Print Page | Close Window

Комплекс Гранд спроти Холидеј Ин-Центар

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Проекти
Forum Discription: Административни, станбени, резиденцијални...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3988
Printed Date: 27-Apr-2024 at 09:41


Topic: Комплекс Гранд спроти Холидеј Ин-Центар
Posted By: stef4o
Subject: Комплекс Гранд спроти Холидеј Ин-Центар
Date Posted: 02-Nov-2018 at 16:58
Се уриваат бараките кај Дрво Декор (фото)

Бараките кај Дрво Декор во моментов се уриваат. Овие бараки се сопственост на АД за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ и во нив досега под кирија беа сместени “Јаца инженеринг”, Такси “ИН” и кафеаната “Македонска куќа”.
Кираџиите рекоа дека решението за исселување им било дадено минатата среда со рок да ги исчистат просториите во рок од 8 дена, што тие тоа го сториле заклучно со вчера, по што денеска започна уривањето.

Тие велат дека просторот со бараките и паркингот, АД за стопанисување со станбен и деловен простор на РМ го продале на “Фешн груп” кој тука, од пролет, ќе почне да ги гради висококатниците.
Од уривање, сега-засега се спасија киосците од левата страна на улицата со калдрма спроти Дрво Декор. И тие ќе бидат урнати напролет.





%20 - https://skopjeinfo.mk/se-urivaat-barakite-kaj-drvo-dekor-foto



Replies:
Posted By: Glava
Date Posted: 17-Nov-2018 at 11:51
Се борува дека плацот кај паркингот кај Холидеј Ин во центарот на Скопје е веќе купен од Балфин Груп (Нептун т.е. истиот албанец што го гради Skopje East Gate).
Дека веќе е договорено изградба на 4 згради од по 25 ката.

https://lider.com.mk/skopje/bogdanovikj-nema-da-se-gradi-zgrada-na-parkingot-sproti-holidej-in/

https://vecer.press/%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8-%D1%85%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%98-%D0%B8%D0%BD-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82-%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%BD/


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 17-Nov-2018 at 16:23
Според катастар, земијиштето гласи на Фешн груп.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Nov-2018 at 16:45
Значи сепак е Самир Мане, обете се негови фирми.


Posted By: alexsend
Date Posted: 17-Nov-2018 at 17:44
Во Фешн нели треба да е и Ален Теранова и Камчев

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Nov-2018 at 18:12
Тука веќе урнаа некои бараки (мислам дека беа на една такси компанија), отстранети се рампите и сега не се плаќа за паркирање, веројатно ќе го заградат просторот деновиве.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Nov-2018 at 18:17

Вчера поминував оттука,паркингот веќе не се наплаќа,бараките кај дрводекор ги урнаа уште пред 10-тина дена инаку таму беа сместени In Taxi.Само мислам дека ќе се јави голем недостиг на паркинг простор бидејќи овој постоечкиов кој сакаат да го претворат во градежна парцела има капацитет од околу 500 возила.


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Dec-2019 at 17:45
Кај Дрводекор се прават испитувања,тука беа најавени 60-катниците но деталниот отиде на ревизија ќе видиме што одлучиле...



https://www.facebook.com/centarsakadadishe/


Posted By: alexsend
Date Posted: 22-Dec-2019 at 12:24
Од нереалните 60 на 40

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 15-Feb-2020 at 19:49
Originally posted by xnx

https://www.slobodenpecat.mk/metropola/po-initsijativata-na-sloboden-pechat-prostorot-sproti-holidej-da-stane-zelena-oaza-se-oglasi-investitorot/

06-Dec-2018

Ова го вели Зоран Антиќ, во чија сопственост е просторот спроти „Холидеј ин“, на кој сега има паркиралиште и многу супстандардни објекти. Ексклузивно за „Слободен печат“, весникот што поведе иницијатива на овој простор да никне парк, Антиќ организираше мала презентација на своите градителски намери за овој простор. Засега, станува збор само за негови идеи, кои за три до четири месеци странски архитекти ќе ги преточат во конкретен идеен проект.

Што бидна со ова?

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Feb-2020 at 21:39

Seušte nema ništo novo. Ovoj del e pod moratorium i najverojatno ke se realizira proektot no so pomala katnost (ako voopšto toa e celta na moratoriumot). Mislam deka ne treba mnogu da se odolgovlekuva procesot na urbanizacija na ovoj del osobeno na delot od Novo Maalo okolu Tikveš kade ima mnogu poluraspadnati kuki i kal do kolena srede centar...


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Mar-2021 at 15:41
ШЕСТ КУЛИ ОД 20 ДО 35 СПРАТА СЕ ПЛАНИРААТ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“, ФИРМАТА ПЛАНЕР НЕ ПОСТАПУВА ПО НАСОКИТЕ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ТУКУ НА ИНВЕСТИТОРОТ

Шест згради со висина од 20 до 35 спрата се планираат со новиот Детален урбанистички план (ДУП) за просторот кај „Холидеј ин“ во центарот на Скопје.

Новиот план за овој простор го изработува фирмата „Билд урбан“ која на тендерот распишан од Општина Центар понуди цена од 1 денар и победи со најниска понудена цена. Сега Општината има проблем со цртањето на новиот план со кој треба да се исправат грешките на претходниот бидејќи планерот не постапува по нивните насоки за уредување на просторот и си тера по свое односно ги исполнува желбите на инвеститорот. Поради тоа Општината бара правен начин за да го раскине договорот.

Членови на Комисијата за изработка на новите урбанистички планови во Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК брифираат дека планот по трет пат е вратен кај планерот бидејќи не постапува по нивните барања со кои ќе се овозможи хумано живеење и планско уредување на просторот. На првите состаноци кои ги имале општинарите со планерите од „Билд урбан“ било договорено дека површината за градба нема да биде толку голема како што предвидува претходниот план бидејќи тоа нема да го издржи просторот, а и од многу институции биле дадени негативни мислења што не биле земени во предвид со претходниот план.

„Услов од Општината беше дека просторот мора да биде отворен, да има пристап за јавноста. Барањето е да се испланира во средината плоштад, а околу него да бидат зградите, притоа тие да не бидат затворени туку да има влезови од сите страни односно да се следи принципот на Градски ѕид. Тој плоштад е планиран уште со планот на Кензо Танге. Замислата е плоштадот да биде поврзан со плоштадот Богородица, едниот плоштад да кумуницира со другиот. Сите странски урбанисти, планери и архитекти велат дека најголемо богатство на нашиот град е тоа што главниот плоштад е отворен кон реката и контактот со другиот плоштад е нешто што е уникатно за Скопје. Со вакво планирање просторот ќе биде јавен, јавноста ќе може од сите страни да пристапува на плоштадот и нема да имаме затворена заедница, нешто што е неприфатливо за центар на град“, велат членови на Комисијата која работи на новиот план за овој дел од центарот на Скопје.

Планерите исто така не постапуваат ниту по барањето на Општината да биде предвиден простор за градинка на овој простор. Се игнорира и барањето да се дислоцира на друга локација една од кулите со што се нарушува принципот на отвореност на плоштадот кон кејот и реката Вардар. Во однос на катноста барањата биле таа да се намали односно да нема 60-катници, па затоа сега се добиени шест триесеткатници што е прифатливо за Општината доколку тие овозможат јавност на просторот.

„Тој простор заслужува планско уредување бидејќи е последен простор во центар на градот. Затоа имаме и отпор и планот не е донесен. Планерот ни дава едно решение ние викаме не е постапено по нашите насоки, го враќаме и тие пак не постапуваат и така три пати до сега. Една од работите на кои инсистира планерот е да се постави зграда токму каде што е комуникацијата меѓу плоштадите. Ние бараме таа зграда кула да се повлече на друга страна, за да тој простор остане слободен за граѓаните кои доаѓаат од двете страни. Тоа конкретно е земјиште на црквата“, велат челнови на Комисијата.

Со претходниот план на просторот кај „Холидеј ин“ се предвидуваа три 60-катници и само од две страни да има влез и излез од просторот. Таквото планирање велат урбанистите е создавање на масовна гробница бидејќи при евентуални катастрофи нема простор за заштита и спасување.

Сопственици на просторот кај „Холидеј ин“ се фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“. Тие најпрво располагаа со површина од 4.605 метри квадртани кои ги купија од физички лица и со тоа се стекнаа со 30 проценти од градежната парцела. Потоа во 2018 кога на сила беше мораториумот за градба, од Министерството за транспорт и врски кога министер беше Горан Сугерески од СДСМ го купуваат државното земјиште на овој простор со површина од 9.048 метри квадратни метри по цена од 312 евра за квадрат. Со тоа му се даде можност на инвеститорот да го поседува поголем дел од просторот и наместо тоа да биде државно земјиште со кое Општината можеше да прави што сака, сега е приватно и се бараат и планираат маркички за згради.

%20 - https://sdk.mk/index.php/naslovna/shest-kuli-od-20-do-35-sprata-se-planiraat-kaj-holidej-in-firmata-planer-ne-postapuva-po-nasokite-na-opshtina-tsentar-tuku-na-investitorot/


Posted By: Marxentric
Date Posted: 14-Mar-2021 at 00:11
Тоа е таа логика на градежната мафија, висока и модерна кула од 50-60 ката зазема простор и не личи, но 100 петкатници, или во овој случај 6 дваесеткатници се правиот избор..


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Mar-2021 at 01:12
Originally posted by Marxentric

Тоа е таа логика на градежната мафија, висока и модерна кула од 50-60 ката зазема простор и не личи, но 100 петкатници, или во овој случај 6 дваесеткатници се правиот избор..
се зависи од тоа кој е волуменот на кулата и која основа ја има, и во кој урбан простор се наоѓа
земи го за пример Космос, кој е масивен објект кој можеше да се подели на неколку помали

сепак 20-25 ката е висината на МТВ а 35 ката е веќе блиску до висината на Џеваир

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Mar-2021 at 12:53
ГРАДИНКА ПОД ЗЕМЈА ПРЕДЛОЖИЛ ПЛАНЕРОТ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ШЕСТТЕ КУЛИ ОД 20 ДО 35 СПРАТА КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“ ВО СКОПЈЕ

Градинка под земја предложиле од планерската куќа „Билд урбан“, која го прави Деталниот урбанистички план (ДУП) за просторот кај „Холидеј ин“ во строгиот центар на Скопје. За да има инвеститорот повеќе простор за згради и деловни објекти, планерите смислиле децата кои ќе живеаат во овој дел осум часа во денот да бидат под земја, без зрак светлина и сонце.

На првите состаноците кои ги имале членовите на Комисијата за ревидирање на деталните планови со планерите, се дале насоки на овој простор да се предвиди и градинка, бидејќи ако има станбени згради тогаш потребно е и соодветна инфраструктура за тие жители. Планерите несакајќи да трошат парцела за јавна установа и за да имаат повеќе простор за згради, како што велат од Комисијата за САКАМДАКАЖАМ.МК, нацртале мултифункционален простор под плоштадот кој треба да се предвиди во овој дел и во рамките на него да има и градинка.

Членовите на Комисијата остро реагирале на овој изум на планерите, не го прифатиле предлогот и им било наложено да нацртаат маркичка за градинка во рамките на парцелата која е доволно голема и без проблем таков објект може да биде предвиди.

По три враќања на планот на доработка кај планерите, градинка сè уште не е нацртана. Општина Центар сега бара правен начин како да го раскине договорот со „Билд урбан“, која на тендерот за цена од 1 денар прифати да го работи овој план.

Со тоа, тие не работат по нашите насоки за хумано живеење и плански уредување на просторот, туку по барањата на инвеститорот“, велат од Општината.

Според планот кој сè уште се изработува, засега на просторот се предвидуваат шест кули со висина од 20 до 35 спрата. Со претходниот план имаше маркички за три 60-катници. Од Оштината немаат забелешки за постоење на зградите бидејќи висината била двојно намалена, но бараат во средината на парцелата да има плоштад, а околу него да бидат нацртани зградите. Со тоа просторот би бил отворен и јавен, налик Градски ѕид. Треба да бидат испланирани влезови и излези од сите страни и целосно да биде отворен кон реката Вардар и плоштадот Богородица. Но, планерот црта маркичка за една кула токму на тој не дел и не сака да постапи по забелешките на Општината да ја постави на друга локација.

Сопственици на просторот кај „Холидеј ин“ се фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“. Тие најпрво располагаа со површина од 4.605 метри квадртани кои ги купија од физички лица и со тоа се стекнаа со 30 проценти од градежната парцела. Потоа во 2018, кога на сила беше мораториумот за градба, од Министерството за транспорт и врски кога министер беше Горан Сугерески од СДСМ, го купуваат државното земјиште на овој простор со површина од 9.048 метри квадратни метри по цена од 312 евра за квадрат. Со тоа му се даде можност на инвеститорот да поседува поголем дел од просторот и наместо тоа да биде државно земјиште со кое Општината можеше да прави што сака, сега е приватно и се бараат и планираат маркички за згради.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gradinka-pod-zemja-predlozhil-planerot-za-zhitelite-na-shestte-kuli-od-20-do-35-sprata-kaj-holidej-in-vo-skopje/


Posted By: Urbanista
Date Posted: 14-Mar-2021 at 13:49
Градинка под земја, во ^земјата на сонцето^ - предложил планерот. Кој е планерот дајте малку да го изрекламираме овој хуман и способен планер!
Незнам уште кое дно треба да го пробиеме за да тргнеме нагоре, ако некогаш се случи тоа..


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Mar-2021 at 17:54
Originally posted by Urbanista

Градинка под земја, во ^земјата на сонцето^ - предложил планерот. Кој е планерот дајте малку да го изрекламираме овој хуман и способен планер!


