Print Page | Close Window

Противпожарна заштита

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Инфраструктура
Forum Discription: Транспорт, телекомуникации, водостопанство...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=404
Printed Date: 29-Mar-2024 at 00:50


Topic: Противпожарна заштита
Posted By: pbanks
Subject: Противпожарна заштита
Date Posted: 20-Aug-2008 at 14:28

Воздухопловите ќе задоцнат годинава

Пожарникарите и летово го поминаа со старата и дотраена опрема за гасење пожари. И покрај ланските најави од Владата дека годинава ќе се обезбедат современи противпожарни авиони и возила специјализирани за алармантни ситуации, тоа ќе се случи во 2009 година. Како што велат извори од Владата, процедурата е забавена поради смените во дирекциите задолжени за распишување на тендерот. Тој неколку пати беше одложен. Од Дирекцијата за заштита и спасување најавуваат дека планот ќе се реализира наредната година бидејќи за оваа сезона не постојат никакви шанси да се набават противпожарни авиони. - Од Владата се обезбедени финансии за купување три воздухоплови наменети за гаснење пожари, како и 12 противпожарни возила со цела неопходна опрема. Тендерот е во тек и очекуваме наскоро да се реализира - вели Елена Сековска, портпаролка на Дирекцијата за заштита и спасување. Воздухопловите, најверојатно, нема да бидат од типот „канадер“ како што претходно се најавуваше, туку ќе се настојува да се обезбедат авиони наречени „амфибии“, кои повеќе одговараат на конфигурацијата на теренот во Македонија. Со нив ќе може полесно да се гаснат шумски пожари, но ќе можат да се употребуваат и при пожари во урбани средини. Се очекува целата зделка со купувањето на воздухоплови и возилата да чини околу шест милиони евра. Мината година за справување со пожарите, кога во земјава беше прогласена вонредна состојба, Владата ангажира противпожарни авиони од Хрватска од типот „канадер“, кои се покажаа како ефикасни. Тие имаат моќ за само неколку часа да изгаснат огнена површина и од десетици хектари.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1481&ArticleID=97086



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Aug-2008 at 14:59
Originally posted by pbanks

Воздухопловите, најверојатно, нема да бидат од типот „канадер“ како што претходно се најавуваше, туку ќе се настојува да се обезбедат авиони наречени „амфибии“, кои повеќе одговараат на конфигурацијата на теренот во Македонија. Со нив ќе може полесно да се гаснат шумски пожари, но ќе можат да се употребуваат и при пожари во урбани средини.


Го разбира некој овој дел? Crazy



Posted By: kire85
Date Posted: 21-Aug-2008 at 17:17
hahaha kakov idiot e novinarov....ocigledno voopsto ne se informiral deka i canadair proizveduva takanareceni amfibii....Crazy

http://en.wikipedia.org/wiki/Amphibious_aircraft

bas na slikava e eden takov primerok od canadair....da odvoel barem 3 minuti pred da ja napise statiava nemalo da tresne takva zelena....ama sto da se maci covekot i da bara po internet...OhnoNuts


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Oct-2008 at 22:58

СКОПСКАТА БРИГАДА БАРА ОДГОВОРНОСТА да Ја ПОДЕЛат ГРАДОТ И ДРЖАВАТА

Владата да даде пари за пожарникарите

Покрената е иницијатива за измена на Законот за пожарникарството со која би се подобрило финансирањето на единицата


Пожарникарите бараат Владата да го „згасне пожарот“ во скопската бригада

Противпожарната бригада (ППБ) на Скопје бара Владата да направи измени на Законот за пожарникарството. Пожарникарите се жалат дека по децентрализацијата се нашле само под градска капа, наместо одговорноста за осовременување да биде поделена помеѓу градската и централната власт. Најопремената противпожарна единица во земјава беше и најексплоатирана изминативе две години, кога беснееја пожари на територијата на Скопје, но и во целата земја.

- Ако сакаат да дејствуваме успешно при гаснењето пожари и ако сметаат на наша помош секаде низ земјава, нужни се измени во Законот за пожарникарството со кои би се подобрило финансирањето на нашата единица. Таа е во фаза на разгледување од страна на Владата - се вели во извештајот на ППБ, кој денеска ќе биде на дневен ред на Советот на град Скопје.

За најавените нови вработувања во бригадата велат дека тие ќе се реализираат од наредниот месец. Од Градот се одобрени нови вработувања, но потребна е и соработка со Министерството за образование за усвојување на програмата за образување нови кадри. Во извештајот се посочува дека по децении запуштеност, реновирани се одредени сместувачки капацитети на единицата. Оперативниот центар 193, кој досега работел во супстандардни услови, сега е посовремен. Градоначалникот Трифун Костовски донирал пари за набавка на 11 камери во објектот во Автокоманда заради подобрување на безбедноста во овој објект.

Градот распиша јавен оглас за набавка на противпожарна облека по европски стандарди. Амбасадата на САД донирала ситна опрема и потрошен материјал, а збратимениот град Љубљана дал парична помош за набавка на опрема потребна за технички интервенции, последно достигнување на техниката од оваа област.

За шест месеци 474 интервенции

Од 1 јануари до јуни годинава се забележани 474 интервенции на територијата на Скопје, а штетата се проценува на 62,8 милиони денари. Од 474 интервенции, 214 се на градежни објекти, со материјална штета од 19,6 милиони денари, 57 на сообраќајни средства, а 203 интервенции се на отворен простор, со материјална штета од 2,9 милиони денари.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=550D6B3DDBBC464AA5EADDCA76818276




Posted By: beTon
Date Posted: 10-Nov-2008 at 23:43

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&egId=1&eventId=257 - нови тендери за борба против пожарите - Алфа - 19.09.2008

http://www.dzs.gov.mk/sodrzini.php?action=2&idSod=72 - Спроведени отворени постапки за набавка на опрема - 05.11.2008


  Дирекција за заштита и спасување во понеделник (03.11 2008) спроведе ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БР. 29/08 ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА СТОКИ Три нови авиони за гасење пожар за извршување на копнено водени задачи (амфибиски).

  Во вторник (04.11 2008) спроведе ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БР. 30/08 ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА СТОКИ 10 противпожарни возила за гаснење на шумски пожари и 15 навални противпожарни возила.

  За ОТВОРЕНАТА ПОСТАПКА БР. 29/08 понуда достави една фирма. За ОТВОРЕНАТА ПОСТАПКА БР. 30/08 понуда доставија 8 фирми.

  Комисијата формирана од страна на Дирекција за заштита и спасување сеуште ги рагледува понудите по двете ОТВОРЕНИ ПОСТАПКИ. Во моментов се одвива постапката за оценување на понудите. Ќе се разгледуваат само понудите кои ги исполнуваат критериумите утврдени од страна на комисијата од Дирекција за заштита и спасување и ќе се одбере фирмата која доставила понуда со најповолни услови според веќе определените критериуми.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Nov-2008 at 00:31
Значи овој авион бил во игра на пропаднатиот тендер:

http://en.wikipedia.org/wiki/Air_Tractor_AT-802 - http://en.wikipedia.org/wiki/Air_Tractor_AT-802






Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Nov-2008 at 00:40
Хм изгледа многу малечко. Но сепак е со поголема носивост од Бомбардије 415 кој се користи во соседството. Следното лето ќе земеме здив и ќе бидеме далеку поуспешни во борбата со шумските пожари. Доколку ги набават и истренираат кадрите до тогаш де. Во секој случај супер вест!




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Nov-2008 at 01:01
Originally posted by Andrej_LJ

Хм изгледа многу малечко. Но сепак е со поголема носивост од Бомбардије 415 кој се користи во соседството.


Да и мене тоа ми упадна во очи, ама нешто ми е сумњиво со носивоста па затоа не прокоментирав...

Инаку и овој се користи во поширокото соседство - во Хрватска.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Nov-2008 at 01:30
Originally posted by Andrej_LJ

Хм изгледа многу малечко. Но сепак е со поголема носивост од Бомбардије 415 кој се користи во соседството. Следното лето ќе земеме здив и ќе бидеме далеку поуспешни во борбата со шумските пожари. Доколку ги набават и истренираат кадрите до тогаш де. Во секој случај супер вест!

Некоја збрка имаш
Bombardier 415 или бившиот Canadair CL-415 има носивост од 6,137 литри вода
Tractora 802 A или бившиот Pratt & Whitney R-1340 има носивост од 3,000 литри вода

Земен е помалиот заради должината на црпење (просто речено), или немаме доволно големи површини за црпење


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Nov-2008 at 01:39
Да, ова е логички, дури и на сликите изгледа драстично помал. На Вики пишува за Бомбардије 415: Минимална длабочина на изворот на вода 1,8м и дострел од 2443 км. Не би требало да немаме доволно големи површини. Далеку подобра варијанта ми се чинат Бомбардијерите, иако не се разбирам баш во оваа област.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Nov-2008 at 01:56
Но ова е важно што пишува на вики
The aircraft requires 1340m of flyable area to descend from 15m altitude, scoop 6,137 litres of water during a 12-second 410m-long run on the water, then climb back to 15m alititude

Или, потребна е чиста слетна и полетна долзина, не е проблем „долзината“ на водата


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 11-Nov-2008 at 10:56
Originally posted by Vladimir P

Но ова е важно што пишува на вики
The aircraft requires 1340m of flyable area to descend from 15m altitude, scoop 6,137 litres of water during a 12-second 410m-long run on the water, then climb back to 15m alititude

Или, потребна е чиста слетна и полетна долзина, не е проблем „долзината“ на водата


Па добро потребните 1340м слетна и полетна површина и 410м долга водена површина со минимална длабочина 1,8м, ги исполнуваат речиси сите вештачки езера во Македонија. Не би требало да е преголем проблем водената површина. Баш сега гледав на гугл ‘рт речиси да нема делче од Македонија кое е оддалечено повеќе од 50км од таква водена површина.


Posted By: vardar
Date Posted: 11-Nov-2008 at 13:09

Знам дека ова е кафански муабет (немам линк) али пред година-две нели се збореше нешто за регионално решавање на проблемов, односно државиве од регионов да се здружат и да купат една заедничка флота???

 
Иначе за самите авиони, зборите за полетни должини и носивост, еве ви идеално решение...... теренот не е битен и има носивост од 10,000 литри...... е сега колку кошта Dunno
 
 
http://en.wikipedia.org/wiki/S-64_Skycrane - S-64 Skycrane
 
 
 


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Nov-2008 at 13:14
Originally posted by vardar

Знам дека ова е кафански муабет (немам линк) али пред година-две нели се збореше нешто за регионално решавање на проблемов, односно државиве од регионов да се здружат и да купат една заедничка флота??? ...

Ние во нашиот двор не може да се договориме, а не вон него Smile


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Nov-2008 at 13:39
Originally posted by vardar

Знам дека ова е кафански муабет (немам линк) али пред година-две нели се збореше нешто за регионално решавање на проблемов, односно државиве од регионов да се здружат и да купат една заедничка флота???


Не е кафански муабет, памтам дека имаше такви најави, а реално тоа би било и најдобро решение доколку не бевме балканци кои не можат да се договорат околу објективни критериуми за формирање и ангажирање на таков систем.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2009 at 21:35

Противпожарната бригада доби опрема за лична заштита

Припадниците на Противпожарната бригада добија нова опрема за лична заштита, што им ја додели Градот Скопје. На свеченото примопредавање во Автокоманда, градоначалникот Трифун Костовски симболично направи смотра на бригадата.

Костовски нагласи дека ПП-бригадата мора да се гради според европски принципи, а за таа цел последниве три години Градот издвојува средства од буџетот. Во тој правец се и набавките на модерни противпожарни возила. Но, покрај опремата, Костовски ја нагласи и потребата од кадровската подготвеност, за што тој лично смета дека Министерството за образование треба да обезбеди студии за пожарникари, со цел овие кадри да одговорат на поставените задачи.

