originally posted by pbanks

Каков олош од објект PukeВирусот на Бојо Андревски изгледа го зафати и остатокот од улицава

Ми го расипа денов!

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: dacito
Date Posted: 18-Oct-2009 at 14:19
Аууууу каква катастрофа, ццццццц.....


Posted By: Keeray
Date Posted: 22-Oct-2009 at 22:41
Barem da bideme srekjni so go rascistija gjubrarnikot so bese tamu predhodno...


Posted By: Max
Date Posted: 22-Oct-2009 at 22:56
карабина да го оставеа ќе беше полично   сега она зградата на семос ама ептен ми личи убава, подобро таков објект да стокмеа тука него ваков турбо минимализам, бар прозорите да е поголеми ако ништо друго! 


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Oct-2009 at 00:06
Originally posted by Max

карабина да го оставеа ќе беше полично   сега она зградата на семос ама ептен ми личи убава, подобро таков објект да стокмеа тука него ваков турбо минимализам, бар прозорите да е поголеми ако ништо друго! 


Зграда на Семос?


Posted By: Max
Date Posted: 23-Oct-2009 at 01:32

лапсус, на сет компјутери старата, а и семос е во зграда ама стамбена, ех, да закачеа и како оние од скопјанка немаше волку лошо да изгледа!

а што очекуваме кога транзицијата сеуште не завршила! во тоа опкружување може и не би штрчела толку да ја средеа со црвена фасадна цигла, вака во бело ептен е невклоплива, на пост #63 некако потаман изгледа дури и како карабина за разлика од финалниов резултат, и тоа на фотка, не можам ни да замислам како изгледа на лице место во однос на цела околина, инаку на бојо привремениот универзитет фактички е реадапртирана стaрата зграда на печатницата на НМ и мислам дека воопшто не е споредливо со вакво новопечено промашување!

искрено таа на бојо каква беше претходно сега е десетка и тоа за стара зграда е топ нашминкана, дури и со тоа http://www.pilkington.com/applications/products2006/englishusa/bybenefit/solarcontrol/arcticblue/default.htm - џиш сините прозори (daylight wavelength) а споредено со оваa кутија, па дури и со повеќето обновени фосили во скопје, како мтц, хотел к.мост или онаа на пивница до ристичева... 



Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Oct-2009 at 01:47


Не се слагам, старата зграда на Нова Македонија злато вредеше во споредба со она чудовиште на Бојо. Се плашам ако навистина изгради некој поголем објект (како што е засилен), на што ќе личи тоа?

А за зградава на Аркадија човек на глава да дуби неможе да најде добра страна. Кај мене е зацементиран 1от уште од сега и само чудо може да го промени.

За Семос. Се понадевав дека си начул дека ќе градат деловна зграда па викам да си ја пробам среќата Знам дека се во станбена.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 23-Oct-2009 at 11:29
Греота за пикселите и буките што ги потрошивме за еден оваква касарна.

Предлагам на нишкава да се постави знак





-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: xnx
Date Posted: 23-Oct-2009 at 12:43
mene ne mi e nesto posebno losh objektov, niti pa dobar.


Posted By: 46&2
Date Posted: 23-Oct-2009 at 23:34

Единица сигурно не би дал кај мене таа е резервирана само за куќата на Мајка Тереза и не би било фер да ја дели со други објекти.

Друго нешто што сакав да посочам а никој од вас до сега го нема напишано е дека  последниот кат на објектот најверојатно бил дивоградба и како што гледата повеќе го нема ( направете споредба со сликите од пост #63 на пбанкс). Со тоа се гледа само колку е сериозен инвеститорот... 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Oct-2009 at 01:27
Originally posted by 46&2

Единица сигурно не би дал кај мене таа е резервирана само за куќата на Мајка Тереза и не би било фер да ја дели со други објекти.
На иста линија сум. Од објектов гарант ќе ми се повраќа, ама од спомен домот на мајка тереза ми иде да се убијам. Кај мене за објектов мислам дека е зацементирана двојка.