Бојан Муличковски
Билд урбан ДООЕЛ Скопје


Posted By: user8642
Date Posted: 14-Mar-2021 at 18:53
Јас сосема разбирам и поддржувам дека треба луѓето да размилуваат кариеристички, опортунистички, прагматично, далеку повеќе од тоа што Македонскиот кобајаги вредносен систем го поддржува. Светот пари го вртат и тоа така било и така ќе биде и работите може да се менуваат од внатре во системот да се влијае со примери, ане од надвор со јадење бабури. Ама оваков пример да си сместиш во сопствено CV и да се оцрниш, треба да си едноставно глуп.


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Mar-2021 at 13:58
Богдановиќ: Го раскинуваме договорот за изработка на ДУП кај ГТЦ, ќе бараме друг планер

Општина Центар подготвила акт за раскинување на договорот за изработка на Детален урбанистички план за просторот на сегашниот паркинг кај Градски трговски центар и ќе бара друг изведувач. Ова за „Скопско ехо“ го најави градоначалникот Саша Богдановиќ откако во јавноста се појавија информациите дека постојат големи несогласувања меѓу Општината и планерската куќа „Билд урбан“ која го изработува ДУП-от. Според информациите кои се појавија во јавноста општина Центар е незадоволна од она што е понудено како проект, но и од тоа што оваа проектантска куќа не сака да постапи по нивните насоки во планирањето за хумано живеење и планско уредување на просторот. Наместо тоа, проектантите дури замислиле детска градинка да биде сместена под земја!?, како и други неприфатливи решенија.

-Општина Центар спреми акт за раскинување на договорот бидејќи не се испочитувани одредени членови пред се не постапувањето на планерската куќа по забелешките и предлозите на комисијата. Штом ќе се заврши целата процедура ќе се распише нова набавка за да добиеме понуда од нов изработувач на план се со цел да се донесе план по насоки на општината, вели Богдановиќ за „Скопско ехо“.

Инаку, овој ДУП е еден од оние за кои општина Центар прогласи мораториум пред три години. Уставниот суд, меѓутоа, неодамна го укина мораториумот за промени во 31 ДУП. Во изминативе три години општинските власти успеале да ги ревидираат само осум од сите нив. Сега со оваа одлука, ќе може да се гради врз основа на ДУП-овите кои тогаш беа на сила, но беа ставени во мораториум. Досегашниот ДУП , кој сега е во сила, на овој простори предвидува изградба на три шеесет катници. Тоа сега го отвора прашањето дали сопствениците на просторот ќе побараат нивна градба. Сопственици на просторот од околу десет илјади метри квадратни се фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“.

-Без разлика на се, општина Центар ќе продолжи со ревидирање на плановите но, и да инсистира во спроведувањето на плановите да се спроведат заложбите за кои ние како општина се залагаме, ни рече градоначалникот Богдановиќ.

https://skopskoeho.mk/bogdanovik-go-raskinuvame-dogovorot-za-izrabotka-na-dup-kaj-gtts-ke-barame-drug-izveduvach/


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Mar-2021 at 17:43
Општина Центар ќе го раскине договорот со проектантите на ДУП-от за паркингот спроти ГТЦ

[tube]OR10e-YY13U[/tube]

https://kanal5.com.mk/opshtina-centar-kje-go-raskine-dogovorot-so-proektantite-na-dup-ot-za-parkingot-sproti-gtc/a465503


Posted By: Marxentric
Date Posted: 15-Mar-2021 at 18:39
Немам некоја експертиза на темава, но зарем толку е тешко да се одвои еден кат од тие облакодери и да се намени за забава, играчници за деца и возрасни, градинка? Нема да има двор за децата, но секако би било подобро отколку тој бункер што го замислиле. Би имало многу сонце и убав поглед (особено ако се оди со full glass design барем на тој кат).
Понатака, аргументите дека 60 катници заземаат простор, загадуваат, блокираат видик, прават хаос во сообраќајот и не се совпаѓаат со останатата архитектура и висина на зградите не држат вода. Просторот одамна го заземаа петкатниците, а облакодери ако нема во центар, тогаш не знам каде би имало. Секоја метропола си има даунтаун или дел со висококатници и тие се главниот претставник на таа метропола, а коректните градители и власти не би дозволиле тие висококатници да бидат залепени една до друга, туку би оставиле простор за зеленило.
Подобро да се искористи шансата и наместо шест 20 катници, да има четири 50 катници, разликата во однос на другите згради постепено ќе се намали со други високи згради, но мора од негде да се почне, ако не почнеме во 21 век, тогаш не знам кога. Но, ако реши Скопје да остане на статус кво, тогаш нека продолжи на градежната мафија да и дава дозволи за градба на ниски коцки, па веројатно ќе дојде време Тирана и Приштина да го направат она за кое ние не сме имале храброст и визија.


Posted By: user8642
Date Posted: 15-Mar-2021 at 19:32
Абе, оваа држава никогаш не собра сили да направи паметна распределба на државните имот и инстутции, ане па да влијае на приватните инвеститори. Лудо е да се очекува можеби. Колку пати тука ссме давале паметни примери како една институција да се пресели во друга зрада и слично. Тоа вмро што правеше кобајаги баракли ги заменувале со барок, немаше врска, никогаш не беше мотивот квадратурата, него само барокот. Еве ќе споменам во тој контекст само една работа: Колку запустен простор стои по мезанините на градски ѕид, сите со затскриено зеленило достапно на 10 метра без сообраќај околу, погодни за градинки и такви капацитети, а дремат така зашто оваа држава нема судство способно да отплетка децениски слечајни постапки на поранешнни државни компании. Така да ова со градинката под земја и не е нешто којзнае каков случај. Ние градиме простор две генерации, па после две гернерации го запустуваме.


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Mar-2021 at 16:35
5.000 жители ќе се населат кај Холидеј Ин – Град Скопје нема ингеренции да влијае на ДУП-овите во Центар

[tube]ukz7EWKYLwc[/tube]

%20 - https://telma.com.mk/2021/03/16/5-000-жители-ќе-се-населат-кај-холидеј-ин/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Mar-2021 at 18:07


https://reklama5.mk/


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 26-Mar-2021 at 19:51
Дечки дали Веро (Џамбо) е градено со цел некој ден да прерасне во висококатница? Бидејќи има огромни столбови за толку низок објект, а и покривот ми изгледа како привремен. Исто и Соравија, дали некогаш би можела да се надгради на 25+ спратови?


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 26-Mar-2021 at 20:41
Soravija siguren sum deka ne e bidejki gradbata e mnogu losa nema ni megu katovi za ventilacija i klima se e posle imrpvizacija dodadeno. Ne veruvam deka 25 katnica nekoj taka bi ja planiral. Od druga Strana Vero ima navistina ogromni stolbovi, no mislam deka toa se dolzi na golemoto rastojanie izmegu istite kako i masivnata teska konstrukcija koja ja nosat bez pritoa betonski da se povrzani eden so drug. Znaci imame dva ogromni stolba i potoa celicno se vrzani eden so drug, nesto slicno kako Aerodromot vo Skopje.


Posted By: user8642
Date Posted: 27-Mar-2021 at 17:10
Соравија е првично проектирана да има горе хелиодром. Ама нешто се има покажано дали неисплатливо, дали нешто со регулатива? Незнам што беше приказната, ама висината и е таа што е, нема планови за нагоре. Веро мислам дека целиот објект е привремен Не е ништо посебно ни како објект, а ни па нешто трговски значаен. Маркет обичен што може да го има во било кое приземје на некоја зграда околу и плус два три дуќана. Така да мисламд ека ако инвеститорот се ангажира за некој повисок објект дека лесно ќе добие дозвола за тој атрактивен простор. Уствари таа парцела и по некои стари планови требало да има објект сличен огледален на НБРМ и да формираат порта према Аердором. Така да нема Скопје многу да изгуби ако добиеме нешто порепрезенатитвно на местото на Веро Џамбо.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 27-Mar-2021 at 20:06
Originally posted by user8642

Соравија е првично проектирана да има горе хелиодром. Ама нешто се има покажано дали неисплатливо, дали нешто со регулатива? Незнам што беше приказната, ама висината и е таа што е, нема планови за нагоре. Веро мислам дека целиот објект е привремен Не е ништо посебно ни како објект, а ни па нешто трговски значаен. Маркет обичен што може да го има во било кое приземје на некоја зграда околу и плус два три дуќана. Така да мисламд ека ако инвеститорот се ангажира за некој повисок објект дека лесно ќе добие дозвола за тој атрактивен простор. Уствари таа парцела и по некои стари планови требало да има објект сличен огледален на НБРМ и да формираат порта према Аердором. Така да нема Скопје многу да изгуби ако добиеме нешто порепрезенатитвно на местото на Веро Џамбо.

Не се согласувам дека е обичен маркет. Убедливо најубав маркет за пазарење во цела држава.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Mar-2021 at 21:31

Не станува збор за асортиманот и понудата. Може да се премести било каде, и пак ќе биде најубав маркет. Убав е дека е голем и простран, и добро снабден. Ама не мора да постои џиновска лименка во срцето на градот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 27-Mar-2021 at 21:41
Тоа е трговски во кој архитектите како да имале задача да направат што е помал простор за изнајмување, а што поголем простор за ескалатори, скали и празнини.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 27-Mar-2021 at 23:13
Originally posted by гитардемон


Не станува збор за асортиманот и понудата. Може да се премести било каде, и пак ќе биде најубав маркет. Убав е дека е голем и простран, и добро снабден. Ама не мора да постои џиновска лименка во срцето на градот.

Да, и асортиманот и понудата се добри, но мене лично и од архитектонски аспект ми е добар маркетот (и целиот трговски). Дека е џиновска лименка во срцето на градот, за тоа би се согласил, но да беше единствен проблем, во ред, но реално во срцето на градот постојат најразлични други проблеми, како неурбанизираност, несоодветна сообраќајна инфраструктура итн., кои не се ни споредуваат со тоа дека Веро е џиновска лименка и сл.


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Apr-2021 at 12:33
Обновители“ на чекор до дозвола за градење наспроти Холидеј Ин
Откако ќе ја достават целосната документација и ќе ги платат комуналиите, ако нема ништо спорно, законски не може да не се даде дозволата за градење, вели Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар за Види Вака.









https://www.facebook.com/vidivakamedia/videos/457819525439069


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Apr-2021 at 17:02
Бетонски чудовишта ќе се градат на 83.000 квадрати спроти „Холидеј Ин“

Без јавна дебата и спротивно на основните урбанистички правила за пристоен живот во Општина Центар тече постапката за изградба на висококатници на парцелата спроти „Холидеј Ин“. Направена е пресметка за износот на комуналии што фирмата-инвеститор „Обновители“ на бизнисменот Зоран Антиќ и МПЦ-ОА треба да им го плати на Општина Центар и на Град Скопје. Станува збор за околу 150 милиони денари (2,4 милиони евра). Од вкупната сума, 60 отсто или околу 1,4 милиони евра ќе легнат на сметката на Град Скопје, а останатите 40 отсто (1 милион евра) ќе завршат во касата на Центар.

Градежната дозвола последен чекор
Од Општината велат дека договорот сè уште не е потпишан, но извесно е дека тоа ќе се случи откако ќе биде поднесена потребната документација.

„По уплатата на комуналиите, неопходно е да се обезбеди цела, потполна документација потребна за аплицирање, па дури потоа да се бара одобрение за градење. Од предвидените 200.000 квадратни метри кои ги предвидува ДУП-от донесен во 2012-та година, а стапи на сила откако Уставен суд одлучи да го укине „мораториумот“, според поднесениот идеен проект, се планира искористеност од 83.000 квадратни метри. За тоа што точно ќе се гради, зависи од планираниот проект на сопственикот“, велат од општина Центар.

Оттаму не сакаат да прецизираат за колку и за какви објекти станува збор иако добиле идеен проект за оваа локација.

Од Град Скопје потврдуваат дека ја направиле пресметката, бидејќи инвеститорот ги имал документите и морале да го почитуваат Законот, но оттаму укажуваат дека тоа не значи дека Општината е обврзана да издаде дозвола за градба.

„Град Скопје направи пресметка, следејќи ги обврските од управната постапка и Законот за градба“, велат од Градот.

Станбено деловни објекти високи над 80 метри
Според неофицијалните информации, предвидено е проектот да се реализира во три фази. Во првата фаза предвидена е изградба на станбен објект со 20 ката и височина од 80 метри, на парцелата на МПЦ. Во втората фаза се предвидува изградба на станбено-деловен објект со 22 ката и височина од 15 и 88 метри. Во третата фаза се предвидува изградба на трговски центар од затворен тип со височина од 15 метри и деловна зграда - кула со 16 ката и височина од 76,5 метри.

Планот за оваа локација не предвидува зелен простор од 20 отсто во парцела согласно Законот за урбано зеленило, а несоодветно е решено и движењето на пешаците. Не се знае како ќе се обезбеди заштита на кејот на рекава Вардар односно отвореноста на реката кон просторот. Нејасно е како ќе се обезбеди движење на огромниот број возила по постојните сообраќајници.

Се отвораат и прашањата како ќе се зачува јавниот простор и зеленилото? Дали за жителите во истата градска четврт ќе може се обезбедат пристојни услови за живот? Дали комуналните и други јавни сервиси ќе можат да ги издржат новите градби?....

Паркингот ќе стане еден од најгусто населените делови од светот
По одлуката на Уставниот суд за укинување на мораториумот во Центар и очекуваната уплата на комуналиите, практично останува уште добивањето градежна дозвола, по што ќе започне изградбата на висококатници спроти хотелот „Холидеј Ин“.

На потегот кај огромниот паркинг спроти хотелот, во ДУП „Градска четврт Ц 08 – Ново Маало 2“ првично беа нацртани три 60-катници, поврзани со 20-катници.