Благоја Менковски, командант на бригадата, потенцираше дека објектот на бригадата е реновиран по 30 години и притоа се обезбедени добри услови за работа. Две специјални противпожарни возила и автомеханичарски скали се последната донација што ја добиле од збратимениот град Нирнберг, а се надева дека годинава единицата ќе купи едно ново противпожарно возило. (Сн.К.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=324AC24028A41F468B4C205CA6C83A72



Posted By: mitatos
Date Posted: 21-Jan-2009 at 22:37
od avionite ni traga ni glas A?

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2009 at 22:54


Се работи за различни постапки водени од различни институции. Не знам дали некад ќе ги видиме авионите, ама горната вест не е никаков индикатор дали тоа ќе биде така.


Posted By: anDarko
Date Posted: 30-Jan-2009 at 14:30
додека чекаме на авионите, бар ова ќе биде од помош:

ДОДЕКА АРМИСКАТА ЕСКАДРИЛА Е ПРИЗЕМЈЕНА
Полицијата се поднови со нови хеликоптери

Игор Чавески

Четири нови транспортни хеликоптери од руско производство, наменети за потребите на Министерството за внатрешни работи, се набавени деновиве, а два од нив завчера пристигнаа на скопскиот аеродром, потврди претставник на МВР. Станува збор за хеликоптери од типот „М-171“, кои можат да соберат 37 луѓе и да пренесуваат товар од четири тона. Портпаролот на МВР, Иво Котевски, потврди за „Време“ дека два хеликоптери се веќе пристигнати и дека Министерството за внатрешни планира да купи уште два хеликоптери од истиот производител, без да наведе детали од која земја се набавени. Хеликоптерите завчера во голема тајност пристигнале на аеродромот „Александар Велики“. Веднаш по пристигнувањето, тие биле префрлени во хангарите на аеродромот и надлежните од Министерството чекаат врз нив да биде направен технички прием за да може да се користат. Од полицијата велат за дел од нив бил распишан тендер, додека за другите допрва ќе биде распишан. Во изминатиов период МВР немаше најави дека планира да купи нови хеликоптери. Откако хеликоптерите ќе ги добијат сите неопходни дозволи, тие ќе се стават во функција на специјалните полициски сили од единицата за посебни намени, бидејќи првите луѓе на полицијата констатирале дека таму постои најголема потреба за зголемување на бројот на леталата. Хеликоптерот „М-171“ важи за едно од најсовремените летала и се користи за патролирање во цивилни цели, а може да се употребува и во воени услови. Максималната висина на која може да лета е 6.000 метри. Развива максимална брзина од 250 километри на час и со еден резервоар може да помине околу 600 километри. МВР има на располагање само три хеликоптери, од кои два се стари петнаесетина години, амортизирани се и досега неколкупати биле целосно сервисирани. Последниот хеликоптер МВР го доби како донација од тајванската влада во 1999 година, како благодарност за воспоставувањето на дипломатските односи со Тајпеј. Македонските безбедносни сили се соочуваат со проблеми со функционирањето на своите воздухоплови. Веќе две недели не летаат воените хеликоптери на Министерството за одбрана поради техничка неисправност. По препорака на Комисијата за испитување на воздухопловни несреќи, Генералштабот на АРМ донесе одлука целиот воздухопловен ВИНГ да биде приземјен. Комисијата констатирала дека хеликоптерите се небезбедни за летање. Забраната за нивно летање се уште е во сила.

Хеликоптер Ми-117




Posted By: гитардемон
Date Posted: 30-Jan-2009 at 15:40
Може треба да отвориме нова нишка за полицијата а? Сепак и тие се урбана опрема... А кога веќе имаме за пожарната може и за полицијата и за амбулантните возила... Имам многу да кажам за возниот парк на полицијата Но не тука, офтопик е.

ЕДИТ: Инаку M-171 е Mi-8, транспортните кои ги има армијата наша.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Feb-2009 at 16:21
Еве ги првите пожарни во Скопје!





Повеќе за пожарникарството во Скопје: http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c19/c191.html - http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c19/c191.html


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Feb-2009 at 02:24
Спасеновски ќе ги гаси пожарите со сателит


Ако знаеме дека во минатите години имавме огромни проблеми со пожарите и појдовниот проблем беше нивното лоцирање, сега со овој систем убеден сум дека ќе имаме ефикасност и навременост на предвремено отстранување на овие катастрофи со кои изгубивме голем број на шуми низ Македонија, рече Спасеновски


Радиоспектометри со сателитска поддршка кои детектираат чад, зголемена топлинска енергија пропратена со моментална слика ќе ги чуваат шумите во земјава. Ова беше речено на вчерашната прес-конференција во УХМР на која министерот за земјоделие Ацо Спасеновски и директорот на Управата за хидрометерологија Ѓорѓи Котев ја презентираа новината која од деновиве ќе се инсталира во просториите на заводот.
- Досега ако имаше конвенционален пристап на местата зафатени со пожари сега тоа ќе се прави со помош на сателитски сигнал како што се прави во сите институциолошки хидрометеоролошки заводи во Европа и во светот. Начинот на примената на овој систем се состои од добивање повратен сигнал од МетеоСат, светската агенција за хидрометеорологија, која од деновиве ќе ни праќа информација, која пак ќе содржи прецизна слика, и ќе алармира доколку сателитот забележи зголемување на топлина на критичен регион насекаде низ земјава, рече директорот Котев.
- Ако знаеме дека во минатите години имавме огромни проблеми со пожарите и појдовниот проблем беше нивното лоцирање, сега со овој систем убеден сум дека ќе имаме ефикасност и навременост на предвремено отстранување на овие катастрофи со кои изгубивме голем број на шуми низ Македонија. Со ова ќе се намали материјалната штета и ќе се запре економскиот импакт кој го претрпуваме како ефект од уништените шуми.

Министерот Спасеновски информираше дека ова ќе биде дел од олеснителните и превентивните мерки кои министерството ќе ги преземе во наредниот период, се со цел да биде навремено подготвено за претстојниот критичен летен период. Тој најави и привршување на постапката околу набавка на хидроавионите Канадери, кои според него би требало да бидат достапни во текот на годинава.

http://vecer.com.mk/?ItemID=A6229186ABC9844F833E8572D08E52BD

Ќе го багираме сателитот за бадник!


Posted By: anDarko
Date Posted: 19-Feb-2009 at 15:21
Купени три авиони за гаснење пожари



Македонија
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ја прифатила единствената понуда за набавка на авиони за гаснење пожари од американската компанија „Ер трактор“.

Понудата била прифатена завчера, додека договорот меѓу „Ер трактор“ и ДЗС ќе биде потпишан деновиве. Вчера попладне во Дирекцијата немаше никој за да даде повеќе детали.

Сепак дознаваме дека авионите ќе бидат купени за 3 милиони американски долари за парче. Два од нив ќе биле испорачани пред почетокот на летото. Станува збор за едноседи, со носивост од три тони вода и можност да се полнат во плитки води - до 30 сантиметри длабочина. Вакви авиони веќе купија Хрватска и Црна Гора, додека романската влада е при крај со набавката на 25 „ер трактори“.

А.Б.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=13&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=321&ArticleID=18454 - http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=13&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=321&ArticleID=18454


Posted By: mitatos
Date Posted: 19-Feb-2009 at 16:11
ovaa vest ja slusam veke 1 godina i pol, pa se nadevam deka konecno veke ke gi donesat 3-te avioni koi trebase odamna da se nabavat , mislam deka ova ne e nekoja greska tuku na makedonija i e potrebno toa odamna  , no jas bi rekol deka osven ovie 3 avioni sto ke gi nabavime trebase uste 1 canadier da kupat , tie se malku pogolemi od ovie er-traktor , sepak toa e moe mislenje , canadierot e malku po skap

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Feb-2009 at 16:27
на канадиерот му требаат повеќе услови, подлабока вода и поголема должина на полнење, мислам дека нешто поефикасно да купат повеќе вакви мали




Posted By: anDarko
Date Posted: 19-Feb-2009 at 16:34
Originally posted by mitatos

ovaa vest ja slusam veke 1 godina i pol, pa se nadevam deka konecno veke ke gi donesat 3-te avioni koi trebase odamna da se nabavat , mislam deka ova ne e nekoja greska tuku na makedonija i e potrebno toa odamna  , no jas bi rekol deka osven ovie 3 avioni sto ke gi nabavime trebase uste 1 canadier da kupat , tie se malku pogolemi od ovie er-traktor , sepak toa e moe mislenje , canadierot e malku po skap


канадерот е малце повеќе по-скап - еден чини 26 милиони долари Smile


Posted By: mitatos
Date Posted: 19-Feb-2009 at 16:51
ja mislam deka ne e tolku golem kolku sto nie mislime, ili pak kako sto napomena zabegan @ deka treba podlaboka voda, pa valjda i er-traktorot nema od vardar da zima voda sigurno od mavrovo , ili pak nekoi drugi vestacki ezera ili prirodni toa e veke jasno , no  prvo kako sto uspeav jas da procitam bile planirani canadair, no izgleda se bilo do cenata vladata koga vide deka tie se epten skapi pocnaa da pravat galama demek vo nashi uslovi ne se potrebni takvi avioni i deka ne gi ispolnuvale uslovite, iako sepak makedonija gi ispolnuva uslovite za takvi avioni , no sepak se e do cenata koja oni nemaa pojma kolku se i preminaa na er-traktor, i ja ne sum protiv er-traktor ili pak canadair, i dvata se odlicni avioni i efikasni za gasenje pozhar , bitno ke ni vrshat rabota

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2009 at 23:56
ТЕСНИТЕ УЛИЦИ И ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ПРОБЛЕМ ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ
Во Скопје не се стигнува до запалените објекти

Тесни улички, паркиралишта и тротоари пренатрупани со возила или непрописно оградени дворови најчесто го попречуваат пристапот на противпожарните возила и ја забавуваат интервенцијата во итни случаи. Секоја пристапна уличка, тревник или пешачка патека е узурпирана од автомобили, а новоникнатите градби покажуваат дека инвеститорите алчно го приграбуваат и последното парче од парцелата за градење и наместо да го употребат за итни случаи, му даваат комерцијална намена. Неодамнешниот случај со пожарот кој ја зафати Македонската опера и балет покажа дека никој не води сметка за слободен простор за противпожарните возила. - Иако стигнаа навреме, пожарникарските возила немаа пристап до зградата, па неколку минути кружеа за да пробаат да влезат од друга страна. За тоа време командирот се караше со една вработена која со автомобилот го блокирала влезот во паркингот, додека другите пожарникари мораа да ги отстрануваат столпчињата поставени на тротоарот како заштита од непрописно паркирање. Загубија драгоцени минути додека успеаја да се пробијат и да почнат со гасење на пожарот “ вели очевидец на пожарот кој минатата недела се случи на покривот на Македонската опера и балет. Во противпожарната бригада на Скопје се немоќни да се справат со овие проблеми, кои им пречат речиси при секоја интервенција. - Проблемите почнуваат уште од тргнувањето, кога по улиците се судруваме со некултурата на возачите. Но најмал пристап имаме на паркинзите. Таков беше случај и со Операта, каде што наидовме на буквално блокиран простор, па наместо да ја ставиме опремата за две-три минути, тоа го направивме за четири-пет минути. Тоа е губење време, но не можеме да направиме ништо “ вели Благоја Менковски, командир на Противпожарната бригада на Скопје. Според него, проблемот го има во сите населби, а најлош е пристапот во центар, особено делот околу кејот на Вардар каде што воопшто нема улици. Урбанистите велат дека законите пропишуваат стандарди со кои се внимава да се остави слободен простор околу објектот, но од проектираното до изведеното има разлика. - Кога се прави проект, секогаш се внимава да се направи пристап од сите страни. Во проектирањето се почитуваат прописите, а после кога ќе се изгради објектот, настануваат пропустите. Нема добра инспекција, па затоа на терен добиваме градби со повеќе катови и со поголема површина од претходно планираното “ велат од Заводот за урбанизам и проектирање и додаваат дека законот одредува пристапните патеки до објектите да бидат широки 5,5 метри.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=1&EditionID=1673&ArticleID=111500


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jun-2009 at 22:42
Поставени 46 хидранти на скопските улици


Екипите на Градот Скопје во изминативе денови поставуваа нови хидранти на повеќе локации во градот. Според информациите од Градот досега се поставени пред ОУ Кочо Рацин, на улицата Народен фронт број 8, на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин пред Стара железничка станица, на улицата Грамос пред 12 Македонска Бригада, на улицата Февруарски поход наспроти бензинската пумпа, на булеварот Јане Сандански пред Веро, на крстосницата меѓу булеварот Јане Сандански и Владимир Комаров, на улицата Манапо кај последната автобуска станица на линијата со број 7, на крстосницата меѓу улиците Стогово и Братфордска, на улицата Лазар Трповски пред бензинската пумпа, на улицата Ферид Бајрам пред затворот во Шуто Оризари и на улицата Натанаил Кучевички пред градинката.