Друго нешто што сакав да посочам а никој од вас до сега го нема напишано е дека  последниот кат на објектот најверојатно бил дивоградба и како што гледата повеќе го нема ( направете споредба со сликите од пост #63 на пбанкс). Со тоа се гледа само колку е сериозен инвеститорот...
mama на претходната страна спомна дека нешто се рушело, ама не утврдивме што е. Добро си прметил, овие се „занеле“ и изградиле еден спрат повеќе  Bash
Во ред, барем во случајов профункционирал системот


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2009 at 01:25
Принципиелно е да го следиме напредокот и на ова ругло

1


2


3



Posted By: alexgizh
Date Posted: 12-Nov-2009 at 09:58
Ајде да се надеваме дека на местото на Вардар Мебел ќе залепат подобра зграда. Дека ќе залепат зграда е сигурно, само праам муабет за далеку подобра фасада, па така ќе се затскрие оваа.

Незнам дали некој од вас има приметено, ама меѓу оваа зграда и таа следната во уличката што води накај 7мица има една мала барака која сега е пет-шоп ако не се лажам. Е сега, на делот од Аркадија кој гледа накај ова баракиче имаше ставено мали прозорчиња, како за ВЦ. Сега се тие тргнати, претпоставувам бидејќи немале дозвола за нив (гледа директно во комшијата, а најверојатно тоа е така поради тоа што во ДУП-от можеби стои зграда до Аркадија, која и така ќе ги покрие прозорчињава).

Битниот момент овде ми е, дали некој знае дали се планира да се пополни и ова место со зграда, макар и толку тесна (како што направија кај Броз Кафе)?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Nov-2009 at 10:06
Сигурно е планирана зграда, па макар била и метро тесна, а ое оставен простор вака на терен. Кога тогаш ќе се пополни цела линија, и сите вакви празни линии на многу места што ги има низ скопје. Е сега што инвеститорите не се одважија да тоа личи нормално, него е све вака скрпено набутано. На многу места како тука две три згради подоле, не е испочитувата висината  па има по некои згради кои се пониски од соседните или па цела редица се различни и тоа еден детаљ што така...од авион се гледа дека доле има некој проблем.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Nov-2009 at 16:40


Posted By: Stefano
Date Posted: 15-Nov-2009 at 12:15
http://img121.imageshack.us/i/arkadija0303.jpg/">

Без кровот зградата не изгледа застрашувачки, но кога ќе ја видам од профил полукружната форма на кровот добивам тегоби..Мал прилог како би изгледала без полукруг.


Posted By: KamaZ
Date Posted: 16-Nov-2009 at 10:54
Значи зградава и мене ми е под сите очекувања. И јас се надевам дека до неа ќе се изгради нешто по саглам иако не верувам дека тоа ќе се случи набрзо со оглед на тоа колку се нереални сопствениците на тоа земјиште. Што се однесува до малото просторче со пет шопот, има тука еден момент во законот кој што вели дека маркица не може да се има на помалку од 50 квадрати. Што значи дека минимална димензија на објект би била 5 на 10. Значи да не се надеваме на холандски тип на објекти во Скопјево и Македонијава . Од мој аспект тоа е и добро.
Е сега да продолжам за сопствениците. Можеби малку оф топик. Не сакам никого да навредам, и доколку некој е засегнат со ова однапред се извинувам. Очекувањата за реалната вредност на земјиштето на сопствениците се смешни. Многу од нив забележуваат дека нема интерес кај инвеститорите за нивното земјиште поради нереалната цена и се одлучуваат сами да градат. Тоа би било во ред кога би можеле да склопат финансиска конструкција. ама ... тешко. Така низ скопјево се добиваат половично завршени ругла кои што за 50 години ќе бидат половично завршени стари ругла. Секоја чест на исклучоци кои што веќе си имаат нови станови во ново изградени згради од инвеститор ама останува уште голем број на луѓе кои што го чекаат инвеститорот на бел коњ со 2 МИЉОНА ЕУРА .