Иако е неспорен јавен интерес, надлежните сега јавно не соопштуваат што точно ќе се гради и како треба да изгледа овој дел на градот. За оваа локација се поврзува и скандалозниот предлог од планерската куќа „Билд урбан“, кој како што пишуваше „Сакам да кажам“ предвидувал изградба на градинка под земја, што децата осум часа би ги оставил без свеж воздух, а инвеститорот би добил повеќе простор за згради и деловни објекти. Според оваа верзија, на локацијата би се граделе шест кули со висина од 25 до 30 катови.

Антикорупционерите се интересираа за продажбата
Антикорупциската комисија минатата година отвори предмет за продажбата на земјиштето спроти „Холидеј ин“. Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска соопшти дека ДКСК утврдила оти градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ пред продажбата на земјиштето издал извод од ДУП во кој не назначил дека планот е под мораториум. Како што информираа од Антикорупциската комисија, планот бил издаден поради наводно решавање на имотно-правни односи, но на истиот тој извод се повикало Министерството за транспорт и врски при продажбата на земјиштето.

„Продажбата ја извршило Министерството за транспорт и врски врз основа на извод од ДУП кој не се применува, согласно одлука донесена од Општина Центар за запирање на спроведувањето“, информираа лани од Антикорупциската комисија.

Сепак, Државниот правобранител дал позитивно мислење, а од Министерството за транспорт и врски тврдеа дека нема ништо спорно во продажбата.

„Отуѓувањето е извршено според законската регулатива. Согласно членот 68 од Законот за градежно земјиште, градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија се отуѓува со непосредна спогодба за оформување градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30 отсто од градежната парцела“, рекоа од Министерството за транспорти и врски.

Земјиштето спроти „Холидеј ин“ беше продадено во октомври 2018 година, по цена од 19.200 денари (312 евра) за квадратен метар. Тогаш Министерството продаде 9.048 квадрати, кои заедно со земјиште во приватна сопственост, добиено по пат на денационализација овозможија оформување на парцела од над 13.000 квадратни метри.

Префрлањето на топката меѓу институциите, одлуката на Уставниот суд и сè поизвесниот почеток на изградба на висококатниците ќе го претворат центарот на Скопје во бетонски монструм во кој условите за живот ќе станат целосно нехумани.

https://samoprasaj.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Apr-2021 at 13:34
НЕМА СПАС ЗА ПРОСТОРОТ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“ ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ, ИНВЕСТИТОРИТЕ УПЛАТИЈА 2,4 МИЛИОНИ ЕВРА КОМУНАЛИИ, ЌЕ ГРАДАТ ТРИ 20-КАТНИЦИ

Сопствениците на земјиштето на просторот кај хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје наскоро ќе почнат со градење на три згради со катност од 15, 20 и 25 ката. Инвеститорите, фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“, уплатиле комуналии во висина од 150 милиони денари или 2,43 милиони евра и тоа 60 отсто на Град Скопје (1,4 милиони евра) и 40 отсто на Општина Центар (1 милиони евра). Претходно, Општина Центар им го одобри идејниот проект за објектите. Со тоа, сега останува уште инвеститорите да поднесат барање за добивање градежна дозвола и потоа слободно можат да градат на овој последен слободен простор во центарот на Скопје, што е на околу 200 метри од Собранието.

Инвесторите ќе немаат никакви пречки да добијат градежна дозвола бидејќи веќе на сила не е мораториумот, и тие барањето ќе го достават врз основа на стариот Детален урбанистички план (ДУП), кој дозволува на овој простор да се градат 60-катници.

„Според идејниот проект на инвеститорите, се предвидува искористеност од 83.000 квадратни метри, што е помалку од она што го предвиува ДУП-от, а тоа е 200.000 метри квадратни. Решението е за три згради со деловни објекти, првата на 15 ката, втората на 20 и третата на 25. Сите овие параметри се помали од она што го дозволува стариот план и затоа немаме правна можност да не им издадеме дозвола за градење. Веќе на сила не е мораториумот, Законот за урбанистичко планирање вели дека планот се применува сè додека не се донесе нов. Со тоа, инвеститорот кој е споственик на земјиштето има основи да бара градежна дозвола, а ние мораме да ја дадеме“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Инвеститортите „МГ Фешн“ и Македонската православна црква ќе градат на просторот кај паркингот и делот кон кејот на реката Вардар. Со тоа нема да се реализира идејата на Општина Центар просторот да биде отворен, во средина да има плоштад околу кој ќе бидат зградите без да се затвора делот кон реката Вардар, односно таму да нема згради.

На нашето прашање дали се чувствува поразен што Општината е на чекор да даде градежна дозвола и што не успеа во намерата овој план да се поправи, Богдановиќ вели дека генерално биле задржани одредбите за кои тие се залагале и сакале да ги вметнат во новиот план.

„Не се чувствувам поразен туку напротив, продолжуваме со работа. И покрај тоа што имавме решенија за суспензија на нашата одлука за мораториум ние донесовме два нови ДУП-ви, така што ќе продолжиме и со останатите планови. За жал, поради одлуката на Уставен суд ќе мораме негде да постапуваме по старите планови, но ќе се трудиме максимално да ги втемелиме заложбите за кои се боревме. И за овој простор генерално се задржани одредбите за кои се залагаме. Многу работи се намалени и скратени од она што го предвидува стариот план. За жал, не успеавме да ја промениме поставеноста на зградите, тоа можевме само со нов план ама имавме проблем бидејќи планерот не постапуваше, го раскинавме договорот и сега ќе бараме нов планер“, вели Богдановиќ.

Планот кај „Холидеј ин“ е поделен на три градежни парцели и сега ќе се гради само на едната парцела. Стариот план предвидува искористеност за градба по 200.000 квадратни метри и на другите две парцели. На овие парцели сè уште има повеќе приватни сопственици, парчиња државно земјиште и нема поднесено барање за градење. Богдановиќ се надева дека наскоро ќе изберат друга фирма планер и ќе продолжат со измени на планот за останатиот простор.

Сопствениците на просторот кај „Холидеј ин“, фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“, најпрво располагаа со површина од 4.605 метри квадртани кои ги купија од физички лица и со тоа се стекнаа со 30 проценти од градежната парцела. Потоа во 2018, кога на сила беше мораториумот за градба, од Министерството за транспорт и врски кога министер беше Горан Сугерески од СДСМ, го купуваат државното земјиште на овој простор со површина од 9.048 метри квадратни метри по цена од 312 евра за квадрат. Со тоа му се даде можност на инвеститорот да поседува поголем дел од просторот и наместо тоа да биде државно земјиште со кое Општината можеше да прави што сака, сега е приватно и на него ќе се градат три згради.

%20 - https://sdk.mk/index.php/naslovna/nema-spas-za-prostorot-kaj-holidej-in-vo-srtseto-na-skopje-investitorite-uplatija-2-4-milioni-evra-komunalii-ke-gradat-tri-20-katnitsi/


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Apr-2021 at 17:19
Висококатници ќе се градат кај „Холидеј Ин“ – преовлада интересот на инвеститорите

Фамозната локација кај „Холидеј Ин“ конечно ќе добие некаква разрешница. Се најавуваа облакодери, а овде сè уште функционира паркинг просторот.

За колку долго – сè уште не се знае. Информациите се дека инвеститорите уплатиле одредена сума за комуналии и дека овде сепак ќе никнат бетонски чудовишта.

Наспроти реакциите на јавноста дека под ударот на градежната механизација ќе се изгуби и последниот слободен простор во центарот на градот, реагираат и архитектите. Висококатници овде можат да донесат проблеми и предизвици за понатамошното градско функционирање.

[tube]7xdGv2wnNcQ[/tube]

%20 - https://telma.com.mk/2021/04/10/висококатници-ќе-се-градат-кај-холиде/


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Apr-2021 at 11:34
Онлајн петиција: НЕ за изградба на нехумано голем објект на паркингот пред „Холидеј Ин“

Низ социјалните мрежи почна да се шири онлајн петиција против изградба на висококатници на парцелата спроти хотелот „Холидеј ин“ во централното градско подрачја на Скопје.

Во петицијата стои дека проектот е предвидено да се реализира во три фази. Во првата фаза изградба на станбен објект со 20 ката и височина од 80 метри, на парцелата на МПЦ. Во втората фаза изградба на станбено-деловен објект со 22 ката и височина од 15 и 88 метри. Во третата фаза – изградба на трговски центар од затворен тип со височина од 15 метри и деловна зграда – кула со 16 ката и височина од 76,5 метри.

„Планот за оваа локација не предвидува зелен простор од 20 отсто во парцела согласно Законот за урбано зеленило, а несоодветно е решено и движењето на пешаците. Не се знае како ќе се обезбеди заштита на кејот на рекава Вардар односно отвореноста на реката кон просторот. Нејасно е како ќе се обезбеди движење на огромниот број возила по постојните сообраќајници. Се отвораат и прашањата како ќе се зачува јавниот простор и зеленилото? Дали за жителите во истата градска четврт ќе може се обезбедат пристојни услови за живот? Дали комуналните и други јавни сервиси ќе можат да ги издржат новите градби?…. Паркингот ќе стане еден од најгусто населените делови од светот. По одлуката на Уставниот суд за укинување на мораториумот во Центар и очекуваната уплата на комуналиите, практично останува уште добивањето градежна дозвола, по што ќе започне изградбата на висококатници спроти хотелот ‘Холидеј Ин’“, стои во петицијата.

На потегот кај огромниот паркинг спроти хотелот, во ДУП „Градска четврт Ц 08 – Ново Маало 2“ првично беа нацртани три 60-катници, поврзани со 20-катници.

„Иако е неспорен јавен интерес, надлежните сега јавно не соопштуваат што точно ќе се гради и како треба да изгледа овој дел на градот. За оваа локација се поврзува и скандалозниот предлог од планерската куќа „Билд урбан“, кој како што пишуваше „Сакам да кажам“ предвидувал изградба на градинка под земја, што децата осум часа би ги оставил без свеж воздух, а инвеститорот би добил повеќе простор за згради и деловни објекти. Според оваа верзија, на локацијата би се граделе шест кули со висина од 25 до 30 катови. ДУП за градска четврт Ц 08 до последната одлука на Уставниот суд беше ставен под мораториум. ДУП-от не е усогласен со повисокиот Генерален урбанистички план на Град Скопје, донесен на 4.12.2012 година со важност до 2022 година. Според направени пресметки, овој ДУП за 8,8 пати ги надминува параметрите на ГУП-от во однос на површината за домување и бројот на жители. Планот предвидува 200.000 квадратни метри развиена површина за трите парцели, а според она што е замислено за домување, таму би имало најмалку 11.000 жители“, се вели во петицијата.

https://skopjeinfo.mk/onlajn-peticija-ne-za-izgradba-na-nehumano-golem-objekt-na-parkingot-pred-holidej


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Apr-2021 at 13:44
Порано МПЦ градеше цркви, денес облакодери, озаконети уставно!





Како што објасни градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, комуналиите на инвеститорот „Обновители“ и МПЦ во износ од околу 150 милиони денари му се пресметани врз основа на идеен проект, и истите се веќе легнати на сметките на Град Скопје и општина Центар, по што ќе следи постапка за издавање на одобрение за градење. Поранешната претседателка на Советот на општина Центар, Јана Белчева вели дека порано МПЦ градеше цркви, денес облакодери, озаконети уставно, додека архитектите бараат организирање на граќански референдум за изгласување на модерен парк на местото каде се планирани облакодерите

На повидок е постапка за започнување со градба на висококатниците на паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин“. На инвеститорот „Обновители“ и МПЦ, Општина Центар веќе му ги пресметала комуналиите врз основа на идеен проект во износ од околу 150 милиони денари кои што се веќе уплатени. Шеесет проценти од комуналиите се за Градот, додека 40 проценти на Општина Центар.

– Инвеститорот достави идеен проект кој му беше одобрен од Општина Центар, врз основа на што му се пресметани комуналиите. Поголема сума пари се веќе легнати на сметка на општина Центар и најверојатно тоа се парите од инвеститорот за комуналиите, но сепак, за сигурност во текот на неделава ќе знеме дали се тоа тие пари откако ќе го добиеме извештајот од банката – изјави Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар за весникот ВЕЧЕР.

Од Општина Центар велат дека сеуште не е издадено одобрението за градба.

– Откако ќе се уплатат комуналиите инвеститорот е должен да ја обезбеди потполната документација потребна за издавање на одобрение за градба, па дури потоа тој ќе треба да аплицира за одобрение за градба – објаснуваат од Општина Центар.

Поранешната претседателка на Советот на општина Центар, Јана Белчева вели дека порано МПЦ градеше цркви, денес облакодери, озаконети уставно!

После повеќе од три години посветени до максимум околу небулозите со парцелата наспроти „Холидеј Ин“, еве до каде стигнаа „ Обновители“. Честитки за МПЦ и Зоран Антиќ, за советниците кои во 2012 година го гласаа ДУП-от, за Уставен суд, Горан Сугарески и Државното правобранителство, за општина Центар, секако и за сегашниот министер за транспорт и врски Бочварски, за планерска куќа „ Билд Урбан “, секако честитки и за сите инволвирани кои „ се бореа “ за спас на „Урбанистичкото убиство“ на Скопје, честитки и за Град Скопје. Јавно го повикувам архитектот Мартин Пановски кој го има сработено идејното решение кое му е одобрено од општина Центар да го елаборира – граѓаните заслужуваат да знаат што точно понудил како решение – вели Белчева.