Акцијата за поставување хидранти се одвива во соработка со Протипожарната бригада на Град Скопје и е во насока на обезбедување повисоки стандарди и поголема мобилност на екипите на Бригадата при користењето на хидрантите. Акцијата за поставување хидранти на улиците е планирано да се одвива континуирано и во наредните години. Во согласност со изготвениот план на Градот Скопје ќе се постават 17 хидранти во Центар, 5 хидранти во Кисела Вода, 4 хидранти во Аеродром, 7 хидранти во Карпош, 3 хидранти во Ѓорче Петров, 4 хидранти во Гази Баба, 3 хидранти во Бутел и 3 хидранти во Радишани, или вкупно 46 хидранти.
- Понатамошната динамика на поставување ќе се одвива во согласност со изготвените технички решенија за поставување на хидрантите, - информираат од Град Скопје.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=708BB9B0AEED3A42ADF5862FF0F7C128


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jun-2009 at 22:46
Хидрантиве се одлично решение за противпожарна заштиа, и ја поздравувам акцијата на Град Скопје да постават вакви хидранти, но малку мислам дека не испланирале баш пропрционално да ги постават хидрантиве. Треба најпрво да се постават во строгиот ценатар како отежнат е пристапот, онаму каде што тешко може да допре пожарна дали поради немање пристапен пат или поради гужви. Која е логиката да првично да ги поставиме хидрантите на раскрница меѓу два булевара?! Не викам дека не треба, нормално е, колку повќе ги има толку подобро, но сепак мислам дека првенствено треба да го решиме ценатарот и тое не само со 17 туку со многу повеќе.

Се надевак дека нем да ги постават блиску до коловозите, па при некоја сообрачајка да видиме и по некој гејзер низ Скопје.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jun-2009 at 18:52
AIR TRACTOR AT-802A WAVES MACEDONIAN FLAG AT PARIS AIR SHOW 2009

For the first time in the history an aircraft carrying the flag of the Republic of Macedonia was exposed at the international trade fair for aerospace business. Seen during Paris Air Show 2009 at Le Bourget airport, near Paris, on June 18, 2009, was this brand new US-produced Air Tractor AT-802A "Fire Boss" amphibious fire-fighting aircraft. The Protection and Rescue Directorate of the Republic of Macedonia has three of this aircraft on order since March 4, 2009, and they are scheduled for delivery to Macedonia by the end of the year. The AT-802A "Fire Boss" is increasingly popular among Mediteranean and Balkan countries that faced waves of disastrous wildfires over the previous two years. The aircraft is already operational in Croatia where that country Air Force operates a fleet of six AT-802A and in Montenegro where two (out of three on order) have been delivered on June 5, 2009. In January 2009, Cyprus Department of Forest purchased one land-based two-seater AT-802 for fire fighting and spraying. Greece, Bosnia-Herzegovina, Albania, Bulgaria and Serbia are also seriously interested in purchasing AT-802A fire-fighting turboprops.
COPYRIGHT IGOR BOZINOVSKI
< ="text/">
http://forum.avijacija.com.mk/viewtopic.php?p=38979#38979 - http://forum.avijacija.com.mk/viewtopic.php?p=38979#38979




Видете го знамето!


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Jun-2009 at 19:37
Previous
Една опаска за називот на тој „саем“

... the international trade fair for aerospace business...

Salon International de l'Aéronautique et de l'Espace, Paris-Le Bourget


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Jul-2009 at 14:30
Дали има некоја информација дека пристигнале АТ-802А Fire Boss авионите, како да видов еден покрај Водно ???

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jul-2009 at 02:19

Туривме пепел на авионите

Два од трите авиони што ги такса Дирекцијата за заштита и спасување веќе неколку месеци фаќаат прашина на шпански аеродром бидејќи Владата се' уште не дала банкарска гаранција за долгот од 8 милиони евра

Македонија и годинава е неподготвена за борба со пожарите бидејќи авионите што беа купени веќе неколку месеци стојат на аеродром во Шпанија и нема да бидат испорачани бидејќи Владата не дала банкарска гаранција за долгот од околу 8 милиони евра. Според договорот што го потпиша Дирекцијата за заштита и спасување и шпанската фирма „Аир Трацтор Еуропе“, два од трите авиони вредни 10 милиони евра требаше да стигнат во јуни, а третиот во август годинава.

Побаравме одговор зошто се доцни со испораката на воздухопловите и кој си игра со безбедноста во државава во време кога има зголемен ризик од пожари и веќе беснеат големи огнени стихии во соседните земји. За две години во Македонија изгоре шума во вредност од 26 милиони евра, а долгот на Владата кон фирмата е 8 милиони евра. Десетина дена од Дирекцијата не ни даваа ниту една конректна информација упатувајќи не' да се јавиме наредниот ден. За наше чудење, страната што постојано притиска да се достават авионите, не е таа што треба да ги заштити шумите, туку токму фирмата „Ер тректор Јуроп“.

Авионите од типот „ Ер тректор АТ-802А“ биле опремени и потполно подготвени пред да почне летото бидејќи така инсистирале од Владата, но сега нашите институции молчат и не бараат да се достават. Дека авионите се таксани за Македонија покажува само македонското национално знаме, кое е ставено на нив. „Дневник“ разговараше со Хуго Арцео, кој како претставник на компанијата во март годинава дојде во Македонија и со директорот на Дирекцијата, Шабан Салиу, го потпиша договорот за набавка на авионите.

- Нашата компанија, во согласност со договорот, подготви два од трите авиони, а последниот ќе биде готов за кратко време. Извршивме набавка на потребната опрема за авионите, ги модифициравме според барањата на македонската Дирекција и тие долго се подготвени за достава. Од друга страна, Дирекцијата не ги исполни своите обврски од договорот. Не е даден акредитив за другите 80 отсто од парите, ниту е извршен избор на пилоти, механичари и технички персонал, кои ние требаше да ги обучиме - вели Арцео.Тој е зачуден од односот на нашите органи, бидејќи, иако испратил три официјални барања да се спроведе договорот, никој не му одговарал. Од друга страна, директорот Шабан Салиу два пати немаше одговор што се случува со авионите. Ни рече да се јавиме по минатонеделната владина седница, кога требало да се разговара за ова прашање. Го почитувавме неговото барање и кога му се јавивме по седум дена повторно ни рече: „Јавете се наредната недела по владината седница“.Во меѓувреме авионите фаќаат прав во Шпанија.

- И покрај тоа ние останавме доследни до договорот и ги почитувавме постојаните инсистирања на Дирекцијата авионите да бидат подготвени пред летото. Важно е да се напомене дека авионите се направени според специфичните потреби за гаснење пожари во Македонија и во никој случај не може да му се продадат на некој друг -објаснува Арцео. Тој бара надлежните служби во Македонија да се држат до договорот и да достават банкарска гаранција за парите.

- Имаме разбирање за економската криза во светот, па и во Македонија. Убедени сме дека Владата, која е сериозна и ориентирана кон ЕУ, ќе остане доследна на мултимилионскиот договор - вели претставикот на шпанската фирма. Го прашавме Арцео дали планираат да поведат судски спор за наплата на парите, но тој одговори дека засега нема такви планови.

- Предвидено е и двете страни да имаат право на надомест на штета ако не се почитуваат одредбите од договорот, но бидејќи крајниот рок е 31 декември годинава, останува многу време да се исполни договореното, но сепак се доцни со два битни елемента - акредитивот и изборот на пилотите - вели тој. Авионот е производ на компанијата „Ер тректор“ со седиште во Олнеј во Тексас, а овластен претставник за територијата на Европа е шпанската компанија „Аир Трацтор Еуропе“. Во регионот вакви авиони имаат Хрватска и Црна Гора.

Се полни за 10 секунди

Македонија во март потпиша договор со шпанската фирма „Ер тректор Јуроп“ за набавка на три авиони-амфибии за гасење пожари. Владата даде само 20 отсто од од 10 милиони евра и се' уште не отворила акредитив за другите 80 отсто. Акредитивот е банкарска гаранција и најсигурен начин на плаќање во меѓународната трговија. Авионите имаат капацитетот од 3.104 литри вода и потребни се 10 секунди за целосно полнење на резервоарот за вода. Потрошувачката на гориво е околу 800 долари за час, а авионот може да лета во услови на голема надморска височина и температури до 49 степени.

Нема пилоти за авионите

Авионите и да бидат доставени ова лето, нема да може да се употребуваат од едноставна причина што Дирекцијата не обезбедила пилоти. Во договорената цена за набавка на авионите вклучена е и обука за шестмина пилоти, тројца инженери и двајца одржувачи на авионите.

- Проблем е тренингот на пилотите бидејќи тој не може да се заврши за неколку дена. Целиот процес на селекција и тренирање на луѓето трае од два до три месеци - вели Хуго Арцео. Но, шпанската фирма и за овој проблем нуди помош авионите веднаш да се стават во употреба штом се испорачаат.

Првиот „лет“ на аеромитинг во Франција

И покрај тоа што се' уште не стигнале во Македонија, противпожарните авиони веќе ја пишуваат историјата и прв пат авион со македонски национални ознаки бил изложен на прочуениот аеромитинг на аеродромот „Бурже“ во Париз, Франција.

На 18 јуни еден од авионите на кој може да се види знамето на Македонија бил изложен пред илјадници посетители на митингот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DD7E12602E65774088857BA3777115CB


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Jul-2009 at 14:12
и сега што ми е гајлле што сме биле на аеромитинг кога нема со што да гасиме пожари Ohno


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Jul-2009 at 17:30
Моја грешка, изгледа сум сакал да го видам тој авион како лета.

Се надевам нема да не снајде она што во изминатите години го имавме


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 28-Jul-2009 at 23:37
Дали почна !!!???

Гори шума над велешкото езеро „Младост“ во близина на село Отовица долж пругата од Велес кон Кочани

Велес, 27 јули (МИА) - На неколку места над и пред Велешкото езеро „Младост“ долж пругата Велес - Кочани околу 18 часот избувнаа пожари. Најголем е пожарот над автопатот кај село Отовица, каде гори ниско стеблеста и борова шума.

Три екипи од Противпожарната Единица од Велес се упатија кон опожарените места и се обидуваат да ја совладаат огнената стихија, изјави за МИА Ристе Мицев командир на ППЕ од Велес.

Гаснењето на пожарот им го отежнува силниот ветер кој непрекинато дува во овој реон, поради што има опасност од ширење на пожарот на боровата шума на езерото „Младост“. Опасност има и поради тоа што во близина на Отовица се наоѓа и магацин на АРМ. Пред малку на терен во гаснењето се вклучи и една Единица на АРМ од велешкиот гарнизон.

Пожарникарите и припадниците на АРМ прават големи напори да спречат пожарот да не зафати поголеми пространства од преостанатата борова шума над велешкото езеро Младост.