Чисто како информација за очекувањата на соспствениците. На истава улица има плацови кои што се продаваат по цена од околу 2000 евра квадрат. И не е тоа единствена таква локација. Блиску до народна банка има еден плац од 250-тина квадрати кој што се продава за 700 илјади евра )) Направив рачуница за инвеститор и испадна дека на тој плац му треба маркица (ако некогаш ја добие воопшто бидејќи нема дуп нели) со основа на цела површина со висина од минимум 10 спрата за да се исплати Е ајде сега кој ќе инвестира во такво нешто

Можеби постов е за на друго место ама тука ми дојде да се отворам


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Nov-2009 at 10:58
Камаз ми се допаѓа ова...

ИНВЕСТИТОР НА БЕЛ КОЊ!


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 16-Nov-2009 at 15:58
Сопствениците на стариот објект најчесто со овие инвеститори (на бел коњ како што ги викате) се договараат да наследат 1/3 од новоизградениот објект, без притоа на друг начин да учествуваат во изградбата и во текот на изградбата да добиваат надоместок за кирија (за привремено сместување). Јас познавам повеќе примери на многу подобри локации каде што инвеститорите поминале после целата лудорија со минус на сметката и покрај 300 незаконски активности што ги направиле и дупки низ законот низ кои се протнале.
На таква парцела како што е таа што ја зборите, не што нема инвеститор на бел коњ да се појави, туку ни коњ не би се нафатил да влегува во таа финансиска (а што е најлошо урбанистичка) дупка. Претпоставувам (може и грешам) дека кога ја осмислувале инвестицијава, му било понудено и на комшијата да учествува, ама тој „не е будала некој новопечен предузимач да го испокраде“ и наместо да постои некаков законски механизам што ќе ги регулира овие комшинско-граѓевински односи, ќе си остануваат такви дупки по новиве скопски блокови што никогаш нема да му дозволат на Скопје да стане нормален град (покрај сите други селски активности што се одвиваат во него).

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: KamaZ
Date Posted: 17-Nov-2009 at 11:22
Често и таа 1/3 им е малце и обично си ја рачунаат многу лежерно. Не викам дека нема договор, секогаш може да се стигне до нешто и секој да биде задоволен ама обично тоа многу тешко се случува. Нарочито кога имаш тројца браќа, две сестри, 1 снаа и баба што нејќе да се сели (слободен пример, инаку се сретнуваат милијон различни комбинации од золви, шури, баџанаци, стрини, балдски итд.) . Е тогаш гледаш што е македонска комедија. Сирење за сирење, а брат за пари )))
Ама ај да не забегуваме со темата. Зградава стварно не ја бива )) ама подобро тоа него некоја трошна куќарка според мене


Posted By: gorco
Date Posted: 17-Nov-2009 at 11:47
Не да не ја бива катастрофа е ... Таа наспроти неа е на пример одлична (иако мала).

А баш тој дел кај што никнаа вакви квази згради - е огромна грешка, требаше дасе дозволи Порта Буњаковец да се догради - како што беше планирано.


-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Nov-2009 at 11:56
Originally posted by gorco

Не да не ја бива катастрофа е ... Таа наспроти неа е на пример одлична (иако мала).

А баш тој дел кај што никнаа вакви квази згради - е огромна грешка, требаше дасе дозволи Порта Буњаковец да се догради - како што беше планирано.


Токму така, на некои луѓе не им се допаѓа изгледот на Порта Буњаковец, но комплетна Порта Буњаковец е секако подобра од овие расфрлани крпеници. Дополнително, немаше да се наруши идниот профил на булеварот кој сега нема маневарски простор освен да се шири на сметка на средишниот појас, и повторно да не се добие совршено решение.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Nov-2009 at 12:10
Κακο одприлика би требало да изгледа тоа порта буњаковец?!


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Nov-2009 at 12:17
Па лесно можеш да ја замислиш, тргни од празната фасада на постоечката порта буњаковец која е оставен за лепенка и спои го тоа со вовлечениот блок паралелно со булеварот веднаш позади Аркадија. 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Nov-2009 at 12:25
Не те контам, каква врска има Буџаковец со бул Св. Климент Охридски?! Може скица да фрлиш?!


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Nov-2009 at 12:31
Немам баш сега време, но помалку или повеќе се има тука

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=47&PID=518#518



Print Page | Close Window