Уставен даде амин за градење на 60-катниците

ДУП „Мал Ринг“ донесен во 2012 година сега е на сила откако Уставниот суд го укина мораториумот за градење кој беше воспоставен од Општина Центар, опфаќа простор од околу 8,7 хектари кој е поделен во четири парцели. При тоа, на трите парцели се предвидени висококатниците, односно згради со приземје и 60 ката, додека на средината ќе биде плоштад.

– Според планот предвидени се две намени: А1 домување и комерцијално деловни објекти, односно трговски центар – потенцираат од Секторот за урбанизам во Општина Центар.

Од Секторот за урбанизам во Општина Центар велат дека веќе го раскинале договорот со планерот кој во неколку наврати одбиваше да ги спроведе забелешките во планот за кој имаше обид да се ревидира и не стигна на одобрување пред советниците.

– Планерот континуирано го нудеше истото решение, не направи никаков обид да се смени концептот – потенцираат од Секторот за урбанизам во Општина Центар, додавајќи дека Комисијата барала поголемите групации на земјиште во сопственост на државата да се изземат од градежните парцели и да се предвидат со намена Д1 – парковско зеленило, но и да се предвидат пропратни содржини соодветни на предвидените намени, како што е на пример градинка која им била понудена под земја.

Инаку, според ревидираниот план за „Мал Ринг 1“ кој не стигна да биде донесен на седница на Советот на Општина Центар, а во меѓувреме беше укинат мораториумот за градење, наместо 60 катници, беа предвидени вистински кули кои требаше да бидат со помал габарит од претходно предвидените, односно требаше да бидат тесни и високи, а две од нив да имаат 20 ката, една 25, една со 30 ката и една највисока со 35 ката.

Референдум за нов централен државен плоштад кај „Холиден Ин“

Поранешната претседателка на Асоцијата на архитекти, Даница Павловска – Циги вели дека од направените споредбени податоци на ДУП-от со оние параметри на ГУП-от на Град Скопје, се гледа дека е далеку пробиено, што е упад во системот.

-Таквото нешто е атак на градот, а ние имаме право на град како граѓани. Токму затоа јас ги поттикнувам оние не само што се одговорни како професионалци, тие секако и пред сопствената совест и пред јавноста се одговорни, меѓутоа граѓаните да застанат да си го бранат интересот. Градот ни го узурпираат оние кои се полни со незнаење и користољубие. Не смее да се дозволи такво нешто. Граѓанинот може да го дигне гласот, ако има капацитет како граѓанин, ако има осет за своето опкружување и одговорност кон генерациите што доаѓаат – вели Павловска.

Таа предлага референдум со електронско гласање за паркиралиштето пред „Холидеј Ин“ да стане јавен простор – нов централен државен плоштад. Да ја тестираме и локалната и државната власт – колку е со граѓаните. Мора да делуваме, разумно, веднаш, итно – вели таа.

Павловска предлага да се донесе нов урбанистички план за тој простор или пак, да се почека новиот Генерален урбанистички план кој е во изработка, бидејќи ако се гради според параметрите на актуелниот ГУП, се прави страшно зло.

Антикорупциска: Сметаме дека постои многу висок ризик од корупција

Првиот антикорупционер Билјана Ивановска смета дека постои многу висок ризик од корупција затоа што иницијативата за укинување на мораториумот, Уставниот суд експресно ја реши, со тоа го врати стариот план во употреба тој од 2012 година каде се дефинирани огромни згради.

Пред две години кога Уставниот суд ја прифати иницијативата за укинување на мораториумот, тогаш ние отворивме предмет и доставивме барање до Уставниот суд да ни каже зошто добила таа иницијатива приоритет. Уставниот суд тогаш кажа дека тоа било негово право да прави така и преку ред да ги зема и одлучува по предметите. Сметаме дека тука постои многу висок ризик од корупција затоа што оваа иницијатива за укинување на мораториумот Уставниот суд експресно ја реши, со тоа го врати стариот план во употреба тој од 2012 година каде се дефинирани огромни згради. Од друга страна експресно се продаде земјиштето. Работејќи го тој предмет ги утврдивме начините како се продал. Земјиште кое се уште е во процес на денационализација е продадено од страна на државата. Законот вели ако имате 30% ваше земјиште, 70% може да го окрупните, тоа е законска корупција – ВРВ и на тоа капак – Уставниот суд – коментира Ивановска во емисијата Што не е јасно.

Според неа, потребен е граѓански притисок затоа што, како што вели законот дава можност да се суспендира ДУП-от кој што не е во согласност соп ГУП-от, зошто тоа не е направено.

– Овој ДУП – Ц08 што екај „Холидеј ИН“, 8,8 пати го надминува ГУП-от. Во Скопје, котлина, трусно подрачје, не треба да сме архитекти за да знаеме дека не треба да се прави. Ја поддржувам идеата на поранешната претседателка на Асоцијацијата на архитекти која вели дека граѓаните треба на референдум да се изјаснат и мислам дека тоа е решение во случајов, затоа што не функционира системот – потенција Ивановска.

https://www.vecer.press/порано-мпц-градеше-цркви-денес-облако/


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Apr-2021 at 14:00
Ново Скопје 2024, бетонски „чудовишта“ среде Скопје? Општина Центар не може да ги спречи

[tube]zbAC24QLp2c[/tube]

%20 - https://mk.tv21.tv/novo-skopje-2024-betonski-chudovishta-srede-skopje-opshtina-tsentar-ne-mozhe-da-gi-sprechi/


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Apr-2021 at 11:40
МГ Фешн: Кај Холидеј Ин ќе се гради модерен комплекс со многу зеленило, а не 60 катни облакодери

рбан и зелен комплекс и објекти со тројно намалена катност се проектира за просторот кај Холидеј Ин, јавна презентација на проектот се планира следната недела, визуелизациите кои се споделуваат на интернет се неточни, реагираат од компанијата МГ Фешн, откако на социјалните мрежи почна да кружи онлајн петиција против израдба на висококатници во центарот на Скопје.

Во продолжение информацијата од МГ Фешн интегрално:

„Со оглед на фактот што во медиумите во континуитет се споделуваат макети – разни визуелизации на проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти Холидеј Ин, а дополнително на социјалните мрежи почна да циркулира онлајн „Петиција против изградба на висококатници на парцелата спроти Холидеј Ин“ сакаме да ја информираме јавноста дека работиме на подготовка на презентација на проектот кој во текот на следната недела ќе го претставиме на организиран настан со медиумите.

На презентацијата точно, вистинито и целосно транспарентно ќе информираме за отпочнување на процесот на изградба на комплексот. Визуелизациите кои се споделуваат на интернет и со кои се подгрева отпор кон проектот ни одблиску не кореспондираат со реалниот проект, неговата вистинска слика и вредност.

Сосема спротивно на она што се споделува, станува збор за модерен, целосно еколошки и енергетско ефикасен проект, изработен според највисоки еко стандарди и согласно сите законски прописи во земјата.

Наспроти 60-катните бетонски облакодери за кои претходно се информираше во јавноста, а кои воедно ги дозволува актуелниот ДУП за Градска Четврт Ц08, предвиден е урбан комплекс со многу јавно зеленило и објекти со тројно намалена катност од дозволената, каде ќе се применат најсовремени материјали и дизајн, достоен за 21 век.

Остануваме достапни и целосно отворени за соработка со медиумите. Во интерес на фактите и вистината, да ја информираме јавноста за комплексот онаков каков што тој навистина ќе биде“, се вели во соопштението од МГ Фешн.

%20 - https://plusinfo.mk/mg-feshn-ka-holide-in-e-se-gradi-moderen-kompleks-so-mnogu-zelenilo-a-ne-60-katni-oblakoderi/


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Apr-2021 at 14:37
АКО ЗГРАДИТЕ СЕ СПОРЕД ДЕТАЛЕН ПЛАН И ЗАКОН СЕКОЈ ТРЕБА ДА ДОБИЕ ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА, РЕЧЕ ЗАЕВ ЗА 20-КАТНИЦИТЕ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“ ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ

Премиерот Зоран Заев смета дека трите згради од 15, 20 и 25 ката во најстрогиот центар на Скопје, на паркингот кај хотелот „Холидеј ин“, треба да се градат ако се предвидени со Детален урбанистички план (ДУП) и се согласно законите. Заев, одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакциите на граѓаните за најавената градба на 20-катници од фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква, рече дека инвеститорот има право да добие дозвола за градба.

„Секоја реакција на граѓаните е вредна за размислување, но и почитувањето на законот и Уставот е вредно за почитување и размислување. Ако наш сограѓанин добил одобрение за градба треба да се види дали решението е согласно Деталниот урбанистички план и Генералниот урбанистички план, како и според одредбите на Законот за градба и Законот за урбанистичко планирање. Ако се нарушени одредбите од овие закони не треба да се дава одобрение за градба, но ако се исполнети секако дека треба секој да го искористи уставното и законското право да добие дозвола за градење“, рече Заев на прес-конференцијата во Собранието за партиските преговори за Законот за државјанство.

Заев кажа дека оваа Влада, со цел да се намалат мегаломанските градби, донела нов Закон за урбанистичко планирање со кој паркирањето мора да е во рамките на парцелата и во неа треба да се обезбеди најмалку 20 отсто зеленило.

„Градоначалникот Богдановиќ ме информираше дека предвидено е двојно повеќе зеленило од она што го пропишува законот. Ако сакаат поголема катност треба да копаат повеќе од три нивоа под земја. Тоа на никого не му се исплати и затоа сега немаме мегаломански градби за што реагираа граѓаните“, додаде Заев.

Инвеститорите, фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“, платија комуналии во висина од 150 милиони денари или 2,43 милиони евра и тоа 60 отсто на Град Скопје (1,4 милиони евра) и 40 отсто на Општина Центар (1 милиони евра). Претходно, Општина Центар им го одобри идејниот проект за објектите. Со тоа, сега останува уште инвеститорите да поднесат барање за добивање градежна дозвола и потоа слободно можат да градат на овој последен слободен простор во центарот на Скопје, што е на околу 200 метри од Собранието.

Инвесторите ќе немаат никакви пречки да добијат градежна дозвола бидејќи веќе на сила не е мораториумот, и тие барањето ќе го достават врз основа на стариот Детален урбанистички план (ДУП), кој дозволува на овој простор да се градат 60-катници.

Сопствениците на просторот кај „Холидеј ин“, фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“, најпрво располагаа со површина од 4.605 метри квадртани кои ги купија од физички лица и со тоа се стекнаа со 30 проценти од градежната парцела. Потоа во 2018, кога на сила беше мораториумот за градба, од Министерството за транспорт и врски кога министер беше Горан Сугерески од СДСМ, го купуваат државното земјиште на овој простор со површина од 9.048 метри квадратни метри по цена од 312 евра за квадрат. Со тоа му се даде можност на инвеститорот да поседува поголем дел од просторот и наместо тоа да биде државно земјиште со кое Општината можеше да прави што сака, сега е приватно и на него ќе се градат три згради.

%20 - https://sdk.mk/index.php/naslovna/ako-zgradite-se-spored-detalen-plan-i-zakon-sekoj-treba-da-dobie-dozvola-za-gradba-reche-zaev-za-20-katnitsite-kaj-holidej-in-vo-srtseto-na-skopje/


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 12-Apr-2021 at 14:45
Dali e mozno sprema uplatenata suma na komunalii da se aproksimira goleminata na objektite? Iskreno se ispod 30 spratovi e dosta prifatlivo i bi se vklopilo vo okolinata. Poveke od toa bi strcele premnogu. 40% zelenilo bi znacelo zgolemuvanje na zeleniloto so ogled na toa sto sega se e asvaltiran parking.


Posted By: Шарла
Date Posted: 12-Apr-2021 at 15:02
60 КАТНИЦИТЕ БИЛЕ БЕТОНСКИ И ЛОШИ а овие сега 20 катниците ќе бидат од трева и цвеќиња и ќе бидат пренајпреубави.

Вака да се хисеризираше за 6 катници и кинески ѕидови што никнуваат на секој чекор до сега Скопје на град ќе личеше.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 12-Apr-2021 at 15:17
А што стана со подземниот коридор што требаше и подземна станица за ЛРТ трасата да содржи. Или тоа е исфрлено уште при промената од НБРМ - Партизанска во НБРМ - Влада?

Во http://www.centar.gov.mk/wp-admin/admin-ajax.php?juwpfisadmin=false&action=wpfd&task=file.download&wpfd_category_id=83&wpfd_file_id=9043 - ДУП-от сеуште стои. Има некој новинар или „експерт“ оваа тема да ја отвори? Барем некое решение како со Лимак требаше да предвидат.


Posted By: Théoden
Date Posted: 12-Apr-2021 at 15:31
Originally posted by <Fresno>

А што стана со подземниот коридор што требаше и подземна станица за ЛРТ трасата да содржи. Или тоа е исфрлено уште при промената од НБРМ - Партизанска во НБРМ - Влада?

Во http://www.centar.gov.mk/wp-admin/admin-ajax.php?juwpfisadmin=false&action=wpfd&task=file.download&wpfd_category_id=83&wpfd_file_id=9043 - ДУП-от сеуште стои. Има некој новинар или „експерт“ оваа тема да ја отвори? Барем некое решение како со Лимак требаше да предвидат.

Нема да се гради над коридорот предвиден за тунел, се гледа дека е резервиран тој простор покрај кејот за инфраструктура.


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Apr-2021 at 16:38
ЈАВНОСТА ВО ИСЧЕКУВАЊЕ ШТО ЌЕ СЕ ГРАДИ НА ПАРКИНГОТ НАСПРОТИВ „ХОЛИДЕЈ ИН“

[tube]e0gkDgCbM8s[/tube]

https://www.24.mk/details/javnosta-vo-ischekuvanje-shto-kje-se-gradi-na-parkingot-nasprotiv-kholidej-in


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Apr-2021 at 17:00
Намалениот габарит не е оправдување за висококатници кај „Холидеј Ин“

Визуелизација на планираните објекти спроти „Холидеј Ин“ според параметрите коишто ги потврдија од Општина Центар. На локацијата е предвидено да се градат три згради од 15, 20 и 25 ката. Височината на некои од објектите изнесува 80 метри.