Според првичните информации како и во пожарите од минатите лета, пожарите се појавиле по поминување на возот од Велес за Кочани. Првичните сомневања на пожарникарите се дека пожарите ги предизвикале искри од возот кој поминувал во овој реон.

Во изминатите лета на овој простот на велешкото езеро „Младост“ беа опажарени повеќе стотина хектари борова шума, која пред триесетина години во многубројни акции ја садеа граѓаните на Велес и војската.


Извор: МИА

28.07.2009

ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

ПОЖАРИТЕ БЕСНЕАТ, КАНАДЕРИТЕ ГИ НЕМА

368 пожари и 380 хектари изгорена шума. Ова е епилогот од досегашните пожари во земјава. Топлиот бран допрва доаѓа. Идната недела се очекува драстично зголемување на температурите и топло лето кое ќе продолжи во септември. Опасноста од пожари се зголемува.

Македонија не располага ниту со еден авион специјализиран за гаснење. Постапката за набавка на трите авиони од типот Р-трактор Т802 е во тек.

Дирекцијата за заштита и спасување како и од противпожарната служба апелираат поголема внимателност со огнот.

Најголема штета од пожари Македонија претрпе во 2007-мата. Избувнаа 512 пожари, уништија 9000 хектари шума зедоа и една жртва. Штетата беше процената на над 24 милиони евра.

Извор: СИТЕЛ




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Dragan
Date Posted: 29-Jul-2009 at 11:33
Hilihopterite se zabraneti za letanje poradi neispravnosti, avion nemame samo gospod moze da ni pomogne so eden dozdOhnoOhno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Aug-2009 at 23:09

Владата ги сака авионите, но нема пари

Во буџетот за 2009 година не биле обезбедени пари за набавка на воздухопловите и се очекува пари да се обезбедат со вториот ребаланс најавен за крајот на месецов

Противпожарните авиони конечно „слетаа“ на седница на Владата на која било одлучено под итно да се обезбедат пари да се исплати шпанската фирма „Ер трактор“ и леталата да се испорачаат пред да заврши сезоната на зголемен ризик од пожари.

Откако „Дневник“ обелодени дека два од трите авиони се спремни за испорака, но Владата не дава банкарска гаранција за нив, работите се мрднаа од мртва точка и покрај Дирекцијата за заштита и спасување, за проблемот јавно беше прозван и премиерот Никола Груевски. Груевски рече дека докрај ќе се почитува договорот со шпанската фирма. Владата на фирмата „Ер трактор“ и' должи околу 8 милиони долари, пари што засега ги нема и треба да се обезбедат со новиот ребаланс на буџетот.

- Владата расправаше за набавката на авионите и одлучено беше да се обезбедат средства за да се исплати шпанската фирма - вели Мартин Мартиновски, портпарол на Владата. Тој за подетаљни информации не' упати кај директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кој ја почна тендерската постапка за набавка на противпожарните авиони и кој во март годинава го потпиша договорот вреден 10,3 милиони долари. Директорот на ДЗС, Шабан Салиу, ни објасни дека работи на решавање на проблемот со авионите.

- Има расположение да се заврши целата работа и во тек се преговори за обезбедување на средства. Се надеваме дека целата работа ќе се заврши и авионите ќе бидат испорачани летово - рече Салиу.Во буџетот за 2009 година не биле обезбедени средства за оваа намена, а ниту пак со првиот ребаланс на буџетот. Се очекува пари за авионите да се обезбедат со вториот ребаланс на буџетот.

Дирекцијата на фирмата „Ер трактор“ во мај годинава и' префрлила околу 2 милиона долари за да се почне со набавка на трите авиони од моделот „АТ 802А“, нивна модификација според потребите на Македонија, како и за обука на пилотите и на техничкиот кадар.

Претходно објавивме дека Дирекцијата инсистирала авионите да бидат готови пред почетокот на летото и на тој начин спремни да ја дочекаме сезоната на пожари. Салиу планираше во почетокот на јуни да бидат доставени два, а третиот во август годинава.

Фирмата „Ер трактор“ го испочитувала ова барање и ги подготвила двата авиона, а третиот е во завршна фаза. Од друга страна, пак, Дирекцијата ниту отворила акредитив за долгот од 80 отсто од парите, а ниту пак извршила избор на пилоти и технички кадар што требаше да биде обучен во Шпанија. Засега е неизвесно дали авионите ќе бидат испорачани до септември, ако Владата сега отвори акредитив за долгот. Упатените велат дека е поверојатно авионите да бидат испорачани по завршување на летото.

Авионите имаат капацитетот од 3.104 литри вода и потребни се 10 секунди за целосно полнење на резервоарот за вода. Потрошувачката на гориво чини околу 800 долари за час, а авионот може да лета во услови на голема надморска височина и температури до 49 степени. И покрај тоа што се' уште не пристигнале во Македонија, противпожарните авиони веќе ја пишуваат историјата и првпат авион со македонски национални ознаки бил изложен на прочуениот аеромитинг на аеродромот Бурже во Париз, Франција. Во регионот вакви авиони имаат Хрватска и Црна Гора.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2D0921227055454B9D2348049EB07BC7


Posted By: mitatos
Date Posted: 04-Aug-2009 at 23:27
Vladata ima pari da kupi 2 helikopteri za MVR a nema da plati 3 avioni koi se pobitni od tie helikopteri koi veke gi imame 20 a site se prizemjeni samo 2 letaat, mislam deka i ova e malku nelogicno ?

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Aug-2009 at 02:15

Пожари на Водно и натаму ќе се гаснат со рачни канистри

Засега нема најави дали ќе се набави мини-цистерна за гаснење оган на отворени површини

Сања Наумовска

Градот Скопје распиша тендер за набавка на едно противпожарно возило и на делови од лична опрема на пожарникарите, но посебната опрема за гаснење пожари на Водно ќе почека подобри времиња. Како што информираат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски, дел од неговата програма е и подобрување на уловите за работа на Противпожарната бригада, која се грижи за Скопје, 131 село во околината, како и за парк-шумите Водно и Гази Баба.

Сепак, за двете излетнички места, кои особено во летниот период се дестинација на голем број граѓани и каде што се случуваат многу пожари, засега нема нова опрема за заштита. Поради специфичните услови на Водно и на Гази Баба пристапот при пожар е отежнат, поради што и гаснењето е проблематично.

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, кое се грижи за безбедноста на планината, поседува канистри за вода со кои вработените практично со раце ги гаснат пожарите. Вработените немаат ниту посебна обука или специјална облека, така што во борбата со стихиите се потпираат единствено на своето искуство.

За поефикасна заштита потребни се мини-цистерни, наменети специјално за гаснење оган на отворени површини, како и за организирани извори за полнење вода, што ќе бидат стационирани на Водно. Во плановите на јавното претпријатие одамна има идеја за изградба на дрвени објекти за посматрање за полесно забележување на пожарите на поголеми далечини, со што со навремена реакција евентуалните штети би биле сведени на минимум.

Засега, информираат од Градот, со „Паркови и зеленило“ заеднички вршат само контролата во парк-шумите.

„Превентивното дејствување го сочинуваат возила на противпожарната бригада, поставени на двата локалитета, како и прирачната опрема на јавното претпријатие. Има постојани дежурства на Водно, при што се користи и кулата за надзор, додека на Гази Баба дежурствата се организирани во две смени“, велат во Градот.

Во отсуство на ефикасна и модерна опрема за гаснење пожари во вакви специфични услови, од Градот и од јавното претпријатие апелираат граѓаните сами да се грижат да не предизвикаат пожари. Најголем дел од ваквите несреќи се предизвикани од невнимание и од палење оган на отворени површини. Поради тоа, нагласуваат градските власти, на повеќе локации на Водно и на Гази Баба има знаци за забрана за палење оган, а граѓаните многу често добиваат опомени и од дежурните чувари.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3696C375237AB444BEED2C4C76F06EA1



Posted By: vardar
Date Posted: 10-Aug-2009 at 02:36
 

Анекс ќе го гаси авиоскандалот

Македонија годинава, наместо три, најверојатно ќе купи само два противпожарни авиона бидејќи Владата нема пари да ги плати сите воздухоплови. Во тек се преговори со фирмата „Ер трактор“ од Шпанија за промена на договорот потпишан во март 2009 година, дознава „Дневник“. Договорот за купување на три авиони најверојатно ќе се измени со потпишување анекс-договор, со цел да се избегне ситуација во која една од страните би презела правни мерки против другата поради неисполнување на обврските. Во анексот би требало да стојат нови рокови, како и кога ќе бидат доставени и платени авионите. Со тоа нашата Влада би добила правна рамка да може да плати дел од парите годинава, а другиот дел во 2010 година.

Во Буџетот и со новиот ребаланс, кој се очекува кон крајот на месецов, нема да има средства за исплата на долгот од околу 8 милиони долари кон шпанската фирма, со што постои опасност зделката да пропадне. Токму затоа, во минатата недела на итен состанок во Македонија бил повикан Хуго Арцео, кој пред шест месеци, заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, ја склучи зделката вредна 10,3 милиони долари за набавка на три авиони „АТ 802А“.

- Ги откажав сите обврски што ги имав во Либија и веднаш дојдов на состанок во Владата со Салиу и со Ставрески. Им ги предложив нашите услови, а тие покажаа интерес да се заврши целата постапка - изјави за „Дневник“, Хуго Арцео.Арцео, Салиу и министерот за финансии Зоран Ставрески предложиле неколку начини како да се реши проблемот. Владата покажала голем интерес авионите да пристигнат годинава, но проблем биле парите. Иако немало дефинитивно решение, дознаваме дека постојат две варијанти како да се заврши зделката. Според првата, Владата годинава би платила за двата авиона што веќе неколку месеци се спремни за испорака, а третиот би пристигнал во 2010 година, кога Владата ќе даде пари за него.

Според втората варијанта, трите авиони би биле испорачани во септември годинава, а Владата би платила само два во 2009 година, а третиот да биде платен в година. Како и да е, паднаа во вода најавите на Владата дека годинава сезоната на пожари ќе ја пречекаме подготвени. Според првичниот договор, два од трите авиони требаше да пристигнат во јуни, а третиот во август. Целата процедура за набавка требаше да заврши најдоцна до 31 декември годинава, но бидејќи во буџетот нема доволно средства за исплата на останатите 80 отсто од парите, исполнувањето на обврските од договорот од страна на Владата било доведено во прашање. Во Буџетот за 2009 година немало одвоено средства за авионите, а ниту пак со првиот ребаланс.

Побаравме одговор од Салиу и од Ставрески во врска со преговорите со шпанската фирма и кое од предложените решенија ќе биде прифатено. Директорот Салиу, кој е на службено патување во Австрија, ни одговори дека преговорите се' уште траат. Одговорот на Ставрески исто така беше кус: „Набавката на авионите ќе се реализира“, рече тој.Арцео на Ставрески и на Салиу им објаснил дека трите авиони се веќе набавени и модифицирани според потребите на Македонија и дека не можат да бидат продадени на друга земја.

- Им објаснив дека набавката не може да се откаже за ниту еден од авионите и оти воздухопловите не може да бидат продадени на трето лице. Ги информирав Салиу и Ставрески дека двата авиона се подготвени за испорака во секое време, а третиот, кој во моментов има тест-летови, ќе биде подготвен за испорака во септември -објаснува претставникот на „Ер трактор“.