%20 - https://samoprasaj.mk


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 12-Apr-2021 at 17:00
Originally posted by Théoden

Нема да се гради над коридорот предвиден за тунел, се гледа дека е резервиран тој простор покрај кејот за инфраструктура.

Подземна траса пишува на сред парцела.



Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 12-Apr-2021 at 18:42
На местово треба да има или парк, или кластер среднокатници ко Соравија и Х Ин, или 4-5 облакодери. Парк тешко да има, па остануваат двете други пожелни алтернативи - а ако сега се забранат висококатници најверојатно во скора иднина би никнале 7-катни брбушки со лимено поткровје.

Сеопшта бука за ова, а за Маџир Маало кое се уништи наместо или да се конзервира како етно-историско маало во центар или да се претвори во деловен центар со 5-6 згради ко НБРМ ретко кој се буни. Ама висококатници на место на асфалт сред центар ќе имало, многу страшно. Камо и во Маџир Маало и Ново Маало отаде булеварот да беше „катастрофа“ како овде.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Apr-2021 at 19:17

Originally posted by <Fresno>


Подземна траса пишува на сред парцела.


Тоа е стар шински коридор за трамвај што бил зацртан во во ГУП-от од 1985 и продолжил да биде прецртуван во иднина (го имаше во ГУП-от од 2002, а за 2012 не сум сигурен). Така некако нашол пат и до ДУП-ов, ама чисто формално.

Во реалност тој коридор е напуштен од поодамна, а подземната траса во овој реон е релоцирана покрај кејот. Според мене сосема оправдано, бидејќи Аеродром во меѓувреме се оформи така што нема никаква логика ЛРТ или БРТ да се движи по улица Симеон Кавракиров, како што беше предвидено со овој стар коридор.


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 12-Apr-2021 at 19:18
Treba okolu 30 kata da se zgradite. Bratislava oformi ubav skuline so takvi zgradi.


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Apr-2021 at 19:58
Предлагам да се отвори нова нишка, бидејќи проектов најверојатно ќе биде изграден

Во Топ Тема презентирана фотографијата со изгледот на зградите кај „Холидеј Ин“



Изгледот на зградите кај хотелот Холидеј Ин за прв пат беше презентиран преку фотографија во Топ Тема на Телма.

Архитектот Мартин Пановски рече дека во зградата се предвидени 400 станови, во кои би требало да живеат 1.200 до 1.300 луѓе.

Граѓаните претходно започнаа петиција со која бараат стопирање на изградбата на висококатниците спроти хотелот Холидеј Ин, а дел од архитектите обвинија дека ќе биде изградено бетонско чудовиште.

Ахритектот Пановски тврди дека проектот е со пешачко движење, отворена комуникација кон плоштад и зеленило.

https://telma.com.mk/2021/04/12/%D0%B2%D0%BE-%D1%82%D0%BE%D0%BF-%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 12-Apr-2021 at 20:01
Да и јас на тоа помислив. Зградиве се далеку од облакодери, а исто така пожелно би било да видиме и рендери без зеленилото односно како реално би изгледале зградите.


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 12-Apr-2021 at 20:03
Ako krajniot izgled e navistina vakov toa bi bilo odlicno za gradot skopje. TOa sto me plasi e sto namesto office se gradat rezidencijalni zgradi vo centarot na gradot... Sepak imam custvo deka ovie 3 zgradi najaveni od koj najgolemata 25sprata ja nema na renderot ke bidat solidni za toj del od gradot od vizuelen aspekt. No isto taka ke bidat samo 50% od se toa sto na krajot ke se izgradi tamu.


Posted By: alexsend
Date Posted: 12-Apr-2021 at 20:37
Ако изгледа вака ја сум за

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: Théoden
Date Posted: 12-Apr-2021 at 20:49
Originally posted by <Fresno>


Подземна траса пишува на сред парцела.

Не сум ја ни забележал таа линија (иако е со толкави букви Roll%20eyes), мислев дека е планиран еден тунел до Веро и за шински и за колски сообраќај, а и алтернативната траса збунува. Но мислам дека трите згради ќе се градат на западниот дел од четвртот, па можеби сепак нема да ја фатат трасата за подземен трамвај. Ќе видиме кога ќе го објават проектот.


Posted By: Шарла
Date Posted: 12-Apr-2021 at 21:21
Originally posted by stef4o

Намалениот габарит не е оправдување за висококатници кај „Холидеј Ин“

Визуелизација на планираните објекти спроти „Холидеј Ин“ според параметрите коишто ги потврдија од Општина Центар. На локацијата е предвидено да се градат три згради од 15, 20 и 25 ката. Височината на некои од објектите изнесува 80 метри.



%20 - https://samoprasaj.mk

Па облакодери се градат да се високи,60 ката да,би доминирале во просторот,за тоа се градат нели ? Поентата е тој простор за неколку години да фати чекор и да се слее со останати високи згради,нема веројатно до 100 години да ја тестираат издржливоста на зградите од социјализмот.
На кој простор би можело да им се удоволи на господата што не сакаат да има облакодери во нивна близина,еве каде да се градат,општо земено населба со 20-30 облакодери каде да се почне,во Богомила можеби ?
Впрочем кој не сака да живее во главен град,град со високи згради,може да се пресели во Битола,Охрид,Штип...било каде.


P.S. Не дека 15 спратниве ќе се изградат,а и не треба за толку ниска катност да се раскопува градот,само чудно ми е што имаат толкав проблем луѓето во Македонија со високи згради,а немаат со кинески ѕидови.


Posted By: doncho
Date Posted: 12-Apr-2021 at 21:26
Какви се очекувањата на народот? Парк да направат во најстрог центар? Има парк на 100м, жена парк. Според мене ова се би требало да се бизнис згради и нормално ао културно фино зеленило помеѓу итн.


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Apr-2021 at 21:32

немам ништо против облакодери, ама па не гледам причина зошто би притискале Скопје да биде град на облакодери... квалитетот на архитектурата и урбанистичкиот план е далеку побитен од визуелната монументалност на објектот

мене на пример многу побитна ми е намената на објектите, како им е решена безбедноста, пристапот и функционалноста и колку го почитуваат генералниот план на градот, ако воопшто постои како сериозен план
згора на сето тоа не знаеме кој е интересот за изградба на такви објекти од страна на тие што наводно треба да ги градат... да беше нешто профитабилно досега одамна ќе беше завршено
сега гледам и дека голема површина од проектов би била станбена, така да нека ни е со среќа пренаселеноста на центар

реално се водите по истиот глуп тек на диксуија како Ск2014, само што овој пат се дискутира дека скопје имало недостаток на облакодери, наместо споменици и класицизам... можда кога ќе ги прележиме сите комплекси по ред ќе тргне нешто на арно



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 12-Apr-2021 at 22:13
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by <Fresno>


Подземна траса пишува на сред парцела.


Тоа е стар шински коридор за трамвај што бил зацртан во во ГУП-от од 1985 и продолжил да биде прецртуван во иднина (го имаше во ГУП-от од 2002, а за 2012 не сум сигурен). Така некако нашол пат и до ДУП-ов, ама чисто формално.

Во реалност тој коридор е напуштен од поодамна, а подземната траса во овој реон е релоцирана покрај кејот. Според мене сосема оправдано, бидејќи Аеродром во меѓувреме се оформи така што нема никаква логика ЛРТ или БРТ да се движи по улица Симеон Кавракиров, како што беше предвидено со овој стар коридор.

Изгледа како да го има и во 2012. Од друга страна, не го гледам коридорот Коце што го форсираше до Влада. Може е по некои ДУП-ови за Мал ринг, или може сеуште фигурира старата траса до Тифани. Како и да е, не ми е јасно како се носат ДУП-ови со некои недефинирани работи или недоследности во однос на ГУП. Конкретно за овие згради, веројатно треба да биде земено во предвид и каков јавен превоз ќе го опслужува, каков капацитет на постојка е потребен итн. Не е ваљда урбанизам само цртање маркици.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Apr-2021 at 22:56

Originally posted by <Fresno>

Како и да е, не ми е јасно како се носат ДУП-ови со некои недефинирани работи или недоследности во однос на ГУП. Конкретно за овие згради, веројатно треба да биде земено во предвид и каков јавен превоз ќе го опслужува, каков капацитет на постојка е потребен итн. Не е ваљда урбанизам само цртање маркици.

За жал така стојат работите, ти всушност одлично ја опиша состојбата. И целиот лавиринт од институции, закони, правилници, бирократија и разноразни други бакрачи, одамна е обичен театар што скапо го плаќаме со буџетски пари, но скоро никогаш не функционира во ситуации кога треба да функционира.


Posted By: fichot
Date Posted: 13-Apr-2021 at 06:21
Градов го наполнија со неугледни „голубарници“ едни преку други, па сега се вреска и на нешто што бар просторно фино изгледа.

Мислам екстра ќе беше ако предвидеа и пешачки мост-спојка кон ГТЦ али веројатно не можат јер не е плански, а општинариве толку ги бива за да им текне на тоа.

edit: сега гледам во дупот дека е предвиден некаков надземен пешачки премин кон ГТЦ па можда и би го поврзале со новиот комплекс.


Posted By: doncho
Date Posted: 13-Apr-2021 at 07:26
Тоа си во право, за голубарниците. Особено како ова што изгледа, требаше да изгледа исто така цело Маџир Маало. Со ~20 катници интересен дизајн и повеќето деловни објекти. Фали модерен деловен парк.


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 13-Apr-2021 at 08:57
Originally posted by fichot

Градов го наполнија со неугледни „голубарници“ едни преку други, па сега се вреска и на нешто што бар просторно фино изгледа.

Мислам екстра ќе беше ако предвидеа и пешачки мост-спојка кон ГТЦ али веројатно не можат јер не е плански, а општинариве толку ги бива за да им текне на тоа.


Ma kakov most druze odma tuka pagja guskanje na gtc i slicni ceremonii. Mada ovie kompleksi tuka ke go spasat gtc koj seriozno zaostanuva so ponuda vo odnos na novite mallovi koj nadoagaat.


Posted By: doncho
Date Posted: 13-Apr-2021 at 09:42
На ГТЦ спас му е само да се реновира и да се претвори во стартап центар.


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 13-Apr-2021 at 11:03
Originally posted by doncho

На ГТЦ спас му е само да се реновира и да се претвори во стартап центар.


Ne e losa idea start-up centar plus biblioteki za studenti i del edukativen centar. Kako studentsko katche vo centarot na gradot plus noramlo moze del da ostane za komercijalna namena. I moja zelba a veruvam i na site Skopjani celiot krov da bide zelen ne samo terasiceto


Posted By: skopskodete
Date Posted: 13-Apr-2021 at 11:26
Еден зелен кров на ГТЦ и ете огромен парк во центарот на градот, а и таа идеја што тука на форумот беше изложена, за пазар, е исто така супер. Дури може пола парк, пола пазар, пак ќе биде супер.


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Apr-2021 at 11:41
АМАН ПОМОГНЕТЕ, НЕ МОЖЕ ОПШТИНА ЦЕНТАР САМА ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ ЗГРАДИТЕ КАЈ ХОЛИДЕЈ ИН, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САША БОГДАНОВИЌ

Ако сите институции и судски органи си ја вршат работата за која земаат плата, многу работи ќе беа поинакви и немаше да се реализираат планови кои се спротивни на Генералниот урбанистички план, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ по повод локацијата кај „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје, каде што се предвидени три висококатници. Тој денеска побара помош од претседателската на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска во спроведување на предмети поврзани со донесување на деталните планови, за кои Општината има почнато постапки, но со години никој не постапува по нив.

„Ако многу од тие предмети се решат во корист на Општината значително ќе се измени ситуацијата на одредени локации. Ако се докаже дека имало спорна продажба на земјиште, може да ја укинеме таа градба и просторот да се врати во првобитна состојба. За жал, цел овој период никој не мрдна за да се направи нешто. Од 2012 ние сме единствени кои нешто правиме. И другите институции да реагираа, многу работи ќе се сменеа. Ама еве, завршете си ја работата за која земате плата, за тоа што сносите одговорност. Ние покренуваме постапки, донесовме мораториум два пати. Јавно кажувам – аман за аман, преземете нешто. Значи имаме неусогласен план, ама ако некој не ги фати за гуша тие што го направиле и одобриле планот џабе расправаме сега“, рече Богдановиќ.

Во однос на парцелата кај хотелот „Холидеј ин“, каде се предвидува изградба на три згради од 15, 20 и 25 ката, Богдановиќ вели дека по укинувањето на мораториумот нема начин како да се стопира градење оти законот вели дека додека не се донесе нов план, на сила е стариот и по него мора да се постапува.

„Ние сме ги завршиле работите во рамките на нашите надлежности, сега мора да се вклучат и другите ако сакаат да ни помогнат. Во одлуката на Уставен суд стои дека новиот Закон за урбанистичко планирање е причина за укинување на мораториумот. Сега кој ќе понесе одговорност за тоа. Сите тие што се фалат дека учествувале во изготвување на законот денеска треба да си ја лупнат главата во ѕид и да кажат тоа што донеле нов закон, денеска не смее да имаме мораториум“, рече Богдановиќ.

Инвеститорите, фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“, платија комуналии во висина од 150 милиони денари или 2,43 милиони евра и тоа 60 отсто на Град Скопје (1,4 милиони евра) и 40 отсто на Општина Центар (1 милиони евра). Претходно, Општина Центар им го одобри идејниот проект за објектите. Со тоа, сега останува уште инвеститорите да поднесат барање за добивање градежна дозвола и потоа слободно можат да градат на овој последен слободен простор во центарот на Скопје, што е на околу 200 метри од Собранието.

Инвесторите ќе немаат никакви пречки да добијат градежна дозвола бидејќи веќе на сила не е мораториумот, и тие барањето ќе го достават врз основа на стариот Детален урбанистички план (ДУП), кој дозволува на овој простор да се градат 60-катници.

Сопствениците на просторот кај „Холидеј ин“, фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“, најпрво располагаа со површина од 4.605 метри квадртани кои ги купија од физички лица и со тоа се стекнаа со 30 проценти од градежната парцела. Потоа во 2018, кога на сила беше мораториумот за градба, од Министерството за транспорт и врски кога министер беше Горан Сугерески од СДСМ, го купуваат државното земјиште на овој простор со површина од 9.048 метри квадратни метри по цена од 312 евра за квадрат. Со тоа му се даде можност на инвеститорот да поседува поголем дел од просторот и наместо тоа да биде државно земјиште со кое Општината можеше да прави што сака, сега е приватно и на него ќе се градат три згради.

%20 - https://sdk.mk/index.php/naslovna/aman-pomognete-ne-mozhe-opshtina-tsentar-sama-da-se-bori-protiv-zgradite-kaj-holidej-in-veli-gradonachalnikot-sasha-bogdanovik/


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Apr-2021 at 11:47
Жителите од Ново Маало ја подржуваат изградбата кај „Холидеј ин“

По многуте реакции во јавноста за проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти „Холидеј Ин“, се огласија и жителите на Ново Маало, потсетувајќи дека со децении живеат во нехумани услови и затоа даваат целосна поддршка на проектот, со надеж дека со негова реализација ќе им се решат проблемите.

– Повеќе децении многу семејства живеат во услови кои не ги задоволуваат стандардите на хумано домување, дотрајани куќи, нерешено греење, калдрма и кал до колена, место за одложување на отпад на сите што ќе навратат во центарот на градот. Изразуваме жалење што голем дел од јавноста не го разбира ова бидејќи е лесно е да се зборува од комфорни станови. Посочуваме дека, со овој проект ќе се реши проблемот на многу семејства кои, за воља на вистината, сé уште живеат во супстандардни услови како да е 19 век или биле приморани да ги напуштат своите куќи – вели Игор Стојанов, во име на жителите од Ново Маало.

Тој објаснува дека со компензацијата која ја добиваат и реализација на овој проект кој многу години беше заглавен во институционалните лавиринти, ново маалчани конечно ќе имаат можност да добијат живеалишта достојни за 21 век.

– Откако ќе се реализира проектот, овој дел на Скопје ќе има многу повеќе зеленило отколку што на оваа локација имало во последните 50 години. Скопје е главен град и репрезент на нашата држава кој мора да се развива по примерот на светските метрополи – вели Стојанов.

Според него, кога јавноста кога ќе го види целиот проект во најголема мера и ќе го одобри, онака како што го одобруваат и луѓето од Ново Маало, едно од најстарите скопски маала, а кое за жал иако е во срцето на градот претставува грда слика за една метропола.

%20 - https://www.slobodenpecat.mk/zhitelite-od-novo-maalo-ja-podrzhuvaat-izgradbata-kaj-holidej-in/


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Apr-2021 at 11:51
Кучињата лаат, а карванот си врви
од Божидар Миљовски

Последниве денови сме сведоци на повеќе написи, коментари и протести од граѓаните за локацијата кај хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје. На пример: Градските власти ќе добијат 2,4 милиони евра, Нема спас за просторот кај „Холидеј ин“, Инвеститорот уплатил 2,4 милиони итн. Од предлагачот на овој проект слушнавме бомбастични изјави како дошол до 30 проценти за контрола на локацијата, згради од 25-35 ката, демек и Македонија заслужува да има центар како Њујорк, Лос Анџелес… со други зборови и ние да се вклучиме во светските метрополи. Јас на 12 декември 2018 година објавив во „Слободен печат“ колумна, со анализа и визија за капацитетот и за можностите што ги дава таа локација за општината, градот и за Македонија. Што губи, а што добива државата? Ги слушам изјавите на одговорните од Општина Центар: „Не можеме ништо, Уставниот суд пресуди“. Мислам дека Општината може, ако сака, да направи многу до доделувањето на градежната дозвола. Министерството за транспорт и врски, исто така, може да оспори давање градежна дозвола, а постојат и многу други можности.

Ако го анализираме „цунамито“ на урбаната мафија во последните 10-15 години, Скопје 2014, кампањата за катни гаражи, хотелот „Мериот“ и зградата на Самсоненко, доаѓаме до заклучок дека е направен урбанистички хаос. Остана неначната единствената локација кај „Холидеј ин“, и неа Македонија и градот Скопје мора да ја гледаат со визија за развој на бизнисот и на репрезентативните институции за следните 20-30 години. Јас би ја прогласил за НАЦИОНАЛНА ЛОКАЦИЈА, која не смееме така лесно да ја раскрчмиме. Да ги наброиме последиците од раскрчмувањето:

– Се губи концентриран простор за сместување на Светската банка, Монетарниот фонд, Европската банка, Обединетите нации, Европската Унија, Регионалната берза и другите интернационалните институции.

– Се нарушува предлогот за спојување на Градскиот трговски центар со топла врска во еден центар, како и со подземните гаражи.

– Се забораваат основните барања за оваа локација: изградба на 4.500 паркинг-гаражи, подземна сообраќајница на „Кеј 13 ноември“, подземна бензинска пумпа, отворање на кејот за повеќе национални ресторани и друго. Сево ова Градот и Републиката мора да го реализираат преку „Национална локација“, со детален урбанистички план, со јавен конкурс и со јавна дебата. Така треба да се решат содржините на оваа локација – со надворешен план локацијата да се вклопи во сообраќајните текови. Во овој правец неодамна објави колумна професор од Архитектонскиот факултет во Скопје.

Големи можности
Малку наивно звучи приодот на предлагачот да се гради сѐ што е слободно во првата фаза (не кажува што е првата фаза), а во втората и третата фаза да се градат помали објекти, но треба да се решаваат имотно-правните односи на стотина сопственици на куќи и локации. Овој потег (трик) може да го оптовари градот со милионски суми за експропријација на земјиштето и за рушење на малите куќи. Во „Слободен печат“ на 6 декември 2018 година, имаше наслов на насловната страница: „Ви ветувам, ќе изградиме најубав и најзелен градски центар на Балканот“. Читајќи го, се најдов поттикнат на граѓаните на град Скопје да им ја покажам и другата страна на приказната за локацијата кај хотел „Холидеј ин“.

Како еден од најстарите активни инженери со искуство од 30 години во Македонија, во Југославија и 30 години во САД, изработив повеќе студии за урбаниот простор на Скопје, а една од нив ја опфаќа и оваа локација. Ќе го задржам вашето внимание со претставувањето на оваа локација со сите елементи и можности.

Таа не е обична локација, таа е последната најголема локација во центарот на градот, простор помеѓу улиците и булеварите Мирче Ацев (210 м.), Кеј 13 Ноември – Река Вардар (360 м.), булевар Кочо Рацин (400 м.) и Филип Втори Македонски (150 м). Овој простор има површина од приближно 110.000 квадратни метри. Со проектот за подземната сообраќајница (изработив шест варијанти), Кејот 13 Ноември оди под земја, што го сметаме за многу корисно. Во почетокот на оваа година изработив идејно решение до мостот кај „Холидеј ин“- од две ленти го прошируваме на четири и може да кажеме дека имаме чиста локација од 110.000 квадратни метри од Вардар до булеварот М. Ацев и од Ф. В. Македонски до К. Рацин со пристап од двете страни со по четири сообраќајни ленти.

Ова значи дека Општина Центар, градот Скопје и Македонија добиваат една многу атрактивна локација во центарот на градот и тука треба да изникне новиот бизнис-центар на Скопје и на Македонија. Да ги презентирам можностите на една ваква атрактивна локација според мојата префизибилити студија: Од мостот кај хотелот до мостот на булевар Кочо Рацин со димензии 300х90 би се формирало вештачко езеро. Просторот од 110.000 метри квадратни затворен со четири бетонитски дијафрагми овозможува градење три ката под земја, од кои на првиот кат се дуќани и сервиси, а двата други се паркинг од вкупно 4.500 места поврзан со тунел со паркингот во ГТЦ. Кејот помеѓу двата моста ќе се искористи за 15 ресторани во национален стил, а истурени кон вештачкото езеро. Приземниот дел се користи за дуќани, кои со првиот кат под земја се спојуваат во функција на двокатни дуќани, кафулиња и шоу студија. Целиот простор помеѓу булеварите Ф. Втори и К. Рацин е со следните содржини: по должината од страната на Ф. Втори ќе се лоцираат три стоковни куќи од 4 до 6 ката поврзани со мост со ГТЦ; по должината на К. Рацин лоциран е систем на кули и sидови (како Градскиот sид и кулите на Кензо Танге), со повеќе хотели и станбени објекти. Одејќи кон средината, се редат деловни згради, банки, берза, оф шор компании, претставништва, бизнис-канцеларии… и доаѓаме до центарот на локацијата каде што има воздушен покриен простор со водоскоци по целата должина од М. Ацев до рестораните покрај Вардар. Во првиот подземен кат се сместени автобуска станица, бензинска пумпа и други сервисни содржини за целиот комплекс.

Огромна штета
Од дадениот преглед на можни содржини се гледа дека оваа необична локација го донесува и го претставува новиот бизнис-центар на Скопје и на Македонија. Не смееме да дозволиме овој простор да го крчмат според стариот начин од претходната влада, со спрега помеѓу Владата, олигарсите и урбаната мафија, со менување на деталните урбанистички планови. Со таква игра му е направена огромна штета на градот, со тоа што најатрактивните локации кај Беко, кај Железничката станица, кај Домот на синдикатите се издадени за гаражи. (Урбаниот простор си има цена, најскап е за ексклузивни канцеларии, потоа за претставништвата, на трето место е станбениот простор, на четврто дуќаните, а на петто место се гаражите). Овој најскап простор урбаната мафија го издаваше за најниско платената позиција – гаражи.

Ова го кажувам за да не се повторува старата стратегија, зашто во времето на градоначалникот А. Жерновски Општина Центар нарачала урбанистички проект за дел од оваа локација, но под сомнителни околности нарачката е одземена, со изговор: „Имаме други планови“. Тие намери испливаа на површина подоцна, со бомбата за „најубав и најзелен градски центар“. Урбаната мафија го подготвила предлогот, затоа што дел од локацијата е оформена на спекулативен начин во комбинација со Црквата. Тие не постигнале ниту 20 отсто од локацијата, па како сакаат со ваков процент да ја крчмат целата локација, а на градот ќе му го остават расчистувањето на сите мали објекти? Овој трик не може да пројде. Сметам дека една ваква атрактивна локација треба да оди на јавен конкурс, за целисходно решение за градот, за бизнисот и за граѓаните. Сметам дека мојата визија може да се реализира и Скопје и Македонија ќе го добијат нов бизнис-центар.

Да не бидеме утописти, тој центар ќе чини повеќе од 700 милиони евра и ќе се гради повеќе од 10 години. Од 2001 до 2005 година во САД изработив седум визионерски префизибилити студии за развој на Скопје: за подземната сообраќајница шест варијанти, за тунелот под Кале две, потоа за користење на подземниот урбан простор во комерцијални цели, изработив решение за паркинг кај Државната болница, во центар, кај фудбалски стадион, решение за сообраќајот во градот, препораки и решенија за загадувањето и друго.

%20 - https://www.slobodenpecat.mk/kuchinata-laat-a-karvanot-si-vrvi/


Posted By: kiriOK
Date Posted: 13-Apr-2021 at 12:11
Планираната висококатница кај „Холидеј ин“ како близначка на „Зелената кула“ во Грац

Архитектот Мартин Пановски вели дека во светот се моментален тренд згради со вертикално зеленило
Една од висококатниците, која е планирана на паркингот кај „Холидеј ин“, а чиј изглед вчера беше презентиран во „Топ тема“ на ТВ Телма, според надворешниот изглед, е речиси идентична на „Зелената кула“ која беше најавена во Грац, Австрија.

Архитектот Мартин Пановски во изјава за „360 степени“ не негира дека неговиот проект наликува на тој во Грац – решение на бирото на познатиот архитект Томас Пучер.

„Во светот е моментален тренд на згради со вертикално зеленило. Можам да ви посочам уште многу други примери“,

ни изјави Пановски.
Тој синоќа во гостувањето на Телма ТВ, кога беше презентиран планираниот изглед, рече дека во зградата е предвидено да има 400 стана во кои би живееле 1 200-1 300 луѓе. Тој тврдеше дека проектот е со пешачко движење, отворена комуникација кон плоштад и зеленило.



Речиси е идентична „Зелената кула“ која се гради во Грац, Австрија. Од архитектонското биро на Томас Пучер, автор на проектот, минатата година во јули на социјалните мрежи објавиле фотографија и информација дека е дадена дозвола за изградба на кулата во Грац.



Информации за овој проект може да се пронајдат и на интернет-страницата „Green4Cities“, каде што пишува дека „Зелената кула“ е еден од најзначајните објекти што се градат во поранешна индустриска зона на Грац, која треба да се трансформира во атрактивен кварт за живеење, работа и рекреација. На цеб-страницата пишува и дека „Зелената кула“ е 19-катница со зелен покрив и фасада и е прва од ваков тип во Австрија.

Во продолжение погледнете фотографии од проектот за „Зелената кула“ во Грац.