Александар Манасиевc

 
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Aug-2009 at 15:21
Пожари се гасат со дваесетгодишни возила

Противпожарната бригада на почетокот на следната година ќе добие две нови возила, велат од Градот

Во­зи­ло на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје завчера се рас­ипа среде раскрсница, па пожарникарите мораа сами да го поправаат за да може да го тргнат од пластичарската улица. Возниот парк на Скопската про­тив­по­жар­на бригада е со просечна старост од 20 години, па како што ве­ли командантот Благоја Менковски, често се случува возилата да се рас­и­пат. Тој објаснува дека при поголем дефект, возилата ги носат во ов­лас­тен сервис, а помалите дефекти ги санираат во сервисот на Бригадата. Мен­ков­ски вели дека Бригадата има 40 возила, од кои 35 се оперативни, а дека последните две нови возила биле набавени во 2000 и 2001 година, и оти возниот парк мора ит­но да се обнови.
Град­ски­те власти велат дека прават напори да го модернизираат возниот парк и да ја обноват опремата на Противпожарната бригада, односно оти во тек е тендер за набавка на две нови модерни противпожарни возила, кои би требало да стигнат на почетокот на следната година.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=9A14D5E3E5BA7C4EAB275E01FEAABF40


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Sep-2009 at 13:35
Нови шест противпожарни возила...





www.mia.com.mk


Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Sep-2009 at 13:36
wow, изгледаат одлично Cheers

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Sep-2009 at 13:38
Cheers


Posted By: vardar
Date Posted: 14-Sep-2009 at 14:13
 Убава вест во секој случај али за кои возила се работи? Пред година имаше најава за 12 возила па после спомнаа 10 противпожарни возила за гаснење на шумски пожари и 15 навални противпожарни возила, неколку поста погоре се збори за 2 возила што би стигнале догодина???
 
 
Лсл имаше и нешто текст или само сликиве (дај линк плиз)
 
Супер вест во секој случај Thumbs%20Up


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Sep-2009 at 14:18
Сликиве беа во фото делот на страната на МИА. Инфо и да имало во наредниве неколку саати (8 саати од објавување) е недостапна веста така да вечер може ќе прочитаме нешто.


Posted By: mitatos
Date Posted: 14-Sep-2009 at 14:21
Дирекцијата за заштита и спасување денеска ги презентираше новите шест противпожарни возила од типот „ДАФ“ од Шведска.



Противпожарните возила располагаат со капацитет од 4.000 литри за гасење пожар и дополнителен резервоар за правење пена од 300 литри.

Како што изјави на денешната прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, возилата се обезбедени со средства од Владата на Република Македонија.

Тој најави дека уште четири возила треба да стигнат во најскоро време, што значи ќе бидат вкупно десет навални, додека пет возила ќе стигнат во почетокот на декември, кои ќе бидат испорачани од фирмата „Ватросперм“ од Белград.

- Македонија со овие 15 противпожарни возила ќе биде една од водечките држави во поглед на опременоста за заштита и спасување како од шумски пожари така и од пожари предизвикани во рурални и градски средини. Со завршување на овој процес, со набавката на возилата, Македонија може успешно да се спасува од сите пожари, додаде Салиу.

Во поглед на останатите десет шумски возила Дирекцијата за заштита и спасување треба да потпише анекс договор со фирмата „Баи“ од Италија.

За шесте противпожарни возила ќе бидат потрошени 65 милиони денари.

http://kajgana.com/makedonija/shest-novi-protivpozarni-vozila-za-direkcijata-za-zashtita-i-spasuvanje.html

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Sep-2009 at 14:30
Оффф бе новинари! ВатроспРЕм, не ВатроспЕРм! Нема везе, битно пожарнава фуче!


Posted By: vardar
Date Posted: 14-Sep-2009 at 14:30
fala mitatos Cheers
 
Znaci 15 bile


Posted By: mitatos
Date Posted: 14-Sep-2009 at 14:32
=) Така пишува , но како што се најавува ке има и теренски возила, од некоја италијанска компанија би сакал да ги најдеме и тие да ги видиме како изгледаат

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: mitatos
Date Posted: 14-Sep-2009 at 15:21
Не се 15 , толку се предвидени ,а сега се купени само 6 мислам.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: mitatos
Date Posted: 14-Sep-2009 at 15:43
http://www.vatrosprem.co.rs/vatrogasna-vozila/

Другите возила ќе се набават од оваа српска компанија ,само не знам кои од овие поточно =)

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Sep-2009 at 23:55
Конечно паметна инвестиција што и е потребна на земјава!
Дали се знае по кои градови ќе бидат распоредени овие противпожарни возила?
Колку што имам информации, ситуацијата со противпожарни возила во Македонија е ПОВЕЌЕ ОД КРИТИЧНА, некои помали градови имаат само по едно возило или воопшто го немаат, а во некои градови сите возила се хаварисани. Бројката од шест возила е премала, па би сакал да знам дали ќе се распоредат овие возила во оние помали градови каде што ситуацијата е најкритична или ќе останат во Скопје, а скопските возила ќе бидат распоредени во внатрешноста.
Мое мислење е дека ќе бидне вторава варијантаLOL!
Инаку буквите на предниот дел од возилата се ХАОС!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Sep-2009 at 00:14
Originally posted by BOJAN


Инаку буквите на предниот дел од возилата се ХАОС!


Ако мислиш на тоа дека се наопаку, намерно е така, не знам дали си приметил и на брза помош од предната страна наопаку е напишано AMBULANCE.
Финтата е за при гледање во ретровизор секој да може веднаш да го идентификува возилото.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Sep-2009 at 00:34
Признавам дека ова досега не сум знаел, додуша никогаш не ми паднало на памет, иако ако логички размислам, навистина е такаBig%20smile!


Posted By: vardar
Date Posted: 22-Sep-2009 at 03:20
 

Наскоро ќе долетаат двата противпожарни авиона

Со новите возила, со двата противпожарни авиона, но и со донациите во опрема за гаснење пожар Македонија треба да стане една од поопремените држави, оцени вчера премиерот Никола Груевски, кој ја посети Дирекцијата за заштита и спасување, која минатата недела доби шест нови противпожарни камиони. Два од трите противпожарни авиони што ги порача владата треба да пристигнат во земјава до крајот на октомври, а годинава треба да бидат купени вкупно 25 противпожарни возила.

- Со новите возила и авионите Македонија од една од послабоопремените држави за гаснење пожари ќе прејде во оние со подобра опрема. Ме информираа дека сегашните противпожарни возила се стари меѓу 18 и 40 години, што практично значи дека државата цели 18 години нема купено противпожарно ново возило. Мене ми е жал што во минатото владите не посветиле повеќе внимание. Тоа веројатно резултира со многу штети, можеби и понекогаш и со несреќи и за самите луѓе што учествуваат во гаснењето на пожарот. Барем од аспект на опремата, од аспект на она што може државата да го пружи, чекор по чекор, влегуваме во поопремените држави во овој регион и можеби во некои ситуации ќе бидеме во можност да им дадеме помош и на некои други околни држави - изјави Груевски.
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C1BD8F53A534D64FB247D7618FAE221C - Dnevnik


Posted By: vardar
Date Posted: 22-Sep-2009 at 03:37
mia.com.mk
 
 
 
 
 
 


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Sep-2009 at 10:14
Vo slovenija sekoe selo ima vakov ili podobar kamion bukvalno sekoe selo da ne dumame za gradovite, zatoa toa ''najopremena vo regionot'' e lari fari!Cheers

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Nov-2009 at 21:00
Стигнаа и авиони. Од МИА

1

2



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2009 at 21:01

Авиони добивме, пилоти не

Пробниот лет на противпожарните авиони „АТ 802 А“ вчера го извршија пилоти од Шпанија бидејќи Македонија се' уште нема обучено кадар за нивно управување и сервисирање

Двајца пилоти од Шпанија вчера на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје изведоа пробен лет со двата противпожарни авиона „ АТ 802 А“ што Македонија ги набави преку шпанската фирма „Ер трактор“. Тие двапати прелетаа над претставници од Владата, меѓу кои беше и премиерот Никола Груевски, и во лет ги испразнија резервоарите со по 3.104 литри вода, импровизирајќи гаснење на шумски пожар. Кога слетаа, пилотите извадија знамиња на Македонија и со тоа симболично им ги предадоа авионите на надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување. Летачките трактори требаше да пристигнат во јуни годинава, но поради задоцнета исплата на долгот од зделката вредна 10,3 милиони долари, целата постапка беше одложи. Токму затоа годинава Владата, наместо договорените три авиони, набави само два. Третиот се очекува да пристигне во јануари, кога ќе се исплати долгот кон шпанската фирма.

Проблемот со исплатата е надминат со потпишување на Анекс на првичниот договор, но сега има нов проблем. Иако државата има авиони, нема кој да ги управува. Двајцата пилоти од Шпанија, кои го изведоа пробниот лет и кои ги донесоа авионите, си заминуваат од Македонија.

Тоа значи дека се' поизвесно е дека авионите ќе останат неискористени најмалку до април, до кога се очекува да бидат обучени седум пилоти, четворица механичари и двајца инженери. Изборот на кадарот се' уште не е извршен, а обуката ќе се спроведе во Шпанија, во седиштето на „Ер трактор“.

На вчерашната презентација, покрај премиерот Груевски, присуствуваа и министерот за одбрана Зоран Коњановски, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу и претставникот на шпанската фирма, Хуго Арцео. Груевски беше задоволен од пробниот лет.

- Задоволство ми е што првпат од независноста на државата се купуваат противпожарни авиони, кои се од голема корист во летниот период. Владата го исполни ветувањето за нивна набавка, а во јануари се очекува да пристигне и третиот авион - рече Груевски.

Според премиерот, авионите во месеците во кои се очекуваат пожари ќе се користат и за набљудување, со што навреме ќе интервенираат при гаснење.

- Со купувањето на авионите ќе нема потреба Македонија да бара помош од другите држави за гасење пожари како што беше случај во минатото - објасни премиерот.

Македонските „летачки трактори“, освен за гасење пожари, ќе се користат и за воздушно запрашување и за воздушно пошумување на изгорени површини.

Авионите вчера летаа под знамето на Шпанија и со регистарски ознаки на таа земја, поради потребите од транспортот. Сега се очекува тие да бидат регистрирани во Македонија и да добијат наши регистарски ознаки. Авионите амфибии „АТ 802 А“ се произведуваат во Тексас, САД и поради нивната ниска цена од околу 3 милиони долари, им станаа сериозен конкурент на канадските „канадери“, кои се помасивни, носат двојно повеќе вода, но се речиси десетпати поскапи. (А.М.)


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1CF5EC0F8584C94C87FC3EA6CFBF67E4


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Nov-2009 at 15:55

Упсала на Дојран му подари противпожарно возило

Противпожарната единица Упсала од истоимениот град во Шведска и' подари едно противпожарно возило на општина Дојран, кое ќе биде наменето за потребите на Доброволното противпожарно друштво.

Ова е втора донација на специјализирана опрема од градот Упсала што ја добива Дојран, како резултат на соработката со ПП бригада од овој град. По успешната обука на пет члена екипа од Дојран во Шведска во 2007 година, најавени се нови тимови на соработка, стручна подготовка и едукација на доброволните противпожарни сили.

Дојранското противпожарно друштво е формирано во 2001 година и брои 50 члена.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5F5E5BA37E012D4D9ADEC7154CDD4FC7


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Feb-2010 at 19:09
Не знам дали уште го следите форумот avijacija.com.mk ама можам да кажам дека има интересни работи на него. Особено Игор Божиновски, кого го знам од милијарда слики што имам видено на интернет од АРМ негови, секогаш има некои инсајдерски информации Па еве слики од свежо регистрираните ер-трактори (ги пререгистрираа од шпански во македонски нешто пред нова година мислам), а под тоа и еден цитат што кажува дечкото за противпожарната заштита, а богами и најавува нешто







Originally posted by IgorMKD

Ne znam dali znaete deka od krajot na Januari 2010 Direkcijata za Zastita i Spasuvanje e pobogata za 10 novi protivpozarni terenski vozila proizvedeni od Italijanskata kompanija BAI. Mnogu se stosni i simpaticni Naskoro treba da dojde i tretiot avion a po nego i 4 protivpozarni t.n. CAFS vozila. A potoa, aj ke vidite!




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Feb-2010 at 19:47
Штета што немаме слики од овие BAI


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 11-Feb-2010 at 19:54
барав за BAI не ми дава ништо а за CAFS најдов овие , е сега што поточно купуваат незнам

http://www.croierg.com.au/images/ACTFB-CAFS.jpg

http://nm-santafe.civicplus.com/images/pages/N143/CAFS.jpg


-------------
www.realmadrid-mk.blogspot.com


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Feb-2010 at 20:06
Сликите што си ги нашол се од CAFS - Canberran Fire Squad или нешто така па може да биде било кој камион овај на сликата Инаку не знам што е тоа CAFS, ама како што ми изгледа ќе научиме.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2010 at 18:38

Турција донираше опрема за гаснење шумски пожари

Донацијата од 300.000 долари е за Министерството за земјоделство и за „Македонски шуми“

Две теренски возила и бројна опрема за гаснење шумски пожари во вредност од 300 илјади долари и' донираше Турција на нашата земја. Софистицираната опрема што ја прими Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е наменета исклучиво за гаснење шумски пожари и токму затоа ќе ја користат Министерството и ЈП „Македонски шуми“.

Донираната опрема се состои од пожарникарско возило-камион и теренско возило за брза интервенција, со разновидна опрема која вклучува 20 моторни пили, 20 безжични комуникациски мобилни апарати со радиоцентрала и околу 200 парчиња различни прирачни средства за справување со огнени стихии. За борба со пламените јазици на располагање ќе имаат огноотпорни униформи, заштитни маски, шлемови, грбни прскалки за вода од 25 литри, секири, лопати, копачи, гребла, метални метли и батериски лампи.

Турското министерство за земјоделство на македонските колеги им подари на користење пожарникарско возило - камион и теренско возило за брза интервенција, кои вклучуваат комплетна опрема за гаснење пожари за 20 лица.

„Шесттонската цистерна за гаснење пожари и теренското возило со опремата одговараат на нашите шумски тешко достапни планински терени. За ракување со донираната опремата и со возилата имаме доволно стручни кадри“, рече министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

Донацијата што ја доби македонското Министерството за земјоделство беше реализирана преку турската владина администрација за развој и соработка (ТИКА). На македонскиот министер завчера опремата симболично му ја предаде во употреба турскиот амбасадор во Република Македонија, Арслан Хакал Окчал, врачувајќи му ги клучевите од возилата. (Сн.К.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3B6E19317CD1D044B2A017FAD3CC3994


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Feb-2010 at 18:42
Дечките на avijacija.mk викаат дека набрзо ќе стигне и третиот air tractor.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2010 at 18:43
А имаат слики од двата што се стигнати?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Feb-2010 at 18:47


http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=404&PID=51268#51268 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=404&PID=51268#51268

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=404&PID=58604#58604 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=404&PID=58604#58604

некој тука не ги чита темите!

Еве и за DL во поголема резолуција: http://forum.avijacija.com.mk/viewtopic.php?p=69549#69549 - http://forum.avijacija.com.mk/viewtopic.php?p=69549#69549

*Само за регистрирани корисници е.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2010 at 19:09
Не е до неследење

Сликите од МИА се само две и се бајати, а тие од твојот пост не ми ги прикажува...  Dunno


Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-Mar-2010 at 22:34

Слета и третиот противпожарен авион

Последниот од трите противпожарни авиони „АТ 802“ што Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија ги купи преку шпанската фирма „Ер трактор“ слета завчера на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Со тоа се комплетира македонската противпожарна ескадрила, за која се очекува да биде оперативна летово.

Во најскоро време се очекува седумтемина пилоти да заминат на обука во Шпанија, каде што ќе учат како да летаат со новите противпожарни авиони.

Летачките трактори ги управува еден пилот, но поради тешките услови во кои тие работат, секогаш треба да има резервни пилоти.

Покрај пилотите се избрани и координатори, авиоинженери, авиомеханичари и авиодиспечери. Обуката најверојатно ќе заврши во април 2010 година, со што Македонија нема да помине уште едно лето неподготвена за борба со огнените стихии, како што беше случајот со 2009 година. (А.М.)


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7C56B32C43567940A644423279D38EDE - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7C56B32C43567940A644423279D38EDE

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Max
Date Posted: 03-Mar-2010 at 03:50

абе ова на трабанти ми личат тракториве! капак малку неажурност и ето ја корозија, иако кај хрвативе истата е масло од морска вода!



Posted By: Max
Date Posted: 03-Mar-2010 at 04:09
дополнение, клипов е од лани, ми текна дека го симнав па ред е и да го качам, а од него произлегува едно особено битно прашање каде и кој ќе ги сервисира нашите аеро-трактори!?! 


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 03-Mar-2010 at 09:35

Ова за авионите е одлична вест. Подршка за ваквите проекти ! Каде ќе бидат паркирани авиониве? Дали сите 3 на скопскиот аеродром, или можеби поради близината на Охридско, посоодветна локација е Охрид?



Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Mar-2010 at 14:28
Сите три ќе бидат паркирани привремено во еден хангар на военото воздухопловство додека не се направи нов за нив, бидејќи тој хангар е прастар. Инаку нема да биде стациониран ниту еден во Охрид.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2010 at 22:29

Паланка ќе гаси пожари со британско возило

Британската фондација „Операција Флоријан“ ќе и' донира противпожарно возило со комплетна опрема на Противпожарната единица од Крива Паланка. Возилото треба да пристигне во мај, а од општината велат дека донацијата е значајна, бидејќи ќе придонесе за зајакнување на возниот парк, кој е стар и амортизиран.

Кривопаланечката противпожарна единица, пред две години, доби донација и од белгиската влада, која обезбеди возило за технички интервенции, со специјализирана опрема за интервенирање при сообраќајни несреќи, елементарни непогоди, природни катастрофи и слично. (Ж.Ц.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=19FB232CB3C7054095A7D43980A3BC48


Posted By: axel
Date Posted: 06-Apr-2010 at 12:34

ВО НЕДОСТИГ НА ВОЗДУХОПЛОВЕН КАДАР

Пилоти пензионери ќе ги летаат ер-тракторите

Шпанскиот производител побарал пилотите што ќе управуваат со ер - трак­то­ри­те да имаат најмалку 800 часа летачко искуство, па Дирекцијата за заштита и спасување била принудена да ги ангажира пензионираните пи­ло­ти што ги летаа првите воени авиони на АРМ

Пи­ло­ти­те, меѓу кои и пензионери што ги летаа првите воени авиони на АРМ кои државата ги продаде во 2002 година, ќе пилотираат со новите про­тив­по­жар­ни авиони ер-трактори. Дирекцијата за заштита и спасување ги ан­га­жи­ра­ла пензионираните пилоти бидејќи, по долга потрага, заклучила дека во Македонија нема доволно искусен воздухопловен кадар.
Од Дирекцијата за заштита и спасување потврдуваат дека тројца, од вкуп­но шест пилоти на ер-тракторите, биле во пензија пред да дојдат на ра­бо­та во Дирекцијата.
"Тоа се луѓе што се на возраст од 40 до 46 години. Дел од нив беа во пен­зи­ја, а дел беа вработени во Агенцијата за цивилно воздухопловство, но уш­те пред да ги потпишат договорите за редовен работен однос со Ди­рек­ци­ја­та за заштита и спасување, тие се откажаа и од пензијата и од ра­бот­но­то место", вели Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за заштита и спа­су­ва­ње.
Са­лиу објаснува дека главната причина поради која биле принудени да ба­ра­ат искусен кадар, биле строгите услови кои ги поставил шпанскиот про­из­во­ди­тел "Ер-трактор". Пилотите за десетина дена заминуваат на 40- днев­на дообука во фабриката.
"По­ба­раа пилотите што ќе ги ангажираме да имаат најмалку 800 часа ле­тач­ко искуство, што е престрог критериум за наши услови, бидејќи ваков ви­со­копрофесионален кадар во Македонија е дефицитарен", вели Салиу.
Ос­вен шесте пилоти за потребите на ер-тракторите се ангажирани и 4 ави­о­ме­ха­ни­ча­ри и 2 инженери. Еден од инженерите, вели Салиу, е Македонец што живеел во Канада, но по понуденото работно место, се вратил во Ма­ке­до­ни­ја.
Ма­ке­до­ни­ја од шпанскиот производител "Ер-трактор" на меѓународен тен­дер за 8,2 милиони евра купи три противпожарни авиони од типот АТ-802. Две од леталата пристигнаа во државава лани во ноември и се чуваат на Скоп­ски­от аеродром "Александар Велики". Во цената од 8,2 милиона е вклу­че­на и обука за шест пилоти, тројца инженери и двајца одржувачи, ка­ко и сервисирање и резервни делови во Шпанија. (И.С.)                                                                                                                                                     http://www.vest.com.mk/?ItemID=F2FBDF62BA2A6942862E46DC955E6DAE 



Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Apr-2010 at 16:36
немаме пилотска академија Doh


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Apr-2010 at 16:39
Originally posted by zabegan

немаме пилотска академија Doh

За кој авиони

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Apr-2010 at 11:48
Originally posted by zabegan

немаме пилотска академија Doh


Кога со секој купен авион во денешно време во цената е вклучена обука на три пилоти, што ќе ни е нам пилотска академија?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Apr-2010 at 14:10
Originally posted by гитардемон

Кога со секој купен авион во денешно време во цената е вклучена обука на три пилоти, што ќе ни е нам пилотска академија?

Оглас за тројца молери кој ќе ги обучат во пилоти

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: axel
Date Posted: 13-Apr-2010 at 11:48

Ер тракторите“ ќе можат да гасат пожари дури за некој месец


Обуката на пилотските тимови почнува утре во Шпанија и ќе трае четириесетина дена

 
 
%20  
Новите противпожарни авиони „ер трактор“, кои во ноември минатата година конечно слетаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“, ќе останат приземјени во хангарите на аеродромот и своето крштевање на македонското небо во најдобар случај ќе го имаат во јуни, кога се очекува да заврши обуката на шесттемина пилоти.

По низата неизвесности што се појавија околу самото испорачување на летачките трактори, поради доцнењето со исплатата на парите за нивна набавка, која за среќа заврши со среќен крај, деновиве својот епилог го доживеа уште една неизвесност, која остава простор за надеж дека „ер тракторите“ ова лето ќе бидат главното оружје во справувањето со евентуално големите шумски пожари.

Шестмина пилоти кои биле одбрани на конкурсот на Дирекцијата за заштита и спасување, која од самиот почеток беше задолжена за реализација на проектот со противпожарните авиони, оваа недела, поточно утре, треба да заминат во Шпанија, каде што се наоѓа европското претставништво на „Ер трактор“ и да ја почнат задолжителната обука, што ја бара самиот производител.

- Избрани се шесттемина пилоти кои ќе управуваат со противпожарните авиони, четворица техничари и двајца инженери, кои се дел од екипажот. Во среда, на 14-ти пилотите ќе заминат на обука во Шпанија, која треба да трае нешто повеќе од еден месец. Обуката е задолжителна и е дел од договорот со производителот, бидејќи станува збор за специфични авиони, кои слетуваат на вода што во воздухопловството преставува ризичен маневар. Сепак, станува збор за искусни пилоти, кои работеле во АРМ и во поранешната југословенска армија. Техничарите и инженерите ќе заминат на обука нешто подоцна - вели Зоранчо Михајлов, раководител на одделението за специјални услуги со воздухоплови на ДЗС, кој и самиот е дел од шестчлениот пилотски тим, кој ќе замине на обука во Шпанија.

Поголемиот дел од пилотскиот тим се пензионирани пилоти на возраст од 40 до 46 години. Сепак, како што велат од ДЗС, тоа нема никакво влијание на изборот, туку пред сé пресудна е квалификуваноста и искуството.