%20 - https://360stepeni.mk/planiranata-visokokatnitsa-kaj-holidej-in-kako-bliznachka-na-zelenata-kula-vo-grats/



Posted By: Tooold
Date Posted: 13-Apr-2021 at 14:57
Требаше 60 катници. Шо е ова 20 Драчево право


Posted By: doncho
Date Posted: 13-Apr-2021 at 15:18
Originally posted by MKDSTRUGA

Originally posted by doncho

На ГТЦ спас му е само да се реновира и да се претвори во стартап центар.


Ne e losa idea start-up centar plus biblioteki za studenti i del edukativen centar. Kako studentsko katche vo centarot na gradot plus noramlo moze del da ostane za komercijalna namena. I moja zelba a veruvam i na site Skopjani celiot krov da bide zelen ne samo terasiceto


Апсолутно да, мада јас би го форсирал накај стартап и едукативен центар, секако и парк на кров, млади луѓе, жена парк е блиску итн итн.

А за новиов проект, личи модерно, не знам зошто сите се бунат, на крај ќе донесат максимална висина 30-40 метра и ќе добиеме уште 5-6 "наполитанки"?


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Apr-2021 at 16:11
Утре ќе биде објавено како ќе изгледа проектот кај „Холидеј Ин“

Општина Центар сама не може да го спречи градењето на висококатниците на паркингот спроти ГТЦ. Градоначалникот Богдановиќ тврди дека другите институции не си ја работат работата за која се платени.

-Сите предмети ги доставуваме до надлежните институции. Аман – заман, преземете нешто. Направете, значи имаме неусогласен план, кажа претседателката, стручни комисии го докажале тоа. Постапуваме по тоа, но ако некој не го фати за гуша тој што направил план во 2012, тој што го одобрил, џабе ние расправаме сега, вели градоначалникот Саша Богдановиќ.

Антикорупциска смета дека недоволната транспарентност во работата на општините резултирала со донесување ДУП-ови кои не се усогласени со Генералните планови. ДКСК се сомнева во ризици за корупција и влијание од страна на сопствениците врз планерите. Поради правни недоречености ДУП-от се уште не е суспендиран.

-Го охрабрувам градоначалникот пред да ја донесе одлуката за давање дозвола за планот да ги испита сите можности за да го стави планот под суспензија и да не донесува дозвола за градење кој што не е во согласност со Генералниот урбанистички план, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Од друга страна, жителите на Ново Маало бараат час посокоро да почне изградбата на висококатниците. Велат дека во моментот тие не смеат ниту шајка да променат на нивните куќи и живеат во супстандардни услови во строгиот центар на Скопје.

-Ова маало доаѓа како ѓубриште на поголемите објекти во околината. Доаѓа едно ѓубриште, едно нецивилизирано место, неуредено, и самите гледате. Живеење во септички јами, без одвод, значи буквално 19 век.

-Ние сакаме да се изгради ова. Сигурно ќе добиеме повеќе од ова што го имаме, нормално е тоа, и ќе живееме како луѓе. Нема да одиме во кенефи во 21 век. Нема да ни паѓаат жициве па да немаме струја по ден-два.

Паркингот е на чекор до конечно бетонирање откако инвеститорот, фирмата „Обновители“ ги плати комуналиите во висина од околу 2,5 милиони евра. Токму таа постапка е последна пред конечно добивање дозвола за градба. На ова место треба да никнат три згради со околу 400 станови.

Досега над 7.000 граѓани ја потпишаа иницијативата која е против изградба на објектите спроти Холидеј Ин.

https://sitel.com.mk/utre-kje-bide-objaveno-kako-kje-izgleda-proektot-kaj-holidej


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Apr-2021 at 16:15


дали ќе биде така и со овој проект е често прашање по фб





Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 13-Apr-2021 at 16:19
Тешко разочарување ќе биде проектов. Читам неколкумина од вас велат дека нема потреба од висококатници во градот, но според мене има потреба од еден нормален деловен па дури и деловно-станбен простор во центарот на главниот град. Една шанса се пропушти со изградба на Мериот и другите два објекта, наместо да се оставеше тој дел исто да се оформи во модерен стил. Вака со овие висококатници нема ништо да се постигне. Постојано зборуваме за „симбол“ за „модерно урбано живеење“ а ќе добиеме нешто слично ко она во Бутел или кај СитиМол. Само да не им текне да изградат уште еден деформиран „Флатирон“, е тек тогаш ќе му мислиме.

-------------
And something, somewhere was lost in 1938...


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Apr-2021 at 16:49
Читам по порталиве новомаалци го поддржувале проектот тоа значи дека излегува од рамките на паркингот кон куќарките или грешка сум??
Всушност ќе видиме утре на презентацијата што ќе биде објавено.



Posted By: doncho
Date Posted: 13-Apr-2021 at 17:10
Јас колку што сфатив се работи за цела парцела таму, сосе куќарките распаднати.


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Apr-2021 at 17:14
Малку ми дојде чудно,пошто куќарките сеуште се вселени,некои се одамна напуштени но ќе видиме...можеби ќе спаѓаат во некоја подоцнежна фаза од проектот.Веројатно најпрво ќе почнат на паркингот каде им е почиста ситуацијата.


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Apr-2021 at 17:19
Жителите на Ново Маало – Имаме право на нормални услови за живот како сите граѓани на Скопје

Овој проект го решава деценискиот проблем на преку 200 жители на Ново Маало и обезбедува многу зеленило и јавен простор. Силно ќе се спротивставиме на сите обиди да се запре овој проект кој за нас значи нормални услови за живот.











https://vecer.mk/makedonija/zhitelite-na-novo-maalo-imame-pravo-na-normalni-uslovi-za-zhivot-kako-site-gragjani-na-skopje/


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Apr-2021 at 17:29
Архитектот Мартин Пановски за Канал 5 го открива изгледот на комплексот кај Холидеј Ин

[tube]dyeTcWOKzIE&t[/tube]

https://kanal5.com.mk/arhitektot-martin-panovski-za-kanal-5-go-otkriva-izgledot-na-kompleksot-kaj-holidej-in/a470039


Posted By: Шарла
Date Posted: 13-Apr-2021 at 18:20
Значи градот ќе го изгуби најатрактивниот простор за 15 катница,20 катница и 25 катница.
Да не е тажно би било смешно.

Вон сериски глупости,кој како дојде си менува дуп/гуп,неверојатно,што ќе изгубеше градот ако се изградеа 60 катниците? Вака излегува дека целиот циркуз е кој да лапне процент од "прокетов".


Posted By: user8642
Date Posted: 13-Apr-2021 at 18:35
Да не бидам и јас сега offtopic grammar-police, ама пак македонското новинарство на мегдан се брука.

Thomas Pucher на германски јазик не се чита Томас Пучер. Ако е на латиница, не значи дека е на англиски.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Apr-2021 at 18:39

На ум ми доаѓа прво „КСИ ЏИНПИНГ“ или пак многу грчки имиња. Не се овие новинари, овие се детишта кои „разбираат од компјутер и разбираат англиски“ па си нашле работа во некој портал.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: user8642
Date Posted: 13-Apr-2021 at 18:41
две поенти:

1. Архитектот во мини-интервјуто за ТВ21 кажа една нова кованица што јас досега не сум ја слушнал. "Шопинг јавни површини!" Јас незнам како изгледа тоа, нека објасни некој. Ако мисли на отворен трговски како ГТЦ, не го објасни тогаш така.

2. Микрофонот од Ал-Џезира индицира потекло на капиталот кој стои позади трговскиот. Кој е инвеститор официјално?


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Apr-2021 at 20:01
реално, урбанистички план постои само за да може легално да се цртаат маркици на него, и тоа е отприлика се, кратко и јасно... не знам дали може и да го употребуваме терминот „план“

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: doncho
Date Posted: 14-Apr-2021 at 08:52
Originally posted by stef4o



дали ќе биде така и со овој проект е често прашање по фб





Ова може да биде одржливо само ако е деловна зграда.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Apr-2021 at 08:52

Al Jazeera Balkans покрива многу вести од Македонија. Нема никакво скриено потекло. Дека се ѓубре исламистичко, факт е, ама кај нас имаат некаква новинарка од Прилеп со лош српско-хрватски која од време на време прави по некоја статија за да тера на босанските вести.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Apr-2021 at 12:00
[tube]ziUo1GCspaM[/tube]

https://mk.tv21.tv


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Apr-2021 at 12:11
Во живо се одвива презентацијата

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/457455192033484/

....


















Posted By: Шарла
Date Posted: 14-Apr-2021 at 12:26
Мизерија...


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Apr-2021 at 12:41
Инвеститор е МГ Фешн а проектанти се Радиус Архитекти во поглед на зеленило многу ја зборуваа зградата на Про Кредит банка(дека имало многу зеленило на терасите)кога се вклучив на презентацијата што не е баш за споредба бидејќи ова ќе биде претежно станбено.
И презентацијава некако мизерна испадна ништо корисно,подобро само рендери да пуштеа и толку.



Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Apr-2021 at 12:53
Парцелата 1.4 кај куќарките колку што разбрав била со намена за плоштад или некаков си јавен простор нешто така спомнаа и рекоа дека тоа си е надлежност на општински и градски власти





Posted By: Шарла
Date Posted: 14-Apr-2021 at 13:17
Срамота е бе онаква зграда како онаа најлево да извадиш за во јадро на главен град. Ајде плагијатот со зеленило(?) ќе помине,таа деловната не се ни гледа ама ете хипотетички ако е стакло,ако нема балкони и ако доловува таков ефект навечер кога има по некое светло уклучено ајде да речеме и таа да помине..ама онаа најлево е тежок тумор,срање од типот на зграда за во "Београд на води"најверојатно од таму им е инспирацијата...пресиромашно,прегрдо,како социјалната зграда во Бутел што ја градат изгледа.

Таа најлево мора да се запре или да се смени комплетно изгледот. За остатокот од просторот не коментирам затоа што нема поента на долги патеки,со оглед на тоа дека очекувам и се надевам на 60 катници во центарот на градот.


Posted By: Théoden
Date Posted: 14-Apr-2021 at 14:15
Наполитанки, ама од тие долгите.


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 14-Apr-2021 at 14:17
Kako so gledam ima use edna cela parcela kaj so se kukite koja ne e spomnata tamu ke sletaat 60 katnicite. Sega mackaat oci poso protiv 60 katnici se bunea so ovie. Posle ke se bunat zaso nema 60 katnici pa ke gi zalepat tie Inace da ovaa najlevo neznam so im trebala. Bitno ke ide 1700 eur m2... Nez koj ke im gi kupi samo stanovite.


Posted By: MJ
Date Posted: 14-Apr-2021 at 15:00
Ова е презентација за Г.П. 1.1, а се знае нешто за Г.П. 1.2 и 1.3? Дали и таму се истите инвеститори или има други?


Posted By: Marxentric
Date Posted: 14-Apr-2021 at 16:11
Абе какви 60 катници и деловни згради, остајте го просторот каков што си е. Ајде да ја подржиме општина Центар за да го сочува единственото место во Скопје кое се уште нуди бесплатно мочање, серење, фрлање отпад и евтин паркинг...
Која ограниченост мајке ми, еднаш во живот им се укажува шанса да направат нешто барем малку што ќе го заличи главниот град и веднаш се јавуваат противници, гушкачи, екологисти, а конкретното место за кое станува збор да ти било една касаба со бараки и ѓубре во сред центар. Одете гушкајте ја Шутка штом толку сакате да вршите конзервација на вакви автентични населби...


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Apr-2021 at 16:58
МГ ФЕШН ЗА ПРОЕКТОТ „ГРАНД СКОПЈЕ“: Зелен и урбан комплекс по врвни светски еколошки стандарди!





По денешната онлајн прес-конференција, на која компанијата МГ ФЕШН, која е инвеститор на комплексот на парцелата 1.1 спроти хотелот „Холидеј Ин“ јавно го презентираше проектот „Гранд“ а и еколошки стандарди по кои ќе се градат објектите, компанијата се огласи и со соопштение во кое детално го образложи проектот.

Со оглед на големиот јавен интерес за овој проект и полемичните тонови во досегашната дебата, сопштението го објавуваме во целост:

Како што истакнаа од МГ ФЕШН, целта на прес-конференцијата беше точно, вистинито и транспарентно да се информира јавноста за отпочнувањето на градба на комплексот, како одговор на големиот број оспорувања во јавноста, но и визуелните прикази кои циркулираа, а воопшто не кореспондираат со неговата вистинска слика и вредност.

Архитектот и управител на МГ ФЕШН, Илија Божиновски, објасни дека станува збор за станбено-деловен, зелен и урбан комплекс по врвни светски еколошки стандарди со многу зеленило, многу јавни содржини и истиот целосно ќе го модернизира срцето на Центар. „Идејата е овој комплекс да претставува ново обележје на градот, нов, модерен и зелен центар на Скопје, кој ќе биде гордост на скопјани“, истакна Божиновски и воедно изрази благодарност до жителите на Ново Маало кои даваат полна поддршка за реализација на проектот.

На прес-конференцијата се обратија и архитектите Јана Гугуловска-Ѓорѓевиќ и Мартин Пановски од архитектонското студио „Радиус Архитекти“, чии идејни решенија ќе се реализираат во проектот „Гранд“ Скопје.

Тие ги презентираа деталите на комплексот и објаснија дека се работи за модерни објекти кои ќе се градат во 3 фази: во првата фаза еден станбено-деловен објект од 20 ката; во втората уште еден станбено-деловен од 22 ката, а во третата фаза деловен и комерцијален простор од 16 ката. Воедно, ги претставија и урбанистичките параметри на проектот наспроти она што го дозволува важечкиот Детален урбанистички план.