Уште од самото потпишување на договорот за набавка, се наметна прашањето кој ќе пилотира со противпожарните авиони. Причините што одговорот на ова прашање подолг период лебдеше во воздух без конкретен одговор, надлежните го лоцираат во недостигот или поточно во не баш големиот избор на искусни пилоти кои би ги исполниле условите што ги налага производителот на амфибиите. Во Македонија имало искусни пилоти, но ретко кој од нив бил заинтересиран за пилотирање со „ер тракторите“, туку поголем бил интересот за пилотирање во кабините на класичните цивилни воздухоплови.

Поради дефицитот на искусен воздухопловен кадар, од „Ер трактор“ се согласиле да направат и отстапка во своите строги барања околу условите што треба да ги исполнуваат пилотите.

Така наместо најмалку 1.000 часа летачко искуство, било договорено нашите пилоти да имаат барем 800 часа.

Трите „ер трактора“ државата ја чинеа 8,2 милиони евра. Два од авионите пристигнаа во ноември минатата година, а третиот авион сé уште не е испорачан и според информациите на ДЗС на скопскиот аеродром ќе пристигне во јуни годинава, кога треба да заврши и обуката на пилотите.

Во сумата, покрај авионите е вклучена и обуката на пилотите, инженерите и техничарите, како и сервисот и резервните делови.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4131010198&id=12&setIzdanie=21957


Posted By: axel
Date Posted: 13-Apr-2010 at 13:23
ЗА ПОЖАРНА
Градот ќе купи два чамца Два спасувачки чамца, приколки за чамци и спасувачки елеци ќе набави Град Скопје за потребите на противпожарната бригада. За таа цел ќе се потрошат 900.000 денари од градската каса. - Постојната опрема е постара од 30 години и досега не е обновена - изјавија од Градот. Благоја Менковски, командант на Противпожарната бригада на Скопје, изјави дека бригадата има потреба од нова опрема за побрзо да се дејствува и во случај кога има несреќи со давеници во реките.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=138434&EditionID=1994


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 06-May-2010 at 23:41
Пет општини со нови противпожарни возила

Англиското доброволно противпожарно друштво „Операција Флоријан“ во Свети Николе им донираше комплетно опремени противпожарни возила на пет општини. Градоначалниците и членовите на противпожарните единици на општините Кратово, Крива Паланка, Струга, Делчево и Радовиш ги добија возилата, а во наредните две недели инструктори од Англија ќе извршат обука за пожарникарите за користење на опремата и на возилата.

Проект-менаџерот во „Операција Флоријан“, Стив Џордан, истакна дека, веќе три години донираат противпожарни возила на македонските општини.
 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=115888FEB81FCD4EB114F6CE851CAD9E - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=115888FEB81FCD4EB114F6CE851CAD9E


Posted By: axel
Date Posted: 09-May-2010 at 16:33

Шкотски пожарни ќе гаснат македонски пожари

Шкотски сирени за мирно македонско лето. Вака се означи пристигнувањето на новите противпожарни возила за Свети Николе, Кратово, Крива Паланка, Радовиш, Струга и Делчево. Ги донираше британската противпожарна асоцијација - Операција „Флоријан“.

- Мислам дека ќе ни овозможи превентивно да имаме добра покриеност од пожарите - изјави градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсен Алексовски.

- Доаѓам од општина каде што имаше опожарувања на две училишта и затоа сметам дека оваа помош е повеќе од добредојдена за секоја општина во земјава - дополни градоначалникот на општина Радовиш, Роберт Велков.

Оптимизмот за поуспешно справување со пожарите се изразува и од поинаков агол.

- Искрено се надевам дека летово пожарникарите во Македонија нема да имаат потреба од користење на опремата - смета градоначалникот на општина Свети Николе, Роберт Георгиев.

Донаторите остануваат во земјава две недели за како што велат обуката на нивните колеги - домаќини во целосно да се комплетира.

- Мораме да се увериме дека по обуката нашите колеги од Македонија перфектно ќе ракуваат со опремата - дециден е проект менаџерот на Операција „Флоријан“ - Стив Џордан.

Операција Флоријан за три години, ја обнови повеќе од полувековната стара противпожарна опрема и возила во 15 македонски општини, обучувајќи над 600 пожарникари.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=60320


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-May-2010 at 18:50
Cheers

Окej, ДАФ-овите за урбана средина веќе ги имавме видено, би било супер доколку некој ископа фотка на возилата за шумски услови.

Свечено предадени 25 противпожарни возила


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123216#komentari - Коментари (0)    
16.05.2010 19:12
 

 

По повод пет години од постоењето на дирекцијата за заштита и спасување денеска и предадоа 25 противпожарни возила на противпожарните единици на 19 општини во Македонија.

Од вкупно 25-те возила, 15 се специјализирани за урбана средина, а десет за шумски услови.

Премиерот Никола Груевски ги врачи клучевите од новите противпожарни возила на претставниците на 19-тe општини, а Скопје како најголема општина доби три противпожарни возила.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123216


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 17-May-2010 at 00:39
vo utrinski ima slika od vozilata za sumski uslovi

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-May-2010 at 04:07


http://utrinski.com.mk/?ItemID=7399967A7F713445A75E3E81FC24DE07


Posted By: axel
Date Posted: 20-May-2010 at 16:27

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/kumanovskata-pozarna-dobi-novi-vozila.html - Кумановската пожарна доби нови возила

 Територијалната противпожарна единица во Куманово доби две нови противпожарни возила.На свеченоста по повод Денот на пожарникарите, денеска беа промовирани возилата, кои ќе ја подобрат ефикасноста на работата на пожарната служба во градот.

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/kumanovskata-pozarna-dobi-novi-vozila.html"> Кумановската%20пожарна%20доби%20нови%20возила

Од Владата добивме две возила од кои едното е наменето за гасење на пожари во урбани средини со капацитет е од 4000 литри, а другото за гаснење на отворен простор во шумите од 2000 литри. Се работи за современи, модерни и софистицирани возило, какави што немавме досега. Со нивната употреба нашата противпожарна единица ќе биде побрза и поефикасна во отстранување на пожарите -вели Дејан Илиевски, командир на територијална противпожарна единица во Куманово.

 Возилата за противпожарна заштита се стари околу триесетина години, така да овие две нови возила значат многу во справување со пожарите од поголем интензитет.

Пред неколку години со донацијата од француската влада донекаде ги задоволивме потребите за противпожарна заштита на градот и во регионот.Гасификацијата во Куманово ќе допринесе да се зголеми опасноста од пожарите посебно во летниот период, па и обуката на противпожарната бригада ќе биде насочена кон превентивна заштита. Очекуваме да се обучат  нови, млади, способни и здрави луѓе со што ќе добиеме модерна единица за заштита од пожарите- рече градоначалникт Зоран Дамјановски.

Според бројот на жителите Општината Куманово треба да ја опслужуваат околу 60 пожарникари,а има само триесетина вработени. Од нив десетина се со ограничени работна способност поради тежината и ризикот на работата. Од противпожарната единица се надеваат дека во наредниот период Владата ќе дозволи нови вработувања и буџетски средства за комплетирање на тимовите.

На Денот на пожарникарите 20-ти мај, присутвуваа претставници од Локалната власт, советниците, МВР и други гости. Пожарникарите пред присутните демонстрираа дел од функциите на двете

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/kumanovskata-pozarna-dobi-novi-vozila.html


Posted By: Makedonij
Date Posted: 12-Jun-2010 at 15:56
http://www.malesh-net.com/malesh-berovo/index.php?option=com_content&view=article&id=616:2010-05-22-15-54-01&catid=37%3cimg%20src=">rugivesti&Itemid=193" class="contentpagetitle">Владата на РМ донираше ново противпожарно возило на ТППЕ Берово
http://www.malesh-net.com/malesh-berovo/index.php?option=com_content&view=section&id=1&layout=blog&Itemid=55 - Вести - Други вести
Напишано од Општина Берово   
Сабота, 22 Мај 2010 16:51

По повод Денот на пожарникарите 20ти мај, на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово свечено беше предадено во употреба новото противпожарно возило на Територијалната Противпожарна Единица од страна на градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински.

 

Возилото е специјализирано за шумски пожари со цистерна со носивост од 2 тони вода и е донација од Владата на Република Македонија која инвестираше 263 милиони денари за набавка на 25 нови противпожарни возила со што се обнови возниот парк на 19 територијални противпожарни единици во Македонија.

Одлуката на Владата за набавка на возилата е донесена пред 2 години токму поради застареноста на возните паркови , што силно се одразуваше во случаите на поголеми катастрофи.

На плоштадот „Димитар Беровски“, професионалните пожарникари пред присутните граѓани изведоа кратка демонстрација за подготвеноста на единицата во случаи на пожар во градска населба.

Градоначалникот на Општина Берово по повод овој ден додели и Благодарници за Помош и подршка во спречување и гасење на шумски пожари на ПШС „Малешево“ – Берово, Шумска Полиција – Берово и Гранична Полиција – Полициска станица Берово, Благодарници за Логистичка помош во спречување и гасење на пожари на Дирекцијата за заштита и спасување -  ПЕ Берово и МВР Полициска Станица – Берово и Благодарници за Професионалност во своето работење на професионалните пожарникари Бубевски Ангел, Арменски Сашко и Џопковски Зоран.

http://www.malesh-net.com/malesh-berovo/index.php?option=com_content&view=article&id=184:2008-10-11-15-20-23&catid=37:vesti&Itemid=55 - www.malesh-net.com


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: axel
Date Posted: 16-Jun-2010 at 18:52

МАКЕДОНИЈА ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ БРАНИ ПРОТИВ ПОЖАРИТЕ

Ер тракторите од сабота подготвени

Два­та противпожарни авиона кои ги купи државата од сабота ќе бидат це­лос­но подготвени да интервенираат во случај на пожар. Вкупно шестемина пи­ло­ти, од кои тројца се пилоти во пензија што ги летаат првите борбени ави­о­ни на АРМ, се вратија од четириесетдневната обука во Шпанија, и со ер трак­то­ри­те веќе вежбаат на домашен терен. Од вчера, заедно со леталата се заминати во Охрид каде што неколку дена во лет ќе тренираат полнење во­да директно од Охридското Езеро. Со нив во Охрид се и четворица авиомеханичари и двајца инженери, кои треба да се грижат за исправноста на авионите.
"Пи­ло­ти­те се обучени, и сега само се доусовршуваат, по што од викендов ве­ќе целосно ќе бидат подготвени да ја бранат државава од огнените сти­хии, кои се надеваме дека нема да ги има", вели Шабан Салиу, директор на Ди­рек­ци­ја­та за заштита и спасување.
Ако годинава нема пожари, вели Салиу, за да $ се исплати инвестицијата од 8,6 милиони евра, државата размислува да ја рента противпожарната фло­та, која до крајот на годината треба да брои вкупно 3 авиони од типот "АТ-802".
Спо­ред Салиу, цената за најмување на авионите треба да ја дефинираат Вла­да­та и Дирекцијата, по што ќе се понудат на земји кои немаат про­тив­по­жар­ни авиони или каде што е потребна дополнителна помош во гасење по­жа­ри. (И.С.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=5F100B004647F64A8911D92220AFCE31


Posted By: mitatos
Date Posted: 19-Jun-2010 at 00:15

Авионите за гаснење пожар на готовс

Со три модерни авиони за гаснење пожари и 30 возила државата подготвена за пеколното лето

Горан Адамовски



Трите нови авиони за гаснење пожар набавени од Шпанија веќе од идната недела ќе бидат целосно употребливи и ќе чекаат на готовс. Македонските пилоти ја минаа обуката во Шпанија и по неделната финална глазура на Охридското Езеро, ќе бидат подготвени за евентуална акција. Освен авионите, државава се поднови со 25 модерни противпожарни возила за гаснење шумски и градски пожари, а деновиве се комплетираше и најновата набавка од пет ултрамодерни возила од Белград, кои располагаат со т.н. КАС-систем, мешавина од вода и пена. Надлежните се уверени дека Македонија годинава ќе знае како да се справи со пожарите што секое лето пустошат низ земјава.