Имено, согласно идејниот коцепт вкупната површина за градба е 9.165 м2, а бруто развиена површина е 89.627 м2, наспроти 13.654 м2 површина за градба и 200.000 м2 бруто развиена површина, колку што дозволува ДУП-от. Максималната височина на планирана градба изнесува 81.20м, иако согласно зададените урбанистички параметри во актуелниот ДУП истата изнесува 180 м.

Во контекст на ова, архитектата Гугуловска-Ѓорѓевиќ потенцираше дека во комплексот тројно е намалена катноста, односно максималната планирана катност е 22 ката, наспроти 60-те ката кои ги дозволува ДУП-от, и додаде дека ќе бидат обезбедени 969 паркинг места, наспроти потребите 957 според ДУП-от и 30 паркинг места за лица со посебни потреби.

Архитектот Пановски, пак, во своето излагање даде одговор на најчесто изнесуваните невистини во јавноста во врска со бетонизацијата на Скопје и објасни дека проектот значително го надминува законскиот минимум од 20% зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 м2 зелени површини, каде не се вкалкулирани вертикалните градини кои се дел од идејните решенија.

Проектот ги следи светските трендови на објекти со т.н. архитектонски биодиверзитет, фокусирајќи се не само на луѓето како живи битија, туку и на нивниот однос со останатите живи организми. „Гранд Скопје“ не само што е целосно еколошки и енергетско ефикасен проект за заштита на животната средина, изработен според високи еко стандарди и согласно Законот за урбано зеленило и Правилникот на Општина Центар, туку ќе претставува вистинска зелена оаза во центарот на Скопје, комплекс целосно отворен за граѓаните“, рече тој.

Според идејните решенија, зеленилото во парцелата е сочинето од партерно зеленило (мешано зеленило – ниско со високо), високо зеленило – дрвореди, зелени кровни градини и зелени вертикални градини, кои се градат за прв пат кај нас, ќе бидат проектирани по светски стандарди, со посебен систем за одржување и наводнување, истовремено овозможувајќи им на жителите чувство на пријатност и приватност во урбаната средина и концепт.



На крајот, Божиновски се осврна и на нивната визија за иден развој и инвестиции кои компанијата ги планира во интерес на граѓаните и заедницата. Тој објасни дека МГ ФЕШН нуди соработка на Општина Центар и е подготвена на парцелата 1.4 да инвестира во урбан јавен простор на површина од 7.332 м2 (приближно колку Плоштад Македонија), со разновидно парковско зеленило налик на светските уредени урбани паркови и простори оплеменети со современа фонтана и урбана „смарт“ опрема. Дополнително, МГ ФЕШН преку соработка со Град Скопје, Шумарски Факултет, зелени организации е подготвена да изготви решение и да инвестира во обновување на делот од Кејот 13 Ноември кој се протега по должината на локацијата.

За компанијата:

МГ ФЕШН е македонска компанија основана од 2007 која работи како франшизер на повеќе светски модни брендови и како со-сопственик на групацијата Фешн Груп каде се вработени 280 лица. МГ ФЕШН делува и во градежниот сектор. За транспарентноста како и посветеноста на квалитетот на работата на МГ ФЕШН сведочат не само многуте успешно реализирани проекти, туку и локалните и светски-реномираните соработници како EBRD, Комерцијална Банка, Chapman Taylor, Laguarda Low и многу други.

Еден од позначајните проекти на компанијата во сегментот развој на недвижнини е и Скопје Сити Мол (СЦМ), инвестиција вредна 100 милиони евра, со годишен промет од 130 милиони евра од кои во државниот буџет на годишно ниво се слеваат 30 милиони евра по основ на даноци. СЦМ вработува 2,800 лица. СЦМ е идеален пример за трансформативната моќ на внимателно планираниот урбан развој, кој на општина Карпош и даде една нова димензија на општествено функционирање. МГ ФЕШН планира искуството од овој проект да го примени во разубавување на Центарот на метрополата.

Замислата за Проектот „ГРАНД“ СКОПЈЕ е во истиот дух, да го претвори запоставениот, руиниран простор во центарот на градот во нов “downtown”, урбан, зелен и модерен комплекс кој е еколошки и енергетско ефикасен.

%20 - https://plusinfo.mk/mg-feshn-za-proektot-grand-skop-e-zelen-i-urban-kompleks-po-vrvni-svetski-ekoloshki-standardi/


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Apr-2021 at 17:01
ЌЕ ИЗГРАДИМЕ ГОРДОСТ НА СКОПЈЕ, СЕКОЈ МОЖЕ ДА ОТВОРИ ПРИВАТНА ГРАДИНКА ВО ДЕЛОВНИОТ ПРОСТОР, РЕЧЕ ИНВЕСТИТОРОТ НА 20-КАТНИЦИТЕ КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“

Просторот на паркингот кај „Холидеј ин“ ќе стане модерен центар со многу јавни површини, зеленило и ќе биде гордост на Скопје, кажаа инвеститорите од фирмата „МГ Фешн“ на денешната презентација на проектот и изгледот на три згради од 15, 20 и 22 ката на само една од трите градежни парцели. Проектот го презентираа управителот на „МГ Фешн“ Илија Божиновски и архитектите кои го изработија Мартин Пановски и Јана Гугуловска.

Архитектите Гугуловска и Пановски кажаа дека површината за градба ќе биде 9.165 метри квадратни, а вкупната изградена површина 89.627 метри квадратни што е помалку од она што го дозволува Деталниот урбанистички план (ДУП). Ќе се градат две станбени згради и една деловна зграда. Станбените згради ќе бидат од 20 и 22 ката, со 400 станови и во нив ќе живеат околу 1.200 луѓе, а деловната зграда ќе биде со приземје и 16 ката. Станбените згради ќе гледаат кон Кеј 13 Ноември оти како што кажаа архитектите тоа е помирен дел и ќе бидат продолжение на кулите од Градскиот трговски центар (ГТЦ). Паркирањето како што кажаа архитектите ќе биде решено подземно во парцелата иако ДУП-от дозволува тоа да се реши и во катната каража отспротива. Зградите ќе имаат подземни паркинзи три нивоа под земја или вкупно 969 паркинг места.

„Воизлата се под земја за да се ослободи просторот за пешачко движење не само за жителите во зградите туку и на граѓаните“, кажа Пановски.

Влез и излез на возилата е предвидено да има подземно преку улицата Мирче Ацев, која би требало да прерасне во булевар со 4 ленти, а излезот ќе има и на улицата до кејот на реката Вардар, која сега е еднонасочна и е калдрма. Меѓу зградите ќе биде изградена нова пешачка улица која како што кажа Пановски ќе стане едно ново место, една Чаршија и со неа ќе се поврзе движењето од ГТЦ и од кејот и која ќе води кон плоштадот кој се надева ќе стане парк.

„На оваа локација според Генералниот урбанистички план е предвидена подземна сообраќајница под кејот, а постоечката улица со калдрма намената и е да биде сервисна улица за жителите на овие згради“, рече Гугуловска.

„Не можеме ние да знаеме дали некој ќе прави нешто таму или не. Ако е така тогаш ништо не треба да се прави. Ние проектираме врз основа на тоа што е предвидено со ГУП-от и што и каква инфраструктура треба да изведе Град Скопје“, додаде Пановски.

Во рамките на парцелата е предвидено 6.520 метри квадратни зеленило кое е многу повеќе од она што е предвидено со законот и во оваа површина не влегува зеленилото на терасите на зградите. Божиновски рече дека бараат од Општина Центар да им дозволи плоштадот со фонтана кој е предвиден со ДУП-от, да се пренамени во парк и тие би известирале тоа да стане зелена оаза налик на светските метрополи. Кажаа дека Кејот во овој дел ќе остане нечепнат, но се спремни да инвестираат тој да добие нов, урбан и зелен изглед.

На парцелата број 1 која денес бее презентирана, но и на останатите две градежни парцели со Деталниот план не се предвидени локации за градинка и училиште.

„Во радиус од 100 метри имате две школи и две градинки. Ако некој сака може да отвори приватно школо или градинка во деловниот простор, проектот тоа го дозволува“, кажа Божиновски од „МГ Фешн“.

„Моја претпоставка е дека во секој од објектите ќе имате градинка бидејќи домувањето е на едно повисоко ниво, значи не станува збор за социјално домување, станува збор за објекти кои ќе имаат тековно одржување. Во центар на град е сосема нормално да се стави градинка во приземје или мезанин. За училиште ние побаравме податоци колку деца учат во околните училишта, но никој од надлежните не ни даде таква бројка“, додаде Пановски.

Во однос на петицијата на граѓани и архитекти да се стопира градењето на зградите и да се распише меѓународен конкурст за изгледот на цела парцела и содржините во неа, Гугуловска рече дека таа петиција била врз основа на лажен и нереален проект и дека јавноста била изманипулирана со макета од огромни згради што не е реалната слика на просторот и е спротивна на решението кое тие го нудат.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-izgradime-gordost-na-skopje-sekoj-mozhe-da-otvori-privatna-gradinka-vo-delovniot-prostor-reche-investitorot-na-20-katnitsite-kaj-holidej-in/


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Apr-2021 at 17:10
Каков е всушност проектот „Гранд“ спроти Холидеј Ин: Највисоката кула ќе има 22 ката, а зеленило од над 6.000 квадрати





Нема да е бетонско чудовиште туку урбан комплекс со многу јавно зеленило - инвеститорите денеска го презентираа проектот наречен „Гранд“ кој е планирано да се гради на парцелата 1.1 на локацијата спроти скопскиот хотел Холидеј Ин.

Највисоката од трите кули ќе биде висока нешто над 81 метар, односно катноста е планирана на приземје плус 22 ката, што е многу помалку од дозволеното со Деталниот урбанистички план. Според идејниот проект обезбедени се околу 1000 паркинг места и зелена површина односно партерно зеленило на точно 6.520 метри квадратни. Дополнително ќе има зеленило и на мезанините на зградите и на балконите на висококатниците.
Инаку компанијата „МГ Фешн“, дел од „Фешн Груп“, во овој проект ќе вложи околу 60 милиони евра. Како што истакна директорот на „МГ Фешн“, Илија Божиновски, во портфолиото на ова компанија има повеќе објекти, а најзначаен е „Скопје Сити Мол“, инвестиција вредна 100 милиони евра.

„На парцелата 1.1. ќе никне нов станбено-деловен комплекс, нов скопски даунтаун, со многу јавни површини и многу зеленило. Станува збор за модерно остварување, за оплеменување на просторот, за добивање на зелена површина над законскиот минимум и за добивање на дел од центарот на Скопје кој ќе стане привлечен и за прошетки со поврзаноста со кејот на Вардар, ГТЦ и паркот, рече Божиновски, изразувајќи благодарност за поддршката од граѓаните на скопско Ново Маало.

Архитектата Гугуловска-Ѓорѓевиќ потенцираше дека во комплексот тројно е намалена катноста, односно максималната планирана катност е 22 ката, наспроти 60-те ката кои ги дозволува ДУП-от, и додаде дека ќе бидат обезбедени 969 паркинг места, наспроти потребите 957 според ДУП-от и 30 паркинг места за лица со посебни потреби.

Архитектот Пановски, пак, во своето излагање даде одговор на најчесто изнесуваните невистини во јавноста во врска со бетонизацијата на Скопје и објасни дека проектот значително го надминува законскиот минимум од 20 отсто зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 метри квадратни зелени површини, каде не се вкалкулирани вертикалните градини кои се дел од идејните решенија.

„Проектот ги следи светските трендови на објекти со т.н. архитектонски биодиверзитет, фокусирајќи се не само на луѓето како живи битија, туку и на нивниот однос со останатите живи организми. „Гранд Скопје“не само што е целосно еколошки и енергетско ефикасен проект за заштита на животната средина, изработен според високи еко стандарди и согласно Законот за урбано зеленило и Правилникот на Општина Центар, туку ќе претставува вистинска зелена оаза во центарот на Скопје, комплекс целосно отворен за граѓаните“, рече тој.

Според идејните решенија, зеленилото во парцелата е сочинето од партерно зеленило (мешано зеленило – ниско со високо), високо зеленило – дрвореди, зелени кровни градини и зелени вертикални градини, кои се градат за прв пат кај нас, ќе бидат проектирани по светски стандарди, со посебен систем за одржување и наводнување, истовремено овозможувајќи им на жителите чувство на пријатност и приватност во урбаната средина и концепт.

Според инвеститорот, во трите предвидени згради ќе има 400 станови во кои се очекува да живеат околу 1.200 жители, како и локали и канцеларии. Објектот ќе биде поврзан со надземни пешачки патеки до ГТЦ, но не се знае сега колку ќе чини еден стан таму.

МГ Фешн инаку и предлага на општина Центар соработка за парцелата 1.4 која е со вкупна површина од 7.322 квадратни метри односно како плоштадот Македонија. Тоа би значело да инвестира во разновидно парковско зеленило како во светските уредни паркови. Да има современа фонтана и урбана парк опрема. Сопствениците на приватните парцели од парцелата 1.4 би биле обештетени со истиот сооднос како и останатите сопственици чии парцели се опфатени со новите објекти.

На прашањето како ја коментираат петицијата на граѓани против изградба на овој голем комплекс, беше одговорено дека петицијата се однесува на „монструм" згради, и дека затоа не се однесува на нивниот проект, кој како што нагласија, го оплеменува запустениот простор со модерни и убави градби и други содржини. За иницијативата на општина Центар пред Министерството за транспорт и врски за суспензија на проектот, како и за претставката кон Државната комисија за антикопрупција, компанијата вели дека немаат известувања или информации.

https://faktor.mk/kakov-e-vsushnost-proektot-grand-sproti-holidej-in-najvisokata-kula-kje-ima-22-kata-a-zelenilo-od-nad-6000-kvadrati



Print Page | Close Window