„Не' очекува жешко лето и, за жал, опасноста од пожари е голема. Сепак, ние сме подготвени навремено и соодветно да се справиме со нив“, вели Шабан Салиу, првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување.

Најкомплицирана беше набавката на трите нови авиони за гаснење пожар од типот „АТ-802“. По проблемите со плаќањето, авионите вредни 8,2 милиона евра, кои се произведуваат во САД, а преку шпанската „Ер трактор“ се дистрибуираат во Европа, долетаа во земјава. Имајќи предвид дека станува збор за едни од најсовремените летала, во цената беше вклучена и обука во Шпанија на седуммина македонски пилоти.

„Обуката ја завршија успешно и сега им преостануваат уште неколку проби по Охридското Езеро“, објаснува Салиу.

Леталата се опремени со два интегрални резервоара со вкупен капацитет од 961 литар, а резервоарот за вода има капацитет од 3.104 литри.

„Овие авиони може непречено да полетуваат и да слетуваат на мориња, езера, вештачки акумулации, а потребни се само 10 секунди за полнење на резервоарот со вода“, се дел од особините на овие летала.

Пред околу еден месец, со 25 нови противпожарни возила се подновија 19 oпштини во земјава. Новите возила од фирмата „Даф“ ја чинеа Владата околу четири милиони евра. Петнаесет возила се специјализирани за гаснење на градски пожари, а десет за шумски.

„Со децении државата немаше набавено противпожарно возило и тоа силно се одразуваше во случаите на поголеми катастрофи. Токму затоа, пред две години оценивме дека е добро да се набави поголема количина на вакви возила“, изјави тогаш премиерот Никола Груевски.

Уште пет возила набавени во Белград што чинат околу 800.000 евра ја комплетираат опремата со која ќе се справуваме со огнените стихии.

Поради високите температури, надлежните апелираат до граѓаните внимателно да се однесуваат при минувањето низ шумите, каде што постои ризик и можност за појава на пожари.

„Внимателно однесување при фрлање догорчиња од цигари и при палење скари, земјоделците треба да внимаваат при жетвата, особено на исправноста на нивната механизација за да не дојде до испуштање нафта“, се дел од практичните совети во пресрет на пеколното лето.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=30CA06265B93B2468595F3160F3831D8



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2010 at 18:07

Летачките пожарникари првпат во акција

Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување вчера ги извршија првите акции за гаснење пожари на отворен простор во Дојран и во Скопје

Два од трите противпожарни авиони „ер трактор“ вчера првпат откако се набавени беа употребени за гаснење два пожара во Македонија. Акциите во скопската населба Драчево и во Дојран биле успешни и огнените стихии за кратко време биле локализирани. Засега не е познато дали пожарите биле предизвикани од човечки фактор или причина е жештината.

- Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување ги извршија првите акции за гаснење пожари на отворен простор. Два од авионите интервенираа на територијата на Дојран и на Скопје, каде што успешно ги изгаснаа пожарите што избувна на тие територии. Со овие први операции на авиоодделението во Дирекцијата за заштита и спасување се покажа исплатливоста на набавката на авионите - велат од Дирекцијата.

Оттаму велат дека предноста на овие авиони е што можат да гаснат пожари на недостапни терени, а овие пожари биле токму такви, па неопходно било нивното ангажирање.

Овие две акции на летачките пожарникари следеа по минатонеделната најава дека ДЗС во Русија ќе испрати два авиона да ги гаснат пожарите што беснеат околу Москва. Најавено беше нивно итно испраќање во Русија, но очигледно тоа не било сторено.

Ги запрашавме надлежните од Дирекцијата дали ќе останат на одлуката да пратат два авиона и екипаж или, пак, по избувнувањето на пожарите во Македонија одлуката ќе се промени.

- За испраќање на авионите во Москва сега решаваат руските власти, дали и кога ќе ги примат воздухопловите - вели Ласко Мукаетов од ДЗС.

Годинава во Македонија се регистрирани над 70 пожари на нискостеблеста шума, пасишта и стрништа, но тие не биле од широки размери и не предизвикале поголеми штети.

- Само од пожарите во 2007 година имавме штета од 24 милиони евра поради изгорената шума. Ако ги земеме вкупните износи, вредноста на возилата не е ништо во споредба со штетата што ја нанесоа шумските пожари во последните две-три години - велат од ДЗС.

Освен авионите, Владата набави и 25 противпожарни возила од кои 15 се наменети за урбана средина, а пак 10 се специјализирани за шумски пожари.

Трите авиони беа набавени преку шпанската фирма „Ер трактор“, а се од американско производство. Договорот за нивна набавка, тежок 10,3 милиони долари, предвидуваше и обука на пилоти и на технички кадар. Обуката се спроведуваше во Италија, Шпанија и во Македонија, и заврши успешно.

Дирекцијата сега има пет пилоти, еден пилот-раководител на одделението и негов заменик. Покрај пилотите, беа избрани координатори, авиоинженери, авиомеханичари и авиодиспечери.

Летачките трактори ги управува еден пилот, но поради тешките услови во кои работат секогаш треба да има резервни пилоти.

Авионите имаат капацитет од 3.104 литри вода и потребни се 10 секунди за целосно да се наполни резервоарот. Потрошувачката на гориво е околу 800 долари за час, а авионот може да лета во услови на голема надморска височина и на температури до 49 степени. Освен за гасење пожари, тие ќе се користат и за воздушно запрашување и за воздушно пошумување на изгорени површини.

Александар Манасиев

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=842F344D9B144C45A78EB138390F42F8


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 18-Aug-2010 at 18:23
Јас како што знам, пред неколку дена беа испратени за Русија. А од каде сега пак во Македонија ?!

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2010 at 18:29
Ги запрашавме надлежните од Дирекцијата дали ќе останат на одлуката да пратат два авиона и екипаж или, пак, по избувнувањето на пожарите во Македонија одлуката ќе се промени.

- За испраќање на авионите во Москва сега решаваат руските власти, дали и кога ќе ги примат воздухопловите - вели Ласко Мукаетов од ДЗС.


Posted By: Мартин
Date Posted: 18-Aug-2010 at 18:30
Originally posted by Danielbtmk

Јас како што знам, пред неколку дена беа испратени за Русија. А од каде сега пак во Македонија ?!
Еве што вели Време:

Валентина Стојанчевска

Двата противпожарни авиона „ер трактори“ воопшто не заминале во Русија, каде што требаше да помогнат во гасењето на катастрофалните пожари во Москва, иако Дирекцијата за заштита и за спасување преку медиумите, пред една недела, го најави нивното заминување. Оттаму се правдаат дека тие понудиле помош, но не добиле прием во Русија. - Со одлука на Владата на 14 август авионите требаше да бидат испратени во Русија. Сепак, тие останаа во Македонија бидејќи не добивме одлука за прием во Русија, поради што не можевме да ги испратиме. Ние се уште сме подготвени да помогнеме и стоиме на располагање - истакнува Љупче Петрески од Дирекцијата за заштита и за спасување. Петрески додава дека, најверојатно, не добиле абер од Русија бидејќи состојбата со пожарите веќе е стабилизирана. Познавачите, сепак, коментираат дека ова е уште еден показател дека Македонија реагира бавно на светските апели за итна помош за земјите што беа погодени од природни катастрофи. Освен што не и помогнавме на Русија, не испративме помош ниту во Пакистан ниту во Кина, кои се зафатени од големи поплави и од лизгање на земјиште. Но, место во Русија, како што сите беа информирани, два од трите авиони „ер трактор“ вчера ги извршија првите акции за гаснење на пожар, во Дојран и во скопската населба Драчево. - Со овие први операции на авиоодделението во Дирекцијата за заштита и за спасување се покажа исплатливоста на набавката на авионите. Со ова се покажа нашата подготвеност за соочување со пожарите на отворен простор, сега потпомогната и со три авиони специјализирани за ваква намена. Дејството на авионите на недостапни терени го забрзува нашиот одговор при избивање пожари на отворен простор - се наведува во соопштението од Дирекцијата. Авионите се набавени пред седум месеци, но беа приземјени затоа што дури деновиве добија дозвола за летање од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Тендерот за набавка на авионите Владата го распиша пред две и пол години, преку Дирекцијата за заштита и за спасување, а одлуката да се купат беше донесена во летото 2007 година, откако цела Македонија пламна во пожари. Противпожарната флота ја чини државата вкупно 10,5 милиони евра. Од Дирекцијата објаснуваат дека за управување и за одржување на противпожарните авиони се обучени шест пилоти, двајца авиоинженери и четворица механичари. Обуката се одвивала во три фази, од кои првата во Италија, втората во Шпанија, а последната фаза во Македонија. Покрај противпожарните авиони, годинава пожарникарите имаат 25 нови противпожарни возила, рачни прскалки и друга противпожарна опрема.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2098&ArticleID=146722

Авионите сеуште се во Македонија.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Aug-2010 at 23:12

Базен со вода ќе го штити Водно од пожари

Цистерната ќе биде вкопана в земја на Средно Водно и ќе има капацитет од пет кубни метри

Сања Наумовска

„Паркови и зеленило“ ќе гради базен за вода на Средно Водно, кој треба да служи за заштита на парк-шумата од пожари. Цистерната, која ќе биде вкопана в земја, ќе има капацитет од пет кубни метри. Водата ќе се користи за гаснење пожари во околината.

Ова е еден од ретките проекти за заштита на Водно од летни пожари, кои според статистиките на јавното претпријатие, се случуваат најмалку три пати во сезоната. Се' уште остануваат нереализирани идеите за купување мини-цистерна, како и за изградба на набљудувачници.

Пожарите на Водно најчесто рачно ги гаснат шумарите со ранци полни со вода што ги носат на грб. Тие ниту се соодветно обучени за задачата што со години им е доверена, ниту, пак, имаат соодветна облека. Понекогаш доаѓа и пожарникарско возило на скопската ПП бригада доколку има можност да пристапи до пожарот. Ако огнот нападне во густа шума, тогаш се' останува во рацете на екипите на „Паркови и зеленило“. Тоа се главните причини што понекогаш и од мали пожари на Водно се причинуваат големи штети. Засега, ниту од Градот Скопје ниту од Јавното претпријатие нема најави за поголеми инвестиции.

„Изградбата на цистерната за вода ќе почне во септември и многу ќе ја олесни работата на нашите вработени. Изведбата ќе овозможи природен пад на водата што ќе се користи исклучиво за гаснење пожари. Сепак, останува потребата од набавка на миницистерна специјализирана за гаснење пожари во вакви средини. Се работи за релативно мало возило што може да пристапи на најголемиот дел од теренот на Водно, за разлика од стандардните противпожарни возила“, велат во Јавното претпријатие.

Дотогаш, нагласуваат во „Паркови“, заштитата на парк-шумата ќе зависи од шумарите и 20 ранци полни со по 20 литри вода. Воведени се 24-часовни дежурства, а екипата шумари е дополнета со сезонски работници. Затворена е и рампата на Средно Водно, а возила и луѓе се пропуштаат само со одобрение од Градот Скопје. Ваквиот режим ќе важи до крајот на септември, до кога и постојат опасностите од избивање пожари.

„Годинава немаше пожар на Водно, но се' уште е рано и опасноста постои. Сепак, и покрај сите активности што ги преземаме, не значи дека Водно е доволно заштитено од пожар. На тоа, секако, треба сериозно да се работи и следната година, кога се надеваме дека во програмата ќе влезе и набавката на мини цистерната“, нагласуваат во „Паркови“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2ECE6CE7409CE448AAF7BF3CF008BFAA


Posted By: alexgizh
Date Posted: 22-Aug-2010 at 23:16
Не ви се чини дека пет кубни метри е малце? Toa се 5000 литри вода. Не се разбирам во тоа колку е потребно да се гаси еден пожар, ама мене ми се чини премалку. Ако се работи за мали пожарчиња, предизвикани од човечко невнимание, и ако бидат откриени многу брзо, можеби е доволно...

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.



Print Page | Close Window